белгород Archives - Република https://republika.mk/tema/belgorod/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 09:25:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png белгород Archives - Република https://republika.mk/tema/belgorod/ 32 32 Руските сили извршија ракетен напад врз Киев, украинската армија гранатираше станбени блокови во Белгород https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-izvrshija-raketen-napad-vrz-kiev-ukrainskata-armija-granatirashe-stanbeni-blokovi-vo-belgorod/ Wed, 12 Jun 2024 09:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=786865

Руските сили утрово извршиле воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска на Телеграм. Според првичните информации, во главниот град нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот.

Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала.

Сепак, наспроти украинските тврдења, очевидци за западни медими изјавиле дека се слушнале неколку експлозии во и околу Киев.

Воздушна тревога беше прогласена ширум Украина кратко по 03:00 часот по локално време и траеше неколку часа, вклучително и во пограничната област со Полска. Авионите на Полска и сојузниците се активирани како мерка на претпазливост, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа Х.

Во исто време, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека еден цивил загинал, а тројца се ранети при украинското гранатирање на градот Шебекино - град со 40.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Украина. Според Гладков, украинските ракети оштетиле шест куќи и 11 блокови.

The post Руските сили извршија ракетен напад врз Киев, украинската армија гранатираше станбени блокови во Белгород appeared first on Република.

]]>

Руските сили утрово извршиле воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска на Телеграм. Според првичните информации, во главниот град нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот. Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала. Сепак, наспроти украинските тврдења, очевидци за западни медими изјавиле дека се слушнале неколку експлозии во и околу Киев. Воздушна тревога беше прогласена ширум Украина кратко по 03:00 часот по локално време и траеше неколку часа, вклучително и во пограничната област со Полска. Авионите на Полска и сојузниците се активирани како мерка на претпазливост, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа Х. Во исто време, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека еден цивил загинал, а тројца се ранети при украинското гранатирање на градот Шебекино - град со 40.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Украина. Според Гладков, украинските ракети оштетиле шест куќи и 11 блокови.

The post Руските сили извршија ракетен напад врз Киев, украинската армија гранатираше станбени блокови во Белгород appeared first on Република.

]]>
Погодени 12 станбени згради и детска клиника: Украинските сили го гранатирале Белгород https://republika.mk/vesti/svet/pogodeni-12-stanbeni-zgradi-i-detska-klinika-ukrainskite-sili-go-granatirale-belgorod/ Sun, 07 Apr 2024 09:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=763360

Украинските сили во текот на ноќта го нападнале руски Белгород. Како што изјави началникот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, во тоа гранатирање се оштетени 12 станбени згради, а искршени се прозорците и на детската клиника.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека десет украински ракети „РM-70 Вампир“ биле соборени од противвоздушни системи над Белгородската област.

 

The post Погодени 12 станбени згради и детска клиника: Украинските сили го гранатирале Белгород appeared first on Република.

]]>

Украинските сили во текот на ноќта го нападнале руски Белгород. Како што изјави началникот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, во тоа гранатирање се оштетени 12 станбени згради, а искршени се прозорците и на детската клиника. Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека десет украински ракети „РM-70 Вампир“ биле соборени од противвоздушни системи над Белгородската област.  

The post Погодени 12 станбени згради и детска клиника: Украинските сили го гранатирале Белгород appeared first on Република.

]]>
Домашниот мачор и го спасил животот на својата сопственичка при украинско гранатирање во Белгород https://republika.mk/vesti/svet/domashniot-machor-i-go-spasil-zhivotot-na-svojata-sopstvenichka-pri-ukrainsko-granatirane-vo-belgorod/ Fri, 15 Mar 2024 21:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=754932

Домашна мачка случајно ја спасила својата сопственичка од шрапнели при украинско гранатирање во Шебекино, во руската област Белгород.

Мачорот Ачи, дошол да побара храна од Ана и легнал на нејзината перница, покривајќи ѝ ја главата со својата бушава опашка. Во тој момент почнало гранатирањето, пукнале прозорците во станот, а фрагменти од граната полетале право во собата.

