Албанија - Косово Archives - Република https://republika.mk/tema/albanija-kosovo/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 08:08:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Албанија - Косово Archives - Република https://republika.mk/tema/albanija-kosovo/ 32 32 Се бара дискфалификација: „Косово е срцето на Албанија“, порачува албанската претставничка на Евровизија https://republika.mk/scena/muzika/se-bara-diskfalifikatsija-kosovo-e-srtseto-na-albanija-porachuva-albanskata-pretstavnichka-na-evrovizija/ Sun, 18 Feb 2024 16:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=745410

Пејачката Беса Кокедима, која ќе ја претставува Албанија на овогодинешниот избор за песна на „Евровизија“ во Малме, преку „Инстаграм“ ја честиташе годишнината од осамостојувањето на Косово.

Среќно слободно и гордо Косово! Ти си срцето на Албанија и најслатката лулка на Албанија! Те сакам! Слава на мачениците, напиша таа.

Српската јавност реагира на пораката. Тие бараат дискфалификација на пејачката, имајќи предвид дека „Евровизија“ забранува секаков вид политички пораки.

Бесрамно е ова да го прави претставник на Евровизија. Ќе има ли дисквалификација?, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

The post Се бара дискфалификација: „Косово е срцето на Албанија“, порачува албанската претставничка на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Тирана загрижена за состојбата на северот на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/tirana-zagrizena-za-sostojbata-na-severot-na-kosovo/ Mon, 07 Nov 2022 06:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=570551

Официјална Тирана изразува загриженост за затегнатата ситуација во Косово и оценува дека дијалогот е поважен од кога било.

Министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, синоќа  преку објава на Твитер изрази загриженост за случувањата на северот на Косово, притоа истакнувајќи дека ” напуштањето на институциите на Косово е чин на ескалација, во време кога е потребна соработка и конструктивен дијалог”.

„Загрижени од случувањата на северот на Косово. Повлекувањето од косовските институции е чин на ескалација, во време кога е потребна соработка и конструктивен дијалог. Ова не е моментот за откажување и бојкот. Ова е момент кога дијалогот е потребен повеќе од кога било“, напиша Џачка на Твитер.

Вчера телефонски разговор остварил претседателот Бајрам Бегај со неговата косовска колешка Вјоса Османи.

-И ја изразив мојата загриженост и истовремено го охрабрив продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО, напиша Бегај.

Тој нагласува дека “останува голем интересот за евроатлантските интеграции на Косово и на целиот регион на Западен Балкан”.

The post Тирана загрижена за состојбата на северот на Косово appeared first on Република.

]]>

Официјална Тирана изразува загриженост за затегнатата ситуација во Косово и оценува дека дијалогот е поважен од кога било. Министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, синоќа  преку објава на Твитер изрази загриженост за случувањата на северот на Косово, притоа истакнувајќи дека ” напуштањето на институциите на Косово е чин на ескалација, во време кога е потребна соработка и конструктивен дијалог”.
„Загрижени од случувањата на северот на Косово. Повлекувањето од косовските институции е чин на ескалација, во време кога е потребна соработка и конструктивен дијалог. Ова не е моментот за откажување и бојкот. Ова е момент кога дијалогот е потребен повеќе од кога било“, напиша Џачка на Твитер.
Вчера телефонски разговор остварил претседателот Бајрам Бегај со неговата косовска колешка Вјоса Османи.
-И ја изразив мојата загриженост и истовремено го охрабрив продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО, напиша Бегај.
Тој нагласува дека “останува голем интересот за евроатлантските интеграции на Косово и на целиот регион на Западен Балкан”.

The post Тирана загрижена за состојбата на северот на Косово appeared first on Република.

]]>
Курти: Албанскиот народ знае дека обединувањето е неопходно https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-albanskiot-narod-znae-deka-obedinuvanjeto-e-neophodno/ Thu, 01 Sep 2022 15:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=546509

Косовскиот премиер Албин Курти, на денешната промоцијата на заедничкиот буквар за првооделенците во Косово и во Албанија, изјави дека албанскиот народ знае оти „обединувањето (на двете држави) е неопходно“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На церемонијата по повод промоцијата на букварот, одржана во Ѓаковица, Курти изјави дека „судбината на албанското училиште е иста“ со онаа на албанскиот народ и изрази задоволство поради тоа што „една нова албанска генерација го започнува патот на знаењето со еден буквар“.

