змии Archives - Република https://republika.mk/tema/zmii/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 07:51:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png змии Archives - Република https://republika.mk/tema/zmii/ 32 32 ЦУК одржал состанок на кој се разговарало за зголемениот број змии во градовите https://republika.mk/zivot/servisi/tsuk-odrzhal-sostanok-na-koj-se-razgovaralo-za-zgolemeniot-broj-zmii-vo-gradovite/ Wed, 26 Jun 2024 07:51:30 +0000 https://republika.mk/?p=790862

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов одржал координативниот состанок на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето од зголеменото присуство на змии во урбаните средини”, на којшто присуствуваа претставници од Министерство за внатрешни работи и од Зоолошка градина Скопје.

Од ЦУК информираат дека на состанокот, иако повикани, не присуствувале претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, од Министерство за здравство и од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ангелов на состанокот истакнал дека за зголемениот број пријави за змии во државата, потребно е соодветно превентивно да реагираат државните структури што се во допир со таа тема.

Претставниците од Зоолошката градина Скопје информирале дека доброволно во рамки на можностите понекогаш помагаат за безбедно отстранување на змии, при што посочиле дека би било корисно на идната координативна средба да бидат повикани претставници и од невладиниот сектор, конкретно од Македонското еколошко друштво (МЕД), („херпатолози“), за да направат стручна експертиза.

Напоменале и дека во Град Скопје засега нема случаи на опасно повредени или загинати лица од отровни змии, што е во домен на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.

На средбата станало збор и за работите кои, како и во другите современи земји, се поврзани со лиценци или дозвола за заловување на примероци од див свет, како се заловува дивото животно, а и за начинот и местата каде што потоа безбедно се пушта на слобода во природата или друго одредено место, согласно специфични случаи. Тоа се прашања во сферата на проблематиката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање, кои во буџетот треба да издвојуваат финансиски средства за обука, за теренска акција и едукација за справување и запознавање на диви животни, се наведува во соопштението од ЦУК.

На координативната средба било посочено дека е пожелно темата да се споделува и преку соработка со медиумите, со цел подигање на општествената свест и безбедноста на граѓаните.

The post ЦУК одржал состанок на кој се разговарало за зголемениот број змии во градовите appeared first on Република.

]]>

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов одржал координативниот состанок на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето од зголеменото присуство на змии во урбаните средини”, на којшто присуствуваа претставници од Министерство за внатрешни работи и од Зоолошка градина Скопје. Од ЦУК информираат дека на состанокот, иако повикани, не присуствувале претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање, од Министерство за здравство и од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ангелов на состанокот истакнал дека за зголемениот број пријави за змии во државата, потребно е соодветно превентивно да реагираат државните структури што се во допир со таа тема. Претставниците од Зоолошката градина Скопје информирале дека доброволно во рамки на можностите понекогаш помагаат за безбедно отстранување на змии, при што посочиле дека би било корисно на идната координативна средба да бидат повикани претставници и од невладиниот сектор, конкретно од Македонското еколошко друштво (МЕД), („херпатолози“), за да направат стручна експертиза. Напоменале и дека во Град Скопје засега нема случаи на опасно повредени или загинати лица од отровни змии, што е во домен на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. На средбата станало збор и за работите кои, како и во другите современи земји, се поврзани со лиценци или дозвола за заловување на примероци од див свет, како се заловува дивото животно, а и за начинот и местата каде што потоа безбедно се пушта на слобода во природата или друго одредено место, согласно специфични случаи. Тоа се прашања во сферата на проблематиката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање, кои во буџетот треба да издвојуваат финансиски средства за обука, за теренска акција и едукација за справување и запознавање на диви животни, се наведува во соопштението од ЦУК. На координативната средба било посочено дека е пожелно темата да се споделува и преку соработка со медиумите, со цел подигање на општествената свест и безбедноста на граѓаните.

The post ЦУК одржал состанок на кој се разговарало за зголемениот број змии во градовите appeared first on Република.

]]>
Жешкото време ги извади змиите надвор: Прв случај на каснување во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/zheshkoto-vreme-gi-izvadi-zmiite-nadvor-prv-sluchaj-na-kasnuvane-vo-skopje/ Fri, 21 Jun 2024 08:23:03 +0000 https://republika.mk/?p=789484

 Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите.

Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје во изјава за МИА открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор за маж на околу 50-тина години кој престојувал во Идризово.

- Со возило на Брза помош, лицето е пренесено на лекување до Инфективната клиника во Скопје, каде е оставено за понатамошен третман и опсервација, вели Панов за МИА.

Апелира граѓаните да внимаваат каде се движат при престој во природа и да носат соодветна облека со цел да се заштитат од змии.

