астрономија Archives - Република https://republika.mk/tema/astronomija/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Aug 2024 14:16:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png астрономија Archives - Република https://republika.mk/tema/astronomija/ 32 32 Пронајден можен извор на сигналот „Вау“, „пораката од вонземјани“ што ги збунува астрономите скоро половина век https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pronajden-mozhen-izvor-na-signalot-vau-porakata-od-vonzemjani-shto-gi-zbunuva-astronomite-skoro-polovina-vek/ Sun, 25 Aug 2024 18:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=810039

Група научници од Универзитетот на Порторико во градот Аресибо, се чини, се сѐ поблиску до решавање на мистеријата за сигналот „Вау“, регистриран пред 47 години. Овој феномен се сметаше за можна „порака“ од вонземјани.

Новата теорија е објавена на порталот за нерецензирани научни публикации „Арксив“, пренесува српскиот портал „Политика“.

На 15 август 1977 година, американскиот астроном Џери Ејман од Државниот универзитет во Охајо снимил мистериозен радиопренос од Вселената, на фреквенција од 1.420 мегахерци. Сигналот дошол од соѕвездието Стрелец во центарот на нашата галаксија Млечен Пат.

Воодушевен од откритието, истражувачот ја означил примената порака со извикот „Вау!“ (Wow!).

Тоа и останало како неофицијално име на тој необичен сигнал.

Најновото истражување посочува дека мистериозниот сигнал би можел да биде зрачење на супермоќен ласер. Тоа веројатно е поврзано со меѓуѕвездени облаци од ладен водород. Најсилниот излив на зрачење што минува низ водород го поттикнува тој гас да создаде моќен пулс на фреквенција од околу 1.420 мегахерци.

The post Пронајден можен извор на сигналот „Вау“, „пораката од вонземјани“ што ги збунува астрономите скоро половина век appeared first on Република.

]]>

Група научници од Универзитетот на Порторико во градот Аресибо, се чини, се сѐ поблиску до решавање на мистеријата за сигналот „Вау“, регистриран пред 47 години. Овој феномен се сметаше за можна „порака“ од вонземјани. Новата теорија е објавена на порталот за нерецензирани научни публикации „Арксив“, пренесува српскиот портал „Политика“. На 15 август 1977 година, американскиот астроном Џери Ејман од Државниот универзитет во Охајо снимил мистериозен радиопренос од Вселената, на фреквенција од 1.420 мегахерци. Сигналот дошол од соѕвездието Стрелец во центарот на нашата галаксија Млечен Пат. Воодушевен од откритието, истражувачот ја означил примената порака со извикот „Вау!“ (Wow!). Тоа и останало како неофицијално име на тој необичен сигнал. Најновото истражување посочува дека мистериозниот сигнал би можел да биде зрачење на супермоќен ласер. Тоа веројатно е поврзано со меѓуѕвездени облаци од ладен водород. Најсилниот излив на зрачење што минува низ водород го поттикнува тој гас да создаде моќен пулс на фреквенција од околу 1.420 мегахерци.

The post Пронајден можен извор на сигналот „Вау“, „пораката од вонземјани“ што ги збунува астрономите скоро половина век appeared first on Република.

]]>
Европската вселенска агенција ќе изврши тест со вештачко затемнување на Сонцето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/evropskata-vselenska-agentsija-ke-izvrshi-test-so-veshtachko-zatemnuvane-na-sontseto/ Sun, 21 Apr 2024 13:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=768870

Европската вселенска агенција - ЕСА ја почна програмата „ПРОБА-3“ со што ќе се обиде да изврши тест со вештачко затемнување на Сонцето. Ова е прв ваков научен потфат во историјата.

Во рамките на оваа мисија, би требало да бидат поставени два сателити што ќе ја проучуваат Сончевата Круна, односно надворешниот слој гасови што ја опкружува нашата најблиска ѕвезда, што ќе овозможи нови научни сознанија. Најголемиот предизвик е високата прецизност што ја бара проектот, а искуството што ќе го стекне ЕСА во рамките на оваа мисија ќе се користи за идните вселенски патувања и потфати.

Сателитите се склопуваат во Белгија, од каде што ќе бидат преместени во Индија и ќе бидат испратени во Земјината Орбита во септември оваа година.

Вселенските летала „Коронаграф“ и „Окултер“ ќе бидат поставени во формација чија прецизност се мери во милиметри, а на првично меѓусебно растојание од 144 метри. Вреди да се напомене дека затемнувањето предизвикано од сателитите нема да биде видливо на Земјата.

„Окултер“ ќе лета поблиску до Сонцето и ќе го блокира дискот, фрлајќи сенка за другиот сателит, на ист начин како што Месечината фрла сенка на Земјата во природното затемнување на Сонцето. Ова ќе му овозможи на „Коронаграфот“ да ја сними Круната, што во нормални, природни околности, е невозможно, поради заслепувачката светлина од Сонцето.

Проучувањето на Сончевата Круна ќе им помогне на научниците да ги предвидат сончевите геомагнетни бури, коишто влијаат на вештачките сателити, на комуникациите и на енергетските мрежи на Земјата.

Тоа ќе ни помогне подобро да разбереме и многу други работи, како што е потеклото на сончевите ветрови. Сѐ уште има некои прашања на коишто немаме одговори, особено оние кои се однесуваат на бавните ветрови. Бавните ветрови се оние што варираат и не се хомогени и униформни. Сѐ уште не е сигурно од каде доаѓаат, вели Андреј Жуков, истражувач во Кралската опсерваторија во Белгија.

Зборот „ПРОБА“ е англиска кратенка за „Project of Onboard Autonomy“ (Проект за достапно самоуправување) и исто така значи и „обид“ на латински и некои други јазици.

The post Европската вселенска агенција ќе изврши тест со вештачко затемнување на Сонцето appeared first on Република.

]]>

Европската вселенска агенција - ЕСА ја почна програмата „ПРОБА-3“ со што ќе се обиде да изврши тест со вештачко затемнување на Сонцето. Ова е прв ваков научен потфат во историјата. Во рамките на оваа мисија, би требало да бидат поставени два сателити што ќе ја проучуваат Сончевата Круна, односно надворешниот слој гасови што ја опкружува нашата најблиска ѕвезда, што ќе овозможи нови научни сознанија. Најголемиот предизвик е високата прецизност што ја бара проектот, а искуството што ќе го стекне ЕСА во рамките на оваа мисија ќе се користи за идните вселенски патувања и потфати. Сателитите се склопуваат во Белгија, од каде што ќе бидат преместени во Индија и ќе бидат испратени во Земјината Орбита во септември оваа година. Вселенските летала „Коронаграф“ и „Окултер“ ќе бидат поставени во формација чија прецизност се мери во милиметри, а на првично меѓусебно растојание од 144 метри. Вреди да се напомене дека затемнувањето предизвикано од сателитите нема да биде видливо на Земјата. „Окултер“ ќе лета поблиску до Сонцето и ќе го блокира дискот, фрлајќи сенка за другиот сателит, на ист начин како што Месечината фрла сенка на Земјата во природното затемнување на Сонцето. Ова ќе му овозможи на „Коронаграфот“ да ја сними Круната, што во нормални, природни околности, е невозможно, поради заслепувачката светлина од Сонцето. Проучувањето на Сончевата Круна ќе им помогне на научниците да ги предвидат сончевите геомагнетни бури, коишто влијаат на вештачките сателити, на комуникациите и на енергетските мрежи на Земјата.
Тоа ќе ни помогне подобро да разбереме и многу други работи, како што е потеклото на сончевите ветрови. Сѐ уште има некои прашања на коишто немаме одговори, особено оние кои се однесуваат на бавните ветрови. Бавните ветрови се оние што варираат и не се хомогени и униформни. Сѐ уште не е сигурно од каде доаѓаат, вели Андреј Жуков, истражувач во Кралската опсерваторија во Белгија.
Зборот „ПРОБА“ е англиска кратенка за „Project of Onboard Autonomy“ (Проект за достапно самоуправување) и исто така значи и „обид“ на латински и некои други јазици.

The post Европската вселенска агенција ќе изврши тест со вештачко затемнување на Сонцето appeared first on Република.

]]>
Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/novata-godina-pochna-so-najgolemata-eksplozija-na-sontseto-od-2017-godina/ Tue, 02 Jan 2024 17:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=729075

Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година.

Причина за експлозијата е акумулација на магнетна и електрична енергија во сончевата корона, како резултат на движењето на сончевите дамки. Областа каде што се случила експлозијата била на далечната страна на Сонцето и дури денеска се појави во видното поле на Земјата. Затоа, силната експлозија е сосема неочекувана.

Експлозијата може да се окарактеризира како настан со извонредна јачина - таа е приближно двапати помоќна од претходните записи од циклусот. Одблесокот има оцена X5.0. Претходниот одблесок број 1 имаше резултат од X2.8 и се случи на 14 декември.

Серијата експлозии на Сонцето може да продолжи и во наредните денови. Фреквенцијата на блесоци и зголемувањето на нивната моќ укажуваат на постепено приближување на Сонцето до максималната активност, што може да се случи веќе во средината на 2024 година.

The post Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година appeared first on Република.

]]>

Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година. Причина за експлозијата е акумулација на магнетна и електрична енергија во сончевата корона, како резултат на движењето на сончевите дамки. Областа каде што се случила експлозијата била на далечната страна на Сонцето и дури денеска се појави во видното поле на Земјата. Затоа, силната експлозија е сосема неочекувана. Експлозијата може да се окарактеризира како настан со извонредна јачина - таа е приближно двапати помоќна од претходните записи од циклусот. Одблесокот има оцена X5.0. Претходниот одблесок број 1 имаше резултат од X2.8 и се случи на 14 декември. Серијата експлозии на Сонцето може да продолжи и во наредните денови. Фреквенцијата на блесоци и зголемувањето на нивната моќ укажуваат на постепено приближување на Сонцето до максималната активност, што може да се случи веќе во средината на 2024 година.

