земјоделци Archives - Република https://republika.mk/tema/zemjodelci/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 09:25:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png земјоделци Archives - Република https://republika.mk/tema/zemjodelci/ 32 32 Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-rabotime-zemjodelskite-proizvodi-da-bidat-prepoznatlivi-nadvor-od-granitsite-i-da-go-namalime-uvozot-na-hrana-vo-makedonija-taka-ke-gi-zashtitime-i-zemjodeltsite/ Fri, 25 Oct 2024 09:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=830851

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“.

„Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски.

Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците.

„Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот.

Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна.

„Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски.

Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот.

„Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој.

„Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот.

Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

The post Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците appeared first on Република.

]]>

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“. „Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски. Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците. „Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот. Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна. „Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски. Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот. „Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој. „Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот. Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

The post Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Преку консолидирање на приходите исплативме милијарда и 300 милиони денари субвенции за земјоделците, го санираме секој проблем наследен од разбојничката Влада на СДСМ и ДУИ https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-preku-konsolidirane-na-prihodite-isplativme-milijarda-i-300-milioni-denari-subventsii-za-zemjodeltsite-go-sanirame-sekoj-problem-nasleden-od-razbojnichkata-vlada-na-sdsm-i-dui/ Sat, 19 Oct 2024 14:28:49 +0000 https://republika.mk/?p=828840

„Состојбата со земјоделието е катастрофална, онаа која што ја наследивме, консолидирање постоеше во овој период, со ребалансот предвидовме дополнителни средства и можам да кажам дека од периодот 25-26 јуни до кај 17-18 октомври, некаде околу милијарда и 300 милиони се исплатени на повеќе од 20 илјади земјоделци субвенции“, вака претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за тоа како тече исплатата на субвенциите во земјоделието.

Тој додаде дека преку консолидирање на приходите се обезбедени се милијарда и триста милиони денари за субвенции за земјоделците, нешто што до сега, како што рече, беше мисловна именка.

Нешто што до сега преставуваше мисловна именка, нешто што беше невозможно, со консолидирање на приходите во буџетот, со повеќе приходи, со ребалансот успеавме да обезбедиме за повеќе од 20 илјади земјоделци повеќе од една милијарда и три стотини милиони денари за субвенции, нешто што досега, ќе повторам, не беше можно“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така, потсети на добрата цена за лозарите, поддршката за производителите на сливи и вонредните мерки за производителите на јачмен и пченица, додавајќи дека после откупот на јаболката кој се одвива моментално фокус ќе бидат тутунарите.

Ова консолидирање продолжува и во следната година. Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие коишто се занимаваат со лозарството, исто така поддршка за одгледувачите на сливи, имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пченица, со јаболкото сега засега состојбата е одлична со откупот, понатаму фокус се тутунарите“, нагласи Мицкоски и додаде:

„Така што сето она што преставува проблем и наследена состојба од страна на претходната разбојничка влада предводена од СДСМ и ДУИ ќе го санираме ќе се бориме, бидејќи секој еден човек е важен“.

The post Мицкоски: Преку консолидирање на приходите исплативме милијарда и 300 милиони денари субвенции за земјоделците, го санираме секој проблем наследен од разбојничката Влада на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

„Состојбата со земјоделието е катастрофална, онаа која што ја наследивме, консолидирање постоеше во овој период, со ребалансот предвидовме дополнителни средства и можам да кажам дека од периодот 25-26 јуни до кај 17-18 октомври, некаде околу милијарда и 300 милиони се исплатени на повеќе од 20 илјади земјоделци субвенции“, вака претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за тоа како тече исплатата на субвенциите во земјоделието. Тој додаде дека преку консолидирање на приходите се обезбедени се милијарда и триста милиони денари за субвенции за земјоделците, нешто што до сега, како што рече, беше мисловна именка.
Нешто што до сега преставуваше мисловна именка, нешто што беше невозможно, со консолидирање на приходите во буџетот, со повеќе приходи, со ребалансот успеавме да обезбедиме за повеќе од 20 илјади земјоделци повеќе од една милијарда и три стотини милиони денари за субвенции, нешто што досега, ќе повторам, не беше можно“, потенцираше Мицкоски.
Тој исто така, потсети на добрата цена за лозарите, поддршката за производителите на сливи и вонредните мерки за производителите на јачмен и пченица, додавајќи дека после откупот на јаболката кој се одвива моментално фокус ќе бидат тутунарите.
Ова консолидирање продолжува и во следната година. Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие коишто се занимаваат со лозарството, исто така поддршка за одгледувачите на сливи, имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пченица, со јаболкото сега засега состојбата е одлична со откупот, понатаму фокус се тутунарите“, нагласи Мицкоски и додаде:
„Така што сето она што преставува проблем и наследена состојба од страна на претходната разбојничка влада предводена од СДСМ и ДУИ ќе го санираме ќе се бориме, бидејќи секој еден човек е важен“.  

The post Мицкоски: Преку консолидирање на приходите исплативме милијарда и 300 милиони денари субвенции за земјоделците, го санираме секој проблем наследен од разбојничката Влада на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vo-prvite-100-dena-imame-pokacheni-subventsii-za-jachmen-i-pchenitsa-isplata-na-1-milijarda-denari-zaostanati-subventsii-istoriski-najvisoka-tsena-na-grozjeto-i-mnogu-drugi-proekti/ Thu, 03 Oct 2024 09:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=822138

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

Апсолутно како и во сите сектори, така и во земјоделието во овие 100 дена се преземаа многу чекори. Ќе ве потсетам на оние задоцнети плати во двете клучни институции, а тоа се Национални шуми и АД Водостопанство. Се вратија долгови кај земјоделците од повеќе милијарда и двесте педесет милиони денари, тоа се стари долгови, покрај тековните исплати. Понатаму имавме субвенции, одлука за субвенции за килограм продадена пченица, јачмен и така натаму, но исто така можам да кажам дека се постигнаа историски највисоки цени за откуп на грозјето од лозарите и навистина можам да кажам дека досега работите таму полека, но сигурно фаќаат еден природен колосек, тука не смееме да ги потцениме, ниту сливарите коишто исто така беа поддржани од страна на Министерството и од страна на Владата, јаболкарите, видовте беше таму Министерот, разговараше, очекувам исто да биде и со тутунарите. Така што како и во секој сектор, така и таму се случуваат сериозни промени, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

The post Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти appeared first on Република.

Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците https://republika.mk/vesti/ekonomija/subventsii-za-pchenitsa-i-jachmen-izdvoena-dopolnitelna-pomosh-za-zemjodeltsite/ Tue, 03 Sep 2024 20:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=812850

Со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на владина седница се донесе одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од 3 денари по килограм предадена пченица.

Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, се со цел да се намали зависноста од увоз.

Воедно, се донесе одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари.

Оваа измена се врши поради нарушување на пазарот во производството и продажбата на јачмен за 2024 година кој изнесуваше 9 денари по килограм. За таа цел Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен.

Со ова зголемување од 100 проценти, односно од 6.000 на 12.000 денари Владата директно им помага на производителите на јачмен да ја покријат загубата.

The post Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>

Со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на владина седница се донесе одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од 3 денари по килограм предадена пченица. Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, се со цел да се намали зависноста од увоз. Воедно, се донесе одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари. Оваа измена се врши поради нарушување на пазарот во производството и продажбата на јачмен за 2024 година кој изнесуваше 9 денари по килограм. За таа цел Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен. Со ова зголемување од 100 проценти, односно од 6.000 на 12.000 денари Владата директно им помага на производителите на јачмен да ја покријат загубата.

The post Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Со отворање на подрачната единица во Јегуновце докажуваме дека Министерството е сериозен сервис на земјоделците https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-so-otvorane-na-podrachnata-edinitsa-vo-jegunovtse-dokazhuvame-deka-ministerstvoto-e-seriozen-servis-na-zemjodeltsite/ Mon, 02 Sep 2024 19:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=812412

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на отворање на Подрачна единица при МЗШВ во општина Јегуновце.

Изминатиов период министерот Трипуновски во изјава за медиуми најави дека ќе се отвораат подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за да се биде поблиску до земјоделците.

Од сега Министерството преку подрачните единици ќе биде сериозен сервис на самите земјоделци.

„Земјоделците од општина Јегуновце повеќе нема да се мачат и да патуваат до Тетово за да аплицираат или пак да проверат дали нивната апликација е во ред. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од сега ќе биде поблиску до земјоделците и ќе работи за нив“, истакна министерот Трипуновски.

„Наредната година Министерството ќе инвестира во техничкиот капацитет на секоја подрачна единица и канцеларија за да се зголеми функционалноста на истите“, најави тој.

Работиме за да Министерството биде поблиску до земјоделците.

The post Трипуновски: Со отворање на подрачната единица во Јегуновце докажуваме дека Министерството е сериозен сервис на земјоделците appeared first on Република.

Мицкоски за СДСМ: Оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и без 3,7 милијарди денари за земјоделците https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-za-sdsm-ostavija-budhet-bez-5-milijardi-denari-za-penzionerite-i-bez-3-7-milijardi-denari-za-zemjodeltsite/ Sat, 20 Jul 2024 14:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=798754

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба каде одговарајќи на новинарско прашање за критиките на опозицијата дека ребалансот на буџетот не е развоен, истакна дека сегашната опозиција мисли дека што повеќе измислува и критикува ќе остави поголем впечаток кај граѓаните, но вистината е дека оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.

„Тие се будат сабајле, го започнуваат денот и мислат што да измислат. Наша задача е да работиме за граѓаните и за државата како Влада. Имаме различни цели. Нивната цел е да измислуваат и да критикуваат, по можност колку повеќе критикуваат и измислуваат, толку мислат дека оставаат поголем впечаток кај граѓаните, а наша цел е колку повеќе вакви проекти да сработиме. Ние ќе си ја тераме нашата работа, а тие нека си ја тераат нивната. До година има локални избори и граѓаните ќе кажат на избори која за што е. Дали ова тие што го кажуваат или ова ние што го работиме“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека тие што сега критикуваат оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.

„Што се однесува до критиката што вие ја споменавте, само ќе напоменам дека оставија буџет без 5 милијарди денари редовни за пензионерите. Пет милијарди денари им немаше. Зошто? Затоа што шверцерски исплатиле една пензија во фискална година за претходната фискална година. Јануари за декември. Еве тоа е реалноста, само тоа ќе ви кажам. Пет милијарди денари заборавиле некако, не знам како. Бидејќи велат дека има пари, еве нека дојдат да им покажам и емпириски да видат како заборавиле 5 милијарди денари за пензионерите. Постоеше можност да нема за пензионерите пензии, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Понатаму заборавиле 3,7 милијарди денари за земјоделците, не знам како, еве прашајте ги нив нека ви кажат. Ги нема, па моравме ние да ги наоѓаме. Сега милијарда и 700, па до година уште две милијарди итн. Заборавиле, да речеме некаде околу половина милијарда за плати за национални шуми, а нели и конкурси објавуваа ако се сеќавате пред избори. Конкурси објавуваа, а заборавиле пола милијарда евра да им помогнат бидејќи луѓето 4 месеци плата не земале и сега нема кој да помага во гасењето на пожарите“.

The post Мицкоски за СДСМ: Оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и без 3,7 милијарди денари за земјоделците appeared first on Република.

Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието за прв пат после долги години ќе добијат навремено вода за наводнување https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-zemjodeltsite-od-ovchepolieto-za-prv-pat-posle-dolgi-godini-ke-dobijat-navremeno-voda-za-navodnuvane/ Sun, 30 Jun 2024 18:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=792208

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Овчеполието каде што направи увид во количините на вода во системот за наводнување Брегалница.

