Зоолошка градина Archives - Република https://republika.mk/tema/zooloshka-gradina/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 13:04:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зоолошка градина Archives - Република https://republika.mk/tema/zooloshka-gradina/ 32 32 Човек паднал во Зоолошка по масовна тепачка на свадба на Калемегдан https://republika.mk/vesti/balkan/chovek-padnal-vo-zooloshka-po-masovna-tepachka-na-svadba-na-kalemegdan/ Mon, 04 Nov 2024 12:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=833994

Свадбена веселба на белградската тврдина Калемегдан заврши со масовна тепачка и тешко повреден маж кој падна од голема висина, ни помалку ни повеќе - во Зоолошката градина.

Триесет и двегодишниот Е.К.  имал среќа да го преживее падот од таква височина (10 метри), а дополнителна среќа за него е што не паднал во кафез со животни.

Како што дознава српски „Блиц“, тој паднал во просторот на Зоолошката градина каде што нема животни, односно надвор од кафез.

Мажот се здобил со тешки физички повреди во вид на крварење на мозокот и скршеница на бутната коска и е во тешка состојба во болница. Наводно, на полицијата ѝ кажал дека не се сеќава на ништо и дека бил поднапиен.

Се започнало синоќа околу 21 часот и 30 минути кога 33-годишната А.С. и 33-годишниот Г.Д. (33) се скарале. Таа го удрила мажот со чаша по лицето, по што тој ѝ удрил шлаканица.

Тогаш настана општ хаос. Интервенираа и други гости, по што мораше да реагира и полицијата. Во текот на истрагата, полицијата забележала маж на просторот на Зоолошката градина, вели изворот на „Блиц“.

Мажот и жената кои се степале на свадбата се приведени и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир.

 

The post Човек паднал во Зоолошка по масовна тепачка на свадба на Калемегдан appeared first on Република.

]]>

Свадбена веселба на белградската тврдина Калемегдан заврши со масовна тепачка и тешко повреден маж кој падна од голема висина, ни помалку ни повеќе - во Зоолошката градина. Триесет и двегодишниот Е.К.  имал среќа да го преживее падот од таква височина (10 метри), а дополнителна среќа за него е што не паднал во кафез со животни. Како што дознава српски „Блиц“, тој паднал во просторот на Зоолошката градина каде што нема животни, односно надвор од кафез. Мажот се здобил со тешки физички повреди во вид на крварење на мозокот и скршеница на бутната коска и е во тешка состојба во болница. Наводно, на полицијата ѝ кажал дека не се сеќава на ништо и дека бил поднапиен. Се започнало синоќа околу 21 часот и 30 минути кога 33-годишната А.С. и 33-годишниот Г.Д. (33) се скарале. Таа го удрила мажот со чаша по лицето, по што тој ѝ удрил шлаканица.
Тогаш настана општ хаос. Интервенираа и други гости, по што мораше да реагира и полицијата. Во текот на истрагата, полицијата забележала маж на просторот на Зоолошката градина, вели изворот на „Блиц“.
Мажот и жената кои се степале на свадбата се приведени и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир.  

The post Човек паднал во Зоолошка по масовна тепачка на свадба на Калемегдан appeared first on Република.

]]>
Неизгласан мораториумот за внесување нови животни во Зоолошка https://republika.mk/vesti/skopje/neizglasan-moratoriumot-za-vnesuvane-novi-zhivotni-vo-zooloshka/ Thu, 31 Oct 2024 13:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=832837

Со четири гласа „за“, 10 „против“ и осум воздржани, Советот на Град Скопје денеска не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во Зоолошка, поднесена од „Зелен хуман град“.

Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ рече дека со ова нема да се оптовари буџетот на Градот и пвика да се спречи понатамошно внесување нови животни во Зоолошката.

Ако зборуваме дека одиме во 21. век, се стремиме кон еволуција, прво на лично ниво, а потоа и колективно секако, можеме да кажеме дека доволно се грижиме за тоа што нѐ опкружува и дека не би дозволиле, кога веќе ја имаме моќта во наши раце, да дозволуваме да страдаат живи суштества, кои и тоа како чувствуваат болка, страдање, тага, страв, како што чувствува секој од вас, секој од нас, овде, порача Велковска.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков истакна дека животните во Зоолошката градина не биле виновни за тоа што им се случува заради „неспособноста на кадрите на градоначалничката Арсовска“.

Кој било да дојде потоа јас сум уверен дека веднаш ќе настане една револуција во скопската Зоолошка градина, затоа што кој било градоначалник после оваа градоначалничка ќе си го сака многу повеќе Скопје од неа, нагласи Кирков.

Љубица Јанчева од редовите на СДСМ рече дека нема потреба да ја усвојуваат, зашто со тоа што сме го изгубивме кандидатскиот статус за ЕАЗА, имало мораториум.

Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ зборуваше за неговото искуство со Зоолошката, посочувајќи дека бил вџашен од ситуацијата во која се чуваат животните таму.

The post Неизгласан мораториумот за внесување нови животни во Зоолошка appeared first on Република.

]]>

Со четири гласа „за“, 10 „против“ и осум воздржани, Советот на Град Скопје денеска не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во Зоолошка, поднесена од „Зелен хуман град“. Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ рече дека со ова нема да се оптовари буџетот на Градот и пвика да се спречи понатамошно внесување нови животни во Зоолошката. Ако зборуваме дека одиме во 21. век, се стремиме кон еволуција, прво на лично ниво, а потоа и колективно секако, можеме да кажеме дека доволно се грижиме за тоа што нѐ опкружува и дека не би дозволиле, кога веќе ја имаме моќта во наши раце, да дозволуваме да страдаат живи суштества, кои и тоа како чувствуваат болка, страдање, тага, страв, како што чувствува секој од вас, секој од нас, овде, порача Велковска. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков истакна дека животните во Зоолошката градина не биле виновни за тоа што им се случува заради „неспособноста на кадрите на градоначалничката Арсовска“. Кој било да дојде потоа јас сум уверен дека веднаш ќе настане една револуција во скопската Зоолошка градина, затоа што кој било градоначалник после оваа градоначалничка ќе си го сака многу повеќе Скопје од неа, нагласи Кирков. Љубица Јанчева од редовите на СДСМ рече дека нема потреба да ја усвојуваат, зашто со тоа што сме го изгубивме кандидатскиот статус за ЕАЗА, имало мораториум. Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ зборуваше за неговото искуство со Зоолошката, посочувајќи дека бил вџашен од ситуацијата во која се чуваат животните таму.

The post Неизгласан мораториумот за внесување нови животни во Зоолошка appeared first on Република.

]]>
Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип https://republika.mk/vesti/skopje/posetitelka-vo-zooloshkata-gradina-pobarala-da-se-testira-za-ptichji-grip/ Tue, 22 Oct 2024 11:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=829798

Посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот.

Директорката Андоновска за МИА вели дека нема простор за паника кај граѓаните.

Штом вработените кои секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот.

Претходно, и директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип.

Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

The post Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип appeared first on Република.

