болница Archives - Република https://republika.mk/tema/bolnica/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 09:04:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png болница Archives - Република https://republika.mk/tema/bolnica/ 32 32 Македонската фолк пејачка заврши во болница https://republika.mk/scena/estrada/makedonskata-folk-pejachka-zavrshi-vo-bolnitsa/ Tue, 05 Nov 2024 19:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=834379

Македонската фолк пејачка Адријана Ацевска - Кеш заврши во болница. Пејачката ги загрижи нејзините фанови со фотографија од болница додека прима инфузија.

Како изгледа совршена жена? Слика има тон нема, ете така јас во наредниот месец. Не ми ѕвонете на телефон, буквално ми забранија да зборувам ама затоа можам да пишувам. Следниот месец продолжуваме каде што застанавме и уште појако, до тогаш… јас сум на пауза. Посакајте ми среќа, напиша Ацевска во првата објава.

The post Македонската фолк пејачка заврши во болница appeared first on Република.

]]>

Македонската фолк пејачка Адријана Ацевска - Кеш заврши во болница. Пејачката ги загрижи нејзините фанови со фотографија од болница додека прима инфузија.
Како изгледа совршена жена? Слика има тон нема, ете така јас во наредниот месец. Не ми ѕвонете на телефон, буквално ми забранија да зборувам ама затоа можам да пишувам. Следниот месец продолжуваме каде што застанавме и уште појако, до тогаш… јас сум на пауза. Посакајте ми среќа, напиша Ацевска во првата објава.

The post Македонската фолк пејачка заврши во болница appeared first on Република.

]]>
Исчезна ехо апарат од кичевската болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ischezna-eho-aparat-od-kichevskata-bolnitsa-2/ Tue, 22 Oct 2024 13:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=829833

Вчера во 11.45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во Општа болница во Кичево, недостига ехо апарат, кој за време на ковид пандемијата во 2021 година во болницата бил дониран од Министерството за здравство.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

The post Исчезна ехо апарат од кичевската болница appeared first on Република.

]]>

Вчера во 11.45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во Општа болница во Кичево, недостига ехо апарат, кој за време на ковид пандемијата во 2021 година во болницата бил дониран од Министерството за здравство. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

The post Исчезна ехо апарат од кичевската болница appeared first on Република.

]]>
Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето https://republika.mk/zivot/zdravje/idnata-nedela-ke-se-znae-dali-imalo-propusti-od-lekarite-kaj-kumanovkata-koja-pochina-pri-poroduvaneto/ Fri, 04 Oct 2024 10:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=822563

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања.

Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.

Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.

Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.

Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.

Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина.

Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања. Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела. Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.
Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.
Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.
Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.
Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина. Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>
Џони Деп изненади деца во болница во Шпанија облечен како Џек Спароу (ВИДЕО) https://republika.mk/zivot/dhoni-dep-iznenadi-detsa-vo-bolnitsa-vo-shpanija-oblechen-kako-dhek-sparou-video/ Sat, 28 Sep 2024 20:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=820643

Џони Деп одлучил да ги изненади децата во блиската болница додека присуствувал на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија, пренесува Канал 5.

Во четвртокот, 61-годишникот ги посети децата на Универзитетската болница Доностија во Сан Себастијан, Шпанија, облечен во еден од неговите најпознати ликови, капетанот Џек Спароу од франшизата Пирати од Карибите,објави Индипендент.

Актерот можеше да се појави по премиерата на неговиот нов филм Моди - Три дена на крилото на лудилото, за животот на италијанскиот уметник Амедео Модиљани во Париз за време на Првата светска војна. Моди го означува првиот филм што го режира Деп по „The Brave“ од 1997 година, во кој тој исто така глумеше заедно со Марлон Брандо.

Болницата објави на X (поранешен Твитер) различни слики од актерот како позира со деца и зборува со нив за време на престојот таму.

„Од целиот персонал на Универзитетската болница Доностија, сакаме да ја изразиме нашата бескрајна благодарност до Џони Деп за неговото време, неговата поддршка и неговата енергија, како и до @sansebastianfes што ја олесни оваа посета“, се вели во објавата на болницата.

„Тие споделија смеа и анегдоти, а тој им помогна на неколку минути да заборават на тешкотиите низ кои минуваат во моментот“, велат тие. „Тоа беше подарок што им донесе радост на пациентите, семејствата, медицинските работници, лекарите и целиот персонал кој работеше на одделението во тоа време“.

Ова не е прв пат Деп да го носи својот костим на Џек Спaроу за да ги посети децата во болница. Во 2015 година, тој откри дека неговата ќерка Лили-Роуз поминала девет дена во болницата Great Ormond Street во Лондон, каде што добила третман поради откажување на бубрезите предизвикано од труење со E.coli во 2007 година, за што му рекол на Греам Нортон дека бил „најтемниот период на мојот живот.”

Оттогаш тој се врати во таа болница во својот костим во обид да ги расположи другите деца. „За мене тоа е подарок. Ми го даваат подарокот“, рече тој.

„Кога ќерка ми беше болна на улицата Грејт Ормонд, тоа беше најтемниот период од мојот живот. Отсекогаш ги правев овие посети, но после тоа искуство, посетите стануваа сè поважни“.

Деп продолжи: „Децата се толку храбри, но да можам да им донесам насмевка или насмевка на родителите, за мене значи сè на светот“.

The post Џони Деп изненади деца во болница во Шпанија облечен како Џек Спароу (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>

Џони Деп одлучил да ги изненади децата во блиската болница додека присуствувал на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија, пренесува Канал 5.

