азов Archives - Република https://republika.mk/tema/azov/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 09:43:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png азов Archives - Република https://republika.mk/tema/azov/ 32 32 Се заколна дека веќе нема да се бори: Командант на „Азов“ загинал во борбите со руските сили https://republika.mk/vesti/svet/se-zakolna-deka-veke-nema-da-se-bori-komandant-na-azov-zaginal-vo-borbite-so-ruskite-sili/ Thu, 16 May 2024 18:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=778475

Во близина на селото Диброво, припадниците на рускике воени сили го елиминирале командантот на минофрлачката батерија на баталјонот „Азов“, Андреј Плитус.

Според воените дописници, Плитус е еден од оние припадници на ултранационалистичкиот украински баталјон кои се предадоа во март 2022 година во индустрискиот комбинат „Азовстал“ во Мариупол. Тој потпишал документи според кои во иднина нема да учествува во воените дејствија против Руската Федерација, по што, во мај 2023 година, тој беше разменет за заробени руски војници.

Сепак, по враќањето во Украина, Плитус повторно отишол на фронтот, каде што загинал при борбите Сребрјанската шума во областа Краснолиман.

The post Се заколна дека веќе нема да се бори: Командант на „Азов“ загинал во борбите со руските сили appeared first on Република.

]]>

Во близина на селото Диброво, припадниците на рускике воени сили го елиминирале командантот на минофрлачката батерија на баталјонот „Азов“, Андреј Плитус. Според воените дописници, Плитус е еден од оние припадници на ултранационалистичкиот украински баталјон кои се предадоа во март 2022 година во индустрискиот комбинат „Азовстал“ во Мариупол. Тој потпишал документи според кои во иднина нема да учествува во воените дејствија против Руската Федерација, по што, во мај 2023 година, тој беше разменет за заробени руски војници. Сепак, по враќањето во Украина, Плитус повторно отишол на фронтот, каде што загинал при борбите Сребрјанската шума во областа Краснолиман.

The post Се заколна дека веќе нема да се бори: Командант на „Азов“ загинал во борбите со руските сили appeared first on Република.

]]>
Германски весник: Украински екстремисти од неонацистичкиот „Азов“ слободно оперираат во Германија https://republika.mk/vesti/svet/germanski-vesnik-ukrainski-ekstremisti-od-neonatsistichkiot-azov-slobodno-operiraat-vo-germanija/ Sun, 25 Feb 2024 08:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=747927

Во срцето на Магдебург демне сенката на украинската неонацистичка организација „Центурија“, тесно поврзана со озлогласениот баталјон „Азов“, пишува берлинскиот дневен весник „Јунге велт“.

Според изданието, во текот на изминатите шест месеци, групата отворено организирала протести, собирала регрути, јавно искажувала расен гнев и собирала финансиски средства, сето тоа под рамнодушниот поглед на Министерството за внатрешни работи на Саксонија-Анхалт, под каде соопштиле дека „немаат увид“ во таквите операции.

Додека Германија е обединета против крајната десница, иронијата е опиплива. Овде сме сведоци на толериран десничарски екстремизам, роден од украинските конфликтни зони, кој наоѓа засолниште на германска почва. Се поставува прашањето: како една нација која се бори против домашниот екстремизам може да ги затвори очите пред увозот на такви идеологии?, пишува германскиот весник.

The post Германски весник: Украински екстремисти од неонацистичкиот „Азов“ слободно оперираат во Германија appeared first on Република.

]]>

Во срцето на Магдебург демне сенката на украинската неонацистичка организација „Центурија“, тесно поврзана со озлогласениот баталјон „Азов“, пишува берлинскиот дневен весник „Јунге велт“. Според изданието, во текот на изминатите шест месеци, групата отворено организирала протести, собирала регрути, јавно искажувала расен гнев и собирала финансиски средства, сето тоа под рамнодушниот поглед на Министерството за внатрешни работи на Саксонија-Анхалт, под каде соопштиле дека „немаат увид“ во таквите операции.
Додека Германија е обединета против крајната десница, иронијата е опиплива. Овде сме сведоци на толериран десничарски екстремизам, роден од украинските конфликтни зони, кој наоѓа засолниште на германска почва. Се поставува прашањето: како една нација која се бори против домашниот екстремизам може да ги затвори очите пред увозот на такви идеологии?, пишува германскиот весник.

The post Германски весник: Украински екстремисти од неонацистичкиот „Азов“ слободно оперираат во Германија appeared first on Република.