– Сакам да информирам дека од системот за наводнување Брегалница во општините Свети Николе и Лозово процентуално со вода покриени се:

90% Црнилиште
90% Аџиматово
100% Делисинци
90% Сарамзалино
скоро 100% Лозово.

Наскоро очекувам сите овие места да бидат 100% покриени со вода за наводнување. – изјави Трипуновски.

Трипуновски потенцираше дека со правилна и сериозна работа може да се испорача вода за наводнување до земјоделците и покрај катастрофалната состојба на системите за наводнување.

Исто така во наредните неколку дена вида за наводнување на земјоделските површини ќе има и во останатите места во Овчеполието.

Во претходните години водата пристигала на крајот од сезоната кога воопшто не е потребно да се наводнува, а сега имаме вода на самиот почеток кога е и најпотребна. Ние вистински се грижиме за македонските земјоделци! – заврши Трипуновски.

The post Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието за прв пат после долги години ќе добијат навремено вода за наводнување appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Овчеполието каде што направи увид во количините на вода во системот за наводнување Брегалница. – Сакам да информирам дека од системот за наводнување Брегалница во општините Свети Николе и Лозово процентуално со вода покриени се: 90% Црнилиште 90% Аџиматово 100% Делисинци 90% Сарамзалино скоро 100% Лозово. Наскоро очекувам сите овие места да бидат 100% покриени со вода за наводнување. – изјави Трипуновски. Трипуновски потенцираше дека со правилна и сериозна работа може да се испорача вода за наводнување до земјоделците и покрај катастрофалната состојба на системите за наводнување. Исто така во наредните неколку дена вида за наводнување на земјоделските површини ќе има и во останатите места во Овчеполието.
Во претходните години водата пристигала на крајот од сезоната кога воопшто не е потребно да се наводнува, а сега имаме вода на самиот почеток кога е и најпотребна. Ние вистински се грижиме за македонските земјоделци! – заврши Трипуновски.
 
The post Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието за прв пат после долги години ќе добијат навремено вода за наводнување appeared first on Република.

]]>
Трипуновски на увид во штетите од невремето во Тетово и Јегуновце: Преземени се сите законски активности, комисиите веќе се на терен https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-na-uvid-vo-shtetite-od-nevremeto-vo-tetovo-i-jegunovtse-prezemeni-se-site-zakonski-aktivnosti-komisiite-veke-se-na-teren/ Wed, 26 Jun 2024 17:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=791072

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на општините Тетово и Јегуновце каде што изврши увид на ситуацијата на терен после невремето коешто го зафати овој регион.

– Денеска сум на посета и на еден краток увид на ситуацијата на терен во општините Тетово и Јегуновце после невремето што го зафати овој регион во неделата вечерта. Преземени се сите законски активности во делот на формирање комисии, рокови за пријавување на штети коишто се случија во домовите и на земјоделските посеви и веќе комисиите ќе излезат на терен и да извршат проценка на штети. – изјави Трипуновски.

Според информациите во општина Јегуновце се очекуваат 100тина апликации за штети, додека за територијата на општина Тетово се уште не се знае точната бројка.

– Сакам да упатам еден апел, ние како Министерство, како Влада, во наредниот период ќе ги засилиме активностите и афирмацијата на мерките коишто ќе ги нудиме за заштита од природни непогоди што ќе се случуваат во иднина. Оваа штета која што сега е настаната значи помалку буџет на семејствата коишто егзистираат само од оваа гранка. Ова обештетување можеби ќе ги залечи раните меѓутоа ќе биде многу тежок момент, затоа ние ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе во наредните години да заштитиме што е можно повеќе. – заврши Трипуновски.

The post Трипуновски на увид во штетите од невремето во Тетово и Јегуновце: Преземени се сите законски активности, комисиите веќе се на терен appeared first on Република.

Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес https://republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodeltsite-od-svetinikolsko-go-blokiraa-ekspresniot-pat-shtip-veles/ Tue, 18 Jun 2024 11:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=788731

Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово во 12 часот целосно го блокираа експресниот Штип - Велес кај местото викано Овче Поле, бидејќи немаат вода за наводнување за своите ниви од Хидросистемот „Брегалница".

Во моментов блокадата е тргната од едната коловозна лента и сообраќајот го регулираат полициски службеници. Блокадата ќе трае два часа.

The post Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово во 12 часот целосно го блокираа експресниот Штип - Велес кај местото викано Овче Поле, бидејќи немаат вода за наводнување за своите ниви од Хидросистемот „Брегалница". Во моментов блокадата е тргната од едната коловозна лента и сообраќајот го регулираат полициски службеници. Блокадата ќе трае два часа.

The post Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес appeared first on Република.

]]>
МЕПСО бара од земјоделците да бидат внимателни со опремата за наводнување во близина на далекуводите https://republika.mk/vesti/ekonomija/mepso-bara-od-zemjodeltsite-da-bidat-vnimatelni-so-opremata-za-navodnuvane-vo-blizina-na-dalekuvodite/ Thu, 13 Jun 2024 11:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=787214

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа.

Од исклучително значење е земјоделците да се придржуваат кон следните напаствија: Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците; Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси; Не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија; Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по животот на луѓето кои се наоѓаат под трасата на далекуводот; Не палете стрништа во близина на далекувод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем, велат од МЕПСО

Дополнително апелираат спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далекуводи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далекуводите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствениот живот и за животот на другите! Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем!, порачуваат од МЕПСО.

The post МЕПСО бара од земјоделците да бидат внимателни со опремата за наводнување во близина на далекуводите appeared first on Република.