Новите влезови до хируршкиот ургентен центар и инфективната клиника и целосно асфалтирање на улицата под хируршките клиники веќе привршува и може да биде во функција од почетокот на следната

Панов вели дека е зголемен бројот на интервенции на Итната медицинска помош.

- Периодов имаме зголемен број сообраќајни незгоди, повреди по паѓање од тротинети, зголемен број повици за колапси на јавни места поради летните горештини. Работиме со намален капацитет, им се дава предност на најургентните состојби, посочува Панов.

Од ЦУК изминатите денови информираа за пријави за змии во повеќе населени места и препорачуваат внимателно движење особено во природа. Нагласуваат дека нема специјализирана служба за заловување и безбедно отстранување на змии.

- Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, пожелно е да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област, да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места, велат од ЦУК.

Во јуни, змии беа видени во повеќе населени места.

Додека многу змии се плашат од луѓето и претпочитаат да се скријат или „да глумат“ мртви, отколку да напаѓаат, ова соевидно големо „змиско гнездо“ не е место за тестирање на сѐ тоа.

- Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена - не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да се информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не, нагласуваат од ЦУК.

По пријава за змија на улица во Прилеп периодов, интервенирано беше од страна на Територијалната противпожарна единица. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа.

The post Жешкото време ги извади змиите надвор: Прв случај на каснување во Скопје appeared first on Република.

]]>

 Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите. Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје во изјава за МИА открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор за маж на околу 50-тина години кој престојувал во Идризово.
- Со возило на Брза помош, лицето е пренесено на лекување до Инфективната клиника во Скопје, каде е оставено за понатамошен третман и опсервација, вели Панов за МИА.
Апелира граѓаните да внимаваат каде се движат при престој во природа и да носат соодветна облека со цел да се заштитат од змии. Новите влезови до хируршкиот ургентен центар и инфективната клиника и целосно асфалтирање на улицата под хируршките клиники веќе привршува и може да биде во функција од почетокот на следната Панов вели дека е зголемен бројот на интервенции на Итната медицинска помош. - Периодов имаме зголемен број сообраќајни незгоди, повреди по паѓање од тротинети, зголемен број повици за колапси на јавни места поради летните горештини. Работиме со намален капацитет, им се дава предност на најургентните состојби, посочува Панов.
Од ЦУК изминатите денови информираа за пријави за змии во повеќе населени места и препорачуваат внимателно движење особено во природа. Нагласуваат дека нема специјализирана служба за заловување и безбедно отстранување на змии.
- Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, пожелно е да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област, да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места, велат од ЦУК. Во јуни, змии беа видени во повеќе населени места. Додека многу змии се плашат од луѓето и претпочитаат да се скријат или „да глумат“ мртви, отколку да напаѓаат, ова соевидно големо „змиско гнездо“ не е место за тестирање на сѐ тоа. - Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена - не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да се информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не, нагласуваат од ЦУК. По пријава за змија на улица во Прилеп периодов, интервенирано беше од страна на Територијалната противпожарна единица. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа.

The post Жешкото време ги извади змиите надвор: Прв случај на каснување во Скопје appeared first on Република.

]]>
ЦУК со совети како да избегнете каснување од змија, откако фати наезда https://republika.mk/zivot/servisi/tsuk-so-soveti-kako-da-izbegnete-kasnuvane-od-zmija-otkako-fati-naezda/ Fri, 07 Jun 2024 07:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=785407

Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, имаше повеќе повици за многу итни случаи, меѓу коишто имаше за опасност од присуство на змии во објекти во населени места. Како што соопштуваат оттаму, тоа било координирано и решавано со институциите и службите во Системот за управување со кризи (СУК).

 Конкретно, завчра (05.06.2024 - во објекти во општините Гази Баба и Прилеп) и вчера (06.06.2024) беа добиена пријава за појава на змии во населени места. Вчера во 10.44 часот, на 112 во ЦУК има пријава за видени змии во дворот на ЈЗУ Црниче. Се барало итна реакција од соодветната институција за отстранување на проблемот. Во 17.02 часот имало уште една пријава дека имало змија во дворот на Центарот за обука при Факултетот за безбедност - Скопје, соопшти ЦУК.

Тие ги советуваат граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период од годината.

За вакви случаи на појава на змии во објекти во населени места, бидејќи не постојат специјализирани институции нивно отстранување, има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, коишто можат да им помогнат на граѓаните, во рамки на нивните можности, за безбедно отстранување на змии, други влекачи и слично, секако, по непосреден контакт и договор со нив.

ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните имаат случај да се сретнат со змии.

Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена – не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да е информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post ЦУК со совети како да избегнете каснување од змија, откако фати наезда appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, имаше повеќе повици за многу итни случаи, меѓу коишто имаше за опасност од присуство на змии во објекти во населени места. Како што соопштуваат оттаму, тоа било координирано и решавано со институциите и службите во Системот за управување со кризи (СУК).
 Конкретно, завчра (05.06.2024 - во објекти во општините Гази Баба и Прилеп) и вчера (06.06.2024) беа добиена пријава за појава на змии во населени места. Вчера во 10.44 часот, на 112 во ЦУК има пријава за видени змии во дворот на ЈЗУ Црниче. Се барало итна реакција од соодветната институција за отстранување на проблемот. Во 17.02 часот имало уште една пријава дека имало змија во дворот на Центарот за обука при Факултетот за безбедност - Скопје, соопшти ЦУК.
Тие ги советуваат граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период од годината.
За вакви случаи на појава на змии во објекти во населени места, бидејќи не постојат специјализирани институции нивно отстранување, има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, коишто можат да им помогнат на граѓаните, во рамки на нивните можности, за безбедно отстранување на змии, други влекачи и слично, секако, по непосреден контакт и договор со нив.
ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните имаат случај да се сретнат со змии.
Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена – не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да е информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post ЦУК со совети како да избегнете каснување од змија, откако фати наезда appeared first on Република.

]]>
Врие змии низ Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/vrie-zmii-niz-skopje/ Thu, 06 Jun 2024 09:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=785133

Граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период. Вчера беше добиена пријава за змии во скопската општина Гази Баба. Веднаш на пријавителката ѝ беше пренесено дека служби за фаќање змии, нема. Но, сепак ѝ беа дадени информации дека на повик има лица, кои се справуваат и заловуваат змии, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Пријава за змија во текот на вчерашниот ден имало и во Прилеп.

Преку единствениот повикувачки број за итни повици - 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на улицата „Мирче Ацев“ број 9 во Прилеп. Интервенирано е во 13.45 часот од страна на Територијалната противпожарна единица - Прилеп со тројца пожарникари и едно возило. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа, појаснуваат од ЦУК.

Како што додаваат од ЦУК, изминатото деноноќие имало и повици за опасно виснати кабли под напон, небезбедни улици и патишта, паднати дрвја врз возила, одрони.

The post Врие змии низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период. Вчера беше добиена пријава за змии во скопската општина Гази Баба. Веднаш на пријавителката ѝ беше пренесено дека служби за фаќање змии, нема. Но, сепак ѝ беа дадени информации дека на повик има лица, кои се справуваат и заловуваат змии, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Пријава за змија во текот на вчерашниот ден имало и во Прилеп.
Преку единствениот повикувачки број за итни повици - 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на улицата „Мирче Ацев“ број 9 во Прилеп. Интервенирано е во 13.45 часот од страна на Територијалната противпожарна единица - Прилеп со тројца пожарникари и едно возило. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа, појаснуваат од ЦУК.
Како што додаваат од ЦУК, изминатото деноноќие имало и повици за опасно виснати кабли под напон, небезбедни улици и патишта, паднати дрвја врз возила, одрони.

The post Врие змии низ Скопје appeared first on Република.

]]>
Змии шетаат по центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/zmii-shetaat-po-tsentarot-na-skopje/ Thu, 01 Jun 2023 17:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=646966

Граѓани на Скопје се револтирани, бидејќи зеленилото во градот не се искосено, па оттаму доаѓаат и змиите во центарот на главниот град. И ова не е првпат да се објавуваат фотографии на социјалните мрежи каде што се гледа како змии шетаат по паркинзите во скопската општина Центар.

The post Змии шетаат по центарот на Скопје appeared first on Република.

СДСМ се навреди за „змиите од Австралија“: Муцунски да ја искоси тревата, а не да обвинува граѓани https://republika.mk/vesti/skopje/sdsm-se-navredi-za-zmiite-od-avstralija-mucunski-da-ja-iskosi-trevata-a-ne-da-obvinuva-gragjani/ Sat, 27 Aug 2022 21:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=544809

Неискосените тревници по метро и половина и расфрланиот шут и отпад низ урбаните делови на Аеродром се резултата од неработа на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.

Тимчо Муцунски покрај тоа што не ја извршува својата работа и не се грижи за општина Аеродром, сега граѓаните ги обвинува дека шират лажни вести. Еве неколку фотографии од општина Аеродром. Или и за овие фотографии Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе тврдат дека се од Австралија? Дали ѓубрето и шутот од фотографиите се од Австралија, од Гугл или сепак се од Аеродром?