Нашиот народ знае дека обединувањето е неопходно за севкупното добро на нацијата, за неговото чекорење напред. Како и во разни историски периоди, кога нашите водачи се обединија и го изградија преминот од силното идентитетско чувство eкон високата национална свест, ние сме тие кои сега треба да го продолжиме заживувањето на политичката идеја… со заеднички едукативни и образовни активности,  изјави Курти.

Министерките за образование на Косово и Албанија, Арберие Нагавци и Евис Куши, минатиот декември во Приштина потпишаа договор за изготвување заеднички буквар, за што беше формирана работна група со експерти од двете држави.

The post Курти: Албанскиот народ знае дека обединувањето е неопходно appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти, на денешната промоцијата на заедничкиот буквар за првооделенците во Косово и во Албанија, изјави дека албанскиот народ знае оти „обединувањето (на двете држави) е неопходно“, јави дописникот на МИА од Приштина. На церемонијата по повод промоцијата на букварот, одржана во Ѓаковица, Курти изјави дека „судбината на албанското училиште е иста“ со онаа на албанскиот народ и изрази задоволство поради тоа што „една нова албанска генерација го започнува патот на знаењето со еден буквар“.
Нашиот народ знае дека обединувањето е неопходно за севкупното добро на нацијата, за неговото чекорење напред. Како и во разни историски периоди, кога нашите водачи се обединија и го изградија преминот од силното идентитетско чувство eкон високата национална свест, ние сме тие кои сега треба да го продолжиме заживувањето на политичката идеја… со заеднички едукативни и образовни активности,  изјави Курти.
Министерките за образование на Косово и Албанија, Арберие Нагавци и Евис Куши, минатиот декември во Приштина потпишаа договор за изготвување заеднички буквар, за што беше формирана работна група со експерти од двете држави.

The post Курти: Албанскиот народ знае дека обединувањето е неопходно appeared first on Република.

]]>
За викенди и празници меѓу Косово и Албанија ќе се патува слободно, без граници https://republika.mk/vesti/balkan/za-vikendi-i-praznici-megju-kosovo-i-albanija-kje-se-patuva-slobodno-bez-granici/ Mon, 20 Jun 2022 18:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=517769

Владите на Косово и Албанија одлучија на денешната заедничка седница во косовската престолнина да го укинат задолжителното регистрирање на граѓаните при премин на меѓудржавната граница во викендите и во текот на државните празници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што беше објавено по денешната седница на двете влади, одлуката ќе биде во сила до 1 септември годинава, а за понатаму се подготвува нов договор, со други олеснувања за премин на границата меѓу двете држави.

Албанскиот министер за внатрешни работи, Бледар Чучи изјави дека оваа одлука е донесена со цел да се спречи создавањето колони на двете страни од границата во текот на летната сезона.

Со овој протокол се пропишува дека до 1 септември, секој викенд и секој државен празник, на нашите граници државјаните на Косово и на Албанија ќе преминуваат без да имаат потреба од регистрирање од страна на пограничните органи, со цел да не се создаваат редици и доцнења на граѓаните од двете страни, изјави Чучи.

The post За викенди и празници меѓу Косово и Албанија ќе се патува слободно, без граници appeared first on Република.

]]>

Владите на Косово и Албанија одлучија на денешната заедничка седница во косовската престолнина да го укинат задолжителното регистрирање на граѓаните при премин на меѓудржавната граница во викендите и во текот на државните празници, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што беше објавено по денешната седница на двете влади, одлуката ќе биде во сила до 1 септември годинава, а за понатаму се подготвува нов договор, со други олеснувања за премин на границата меѓу двете држави. Албанскиот министер за внатрешни работи, Бледар Чучи изјави дека оваа одлука е донесена со цел да се спречи создавањето колони на двете страни од границата во текот на летната сезона.
Со овој протокол се пропишува дека до 1 септември, секој викенд и секој државен празник, на нашите граници државјаните на Косово и на Албанија ќе преминуваат без да имаат потреба од регистрирање од страна на пограничните органи, со цел да не се создаваат редици и доцнења на граѓаните од двете страни, изјави Чучи.

