брвеница Archives - Република https://republika.mk/tema/brvenica/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 14:43:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брвеница Archives - Република https://republika.mk/tema/brvenica/ 32 32 Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-brvenitsa-se-menuva-prodolzhuvame-da-investirame-vo-patnata-infrastruktura/ Thu, 17 Oct 2024 14:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=828118

За мене претставува задоволство и чест, што денеска на покана на градоначалникот овде во Општина Брвеница имам можност да присуствувам на завршени проекти, во делот на патната инфраструктура коишто изминативе децении биле ветувани, се зборувало за нив, но за жал никогаш не биле завршени, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

„Овој градоначалник, заедно со оваа општинска администрација, со овој совет којшто ја поддржува работата на Јовица, може да биде горд затоа што децениските ветувања конечно се реализирани и конечно жителите во ова населено место во Општина Брвеница ќе имаат можност, тоа што го очекувале со децении да го почувствуваат и видат и да може да уживаат во подобар комфор во својот живот“, рече тој.

Ги спомена и проектите коишто како што напомена ќе бидат финансирани од страна на државата, проекти коишто, според Мицкоски се во вредност од околу 37 милиони денари и тоа се за сите населени места во целата Општина Брвеница.

„Продолжуваме да испорачуваме, тоа што го ветивме продолжуваме да го реализираме за доброто на граѓаните затоа што Македонија мора да биде повторно горда“, рече тој.

The post Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура appeared first on Република.

]]>

Групна тепачка пред маркет во Брвеница, шестмина уапсени https://republika.mk/vesti/crna-hronika/grupna-tepachka-pred-market-vo-brvenitsa-shestmina-uapseni/ Mon, 08 Jul 2024 10:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=794523

Вчера во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР
Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.В.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и тврди предмети.

Според пријавеното, во текот на пресметката било оштетено и патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од 44-годишната Ф.М. .

Тие се задржани вополициска станица за понатамошна постапка и против сите инволвирани лица ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

The post Групна тепачка пред маркет во Брвеница, шестмина уапсени appeared first on Република.

]]>

Вчера во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.В.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и тврди предмети. Според пријавеното, во текот на пресметката било оштетено и патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од 44-годишната Ф.М. . Тие се задржани вополициска станица за понатамошна постапка и против сите инволвирани лица ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

The post Групна тепачка пред маркет во Брвеница, шестмина уапсени appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Во „Платформа 1198“ за Брвеница предвидуваме ново училиште во село Брвеница, доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца и спортска сала во Челопек https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoska-vo-platforma-1198-za-brvenitsa-predviduvame-novo-uchilishte-vo-selo-brvenitsa-dogradba-na-gradinkata-za-zgrizhuvane-na-poveke-od-60-detsa-i-sportska-sala-vo-chelopek/ Mon, 29 Apr 2024 16:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=772305

„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни националности, бидејќи сите тие направија избор со кој покажаа дека се задоволни од работата и посветеноста на градоначалникот Јовица, без разлика на неговата партиска или политичка определба. Јовица, ова треба исклучително да го цениш и негуваш, иако сум свесна и имам на дело видено дека токму со личен пример самиот не правеше никаква разлика спрема жителите и населените места. Градеше и помагаше подеднакво секому и секаде. Водеше кампања откако стана градоначалник, а неговото мото на кампањата е само работа, постојан контакт со жителите и покажување слух и внимание за нивните барања. Резултатот го видовме на 24-ти април. Резултатот ќе го видиме и на 8-ми мај“, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 од митингот во Брвеница.

Стојаноска додаде дека на актуелнава аздисана власт и’ се случи народ. Не е свесна, кутрата, дека ќе и’ се случи уште повеќе народ. Бројноста и излезноста се пркос на нејзината неспособност и ароганција.

Сме немале понеспособни Влади од последните. Сме немале полоши претставници надвор од Македонија, од овие досегашните. Сме немале толку срам и понижувања видено и доживеано, колку што тоа ни се случуваше изминативе 7 години. Сите вредности ги испревртеа и срушија. Владееја само со моќ и надгласувања. Ги избркаа паметните, за да не слушаат нивни совети и критики. Завладеаја со просечност и потпросечност, со сомнителни дипломи, уште посомнителни тендери и со никаква одговорност. Институциите им служеа како приватни фирми, а министерствата ги претворија во спортски игралишта и игротеки. Аздисаа без мерка и усул. Ете затоа им се случи народ“, рече таа.

