андреа силвестри Archives - Република https://republika.mk/tema/andrea-silvestri/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 19:00:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png андреа силвестри Archives - Република https://republika.mk/tema/andrea-silvestri/ 32 32 Фетаи на средба со италијанската амбасадорка Силвестри: Владините стратегии треба да се применат https://republika.mk/vesti/makedonija/fetai-na-sredba-so-italijanskata-ambasadorka-silvestri-vladinite-strategii-treba-da-se-primenat/ Fri, 18 Oct 2024 19:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=828606

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во неговиот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри и заменик шефот на мисијата Марио Де Роза.

Фетаи и амбасадорот Силвестри разговараа за владините стратегии и нивната примена и тоа за Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот, Стратегијата за транспаретност и Стратегија за соработка со невладиниот сектор. Фетаи и Силвестри заклучија дека спроведување на овие стратегии ќе ја зајакнат борбата против корупцијата, ќе ја зголемат транспаретноста на институциите и ќе донесе поголемо вклучување на граѓанскиот сектор во донесување на владините одлуки.

Двајцата соговорници разговараа и за други актуелни политички теми како што е откочувањето на евроинтеграцијата на Македонија.

The post Фетаи на средба со италијанската амбасадорка Силвестри: Владините стратегии треба да се применат appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во неговиот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри и заменик шефот на мисијата Марио Де Роза. Фетаи и амбасадорот Силвестри разговараа за владините стратегии и нивната примена и тоа за Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот, Стратегијата за транспаретност и Стратегија за соработка со невладиниот сектор. Фетаи и Силвестри заклучија дека спроведување на овие стратегии ќе ја зајакнат борбата против корупцијата, ќе ја зголемат транспаретноста на институциите и ќе донесе поголемо вклучување на граѓанскиот сектор во донесување на владините одлуки. Двајцата соговорници разговараа и за други актуелни политички теми како што е откочувањето на евроинтеграцијата на Македонија.

The post Фетаи на средба со италијанската амбасадорка Силвестри: Владините стратегии треба да се применат appeared first on Република.

]]>
Божиновска – Силвестри: Се очекува зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката https://republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-silvestri-se-ochekuva-zgolemen-interes-i-realizatsija-na-italijanski-investitsii-vo-domenot-na-energetikata/ Wed, 10 Jul 2024 13:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=795394

Министерката за енергетика, рударство и минеални суровини, Сања Божиновска, денеска имала работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри во чии рамки биле разменети мислења за односите и соработката меѓу двете држави во сферата на економијата и енергетиката.

Како што соопштија од кабинетот на министерката, за време на средбата, Божиновска истакнала дека нашата земја има постојан интерес за унапредување на билатерални односи со Италијанската Република, која е еден од клучните партнери на нашата држава и во таа прилика нагласила дека како министер за енергетика, рударство и минерални суровини, во претстојниот период ќе се залага енергетиката да заземе значајно место во севкупната соработка меѓу двете држави.

Во овој контекст, министерката истакна дека италијанските искуства и експертиза во делот на искористувањето на европските фондови и средства наменети за зелена транзиција и декарбонизација, што е важно прашање и за европската интеграција на нашата држава се мошне значајни за нас и притоа, го пренесе интересот за воспостаување соработка меѓу двете држави во оваа сфера, се наведува во соопштението.

Министерката, се додава, го запознала соговорникот со мисијата и приоритетите на новото министерство, подвлекувајќи дека очекува активна соработка со италијанските партнери, како и зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката во нашата држава во мандатот на новата влада.

The post Божиновска – Силвестри: Се очекува зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката appeared first on Република.