The post Новата година почна со најголемата експлозија на Сонцето од 2017 година appeared first on Република.

]]>
Една од најсветлите ѕвезди ќе исчезне од небото на 12 декември https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/edna-od-najsvetlite-zvezdi-ke-ischezne-od-neboto-na-12-dekemvri/ Mon, 11 Dec 2023 20:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=721906

Ѕвездата Бетелгез, црвен суперџин и вообичаено 10-та најсветла ѕвезда на ноќното небо, накратко ќе исчезне на 12 декември. Ова небесно тело во соѕвездието Орион ќе го крие астероидот 319 Леона, кој гледано од Земјата ќе помине пред него, пишува „Лајв сајенс“.

Овој настан ќе трае само 12 секунди, но астрономите се надеваат дека ќе биде доволно да се направи мапа на површината на оваа џиновска ѕвезда, која има прилично чудно однесување.

Исклучително ретко се случува една од најсветлите ѕвезди на ноќното небо да биде блокирана од астероид.

Иако астероидот е мал, ќе успее да го сокрие најголемиот дел од ѕвездата, но само ограничен број луѓе ќе можат да го видат.

Настанот ќе биде видлив само во тесен опсег во Азија, јужна Европа, јужниот дел на САД и источно Мексико.

Кога станува збор за Балканот, добар дел ќе се најде во тој тесен појас, па овој неверојатен настан ќе може да се набљудува од Грција и Албанија.

Затемнувањето на Бетелгез ќе биде видливо во 2:17 часот на 12 декември, по средноевропско време.

The post Една од најсветлите ѕвезди ќе исчезне од небото на 12 декември appeared first on Република.

]]>

Ѕвездата Бетелгез, црвен суперџин и вообичаено 10-та најсветла ѕвезда на ноќното небо, накратко ќе исчезне на 12 декември. Ова небесно тело во соѕвездието Орион ќе го крие астероидот 319 Леона, кој гледано од Земјата ќе помине пред него, пишува „Лајв сајенс“. Овој настан ќе трае само 12 секунди, но астрономите се надеваат дека ќе биде доволно да се направи мапа на површината на оваа џиновска ѕвезда, која има прилично чудно однесување. Исклучително ретко се случува една од најсветлите ѕвезди на ноќното небо да биде блокирана од астероид. Иако астероидот е мал, ќе успее да го сокрие најголемиот дел од ѕвездата, но само ограничен број луѓе ќе можат да го видат. Настанот ќе биде видлив само во тесен опсег во Азија, јужна Европа, јужниот дел на САД и источно Мексико. Кога станува збор за Балканот, добар дел ќе се најде во тој тесен појас, па овој неверојатен настан ќе може да се набљудува од Грција и Албанија. Затемнувањето на Бетелгез ќе биде видливо во 2:17 часот на 12 декември, по средноевропско време.

The post Една од најсветлите ѕвезди ќе исчезне од небото на 12 декември appeared first on Република.

]]>
Индискиот лунарен ровер испрати први податоци од Месечината: Измерена температура од 70 степени https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/indiskiot-lunaren-rover-isprati-prvi-podatotsi-od-mesechinata-izmerena-temperatura-od-70-stepeni/ Mon, 28 Aug 2023 10:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=676570

Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој слета на Месечината откако беше истоварен од вселенско летало како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испратил на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината.

Од испратените податоци може да се дозане дека е измерена температура од 70 степени Целзиусови, додека досега постоеше мислење дека таа би можело да биде меѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања.

Организацијата на платформата „Икс“ (Твитер) соопшти дека се мери температурата на горниот слој на тлото на Месечината околу јужниот пол за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот.

Како што се наведува во соопштението, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на тлото на Месечината до длабочина од 10 сантиметри.

The post Индискиот лунарен ровер испрати први податоци од Месечината: Измерена температура од 70 степени appeared first on Република.

]]>

Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој слета на Месечината откако беше истоварен од вселенско летало како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испратил на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината. Од испратените податоци може да се дозане дека е измерена температура од 70 степени Целзиусови, додека досега постоеше мислење дека таа би можело да биде меѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања. Организацијата на платформата „Икс“ (Твитер) соопшти дека се мери температурата на горниот слој на тлото на Месечината околу јужниот пол за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот. Како што се наведува во соопштението, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на тлото на Месечината до длабочина од 10 сантиметри.

The post Индискиот лунарен ровер испрати први податоци од Месечината: Измерена температура од 70 степени appeared first on Република.

]]>
НАСА објави снимка од слетување на хеликоптерот „Генијалност“ на Марс https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-objavi-snimka-od-sletuvane-na-helikopterot-genijalnost-na-mars/ Mon, 21 Aug 2023 16:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=674264

Хеликоптерот „Генијалност“ (Ingenuity) извршил уште еден пробен лет и слетување на Марс, а целиот процес го снимил роверот „Упорност“ (Perseverance). Беспилотното летало досега заврши повеќе од 50 летови иако се очекуваа најмногу пет лета.

Клучна цел на мисијата „Упорност“ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на микробиолошки живот во минатото“, соопшти НАСА.

https://twitter.com/NASAJPL/status/1692959617071173803?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1692959617071173803%7Ctwgr%5E0b3301c67dd00d206f9b4c48735edcb4f8f8c17f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmia.mk%2Fstory%2FD0BDD0B0D181D0B0-D0BED0B1D198D0B0D0B2D0B8-D181D0BDD0B8D0BCD0BAD0B0-D0BED0B4-D0BBD0B5D182-D0BDD0B0-D185D0B5D0BBD0B8D0BAD0BED0BFD182D0B5D180D0BED182-D0B3D0B5D0BDD0B8D198-D0BDD0B0-D0BCD0B0D180D181

Густината на атмосферата на Марс е само еден отсто од онаа на Земјата, што им отежнува на леталата да го направат потребното подигнување за летот. Сепак, експерименталниот хеликоптер „Генијалност“ на американската вселенска агенција НАСА е дизајниран да се крева користејќи ги своите ротори во такви уникатни услови.

Цел на истражувањата се карпите и почвата на Марс, коишто бараат „тела, супстанции и / или примероци за чие потекло е потребен биолошки агенс“. Роверот „Упорност“ неодамна го сними 54-от лет на својот хеликоптер, којшто се случил на почетокот на август. Откако кај „Генијалност“ се појави аномалија, НАСА го направи овој тест за да се увери дека системот за навигација сè уште работи без проблеми, а резултатот е позитивен.

На видеото се гледа како „Генијалност“ ги стартува своите ротори и полетува, а потоа лебди на висина од околу пет метри над површината, пред да слета. „Упорност“ го снимил тој тест од далечина од 55 метри.

The post НАСА објави снимка од слетување на хеликоптерот „Генијалност“ на Марс appeared first on Република.

]]>

Хеликоптерот „Генијалност“ (Ingenuity) извршил уште еден пробен лет и слетување на Марс, а целиот процес го снимил роверот „Упорност“ (Perseverance). Беспилотното летало досега заврши повеќе од 50 летови иако се очекуваа најмногу пет лета.
Клучна цел на мисијата „Упорност“ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на микробиолошки живот во минатото“, соопшти НАСА.
https://twitter.com/NASAJPL/status/1692959617071173803?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1692959617071173803%7Ctwgr%5E0b3301c67dd00d206f9b4c48735edcb4f8f8c17f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmia.mk%2Fstory%2FD0BDD0B0D181D0B0-D0BED0B1D198D0B0D0B2D0B8-D181D0BDD0B8D0BCD0BAD0B0-D0BED0B4-D0BBD0B5D182-D0BDD0B0-D185D0B5D0BBD0B8D0BAD0BED0BFD182D0B5D180D0BED182-D0B3D0B5D0BDD0B8D198-D0BDD0B0-D0BCD0B0D180D181 Густината на атмосферата на Марс е само еден отсто од онаа на Земјата, што им отежнува на леталата да го направат потребното подигнување за летот. Сепак, експерименталниот хеликоптер „Генијалност“ на американската вселенска агенција НАСА е дизајниран да се крева користејќи ги своите ротори во такви уникатни услови. Цел на истражувањата се карпите и почвата на Марс, коишто бараат „тела, супстанции и / или примероци за чие потекло е потребен биолошки агенс“. Роверот „Упорност“ неодамна го сними 54-от лет на својот хеликоптер, којшто се случил на почетокот на август. Откако кај „Генијалност“ се појави аномалија, НАСА го направи овој тест за да се увери дека системот за навигација сè уште работи без проблеми, а резултатот е позитивен. На видеото се гледа како „Генијалност“ ги стартува своите ротори и полетува, а потоа лебди на висина од околу пет метри над површината, пред да слета. „Упорност“ го снимил тој тест од далечина од 55 метри.

The post НАСА објави снимка од слетување на хеликоптерот „Генијалност“ на Марс appeared first on Република.

]]>
НАСА поради погрешна наредба изгубила контакт со вселенското летало „Војаџер 2“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-poradi-pogreshna-naredba-izgubila-kontakt-so-vselenskoto-letalo-vojadher-2/ Wed, 02 Aug 2023 14:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=667960

НАСА интензивно трага по каков било сигнал од вселенското летало „Војаџер 2“ откако го изгуби контактот со леталото, коешто во мигов е оддалечено милијарди километри од Земјата.

Американската вселенска агенција, за оваа своја програма, користи огромна антена наречена Комплекс за комуникација со далечната вселена, сместена во Канбера, Австралија. Пред седум дена, погрешен сигнал оттаму предизвикал антената на леталото ненамерно да се оттргне од Земјата, т.е контролорите на НАСА случајно испратиле погрешна команда

. Иако станува збор за многу мала промена, тоа е доволно за да се прекине комуникацијата со „Војаџер 2“.

