Зелениково Archives - Република https://republika.mk/tema/zelenikovo/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Apr 2024 16:28:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зелениково Archives - Република https://republika.mk/tema/zelenikovo/ 32 32 Мицкоски од Зелениково: Ова е последната шанса за да ја промениме оваа грда реалност, да излеземе масовно на 24 април и 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-zelenikovo-ova-e-poslednata-shansa-za-da-ja-promenime-ovaa-grda-realnost-da-izlezeme-masovno-na-24-april-i-8-maj-za-vmro-dpmne-i-siljanovska-davkova/ Sat, 13 Apr 2024 16:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=765738

Живееме во едно политичко мочуриште во кое што за жал граѓаните се чувствуваат дека се граѓани од втор ред. Имаме неколкумина околу Али Ахмети кои се дел од ДУИ и неколкумина нивни измеќари кои се дел од СДСМ кои што се задоволуваат со по некоја коска, некој наместен тендер и молчат и така функционираат како граѓани од прв ред, небаре Македонија ја наследиле од нивните предци, а останатиот дел без разлика на етничката или политичката припадност се чувствуваат како граѓани од втор ред, обесправени, засрамени, опљачкани и затоа најголемиот дел од нив одлучуваат да ја напуштат Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Зелениково во рамки на претседателската кампања.

Мицкоски посочи дека порано се празнеле селата и си оделе младите, но денеска после 7 години власт на СДСМ и ДУИ се празнат и градовите, но си заминуваат и цели семејства.

Порано се празни селата, па велевме Македонија е празна, селата се празни, денеска тоа е стара вест, селата одамна се празни, сега почнуваат и градовите да се празнат. Младите си заминуваат, 8 од 10 мои студенти одлучуваат после дипломирањето да заминат надвор од Македонија. Но, можам да кажам дека и тоа е стара вест, сега веќе и луѓе во средни години од 40, 45 или 50 години заедно со своите семејства го пакуваат животот во неколку куфери и заминуваат да почнат нов живот далеку од Македонија. Таа е суровата реалност во која денеска ние живееме, рече тој.

Мицкоски истакна дека од ветениот живот и од едно општество за сите кои го ветуваше СДСМ денеска тоа се претвори во општество за неколкумина.

Од тоа едно општество за сите и живот за сите, паролата се претвори во општество за неколкумина. И практично се што ветија направија спротивно. Го разочараа народот, додаде тој.

Мицкоски ја побара поддршката од граѓаните на општина Зелениково најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај за нов претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова и вети многу работа и многу проекти за сите граѓани.

Ова е последната шанса. Јас знам дека можеби и ВМРО-ДПМНЕ во минатото имало по некоја грешка. Никој не е идеален, но никогаш тие грешки не биле катастрофални и девастирачки како тоа што го правеа владите на СДСМ, смета тој.