]]>

Министерката за енергетика, рударство и минеални суровини, Сања Божиновска, денеска имала работна средба со амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри во чии рамки биле разменети мислења за односите и соработката меѓу двете држави во сферата на економијата и енергетиката. Како што соопштија од кабинетот на министерката, за време на средбата, Божиновска истакнала дека нашата земја има постојан интерес за унапредување на билатерални односи со Италијанската Република, која е еден од клучните партнери на нашата држава и во таа прилика нагласила дека како министер за енергетика, рударство и минерални суровини, во претстојниот период ќе се залага енергетиката да заземе значајно место во севкупната соработка меѓу двете држави.
Во овој контекст, министерката истакна дека италијанските искуства и експертиза во делот на искористувањето на европските фондови и средства наменети за зелена транзиција и декарбонизација, што е важно прашање и за европската интеграција на нашата држава се мошне значајни за нас и притоа, го пренесе интересот за воспостаување соработка меѓу двете држави во оваа сфера, се наведува во соопштението.
Министерката, се додава, го запознала соговорникот со мисијата и приоритетите на новото министерство, подвлекувајќи дека очекува активна соработка со италијанските партнери, како и зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката во нашата држава во мандатот на новата влада.

The post Божиновска – Силвестри: Се очекува зголемен интерес и реализација на италијански инвестиции во доменот на енергетиката appeared first on Република.

]]>
Шефот на дипломатијата на средба со италијанскиот амбасадор во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/shefot-na-diplomatijata-na-sredba-so-italijanskiot-ambasador-vo-makedonija/ Fri, 28 Jun 2024 15:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=791615

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

На средбата, беа поздравени традиционално блиските пријателски и партнерски односи кои нашата држава во изминатите три децении успешно ги развиваме, а воедно беше искажана и натамошна посветеност за интензивирање на билатералната соработка и меѓусебниот политички дијалог.

Министерот Муцунски упати голема благодарност за силната поддршка од Италија за што поскоро заокружување на европската интеграција на земјава, како и поддршката за реформските процеси.

Соговорниците го реафирмираа нивниот став дека членството на нашата земја во Европската унија е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на Регионот и на Европа во целина, со очекување дека земјава ќе продолжи посветено да ги реализира зацртаните реформи во овој контекст.

The post Шефот на дипломатијата на средба со италијанскиот амбасадор во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри. На средбата, беа поздравени традиционално блиските пријателски и партнерски односи кои нашата држава во изминатите три децении успешно ги развиваме, а воедно беше искажана и натамошна посветеност за интензивирање на билатералната соработка и меѓусебниот политички дијалог. Министерот Муцунски упати голема благодарност за силната поддршка од Италија за што поскоро заокружување на европската интеграција на земјава, како и поддршката за реформските процеси. Соговорниците го реафирмираа нивниот став дека членството на нашата земја во Европската унија е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на Регионот и на Европа во целина, со очекување дека земјава ќе продолжи посветено да ги реализира зацртаните реформи во овој контекст.

The post Шефот на дипломатијата на средба со италијанскиот амбасадор во Македонија appeared first on Република.

]]>
Гаши го прими италијанскиот амбасадор https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-go-primi-italijanskiot-ambasador/ Tue, 11 Jun 2024 15:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=786635

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, на која, како што информираат од собраниската прес служба, го запознал амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада.

Гаши истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

Амбасадорот Силвестри го информирал Гаши за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Било споменато и неодамнешното одблежување 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Македонија, при што амбасадорот му подарил примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод.

Како што се вели во соопштението од македонското Собрание, Силвестри му го честитал изборот на Гаши за претседател на Парламнтот, како што рекол, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачил и  честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа.

Двајцата соговорници размениле мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион. 

The post Гаши го прими италијанскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, на која, како што информираат од собраниската прес служба, го запознал амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада.
Гаши истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.
Амбасадорот Силвестри го информирал Гаши за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Било споменато и неодамнешното одблежување 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Македонија, при што амбасадорот му подарил примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод. Како што се вели во соопштението од македонското Собрание, Силвестри му го честитал изборот на Гаши за претседател на Парламнтот, како што рекол, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачил и  честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа. Двајцата соговорници размениле мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион. 