Со оглед на оддалеченоста, потребни се повеќе од 18 часа сигналот да допатува од леталото до нашата планета.

„Војаџер 2“ беше лансиран 1977 година од Флорида (САД) за да ги истражува тн. надворешни планети во Сончевиот Систем, а тоа се Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Беше лансиран само неколку недели пред леталото „Војаџер 1“. Инаку, „двојката“ излезе од Сончевиот Систем и влезе во меѓуѕвездениот простор во 2018 година, по откритијата на мноштво нови месечини на Уран, и една на Јупитер.

Антената на НАСА во Канбера наредната недела ќе се обиде повторно да го пронајде „Војаџер 2“ и да ја испрати правилната команда. Ако тоа не успее, ќе треба да се почека до октомври кога леталото автоматски ќе се ресетира со надеж дека тоа повторно ќе ја воспостави комуникацијата со Земјата.

The post НАСА поради погрешна наредба изгубила контакт со вселенското летало „Војаџер 2“ appeared first on Република.

]]>

НАСА интензивно трага по каков било сигнал од вселенското летало „Војаџер 2“ откако го изгуби контактот со леталото, коешто во мигов е оддалечено милијарди километри од Земјата. Американската вселенска агенција, за оваа своја програма, користи огромна антена наречена Комплекс за комуникација со далечната вселена, сместена во Канбера, Австралија. Пред седум дена, погрешен сигнал оттаму предизвикал антената на леталото ненамерно да се оттргне од Земјата, т.е контролорите на НАСА случајно испратиле погрешна команда . Иако станува збор за многу мала промена, тоа е доволно за да се прекине комуникацијата со „Војаџер 2“. Со оглед на оддалеченоста, потребни се повеќе од 18 часа сигналот да допатува од леталото до нашата планета. „Војаџер 2“ беше лансиран 1977 година од Флорида (САД) за да ги истражува тн. надворешни планети во Сончевиот Систем, а тоа се Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Беше лансиран само неколку недели пред леталото „Војаџер 1“. Инаку, „двојката“ излезе од Сончевиот Систем и влезе во меѓуѕвездениот простор во 2018 година, по откритијата на мноштво нови месечини на Уран, и една на Јупитер. Антената на НАСА во Канбера наредната недела ќе се обиде повторно да го пронајде „Војаџер 2“ и да ја испрати правилната команда. Ако тоа не успее, ќе треба да се почека до октомври кога леталото автоматски ќе се ресетира со надеж дека тоа повторно ќе ја воспостави комуникацијата со Земјата.

The post НАСА поради погрешна наредба изгубила контакт со вселенското летало „Војаџер 2“ appeared first on Република.

]]>
НАСА вежбаше прифаќање и безбедно складирање на примероци од астероид донесени со вселенско летало https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-vezhbashe-prifakane-i-bezbedno-skladirane-na-primerotsi-od-asteroid-doneseni-so-vselensko-letalo/ Wed, 26 Jul 2023 18:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=660733

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) изведе симулација на својата прва мисија за прифаќање, пренос и безбедно складирање примероци од астероид на Земјата.

Планот е вселенското летало „Озирис-Рекс“ (OSIRIS-REx) на НАСА да испорача примероци од астероидот Бену на нашата планета на 24 септември, а тимот што треба да стигне до нив, мора да дејствува многу брзо. Имено, капсулата што ги носи примероците, ќе падне со падобран во пустината во Јута, а тимот мора да стигне таму што е можно поскоро за да се избегне контаминација од Земјата што би го расипала примерокот.

Капсулата ќе биде прикачена за хеликоптер и пренесена по воздушен пат. Токму затоа тимот на мисијата „Озирис-Рекс“ го спроведе тестот, како подготовка за она што треба да се случи за два месеца.

Леталото „Озирис-Рекс“ веќе слета на Бену пред три години и собра примерок од неговата карпеста површина, па сега е во последната етапа од своето патување назад кон Земјата. Мисијата „Озирис-Рекс“ е првиот обид на НАСА да испорача примерок земен од астероид, но Јапонската вселенска агенција - ЈАКСА веќе го направи тоа двапати за време на двете мисии „Хајабуса“.

Американското летало беше лансирано на 8 септември 2016 година, а на астероидот Бену слета во октомври 2020 година. Научниците се надеваат дека собраните примероци ќе дадат нови сознанија за улогата на астероидите во овозможувањето живот на Земјата. Можно е вселенските астероиди да донеле дел од градивата на нашата планета.

Според предвидудањата и плановите на НАСА, леталото во 2029 година има нова цел, односно треба да лета кон астероидот Апофис.

The post НАСА вежбаше прифаќање и безбедно складирање на примероци од астероид донесени со вселенско летало appeared first on Република.

]]>

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) изведе симулација на својата прва мисија за прифаќање, пренос и безбедно складирање примероци од астероид на Земјата. Планот е вселенското летало „Озирис-Рекс“ (OSIRIS-REx) на НАСА да испорача примероци од астероидот Бену на нашата планета на 24 септември, а тимот што треба да стигне до нив, мора да дејствува многу брзо. Имено, капсулата што ги носи примероците, ќе падне со падобран во пустината во Јута, а тимот мора да стигне таму што е можно поскоро за да се избегне контаминација од Земјата што би го расипала примерокот. Капсулата ќе биде прикачена за хеликоптер и пренесена по воздушен пат. Токму затоа тимот на мисијата „Озирис-Рекс“ го спроведе тестот, како подготовка за она што треба да се случи за два месеца. Леталото „Озирис-Рекс“ веќе слета на Бену пред три години и собра примерок од неговата карпеста површина, па сега е во последната етапа од своето патување назад кон Земјата. Мисијата „Озирис-Рекс“ е првиот обид на НАСА да испорача примерок земен од астероид, но Јапонската вселенска агенција - ЈАКСА веќе го направи тоа двапати за време на двете мисии „Хајабуса“. Американското летало беше лансирано на 8 септември 2016 година, а на астероидот Бену слета во октомври 2020 година. Научниците се надеваат дека собраните примероци ќе дадат нови сознанија за улогата на астероидите во овозможувањето живот на Земјата. Можно е вселенските астероиди да донеле дел од градивата на нашата планета. Според предвидудањата и плановите на НАСА, леталото во 2029 година има нова цел, односно треба да лета кон астероидот Апофис.

The post НАСА вежбаше прифаќање и безбедно складирање на примероци од астероид донесени со вселенско летало appeared first on Република.

]]>
Роверот на Марс открил органски соедниненија на „Црвената Планета“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/roverot-upornost-na-mars-otkril-organski-soedninenija-na-tsrvenata-planeta/ Fri, 14 Jul 2023 17:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=661468

Роверот „Упорност“ (Perseverance), којшто беше испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, пронашол остатоци од органски соединенија на „Црвената Планета“.

Органските молекули, како оние забележани во кратерот Језеро, содржат атоми на јаглерод и водород. Тоа се клучните компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата. Но, како што се истакнува, ова не мора да значи дека некогаш постоел живот на Марс. Овие соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини. Сепак, резултатите укажуваат на изненадувачки сложени органски услови за „клучните градива на животот“ во својот зародиш.

Ова е возбудлива трага за астробиолозите, бидејќи тие (наоди, б.п.) главно се сметаат за градивни елементи на животот. Важно е да се знае дека, исто така, тие можат да бидат создадени од процеси што не се поврзани со животот каков што го знаеме, така што органските молекули не се доказ за живот сами по себе, без дополнителни докази кои не можат да се објаснат со небиолошки, односно биотски процеси, изјави еден од авторите на истражувањето, Џозеф Разел Холис од британскиот Природонаучен музеј во Лондон.

„Упорност“ е првиот ровер што го истражува кратерот Језеро, а тоа почна во февруари 2021 година. Истражувачите веруваат дека некогаш во кратерот имало езеро, како и делта на реката што се влевала во него. Тоа е еден од најверојатните области во коишто може да има остатоци од знаци на живот на Марс. Следи дополнително истражување на молекулите и нивното потекло.

Ако овие примероци се пренесат на наше копно во лабораторија, во истражувањата може да се користат поразновидни алатки, како и поголема просторна резолуција со многу поголема специфичност и чувствителност.

 

Досега единствените карпи на Марс што можеме да ги проучуваме на Земјата беа всушност метеоритите. Пристапот до недопрените карпи на Марс, внимателно сместени, складирани и заштитени од контаминација, ќе биде од непроценливо значење за планетарнава наука, вели Разел Холис, еден од авторите на написот

Научниците велат дека ќе треба да се почека на мисијата за пренос на примероците на Земјата, наречена „Марс сампл ретурн“ (МСР), којашто би требало да биде допрва испратена оттука, и тоа најрано кон крајот на 2020-тите.

The post Роверот на Марс открил органски соедниненија на „Црвената Планета“ appeared first on Република.