]]>
Почина командантот на Азов, во јавноста не се откриваат детали https://republika.mk/vesti/svet/pochina-komandantot-na-azov-vo-javnosta-ne-se-otkrivaat-detali/ Thu, 23 Feb 2023 08:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=612188

Командантот на првиот баталјон на украинската единица „Азов“, Олех Мудрак почина по шест месеци во руско заробеништво и преживена експлозија во логорот Оленивка, потврди преку „Инстаграм“ неговиот братучед Данило, но не ја откри причината за смртта.

Мудрак беше ослободен од руско заробеништво во септември минатата година.

„Украинска правда“ потсетува дека Мудрак се биреше во Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки борби за челичарницата „Азовстал“ по почетокот на руската воена операција во Украина. Руските сили го фатија откако украинските сили се предадоа во Азовстал, а во септември беше вратен во Украина како дел од размена на затвореници.

Веста за смртта на Мудрак на Твитер ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Заедно со изразите на сочувство, тој прикачи и фотографија на која се гледа Мудрак пред и по руското заробеништво.

The post Почина командантот на Азов, во јавноста не се откриваат детали appeared first on Република.

]]>

Командантот на првиот баталјон на украинската единица „Азов“, Олех Мудрак почина по шест месеци во руско заробеништво и преживена експлозија во логорот Оленивка, потврди преку „Инстаграм“ неговиот братучед Данило, но не ја откри причината за смртта. Мудрак беше ослободен од руско заробеништво во септември минатата година. „Украинска правда“ потсетува дека Мудрак се биреше во Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки борби за челичарницата „Азовстал“ по почетокот на руската воена операција во Украина. Руските сили го фатија откако украинските сили се предадоа во Азовстал, а во септември беше вратен во Украина како дел од размена на затвореници. Веста за смртта на Мудрак на Твитер ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Заедно со изразите на сочувство, тој прикачи и фотографија на која се гледа Мудрак пред и по руското заробеништво.

The post Почина командантот на Азов, во јавноста не се откриваат детали appeared first on Република.

]]>
Рускиот Врховен суд го прогласи баталјонот Азов за терористичка група https://republika.mk/vesti/svet/ruskiot-vrhoven-sud-go-proglasi-bataljonot-azov-za-teroristichka-grupa/ Tue, 02 Aug 2022 15:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=536187

Рускиот Врховен суд го нарече украинскиот баталјон Азов – терористичка група, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во Судот.

Баталјонот Азов, група со екстремно десничарски и ултранационалистички корени, долго време е една од најистакнатите воени групи во борбата против Русија во источна Украина, наведуваат западни медиуми. Русија долго време се повикува на тој баталјон во своите тврдења дека со Украина управуваат „фашисти“.

Руската државна пропаганда ги спореди „Азовците“ со нацистите.

Базата на баталјонот претходно беше во источниот украински град Мариупол, па голем број членови беа однесени во Русија откако тој град падна под контрола на Москва во мај, по речиси тримесечна опсада.

Официјални лица на самопрогласената Доњецка Народна Република, каде е тој град, во мај објавија дека заробените украински борци ќе бидат осудени на смрт, според законите на самопрогласената република.

Русија не спроведува смртна казна, но откако беше исфрлена од Советот на Европа во февруари, поранешниот руски претседател, а денес заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитри Медведев, изјави дека тоа е добра можност да се врати таа казна.

The post Рускиот Врховен суд го прогласи баталјонот Азов за терористичка група appeared first on Република.

]]>

Рускиот Врховен суд го нарече украинскиот баталјон Азов – терористичка група, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во Судот. Баталјонот Азов, група со екстремно десничарски и ултранационалистички корени, долго време е една од најистакнатите воени групи во борбата против Русија во источна Украина, наведуваат западни медиуми. Русија долго време се повикува на тој баталјон во своите тврдења дека со Украина управуваат „фашисти“.
Руската државна пропаганда ги спореди „Азовците“ со нацистите. Базата на баталјонот претходно беше во источниот украински град Мариупол, па голем број членови беа однесени во Русија откако тој град падна под контрола на Москва во мај, по речиси тримесечна опсада. Официјални лица на самопрогласената Доњецка Народна Република, каде е тој град, во мај објавија дека заробените украински борци ќе бидат осудени на смрт, според законите на самопрогласената република. Русија не спроведува смртна казна, но откако беше исфрлена од Советот на Европа во февруари, поранешниот руски претседател, а денес заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитри Медведев, изјави дека тоа е добра можност да се врати таа казна.

The post Рускиот Врховен суд го прогласи баталјонот Азов за терористичка група appeared first on Република.