Семејството се разбудило од вревата и го виделе Ачи облеан во крв. Мачорот го примил ударот на шрапнелите врз себе. Да не бил тој, фрагментот ќе ја погодел жената в глава. Ачи бил повреден, но, за среќа, важните органи му останале недопрени.

Мачорот-херој бил однесен на ветеринар, каде што од него бил изваден фрагмент од шрапнелот, ја обработиле раната и го преврзале.

Сега се е во ред со Ачи, тој е во задоволителна состојба - пропишан му е посебен режим на исхрана и редовно менување завои.

The post Домашниот мачор и го спасил животот на својата сопственичка при украинско гранатирање во Белгород appeared first on Република.

]]>

Домашна мачка случајно ја спасила својата сопственичка од шрапнели при украинско гранатирање во Шебекино, во руската област Белгород. Мачорот Ачи, дошол да побара храна од Ана и легнал на нејзината перница, покривајќи ѝ ја главата со својата бушава опашка. Во тој момент почнало гранатирањето, пукнале прозорците во станот, а фрагменти од граната полетале право во собата. Семејството се разбудило од вревата и го виделе Ачи облеан во крв. Мачорот го примил ударот на шрапнелите врз себе. Да не бил тој, фрагментот ќе ја погодел жената в глава. Ачи бил повреден, но, за среќа, важните органи му останале недопрени. Мачорот-херој бил однесен на ветеринар, каде што од него бил изваден фрагмент од шрапнелот, ја обработиле раната и го преврзале. Сега се е во ред со Ачи, тој е во задоволителна состојба - пропишан му е посебен режим на исхрана и редовно менување завои.

The post Домашниот мачор и го спасил животот на својата сопственичка при украинско гранатирање во Белгород appeared first on Република.

]]>
Деветгодишно момче со своето тело ја заштитило својата 9-месечна сестричка при украинско гранатирање во Белгород https://republika.mk/vesti/svet/devetgodishno-momche-so-svoeto-telo-ja-zashtitilo-svojata-9-mesechna-sestrichka-pri-ukrainsko-granatirane-vo-belgorod/ Thu, 14 Mar 2024 20:07:18 +0000 https://republika.mk/?p=754894

Деветгодишно момче ја заштитило својата 9-месечна сестра со своето тело за време на гранатирање од страна на украинските вооружени сили во селото Беловское во рускиот регион Белгород. Како што објавија руски медиуми, двете деца се хоспитализирани.

Двете деца се на одделот за траума. Лекарите состојбата на 9-годишниот Жења и неговата 9-месечна сестра Анџелина ја оценуваат како умерена. Тие сега се на потребните прегледи. За нивен третман повикан е трауматолог и реаниматор од сојузниот центар.

Момчето се здобило со трауматска повреда на мозокот и повреди на стапалото. Деветмесечно девојче е во болница со рани на лицето, раката и затворена повреда на главата. Лекарите нивната здравствена состојба ја оценуваат како умерена“, соопштува гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.

Во болница е примен и маж со затворена повреда на главата, кој самиот побарал помош.

Оштетени се 37 приватни домаќинства, два помошни објекти и еден земјоделски објект. Искршени се прозорците на две станбени згради. Според првичните податоци, оштетени се 21 возило.

The post Деветгодишно момче со своето тело ја заштитило својата 9-месечна сестричка при украинско гранатирање во Белгород appeared first on Република.

]]>

Деветгодишно момче ја заштитило својата 9-месечна сестра со своето тело за време на гранатирање од страна на украинските вооружени сили во селото Беловское во рускиот регион Белгород. Како што објавија руски медиуми, двете деца се хоспитализирани. Двете деца се на одделот за траума. Лекарите состојбата на 9-годишниот Жења и неговата 9-месечна сестра Анџелина ја оценуваат како умерена. Тие сега се на потребните прегледи. За нивен третман повикан е трауматолог и реаниматор од сојузниот центар.
Момчето се здобило со трауматска повреда на мозокот и повреди на стапалото. Деветмесечно девојче е во болница со рани на лицето, раката и затворена повреда на главата. Лекарите нивната здравствена состојба ја оценуваат како умерена“, соопштува гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.
Во болница е примен и маж со затворена повреда на главата, кој самиот побарал помош. Оштетени се 37 приватни домаќинства, два помошни објекти и еден земјоделски објект. Искршени се прозорците на две станбени згради. Според првичните податоци, оштетени се 21 возило.

