болест Archives - Република https://republika.mk/tema/bolest/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 13:15:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png болест Archives - Република https://republika.mk/tema/bolest/ 32 32 Симптомите на хронична миелоидна леукемија се слични на настинка или грип, болките во коски понекогаш се третираат како реума, долг е патот додека да се дијагностицира болеста, велат хематолозите https://republika.mk/vesti/simptomite-na-hronichna-mieloidna-leukemija-se-slichni-na-nastinka-ili-grip-bolkite-vo-koski-ponekogash-se-tretiraat-kako-reuma-dolg-e-patot-dodeka-da-se-dijagnostitsira-bolesta-velat-hematolozite/ Sun, 22 Sep 2024 13:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=818737

Прегледи на лимфни јазли и информации за хематолошки заболувања се реализираа попладнево во центарот на Скопје. Организатор на настанот беше Здружението „Хема-онко“, посветено на пациенти со сите видови рак и нивните негуватели, а доктори од Клиниката за хематологија вршеа прегледи и им даваа совети на граѓаните. Со ова беше одбележан и Денот за подигнување на свеста за хронична миелоидна леукемија - 22 септември.

Професор доктор Александра Пивкова Велјановска од Универзитетската клиника за хематологија, раководител на Одделот за трансплантација на матични клетки, во изјава за МИА рече дека целта на овој настан е заедно со пациентите и лекарите, да се подигне свеста за борбата против малигните хематолошки заболувања, вклучително и лимфомот.

Населението подобро да се запознае што се првите симптоми, знаци, на ова заболување, како да биде побрза и порана дијагностичката постапка, за да може пациентите во порани стадиуми на заболувањето да дојдат на третман на нашата клиника, појасни таа.

Како што информираше таа, последниве години има пораст на ова заболување во државава.

Имаше мало намалување на бројките во периодот на пандемијата со Ковид-19, кога пациентите не доаѓаа на лекар или беа оневозможени да го сторат тоа. Но, по тој период, имаме зголемување на бројот на лимфомите и за понатаму се прогнозира дека ќе има пораст на ова малигно заболување и заради тоа, треба да ја подигнеме свеста и сите заедно да ги вложиме сите наши капацитети, како од пациентските здруженија, така и нас лекарите, за да доведеме до рана дијагностика. Тоа е основно, пациентите да бидат рано дијагностицирани во што поран стадиум. Тоа, бидејќи третманите на пациентите со порани стадиуми на лимфом доведуваат до успешно завршување на третманот со повлекување на болеста и нормален квалитет на живот после тоа, нагласи Пивкова Велјановска.

Станува збор за болест главно на возрасни пациенти, меѓутоа може да се јави и кај други лица.

Порано се мислеше дека е болест на постарата популација, на средна популација, некаде од 40 до 60 години, меѓутоа, сето тоа, сега е изместено. Ние на клиниката лекуваме главно возрасни пациенти, над 15-годишна возраст. Болеста е поретка кај детската популација, практично и да не се јавува. Доминантно заболуваат возрасните пациенти. Болеста нема предиспозиција кон одреден пол, посочи таа, додавајќи дека имале и пациенти на 18, 17 и на 16 години.

Таа истакна дека важно е да се зголеми соработката меѓу лекарите како професионалци, почнувајќи од матичните лекари, важно е да се препознае рано и рано да се праќаат пациентите на доиследување во терциерното здравство, бидејќи симптомите на почетокот може да бидат неспецифични.

Може да се појави лесно покачена температура, слабост, омалаксаност, губиток во телесна тежина, практично симптоми што наликуваат на многу други болести. Но, појавата на зголемени лимфни жлезди веќе може да биде првиот симптом што би сугерирал на заболувањето малигнен лимфом, децидна беше Пивкова Велјановска.

Лидија Пецова, претседател на „Хема-онко“, за МИА изјави дека граѓаните може да се информираат како да ги препознаат симптомите за леукемија, за миелом и за лимфом.

Имаме и еден квиз, еден прашалник, што е многу краток, дали се препознаваат симптомите за миелом и лимфом. Ако се дијагнозира порано, има поголеми шанси да се преживее, нагласи Пецова.

Милица Кузмановска, потпретседател и менаџер за комуникации, појасни дека на штандот може да се најдат брошури и материјали изработени од „Хема-онко“ во соработка со доктори специјалисти хематолози.

Да се дознае за симптомите на овие болести, што многу често се слични со симптомите на обична настинка или на грип. Болки во коски понекогаш се третираат како реума, долг е патот додека да се дијагностицира едно хематолошко заболување, посочи Кузмановска за МИА.

Таа потсети дека ова е само уште еден настан во рамки на септември, што меѓународно се одбележува секаде во светот, како месец посветен на подигнување на свеста за ракот на крвта.

Рахела Стефановска од Скопје за МИА рече дека со мултипен миелом за првпат се соочила кога болеста ѝ била дијагностицирана.

Сепак мислам дека јавноста многу малку беше запознаена со оваа болест. Од моментот на дијагностицирање и јас почнав самата да истражувам и да прашувам за болеста. Сепак, благодарение на лекарите на Клиниката за хематологија, кои се многу добри и ги следат сите трендови во медицината и пристапот на докторите, сега сум океј. Веќе не примам терапија и сега сум во ремисија. Сега се чувствувам добро, откри Стефановска.

И таа рече дека симптомите се многу слични на останати болести како болки во коски, па можеби некои лица погрешно се упатуваат на физикални терапии и лечење на нешто сосем друго, или пак, анемии.

Укажувам превентивата да се зголеми повеќе кај матичните лекари. Периодот на побрзо дијагностицирање на оваа болест да биде пократок, подвлече Стефановска.

 

The post Симптомите на хронична миелоидна леукемија се слични на настинка или грип, болките во коски понекогаш се третираат како реума, долг е патот додека да се дијагностицира болеста, велат хематолозите appeared first on Република.

]]>

Прегледи на лимфни јазли и информации за хематолошки заболувања се реализираа попладнево во центарот на Скопје. Организатор на настанот беше Здружението „Хема-онко“, посветено на пациенти со сите видови рак и нивните негуватели, а доктори од Клиниката за хематологија вршеа прегледи и им даваа совети на граѓаните. Со ова беше одбележан и Денот за подигнување на свеста за хронична миелоидна леукемија - 22 септември. Професор доктор Александра Пивкова Велјановска од Универзитетската клиника за хематологија, раководител на Одделот за трансплантација на матични клетки, во изјава за МИА рече дека целта на овој настан е заедно со пациентите и лекарите, да се подигне свеста за борбата против малигните хематолошки заболувања, вклучително и лимфомот.
Населението подобро да се запознае што се првите симптоми, знаци, на ова заболување, како да биде побрза и порана дијагностичката постапка, за да може пациентите во порани стадиуми на заболувањето да дојдат на третман на нашата клиника, појасни таа.
Како што информираше таа, последниве години има пораст на ова заболување во државава.
Имаше мало намалување на бројките во периодот на пандемијата со Ковид-19, кога пациентите не доаѓаа на лекар или беа оневозможени да го сторат тоа. Но, по тој период, имаме зголемување на бројот на лимфомите и за понатаму се прогнозира дека ќе има пораст на ова малигно заболување и заради тоа, треба да ја подигнеме свеста и сите заедно да ги вложиме сите наши капацитети, како од пациентските здруженија, така и нас лекарите, за да доведеме до рана дијагностика. Тоа е основно, пациентите да бидат рано дијагностицирани во што поран стадиум. Тоа, бидејќи третманите на пациентите со порани стадиуми на лимфом доведуваат до успешно завршување на третманот со повлекување на болеста и нормален квалитет на живот после тоа, нагласи Пивкова Велјановска.
Станува збор за болест главно на возрасни пациенти, меѓутоа може да се јави и кај други лица.
Порано се мислеше дека е болест на постарата популација, на средна популација, некаде од 40 до 60 години, меѓутоа, сето тоа, сега е изместено. Ние на клиниката лекуваме главно возрасни пациенти, над 15-годишна возраст. Болеста е поретка кај детската популација, практично и да не се јавува. Доминантно заболуваат возрасните пациенти. Болеста нема предиспозиција кон одреден пол, посочи таа, додавајќи дека имале и пациенти на 18, 17 и на 16 години.
Таа истакна дека важно е да се зголеми соработката меѓу лекарите како професионалци, почнувајќи од матичните лекари, важно е да се препознае рано и рано да се праќаат пациентите на доиследување во терциерното здравство, бидејќи симптомите на почетокот може да бидат неспецифични.
Може да се појави лесно покачена температура, слабост, омалаксаност, губиток во телесна тежина, практично симптоми што наликуваат на многу други болести. Но, појавата на зголемени лимфни жлезди веќе може да биде првиот симптом што би сугерирал на заболувањето малигнен лимфом, децидна беше Пивкова Велјановска.
Лидија Пецова, претседател на „Хема-онко“, за МИА изјави дека граѓаните може да се информираат како да ги препознаат симптомите за леукемија, за миелом и за лимфом.
Имаме и еден квиз, еден прашалник, што е многу краток, дали се препознаваат симптомите за миелом и лимфом. Ако се дијагнозира порано, има поголеми шанси да се преживее, нагласи Пецова.
Милица Кузмановска, потпретседател и менаџер за комуникации, појасни дека на штандот може да се најдат брошури и материјали изработени од „Хема-онко“ во соработка со доктори специјалисти хематолози.
Да се дознае за симптомите на овие болести, што многу често се слични со симптомите на обична настинка или на грип. Болки во коски понекогаш се третираат како реума, долг е патот додека да се дијагностицира едно хематолошко заболување, посочи Кузмановска за МИА.
Таа потсети дека ова е само уште еден настан во рамки на септември, што меѓународно се одбележува секаде во светот, како месец посветен на подигнување на свеста за ракот на крвта. Рахела Стефановска од Скопје за МИА рече дека со мултипен миелом за првпат се соочила кога болеста ѝ била дијагностицирана.
Сепак мислам дека јавноста многу малку беше запознаена со оваа болест. Од моментот на дијагностицирање и јас почнав самата да истражувам и да прашувам за болеста. Сепак, благодарение на лекарите на Клиниката за хематологија, кои се многу добри и ги следат сите трендови во медицината и пристапот на докторите, сега сум океј. Веќе не примам терапија и сега сум во ремисија. Сега се чувствувам добро, откри Стефановска.
И таа рече дека симптомите се многу слични на останати болести како болки во коски, па можеби некои лица погрешно се упатуваат на физикални терапии и лечење на нешто сосем друго, или пак, анемии.
Укажувам превентивата да се зголеми повеќе кај матичните лекари. Периодот на побрзо дијагностицирање на оваа болест да биде пократок, подвлече Стефановска.
 

