Во aмфитеатарот на Младинскиот парк во Велес вечер ќе се одржи стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ, со кое ќе биде затворен годинашниот втор по ред Фестивал „5 ре“.

Фестивалот „5 ре“е посветен на еден од најголемите македонски актери, велешанецот Петре Прличко, а го организира Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, под покровителство на Општина Велес.

Инаку, вчера вечер во салата на велешкиот театар, ансамблот на Штипскиот театар ја изведе претставата „Ле Кретен“ од Френсис Вебер, во режија на Никола Ристов.

Вчера на пладне на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк за децата беше прикажана претставата „Сказна за рибарот и рипката“, во изведба на Театарот „Колозов“.

Второто издание на „5 ре“ почна во понеделникот, 15 мај. На фестивалот беа изведени шест претстави од која една за деца, а заедно со вечерашното и две станд ап шоуа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.