Грчкиот весник Катимерини објави интервју со косовскиот премиер Аљбин Курти, за кого се наведува дека и понатаму инсистира на обединување со Албанија, без оглед на последиците.

Како што наведува грчкиот весник, косовскиот премиер на својот прв настап на Делфи економскиот форум претходно месецов се залагал за целосно признавање на Косово и негово примање во Европската Унија и НАТО, дури и без договор за нормализација на односите на Србија и Косово.

Истовремено, тој не крие дека сака да го види Косово во мирно обединување со Албанија и не е загрижен за потенцијалната нестабилност предизвикана од неговата политика. Референдум за обединување со Албанија според косовскиот устав не е дозволен, како и дека е тешко да се смени тоа бидејќи станува збор за устав кој е меѓународно уреден.

Но додава дека смета дека Косово и Албанија се еден народ.

Невозможно е да заборавиме дека таа граница меѓу Србија и Албанија ја наметнаа Србија и Југославија. Тоа е граница која не е наша. А сега ако Србија го нападне Косово, ние не реагираме само како Косово, ние реагираме како албански народ, бидејќи Србија има многу близок сојузник во Москва и е поголема од нас, така што реагираме на начин кој нè приближува на успешна одбрана, додава Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.