]]>

Посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот. Директорката Андоновска за МИА вели дека нема простор за паника кај граѓаните. Штом вработените кои секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот. Претходно, и директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

The post Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип во Зоолошката градина https://republika.mk/vesti/makedonija/ijz-so-preporaki-za-zashtita-po-pojavata-na-ptichji-grip-vo-zooloshkata-gradina/ Tue, 22 Oct 2024 07:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=829623

Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и препорачуваат да се избегнува контакт со болни или мртви животни, и со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. Од Ветеринарна комора, повикуваат на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јавното здравје и здравјето на животните, порачувајќи дека “нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата“

Од Ветеринарната комора, вчера информираа дека „во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани“ и нагласуваат дека „процедурите и мерките во случаи на појава на заразни болести зооантропонози - болести што од животни преминуваат на луѓе се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат“.

Повикуваме на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јав

- Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ветеринарно-здравствениот систем има примарна цел да ги заштити здравјето на луѓето, животните и економијата во државата. Следствено, во услови на појава на особено опасни заразни болести со голем потенцијал да го загрозат јавното здравје, како што е во случајот авијарната инфлуенца, нужно е да се преземаат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата, се наведува во соопштение од Ветеринарната комора.

Од Ветеринарната комора, исто така, потенцираат дека некои соеви на вирусот на авијарна инфлуенца се нотирани од светската наука, како причинители на заразни болести со најголем потенцијал за нова светска пандемија.

Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција.

По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните – за заштита се препорачува да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни.

Чиле го регистрираше првиот случај на птичји грип кај човек, соопшти Министерството за здравство.

- Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.

Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици.

- Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.

Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни.

- Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ.

ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега з

Од Институтот појаснуваат дека направени биле епидемиолошки анкети на 16 лица, според список на Зоолошката градина. Две лица, кои пројавиле симптоми, се негативни за птичји грип.

- На ден 21 октомври, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, што е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО, кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но, на ден 21 октомври се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми, се наведува во соопштението.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на високопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1

The post ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип во Зоолошката градина appeared first on Република.

]]>

Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и препорачуваат да се избегнува контакт со болни или мртви животни, и со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. Од Ветеринарна комора, повикуваат на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јавното здравје и здравјето на животните, порачувајќи дека “нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата“ Од Ветеринарната комора, вчера информираа дека „во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани“ и нагласуваат дека „процедурите и мерките во случаи на појава на заразни болести зооантропонози - болести што од животни преминуваат на луѓе се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат“. Повикуваме на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јав
- Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ветеринарно-здравствениот систем има примарна цел да ги заштити здравјето на луѓето, животните и економијата во државата. Следствено, во услови на појава на особено опасни заразни болести со голем потенцијал да го загрозат јавното здравје, како што е во случајот авијарната инфлуенца, нужно е да се преземаат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата, се наведува во соопштение од Ветеринарната комора.
Од Ветеринарната комора, исто така, потенцираат дека некои соеви на вирусот на авијарна инфлуенца се нотирани од светската наука, како причинители на заразни болести со најголем потенцијал за нова светска пандемија. Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција. По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните – за заштита се препорачува да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. Чиле го регистрираше првиот случај на птичји грип кај човек, соопшти Министерството за здравство.
- Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.
Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици.
- Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.
Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни. - Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ. ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега з Од Институтот појаснуваат дека направени биле епидемиолошки анкети на 16 лица, според список на Зоолошката градина. Две лица, кои пројавиле симптоми, се негативни за птичји грип. - На ден 21 октомври, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, што е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО, кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но, на ден 21 октомври се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми, се наведува во соопштението. Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот. По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на високопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1

The post ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип во Зоолошката градина appeared first on Република.

]]>
ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос и доверување на животните онаму каде ќе се соодветно третирани https://republika.mk/vesti/skopje/ldp-plombirane-na-zooloshkata-gradina-dodeka-ne-se-reshi-gradskiot-haos-i-doveruvane-na-zhivotnite-onamu-kade-ke-se-soodvetno-tretirani/ Sun, 20 Oct 2024 08:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=828996

Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа.

„Целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат.

За хаосот кој владее треба да се има и чин на морална одговорност – оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност да ги поставува по сопствена одлука директорите на градските институции вклучително и на ЗОО која е подолго време оставена сама на себе.

Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборават и животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште.

Веќе неколку пати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата, лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип.

Одговорност мора да има“, велат од ЛДП.

The post ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос и доверување на животните онаму каде ќе се соодветно третирани appeared first on Република.

]]>

Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа.
„Целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат. За хаосот кој владее треба да се има и чин на морална одговорност – оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност да ги поставува по сопствена одлука директорите на градските институции вклучително и на ЗОО која е подолго време оставена сама на себе. Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборават и животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште. Веќе неколку пати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата, лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип. Одговорност мора да има“, велат од ЛДП.

The post ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос и доверување на животните онаму каде ќе се соодветно третирани appeared first on Република.

]]>
Скопската Зоолошка градина со речникот на Арсовска се огласи по информаците за „птичји грип“ https://republika.mk/vesti/skopje/skopskata-zooloshka-gradina-so-rechnikot-na-arsovska-se-oglasi-po-informatsite-za-ptichji-grip/ Sat, 19 Oct 2024 13:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=828830

Од скопската Зоолошка градина се огласија со соопштение по нејзиното затворање откако во јавноста излегоа информации за појава на „птичји грип“.

Во соопштението од Зоо Скопје велат дека од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднале во ЗОО Скопје и извршиле масакр врз птиците.

Без образложение, овие лица по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк. Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје, се наведува во соопштението.

Она што привлече внимание во соопштението е фактот што истото е препратено до медиумите, а не испратено, од електронската адреса на Зоолошката. Ова отвора сомнеж дали креаторот на соопштението е токму градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ако се земе во превид дека во соопштението се користени зборови, кои таа самата ги употреби пред два дена во статус на нејзината Фејсбук страна.

https://republika.mk/vesti/skopje/zooloshkata-gradina-vo-skopje-zatvorena-poradi-ptichji-grip/

The post Скопската Зоолошка градина со речникот на Арсовска се огласи по информаците за „птичји грип“ appeared first on Република.

]]>

Од скопската Зоолошка градина се огласија со соопштение по нејзиното затворање откако во јавноста излегоа информации за појава на „птичји грип“. Во соопштението од Зоо Скопје велат дека од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднале во ЗОО Скопје и извршиле масакр врз птиците.
Без образложение, овие лица по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк. Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје, се наведува во соопштението.
Она што привлече внимание во соопштението е фактот што истото е препратено до медиумите, а не испратено, од електронската адреса на Зоолошката. Ова отвора сомнеж дали креаторот на соопштението е токму градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ако се земе во превид дека во соопштението се користени зборови, кои таа самата ги употреби пред два дена во статус на нејзината Фејсбук страна. https://republika.mk/vesti/skopje/zooloshkata-gradina-vo-skopje-zatvorena-poradi-ptichji-grip/

The post Скопската Зоолошка градина со речникот на Арсовска се огласи по информаците за „птичји грип“ appeared first on Република.

]]>
Кирков: Во Зоолошката се угинати 40 егзотични животни, оставки на целото раководство https://republika.mk/vesti/skopje/kirkov-vo-zooloshkata-se-uginati-40-egzotichni-zhivotni-ostavki-na-tseloto-rakovodstvo/ Thu, 29 Aug 2024 18:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=811323

Зоолошката градина за две години прави 100 години постоење и можеби е една од најстарите во Европа. Во последниве две години за времена Арсовска се сменија неколку директори и од најпосетувана стана место каде угинаа 40 егзотични животни под неразјаснети околности, рече Стефан Кирков, советник во Советот за Град Скопје на денешната седница.