The post Симптомите на хронична миелоидна леукемија се слични на настинка или грип, болките во коски понекогаш се третираат како реума, долг е патот додека да се дијагностицира болеста, велат хематолозите appeared first on Република.

]]>
Kралот Чарлс откри детали од битката со ракот https://republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-otkri-detali-od-bitkata-so-rakot/ Mon, 13 May 2024 16:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=777699

Кралот Чарлс денеска го посети музејот на воздухопловните сили во Хемпшир.

Британскиот крал Чарлс Трети денеска откри дека го изгубил чувството за вкус за време на лекувањето од рак.

Чарлс ѝ ја откри оваа информација на јавноста додека беше на обиколка на музејот на воздухопловните сили во Хемпшир.

Монархот разговараше со ветеранот на британската армија, Арон Мепплбек, кој му кажа на Чарлс дека минатата година бил подложен на хемотерапија поради рак на тестисите.

Мејплбек му спомнал на кралот дека го изгубил сетилото за вкус, на што Чарлс открил дека тоа му се случило и нему, пишува „Дејли мејл“.

Бакингемската палата сѐ уште не ги потврдила деталите за третманот на кралското семејство.

Инаку, извори блиски до кралското семејство велат дека принцот Хари бил „во солзи“ кога британскиот крал Чарлс му ја соопштил новата титула на својот брат принцот Вилијам.

Експертот за кралското семејство, Том Квин, рече дека додека војводата од Сасекс се вратил во Велика Британија оваа недела на 10-годишнината од игрите „Инвиктус“ набргу по слетувањето во Лондон, било откриено дека кралот Чарлс бил премногу зафатен за да го прими својот син.

А потоа, само неколку часа по потврдата дека кралот Чарлс нема да се сретне со принцот Хари, Бакингемската палата објави дека кралот ќе му ја додели на принцот од Велс воената чест што требаше да ја добие војводата од Сасекс, пренесува „Мирор“.

Принцот Вилијам сега е главен полковник на кралските воздухопловни сили, полкот во кој принцот Хари служел во Авганистан.

 

The post Kралот Чарлс откри детали од битката со ракот appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс денеска го посети музејот на воздухопловните сили во Хемпшир. Британскиот крал Чарлс Трети денеска откри дека го изгубил чувството за вкус за време на лекувањето од рак. Чарлс ѝ ја откри оваа информација на јавноста додека беше на обиколка на музејот на воздухопловните сили во Хемпшир. Монархот разговараше со ветеранот на британската армија, Арон Мепплбек, кој му кажа на Чарлс дека минатата година бил подложен на хемотерапија поради рак на тестисите. Мејплбек му спомнал на кралот дека го изгубил сетилото за вкус, на што Чарлс открил дека тоа му се случило и нему, пишува „Дејли мејл“. Бакингемската палата сѐ уште не ги потврдила деталите за третманот на кралското семејство. Инаку, извори блиски до кралското семејство велат дека принцот Хари бил „во солзи“ кога британскиот крал Чарлс му ја соопштил новата титула на својот брат принцот Вилијам. Експертот за кралското семејство, Том Квин, рече дека додека војводата од Сасекс се вратил во Велика Британија оваа недела на 10-годишнината од игрите „Инвиктус“ набргу по слетувањето во Лондон, било откриено дека кралот Чарлс бил премногу зафатен за да го прими својот син. А потоа, само неколку часа по потврдата дека кралот Чарлс нема да се сретне со принцот Хари, Бакингемската палата објави дека кралот ќе му ја додели на принцот од Велс воената чест што требаше да ја добие војводата од Сасекс, пренесува „Мирор“. Принцот Вилијам сега е главен полковник на кралските воздухопловни сили, полкот во кој принцот Хари служел во Авганистан.  

The post Kралот Чарлс откри детали од битката со ракот appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за детски болести ќе се отвори центар за дебелина за деца и адолесценти, најави д-р Танер Хасан https://republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-detski-bolesti-ke-se-otvori-tsentar-za-debelina-za-detsa-i-adolestsenti-najavi-d-r-taner-hasan/ Mon, 04 Mar 2024 14:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=751067

На Клиниката за детски болести ќе се отвори Центар за дебелина за деца и адолесценти, кој ќе биде трет ваков Центар за менаџирање со обезноста во Македонија, откако претходно се отворија во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и на Клиниката за ендокринологија во Скопје.

Освен на Детската клиника, се планира вакви центри да се отворат и во болницте во Тетово и Штип, а понатаму и во Битола, кажаа денеска д-р Ирфан Ахмети и д-р Танер Хасан, на одбележувањето на Светскиот ден на обезноста.

Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во Македонија живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според извештајот, во земјава, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина.

Сè повеќе забележуваме дека имаме голем број пациенти во адолесцентна возраст, а исто така и младата популација до 40-годишна возраст кои се обезни. Исто така скоро половина од овие пациенти којшто се упатени во нашиот центар се на оваа возраст. Тоа укажува дека почнува полека да се подигнува свеста во нашата држава. Порано не било така. Досега сè што сме направиле било во насока да се намалат компликациите од оваа болест, меѓутоа многу беше тешко да се пробие таа стигма на болеста, да се прифати како хронична, прогресивна болест бидејќи треба цел живот да се внимава и да се лечи. Затоа и со отворањето на овој Центар, прв во Македонија, а потоа и на Клиниката за ендокринологија се отвори и вториот центар, наскоро очекуваме дека и во Детска клиника се подготовува за отворање на третиот центар за деца и за адолесценти бидејќи имаме голем број на вакви пациенти кои за жал одат на други места, во приватни установи и губат време кое е драгоцено за лекување на овие пациенти, кажа денеска д-р Хасан, кој раководи со Центарот за обезност во ГОБ „8 Септември“.

На светско ниво има околу 200 болести коишто се директно или индиректно поврзани со обезноста.

Меѓу нив најчесто застапени се кардиоваскуларните болести, ортопедските проблеми, исто така имаме психолошки проблеми било тоа да е поврзано со изолираност од јавноста или стигматизацијата. Таквите пациенти имаат пролем со депресијата, има и со анксиозност, така што овие пациенти имаат потреба од психолошка или психијатриска поддршка за да бидат мотивирани во лекувањето и успешноста на третманост со обезноста. Други компликации се дијабетесот, хипертензијата и доста малигнитети кои се поврзани од типот на колоректални карциноми, карцином на дојка, на панкреас, коишто се многу застапени кај пациентите кои имаат обезност, рече д-р Хасан.

Д-р Ахмети кажа дека заеднички треба да се работи за подигнување на свеста за дебелината, која треба да ја сфатиме како комплексна и хронична болест која доколку не се препознава може да доведе до сериозни компликации и да доведува до намалување на животниот век.

[caption id="attachment_751108" align="alignnone" width="721"] д-р Ирфан Ахемти, Клиника за ендокринологија фото: Принтскрин од видео[/caption]

Оваа година мотото на одбележувањето е „Ајде да зборуваме за обезноста и...“ што значи сите заеднички, не само професионалци, лекари , туку и здруженија на лица со обезност иако за жал ние немаме официјално регистрирано здружение , исто така и поширока популација, не само за подигнување на свесноста за дебелината како хронична болест, кажа д-р Ахемти.

Дебелината за жал е во подем, како во светски рамки така и кај нас. Последните 30 години дебелината во светски рамки е тројно зголемена и предвидувањата за прогресивниот раст се песимистички, односно се очекува пандемиски раст.

Дебелината може да се превенира навремено преку интервенција на стилот на живоот, од физичка активност, промовирање на здрав живот.

Според д-р Ахемти, не треба да бидат вклучени само секундарното и терциерното здавстсво, туку заедно со Министерството за здравство, со здруженијата да се направи национална кампања во превенцијата на обезноста, во смисла на вклучување на примарното здравство.

Ова го кажувам бидејќи податоците од Мој термин кажуваат дека само 14 илјади имаме регистрирани пациенти со обезност, што е приближно 10 проценти од бројките кои се реални. Треба да зборуваме отворено со цел да се избегне стигмата, повеќе да се дискутира и да се упати лицето без никакви комплекси за барање на помош, кажа д-р Ахемти.

https://republika.mk/zivot/zdravje/30-5-otsto-od-detsata-od-shest-do-devet-godini-vo-makedonija-zhiveat-so-zgolemena-telesna-tezhina-debelinata-e-pochesta-kaj-momchinata-pokazhuva-izveshtajot-na-ijz/