]]>

Роверот „Упорност“ (Perseverance), којшто беше испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, пронашол остатоци од органски соединенија на „Црвената Планета“. Органските молекули, како оние забележани во кратерот Језеро, содржат атоми на јаглерод и водород. Тоа се клучните компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата. Но, како што се истакнува, ова не мора да значи дека некогаш постоел живот на Марс. Овие соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини. Сепак, резултатите укажуваат на изненадувачки сложени органски услови за „клучните градива на животот“ во својот зародиш.
Ова е возбудлива трага за астробиолозите, бидејќи тие (наоди, б.п.) главно се сметаат за градивни елементи на животот. Важно е да се знае дека, исто така, тие можат да бидат создадени од процеси што не се поврзани со животот каков што го знаеме, така што органските молекули не се доказ за живот сами по себе, без дополнителни докази кои не можат да се објаснат со небиолошки, односно биотски процеси, изјави еден од авторите на истражувањето, Џозеф Разел Холис од британскиот Природонаучен музеј во Лондон.
„Упорност“ е првиот ровер што го истражува кратерот Језеро, а тоа почна во февруари 2021 година. Истражувачите веруваат дека некогаш во кратерот имало езеро, како и делта на реката што се влевала во него. Тоа е еден од најверојатните области во коишто може да има остатоци од знаци на живот на Марс. Следи дополнително истражување на молекулите и нивното потекло.
Ако овие примероци се пренесат на наше копно во лабораторија, во истражувањата може да се користат поразновидни алатки, како и поголема просторна резолуција со многу поголема специфичност и чувствителност.   Досега единствените карпи на Марс што можеме да ги проучуваме на Земјата беа всушност метеоритите. Пристапот до недопрените карпи на Марс, внимателно сместени, складирани и заштитени од контаминација, ќе биде од непроценливо значење за планетарнава наука, вели Разел Холис, еден од авторите на написот
Научниците велат дека ќе треба да се почека на мисијата за пренос на примероците на Земјата, наречена „Марс сампл ретурн“ (МСР), којашто би требало да биде допрва испратена оттука, и тоа најрано кон крајот на 2020-тите.

The post Роверот на Марс открил органски соедниненија на „Црвената Планета“ appeared first on Република.

]]>
Американски научници „знаат“ која година вонземјани ќе воспостават контакт со нас https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/amerikanski-nauchnitsi-znaat-koja-godina-vonzemjani-ke-vospostavat-kontakt-so-nas/ Mon, 01 May 2023 16:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=635659

Тим научници од Универзитетот во Калифорнија верува дека вонземјаните ќе стапат во контакт со Земјата веќе во 2029 година. Пред 20 години, НАСА испрати сигнал до вселенското летало „Пионер 12“ како дел од рутинскиот протокол за испраќање податоци и воспоставување комуникации.

Сигналот стигнал до ѕвезда оддалечена 27 светлосни години од нашата планета, а истражувачите се надеваат дека бил пресретнат од вонземјани кои реагирале и го испратиле одговорот назад на Земјата, пишува „Дејли мејл“.

Ова е познатата идеја на Карл Саган, која ја искористи како тема на филмот „Контакт“, изјави астрономот Хауард Исаксон.

Филмот „Контакт“ од 1997 година е заснован на приказната на Саган, за научник кој наоѓа докази за постоење на вонземјани на планета оддалечена 26 светлосни години од Земјата и решава да воспостави контакт со испраќање сигнал.

Студијата користела сигнали испратени од Земјата до „Војаџер 1“, „Војаџер 2“, „Пионер 10“, „Пионер 11“ и „Њу Хорајзонс“, мапирајќи каде сигналите би можеле да се шират откако ќе бидат испратени во вселената. Овие вселенски летала комуницирале со радио антените на „Дип Стејшн Нетворк“ (Deep Station Network) за преземање податоци за наука и телеметрија, се вели во истражувањето објавено во списанието „Publications of the Astronomical Society“.

Мрежата на длабоки станици е меѓународен систем на радио антени на НАСА кои поддржуваат мисии на меѓупланетарни вселенски летала и неколку кои орбитираат околу Земјата. Утврдено е дека сигналите на некои од нив досега наишле на барем една ѕвезда.

Можеме да очекуваме повратен пренос најрано во 2029 година“, се вели во еден од извештаите.

Тимот пресметал кога блиските ѕвезди треба да бидат погодени во преносите, земајќи ја предвид брзината на светлината. Ова им овозможило да го одредат времето потребно за пренос до секој објект.

Интересна вежба, но веројатно нема да даде резултати“, вели Кејтлин Расмусен, астробиолог од Универзитетот во Вашингтон, која не работела на истражувањето.

Студијата била спроведена откако се појавија вести за нови неидентификувани летечки објекти и високи членови на Конгресот разговараа со шест свиркачи кои тврдат дека работеле на програми за пронаоѓање НЛО. Актот за овластување за национална одбрана (НДАА) од 2023 година, потпишан во закон од претседателот Џозеф Бајден во декември, вклучи амандман со кој се бара од Пентагон да им достави на високите сенатори доверливи извештаи за претходно неоткриени програми поврзани со неидентификувани аномални појави.

The post Американски научници „знаат“ која година вонземјани ќе воспостават контакт со нас appeared first on Република.

]]>

Тим научници од Универзитетот во Калифорнија верува дека вонземјаните ќе стапат во контакт со Земјата веќе во 2029 година. Пред 20 години, НАСА испрати сигнал до вселенското летало „Пионер 12“ како дел од рутинскиот протокол за испраќање податоци и воспоставување комуникации. Сигналот стигнал до ѕвезда оддалечена 27 светлосни години од нашата планета, а истражувачите се надеваат дека бил пресретнат од вонземјани кои реагирале и го испратиле одговорот назад на Земјата, пишува „Дејли мејл“.
Ова е познатата идеја на Карл Саган, која ја искористи како тема на филмот „Контакт“, изјави астрономот Хауард Исаксон.
Филмот „Контакт“ од 1997 година е заснован на приказната на Саган, за научник кој наоѓа докази за постоење на вонземјани на планета оддалечена 26 светлосни години од Земјата и решава да воспостави контакт со испраќање сигнал. Студијата користела сигнали испратени од Земјата до „Војаџер 1“, „Војаџер 2“, „Пионер 10“, „Пионер 11“ и „Њу Хорајзонс“, мапирајќи каде сигналите би можеле да се шират откако ќе бидат испратени во вселената. Овие вселенски летала комуницирале со радио антените на „Дип Стејшн Нетворк“ (Deep Station Network) за преземање податоци за наука и телеметрија, се вели во истражувањето објавено во списанието „Publications of the Astronomical Society“. Мрежата на длабоки станици е меѓународен систем на радио антени на НАСА кои поддржуваат мисии на меѓупланетарни вселенски летала и неколку кои орбитираат околу Земјата. Утврдено е дека сигналите на некои од нив досега наишле на барем една ѕвезда.
Можеме да очекуваме повратен пренос најрано во 2029 година“, се вели во еден од извештаите.
Тимот пресметал кога блиските ѕвезди треба да бидат погодени во преносите, земајќи ја предвид брзината на светлината. Ова им овозможило да го одредат времето потребно за пренос до секој објект.
Интересна вежба, но веројатно нема да даде резултати“, вели Кејтлин Расмусен, астробиолог од Универзитетот во Вашингтон, која не работела на истражувањето.
Студијата била спроведена откако се појавија вести за нови неидентификувани летечки објекти и високи членови на Конгресот разговараа со шест свиркачи кои тврдат дека работеле на програми за пронаоѓање НЛО. Актот за овластување за национална одбрана (НДАА) од 2023 година, потпишан во закон од претседателот Џозеф Бајден во декември, вклучи амандман со кој се бара од Пентагон да им достави на високите сенатори доверливи извештаи за претходно неоткриени програми поврзани со неидентификувани аномални појави.

The post Американски научници „знаат“ која година вонземјани ќе воспостават контакт со нас appeared first on Република.

]]>
На снимки стари 30 години откриена важна мистерија на Венера што ги интригира научниците https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-snimki-stari-30-godini-otkriena-vazhna-misterija-na-venera-shto-gi-intrigira-nauchnitsite/ Sat, 25 Mar 2023 09:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=623484

Анализата на снимки стари 30 години покажало дека Венера е геолошки жива планета.

Научниците веќе половина век се обидуваат да најдат знаци на вулкански ерупции на Венера, но нејзината густа атмосфера ги спречува набљудувањата од Земјата.

Во новото истражување, научниците успеале да најдат докази за вулканска ерупција на снимката од одамна завршена вселенска мисија. Тие виделе вулкан на Венера што го менува обликот и се шири и нешто наликува на лава во кратерот.

Изненадување по макотрпен труд

Авторите на трудот објавен во списанието „Science“  во своето резиме објаснуваат дека мисијата на НАСА „Magellan“ од 1990 до 1992 година ја снимила површината на планетата користејќи радар од орбитата на Венера. Кога ги истражувале снимките на „Magellan“ од вулкански области, тие идентификувале вулкански отвор со површина од околу 2,2 км2, кој го променил обликот во осум месеци помеѓу двете радарски снимки. Покрај тоа, тие забележале можни текови на вулканска лава во внатрешноста на кратерот.

Сепак, нема дефинитивни потврди за неговото излевање, бидејќи постои можност евидентираните формации да постоеле и претходно. Супстанцата што го пополнува отворот може да биде паѓање на карпи предизвикано од лизгање на земјиштето. Исто така, можно е формациите налик на поток да биле веќе присутни на сликите во февруари, но не можеле да се видат поради аголот на кадарот.

Мисијата „Magellan“ беше првата што ја сними целата површина на Венера пред леталото намерно да биде испратено во топлата, токсична атмосфера на планетата во 1994 година за да го собере конечниот сет на податоци.

Овие резултати ги толкуваме како потврда дека на Венера има постојана вулканска активност. Се обложувам дека имало ерупција на езеро од лава“, коментира еден од двајцата коавтори на новото истражување, Роберт Херик, планетарен научник од Универзитетот во Алјаска Фербенкс.

Херик и неговиот колега Скот Хенсли забележале вулкански отвор на огромниот вулкан Маат Монс.

Навистина не очекував успех, но по околу 200 часа рачно споредување слики од различни орбити на Magellan, видов две слики од истиот регион направени со разлика од осум месеци, кои покажуваат индикативни геолошки промени предизвикани од ерупцијата“, вели Херик за „Си-Ен-Ен“.