The post Деветгодишно момче со своето тело ја заштитило својата 9-месечна сестричка при украинско гранатирање во Белгород appeared first on Република.

]]>
Украина го гранатираше Белгород, убиени најмалку седум цивили меѓу кои и мајка и бебе https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-go-granatirashe-belgorod-ubieni-najmalku-sedum-tsivili-megu-koi-i-majka-i-bebe/ Fri, 16 Feb 2024 07:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=744636

Бројот на загинати во украинското гранатирање на Белгород во Русија се искачи на седум, а бројот на повредени на 19, изјави шефот на регионот Вјачеслав Гладков.

Гладков на Телеграм напиша дека според последните податоци загинале седум лица, меѓу кои и едногодишно девојче. Тој изјави дека 10 ранети се во болниците во Белгород и дека двајца од нив се во тешка состојба на интензивна нега, додека осум повредени се во средно тешка состојба.

Според Гладков, двајца ранети возрасни и две деца се пренесени во болниците во Москва, а пет лица се испратени дома по укажаната медицинска помош.

„Во гранатирањето беа оштетени и 57 автомобили“, рече Гладков.

Украинските вооружени сили вчера попладне го гранатираа Белгород, а трговскиот центар беше оштетен. Удар имало во блиското училиште, во чија близина загинала мајка со бебе додека шетале.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана синоќа пресретнале и уништиле пет украински беспилотни летала над регионот Белгород и Црното Море.

Белгород се наоѓа на западот на Русија, во близина на границата со Украина.

The post Украина го гранатираше Белгород, убиени најмалку седум цивили меѓу кои и мајка и бебе appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во украинското гранатирање на Белгород во Русија се искачи на седум, а бројот на повредени на 19, изјави шефот на регионот Вјачеслав Гладков. Гладков на Телеграм напиша дека според последните податоци загинале седум лица, меѓу кои и едногодишно девојче. Тој изјави дека 10 ранети се во болниците во Белгород и дека двајца од нив се во тешка состојба на интензивна нега, додека осум повредени се во средно тешка состојба. Според Гладков, двајца ранети возрасни и две деца се пренесени во болниците во Москва, а пет лица се испратени дома по укажаната медицинска помош.
„Во гранатирањето беа оштетени и 57 автомобили“, рече Гладков.
Украинските вооружени сили вчера попладне го гранатираа Белгород, а трговскиот центар беше оштетен. Удар имало во блиското училиште, во чија близина загинала мајка со бебе додека шетале. Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана синоќа пресретнале и уништиле пет украински беспилотни летала над регионот Белгород и Црното Море. Белгород се наоѓа на западот на Русија, во близина на границата со Украина.

The post Украина го гранатираше Белгород, убиени најмалку седум цивили меѓу кои и мајка и бебе appeared first on Република.

]]>
Српските навивачи изразија солидарност со убиените руски цивили: Белгород, ние сме со тебе! https://republika.mk/sport/kosarka/srpskite-navivachi-izrazija-solidarnost-so-ubienite-ruski-tsivili-belgorod-nie-sme-so-tebe/ Fri, 05 Jan 2024 08:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=729836

„Белгород, ние сме со тебе“, е пораката што ја испратија српските навивачи како поддршка за жителите на рускиот град Белгород, кој во очи на Нова година беше гранатиран од украинските сили.

Транспарентот со поддршка за Белгород српските навивачи го истакнаа за време на кошаркарскиот натпревар Црвена звезда - Партизан.

Во нападот на центарот на градот, загинаа најмалку 24, а ранети беа над 100 цивили, меѓу кои имаше и десетици деца.

https://republika.mk/vesti/svet/granatirani-novogodishen-panagur-i-prepolno-lizgalishte-vo-krvav-ukrainski-napad-vrz-belgorod-zaginaa-14-a-povredeni-se-stotina-tsivili/

The post Српските навивачи изразија солидарност со убиените руски цивили: Белгород, ние сме со тебе! appeared first on Република.