Да ве потсетам на програмата „Платформа 1198“ и на проектите кои се однесуваат за општина Брвеница, а тоа се: ново училиште во село Брвеница и доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца, спортска сала и градинка во Челопек. Проекти кои вие сте ги побарале, а ВМРО-ДПМНЕ ги пресмета и испланира за наредните 4 години“, истакна Стојаноска.

Таа укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ пополека ќе ја врати насмевката на пензионерите, на кои во првата година ќе им ги зголеми пензиите за 5.000 денари.

Време е Македонија да се исправи и да ја започне обновата. Македонија станува твоја, а не заробеник на мафијата. Македонија станува европска, по почитување на закони и нивно имплементирање. Македонија станува светска, затоа што има богата историја и култура. Најважно, Македонија се враќа во рацете на луѓето и суверенот. За тоа ќе се погрижат идната претседателка Силјановска Давкова и идниот премиер Христијан Мицкоски, додаде Стојаноска.

The post Стојаноска: Во „Платформа 1198“ за Брвеница предвидуваме ново училиште во село Брвеница, доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца и спортска сала во Челопек appeared first on Република.

]]>

„Рекордот од Брвеница посебно ме радува, затоа што докажува дека тука – во Брвеница нема никаков проблем со тоа што живеат различни националности, бидејќи сите тие направија избор со кој покажаа дека се задоволни од работата и посветеноста на градоначалникот Јовица, без разлика на неговата партиска или политичка определба. Јовица, ова треба исклучително да го цениш и негуваш, иако сум свесна и имам на дело видено дека токму со личен пример самиот не правеше никаква разлика спрема жителите и населените места. Градеше и помагаше подеднакво секому и секаде. Водеше кампања откако стана градоначалник, а неговото мото на кампањата е само работа, постојан контакт со жителите и покажување слух и внимание за нивните барања. Резултатот го видовме на 24-ти април. Резултатот ќе го видиме и на 8-ми мај“, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 од митингот во Брвеница. Стојаноска додаде дека на актуелнава аздисана власт и’ се случи народ. Не е свесна, кутрата, дека ќе и’ се случи уште повеќе народ. Бројноста и излезноста се пркос на нејзината неспособност и ароганција.
Сме немале понеспособни Влади од последните. Сме немале полоши претставници надвор од Македонија, од овие досегашните. Сме немале толку срам и понижувања видено и доживеано, колку што тоа ни се случуваше изминативе 7 години. Сите вредности ги испревртеа и срушија. Владееја само со моќ и надгласувања. Ги избркаа паметните, за да не слушаат нивни совети и критики. Завладеаја со просечност и потпросечност, со сомнителни дипломи, уште посомнителни тендери и со никаква одговорност. Институциите им служеа како приватни фирми, а министерствата ги претворија во спортски игралишта и игротеки. Аздисаа без мерка и усул. Ете затоа им се случи народ“, рече таа. Да ве потсетам на програмата „Платформа 1198“ и на проектите кои се однесуваат за општина Брвеница, а тоа се: ново училиште во село Брвеница и доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца, спортска сала и градинка во Челопек. Проекти кои вие сте ги побарале, а ВМРО-ДПМНЕ ги пресмета и испланира за наредните 4 години“, истакна Стојаноска.
Таа укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ пополека ќе ја врати насмевката на пензионерите, на кои во првата година ќе им ги зголеми пензиите за 5.000 денари.
Време е Македонија да се исправи и да ја започне обновата. Македонија станува твоја, а не заробеник на мафијата. Македонија станува европска, по почитување на закони и нивно имплементирање. Македонија станува светска, затоа што има богата историја и култура. Најважно, Македонија се враќа во рацете на луѓето и суверенот. За тоа ќе се погрижат идната претседателка Силјановска Давкова и идниот премиер Христијан Мицкоски, додаде Стојаноска.
 
The post Стојаноска: Во „Платформа 1198“ за Брвеница предвидуваме ново училиште во село Брвеница, доградба на градинката за згрижување на повеќе од 60 деца и спортска сала во Челопек appeared first on Република.

