Амбер Херд Archives - Република https://republika.mk/tema/amber-herd/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 08:59:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Амбер Херд Archives - Република https://republika.mk/tema/amber-herd/ 32 32 Ќерката на Џони Деп го прекина молкот: Има причина зошто не сакав да го коментирам судењето https://republika.mk/scena/estrada/kjerkata-na-dzoni-dep-go-prekina-molkot-ima-prichina-zoshto-ne-sakav-da-go-komentiram-sudenjeto/ Fri, 18 Nov 2022 08:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=575234

Ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, Лили-Роуз Деп, објасни зошто одлучила да молчи за време на судскиот процес за клевета во кој беа вклучени нејзиниот татко и неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Во искреното интервју за Elle, актерката објасни зошто решила да се држи настрана од целата драма и да не коментира јавно за случајот на нејзиниот татко.

Кога се работи за нешто што е толку приватно и толку лично што одеднаш станува не толку лично... Чувствувам дека имам право на сопствена тајна градина со мисли, рече манекенката и актерка, која треба да глуми во претстојната серија на HBO „Идол“.

23-годишната Французинка откри дека сака луѓето да ја оценуваат според нејзините заслуги, а не поради мажите во нејзиниот живот - било да е тоа нејзиниот славен татко или нејзините момчиња.

Исто така, сметам дека не сум тука да одговарам за никого и чувствувам дека во поголемиот дел од мојата кариера луѓето навистина сакаа да ме дефинираат според мажите во мојот живот, без разлика дали тоа се членовите на моето семејство или момците со кои сум била. Навистина сум подготвена да ме судат само за работи за кои сум сама одговорна, изјави младата ѕвезда.

The post Ќерката на Џони Деп го прекина молкот: Има причина зошто не сакав да го коментирам судењето appeared first on Република.

]]>

Ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, Лили-Роуз Деп, објасни зошто одлучила да молчи за време на судскиот процес за клевета во кој беа вклучени нејзиниот татко и неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Во искреното интервју за Elle, актерката објасни зошто решила да се држи настрана од целата драма и да не коментира јавно за случајот на нејзиниот татко.
Кога се работи за нешто што е толку приватно и толку лично што одеднаш станува не толку лично... Чувствувам дека имам право на сопствена тајна градина со мисли, рече манекенката и актерка, која треба да глуми во претстојната серија на HBO „Идол“.
23-годишната Французинка откри дека сака луѓето да ја оценуваат според нејзините заслуги, а не поради мажите во нејзиниот живот - било да е тоа нејзиниот славен татко или нејзините момчиња.
Исто така, сметам дека не сум тука да одговарам за никого и чувствувам дека во поголемиот дел од мојата кариера луѓето навистина сакаа да ме дефинираат според мажите во мојот живот, без разлика дали тоа се членовите на моето семејство или момците со кои сум била. Навистина сум подготвена да ме судат само за работи за кои сум сама одговорна, изјави младата ѕвезда.

The post Ќерката на Џони Деп го прекина молкот: Има причина зошто не сакав да го коментирам судењето appeared first on Република.

]]>
Амбер Херд поднесе жалба против пресудата во полза на Џони Деп https://republika.mk/scena/estrada/amber-herd-podnese-zalba-protiv-presudata-vo-polza-na-dzoni-dep/ Fri, 14 Oct 2022 07:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=560890

Амбер Хард поднесе жалба од 16 точки против пресудата со која ѝ се наложува на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп да му плати 15 милиони долари за клевета. Адвокатите сметаат дека немало „доволно јасни докази за зла намера“, што е еден од предусловите што мора да се задоволат за некој да биде осуден за клевета.

Судот наложи и Деп да ѝ плати на Хард два милиони долари, исто така, за клевета, па глумицата и нејзиниот правен тим се жалат дека таа отштета е „неприфатливо недоследна“. Се жалат и на местото во САД каде што се тужени бидејќи сметаат дека тоа треба да се премести на „соодветното место“ на Флорида. Тимот на Деп настојуваше судењето да се одржи во Ферфакс, Вирџинија, бидејќи таму беше отпечатен весникот „Вашингтон пост“, каде што Хард ги наведе сведоштвата за наводна злоупотреба.