]]>

„Белгород, ние сме со тебе“, е пораката што ја испратија српските навивачи како поддршка за жителите на рускиот град Белгород, кој во очи на Нова година беше гранатиран од украинските сили. Транспарентот со поддршка за Белгород српските навивачи го истакнаа за време на кошаркарскиот натпревар Црвена звезда - Партизан. Во нападот на центарот на градот, загинаа најмалку 24, а ранети беа над 100 цивили, меѓу кои имаше и десетици деца. https://republika.mk/vesti/svet/granatirani-novogodishen-panagur-i-prepolno-lizgalishte-vo-krvav-ukrainski-napad-vrz-belgorod-zaginaa-14-a-povredeni-se-stotina-tsivili/

The post Српските навивачи изразија солидарност со убиените руски цивили: Белгород, ние сме со тебе! appeared first on Република.

]]>
Русија бара состанок на Советот за безбедност на ОН за крвавиот украински напад врз Белгород https://republika.mk/vesti/svet/rusija-bara-sostanok-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-za-krvaviot-ukrainski-napad-vrz-belgorod/ Sat, 30 Dec 2023 20:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=728333

Русија побара специјална седница на Советот за безбедност на ОН по украинскиот напад врз градот Белгород, во кој загинаа најмалку 14, а повредени се над 100 цивили.

Терористичкиот напад врз Белгород ќе биде предмет на постапка во Советот за безбедност на ОН. Зад терористичкиот напад стои Велика Британија, која во координација со САД го поттикнува режимот на Киев на терористички акции, бидејќи препозна дека контраофанзивата на украинските вооружени сили не успеа, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Руските власти соопштија дека најмалку 14 лица загинале во украинскиот ракетен напад врз Белгород, меѓу кои и две деца. Бројот на повредени е 108.

https://republika.mk/vesti/svet/granatirani-novogodishen-panagur-i-prepolno-lizgalishte-vo-krvav-ukrainski-napad-vrz-belgorod-zaginaa-14-a-povredeni-se-stotina-tsivili/

The post Русија бара состанок на Советот за безбедност на ОН за крвавиот украински напад врз Белгород appeared first on Република.

]]>

Русија побара специјална седница на Советот за безбедност на ОН по украинскиот напад врз градот Белгород, во кој загинаа најмалку 14, а повредени се над 100 цивили.
Терористичкиот напад врз Белгород ќе биде предмет на постапка во Советот за безбедност на ОН. Зад терористичкиот напад стои Велика Британија, која во координација со САД го поттикнува режимот на Киев на терористички акции, бидејќи препозна дека контраофанзивата на украинските вооружени сили не успеа, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Руските власти соопштија дека најмалку 14 лица загинале во украинскиот ракетен напад врз Белгород, меѓу кои и две деца. Бројот на повредени е 108. https://republika.mk/vesti/svet/granatirani-novogodishen-panagur-i-prepolno-lizgalishte-vo-krvav-ukrainski-napad-vrz-belgorod-zaginaa-14-a-povredeni-se-stotina-tsivili/

The post Русија бара состанок на Советот за безбедност на ОН за крвавиот украински напад врз Белгород appeared first on Република.

]]>
Гранатирани новогодишен панаѓур и преполно лизгалиште: Во крвав украински напад врз Белгород загинаа 14, а повредени се стотина цивили https://republika.mk/vesti/svet/granatirani-novogodishen-panagur-i-prepolno-lizgalishte-vo-krvav-ukrainski-napad-vrz-belgorod-zaginaa-14-a-povredeni-se-stotina-tsivili/ Sat, 30 Dec 2023 18:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=728076

Украинските вооружени сили денеска извршиле еден од најголемите напади на територијата на рускиот регион Белгород. Според руското Министерство за вонредни ситуации, загинале најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, а 108 граѓани се повредени, меѓу кои има и 15 повредени деца.

Детскиот правобранител Марија Лвова-Белова извести дека четири повредени деца се на интензивна нега, а вкупно 17 малолетници се повредени.