Тој ги снимил промените на сликите во регионот Атла, огромна планинска област каде што се наоѓаат двата најголеми вулкани на Венера, наречени Оза Монс и Маат Монс. Херик обаснува дека и двата се слични на најголемите вулкани на Земјата, но бидејќи имаат помали падини, тие се пораширени.

Резултатите ја изненадија научната заедница. Научниците и претходно имаа индиректна потврда за вулканска активност на Венера, но очекуваа дека ќе ја пронајдат дури на почетокот на 2030-тите, кога две вселенски летала со врвни радарски системи кои продираат во облак – „VERITAS“ на НАСА и „European EnVision“ – ќе стигнат до Венера.

Тоа ќе помогне да се разбере разликата помеѓу Земјата и Венера

Ова откритие има големо значење за научната заедница бидејќи може да помогне да се објасни како две планети со сличен состав и големина – Венера и Земјата – тргнале по различни патеки во нивната еволуција.

Научниците веруваат дека Венера имала и океани на својата површина во далечното минато кои исчезнале поради некоја необјаснета катаклизма. Еден од можните виновници за ваквиот развој на настаните би можеле да бидат климатските промени предизвикани од огромните вулкански ерупции.

Ако сакате да го разберете единствениот друг свет со големина на Земјата до кој некогаш ќе дојдеме, каде било во универзумот, Венера е единствениот избор што го имате“, за „Scientific American“ вели Пол Бирн, планетарен научник од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, кој не бил вклучен во новото истражување.

https://www.youtube.com/watch?v=coLjspGXMXI&embeds_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post На снимки стари 30 години откриена важна мистерија на Венера што ги интригира научниците appeared first on Република.

]]>

Анализата на снимки стари 30 години покажало дека Венера е геолошки жива планета. Научниците веќе половина век се обидуваат да најдат знаци на вулкански ерупции на Венера, но нејзината густа атмосфера ги спречува набљудувањата од Земјата. Во новото истражување, научниците успеале да најдат докази за вулканска ерупција на снимката од одамна завршена вселенска мисија. Тие виделе вулкан на Венера што го менува обликот и се шири и нешто наликува на лава во кратерот.

Изненадување по макотрпен труд

Авторите на трудот објавен во списанието „Science“  во своето резиме објаснуваат дека мисијата на НАСА „Magellan“ од 1990 до 1992 година ја снимила површината на планетата користејќи радар од орбитата на Венера. Кога ги истражувале снимките на „Magellan“ од вулкански области, тие идентификувале вулкански отвор со површина од околу 2,2 км2, кој го променил обликот во осум месеци помеѓу двете радарски снимки. Покрај тоа, тие забележале можни текови на вулканска лава во внатрешноста на кратерот. Сепак, нема дефинитивни потврди за неговото излевање, бидејќи постои можност евидентираните формации да постоеле и претходно. Супстанцата што го пополнува отворот може да биде паѓање на карпи предизвикано од лизгање на земјиштето. Исто така, можно е формациите налик на поток да биле веќе присутни на сликите во февруари, но не можеле да се видат поради аголот на кадарот. Мисијата „Magellan“ беше првата што ја сними целата површина на Венера пред леталото намерно да биде испратено во топлата, токсична атмосфера на планетата во 1994 година за да го собере конечниот сет на податоци.
Овие резултати ги толкуваме како потврда дека на Венера има постојана вулканска активност. Се обложувам дека имало ерупција на езеро од лава“, коментира еден од двајцата коавтори на новото истражување, Роберт Херик, планетарен научник од Универзитетот во Алјаска Фербенкс.
Херик и неговиот колега Скот Хенсли забележале вулкански отвор на огромниот вулкан Маат Монс.
Навистина не очекував успех, но по околу 200 часа рачно споредување слики од различни орбити на Magellan, видов две слики од истиот регион направени со разлика од осум месеци, кои покажуваат индикативни геолошки промени предизвикани од ерупцијата“, вели Херик за „Си-Ен-Ен“.
Тој ги снимил промените на сликите во регионот Атла, огромна планинска област каде што се наоѓаат двата најголеми вулкани на Венера, наречени Оза Монс и Маат Монс. Херик обаснува дека и двата се слични на најголемите вулкани на Земјата, но бидејќи имаат помали падини, тие се пораширени. Резултатите ја изненадија научната заедница. Научниците и претходно имаа индиректна потврда за вулканска активност на Венера, но очекуваа дека ќе ја пронајдат дури на почетокот на 2030-тите, кога две вселенски летала со врвни радарски системи кои продираат во облак – „VERITAS“ на НАСА и „European EnVision“ – ќе стигнат до Венера. Тоа ќе помогне да се разбере разликата помеѓу Земјата и Венера Ова откритие има големо значење за научната заедница бидејќи може да помогне да се објасни како две планети со сличен состав и големина – Венера и Земјата – тргнале по различни патеки во нивната еволуција. Научниците веруваат дека Венера имала и океани на својата површина во далечното минато кои исчезнале поради некоја необјаснета катаклизма. Еден од можните виновници за ваквиот развој на настаните би можеле да бидат климатските промени предизвикани од огромните вулкански ерупции.
Ако сакате да го разберете единствениот друг свет со големина на Земјата до кој некогаш ќе дојдеме, каде било во универзумот, Венера е единствениот избор што го имате“, за „Scientific American“ вели Пол Бирн, планетарен научник од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, кој не бил вклучен во новото истражување.
https://www.youtube.com/watch?v=coLjspGXMXI&embeds_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post На снимки стари 30 години откриена важна мистерија на Венера што ги интригира научниците appeared first on Република.

]]>
Први јасни фотографии од Марс: Роверот на НАСА снимил два необични облаци https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prvi-jasni-fotografii-od-mars-roverot-na-nasa-snimil-dva-neobichni-oblatsi/ Sat, 11 Mar 2023 08:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=618376

Роверот на НАСА ја направил првата јасна фотографија од сончевите зраци на Марс, а целата сцена наликува на морничаво бело зајдисонце на Земјата. Роверот ја снимил оваа етерична фотографија на 2 февруари, додека Сонцето заоѓа зад група мрачни облаци, осветлувајќи ги во пригушени нијанси на зелена и розова боја.

Со оглед на тоа дека овој облак се наоѓал на невообичаено голема надморска височина, научниците претпоставуваат дека облаците се составени од мраз со јаглерод диоксид; познат и како сув мраз. Повеќето од облаците на Марс се на висина до 60 километри, а се состојат од воден мраз.

Роверот исто така, снимил блескав облак во облик на столб. Овие облаци, кои ги гледаме и на Земјата, поради нивната разнобојност потсетуваат на виножито. Тие се нарекуваат „iridescent“ или облаци во бои на виножитото.

За разлика од виножитото, кое е резултат на прекршување на сончевата светлина додека минува низ големи капки вода, блескавите облаци се предизвикани од дифракција. Дифракцијата се јавува кога зрак светлина ќе наиде на пречка со слична големина на таа бранова должина на светлината, а потоа се прекршува и се наведнува околу пречката.

Кога ги гледаме транзициите на боите, всушност гледаме промена во големината на честичките во облакот. Тоа ни кажува за начинот на кој облакот еволуира и како неговите честички ја менуваат големината со текот на времето“, вели атмосферскиот научник Марк Лемон, на Институтот за вселенска наука во Колорадо.

Облаците на Марс се ретка појава бидејќи нема многу вода во атмосферата на планетата. Кога се појавуваат облаци, тоа најчесто се случува околу Марсовиот екватор во најстудениот дел од годината.

The post Први јасни фотографии од Марс: Роверот на НАСА снимил два необични облаци appeared first on Република.

]]>

Роверот на НАСА ја направил првата јасна фотографија од сончевите зраци на Марс, а целата сцена наликува на морничаво бело зајдисонце на Земјата. Роверот ја снимил оваа етерична фотографија на 2 февруари, додека Сонцето заоѓа зад група мрачни облаци, осветлувајќи ги во пригушени нијанси на зелена и розова боја. Со оглед на тоа дека овој облак се наоѓал на невообичаено голема надморска височина, научниците претпоставуваат дека облаците се составени од мраз со јаглерод диоксид; познат и како сув мраз. Повеќето од облаците на Марс се на висина до 60 километри, а се состојат од воден мраз. Роверот исто така, снимил блескав облак во облик на столб. Овие облаци, кои ги гледаме и на Земјата, поради нивната разнобојност потсетуваат на виножито. Тие се нарекуваат „iridescent“ или облаци во бои на виножитото. За разлика од виножитото, кое е резултат на прекршување на сончевата светлина додека минува низ големи капки вода, блескавите облаци се предизвикани од дифракција. Дифракцијата се јавува кога зрак светлина ќе наиде на пречка со слична големина на таа бранова должина на светлината, а потоа се прекршува и се наведнува околу пречката.
Кога ги гледаме транзициите на боите, всушност гледаме промена во големината на честичките во облакот. Тоа ни кажува за начинот на кој облакот еволуира и како неговите честички ја менуваат големината со текот на времето“, вели атмосферскиот научник Марк Лемон, на Институтот за вселенска наука во Колорадо.
Облаците на Марс се ретка појава бидејќи нема многу вода во атмосферата на планетата. Кога се појавуваат облаци, тоа најчесто се случува околу Марсовиот екватор во најстудениот дел од годината.

The post Први јасни фотографии од Марс: Роверот на НАСА снимил два необични облаци appeared first on Република.

]]>
Роверот на НАСА пронашол јасни докази за постоење на древни езера на Марс https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/roverot-na-nasa-pronashol-jasni-dokazi-za-postoene-na-drevni-ezera-na-mars/ Sun, 12 Feb 2023 09:03:23 +0000 https://republika.mk/?p=607925

Роверот „Curiosity“ на НАСА пронашол докази дека пред неколку милијарди години на Марс постоеле езера. Роверот снимил карпи издлабени од бранови, што научниците ги упатува на постоење древно езеро.