The post На Клиниката за детски болести ќе се отвори центар за дебелина за деца и адолесценти, најави д-р Танер Хасан appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за детски болести ќе се отвори Центар за дебелина за деца и адолесценти, кој ќе биде трет ваков Центар за менаџирање со обезноста во Македонија, откако претходно се отворија во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и на Клиниката за ендокринологија во Скопје. Освен на Детската клиника, се планира вакви центри да се отворат и во болницте во Тетово и Штип, а понатаму и во Битола, кажаа денеска д-р Ирфан Ахмети и д-р Танер Хасан, на одбележувањето на Светскиот ден на обезноста. Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во Македонија живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според извештајот, во земјава, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина.
Сè повеќе забележуваме дека имаме голем број пациенти во адолесцентна возраст, а исто така и младата популација до 40-годишна возраст кои се обезни. Исто така скоро половина од овие пациенти којшто се упатени во нашиот центар се на оваа возраст. Тоа укажува дека почнува полека да се подигнува свеста во нашата држава. Порано не било така. Досега сè што сме направиле било во насока да се намалат компликациите од оваа болест, меѓутоа многу беше тешко да се пробие таа стигма на болеста, да се прифати како хронична, прогресивна болест бидејќи треба цел живот да се внимава и да се лечи. Затоа и со отворањето на овој Центар, прв во Македонија, а потоа и на Клиниката за ендокринологија се отвори и вториот центар, наскоро очекуваме дека и во Детска клиника се подготовува за отворање на третиот центар за деца и за адолесценти бидејќи имаме голем број на вакви пациенти кои за жал одат на други места, во приватни установи и губат време кое е драгоцено за лекување на овие пациенти, кажа денеска д-р Хасан, кој раководи со Центарот за обезност во ГОБ „8 Септември“.
На светско ниво има околу 200 болести коишто се директно или индиректно поврзани со обезноста.
Меѓу нив најчесто застапени се кардиоваскуларните болести, ортопедските проблеми, исто така имаме психолошки проблеми било тоа да е поврзано со изолираност од јавноста или стигматизацијата. Таквите пациенти имаат пролем со депресијата, има и со анксиозност, така што овие пациенти имаат потреба од психолошка или психијатриска поддршка за да бидат мотивирани во лекувањето и успешноста на третманост со обезноста. Други компликации се дијабетесот, хипертензијата и доста малигнитети кои се поврзани од типот на колоректални карциноми, карцином на дојка, на панкреас, коишто се многу застапени кај пациентите кои имаат обезност, рече д-р Хасан.
Д-р Ахмети кажа дека заеднички треба да се работи за подигнување на свеста за дебелината, која треба да ја сфатиме како комплексна и хронична болест која доколку не се препознава може да доведе до сериозни компликации и да доведува до намалување на животниот век. [caption id="attachment_751108" align="alignnone" width="721"] д-р Ирфан Ахемти, Клиника за ендокринологија фото: Принтскрин од видео[/caption]
Оваа година мотото на одбележувањето е „Ајде да зборуваме за обезноста и...“ што значи сите заеднички, не само професионалци, лекари , туку и здруженија на лица со обезност иако за жал ние немаме официјално регистрирано здружение , исто така и поширока популација, не само за подигнување на свесноста за дебелината како хронична болест, кажа д-р Ахемти.
Дебелината за жал е во подем, како во светски рамки така и кај нас. Последните 30 години дебелината во светски рамки е тројно зголемена и предвидувањата за прогресивниот раст се песимистички, односно се очекува пандемиски раст. Дебелината може да се превенира навремено преку интервенција на стилот на живоот, од физичка активност, промовирање на здрав живот. Според д-р Ахемти, не треба да бидат вклучени само секундарното и терциерното здавстсво, туку заедно со Министерството за здравство, со здруженијата да се направи национална кампања во превенцијата на обезноста, во смисла на вклучување на примарното здравство.
Ова го кажувам бидејќи податоците од Мој термин кажуваат дека само 14 илјади имаме регистрирани пациенти со обезност, што е приближно 10 проценти од бројките кои се реални. Треба да зборуваме отворено со цел да се избегне стигмата, повеќе да се дискутира и да се упати лицето без никакви комплекси за барање на помош, кажа д-р Ахемти.
https://republika.mk/zivot/zdravje/30-5-otsto-od-detsata-od-shest-do-devet-godini-vo-makedonija-zhiveat-so-zgolemena-telesna-tezhina-debelinata-e-pochesta-kaj-momchinata-pokazhuva-izveshtajot-na-ijz/

The post На Клиниката за детски болести ќе се отвори центар за дебелина за деца и адолесценти, најави д-р Танер Хасан appeared first on Република.

]]>
Брус Вилис ја има истата дијагноза: Познатата водителка има тешка болест https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/brus-vilis-ja-ima-istata-dijagnoza-poznatata-voditelka-ima-teshka-bolest/ Fri, 23 Feb 2024 09:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=747296

Американската водителка Венди Вилијамс има тешка болест, а медиумите објавија дека членовите на нејзиното семејство не знаат каде се лекува.

Имено, нејзиниот тим вчера откри дека минатата година и била дијагностицирана примарна агресивна афазија и фронтотемпорална деменција. Афазијата влијае на комуникациските вештини, додека фронтотемпоралната деменција (FTD), прогресивно нарушување, влијае на однесувањето и когнитивната функција.

Брус Вилис ја има истата дијагноза.

Магазинот People објави дека членовите на нејзиното семејство разговараат со неа само кога таа им се јавува. Нејзиниот тим изјави дека таа претходно им открила на обожавателите дека се бори со Грејвсовата болест (претерано активна тироидна жлезда) и лимфедемот (акумулација на течност богата со протеини како резултат на нарушена лимфна циркулација).

-Во текот на изминатите неколку години, многумина шпекулираа за состојбата на Венди, особено кога таа почна да има проблеми со зборувањето и да се однесува чудно. Минатата година официјално и беше дијагностицирана примарна агресивна афазија и фронтотемпорална деменција. Тоа веќе беа значајни пречки во животот на Венди, додаваат од нејзиниот тим.

Во 2008 година, Венди почна да ја води „Шоуто на Венди Вилијамс“, во кое беа прикажани бројни познати личности. Таа го напушти шоуто во 2022 година поради здравствени проблеми.

The post Брус Вилис ја има истата дијагноза: Познатата водителка има тешка болест appeared first on Република.

]]>

Американската водителка Венди Вилијамс има тешка болест, а медиумите објавија дека членовите на нејзиното семејство не знаат каде се лекува. Имено, нејзиниот тим вчера откри дека минатата година и била дијагностицирана примарна агресивна афазија и фронтотемпорална деменција. Афазијата влијае на комуникациските вештини, додека фронтотемпоралната деменција (FTD), прогресивно нарушување, влијае на однесувањето и когнитивната функција. Брус Вилис ја има истата дијагноза. Магазинот People објави дека членовите на нејзиното семејство разговараат со неа само кога таа им се јавува. Нејзиниот тим изјави дека таа претходно им открила на обожавателите дека се бори со Грејвсовата болест (претерано активна тироидна жлезда) и лимфедемот (акумулација на течност богата со протеини како резултат на нарушена лимфна циркулација). -Во текот на изминатите неколку години, многумина шпекулираа за состојбата на Венди, особено кога таа почна да има проблеми со зборувањето и да се однесува чудно. Минатата година официјално и беше дијагностицирана примарна агресивна афазија и фронтотемпорална деменција. Тоа веќе беа значајни пречки во животот на Венди, додаваат од нејзиниот тим. Во 2008 година, Венди почна да ја води „Шоуто на Венди Вилијамс“, во кое беа прикажани бројни познати личности. Таа го напушти шоуто во 2022 година поради здравствени проблеми.

The post Брус Вилис ја има истата дијагноза: Познатата водителка има тешка болест appeared first on Република.

]]>
Пет болести кои може да ги наследите од родителите https://republika.mk/zivot/zdravje/pet-bolesti-koi-mozhe-da-gi-nasledite-od-roditelite/ Sun, 10 Sep 2023 12:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=680595

Генетиката игра голема улога во наследувањето на одредени карактеристики од родителите. Бојата на очите, косата или обликот на носот што ќе го наследите зависи од ДНК-хромозомот, а освен физичките карактеристики, одредени гени се одговорни за наследни болести и нарушувања.

Ова се некои од најчестите наследни здравствени состојби, според Националниот центар за биотехнолошки информации на Националната медицинска библиотека на САД.

Срцева болест

Не е изненадувачки што срцевите заболувања се дел од листата, имајќи предвид дека тие се водечка причина за смрт во САД. Најчестите типови на наследни срцеви заболувања се коронарна артериска болест - КАД (CAD) и хипертензија или висок крвен притисок.

КАД е предизвикана од таложење на наслаги и холестерол на внатрешните ѕидови на артериите. Тоа влијае на протокот на крв и кислород до срцето. КАД се влошува со текот на времето и е една од водечките причини за срцев удар во КАД.

Од друга страна, висок крвен притисок се јавува кога вашето срце работи премногу напорно за да ја турка крвта низ вашите артерии.

Како да се намали ризикот

Ако имате родители со срцеви заболувања, може да имате зголемен ризик од развој на срцеви заболувања, но можете да го намалите ризикот или барем правилно да управувате со симптомите. Некои промени во животниот стил кои можат да помогнат вклучуваат здрава исхрана, редовно вежбање, одржување здрава телесна тежина, ограничување на консумирањето алкохол, избегнување пушење и редовни прегледи кај лекар.

Астма

Астмата е белодробна болест предизвикана од предизвикувачи како што се алергии, загадувачи на воздухот, чад, мувла, прашина, животни… Луѓето кои имаат астма може да страдаат од епизоди на стегање во градите, кашлање, проблеми со дишењето и отежнато дишење.

Како да се намали ризикот

Ограничувањето на изложеноста на предизвикувачи е најдобриот начин да се избегнат симптомите на астма. Исто така, треба да имате при рака лекови во случај да се појават симптоми.

Дијабетес

Еден од 13 луѓе во САД има дијабетес. Тоа може да биде предизвикано од генетски фактори, фактори на животната средина и начин на живот. Без разлика дали станува збор за дијабетес тип 1 или тип 2, тоа е хронична болест која мора да се открие и лекува рано бидејќи може да доведе до сериозни компликации како што се слепило, ампутација, срцеви заболувања и откажување на бубрезите.

Како да се намали ризикот

Децата на луѓето со дијабетес имаат поголема веројатност да ја добијат болеста. Сепак, можете да го намалите ризикот или подобро да управувате со симптомите со јадење помалку шеќер и маснотии, одржување здрава тежина, редовно вежбање, избегнување стрес и консултирање со вашиот лекар за соодветен третман.

Депресија

Дури и денес, во 21 век, научниците продолжуваат да ги истражуваат наследните фактори на менталните состојби и нарушувања. Само затоа што некој во вашето семејство има депресија не значи дека и вие ќе ја имате, но поголема е веројатноста дека ќе ја имате ако таа се појави низ вашето семејство.

Рак

Ракот доаѓа во многу форми. Тоа е предизвикано од неконтролиран раст и ширење на абнормални клетки во одредени делови од телото. Покрај изборот на животниот стил, гените и факторите на околината исто така придонесуваат за појава на рак. Некои од најчестите видови на рак вклучуваат рак на белите дробови, дојката и простатата. Ракот на белите дробови води до најголем број смртни случаи од рак и кај мажите и кај жените во САД.

Како да се намали ризикот

Ризиците и симптомите варираат во зависност од видот на ракот. Општо земено, можете да помогнете во намалувањето на ризикот со следење здрава исхрана, редовно вежбање, избегнување пушење, ограничување на потрошувачката на алкохол и рутински здравствени проверки.