Главната жалба е во тоа што адвокатите сметаат дека судот погрешил што му дозволил на Деп да добие отштета врз основа и на претходни изјави на Хард. Тврдат дека на неа требало да ѝ се суди само за написот во „Вашингтон пост“, каде што „Хард никаде не го спомнува Деп по име“, па сметаат – така немало основа тој да го добие случајот на суд.

The post Амбер Херд поднесе жалба против пресудата во полза на Џони Деп appeared first on Република.

]]>

Амбер Хард поднесе жалба од 16 точки против пресудата со која ѝ се наложува на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп да му плати 15 милиони долари за клевета. Адвокатите сметаат дека немало „доволно јасни докази за зла намера“, што е еден од предусловите што мора да се задоволат за некој да биде осуден за клевета. Судот наложи и Деп да ѝ плати на Хард два милиони долари, исто така, за клевета, па глумицата и нејзиниот правен тим се жалат дека таа отштета е „неприфатливо недоследна“. Се жалат и на местото во САД каде што се тужени бидејќи сметаат дека тоа треба да се премести на „соодветното место“ на Флорида. Тимот на Деп настојуваше судењето да се одржи во Ферфакс, Вирџинија, бидејќи таму беше отпечатен весникот „Вашингтон пост“, каде што Хард ги наведе сведоштвата за наводна злоупотреба. Главната жалба е во тоа што адвокатите сметаат дека судот погрешил што му дозволил на Деп да добие отштета врз основа и на претходни изјави на Хард. Тврдат дека на неа требало да ѝ се суди само за написот во „Вашингтон пост“, каде што „Хард никаде не го спомнува Деп по име“, па сметаат – така немало основа тој да го добие случајот на суд.

The post Амбер Херд поднесе жалба против пресудата во полза на Џони Деп appeared first on Република.

]]>
Амбер Херд ја продаде куќата за која тврдеше дека не е нејзина https://republika.mk/vesti/amber-herd-ja-prodade-kukjata-za-koja-tvrdeshe-deka-ne-e-nejzina/ Mon, 01 Aug 2022 11:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=535706

Актерката Амбер Херд (36) продала куќа во Јужна Калифорнија во долината Јука за 1,5 милиони долари, открива американскиот портал „ТМЗ“, според евиденцијата за имот на Zillow.

Во текот на судењето се шпекулираше дека актерката е сопственичка на таа куќа поради сомнително купување преку анонимна фондација. Куќата е купена уште во 2019 година преку анонимна фондација која наводно е поврзана со Амбер, а потоа тајно била продадена за нешто повеќе од 570.000 долари.

Странските медиуми тврдат дека стапиле во контакт со новиот сопственик на вилата, кој тврди дека куќата ја купил преку агенти кои работеле за Амбер, но дека никогаш ништо не договарал сам со неа.

Амбер за куќата добила речиси двојно повеќе отколку што платила пред три години, со што заработила околу 476.663 долари. Актерката ја купила куќата пред пандемијата и оттогаш вредноста на недвижностите главно пораснале.

The post Амбер Херд ја продаде куќата за која тврдеше дека не е нејзина appeared first on Република.

]]>

Актерката Амбер Херд (36) продала куќа во Јужна Калифорнија во долината Јука за 1,5 милиони долари, открива американскиот портал „ТМЗ“, според евиденцијата за имот на Zillow. Во текот на судењето се шпекулираше дека актерката е сопственичка на таа куќа поради сомнително купување преку анонимна фондација. Куќата е купена уште во 2019 година преку анонимна фондација која наводно е поврзана со Амбер, а потоа тајно била продадена за нешто повеќе од 570.000 долари. Странските медиуми тврдат дека стапиле во контакт со новиот сопственик на вилата, кој тврди дека куќата ја купил преку агенти кои работеле за Амбер, но дека никогаш ништо не договарал сам со неа. Амбер за куќата добила речиси двојно повеќе отколку што платила пред три години, со што заработила околу 476.663 долари. Актерката ја купила куќата пред пандемијата и оттогаш вредноста на недвижностите главно пораснале.