Неискосените тревници, неисчистениот шут, предизвикуваат појави на змии, за кои со право реагираат граѓаните затоа што се опасност пред се по децата кои секојдневно се во парковите и спортските игралишта низ Аеродром. Нашите сограѓани од општина Аеродром знаат со какви состојби се соочуваат во секојдневното функционирање низ населбите во општината.

Муцунски да се зафати со работа, да ја коси тревата и да ја одржува хигиената, наместо да ги напаѓа граѓаните дека манипулираат, не соодветен е ваквиот однос на општината кон своите сограѓани, велат од владејачката партија.

The post СДСМ се навреди за „змиите од Австралија“: Муцунски да ја искоси тревата, а не да обвинува граѓани appeared first on Република.

]]>

Неискосените тревници по метро и половина и расфрланиот шут и отпад низ урбаните делови на Аеродром се резултата од неработа на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.
Тимчо Муцунски покрај тоа што не ја извршува својата работа и не се грижи за општина Аеродром, сега граѓаните ги обвинува дека шират лажни вести. Еве неколку фотографии од општина Аеродром. Или и за овие фотографии Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе тврдат дека се од Австралија? Дали ѓубрето и шутот од фотографиите се од Австралија, од Гугл или сепак се од Аеродром?   Неискосените тревници, неисчистениот шут, предизвикуваат појави на змии, за кои со право реагираат граѓаните затоа што се опасност пред се по децата кои секојдневно се во парковите и спортските игралишта низ Аеродром. Нашите сограѓани од општина Аеродром знаат со какви состојби се соочуваат во секојдневното функционирање низ населбите во општината.   Муцунски да се зафати со работа, да ја коси тревата и да ја одржува хигиената, наместо да ги напаѓа граѓаните дека манипулираат, не соодветен е ваквиот однос на општината кон своите сограѓани, велат од владејачката партија.

The post СДСМ се навреди за „змиите од Австралија“: Муцунски да ја искоси тревата, а не да обвинува граѓани appeared first on Република.

]]>
СДСМ го обвини Муцунски дека имало змии низ Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/sdsm-go-obvini-mucunski-deka-imalo-zmii-niz-aerodrom/ Sat, 27 Aug 2022 12:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=544701

Нема крај на хаосот и ужасот во кои граѓаните секојдневно живеат во општина Аеродром под раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски. Изминатите денови по социјалните мрежи се споделуваат голем број фотографии на граѓани од појавата на змии низ урбаните делови во општина Аеродром. Парковите, детските игралишта, паркинзите стануваат опасност по граѓаните на Аеродром, се вели во соопштението за јавност на ОО СДСМ Аеродром.

Родителите се во страв за своите деца и секојдневно упатуваат апели до локалната власт да превземат мерки за неискосените тревници со цел да се спречи појавата на змии низ општината.

Покрај проблемот што се случува со зголемениот број на бездомни кучиња, сега поголем проблем е енормната појава на змии низ парковите во Аеродром.

Крајно неодговорниот пристап на градоначалникот Муцунски станува опасност по граѓаните на општина Аеродром. Преокупираноста на Муцунски со теми поврзани од централната политика и остварување на личните амбиции ги загрозува граѓаните на општина Аеродром.

Повикуваме општината веднаш да превземе мерки за справување со хаосот, неискосените тревници и расфрланиот шут и отпад веднаш да се исчистат - се вели во партиското соопштение.

The post СДСМ го обвини Муцунски дека имало змии низ Аеродром appeared first on Република.

]]>

Нема крај на хаосот и ужасот во кои граѓаните секојдневно живеат во општина Аеродром под раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски. Изминатите денови по социјалните мрежи се споделуваат голем број фотографии на граѓани од појавата на змии низ урбаните делови во општина Аеродром. Парковите, детските игралишта, паркинзите стануваат опасност по граѓаните на Аеродром, се вели во соопштението за јавност на ОО СДСМ Аеродром.
Родителите се во страв за своите деца и секојдневно упатуваат апели до локалната власт да превземат мерки за неискосените тревници со цел да се спречи појавата на змии низ општината. Покрај проблемот што се случува со зголемениот број на бездомни кучиња, сега поголем проблем е енормната појава на змии низ парковите во Аеродром. Крајно неодговорниот пристап на градоначалникот Муцунски станува опасност по граѓаните на општина Аеродром. Преокупираноста на Муцунски со теми поврзани од централната политика и остварување на личните амбиции ги загрозува граѓаните на општина Аеродром. Повикуваме општината веднаш да превземе мерки за справување со хаосот, неискосените тревници и расфрланиот шут и отпад веднаш да се исчистат - се вели во партиското соопштение.

The post СДСМ го обвини Муцунски дека имало змии низ Аеродром appeared first on Република.

]]>