The post Пет болести кои може да ги наследите од родителите appeared first on Република.

]]>

Генетиката игра голема улога во наследувањето на одредени карактеристики од родителите. Бојата на очите, косата или обликот на носот што ќе го наследите зависи од ДНК-хромозомот, а освен физичките карактеристики, одредени гени се одговорни за наследни болести и нарушувања. Ова се некои од најчестите наследни здравствени состојби, според Националниот центар за биотехнолошки информации на Националната медицинска библиотека на САД.

Срцева болест

Не е изненадувачки што срцевите заболувања се дел од листата, имајќи предвид дека тие се водечка причина за смрт во САД. Најчестите типови на наследни срцеви заболувања се коронарна артериска болест - КАД (CAD) и хипертензија или висок крвен притисок. КАД е предизвикана од таложење на наслаги и холестерол на внатрешните ѕидови на артериите. Тоа влијае на протокот на крв и кислород до срцето. КАД се влошува со текот на времето и е една од водечките причини за срцев удар во КАД. Од друга страна, висок крвен притисок се јавува кога вашето срце работи премногу напорно за да ја турка крвта низ вашите артерии. Како да се намали ризикот Ако имате родители со срцеви заболувања, може да имате зголемен ризик од развој на срцеви заболувања, но можете да го намалите ризикот или барем правилно да управувате со симптомите. Некои промени во животниот стил кои можат да помогнат вклучуваат здрава исхрана, редовно вежбање, одржување здрава телесна тежина, ограничување на консумирањето алкохол, избегнување пушење и редовни прегледи кај лекар.

Астма

Астмата е белодробна болест предизвикана од предизвикувачи како што се алергии, загадувачи на воздухот, чад, мувла, прашина, животни… Луѓето кои имаат астма може да страдаат од епизоди на стегање во градите, кашлање, проблеми со дишењето и отежнато дишење. Како да се намали ризикот Ограничувањето на изложеноста на предизвикувачи е најдобриот начин да се избегнат симптомите на астма. Исто така, треба да имате при рака лекови во случај да се појават симптоми.

Дијабетес

Еден од 13 луѓе во САД има дијабетес. Тоа може да биде предизвикано од генетски фактори, фактори на животната средина и начин на живот. Без разлика дали станува збор за дијабетес тип 1 или тип 2, тоа е хронична болест која мора да се открие и лекува рано бидејќи може да доведе до сериозни компликации како што се слепило, ампутација, срцеви заболувања и откажување на бубрезите. Како да се намали ризикот Децата на луѓето со дијабетес имаат поголема веројатност да ја добијат болеста. Сепак, можете да го намалите ризикот или подобро да управувате со симптомите со јадење помалку шеќер и маснотии, одржување здрава тежина, редовно вежбање, избегнување стрес и консултирање со вашиот лекар за соодветен третман.

Депресија

Дури и денес, во 21 век, научниците продолжуваат да ги истражуваат наследните фактори на менталните состојби и нарушувања. Само затоа што некој во вашето семејство има депресија не значи дека и вие ќе ја имате, но поголема е веројатноста дека ќе ја имате ако таа се појави низ вашето семејство.

Рак

Ракот доаѓа во многу форми. Тоа е предизвикано од неконтролиран раст и ширење на абнормални клетки во одредени делови од телото. Покрај изборот на животниот стил, гените и факторите на околината исто така придонесуваат за појава на рак. Некои од најчестите видови на рак вклучуваат рак на белите дробови, дојката и простатата. Ракот на белите дробови води до најголем број смртни случаи од рак и кај мажите и кај жените во САД. Како да се намали ризикот Ризиците и симптомите варираат во зависност од видот на ракот. Општо земено, можете да помогнете во намалувањето на ризикот со следење здрава исхрана, редовно вежбање, избегнување пушење, ограничување на потрошувачката на алкохол и рутински здравствени проверки.

The post Пет болести кои може да ги наследите од родителите appeared first on Република.

]]>
Бела Хадид по исцрпувачката болест: „Страдав, но не се откажав, горда сум на себе“ https://republika.mk/scena/estrada/bela-hadid-po-istsrpuvachkata-bolest-stradav-no-ne-se-otkazhav-gorda-sum-na-sebe/ Mon, 07 Aug 2023 08:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=669451

Манекенката Бела Хадид (26) ги информираше фановите за нејзината здравствена состојба по борбата со Лајмската болест, инфекција предизвикана од бактеријата Borrelia burgdoferi, која се пренесува со каснување од заразен крлеж. Таа, исто така, им се заблагодари на сите оние кои ја поддржуваа низ годините.

Малата јас која страдаше ќе беше толку горда на мене затоа што не се откажав од себе - со овие зборови ја започна својата долга објава на Инстаграм, која содржеше неколку фотографии од третманот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Прво, таа и се заблагодари на нејзината мајка Јоланда Хадид, „за тоа што ги чуваше сите нејзини медицински досиеја, што беше покрај неа, никогаш не ја напушташе, ја заштити, ја поддржуваше, но најмногу што веруваше во неа додека минуваше низ сето ова.

Јоланда, исто така, постојано зборуваше за нејзината борба со Лајмската болест. Дијагностицирана ѝ беше за време на снимањето на „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ во 2012 година.

Во објавата, Бела продолжи да објаснува дека откако дознала за болеста, нејзината состојба само се влошувала со текот на времето и дека симптомите „зеле данок на начини што таа не може да ги објасни“.

„Да се ​​биде толку тажна и болна со најмногу благослови/привилегии/можности/љубов околу мене беше веројатно најзбунувачката работа досега“, напиша таа пред да потврди дека е добро и дека обожавателите не треба да се грижат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

И покрај исцрпувачката болест и болните третмани, манекенката истакна дека „не би менувала ништо“ и дека „би прошла низ сето ова повторно“, бидејќи на крајот ја направи она што е денес.

24sata

Таа исто така додала дека „речиси 15 години невидливо страдање се исплателе“, бидејќи имала можност да шири љубов и за прв пат во животот можела да биде она што е.

- Се обидов да ги изберам најпозитивните фотографии што можев да ги најдам, бидејќи колку и да беше болно ова искуство, исходот беше најпросветлното искуство во мојот живот, исполнето со нови пријатели, нови визии и нов мозок - објасни таа и им се заблагодари на сите кои беа со неа во целиот овој период.

24sata

- Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена, многу ми недостигате сите, многу ве сакам сите - заклучила Бела.

Инаку, болеста и била дијагностицирана кога имала 14 години, а на почетокот на 2023 година состојбата и се влошила. Таа поминала низ дополнителни болки по итна операција на вилицата бидејќи инфекцијата го зафатила забот кој требало да се извади.

The post Бела Хадид по исцрпувачката болест: „Страдав, но не се откажав, горда сум на себе“ appeared first on Република.

]]>

Манекенката Бела Хадид (26) ги информираше фановите за нејзината здравствена состојба по борбата со Лајмската болест, инфекција предизвикана од бактеријата Borrelia burgdoferi, која се пренесува со каснување од заразен крлеж. Таа, исто така, им се заблагодари на сите оние кои ја поддржуваа низ годините.
Малата јас која страдаше ќе беше толку горда на мене затоа што не се откажав од себе - со овие зборови ја започна својата долга објава на Инстаграм, која содржеше неколку фотографии од третманот.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Прво, таа и се заблагодари на нејзината мајка Јоланда Хадид, „за тоа што ги чуваше сите нејзини медицински досиеја, што беше покрај неа, никогаш не ја напушташе, ја заштити, ја поддржуваше, но најмногу што веруваше во неа додека минуваше низ сето ова. Јоланда, исто така, постојано зборуваше за нејзината борба со Лајмската болест. Дијагностицирана ѝ беше за време на снимањето на „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ во 2012 година. Во објавата, Бела продолжи да објаснува дека откако дознала за болеста, нејзината состојба само се влошувала со текот на времето и дека симптомите „зеле данок на начини што таа не може да ги објасни“.
„Да се ​​биде толку тажна и болна со најмногу благослови/привилегии/можности/љубов околу мене беше веројатно најзбунувачката работа досега“, напиша таа пред да потврди дека е добро и дека обожавателите не треба да се грижат.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

И покрај исцрпувачката болест и болните третмани, манекенката истакна дека „не би менувала ништо“ и дека „би прошла низ сето ова повторно“, бидејќи на крајот ја направи она што е денес. 24sata Таа исто така додала дека „речиси 15 години невидливо страдање се исплателе“, бидејќи имала можност да шири љубов и за прв пат во животот можела да биде она што е.
- Се обидов да ги изберам најпозитивните фотографии што можев да ги најдам, бидејќи колку и да беше болно ова искуство, исходот беше најпросветлното искуство во мојот живот, исполнето со нови пријатели, нови визии и нов мозок - објасни таа и им се заблагодари на сите кои беа со неа во целиот овој период.
24sata
- Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена, многу ми недостигате сите, многу ве сакам сите - заклучила Бела.
Инаку, болеста и била дијагностицирана кога имала 14 години, а на почетокот на 2023 година состојбата и се влошила. Таа поминала низ дополнителни болки по итна операција на вилицата бидејќи инфекцијата го зафатила забот кој требало да се извади.

The post Бела Хадид по исцрпувачката болест: „Страдав, но не се откажав, горда сум на себе“ appeared first on Република.

]]>
Сестрата на тешко болната Селин Дион: „Нема лек, но надежта е важна, потребен и е одмор“ https://republika.mk/scena/muzika/sestrata-na-teshko-bolnata-selin-dion-nema-lek-no-nadezhta-e-vazhna-potreben-i-e-odmor/ Fri, 04 Aug 2023 20:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=668784

Клодет Дион, сестрата на популарната пејачка Селин Дион (55), сподели со јавноста информации за здравствената состојба на пејачката. Селин страда од синдром на вкочанетост кој погодува еден од милион луѓе. Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која лицето не може да се движи.

Не можеме да најдеме лек кој делува, но надежта е важна. Искрено, мислам дека најмногу и треба одмор. Таа секогаш оди над просекот кога настапува, секогаш се труди да биде најдобра во својата игра. Срцето и телото се обидуваат да кажат нешто и тоа треба да се слуша – изјави сестрата за француските медиуми.