Европските земјоделци повторно протестираат во Брисел https://republika.mk/vesti/svet/evropskite-zemjodeltsi-povtorno-protestiraat-vo-brisel/ Tue, 04 Jun 2024 07:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=784543

За денеска во Брисел се најавени протести на земјоделците од повеќе европски држави на кои се очекува да го изразат своето незадоволство од земјоделската политика на ЕУ, договорите за слободна трговија на Унијата и регулативите на блокот за заштита на животната средина.

Како што соопшти бриселската полиција поради протестите можни се блокади и застои во сообраќајот во градот.

Стартот на протестите е закажан за утрово на платото Хејсел, во близина на бриселскиот саемски комплекс и стадионот „Крал Бодуен“, од каде според најавите земјоделците со своите трактори ќе се упатат кон т.н. европски кварт на Брисел, каде се сместени институциите на ЕУ, при што ќе минат преку голем дел од градот.

Се очекува протестите и блокадите во градот да траат до попладневните часови, поради што полицијата им препорачува на жителите на Брисел да користат јавен превоз, наместо да се движат со своите возила.

Протестите се закажани во неделата кога се одржуваат изборите за членови на Европскиот парламент, што се смета за обид за дополнителен притисок врз институциите на ЕУ.

Денешните демонстрации следат по протестот во Брисел во саботата во организација на групата „Добра храна, добро земјоделство“ и Мрежата за климатска акција (КАН) од кои околу стотина демонстранти побараа европска политика за борба против глобалното затоплување и зачувување на екосистемите, но „без казнување на земјоделците“.

Според организаторите на саботниот протест од суштинско значење е развивање на европска политика за фер транзиција во земјоделско-прехранбените системи во ЕУ.

– Само со здружување на социјалните и еколошките напори ќе можеме да се справиме со кризите со кои се соочуваме и да обезбедиме фер иднина за сите, изјави Миа Манчини од организацијата „Добра храна, добро земјоделство“ за белгиската новинска агенција Белга.

The post Европските земјоделци повторно протестираат во Брисел appeared first on Република.

]]>

За денеска во Брисел се најавени протести на земјоделците од повеќе европски држави на кои се очекува да го изразат своето незадоволство од земјоделската политика на ЕУ, договорите за слободна трговија на Унијата и регулативите на блокот за заштита на животната средина. Како што соопшти бриселската полиција поради протестите можни се блокади и застои во сообраќајот во градот. Стартот на протестите е закажан за утрово на платото Хејсел, во близина на бриселскиот саемски комплекс и стадионот „Крал Бодуен“, од каде според најавите земјоделците со своите трактори ќе се упатат кон т.н. европски кварт на Брисел, каде се сместени институциите на ЕУ, при што ќе минат преку голем дел од градот. Се очекува протестите и блокадите во градот да траат до попладневните часови, поради што полицијата им препорачува на жителите на Брисел да користат јавен превоз, наместо да се движат со своите возила. Протестите се закажани во неделата кога се одржуваат изборите за членови на Европскиот парламент, што се смета за обид за дополнителен притисок врз институциите на ЕУ. Денешните демонстрации следат по протестот во Брисел во саботата во организација на групата „Добра храна, добро земјоделство“ и Мрежата за климатска акција (КАН) од кои околу стотина демонстранти побараа европска политика за борба против глобалното затоплување и зачувување на екосистемите, но „без казнување на земјоделците“. Според организаторите на саботниот протест од суштинско значење е развивање на европска политика за фер транзиција во земјоделско-прехранбените системи во ЕУ. – Само со здружување на социјалните и еколошките напори ќе можеме да се справиме со кризите со кои се соочуваме и да обезбедиме фер иднина за сите, изјави Миа Манчини од организацијата „Добра храна, добро земјоделство“ за белгиската новинска агенција Белга.

The post Европските земјоделци повторно протестираат во Брисел appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 800 милиони евра за македонското земјоделство https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-800-milioni-evra-za-makedonskoto-zemjodelstvo/ Mon, 25 Mar 2024 05:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=758318

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави 800 милиони евра за македонското земјоделство.

„Опоравување на земјоделството и руралните средини, доходовна поддршка на земјоделците, инвестиции во земјоделските стопанства, инвестиции за диверзификација на земјоделските активности, инфраструктура и опрема за заштита од временски непогоди и осигурување, инвестиции во водостопански проекти и реконструкција на системи за наводнување, развој на руралните средини, изградба на откупни дистрибутивни центри“, ова е едно од ветувањата во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, насловена Платформа #1198.

Мицкоски најави и обнова на сите водоснабдителни системи како и гарантиран откуп и загарантирана цена за македонските земјоделци.

„Ќе има мерки за управување со откуп и пазарни ризици, формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, заканување на функциите на земјоделските задруги во откуп и продажба, изградба на откупни дистрибутивни центри“, посочи Мицкоски.

.

The post Мицкоски: 800 милиони евра за македонското земјоделство appeared first on Република.

ЕУ ќе ги ублажи строгите климатски правила за да ги смири протестите на земјоделците https://republika.mk/vesti/svet/eu-ke-gi-ublazhi-strogite-klimatski-pravila-za-da-gi-smiri-protestite-na-zemjodeltsite/ Thu, 14 Mar 2024 20:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=754915

Европската комисија ќе предложи измени во програмата Заедничка земјоделска политика, која на земјоделците им нуди субвенции во замена за исполнување на целите за животната средина, по протестите на земјоделците ширум Европа, јави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Се очекува дека Европската комисија ќе даде предлози уште в петок со цел дополнително да се намали административното оптоварување на земјоделците, да се обезбеди фер конкуренција и да се зајакне нивната позиција во синџирот на снабдување со храна.Тој план ќе биде клучна тема на состанокот на лидерите на ЕУ следната недела во Брисел.

The post ЕУ ќе ги ублажи строгите климатски правила за да ги смири протестите на земјоделците appeared first on Република.