Во четвртокот, 61-годишникот ги посети децата на Универзитетската болница Доностија во Сан Себастијан, Шпанија, облечен во еден од неговите најпознати ликови, капетанот Џек Спароу од франшизата Пирати од Карибите,објави Индипендент. Актерот можеше да се појави по премиерата на неговиот нов филм Моди - Три дена на крилото на лудилото, за животот на италијанскиот уметник Амедео Модиљани во Париз за време на Првата светска војна. Моди го означува првиот филм што го режира Деп по „The Brave“ од 1997 година, во кој тој исто така глумеше заедно со Марлон Брандо. Болницата објави на X (поранешен Твитер) различни слики од актерот како позира со деца и зборува со нив за време на престојот таму.
„Од целиот персонал на Универзитетската болница Доностија, сакаме да ја изразиме нашата бескрајна благодарност до Џони Деп за неговото време, неговата поддршка и неговата енергија, како и до @sansebastianfes што ја олесни оваа посета“, се вели во објавата на болницата.
„Тие споделија смеа и анегдоти, а тој им помогна на неколку минути да заборават на тешкотиите низ кои минуваат во моментот“, велат тие. „Тоа беше подарок што им донесе радост на пациентите, семејствата, медицинските работници, лекарите и целиот персонал кој работеше на одделението во тоа време“.
Ова не е прв пат Деп да го носи својот костим на Џек Спaроу за да ги посети децата во болница. Во 2015 година, тој откри дека неговата ќерка Лили-Роуз поминала девет дена во болницата Great Ormond Street во Лондон, каде што добила третман поради откажување на бубрезите предизвикано од труење со E.coli во 2007 година, за што му рекол на Греам Нортон дека бил „најтемниот период на мојот живот.” Оттогаш тој се врати во таа болница во својот костим во обид да ги расположи другите деца. „За мене тоа е подарок. Ми го даваат подарокот“, рече тој.
„Кога ќерка ми беше болна на улицата Грејт Ормонд, тоа беше најтемниот период од мојот живот. Отсекогаш ги правев овие посети, но после тоа искуство, посетите стануваа сè поважни“.
Деп продолжи: „Децата се толку храбри, но да можам да им донесам насмевка или насмевка на родителите, за мене значи сè на светот“.

The post Џони Деп изненади деца во болница во Шпанија облечен како Џек Спароу (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>
Не е само на Балкан: Роднините на почината девојка во Италија ги натепале докторите https://republika.mk/zivot/zdravje/ne-e-samo-na-balkan-rodninite-na-pochinata-devojka-vo-italija-gi-natepale-doktorite/ Fri, 13 Sep 2024 19:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=814718

23-годишна девојка почина сред операција во италијанскиот град Черињола. Кога ја чуле тажната вест нејзините роднини со боксови ги нападнале вработените во клиниката.

Педесетина луѓе упаднале во одделението, а дваесетина од нив се судриле со медицинскиот персонал. Хирургот бил удрен со тупаница во лицето и се здобил со рани. Исто така му ја скршиле раката на еден лекар. Другиот персонал успеал да се сокрие и да повика полиција.

Полицајците дошле и веднаш започнале истрага за овој инцидент.

The post Не е само на Балкан: Роднините на почината девојка во Италија ги натепале докторите appeared first on Република.

]]>

23-годишна девојка почина сред операција во италијанскиот град Черињола. Кога ја чуле тажната вест нејзините роднини со боксови ги нападнале вработените во клиниката. Педесетина луѓе упаднале во одделението, а дваесетина од нив се судриле со медицинскиот персонал. Хирургот бил удрен со тупаница во лицето и се здобил со рани. Исто така му ја скршиле раката на еден лекар. Другиот персонал успеал да се сокрие и да повика полиција. Полицајците дошле и веднаш започнале истрага за овој инцидент.

The post Не е само на Балкан: Роднините на почината девојка во Италија ги натепале докторите appeared first on Република.

]]>
Болницата во Битола доби апарат за ендоскопија и лапроскопија и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти https://republika.mk/zivot/zdravje/bolnitsata-vo-bitola-dobi-aparat-za-endoskopija-i-laproskopija-i-artroskop-za-ortopedski-i-traumatoloshki-patsienti/ Fri, 13 Sep 2024 11:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=816038

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Битола промовираше нови медицински апарати со кои се модернизираат условите за третман на пациентите во јавните здравствени установи.

На прес - конференција што се одржа во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот Таравари истакна дека станува збор за апарат што помага во ендоскопско и лапароскопско третирање на пациентите, како и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти.

Медицинските апарати се најсовремени и интензивно ќе бидат користени во Клиничка болница-Битола. Но, ние ќе продолжиме со други инвестиции затоа што битолската Клиничка ни е посебно важна како министерство и значајна за јавното здравство во нашата држава, истакна министерот Таравари.

Тој посочи дека владата е фокусирана и на нови вработувања.

Во разговор со директорката на битолската Клиничка болница дознав дека 18 доктори од Битола се приватни специјализанти и дека наскоро доколку се согласат и аплицирале во апликацијата што веќе е дадена од Министерство за здравство, ќе добијат решенија за работа. Тие истовремено ќе бидат обврзани да помагаат на Клиничка болница со едно, две или три дежурства неделно, за што ќе се договориме и со клиниките каде што тие специјализираат, нагласи Таравари и додаде дека во Битола но и цела држава во моментов актуелен е проблемот со средномедицинскиот кадар за што се бараат решенија до крајот на буџетската година дел од вработените да добијат решенија.

Директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Ненси Лозанче очекува со поддршка на владата да се подигне нивото на болницата.

The post Болницата во Битола доби апарат за ендоскопија и лапроскопија и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Битола промовираше нови медицински апарати со кои се модернизираат условите за третман на пациентите во јавните здравствени установи. На прес - конференција што се одржа во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот Таравари истакна дека станува збор за апарат што помага во ендоскопско и лапароскопско третирање на пациентите, како и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти.
Медицинските апарати се најсовремени и интензивно ќе бидат користени во Клиничка болница-Битола. Но, ние ќе продолжиме со други инвестиции затоа што битолската Клиничка ни е посебно важна како министерство и значајна за јавното здравство во нашата држава, истакна министерот Таравари.
Тој посочи дека владата е фокусирана и на нови вработувања. Во разговор со директорката на битолската Клиничка болница дознав дека 18 доктори од Битола се приватни специјализанти и дека наскоро доколку се согласат и аплицирале во апликацијата што веќе е дадена од Министерство за здравство, ќе добијат решенија за работа. Тие истовремено ќе бидат обврзани да помагаат на Клиничка болница со едно, две или три дежурства неделно, за што ќе се договориме и со клиниките каде што тие специјализираат, нагласи Таравари и додаде дека во Битола но и цела држава во моментов актуелен е проблемот со средномедицинскиот кадар за што се бараат решенија до крајот на буџетската година дел од вработените да добијат решенија. Директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Ненси Лозанче очекува со поддршка на владата да се подигне нивото на болницата.

The post Болницата во Битола доби апарат за ендоскопија и лапроскопија и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти appeared first on Република.

