Жозеф Борел Archives - Република https://republika.mk/tema/zozef-borel/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 07:54:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жозеф Борел Archives - Република https://republika.mk/tema/zozef-borel/ 32 32 Борел го поздрави резултатот од гласањето во Претставничкиот дом на САД за пакетот воена помош https://republika.mk/vesti/svet/borel-go-pozdravi-rezultatot-od-glasaneto-vo-pretstavnichkiot-dom-na-sad-za-paketot-voena-pomosh/ Sun, 21 Apr 2024 07:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=768709

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел го поздрави резултатот од синоќешното гласање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за предлог-законот за помош на Украина, Израел и индо-пацифичкиот регион.

„Го поздравувам резултатот од денешното гласање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Украина ќе ја има трансатлантската поддршка што и е потребна за да се спротивстави на руската агресија“, објави Борел на платформата Икс.

Двопартиското мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои предлог-закон со кој на Украина, Израел и сојузниците на САД во Индо-пацифичкиот регион им обезбедуваат дополнителни средства во износ од вкупно 95 милијарди долари.

The post Борел го поздрави резултатот од гласањето во Претставничкиот дом на САД за пакетот воена помош appeared first on Република.

]]>

Ковачевски ќе го пречека потпретседателот на ЕK, Жозеп Борел во Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ke-go-precheka-potpretsedatelot-na-ek-zhozep-borel-vo-vladata/ Wed, 29 Nov 2023 13:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=717591

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски на 29 ноември 2023 година (среда) во Владата на Република Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Според агендата, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел.

На билатералната средба ќе присуствуваат и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир.

Премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската комисија Борел, во 19:15 часот во Медија центарот на Владата ќе дадат изјави за медиумите. Новинарски прашања не се предвидени.

The post Ковачевски ќе го пречека потпретседателот на ЕK, Жозеп Борел во Владата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски на 29 ноември 2023 година (среда) во Владата на Република Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ. Според агендата, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел. На билатералната средба ќе присуствуваат и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир. Премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската комисија Борел, во 19:15 часот во Медија центарот на Владата ќе дадат изјави за медиумите. Новинарски прашања не се предвидени.  

The post Ковачевски ќе го пречека потпретседателот на ЕK, Жозеп Борел во Владата appeared first on Република.

]]>
Борел: Утврдете ги сите факти за нападот во Бањска https://republika.mk/vesti/balkan/borel-utvrdete-gi-site-fakti-za-napadot-vo-banska/ Sun, 24 Sep 2023 12:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=684695

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека е неопходно да се утврдат сите факти за нападот на влезот во селото Бањска во општина Лепосавиќ и дека одговорните за него мора да бидат изведени пред лицето на правдата, јави дописникот на МИА од Белград.

Истовремено, Борел најостро го осуди, како што рече, грозоморниот напад на вооружена банда врз припадници на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени.

Уште повеќе невини животи се загрозени во непријателствата кои траат околу манастирот Бањска. Овие напади мора веднаш да престанат, рече Борел.

Тој посочи дека ЕУЛЕКС како втора одговорна мисија за безбедноста на теренот е во близок контакт со властите и со КФОР.

ЕУ и нејзините членки повторно ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово, рече Борел.

The post Борел: Утврдете ги сите факти за нападот во Бањска appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека е неопходно да се утврдат сите факти за нападот на влезот во селото Бањска во општина Лепосавиќ и дека одговорните за него мора да бидат изведени пред лицето на правдата, јави дописникот на МИА од Белград. Истовремено, Борел најостро го осуди, како што рече, грозоморниот напад на вооружена банда врз припадници на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени.
Уште повеќе невини животи се загрозени во непријателствата кои траат околу манастирот Бањска. Овие напади мора веднаш да престанат, рече Борел.
Тој посочи дека ЕУЛЕКС како втора одговорна мисија за безбедноста на теренот е во близок контакт со властите и со КФОР.
ЕУ и нејзините членки повторно ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово, рече Борел.
 
The post Борел: Утврдете ги сите факти за нападот во Бањска appeared first on Република.

