бензински пумпи Archives - Република https://republika.mk/tema/benzinski-pumpi/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Jan 2023 15:17:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бензински пумпи Archives - Република https://republika.mk/tema/benzinski-pumpi/ 32 32 Италијанските бензински пумпи стапуваат во 48-часовен штрајк https://republika.mk/vesti/svet/italijanskite-benzinski-pumpi-stapuvaat-vo-48-chasoven-shtrajk/ Tue, 24 Jan 2023 15:23:03 +0000 https://republika.mk/?p=600572

Операторите на италијанските бензински пумпи ќе стапат во 48-часовен штрајк во знак на протест против „срамната кампања за оцрнување“ и, според нив, погрешните мерки на владата во енергетската криза.

Како што соопштија три синдикати, штрајкот ќе почне во 19 часот по локално време и трае до истото време во четврток. Синдикатите Faib, Fegica и Figisc/Anisa ги повикаа своите членови во овој период да не дозволуваат ниту самопослужување.

Штрајкот доаѓа како одговор на мерките на премиерката Џорџа Мелони за борба против поскапувањето на горивата. Меѓу другото, финансиската полиција добила наредба да изврши увид на бензинските пумпи поради евентуално неоправдано поскапување.

Дополнително, операторите беа обврзани да ја објават просечната цена на литар од нивниот регион покрај цената на бензинот што се наплаќа на нивните пумпи. На прекршителите им се закануваат парични казни.

The post Италијанските бензински пумпи стапуваат во 48-часовен штрајк appeared first on Република.

]]>

Операторите на италијанските бензински пумпи ќе стапат во 48-часовен штрајк во знак на протест против „срамната кампања за оцрнување“ и, според нив, погрешните мерки на владата во енергетската криза. Како што соопштија три синдикати, штрајкот ќе почне во 19 часот по локално време и трае до истото време во четврток. Синдикатите Faib, Fegica и Figisc/Anisa ги повикаа своите членови во овој период да не дозволуваат ниту самопослужување. Штрајкот доаѓа како одговор на мерките на премиерката Џорџа Мелони за борба против поскапувањето на горивата. Меѓу другото, финансиската полиција добила наредба да изврши увид на бензинските пумпи поради евентуално неоправдано поскапување. Дополнително, операторите беа обврзани да ја објават просечната цена на литар од нивниот регион покрај цената на бензинот што се наплаќа на нивните пумпи. На прекршителите им се закануваат парични казни.

The post Италијанските бензински пумпи стапуваат во 48-часовен штрајк appeared first on Република.

]]>
Во Хрватска затворени првите бензиски пумпи, се очекува затворање на околу 240 https://republika.mk/vesti/balkan/vo-hrvatska-zatvoreni-prvite-benziski-pumpi-se-ochekuva-zatvoranje-na-okolu-240/ Tue, 05 Jul 2022 14:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=524313

Во Хрватска денеска се затворени првите бензиски пумпи. Тоа во изјава за ХРТ го нагласи Армандо Миљавац, кој ја затвори својата бензинска пумпа.

Моравме… Тоа е демонстративно затворање за луѓето да разберат дека тоа не е хир, ние сме во голема неволја. За да не зборуваме само, сакавме да преземеме чекори кои се неизбежни во оваа ситуација - рече Миљавац.

Тој додаде дека денеска, според неговите сознанија, биле затворени уште пет-шест пумпи, поради недостиг и недостапност на гориво.

Нема доволно гориво на пазарот, не сме имале ни досега. Како компанија добивме 50 отсто од потребните количини. Се плашиме дека сето ова нема да заврши добро и дека ќе има нарушувања на пазарот - потенцира Миљавац.

Тој изјави дека и покрај тоа што владата ги корегира цените на горивата, бизнисот се уште работи со значителна загуба.

Нашиот проблем е што правиме загуби веќе девет месеци. Работиме со маржи што не се доволни за покривање на трошоците, а сега не ни остануваат пари. Едноставно немаме каде - заклучи тој.

Миљавац вчера изјави дека очекува затворање на околу 240 бензински пумпи во Хрватска.

The post Во Хрватска затворени првите бензиски пумпи, се очекува затворање на околу 240 appeared first on Република.

Сопствениците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата https://republika.mk/vesti/makedonija/sopstvenicite-najavuvaat-zatvoranje-na-benzinskite-stanici-vo-istochniot-del-na-zemjata/ Thu, 10 Mar 2022 13:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=470705

Воведувањето нова маржа за трговците со горива, односно нејзиното драстично намалување за 33 проценти од 4.5 на три денари, ќе ги принуди сопствениците да ги затворат бензинските станици во источниот дел на државата.