]]>
Пожарникар од Штип повреден на работа доби шамар од државата: Го однеле во болница, а оттаму му пратиле опомена пред тужба за долг од 1250 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/pozharnikar-od-shtip-povreden-na-rabota-dobi-shamar-od-drzhavata-go-odnele-vo-bolnitsa-a-ottamu-mu-pratile-opomena-pred-tuzhba-za-dolg-od-1250-denari/ Wed, 04 Sep 2024 12:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=813099

Големиот хуманитарец и професионален пожарникар во ТППЕ Штип, Александар Георгиевски доби голем шамар од државата. Ова момче гаснејќи пожар, за време на работен ангажман се онесвести и благодарение на колеги беше извлечен од запален објект, итно префарлен со Брза помош во болница каде беше повратен во живот на интензивна нега. Денес му дошло на адреса опемна за тужба поради долг од 1250 денари во болницата за тој ден. Како што вели, тој при напуштање на болницата уредно прашал колку е должен и дали треба да подмири нешто, му било кажано дека не треба ништо и си заминал.

„Ова го има само во оваа северна вукојебина и никаде на друго место и не можам да сфатам овде јас сум виновникот или тој што не ме информирал дека имам долг кон Клиничка Болница Штип. На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци Штипско ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис бидејки околу мене имаше тешки пациенти а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинаките лица Dalibor Gorgiev и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам денес покрај најблиските.

Наредниот ден веднаш се ставив на располагање на Тппе Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив дека сум добро се јавив и на мојот командир го информирав дека ќе си одам на работа иако сите ми посочуваа и велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена јас тоа го одбив и си отидов на работа ко ништо да не се случило .
Од ко ме пуштија од болницата прво им се заблагодарив на персоналот за професионалниот однос на вработените на интезивна потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија Ацка терај си дома и одмарај си по што си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба за 1250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип без тоа да го знам не ми е јасно само една работа и не можам да сфатам кој требаше да ме информира дека јас имам долг кон болницата и зошто тоа не ми беше потенцирано од било кој во истата кога ме пуштија тој ден да си одам дома. На менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно се обраќам со добра намера не е само опомени пред тужба да праќате луѓе 1250 те денари не се проблемот проблем е тоа што никој од вас не ме информираше дека јас сум должен кон вас требаше ли некој да ме информира еве одговорете ми ги имавте сите податоци од мене толку ли тешко ќе му беше на некој од вашите служби вработен да ме само информира усно телефонски на било кој начин. Јас писмото денес го примив и уште се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон Болницата и коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате за нешто за што сте требале вие да ме информирате истиот ден кога сте ме пуштиле од болница бидете живи и здрави утре ќе ви се плати долгот а уплатницата јавно ќе ја објавам!“, пишува пожарникарот Георгиевски.

The post Пожарникар од Штип повреден на работа доби шамар од државата: Го однеле во болница, а оттаму му пратиле опомена пред тужба за долг од 1250 денари appeared first on Република.

]]>

Големиот хуманитарец и професионален пожарникар во ТППЕ Штип, Александар Георгиевски доби голем шамар од државата. Ова момче гаснејќи пожар, за време на работен ангажман се онесвести и благодарение на колеги беше извлечен од запален објект, итно префарлен со Брза помош во болница каде беше повратен во живот на интензивна нега. Денес му дошло на адреса опемна за тужба поради долг од 1250 денари во болницата за тој ден. Како што вели, тој при напуштање на болницата уредно прашал колку е должен и дали треба да подмири нешто, му било кажано дека не треба ништо и си заминал. „Ова го има само во оваа северна вукојебина и никаде на друго место и не можам да сфатам овде јас сум виновникот или тој што не ме информирал дека имам долг кон Клиничка Болница Штип. На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци Штипско ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис бидејки околу мене имаше тешки пациенти а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинаките лица Dalibor Gorgiev и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам денес покрај најблиските. Наредниот ден веднаш се ставив на располагање на Тппе Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив дека сум добро се јавив и на мојот командир го информирав дека ќе си одам на работа иако сите ми посочуваа и велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена јас тоа го одбив и си отидов на работа ко ништо да не се случило . Од ко ме пуштија од болницата прво им се заблагодарив на персоналот за професионалниот однос на вработените на интезивна потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија Ацка терај си дома и одмарај си по што си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба за 1250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип без тоа да го знам не ми е јасно само една работа и не можам да сфатам кој требаше да ме информира дека јас имам долг кон болницата и зошто тоа не ми беше потенцирано од било кој во истата кога ме пуштија тој ден да си одам дома. На менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно се обраќам со добра намера не е само опомени пред тужба да праќате луѓе 1250 те денари не се проблемот проблем е тоа што никој од вас не ме информираше дека јас сум должен кон вас требаше ли некој да ме информира еве одговорете ми ги имавте сите податоци од мене толку ли тешко ќе му беше на некој од вашите служби вработен да ме само информира усно телефонски на било кој начин. Јас писмото денес го примив и уште се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон Болницата и коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате за нешто за што сте требале вие да ме информирате истиот ден кога сте ме пуштиле од болница бидете живи и здрави утре ќе ви се плати долгот а уплатницата јавно ќе ја објавам!“, пишува пожарникарот Георгиевски.

The post Пожарникар од Штип повреден на работа доби шамар од државата: Го однеле во болница, а оттаму му пратиле опомена пред тужба за долг од 1250 денари appeared first on Република.

]]>
Охриѓанец заврши во болница по експлозија на плинска боца https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ohriganets-zavrshi-vo-bolnitsa-po-eksplozija-na-plinska-botsa/ Sun, 11 Aug 2024 13:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=805456

Плинска боца експлодирала во куќа во Охрид, при што едно лице е повредено, соопштија од Охридската полиција.

На 10.08.2024 година во 16,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа сопственост на С.П. од охридското село Велгошти, при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија.

-Притоа, И.С.(58) од Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски екипи, стои во билтенот на СВР Охрид.

The post Охриѓанец заврши во болница по експлозија на плинска боца appeared first on Република.

]]>

Плинска боца експлодирала во куќа во Охрид, при што едно лице е повредено, соопштија од Охридската полиција. На 10.08.2024 година во 16,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа сопственост на С.П. од охридското село Велгошти, при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија.
-Притоа, И.С.(58) од Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски екипи, стои во билтенот на СВР Охрид.

