Златен лав Archives - Република https://republika.mk/tema/zlaten-lav/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 07:10:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Златен лав Archives - Република https://republika.mk/tema/zlaten-lav/ 32 32 „Златен лав“ во Венеција за филмот на Алмодовар „Соседната соба“ https://republika.mk/scena/film/zlaten-lav-vo-venetsija-za-filmot-na-almodovar-sosednata-soba/ Sun, 08 Sep 2024 07:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=814254

Првиот филм на англиски јазик на шпански режисер Педро Алмодовар, „Соседната соба„“ (The Room Next Door), кој обработува теми за евтаназија и климатски промени, во саботата ја доби престижната награда „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венецијаа.

Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и Џулијан Мур, доби 18-минутни овации кога беше премиерно прикажан во Венеција претходно оваа седмица, едни од најдолгите овации во последно време.

Алмодовар е миленик на фестивалските кругови и беше награден со Награда за животно дело во Венеција во 2019 година за неговите смели уметнички креации на шпански јазик, често проткаени со хумор и сатира. Исто така, ја освои наградата Оскар за најдобар странски филм за неговото остварување од 1999 година „Сѐ за мојата мајка“.

Сега на 74-годишна возраст, Алдомовар одлучи да се обиде на англиски јазик, а на новинарите им кажа дека тоа е како научна фантастика.

Говорејќи во пресрет на премиерата, рече дека неговиот филм ја истакнува важноста на негувањето на животот, но исто така јасно стави до знаење дека луѓето треба да можат достоинствено да умрат во време кое самите ќе го изберат.

Тоа е филм кој ја заговара евтаназијата“, рече тој,критикувајќи ги земјите како САД каде што евтаназијата е нелегална, за разлика од неговата родна Шпанија.

„Сребрениот лав“ беше изненадување бидејќи ѝ припадна на италијанската режисерка Маура Делперо за нејзината драма во бавен ритам „Vermiglio“, сместена во италијанските Алпи за време на Втората светска војна.

Австралијката Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка за нејзината главна улога во еротскиот трилер „Babygirl“, во кој го толкува ликот на закоравена извршна директорка којашто ги загрозува и својата кариера и своето семејство со токсична афера со млад приправник.

Кидман беше во Венеција во саботата, но не присуствуваше на доделувањето на наградите откако дозна дека нејзината мајка ненадејно починала.

Французинот Винсент Линдон беше прогласен за најдобар актер за улогата во „The Quiet Son“, современа драма на француски јазик за семејство растурено од екстремниот десничарски радикализам.

Наградата за најдобар режисер му припадна на американскиот режисер Брејди Корбет за неговиот 3,5-часовен филм „The Brutalist“, епска приказна за Унгарец кој го преживеал холокаустот кој сака да го обнови својот живот во САД. Него го игра Адриен Броди.

The post „Златен лав“ во Венеција за филмот на Алмодовар „Соседната соба“ appeared first on Република.

]]>

Првиот филм на англиски јазик на шпански режисер Педро Алмодовар, „Соседната соба„“ (The Room Next Door), кој обработува теми за евтаназија и климатски промени, во саботата ја доби престижната награда „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венецијаа. Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и Џулијан Мур, доби 18-минутни овации кога беше премиерно прикажан во Венеција претходно оваа седмица, едни од најдолгите овации во последно време. Алмодовар е миленик на фестивалските кругови и беше награден со Награда за животно дело во Венеција во 2019 година за неговите смели уметнички креации на шпански јазик, често проткаени со хумор и сатира. Исто така, ја освои наградата Оскар за најдобар странски филм за неговото остварување од 1999 година „Сѐ за мојата мајка“. Сега на 74-годишна возраст, Алдомовар одлучи да се обиде на англиски јазик, а на новинарите им кажа дека тоа е како научна фантастика. Говорејќи во пресрет на премиерата, рече дека неговиот филм ја истакнува важноста на негувањето на животот, но исто така јасно стави до знаење дека луѓето треба да можат достоинствено да умрат во време кое самите ќе го изберат.
Тоа е филм кој ја заговара евтаназијата“, рече тој,критикувајќи ги земјите како САД каде што евтаназијата е нелегална, за разлика од неговата родна Шпанија.
„Сребрениот лав“ беше изненадување бидејќи ѝ припадна на италијанската режисерка Маура Делперо за нејзината драма во бавен ритам „Vermiglio“, сместена во италијанските Алпи за време на Втората светска војна. Австралијката Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка за нејзината главна улога во еротскиот трилер „Babygirl“, во кој го толкува ликот на закоравена извршна директорка којашто ги загрозува и својата кариера и своето семејство со токсична афера со млад приправник. Кидман беше во Венеција во саботата, но не присуствуваше на доделувањето на наградите откако дозна дека нејзината мајка ненадејно починала. Французинот Винсент Линдон беше прогласен за најдобар актер за улогата во „The Quiet Son“, современа драма на француски јазик за семејство растурено од екстремниот десничарски радикализам. Наградата за најдобар режисер му припадна на американскиот режисер Брејди Корбет за неговиот 3,5-часовен филм „The Brutalist“, епска приказна за Унгарец кој го преживеал холокаустот кој сака да го обнови својот живот во САД. Него го игра Адриен Броди.  