]]>
Борел: Русија претходно беше закана, сега е ризик https://republika.mk/vesti/svet/borel-rusija-prethodno-beshe-zakana-sega-e-rizik/ Mon, 26 Jun 2023 20:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=655494

Русија прво беше закана затоа што беше силна, а сега претставува ризик затоа што и се заканува нестабилност, изјави денеска во Луксембург високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел.

Минатиот викенд имаше „прекинат вооружен бунт“ во Русија, рече Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Овие настани покажаа дека руската држава и личниот кредибилитет на (претседателот Владимир) Путин се ослабени, во најмала рака идека политичкиот систем покажува пукнатини. Русија прво беше закана затоа што беше силна, а сега е ризик бидејќи може да стане нестабилна“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ.

Борел додаде дека заклучокот од министерската дискусија е многу јасен, а тоа е да продолжи да ја поддржува Украина повеќе од кога било досега. Тој рече дека европската мисија за обука на украинската армија оди многу добро, досега се обучени 24 илјади војници и дека првично поставената цел од 30 илјади обучени војници до крајот на оваа година ќе биде исполнета многу порано.

The post Борел: Русија претходно беше закана, сега е ризик appeared first on Република.

]]>

Русија прво беше закана затоа што беше силна, а сега претставува ризик затоа што и се заканува нестабилност, изјави денеска во Луксембург високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел. Минатиот викенд имаше „прекинат вооружен бунт“ во Русија, рече Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Овие настани покажаа дека руската држава и личниот кредибилитет на (претседателот Владимир) Путин се ослабени, во најмала рака идека политичкиот систем покажува пукнатини. Русија прво беше закана затоа што беше силна, а сега е ризик бидејќи може да стане нестабилна“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ.
Борел додаде дека заклучокот од министерската дискусија е многу јасен, а тоа е да продолжи да ја поддржува Украина повеќе од кога било досега. Тој рече дека европската мисија за обука на украинската армија оди многу добро, досега се обучени 24 илјади војници и дека првично поставената цел од 30 илјади обучени војници до крајот на оваа година ќе биде исполнета многу порано.  

The post Борел: Русија претходно беше закана, сега е ризик appeared first on Република.

]]>
Косово и Србија од ЕУ добија анекс на претходно договореното https://republika.mk/vesti/makedonija/kosovo-i-srbija-od-eu-dobija-aneks-na-prethodno-dogovorenoto/ Sat, 18 Mar 2023 22:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=621151

По 12 часа постигнавме договор како да се имплементира договорот постигнат на 27 февруари помеѓу Србија и Косово. Можам да соопштам дека Косово и Србија се согласија за анексот за имплементација на Договорот, што треба да води кон нормализација на односите помеѓу нив, соопшти вечерва високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, по завршувањето на трилатералната средба во Охрид.

Како што појасни тој, имплементацијата на договорот значи практични чекори што треба да се направи, кога, кој и како.

Ова, како што рече Борел, доаѓа по долги и тешки преговори.

- Денеска имавме средби во неколку формати со цел да ги надминеме разликите помеѓу страните, рече Борел.

Борел, како што беше најавено, со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти разговараа за имплементацијата на анексот - составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите.

Во Охрид високиот претставник на ЕУ, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак претпладнето имаше најнапред одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Разговорите во Охрид меѓу високите претставници на ЕУ и на Србија и на Косово траеја речиси 12 часа.

Исходот од средбата во вилата „Билјана“ во Охрид го чекаа повеќе од 200 новинари од земјава, од Косово, од Србија и други странски известувачи.

The post Косово и Србија од ЕУ добија анекс на претходно договореното appeared first on Република.

]]>

По 12 часа постигнавме договор како да се имплементира договорот постигнат на 27 февруари помеѓу Србија и Косово. Можам да соопштам дека Косово и Србија се согласија за анексот за имплементација на Договорот, што треба да води кон нормализација на односите помеѓу нив, соопшти вечерва високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, по завршувањето на трилатералната средба во Охрид. Како што појасни тој, имплементацијата на договорот значи практични чекори што треба да се направи, кога, кој и како. Ова, како што рече Борел, доаѓа по долги и тешки преговори.
- Денеска имавме средби во неколку формати со цел да ги надминеме разликите помеѓу страните, рече Борел.
 