The post Гаши го прими италијанскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>
Силвестри: Важно е да се усвои преговарачката рамка за Македонија и Албанија во најкус можен рок https://republika.mk/vesti/makedonija/silvestri-vazno-e-da-se-usvoi-pregovarachkata-ramka-za-makedonija-i-albanija-vo-najkus-mozen-rok/ Fri, 03 Jun 2022 20:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=510853

За нас претставува јасен приоритет пристапувањето на Македонија и Западен Балкан во ЕУ и затоа е особено важно да се усвои преговарачката рамка за  Македонија и Албанија во најкраток можен рок. Ние се надеваме дека сите засегнати страни ќе направат обид за постигнување на оваа цел до крајот на овој месец - истакна амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри на вечерашното одбележување на Денот на пријателството меѓу Македонија и Италија што се одржа на плоштадот во Струмица.

Силвестри се осврна и на македонско-италијанските односи, кои ги оцени како извонредни и кои уште повеќе се зацврстиле по неодамнешната посета на македонската владина делегација на Рим.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во своето обраќање подвлече дека пријателството меѓу двете држави се продлабочува на многу полиња, а едно е и изучувањето на италијанскиот јазик како втор странски јазик во основните и средните училишта.

Ова што вечерва се случува на струмичкиот плоштад е своевиден симбол на пријателство, но пријателството е многу повеќе од еден таков симболичен чин. Пријателството значи приврзаност, меѓусебна наклонетост, разбирање, искреност, сочувствителност, срдечност и уште многу други нешта, а токму тие нешта се вистински одраз за македонско-италијанските односи. Нас не поврзуваат песните, виното, храната, културното наследство, отвореноста и менталитетот, па и покрај суштинските разлики на тие нешта, сепак постои сродност која е засилувач на пријателството меѓу нашите земји и народи - изјави Костадинов.

Во чест на Денот на пријателството настапија „знаменосците“ од Тоскана - „Città di Castiglion Fiorentino“. Групата се занимава со средновековна уметничка игра со знаме и којашто преку визуелен перформанс и ренесансни костими ја прикажаа италијанската традиција и култура, умешно изведувајќи богати и спектакуларни кореографии со префинети техники и хармонија на движењата. Настапија и струмичките мажуретки, играорното друштво „Фолклорна низа“ и студиото за модерни танци „One Way“, љубители на танци и ученици од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица.

Настанот го организираше Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“ од Струмица, во соработка со Општина Струмица и Амбасадата на Република Италија во нашата земја.

The post Силвестри: Важно е да се усвои преговарачката рамка за Македонија и Албанија во најкус можен рок appeared first on Република.

]]>

За нас претставува јасен приоритет пристапувањето на Македонија и Западен Балкан во ЕУ и затоа е особено важно да се усвои преговарачката рамка за  Македонија и Албанија во најкраток можен рок. Ние се надеваме дека сите засегнати страни ќе направат обид за постигнување на оваа цел до крајот на овој месец - истакна амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри на вечерашното одбележување на Денот на пријателството меѓу Македонија и Италија што се одржа на плоштадот во Струмица.
Силвестри се осврна и на македонско-италијанските односи, кои ги оцени како извонредни и кои уште повеќе се зацврстиле по неодамнешната посета на македонската владина делегација на Рим. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во своето обраќање подвлече дека пријателството меѓу двете држави се продлабочува на многу полиња, а едно е и изучувањето на италијанскиот јазик како втор странски јазик во основните и средните училишта.
Ова што вечерва се случува на струмичкиот плоштад е своевиден симбол на пријателство, но пријателството е многу повеќе од еден таков симболичен чин. Пријателството значи приврзаност, меѓусебна наклонетост, разбирање, искреност, сочувствителност, срдечност и уште многу други нешта, а токму тие нешта се вистински одраз за македонско-италијанските односи. Нас не поврзуваат песните, виното, храната, културното наследство, отвореноста и менталитетот, па и покрај суштинските разлики на тие нешта, сепак постои сродност која е засилувач на пријателството меѓу нашите земји и народи - изјави Костадинов.
Во чест на Денот на пријателството настапија „знаменосците“ од Тоскана - „Città di Castiglion Fiorentino“. Групата се занимава со средновековна уметничка игра со знаме и којашто преку визуелен перформанс и ренесансни костими ја прикажаа италијанската традиција и култура, умешно изведувајќи богати и спектакуларни кореографии со префинети техники и хармонија на движењата. Настапија и струмичките мажуретки, играорното друштво „Фолклорна низа“ и студиото за модерни танци „One Way“, љубители на танци и ученици од СОУ „Јане Сандански“ од Струмица. Настанот го организираше Здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура „Quo Vadis Ad Astra“ од Струмица, во соработка со Општина Струмица и Амбасадата на Република Италија во нашата земја.