Медиумите наведуваат дека има неколку пожари во центарот на градот. Повеќето од нападите беа насочени кон места преполни со луѓе собрани за празниците на новогодишен панаѓур, лизгалиште посетено од голем број деца и возрасни, трговски центар и плоштадот на катедралата.

Руското Министерство за одбрана изјави дека украинските сили го извршиле нападот користејќи проектили со касетни бомби (забранети со меѓународните конвенции) Вилха (модификувани ракети Смерч од советско производство), како и проектили од чешко производство „Вампир“ МЛРС, од кои некои биле пресретнати.

Локациите на поголемиот дел од ударите покажуваат дека украинските сили конкретно го гаѓале центарот на градот и местата каде што се собираат цивили.

Негодување од САД

По извршениот напад, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД не ја охрабруваат или одобруваат Украина да изврши напади слични на нападот во Белгород.

Јасно ставивме до знаење дека не охрабруваме и не одобруваме такви напади“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

 

The post Гранатирани новогодишен панаѓур и преполно лизгалиште: Во крвав украински напад врз Белгород загинаа 14, а повредени се стотина цивили appeared first on Република.

]]>

Украинските вооружени сили денеска извршиле еден од најголемите напади на територијата на рускиот регион Белгород. Според руското Министерство за вонредни ситуации, загинале најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, а 108 граѓани се повредени, меѓу кои има и 15 повредени деца. Детскиот правобранител Марија Лвова-Белова извести дека четири повредени деца се на интензивна нега, а вкупно 17 малолетници се повредени. Медиумите наведуваат дека има неколку пожари во центарот на градот. Повеќето од нападите беа насочени кон места преполни со луѓе собрани за празниците на новогодишен панаѓур, лизгалиште посетено од голем број деца и возрасни, трговски центар и плоштадот на катедралата. Руското Министерство за одбрана изјави дека украинските сили го извршиле нападот користејќи проектили со касетни бомби (забранети со меѓународните конвенции) Вилха (модификувани ракети Смерч од советско производство), како и проектили од чешко производство „Вампир“ МЛРС, од кои некои биле пресретнати. Локациите на поголемиот дел од ударите покажуваат дека украинските сили конкретно го гаѓале центарот на градот и местата каде што се собираат цивили.

Негодување од САД

По извршениот напад, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД не ја охрабруваат или одобруваат Украина да изврши напади слични на нападот во Белгород.
Јасно ставивме до знаење дека не охрабруваме и не одобруваме такви напади“, изјави портпаролот на Стејт департментот.
 

The post Гранатирани новогодишен панаѓур и преполно лизгалиште: Во крвав украински напад врз Белгород загинаа 14, а повредени се стотина цивили appeared first on Република.

]]>
Украински напад со касетна муниција врз село во Русија: Повредени шест цивили https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-napad-so-kasetna-munitsija-vrz-selo-vo-rusija-povredeni-shest-tsivili/ Sat, 26 Aug 2023 19:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=676076

Украинските сили со проектили со касетна муниција, забранета со меѓународните конвенции, го нападнале пограничното село Уразово во Белгородската област во Русија. Оштетени се станбени згради, автомобили и територија на земјоделска продавница. Според првичните информации четири лица биле повредени.

Сите повредени се пренесени во локалната болница каде што им е укажана сета неопходна лекарска помош. Оперативните и итните служби продолжуваат да работат во зоната на нападот.

Покрај тој напад, руските системи за противвоздушна одбрана пресретнале украински беспилотно летало во близина на селото Купино во урбаниот округ Шебекински. Немало никакви последици на терен.

Подоцна, гувернерот на Белгородската област, ги дополни информациите за жртвите во селото Уразово.

Вкупно шест лица се повредени, еден маж е во критична состојба, веднаш е опериран. Друга жена е во состојба со умерена тежина. Четири други жртви добија медицинска помош, не беше потребна хоспитализација.

 

Откриена е штета во 16 домаќинства, кај две претпријатија оштетен е покривот и искршени прозорци. Освен тоа, од гранатирање е оштетен и социјален и спортски објект. Службите за итни случаи се на лице место, вели  тој во официјалниот извештај.