Кирков посочи дека во овој краток период Зоолошката во Скопје стана хорор приказна каде само умираат животни.

„Актуелниот директор бара нови вработувања, а се покажа дека не може да менаџира со оние кои се веќе вработени“, кажа Кирков.

Според Кирков во ваква една ситуација не смее да има нови вработувања кога ни постојните не ги вршат основните работи, односно директорот не знае како да ја изменаџира нивната работа.

„Под ова раководство на Зоолошка не треба да има вработувања, значи во овој мандат под овој менаџмент не смее да има нови вработувања. Наместо вработувања време е раководството да даде отказ, односно оставка од функцијата“, заклучи Кирков.

The post Кирков: Во Зоолошката се угинати 40 егзотични животни, оставки на целото раководство appeared first on Република.

]]>

Зоолошката градина за две години прави 100 години постоење и можеби е една од најстарите во Европа. Во последниве две години за времена Арсовска се сменија неколку директори и од најпосетувана стана место каде угинаа 40 егзотични животни под неразјаснети околности, рече Стефан Кирков, советник во Советот за Град Скопје на денешната седница. Кирков посочи дека во овој краток период Зоолошката во Скопје стана хорор приказна каде само умираат животни.
„Актуелниот директор бара нови вработувања, а се покажа дека не може да менаџира со оние кои се веќе вработени“, кажа Кирков.
Според Кирков во ваква една ситуација не смее да има нови вработувања кога ни постојните не ги вршат основните работи, односно директорот не знае како да ја изменаџира нивната работа.
„Под ова раководство на Зоолошка не треба да има вработувања, значи во овој мандат под овој менаџмент не смее да има нови вработувања. Наместо вработувања време е раководството да даде отказ, односно оставка од функцијата“, заклучи Кирков.

The post Кирков: Во Зоолошката се угинати 40 егзотични животни, оставки на целото раководство appeared first on Република.

]]>
Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина угинал како последица на инфекција https://republika.mk/vesti/skopje/tsarskiot-orel-vo-skopskata-zooloshka-gradina-uginal-kako-posleditsa-na-infektsija/ Thu, 22 Aug 2024 13:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=809126

Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина, угинал како последица на инфекција, покажала обдукцијата извршена во Факултетот за ветеринарна медицина.

Обдукцијата покажала дека царскиот орел кој угина во Зоолошката градина – Скопје бил со слабо развиена мускулатура.

Од лешот биле земени материјали за патохистолошко испитување, кое покажало дека царскиот орел угинал од како последица на инфективна етиологија. Рентген снимките не покажале присуство на видливо страно тело.

The post Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина угинал како последица на инфекција appeared first on Република.

]]>

Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина, угинал како последица на инфекција, покажала обдукцијата извршена во Факултетот за ветеринарна медицина. Обдукцијата покажала дека царскиот орел кој угина во Зоолошката градина – Скопје бил со слабо развиена мускулатура. Од лешот биле земени материјали за патохистолошко испитување, кое покажало дека царскиот орел угинал од како последица на инфективна етиологија. Рентген снимките не покажале присуство на видливо страно тело.

The post Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина угинал како последица на инфекција appeared first on Република.

]]>
Зоолошката да се затвори и на нејзино место да се направи Ботаничка градина https://republika.mk/vesti/skopje/zooloshkata-da-se-zatvori-i-na-nejzino-mesto-da-se-napravi-botanichka-gradina/ Wed, 07 Aug 2024 14:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=804304

Зоолошката да се затвори и на нејзино место да се направи Ботаничка градина, напиша на својот фејсбук профил Ивор Мицковски.

The post Зоолошката да се затвори и на нејзино место да се направи Ботаничка градина appeared first on Република.

]]>

Зоолошката да се затвори и на нејзино место да се направи Ботаничка градина, напиша на својот фејсбук профил Ивор Мицковски.

The post Зоолошката да се затвори и на нејзино место да се направи Ботаничка градина appeared first on Република.

]]>
Да е здраво и живо: Во скопската Зоолошка се роди елен лопатар https://republika.mk/vesti/skopje/da-e-zdravo-i-zhivo-vo-skopskata-zooloshka-se-rodi-elen-lopatar/ Thu, 04 Jul 2024 14:42:27 +0000 https://republika.mk/?p=793482

 Во скопската Зоолошка градина има ново бебе од видот елен лопатар. Информацијата попладнево ја споделија од Зоолошката на нивната страница на „Фејсбук“.

- Малечкото веќе напредува супер и е милениче на целата група елени кои се грижат за него, пишува во објавата

The post Да е здраво и живо: Во скопската Зоолошка се роди елен лопатар appeared first on Република.

]]>

 Во скопската Зоолошка градина има ново бебе од видот елен лопатар. Информацијата попладнево ја споделија од Зоолошката на нивната страница на „Фејсбук“.
- Малечкото веќе напредува супер и е милениче на целата група елени кои се грижат за него, пишува во објавата

The post Да е здраво и живо: Во скопската Зоолошка се роди елен лопатар appeared first on Република.

]]>
Нека види Данела: Еве како изгледа Зоолошката градина во Загреб https://republika.mk/zivot/patuvanja/neka-vidi-danela-eve-kako-izgleda-zooloshkata-gradina-vo-zagreb/ Wed, 06 Dec 2023 21:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=720473

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во Хрватска. Иако мала по површина, има неверојатно богати содржини и е вистинско уживање за посетителите. Датира од далечната 1925 година, се наоѓа на јужниот дел на Максимир и се простира на површина од седум хектари заедно со езерото, а 5,5 хектари е површината на копнениот дел. Во текот на годините, ЗОО Загреб се модернизира, а преку паметно искористување на ЕУ фондовите, стана вистинска успешна приказна.

„Ако имаш идеја, имаш се“ – ова е паролата која треба да важи за ЗОО Загреб, која е вистински пример за тоа како неверојатните идеи можат да се претворат во реалност, преку паметно искористување на ЕУ фондовите. ЗОО Загреб успеа да направи вистинско чудо – во рамки на Зоолошката градина изграден е објект за рехабилитација на ретки диви животни, има своевиден еко систем, едукативни центри, лаборатории, зачувување на редок вид речна желка, засолништа за птици, простор наменет за згрижување кучиња...

Заменик-директорката на ЗОО Загреб Даворка Маљковиќ, за МИА вели дека во претпристапниот период на Хрватска во ЕУ, во ЗОО Загреб се занимавале со активности кои подоцна им овозможиле да се пријавуваат за користење на ЕУ фондовите, како решавање на сопственост на земјиштето, легализација на сите објекти...

Понатаму, вели таа, изработиле програма на Установата за наредните десет години и комуникација со Градот Загреб, за ставање на нивните планови во развојните планови на Градот Загреб, како и изработка на проектна документација.

-Првата фаза на модернизација на ЗОО Загреб со ЕУ-кофинансирани проекти е реализирана од 2014 до 2016 година. Вредноста на проектот е 5 милиони евра и целокупниот буџет е искористен на просторот на Зоолошката градина. Со овој проект сакавме да го зајакнеме туристичкиот потенцијал на Градот Загреб, едукативниот потенцијал на Зоолошката градина и да воспоставиме поефикасно работење на Установата, изјави Маљковиќ за МИА.