The post Мицкоски од Зелениково: Ова е последната шанса за да ја промениме оваа грда реалност, да излеземе масовно на 24 април и 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Живееме во едно политичко мочуриште во кое што за жал граѓаните се чувствуваат дека се граѓани од втор ред. Имаме неколкумина околу Али Ахмети кои се дел од ДУИ и неколкумина нивни измеќари кои се дел од СДСМ кои што се задоволуваат со по некоја коска, некој наместен тендер и молчат и така функционираат како граѓани од прв ред, небаре Македонија ја наследиле од нивните предци, а останатиот дел без разлика на етничката или политичката припадност се чувствуваат како граѓани од втор ред, обесправени, засрамени, опљачкани и затоа најголемиот дел од нив одлучуваат да ја напуштат Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Зелениково во рамки на претседателската кампања. Мицкоски посочи дека порано се празнеле селата и си оделе младите, но денеска после 7 години власт на СДСМ и ДУИ се празнат и градовите, но си заминуваат и цели семејства.
Порано се празни селата, па велевме Македонија е празна, селата се празни, денеска тоа е стара вест, селата одамна се празни, сега почнуваат и градовите да се празнат. Младите си заминуваат, 8 од 10 мои студенти одлучуваат после дипломирањето да заминат надвор од Македонија. Но, можам да кажам дека и тоа е стара вест, сега веќе и луѓе во средни години од 40, 45 или 50 години заедно со своите семејства го пакуваат животот во неколку куфери и заминуваат да почнат нов живот далеку од Македонија. Таа е суровата реалност во која денеска ние живееме, рече тој.
Мицкоски истакна дека од ветениот живот и од едно општество за сите кои го ветуваше СДСМ денеска тоа се претвори во општество за неколкумина.
Од тоа едно општество за сите и живот за сите, паролата се претвори во општество за неколкумина. И практично се што ветија направија спротивно. Го разочараа народот, додаде тој.
Мицкоски ја побара поддршката од граѓаните на општина Зелениково најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај за нов претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова и вети многу работа и многу проекти за сите граѓани.
Ова е последната шанса. Јас знам дека можеби и ВМРО-ДПМНЕ во минатото имало по некоја грешка. Никој не е идеален, но никогаш тие грешки не биле катастрофални и девастирачки како тоа што го правеа владите на СДСМ, смета тој.

The post Мицкоски од Зелениково: Ова е последната шанса за да ја промениме оваа грда реалност, да излеземе масовно на 24 април и 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реалоцира 2 милиони евра за инфраструктурни проекти во општина Зелениково https://republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-vladata-na-vmro-dpmne-ke-realotsira-2-milioni-evra-za-infrastrukturni-proekti-vo-opshtina-zelenikovo/ Thu, 19 Oct 2023 10:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=692809

Чест и задоволство е денеска на покана на градоначалникот на општина Зелениково да бидам овде во општината, со мене е членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков, тука е и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, луѓето кои се дел од структурата, од администрацијата, советниците, истакна лидерот Мицкоски.

Ценам дека ова што се прави во овие услови во општина како што е Зелениково која што условно спаѓа во помалку бројно населените општини во Македонија од страна на градоначалникот, навистина заслужува честитање и заслужува со максимално пофални зборови да се изразиме, бидејќи и покрај притисоците и игнорантскиот однос кој што го има општина Зелениково, но и сите општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат градоначалник, сепак овде Коста дава надчовечки напори заедно со советниците, заедно со администрацијата да реализираат проект повеќе, бидејќи условите и ресурсите со кои што располага се навистина минимални, скромни, симболични.

Но, кога се работи чесно, посветено, храбро, тогаш резултатите не може а да не се видат, односно еве гледате нови улици,а за дел од проектите кои се веќе реализирани самиот градоначалник зборуваше.Многу е важно да се потенцира сето ова бидејќи во вакви услови успеваме да реализираме проекти.

Добрата вест е што за неколку месеци од денес ќе имаме нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира во мандатот свој да вложи овде во општина Зелениково до 2 милиони евра за проекти кои се капитални инвестиции, инфраструктурни проекти, надвор од буџетот на самата општина. Заедно со градоначалникот и со луѓето кои се дел од општинската администрација, детектиравме неколку проекти и ценам дека со реализацијата на тие проекти, меѓу кој што спаѓа и една детска градинка која што е ургентно потребна овде во Зелениково, квалитетот на живот во самата општина ќе биде подобрен, а со подобрување на квалитетот на живот нормално ќе бидат исполнети сите услови за да населението остане тука, да не мигрира, да не се иселува.

Уште еднаш на крај сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците кој ја поддржуваат работата на градоначалникот, на општинската администрација за посветената, храбра и чесна работа. И ги охрабрувам така да продолжат, да не се разочаруваат од игнорантскиот однос на владата бидејќи за неколку месеци од денеска Македонија, ќе биде слободна, ќе имаме нова влада, народна влада која ќе се грижи за сите општини низ Македонија, без разлика дали градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или градоначалник кој доаѓа од друга политичка партија.Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде влада на сите граѓани, на сите општини, на целата територија на Македонија подеднакво.