]]>
ОН сака да испрати инспекција на местото на масакрот на воените заробеници од Азов https://republika.mk/vesti/svet/on-saka-da-isprati-inspekcija-na-mestoto-na-masakrot-na-voenite-zarobenici-od-azov/ Sat, 30 Jul 2022 20:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=535214

Портпаролот на ОН потврди дека организацијата е подготвена да испрати група експерти за да го истражат вчерашното гранатирање на затворот во селото Оленивка, во област контролирана од проруските сепаратисти.

Според руската страна, во тој напад биле убиени 53 украински воени заробеници. Меѓу нив има и членови на Азовскиот полк, кои беа заробени од Русите по падот на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

ОН соопштија дека се подготвени да испратат експерти за да го истражат нападот, но само доколку претходно добијат согласност од украинската и руската страна.

Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен вчера ѝ изразил сочувство на Украина за смртта на воените заробеници во телефонски разговор со неговиот украински колега, соопшти американскиот Стејт департмент.

The post ОН сака да испрати инспекција на местото на масакрот на воените заробеници од Азов appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на ОН потврди дека организацијата е подготвена да испрати група експерти за да го истражат вчерашното гранатирање на затворот во селото Оленивка, во област контролирана од проруските сепаратисти.

Според руската страна, во тој напад биле убиени 53 украински воени заробеници. Меѓу нив има и членови на Азовскиот полк, кои беа заробени од Русите по падот на фабриката за челик Азовстал во Мариупол. ОН соопштија дека се подготвени да испратат експерти за да го истражат нападот, но само доколку претходно добијат согласност од украинската и руската страна. Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен вчера ѝ изразил сочувство на Украина за смртта на воените заробеници во телефонски разговор со неговиот украински колега, соопшти американскиот Стејт департмент.

The post ОН сака да испрати инспекција на местото на масакрот на воените заробеници од Азов appeared first on Република.

]]>
Во „Азовстал“ пронајдено минирано комбе полно со тела на милитанти од „Азов“ https://republika.mk/vesti/svet/vo-azovstal-pronajdeno-minirano-kombe-polno-so-tela-na-militanti-od-azov/ Tue, 31 May 2022 14:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=509210

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија во подземјите простории на индустрискиот комплекс „Азовстал“ во Мариупол пронашла комбе со тела на украински милитанти, под кое имало поставено четири мини. Забележано е дека во комбето имало 152 тела.

Министерството за одбрана нагласи дека врз основа на резултатите од сослушувањето на заробените милитанти од баталјонот „Азов“, биле добиени информации дека телата на загинатите биле минирани по директна наредба на режимот во Киев и лично украинскиот лидер Володимир Зеленски, со цел да се обвини Русија за намерно уништување на смртните останки и спречување на нивното предавање на роднините.

Руското Министерство за одбрана додава дека во блиска иднина телата на украинските милитанти и војници пронајдени во „Азовстал“ ќе им бидат предадени на претставниците на Украина.

The post Во „Азовстал“ пронајдено минирано комбе полно со тела на милитанти од „Азов“ appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија во подземјите простории на индустрискиот комплекс „Азовстал“ во Мариупол пронашла комбе со тела на украински милитанти, под кое имало поставено четири мини. Забележано е дека во комбето имало 152 тела. Министерството за одбрана нагласи дека врз основа на резултатите од сослушувањето на заробените милитанти од баталјонот „Азов“, биле добиени информации дека телата на загинатите биле минирани по директна наредба на режимот во Киев и лично украинскиот лидер Володимир Зеленски, со цел да се обвини Русија за намерно уништување на смртните останки и спречување на нивното предавање на роднините. Руското Министерство за одбрана додава дека во блиска иднина телата на украинските милитанти и војници пронајдени во „Азовстал“ ќе им бидат предадени на претставниците на Украина.

The post Во „Азовстал“ пронајдено минирано комбе полно со тела на милитанти од „Азов“ appeared first on Република.

]]>
Ќе се формира суд за припадниците на баталјонот „Азов“ https://republika.mk/vesti/svet/kje-se-formira-sud-za-pripadnicite-na-bataljonot-azov/ Wed, 25 May 2022 08:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=506649

Првиот човек на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, соопшти дека Трибуналот за украинските националисти од баталјонот „Азов“ ќе опфати неколку фази судења, при што, првиот степен ќе се одржи во Мариупол.

Сметам дека не треба да го одложуваме почетокот на работата на Трибуналот. Повеќе индиректни судови мора да одржат рочишта пред главната постапка, како што беше случајот по Големата патриотска војна. Пред Нирнберг имаше трибунали во Киев и Харков, како и низа други. Според се, ќе имаме судење пред судот во Мариупол како едно од првите во серијата такви судења - порача Пушилин во видео објавено на Телеграм.