The post Охриѓанец заврши во болница по експлозија на плинска боца appeared first on Република.

]]>
Нови 25 лица со голема кашлица, пет се лекуваат во болнички услови https://republika.mk/vesti/makedonija/novi-25-litsa-so-golema-kashlitsa-pet-se-lekuvaat-vo-bolnichki-uslovi/ Mon, 05 Aug 2024 12:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=803558

Епидемијата со голема кашлица никако не стивнува. Во Македонија за една недела пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, а бројката беше слична и претходната недела. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје најголем дел од случаите се пријавени во Скопје -11, а пријавени се и 6 случаи од Куманово, 4 случаи од Тетово, 2 случаи од Битола и по еден случај од Велес и Кичево. Во овој период од годината возраста на заболените се движи од 2 месеци до 27 години, а најголем број на случаи се до четири години.

-Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и три се вакцинирани согласно возраст. Од новите случаи пет лица се хоспитализирани-информираат од ИЈЗ.

Од стартот на епидемијата до 25 јули во Македонија регистрирани се вкупно 956 случаи на голема кашлица, а тоа е со инциденца од 52 на 100 000 жители.

-Најголем број лица околу 75 отсто, што се заразиле со пертусил изминативе месеци живеат во Скопје и тоа во 17 општини. Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 67 заболени лица (7,0%), а во Тетово, пријавени се 50 заболени лица (5,2%). Останатите случаи на заразени со голема кашлица се во останатите 20 градови низ државата- анализира Институтот и дополнува дека досега најмладиот заразен со овој вирус е само еден месец, а најстариот 82 годишна возраст.

Од вкупниот број на заболени лица (956), кај 949 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај 7 лица е во асимптоматска форма.

-Епидемиската крива укажува дека симптомите кај првиот случај пријавен во скопската епидемија се регистрирани во 50-та недела од 2023 година. Согласно податоците од епидемиолошките анкети во однос на датумот на почеток на симптоми кај заболените лица, од првата недела во 2024 година се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до 11-та недела. Од 12-17-та недела, бројот на случаи со регистрирани симптоми се намалува. Од 18-28-ма недела, бројот на новозаболени лица со регистрирани симптоми е константен со повремени флуктуации- објаснуваат од ИЈЗ.

Најголемиот дел, 595 лица или околу 62% од заболените не се вакцинирани, или се некомплетно вакцинирани согласно. Комплетно вакцинирани се 361 лице.

-Од заболените, хоспитализирани се 136 лица (14,2%) и тоа 116 (85,3%) од нив на возраст до 4 години. Затоа и најголем број од случаите  се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, 132 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по 9 дена-посочуваат од Институтот.

Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 151 случај. Спроведени активности за вакцинација со вакцина која содржи компонента на голема кашлица на територија на Скопје и Републиката Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

-Од пронајдените 22.195 деца пропуштени за вакцинација, 15.360 се имунизирани. Од вакцинираните, најголем број примиле I-ва ревакцина , односно 6.744 лица, што е 43,9%. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 16.158 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (10.802; 66,9%) од вакцинираните деца примиле I, II и III доза на примовакцинација-велат анализите на ИЈЗ.

Досега во Македонија од 18 јануари до 25 јули  вакцинирани се 61.024  лица, од кои што најмногу примиле прва доза вакцина за заштита од голема кашлица.

The post Нови 25 лица со голема кашлица, пет се лекуваат во болнички услови appeared first on Република.

]]>

Епидемијата со голема кашлица никако не стивнува. Во Македонија за една недела пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, а бројката беше слична и претходната недела. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје најголем дел од случаите се пријавени во Скопје -11, а пријавени се и 6 случаи од Куманово, 4 случаи од Тетово, 2 случаи од Битола и по еден случај од Велес и Кичево. Во овој период од годината возраста на заболените се движи од 2 месеци до 27 години, а најголем број на случаи се до четири години. -Во однос на вакциналниот статус на заболените, 16 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и три се вакцинирани согласно возраст. Од новите случаи пет лица се хоспитализирани-информираат од ИЈЗ. Од стартот на епидемијата до 25 јули во Македонија регистрирани се вкупно 956 случаи на голема кашлица, а тоа е со инциденца од 52 на 100 000 жители. -Најголем број лица околу 75 отсто, што се заразиле со пертусил изминативе месеци живеат во Скопје и тоа во 17 општини. Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 67 заболени лица (7,0%), а во Тетово, пријавени се 50 заболени лица (5,2%). Останатите случаи на заразени со голема кашлица се во останатите 20 градови низ државата- анализира Институтот и дополнува дека досега најмладиот заразен со овој вирус е само еден месец, а најстариот 82 годишна возраст. Од вкупниот број на заболени лица (956), кај 949 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај 7 лица е во асимптоматска форма. -Епидемиската крива укажува дека симптомите кај првиот случај пријавен во скопската епидемија се регистрирани во 50-та недела од 2023 година. Согласно податоците од епидемиолошките анкети во однос на датумот на почеток на симптоми кај заболените лица, од првата недела во 2024 година се забележува континуиран пораст на бројот на случаи на неделно ниво, до 11-та недела. Од 12-17-та недела, бројот на случаи со регистрирани симптоми се намалува. Од 18-28-ма недела, бројот на новозаболени лица со регистрирани симптоми е константен со повремени флуктуации- објаснуваат од ИЈЗ. Најголемиот дел, 595 лица или околу 62% од заболените не се вакцинирани, или се некомплетно вакцинирани согласно. Комплетно вакцинирани се 361 лице. -Од заболените, хоспитализирани се 136 лица (14,2%) и тоа 116 (85,3%) од нив на возраст до 4 години. Затоа и најголем број од случаите  се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, 132 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по 9 дена-посочуваат од Институтот. Епидемиолошките истражувања покажуваат поврзаност на 151 случај. Спроведени активности за вакцинација со вакцина која содржи компонента на голема кашлица на територија на Скопје и Републиката Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18.01.2024 досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивно избарување на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација. -Од пронајдените 22.195 деца пропуштени за вакцинација, 15.360 се имунизирани. Од вакцинираните, најголем број примиле I-ва ревакцина , односно 6.744 лица, што е 43,9%. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 16.158 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (10.802; 66,9%) од вакцинираните деца примиле I, II и III доза на примовакцинација-велат анализите на ИЈЗ. Досега во Македонија од 18 јануари до 25 јули  вакцинирани се 61.024  лица, од кои што најмногу примиле прва доза вакцина за заштита од голема кашлица.