Борел, како што беше најавено, со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти разговараа за имплементацијата на анексот - составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите.

Во Охрид високиот претставник на ЕУ, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак претпладнето имаше најнапред одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Разговорите во Охрид меѓу високите претставници на ЕУ и на Србија и на Косово траеја речиси 12 часа.

Исходот од средбата во вилата „Билјана“ во Охрид го чекаа повеќе од 200 новинари од земјава, од Косово, од Србија и други странски известувачи.

The post Косово и Србија од ЕУ добија анекс на претходно договореното appeared first on Република.

]]>
Борел: Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите, освен во краен случај https://republika.mk/vesti/svet/borel-izrael-da-ne-koristi-smrtonosna-sila-kako-odgovor-na-napadite-osven-vo-kraen-sluchaj/ Sat, 28 Jan 2023 20:27:24 +0000 https://republika.mk/?p=602092

 Шефот за европската дипломатија Жозеп Борел го повика Израел да не користи смртоносна сила, „освен во краен случај“, како одговор на палестинските напади вчера и денеска, во кои загинаа седум лица, а ранети се 12.

„Две лица се ранети од огнено оружје во нов напад денеска во источен Ерусалим“, соопшти утринава израелската полиција, опишувајќи го како „терористички напад“, извршен еден ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум, а беа ранети 10 лица.

До пукањето дојде помалку од 24 часа по нападот на синагогата на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Нападите ги осудија сојузниците на Израел и некои арапски земји, а 42 лица беа приведени на сослушување во истрагата.

„Европската унија целосно ја разбира легитимната загриженост на израел по прашањето на безбедноста, што дополнително се оправдува со последните терористички напади, но треба да се нагласи дека смртоносната сила не треба да се користи освен како последно средство, кога е неизбежно да се заштитат животи“, рече Борел откако денеска палестинско момче (13) рани татко и син во близина на важен археолошки локалитет за Евреите.

Борел вели дека Унијата е загрижена поради зголемената тензија во Израел и на палестинските територии и ги повикува двете страни да направат се што е можно за да се смири моменталната ситуација и да започнат координирани акции за да се спречат нови напади и насилство.

The post Борел: Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите, освен во краен случај appeared first on Република.

]]>

 Шефот за европската дипломатија Жозеп Борел го повика Израел да не користи смртоносна сила, „освен во краен случај“, како одговор на палестинските напади вчера и денеска, во кои загинаа седум лица, а ранети се 12. „Две лица се ранети од огнено оружје во нов напад денеска во источен Ерусалим“, соопшти утринава израелската полиција, опишувајќи го како „терористички напад“, извршен еден ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум, а беа ранети 10 лица. До пукањето дојде помалку од 24 часа по нападот на синагогата на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. Нападите ги осудија сојузниците на Израел и некои арапски земји, а 42 лица беа приведени на сослушување во истрагата. „Европската унија целосно ја разбира легитимната загриженост на израел по прашањето на безбедноста, што дополнително се оправдува со последните терористички напади, но треба да се нагласи дека смртоносната сила не треба да се користи освен како последно средство, кога е неизбежно да се заштитат животи“, рече Борел откако денеска палестинско момче (13) рани татко и син во близина на важен археолошки локалитет за Евреите.
Борел вели дека Унијата е загрижена поради зголемената тензија во Израел и на палестинските територии и ги повикува двете страни да направат се што е можно за да се смири моменталната ситуација и да започнат координирани акции за да се спречат нови напади и насилство.

The post Борел: Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите, освен во краен случај appeared first on Република.

]]>
Прифаќањето на предлогот на Квинтата е единствениот начин за излез од кризата меѓу Србија и Косово смета Борел https://republika.mk/vesti/balkan/prifakaneto-na-predlogot-na-kvintata-e-edinstveniot-nachin-za-izlez-od-krizata-megu-srbija-i-kosovo-smeta-borel/ Mon, 23 Jan 2023 19:15:41 +0000 https://republika.mk/?p=600141

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска во Брисел изјави дека прифаќањето на предлозите претставени од претставниците на „големата петорка” во Белград и Приштина е „единствениот начин да се стави крај на циклусот на кризи на теренот.”

