амнестија Archives - Република https://republika.mk/tema/amnestija/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Nov 2023 16:06:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амнестија Archives - Република https://republika.mk/tema/amnestija/ 32 32 Најмасовен протест против Законот за амнестија во Шпанија, во Мадрид се собраа околу 170.000 лица https://republika.mk/vesti/svet/najmasoven-protest-protiv-zakonot-za-amnestija-vo-shpanija-vo-madrid-se-sobraa-okolu-170-000-litsa/ Sat, 18 Nov 2023 16:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=702947

Околу 170.000 лица денеска маршираа низ улиците на Мадрид на досега најмасовниот протест против Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, за кој се договорија шпанските социјалисти и сепаратистичките каталонски и баскиски партии во замена за поддршка за формирање на новата влада.

До демонстрации дојде само два дена откако шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез освои нов четиригодишен мандат со поддршка на Каталонците и Баскијците.

Британските медиуми јавуваат дека на маршот, организиран од граѓански групи, присуствуваа и лидери на опозицијата.

Амнестијата ќе опфати околу 400 лица кои беа вклучени во кампањата за независност на Каталонија, што кулминираше со референдумот за независност во 2017 година.

Своевремено, шпанските судови овој референдум го прогласија за незаконски, а неговите лидери ги затворија.

The post Најмасовен протест против Законот за амнестија во Шпанија, во Мадрид се собраа околу 170.000 лица appeared first on Република.

]]>

Околу 170.000 лица денеска маршираа низ улиците на Мадрид на досега најмасовниот протест против Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, за кој се договорија шпанските социјалисти и сепаратистичките каталонски и баскиски партии во замена за поддршка за формирање на новата влада. До демонстрации дојде само два дена откако шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез освои нов четиригодишен мандат со поддршка на Каталонците и Баскијците. Британските медиуми јавуваат дека на маршот, организиран од граѓански групи, присуствуваа и лидери на опозицијата. Амнестијата ќе опфати околу 400 лица кои беа вклучени во кампањата за независност на Каталонија, што кулминираше со референдумот за независност во 2017 година. Своевремено, шпанските судови овој референдум го прогласија за незаконски, а неговите лидери ги затворија.

The post Најмасовен протест против Законот за амнестија во Шпанија, во Мадрид се собраа околу 170.000 лица appeared first on Република.

]]>
Албанија ќе амнестира околу 570 осуденици https://republika.mk/vesti/balkan/albanija-ke-amnestira-okolu-570-osudenitsi/ Tue, 07 Nov 2023 19:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=699302

Албанската влада го донесе Предлог- законот за амнестија, со кој придобивка ќе имаат 570 осуденици.

Исто така, согласно Предлог-законот, престанува кривичното гонење за најголем дел од кривичните прекршоци за кои е предвидена казна затвор до две години.

Според предлог-законот, затворските ќелии ќе ги напуштат мажите кои се осудени на казна затвор до три години и жените кои се осудени на затвор до четири години, за казни кои биле изречени пред 30 јуни годинава.

- Слободата си ја враќаат и мажите, на кои од денот на стапување во сила на законот им остануваат три години затвор, како и жените, на кои им остануваат четири години затвор. Амнестијата ќе биде за жени над 50 години, мажи над 65 години и малолетници, наведуваат албанските медиуми.

Дополнително се предлага мажите да имаат една година намалена казна и една и пол година за жените и малолетниците, кои немаат корист од амнестија како другите.

- Од амнестијата строго се исклучени лицата кои издржуваат казна за семејно насилство, организиран криминал, трговија со голема количина дрога или злоупотреба на службената положба и корупција, односно се предмет на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, рече министерот за правда, Улси Мања.

Предлог-законот го подготвила работна група предводена од Мања, по тримесечни консултации со домашни и експерти од ЕУ и со генералната управа на затворите.

Тој треба да биде изгласан во Парламентот овој месец.

Во Албанија последната амнестија беше во 2020 година, кога беа опфатени 170 затвореници.

The post Албанија ќе амнестира околу 570 осуденици appeared first on Република.

]]>

Албанската влада го донесе Предлог- законот за амнестија, со кој придобивка ќе имаат 570 осуденици. Исто така, согласно Предлог-законот, престанува кривичното гонење за најголем дел од кривичните прекршоци за кои е предвидена казна затвор до две години. Според предлог-законот, затворските ќелии ќе ги напуштат мажите кои се осудени на казна затвор до три години и жените кои се осудени на затвор до четири години, за казни кои биле изречени пред 30 јуни годинава. - Слободата си ја враќаат и мажите, на кои од денот на стапување во сила на законот им остануваат три години затвор, како и жените, на кои им остануваат четири години затвор. Амнестијата ќе биде за жени над 50 години, мажи над 65 години и малолетници, наведуваат албанските медиуми. Дополнително се предлага мажите да имаат една година намалена казна и една и пол година за жените и малолетниците, кои немаат корист од амнестија како другите. - Од амнестијата строго се исклучени лицата кои издржуваат казна за семејно насилство, организиран криминал, трговија со голема количина дрога или злоупотреба на службената положба и корупција, односно се предмет на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, рече министерот за правда, Улси Мања. Предлог-законот го подготвила работна група предводена од Мања, по тримесечни консултации со домашни и експерти од ЕУ и со генералната управа на затворите. Тој треба да биде изгласан во Парламентот овој месец. Во Албанија последната амнестија беше во 2020 година, кога беа опфатени 170 затвореници.