Пушилин потврди дека „неколку земји прелиминарно се согласиле да учествуваат во работата на меѓународниот трибунал“ и посочи дека кога станува збор за Повелбата на Трибуналот, таа се развива од релевантни служби, чија работа ја вклучува и руската експертска служба.

The post Ќе се формира суд за припадниците на баталјонот „Азов“ appeared first on Република.

Меѓу „Азовците“ има и Хрвати https://republika.mk/vesti/svet/megju-azovcite-ima-i-hrvati/ Mon, 23 May 2022 18:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=506114

Меѓу т.н кучиња на војната кои се борат во Украина има и Хрвати, пишуваат српските медиуми. Конкретно, 2439 Хрвати се борат во единицата „Азов“ која мораше да се предаде на руските власти.

Проценките се дека досега околу 300.000 платеници се приклучиле во војната во Украина борејќи се на двете страни.

Од земјите од регионот, платеници има и од Косово кои имаат големо искуство во војната против Србија.

The post Меѓу „Азовците“ има и Хрвати appeared first on Република.

]]>

Меѓу т.н кучиња на војната кои се борат во Украина има и Хрвати, пишуваат српските медиуми. Конкретно, 2439 Хрвати се борат во единицата „Азов“ која мораше да се предаде на руските власти. Проценките се дека досега околу 300.000 платеници се приклучиле во војната во Украина борејќи се на двете страни. Од земјите од регионот, платеници има и од Косово кои имаат големо искуство во војната против Србија.  

The post Меѓу „Азовците“ има и Хрвати appeared first on Република.

]]>
Командантот на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол https://republika.mk/vesti/svet/komandantot-na-azov-dobivme-naredba-da-prestaneme-da-go-branime-mariupol/ Fri, 20 May 2022 13:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=504829

Командантот на украинскиот полк Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците.

Цивилите се евакуирани, а на тешко ранетите им беше укажана потребната помош, па беа евакуирани, за подоцна да бидат разменети и да пристигнат на територијата што ја контролира Украина, објасни украинскиот командант.

Прокопенко рече дека процесот на извлекување на телата на борците кои загинаа бранејќи го „Азовстал“ сè уште е во тек и дека се надева дека „во блиска иднина роднините на жртвите и државата Украина ќе можат чесно да ги погребаат своите војници“.

The post Командантот на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол appeared first on Република.

Војниците од Азов однесени во руска казнена територија https://republika.mk/vesti/svet/vojnicite-od-azov-odneseni-vo-ruska-kaznena-teritorija/ Thu, 19 May 2022 08:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=504187

Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа додаде дека на 17 мај се предале 959 припадници на украинската армија, од кои 51 се на лекување, додека другите се испратени во поранешната казнена колонија во градот Оленивка, во областа Доњецк, што е под контрола на Русија.

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро

The post Војниците од Азов однесени во руска казнена територија appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа додаде дека на 17 мај се предале 959 припадници на украинската армија, од кои 51 се на лекување, додека другите се испратени во поранешната казнена колонија во градот Оленивка, во областа Доњецк, што е под контрола на Русија. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро

The post Војниците од Азов однесени во руска казнена територија appeared first on Република.

]]>
Се предадоа речиси 1.000: Веќе нема војници на Азов во Азовстал https://republika.mk/vesti/svet/se-predadoa-rechisi-1-000-vekje-nema-vojnici-na-azov-vo-azovstal/ Wed, 18 May 2022 09:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=503720

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 959 украински војници од опколената челичарница Азовстал се предале оваа недела.

– Во текот на изминатите 24 часа, 694 милитанти се предадоа, вклучително и 29 повредени, соопшти Министерството.

Во соопштението се додава дека од 16 мај се предале „959 милитанти, меѓу кои и 80 повредени

The post Се предадоа речиси 1.000: Веќе нема војници на Азов во Азовстал appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 959 украински војници од опколената челичарница Азовстал се предале оваа недела. – Во текот на изминатите 24 часа, 694 милитанти се предадоа, вклучително и 29 повредени, соопшти Министерството. Во соопштението се додава дека од 16 мај се предале „959 милитанти, меѓу кои и 80 повредени

The post Се предадоа речиси 1.000: Веќе нема војници на Азов во Азовстал appeared first on Република.