The post За викенди и празници меѓу Косово и Албанија ќе се патува слободно, без граници appeared first on Република.

]]>
Aлбанската и косовската армија да се обединат против Србија, повикува поранешен министер https://republika.mk/vesti/balkan/albanskata-i-kosovskata-armija-da-se-obedinat-protiv-srbija-povikuva-poraneshen-minister/ Wed, 20 Apr 2022 13:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=491245

Еден од најпознатите албански адвокати и поранешен министер за правда, Спартак Нѓела излезе со посебен предлог за „двете албански држави Косово и Албанија“, објавија албанските медиуми.

Преку објава на Фејсбук побара обединување на војските на Косово и Албанија, бидејќи, според него, модерна и силна обединета армија е историска потреба за Албанците и таа почнала да се создава и многу брзо ќе оди напред.

Албанците мора да бидат воено подготвени против Србија: Србија е родена од ништо, создадена од криминал врз Албанците и ја искористи, не својата моќ, туку моќта на европските држави кои беа во борба со Арберија и албанизмот, најмалку 200 години пред Србите“, пишува тој.

Нѓела беше министер за правда во владата за национално помирување во 1977 година, пратеник во два мандата 2001/2005 и 2005/2009 од редовите на демократите, од кои се оддели во 2008 година и ја формира партијата Закон и правда.

Сличен став, но за целосно обединување на „двете албански држави“ деновиве изнесе албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши според кого настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат.

Тој оценува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни а тоа е да се приклучи кон Албанија.

Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не и се приклучи на Албанија, напиша Блуши.

Според него кога Русија бара независност, за Донбас и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, како пример го „зема насилното отцепување на Косово од Србија“.

The post Aлбанската и косовската армија да се обединат против Србија, повикува поранешен министер appeared first on Република.

]]>

Еден од најпознатите албански адвокати и поранешен министер за правда, Спартак Нѓела излезе со посебен предлог за „двете албански држави Косово и Албанија“, објавија албанските медиуми. Преку објава на Фејсбук побара обединување на војските на Косово и Албанија, бидејќи, според него, модерна и силна обединета армија е историска потреба за Албанците и таа почнала да се создава и многу брзо ќе оди напред.
Албанците мора да бидат воено подготвени против Србија: Србија е родена од ништо, создадена од криминал врз Албанците и ја искористи, не својата моќ, туку моќта на европските држави кои беа во борба со Арберија и албанизмот, најмалку 200 години пред Србите“, пишува тој.
Нѓела беше министер за правда во владата за национално помирување во 1977 година, пратеник во два мандата 2001/2005 и 2005/2009 од редовите на демократите, од кои се оддели во 2008 година и ја формира партијата Закон и правда. Сличен став, но за целосно обединување на „двете албански држави“ деновиве изнесе албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши според кого настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат. Тој оценува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни а тоа е да се приклучи кон Албанија.
Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не и се приклучи на Албанија, напиша Блуши.
Според него кога Русија бара независност, за Донбас и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, како пример го „зема насилното отцепување на Косово од Србија“.

The post Aлбанската и косовската армија да се обединат против Србија, повикува поранешен министер appeared first on Република.

]]>
Косово и Албанија се еден народ, границата ни ја наметнаа Југославија и Србија, вели Курти за „Катимерини“: https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-i-albanija-se-eden-narod-granicata-ni-ja-nametnaa-jugoslavija-i-srbija-veli-kurti-za-katimerini/ Mon, 18 Apr 2022 13:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=490112

Грчкиот весник Катимерини објави интервју со косовскиот премиер Аљбин Курти, за кого се наведува дека и понатаму инсистира на обединување со Албанија, без оглед на последиците.

