здружение на оштетени штедачи Archives - Република https://republika.mk/tema/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 08:37:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здружение на оштетени штедачи Archives - Република https://republika.mk/tema/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi/ 32 32 Колкава е душевната болка на Алберт Муслиу за невратен долг кон Еуростандард банка? https://republika.mk/vesti/ekonomija/kolkava-e-dushevnata-bolka-na-albert-musliu-za-nevraten-dolg-kon-eurostandard-banka/ Fri, 02 Dec 2022 08:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=580746

Алберт Муслиу, аналитичарот кој го гледаме многу често на телевизиски дебатни емисии, го тужи Здружението „Правда за штедачи“ за клевета поради изнесените факти дека негова фирма како и фирма на негов близок член од семејството имаат земено кредити од Еуростандард банка во вкупен износ од речиси 800 илјади евра, но немаат вратено ниту денар повеќе од четири години. И поради сето тоа, Алберт Муслиу се здобил со душевна болка и други здравствени проблеми. Се прашуваме каква е таа душевна болка да земеш пари од друг, да не вратиш ништо и со тоа да го оштетиш и да му предизвикаш болка. Или колку боли туѓата болка?

Ова е реакцијата на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка, откако политичарот реши да ги тужи што открија декадека зел кредит кој не го вратил.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/albert-musliu-bara-milion-denari-od-shtedachite-na-eurostandard-zatoa-shto-informirale-deka-zel-kredit-a-ne-go-vratil/

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

На денот на затворањето на Еурoстандард банка, душевна болка и здравствени проблеми претрпеа преку 3.000 депоненти, физички и правни лица. Денот кога дознаа дека паричните средства доверени во банка ги немаат повеќе, допринесе да немаат сон, здравјето им се наруши, стресот им стана секојдневие. Неспокој, немир, главоболки и голема неизвесност. Мноштво последици за нив и нивните најблиски, порачуваат од Здружението на оштетени штедачи.

Нивната единствена вина е што верувале во систем којшто е заштитен со закони, за да ги доверат своите лични парични средства во банкарска институција контролирана од државата. Се разбира, не знаејќи притоа дека внатре во банката со години се одвивал организиран криминал односно грабеж на депозити. И тоа грабеж инициран, организиран и спроведен од раководниот тим на банката, претежно во тесна соработка со сопственици на фирми како приматели на неповратни кредити. Еден од претставниците на раководниот тим на Еуростандард банка е Трифун Костовски во својство на долгогодишен претседател на надзорниот одбор, често присутен со свои колумни и гостувања во емисии во последните две и пол години. Додека Алберт Муслиу е еден од претставниците на сопственици на фирми кои земале кредити од Еуростандард банка за да никогаш не ги вратат.

И сега се прашуваме кој тоа има душевна болка. Дали е тоа Алберт Муслиу чија фирма е должник во Еуростандард банка или пак преку 3.000 доверители, кои очекуваат фирмата на Алберт Муслиу да ги врати стотиците илјади евра кои ги земала како кредит? Или пак можеби Трифун Костовски и неговите блиски колеги од раководството на Еуростандард банка кои масовно и свесно доделувале неповратни кредити со години?

Се прашуваме кој ќе ја надомести реалната душевна болка, претрпениот стрес и непроспиените ноќи на многуте оштетени доверители во Еуростандард банка. Парите кои фирмата на Алберт Муслиу и таквите како него ги земале од Еуростандард банка мора да ги вратат. Додека раководството на Еуростандард банка мора да сноси одговорност за злоупотребите и разните криминални активности кои ја однесоа банката во стечај, за што впрочем се води и истрага неполни две години. А за сето тоа да се случи, и за таквите личности како Алберт Муслиу и за раководните лица од Еуростандард банка, постојат финансиската полиција, обвинителството и судството. Но, нарушеното здравје и последиците на сите оштетени доверители и нивните семејства нема цена. Тоа не може да се плати со пари.