The post Силвестри: Важно е да се усвои преговарачката рамка за Македонија и Албанија во најкус можен рок appeared first on Република.

]]>
Шаќири на средба со италијанскиот амбасадор за унапредување на соработката со Италија во образованието и науката https://republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-na-sredba-so-italijanskiot-ambasador-za-unapreduvanje-na-sorabotkata-so-italija-vo-obrazovanieto-i-naukata/ Fri, 04 Feb 2022 14:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=454292

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри и претставникот за образование и наука од Италијанската амбасада, Марко Песцетели.

Како што соопшти Министерство за образование и наука, на состанокот се разговарало за унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји во образованието и науката, но и за можностите за поддршка и размена на искуства.

Италијанскиот амбасадор Силвестри ја поздрави одлуката за повторно отворање на училиштата. Беа разменети искуства за сите нивоа на образование. Се согласивме и дека учењето на италијанскиот јазик е сè поважно, за што постои голем интерес кај учениците и студентите. Министерот Шаќири на средбата изрази задоволство од вклученоста на Амбасадата на Италија во голем број проекти од областа на образованието, а еден од нив е воспоставената билингвална паралелка за настава на македонски и на италијански јазик, во која се вклучени над 20 ученици во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје - информираат од МОН.

Министерот Шаќири се заблагодарил до италијанската влада за поддршката на студентите и универзитетските професори за мобилност, размена и студиски посети, за што во наредниот период, во соработка со италијанските универзитети, се отвора можноста за зголемување на бројот на студентски стипендии за одредени студиски програми кои се дефицитарни во земјава.

Амбасадорот Силвестри изрази подготвеност да ја зголеми поддршката со ресурси од различни форми со цел настава по италијански јазик да биде повеќе затсапена во основните и средните училишта - наведуваат од МОН во соопштението.

The post Шаќири на средба со италијанскиот амбасадор за унапредување на соработката со Италија во образованието и науката appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри и претставникот за образование и наука од Италијанската амбасада, Марко Песцетели. Како што соопшти Министерство за образование и наука, на состанокот се разговарало за унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји во образованието и науката, но и за можностите за поддршка и размена на искуства.
Италијанскиот амбасадор Силвестри ја поздрави одлуката за повторно отворање на училиштата. Беа разменети искуства за сите нивоа на образование. Се согласивме и дека учењето на италијанскиот јазик е сè поважно, за што постои голем интерес кај учениците и студентите. Министерот Шаќири на средбата изрази задоволство од вклученоста на Амбасадата на Италија во голем број проекти од областа на образованието, а еден од нив е воспоставената билингвална паралелка за настава на македонски и на италијански јазик, во која се вклучени над 20 ученици во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје - информираат од МОН.
Министерот Шаќири се заблагодарил до италијанската влада за поддршката на студентите и универзитетските професори за мобилност, размена и студиски посети, за што во наредниот период, во соработка со италијанските универзитети, се отвора можноста за зголемување на бројот на студентски стипендии за одредени студиски програми кои се дефицитарни во земјава.
Амбасадорот Силвестри изрази подготвеност да ја зголеми поддршката со ресурси од различни форми со цел настава по италијански јазик да биде повеќе затсапена во основните и средните училишта - наведуваат од МОН во соопштението.