Како што наведува грчкиот весник, косовскиот премиер на својот прв настап на Делфи економскиот форум претходно месецов се залагал за целосно признавање на Косово и негово примање во Европската Унија и НАТО, дури и без договор за нормализација на односите на Србија и Косово.

Истовремено, тој не крие дека сака да го види Косово во мирно обединување со Албанија и не е загрижен за потенцијалната нестабилност предизвикана од неговата политика. Референдум за обединување со Албанија според косовскиот устав не е дозволен, како и дека е тешко да се смени тоа бидејќи станува збор за устав кој е меѓународно уреден.

Но додава дека смета дека Косово и Албанија се еден народ.

Невозможно е да заборавиме дека таа граница меѓу Србија и Албанија ја наметнаа Србија и Југославија. Тоа е граница која не е наша. А сега ако Србија го нападне Косово, ние не реагираме само како Косово, ние реагираме како албански народ, бидејќи Србија има многу близок сојузник во Москва и е поголема од нас, така што реагираме на начин кој нè приближува на успешна одбрана, додава Курти.

The post Косово и Албанија се еден народ, границата ни ја наметнаа Југославија и Србија, вели Курти за „Катимерини“: appeared first on Република.

]]>

Грчкиот весник Катимерини објави интервју со косовскиот премиер Аљбин Курти, за кого се наведува дека и понатаму инсистира на обединување со Албанија, без оглед на последиците. Како што наведува грчкиот весник, косовскиот премиер на својот прв настап на Делфи економскиот форум претходно месецов се залагал за целосно признавање на Косово и негово примање во Европската Унија и НАТО, дури и без договор за нормализација на односите на Србија и Косово. Истовремено, тој не крие дека сака да го види Косово во мирно обединување со Албанија и не е загрижен за потенцијалната нестабилност предизвикана од неговата политика. Референдум за обединување со Албанија според косовскиот устав не е дозволен, како и дека е тешко да се смени тоа бидејќи станува збор за устав кој е меѓународно уреден. Но додава дека смета дека Косово и Албанија се еден народ.
Невозможно е да заборавиме дека таа граница меѓу Србија и Албанија ја наметнаа Србија и Југославија. Тоа е граница која не е наша. А сега ако Србија го нападне Косово, ние не реагираме само како Косово, ние реагираме како албански народ, бидејќи Србија има многу близок сојузник во Москва и е поголема од нас, така што реагираме на начин кој нè приближува на успешна одбрана, додава Курти.

The post Косово и Албанија се еден народ, границата ни ја наметнаа Југославија и Србија, вели Курти за „Катимерини“: appeared first on Република.

]]>
Блуши: Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не се обедини со Албанија? https://republika.mk/vesti/balkan/blushi-ako-donbas-i-lugansk-se-prikluchat-na-rusija-zoshto-kosovo-da-ne-se-obedini-so-albanija/ Wed, 13 Apr 2022 18:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=488086

Албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши оценува дека настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат.

Тој пишува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни, а тоа е да се приклучи кон Албанија.

Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не и се приклучи на Албанија, пишува Блуши.

Според него кога Русија бара независност, за Донбас и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, тој како пример го „земал насилното отцепување на Косово од Србија“.

Поранешниот албански пратеник вели дека од друга страна, кога западот бара да го заштити важечкиот ригиден меѓународен поредок, според кој повеќе не треба да има промени на границите, го зема за пример Косово.

За да не се доведе во прашање меѓународниот поредок, Косово и Албанија да не се обединат. Така велат Западот и Русија. И ние го прифаќаме. Но, војните се водат за да се промени меѓународниот поредок. Ова е и причината за војната во Украина. Оттука паднаа старите причини. Или ќе паднат, констатира тој.

Во објавата на Фејсбук вели дека денес е „време да растеме, да се прошириме, да се обединиме и дека е време да станеме Европејци“.

Блуши (53) е политичар, новинар, писател. Во одделни периоди кога на власт беа демократите на тогашниот премиер Сали Бериша, бил министер за образование и наука, министер за локална самоуправа и децентрализација, префект на Корча, портпарол на владата, како и заменик министер за надворешни работи. Потоа ја напушти демократската партија и ја формира партијата „Либра“, која набрзо згасна.