Научниците биле изненадени од пронаоѓањето на толку јасни докази за некогашно постоење на вода во кратерот Гејл.

Ова е најдобар доказ за постоење на вода и бранови, кој го видовме во текот на целата мисија“, вели Ешвин Васавада од институтот „Jet Propulsion Laboratory“.

https://twitter.com/NASAMars/status/1623392063315378176?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1623392063315378176%7Ctwgr%5E9e3a42050a8c5ef762731fcad55616980b50b39f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F436296%2Fnasa-roverot-pronajde-jasni-dokazi-za-postoenje-na-ezera-na-mars

„Curiosity“ и претходно наоѓал остатоци од солени минерали кои укажуваат на тоа дека оваа планета во минатото била прекриена од езеро.

Во текот на мисијата се качувавме по многу езерски наслаги, но никогаш вака јасно не сме виделе траги од бранови. Посебно е интересно тоа што станува збор за подрачје кое веројатно е формирано во време кога Марс станувал се посув. Остатоците од свлечишта веројатно се најнов доказ за вода“, вели Васавада.

 

The post Роверот на НАСА пронашол јасни докази за постоење на древни езера на Марс appeared first on Република.

]]>

Роверот „Curiosity“ на НАСА пронашол докази дека пред неколку милијарди години на Марс постоеле езера. Роверот снимил карпи издлабени од бранови, што научниците ги упатува на постоење древно езеро. Научниците биле изненадени од пронаоѓањето на толку јасни докази за некогашно постоење на вода во кратерот Гејл.
Ова е најдобар доказ за постоење на вода и бранови, кој го видовме во текот на целата мисија“, вели Ешвин Васавада од институтот „Jet Propulsion Laboratory“.
https://twitter.com/NASAMars/status/1623392063315378176?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1623392063315378176%7Ctwgr%5E9e3a42050a8c5ef762731fcad55616980b50b39f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F436296%2Fnasa-roverot-pronajde-jasni-dokazi-za-postoenje-na-ezera-na-mars „Curiosity“ и претходно наоѓал остатоци од солени минерали кои укажуваат на тоа дека оваа планета во минатото била прекриена од езеро.
Во текот на мисијата се качувавме по многу езерски наслаги, но никогаш вака јасно не сме виделе траги од бранови. Посебно е интересно тоа што станува збор за подрачје кое веројатно е формирано во време кога Марс станувал се посув. Остатоците од свлечишта веројатно се најнов доказ за вода“, вели Васавада.
 

The post Роверот на НАСА пронашол јасни докази за постоење на древни езера на Марс appeared first on Република.

]]>
Tраги од вулканска активност откриени на Месечината https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tragi-od-vulkanska-aktivnost-otkrieni-na-mesechinata/ Sat, 31 Dec 2022 09:02:24 +0000 https://republika.mk/?p=591027

Кинески научници пронашле траги од вулканска активност во примероци од земјени примероци од Месечината, објави списанието „Нејчр астрономи“ (Nature Astronomy).

При анализа на примероците земени со сондата „Чанг-5“, пронајдени се седум минерали, единствени по облик, боја и други одлики. Наулниците веруваат дека тие, можеби во подрачјето на тн. Океан на Бурите (Oceanus Procellarum), навлегле од друго место на нашиот природен сателит и најверојатно биле исфрлени на површината по удар на астероид.

Натамошното хемиско испитување на честичките покажало дека некои од примероците се од вулканско потекло. Покрај тоа, тие имаат нетипичен хемиски состав којшто не се среќава кај другите познати вулкански реголити (хетерогени карпи). Научниците веруваат дека тие се формирани како резултат на низа вулкански ерупции во минатото.

Во мај 2022 година, и американските научници посочија дека половите на Месечината можеби содржат скриени ледени плочи со огромни резерви вода, создадени како резултат на низа масивни вулкански ерупции кои исфрлале облаци водена пареа.

The post Tраги од вулканска активност откриени на Месечината appeared first on Република.

]]>

Кинески научници пронашле траги од вулканска активност во примероци од земјени примероци од Месечината, објави списанието „Нејчр астрономи“ (Nature Astronomy). При анализа на примероците земени со сондата „Чанг-5“, пронајдени се седум минерали, единствени по облик, боја и други одлики. Наулниците веруваат дека тие, можеби во подрачјето на тн. Океан на Бурите (Oceanus Procellarum), навлегле од друго место на нашиот природен сателит и најверојатно биле исфрлени на површината по удар на астероид. Натамошното хемиско испитување на честичките покажало дека некои од примероците се од вулканско потекло. Покрај тоа, тие имаат нетипичен хемиски состав којшто не се среќава кај другите познати вулкански реголити (хетерогени карпи). Научниците веруваат дека тие се формирани како резултат на низа вулкански ерупции во минатото. Во мај 2022 година, и американските научници посочија дека половите на Месечината можеби содржат скриени ледени плочи со огромни резерви вода, создадени како резултат на низа масивни вулкански ерупции кои исфрлале облаци водена пареа.

The post Tраги од вулканска активност откриени на Месечината appeared first on Република.

]]>
НАСА ги сликаше култните вселенски „Столбови на создавањето“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-gi-slikashe-kultnite-vselenski-stolbovi-na-sozdavanjeto/ Thu, 20 Oct 2022 11:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=563558

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА ги фотографираl величествените „Столбови на создавањето“, коишто се наоѓаат на далечина од 7.000 светлосни години од Земјата.

„Столбовите на создавањето“ се прикажани во 3-Д и изгледаат како величествени карпести формации… Но, всушност се работи за облици составени од студен меѓуѕвезден гас и прашина, што повремено изгледаат „полупроѕирни“. Овие „Столбови“, инаку, се сметаат за зачеток на нови ѕвезди.

Вселенскиот телескоп „Хабл“ прв фотографираше ваков пример во 1995 година. Новата слика од „Џејмс Веб“ треба да им помогне на научниците да ги споредат претходните модели на создавање ѕвезди со попрецизен број ѕвезди и со нови мерења на количината гас и прашина.

The post НАСА ги сликаше култните вселенски „Столбови на создавањето“ appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА ги фотографираl величествените „Столбови на создавањето“, коишто се наоѓаат на далечина од 7.000 светлосни години од Земјата. „Столбовите на создавањето“ се прикажани во 3-Д и изгледаат како величествени карпести формации… Но, всушност се работи за облици составени од студен меѓуѕвезден гас и прашина, што повремено изгледаат „полупроѕирни“. Овие „Столбови“, инаку, се сметаат за зачеток на нови ѕвезди. Вселенскиот телескоп „Хабл“ прв фотографираше ваков пример во 1995 година. Новата слика од „Џејмс Веб“ треба да им помогне на научниците да ги споредат претходните модели на создавање ѕвезди со попрецизен број ѕвезди и со нови мерења на количината гас и прашина.

The post НАСА ги сликаше култните вселенски „Столбови на создавањето“ appeared first on Република.

]]>
Астероидот во кој удри вселенско летало на НАСА, остава трага од 10.000 километри https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/asteroidot-vo-koj-udri-vselensko-letalo-na-nasa-ostava-traga-od-10-000-kilometri/ Wed, 05 Oct 2022 18:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=557690

Нова вселенска фотографија покажува дека астероидот Диморфос, со којшто намерно се судри леталото „ДАРТ“ на американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА, остава трага од илјадници километри.

Телескопот „СОАР“ сместен во Чиле снимил несекојдневна фотографија од патеката и трагата што остаува зад огромната вселенска карпа што минатата недела беше погодена од вселенското летало. Трагата што ја остави зад себе астероидот е долга повеќе од 10.000 километри и се очекува тоа дополнително да се зголемува, додека целосно не исчезне. Сепак, внимателно ќе се следи и наредните недели и месеци.

Познато е дека тоа беше тест на НАСА околу промената на движењето на астероидите кои во иднина би претставувале закана за Земјата. Научниците сега истражуваат дали намерниот судир бил успешен или дали траекторијата на астероидот е навистина променета.

Фотографијата е направена два дена по судирот.

Мисијата „ДАРТ“ чинеше 325 милиони долари.

The post Астероидот во кој удри вселенско летало на НАСА, остава трага од 10.000 километри appeared first on Република.

]]>

Нова вселенска фотографија покажува дека астероидот Диморфос, со којшто намерно се судри леталото „ДАРТ“ на американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА, остава трага од илјадници километри. Телескопот „СОАР“ сместен во Чиле снимил несекојдневна фотографија од патеката и трагата што остаува зад огромната вселенска карпа што минатата недела беше погодена од вселенското летало. Трагата што ја остави зад себе астероидот е долга повеќе од 10.000 километри и се очекува тоа дополнително да се зголемува, додека целосно не исчезне. Сепак, внимателно ќе се следи и наредните недели и месеци. Познато е дека тоа беше тест на НАСА околу промената на движењето на астероидите кои во иднина би претставувале закана за Земјата. Научниците сега истражуваат дали намерниот судир бил успешен или дали траекторијата на астероидот е навистина променета. Фотографијата е направена два дена по судирот. Мисијата „ДАРТ“ чинеше 325 милиони долари.

The post Астероидот во кој удри вселенско летало на НАСА, остава трага од 10.000 километри appeared first on Република.

]]>
Претставена првата слика направена со вселенскиот телескоп „Веб“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pretstavena-prvata-slika-napravena-so-vselenskiot-teleskop-veb/ Tue, 12 Jul 2022 08:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=527382

Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) во Белата куќа ја претстави првата фотографија снимена со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за кој се смета дека ќе го промени начинот на кој луѓето ја гледаат вселената.