The post Нови 25 лица со голема кашлица, пет се лекуваат во болнички услови appeared first on Република.

]]>
Пофални зборови за Таравари откако објави видео на кое го прикажува почетокот на долгоочекувата изградба на новата болница во Гостивар https://republika.mk/vesti/makedonija/pofalni-zborovi-za-taravari-otkako-objavi-video-na-koe-go-prikazhuva-pochetokot-na-dolgoochekuvata-izgradba-na-novata-bolnitsa-vo-gostivar/ Fri, 02 Aug 2024 12:13:44 +0000 https://republika.mk/?p=802771

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска на големиот празник објави видео на кое го прикажува почетокот на долгоочекувата изградба на новата болница во Гостивар. Во коментарите од градаѓинте има само пофални зборови.

-Почнавме со дела, болницата во Гостивар...напиша министерот за здавство.

Истовтремено, Таравари реагираше на изјавите на ДУИ заради вчерашниот инцидент на аеродромот во Скопје, во кој беше инволвирана шефицата на Косово, Вјоса Османи.

-Вреди“ изразува загриженост бидејќи ДУИ користи лаги и манипулации во обид да му наштети на „Вреди“, без да се грижи за последиците што може да му ги нанесе на Косово. Јавноста да ги следи фактите, а не пропагандата на ДУИ. Министерството за внатрешни работи и државата немаат надлежност за безбедноста на аеродромот, туку тоа е во надлежност на концесионерот, во случајов ТАВ. Според Виенската конвенција, државните лидери имаат посебен третман за време на патувањето, но деталите за безбедносните протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот. Слично недоразбирање се случи и кога технички премиер беше Талат Џафери. Зошто ДУИ не зборува за тоа? Ја повикуваме ДУИ да одговори дали за време на нивни патувања избегнуваат скенери, прашува Таравари на ФБ.

The post Пофални зборови за Таравари откако објави видео на кое го прикажува почетокот на долгоочекувата изградба на новата болница во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска на големиот празник објави видео на кое го прикажува почетокот на долгоочекувата изградба на новата болница во Гостивар. Во коментарите од градаѓинте има само пофални зборови.
-Почнавме со дела, болницата во Гостивар...напиша министерот за здавство.
Истовтремено, Таравари реагираше на изјавите на ДУИ заради вчерашниот инцидент на аеродромот во Скопје, во кој беше инволвирана шефицата на Косово, Вјоса Османи.
-Вреди“ изразува загриженост бидејќи ДУИ користи лаги и манипулации во обид да му наштети на „Вреди“, без да се грижи за последиците што може да му ги нанесе на Косово. Јавноста да ги следи фактите, а не пропагандата на ДУИ. Министерството за внатрешни работи и државата немаат надлежност за безбедноста на аеродромот, туку тоа е во надлежност на концесионерот, во случајов ТАВ. Според Виенската конвенција, државните лидери имаат посебен третман за време на патувањето, но деталите за безбедносните протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот. Слично недоразбирање се случи и кога технички премиер беше Талат Џафери. Зошто ДУИ не зборува за тоа? Ја повикуваме ДУИ да одговори дали за време на нивни патувања избегнуваат скенери, прашува Таравари на ФБ.

The post Пофални зборови за Таравари откако објави видео на кое го прикажува почетокот на долгоочекувата изградба на новата болница во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Починало бебе родено во болницата во Битола https://republika.mk/zivot/zdravje/pochinalo-bebe-rodeno-vo-bolnitsata-vo-bitola/ Wed, 19 Jun 2024 12:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=789058

Новородено машко бебе починало во Битолската болница, дознава Сител.

Според телевизијата, од Битолската болница „Трифун Пановски“ бебето било пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено без знаци на живот.

Од Клиничката болница Битола соопштија дека пациентката била во поодмината бременост и се жалела на болки веќе два дена. Ѝ бил направен царски рез, а ова ѝ била трета неуредно контролирана бременост, со претходнo еден царски рез и еден спонтан абортус. Пациентката дала податок дека за време на бременоста посетувала два различни матични докторa и за првпат дошла на Одделoт за гинекологија и акушерство при Клиничката болница Битола за преглед. Бебето на раѓање било аспирирано и кратко реанимирано. На Одделот за неонатологија било поставено на кислородна поддршка во инкубатор за мониторирање.

„Неколку саати подоцна, од страна на доктор неонатолог мајката е известена за состојбата на новороденчето. Во текот на денот, состојбата на новороденото се подобрува, истото е со подобрена сатурација, везикуларно дишење, добро прима храна. Во саботата во 13:25 часот состојбата на новороденото нагло се влошува поради што се повикани двата родитела да дадат писмена согласност за транспорт на новороденото, бидејќи е со висок ризик. На двата родитела им е објаснето дека состојбата на новороденчето е ризична. Транспортот е реализиран во најбрз можен рок“, соопштија од Битолската болница пренесе СДК.мк.

На Клиниката за детски болести било констатирано дека бебето починало и било вратено во Битола. Телото е предадено за обдукција.

 

The post Починало бебе родено во болницата во Битола appeared first on Република.

]]>

Новородено машко бебе починало во Битолската болница, дознава Сител. Според телевизијата, од Битолската болница „Трифун Пановски“ бебето било пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено без знаци на живот. Од Клиничката болница Битола соопштија дека пациентката била во поодмината бременост и се жалела на болки веќе два дена. Ѝ бил направен царски рез, а ова ѝ била трета неуредно контролирана бременост, со претходнo еден царски рез и еден спонтан абортус. Пациентката дала податок дека за време на бременоста посетувала два различни матични докторa и за првпат дошла на Одделoт за гинекологија и акушерство при Клиничката болница Битола за преглед. Бебето на раѓање било аспирирано и кратко реанимирано. На Одделот за неонатологија било поставено на кислородна поддршка во инкубатор за мониторирање. „Неколку саати подоцна, од страна на доктор неонатолог мајката е известена за состојбата на новороденчето. Во текот на денот, состојбата на новороденото се подобрува, истото е со подобрена сатурација, везикуларно дишење, добро прима храна. Во саботата во 13:25 часот состојбата на новороденото нагло се влошува поради што се повикани двата родитела да дадат писмена согласност за транспорт на новороденото, бидејќи е со висок ризик. На двата родитела им е објаснето дека состојбата на новороденчето е ризична. Транспортот е реализиран во најбрз можен рок“, соопштија од Битолската болница пренесе СДК.мк. На Клиниката за детски болести било констатирано дека бебето починало и било вратено во Битола. Телото е предадено за обдукција.  