Таа појаснува дека со овој проект се изградени и опремени нови објекти – Куќичка за африкански птици, живеалиште за далматински пеликани, Дарвинов и Рибарев мост, центар РОВ (ресторан, место за одмор, видиковец), Едукативен центар со мултифункционен плоштад, Источен влез, објект за сувенири со живеалиште за животни од Мадагаскар.

-Ставена е во функција централна котлара, при што како извор на енергија се користат пелети и е обезбеден енергетски ефикасен состав на греење. Од инфраструктурата обновена е северната и дел од јужната ограда на ЗОО. Ставена е во функција и Инфо куќичката за посетителите, уреден е островот на лебедите, а конзерваторски се уредени и Лавјиот мост со статуите на лавови и е изградена реплика на статута на Неаполскиот рибар, вели Маљковиќ и додава дека овој проект го подигнал квалитетот на просторот, квалитетот на сместување на животните, подобрување на квалитетот на понуда за посетителите и условите за работа на вработените.

Со оглед дека еден од најважните елементи на работа на ЗОО градините е заштита на животната средина, Маљковиќ посочува дека се воведени нови ИТ технологии наменети за едукација, но и современи технолошки решенија помалку штетни за околината, како  собирање дождовница за испирање на тоалетни чворови, зелени покриви и зелен ѕид, биофилтер за прочистување вода во базенот на африканските птици, соларни панели за загревање на вода.

-Позитивната слика која се изгради со проектот се однесува на почитување на сите стандарди и критериуми врзани со држење на диви животни во зоолошки градини, спроведување интензивна едукација на граѓаните за заштита на природата и животните, но и промовирање на вредностите на одржливиот развој, нагласува таа за МИА.

Вториот проект со кој се измени сликата на ЗОО Загреб, а кофинансиран од ЕУ фондови, е „Градски прозорци во природата – Модернизација 2“, што се одвивал од октомври 2018 до февруари 2023.

Со проектот вреден 4,6 милиони евра, од кои ЗОО Загреб искористил 1,85 милиони евра, се изградени - Интерпретациски центар на заштитена фауна на Хрватска (живеалиште за мечки со едукациски центар), приказ на водни живеалишта (живеалиште за дабари), поставка на микросвет на шумата на Максимир (постојана поставка со лабораторија), изградени се два пешачки моста и уредено и исчистено Првото максимирско езеро.

-Изградени се бројни едукативни материјали, печатени брошури и книги... Една од специфичностите на проектот е дел од вработените на ЈУ „Максимир“ и Установата ЗОО Загреб поминаа основен курс за знаковен јазик со цел подигнување на можноста за комуникација на лицата со оштетен слух, вели Маљковиќ за МИА.

Со проектот пак, „Рехабилитација на диви животни“, кофинансиран исто така од ЕУ фондови во вредност од три милиони евра, се гради нов објект внатре во ЗОО Загреб (Засолниште во Думовац) со летна куќичка која помага при оспособување на птиците за враќање во природата.

-Во приземниот дел се гради и се уредува простор наменет за згрижување кучиња – поединечно држење и нов простор за изолација. Вкупно ќе има 42 одвоени простори. Ваквиот објект служи за згрижување на напуштени и изгубени кучиња, кучиња кои се предмет на разни постапки (судски, инспекциски...) и оние кои се одземени од физички и правни лица при разни интервенции на бројни служби (комунални редари, МВР, центри за социјална работа...), вели Маљковиќ.

Додава дека во склоп на зградата ќе бидат ставени во функција следните содржини: изолација за кучиња (поголем број боксови), простор за подготовка на храна, простор за пружање ветеринарска грижа со лекови и друго.

-На првиот кат се сместени простории на самата рехабилитација со која се унапредува составот на згрижување на диви животни. Од регионите на цела Хрватска ќе се згрижуваат строго заштитени видови, како и видови од илегален прекуграничен транспорт. Исто така, од просторот на Градот Загреб ќе се згрижуваат и сите останати диви видови животни на кои им е потребна помош, појаснува таа.

На највисокиот дел на објектот се поставуваат фотоволтаици („сончева електрана“) со јачина од 38,43 KW за производство на електрична енергија, со цел придонес кон заштита на природата и околината со користење обновливи извори на енергија.

Со проектот е набавена ветеринарна опрема, опрема и возило за служба за заловување, ИТ опрема и опрема за означување на животните кои се враќаат во природата. Исто така се одвива и едукација на работниците.

ЗОО Загреб придонесува и за зачувување на реткиот вид желка, во рамки на проектот „Life for Mauremys – Речна желка - зачувување на оклопни видови медитерански и влажни живеалишта во Дубровачко-неретванската жупанија“, проект од 2,1 милиони евра, од кои 60 отсто кофинансиран од ЕУ фондовите (1,2 милиони евра).

-Речната желка спаѓа меѓу најзагрозените влекачи во овој дел на Европа. Во Хрватска каде што е строго заштитен вид, распространетоста и е ограничена на јужниот дел на земјата. Иако речната желка населува широк распон на слатководни живеалишта, со неодамнешното истражување е забележан драстичен пад на бројноста на популацијата во споредба со податоците од 80-те години на минатиот век, вели Маљковиќ.

Во рамки на проектот LIFE for Mauremys ќе се подобри квалитетот на живеалиштата на речната желка. Најкритична е популацијата на речната желка во Стонско поле, при што таа ќе се обиде да зајакне.

Во Зоолошката градина на Градот Загреб ќе се воспостави и имплементира програма за размножување за овие желки, а ќе се изгради и уреди посебен простор и ќе се направат посебни протоколи. Младенчињата, изведени во Загреб, ќе бидат пуштени во обновено и осигурано живеалиште на речна желка во Дубровачко-неретванската жупанија. Вкупно е предвидено во природа да се пуштат 40 младенчиња. Во изработка е и анимиран филм за важноста на зачувување на речната желка.

Кога заминувавме од загрепската Зоолошка градина, воодушевени од уреденоста и хармонијата на целиот тој микросвет, пријателски не испратија кафената мечка, црвената панда и веселата фока

The post Нека види Данела: Еве како изгледа Зоолошката градина во Загреб appeared first on Република.