The post Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реалоцира 2 милиони евра за инфраструктурни проекти во општина Зелениково appeared first on Република.

]]>

Чест и задоволство е денеска на покана на градоначалникот на општина Зелениково да бидам овде во општината, со мене е членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков, тука е и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, луѓето кои се дел од структурата, од администрацијата, советниците, истакна лидерот Мицкоски.
Ценам дека ова што се прави во овие услови во општина како што е Зелениково која што условно спаѓа во помалку бројно населените општини во Македонија од страна на градоначалникот, навистина заслужува честитање и заслужува со максимално пофални зборови да се изразиме, бидејќи и покрај притисоците и игнорантскиот однос кој што го има општина Зелениково, но и сите општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат градоначалник, сепак овде Коста дава надчовечки напори заедно со советниците, заедно со администрацијата да реализираат проект повеќе, бидејќи условите и ресурсите со кои што располага се навистина минимални, скромни, симболични.
Но, кога се работи чесно, посветено, храбро, тогаш резултатите не може а да не се видат, односно еве гледате нови улици,а за дел од проектите кои се веќе реализирани самиот градоначалник зборуваше.Многу е важно да се потенцира сето ова бидејќи во вакви услови успеваме да реализираме проекти. Добрата вест е што за неколку месеци од денес ќе имаме нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира во мандатот свој да вложи овде во општина Зелениково до 2 милиони евра за проекти кои се капитални инвестиции, инфраструктурни проекти, надвор од буџетот на самата општина. Заедно со градоначалникот и со луѓето кои се дел од општинската администрација, детектиравме неколку проекти и ценам дека со реализацијата на тие проекти, меѓу кој што спаѓа и една детска градинка која што е ургентно потребна овде во Зелениково, квалитетот на живот во самата општина ќе биде подобрен, а со подобрување на квалитетот на живот нормално ќе бидат исполнети сите услови за да населението остане тука, да не мигрира, да не се иселува.
Уште еднаш на крај сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците кој ја поддржуваат работата на градоначалникот, на општинската администрација за посветената, храбра и чесна работа. И ги охрабрувам така да продолжат, да не се разочаруваат од игнорантскиот однос на владата бидејќи за неколку месеци од денеска Македонија, ќе биде слободна, ќе имаме нова влада, народна влада која ќе се грижи за сите општини низ Македонија, без разлика дали градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или градоначалник кој доаѓа од друга политичка партија.Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде влада на сите граѓани, на сите општини, на целата територија на Македонија подеднакво.

The post Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реалоцира 2 милиони евра за инфраструктурни проекти во општина Зелениково appeared first on Република.

]]>
Локализиран пожарот во општина Зелениково: Хеликоптерот на МВР исфрли над 40 тони вода https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lokaliziran-pozharot-vo-opshtina-zelenikovo-helikopterot-na-mvr-isfrli-nad-40-toni-voda/ Tue, 03 Oct 2023 18:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=687623

Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Вражани и Моране, општина Зелениково,го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.

Хеликоптерот Бел-412ЕП врз пожарот исфрли над 40 тони вода.

https://youtu.be/bdMzEhWuIyQ?si=dc7lyHV24S6lQs0J

The post Локализиран пожарот во општина Зелениково: Хеликоптерот на МВР исфрли над 40 тони вода appeared first on Република.

]]>

Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Вражани и Моране, општина Зелениково,го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-412ЕП врз пожарот исфрли над 40 тони вода. https://youtu.be/bdMzEhWuIyQ?si=dc7lyHV24S6lQs0J

The post Локализиран пожарот во општина Зелениково: Хеликоптерот на МВР исфрли над 40 тони вода appeared first on Република.