The post Блуши: Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не се обедини со Албанија? appeared first on Република.

]]>

Албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши оценува дека настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат. Тој пишува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни, а тоа е да се приклучи кон Албанија.
Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не и се приклучи на Албанија, пишува Блуши.
Според него кога Русија бара независност, за Донбас и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, тој како пример го „земал насилното отцепување на Косово од Србија“. Поранешниот албански пратеник вели дека од друга страна, кога западот бара да го заштити важечкиот ригиден меѓународен поредок, според кој повеќе не треба да има промени на границите, го зема за пример Косово.
За да не се доведе во прашање меѓународниот поредок, Косово и Албанија да не се обединат. Така велат Западот и Русија. И ние го прифаќаме. Но, војните се водат за да се промени меѓународниот поредок. Ова е и причината за војната во Украина. Оттука паднаа старите причини. Или ќе паднат, констатира тој.
Во објавата на Фејсбук вели дека денес е „време да растеме, да се прошириме, да се обединиме и дека е време да станеме Европејци“. Блуши (53) е политичар, новинар, писател. Во одделни периоди кога на власт беа демократите на тогашниот премиер Сали Бериша, бил министер за образование и наука, министер за локална самоуправа и децентрализација, префект на Корча, портпарол на владата, како и заменик министер за надворешни работи. Потоа ја напушти демократската партија и ја формира партијата „Либра“, која набрзо згасна.

The post Блуши: Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не се обедини со Албанија? appeared first on Република.

]]>
Конфликтот на Западот со Русија може да доведе до обединување на Косово со Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/konfliktot-na-zapadot-so-rusija-moze-da-dovede-do-obedinuvanje-na-kosovo-so-albanija/ Wed, 23 Feb 2022 07:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=462264

Косовскиот аналитичар и универзитетски професор, Блерим Љатифи смета дека актуелниот судир меѓу западните демократии и Руската Федерација околу Украина може да резултира со обединување на Косово и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во коментар на неговата страница на Фејсбук, Љатифи потсетува на две ситуации од минатото кога дошло до „геостратешки недоразбирања“ меѓу западните земји и Русија, а од кои, според него, профитирале Албанците, односно Косово и Албанија.

Геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија во 1913 година резултираа со лондонска Албанија. Геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија во 2007-2008 година резултираа со независно Косово. Можно е од геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија, што започнаа со кризата во Украина, Косово и Албанија да се обединат во една заедничка држава, смета Љатифи.

The post Конфликтот на Западот со Русија може да доведе до обединување на Косово со Албанија appeared first on Република.

]]>

Косовскиот аналитичар и универзитетски професор, Блерим Љатифи смета дека актуелниот судир меѓу западните демократии и Руската Федерација околу Украина може да резултира со обединување на Косово и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во коментар на неговата страница на Фејсбук, Љатифи потсетува на две ситуации од минатото кога дошло до „геостратешки недоразбирања“ меѓу западните земји и Русија, а од кои, според него, профитирале Албанците, односно Косово и Албанија. Геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија во 1913 година резултираа со лондонска Албанија. Геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија во 2007-2008 година резултираа со независно Косово. Можно е од геостратешките недоразбирања меѓу Западот и Русија, што започнаа со кризата во Украина, Косово и Албанија да се обединат во една заедничка држава, смета Љатифи.

The post Конфликтот на Западот со Русија може да доведе до обединување на Косово со Албанија appeared first on Република.

]]>
Косово и Албанија формираат територијално-административна целина https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-i-albanija-formiraat-teritorijalno-administrativna-celina/ Mon, 31 Jan 2022 08:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=451769

По ратификацијата на договорот во парламентите на Албанија и Косово, ќе се формира територијално-административна целина, 30 километри во Албанија и 30 километри во Косово, каде граѓаните од двете страни ќе добиваат исти услуги во Косово и Албанија како да се државјани на двете земји, пишува Коха.