]]>

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во Хрватска. Иако мала по површина, има неверојатно богати содржини и е вистинско уживање за посетителите. Датира од далечната 1925 година, се наоѓа на јужниот дел на Максимир и се простира на површина од седум хектари заедно со езерото, а 5,5 хектари е површината на копнениот дел. Во текот на годините, ЗОО Загреб се модернизира, а преку паметно искористување на ЕУ фондовите, стана вистинска успешна приказна. „Ако имаш идеја, имаш се“ – ова е паролата која треба да важи за ЗОО Загреб, која е вистински пример за тоа како неверојатните идеи можат да се претворат во реалност, преку паметно искористување на ЕУ фондовите. ЗОО Загреб успеа да направи вистинско чудо – во рамки на Зоолошката градина изграден е објект за рехабилитација на ретки диви животни, има своевиден еко систем, едукативни центри, лаборатории, зачувување на редок вид речна желка, засолништа за птици, простор наменет за згрижување кучиња... Заменик-директорката на ЗОО Загреб Даворка Маљковиќ, за МИА вели дека во претпристапниот период на Хрватска во ЕУ, во ЗОО Загреб се занимавале со активности кои подоцна им овозможиле да се пријавуваат за користење на ЕУ фондовите, како решавање на сопственост на земјиштето, легализација на сите објекти... Понатаму, вели таа, изработиле програма на Установата за наредните десет години и комуникација со Градот Загреб, за ставање на нивните планови во развојните планови на Градот Загреб, како и изработка на проектна документација. -Првата фаза на модернизација на ЗОО Загреб со ЕУ-кофинансирани проекти е реализирана од 2014 до 2016 година. Вредноста на проектот е 5 милиони евра и целокупниот буџет е искористен на просторот на Зоолошката градина. Со овој проект сакавме да го зајакнеме туристичкиот потенцијал на Градот Загреб, едукативниот потенцијал на Зоолошката градина и да воспоставиме поефикасно работење на Установата, изјави Маљковиќ за МИА. Таа појаснува дека со овој проект се изградени и опремени нови објекти – Куќичка за африкански птици, живеалиште за далматински пеликани, Дарвинов и Рибарев мост, центар РОВ (ресторан, место за одмор, видиковец), Едукативен центар со мултифункционен плоштад, Источен влез, објект за сувенири со живеалиште за животни од Мадагаскар.
-Ставена е во функција централна котлара, при што како извор на енергија се користат пелети и е обезбеден енергетски ефикасен состав на греење. Од инфраструктурата обновена е северната и дел од јужната ограда на ЗОО. Ставена е во функција и Инфо куќичката за посетителите, уреден е островот на лебедите, а конзерваторски се уредени и Лавјиот мост со статуите на лавови и е изградена реплика на статута на Неаполскиот рибар, вели Маљковиќ и додава дека овој проект го подигнал квалитетот на просторот, квалитетот на сместување на животните, подобрување на квалитетот на понуда за посетителите и условите за работа на вработените.
Со оглед дека еден од најважните елементи на работа на ЗОО градините е заштита на животната средина, Маљковиќ посочува дека се воведени нови ИТ технологии наменети за едукација, но и современи технолошки решенија помалку штетни за околината, како  собирање дождовница за испирање на тоалетни чворови, зелени покриви и зелен ѕид, биофилтер за прочистување вода во базенот на африканските птици, соларни панели за загревање на вода. -Позитивната слика која се изгради со проектот се однесува на почитување на сите стандарди и критериуми врзани со држење на диви животни во зоолошки градини, спроведување интензивна едукација на граѓаните за заштита на природата и животните, но и промовирање на вредностите на одржливиот развој, нагласува таа за МИА. Вториот проект со кој се измени сликата на ЗОО Загреб, а кофинансиран од ЕУ фондови, е „Градски прозорци во природата – Модернизација 2“, што се одвивал од октомври 2018 до февруари 2023. Со проектот вреден 4,6 милиони евра, од кои ЗОО Загреб искористил 1,85 милиони евра, се изградени - Интерпретациски центар на заштитена фауна на Хрватска (живеалиште за мечки со едукациски центар), приказ на водни живеалишта (живеалиште за дабари), поставка на микросвет на шумата на Максимир (постојана поставка со лабораторија), изградени се два пешачки моста и уредено и исчистено Првото максимирско езеро. -Изградени се бројни едукативни материјали, печатени брошури и книги... Една од специфичностите на проектот е дел од вработените на ЈУ „Максимир“ и Установата ЗОО Загреб поминаа основен курс за знаковен јазик со цел подигнување на можноста за комуникација на лицата со оштетен слух, вели Маљковиќ за МИА. Со проектот пак, „Рехабилитација на диви животни“, кофинансиран исто така од ЕУ фондови во вредност од три милиони евра, се гради нов објект внатре во ЗОО Загреб (Засолниште во Думовац) со летна куќичка која помага при оспособување на птиците за враќање во природата. -Во приземниот дел се гради и се уредува простор наменет за згрижување кучиња – поединечно држење и нов простор за изолација. Вкупно ќе има 42 одвоени простори. Ваквиот објект служи за згрижување на напуштени и изгубени кучиња, кучиња кои се предмет на разни постапки (судски, инспекциски...) и оние кои се одземени од физички и правни лица при разни интервенции на бројни служби (комунални редари, МВР, центри за социјална работа...), вели Маљковиќ. Додава дека во склоп на зградата ќе бидат ставени во функција следните содржини: изолација за кучиња (поголем број боксови), простор за подготовка на храна, простор за пружање ветеринарска грижа со лекови и друго. -На првиот кат се сместени простории на самата рехабилитација со која се унапредува составот на згрижување на диви животни. Од регионите на цела Хрватска ќе се згрижуваат строго заштитени видови, како и видови од илегален прекуграничен транспорт. Исто така, од просторот на Градот Загреб ќе се згрижуваат и сите останати диви видови животни на кои им е потребна помош, појаснува таа. На највисокиот дел на објектот се поставуваат фотоволтаици („сончева електрана“) со јачина од 38,43 KW за производство на електрична енергија, со цел придонес кон заштита на природата и околината со користење обновливи извори на енергија. Со проектот е набавена ветеринарна опрема, опрема и возило за служба за заловување, ИТ опрема и опрема за означување на животните кои се враќаат во природата. Исто така се одвива и едукација на работниците. ЗОО Загреб придонесува и за зачувување на реткиот вид желка, во рамки на проектот „Life for Mauremys – Речна желка - зачувување на оклопни видови медитерански и влажни живеалишта во Дубровачко-неретванската жупанија“, проект од 2,1 милиони евра, од кои 60 отсто кофинансиран од ЕУ фондовите (1,2 милиони евра). -Речната желка спаѓа меѓу најзагрозените влекачи во овој дел на Европа. Во Хрватска каде што е строго заштитен вид, распространетоста и е ограничена на јужниот дел на земјата. Иако речната желка населува широк распон на слатководни живеалишта, со неодамнешното истражување е забележан драстичен пад на бројноста на популацијата во споредба со податоците од 80-те години на минатиот век, вели Маљковиќ. Во рамки на проектот LIFE for Mauremys ќе се подобри квалитетот на живеалиштата на речната желка. Најкритична е популацијата на речната желка во Стонско поле, при што таа ќе се обиде да зајакне. Во Зоолошката градина на Градот Загреб ќе се воспостави и имплементира програма за размножување за овие желки, а ќе се изгради и уреди посебен простор и ќе се направат посебни протоколи. Младенчињата, изведени во Загреб, ќе бидат пуштени во обновено и осигурано живеалиште на речна желка во Дубровачко-неретванската жупанија. Вкупно е предвидено во природа да се пуштат 40 младенчиња. Во изработка е и анимиран филм за важноста на зачувување на речната желка. Кога заминувавме од загрепската Зоолошка градина, воодушевени од уреденоста и хармонијата на целиот тој микросвет, пријателски не испратија кафената мечка, црвената панда и веселата фока

The post Нека види Данела: Еве како изгледа Зоолошката градина во Загреб appeared first on Република.