The post Колкава е душевната болка на Алберт Муслиу за невратен долг кон Еуростандард банка? appeared first on Република.

]]>

Алберт Муслиу, аналитичарот кој го гледаме многу често на телевизиски дебатни емисии, го тужи Здружението „Правда за штедачи“ за клевета поради изнесените факти дека негова фирма како и фирма на негов близок член од семејството имаат земено кредити од Еуростандард банка во вкупен износ од речиси 800 илјади евра, но немаат вратено ниту денар повеќе од четири години. И поради сето тоа, Алберт Муслиу се здобил со душевна болка и други здравствени проблеми. Се прашуваме каква е таа душевна болка да земеш пари од друг, да не вратиш ништо и со тоа да го оштетиш и да му предизвикаш болка. Или колку боли туѓата болка? Ова е реакцијата на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка, откако политичарот реши да ги тужи што открија декадека зел кредит кој не го вратил. https://republika.mk/vesti/ekonomija/albert-musliu-bara-milion-denari-od-shtedachite-na-eurostandard-zatoa-shto-informirale-deka-zel-kredit-a-ne-go-vratil/ Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост: На денот на затворањето на Еурoстандард банка, душевна болка и здравствени проблеми претрпеа преку 3.000 депоненти, физички и правни лица. Денот кога дознаа дека паричните средства доверени во банка ги немаат повеќе, допринесе да немаат сон, здравјето им се наруши, стресот им стана секојдневие. Неспокој, немир, главоболки и голема неизвесност. Мноштво последици за нив и нивните најблиски, порачуваат од Здружението на оштетени штедачи. Нивната единствена вина е што верувале во систем којшто е заштитен со закони, за да ги доверат своите лични парични средства во банкарска институција контролирана од државата. Се разбира, не знаејќи притоа дека внатре во банката со години се одвивал организиран криминал односно грабеж на депозити. И тоа грабеж инициран, организиран и спроведен од раководниот тим на банката, претежно во тесна соработка со сопственици на фирми како приматели на неповратни кредити. Еден од претставниците на раководниот тим на Еуростандард банка е Трифун Костовски во својство на долгогодишен претседател на надзорниот одбор, често присутен со свои колумни и гостувања во емисии во последните две и пол години. Додека Алберт Муслиу е еден од претставниците на сопственици на фирми кои земале кредити од Еуростандард банка за да никогаш не ги вратат. И сега се прашуваме кој тоа има душевна болка. Дали е тоа Алберт Муслиу чија фирма е должник во Еуростандард банка или пак преку 3.000 доверители, кои очекуваат фирмата на Алберт Муслиу да ги врати стотиците илјади евра кои ги земала како кредит? Или пак можеби Трифун Костовски и неговите блиски колеги од раководството на Еуростандард банка кои масовно и свесно доделувале неповратни кредити со години? Се прашуваме кој ќе ја надомести реалната душевна болка, претрпениот стрес и непроспиените ноќи на многуте оштетени доверители во Еуростандард банка. Парите кои фирмата на Алберт Муслиу и таквите како него ги земале од Еуростандард банка мора да ги вратат. Додека раководството на Еуростандард банка мора да сноси одговорност за злоупотребите и разните криминални активности кои ја однесоа банката во стечај, за што впрочем се води и истрага неполни две години. А за сето тоа да се случи, и за таквите личности како Алберт Муслиу и за раководните лица од Еуростандард банка, постојат финансиската полиција, обвинителството и судството. Но, нарушеното здравје и последиците на сите оштетени доверители и нивните семејства нема цена. Тоа не може да се плати со пари.

The post Колкава е душевната болка на Алберт Муслиу за невратен долг кон Еуростандард банка? appeared first on Република.