The post „Златен лав“ во Венеција за филмот на Алмодовар „Соседната соба“ appeared first on Република.

]]>
Изабел Ипер ќе биде претседателка на меѓународното жири на Филмскиот фестивал во Венеција , Златен лав за животно дело за Питер Вир https://republika.mk/scena/film/izabel-iper-ke-bide-pretsedatelka-na-megunarodnoto-zhiri-na-filmskiot-festival-vo-venetsija-zlaten-lav-za-zhivotno-delo-za-piter-vir/ Thu, 09 May 2024 12:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=776377

Осумдесет и првото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција ќе се одржи од 28 август до 7 септември. Француската актерка Изабел Ипер ќе биде претседателка на меѓународното жири кое ќе го додели Златниот лав за најдобар филм, како и други официјални награди, соопшти Фестивалот.

Постои долга и убава историја помеѓу Фестивалот и мене. Да се ​​стане привилегиран гледач е чест. Повеќе од кога било, филмот е ветување. Ветувањето дека ќе избегаме, ќе нарушиме, ќе изненадиме, добро ќе го погледнеме светот, обединети во разликите на нашите вкусови и идеи, изјави Изабел Ипер.

Австралискиот режисер и сценарист Питер Вир ќе добие Златен лав за животно дело на Венецискиот филмски фестивал. Вир (79) е режисер на филмовите „Друштвото на мртвите поети“, „Шоуто на Труман“, „Господар и заповедник“, „Година на опасно живеење“.

Филмскиот фестивал во Венеција и неговиот Златен лав се дел од историјатот на нашата професија. Да се биде издвоен како добитник на награда за животно дело како режисер е голема чест, изјави Вир.

The post Изабел Ипер ќе биде претседателка на меѓународното жири на Филмскиот фестивал во Венеција , Златен лав за животно дело за Питер Вир appeared first on Република.

Прогласени победниците во Венеција https://republika.mk/scena/film/proglaseni-pobednicite-vo-venecija/ Sun, 11 Sep 2022 14:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=549739

Синоќа заврши 79-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а за најдобар филм е прогласен документарниот филм на Лаура Поитрас „Сета убавина и крвопролевање“...

Документарецот на Лаура Поитрас е приказна за фотографката Нан ​​Голдин и нејзиниот активизам против семејството Саклер и нивните уметнички врски, а наградената му се заблагодари на фестивалот во Венеција што призна дека „документарецот е кино“. Втората награда ја освои филмот „Свети Омер“ на Елис Диоп.

Кејт Бланшет и Колин Фарел ги добија наградите за најдобра актерска игра. Бланшет победи за улогата на познатиот диригент во филмот „TAR“ на Тод Филд, а Фарел победи за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“ на Мартин Мекдона.

Лука Гуадањо го освои Сребрениот лав за најдобра режија за „Коски и сè“, со Тимоти Шаламе и Тејлор Расел во главните улоги, која ја освои и наградата за најдобрата млада актерка. Жирито ја додели и Специјалната награда на жирито на филмот „Без мечки“ на уапсениот ирански режисер Џафар Панахи.

Жирито, предводено од Џулијан Мур, ги избра победничките филмови од натпреварувачка категорија од 23 филмови, од кои многумина беа и кандидати за Оскар. Во жирито беа француската режисерка Одри Диван, чиј филм „Хепенинг“ минатата година го освои Златниот лав, авторот Казуо Ишигуро и иранската актерка Лејла Хатами. Главното жири го сочинуваа италијанскиот режисер Леонардо ди Костанцо, аргентинскиот режисер Маријано Кон и Родриго Сорогојен.