]]>
Изгаснат е пожарот во Зелениково https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izgasnat-e-pozharot-vo-zelenikovo/ Mon, 28 Aug 2023 07:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=676506

Изутринава нема активни пожари, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарот во општина Зелениково што избувна вчера попладне е изгаснат, а дежурна екипа на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје е присутна на местото.

Викендов беа регистрирани бројни пожари на територијата на Македонија. Најголем интензитет на ширење на огнот имаше во саботата. Од ЦУК информираат дека во саботата имало 30 пожари на отворен простор од кои најтежок беше кај акопско Ајватовци.

The post Изгаснат е пожарот во Зелениково appeared first on Република.

]]>

Изутринава нема активни пожари, информираат од Центарот за управување со кризи. Пожарот во општина Зелениково што избувна вчера попладне е изгаснат, а дежурна екипа на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје е присутна на местото. Викендов беа регистрирани бројни пожари на територијата на Македонија. Најголем интензитет на ширење на огнот имаше во саботата. Од ЦУК информираат дека во саботата имало 30 пожари на отворен простор од кои најтежок беше кај акопско Ајватовци.  

The post Изгаснат е пожарот во Зелениково appeared first on Република.

]]>
Од ЦУК велат дека е воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-tsuk-velat-deka-e-vospostavena-delumna-kontrola-na-pozharot-vo-zelenikovo/ Sun, 27 Aug 2023 17:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=676446

Пожарникарите од Бригадата за протовпожарна заштита на град Скопје со подршка на Доброволното противпожарно друштво од Зелениково воспоставиле делумна контрола врз пожарот што избувна попладне во Општина Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица зафатил трева, нискостеблести растенија и ниска шума.

Од ЦУК велат дека во овој момент нема потреба од интервенција на воздухоплови.

Состојбата во текот на ноќта ќе ја следат скопските пожарникари. Утре наутро ќе одлучиме на кој начин ќе се пристапи за догаснување на овој пожар во атарот на село Смесница, Општина Зелениково, соопштуваат од ЦУК.

The post Од ЦУК велат дека е воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково appeared first on Република.

]]>

Пожарникарите од Бригадата за протовпожарна заштита на град Скопје со подршка на Доброволното противпожарно друштво од Зелениково воспоставиле делумна контрола врз пожарот што избувна попладне во Општина Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица зафатил трева, нискостеблести растенија и ниска шума. Од ЦУК велат дека во овој момент нема потреба од интервенција на воздухоплови.
Состојбата во текот на ноќта ќе ја следат скопските пожарникари. Утре наутро ќе одлучиме на кој начин ќе се пристапи за догаснување на овој пожар во атарот на село Смесница, Општина Зелениково, соопштуваат од ЦУК.

The post Од ЦУК велат дека е воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково appeared first on Република.

]]>
Пожар кај селата Смесница, Ново Село и Страхојадица во Општина Зелениково https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-kaj-selata-smesnitsa-novo-selo-i-strahojaditsa-vo-opshtina-zelenikovo/ Sun, 27 Aug 2023 16:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=676423

Пожарот што избувна попладне на територијата на Општина Зелениково се простира во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица.

Еден крак од пожарот е активен во насока на село Смесница, помеѓу селото и пожарот има висока сува трева која може да изгори бргу. Нашите напори се насочени да се обезбеди селото со заорување на критичното место пред селото и правење на изоран појас преку кој пожарот нема да може да помине, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Од ЦУК претходно информираа дека е локализиран пожарот над Ајватовци во Општина Илинден, што беше активен два дена откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак.

Пожар има и во атарот на Студеничани на непристапен терен.

The post Пожар кај селата Смесница, Ново Село и Страхојадица во Општина Зелениково appeared first on Република.