]]>

Европската комисија ќе предложи измени во програмата Заедничка земјоделска политика, која на земјоделците им нуди субвенции во замена за исполнување на целите за животната средина, по протестите на земјоделците ширум Европа, јави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. Се очекува дека Европската комисија ќе даде предлози уште в петок со цел дополнително да се намали административното оптоварување на земјоделците, да се обезбеди фер конкуренција и да се зајакне нивната позиција во синџирот на снабдување со храна.Тој план ќе биде клучна тема на состанокот на лидерите на ЕУ следната недела во Брисел.

The post ЕУ ќе ги ублажи строгите климатски правила за да ги смири протестите на земјоделците appeared first on Република.

]]>
Николовски: Новиот модел на субвенционирање ги дава очекуваните резултати https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-noviot-model-na-subventsionirane-gi-dava-ochekuvanite-rezultati/ Thu, 14 Mar 2024 14:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=754827

Новиот модел за субвенционирање успешно стартуваше во 2023 година и веќе ги дава првите резултати. Земјоделците своите заслужени субвенции ги добиваат навремено и брзо.

Модел за субвенционирање граден заедно со земјоделците уште во 2022 година. Прифатен од сите земјоделци, а потврден од подсекторските групи и Агро Советот, како највисоко тело во земјоделството. Токму во 2022 година, кон овоштарите, за прв пат беше реализирана и првата авансна исплата на субвенциите.

До сега, преку новиот модел за субвецнионирање, авансна субвенција е исплатена кон сите земјоделци. Аванса субвенција добија лозарите, овоштарите, градинарите, полјоделците и сточарите.

„Со новиот модел за субвенционирање си поставивме неколку цели. Најпрво да ги насочиме земјоделците да го произведуваат она што е стратешки важно за државата, а за тоа да добијат дополнителна поддршка. Земјоделците ги мотивираме и поддржуваме да користат сертифициани семенски матерјали и ѓубрива, да остварат поголем принос и да своето производство го предадат во домашните преработувачки капацитети, или пак истото да го искористат за сопствени потреби“, истакна министерот Николовски.

Преку новиот модел основна, директна субвенција за одржување на површините добиваат сите земјоделци, за сите култури. Додека пак, дополнителна субвениција добиваат земјоделците, што произведуваат култура од листата на значајни култури, оствариле зголемено производство и истото го продале на пазар, искористиле за сопствени потреби, или предале во преработувачки капацитети.

„Ваквата новина во субвенционирањето на оствареното производство кое главно завршува во домашните откупни, преработувачки и кланични капацитети од една страна се истиснува сивата економија, а од друга страна создаваме услови за развој на домашната економија, преку користење на основните земјоделски производи за добивање на производи со додадена економска вредност, кои освен што ја збогатуваат лепезата на домашни производи на македонскиот пазар туку и имаат голем извозен потенцијал“, истакна министертот Николовски.

Направените анализи по завршување на аплицирањето за дополнителни субвенции во декември 2023 година, покажаа дека 8.061 земјоделеци, немаат поднесено барање по овие дополнителни мерки.

„Затоа веднаш реагираме и на овие земјоделци ќе им биде дадена уште една можност, дополнително да го искористат оваа право и да поднесат барање, со тоа што ќе направиме дополнителна мерка во програмата за 2024 година, каде ќе добијат уште една шанса да го пријават своето производствово градинарство, лозарство и овоштарство и ги добијат дополнителните субвенции“, изјави министерот Николовски.

Кај сточарството пак, за дополнителните субвенции, сточарите не ги пријавуваат сами, туку тие ги добиваат со претходно исполнети услови, а тоа е произведено и предадено млеко во млекарниците, или предадени грла добиток во кланиците.

Дека новиот модел полека, но сигурно ги дава очекуваните резултати говорат и неколку примери.

„Производителите на јачмен, пченица, афион, сончоглед и маслодајна репка, добиваат поддршка за остварен принос. Па за оваа мерка до 2022 година аплицирале 1.800 корисници. Со новиот модел овозможивме, овие производители своето производство да го користат и за сопствени потреби, за производство на сточна храна, или да го предадат на регистрирани одгледувалишта, па така бројката на корисници, кај оваа мерка се зголеми на 5.300“, истакна министерот Николовски. 

Правилните политики во поддршката на земјоделското производство јасно се рефлектираат во бројките, кои го прикажуваат извозот на македонските земјоделски производи и преработни.

„Бележиме раст на извозот кај градинарските култури. Во 2023 година извозот на македонски зеленчук надмина рекорни 95 милиони евра, што е раст за 14 милиони евра споредбено со 2022 година, или раст за 10% во извезената количина македонски зеленчук, споредбено со истата 2022 година“, изјави министерот Николовски.

Македонската зелка веќе неколку години наназад е најизвесуваниот зеленкук, а во 2023 година вредноста на извозот достигнала 29,9 милиони евра, што е раст за 21% во споредба со 2022 година. Потоа пиперките се вториот најизвезуван производ, кој на странските пазари се продадени со 26.000 тони, во вредност од 20,7 милиони евра. Следуваат доматот, печурките за јадење, краставици и корнишони,  кромидот и компирот. 

Министерот Николовски истакна дека успешните мерки за развој на винскиот сектор и лозарството, дале резултат запишувајќи го високо на винсакта мапа македонското вино.

„Денес како држава бележиме 57,6 милиони евра девизен прилив од извозот на македонско вино, за разлика од 2016 година кога девизниот прилив изнесувал 47,7 милиони евра. Најдобар индикатор за развојот на винарството е додадената вредност на извозот флаширано вино. За краток период успеавме неговата вредност двојно да ја зголемиме, односно ако до 2016 година изнесувала помалку од 1 евро, денес просечната вредност изнесува 2 евра по шише македонско вино“, истакна министерот Николовски.