The post Украински напад со касетна муниција врз село во Русија: Повредени шест цивили appeared first on Република.

]]>

Украинските сили со проектили со касетна муниција, забранета со меѓународните конвенции, го нападнале пограничното село Уразово во Белгородската област во Русија. Оштетени се станбени згради, автомобили и територија на земјоделска продавница. Според првичните информации четири лица биле повредени. Сите повредени се пренесени во локалната болница каде што им е укажана сета неопходна лекарска помош. Оперативните и итните служби продолжуваат да работат во зоната на нападот. Покрај тој напад, руските системи за противвоздушна одбрана пресретнале украински беспилотно летало во близина на селото Купино во урбаниот округ Шебекински. Немало никакви последици на терен. Подоцна, гувернерот на Белгородската област, ги дополни информациите за жртвите во селото Уразово.
Вкупно шест лица се повредени, еден маж е во критична состојба, веднаш е опериран. Друга жена е во состојба со умерена тежина. Четири други жртви добија медицинска помош, не беше потребна хоспитализација.   Откриена е штета во 16 домаќинства, кај две претпријатија оштетен е покривот и искршени прозорци. Освен тоа, од гранатирање е оштетен и социјален и спортски објект. Службите за итни случаи се на лице место, вели  тој во официјалниот извештај.

The post Украински напад со касетна муниција врз село во Русија: Повредени шест цивили appeared first on Република.

]]>
Украинските сили ги гранатираат руските погранични области https://republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-sili-gi-granatiraat-ruskite-pogranichni-oblasti/ Sat, 17 Jun 2023 17:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=649296

Во попладневните часови, украински воени формации го нападнале пограничниот округ Волоконовски во регионот Белгород, во Русија.

Како што јавуваат руски извори, во селото Тишанка фрагменти од гранати оштетиле далновод, но нема повредени. Службите за итна помош се на терен.

Претходно, украинските сили нападнале и други погранични региони на Русија. Во регионот Брјанск, екипажите за воздушна одбрана пресретнале три украински беспилотни летала во областа Новозибков, додека во Курск, армиски единици на Украина испукале најмалку пет ракети во селото Салное.

The post Украинските сили ги гранатираат руските погранични области appeared first on Република.

]]>

Во попладневните часови, украински воени формации го нападнале пограничниот округ Волоконовски во регионот Белгород, во Русија. Како што јавуваат руски извори, во селото Тишанка фрагменти од гранати оштетиле далновод, но нема повредени. Службите за итна помош се на терен. Претходно, украинските сили нападнале и други погранични региони на Русија. Во регионот Брјанск, екипажите за воздушна одбрана пресретнале три украински беспилотни летала во областа Новозибков, додека во Курск, армиски единици на Украина испукале најмалку пет ракети во селото Салное.

The post Украинските сили ги гранатираат руските погранични области appeared first on Република.

]]>
Во руската област Белгород прогласена состојба на „антитерористичка операција“ https://republika.mk/vesti/svet/vo-ruskata-oblast-belgorod-proglasena-sostojba-na-antiteroristichka-operatsija/ Mon, 22 May 2023 19:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=643746

Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека е прогласена состојба на „антитерористичка операција“ во регионот, откако диверзантска група поврзана со украинската армија ја преминала руската граница, јави агенцијата Анадолија.

Гладков на социјалните мрежи соопшти дека се преземени одредени мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните во Белгородската област на границата со Украина, „поради опасност од диверзантска група на Вооружените сили на Украина“.

Гладков изјави дека од денеска прогласиле состојба на „антитерористичка операција“ во регионот и нагласи дека се преземени одредени мерки и се воведени привремени ограничувања.

Според него, во дворот на една градинка паднала граната, а објектот целосно изгорел.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за влез на украинска диверзантска група во рускиот регион Белгород.

Целта на диверзантската група е да го сврти вниманието од Бахмут и да го намали политичкото влијание од загубата на Бахмут за украинската страна, рече Песков.