]]>
Борците од Азовстал се жалат: Светот да види во какви услови се бориме, со отворени рани и без лекови https://republika.mk/vesti/svet/borcite-od-azovstal-se-zalat-svetot-da-vidi-vo-kakvi-uslovi-se-borime-so-otvoreni-rani-i-bez-lekovi/ Wed, 11 May 2022 11:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=500980

Членовите на Азов гобјавија најнови фотографии од челичарницата Азовстал, на кои се гледаат тешките услови во кои моментално живеат, со барање до меѓународната заедница за помош, но и порака дека нема да се предадат. „

Цивилизираниот свет мора да ги види условите во кои се наоѓаат ранетите, осакатените бранители на Мариупол и да реагира! Во целосно нехигиенски услови, со отворени рани завиткани во нестерилизирани завои, без потребните лекови, па дури и храна. Ги повикуваме ОН и Црвениот крст да ја покаже хуманоста и војниците што ги гледате на фотографиите и стотици други во фабриката Азовстал ја бранеа Украина и целиот цивилизиран свет по цена на сопственото здравје и животи.

Тие прашуваат дали Украина и светската заедница сега не можат да ги заштитат и грижат за нив?“.

Нема да се предадеме, предавањето значи смрт-порачаа оттаму.

The post Борците од Азовстал се жалат: Светот да види во какви услови се бориме, со отворени рани и без лекови appeared first on Република.

Командантот на „Азов“ упатува очајнички апел за извлекување од челичарницата во Мариупол https://republika.mk/vesti/svet/komandantot-na-azov-upatuva-ochajnichki-apel-za-izvlekuvanje-od-chelicharnicata-vo-mariupol/ Mon, 09 May 2022 05:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=499630

Командантот на украинскиот националистички баталјон „Азов“, Денис Прокопенко, и неговиот заменик, Свјатослав Паламар - Калин, станаа прилично експонирани откако битките во Мариупол се сведоа на челичарницата „Азовстал“, каде што украинските сили се забарикадирани и скриени во подземните простории на индустрискиот комплекс.

Тие двајцата, честопати се обраќаа до јавноста преку видео пораки на социјалните мрежи во кои известуваа за состојбата во челичарницата и за борбите со руските сили во Мариупол.

Во последните денови и двајцата испраќаат очајнички апели до светот да се организира евакуација и извлекување на нивните војници од „Азовстал“, каде што се блокирани со резерви на храна и муниција што се при крај.

Веќе неколку дена непријателот навлегува на територијата на челичарницата. Се водат тешки, крвави битки. Му благодарам на целиот свет за големата поддршка на борците од Мариупол. Ситуацијата е исклучително тешка - вели Прокопенко во својата последна видео порака.

Со оглед на тоа дека руската армија истовремено го бомбардира Азовстал, заедно со силите од Донбас и чеченските борци, коишто, според последните извештаи, успеале да навлезат во областа на големата фабрика за челик, ако не и во обемната мрежа од подземни тунели каде што се кријат војниците на Прокопенко, ова обраќање може да биде неговата последна порака.

Да потсетиме, руските сили продолжија со насилните напади врз Азовстал веднаш откако неколку стотици цивили беа евакуирани со хуманитарни конвои.

https://republika.mk/vesti/svet/se-oglasi-soprugata-na-komandantot-na-azov-razgovaravme-zvucheshe-kako-da-se-zboguva-so-mene/

The post Командантот на „Азов“ упатува очајнички апел за извлекување од челичарницата во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Командантот на украинскиот националистички баталјон „Азов“, Денис Прокопенко, и неговиот заменик, Свјатослав Паламар - Калин, станаа прилично експонирани откако битките во Мариупол се сведоа на челичарницата „Азовстал“, каде што украинските сили се забарикадирани и скриени во подземните простории на индустрискиот комплекс. Тие двајцата, честопати се обраќаа до јавноста преку видео пораки на социјалните мрежи во кои известуваа за состојбата во челичарницата и за борбите со руските сили во Мариупол. Во последните денови и двајцата испраќаат очајнички апели до светот да се организира евакуација и извлекување на нивните војници од „Азовстал“, каде што се блокирани со резерви на храна и муниција што се при крај.
Веќе неколку дена непријателот навлегува на територијата на челичарницата. Се водат тешки, крвави битки. Му благодарам на целиот свет за големата поддршка на борците од Мариупол. Ситуацијата е исклучително тешка - вели Прокопенко во својата последна видео порака.
Со оглед на тоа дека руската армија истовремено го бомбардира Азовстал, заедно со силите од Донбас и чеченските борци, коишто, според последните извештаи, успеале да навлезат во областа на големата фабрика за челик, ако не и во обемната мрежа од подземни тунели каде што се кријат војниците на Прокопенко, ова обраќање може да биде неговата последна порака. Да потсетиме, руските сили продолжија со насилните напади врз Азовстал веднаш откако неколку стотици цивили беа евакуирани со хуманитарни конвои. https://republika.mk/vesti/svet/se-oglasi-soprugata-na-komandantot-na-azov-razgovaravme-zvucheshe-kako-da-se-zboguva-so-mene/

The post Командантот на „Азов“ упатува очајнички апел за извлекување од челичарницата во Мариупол appeared first on Република.