Во оваа прилика нагласуваме дека постигнувањето напредок по новиот предлог ќе донесе значителни подобрувања за двете страни. Верувам дека тоа е единствениот начин да се стави крај на циклусот на кризи на кои бевме сведоци во последно време и дека значително ќе ги намали ризиците од нови тензии и ескалации. Очекуваме сериозна посветеност и подготвеност за конструктивно вклучување на двете страни во овој процес за да може овој предлог да напредува, изјави Борел по седницата на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ.

Тој додаде дека ги информирал шефовите на дипломатиите на земјите од Европската унија за резултатите од разговорите на претставниците на ЕУ, Париз, Берлин, Рим и Вашингтон со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.

The post Прифаќањето на предлогот на Квинтата е единствениот начин за излез од кризата меѓу Србија и Косово смета Борел appeared first on Република.

ЕУ дипломатот кој ни вети волја место датум постави датум за решение со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-diplomatot-koj-ni-veti-volja-mesto-datum-postavi-datum-za-reshenie-so-bugarija/ Tue, 17 May 2022 06:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=503141

ЕУ потврди ако спорот меѓу Скопје и Софија не се реши до крајот на француското претседавање ќе има длабока криза со регионот. Софија за кревање на ветото повтори дека очекува „конкретни чекори заедно да се изодат без какви било календари или очекувања“. Скопје, пак, порача дека сите услови за старт на преговорите со ЕУ се исполнети и сега на потег е Бугарија.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел вчера изјави дека поставува временска рамка за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, до крајот на француското претседателство, на 30 јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Длабоко навлеговме во прашањето за односите со Бугарија, кое го блокира процесот,  за време на дебатата помеѓу земјите членки на ЕУ, и ова е нешто што мора да биде надминато, има политичка волја во Советот за да се избегне криза што би се случила ако не се реши до крајот на француското претседателство ставам временски рок. Ако не се случи ќе имаме сериозна криза во односите со земјите од Западниот Балкан, и ќе продолжиме да вршиме притисок врз двете страни да се изнајде решение, изјави Борел на прес – конференцијата по Министерскиот совет за надворешни работи, на кој се одржа и посебна седница со министрите за надворешни работи од Западен Балкан за прв пат.

Тој потсети и дека Македонија, заедно со Албанија и Црна Гора, се целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ и со санкциите на ЕУ против Русија, како и дека Македонија и Албанија се наоѓаат на списокот на непријателски земји на Москва. Сево ова, посочи, ќе има цена.

-Треба да започнеме преговори со Македонија и Албанија, и се надевам, повеќе од надеж и желба, дека тоа ќе се случи за време на француското претседателство, сметаме дека ова одлагање е неодржливо, рече Борел, додавајќи и дека двете земји ги исполнуваат сите услови што се бараат од нив, и ако немаат перспектива за ЕУ тоа ќе ја чини Европа многу во смисла на кредибилитет, а ќе претставува и подарок за Русија.

The post ЕУ дипломатот кој ни вети волја место датум постави датум за решение со Бугарија appeared first on Република.