]]>
Татко и син од Брвеница им се заканувале на инспектори https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatko-i-sin-od-brvenitsa-im-se-zakanuvale-na-inspektori/ Fri, 22 Mar 2024 10:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=757361

Вчера во 16 и 17 часот во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С.З.(66) и И.З.(36) од тетовска Брвеница. Двајцата биле пријавени од Д.С.(60) од тетовско Милетино и од А.Д.(45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување на службени дејствија во нивниот склад за дрва во Брвеница.

Според пријавеното, двајцата на општинските инспектори не им дозволиле да извршат мерење на бучава, а потоа и им се заканувале во складот и во нивните деловни канцеларии.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Татко и син од Брвеница им се заканувале на инспектори appeared first on Република.

]]>

Вчера во 16 и 17 часот во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С.З.(66) и И.З.(36) од тетовска Брвеница. Двајцата биле пријавени од Д.С.(60) од тетовско Милетино и од А.Д.(45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување на службени дејствија во нивниот склад за дрва во Брвеница. Според пријавеното, двајцата на општинските инспектори не им дозволиле да извршат мерење на бучава, а потоа и им се заканувале во складот и во нивните деловни канцеларии. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Татко и син од Брвеница им се заканувале на инспектори appeared first on Република.

]]>
Пукање на прослава, куршум завршил во куќа на соселанец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-na-proslava-kurshum-zavrshil-vo-kuka-na-soselanets/ Thu, 25 Jan 2024 16:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=736874

На 24.01.2024 во 22.25 часот во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село.

-Лицето е уапсено затоа што на неговата семејна веселба околу 21.15 часот било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот, информира МВР.

Нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Пукање на прослава, куршум завршил во куќа на соселанец appeared first on Република.

Пукање на семејна веселба во Брвеница, куршумите завршиле во куќа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-na-semejna-veselba-vo-brvenitsa-kurshumite-zavrshile-vo-kuka/ Thu, 25 Jan 2024 10:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=736678

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 22 часот и 25 минути во тетовска Брвеница го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село затоа што на неговата семејна веселба околу 21 часот и 15 минути било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот.

Од СВР Тетово известуваат дека нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и
документирање на случајот.

The post Пукање на семејна веселба во Брвеница, куршумите завршиле во куќа appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 22 часот и 25 минути во тетовска Брвеница го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село затоа што на неговата семејна веселба околу 21 часот и 15 минути било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот. Од СВР Тетово известуваат дека нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Пукање на семејна веселба во Брвеница, куршумите завршиле во куќа appeared first on Република.

]]>
15-годишниот Илија Адамчевски го извлече светиот крст од црковниот базен во тетовска Брвеница https://republika.mk/vesti/makedonija/15-godishniot-ilija-adamchevski-go-izvleche-svetiot-krst-od-tsrkovniot-bazen-vo-tetovska-brvenitsa/ Fri, 19 Jan 2024 10:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=734631

Во тетовска Брвеница, 15-годишниот Илија Адамчевски го фати осветениот крст на денешното традиционално празнување на Богојавление Водици во црквата Свети Атанасиј.

Старешината на храмот протојереј Ивица Спасеновски ја отслужи празничната литургија, по што беше извршен водосвет и положување на крстот во базенот во црковниот двор, информираат од црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј Александриски“ во Брвеница.

По светиот крст во базенот скокнаа седум учесници.

The post 15-годишниот Илија Адамчевски го извлече светиот крст од црковниот базен во тетовска Брвеница appeared first on Република.

Со возило намерно удирал во малолетник на мопед, па со синовите го претепал https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-vozilo-namerno-udiral-vo-maloletnik-na-moped-pa-so-sinovite-go-pretepal/ Thu, 05 Oct 2023 13:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=688135

Малолетник од Тетово, вчеравелер во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот во тетовска Брвеница, 41-годишниот тетовец Ѓ.И. со возило „фолксваген пасат“ неколку пати удрил во мотоциклот кој го управувал, а на кој било уште едно лице, по што со двајцата негови малолетни синови физички го нападнале.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Со возило намерно удирал во малолетник на мопед, па со синовите го претепал appeared first on Република.