]]>
Припадници на полкот Азов: Нашето предавање би било подарок за непријателот https://republika.mk/vesti/svet/pripadnici-na-polkot-azov-nasheto-predavanje-bi-bilo-podarok-za-neprijatelot/ Sun, 08 May 2022 13:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=499496

Припадниците на полкот Азов, кои се наоѓаат во челичарницата „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, денеска одржаа онлајн прес-конференција.

На јавноста преку Јутјуб и се обратија заменик-командантот на Азов, Свјатослав Паламар и поручникот Илија Самоленко.

Паламар изјави дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и се обидуваат да ја освојат. Тој додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од „Азовстал“.

Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето е неприфатливо за нас. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да се биде заробен, за мене значи мртов, истакна поручникот Илија Самоленко.

Ние се бориме против агресорите, непријателот кој носи терор во Украина, против нивното варварство, додаде Самоленко.

Заменик командантот на Азов, Свјатослав Паламар нагласи дека украинските војници во „Азовстал“ ќе се борат додека се живи.

Ќе продолжиме да се бориме додека сме живи за да се спротивставиме на руските окупатори, истакна Паламар, повикувајќи на итна евакуација на ранетите соборци: „Немаме многу време, Русите интензивно гранатираат“

The post Припадници на полкот Азов: Нашето предавање би било подарок за непријателот appeared first on Република.

]]>

Припадниците на полкот Азов, кои се наоѓаат во челичарницата „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, денеска одржаа онлајн прес-конференција. На јавноста преку Јутјуб и се обратија заменик-командантот на Азов, Свјатослав Паламар и поручникот Илија Самоленко. Паламар изјави дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и се обидуваат да ја освојат. Тој додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од „Азовстал“.
Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето е неприфатливо за нас. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да се биде заробен, за мене значи мртов, истакна поручникот Илија Самоленко. Ние се бориме против агресорите, непријателот кој носи терор во Украина, против нивното варварство, додаде Самоленко.
Заменик командантот на Азов, Свјатослав Паламар нагласи дека украинските војници во „Азовстал“ ќе се борат додека се живи.
Ќе продолжиме да се бориме додека сме живи за да се спротивставиме на руските окупатори, истакна Паламар, повикувајќи на итна евакуација на ранетите соборци: „Немаме многу време, Русите интензивно гранатираат“

The post Припадници на полкот Азов: Нашето предавање би било подарок за непријателот appeared first on Република.

]]>
Се огласи сопругата на командантот на „Азов“: Разговаравме, звучеше како да се збогува со мене https://republika.mk/vesti/svet/se-oglasi-soprugata-na-komandantot-na-azov-razgovaravme-zvucheshe-kako-da-se-zboguva-so-mene/ Fri, 06 May 2022 13:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=498626

Украинските борци и припадниците на неонацистичкиот баталјон „Азов“, кои се скриени во подземните тунели под фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол одбиваат да се предадат и покрај жестоките руски напади, пишува „Скај Њуз“.

Од британскиот медиум додаваат дека борбите во последното упориште на украинските сили во разурнатиот град се интензивираат.

Нема да се откажат. Се надеваат на чудо - за „Скај њуз“ телефонски изјавила Катарина Прокопенко, сопругата на командантот на „Азов“, Денис Прокопенко, кој се наоѓа во „Азовстал“.

Таа вели дека се слушнала со него на телефон, како и дека сопругот и рекол дека ќе ја сака засекогаш.

Јас надвор од себе поради тоа што ми го кажа. Звучеше како да се збогува со мене - вели Прокопенко.

Според проценките, во тунелите под „Азовстал“ се уште има скриено околу 2.000 украински борци.

https://republika.mk/vesti/svet/britanski-razuznavachi-objasnuvaat-zoshto-rusite-tolku-mnogu-go-napagjaat-azovstal/

The post Се огласи сопругата на командантот на „Азов“: Разговаравме, звучеше како да се збогува со мене appeared first on Република.