The post Шаќири на средба со италијанскиот амбасадор за унапредување на соработката со Италија во образованието и науката appeared first on Република.

]]>
Италијанскот амбасадор во посета на Универзитетот „Мајка Тереза“ https://republika.mk/vesti/makedonija/italijanskot-ambasador-vo-poseta-na-univerzitetot-majka-tereza/ Tue, 01 Feb 2022 14:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=452523

Делегација на Амбасадата на Италија во Скопје, предводена од амбасадорот Андреа Силвестри, денеска го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) во Скопје и имаше средба со ректорот проф. д-р Азиз Положани.

За време на средбата, ректорот Положани го информираше амбасадорот Силвестри за активностите на УМТ воопшто, а особено за соработката со Италија, како што се двојната мастер студиска програма „Менаџмент на миграцијата“ со Универзитетот во Сасари, размената на студенти и професори во рамките на програмата „Еразмус плус“, како и наставата по италијански јазик како изборен предмет која се спроведува изминатите две години на Факултетот за социјални науки - соопшти УМТ.

Од Универзитетот посочуваат дека факултативното изучување на италијанскиот јазик почнало со професорот Едуардо Натале, кој ја имал првата група студенти на УМТ, и продолжило со професорката Маја Милевска-Кулевска.

Италијанскиот амбасадор се сретна со студенти кои го изучуваат италијанскиот јазик и ја посети уметничката галерија „Омер Калеши“ која функционира во рамките на УМТ, а ректорот Положани му подари плакета во знак на благодарност за придонесот во развојот и афирмацијата на италијанскиот јазик на Универзитетот „Мајка Тереза“.

На средбата присуствуваа и заменик-амбасадорот Марио де Роса, лингвистот проф. Марко Пешетели и проректорот за образование на УМТ, проф. д-р. Зоран Трифунов.

The post Италијанскот амбасадор во посета на Универзитетот „Мајка Тереза“ appeared first on Република.

]]>

Делегација на Амбасадата на Италија во Скопје, предводена од амбасадорот Андреа Силвестри, денеска го посети Универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) во Скопје и имаше средба со ректорот проф. д-р Азиз Положани.
За време на средбата, ректорот Положани го информираше амбасадорот Силвестри за активностите на УМТ воопшто, а особено за соработката со Италија, како што се двојната мастер студиска програма „Менаџмент на миграцијата“ со Универзитетот во Сасари, размената на студенти и професори во рамките на програмата „Еразмус плус“, како и наставата по италијански јазик како изборен предмет која се спроведува изминатите две години на Факултетот за социјални науки - соопшти УМТ.
Од Универзитетот посочуваат дека факултативното изучување на италијанскиот јазик почнало со професорот Едуардо Натале, кој ја имал првата група студенти на УМТ, и продолжило со професорката Маја Милевска-Кулевска. Италијанскиот амбасадор се сретна со студенти кои го изучуваат италијанскиот јазик и ја посети уметничката галерија „Омер Калеши“ која функционира во рамките на УМТ, а ректорот Положани му подари плакета во знак на благодарност за придонесот во развојот и афирмацијата на италијанскиот јазик на Универзитетот „Мајка Тереза“. На средбата присуствуваа и заменик-амбасадорот Марио де Роса, лингвистот проф. Марко Пешетели и проректорот за образование на УМТ, проф. д-р. Зоран Трифунов.

The post Италијанскот амбасадор во посета на Универзитетот „Мајка Тереза“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со амбасадорот Силвестри, разговарале за политичката и економската ситуација во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-ambasadorot-silvestri-razgovarale-za-politichkata-i-ekonomskata-situacija-vo-makedonija/ Thu, 20 Jan 2022 14:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=447204

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Македонија. Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на средба се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација во земјата, но и за македонските евроинтеграции.