]]>

Пожарот што избувна попладне на територијата на Општина Зелениково се простира во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица.
Еден крак од пожарот е активен во насока на село Смесница, помеѓу селото и пожарот има висока сува трева која може да изгори бргу. Нашите напори се насочени да се обезбеди селото со заорување на критичното место пред селото и правење на изоран појас преку кој пожарот нема да може да помине, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Од ЦУК претходно информираа дека е локализиран пожарот над Ајватовци во Општина Илинден, што беше активен два дена откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак. Пожар има и во атарот на Студеничани на непристапен терен.

The post Пожар кај селата Смесница, Ново Село и Страхојадица во Општина Зелениково appeared first on Република.

]]>
Пожар во општина Зелениково https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-opshtina-zelenikovo/ Sun, 27 Aug 2023 15:47:10 +0000 https://republika.mk/?p=676390

Пожар избувнал доцна попладнево на територијата на општина Зелениково во атарот на село Страхојадица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Пожарот веќе добива сериозни димензии затоа што веќе е навлезен во квалитетна шума, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Според ЦУК, локализиран е пожарот над Ајватовци, што беше активен од вчера откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак,

-Се работи на негово догаснување, хеликоптерите  се повлекуваат од овој пожар, но за жал се појави нов пожар на територијата на општина Зелениково каде упатуваме армиски хеликоптер. Во догаснување на пожарот кај Ајватовци се вклучени скопската Противпожарна бригада како и тим на Дирекцијата за заштита и спасување составен од доброволци од доброволното друштво од Свети Николе, рече Ангелов.

Со интервенцијата од воздух е спречено проширување на пожарот кон манастирот над кој се наоѓа селото. -Веќе нема опасност за манастирот и селото и верувам дека многу бргу пожарот ќе биде целосно изгаснат. Ќе се следи состојбата  за да не дојде до негово повторно разгорување, посочи Ангелов.

Претходно од ЦУК соопштија дека пожар има и во атарот на Студеничани на непристапен терен

The post Пожар во општина Зелениково appeared first on Република.

]]>

Пожар избувнал доцна попладнево на територијата на општина Зелениково во атарот на село Страхојадица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Пожарот веќе добива сериозни димензии затоа што веќе е навлезен во квалитетна шума, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Според ЦУК, локализиран е пожарот над Ајватовци, што беше активен од вчера откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак, -Се работи на негово догаснување, хеликоптерите  се повлекуваат од овој пожар, но за жал се појави нов пожар на територијата на општина Зелениково каде упатуваме армиски хеликоптер. Во догаснување на пожарот кај Ајватовци се вклучени скопската Противпожарна бригада како и тим на Дирекцијата за заштита и спасување составен од доброволци од доброволното друштво од Свети Николе, рече Ангелов. Со интервенцијата од воздух е спречено проширување на пожарот кон манастирот над кој се наоѓа селото. -Веќе нема опасност за манастирот и селото и верувам дека многу бргу пожарот ќе биде целосно изгаснат. Ќе се следи состојбата  за да не дојде до негово повторно разгорување, посочи Ангелов. Претходно од ЦУК соопштија дека пожар има и во атарот на Студеничани на непристапен терен

The post Пожар во општина Зелениково appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Власта е вознемирена затоа што знае дека одговорноста со која ќе се соочи доаѓа https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vlasta-e-voznemirena-zatoa-shto-znae-deka-odgovornosta-so-koja-ke-se-soochi-doaga/ Fri, 24 Feb 2023 21:25:03 +0000 https://republika.mk/?p=612963

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во посета на Зелениково.

Власта е вознемирена затоа што знае дека одговорноста со која ќе се соочи доаѓа. Нема да има неказнет криминал, ќе ставиме крај на неспособноста која го задушува системот, ќе се бориме за заедничка иднина, порача Мицкоски.

The post Мицкоски: Власта е вознемирена затоа што знае дека одговорноста со која ќе се соочи доаѓа appeared first on Република.