]]>
Неколку часа по смртта на негувателот во Скопје ЗОО, починала и последната жирафа во зоолошката градина https://republika.mk/vesti/skopje/nekolku-chasa-po-smrtta-na-neguvatelot-vo-skopje-zoo-pochinala-i-poslednata-zhirafa-vo-zooloshkata-gradina/ Mon, 27 Nov 2023 17:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=716888

Откако во јавноста се појави веста дека починал Ристе Трајковски, кој се грижеше за жирафите во скопската зоолошка градина, попладнево доаѓа друга лоша вест од ЗОО Скопје.

Неофицијално, пред неколку часа починала и последната жирафа во зоолошката, пишува „Фокус“.

Извори од зоолошката за „Фокус“ велат дека не можат да зборуваат официјално за настанот и угинувањето на жирафата Флопи, бидејќи не се овластени да даваат изјави за медиуми, а пак директорот Зоран Поповски не одговорил на телефонските повици на медиумот.

Како што пишува „Фокус“, низа на немили настани се случија периодов во институцијата. Од салмонела почина жирафата Каспер, со силен брзоделувачки отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми-ЕАЗА.

Една од најпосетуваните институции до пред две години, денес скопската зоолошка градина се соочува со сериозни ситуации кои ја вознемирија јавноста.

Се очекува официјално соопштение од зоолошката, по повод последните настани.

The post Неколку часа по смртта на негувателот во Скопје ЗОО, починала и последната жирафа во зоолошката градина appeared first on Република.

]]>

Откако во јавноста се појави веста дека починал Ристе Трајковски, кој се грижеше за жирафите во скопската зоолошка градина, попладнево доаѓа друга лоша вест од ЗОО Скопје. Неофицијално, пред неколку часа починала и последната жирафа во зоолошката, пишува „Фокус“. Извори од зоолошката за „Фокус“ велат дека не можат да зборуваат официјално за настанот и угинувањето на жирафата Флопи, бидејќи не се овластени да даваат изјави за медиуми, а пак директорот Зоран Поповски не одговорил на телефонските повици на медиумот. Како што пишува „Фокус“, низа на немили настани се случија периодов во институцијата. Од салмонела почина жирафата Каспер, со силен брзоделувачки отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми-ЕАЗА. Една од најпосетуваните институции до пред две години, денес скопската зоолошка градина се соочува со сериозни ситуации кои ја вознемирија јавноста. Се очекува официјално соопштение од зоолошката, по повод последните настани.

The post Неколку часа по смртта на негувателот во Скопје ЗОО, починала и последната жирафа во зоолошката градина appeared first on Република.

]]>
Човекот во чие директорување на Зоолошката градина угинуваат животни се заканува со тужби https://republika.mk/vesti/skopje/chovekot-vo-chie-direktoruvane-na-zooloshkata-gradina-uginuvaat-zhivotni-se-zakanuva-so-tuzhbi/ Sat, 05 Aug 2023 18:48:07 +0000 https://republika.mk/?p=669054

Емилија Ангелова, советничка на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје на Фејсбук се пожали дека Зоран Попов во чие директорување на Зоолошката градина угинуваат животни под мистериозни околности и испратил опомена пред тужба или извинување. Тој бара извинување.

Јас нема да се извинам, затоа што кога се говори вистината извинување нема. Но воедно го охрабрувам да тужи, а и да спреми одговор на многу други прашања, како на пример: 📥
За случајот со неговото незаконско именување на позицијата директор предупреди и Антикорупциската комисија-пишува Ангелова.

 

The post Човекот во чие директорување на Зоолошката градина угинуваат животни се заканува со тужби appeared first on Република.

]]>

Емилија Ангелова, советничка на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје на Фејсбук се пожали дека Зоран Попов во чие директорување на Зоолошката градина угинуваат животни под мистериозни околности и испратил опомена пред тужба или извинување. Тој бара извинување.
Јас нема да се извинам, затоа што кога се говори вистината извинување нема. Но воедно го охрабрувам да тужи, а и да спреми одговор на многу други прашања, како на пример: 📥 За случајот со неговото незаконско именување на позицијата директор предупреди и Антикорупциската комисија-пишува Ангелова.
 

The post Човекот во чие директорување на Зоолошката градина угинуваат животни се заканува со тужби appeared first on Република.

]]>
Изминативедва месеца во ЗОО Скопје угинале два пингвини https://republika.mk/vesti/skopje/izminativedva-mesetsa-vo-zoo-skopje-uginale-dva-pingvini/ Wed, 02 Aug 2023 13:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=667930

Грануломатозна пневмонија причинета од габична-аспергилус инфекција (Pneumonia granulomatosa gravis-aspergilosa) и ненавремено превенирање се причина за угинувањето на две младенчиња пингвини во мај и јули годинава, покажаа наодите по обдукцијата на Факултетот за ветеринарна медицина на барање на Зоолошката градина – Скопје, објави Телма.

За актуелното раководство на скопската Зоолошка градина до ова немало да дојде доколку грижата била на повисок степен.

Заради ненавремено реагирање и несоодветен третман од страна на ветеринарка во ЗОО, ветеринарката Весна Левајковиќ Трајков, вработена во ЗОО во време на раководство на ВМРО-ДПМНЕ, за која и покрај тоа што во 2012 година е добиено решение за неуспешност во работењето, истата продолжува со несоодветно постапување и негрижа, за што е поднесена соодветна кривична пријава и врачено решение за отказ од установата, потврдено од страна на Управниот одбор на ЗОО Скопје“, соопштија од Зоолошка градина – Скопје.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, последното случување со угинувањето на трите коњи во скопската Зоолошка е алармантно.

Ако на секои три месеци се распишува тендер за набавка на свежа храна во износ од десетици илјади евра, како истото е можно и зошто животните се хранат со донирана непроверена храна за која не постои технолог вработен во оваа установа за проценка на квалитетот на храната и дали треба да се хранат животните со истата, каде завршува храната која редовно се дистрибуира од постапките коишто се со завршен тендер и потпис. Дали поморот на животни се должи на нездравата исхрана со која се прехрануваат животните? Дали патолошкиот наод од смртта на жирафата покажа бактерија салмонела која исто е создадена од неправилна расипана исхрана?“, праша Стефан Кирков, член на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоолошката градина во целост ги отфрли ваквите тврдења.

Во меѓувреме реагираше и „Анима мунди“ во врска со угинувањето на коњите. Бараат итно вештачење на снимките од сите камери во Зоолошката градина.

Доколку изостанува видеонадзор во институцијата, најстроги казни за раководството, дали и колку од ветеринарните лица во ЗОО Скопје се доктори специјалисти за лекување на диви животни, доколку такви воопшто има“, стои во реакцијата на „Анима мунди“.

Според „Анима мунди“, неприфатливо е ретки животни, на раб на истребување, безумно да завршат во субстандардна зоолошка во Македонија која, патем, го загуби и кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА).

Во саботата во скопската Зоолошка градина угинаа два коња, а веќе следниот ден угина уште еден. Првичните сомнежи се дека животните биле отруени, а случајот е пријавен во полиција. Надлежните кажаа дека е направена обдукција и дека се чекаат резултатите.

The post Изминативедва месеца во ЗОО Скопје угинале два пингвини appeared first on Република.