The post Албанија ќе амнестира околу 570 осуденици appeared first on Република.

]]>
Николоски: Приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде справување со корупцијата и криминалот https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-prioritet-na-vladata-predvodena-od-vmro-dpmne-ke-bide-spravuvane-so-koruptsijata-i-kriminalot/ Fri, 03 Nov 2023 20:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=697958

Не можам да се согласам со една теза што се сака да се протне, а тоа е дека сите сме исти. Не сме сите исти. Нас измените на КЗ не најдоа затечени и не знаевме дека таква работа ќе се случи, а очигледно некои други добро знаеле, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ што се емитува на телевизија 24.

Николоски посочи дека измените на Казнениот закон не ги изненади само СДСМ и ДУИ.

Почнаа да паѓаат дела или има преквалификација на дела, како на пример случаите со поранешните генерални секретари на Владата, Мухамед Зекири и Драги Рашковски, а има и неказнивост веќе за некои предмети, на пример првиот состав на Владата на Зоран Заев. Има застареност на потенцијални казнени дела и некои застаруваат како она на поранешниот директор на директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски кој бараше 250 илјади евра мито за тој случај не може да одговара, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни дека тоа што го стори СДСМ, а и ДУИ да има неказнивост на сторени кривични дела никому не му паднало на памет дека е можно.

Ни на крај памет не ни падна дека на власта ќе и текне да носи закон што значи неказнивост. Ова не е случајна работа, каде една страна на брза лента ги пуштија измените, а од друга страна ја кочат експертската комисија предводена од експерти која треба да подготви нов казнен законик. И тука е јасно дека им е потребно да остане еден ваков закон определен период во кој ќе важи овој казнен законик и да се завршат работите. Или  да остане овој актуелниот КЗ да се заврши тоа што треба да се заврши, а потоа да се донесе нов нормален казнен законик“, рече Николоски.

Николоски заклучи дека приоритет на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде владеење на правото. Тој посочи како ќе се справи новата влада со неказнивоста.

Според мене и според партијата тоа ќе биде приоритет број еден. Проблем број еден е корупцијата и криминалот. Нема институција каде нема некорумпирани од најниско до највисоко ниво и никој не одговара, поради неказнивоста цвета криминалот и корупцијата, кажа Николоски.

The post Николоски: Приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде справување со корупцијата и криминалот appeared first on Република.

Законот за амнестија доставен до Собранието, според премиерот тој не е правен за личности туку за дела од помал обем https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-za-amnestija-dostaven-do-sobranieto-spored-premierot-toj-ne-e-praven-za-lichnosti-tuku-za-dela-od-pomal-obem/ Wed, 04 Oct 2023 07:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=687696

Законот за амнестија е доставен до Собранието и ќе се носи по скратена постапка. Премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека Законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со Законот се опфатени „озлогласени криминалци“.

Како што информираа вчера од Кабинетот на претседателот на Парламентот, Законот веќе е доставен до пратениците и е предложен да се носи по скратена постапка.

Ковачевски изјави дека Предлог-законот за амнестија е направен за дела од помал обем, со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции.

-Законот беше изработуван неколку месеци од страна на Министерството за правда и откако беше изработен беше испратен до сите пратенички групи во Собранието, вклучително и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не е точно дека не го виделе законот. Диверзитетот на различни мислења кои постојат за законот се добри и можат да се земат различни аспекти во однос на ефектите на законот, потенцираше вчера премиерот.

Според Ковачевски, за законот има различни мислења од кои дел се водат од хумани, а дел од рационални причини.

-Ист ваков закон се донесе во 2018 година и тогаш сите го поддржаа. Сега предложениот закон е дури и порестриктивен. Бројот на места во затворите е околу 2.113 колку што во моментов има лица во затвори. На издржување на казна чекаат уште 2.200 лица што значи дека во моментов се потребни 4.000 места за да се сместат сите кои чекаат за издржување на казна, додаде премиерот.

Транспарентност при носење на овој Закон очекува претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев. Тој вчера порача и оти очекува да се добијат одговори од кои причини се носи овој Закон, но и кои се ефектите.

-Очекувам да бидеме вклучени во некој дел од целата таа процедура со свое мислење како Судски совет, како судска фела. Колку што знам јас дека е во процедура, како ќе помине тоа останува на законодавниот дом, рече вчера Георгиев.