Клодет изјавила дека ги слушаат советите на лекарот и се обидуваат да најдат решение за оваа неизлечива болест.

- Настапот и е вроден, дисциплинирана е во сите области од нејзиниот живот. Кога и се јавувам на Селин и таа е зафатена, разговарам со сестра ми Линда која живее со неа и таа ми вели дека работи напорно. - додаде Клодет.

Во декември Селин објави дека боледува од оваа болест, а нејзините обожаватели и испратија пораки со поддршка.

The post Сестрата на тешко болната Селин Дион: „Нема лек, но надежта е важна, потребен и е одмор“ appeared first on Република.

]]>

Клодет Дион, сестрата на популарната пејачка Селин Дион (55), сподели со јавноста информации за здравствената состојба на пејачката. Селин страда од синдром на вкочанетост кој погодува еден од милион луѓе. Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која лицето не може да се движи. Не можеме да најдеме лек кој делува, но надежта е важна. Искрено, мислам дека најмногу и треба одмор. Таа секогаш оди над просекот кога настапува, секогаш се труди да биде најдобра во својата игра. Срцето и телото се обидуваат да кажат нешто и тоа треба да се слуша – изјави сестрата за француските медиуми. Клодет изјавила дека ги слушаат советите на лекарот и се обидуваат да најдат решение за оваа неизлечива болест.
- Настапот и е вроден, дисциплинирана е во сите области од нејзиниот живот. Кога и се јавувам на Селин и таа е зафатена, разговарам со сестра ми Линда која живее со неа и таа ми вели дека работи напорно. - додаде Клодет.
Во декември Селин објави дека боледува од оваа болест, а нејзините обожаватели и испратија пораки со поддршка.

The post Сестрата на тешко болната Селин Дион: „Нема лек, но надежта е важна, потребен и е одмор“ appeared first on Република.

]]>
Малата Ангела ја победи болеста -заедно со братчето заѕвонија на ѕвончето на Детска клиника https://republika.mk/zivot/zdravje/malata-angela-ja-pobedi-bolesta-zaedno-so-bratcheto-zazvonija-na-zvoncheto-na-detska-klinika/ Thu, 29 Jun 2023 09:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=656365

Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители САНО објави видео од малата хероина Ангела која ја победи болеста и заѕвони на ѕвончето во Детската Клиника.

Таа вчера си замина здрава дома, а во целиот процес имала голема поддршка од братчето Дамјан кој заедно со неа заѕвони на ѕвончето.

Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести! Бравооо, те сакаме херојке наша! *видеото е објавено со дозвола на родител“, стои во објавата.

The post Малата Ангела ја победи болеста -заедно со братчето заѕвонија на ѕвончето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители САНО објави видео од малата хероина Ангела која ја победи болеста и заѕвони на ѕвончето во Детската Клиника. Таа вчера си замина здрава дома, а во целиот процес имала голема поддршка од братчето Дамјан кој заедно со неа заѕвони на ѕвончето.
Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести! Бравооо, те сакаме херојке наша! *видеото е објавено со дозвола на родител“, стои во објавата.

The post Малата Ангела ја победи болеста -заедно со братчето заѕвонија на ѕвончето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Рели возач и неговата девојка ненадејно починаа од болест за која се веруваше дека е искоренета https://republika.mk/vesti/svet/reli-vozach-i-negovata-devojka-nenadejno-pochinaa-od-bolest-za-koja-se-veruvashe-deka-e-iskoreneta/ Thu, 22 Jun 2023 10:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=654013

Познатиот рели возач од Бразил и неговата девојка Маријана Џордано починаа од мистериозна болест.

Имале симптоми на настинка, силна болка и црвен осип по телото, што го пријавиле на 3 јуни.

Даглас бил примен во болницата Џундаиџу.

Му била дијагностицирана „денга“ треска, заразна тропска болест предизвикана од вирусот „денга“. Покрај симптомите кои ги имале, заболените од оваа треска пријавуваат треска и болки во коските. Она што ги шокираше сите е дека оваа болест, или поточно последен случај евидентиран пред 20 години, а постои сомневање дека добиле „денга“ треска кога ги посетиле руралните области Кампињас и Камандукаи.

Неговата девојка Маријана била примена во болница во Сао Паоло и се претпоставува дека починала од истата болест.

The post Рели возач и неговата девојка ненадејно починаа од болест за која се веруваше дека е искоренета appeared first on Република.

]]>

Познатиот рели возач од Бразил и неговата девојка Маријана Џордано починаа од мистериозна болест.
Имале симптоми на настинка, силна болка и црвен осип по телото, што го пријавиле на 3 јуни. Даглас бил примен во болницата Џундаиџу. Му била дијагностицирана „денга“ треска, заразна тропска болест предизвикана од вирусот „денга“. Покрај симптомите кои ги имале, заболените од оваа треска пријавуваат треска и болки во коските. Она што ги шокираше сите е дека оваа болест, или поточно последен случај евидентиран пред 20 години, а постои сомневање дека добиле „денга“ треска кога ги посетиле руралните области Кампињас и Камандукаи. Неговата девојка Маријана била примена во болница во Сао Паоло и се претпоставува дека починала од истата болест.

The post Рели возач и неговата девојка ненадејно починаа од болест за која се веруваше дека е искоренета appeared first on Република.

]]>
Жално е во 21 век да се умира од болест за која има лек, револтирани сме од предолгото чекање, нема веќе време, рекоа болните од цистична фиброза https://republika.mk/zivot/zdravje/zhalno-e-vo-21-vek-da-se-umira-od-bolest-za-koja-ima-lek-revoltirani-sme-od-predolgoto-chekane-nema-veke-vreme-rekoa-bolnite-od-tsistichna-fibroza/ Thu, 09 Feb 2023 14:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=606924

Жално е во 21. век кога има лек за оваа болест да умираат пациентите со цистична фиброза. Многу сме револтирани од предолгото чекање и одлучување дали да се донесе лекот и за колку пациенти. Нема веќе време за чекање, рече Ирена Василевска, мајка на дете болно од цистична фиброза.

Асоцијацијата за цистична фиброза денеска во 14 часот дојдоа пред Владата, револтирани од односот на државата од која со години го бараат лекот „трикафта“ за нивната болест. Вчера почина Благојче Илиевски, болен од оваа ретка болест чекајќи го лекот кој можеше да му го спаси животот.

Пациентите со цистична фиброза не може повеќе да чекаат ниту една минута. Ги замолувам сите надлежни да го донесат лекот за сите 60 пациенти коишто се подобни за кафтио. Ако порано се одлучеше, Благојче можеби ќе беше жив, рече Василевска, која додаде дека се дојдени пред Владата за да му одадат почит на нивниот соборец благојче којшто ја загуби битката со ретката болест.

Пред денешниот протест пред Владата, министерот за здравство Беким Сали на фејсбук објави дека се обезбедени 140 милиони денари за лекот „Трикафта“ за 8 пациенти со цистична фиброза.

https://republika.mk/zivot/zdravje/izlazhani-sme-so-usni-vetuvana-zatoa-barame-pismen-dokument-razocharanii-sme-od-izjavite-na-ministrite-velat-od-asotsijatsijata-za-tsistichna-fibroza/

Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 денари се зголемува на 703.504.040 денари, односно за дополнителни 140 милиони денари, кажа Сали.

https://republika.mk/vesti/makedonija/obezbedeni-se-140-milioni-denari-za-lekot-trikafta-za-osum-patsienti-so-tsistichna-fibroza/

Во земјава има околу 130 пациенти со цистична фиброза (ЦФ) кои изминативе месеци молат и протестираат за државата да им го обезбеди современиот лек „трикафта“ со кој значително се подобрува животот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mozhevme-da-go-spasime-blagojche-sali-neka-razmisli-dali-mozhe-da-go-prodolzhi-mandatot/

https://republika.mk/vesti/makedonija/obezbedeni-se-140-milioni-denari-za-lekot-trikafta-za-osum-patsienti-so-tsistichna-fibroza/

https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-gi-kupuva-lekovite-nitu-pak-e-najodgovorno-za-toj-sluchaj-reche-sali-po-smrtta-na-blagojche-koj-ne-go-docheka-lekot-za-tsistichna-fibroza/

https://republika.mk/zivot/zdravje/nie-sme-detsa-i-mladi-koi-sakame-da-zhiveeme-graganite-so-tsistichna-fibroza-izlegoa-na-protest-za-prezhivuvane/

The post Жално е во 21 век да се умира од болест за која има лек, револтирани сме од предолгото чекање, нема веќе време, рекоа болните од цистична фиброза appeared first on Република.

]]>

Жално е во 21. век кога има лек за оваа болест да умираат пациентите со цистична фиброза. Многу сме револтирани од предолгото чекање и одлучување дали да се донесе лекот и за колку пациенти. Нема веќе време за чекање, рече Ирена Василевска, мајка на дете болно од цистична фиброза. Асоцијацијата за цистична фиброза денеска во 14 часот дојдоа пред Владата, револтирани од односот на државата од која со години го бараат лекот „трикафта“ за нивната болест. Вчера почина Благојче Илиевски, болен од оваа ретка болест чекајќи го лекот кој можеше да му го спаси животот.
Пациентите со цистична фиброза не може повеќе да чекаат ниту една минута. Ги замолувам сите надлежни да го донесат лекот за сите 60 пациенти коишто се подобни за кафтио. Ако порано се одлучеше, Благојче можеби ќе беше жив, рече Василевска, која додаде дека се дојдени пред Владата за да му одадат почит на нивниот соборец благојче којшто ја загуби битката со ретката болест.
Пред денешниот протест пред Владата, министерот за здравство Беким Сали на фејсбук објави дека се обезбедени 140 милиони денари за лекот „Трикафта“ за 8 пациенти со цистична фиброза. https://republika.mk/zivot/zdravje/izlazhani-sme-so-usni-vetuvana-zatoa-barame-pismen-dokument-razocharanii-sme-od-izjavite-na-ministrite-velat-od-asotsijatsijata-za-tsistichna-fibroza/
Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 денари се зголемува на 703.504.040 денари, односно за дополнителни 140 милиони денари, кажа Сали.
https://republika.mk/vesti/makedonija/obezbedeni-se-140-milioni-denari-za-lekot-trikafta-za-osum-patsienti-so-tsistichna-fibroza/ Во земјава има околу 130 пациенти со цистична фиброза (ЦФ) кои изминативе месеци молат и протестираат за државата да им го обезбеди современиот лек „трикафта“ со кој значително се подобрува животот. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mozhevme-da-go-spasime-blagojche-sali-neka-razmisli-dali-mozhe-da-go-prodolzhi-mandatot/ https://republika.mk/vesti/makedonija/obezbedeni-se-140-milioni-denari-za-lekot-trikafta-za-osum-patsienti-so-tsistichna-fibroza/ https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-gi-kupuva-lekovite-nitu-pak-e-najodgovorno-za-toj-sluchaj-reche-sali-po-smrtta-na-blagojche-koj-ne-go-docheka-lekot-za-tsistichna-fibroza/ https://republika.mk/zivot/zdravje/nie-sme-detsa-i-mladi-koi-sakame-da-zhiveeme-graganite-so-tsistichna-fibroza-izlegoa-na-protest-za-prezhivuvane/

The post Жално е во 21 век да се умира од болест за која има лек, револтирани сме од предолгото чекање, нема веќе време, рекоа болните од цистична фиброза appeared first on Република.