]]>

Грануломатозна пневмонија причинета од габична-аспергилус инфекција (Pneumonia granulomatosa gravis-aspergilosa) и ненавремено превенирање се причина за угинувањето на две младенчиња пингвини во мај и јули годинава, покажаа наодите по обдукцијата на Факултетот за ветеринарна медицина на барање на Зоолошката градина – Скопје, објави Телма. За актуелното раководство на скопската Зоолошка градина до ова немало да дојде доколку грижата била на повисок степен.
Заради ненавремено реагирање и несоодветен третман од страна на ветеринарка во ЗОО, ветеринарката Весна Левајковиќ Трајков, вработена во ЗОО во време на раководство на ВМРО-ДПМНЕ, за која и покрај тоа што во 2012 година е добиено решение за неуспешност во работењето, истата продолжува со несоодветно постапување и негрижа, за што е поднесена соодветна кривична пријава и врачено решение за отказ од установата, потврдено од страна на Управниот одбор на ЗОО Скопје“, соопштија од Зоолошка градина – Скопје.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, последното случување со угинувањето на трите коњи во скопската Зоолошка е алармантно.
Ако на секои три месеци се распишува тендер за набавка на свежа храна во износ од десетици илјади евра, како истото е можно и зошто животните се хранат со донирана непроверена храна за која не постои технолог вработен во оваа установа за проценка на квалитетот на храната и дали треба да се хранат животните со истата, каде завршува храната која редовно се дистрибуира од постапките коишто се со завршен тендер и потпис. Дали поморот на животни се должи на нездравата исхрана со која се прехрануваат животните? Дали патолошкиот наод од смртта на жирафата покажа бактерија салмонела која исто е создадена од неправилна расипана исхрана?“, праша Стефан Кирков, член на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоолошката градина во целост ги отфрли ваквите тврдења. Во меѓувреме реагираше и „Анима мунди“ во врска со угинувањето на коњите. Бараат итно вештачење на снимките од сите камери во Зоолошката градина.
Доколку изостанува видеонадзор во институцијата, најстроги казни за раководството, дали и колку од ветеринарните лица во ЗОО Скопје се доктори специјалисти за лекување на диви животни, доколку такви воопшто има“, стои во реакцијата на „Анима мунди“.
Според „Анима мунди“, неприфатливо е ретки животни, на раб на истребување, безумно да завршат во субстандардна зоолошка во Македонија која, патем, го загуби и кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Во саботата во скопската Зоолошка градина угинаа два коња, а веќе следниот ден угина уште еден. Првичните сомнежи се дека животните биле отруени, а случајот е пријавен во полиција. Надлежните кажаа дека е направена обдукција и дека се чекаат резултатите.

The post Изминативедва месеца во ЗОО Скопје угинале два пингвини appeared first on Република.

]]>
Вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени https://republika.mk/vesti/skopje/vraboten-vo-zooloshkata-gradina-vo-skopje-prijavil-vo-svr-skopje-deka-uginale-dva-kona-za-koi-se-somneval-deka-bile-otrueni/ Sun, 30 Jul 2023 15:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=667002

На 29.07.2023 во 15.40 часот вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени.

Се работи на расчистување на случајот.

The post Вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени appeared first on Република.

]]>

На 29.07.2023 во 15.40 часот вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени. Се работи на расчистување на случајот.

The post Вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени appeared first on Република.

]]>
Во Зоолошката градина првпат се родија бебиња пингвини https://republika.mk/vesti/skopje/vo-zooloshkata-gradina-prvpat-se-rodija-bebina-pingvini/ Wed, 15 Mar 2023 17:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=619978

Во скопската Зоолошка градина се родиле четири бебиња пингвини. Ова е првпат да има ваква радосна вест од Скопје ЗОО.

Бебињата дојдоа на свет на 06. 01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители. Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица, велат од скопската Зоолошка градина.

 

За да ја доживеете и вие магијата на напредокот и растењето на пингвинчињата во изминатите два месеци, од ЗОО подготвија видео каде што се прикажани најемотивните моменти од јајца, преку првите прегратки со мајките, па се до денес!, се вели во описот на видеото споделено од Скопје ЗОО.

The post Во Зоолошката градина првпат се родија бебиња пингвини appeared first on Република.

]]>

Во скопската Зоолошка градина се родиле четири бебиња пингвини. Ова е првпат да има ваква радосна вест од Скопје ЗОО.
Бебињата дојдоа на свет на 06. 01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители. Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица, велат од скопската Зоолошка градина.   За да ја доживеете и вие магијата на напредокот и растењето на пингвинчињата во изминатите два месеци, од ЗОО подготвија видео каде што се прикажани најемотивните моменти од јајца, преку првите прегратки со мајките, па се до денес!, се вели во описот на видеото споделено од Скопје ЗОО.

The post Во Зоолошката градина првпат се родија бебиња пингвини appeared first on Република.

]]>
Лавица со четири лавчиња избега од кафезот во Зоолошка во Сиднеј https://republika.mk/vesti/svet/lavica-so-chetiri-lavchinja-izbega-od-kafezot-vo-zooloshka-vo-sidnej/ Wed, 02 Nov 2022 09:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=568622

Зоолошката градина „Таронга“ во Сиднеј, Австралија, соопшти дека пет лава – еден возрасен и четири младенчиња, коишто побегнале од својот ограден простор, биле пронајдени близу нивниот кафез со опасност да отидат каде што не треба во самата градина. Зоолошката беше привремено затворена заради безбедност.

Зоолошката градина има строги безбедносни протоколи за ваков инцидент и веднаш беше преземена акција. Редовно спроведуваме вежби за да се осигураме дека сме подготвени. Сите луѓе кои се најдоа на местото беа преместени на безбедно. Инаку, четири од лавовите мирно се вратија во своите живеалишта, а едно младенче беше безбедно успиено. Младенчето сега е будно и добро, се вели во соопштението на Зоолошката.

Се истражува како животните го напуштиле својот ограден простор, но состојбата сега е под контрола.

The post Лавица со четири лавчиња избега од кафезот во Зоолошка во Сиднеј appeared first on Република.

]]>

Зоолошката градина „Таронга“ во Сиднеј, Австралија, соопшти дека пет лава – еден возрасен и четири младенчиња, коишто побегнале од својот ограден простор, биле пронајдени близу нивниот кафез со опасност да отидат каде што не треба во самата градина. Зоолошката беше привремено затворена заради безбедност.
Зоолошката градина има строги безбедносни протоколи за ваков инцидент и веднаш беше преземена акција. Редовно спроведуваме вежби за да се осигураме дека сме подготвени. Сите луѓе кои се најдоа на местото беа преместени на безбедно. Инаку, четири од лавовите мирно се вратија во своите живеалишта, а едно младенче беше безбедно успиено. Младенчето сега е будно и добро, се вели во соопштението на Зоолошката.
Се истражува како животните го напуштиле својот ограден простор, но состојбата сега е под контрола.

The post Лавица со четири лавчиња избега од кафезот во Зоолошка во Сиднеј appeared first on Република.

]]>
Поради бегство на кобра затворен дел од зоолошката градина во Стокхолм https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poradi-begstvo-na-kobra-zatvoren-del-od-zooloshkata-gradina-vo-stokholm/ Tue, 25 Oct 2022 10:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=565364

Вработените во зоолошката градина Скансен во Стокхолм сè уште трагаат по кралската кобра која избегала од нејзиниот терариум во текот на викендот, поради што зоолошката градина е делумно затворена.