]]>

Малолетник од Тетово, вчеравелер во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот во тетовска Брвеница, 41-годишниот тетовец Ѓ.И. со возило „фолксваген пасат“ неколку пати удрил во мотоциклот кој го управувал, а на кој било уште едно лице, по што со двајцата негови малолетни синови физички го нападнале. Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Со возило намерно удирал во малолетник на мопед, па со синовите го претепал appeared first on Република.

]]>
Полициски хеликоптер исфрлил над 45 тони вода во обидите за гасење на пожар во Брвеница https://republika.mk/vesti/makedonija/politsiski-helikopter-isfrlil-nad-45-toni-voda-vo-obidite-za-gasene-na-pozhar-vo-brvenitsa/ Sat, 23 Sep 2023 20:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=684531

Хеликоптер на МВР вчера и денеска исфрлил над 45 тони вода при гаснењето на пожарот кај село Милетино, општина Брвеница.

Во текот на вчерашниот ден, хеликоптерот на МВР учестувал во гасење на пожарот со исфрлени над 20 тона вода.

Како што соопштија од МВР, по барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска, хеликоптерот на МВР „Белл-212“ повторно учестувал во гаснење на пожарот и исфрлил преку 25 тона вода.

Пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање.

https://www.youtube.com/watch?v=Sto0Bf6dX5g&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Полициски хеликоптер исфрлил над 45 тони вода во обидите за гасење на пожар во Брвеница appeared first on Република.

]]>

Хеликоптер на МВР вчера и денеска исфрлил над 45 тони вода при гаснењето на пожарот кај село Милетино, општина Брвеница. Во текот на вчерашниот ден, хеликоптерот на МВР учестувал во гасење на пожарот со исфрлени над 20 тона вода. Како што соопштија од МВР, по барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска, хеликоптерот на МВР „Белл-212“ повторно учестувал во гаснење на пожарот и исфрлил преку 25 тона вода. Пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање. https://www.youtube.com/watch?v=Sto0Bf6dX5g&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Полициски хеликоптер исфрлил над 45 тони вода во обидите за гасење на пожар во Брвеница appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Шест години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ, но наскоро тоа ќе се смени https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-shest-godini-zemjodeltsite-se-unishtuvani-od-vladata-na-sdsm-i-dui-no-naskoro-toa-ke-se-smeni/ Sat, 23 Sep 2023 12:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=684390

Земјоделците за оваа Влада се маргинална група и така е веќе шеста година по ред. Но, добрата вест е што набрзо од денеска оваа влада ќе биде во опозиција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за проблемите со откупот на пиперките и грозјето за време на посетата на општина Брвеница.

Мицкоски укажа дека добрата вест е што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш во минатото во фокус и било работењето, но исто така и земјоделците како наши сограѓани.

Многу е важно тие да произведуваат она со што ние се развиваме како држава, да произведуваат доволно храна за нашите потреби, но и за извоз, кажа Мицкоски.

На крајот тој заклучи дека „не треба да се биде голем аналитичар и да се види дека за жал 6 години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ како сакате“.

The post Мицкоски: Шест години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ, но наскоро тоа ќе се смени appeared first on Република.

]]>

Земјоделците за оваа Влада се маргинална група и така е веќе шеста година по ред. Но, добрата вест е што набрзо од денеска оваа влада ќе биде во опозиција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за проблемите со откупот на пиперките и грозјето за време на посетата на општина Брвеница. Мицкоски укажа дека добрата вест е што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш во минатото во фокус и било работењето, но исто така и земјоделците како наши сограѓани.
Многу е важно тие да произведуваат она со што ние се развиваме како држава, да произведуваат доволно храна за нашите потреби, но и за извоз, кажа Мицкоски.
На крајот тој заклучи дека „не треба да се биде голем аналитичар и да се види дека за жал 6 години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ како сакате“.  

The post Мицкоски: Шест години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ, но наскоро тоа ќе се смени appeared first on Република.