]]>

Украинските борци и припадниците на неонацистичкиот баталјон „Азов“, кои се скриени во подземните тунели под фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол одбиваат да се предадат и покрај жестоките руски напади, пишува „Скај Њуз“. Од британскиот медиум додаваат дека борбите во последното упориште на украинските сили во разурнатиот град се интензивираат.
Нема да се откажат. Се надеваат на чудо - за „Скај њуз“ телефонски изјавила Катарина Прокопенко, сопругата на командантот на „Азов“, Денис Прокопенко, кој се наоѓа во „Азовстал“.
Таа вели дека се слушнала со него на телефон, како и дека сопругот и рекол дека ќе ја сака засекогаш.
Јас надвор од себе поради тоа што ми го кажа. Звучеше како да се збогува со мене - вели Прокопенко.
Според проценките, во тунелите под „Азовстал“ се уште има скриено околу 2.000 украински борци. https://republika.mk/vesti/svet/britanski-razuznavachi-objasnuvaat-zoshto-rusite-tolku-mnogu-go-napagjaat-azovstal/

The post Се огласи сопругата на командантот на „Азов“: Разговаравме, звучеше како да се збогува со мене appeared first on Република.

]]>
„Под тежок оган сме“ – „Азов“ објави нова снимка од руско гранатирање https://republika.mk/vesti/svet/pod-tezok-ogan-sme-azov-objavi-nova-snimka-od-rusko-granatiranje/ Thu, 05 May 2022 18:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=498230

Полкот „Азов“, чии членови се меѓу преостанатите бранители на фабриката за челик „Азовстал“ во разурнатиот Мариупол, објави ново воздушно видео од руски напад.

„Нападот на ‘Азовстал’ продолжува. Бранителите ја држат челичарницата под тежок оган. Непријателот користи авиони, артилерија и пешадија“, објавија припадниците на полкот на „Телеграм“.

Претходно, се огласи и заменик командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар, кој тврдеше дека Русите го прекршиле примирјето. Тој рече и дека не била дозволена евакуација на цивили.

„Трет ден откако непријателот влезе во фабриката ‘Азовстал’, каде што продолжуваат тешките, крвави борби. Русите повторно ги прекршија ветувањата за прекин на огнот и не дозволија евакуација на цивили кои и натаму се кријат од гранатирањето во подрумите на фабриката. Нашиот непријател не ги почитува етичките норми, конвенции и закони“, рече Паламар.

The post „Под тежок оган сме“ – „Азов“ објави нова снимка од руско гранатирање appeared first on Република.

Заменик-командантот на „Азов“ од подземните бункери во челичарницата: Ако останеме без храна ќе ловиме птици https://republika.mk/vesti/svet/zamenik-komandantot-na-azov-od-podzemnite-bunkeri-vo-chelicharnicata-ako-ostaneme-bez-hrana-kje-lovime-ptici/ Tue, 03 May 2022 17:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=496901

Заменик-командантот на националистичкиот батаљон „Азов“, Свјатослав Паламар, кој е дел од украинските сили скриени во индустрискиот комплекс „Азовстал“, вели дека руските сили „постојано“ вршат бомбардирање во фабриката за челик во Мариупол.

Не напаѓаат без престан. Тенкови, артилерија, воздушни напади на секои три до пет минути - вели Паламар.

Паламар наведува дека храната и водата во фабриката за челик се при крај.

Не можам со сигурност да ви кажам уште колку дена имаме залиха, но можам да ви кажам дека штедиме многу, и вода и храна и муниција. Ако се случи најлошото и останеме без храна, ќе ловиме птици. Подготвени сме на се - вели Паламар.

Тпј тврди дека не се точни информациите на руските сили дека се на работ од челичарниоцата и дека спроведуваат акција на чистење „чекор по чекор“.

Во моментов целиот погон е под наша контрола. Нашата одбрана е поставена по периметарот на челичарницата и се држиме - вели Паламар.

The post Заменик-командантот на „Азов“ од подземните бункери во челичарницата: Ако останеме без храна ќе ловиме птици appeared first on Република.

Путин ги повика војниците на Азов: Оставете го оружјете, гарантирам за вашите животи https://republika.mk/vesti/svet/putin-gi-povika-vojnicite-na-azov-ostavete-go-oruzjete-garantiram-za-vashite-zivoti/ Tue, 26 Apr 2022 15:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=493902

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Мариупол е ослободен и нема повеќе борби, а притоа ги повика борците на Азов и маринците да се предадат.

Огромната фабрика за челик „Азовстал“ е последната локација која е контролирана од воените сили на Украина во Мариупол.