The post Починало бебе родено во болницата во Битола appeared first on Република.

]]>
Во Загреб се хоспитализирани пет лица заразени со легионела, двајца се во тешка состојба https://republika.mk/vesti/balkan/vo-zagreb-se-hospitalizirani-pet-litsa-zarazeni-so-legionela-dvajtsa-se-vo-teshka-sostojba/ Tue, 18 Jun 2024 10:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=788726

Пет лица се заразени со легионела во болницата „Ребро“ во Загреб, од кои двајца се во тешка состојба. Сите се згрижени во Загребската клиничка болница.

Бидејќи инфекцијата со легионела била потврдена кај пет пациенти, од кои двајца се во тешка состојба, започнала истрага за потеклото на инфекцијата. Познато е дека легионела може да се шири од клима уреди или вода.

Легионерската болест е атипична пневмонија предизвикана од бактерии. Се третира со антибиотици, азитромицин, кинолони или рифампицин.

Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи. Во моментов во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави проф.д-р. Миливој Новак, помошник директор за квалитет за „Јутарњи лист“.

Пет пациенти покажале симптоми на болеста, од кои двајца се во тешка состојба, јавува Н1 Загреб.

„Тоа се пациенти кои се сериозно болни од основна болест, па легионелата драстично ја влоши нивната состојба“, посочи Новак.

 

The post Во Загреб се хоспитализирани пет лица заразени со легионела, двајца се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Пет лица се заразени со легионела во болницата „Ребро“ во Загреб, од кои двајца се во тешка состојба. Сите се згрижени во Загребската клиничка болница. Бидејќи инфекцијата со легионела била потврдена кај пет пациенти, од кои двајца се во тешка состојба, започнала истрага за потеклото на инфекцијата. Познато е дека легионела може да се шири од клима уреди или вода. Легионерската болест е атипична пневмонија предизвикана од бактерии. Се третира со антибиотици, азитромицин, кинолони или рифампицин.
Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи. Во моментов во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави проф.д-р. Миливој Новак, помошник директор за квалитет за „Јутарњи лист“.
Пет пациенти покажале симптоми на болеста, од кои двајца се во тешка состојба, јавува Н1 Загреб.
„Тоа се пациенти кои се сериозно болни од основна болест, па легионелата драстично ја влоши нивната состојба“, посочи Новак.
 

The post Во Загреб се хоспитализирани пет лица заразени со легионела, двајца се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Пожар во болница во Иран, загинаа најмалку осум лица https://republika.mk/vesti/pozhar-vo-bolnitsa-vo-iran-zaginaa-najmalku-osum-litsa/ Tue, 18 Jun 2024 10:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=788719

Осум лица загинаа во пожар што избувна во болница во иранскиот град Рашт.

Според првичните податоци во пожарот настрадаа пациенти од одделението за интензивна нега.

Според локални медиуми, спасени се околу 140 пациенти. Се претпоставува дека бројот на жртвите би можело да биде поголем.

The post Пожар во болница во Иран, загинаа најмалку осум лица appeared first on Република.

]]>

Осум лица загинаа во пожар што избувна во болница во иранскиот град Рашт. Според првичните податоци во пожарот настрадаа пациенти од одделението за интензивна нега. Според локални медиуми, спасени се околу 140 пациенти. Се претпоставува дека бројот на жртвите би можело да биде поголем.

The post Пожар во болница во Иран, загинаа најмалку осум лица appeared first on Република.

]]>
Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум https://republika.mk/zivot/zdravje/holandski-turist-kasnat-od-zmija-so-itna-pomosh-odnesen-vo-debar-zashto-vo-ohrid-nemale-serum/ Wed, 12 Jun 2024 16:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=786783

Во изминатите неколку дена во Општата болница со проширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи.

„Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли.

Вториот случај, како што посочува, бил вчера, а неофицијално се работи за холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид.

„Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охриската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид“, додава Пашоли.

Според него, имајќи го предвид периодот на појава на змии, навреме се снабдиле со потребниот серум, посака да нема потреба, но, изрази подготвеност да се помогне доколку затреба.

The post Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум appeared first on Република.

]]>

Во изминатите неколку дена во Општата болница со проширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи. „Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли. Вториот случај, како што посочува, бил вчера, а неофицијално се работи за холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид. „Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охриската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид“, додава Пашоли. Според него, имајќи го предвид периодот на појава на змии, навреме се снабдиле со потребниот серум, посака да нема потреба, но, изрази подготвеност да се помогне доколку затреба.

The post Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум appeared first on Република.

]]>
Во битолското село Крстоар ненадејно почина 14-годишно момче https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-bitolskoto-selo-krstoar-nenadejno-pochina-14-godishno-momche/ Mon, 13 May 2024 14:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=777663

14-годишно момче од Битола ненадејно починало во атарот на селото Крстоар, близу Битола.

Станува збор за момче, осмоодделенец од ОУ „Коле Канински“ во Битола, за кое наставници од училиштето велат дека претходно немало видливи здравствени проблеми.

Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 часот во атарот на село Крстоар, битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство.

По смртта на малолетникот, полицијата извршила увид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција.

 

The post Во битолското село Крстоар ненадејно почина 14-годишно момче appeared first on Република.

]]>

14-годишно момче од Битола ненадејно починало во атарот на селото Крстоар, близу Битола. Станува збор за момче, осмоодделенец од ОУ „Коле Канински“ во Битола, за кое наставници од училиштето велат дека претходно немало видливи здравствени проблеми. Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 часот во атарот на село Крстоар, битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство. По смртта на малолетникот, полицијата извршила увид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција.  

The post Во битолското село Крстоар ненадејно почина 14-годишно момче appeared first on Република.