Мицкоски изрази загриженост што Македонија покрај економската и здравствената криза се најде во уште две кризи, енергетска и криза со снабдување со топлинска енергија при што посочи дека власта не само што не може да се справи со нив, туку истите ги продлабочува.

Тој посочи дека новата влада која е само континуитет на претходната нема план, а ни капацитет да одговори на предизвиците со кои се соочува земјава, а не може ни соодветно да им помогне на граѓаните кои секојдневно се изложени на се поголеми трошоци токму поради погрешните и неразумни политики на власта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата посочи дека власта не може да одговори на клучните работи важни за европска интеграцијата интеграција како што се реформите во правосудството, владеење на правото и намалување на високата корупција.

Мицкоски потенцираше дека за надминување на кризата и тешката ситуација во која се наоѓа Македонија и водени од волјата на граѓаните од последните локални избори, потребни се предвремени парламентарни избори. Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да откаже од техничката влада и да се согласи на една изборна едница доколку е тоа пречката, бидејќи Македонија повеќе не смее да назадува и мора конечно да почне да оди напред.

The post Мицкоски на средба со амбасадорот Силвестри, разговарале за политичката и економската ситуација во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Македонија. Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на средба се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација во земјата, но и за македонските евроинтеграции. Мицкоски изрази загриженост што Македонија покрај економската и здравствената криза се најде во уште две кризи, енергетска и криза со снабдување со топлинска енергија при што посочи дека власта не само што не може да се справи со нив, туку истите ги продлабочува. Тој посочи дека новата влада која е само континуитет на претходната нема план, а ни капацитет да одговори на предизвиците со кои се соочува земјава, а не може ни соодветно да им помогне на граѓаните кои секојдневно се изложени на се поголеми трошоци токму поради погрешните и неразумни политики на власта. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата посочи дека власта не може да одговори на клучните работи важни за европска интеграцијата интеграција како што се реформите во правосудството, владеење на правото и намалување на високата корупција. Мицкоски потенцираше дека за надминување на кризата и тешката ситуација во која се наоѓа Македонија и водени од волјата на граѓаните од последните локални избори, потребни се предвремени парламентарни избори. Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да откаже од техничката влада и да се согласи на една изборна едница доколку е тоа пречката, бидејќи Македонија повеќе не смее да назадува и мора конечно да почне да оди напред.

The post Мицкоски на средба со амбасадорот Силвестри, разговарале за политичката и економската ситуација во Македонија appeared first on Република.

]]>
Герасимовски – Силвестри: Италијанскиот да се изучува во училиштата во Центар https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-silvestri-italijanskiot-da-se-izuchuva-vo-uchilishtata-vo-centar/ Thu, 20 Jan 2022 12:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=447116

Соработката со Град Скопје и локалните општински прашања и основното образование, беа дел од темите на денешната средба на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри.

Градоначалникот Герасимовски и амбасадорот Силвестри разговараа и за поделбата на надлежностите на извршната и локалната власт и за начинот на финансирање на локалната самоуправа.

Герасимовски на Силвестри му ги претстави неговите три програмски определби за подобрување на животот во општината, како јавната хигиена, паркинзите и урбанистичкото планирање, а стана збор и за основното образование и можноста за изучување на Италијанскиот јазик во основните училишта во Општина Центар.

Согласно Законот за основно образование, постои можност за воведување на италијанскиот јазик како втор странски јазик за изучување во основните училишта. Со амбасадорот Силвестри дискутиравме за можноста Италијанската амбасада во Скопје да обезбеди професори и материјали за запознавање на учениците во 5-то одделение, за веќе во 6-то одделение тие да можат да изберат да го изучуваат Италијанскиот јазик како втор јазик. Во оваа насока, на мое големо задоволство, се договоривме во иднина да имаме уште неколку средби и да ја интензивираме традиционално добрата соработка помеѓу амбасадата и Општина Центар, изјави градоначалникот Герасимовски по завршувањето на средбата.