Во меѓувреме, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е на ставот дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да ја напушти Владата доколку не се согласува со Законот за амнестија.

-Спасовски има две опции. Едната опција е ако не се согласува да ја напушти владата. Втората опција која ја има Спасовски е да молчи и да прифати дека тие коишто се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму. И тие треба да добијат намалени затворски казни или дел од нив да добијат и целосна амнестија, за да потоа се најдат повторно на улиците и да повторно прават проблеми и го тероризираат чесниот граѓанин во Македонија, изјави вчера Мицкоски.

Инаку, со новиот Предлог закон за амнестија, од вкупно 2 114 затвореници низ државата, целосно се ослободуваат 286 лица, а делумно ослободување од ефектот на 30 проценти добиваат 996 затвореници.

Оваа бројка се однесува на лицата кои што се веќе сместени во затворите низ државава, додека, за оние 2 813 кои чекаат да влезат во затвор ќе има дополнителен список од Управата за извршување санкции.

The post Законот за амнестија доставен до Собранието, според премиерот тој не е правен за личности туку за дела од помал обем appeared first on Република.

]]>

Законот за амнестија е доставен до Собранието и ќе се носи по скратена постапка. Премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека Законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со Законот се опфатени „озлогласени криминалци“. Како што информираа вчера од Кабинетот на претседателот на Парламентот, Законот веќе е доставен до пратениците и е предложен да се носи по скратена постапка. Ковачевски изјави дека Предлог-законот за амнестија е направен за дела од помал обем, со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции. -Законот беше изработуван неколку месеци од страна на Министерството за правда и откако беше изработен беше испратен до сите пратенички групи во Собранието, вклучително и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не е точно дека не го виделе законот. Диверзитетот на различни мислења кои постојат за законот се добри и можат да се земат различни аспекти во однос на ефектите на законот, потенцираше вчера премиерот. Според Ковачевски, за законот има различни мислења од кои дел се водат од хумани, а дел од рационални причини. -Ист ваков закон се донесе во 2018 година и тогаш сите го поддржаа. Сега предложениот закон е дури и порестриктивен. Бројот на места во затворите е околу 2.113 колку што во моментов има лица во затвори. На издржување на казна чекаат уште 2.200 лица што значи дека во моментов се потребни 4.000 места за да се сместат сите кои чекаат за издржување на казна, додаде премиерот. Транспарентност при носење на овој Закон очекува претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев. Тој вчера порача и оти очекува да се добијат одговори од кои причини се носи овој Закон, но и кои се ефектите. -Очекувам да бидеме вклучени во некој дел од целата таа процедура со свое мислење како Судски совет, како судска фела. Колку што знам јас дека е во процедура, како ќе помине тоа останува на законодавниот дом, рече вчера Георгиев. Во меѓувреме, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е на ставот дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да ја напушти Владата доколку не се согласува со Законот за амнестија. -Спасовски има две опции. Едната опција е ако не се согласува да ја напушти владата. Втората опција која ја има Спасовски е да молчи и да прифати дека тие коишто се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму. И тие треба да добијат намалени затворски казни или дел од нив да добијат и целосна амнестија, за да потоа се најдат повторно на улиците и да повторно прават проблеми и го тероризираат чесниот граѓанин во Македонија, изјави вчера Мицкоски. Инаку, со новиот Предлог закон за амнестија, од вкупно 2 114 затвореници низ државата, целосно се ослободуваат 286 лица, а делумно ослободување од ефектот на 30 проценти добиваат 996 затвореници. Оваа бројка се однесува на лицата кои што се веќе сместени во затворите низ државава, додека, за оние 2 813 кои чекаат да влезат во затвор ќе има дополнителен список од Управата за извршување санкции.

The post Законот за амнестија доставен до Собранието, според премиерот тој не е правен за личности туку за дела од помал обем appeared first on Република.

]]>
Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-pravda-zakonot-za-amnestija-nema-da-se-nosi-so-evropsko-znamentse/ Sun, 01 Oct 2023 18:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=686884

Министерството за правда ги нарече неосновани тврдењата на претстедалот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце.

-Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони. ВМРО ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот ден за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Во однос на најавите за напуштање на Парламентот од страна на пратениците на ВМРО- ДПМНЕ, како што се посочува во соопштението, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава.

- Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна. Можеби, господинот Христијан Мицкоски вака сака да и помогне на татковината со отворање простор за изгласување на уставните измени и отворање на патото кон ЕУ, се посочува во соопштението од Министерството за правда.

The post Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда ги нарече неосновани тврдењата на претстедалот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце. -Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони. ВМРО ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот ден за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има, се наведува во соопштението од Министерството за правда. Во однос на најавите за напуштање на Парламентот од страна на пратениците на ВМРО- ДПМНЕ, како што се посочува во соопштението, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава. - Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна. Можеби, господинот Христијан Мицкоски вака сака да и помогне на татковината со отворање простор за изгласување на уставните измени и отворање на патото кон ЕУ, се посочува во соопштението од Министерството за правда.

