5ре Archives - Република https://republika.mk/tema/5re/ За подобро да се разбереме Sun, 21 May 2023 16:52:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 5ре Archives - Република https://republika.mk/tema/5re/ 32 32 Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-stend-ap-shou-na-zharko-jovanovik-vecher-zavrshuva-festivalot-5-re/ Sun, 21 May 2023 16:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=643317

Во aмфитеатарот на Младинскиот парк во Велес вечер ќе се одржи стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ, со кое ќе биде затворен годинашниот втор по ред Фестивал „5 ре“.

Фестивалот „5 ре“е посветен на еден од најголемите македонски актери, велешанецот Петре Прличко, а го организира Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, под покровителство на Општина Велес.

Инаку, вчера вечер во салата на велешкиот театар, ансамблот на Штипскиот театар ја изведе претставата „Ле Кретен“ од Френсис Вебер, во режија на Никола Ристов.

Вчера на пладне на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк за децата беше прикажана претставата „Сказна за рибарот и рипката“, во изведба на Театарот „Колозов“.

Второто издание на „5 ре“ почна во понеделникот, 15 мај. На фестивалот беа изведени шест претстави од која една за деца, а заедно со вечерашното и две станд ап шоуа.

 

The post Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“ appeared first on Република.

]]>

Во aмфитеатарот на Младинскиот парк во Велес вечер ќе се одржи стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ, со кое ќе биде затворен годинашниот втор по ред Фестивал „5 ре“. Фестивалот „5 ре“е посветен на еден од најголемите македонски актери, велешанецот Петре Прличко, а го организира Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, под покровителство на Општина Велес. Инаку, вчера вечер во салата на велешкиот театар, ансамблот на Штипскиот театар ја изведе претставата „Ле Кретен“ од Френсис Вебер, во режија на Никола Ристов. Вчера на пладне на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк за децата беше прикажана претставата „Сказна за рибарот и рипката“, во изведба на Театарот „Колозов“. Второто издание на „5 ре“ почна во понеделникот, 15 мај. На фестивалот беа изведени шест претстави од која една за деца, а заедно со вечерашното и две станд ап шоуа.  

The post Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“ appeared first on Република.

]]>
„Кафез кај кокони“ на Драмски театар го отвора фестивалот „5ре“ во Велес https://republika.mk/vesti/kultura/kafez-kaj-kokoni-na-dramski-teatar-go-otvora-festivalot-5re-vo-veles/ Mon, 15 May 2023 10:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=640945

„Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје вечерва во 20 часот на сцената на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- Велес го отвора второто издание на фестивалот „5ре“.

Премиерата на „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски се изведе во саботата и беше поздравена со овации и повеќеминутен аплауз од публиката во Драмски театар. Текстот е на францускиот автор Жан Пуаре. Режисерот Николовски заедно со Благоја Бошковски Буцко се сценографи на претставата. Костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореограф на претставата е Кренаре Невзати – Кери. Преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски Буцко. Адапатацијата и изборот на музиката се на Александра Бошковска и Благоја Бошковски Буцко.

Улогите во „Кафез кај кокони“ ги толкуваат актерите: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и во улогата на Саломе - Бранко Атанасов. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер е Жаклина Цветковска.

„Кафез кај кокони“ утре на 16 мај во 20 часот игра на матичната сцената на Драмски театар Скопје. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години.

The post „Кафез кај кокони“ на Драмски театар го отвора фестивалот „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>

„Кафез кај кокони“ на Драмски театар Скопје вечерва во 20 часот на сцената на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- Велес го отвора второто издание на фестивалот „5ре“. Премиерата на „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски се изведе во саботата и беше поздравена со овации и повеќеминутен аплауз од публиката во Драмски театар. Текстот е на францускиот автор Жан Пуаре. Режисерот Николовски заедно со Благоја Бошковски Буцко се сценографи на претставата. Костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореограф на претставата е Кренаре Невзати – Кери. Преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски Буцко. Адапатацијата и изборот на музиката се на Александра Бошковска и Благоја Бошковски Буцко. Улогите во „Кафез кај кокони“ ги толкуваат актерите: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и во улогата на Саломе - Бранко Атанасов. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер е Жаклина Цветковска. „Кафез кај кокони“ утре на 16 мај во 20 часот игра на матичната сцената на Драмски театар Скопје. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години.