]]>
Џорџ Клуни откри дека боледувал од Белова парализа https://republika.mk/scena/film/dronovi-namesto-modeli-prodefiliraa-na-modna-pista/ Sun, 29 Jan 2023 20:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=602370

Актерот Џорџ Клуни откри во неодамнешното гостување во емисијата на Џими Кимел дека на само 13 години му била дијагностицирана Белова парализа, абнормалност на фацијалниот нерв што предизвикува ненадејна слабост или парализа на мускулите на едната страна од лицето.

Сѐ започнало откако Кимел „извадил од нафталин“ фотографија од Клуни од неговите млади денови.

 

 

Било очигледно дека на прв поглед изгледа необично, а Клуни објаснил за што се работи. Актерот рекол дека на фотографијата има Белова парализа, дека половина лице му е парализирано и дека во тинејџерските години се борел со овој здравствен проблем.

Според клиниката Мејо, во повеќето случаи симптомите на Белова парализа исчезнуваат по извесно време, но кај некои луѓе можат да остават последици кои траат цел живот.

Знаците на Белова парализа се појавуваат ненадејно и може да вклучуваат нагла појава на слабост, па  дури и целосна парализа на едната страна од лицето, опуштеност на лицето и тешкотии во мимиките на лицето, како што се затворање на окото или насмевка, зголемена создавање плунка, болка во вилицата или ушите, зголемена чувствителност на звуци, главоболка, како и губење на вкусот.

Instagram
Фото: Инстаграм

Во ретки случаи, Беловата парализа може да влијае на нервите на двете страни на лицето.

Точната причина за оваа болест е непозната, но експертите веруваат дека е предизвикана од оток и воспаление на нервот кој ги контролира мускулите на едната страна од лицето. Исто така, Беловата парализа може да биде предизвикана од реакција која се појавува по вирусна инфекција во организмот. Симптомите обично почнуваат да се подобруваат во рок од неколку недели, а само во многу ретки случаи болеста се појавува повеќепати.

Џорџ Клуни зборуваше за тоа и претходно, а во неговиот случај тоа траело околу девет месеци и се случило кога бил прва година средно училиште.

The post Џорџ Клуни откри дека боледувал од Белова парализа appeared first on Република.

]]>

Актерот Џорџ Клуни откри во неодамнешното гостување во емисијата на Џими Кимел дека на само 13 години му била дијагностицирана Белова парализа, абнормалност на фацијалниот нерв што предизвикува ненадејна слабост или парализа на мускулите на едната страна од лицето. Сѐ започнало откако Кимел „извадил од нафталин“ фотографија од Клуни од неговите млади денови.
 
 
Било очигледно дека на прв поглед изгледа необично, а Клуни објаснил за што се работи. Актерот рекол дека на фотографијата има Белова парализа, дека половина лице му е парализирано и дека во тинејџерските години се борел со овој здравствен проблем. Според клиниката Мејо, во повеќето случаи симптомите на Белова парализа исчезнуваат по извесно време, но кај некои луѓе можат да остават последици кои траат цел живот. Знаците на Белова парализа се појавуваат ненадејно и може да вклучуваат нагла појава на слабост, па  дури и целосна парализа на едната страна од лицето, опуштеност на лицето и тешкотии во мимиките на лицето, како што се затворање на окото или насмевка, зголемена создавање плунка, болка во вилицата или ушите, зголемена чувствителност на звуци, главоболка, како и губење на вкусот.
Instagram
Фото: Инстаграм
Во ретки случаи, Беловата парализа може да влијае на нервите на двете страни на лицето. Точната причина за оваа болест е непозната, но експертите веруваат дека е предизвикана од оток и воспаление на нервот кој ги контролира мускулите на едната страна од лицето. Исто така, Беловата парализа може да биде предизвикана од реакција која се појавува по вирусна инфекција во организмот. Симптомите обично почнуваат да се подобруваат во рок од неколку недели, а само во многу ретки случаи болеста се појавува повеќепати. Џорџ Клуни зборуваше за тоа и претходно, а во неговиот случај тоа траело околу девет месеци и се случило кога бил прва година средно училиште.

The post Џорџ Клуни откри дека боледувал од Белова парализа appeared first on Република.

]]>
Пријателите на Вилис ја поврзале афазијата со повредата што актерот ја доживеа во 2002 година во филмот во Моника Белучи https://republika.mk/scena/film/prijatelite-na-vilis-ja-povrzale-afazijata-so-povredata-shto-akterot-ja-dozivea-vo-2002-godina-vo-filmot-vo-monika-beluchi/ Mon, 04 Apr 2022 06:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=482892

Пред неколку дена љубителите на филмот беа шокирани од веста дека Брус Вилис се повлекува од актерството поради афазија, јазично нарушување кое влијае на говорот и разбирањето.

Афазијата најчесто е резултат на тумор на мозокот, срцев удар или тешка повреда на главата, а пријателите на Брус веруваат дека ова последното би можело да биде причина за тешката состојба на познатиот актер, пишува Daily Mail.

На сетот добил удар во главата
Во написот на Guardian од 2004 година се наведува дека актерот бил погоден во челото од „проектил“ на снимањето на филмот „Солзите на сонцето“ (Tears of the Sun). Несреќата се случила поради пиротехничка детонација извршена од тимот за специјални ефекти.
Во таа прилика, Вилис го тужел студиото Revolution за нанесување „екстремна ментална, психолошка и емоционална болка“. Филмот е снимен во 2002. година, а семејството и пријателите на актерот веруваат дека тој и денес може да ги почувствува последиците.

 

The post Пријателите на Вилис ја поврзале афазијата со повредата што актерот ја доживеа во 2002 година во филмот во Моника Белучи appeared first on Република.

]]>

Пред неколку дена љубителите на филмот беа шокирани од веста дека Брус Вилис се повлекува од актерството поради афазија, јазично нарушување кое влијае на говорот и разбирањето. Афазијата најчесто е резултат на тумор на мозокот, срцев удар или тешка повреда на главата, а пријателите на Брус веруваат дека ова последното би можело да биде причина за тешката состојба на познатиот актер, пишува Daily Mail. На сетот добил удар во главата Во написот на Guardian од 2004 година се наведува дека актерот бил погоден во челото од „проектил“ на снимањето на филмот „Солзите на сонцето“ (Tears of the Sun). Несреќата се случила поради пиротехничка детонација извршена од тимот за специјални ефекти. Во таа прилика, Вилис го тужел студиото Revolution за нанесување „екстремна ментална, психолошка и емоционална болка“. Филмот е снимен во 2002. година, а семејството и пријателите на актерот веруваат дека тој и денес може да ги почувствува последиците.  

The post Пријателите на Вилис ја поврзале афазијата со повредата што актерот ја доживеа во 2002 година во филмот во Моника Белучи appeared first on Република.

]]>
Путин е тешко болен, има Паркинсонова болест и нестабилно однесување, тврдат британски разузнавачи https://republika.mk/vesti/svet/putin-e-teshko-bolen-ima-parkinsonova-bolest-i-nestabilno-odnesuvanje-tvrdat-britanski-razuznavachi/ Sun, 13 Mar 2022 20:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=472244

Западни разузнавачи тврдат дека поседуваат извештаи во кои се тврди дека нестабилното однесување во комбинација со мрзеливиот изглед и апсурдното дистанцирање на кое тој инсистира, се показатели дека рускиот претседател, Владимир Путин, страда од ментално растројство предизвикано од деменција, Паркинсонова болест и напади на бес предизвикани од стероидно лекување на рак. Според неименуваните западни разузнавачки кругови, коишто ги цитира британски „Дејли Мејл“, токму поради тоа Путин ја почнал воената акција во Украина.

„Дејли мејл“, пишува дека високи функционери од западната разузнавачка заедница „Пет очи“ (Австралија, Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД), се повикуваат на нивни извори блиски до Кремљ и веруваат дека токму здравствената состојба на Путин е клучот за нападот врз Украина. Разузнавачите тврдат дека има сè поголем број извештаи за „сè понестабилното однесување на Путин комбинирано со мрзлив изглед и апсурдно дистанцирање“, на што тој инсистира кога прима посетители во Кремљ.

Психата на Путин

Безбедносните извор тврдат дека добиле податоци од различни канали кои даваат поцелосна слика за психичката состојба на Путин. Според таа анализа, во последните пет години се забележани значителни промени во начинот на донесување одлуки. Оние околу него, исто така, можеле да видат значителни промени во убедливоста и јасноста на она што го кажува рускиот претседател и во тоа како го гледа светот околу него.

Неговата неспособност да размислува јасно се влошувала со недостаток на „негативни повратни информации“, бидејќи рускиот лидер едноставно „не ги добил сите податоци за неуспешните елементи“ од акцијата во Украина.

Психичко влошување

Податоците од разузнавачите пренесени од високи британски политичари сугерираат дека Путин неодамна доживеал значително психолошко влошување предизвикано од физиолошки фактори. Според нивните теории, Путин или боледува од мозочно заболување, како што е Паркинсонова болест или од некој вид деменција, или, пак, има рак, а третманите што ги добива му ја смениле рамнотежата на умот.