Силното учество на натпреварот во Венеција започна многу успешни кампањи за Оскар во последниве години, што доведе до номинации, па дури и победи во неколку наврати. Седум пати во последните девет години, Оскар за најдобра режија добиваше филм кој имаше светска премиера на фестивалот во Венеција, вклучувајќи ги филмовите на Клои Жао, Алфонсо Куарон, Алехандро Инариту, Гиљермо дел Торо и Демиен Шазел.

На фестивалот дебитираа и неколку идни победници за најдобар филм, како што се „Nomadland“, „The Shape of Water“ и „Birdman“.

The post Прогласени победниците во Венеција appeared first on Република.

]]>

Синоќа заврши 79-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а за најдобар филм е прогласен документарниот филм на Лаура Поитрас „Сета убавина и крвопролевање“... Документарецот на Лаура Поитрас е приказна за фотографката Нан ​​Голдин и нејзиниот активизам против семејството Саклер и нивните уметнички врски, а наградената му се заблагодари на фестивалот во Венеција што призна дека „документарецот е кино“. Втората награда ја освои филмот „Свети Омер“ на Елис Диоп. Кејт Бланшет и Колин Фарел ги добија наградите за најдобра актерска игра. Бланшет победи за улогата на познатиот диригент во филмот „TAR“ на Тод Филд, а Фарел победи за улогата во филмот „The Banshees of Inisherin“ на Мартин Мекдона. Лука Гуадањо го освои Сребрениот лав за најдобра режија за „Коски и сè“, со Тимоти Шаламе и Тејлор Расел во главните улоги, која ја освои и наградата за најдобрата млада актерка. Жирито ја додели и Специјалната награда на жирито на филмот „Без мечки“ на уапсениот ирански режисер Џафар Панахи.
Жирито, предводено од Џулијан Мур, ги избра победничките филмови од натпреварувачка категорија од 23 филмови, од кои многумина беа и кандидати за Оскар. Во жирито беа француската режисерка Одри Диван, чиј филм „Хепенинг“ минатата година го освои Златниот лав, авторот Казуо Ишигуро и иранската актерка Лејла Хатами. Главното жири го сочинуваа италијанскиот режисер Леонардо ди Костанцо, аргентинскиот режисер Маријано Кон и Родриго Сорогојен.
Силното учество на натпреварот во Венеција започна многу успешни кампањи за Оскар во последниве години, што доведе до номинации, па дури и победи во неколку наврати. Седум пати во последните девет години, Оскар за најдобра режија добиваше филм кој имаше светска премиера на фестивалот во Венеција, вклучувајќи ги филмовите на Клои Жао, Алфонсо Куарон, Алехандро Инариту, Гиљермо дел Торо и Демиен Шазел. На фестивалот дебитираа и неколку идни победници за најдобар филм, како што се „Nomadland“, „The Shape of Water“ и „Birdman“.

The post Прогласени победниците во Венеција appeared first on Република.

]]>
Златен лав за животно дело за Катрин Денев во Венеција https://republika.mk/scena/film/zlaten-lav-za-zivotno-delo-za-katrin-denev-vo-venecija/ Thu, 02 Jun 2022 08:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=510032

Филмскиот фестивал во Венеција годинава Златниот лав за животно дело го додели на иконата на францускиот филм Катрин Денев.

Долгогодишната врска на Денев со  фестивалот на Лидо почна во 1967, кога филмот на Буњуел „Убавица на денот“ – во кој таа играше буржоаска париска домаќинка која бара еротско ослободување преку работа со скратено работно време во бордел – го освои Златниот лав. Потоа Денев освои Копа Волпи за најдобра актерка за нејзината улога во „Плас Вендом“ на Никол Гарсија во 1998, а претседаваше со жирито на фестивалот во 2006.

Радост е да се добие оваа престижна награда на филмскиот фестивал во Венеција, која ја сакам и ја познавам долго време, откако филмот ‘Убавица на денот’ на Луис Буњуел го доби Златниот лав. Исто така, чест е да бидам избрана за оваа почест бидејќи Мостра ме пречекала толку често за толку многу филмови. Ви благодарам. Со пријателство“, рече 78-годишната актерка.
Уметничкиот директор на Венеција, Алберто Барбера, рече дека е Денев е „неоспорен талент“ чии вештини и извонредна и префинета убавина ја направија „самото лице на француската кинематографија; безвременска дива; вистинска икона на големиот екран“.