]]>
Генералниот му доделил неповратен милионски кредит на вујко си, а директорот од Кавацарци самиот на себе https://republika.mk/vesti/ekonomija/generalniot-mu-dodelil-nepovraten-milionski-kredit-na-vujko-si-a-direktorot-od-kavacarci-samiot-na-sebe/ Tue, 22 Nov 2022 08:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=576796

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка известува повеќе од две години во континуитет за огромниот криминал што се случувал во Еуростандард банка под будното око на целиот државен апарат, кој пак гласно молчел. Ниту Управата за финансиска полиција увидела криминални дејствија, ниту пак Управата за финансиско разузнавање приметила нешто. Сепак, пари во банката нема!

Народната банка гласно молчела додека поранешниот генерален директор на Еуростандард банка, Николче Петкоски, му доделил неповратен милионски кредит на неговиот вујко преку фирмата АТВ Зеус. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска не успеала да го санкционира ниту директорот на експозитурата на Еуростандард банка во Кавадарци кога тој сам на себе си доделил милионски кредит од нашите депозити.

За овој организиран криминал молчи и обвинителството, иако мнозинскиот сопственик на банката Трифун Костовски, изјавува дека таа била неликвидна многу време пред нејзиното затворање. Тој пак, освен што им поделил откази на неговите долгогодишни колеги неполна година пред затворање на банката и декларативно ги обвинува дека го покрале за милионски износи, не покренува никакви постапки против нив. Додека како претстедател на надзорниот одбор на банката одобрувал кредити со високи суми на правни лица кои немале соодветно обезбедување ниту кредитоспособност за враќање на истите.

Господа и госпоѓи во одела, обвинители, истражители. Од затварањето на Еуростандард банка до сега, Светската здраствена организација прогласи крај на пандемијата, а и војната на европскиот континент некако се движи кон крајот. Од она што е јавно познато, криминалот околу Еуростандард банка ја чини државата преку 100 милиони евра до сега.

Се поставува прашањето, до каде е истрагата за организираниот криминал во Еуростандард банка покрената од обвинителството уште во февруари минатата година? Помина долго време во молк на обвинителството додека законските рокови за нивна одлука се поминати. Кога ќе има одговорност?

Дали со вашето непостапување за разрешување на овој криминал во нашата заедничка држава оставате добар пример за младите? Дали имате доволно средства за вие и вашите деца да почнете живот во друга држава, бидејќи овде со нефункционален правосуден и истражен систем сме доведени до крајот на патот? Системот не функционира и за нас, а утре и за вас. Со вашето непостапување нанесувате непоправлива штета кон општеството, системот и младите.

Оштетени штедачи на Еуростандард банка

The post Генералниот му доделил неповратен милионски кредит на вујко си, а директорот од Кавацарци самиот на себе appeared first on Република.

Дали свесно не се решава случајот со „Еуростандард банка“? https://republika.mk/vesti/ekonomija/dali-svesno-ne-se-reshava-sluchajot-so-eurostandard-banka/ Sat, 12 Nov 2022 10:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=572992

Чувството дека сте покрадени е тешко, но уште потешко е кога гледате како тие што ве покрале се слободни и уживаат со вашите пари, велат од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка, потенцирајќи дека токму таков е случајот со ограбената Еуростандард банка.

Банката пропадна поради организиран и толериран грабеж на депозити со години. Поминаа повеќе од две години од затворањето на банката, а сеуште нема никаква официјална информација за организираниот криминал сторен во истата. Во основа, од тоа што е познато, во Еуростандард банка масовно и свесно се делеле кредити на блиски фирми комитенти на банката без или со мали хипотеки или со обични меници како единствено обезбедување, со намера и план паричните средства да не се вратат. И токму тие нелегални активности, кои значително се зголемиле во последните неколку години пред затворање на банката, се директна причина за нејзиното пропаѓање, велат од Здружението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против четворица раководни лица во Еуростандард банка уште во февруари минатата година. Осомничени се за предизвикување стечај на банката и за перење пари и други приноси од казниво дело. Тешки кривични дела, за кои доколку се докажат од обвинителството, следуваат повеќегодишни затворски казни за одговорните лица.