Според најновата теорија, која ја земаат предвид „веродостојни извори“ од британската разузнавачка служба, менталниот пад на Путин е последица на долгорочна употреба на стероиди, што резултирало со „стероидни изливи на гнев“.

Физичкото растојание е знак на болест

Изворите ја посочуваат одлуката на Путин физички да се дистанцира од посетителите како знак на страв од „коморбидитети“ или добивање други болести кои би можеле да го зголемат ризикот од смрт или да користи лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем, што го прави посклон. на инфекции. Кога Путин се сретна со Емануел Макрон минатиот месец, а претходно со германскиот канцелар Олаф Шолц, европските претставници беа принудени да седнат од другата страна на огромна маса долга неколку метри.

Рускиот претседател има видно прилично отечено лице и врат, што исто така може да биде несакан ефект од земање стероиди, исто како и промените во расположението и однесувањето.

Путин повеќе не е истиот како пред две години

Француски функционер по посетата на Макрон изјави дека Путин „повеќе не е истиот“ во споредба со времето од пред две години кога последен пат се сретна со францускиот претседател.

Извор, пак, од британските разузнавачки служби инсистира дека информациите за здравјето на Путин се многу веродостојни.

Нашето разузнавачко присуство во Русија е извонредно. Зачудувачка е разликата во квалитетот на податоците на нашите извори за Путин во однос на Си и Кина - вели изворот за „Дејли мејл“.

The post Путин е тешко болен, има Паркинсонова болест и нестабилно однесување, тврдат британски разузнавачи appeared first on Република.

]]>

Западни разузнавачи тврдат дека поседуваат извештаи во кои се тврди дека нестабилното однесување во комбинација со мрзеливиот изглед и апсурдното дистанцирање на кое тој инсистира, се показатели дека рускиот претседател, Владимир Путин, страда од ментално растројство предизвикано од деменција, Паркинсонова болест и напади на бес предизвикани од стероидно лекување на рак. Според неименуваните западни разузнавачки кругови, коишто ги цитира британски „Дејли Мејл“, токму поради тоа Путин ја почнал воената акција во Украина. „Дејли мејл“, пишува дека високи функционери од западната разузнавачка заедница „Пет очи“ (Австралија, Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД), се повикуваат на нивни извори блиски до Кремљ и веруваат дека токму здравствената состојба на Путин е клучот за нападот врз Украина. Разузнавачите тврдат дека има сè поголем број извештаи за „сè понестабилното однесување на Путин комбинирано со мрзлив изглед и апсурдно дистанцирање“, на што тој инсистира кога прима посетители во Кремљ.

Психата на Путин

Безбедносните извор тврдат дека добиле податоци од различни канали кои даваат поцелосна слика за психичката состојба на Путин. Според таа анализа, во последните пет години се забележани значителни промени во начинот на донесување одлуки. Оние околу него, исто така, можеле да видат значителни промени во убедливоста и јасноста на она што го кажува рускиот претседател и во тоа како го гледа светот околу него. Неговата неспособност да размислува јасно се влошувала со недостаток на „негативни повратни информации“, бидејќи рускиот лидер едноставно „не ги добил сите податоци за неуспешните елементи“ од акцијата во Украина.

Психичко влошување

Податоците од разузнавачите пренесени од високи британски политичари сугерираат дека Путин неодамна доживеал значително психолошко влошување предизвикано од физиолошки фактори. Според нивните теории, Путин или боледува од мозочно заболување, како што е Паркинсонова болест или од некој вид деменција, или, пак, има рак, а третманите што ги добива му ја смениле рамнотежата на умот. Според најновата теорија, која ја земаат предвид „веродостојни извори“ од британската разузнавачка служба, менталниот пад на Путин е последица на долгорочна употреба на стероиди, што резултирало со „стероидни изливи на гнев“.

Физичкото растојание е знак на болест

Изворите ја посочуваат одлуката на Путин физички да се дистанцира од посетителите како знак на страв од „коморбидитети“ или добивање други болести кои би можеле да го зголемат ризикот од смрт или да користи лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем, што го прави посклон. на инфекции. Кога Путин се сретна со Емануел Макрон минатиот месец, а претходно со германскиот канцелар Олаф Шолц, европските претставници беа принудени да седнат од другата страна на огромна маса долга неколку метри. Рускиот претседател има видно прилично отечено лице и врат, што исто така може да биде несакан ефект од земање стероиди, исто како и промените во расположението и однесувањето.

Путин повеќе не е истиот како пред две години

Француски функционер по посетата на Макрон изјави дека Путин „повеќе не е истиот“ во споредба со времето од пред две години кога последен пат се сретна со францускиот претседател. Извор, пак, од британските разузнавачки служби инсистира дека информациите за здравјето на Путин се многу веродостојни.
Нашето разузнавачко присуство во Русија е извонредно. Зачудувачка е разликата во квалитетот на податоците на нашите извори за Путин во однос на Си и Кина - вели изворот за „Дејли мејл“.

The post Путин е тешко болен, има Паркинсонова болест и нестабилно однесување, тврдат британски разузнавачи appeared first on Република.

]]>
Илузија е дека омикрон предизвикува поблага форма на болеста, тврди Александар Горелов, директор на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија https://republika.mk/zivot/zdravje/iluzija-e-deka-omikron-predizvikuva-poblaga-forma-na-bolesta-tvrdi-aleksandar-gorelov-direktor-na-ruskiot-centralen-istrazuvachki-institut-za-epidemiologija/ Thu, 20 Jan 2022 09:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=447005

Бројот на пациенти заразени со Ковид со тешка клиничка слика најверојатно нема да се намали поради ширењето на сојот „омикрон“, оцени денеска директорот на рускиот санитарен регулатор Александар Горелов.

Во моментов, се чини дека предизвикува поблага форма на болеста, но тоа е само илузија. Со оглед на размерите на пандемијата, не треба да очекуваме пад на бројот на сериозни случаи“, рече Горелов за руската агенција ТАСС, кој е директор на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија.

„Омикрон“, додава тој, е многу заразен бидејќи има висок афинитет за човечките рецептори за кои се врзува.

Како резултат на тоа, вирусното оптоварување рапидно расте и вирусот, објаснува тој, многу брзо се размножува.

Горелов додаде дека периодот на инкубација на „омикрон“ е пократок и изнесува три до пет дена.

The post Илузија е дека омикрон предизвикува поблага форма на болеста, тврди Александар Горелов, директор на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија appeared first on Република.

]]>

Бројот на пациенти заразени со Ковид со тешка клиничка слика најверојатно нема да се намали поради ширењето на сојот „омикрон“, оцени денеска директорот на рускиот санитарен регулатор Александар Горелов.
Во моментов, се чини дека предизвикува поблага форма на болеста, но тоа е само илузија. Со оглед на размерите на пандемијата, не треба да очекуваме пад на бројот на сериозни случаи“, рече Горелов за руската агенција ТАСС, кој е директор на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија. „Омикрон“, додава тој, е многу заразен бидејќи има висок афинитет за човечките рецептори за кои се врзува.
Како резултат на тоа, вирусното оптоварување рапидно расте и вирусот, објаснува тој, многу брзо се размножува. Горелов додаде дека периодот на инкубација на „омикрон“ е пократок и изнесува три до пет дена.

The post Илузија е дека омикрон предизвикува поблага форма на болеста, тврди Александар Горелов, директор на рускиот Централен истражувачки институт за епидемиологија appeared first on Република.

]]>
Ги напаѓа помладите: Мистериозна болест се појави во Канада! https://republika.mk/vesti/svet/gi-napagja-pomladite-misteriozna-bolest-se-pojavi-vo-kanada/ Tue, 04 Jan 2022 08:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=440199

Инсајдер од регионалната здравствена мрежа Vitalite во канадската провинција Њу Бранзвик, во интервју за Гардијан, откри дека повеќе од две години прогресивната невролошка болест ги збунува лекарите, здравствените работници и тамошната јавност.

Оваа болест главно ги погодува помладите возрасни лица, кои претходно немале поголеми здравствени проблеми, поради што кај некои има нагло опаѓање на когнитивните способности.

Според овој анонимен извор, бројот на пациенти расте, а пациентите развиваат загрижувачки симптоми како што се нагло слабеење, несоница, халуцинации, тешкотии во размислувањето, па дури и ограничена подвижност. Има 48 официјални случаи кои сè уште се под истрага, но тој број датира од раната пролет 2021 година. Повеќе извори тврдат дека сега има околу 150 пациенти.

„Навистина сум загрижен за овие случаи бидејќи се чини дека болеста брзо се развива. Мислам дека им должиме некакво објаснување на пациентите“, вели анонимен извор од Гаридан, член на здравствената мрежа Виталите.

Дополнително, пријавени се најмалку девет случаи во кои двајца пациенти се во близок контакт, но без генетски врски, што укажува на тоа дека загадувањето на животната средина може да биде фактор за оваа загадочна болест.

Еден сомнителен случај вклучува маж со симптоми на деменција и атаксија (губење на координацијата на движењата на мускулите) и неговата сопруга која се грижела за него кога се појавиле симптомите. Таа одеднаш почна да страда од несоница, мускулна атрофија и халуцинации. Сега нејзината состојба е полоша од неговата. Освен тоа, медицинска сестра во нејзините 20-ти, која се грижела за болна жена во нејзините 30-ти, неодамна почнала да покажува симптоми на невролошки проблеми. Во третиот случај, младата мајка наеднаш ослабела дури 60 килограми и почнала да страда од несоница и халуцинации. Снимањето на мозокот покажа напредни знаци на атрофија кај неа.

Вработен во Виталит, кој зборуваше за Гардијан под услов да остане анонимен, рече дека е толку сериозно загрижен за брзината со која се влошува здравјето на болните млади луѓе.

„Ова не е болест на Њу Бранзвик, но веројатно е поизразена овде бидејќи сме област каде луѓето се повеќе изложени на фактори на ризик од животната средина“, рече тој.

Се очекува властите во Њу Бранзвик овој месец да издадат соопштение дека претходните случаи, кои се појавија на виделина минатата година кога информациите протекоа во јавноста, биле погрешно дијагностицирани и погрешно поврзани со болести кои не се поврзани. Специјалната клиника за невродегенеративни нарушувања во градот Монктон е центар за лекување на пациенти кои се упатуваат од Њу Бранзвик, но и од соседните провинции. Таму, случаите ги збунија лекарите со тоа што се спротивставија на серија стандардизирани невролошки тестови што се користат за да се исклучат одредени состојби.