Американскиот претседател Џо Бајден го објави откритието, за кое истакна дека е најдлабокиот поглед на вселената досега фатен со камера.

Фотографијата покажува дел од вселената, масивна група од грозд на галаксии СМАКС 0723. Гравитациското поле на гроздот делува како сочиво со што се открива светлината од галаксиите во позадина, кои во спротивно би биле премногу бледи и далечни да можат да се видат. Всушност, го имаме првиот поглед на длабоко поле на неверојатно стари и далечни галаксии.

Гроздот од галаксии претставен на сликата во Белата куќа се појавил пред 4.6 милијарди години. Вселената е стара 13.7 милијарди години, така што „Веб“ ќе има шанси да гледа и подлабоко.

Презентацијата беше најава за главниот настан планиран за денеска претпладне, кога ќе се претстават комплетни резултати од првите снимки со вселенскиот телескоп лансиран на далечина од 1,5 милиони километри од Земјата.

Овие слики му кажуваат на светот дека Америка е способна за големи дела и му кажува на американскиот народ, посебно на нашите деца, дека нашите можности се безгранични. Гледаме можности кои никој претходно не ги видел. Можеме да отидеме на места каде никој досега не бил - изјави Бајден.

На настанот се обрати и Бил Нелсон, администратор на НАСА.

Ова е најдлабоката слика на нашата вселена направена досега. Сликата претставена овде покрива делче од небото со големина приближно на зрнце песок на растојание на испружена рака. Тоа е само малечко делче на огромната вселена - изјави тој.

Сликата е снимена со инфрацрвената камера на „Веб“ и составена од повеќе снимки со различни бранови должини на светлината направени во текот на 12.5 часа. На вселенскиот телескоп „Хабл“ му требаа недели да ги направи своите слики со најдлабоки полиња од вселената.

„Веб“ е околу 100 пати поосетлив од неговиот претходник, којшто се наоѓа на 547 км од Земјата.

Вселенскиот телескоп и мисијата се дело на НАСА, а учествуваа и Канадската вселенска агенција (КСА), како Европската вселенска агенција (ЕСА).

The post Претставена првата слика направена со вселенскиот телескоп „Веб“ appeared first on Република.

]]>

Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) во Белата куќа ја претстави првата фотографија снимена со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за кој се смета дека ќе го промени начинот на кој луѓето ја гледаат вселената. Американскиот претседател Џо Бајден го објави откритието, за кое истакна дека е најдлабокиот поглед на вселената досега фатен со камера. Фотографијата покажува дел од вселената, масивна група од грозд на галаксии СМАКС 0723. Гравитациското поле на гроздот делува како сочиво со што се открива светлината од галаксиите во позадина, кои во спротивно би биле премногу бледи и далечни да можат да се видат. Всушност, го имаме првиот поглед на длабоко поле на неверојатно стари и далечни галаксии. Гроздот од галаксии претставен на сликата во Белата куќа се појавил пред 4.6 милијарди години. Вселената е стара 13.7 милијарди години, така што „Веб“ ќе има шанси да гледа и подлабоко. Презентацијата беше најава за главниот настан планиран за денеска претпладне, кога ќе се претстават комплетни резултати од првите снимки со вселенскиот телескоп лансиран на далечина од 1,5 милиони километри од Земјата.
Овие слики му кажуваат на светот дека Америка е способна за големи дела и му кажува на американскиот народ, посебно на нашите деца, дека нашите можности се безгранични. Гледаме можности кои никој претходно не ги видел. Можеме да отидеме на места каде никој досега не бил - изјави Бајден.
На настанот се обрати и Бил Нелсон, администратор на НАСА.
Ова е најдлабоката слика на нашата вселена направена досега. Сликата претставена овде покрива делче од небото со големина приближно на зрнце песок на растојание на испружена рака. Тоа е само малечко делче на огромната вселена - изјави тој.
Сликата е снимена со инфрацрвената камера на „Веб“ и составена од повеќе снимки со различни бранови должини на светлината направени во текот на 12.5 часа. На вселенскиот телескоп „Хабл“ му требаа недели да ги направи своите слики со најдлабоки полиња од вселената. „Веб“ е околу 100 пати поосетлив од неговиот претходник, којшто се наоѓа на 547 км од Земјата. Вселенскиот телескоп и мисијата се дело на НАСА, а учествуваа и Канадската вселенска агенција (КСА), како Европската вселенска агенција (ЕСА).

The post Претставена првата слика направена со вселенскиот телескоп „Веб“ appeared first on Република.

]]>
Чудни камени кули фотографирани на Марс https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/chudni-kameni-kuli-fotografirani-na-mars/ Fri, 10 Jun 2022 18:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=513644

Роверот „Curiosity“ на Марс открил многу интересна карпеста формација која се издвојува од вообичаениот пејзаж на Црвената планета.

Меѓу песокот и камењата во кратерот Гејл, фотографирани се неколку искривени камени кули. Овие седиментни шила изгледаат како замрзнати струи на вода истурени од некоја невидлива стомна на небото, пишува „Сајенс алерт“.

Научниците веруваат дека станува збор за материјал сличен на цемент кој некогаш ги исполнувал пукнатините на древните карпи. Како што карпата постепено се еродира, зад неа останале овие структури од компактен материјал.

https://twitter.com/SETIInstitute/status/1529832994395004936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1529832994395004936%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfo.mk%2Ftehnologija%2FD184D0BED182D0BE-D187D183D0B4D0BDD0B8-D0B3D180D0B0D0B4D0B1D0B8-D0BDD0B0D0BBD0B8D0BA-D0BDD0B0-D0BAD183D0BBD0B0-D184D0BED182D0BED0B3D180%2F

„Curiosity“ ги снимил овие камени градби на 17 мај. Колку и да изгледаат необично, слични објекти можат да се најдат на Земјата. Геолозите обично ги нарекуваат таквите високи „кули“ настанати по ерозија на карпите „hoodoo“. Често се среќаваме во суви области, како што е кањонот Јута или на југот на Србија, а самите камени столбови понекогаш можат да достигнат висина на зграда од десет ката.

„Кулите“ на Марс, сепак, изгледаат многу нестабилно во споредба со „кулите“ што ги наоѓаме на нашата планета. Но, нивното постоење покажува како би можеле да изгледаат античките услови на Црвената планета. Имено, експертите веруваат дека кратерот Гејл во античкото минато всушност бил корито на езерото.

Иако овој кратер не е целосно рамен, овие чудни карпести „кули“ се издвојуваат од останатиот дел од околината. Нивната висина засега не е позната.

The post Чудни камени кули фотографирани на Марс appeared first on Република.

]]>

Роверот „Curiosity“ на Марс открил многу интересна карпеста формација која се издвојува од вообичаениот пејзаж на Црвената планета. Меѓу песокот и камењата во кратерот Гејл, фотографирани се неколку искривени камени кули. Овие седиментни шила изгледаат како замрзнати струи на вода истурени од некоја невидлива стомна на небото, пишува „Сајенс алерт“. Научниците веруваат дека станува збор за материјал сличен на цемент кој некогаш ги исполнувал пукнатините на древните карпи. Како што карпата постепено се еродира, зад неа останале овие структури од компактен материјал. https://twitter.com/SETIInstitute/status/1529832994395004936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1529832994395004936%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfo.mk%2Ftehnologija%2FD184D0BED182D0BE-D187D183D0B4D0BDD0B8-D0B3D180D0B0D0B4D0B1D0B8-D0BDD0B0D0BBD0B8D0BA-D0BDD0B0-D0BAD183D0BBD0B0-D184D0BED182D0BED0B3D180%2F „Curiosity“ ги снимил овие камени градби на 17 мај. Колку и да изгледаат необично, слични објекти можат да се најдат на Земјата. Геолозите обично ги нарекуваат таквите високи „кули“ настанати по ерозија на карпите „hoodoo“. Често се среќаваме во суви области, како што е кањонот Јута или на југот на Србија, а самите камени столбови понекогаш можат да достигнат висина на зграда од десет ката. „Кулите“ на Марс, сепак, изгледаат многу нестабилно во споредба со „кулите“ што ги наоѓаме на нашата планета. Но, нивното постоење покажува како би можеле да изгледаат античките услови на Црвената планета. Имено, експертите веруваат дека кратерот Гејл во античкото минато всушност бил корито на езерото. Иако овој кратер не е целосно рамен, овие чудни карпести „кули“ се издвојуваат од останатиот дел од околината. Нивната висина засега не е позната.

The post Чудни камени кули фотографирани на Марс appeared first on Република.

]]>
Огромен астероид в петок ќе помине покрај Земјата https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ogromen-asteroid-v-petok-kje-pomine-pokraj-zemjata/ Thu, 26 May 2022 07:05:46 +0000 https://republika.mk/?p=507058

В петок покрај Земјата ќе помине огромен астероид четири пати поголем од Емпаер стејт билдинг.

Астероидот ќе „прелета“ покрај нашата планета со брзина од околу 76.000 км/ч, а тоа ќе се случи еден месец откако друг огромен астероид помина покрај Земјата со брзина од околу 37.000 км/ч.

Иако огромни, овие астероиди се сепак занемарливи во споредба со оној за кој се верува дека ја погодил Земјата и предизвикал исчезнување на диносаурусите. Сепак, астероидите можат да бидат опасни за човештвото.

Поради тоа, НАСА следи повеќе од 29.000 објекти на оддалеченост од 48 милиони километри од орбитата на Земјата. НАСА проценува дека тоа се претежно мали објекти, но астероидот 7335 (1989 JA), кој се движи со брзина од околу 76.000 км на час, е поголем од 99 отсто од нив.

https://www.youtube.com/watch?v=dOEXq8-EO9U&feature=emb_title

Овој астероид првично беше забележан во 1989 година од опсерваторијата Паломар во Сан Диего. Астероидот припаѓа на класата Аполо, што значи дека орбитира околу Сонцето и ја поминува патеката на секои 861 ден, односно две години и четири месеци.