Но, тоа што зачудува е зошто нема никаков одговор од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција толку долго време. Се работи за организиран криминал од големи размери. Поради тоа се затвори банка со значителен капитал, се предизвика штета од десетици милиони евра кон депонентите во банката, физички и правни лица, а на површина испливаа мноштво индикатори кои посочуваат дека во банката навистина се спроведувале низа криминални активности со години. Доказите се веќе одамна во рацете на обвинителството, но до сега од таму нема никаков одговор. Дали свесно не се решава овој случај за да времето помине со намера да се заборави на сторениот криминал во банката или навистина ќе има одговор од обвинителството во некое скоро време, останува само на времето да покаже. Бидејќи сите досегашни апели упатени до обвинителството да реагира за организираниот криминал во Еуростандард банка се покажаа за залудни, велат оштетените штедачи.

The post Дали свесно не се решава случајот со „Еуростандард банка“? appeared first on Република.

Најголем должник на Еуростандард е Феро центар и само Трифун Костовски можел да го потпише милионскиот заем https://republika.mk/vesti/ekonomija/najgolem-dolznik-na-eurostandard-e-fero-centar-i-samo-trifun-kostovski-mozel-da-go-potpishe-milionskiot-zaem/ Fri, 30 Sep 2022 08:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=555869

Трифун Костовски обвинува дека некои надворешни фактори ја уништиле Еуростандард банка и дека се виновни за организираниот криминал што со години се случувал во неа.

Тоа го вели од позиција на поранешен долгогодишен претседател на надзорниот одбор на банката и најголем акционер во истата. Значи, според Трифун Костовски, сите тие фактори во државата, од Народна банка, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Јавното обвинителство како и Владата со министрите во неа, одобрувале и доделувале ненаплатливи кредити или переле пари во Еуростандард банка и без негово знаење. Или пак, реалноста и вистината се сосема други. Еве еден сликовит пример за тоа што е правено.

Во неколку јавни објави, Трифун Костовски ја истакнува фирмата Прототип, која како клиент во Еуростандард банка била преземена од Комерцијална банка со 2,5 милиони евра ненаплатлив долг. Таква фирма должник не постои во официјалниот извештај на Еуростандард банка, но постои фирмата Феро центар, која пак е тесно поврзана со фирмата Прототип.

Феро центар е најголемата фирма должник во Еуростандард банка во стечај со невратен долг во износ од 2,5 милиони евра. Долгот датира од 2019 година, а фирмата нема платено ниту една рата. Како сопственик и управител на фирмата се води Оливера Спировска Мандевска. Обезбедувањето на кредитот било направено единствено со обична меница.

Во 2019 година, во времето од кога датира овој долг во Еуростандард банка, Феро центар била во екстремно лоша финансиска состојба, несолвентна ниту кредитоспособна за да добие така голем кредит. Според билансите, од 2017 до 2019 година фирмата имала загуби од 500 илјади па се до 4 милиони евра. Во истиот тој период, обврските на фирмата се движеле од 5,5 до 7,7 милиони евра. Задолженоста на фирмата се зголемила од 110 на 450 отсто! Крајниот резултат е стечај на фирмата во февруари 2021 година, а парите од кредитот земен од Еуростандард банка, како што може и да се очекува во ваков случај, се ненаплатливи.

За да Феро центар добие кредит од Еуростандард банка, некој тоа требал да го одобри. Според износот, кредитот морал да биде разгледан и да биде одобрен од надзорниот одбор на Еуростандард банка. Токму Трифун Костовски, како претседател на надзорниот одбор на Еуростандард банка, требало да ја потпише и одобри исплатата на овој милионски кредит.

Без да навлегуваме во причините и побудите за одобрување на милионскиот кредит за фирмата Феро центар, се прашуваме дали сите оние фактори кои Трифун Костовски ги наведува дека се виновни за пропаста на Еуростандард банка се тие кои го потпишале и одобриле ненаплатливиот кредит, или пак таа заслуга му припаѓа токму него, на Трифун Костовски.