Тим од невролози и епидемиолози на клиниката одлучува дали на пациентите им се потребни дополнителни тестови или се уште боледуваат од некоја позната болест. Утврдувањето кој треба да оди на дополнителни тестови, ако се работи за непозната болест, е многу субјективно бидејќи мозокот е исклучително тежок за проучување. Лекарите можат да бидат целосно сигурни во дијагнозата само ако пациентот умре, па церебралното ткиво може детално да се испита.

Оваа есен, здравствените власти во Њу Бранзвик тврдеа дека осум смртни случаи се резултат на погрешна дијагноза, тврдејќи дека жртвите, наместо вообичаената невролошка болест, починале од познати, но неповрзани патолошки состојби. Но, некои добро информирани експерти најмногу се грижат за возраста на пациентите, бидејќи невролошките заболувања се ретки кај младите.

„Фактот дека имаме помлад спектар на пациенти овде е во целосна спротивност со она што го тврдат здравствените власти во Њу Бранзвик - дека претходните случаи се погрешно поврзани“, рече канадскиот експерт за невродегенеративни работи за Гардијан, кој исто така сакаше да остане анонимен.

Во октомври, здравствените власти во Њу Бранзвик објавија дека нема докази дека болеста може да се поврзе со храна и изложеност на (загадена) животна средина.

Лори Бити, пензиониран работник во хардверска компанија, почина во 2019 година, набргу откако менталната конфузија (делириум) околу Божиќ го означи почетокот на нагло влошување на неговата состојба. Неговиот син Тим вели дека семејството било вчудоневидено кога дознало дека неговиот татко бил еден од осумте луѓе на кои јавно им било кажано дека им била погрешна дијагноза и дека всушност починале од Алцхајмерова болест.

Бити и неговата сестра молеа посмртните останки на неговиот татко да бидат тестирани за невротоксини, вклучително и б-метиламино-Л-аланин (БМАА), за кој некои веруваат дека може да биде одговорен за непозната болест. Според една студија, високи концентрации на BMAA биле пронајдени кај јастозите, чиј улов е индустрија која го формира столбот на економијата на многу крајбрежни заедници во Њу Бранзвик. Очигледниот отпор на покраината на спроведување на тестови на сомнителни фактори на животната средина доведе до шпекулации меѓу семејствата за политичко прикривање на болеста. Ако се обидуваат да " ни продаваат приказна што мислат дека само ќе ја проголтаме? Едноставно не ја разбираме", рекол Тим Бити, синот на починатиот.

Документите што државните органи требаше со закон да ги достават до јавноста велат дека канадската агенција за јавно здравје го разгледува БМАА како можна причина за болеста, но тврди дека провинцијата Њу Бранзвик требало да нареди тестирање.

„Не знам зошто не го направија тоа. Имаат посмртни останки на татко ми, им дадовме дозвола да направат токсикологија и да го направат она што е потребно, но сепак ништо не е направено“, вели синот на покојниот Лори Бити.

Експертите, од друга страна, забележуваат дека само тестирањето е потешко отколку што разбира јавноста. Додека некои медицински тестови можат да дадат брзи и јасни резултати, други видови истражувања бараат многу повеќе работа.

Она за што зборуваме е всушност чисто научно истражување, бидејќи тоа е единствениот начин да се знае што точно бараме. Во моментов немаме начин да ги толкуваме едноставните податоци што може да ги добиете при тестирање на нечие мозочно ткиво за посебен отров, загриженост“, вели неименуван научник.

Овој месец треба да се објави извештај дали пријавените 48 случаи се навистина невролошка болест или погрешна дијагноза од невролог.

The post Ги напаѓа помладите: Мистериозна болест се појави во Канада! appeared first on Република.

]]>

Инсајдер од регионалната здравствена мрежа Vitalite во канадската провинција Њу Бранзвик, во интервју за Гардијан, откри дека повеќе од две години прогресивната невролошка болест ги збунува лекарите, здравствените работници и тамошната јавност. Оваа болест главно ги погодува помладите возрасни лица, кои претходно немале поголеми здравствени проблеми, поради што кај некои има нагло опаѓање на когнитивните способности. Според овој анонимен извор, бројот на пациенти расте, а пациентите развиваат загрижувачки симптоми како што се нагло слабеење, несоница, халуцинации, тешкотии во размислувањето, па дури и ограничена подвижност. Има 48 официјални случаи кои сè уште се под истрага, но тој број датира од раната пролет 2021 година. Повеќе извори тврдат дека сега има околу 150 пациенти. „Навистина сум загрижен за овие случаи бидејќи се чини дека болеста брзо се развива. Мислам дека им должиме некакво објаснување на пациентите“, вели анонимен извор од Гаридан, член на здравствената мрежа Виталите. Дополнително, пријавени се најмалку девет случаи во кои двајца пациенти се во близок контакт, но без генетски врски, што укажува на тоа дека загадувањето на животната средина може да биде фактор за оваа загадочна болест. Еден сомнителен случај вклучува маж со симптоми на деменција и атаксија (губење на координацијата на движењата на мускулите) и неговата сопруга која се грижела за него кога се појавиле симптомите. Таа одеднаш почна да страда од несоница, мускулна атрофија и халуцинации. Сега нејзината состојба е полоша од неговата. Освен тоа, медицинска сестра во нејзините 20-ти, која се грижела за болна жена во нејзините 30-ти, неодамна почнала да покажува симптоми на невролошки проблеми. Во третиот случај, младата мајка наеднаш ослабела дури 60 килограми и почнала да страда од несоница и халуцинации. Снимањето на мозокот покажа напредни знаци на атрофија кај неа. Вработен во Виталит, кој зборуваше за Гардијан под услов да остане анонимен, рече дека е толку сериозно загрижен за брзината со која се влошува здравјето на болните млади луѓе. „Ова не е болест на Њу Бранзвик, но веројатно е поизразена овде бидејќи сме област каде луѓето се повеќе изложени на фактори на ризик од животната средина“, рече тој. Се очекува властите во Њу Бранзвик овој месец да издадат соопштение дека претходните случаи, кои се појавија на виделина минатата година кога информациите протекоа во јавноста, биле погрешно дијагностицирани и погрешно поврзани со болести кои не се поврзани. Специјалната клиника за невродегенеративни нарушувања во градот Монктон е центар за лекување на пациенти кои се упатуваат од Њу Бранзвик, но и од соседните провинции. Таму, случаите ги збунија лекарите со тоа што се спротивставија на серија стандардизирани невролошки тестови што се користат за да се исклучат одредени состојби. Тим од невролози и епидемиолози на клиниката одлучува дали на пациентите им се потребни дополнителни тестови или се уште боледуваат од некоја позната болест. Утврдувањето кој треба да оди на дополнителни тестови, ако се работи за непозната болест, е многу субјективно бидејќи мозокот е исклучително тежок за проучување. Лекарите можат да бидат целосно сигурни во дијагнозата само ако пациентот умре, па церебралното ткиво може детално да се испита. Оваа есен, здравствените власти во Њу Бранзвик тврдеа дека осум смртни случаи се резултат на погрешна дијагноза, тврдејќи дека жртвите, наместо вообичаената невролошка болест, починале од познати, но неповрзани патолошки состојби. Но, некои добро информирани експерти најмногу се грижат за возраста на пациентите, бидејќи невролошките заболувања се ретки кај младите. „Фактот дека имаме помлад спектар на пациенти овде е во целосна спротивност со она што го тврдат здравствените власти во Њу Бранзвик - дека претходните случаи се погрешно поврзани“, рече канадскиот експерт за невродегенеративни работи за Гардијан, кој исто така сакаше да остане анонимен. Во октомври, здравствените власти во Њу Бранзвик објавија дека нема докази дека болеста може да се поврзе со храна и изложеност на (загадена) животна средина. Лори Бити, пензиониран работник во хардверска компанија, почина во 2019 година, набргу откако менталната конфузија (делириум) околу Божиќ го означи почетокот на нагло влошување на неговата состојба. Неговиот син Тим вели дека семејството било вчудоневидено кога дознало дека неговиот татко бил еден од осумте луѓе на кои јавно им било кажано дека им била погрешна дијагноза и дека всушност починале од Алцхајмерова болест. Бити и неговата сестра молеа посмртните останки на неговиот татко да бидат тестирани за невротоксини, вклучително и б-метиламино-Л-аланин (БМАА), за кој некои веруваат дека може да биде одговорен за непозната болест. Според една студија, високи концентрации на BMAA биле пронајдени кај јастозите, чиј улов е индустрија која го формира столбот на економијата на многу крајбрежни заедници во Њу Бранзвик. Очигледниот отпор на покраината на спроведување на тестови на сомнителни фактори на животната средина доведе до шпекулации меѓу семејствата за политичко прикривање на болеста. Ако се обидуваат да " ни продаваат приказна што мислат дека само ќе ја проголтаме? Едноставно не ја разбираме", рекол Тим Бити, синот на починатиот. Документите што државните органи требаше со закон да ги достават до јавноста велат дека канадската агенција за јавно здравје го разгледува БМАА како можна причина за болеста, но тврди дека провинцијата Њу Бранзвик требало да нареди тестирање. „Не знам зошто не го направија тоа. Имаат посмртни останки на татко ми, им дадовме дозвола да направат токсикологија и да го направат она што е потребно, но сепак ништо не е направено“, вели синот на покојниот Лори Бити. Експертите, од друга страна, забележуваат дека само тестирањето е потешко отколку што разбира јавноста. Додека некои медицински тестови можат да дадат брзи и јасни резултати, други видови истражувања бараат многу повеќе работа. Она за што зборуваме е всушност чисто научно истражување, бидејќи тоа е единствениот начин да се знае што точно бараме. Во моментов немаме начин да ги толкуваме едноставните податоци што може да ги добиете при тестирање на нечие мозочно ткиво за посебен отров, загриженост“, вели неименуван научник. Овој месец треба да се објави извештај дали пријавените 48 случаи се навистина невролошка болест или погрешна дијагноза од невролог.

The post Ги напаѓа помладите: Мистериозна болест се појави во Канада! appeared first on Република.

]]>