Украинските борци и припадниците на неонацистичкиот баталјон „Азов“, кои се скриени во подземните тунели под фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол одбиваат да се предадат и покрај жестоките руски напади, пишува „Скај Њуз“.

Од британскиот медиум додаваат дека борбите во последното упориште на украинските сили во разурнатиот град се интензивираат.

Нема да се откажат. Се надеваат на чудо – за „Скај њуз“ телефонски изјавила Катарина Прокопенко, сопругата на командантот на „Азов“, Денис Прокопенко, кој се наоѓа во „Азовстал“.

Таа вели дека се слушнала со него на телефон, како и дека сопругот и рекол дека ќе ја сака засекогаш.

Јас надвор од себе поради тоа што ми го кажа. Звучеше како да се збогува со мене – вели Прокопенко.

Според проценките, во тунелите под „Азовстал“ се уште има скриено околу 2.000 украински борци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.