The post Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце appeared first on Република.

]]>
Според Спасовски нема потреба од носење на закон за амнестија https://republika.mk/vesti/makedonija/spored-spasovski-nema-potreba-od-nosene-na-zakon-za-amnestija/ Sat, 30 Sep 2023 16:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=686654

Непотребно е донесувањето на законот за амнестија, оцени Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој смета дека неговата примена, нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите, а како што вели, не е ниту момент за амнестија.

„Прво, не е соодветно ниту времето, ниту моментот на носење на Закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица, исто така нема да помогне во многу.Нема да имаме никави ефекти во однос на носењето на законското решение, нема да допринесе значително да се ослободат места итн или да се намали притисокот на КПУ. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетие на затворските институции“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата.

„Ние секогаш укажуваме на тоа дека тие лица кои сториле кривични дела, пред се, разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште еден терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме“, вели министерот за внатрешни работи.

Законот за амнестија подготвен од Министерството за правда, пред пратениците е предвидено да се најде за десетина дена. Опозицијата се противи на неговото донесување и најави бројни амандмани. Власта пак со амандман ќе спречува од затвор да излезат и помагачи на тешки кривични дела.

The post Според Спасовски нема потреба од носење на закон за амнестија appeared first on Република.

]]>

Непотребно е донесувањето на законот за амнестија, оцени Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој смета дека неговата примена, нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите, а како што вели, не е ниту момент за амнестија.
„Прво, не е соодветно ниту времето, ниту моментот на носење на Закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека ќе опфати прилично мал број на лица, исто така нема да помогне во многу.Нема да имаме никави ефекти во однос на носењето на законското решение, нема да допринесе значително да се ослободат места итн или да се намали притисокот на КПУ. Јас мислам дека треба државата стратешки да размислува во зголемувањето на капацитетие на затворските институции“, изјави Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.
Според него, амнестираните многу често по излегувањето од затвор ги повторуваат делата. „Ние секогаш укажуваме на тоа дека тие лица кои сториле кривични дела, пред се, разбојништва, тешки кражби итн, претставуваат уште еден терет за безбедносната состојба, или ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме“, вели министерот за внатрешни работи. Законот за амнестија подготвен од Министерството за правда, пред пратениците е предвидено да се најде за десетина дена. Опозицијата се противи на неговото донесување и најави бројни амандмани. Власта пак со амандман ќе спречува од затвор да излезат и помагачи на тешки кривични дела.

The post Според Спасовски нема потреба од носење на закон за амнестија appeared first on Република.

]]>
Лога порачува дека функционери нема да бидат дел од амнестијата: „Од затвор не излегуваат академци“ https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-porachuva-deka-funktsioneri-nema-da-bidat-del-od-amnestijata-od-zatvor-ne-izleguvaat-akademtsi/ Thu, 28 Sep 2023 12:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=686053

Министерот за правда, Кренар Лога денеска го поздрави тоа што предлог-законот за амнестија ќе се најде пред пратениците. Според него, останува на сила истиот закон од 2018 година, но додадени се делата кои нема да се амнестираат, врзани со коруптивните дела.

Лога тврди дека ниту еден избран функционер нема да биде дел од оваа амнестија. Исто така дел од амнестијата нема да бидат и предметите со семејно насилство.

Министерот очекува поддршка од сите политички партии, бидејќи вели ова не е за секојдневна политичка агенда.

Законот не влегува во конкретни предмети. Повикувам да не се игра со имиња и со емоции. Од таму не излегуваат академци, туку се знае – затвореници кои се осудени за кривични дела. Само во ВМРО-ДПМНЕ се случува да влегува затвореник како криминалец, а да излегува како академик и да се пречекува во Белата палата како некој јунак во државата, кажа Лога на брифинг со медиумите.

Додаде дека сите предмети што ќе бидат опфатени со законот, ќе важат.

Доколку биде блокиран законот во Собрание, Лога вели дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ и другите партии ќе треба да се демантираат себеси за законот од 2018 година. Тоа е ист закон, повтори министерот.

Освен албуми со слики од условите во затворот во Идризово, пратениците од мене ќе добијат и огледало, за да се прашаат себеси дали ќе дозволат обични граѓани во земјава со помали кривични дела да се враќаат дома како насилници. Да не се злоупотребува ова прашање, посочува Лога што ќе се случи доколку не помине законот.