The post Амбер Херд ја продаде куќата за која тврдеше дека не е нејзина appeared first on Република.

]]>
Изјавата на Амбер Херд по пресудата: Разочарувањето што го чувствувам е невозможно да се опише https://republika.mk/scena/estrada/izjavata-na-amber-herd-po-presudata-razocharuvanjeto-shto-go-chuvstvuvam-e-nevozmozno-da-se-opishe/ Thu, 02 Jun 2022 14:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=510261

Џони Деп не беше присутен во судот кога беше објавена пресудата, бидејќи во моментот се наоѓа во Њукасл, Англија, додека Амбер Херд беше во судницата. Таа влезе насмеана, а излезе со наведната глава.

Поротата донесе пресуда во тужбата за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која тврдеше дека Деп физички и сексуално ја нападнал во повеќе наврати.

Актерот го доби спорот и Амбер Херд беше прогласена за виновна.

Пресудата беше прочитана во окружниот суд Ферфакс во Вирџинија нешто по 21 часот. Џони Деп не беше на читањето на пресудата бидејќи се наоѓа во Англија.

По пресудата, се огласија и двајцата поранешни сопружници.

Амбер Херд, меѓу другото, рече дека е „неописливо разочарана“ и дека ѝ е скршено срцето, опишувајќи ја пресудата како „назадување“ што ја отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно.

„Разочарувањето што го чувствувам денеска е неописливо. Срцето ми е скршено што толкава планина докази сè уште не беше доволна за да се спротивстави на непропорционалната моќ на влијанието на мојот поранешен сопруг.

Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е назадување. Тоа го враќа часот во времето кога жената што проговорила може јавно да биде посрамотена и понижена. Со ова се отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно.

Верувам дека адвокатите на Џони успеаја да ја убедат поротата да го превиди клучното прашање за слободата на говорот и да ги игнорира доказите кои беа толку убедливи што победивме во Велика Британија.

Тажна сум што го изгубив овој случај. Но, уште потажна сум што се чини дека го изгубив правото коешто мислев дека го имам како Американка – да зборувам слободно и отворено“, наведе Амбер Херд во својата објава на Твитер.

 

The post Изјавата на Амбер Херд по пресудата: Разочарувањето што го чувствувам е невозможно да се опише appeared first on Република.

]]>

Џони Деп не беше присутен во судот кога беше објавена пресудата, бидејќи во моментот се наоѓа во Њукасл, Англија, додека Амбер Херд беше во судницата. Таа влезе насмеана, а излезе со наведната глава. Поротата донесе пресуда во тужбата за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која тврдеше дека Деп физички и сексуално ја нападнал во повеќе наврати. Актерот го доби спорот и Амбер Херд беше прогласена за виновна. Пресудата беше прочитана во окружниот суд Ферфакс во Вирџинија нешто по 21 часот. Џони Деп не беше на читањето на пресудата бидејќи се наоѓа во Англија. По пресудата, се огласија и двајцата поранешни сопружници. Амбер Херд, меѓу другото, рече дека е „неописливо разочарана“ и дека ѝ е скршено срцето, опишувајќи ја пресудата како „назадување“ што ја отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно. „Разочарувањето што го чувствувам денеска е неописливо. Срцето ми е скршено што толкава планина докази сè уште не беше доволна за да се спротивстави на непропорционалната моќ на влијанието на мојот поранешен сопруг. Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е назадување. Тоа го враќа часот во времето кога жената што проговорила може јавно да биде посрамотена и понижена. Со ова се отфрла идејата дека насилството врз жените треба да се сфати сериозно. Верувам дека адвокатите на Џони успеаја да ја убедат поротата да го превиди клучното прашање за слободата на говорот и да ги игнорира доказите кои беа толку убедливи што победивме во Велика Британија. Тажна сум што го изгубив овој случај. Но, уште потажна сум што се чини дека го изгубив правото коешто мислев дека го имам како Американка – да зборувам слободно и отворено“, наведе Амбер Херд во својата објава на Твитер.  