]]>

ЕУ потврди ако спорот меѓу Скопје и Софија не се реши до крајот на француското претседавање ќе има длабока криза со регионот. Софија за кревање на ветото повтори дека очекува „конкретни чекори заедно да се изодат без какви било календари или очекувања“. Скопје, пак, порача дека сите услови за старт на преговорите со ЕУ се исполнети и сега на потег е Бугарија. Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел вчера изјави дека поставува временска рамка за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, до крајот на француското претседателство, на 30 јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Длабоко навлеговме во прашањето за односите со Бугарија, кое го блокира процесот,  за време на дебатата помеѓу земјите членки на ЕУ, и ова е нешто што мора да биде надминато, има политичка волја во Советот за да се избегне криза што би се случила ако не се реши до крајот на француското претседателство ставам временски рок. Ако не се случи ќе имаме сериозна криза во односите со земјите од Западниот Балкан, и ќе продолжиме да вршиме притисок врз двете страни да се изнајде решение, изјави Борел на прес – конференцијата по Министерскиот совет за надворешни работи, на кој се одржа и посебна седница со министрите за надворешни работи од Западен Балкан за прв пат.
Тој потсети и дека Македонија, заедно со Албанија и Црна Гора, се целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ и со санкциите на ЕУ против Русија, како и дека Македонија и Албанија се наоѓаат на списокот на непријателски земји на Москва. Сево ова, посочи, ќе има цена. -Треба да започнеме преговори со Македонија и Албанија, и се надевам, повеќе од надеж и желба, дека тоа ќе се случи за време на француското претседателство, сметаме дека ова одлагање е неодржливо, рече Борел, додавајќи и дека двете земји ги исполнуваат сите услови што се бараат од нив, и ако немаат перспектива за ЕУ тоа ќе ја чини Европа многу во смисла на кредибилитет, а ќе претставува и подарок за Русија.

The post ЕУ дипломатот кој ни вети волја место датум постави датум за решение со Бугарија appeared first on Република.

]]>
EУ дипломатот кој ни вети волја место датум, бара да продолжиме со реформите https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-diplomatot-koj-ni-veti-volja-mesto-datum-bara-da-prodolzime-so-reformite/ Thu, 17 Mar 2022 09:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=474142

Жозеф Борел, високиот претставник за надворешна политика кој го навлече гневот на граѓаните кога среде Скопје ни порача дека не може да ни вети датум туку само волја, излезе со нова изјава за регионот.

Во интервју за „Н1“.посочи дека Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина имаат исто барање - забрзување на патот кон ЕУ, што, според него е прифатливо.

Но  сите земји мора да ги исполнат своите задачи, не поради членството, туку поради граѓаните.Некои од сегментите се борбата против корупцијата, надминувањето на тешкотиите од минатото, економската перспектива, зајакнувањето на демократијата-посочи претставникот на ЕУ.

The post EУ дипломатот кој ни вети волја место датум, бара да продолжиме со реформите appeared first on Република.

]]>

Жозеф Борел, високиот претставник за надворешна политика кој го навлече гневот на граѓаните кога среде Скопје ни порача дека не може да ни вети датум туку само волја, излезе со нова изјава за регионот. Во интервју за „Н1“.посочи дека Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина имаат исто барање - забрзување на патот кон ЕУ, што, според него е прифатливо.
Но  сите земји мора да ги исполнат своите задачи, не поради членството, туку поради граѓаните.Некои од сегментите се борбата против корупцијата, надминувањето на тешкотиите од минатото, економската перспектива, зајакнувањето на демократијата-посочи претставникот на ЕУ.

The post EУ дипломатот кој ни вети волја место датум, бара да продолжиме со реформите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за изјавата на Борел: Доста отстапки правиме, како може да го погледнат народот во очи и постојано да повторуваат исто https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-izjavata-na-borel-dosta-otstapki-pravime-kako-moze-da-go-poglednat-narodot-vo-ochi-i-postojano-da-povtoruvaat-isto-ovaa-zemja-zasluzuva-datum-i-pokraj-site-nesposobnosti-na-vlasta/ Tue, 15 Mar 2022 18:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=473407

На времето кога доаѓаа Хан и неговите претходници ни велеа преку Атина. Сега доаѓа Борел ни вели преку Софија. Утре Господ знае преку кој друг ќе ни кажат, а толку отстапки овој народ направил и оваа мала држава што веќе стварно навистина не знам како не им е жал да го гледаат народот во очи и истото како расипана плоча да им го повторуваат, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, одговорајќи на прашањето како ја коментира изјавата на Борел дека има волја за почеток на преговорите, но не и датум.

Мицкоски потенцираше дека македонскиот народ и држава заслужуваат да започнат преговори со Европската унија и да не бидат предмет на дополнителни понижувања и уценувања.