]]>
Човекот кој застрела жена кај Прешево и се самоуби е 52-годишен Албанец од Тетово, жената е од Врњачка Бања и е на интензивна нега https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chovekot-koj-zastrela-zhena-kaj-preshevo-i-se-samoubi-e-52-godishen-albanets-od-tetovo-zhenata-e-od-vrnachka-bana-i-e-na-intenzivna-nega/ Fri, 08 Mar 2024 11:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=752602

Мажот кој синоќа околу 21 часот на наплатата рампа кај Прешево, Србија, застрела жена и потоа се самоуби, е 52-годишен Албанец од Тетово. Жената е од Србија, од Врњачка Бања, таа има неколку сериозни повреди од куршуми и за нејзиниот живот се борат лекарите во Клиничкиот цетар во Ниш.

Очевидците велат дека на трагичниот настан му претходела расправија во автомобилот на тетовецот. Во еден момент жената излегла од возилото и започнала со трчање да бега. Мажот излегол од автомобилот и во неа испукал неколку куршуми. Отишол кон местото на злосторството и се застрелал во главата.

Некои медиуми во Србија дознаваат дека возилото марка ауди било запрено од сообраќајна полиција поради сторен прекршок, а кавгата меѓу мажот и жената започнала веднаш потоа.

Жената давала знаци на живот и веднаш била однесена во Здравствениот дом во Врање. Тамошните лекари утврдиле дека се потребни сложени хируршки интервенции па била донесена одлуката веднаш со возило на итната помош да биде транспортирана на Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Таму била примена половина час по полноќ.

Лекарите најнапред извршиле преглед додека траело нужното згрижување. Утвдени биле повреди на трахеите, на вратните пршлени, дијагностицирана била инкулзија на воздух во градната празнина и контузија на левото белодробно крило.

По хируршките интервенции младата жена е префрлена на Клиниката за интензивна нега каде се следи состојбата и се прават прегледи заради евентуални нови хируршки интервенции.

Во српското МВР велат дека засега не можат да соопштат што всушност била причината за расправијата со трагични последици.

 

The post Човекот кој застрела жена кај Прешево и се самоуби е 52-годишен Албанец од Тетово, жената е од Врњачка Бања и е на интензивна нега appeared first on Република.

]]>

Мажот кој синоќа околу 21 часот на наплатата рампа кај Прешево, Србија, застрела жена и потоа се самоуби, е 52-годишен Албанец од Тетово. Жената е од Србија, од Врњачка Бања, таа има неколку сериозни повреди од куршуми и за нејзиниот живот се борат лекарите во Клиничкиот цетар во Ниш. Очевидците велат дека на трагичниот настан му претходела расправија во автомобилот на тетовецот. Во еден момент жената излегла од возилото и започнала со трчање да бега. Мажот излегол од автомобилот и во неа испукал неколку куршуми. Отишол кон местото на злосторството и се застрелал во главата. Некои медиуми во Србија дознаваат дека возилото марка ауди било запрено од сообраќајна полиција поради сторен прекршок, а кавгата меѓу мажот и жената започнала веднаш потоа. Жената давала знаци на живот и веднаш била однесена во Здравствениот дом во Врање. Тамошните лекари утврдиле дека се потребни сложени хируршки интервенции па била донесена одлуката веднаш со возило на итната помош да биде транспортирана на Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Таму била примена половина час по полноќ. Лекарите најнапред извршиле преглед додека траело нужното згрижување. Утвдени биле повреди на трахеите, на вратните пршлени, дијагностицирана била инкулзија на воздух во градната празнина и контузија на левото белодробно крило. По хируршките интервенции младата жена е префрлена на Клиниката за интензивна нега каде се следи состојбата и се прават прегледи заради евентуални нови хируршки интервенции. Во српското МВР велат дека засега не можат да соопштат што всушност била причината за расправијата со трагични последици.  

The post Човекот кој застрела жена кај Прешево и се самоуби е 52-годишен Албанец од Тетово, жената е од Врњачка Бања и е на интензивна нега appeared first on Република.

]]>
Не доаѓала медицинска сестра, побарал помош на 112: Пациент паднал од кревет во велешката болница, Стојанче му испратил Брза помош https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-doagala-meditsinska-sestra-pobaral-pomosh-na-112-patsient-padnal-od-krevet-vo-veleshkata-bolnitsa-stojanche-mu-ispratil-brza-pomosh/ Mon, 04 Mar 2024 10:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=751003

Бизарен и чуден повик пред неколку дена имале вработените во 112, откако кај нив се јавил пациент со тешки повредени на рацете и грбот, сместен во велешката болница, кој паднал од креветот но два часа никој не дошол да го крене.

Ова во поткастот на САКАМДАКАЖАМ.МК го открива директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Како што вели Ангелов на бројот 112 се јавило лице кои пријавило дека паднало и не добива никаква помош. Кога вработените во 112 го прашале каде се наоѓа за да испратат помош, лицето рекло дека е во болницата во Велес.

Нашите оператори мислеле најпрво дека станува збор за некое недоразборањ,е оти како е можно лице кое е згрижено во болница да бара помош? Но, навистина било така. Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош. Нашите мислеле дека умрел пациентот оти одредено време го немало на линија, а тој го исклучил телефонот за да ја зачува батеријата. На крај, овој бизарен случај се заврши успешно, Брзата помош спаси пациент кој падна од кревет во велешката болница, вели Ангелов.

Директорот Ангелов за бизарниот случај го раскажува во поткастот на САКАМДАКАЖАМ.МК во 57-та минута во видеото подолу.

The post Не доаѓала медицинска сестра, побарал помош на 112: Пациент паднал од кревет во велешката болница, Стојанче му испратил Брза помош appeared first on Република.

]]>

Бизарен и чуден повик пред неколку дена имале вработените во 112, откако кај нив се јавил пациент со тешки повредени на рацете и грбот, сместен во велешката болница, кој паднал од креветот но два часа никој не дошол да го крене. Ова во поткастот на САКАМДАКАЖАМ.МК го открива директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Како што вели Ангелов на бројот 112 се јавило лице кои пријавило дека паднало и не добива никаква помош. Кога вработените во 112 го прашале каде се наоѓа за да испратат помош, лицето рекло дека е во болницата во Велес. Нашите оператори мислеле најпрво дека станува збор за некое недоразборањ,е оти како е можно лице кое е згрижено во болница да бара помош? Но, навистина било така. Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош. Нашите мислеле дека умрел пациентот оти одредено време го немало на линија, а тој го исклучил телефонот за да ја зачува батеријата. На крај, овој бизарен случај се заврши успешно, Брзата помош спаси пациент кој падна од кревет во велешката болница, вели Ангелов. Директорот Ангелов за бизарниот случај го раскажува во поткастот на САКАМДАКАЖАМ.МК во 57-та минута во видеото подолу.