The post „Кафез кај кокони“ на Драмски театар го отвора фестивалот „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на театарска претстава во Велес во рамките на на фестивалот ,,5РЕ” https://republika.mk/vesti/kultura/mickoski-na-teatarska-pretstava-vo-veles-vo-ramkite-na-na-festivalot-5re/ Fri, 27 May 2022 21:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=507844

Заедно со членот на Извршниот комитет Зоран Љутков , градоначалникот на Велес, Марко Колев и пратеникот Игор Здравковски на одлична театарска претстава ,,Не се клади на енглези” и брилијантната игра на Сашко Коцев, Александар Микиќ и Оливер Митковски на фестивалот ,,5РЕ” во Велес, овјави на својата Фејсбук страниц претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски на театарска претстава во Велес во рамките на на фестивалот ,,5РЕ” appeared first on Република.

]]>

Заедно со членот на Извршниот комитет Зоран Љутков , градоначалникот на Велес, Марко Колев и пратеникот Игор Здравковски на одлична театарска претстава ,,Не се клади на енглези” и брилијантната игра на Сашко Коцев, Александар Микиќ и Оливер Митковски на фестивалот ,,5РЕ” во Велес, овјави на својата Фејсбук страниц претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

The post Мицкоски на театарска претстава во Велес во рамките на на фестивалот ,,5РЕ” appeared first on Република.

]]>
Драмски со „Странци“ вечерва гостува на првото издание на театарскиот фестивал „5ре“ во Велес https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-so-stranci-vecherva-gostuva-na-prvoto-izdanie-na-teatarskiot-festival-5re-vo-veles/ Fri, 20 May 2022 14:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=504899

Со претставата „Странци“ на режисерката Нела Витошевиќ, Драмски театар вечерва во 20 часот ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес, на првото издание на фестивалот „5ре“, посветен на Петре Прличко. Фестивалот има ревијален карактер, а ќе учествуваат седум претстави на македонските театри.

Како што најавија од Драмски, по Велес, екипата ќе патува Битола, каде ќе гостува на ревијалната програма на Интернационалниот фестивал на монодрама, на големата сцена во Центарот за култура во 20 часот.

Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“.

Улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.

 

The post Драмски со „Странци“ вечерва гостува на првото издание на театарскиот фестивал „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Странци“ на режисерката Нела Витошевиќ, Драмски театар вечерва во 20 часот ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес, на првото издание на фестивалот „5ре“, посветен на Петре Прличко. Фестивалот има ревијален карактер, а ќе учествуваат седум претстави на македонските театри. Како што најавија од Драмски, по Велес, екипата ќе патува Битола, каде ќе гостува на ревијалната програма на Интернационалниот фестивал на монодрама, на големата сцена во Центарот за култура во 20 часот. Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“. Улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.  

The post Драмски со „Странци“ вечерва гостува на првото издание на театарскиот фестивал „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>
Започнува фестивалот „5ре”, Џамбазов и Колев се поклонија пред бистата на Прличко https://republika.mk/vesti/kultura/zapochnuva-festivalot-5re-dzambazov-i-kolev-se-poklonija-pred-bistata-na-prlichko/ Thu, 19 May 2022 18:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=504540

Пред самиот почеток на фестивалот "5ре" во чест на великанот Петре Прличко, му оддадовме почит на бистата посветена на него во Младинскиот парк.
Заедно со неговиот внук и добитник на истоимената награда за животно дело, Игор Џамбазов, претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков и организаторите Ненад Витанов и Жарко Спасовски положивме свежо цвеќе, сеќавајќи се на богатата ризница која Прличко ни ја оставил во наследство.
"5ре" започнува наскоро, Велес живее! - напиша велешкиот градоначалник Марко Колев на својот фејсбук профил.