Одговорот е јасен. Одговорност за предизвикувањето стечај на Еуростандард банка мора да има.

Оштетени штедачи на Еуростандард банка

The post Најголем должник на Еуростандард е Феро центар и само Трифун Костовски можел да го потпише милионскиот заем appeared first on Република.

]]>

Трифун Костовски обвинува дека некои надворешни фактори ја уништиле Еуростандард банка и дека се виновни за организираниот криминал што со години се случувал во неа.

Тоа го вели од позиција на поранешен долгогодишен претседател на надзорниот одбор на банката и најголем акционер во истата. Значи, според Трифун Костовски, сите тие фактори во државата, од Народна банка, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Јавното обвинителство како и Владата со министрите во неа, одобрувале и доделувале ненаплатливи кредити или переле пари во Еуростандард банка и без негово знаење. Или пак, реалноста и вистината се сосема други. Еве еден сликовит пример за тоа што е правено. Во неколку јавни објави, Трифун Костовски ја истакнува фирмата Прототип, која како клиент во Еуростандард банка била преземена од Комерцијална банка со 2,5 милиони евра ненаплатлив долг. Таква фирма должник не постои во официјалниот извештај на Еуростандард банка, но постои фирмата Феро центар, која пак е тесно поврзана со фирмата Прототип. Феро центар е најголемата фирма должник во Еуростандард банка во стечај со невратен долг во износ од 2,5 милиони евра. Долгот датира од 2019 година, а фирмата нема платено ниту една рата. Како сопственик и управител на фирмата се води Оливера Спировска Мандевска. Обезбедувањето на кредитот било направено единствено со обична меница. Во 2019 година, во времето од кога датира овој долг во Еуростандард банка, Феро центар била во екстремно лоша финансиска состојба, несолвентна ниту кредитоспособна за да добие така голем кредит. Според билансите, од 2017 до 2019 година фирмата имала загуби од 500 илјади па се до 4 милиони евра. Во истиот тој период, обврските на фирмата се движеле од 5,5 до 7,7 милиони евра. Задолженоста на фирмата се зголемила од 110 на 450 отсто! Крајниот резултат е стечај на фирмата во февруари 2021 година, а парите од кредитот земен од Еуростандард банка, како што може и да се очекува во ваков случај, се ненаплатливи. За да Феро центар добие кредит од Еуростандард банка, некој тоа требал да го одобри. Според износот, кредитот морал да биде разгледан и да биде одобрен од надзорниот одбор на Еуростандард банка. Токму Трифун Костовски, како претседател на надзорниот одбор на Еуростандард банка, требало да ја потпише и одобри исплатата на овој милионски кредит. Без да навлегуваме во причините и побудите за одобрување на милионскиот кредит за фирмата Феро центар, се прашуваме дали сите оние фактори кои Трифун Костовски ги наведува дека се виновни за пропаста на Еуростандард банка се тие кои го потпишале и одобриле ненаплатливиот кредит, или пак таа заслуга му припаѓа токму него, на Трифун Костовски. Одговорот е јасен. Одговорност за предизвикувањето стечај на Еуростандард банка мора да има.
Оштетени штедачи на Еуростандард банка

The post Најголем должник на Еуростандард е Феро центар и само Трифун Костовски можел да го потпише милионскиот заем appeared first on Република.

]]>
Дали важат законите за семејната фирма на Алберт Муслиу? https://republika.mk/vesti/ekonomija/dali-vazat-zakonite-za-semejnata-firma-na-albert-musliu/ Tue, 06 Sep 2022 07:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=547840

За организираниот криминал во Еуростандард банка сеуште нема одговорност од никого. И после толку многу наши објави во медиуми, одржани прес конференции и телевизиски дебати, нема никаков одговор од никаде. Останаа неодговорени мноштво прашања, но најважните од нив се добро познати. Кој сè учествувал во грабежот на депозитите од банката, каде отишле парите, кога ќе се вратат истите и конечно, кога ќе одговараат сите тие што учествувале во криминалот?