Отровното животно, кое го нарекле Мистер Хисинг, пристигнало во зоолошката градина пред неколку дена и веќе успеало да исчезне меѓу терариумските светилки, поради што по познатиот магионичар му го дале прекарот Худини.

На видеото снимено од еден од посетителите се гледа како Худини полека се лизга од гранка на дрво во неговиот терариум кон светилката на таванот. Тој дел од зоолошката градина бил евакуиран и затворен додека бегалецот не биде фатен.

Вработените во зоолошката градина веруваат дека змијата сега е некаде на таванот на одделот за рептили, а тие го затвориле заградениот простор и поставиле специјални камери за следење на непристапните агли. Чуварите на зоолошката градина поставија лепливи стапици и посипуваа брашно за да го намамат избеганиот Худини.

Нема да излезе надвор бидејќи надвор е толку студено што ќе заспие“, изјави директорот на зоолошката градина Скансен, Јонас Валстром, за АФП.

Тој смета дека Худини имал предност пред претходните станари. Имено, персоналот неодамна ги замени светилките на таванот на терариумот со штедливи светилки. „Старите светилки беа премногу жешки, што ги оддалечи змиите“, објасни Валстром. „Сега не е толку жешко, па Худини ја заглави главата меѓу сијалицата и штекерот на светилката и успеа да се провлече и да се оддалечи кон таванот“.

Худини штотуку пристигна, веќе побегна

Еден од вработените на шега изјавил дека Худини е „вистински гад“ бидејќи змиите живеат во ист терариум веќе 15 години, а тој неодамна пристигнал и веќе избегал.

Кралските кобри се мирољубиви змии по природа и веројатно нема да нападнат. Тие потекнуваат од Јужна и Југоисточна Азија и се најдолгите отровни змии во светот.

Нивниот главен плен се другите змии, но каснувањето може да биде фатално за луѓето доколку не се лекува навреме.

The post Поради бегство на кобра затворен дел од зоолошката градина во Стокхолм appeared first on Република.

]]>

Вработените во зоолошката градина Скансен во Стокхолм сè уште трагаат по кралската кобра која избегала од нејзиниот терариум во текот на викендот, поради што зоолошката градина е делумно затворена. Отровното животно, кое го нарекле Мистер Хисинг, пристигнало во зоолошката градина пред неколку дена и веќе успеало да исчезне меѓу терариумските светилки, поради што по познатиот магионичар му го дале прекарот Худини. На видеото снимено од еден од посетителите се гледа како Худини полека се лизга од гранка на дрво во неговиот терариум кон светилката на таванот. Тој дел од зоолошката градина бил евакуиран и затворен додека бегалецот не биде фатен. Вработените во зоолошката градина веруваат дека змијата сега е некаде на таванот на одделот за рептили, а тие го затвориле заградениот простор и поставиле специјални камери за следење на непристапните агли. Чуварите на зоолошката градина поставија лепливи стапици и посипуваа брашно за да го намамат избеганиот Худини.
Нема да излезе надвор бидејќи надвор е толку студено што ќе заспие“, изјави директорот на зоолошката градина Скансен, Јонас Валстром, за АФП.
Тој смета дека Худини имал предност пред претходните станари. Имено, персоналот неодамна ги замени светилките на таванот на терариумот со штедливи светилки. „Старите светилки беа премногу жешки, што ги оддалечи змиите“, објасни Валстром. „Сега не е толку жешко, па Худини ја заглави главата меѓу сијалицата и штекерот на светилката и успеа да се провлече и да се оддалечи кон таванот“. Худини штотуку пристигна, веќе побегна Еден од вработените на шега изјавил дека Худини е „вистински гад“ бидејќи змиите живеат во ист терариум веќе 15 години, а тој неодамна пристигнал и веќе избегал. Кралските кобри се мирољубиви змии по природа и веројатно нема да нападнат. Тие потекнуваат од Јужна и Југоисточна Азија и се најдолгите отровни змии во светот. Нивниот главен плен се другите змии, но каснувањето може да биде фатално за луѓето доколку не се лекува навреме.

The post Поради бегство на кобра затворен дел од зоолошката градина во Стокхолм appeared first on Република.

]]>
Има 95 години: Mуја е најстариот алигатор на Балканот, ја преживеа Втората светска војна, распадот на Југославија, бомбардирањето на Србија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ima-95-godini-muja-e-najstariot-aligator-na-balkanot-ja-prezivea-vtorata-svetska-vojna-raspadot-na-jugoslavija-bombardiranjeto-na-srbija/ Tue, 09 Aug 2022 11:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=538327

На денешен ден, 9 август 1937 година, пред 85 години, Муја, моментално најстариот жив американски алигатор во светот, пристигна во белградската зоолошка градина.


Тој прежиевеа буквално се.. комунистичка власт, хиперинфлација, кризни години, опасност од војна, па дури и бомбардирањето во 1999 година.Во 2012 година доби гангрена на предната десна нога, која потоа мораше да биде ампутирана. Сега има околу 95 години, а се надеваме дека среќата ќе продолжи да го придружува и дека ќе живее уште долго.

Муја е во прилично добра состојба, се храни еднаш неделно и јаде 5-6 килограми месо.

The post Има 95 години: Mуја е најстариот алигатор на Балканот, ја преживеа Втората светска војна, распадот на Југославија, бомбардирањето на Србија appeared first on Република.

]]>

На денешен ден, 9 август 1937 година, пред 85 години, Муја, моментално најстариот жив американски алигатор во светот, пристигна во белградската зоолошка градина. Тој прежиевеа буквално се.. комунистичка власт, хиперинфлација, кризни години, опасност од војна, па дури и бомбардирањето во 1999 година.Во 2012 година доби гангрена на предната десна нога, која потоа мораше да биде ампутирана. Сега има околу 95 години, а се надеваме дека среќата ќе продолжи да го придружува и дека ќе живее уште долго. Муја е во прилично добра состојба, се храни еднаш неделно и јаде 5-6 килограми месо.

The post Има 95 години: Mуја е најстариот алигатор на Балканот, ја преживеа Втората светска војна, распадот на Југославија, бомбардирањето на Србија appeared first on Република.

]]>
Преубава глетка од Зоо- Скопје: Ова е малото еленче кое се роди пред неколку денoви https://republika.mk/vesti/skopje/preubava-gletka-od-zoo-skopje-ova-e-maloto-elenche-koe-se-rodi-pred-nekolku-denovi/ Wed, 13 Jul 2022 13:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=528121

Секогаш најмногу не радува кога имаме принова кај елените лопатари. За малото бебе кое се роди пред неколку дена се грижи целата група, а на фотографиите е со својот татко, велат од скопската Зоолошка градина.

The post Преубава глетка од Зоо- Скопје: Ова е малото еленче кое се роди пред неколку денoви appeared first on Република.

]]>

Секогаш најмногу не радува кога имаме принова кај елените лопатари. За малото бебе кое се роди пред неколку дена се грижи целата група, а на фотографиите е со својот татко, велат од скопската Зоолошка градина.

The post Преубава глетка од Зоо- Скопје: Ова е малото еленче кое се роди пред неколку денoви appeared first on Република.

]]>