The post Изјавата на Амбер Херд по пресудата: Разочарувањето што го чувствувам е невозможно да се опише appeared first on Република.

]]>
„Лицето на Амбер кажа сè“: Интернетот гори околу реакцијата на Амбер Херд додека Кејт Мос зборуваше за врската со Џони Деп https://republika.mk/scena/estrada/liceto-na-amber-kaza-se-internetot-gori-okolu-reakcijata-na-amber-herd-dodeka-kejt-mos-zboruvashe-za-vrskata-so-dzoni-dep/ Thu, 26 May 2022 20:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=507400

Манекенката Кејт Мос вчера сведочеше пред судот во корист на Џони Деп во спорот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. За време на сведочењето, Амбер внимателно следеше што зборува манекенката. По судењето, на интернет почна да кружи снимка од реакцијата на Амбер Херд на изјавите на Кејти.

Амбер не можеше да ја сокрие својата љубомора за време на сведочењето. Додека Кејт зборуваше за врската со Деп, Амбер брзо трепна, преврте со очите и беше видно незадоволна од изјавите на манекенката. За еден ден, снимката од сведочењето на Кејт беше прегледана повеќе од 4,5 милиони пати, а многумина сега ја исмеваат Амбер и ја фалат Кејт.

„Кејт е елегантна и достоинствена. Нешто што Амбер никогаш нема да биде“;

„Амбер е лута. Страшна жена. Така се однесуваше татко ми кога го фатија во лага – трепна и брзо воздивна“;

„Лицето на Амбер кажа се“;

„Смешно е да се видат нејзините очи кога ќе се налути “;

„Јасно е дека Амбер не сакаше да слушне дека Кејт и Деп имале долга врска“;

„Гледањето на Амбер како се нервира во тишина е веројатно најсмешното нешто што сум го видел“;

„Амбер е нарцисоидна и не може да поднесе што Џони не е нејзина играчка. Не може да го поднесе фактот што е фатена во нејзините лаги “, се само дел од многуте коментари за вчерашното судење.

Амбер претходно пред судот изјави дека го слушнала Деп како ја турка Кејт по скалите, што манекенката негираше.

Тој истрча до мене да ми помогне, ме одведе во собата и се увери дека сум добрo, додаде таа.

Адвокатот на Џони Деп праша: „Дали Џони Деп ве турна по скалите? Кејт Мос одговори: „Не“.

The post „Лицето на Амбер кажа сè“: Интернетот гори околу реакцијата на Амбер Херд додека Кејт Мос зборуваше за врската со Џони Деп appeared first on Република.

