Манекенката Кејт Мос вчера сведочеше пред судот во корист на Џони Деп во спорот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд. За време на сведочењето, Амбер внимателно следеше што зборува манекенката. По судењето, на интернет почна да кружи снимка од реакцијата на Амбер Херд на изјавите на Кејти.

Амбер не можеше да ја сокрие својата љубомора за време на сведочењето. Додека Кејт зборуваше за врската со Деп, Амбер брзо трепна, преврте со очите и беше видно незадоволна од изјавите на манекенката. За еден ден, снимката од сведочењето на Кејт беше прегледана повеќе од 4,5 милиони пати, а многумина сега ја исмеваат Амбер и ја фалат Кејт.

„Кејт е елегантна и достоинствена. Нешто што Амбер никогаш нема да биде“;

„Амбер е лута. Страшна жена. Така се однесуваше татко ми кога го фатија во лага – трепна и брзо воздивна“;

„Лицето на Амбер кажа се“;

„Смешно е да се видат нејзините очи кога ќе се налути “;

„Јасно е дека Амбер не сакаше да слушне дека Кејт и Деп имале долга врска“;

„Гледањето на Амбер како се нервира во тишина е веројатно најсмешното нешто што сум го видел“;

„Амбер е нарцисоидна и не може да поднесе што Џони не е нејзина играчка. Не може да го поднесе фактот што е фатена во нејзините лаги “, се само дел од многуте коментари за вчерашното судење.

Амбер претходно пред судот изјави дека го слушнала Деп како ја турка Кејт по скалите, што манекенката негираше.

Тој истрча до мене да ми помогне, ме одведе во собата и се увери дека сум добрo, додаде таа.

Адвокатот на Џони Деп праша: „Дали Џони Деп ве турна по скалите? Кејт Мос одговори: „Не“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.