]]>
Вреќи со облека во Вардар налик човечко тело за момент ги измамија нуркачите, потрагата по исчезнатиот продолжува https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vreki-so-obleka-vo-vardar-nalik-chovechko-telo-za-moment-gi-izmamija-nurkachite-potragata-po-ischeznatiot-prodolzhuva/ Wed, 16 Aug 2023 07:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=672561

Центарот за управување со кризи инфрормира дека и во текот на вчерашниот ден се одвивала потрагата по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница пријавено пред десет дена.

Во координација на раководителот на РЦУК Тетово беа вклучени 25 полициски службеници кои ги пребаруваат нивите, а и коритото покрај реката Вардар.

Припадници на Армијата со едно куче од армискиот Центар за обука и дресура за кучиња (ЦОДК) го пребаруваа планинскиот дел на село Теново од 09:00 до 12:10 часот, заедно со еден вработен од ДЗС Тетово и еден вработен од Општина Брвеница.

Фрлени вреќи со облека во облик на човечко тело во водата на Вардар за момент дадоа надеж дека исчезнатиот е пронајден. Конкретно, во 10 часот се препоставуваше дека исчезнатиот е пронајден во реката Вардар во с. Радиовце, но тоа беше лажна трага, бидејќи по влегувње на нуркачите од ТППЕ Тетово беше утврдено дека не е исчезнатиот, туку дека биле вреќи со алишта коишто во водата изгледале како човечко тело во облека, информира ЦУК.

Инаку, веќе подолго време трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница кој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома.

Случајот бил пријавен на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.

Исчезнатиот сè уште не е пронајден, а се планира потрагата да продолжи и во наредните денови.

The post Вреќи со облека во Вардар налик човечко тело за момент ги измамија нуркачите, потрагата по исчезнатиот продолжува appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи инфрормира дека и во текот на вчерашниот ден се одвивала потрагата по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница пријавено пред десет дена. Во координација на раководителот на РЦУК Тетово беа вклучени 25 полициски службеници кои ги пребаруваат нивите, а и коритото покрај реката Вардар. Припадници на Армијата со едно куче од армискиот Центар за обука и дресура за кучиња (ЦОДК) го пребаруваа планинскиот дел на село Теново од 09:00 до 12:10 часот, заедно со еден вработен од ДЗС Тетово и еден вработен од Општина Брвеница.
Фрлени вреќи со облека во облик на човечко тело во водата на Вардар за момент дадоа надеж дека исчезнатиот е пронајден. Конкретно, во 10 часот се препоставуваше дека исчезнатиот е пронајден во реката Вардар во с. Радиовце, но тоа беше лажна трага, бидејќи по влегувње на нуркачите од ТППЕ Тетово беше утврдено дека не е исчезнатиот, туку дека биле вреќи со алишта коишто во водата изгледале како човечко тело во облека, информира ЦУК.
Инаку, веќе подолго време трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница кој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома. Случајот бил пријавен на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани. Исчезнатиот сè уште не е пронајден, а се планира потрагата да продолжи и во наредните денови.

The post Вреќи со облека во Вардар налик човечко тело за момент ги измамија нуркачите, потрагата по исчезнатиот продолжува appeared first on Република.

]]>
Илиевски: Го реконструиравме стадионот и ја вративме во функција спортската сала во Брвеница кои 5 години беа надвор од функција https://republika.mk/vesti/makedonija/ilievski-go-rekonstruiravme-stadionot-i-ja-vrativme-vo-funktsija-sportskata-sala-vo-brvenitsa-koi-5-godini-bea-nadvor-od-funktsija/ Tue, 09 May 2023 17:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=638942

На денешната трибина на тема „Социјални политики против иселувањето“ свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски, кој истакна дека за ова оваа година и пол откако ја презеде општината, расчистен е долгот на истата и сите инфраструктурни проекти, кои се многу на број, се реализирани од средства на општината.

Општината беше со долг од милион и 400, а сега долгот е сведен на нула и не должиме ништо. Проектите кои ги изработивме во текот на оваа година ипол, сѐ е расчистено, платено. Во оваа година имаме повеќе инфраструктурни објекти направено. Изградивме летна сцена и партерно уредување во црквата во село Брвеница, реконструиран е стадионот во село Брвеница, спортската сала е вратена во функција после 5 години и дадена е на користење за првпат на училиштето. Пет години не функционирала ни спортската сала ни стадионот. Работиме континуирано на подобрување на уличното осветлување, во општината финансираме 4 фудбалски клуба кои се финансирани од буџетот на општина Брвеница, редовно вршиме дезинсекција и дератизација на општината, изработивме нова веб страна на нашата општина, завршена ни е изградба реконструкција и нови патишта во должина од 5 илјади метри, завршена ни е канализацијата во сите населени места во должина од околу 4 илјади метри - истакна Илиевски.