Овој народ и оваа држава заслужува да ги започне тие преговори, настрана неспособните политичари и настрана криминалните политиките што се водени, барем на политичко ниво, солидарност и она сето што го направи овој народ за Европа заслужи да ги започне тие преговори, да не биде предмет на дополнителни понижувања и уценувања, смета Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dosega-barem-ni-vetuvaa-datum-pregovorite-so-eu-se-pretvorija-vo-volja/

The post Мицкоски за изјавата на Борел: Доста отстапки правиме, како може да го погледнат народот во очи и постојано да повторуваат исто appeared first on Република.

]]>

На времето кога доаѓаа Хан и неговите претходници ни велеа преку Атина. Сега доаѓа Борел ни вели преку Софија. Утре Господ знае преку кој друг ќе ни кажат, а толку отстапки овој народ направил и оваа мала држава што веќе стварно навистина не знам како не им е жал да го гледаат народот во очи и истото како расипана плоча да им го повторуваат, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, одговорајќи на прашањето како ја коментира изјавата на Борел дека има волја за почеток на преговорите, но не и датум. Мицкоски потенцираше дека македонскиот народ и држава заслужуваат да започнат преговори со Европската унија и да не бидат предмет на дополнителни понижувања и уценувања.
Овој народ и оваа држава заслужува да ги започне тие преговори, настрана неспособните политичари и настрана криминалните политиките што се водени, барем на политичко ниво, солидарност и она сето што го направи овој народ за Европа заслужи да ги започне тие преговори, да не биде предмет на дополнителни понижувања и уценувања, смета Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/dosega-barem-ni-vetuvaa-datum-pregovorite-so-eu-se-pretvorija-vo-volja/

The post Мицкоски за изјавата на Борел: Доста отстапки правиме, како може да го погледнат народот во очи и постојано да повторуваат исто appeared first on Република.

]]>
Борел: Санкциите на ЕУ ќе бидат против 27 лица и субјекти во Русија https://republika.mk/vesti/svet/borel-sankciite-na-eu-kje-bidat-protiv-27-lica-i-subjekti-vo-rusija/ Tue, 22 Feb 2022 18:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=462136

Санкциите на Европската унија ќе бидат насочени против 27 лица и субјекти кои го загрозуваат територијалниот интегритет на Украина, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Тој на прес-конференција рече дека заедно со руските пратеници кои го поддржаа признавањето на сепаратистичките региони, ќе бидат погодени и банките кои ги финансираат носителите на клучните одлуки и нивните операции во Донбас.

Способноста на Русија и руската влада да дојдат до европски капитал на финансиските пазари и услуги, исто така, ќе бидат погодена од санкции. Тој додаде дека „санкциите ќе бидат само дел од одговорот на Европската унија“.

Претходно, шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан изјави дека Европската Унија вечерва едногласно ги договори новите санкции против Русија по вчерашната одлука на официјална Москва да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск.

И претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, одржи прес-конференција за санкциите против Русија.

Го поздравувам договорот на членките на ЕУ за новите санкции против Русија, која создаде криза и е одговорна за ескалацијата. Наскоро ќе го финализираме пакетот санкции во соработка со партнерите, изјави шефицата на ЕК.

The post Борел: Санкциите на ЕУ ќе бидат против 27 лица и субјекти во Русија appeared first on Република.

]]>

Санкциите на Европската унија ќе бидат насочени против 27 лица и субјекти кои го загрозуваат територијалниот интегритет на Украина, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. Тој на прес-конференција рече дека заедно со руските пратеници кои го поддржаа признавањето на сепаратистичките региони, ќе бидат погодени и банките кои ги финансираат носителите на клучните одлуки и нивните операции во Донбас. Способноста на Русија и руската влада да дојдат до европски капитал на финансиските пазари и услуги, исто така, ќе бидат погодена од санкции. Тој додаде дека „санкциите ќе бидат само дел од одговорот на Европската унија“. Претходно, шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан изјави дека Европската Унија вечерва едногласно ги договори новите санкции против Русија по вчерашната одлука на официјална Москва да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск. И претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, одржи прес-конференција за санкциите против Русија.