]]>

Манекенката Кејт Мос вчера сведочеше пред судот во корист на Џони Деп во спорот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. За време на сведочењето, Амбер внимателно следеше што зборува манекенката. По судењето, на интернет почна да кружи снимка од реакцијата на Амбер Херд на изјавите на Кејти. Амбер не можеше да ја сокрие својата љубомора за време на сведочењето. Додека Кејт зборуваше за врската со Деп, Амбер брзо трепна, преврте со очите и беше видно незадоволна од изјавите на манекенката. За еден ден, снимката од сведочењето на Кејт беше прегледана повеќе од 4,5 милиони пати, а многумина сега ја исмеваат Амбер и ја фалат Кејт.
„Кејт е елегантна и достоинствена. Нешто што Амбер никогаш нема да биде“; „Амбер е лута. Страшна жена. Така се однесуваше татко ми кога го фатија во лага – трепна и брзо воздивна“; „Лицето на Амбер кажа се“; „Смешно е да се видат нејзините очи кога ќе се налути “; „Јасно е дека Амбер не сакаше да слушне дека Кејт и Деп имале долга врска“; „Гледањето на Амбер како се нервира во тишина е веројатно најсмешното нешто што сум го видел“; „Амбер е нарцисоидна и не може да поднесе што Џони не е нејзина играчка. Не може да го поднесе фактот што е фатена во нејзините лаги “, се само дел од многуте коментари за вчерашното судење.
Амбер претходно пред судот изјави дека го слушнала Деп како ја турка Кејт по скалите, што манекенката негираше.
Тој истрча до мене да ми помогне, ме одведе во собата и се увери дека сум добрo, додаде таа.
Адвокатот на Џони Деп праша: „Дали Џони Деп ве турна по скалите? Кејт Мос одговори: „Не“.

The post „Лицето на Амбер кажа сè“: Интернетот гори околу реакцијата на Амбер Херд додека Кејт Мос зборуваше за врската со Џони Деп appeared first on Република.

]]>
Два милиони луѓе бараат Амбер Херд да биде отстранета од „Аквамен 2“ https://republika.mk/scena/film/dva-milioni-lugje-baraat-amber-herd-da-bide-otstraneta-od-akvamen-2/ Fri, 29 Apr 2022 12:09:43 +0000 https://republika.mk/?p=495170

Петиција со која се бара Амбер Херд да биде отстранета од филмот „Аквамен 2“, собра два милиони потписи.

Џони Деп ја разоткри Амбер Херд како насилничка. Во неговата тужба вредна 50 милиони долари, Деп опишува многу инциденти на семејно малтретирање што ги претрпел од рацете на својата (тогашна) сопруга Амбер Херд, вклучително и еден инцидент кога таа го удрила двапати по лицето и друг кога му го скинала прстот со шише вотка. Прстот морало да го спојат со хируршки зафат. Од тоа ќе ја носи лузната до крајот на животот.

 

Од разводот со Деп, таа систематски водеше крстоносна војна за да ја уништи неговата кариера во Холивуд, повторувајќи приказни за лажни инциденти во кои таа всушност го малтретирала него, но лажела и создавала лажни наводи дека тој е насилникот - стои во описот на петицијата

Имајќи предвид дека Амбер Херд е позната и докажана насилничка во семејството, „Ворнер брадерс“ и „ДиСи-ентертејнмент“ треба и мора да ја отстранат Херд од нивниот филмски проект „Аквамен 2“ . Тие не смеат да го игнорираат страдањето на жртвите на Херд и не смеат да гламуризираат домашен насилник.

 

Мажите се жртви на семејно насилство, исто како и жените. Ова мора да се препознае и мора да се преземат мерки за да се спречи славење на позната насилничка во забавната индустрија.

 

Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од „Аквамен 2“! - се додава во петицијата.

Петицијата беше покрената уште во 2019 година, а сега повторно стана актуелна, поради судскиот спор меѓу Амбер и Џони Деп. Многумина веќе ја предлагаат Емилија Кларк како замена.

Амбер би требало да го игра ликот на Мера во филмот. Второто продолжение, под целосен наслов „Аквамаен и загубеното кралство“, треба да излезе во 2023 година.

The post Два милиони луѓе бараат Амбер Херд да биде отстранета од „Аквамен 2“ appeared first on Република.