Тој додаде дека е набавен е нов школски автобус, 2 камионети и камион за отпад.

Во училиштата, сите училишта кои имаа печки на дрва ги заменивме со печки на пелети. Направивме реконструкција на училиштето во село Радиовце, извршивме реконструкција на патот, на мостот во село Милетино. Најголемиот проблем е со канализација и водовод, но продолжуваме со сопствени средства и од наш буџет, од јавното претпријатие ги финансираме овие проекти - рече тој.

Илиевски исто така истакна дека за разлика од другите кај што има иселувања во општина Брвеница има зголемен број на доселувања, па за ова општината прави и план за државното земјиште да се дава по евро за метар квадратен на млади брачни парови кои сакаат да живеат во Брвеница.

The post Илиевски: Го реконструиравме стадионот и ја вративме во функција спортската сала во Брвеница кои 5 години беа надвор од функција appeared first on Република.

Фудбалери и навивачи на Беса влетаа на терен да се тепаат со судиите https://republika.mk/sport/fudbal/fudbaleri-i-navivachi-na-besa-vletaa-na-teren-da-se-tepaat-so-sudiite/ Mon, 10 Apr 2023 15:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=629548

Вчера во СВР Тетово пријавено е дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина навивачи и резервни играчи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот.

Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно, по што натпреварот е прекинат, велат од полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните.

The post Фудбалери и навивачи на Беса влетаа на терен да се тепаат со судиите appeared first on Република.

]]>

Вчера во СВР Тетово пријавено е дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина навивачи и резервни играчи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот. Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно, по што натпреварот е прекинат, велат од полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните.

The post Фудбалери и навивачи на Беса влетаа на терен да се тепаат со судиите appeared first on Република.

]]>
20-годишник излета oд пат и удри во паркирано возило, помина лесно https://republika.mk/vesti/crna-hronika/20-godishnik-izleta-od-pat-i-udri-vo-parkirano-vozilo-pomina-lesno/ Fri, 24 Feb 2023 08:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=612622

Дваесетгодишен возач е полесно повреден откако вчера излетал со автомобилот и удрил во друго паркирано возило на на регионалниот пат Тетово-Волковија во Брвеница. Незгодата се случила околу 20 часот.

Во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Волковија-Тетово, во Брвеница, патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Д.Ж.(20) од тетовско Јегуновце излетало од коловоз и удрило во паркирано возило „пежо“ со скопски ознаки. Во несреќата возачот Д.Ж. се здобил со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на незгодата увид извршила екипа на СВР Тетово.

The post 20-годишник излета oд пат и удри во паркирано возило, помина лесно appeared first on Република.

Мицкоски во Брвеница на осветување на храмот Света Великомаченица Екатерина https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vo-brvenica-na-osvetuvanje-na-hramot-sveta-velikomachenica-ekaterina/ Sun, 18 Sep 2022 12:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=551956

Денес заедно со граѓаните во населеното место Стенче во општина Брвеница, на осветување на православниот храм Света Великомаченица Екатерина, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски во Брвеница на осветување на храмот Света Великомаченица Екатерина appeared first on Република.

Во Брвеница откриена спомен-биста на полицаецот Дано Петрески, загинат во Долно Палчиште https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-brvenica-otkriena-spomen-bista-na-policaecot-dano-petreski-zaginat-vo-dolno-palchishte/ Wed, 07 Sep 2022 18:57:54 +0000 https://republika.mk/?p=548485

Во дворот на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница попладнево се одржи пригодна свеченост по повод 25-годишнината од загинувањето на полицискиот службеник Дано Петрески, а беше откриена и негова спомен биста.

Дано Петрески го загуби животот на 7 септември 1997 година, кога при извршување на работни задачи е смртно застрелан во селото Долно Палчиште.