The post Лога порачува дека функционери нема да бидат дел од амнестијата: „Од затвор не излегуваат академци“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Кренар Лога денеска го поздрави тоа што предлог-законот за амнестија ќе се најде пред пратениците. Според него, останува на сила истиот закон од 2018 година, но додадени се делата кои нема да се амнестираат, врзани со коруптивните дела. Лога тврди дека ниту еден избран функционер нема да биде дел од оваа амнестија. Исто така дел од амнестијата нема да бидат и предметите со семејно насилство. Министерот очекува поддршка од сите политички партии, бидејќи вели ова не е за секојдневна политичка агенда.
Законот не влегува во конкретни предмети. Повикувам да не се игра со имиња и со емоции. Од таму не излегуваат академци, туку се знае – затвореници кои се осудени за кривични дела. Само во ВМРО-ДПМНЕ се случува да влегува затвореник како криминалец, а да излегува како академик и да се пречекува во Белата палата како некој јунак во државата, кажа Лога на брифинг со медиумите.
Додаде дека сите предмети што ќе бидат опфатени со законот, ќе важат. Доколку биде блокиран законот во Собрание, Лога вели дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ и другите партии ќе треба да се демантираат себеси за законот од 2018 година. Тоа е ист закон, повтори министерот.
Освен албуми со слики од условите во затворот во Идризово, пратениците од мене ќе добијат и огледало, за да се прашаат себеси дали ќе дозволат обични граѓани во земјава со помали кривични дела да се враќаат дома како насилници. Да не се злоупотребува ова прашање, посочува Лога што ќе се случи доколку не помине законот.

The post Лога порачува дека функционери нема да бидат дел од амнестијата: „Од затвор не излегуваат академци“ appeared first on Република.

]]>
Коцевски: Законот за амнестија ќе го блокираме, тоа е закон со кој криминалците се пуштаат на слобода https://republika.mk/vesti/makedonija/kotsevski-zakonot-za-amnestija-ke-go-blokirame-toa-e-zakon-so-koj-kriminaltsite-se-pushtaat-na-sloboda/ Wed, 27 Sep 2023 20:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=685797

„Точно така ќе бојкотираме бидејќи се работи за закон спакуван во обланда за пуштање на криминалци на слобода. Ова е втор пат што се случува еднаш тоа се случи во 2017-та година пред локалните избори и се пуштија околу 1,000 такви криминалци кои потоа одработија за партиите на власт СДСМ и ДУИ во тоа време, ова е втор пат што ќе се случи таква работа“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски во гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека сето тоа е договор на власта со криминалците за да ги пуштат на слобода се со цел тие да одработат за нив.

„Колку што сум запознаен пред една година оваа Влада има добиено кредит точно на оваа тема да се создадат подобри услови во затворите во Република Македонија меѓутоа ништо не е искористено од тоа. Затоа велам дека ова е една обланда за криминалците да се најдат на слобода и повторно да обработат за власта“, вели Коцевски.

Тој посочи дека 24 часа им требало на власта за да го изгласаат овој кривичен закон.

„Овој закон е донесен затоа што се спремаат за опозиција и сегашните партиски функционери и останати криминалци да одговараа или не одговараат по овој нов кривичен законик. За јавноста владејачкото мнозинство си го обезбеди кворумот од 63 пратеници и го чекаа Али Ахмети за да започне седницата. Прва точка на дневен ред беше кривичниот закон, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сите кои беа присутни гласаа против“, дециден е Коцевски.

The post Коцевски: Законот за амнестија ќе го блокираме, тоа е закон со кој криминалците се пуштаат на слобода appeared first on Република.

Груевски: Пендаровски да каже кој тоа барал амнестија за мене https://republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-pendarovski-da-kazhe-koj-toa-baral-amnestija-za-mene/ Tue, 19 Sep 2023 06:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=683000

„Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене кај актуелниот претседател на Македонија Пендаровски“, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

Тој го повика претседателот на републиката Стево Пендаровски, кој даде изјава дека некои лица разговарале со него за негова амнестија, да соопшти јавно кој му барал амнестија.

Ако тоа се случи и ако тоа воопшто било така, потоа споменатите лица би ги замолил јавно да кажат и покажат дали е тоа точно и доколку е точно, дали јас сум побарал од нив да бараат амнестија за мене кај Пендаровски, напиша Груевски.

Тој вели дека она што сигурно го знае и уште пред неколку години јавно го напишал и подоцна го повторил, е дека се додека траат политичките прогони во Македонија кон него и кон другите, Македонија нема да има напредок.

Во продолжение на постот, Груевски пишува:

Знам дека ретко кој го сфати тоа сериозно, но таа лоша карма не се отстрани и за жал времето го потврдува тоа што го кажав. Не може оние кои еден дел од животот, толку многу години, целосно го посветиле и искрено работеле за доброто на земјата и на сите во неа, потоа да бидат неправедно прогонувани од таа земја, и да очекувате позитивен развој на таа земја истовремено.

Како што не можете да очекувате ако некој во вашиот живот ви направил само добрини, а вие потоа нечовечки постапите кон него, да имате понатамошна среќа.

Да допрецизирам за ефектот од измените на кривичниот законик врз мене, бидејќи има многу шпекулации дека бил правен заради мене. Всушност, токму во мојот случај имаат само минорно влијание, спротивно на тоа што го форсираат како теза многу политичари јавно или затскриени зад некој медиуми.

Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација.

Тоа е предметот „ТНТ“, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор.

Во предметот “Траекторија” политичкиот прогон е по друга квалификација, идентична како во предметот „Тенк“, а тоа е “Влијание заради остварување корист”, а користа е што сум сакал побрзо да се заврши автопатот за да го отвориме пред избори и со тоа да добиеме поголема поддршка од граѓаните, па тоа обвинителството го квалификува како корист.

Независно колку сето ова е глупаво, дури ни таа имагинарна корист не е остварена, бидејќи имавме предвремени избори, а патот уште се гради и уште којзнае до кога ќе се гради.

Но, тој член предвидува казна до три години и таму застареноста на гонењето е уште во 2019 година.

Во уште еден или два предмети каде се води политички прогон против мене со по две или три квалификации, можеби оваа измена на КЗ ќе има само делумен ефект, односно ќе се намали само по една квалификација, но бидејќи има и други квалификации, тие предмети ќе продолжат да се судат и ќе има пресуда, која ако политичкиот прогон не се елиминира, во услови на вака политички контролирано правосудство, колку и да нема доказ против мене и моите поранешни соработници, колку и да е се апсурдно, сосема е извесно како ќе заврши.

Верувам дека секој човек кој размислува со своја глава ќе констатира дека од 7, 8 или 9 политички мотивирани предмети, кои ако имаше нормално обвинителство и власт немаше ни да почнат, ако еден судски предмет се намали, мене не ми менува многу, и сигурно не би помислил со некого нешто да разговарам за да продолжат политички да ме гонат со сите останати предмети.

Никакви тајни средби немало за членот 353 на кои јас сум учествувал.

Членот 353 како несоодветен на кривичното законодавство во ЕУ е споменуван неколку пати на маргините на други состаноци организирани за правни прашања на различни нивоа до 2018 година, но никогаш не се влезе во некоја фаза на реализација, бидејќи во тоа време приоритет на власта беше што посилен да е политичкиот прогон, а не усогласување на законодавството со ЕУ, особено ако тоа може да им попречи во злосторничките намери на Зоран Заев.

За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало „пред 3-4 години“, како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам, бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, а по моето заминување од Македонија новото раководство целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите.

Оттука сите оние кои говорат за некакви мои контакти, комуникација, средби, или влијание на одлуките на ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и истите такви лаги дека во изминатиот период сум имал наводни средби со претставници на власта, за преговори за едно или за друго прашање“.

The post Груевски: Пендаровски да каже кој тоа барал амнестија за мене appeared first on Република.

]]>

„Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене кај актуелниот претседател на Македонија Пендаровски“, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски. Тој го повика претседателот на републиката Стево Пендаровски, кој даде изјава дека некои лица разговарале со него за негова амнестија, да соопшти јавно кој му барал амнестија.
Ако тоа се случи и ако тоа воопшто било така, потоа споменатите лица би ги замолил јавно да кажат и покажат дали е тоа точно и доколку е точно, дали јас сум побарал од нив да бараат амнестија за мене кај Пендаровски, напиша Груевски.
Тој вели дека она што сигурно го знае и уште пред неколку години јавно го напишал и подоцна го повторил, е дека се додека траат политичките прогони во Македонија кон него и кон другите, Македонија нема да има напредок. Во продолжение на постот, Груевски пишува: Знам дека ретко кој го сфати тоа сериозно, но таа лоша карма не се отстрани и за жал времето го потврдува тоа што го кажав. Не може оние кои еден дел од животот, толку многу години, целосно го посветиле и искрено работеле за доброто на земјата и на сите во неа, потоа да бидат неправедно прогонувани од таа земја, и да очекувате позитивен развој на таа земја истовремено. Како што не можете да очекувате ако некој во вашиот живот ви направил само добрини, а вие потоа нечовечки постапите кон него, да имате понатамошна среќа. Да допрецизирам за ефектот од измените на кривичниот законик врз мене, бидејќи има многу шпекулации дека бил правен заради мене. Всушност, токму во мојот случај имаат само минорно влијание, спротивно на тоа што го форсираат како теза многу политичари јавно или затскриени зад некој медиуми. Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација. Тоа е предметот „ТНТ“, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор. Во предметот “Траекторија” политичкиот прогон е по друга квалификација, идентична како во предметот „Тенк“, а тоа е “Влијание заради остварување корист”, а користа е што сум сакал побрзо да се заврши автопатот за да го отвориме пред избори и со тоа да добиеме поголема поддршка од граѓаните, па тоа обвинителството го квалификува како корист. Независно колку сето ова е глупаво, дури ни таа имагинарна корист не е остварена, бидејќи имавме предвремени избори, а патот уште се гради и уште којзнае до кога ќе се гради. Но, тој член предвидува казна до три години и таму застареноста на гонењето е уште во 2019 година. Во уште еден или два предмети каде се води политички прогон против мене со по две или три квалификации, можеби оваа измена на КЗ ќе има само делумен ефект, односно ќе се намали само по една квалификација, но бидејќи има и други квалификации, тие предмети ќе продолжат да се судат и ќе има пресуда, која ако политичкиот прогон не се елиминира, во услови на вака политички контролирано правосудство, колку и да нема доказ против мене и моите поранешни соработници, колку и да е се апсурдно, сосема е извесно како ќе заврши. Верувам дека секој човек кој размислува со своја глава ќе констатира дека од 7, 8 или 9 политички мотивирани предмети, кои ако имаше нормално обвинителство и власт немаше ни да почнат, ако еден судски предмет се намали, мене не ми менува многу, и сигурно не би помислил со некого нешто да разговарам за да продолжат политички да ме гонат со сите останати предмети. Никакви тајни средби немало за членот 353 на кои јас сум учествувал. Членот 353 како несоодветен на кривичното законодавство во ЕУ е споменуван неколку пати на маргините на други состаноци организирани за правни прашања на различни нивоа до 2018 година, но никогаш не се влезе во некоја фаза на реализација, бидејќи во тоа време приоритет на власта беше што посилен да е политичкиот прогон, а не усогласување на законодавството со ЕУ, особено ако тоа може да им попречи во злосторничките намери на Зоран Заев. За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало „пред 3-4 години“, како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам, бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, а по моето заминување од Македонија новото раководство целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите. Оттука сите оние кои говорат за некакви мои контакти, комуникација, средби, или влијание на одлуките на ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и истите такви лаги дека во изминатиот период сум имал наводни средби со претставници на власта, за преговори за едно или за друго прашање“.