Раст имаме и кај извозот на јагнешко месо, па така ако во 2020 година сме имале извоз во вредност од 9,5 милиони евра, во 2023 година извозот на јагнешко месо достигнал 14 милиони евра.

Овие бројки јасно говорат дека новиот модел на субвенционирање полека, но сигурно, ги дава очекуваните резултати. Заедно со Платежната Агенција продолжуваме да го следиме и анализираме спроведувањето на новиот модел, редовно информирајќи ги граѓаните, нагласи министерот Николовски додавајќи дека во следниот период, пред Агро Советот ќе биде презентиран извештајот за спроведувањето на новиот модел на субвенционирање во земјоделството.

Остануваме посветени и заедно со земјоделците го модернизираме и развиваме македонското земјоделство, а резултатите го потврдуваат тоа.

The post Николовски: Новиот модел на субвенционирање ги дава очекуваните резултати appeared first on Република.

Трипуновски: Лицемерно е пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-litsemerno-e-pred-izbori-da-se-stavaat-vo-funktsija-sistemi-koi-ne-se-pipnati-sedum-godini/ Tue, 12 Mar 2024 21:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=754177

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вечерва, коментирајќи ги актуелните случувања во агро секторот, оцени дека е лицемерно пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години.

Трипуновски во гостување на ТВ Сител обвини дека се доцни со исплатата на 3.349 милијарди денари земјоделски субвенции или близу 55 милиони евра, дека ресорниот министер Љупчо Николовски правел злоупотреби при распределбата на средствата за малите винарии, како и дека речиси 200 земјоделци имаат проблем со продолжување на договорите за закуп на земјиштето.

Трипуновски нагласи дека во Светиниколско засега има 88 раскинати договори, во државата до овој момент се околу 196, а до крајот на мај ќе станат 400.

Во врска, пак, со поддршката на малите винарии, изнесувајќи статистички податоци, Трипуновски ги отфрли како неточни тврдењата на Николовски, дека тие креираат додадена вредност од аспект на извозот.

-Долг е списокот на луѓе кои земале пари, а се блиски до актуелната власт. Мерките се исплаќаат преку Платежната агенција, а министерот прави паралелни програми, надвор од оваа институција, со тричлена комисија дели средства. Начинот на кој се делат средствата е сериозна злоупотреба, а до денес не е направена контрола дали тие се навистина инвестирани, рече дополнителниот заменик министер за земјоделство.

The post Трипуновски: Лицемерно е пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вечерва, коментирајќи ги актуелните случувања во агро секторот, оцени дека е лицемерно пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години. Трипуновски во гостување на ТВ Сител обвини дека се доцни со исплатата на 3.349 милијарди денари земјоделски субвенции или близу 55 милиони евра, дека ресорниот министер Љупчо Николовски правел злоупотреби при распределбата на средствата за малите винарии, како и дека речиси 200 земјоделци имаат проблем со продолжување на договорите за закуп на земјиштето. Трипуновски нагласи дека во Светиниколско засега има 88 раскинати договори, во државата до овој момент се околу 196, а до крајот на мај ќе станат 400. Во врска, пак, со поддршката на малите винарии, изнесувајќи статистички податоци, Трипуновски ги отфрли како неточни тврдењата на Николовски, дека тие креираат додадена вредност од аспект на извозот.
-Долг е списокот на луѓе кои земале пари, а се блиски до актуелната власт. Мерките се исплаќаат преку Платежната агенција, а министерот прави паралелни програми, надвор од оваа институција, со тричлена комисија дели средства. Начинот на кој се делат средствата е сериозна злоупотреба, а до денес не е направена контрола дали тие се навистина инвестирани, рече дополнителниот заменик министер за земјоделство.

The post Трипуновски: Лицемерно е пред избори да се ставаат во функција системи кои „не се пипнати“ седум години appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Македонските земјоделци се револтирани и демотивирани https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-makedonskite-zemjodeltsi-se-revoltirani-i-demotivirani/ Sat, 09 Mar 2024 15:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=753045

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денеска е во работна посета на општина Битола.

При посетата остварени се повеќе средби со земјоделци од с. Велушина и с. Кравари каде што се разговараа актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат изминатиов период.

Во 2016 година во Македонија под пченица биле некаде околу 80.000 ха, а во 2022 година површините паѓаат на 70.000 ха, што значи 10.000 ха помалку. Во 2016 година како држава сме произвеле 306.000 тони пченица, а во 2022 година некаде околу 224.000 тони пченица, што значи дека и површината се намалува и произведената пченица. Ова се официјални податоци од извештаите на државниот завод за статистика и годишните извештаи на министерството, изјави Трипуновски.

Како главна причина за оваа состојба Трипуновски ја наведе ланската ситуација кога за потребните на стоковите резерви наместо да се откупи домашната пченица, државата увезе пченица по далеку повисоки цени, а македонската домашна пченица остана не откупена.

Ова предизвикува револт и демотивација на македонските земјоделци и затоа се повеќе земјоделци го напуштаат полето и земјоделството како примарна дејност, рече тој.

The post Трипуновски: Македонските земјоделци се револтирани и демотивирани appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство денеска е во работна посета на општина Битола. При посетата остварени се повеќе средби со земјоделци од с. Велушина и с. Кравари каде што се разговараа актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат изминатиов период.
Во 2016 година во Македонија под пченица биле некаде околу 80.000 ха, а во 2022 година површините паѓаат на 70.000 ха, што значи 10.000 ха помалку. Во 2016 година како држава сме произвеле 306.000 тони пченица, а во 2022 година некаде околу 224.000 тони пченица, што значи дека и површината се намалува и произведената пченица. Ова се официјални податоци од извештаите на државниот завод за статистика и годишните извештаи на министерството, изјави Трипуновски.
Како главна причина за оваа состојба Трипуновски ја наведе ланската ситуација кога за потребните на стоковите резерви наместо да се откупи домашната пченица, државата увезе пченица по далеку повисоки цени, а македонската домашна пченица остана не откупена.
Ова предизвикува револт и демотивација на македонските земјоделци и затоа се повеќе земјоделци го напуштаат полето и земјоделството како примарна дејност, рече тој.
 