-Дано и двајца негови колеги во раните утрински часови беа да приведедат осомничен за сторено убиство. Тројцата кога стигнаа во домот на законски осомничениот ги пречекува рафал од пиштол, при што Дано е покосен и го положува животот на олтарот на полицискиот професионален ангажман кој за него секогаш беше прв и единствен приотитетМеѓу колегите во СВР Тетово и МВР како и родната Брвеница остави празнина која не може никако да се надомести. Но, тука е споменот кој не бледнее никогаш. Останува овековечен со оваа биста со ова обележје на една храборст и една непоколебливост на еден борец за ред закон и правда во сопствената земја, порача во пригодниот говор началникот во Одделот за полиција при СВР Тетово, Бранислав Петревски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски исто така се обрати на настанот, порачувајќи дека оваа биста ќе биде вечен паметник на храброста и делата на полицискиот службеник.

Дано Петрески нашиот храбар брвенчанец е еден од нашите херои, одважна личност која положувајќи го својот живот во името на законите и безбедноста остави вечна трага обезбедувајќи свое заслужено место во она што значи историја на македонската полиција, историја на македонската држава како неприкосновен професионалец до последен момент од неговиот живот, порача Спасовски.

Полицаецот Петрески е роден во 1962 година и загинал на 35 години. ас/мд/

The post Во Брвеница откриена спомен-биста на полицаецот Дано Петрески, загинат во Долно Палчиште appeared first on Република.

]]>

Во дворот на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница попладнево се одржи пригодна свеченост по повод 25-годишнината од загинувањето на полицискиот службеник Дано Петрески, а беше откриена и негова спомен биста. Дано Петрески го загуби животот на 7 септември 1997 година, кога при извршување на работни задачи е смртно застрелан во селото Долно Палчиште.
-Дано и двајца негови колеги во раните утрински часови беа да приведедат осомничен за сторено убиство. Тројцата кога стигнаа во домот на законски осомничениот ги пречекува рафал од пиштол, при што Дано е покосен и го положува животот на олтарот на полицискиот професионален ангажман кој за него секогаш беше прв и единствен приотитетМеѓу колегите во СВР Тетово и МВР како и родната Брвеница остави празнина која не може никако да се надомести. Но, тука е споменот кој не бледнее никогаш. Останува овековечен со оваа биста со ова обележје на една храборст и една непоколебливост на еден борец за ред закон и правда во сопствената земја, порача во пригодниот говор началникот во Одделот за полиција при СВР Тетово, Бранислав Петревски.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски исто така се обрати на настанот, порачувајќи дека оваа биста ќе биде вечен паметник на храброста и делата на полицискиот службеник.
Дано Петрески нашиот храбар брвенчанец е еден од нашите херои, одважна личност која положувајќи го својот живот во името на законите и безбедноста остави вечна трага обезбедувајќи свое заслужено место во она што значи историја на македонската полиција, историја на македонската држава како неприкосновен професионалец до последен момент од неговиот живот, порача Спасовски.
Полицаецот Петрески е роден во 1962 година и загинал на 35 години. ас/мд/

The post Во Брвеница откриена спомен-биста на полицаецот Дано Петрески, загинат во Долно Палчиште appeared first on Република.

]]>
Илиевски: Реконструкција на бројни улици во Брвеница, се започнува и со изградба на инклузивни детски игралишта https://republika.mk/vesti/makedonija/ilievski-rekonstrukcija-na-brojni-ulici-vo-brvenica-se-zapochnuva-i-so-izgradba-na-inkluzivni-detski-igralishta/ Wed, 23 Feb 2022 13:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=462503

Kако во многу други општини претпоставувам, така и во Брвеница никој не е изненаден за долговите и начинот на кој се работело, па така Општина Брвеница заклучно со 15.11.2021 година, должи 87.000.000 денари 1.400.000,00 евра, вели градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ.

Илиевски истакна дека во изминатите 100 дена исчистени се голем број на диви депонии во општината, а е започната градежна работа за партерно уредување на центарот на Брвеница со детско игралиште, амфитеатар, фонтана, патеки и зелен појас со садници.