The post Груевски: Пендаровски да каже кој тоа барал амнестија за мене appeared first on Република.

]]>
Кривичен суд ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април” https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-sud-gi-otfrli-kako-neosnovani-baranata-za-amnestija-za-sluchajot-organizatori-na-27-april/ Fri, 16 Jun 2023 10:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=652096

Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Ристовски и Владимир Атанасовски за амнестија за случајот „Организатори на 27 април".

Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека по барањето на одбраната за примена на Законот за амнестија од 2018 година за обвинетите за случајот и добиеното мислење на Јавниот обвинител, донел одлука дека со која барањето се отфрла како неосновано.

Се одбива како неосновано барањето за амнестија, бидејќи не се исполнети условите од член 1, став 2, алинеја еден и два од Закон за амнестија, изјави судијата Трпков.

Со оглед дека обвинетите имаат право на жалба на одлуките, судењето се одложува за 6 јули 2023 година.

Судот, на почетокот информираше дека го добил мислењето на Јавниот обвинител, дека обвинетите не се лица кои ги опфаќа Законот за амнестија и дека во оваа фаза не постои правна можност Судот да одлучува по амнестијата.

Адвокатот Еленко Миланов, во однос на мислењето на јавниот обвинител, наведе дека не го ограничува Судот да донесе решение со кое ќе ја запре постапката согласно одредбите од Законот за амнестија од 2018 година, со што примената на институтот амнестија не е врзан само во делот со одлучување на пресуда.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Од Скопска апелација, во соопштението до медиумите, „информира дека при разгледување на првостепената пресуда оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право".

The post Кривичен суд ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април” appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Ристовски и Владимир Атанасовски за амнестија за случајот „Организатори на 27 април". Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека по барањето на одбраната за примена на Законот за амнестија од 2018 година за обвинетите за случајот и добиеното мислење на Јавниот обвинител, донел одлука дека со која барањето се отфрла како неосновано.
Се одбива како неосновано барањето за амнестија, бидејќи не се исполнети условите од член 1, став 2, алинеја еден и два од Закон за амнестија, изјави судијата Трпков.
Со оглед дека обвинетите имаат право на жалба на одлуките, судењето се одложува за 6 јули 2023 година. Судот, на почетокот информираше дека го добил мислењето на Јавниот обвинител, дека обвинетите не се лица кои ги опфаќа Законот за амнестија и дека во оваа фаза не постои правна можност Судот да одлучува по амнестијата. Адвокатот Еленко Миланов, во однос на мислењето на јавниот обвинител, наведе дека не го ограничува Судот да донесе решение со кое ќе ја запре постапката согласно одредбите од Законот за амнестија од 2018 година, со што примената на институтот амнестија не е врзан само во делот со одлучување на пресуда. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење. Од Скопска апелација, во соопштението до медиумите, „информира дека при разгледување на првостепената пресуда оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право".

The post Кривичен суд ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април” appeared first on Република.

]]>
ВМРО-НП со поддршка на Предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-np-so-poddrshka-na-predlog-zakonot-za-amnestija-na-litsata-osudeni-za-nastanite-od-27-april/ Sun, 05 Feb 2023 09:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=604955

ВМРО-Народна партија упатува поддршка за Предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.