Фестивалот започнува вечерва, а ќе трае до 28 мај. Утревечер во 20 часот е претставата „Странци“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, на 21 мај во сабота ќе гостува прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со комедијата „Да Инспекторе“. На 25 мај е претставата „Вардарски пастуви“ на Тетарот Комедија од Скопје, а на 26 мај „Пасивно пушење“ со гостување на штипскиот театар. Сите претстави ќе бидат на сцената на велешкиот Народен театар освен последната на 28 мај кога е и затворањето на фестивалот на отворено на сцената во Младинскиот парк STAND UP со Тино и Атанас. Во рамки на фестивалот ќе има и две детски претстави кои се бесплатни за децата првата е на 26 мај во 13 часот „Чунголунговски, Пепелашка и Принцот Тортичка“ и втората на 28 мај во 12 часот кога ќе гостува Театарот за деца у младинци со претставата „Супербајкастично“. Билетите за сите претстави за фестивалот може да се набават на билетарата од велешкиот театар. Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес и повеќе спонзори, а организатор е Здружението со делегирана надлежност „Плус публика“ Велес.

The post Започнува фестивалот „5ре”, Џамбазов и Колев се поклонија пред бистата на Прличко appeared first on Република.

]]>

Пред самиот почеток на фестивалот "5ре" во чест на великанот Петре Прличко, му оддадовме почит на бистата посветена на него во Младинскиот парк. Заедно со неговиот внук и добитник на истоимената награда за животно дело, Игор Џамбазов, претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков и организаторите Ненад Витанов и Жарко Спасовски положивме свежо цвеќе, сеќавајќи се на богатата ризница која Прличко ни ја оставил во наследство. "5ре" започнува наскоро, Велес живее! - напиша велешкиот градоначалник Марко Колев на својот фејсбук профил.
Фестивалот започнува вечерва, а ќе трае до 28 мај. Утревечер во 20 часот е претставата „Странци“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, на 21 мај во сабота ќе гостува прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со комедијата „Да Инспекторе“. На 25 мај е претставата „Вардарски пастуви“ на Тетарот Комедија од Скопје, а на 26 мај „Пасивно пушење“ со гостување на штипскиот театар. Сите претстави ќе бидат на сцената на велешкиот Народен театар освен последната на 28 мај кога е и затворањето на фестивалот на отворено на сцената во Младинскиот парк STAND UP со Тино и Атанас. Во рамки на фестивалот ќе има и две детски претстави кои се бесплатни за децата првата е на 26 мај во 13 часот „Чунголунговски, Пепелашка и Принцот Тортичка“ и втората на 28 мај во 12 часот кога ќе гостува Театарот за деца у младинци со претставата „Супербајкастично“. Билетите за сите претстави за фестивалот може да се набават на билетарата од велешкиот театар. Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес и повеќе спонзори, а организатор е Здружението со делегирана надлежност „Плус публика“ Велес.

The post Започнува фестивалот „5ре”, Џамбазов и Колев се поклонија пред бистата на Прличко appeared first on Република.

]]>
Вечерва се отвора театарскиот фестивал „5ре“ во Велес посветен на Петре Прличко https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-se-otvora-teatarskiot-festival-5re-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/ Thu, 19 May 2022 11:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=504333

Вечерва во 20 часот во Народниот театар „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“ во Велес свечено ќе биде отворен театарскиот фестивал „5ре“ посветен на бардот на македонското глумиште Петре Прличко.

Вечерва ќе биде врачена наградата „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност, која ќе му биде доделена на внукот на Прличко, Игор Џамбазов.

Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца.

Заради здравствени проблеми на еден од актерите, претставата „Синиот портокал“ се откажува, и на нејзино место ќе има Стенд ап шоу со актерот Бојан Кирковски.

Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.

 

The post Вечерва се отвора театарскиот фестивал „5ре“ во Велес посветен на Петре Прличко appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот во Народниот театар „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“ во Велес свечено ќе биде отворен театарскиот фестивал „5ре“ посветен на бардот на македонското глумиште Петре Прличко. Вечерва ќе биде врачена наградата „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност, која ќе му биде доделена на внукот на Прличко, Игор Џамбазов. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца. Заради здравствени проблеми на еден од актерите, претставата „Синиот портокал“ се откажува, и на нејзино место ќе има Стенд ап шоу со актерот Бојан Кирковски. Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.  

The post Вечерва се отвора театарскиот фестивал „5ре“ во Велес посветен на Петре Прличко appeared first on Република.

]]>