The post Не доаѓала медицинска сестра, побарал помош на 112: Пациент паднал од кревет во велешката болница, Стојанче му испратил Брза помош appeared first on Република.

]]>
Стружанка почина во охридската болница, била примена во тешка состојба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/struzhanka-pochina-vo-ohridskata-bolnitsa-bila-primena-vo-teshka-sostojba/ Wed, 28 Feb 2024 13:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=749307

Т.К.(52) од Струга починала вчера попладне во болницата во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека случај бил пријавен од болницата во охридската полиција.

Жената била примена во тешка здравствена состојба и покрај укажаната помош, по кратко време починала, вели Димоски.

За настанот е известен јавен обвинител по чија наредба телото на починатат е предадено на семејството.

 

The post Стружанка почина во охридската болница, била примена во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Т.К.(52) од Струга починала вчера попладне во болницата во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека случај бил пријавен од болницата во охридската полиција.
Жената била примена во тешка здравствена состојба и покрај укажаната помош, по кратко време починала, вели Димоски.
За настанот е известен јавен обвинител по чија наредба телото на починатат е предадено на семејството.  

The post Стружанка почина во охридската болница, била примена во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Без амин од ДУИ нема вработување: Болницата во Гостивар како партиски штаб на владејачката партија https://republika.mk/vesti/makedonija/bez-amin-od-dui-nema-vrabotuvane-bolnitsata-vo-gostivar-kako-partiski-shtab-na-vladejachkata-partija/ Wed, 14 Feb 2024 16:23:30 +0000 https://republika.mk/?p=744164

Болницата во Гостивар се претвори во партиски штаб на ДУИ. Директорот признава дека без амин од ДУИ нема вработување

The post Без амин од ДУИ нема вработување: Болницата во Гостивар како партиски штаб на владејачката партија appeared first on Република.

]]>

Болницата во Гостивар се претвори во партиски штаб на ДУИ. Директорот признава дека без амин од ДУИ нема вработување

The post Без амин од ДУИ нема вработување: Болницата во Гостивар како партиски штаб на владејачката партија appeared first on Република.

]]>
Стотина ангажирани со договор на дело во Прилепската болница почнаа штрајк https://republika.mk/vesti/makedonija/stotina-angazhirani-so-dogovor-na-delo-vo-prilepskata-bolnitsa-pochnaa-shtrajk/ Tue, 13 Feb 2024 11:57:58 +0000 https://republika.mk/?p=743600

Стотина ангажирани со договор на дело во Прилепската болница денеска излегоа на едночасовен штрајк барајќи Министерството за финансии итно да ги потпише согласностите за нивно вработување. Тие велат дека во моментов нивниот статус никако не е решен зашто не се потпишани ниту новите договори на дело кои вообичаено ги добивале на почетокот на јануари. Проблемот, според нив, е што не потпишува дополнителната заменик-министерка за финансии.

-Жалосно е што нашето прекинување на работните задачи, за кои моментално немаме ниту договор кој вообичаено се потпишува во почетокот на февруари, трпат пациените. Од медиумите дознавме дека согласност за договорите на дело и согласност за нашето вработување во редовен работен однос се во фиока кај дополнителната заменик-министерка за финансии Елена Петрова. Од владата се обезбедени сите согласности, но пречката е во министерството за финансии. Ставете го вашиот потпис денес, драга министерке, на таа согласност зашто сите рокови изминуваат. Станува збор за персонал од преку 100 луѓе, изјави Благоја Јагуриноски, ангажиран во болницата со договор на дело.

Снежана Илиеска, медицинска сестра во гинеколошко-акушерското одделение вели дека имаат одговорности, но без решен статус е речиси правно неиздржано.

Од Независниот синдикат на болницата изјавија дека Парламентот тоа може да го реши, ако денеска или утре итно донесе законски измени.

Менаџментот на болницата ја дава целосната поддршка на персоналот.

Ангажираните со договор на дело кои во моментот немаат никаков статус најавија дека доколку не им се излезе во пресрет, ќе протестираат пред Министерството за финансии во Скопје.

 

The post Стотина ангажирани со договор на дело во Прилепската болница почнаа штрајк appeared first on Република.

]]>

Стотина ангажирани со договор на дело во Прилепската болница денеска излегоа на едночасовен штрајк барајќи Министерството за финансии итно да ги потпише согласностите за нивно вработување. Тие велат дека во моментов нивниот статус никако не е решен зашто не се потпишани ниту новите договори на дело кои вообичаено ги добивале на почетокот на јануари. Проблемот, според нив, е што не потпишува дополнителната заменик-министерка за финансии.
-Жалосно е што нашето прекинување на работните задачи, за кои моментално немаме ниту договор кој вообичаено се потпишува во почетокот на февруари, трпат пациените. Од медиумите дознавме дека согласност за договорите на дело и согласност за нашето вработување во редовен работен однос се во фиока кај дополнителната заменик-министерка за финансии Елена Петрова. Од владата се обезбедени сите согласности, но пречката е во министерството за финансии. Ставете го вашиот потпис денес, драга министерке, на таа согласност зашто сите рокови изминуваат. Станува збор за персонал од преку 100 луѓе, изјави Благоја Јагуриноски, ангажиран во болницата со договор на дело.
Снежана Илиеска, медицинска сестра во гинеколошко-акушерското одделение вели дека имаат одговорности, но без решен статус е речиси правно неиздржано. Од Независниот синдикат на болницата изјавија дека Парламентот тоа може да го реши, ако денеска или утре итно донесе законски измени. Менаџментот на болницата ја дава целосната поддршка на персоналот. Ангажираните со договор на дело кои во моментот немаат никаков статус најавија дека доколку не им се излезе во пресрет, ќе протестираат пред Министерството за финансии во Скопје.  

The post Стотина ангажирани со договор на дело во Прилепската болница почнаа штрајк appeared first on Република.

]]>