Во текот на нејзината кариера Денев работеше со некои од најголемите европски режисери, како Луис Буњуел, Франсоа Трифо, Маноел Де Оливеира, Роман Полански и Ларс фон Трир.

79. издание на Венеција ќе се одржи од 31 август до 10 септември.

The post Златен лав за животно дело за Катрин Денев во Венеција appeared first on Република.

]]>

Филмскиот фестивал во Венеција годинава Златниот лав за животно дело го додели на иконата на францускиот филм Катрин Денев. Долгогодишната врска на Денев со  фестивалот на Лидо почна во 1967, кога филмот на Буњуел „Убавица на денот“ – во кој таа играше буржоаска париска домаќинка која бара еротско ослободување преку работа со скратено работно време во бордел – го освои Златниот лав. Потоа Денев освои Копа Волпи за најдобра актерка за нејзината улога во „Плас Вендом“ на Никол Гарсија во 1998, а претседаваше со жирито на фестивалот во 2006.
Радост е да се добие оваа престижна награда на филмскиот фестивал во Венеција, која ја сакам и ја познавам долго време, откако филмот ‘Убавица на денот’ на Луис Буњуел го доби Златниот лав. Исто така, чест е да бидам избрана за оваа почест бидејќи Мостра ме пречекала толку често за толку многу филмови. Ви благодарам. Со пријателство“, рече 78-годишната актерка.
Уметничкиот директор на Венеција, Алберто Барбера, рече дека е Денев е „неоспорен талент“ чии вештини и извонредна и префинета убавина ја направија „самото лице на француската кинематографија; безвременска дива; вистинска икона на големиот екран“.
Во текот на нејзината кариера Денев работеше со некои од најголемите европски режисери, како Луис Буњуел, Франсоа Трифо, Маноел Де Оливеира, Роман Полански и Ларс фон Трир. 79. издание на Венеција ќе се одржи од 31 август до 10 септември.

The post Златен лав за животно дело за Катрин Денев во Венеција appeared first on Република.

]]>
Венеција ќе му оддаде почит сo Златен лав за животно дело на американскиот режисер и сценарист Пол Шрeдер https://republika.mk/scena/film/venecija-kje-mu-oddade-pochit-so-zlaten-lav-za-zivotno-delo-na-amerikanskiot-reziser-i-scenarist-pol-shreder/ Wed, 04 May 2022 12:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=497522

Филмскиот фестивал во Венеција ќе му оддаде почит сo Златен лав за животно дело на американскиот режисер и сценарист Пол Шрeдер, клучна фигура на новaтa холивудски кинематографија. Шредер ги напиша „Таксист“ и „Последното Христово искушение“ на Мартин Скорсезе, а го напиша и „Разјарениот бик“. Режирал десетици филмови, меѓу кои „Американски жиголо“, „Мишима: Живот во четири поглавја“, „Утехата на странците“ и „Првa реформска црква“.

Режисерот беше во Венеција лани со „Бројач на карти“ со Оскар Ајзак и Тифани Хадиш во главните улоги, кој имаше успех кај критиката и на киноблагајните.

Длабоко сум почестен. Венеција е лавот на моето срце, рече Шредер.

Уметничкиот директор на Венеција, Алберто Барбера, во изјавата го слави Шредер дека „ја револуционизирал имагинацијата, естетиката и јазикот на американскиот филм“, почнувајќи од доцните 1960-ти.

Не е претерување да се потврди дека тој е еден од најважните американски филмаџии на неговата генерација, режисер кој е под длабоко влијание од европскиот филм и култура и тврдоглаво независен сценарист кој сепак знае како да работи по нарачка и самоуверено да се движи во рамките на холивудскиот систем, рече Барбера.

The post Венеција ќе му оддаде почит сo Златен лав за животно дело на американскиот режисер и сценарист Пол Шрeдер appeared first on Република.

]]>

Филмскиот фестивал во Венеција ќе му оддаде почит сo Златен лав за животно дело на американскиот режисер и сценарист Пол Шрeдер, клучна фигура на новaтa холивудски кинематографија. Шредер ги напиша „Таксист“ и „Последното Христово искушение“ на Мартин Скорсезе, а го напиша и „Разјарениот бик“. Режирал десетици филмови, меѓу кои „Американски жиголо“, „Мишима: Живот во четири поглавја“, „Утехата на странците“ и „Првa реформска црква“. Режисерот беше во Венеција лани со „Бројач на карти“ со Оскар Ајзак и Тифани Хадиш во главните улоги, кој имаше успех кај критиката и на киноблагајните.