Маржата и претходно беше навистина мала, но со сегашното намалување нашите загуби ќе бидат екстремно високи. Тие што ги носат овие одлуки треба да имаат предвид дека иако маржата се намалува, придонесите остануваат на исто ниво, што значи дека ние и понатаму треба да исплаќаме плати како маржата да не е променета. Дополнителен проблем, што се провлекува со години, се и дивите, подвижни, бензински станици кои што нелегално функционираат на паркинзи и каде што гориво се продава и купува во буриња. Поради сите овие крајно непазарни услови, ние нема да имаме избор и ќе ставиме клуч на нашите бензински станици – вели Гоце Хубрев, претседател на Здружението на брендирани и приватни бензински пумпи, кои што работат во источниот дел на Македонија.

The post Сопствениците најавуваат затворање на бензинските станици во источниот дел на земјата appeared first on Република.

Редици на бензинските пумпи https://republika.mk/vesti/makedonija/redici-na-benzinskite-pumpi/ Mon, 07 Mar 2022 21:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=469271

На бензинските пумпи низ Скопје вечерва има зголемена фреквенција на возила откако Регулаторната комисија за енергетика објави дека од полноќ цените на горивата се зголемуваат од 5,5 до 10 денари. Вработените на бензинските пумпи велат дека гориво има.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по цена повисока за 5,5 денари, а дизелот по цена повисока за 10 денари. Согласно најновата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 89,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 91,50 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде 85,50 ден/лит. Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари за литар и ќе се продава по цена од 83,50 ден/лит, додека мазутот се зголемува за 6,149 денар/килограм и новата цена ќе биде 54,319 ден/кг.

Зголемувањето на горивата уследи по рекордниот скок на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ најавија дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба. Оттаму информираат дека цените на нафтените деривати на светските берзи растат над 21 процент.

Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, нафтени деривати има во доволни количини, но проблем е високата цена, што не е случај само кај нас, туку и во Европа.

Неопходно е сите да се однесуваат рационално во ваква вонредна и непредвидлива состојба, за која не се знае колку ќе трае и со каков епилог, апелира Бислимоски.

The post Редици на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>

На бензинските пумпи низ Скопје вечерва има зголемена фреквенција на возила откако Регулаторната комисија за енергетика објави дека од полноќ цените на горивата се зголемуваат од 5,5 до 10 денари. Вработените на бензинските пумпи велат дека гориво има. Од полноќ, Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по цена повисока за 5,5 денари, а дизелот по цена повисока за 10 денари. Согласно најновата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 89,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 91,50 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде 85,50 ден/лит. Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9 денари за литар и ќе се продава по цена од 83,50 ден/лит, додека мазутот се зголемува за 6,149 денар/килограм и новата цена ќе биде 54,319 ден/кг. Зголемувањето на горивата уследи по рекордниот скок на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ најавија дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба. Оттаму информираат дека цените на нафтените деривати на светските берзи растат над 21 процент. Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, нафтени деривати има во доволни количини, но проблем е високата цена, што не е случај само кај нас, туку и во Европа.
Неопходно е сите да се однесуваат рационално во ваква вонредна и непредвидлива состојба, за која не се знае колку ќе трае и со каков епилог, апелира Бислимоски.

The post Редици на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>
Почнаа редиците на бензинските пумпи https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnaa-redicite-na-benzinskite-pumpi/ Mon, 07 Mar 2022 18:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=469200

По информацијата за огромното зголемување на цените на нафтените деривати почнаа да се создаваат редици пред бензинските пумпи. Репортерот на Press24 Од терен јавува дека граѓаните веќе се чекаат за да ги наполнат резервоарите пред промената на цените вечерва.
Најголемиот дел од бензинските пумпи воопшто не точат дизел вечерва.
Макпетрол во соопштение до јавноста објави дека имаат проблем со обезбедувањето на потребните количини дизел (кој од утре ќе биде 10 денари поскап) и на нивните бензински пумпи веќе не може да се наточи ова гориво.
Слична е ситуацијата и со останатите помали бензински. И таму не може да се најде дизел гориво. До пред 1 час, дизел непречено се точеше на бенизнските пумпи на „Лук Оил“

The post Почнаа редиците на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>

По информацијата за огромното зголемување на цените на нафтените деривати почнаа да се создаваат редици пред бензинските пумпи. Репортерот на Press24 Од терен јавува дека граѓаните веќе се чекаат за да ги наполнат резервоарите пред промената на цените вечерва. Најголемиот дел од бензинските пумпи воопшто не точат дизел вечерва. Макпетрол во соопштение до јавноста објави дека имаат проблем со обезбедувањето на потребните количини дизел (кој од утре ќе биде 10 денари поскап) и на нивните бензински пумпи веќе не може да се наточи ова гориво. Слична е ситуацијата и со останатите помали бензински. И таму не може да се најде дизел гориво. До пред 1 час, дизел непречено се точеше на бенизнските пумпи на „Лук Оил“

The post Почнаа редиците на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>
Инспекција влегува во бензиските пумпи, ќе се проверува дали имало манипулации https://republika.mk/vesti/makedonija/inspekcija-vleguva-vo-benziskite-pumpi-kje-se-proveruva-dali-imalo-manipulacii/ Fri, 04 Mar 2022 18:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=467929

Покрај најавените контроли на работата на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти, со инспекциските надзори ќе бидат опфатени и правните субјекти кои вршат дејност „Трговија на мало и големо со нафтени деривати“, соопшти Управата за финансиска полиција.