Путин му кажа на Реџеп Таип Ердоган дека Киев треба да преземе одговорност за војниците во фабриката, при што ги повика војниците да се предадат.

На сите воени затвореници им гарантираме за животот, медицинската нега и третман во согласност со меѓународните стандарди - кажа Путин.

The post Путин ги повика војниците на Азов: Оставете го оружјете, гарантирам за вашите животи appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Мариупол е ослободен и нема повеќе борби, а притоа ги повика борците на Азов и маринците да се предадат. Огромната фабрика за челик „Азовстал“ е последната локација која е контролирана од воените сили на Украина во Мариупол. Путин му кажа на Реџеп Таип Ердоган дека Киев треба да преземе одговорност за војниците во фабриката, при што ги повика војниците да се предадат.
На сите воени затвореници им гарантираме за животот, медицинската нега и третман во согласност со меѓународните стандарди - кажа Путин.

The post Путин ги повика војниците на Азов: Оставете го оружјете, гарантирам за вашите животи appeared first on Република.

]]>
Борците на „Азов“ во фабриката „Азовстал“ живи се распаѓаат (вознемирувачко видео) https://republika.mk/vesti/svet/borcite-na-azov-vo-fabrikata-azovstal-zivi-se-raspagjaat-voznemiruvachko-video/ Sat, 23 Apr 2022 12:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=492679

Командант на баталјонот „Восток“ на воените сили на Доњецката Народна Република, Александар Ходаковски, објави дека украинските сили, припадниците на неонацистичкиот баталјон „Азов“ и странските платеници кои се кријат во индустрискиот комплекс „Азовстал“ се целосно опкружени и во сериозни тешкотии.

Украинските нацисти затворени во „Азовстал“ имаат само еден скромен извор на вода и голем број ранети. Сега ја обезбедуваме зоната на контрола, ја поткопуваме линијата на контакт онаму каде што е потребни, ги повлекуваме армиските единици во други правци и оставаме доволно сили да го држиме непријателот под притисок од сите страни - вели Ходаковски на својот канал на Телеграм.

Истовремено, за тешката ситуација во која се наоѓаат припадниците на баталјонот „Азов“ сведочи и вознемирувачко видео, објавени на социјалните мрежи, на кое се гледа состојбата на ранетите во „Азовстал“, чии рани буквално се распаѓаат.

The post Борците на „Азов“ во фабриката „Азовстал“ живи се распаѓаат (вознемирувачко видео) appeared first on Република.

Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал https://republika.mk/vesti/svet/borcite-poddrzani-od-rusija-napagjaat-vo-oblasta-kade-shto-se-krijat-poslednite-ukrainski-braniteli-na-mariupol-fabrichkiot-kompleks-azovstal/ Tue, 19 Apr 2022 20:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=490733

Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал, железарницата и челичарницата, изјави промосковскиот функционер Едуард Баршурин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк.

Тој исто така рече дека руските борбени авиони и артилерија им помагаат на јуришните трупи.

Стратешкиот јужен пристанишен град е под опсада на руските војници од почетокот на март.

Руските сили силно ја бомбардираат областа, а исто така гранатираат и станбени области во друг дел од градот, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол.

Украинските власти соопштија дека има илјада цивили во фабричкиот комплекс Азовстал кои се засолниле во бункери и тунели на тоа место, но Баршурин тоа го негираше.

Москва вели дека поголемиот дел од градот е под руска контрола. Доколку падне целиот град, стратешки тоа би било многу важно за Русија која на тој начин може да добие контрола врз огромен дел од јужна и источна Украина.

Русија ги повика украинските војници кои го бранат градот да се предадат.

The post Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал appeared first on Република.

]]>

Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал, железарницата и челичарницата, изјави промосковскиот функционер Едуард Баршурин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк. Тој исто така рече дека руските борбени авиони и артилерија им помагаат на јуришните трупи. Стратешкиот јужен пристанишен град е под опсада на руските војници од почетокот на март.
Руските сили силно ја бомбардираат областа, а исто така гранатираат и станбени области во друг дел од градот, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол.
Украинските власти соопштија дека има илјада цивили во фабричкиот комплекс Азовстал кои се засолниле во бункери и тунели на тоа место, но Баршурин тоа го негираше. Москва вели дека поголемиот дел од градот е под руска контрола. Доколку падне целиот град, стратешки тоа би било многу важно за Русија која на тој начин може да добие контрола врз огромен дел од јужна и источна Украина. Русија ги повика украинските војници кои го бранат градот да се предадат.

The post Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал appeared first on Република.

]]>