Според овој договор потпишан на 26 ноември 2021 година, Граничната зона на слободно движење на жителите со дозвола за локален граничен сообраќај е до 30 километри на територијата на потписниците.

Во меѓувреме, резиденцијалните центри на земјите потписнички на пограничната област се дефинирани со Протоколот за спроведување на овој договор. Со цел да се олесни локалниот граничен сообраќај, новите подрачја на граничните премини ќе бидат: Падеш – Кошаре, Жерка – Бабај Бокеш, Зогај – Бабај Бокеш, Добрун – Герчин, Влахен – Кушњин, Кишај – Планеја, Бардоч – Брезна, Пакист – Крстец. , Орѓост-Оркус , Борје-Глобочице и Турај-Рестелица.

Во извештајот на албанската влада до собранието се вели дека договорот е започнат за да се олесни локалниот граничен сообраќај како дел од заедничките обврски на двете земји, за поедноставување на процедурите и мерките во врска со режимот на локалниот граничен сообраќај.

Овој договор има за цел да го олесни движењето на жителите од пограничната област, кои имаат право да престојуваат во граничниот појас на другата страна, под услов времетраењето на нивниот престој да не биде подолго од 90 дена во рок од 180 дена.

На жителите на граничното подрачје ќе им биде дозволено да ја преминат копнената граница според режимот на локалниот граничен сообраќај, под услов: да имаат важечки документ за идентификација; имаат дозвола за локален граничен сообраќај; не се предмет на мерки со кои се забранува влез на територијата на страните потписнички или кои не претставуваат закана за јавниот ред, внатрешната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи.

Според договорот што го потпишаа министерствата за внатрешни работи на Албанија и Косово, под поимот „гранична област“ се подразбира подрачје што се протега од двете страни на најмногу триесет километри од копнената граница.

The post Косово и Албанија формираат територијално-административна целина appeared first on Република.

]]>

По ратификацијата на договорот во парламентите на Албанија и Косово, ќе се формира територијално-административна целина, 30 километри во Албанија и 30 километри во Косово, каде граѓаните од двете страни ќе добиваат исти услуги во Косово и Албанија како да се државјани на двете земји, пишува Коха. Според овој договор потпишан на 26 ноември 2021 година, Граничната зона на слободно движење на жителите со дозвола за локален граничен сообраќај е до 30 километри на територијата на потписниците. Во меѓувреме, резиденцијалните центри на земјите потписнички на пограничната област се дефинирани со Протоколот за спроведување на овој договор. Со цел да се олесни локалниот граничен сообраќај, новите подрачја на граничните премини ќе бидат: Падеш – Кошаре, Жерка – Бабај Бокеш, Зогај – Бабај Бокеш, Добрун – Герчин, Влахен – Кушњин, Кишај – Планеја, Бардоч – Брезна, Пакист – Крстец. , Орѓост-Оркус , Борје-Глобочице и Турај-Рестелица. Во извештајот на албанската влада до собранието се вели дека договорот е започнат за да се олесни локалниот граничен сообраќај како дел од заедничките обврски на двете земји, за поедноставување на процедурите и мерките во врска со режимот на локалниот граничен сообраќај. Овој договор има за цел да го олесни движењето на жителите од пограничната област, кои имаат право да престојуваат во граничниот појас на другата страна, под услов времетраењето на нивниот престој да не биде подолго од 90 дена во рок од 180 дена. На жителите на граничното подрачје ќе им биде дозволено да ја преминат копнената граница според режимот на локалниот граничен сообраќај, под услов: да имаат важечки документ за идентификација; имаат дозвола за локален граничен сообраќај; не се предмет на мерки со кои се забранува влез на територијата на страните потписнички или кои не претставуваат закана за јавниот ред, внатрешната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи. Според договорот што го потпишаа министерствата за внатрешни работи на Албанија и Косово, под поимот „гранична област“ се подразбира подрачје што се протега од двете страни на најмногу триесет километри од копнената граница.

The post Косово и Албанија формираат територијално-административна целина appeared first on Република.

]]>