Земјата има своја орбита што ја следи, така што не е често во орбитата на астероидот. Сепак, на 27 мај двете небесни тела ќе бидат оддалечени 4 милиони километри. Следниот пат ќе се „сретнат“ по 33 години, на 23 јуни 2055 година. Сепак, тогаш астероидот ќе биде оддалечен 27 милиони километри од Земјата.

Без разлика на растојанието, НАСА го класифицираше астероидот 7335 како потенцијално опасен, што значи дека би направил огромна штета доколку ја промени својата траекторија и удри во Земјата.

Луѓето се свесни за опасностите од таквото отстапување и моментално бараат начини да ги пренасочат астероидите.

Минатата година беше објавено дека НАСА започнала мисија ДАРТ за да утврди дали може да ја промени траекторијата на астероидите. Минатиот месец, кинеската Национална вселенска администрација (ЦНСА), исто така, ги откри плановите за одбрана на планетата.

Важно е да се напомене дека ниту една од овие мисии нема за цел да детонира астероид со нуклеарна бомба, како што покажуваат некои холивудски филмови. Наместо тоа, целта е да се открие дали астероидот може да „притиска“ доволно за да остане надвор од орбитата на Земјата. Седум минути може да биде разлика помеѓу блиска средба и катастрофа.

The post Огромен астероид в петок ќе помине покрај Земјата appeared first on Република.

]]>

В петок покрај Земјата ќе помине огромен астероид четири пати поголем од Емпаер стејт билдинг. Астероидот ќе „прелета“ покрај нашата планета со брзина од околу 76.000 км/ч, а тоа ќе се случи еден месец откако друг огромен астероид помина покрај Земјата со брзина од околу 37.000 км/ч. Иако огромни, овие астероиди се сепак занемарливи во споредба со оној за кој се верува дека ја погодил Земјата и предизвикал исчезнување на диносаурусите. Сепак, астероидите можат да бидат опасни за човештвото. Поради тоа, НАСА следи повеќе од 29.000 објекти на оддалеченост од 48 милиони километри од орбитата на Земјата. НАСА проценува дека тоа се претежно мали објекти, но астероидот 7335 (1989 JA), кој се движи со брзина од околу 76.000 км на час, е поголем од 99 отсто од нив. https://www.youtube.com/watch?v=dOEXq8-EO9U&feature=emb_title Овој астероид првично беше забележан во 1989 година од опсерваторијата Паломар во Сан Диего. Астероидот припаѓа на класата Аполо, што значи дека орбитира околу Сонцето и ја поминува патеката на секои 861 ден, односно две години и четири месеци. Земјата има своја орбита што ја следи, така што не е често во орбитата на астероидот. Сепак, на 27 мај двете небесни тела ќе бидат оддалечени 4 милиони километри. Следниот пат ќе се „сретнат“ по 33 години, на 23 јуни 2055 година. Сепак, тогаш астероидот ќе биде оддалечен 27 милиони километри од Земјата. Без разлика на растојанието, НАСА го класифицираше астероидот 7335 како потенцијално опасен, што значи дека би направил огромна штета доколку ја промени својата траекторија и удри во Земјата. Луѓето се свесни за опасностите од таквото отстапување и моментално бараат начини да ги пренасочат астероидите. Минатата година беше објавено дека НАСА започнала мисија ДАРТ за да утврди дали може да ја промени траекторијата на астероидите. Минатиот месец, кинеската Национална вселенска администрација (ЦНСА), исто така, ги откри плановите за одбрана на планетата. Важно е да се напомене дека ниту една од овие мисии нема за цел да детонира астероид со нуклеарна бомба, како што покажуваат некои холивудски филмови. Наместо тоа, целта е да се открие дали астероидот може да „притиска“ доволно за да остане надвор од орбитата на Земјата. Седум минути може да биде разлика помеѓу блиска средба и катастрофа.

The post Огромен астероид в петок ќе помине покрај Земјата appeared first on Република.

]]>
Регистрирана најголемата комета во историјата: Со брзина од 22.000 милји на час се движи кон Земјата https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/registrirana-najgolemata-kometa-vo-istorijata-so-brzina-od-22-000-milji-na-chas-se-dvizi-kon-zemjata/ Fri, 15 Apr 2022 07:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=488672

Комета со јадро 50 пати поголемо од нормалното се движи кон Земјата со брзина од 22.000 милји на час. Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА утврдил дека леденото јадро на кометата има маса од околу 500 трилиони тони и е широко 137 километри, што е поголемо од американската држава Род Ајленд.

Сепак, нема причина за загриженост затоа што најблиску што кометата ќе дојде до Земјата е милијарда милји од Сонцето, а тоа ќе биде дури во 2031 година.

Кометата првпат беше забележана во 2010 година, но дури сега Хабл го потврди нејзиното постоење. И таа е поголема од која било комета што астрономите некогаш ја виделе.

Секогаш претпоставуваме дека оваа комета мора да биде голема бидејќи е толку светла на толку голема оддалеченост. Сега потврдуваме дека навистина е - вели Дејвид Џевит, професор по планетарна наука и астрономија на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (УЦЛА).

https://twitter.com/NASA/status/1513961362606772227?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1513961362606772227%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3913063%2Fnajveca-kometa-ikada-registrovana-ide-ka-zemlji

 

НАСА ја именуваше ледената комета Бернардинели-Бернштајн по астрономите кои први ја забележаа - Педро Бернардинели и Гери Бернштајн.

Тие првпат ја видоа додека работеа во меѓуамериканската опсерваторија Серо Тололо во Чиле пред повеќе од една деценија кога беше оддалечена три милијарди милји од Сонцето.

Кометите се опишани од НАСА како ледени „лего блокови“, останати од раните денови на „градењето“ на планетата.

Тие нецеремонијално биле исфрлени од Сончевиот систем во гравитационен флипер меѓу масивните надворешни планети. Исфрлените комети се населиле во Ортовиот облак, огромен резервоар од далечни комети што го опкружуваат Сончевиот систем“, се вели во соопштението на НАСА.

Ман-То Хуи, од Универзитетот за наука и технологија во Макао, ја опишува кометата како „неверојатен објект“.

Претпоставувавме дека кометата може да биде доста голема, но ни требаа најдобри податоци за да го потврдиме тоа - вели тој.

https://twitter.com/BostonGlobe/status/1514363751943876631?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514363751943876631%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3913063%2Fnajveca-kometa-ikada-registrovana-ide-ka-zemlji

Кометата Бернардинели-Бернштајн следи елиптична орбита долга три милиони години, оддалечувајќи ја од Сонцето околу половина светлосна година.

Сега кометата е на помалку од две милијарди милји од Сонцето, паѓајќи речиси нормално на рамнината на нашиот Сончев систем.

The post Регистрирана најголемата комета во историјата: Со брзина од 22.000 милји на час се движи кон Земјата appeared first on Република.

]]>

Комета со јадро 50 пати поголемо од нормалното се движи кон Земјата со брзина од 22.000 милји на час. Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА утврдил дека леденото јадро на кометата има маса од околу 500 трилиони тони и е широко 137 километри, што е поголемо од американската држава Род Ајленд. Сепак, нема причина за загриженост затоа што најблиску што кометата ќе дојде до Земјата е милијарда милји од Сонцето, а тоа ќе биде дури во 2031 година. Кометата првпат беше забележана во 2010 година, но дури сега Хабл го потврди нејзиното постоење. И таа е поголема од која било комета што астрономите некогаш ја виделе. Секогаш претпоставуваме дека оваа комета мора да биде голема бидејќи е толку светла на толку голема оддалеченост. Сега потврдуваме дека навистина е - вели Дејвид Џевит, професор по планетарна наука и астрономија на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (УЦЛА). https://twitter.com/NASA/status/1513961362606772227?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1513961362606772227%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3913063%2Fnajveca-kometa-ikada-registrovana-ide-ka-zemlji   НАСА ја именуваше ледената комета Бернардинели-Бернштајн по астрономите кои први ја забележаа - Педро Бернардинели и Гери Бернштајн. Тие првпат ја видоа додека работеа во меѓуамериканската опсерваторија Серо Тололо во Чиле пред повеќе од една деценија кога беше оддалечена три милијарди милји од Сонцето. Кометите се опишани од НАСА како ледени „лего блокови“, останати од раните денови на „градењето“ на планетата. Тие нецеремонијално биле исфрлени од Сончевиот систем во гравитационен флипер меѓу масивните надворешни планети. Исфрлените комети се населиле во Ортовиот облак, огромен резервоар од далечни комети што го опкружуваат Сончевиот систем“, се вели во соопштението на НАСА. Ман-То Хуи, од Универзитетот за наука и технологија во Макао, ја опишува кометата како „неверојатен објект“.
Претпоставувавме дека кометата може да биде доста голема, но ни требаа најдобри податоци за да го потврдиме тоа - вели тој.
https://twitter.com/BostonGlobe/status/1514363751943876631?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1514363751943876631%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3913063%2Fnajveca-kometa-ikada-registrovana-ide-ka-zemlji Кометата Бернардинели-Бернштајн следи елиптична орбита долга три милиони години, оддалечувајќи ја од Сонцето околу половина светлосна година. Сега кометата е на помалку од две милијарди милји од Сонцето, паѓајќи речиси нормално на рамнината на нашиот Сончев систем.

The post Регистрирана најголемата комета во историјата: Со брзина од 22.000 милји на час се движи кон Земјата appeared first on Република.

]]>