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека „единствена придвижувачка политичка сила во тоталитарна земја отсекогаш било вооружено партизанско движење“.

Украина со интерес ги следи случувањата во регионот Белгород во Русија и ја испитува ситуацијата. Украина нема директна врска со ова, рече Подољак.

The post Во руската област Белгород прогласена состојба на „антитерористичка операција“ appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека е прогласена состојба на „антитерористичка операција“ во регионот, откако диверзантска група поврзана со украинската армија ја преминала руската граница, јави агенцијата Анадолија. Гладков на социјалните мрежи соопшти дека се преземени одредени мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните во Белгородската област на границата со Украина, „поради опасност од диверзантска група на Вооружените сили на Украина“. Гладков изјави дека од денеска прогласиле состојба на „антитерористичка операција“ во регионот и нагласи дека се преземени одредени мерки и се воведени привремени ограничувања. Според него, во дворот на една градинка паднала граната, а објектот целосно изгорел. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за влез на украинска диверзантска група во рускиот регион Белгород.
Целта на диверзантската група е да го сврти вниманието од Бахмут и да го намали политичкото влијание од загубата на Бахмут за украинската страна, рече Песков.
Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека „единствена придвижувачка политичка сила во тоталитарна земја отсекогаш било вооружено партизанско движење“.
Украина со интерес ги следи случувањата во регионот Белгород во Русија и ја испитува ситуацијата. Украина нема директна врска со ова, рече Подољак.

The post Во руската област Белгород прогласена состојба на „антитерористичка операција“ appeared first on Република.

]]>
Руски Белгород под напад: Најмалку тројца загинати и десетина згради оштетени https://republika.mk/vesti/svet/ruski-belgorod-pod-napad-najmalku-trojca-zaginati-i-desetina-zgradi-oshteteni/ Sun, 03 Jul 2022 07:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=522924

Најмалку три лица загинале, а десетици станбени згради се оштетени во рускиот град Белгород во близина на украинската граница, соопшти регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков, по извештаите за неколку експлозии во градот.

Гладков изјави де се оштетени најмалку 11 станбени згради и 39 приватни куќи, од кои пет се уништени.

Гувернерот, претходно, изјави дека инцидентот се истражува, додавајќи дека „системот за противвоздушна одбрана веројатно функционирал“.

Најмалку четири лица се повредени, а две се хоспитализирани, меѓу кои и едно десетгодишно момче - изјави Гладков.

Според британските медиуми, не може независно да се потврдат извештаите за експлозиите, штетите, жртвите и повредените, а засега нема ниту реакција од украинска страна.

Белгород е град со речиси 400.000 жители, на околу 40 километри северно од границата со Украина и претставува административен центар на регионот Белгород.

The post Руски Белгород под напад: Најмалку тројца загинати и десетина згради оштетени appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица загинале, а десетици станбени згради се оштетени во рускиот град Белгород во близина на украинската граница, соопшти регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков, по извештаите за неколку експлозии во градот. Гладков изјави де се оштетени најмалку 11 станбени згради и 39 приватни куќи, од кои пет се уништени. Гувернерот, претходно, изјави дека инцидентот се истражува, додавајќи дека „системот за противвоздушна одбрана веројатно функционирал“.
Најмалку четири лица се повредени, а две се хоспитализирани, меѓу кои и едно десетгодишно момче - изјави Гладков.
Според британските медиуми, не може независно да се потврдат извештаите за експлозиите, штетите, жртвите и повредените, а засега нема ниту реакција од украинска страна. Белгород е град со речиси 400.000 жители, на околу 40 километри северно од границата со Украина и претставува административен центар на регионот Белгород.

The post Руски Белгород под напад: Најмалку тројца загинати и десетина згради оштетени appeared first on Република.

]]>
Експлозија во Белгород, гори складиште за муниција https://republika.mk/vesti/svet/eksplozija-vo-belgorod-gori-skladishte-za-municija/ Wed, 27 Apr 2022 05:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=494036

Серија експлозии се слушнале рано утрово во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.

Тој прецизира дека гори складиште за муниција.

Гладков рече дека нема повредени цивили во пожарот што избувна во магацинот кај селото Стараја Нелидовка.