Исчистени депониите во Горни Челопек, Долни Челопек, Милетино, Теново, и во село во Брвеница. Започнавме со градежните работи за партерно уредување на центарот на Брвеница со детско игралиште, амфитеатар, фонтана, патеки и зелен појас со садници.

Се донесе Одлуката за еднократна помош на семејства со новороденче кои се со живеалиште на подрачјето на општина Брвеница. Се донесе Одлуката за еднократна помош за набавка на училишен прибор на семејства со прваче во основните училишта на подрачјето на општината. Започнуваме со изградба на инклузивни детски игралишта во с. Брвеница и с. Челопек, вели Илиевски.

Започнати се работи за подготовка за садење на нова трева, дренажа и наводнување на фудбалскиот стадион. Завршени се молеро фарбарските работи во спортската сала, поправка и реконструкција на водоводот, поправка на сите врати и санација на електричната инсталација а во тек е набавка на нови столчиња и чистење на спортската сала.

Реконструкција на обиколница со асфалт во с.Челопек, изградба на улица 1 со асфалт со краци 1, 2, 3 и 4 во с. Радиовце, поречко маало. Во финална фаза е реконструкција на пат со асфалт на улица Дубрава во с. Брвеница, во финална фаза Реконструкција на пат со асфалт во с. Нов Челопек марски дол, рече Илиевски.

Илиевски посочи дека во 2022 година планира општината да набави школски автобус, изградба на помали улици и проширување на канализационата мрежа.

Поголеми проекти на општина Брвеница кои се планираат за 2022 година се бушотини за вода (бунари) во с. Милетино и с. Брвеница, набавка на школски автобус, изградба на помали улици со бекатон плочки и проширување на канализационата мрежа.

https://youtu.be/E1gfWJO7wwg

The post Илиевски: Реконструкција на бројни улици во Брвеница, се започнува и со изградба на инклузивни детски игралишта appeared first on Република.

]]>

Kако во многу други општини претпоставувам, така и во Брвеница никој не е изненаден за долговите и начинот на кој се работело, па така Општина Брвеница заклучно со 15.11.2021 година, должи 87.000.000 денари 1.400.000,00 евра, вели градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ. Илиевски истакна дека во изминатите 100 дена исчистени се голем број на диви депонии во општината, а е започната градежна работа за партерно уредување на центарот на Брвеница со детско игралиште, амфитеатар, фонтана, патеки и зелен појас со садници.
Исчистени депониите во Горни Челопек, Долни Челопек, Милетино, Теново, и во село во Брвеница. Започнавме со градежните работи за партерно уредување на центарот на Брвеница со детско игралиште, амфитеатар, фонтана, патеки и зелен појас со садници. Се донесе Одлуката за еднократна помош на семејства со новороденче кои се со живеалиште на подрачјето на општина Брвеница. Се донесе Одлуката за еднократна помош за набавка на училишен прибор на семејства со прваче во основните училишта на подрачјето на општината. Започнуваме со изградба на инклузивни детски игралишта во с. Брвеница и с. Челопек, вели Илиевски.
Започнати се работи за подготовка за садење на нова трева, дренажа и наводнување на фудбалскиот стадион. Завршени се молеро фарбарските работи во спортската сала, поправка и реконструкција на водоводот, поправка на сите врати и санација на електричната инсталација а во тек е набавка на нови столчиња и чистење на спортската сала. Реконструкција на обиколница со асфалт во с.Челопек, изградба на улица 1 со асфалт со краци 1, 2, 3 и 4 во с. Радиовце, поречко маало. Во финална фаза е реконструкција на пат со асфалт на улица Дубрава во с. Брвеница, во финална фаза Реконструкција на пат со асфалт во с. Нов Челопек марски дол, рече Илиевски. Илиевски посочи дека во 2022 година планира општината да набави школски автобус, изградба на помали улици и проширување на канализационата мрежа. Поголеми проекти на општина Брвеница кои се планираат за 2022 година се бушотини за вода (бунари) во с. Милетино и с. Брвеница, набавка на школски автобус, изградба на помали улици со бекатон плочки и проширување на канализационата мрежа. https://youtu.be/E1gfWJO7wwg

The post Илиевски: Реконструкција на бројни улици во Брвеница, се започнува и со изградба на инклузивни детски игралишта appeared first on Република.

]]>