]]>

Петиција со која се бара Амбер Херд да биде отстранета од филмот „Аквамен 2“, собра два милиони потписи.
Џони Деп ја разоткри Амбер Херд како насилничка. Во неговата тужба вредна 50 милиони долари, Деп опишува многу инциденти на семејно малтретирање што ги претрпел од рацете на својата (тогашна) сопруга Амбер Херд, вклучително и еден инцидент кога таа го удрила двапати по лицето и друг кога му го скинала прстот со шише вотка. Прстот морало да го спојат со хируршки зафат. Од тоа ќе ја носи лузната до крајот на животот.   Од разводот со Деп, таа систематски водеше крстоносна војна за да ја уништи неговата кариера во Холивуд, повторувајќи приказни за лажни инциденти во кои таа всушност го малтретирала него, но лажела и создавала лажни наводи дека тој е насилникот - стои во описот на петицијата
Имајќи предвид дека Амбер Херд е позната и докажана насилничка во семејството, „Ворнер брадерс“ и „ДиСи-ентертејнмент“ треба и мора да ја отстранат Херд од нивниот филмски проект „Аквамен 2“ . Тие не смеат да го игнорираат страдањето на жртвите на Херд и не смеат да гламуризираат домашен насилник.   Мажите се жртви на семејно насилство, исто како и жените. Ова мора да се препознае и мора да се преземат мерки за да се спречи славење на позната насилничка во забавната индустрија.   Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од „Аквамен 2“! - се додава во петицијата.
Петицијата беше покрената уште во 2019 година, а сега повторно стана актуелна, поради судскиот спор меѓу Амбер и Џони Деп. Многумина веќе ја предлагаат Емилија Кларк како замена. Амбер би требало да го игра ликот на Мера во филмот. Второто продолжение, под целосен наслов „Аквамаен и загубеното кралство“, треба да излезе во 2023 година.

The post Два милиони луѓе бараат Амбер Херд да биде отстранета од „Аквамен 2“ appeared first on Република.

]]>
Амбер Хард излажа дека донирала 7 милиони долари во хуманитарни цели https://republika.mk/scena/estrada/amber-hard-izlaza-deka-donirala-7-milioni-dolari-vo-humanitarni-celi/ Fri, 29 Apr 2022 08:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=495087

Амбер Хард не ги донирала ветените седум милиони американски долари во хуманитарни цели, истакна Теренс Доерти, претставник на Американската унија за граѓански слободи (АКЛУ), една од засегнатите установи.

Од сумата којашто глумицата во 2016 година јавно изјави дека ќе ја подели меѓу две хуманитарни установи, само 1,3 милиони долари досега се донирани на името на Хард, што вклучува донација и од самиот Џони Деп.

Илон Маск нема да сведочи на судењето за најновиот спор меѓу Амбер Херд и Џони Деп, но вчера беше откриено дека, наводно и тој платил за дел од донацијата на Хард, на АКЛУ.

Откако Хард и Деп се договорија околу разводот во 2016 година, таа јавно вети дека ќе ги донира парите на две хуманитарни установи – АКЛУ и Детската болница во Лос Анџелес. Потоа таа во повеќе наврати, вклучително и пред Врховниот суд на Велика Британија во Лондон, во 2020 година изјави дека донирала како што ветила.

Сепак, според наводите, ниту една организација не ги добила парите во целост.

The post Амбер Хард излажа дека донирала 7 милиони долари во хуманитарни цели appeared first on Република.

]]>

Амбер Хард не ги донирала ветените седум милиони американски долари во хуманитарни цели, истакна Теренс Доерти, претставник на Американската унија за граѓански слободи (АКЛУ), една од засегнатите установи. Од сумата којашто глумицата во 2016 година јавно изјави дека ќе ја подели меѓу две хуманитарни установи, само 1,3 милиони долари досега се донирани на името на Хард, што вклучува донација и од самиот Џони Деп. Илон Маск нема да сведочи на судењето за најновиот спор меѓу Амбер Херд и Џони Деп, но вчера беше откриено дека, наводно и тој платил за дел од донацијата на Хард, на АКЛУ. Откако Хард и Деп се договорија околу разводот во 2016 година, таа јавно вети дека ќе ги донира парите на две хуманитарни установи – АКЛУ и Детската болница во Лос Анџелес. Потоа таа во повеќе наврати, вклучително и пред Врховниот суд на Велика Британија во Лондон, во 2020 година изјави дека донирала како што ветила. Сепак, според наводите, ниту една организација не ги добила парите во целост.