Маневски: Во Зелениково се гради, покрај уредување на речното корито, се реконструира и училиште https://republika.mk/vesti/skopje/manevski-vo-zelenikovo-se-gradi-pokraj-ureduvanje-na-rechnoto-korito-se-rekonstruira-i-uchilishte/ Wed, 09 Nov 2022 13:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=571952

Денеска ми претставува особена чест што заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сме во посета на увид на тековни проекти што се работат во општина Зелениково, рече на денешната прес-конференција градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коста Маневски.

Денеска се наоѓаме во населеното место Река каде што се гради, регулација и уредување на речно корито. Исто така посетивме проект кој е завршен во основното училиште во општина Зелениково, населено место Орешани, а тоа е реконструкција на кров и гронобранска инсталација. Ја посетивме улица 10, реконструкција на улица 10 во должина од 230 метри, вкупна вредност на проектот е еден милион и 300 илјади денари. Исто така имаме и многу други проекти кои што се изградени во општина Зелениково, се работи за два детски забавни паркови и имаме набавка на специјализирано возило за собирање и транспорт на комунален отпад, набавка на нови контејнери. Прв чекор за водоснабдување на село Градовци, а тоа е бушотина и изнаоѓање на вода за водоснабдување на селото, истакна Маневски.

И исто така сакам да го спомнам етно комплексот Градовци, кој заедно со жителите и со граѓаните направивме едно преубаво место за рекреација на жителите од општина Зелениково, а и од околните населени места, додаде тој.

The post Маневски: Во Зелениково се гради, покрај уредување на речното корито, се реконструира и училиште appeared first on Република.

Мицкоски: Зелениково е пример како мала општина може да направи големи работи https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-zelenikovo-e-primer-kako-mala-opshtina-moze-da-napravi-golemi-raboti/ Wed, 09 Nov 2022 13:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=571930

Општина Зелениково и градоначалникот заедно со неговиот тим е исклучително значаен пример како може една мала општина со мали средства да направи големи работи. Градоначалникот ги наброја проектите кои денеска ги посетивме. Изминатава година овде и покрај тоа што се соочува со големи предизвици, енергетска и економска криза, тој сепак успева заедно со неговиот тим најде начин да ги реализира ветувањата дадени за време на кампањата за локалните избори, рече на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на овој крај.

Јас сум навистина исклучително задоволен кога можам да видам дека во Македонија се гради, во општините каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја добија поддршката, се испорачува она што беше ветувано и ги охрабрувам да продолжат и во периодот кој следи на тој начин да испорачуваат пред граѓаните и да го направат животот на граѓаните поквалитетен, затоа што тоа е практично основната улога на еден градоначалник и на една општинска администрација. Да ги направи условите на живот на граѓаните во една општина поквалитетни. Така е и овде во општина Зелениково, Коста е исклучително посветен, тимот е посветен и убеден сум дека се она кое беше ветено предвреме ќе биде реализирано, а со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и нему како и на многу други ќе им биде олеснето функционирањето бидејќи ќе имаат поддршка наместо опструкциите кои денеска ги имаат на дневно ниво, истакна Мицкоски.

Сакам да честитам, само така да продолжат, граѓаните знаат ценат и препознаат и веќе на следните предвремени парламентарни избори ќе го кажат својот суд за тоа што е направено и што не беше направено од страна на владата на СДСМ и ДУИ, додаде тој.

The post Мицкоски: Зелениково е пример како мала општина може да направи големи работи appeared first on Република.

Крај пругата во Зелениково пронајден човечки труп https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kraj-prugata-vo-zelenikovo-pronajden-chovechki-trup/ Wed, 10 Aug 2022 19:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=538828

Кај Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, вчера бил пронајден човечки труп.

Вчера во 9:42 часот во СВР Скопје, Т.Г., вработен во Македонски железници, пријавил дека на еден километар по Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, пронашол човечки труп - се наведува во полицискиот билтен.

По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

The post Крај пругата во Зелениково пронајден човечки труп appeared first on Република.