The post Трипуновски: Македонските земјоделци се револтирани и демотивирани appeared first on Република.

]]>
Илјадници земјоделци протестираат во Варшава, со нив се рудари и автопревозници https://republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-zemjodeltsi-protestiraat-vo-varshava-so-niv-se-rudari-i-avtoprevoznitsi/ Tue, 27 Feb 2024 13:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=748965

Илјадници полски земјоделци излегоа денеска на улиците на Варшава во знак на протест против земјоделската политика на Европската унија и увозот на евтина храна од Украина.

Насобраните бараат полската влада да се повлече од „Зелениот договор“ на Европската унија – план кој, меѓу другото, има за цел борба против климатските промени преку намалување на употребата на пестициди, пренесуваат полските медиуми.

Претседателот на синдикатот на земјоделски организации Славодмир Издебски истакна дека заедно со земјоделците во полската престолнина дошле и рудари од синдикатот „Август 80“, автопревозници и други незадоволни работници.

The post Илјадници земјоделци протестираат во Варшава, со нив се рудари и автопревозници appeared first on Република.

]]>

Илјадници полски земјоделци излегоа денеска на улиците на Варшава во знак на протест против земјоделската политика на Европската унија и увозот на евтина храна од Украина. Насобраните бараат полската влада да се повлече од „Зелениот договор“ на Европската унија – план кој, меѓу другото, има за цел борба против климатските промени преку намалување на употребата на пестициди, пренесуваат полските медиуми. Претседателот на синдикатот на земјоделски организации Славодмир Издебски истакна дека заедно со земјоделците во полската престолнина дошле и рудари од синдикатот „Август 80“, автопревозници и други незадоволни работници.

The post Илјадници земјоделци протестираат во Варшава, со нив се рудари и автопревозници appeared first on Република.

]]>
Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот Евзони за влез на товарни возила https://republika.mk/vesti/balkan/grchkite-zemjodeltsi-vecherva-go-blokiraa-preminot-evzoni-za-vlez-na-tovarni-vozila/ Sun, 25 Feb 2024 19:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=748235

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата, вечерва го блокираа преминот Евзони (Богородица) кон Македонија за влез на товарни возила.

Веста за МИА ја соопшти началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.

-Преминот Евзони е блокиран од 18:30 часот за влез на товарни возила и според информацијата од грчка страна блокадата ќе трае еден час, односно треба да заврши во 19:30 часот по македонско време, изјави Богев.

За времетрањето на блокадата не се пропуштаат камионите, односно како што беше порано кога на секои половина час по десет минути се пропуштаа возила.

Во изминатите денови иако имаше најави за блокади на Евзони од грчките земјоделци, сепак преминот остануваше отворен. Последен пат овој премин за влез во Грција беше блокиран на 20 овој месец.

The post Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот Евзони за влез на товарни возила appeared first on Република.

]]>

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата, вечерва го блокираа преминот Евзони (Богородица) кон Македонија за влез на товарни возила. Веста за МИА ја соопшти началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.
-Преминот Евзони е блокиран од 18:30 часот за влез на товарни возила и според информацијата од грчка страна блокадата ќе трае еден час, односно треба да заврши во 19:30 часот по македонско време, изјави Богев.
За времетрањето на блокадата не се пропуштаат камионите, односно како што беше порано кога на секои половина час по десет минути се пропуштаа возила. Во изминатите денови иако имаше најави за блокади на Евзони од грчките земјоделци, сепак преминот остануваше отворен. Последен пат овој премин за влез во Грција беше блокиран на 20 овој месец.

The post Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот Евзони за влез на товарни возила appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Над 50 милиони евра субвенции не им се исплатени на земјоделците https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-nad-50-milioni-evra-subventsii-ne-im-se-isplateni-na-zemjodeltsite/ Sat, 24 Feb 2024 09:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=747722

Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци апликанти за поддршките кои МЗШВ ги имало во тоа време, во 2023-та година во истите тие апликации за мерките и програмите имаат аплицирано некаде околу 65.000 земјоделци, што е сериозно намалување на бројот на земјоделци кои се занимаваат со земјоделство.

Во интервју за КУРИР, Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откри голем скандал. Огромни суми на пари наменети за субвенции за земјоделците во Македонија, од страна на оваа Влада воопшто не биле исплаќани.

-Кога зборувам за разочарувањето на земјоделците од оваа Влада и министерството, сакам да споделам еден податок и да го поткрепам ова разочарување кое го имаат. Во програмата за финансиска поддршка за 2024-та година, во мерка 11, заостанати обврски по мерки од програми од претходни години, има една фрапантна бројка од 3.400.000.000 денари, тоа се некаде над 50 милиони евра заостанати субвенции од претходни години, од 2020-та до 2023-та година. Тоа што цело време апелираме субвенциите да бидат навремени за земјоделците да имаат доверба во институциите, се потврдува со фактот дека субвенциите во најголем дел НЕ се исплатени кон земјоделците. И замислете во тешка економска состојба, со зголемени инфлации, со трошоци за производство, нафтени деривати и така натаму, вие имате субвенции кои што не се исплатени. Затоа велам дека земјоделците се разочарани од институциите и не ги добиваат сите оние услуги и мерки, истакна тој.

Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци апликанти за поддршките кои МЗШВ ги имало во тоа време, во 2023-та година во истите тие апликации за мерките и програмите имаат аплицирано некаде околу 65.000 земјоделци, што е сериозно намалување на бројот на земјоделци кои се занимаваат со земјоделство.