По завршувањето на денешната средба, прва помеѓу градоначалникот и амбасадорот, соговорниците со заеднички заклучок дека таа е цврста основа за понатамошни заеднички проекти и активности кои ќе се спроведуваат во Општина Центар.

The post Герасимовски – Силвестри: Италијанскиот да се изучува во училиштата во Центар appeared first on Република.

]]>

Соработката со Град Скопје и локалните општински прашања и основното образование, беа дел од темите на денешната средба на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри. Градоначалникот Герасимовски и амбасадорот Силвестри разговараа и за поделбата на надлежностите на извршната и локалната власт и за начинот на финансирање на локалната самоуправа. Герасимовски на Силвестри му ги претстави неговите три програмски определби за подобрување на животот во општината, како јавната хигиена, паркинзите и урбанистичкото планирање, а стана збор и за основното образование и можноста за изучување на Италијанскиот јазик во основните училишта во Општина Центар.
Согласно Законот за основно образование, постои можност за воведување на италијанскиот јазик како втор странски јазик за изучување во основните училишта. Со амбасадорот Силвестри дискутиравме за можноста Италијанската амбасада во Скопје да обезбеди професори и материјали за запознавање на учениците во 5-то одделение, за веќе во 6-то одделение тие да можат да изберат да го изучуваат Италијанскиот јазик како втор јазик. Во оваа насока, на мое големо задоволство, се договоривме во иднина да имаме уште неколку средби и да ја интензивираме традиционално добрата соработка помеѓу амбасадата и Општина Центар, изјави градоначалникот Герасимовски по завршувањето на средбата.
По завршувањето на денешната средба, прва помеѓу градоначалникот и амбасадорот, соговорниците со заеднички заклучок дека таа е цврста основа за понатамошни заеднички проекти и активности кои ќе се спроведуваат во Општина Центар.

The post Герасимовски – Силвестри: Италијанскиот да се изучува во училиштата во Центар appeared first on Република.

]]>
Ковачевски на средба со амбасадорот Силвестри: Сметаме на поддршката на Италија на нашата интеграција во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-na-sredba-so-ambasadorot-silvestri-smetame-na-poddrshkata-na-italija-na-nashata-integracija-vo-eu/ Wed, 12 Jan 2022 14:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=443793

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ оствари средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри.

Ковачевски се заблагодари на поддршката што Италија како партнер и сојузник ја дава кон Македонија особено во делот на реформскиот процес и процесот на интеграција на нашата земја во ЕУ и најави дека новата влада предводена од СДСМ ќе се посвети на реформите важни за евроинтегративниот процес и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Новата Влада предводена од СДСМ ќе се посвети на справување со последиците од енергетската криза, зајакнување на економскиот стандард и неселективна борба против корупција. Ова се важни прашања за нашите граѓани, но и за нашиот интегративен процес кон ЕУ, затоа што преку структурните реформи, европските вредности ги носиме дома. Италија е силен поддржувач на нашата земја во процесот на нашето приклучување на ЕУ и сметаме на ваша силна и видлива поддршка и во иднина, со цел нашата држава да ги започне преговорите за членство во ЕУ, затоа со сето она што досега го постигнавме, заслужуваме прва меѓувладина конференција и отворање на првите поглавја, порача претседателот Ковачевски.

Амбасадорот Силвестри го поздрави напредокот во важните сектори што го постигна Македонија во изминатите години, додавајќи дека Италија ќе продолжи да биде силен поддржувач и промотор на проширувањето на ЕУ и изрази уверување дека наскоро ќе се создадат услови Република Македонија да ги започне преговорите за членство во Унијата.

The post Ковачевски на средба со амбасадорот Силвестри: Сметаме на поддршката на Италија на нашата интеграција во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ оствари средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри. Ковачевски се заблагодари на поддршката што Италија како партнер и сојузник ја дава кон Македонија особено во делот на реформскиот процес и процесот на интеграција на нашата земја во ЕУ и најави дека новата влада предводена од СДСМ ќе се посвети на реформите важни за евроинтегративниот процес и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.