И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па оттука сметаме дека овој Предлог-закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Македонија.

The post ВМРО-НП со поддршка на Предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април appeared first on Република.

Најневините завршија во затвор, а инспираторите се на слобода – Ангелов бара амнестија за 27 април https://republika.mk/vesti/makedonija/najnevinite-zavrshija-vo-zatvor-a-inspiratorite-se-na-sloboda-angelov-bara-amnestija-za-27-april/ Fri, 29 Apr 2022 09:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=495190

Поранешниот генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција, а денеска директор на ЦУК и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов во „Утрински брифинг“ зборуваше за 21-годишнината од масакрот во Вејце, терористичкиот напад во Диво Насеље и упадот во Собранието, за кој побара амнестија за учесниците.

Јас не сум тој што треба да простува. Бев ранет во Арачиново. Достоинство секоја година го одбележува овој настан во Вејце. Во 2015 година повторно имавме обид за дестабилизација во Диво насеље, кумановско. Процесот на помирување успешно тече иако има помала нетрпеливост меѓу Македонците и Албанците. Во редовите на АРСМ и МВР работат одреден број некогашни членови на УЧК, но тие функционираат нормално, вели Ангелов.

Денеска општеството е поподелено по политичка основа отколку по национална поделеност, коментира Ангелов и додава дека тоа е карактеристично и за Македонците и Албанците.

На 27 април 2015 година Македонија беше на раб на граѓанска војна, а во Собранието имаше и Македонци и Албанци. Факт е дека никој не загина. Тие што влегоа во Собранието тогаш несвесно го сторија тоа затоа што беа наведени да мислат дека тоа е патриотски чин. Го осудувам чинот во Собранието, најневините завршија во затвор, а инспираторите се на слобода. Затоа повикуваме овие луѓе што се во затвор да бидат амнестирани. Ние сме амнестирале луѓе со гласање во Собранието за многу тешки кривични дела сторени од УЧК, а според мене тоа зло беше направено за заземање територија, вели Ангелов.

The post Најневините завршија во затвор, а инспираторите се на слобода – Ангелов бара амнестија за 27 април appeared first on Република.

Пендаровски: Се подготвува нов закон за помилување, а не за амнестија https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-podgotvuva-nov-zakon-za-pomiluvanje-a-ne-za-amnestija/ Thu, 21 Apr 2022 14:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=491875

Претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање околу најавата на заменик-министерот за правда Агим Нухиу дека се подготвува ваков закон, истакна дека не станува збор за подготвка на нов закон за амнестија, туку за подготовка на нов закон за помилување.

Пендаровски појасни дека по инцијатива на Министерството за правда новиот закон за помилување е во подготовка од пред повеќе месеци.

Јас имам мои експерти кои учествуваат во работните комсии и колку што знам, тој текст е сега во Владата и би требало да оди кон Собранието - изјави Пендаровски.

Образложувајќи ја идејата која сакале да биде постигната, Пендаровски посочи дека со измените, доколку бидат прифатени од Парламентот, претседателот на предлог на Министерството за правда ќе може да помилува само по правосилноста на пресудата.

Сега претседателот има право на инцијатива на Министерство за правда да помилува човек во која било фаза од постапката, од апсењето и кога ја издржува казната. Јас го поддржувам тој пристап. Идејата беше сега со тие измени ако бидат прифатени од Парламентот, претседателот на предлог на Министерството за правда да може да помилува само по правосилноста на пресудата -  информира Пендаровски.

Според него, треба да се остави судскиот систем да ја истера постапката, да се соочат аргументите на Обвинителството и на одбраната и на крајот ако смета претседателот, кога ќе заврши целата постапка и таа пресуда стане правосилна, да реагира аки има некаков простор за корекција на таа пресуда.

Имавме неколку контроверзни ситуации изминативе 20 години, дали од политички причини или не знам од кои други причини, некој некого помилувал во рана фаза на постапката. Треба да се остави судскиот систем да ја истера постапка, да се соочат аргументите на обвинителството и на одбраната и на крајот ако смета претседателот кога ќе заврши целата постапка и таа пресуда стане правосилна дека има некаков простор за корекција на таа пресуда, тогаш е дозволено да „влезе“ во процесот, а не првиот, вториот или третиот ден да пресуди и да рече „Нема да има постапка понатаму“, со што практично де факто се дерогира целокупниот правосуден систем - изјави Пендаровски

The post Пендаровски: Се подготвува нов закон за помилување, а не за амнестија appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање околу најавата на заменик-министерот за правда Агим Нухиу дека се подготвува ваков закон, истакна дека не станува збор за подготвка на нов закон за амнестија, туку за подготовка на нов закон за помилување. Пендаровски појасни дека по инцијатива на Министерството за правда новиот закон за помилување е во подготовка од пред повеќе месеци.