Тоа значи околу 30.000 земјоделци помалку. Ова, според Трипуновски, е сериозен удар бидејќи изминативе години сите погрешни политики и задоцнети мерки, ненавремено ангажирање на ресорното министерство и Владата, значи разочарување и напуштање на нивите ширум Република Македонија.

The post Трипуновски: Над 50 милиони евра субвенции не им се исплатени на земјоделците appeared first on Република.

]]>

Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци апликанти за поддршките кои МЗШВ ги имало во тоа време, во 2023-та година во истите тие апликации за мерките и програмите имаат аплицирано некаде околу 65.000 земјоделци, што е сериозно намалување на бројот на земјоделци кои се занимаваат со земјоделство. Во интервју за КУРИР, Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откри голем скандал. Огромни суми на пари наменети за субвенции за земјоделците во Македонија, од страна на оваа Влада воопшто не биле исплаќани.
-Кога зборувам за разочарувањето на земјоделците од оваа Влада и министерството, сакам да споделам еден податок и да го поткрепам ова разочарување кое го имаат. Во програмата за финансиска поддршка за 2024-та година, во мерка 11, заостанати обврски по мерки од програми од претходни години, има една фрапантна бројка од 3.400.000.000 денари, тоа се некаде над 50 милиони евра заостанати субвенции од претходни години, од 2020-та до 2023-та година. Тоа што цело време апелираме субвенциите да бидат навремени за земјоделците да имаат доверба во институциите, се потврдува со фактот дека субвенциите во најголем дел НЕ се исплатени кон земјоделците. И замислете во тешка економска состојба, со зголемени инфлации, со трошоци за производство, нафтени деривати и така натаму, вие имате субвенции кои што не се исплатени. Затоа велам дека земјоделците се разочарани од институциите и не ги добиваат сите оние услуги и мерки, истакна тој.
Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци апликанти за поддршките кои МЗШВ ги имало во тоа време, во 2023-та година во истите тие апликации за мерките и програмите имаат аплицирано некаде околу 65.000 земјоделци, што е сериозно намалување на бројот на земјоделци кои се занимаваат со земјоделство. Тоа значи околу 30.000 земјоделци помалку. Ова, според Трипуновски, е сериозен удар бидејќи изминативе години сите погрешни политики и задоцнети мерки, ненавремено ангажирање на ресорното министерство и Владата, значи разочарување и напуштање на нивите ширум Република Македонија.

The post Трипуновски: Над 50 милиони евра субвенции не им се исплатени на земјоделците appeared first on Република.

]]>
Врие во цела Европа: Огорчените шпански земјоделци со 500 трактори влегоа во Мадрид https://republika.mk/vesti/svet/vrie-vo-tsela-evropa-ogorchenite-shpanski-zemjodeltsi-so-500-traktori-vlegoa-vo-madrid/ Wed, 21 Feb 2024 14:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=746619

Десетици трактори се наоѓаат на плоштадот во центарот на градот, додека стотици гневни демонстранти со шпански и регионални знамиња се пред полицискиот кордон.

Демонстрантите во жолти флуоросцентни јакни, извикувајќи навреди кон социјалистичкиот премиер Педро Санчез, се обидуваат да стигнат до зградата на министерството, која се наоѓа веднаш до блиската железничка станица Аточа.

Десетици полицајци стојат пред демонстрантите и им го блокираат пристапот до зградата, додека некои се обидуваат да го пробијат кордонот.

Земјоделците протестираат ширум Шпанија веќе две недели, барајќи од владата поголеми финансиски субвенции, ограничување на увозот на храна од соседно Мароко и менување на Заедничката европска земјоделска политика на ЕУ, која им наметнува строги еколошки прописи. Тие се противат и на најавениот договор за слободна трговија на ЕУ со јужноамериканскиот блок Меркосур.

Земјоделците се жалат и дека цените на горивата и вештачките ѓубрива поскапеле по избувнувањето на војната во Украина пред две години.

Шпанија е еден од најголемите европски производители на маслиново масло, портокали, лимони, вино и риба.

Земјоделците во Европа со недели протестираат поради увозот на поевтина храна и регулативите на Европската унија, која воведе строги мерки за заштита на животната средина кои го поскапуваат производството. Во Шпанија дополнителен проблем е повеќемесечната суша.

The post Врие во цела Европа: Огорчените шпански земјоделци со 500 трактори влегоа во Мадрид appeared first on Република.

]]>

Десетици трактори се наоѓаат на плоштадот во центарот на градот, додека стотици гневни демонстранти со шпански и регионални знамиња се пред полицискиот кордон. Демонстрантите во жолти флуоросцентни јакни, извикувајќи навреди кон социјалистичкиот премиер Педро Санчез, се обидуваат да стигнат до зградата на министерството, која се наоѓа веднаш до блиската железничка станица Аточа. Десетици полицајци стојат пред демонстрантите и им го блокираат пристапот до зградата, додека некои се обидуваат да го пробијат кордонот. Земјоделците протестираат ширум Шпанија веќе две недели, барајќи од владата поголеми финансиски субвенции, ограничување на увозот на храна од соседно Мароко и менување на Заедничката европска земјоделска политика на ЕУ, која им наметнува строги еколошки прописи. Тие се противат и на најавениот договор за слободна трговија на ЕУ со јужноамериканскиот блок Меркосур. Земјоделците се жалат и дека цените на горивата и вештачките ѓубрива поскапеле по избувнувањето на војната во Украина пред две години. Шпанија е еден од најголемите европски производители на маслиново масло, портокали, лимони, вино и риба. Земјоделците во Европа со недели протестираат поради увозот на поевтина храна и регулативите на Европската унија, која воведе строги мерки за заштита на животната средина кои го поскапуваат производството. Во Шпанија дополнителен проблем е повеќемесечната суша.

The post Врие во цела Европа: Огорчените шпански земјоделци со 500 трактори влегоа во Мадрид appeared first on Република.

]]>