Русија овој месец ја обвини Украина за хеликоптерски напад врз складиште за гориво во Белгород и дека гаѓала неколку села во таа покраина.

Провинцијата Белгород се граничи со украинските региони Лунаск, Суми и Харков, каде што се водат борби откако Русија ја нападна Украина пред два месеца

The post Експлозија во Белгород, гори складиште за муниција appeared first on Република.

]]>

Серија експлозии се слушнале рано утрово во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков. Тој прецизира дека гори складиште за муниција. Гладков рече дека нема повредени цивили во пожарот што избувна во магацинот кај селото Стараја Нелидовка. Русија овој месец ја обвини Украина за хеликоптерски напад врз складиште за гориво во Белгород и дека гаѓала неколку села во таа покраина. Провинцијата Белгород се граничи со украинските региони Лунаск, Суми и Харков, каде што се водат борби откако Русија ја нападна Украина пред два месеца

The post Експлозија во Белгород, гори складиште за муниција appeared first on Република.

]]>
Необично движење на авиони и украинско гранатирање во рускиот град Белгород https://republika.mk/vesti/svet/neobichno-dvizenje-na-avioni-i-ukrainsko-granatiranje-vo-ruskiot-grad-belgorod/ Fri, 15 Apr 2022 12:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=488982

Авиони извршија интересна воздушна рута на небото над регионот Прохоров во рускиот град Белгород.

Станува збор за за област за која Русите соопштија дека била нападната од украинските сили.

Повеќе од 20 згради и едно училиште се оштетени во украинското гранатирање на рускиот град Белгород - соопштија регионалните власти, пренесе агенцијата „Тасс“.

The post Необично движење на авиони и украинско гранатирање во рускиот град Белгород appeared first on Република.

]]>

Авиони извршија интересна воздушна рута на небото над регионот Прохоров во рускиот град Белгород. Станува збор за за област за која Русите соопштија дека била нападната од украинските сили.
Повеќе од 20 згради и едно училиште се оштетени во украинското гранатирање на рускиот град Белгород - соопштија регионалните власти, пренесе агенцијата „Тасс“.

The post Необично движење на авиони и украинско гранатирање во рускиот град Белгород appeared first on Република.

]]>
Украина со ракета гаѓала село во Русија: Тројца повредени, уништени зграда и осум куќи https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-so-raketa-gagjala-selo-vo-rusija-trojca-povredeni-unishteni-zgrada-i-osum-kukji/ Wed, 23 Mar 2022 21:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=477385

Украински сили истрелале ракета кон местото Белгород во Русија, кое се наоѓа на осумдесеттина километри од Харков.

Градоначалникот на Белгород, Вјачеслав Гладков, соопшти дека проектилот што експлодирал во селото бил испукан од правец на Украина и дека во нападот има жртви на кои им се помага.

Според првичните информации, повредени се двајца руски државјани и едно седумгодишно дете.

Во нападот е уништена една станбена зграда, осум куќи и еден автомобил.

На социјалните мрежи се појави и видео кое, наводно, го прикажува нападот врз Белгород.

https://www.youtube.com/watch?v=5bqbpnwyEfU&t=1s

The post Украина со ракета гаѓала село во Русија: Тројца повредени, уништени зграда и осум куќи appeared first on Република.

]]>

Украински сили истрелале ракета кон местото Белгород во Русија, кое се наоѓа на осумдесеттина километри од Харков. Градоначалникот на Белгород, Вјачеслав Гладков, соопшти дека проектилот што експлодирал во селото бил испукан од правец на Украина и дека во нападот има жртви на кои им се помага. Според првичните информации, повредени се двајца руски државјани и едно седумгодишно дете. Во нападот е уништена една станбена зграда, осум куќи и еден автомобил. На социјалните мрежи се појави и видео кое, наводно, го прикажува нападот врз Белгород. https://www.youtube.com/watch?v=5bqbpnwyEfU&t=1s

The post Украина со ракета гаѓала село во Русија: Тројца повредени, уништени зграда и осум куќи appeared first on Република.

]]>