The post Амбер Хард излажа дека донирала 7 милиони долари во хуманитарни цели appeared first on Република.

]]>
Фотографии од претепаниот Џони Деп презентирани пред судот https://republika.mk/scena/estrada/fotografii-od-pretepaniot-dzoni-dep-prezentirani-pred-sudot/ Tue, 19 Apr 2022 09:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=490431

Серија фотографии на кои се гледа Џони Деп со видливи исеченици, модринки и гребаници на лицето, наводно предизвикани од Амбер Херд, беа прикажани пред судот на четвртиот ден од судењето за клевета меѓу актерот и неговата поранешна сопруга.

Деп треба да сведочи денеска, вторник, според Судската телевизија, која во живо го пренесува судењето од окружниот суд Ферфакс во Вирџинија, објави Скај њуз.

Кадрите ги снимил телохранителот на Деп, Шон Бет, со неговиот мобилен телефон. Тој ѝ кажа на поротата дека инсистирал фотографиите да се направат „како доказ во случај г-ѓа Херд да се обиде да поднесе обвинение против Деп“.

https://youtu.be/Rnfrv2z9uD4

За време на неговото сведочење, телохранителот исто така рече дека иако никогаш не видел физичко насилство меѓу Деп и Херд, неколку пати видел повреди на ѕвездата на „Пиратите од Карибите“. Фотографиите прикажани на суд се направени во март 2015 и декември 2015 година.

Тој неколкупати одговори дека никогаш не ја видел повредена Херд.

Бет го спомна и скандалозното патување во Австралија во март 2015 година, при што се случи инцидент во кој на Деп му беше отсечен врвот на прстот. Поради ова, тој беше опериран и му беше извршена трансплантација на кожа. Приказните за тоа како се случила повредата се контрадикторни. Луѓето на Деп велат дека тоа било предизвикано кога Херд фрлила шише вотка кон него, додека тимот на Херд рече дека актерот си ја повредил раката кога го удрил телефонот во ѕидот.

The post Фотографии од претепаниот Џони Деп презентирани пред судот appeared first on Република.

]]>

Серија фотографии на кои се гледа Џони Деп со видливи исеченици, модринки и гребаници на лицето, наводно предизвикани од Амбер Херд, беа прикажани пред судот на четвртиот ден од судењето за клевета меѓу актерот и неговата поранешна сопруга. Деп треба да сведочи денеска, вторник, според Судската телевизија, која во живо го пренесува судењето од окружниот суд Ферфакс во Вирџинија, објави Скај њуз. Кадрите ги снимил телохранителот на Деп, Шон Бет, со неговиот мобилен телефон. Тој ѝ кажа на поротата дека инсистирал фотографиите да се направат „како доказ во случај г-ѓа Херд да се обиде да поднесе обвинение против Деп“. https://youtu.be/Rnfrv2z9uD4 За време на неговото сведочење, телохранителот исто така рече дека иако никогаш не видел физичко насилство меѓу Деп и Херд, неколку пати видел повреди на ѕвездата на „Пиратите од Карибите“. Фотографиите прикажани на суд се направени во март 2015 и декември 2015 година. Тој неколкупати одговори дека никогаш не ја видел повредена Херд. Бет го спомна и скандалозното патување во Австралија во март 2015 година, при што се случи инцидент во кој на Деп му беше отсечен врвот на прстот. Поради ова, тој беше опериран и му беше извршена трансплантација на кожа. Приказните за тоа како се случила повредата се контрадикторни. Луѓето на Деп велат дека тоа било предизвикано кога Херд фрлила шише вотка кон него, додека тимот на Херд рече дека актерот си ја повредил раката кога го удрил телефонот во ѕидот.

The post Фотографии од претепаниот Џони Деп презентирани пред судот appeared first on Република.

]]>