Оттаму информираат дека екипи на Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на територија на цела држава.

Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето.

Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата

The post Инспекција влегува во бензиските пумпи, ќе се проверува дали имало манипулации appeared first on Република.

]]>

Покрај најавените контроли на работата на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти, со инспекциските надзори ќе бидат опфатени и правните субјекти кои вршат дејност „Трговија на мало и големо со нафтени деривати“, соопшти Управата за финансиска полиција. Оттаму информираат дека екипи на Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на територија на цела држава. Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето. Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата

The post Инспекција влегува во бензиските пумпи, ќе се проверува дали имало манипулации appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Оние пумпи што продаваа бензин до 500 денари ќе се најдат пред Обвинителството https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-onie-pumpi-shto-prodavaa-benzin-do-500-denari-kje-se-najdat-pred-obvinitelstvoto/ Fri, 04 Mar 2022 07:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=467515

Вчера до доцна во ноќта се создаде паника дека ќе снема бензин и дека ќе растат цените, па се создадоа редици пред бензинските пумпи.

Вчера се создаваа колони на бензинските пумпи низ државата, а тоа е врз основа на шпекулации дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната недела. Нафтени деривати има, редовно е снабдувањето и резерви има. Снабдувањето е без никакви проблеми и немало прекин на испорака на бензин. Она што загрижува е што на некои пумпи вчера се продавале бензин за само 500 денари со намера да заштедат резерви и да го продадат поскапо, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика за Утрински брифинг.

Бислимоски вели дека малите пумпи немаат право да вршат ограничување на набавката на бензин. Тоа се воени профитери кои за да заработат нешто ситно на нечиј грб, но ние денес ќе доставиме извстување до Обвинителството за таквите појави, додава Бислимоски.

Информациите што ги имам јас се дека имаме доволни количи нафтени резерви како држава. Нафтата што доаѓа во Македонија во најголем дел доаѓа од Грција. Но, Фејсбук стратезите вчера кренаа паника, вели Бислимоски.

На прашањето до каде ќе одат цените на енергенсите, Бислимоски вели дека цените и на електричната енергија и на природниот гас дивеат и цела Европа е во паника, па не очекува во следните недели да има некое намалување. Но, според Бислимоски, ќе има стабилизирање со постигнување на договор со ОПЕК. Тој препорачува да штедиме да се надмине овој тежок период.

The post Бислимоски: Оние пумпи што продаваа бензин до 500 денари ќе се најдат пред Обвинителството appeared first on Република.

Од денеска недела е неработен ден: Маркетите затворени, метеж на бензинските пумпи https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-nedela-e-neraboten-den-marketite-zatvoreni-metez-na-benzinskite-pumpi/ Sun, 02 Jan 2022 12:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=439569

Законот за недела неработен ден, кој почна да се применува од 1 јануари ги затвори најголемите трговски синџири денеска во главниот град. Тоа созаде метеж на бензиските станици кои секако работат и денеска. Затворени се и поголемиот број на дуќаните во моловите.

Поради законските обврски денеска е ден за одмор на околу 92 отсто од работниците. Вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто. А дополнително, 2 проценти од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки. Тоа најверојатно ги принуди сопствениците да ги затворат објектите.

Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела.

Пред започнување на вршење на работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец- Известување за вршење работа во недела, кој може да се најде на веб страницата на Државниот инспекторат за труд.

The post Од денеска недела е неработен ден: Маркетите затворени, метеж на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>

Законот за недела неработен ден, кој почна да се применува од 1 јануари ги затвори најголемите трговски синџири денеска во главниот град. Тоа созаде метеж на бензиските станици кои секако работат и денеска. Затворени се и поголемиот број на дуќаните во моловите. Поради законските обврски денеска е ден за одмор на околу 92 отсто од работниците. Вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто. А дополнително, 2 проценти од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки. Тоа најверојатно ги принуди сопствениците да ги затворат објектите. Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела. Пред започнување на вршење на работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец- Известување за вршење работа во недела, кој може да се најде на веб страницата на Државниот инспекторат за труд.

The post Од денеска недела е неработен ден: Маркетите затворени, метеж на бензинските пумпи appeared first on Република.

]]>