https://republika.mk/vesti/ekonomija/shtedachite-na-eurostandard-albert-izvini-dolzish-800-000-evra-i-shto-si-do-gusha-vmeshan-vo-pustoshenjeto-na-bankata/

Една од 149 фирми кои имаат нефункционални кредити во Еуростандард банка, односно кредити кои се ненаплатливи или тешко наплатливи, е и фирмата Прагматика ДООЕЛ од Гостивар. Таа фирма е во сопственост на член од најтесното семејство на аналитичарот Алберт Муслиу. Фирмата должи околу 380 илјади евра во Еуростандард банка. Нема платено ништо, ниту еден денар, веќе четири години. Додека Алберт Муслиу се јавува како заложен должник за долгот на оваа фирма во Еуростандард банка.

Фирмата Прагматика имаше намера да гради објект на атрактивна локација во центарот на Гостивар, на имот којшто припаѓаше на Еуростандард банка. Но, во таа намера не успеа. Како сопственост на Еуростандард банка во стечај, имотот беше легално продаден на аукција на друго лице.

Но сега, откако не успеа во таа намера да гради во центарот на Гостивар, истата фирма Прагматика ДООЕЛ почнала да гради голем станбен објект на улица „Владимир Назор“, во близина на Клинички центар во Скопје, а врз основа на добиено одобрение за градење за објект со намена А1 односно домување во станбени куќи. Меѓутоа, според информациите од општина Центар, која што го издала одобрението за градење, уште пред четири месеци констатирале дека објектот е неусогласен со параметрите на постоечкиот Детален урбанистички план и донеле решение за прекин на изградбата. Но, и покрај тоа, Прагматика продолжила да гради надвор од дозволените габарити додека жителите кои живеат во околината на градбата сега ангажирано потпишуваат петиција и се обидуваат да најдат институционален начин да ја запрат Прагматика во тоа што го прави.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-musliu-generalen-konzul-vo-chikago-ispraten-vrz-baza-na-bliski-vrski-so-funkcioneri-na-dui/

Се прашуваме со чии пари гради должникот, фирмата Прагматика ДООЕЛ од Гостивар. Дали се тоа парите кои се земени од депозитите во Еуростандард банка и никогаш не се вратени? Прагматика гради голем станбен објект надвор од дозволените габарити, не почитувајќи решение за прекин на изградбата издадено од општината Центар која е надлежна за тоа. А од друга страна не сака да го плати долгот кон депонентите чии пари се покрадени во организираниот криминал на Еуростандард банка. Се прашуваме и зошто извршителот од Гостивар, на кого му е доделен предметот за извршување на долгот на оваа фирма во Еуростандард банка уште пред повеќе од три години, го чува предметот на Прагматика во фиока и не го извршува.

И конечно, се прашуваме дали за фирмата Прагматика од Гостивар, со која е тесно поврзан и аналитичарот Алберт Муслиу, важат законите во оваа држава или таа може да прави што сака, кога сака и спрема кого сака. Дали важи мотото „законите важат подеднакво за сите“ коешто секој ден го слушаме од владините претставници или во овој случај законите важат за сите, но не важат за фирмата Прагматика од Гостивар и никој ништо не и може?

Здружение на оштетени штедачи на „Еуростандард банка“

The post Дали важат законите за семејната фирма на Алберт Муслиу? appeared first on Република.

]]>

За организираниот криминал во Еуростандард банка сеуште нема одговорност од никого. И после толку многу наши објави во медиуми, одржани прес конференции и телевизиски дебати, нема никаков одговор од никаде. Останаа неодговорени мноштво прашања, но најважните од нив се добро познати. Кој сè учествувал во грабежот на депозитите од банката, каде отишле парите, кога ќе се вратат истите и конечно, кога ќе одговараат сите тие што учествувале во криминалот? https://republika.mk/vesti/ekonomija/shtedachite-na-eurostandard-albert-izvini-dolzish-800-000-evra-i-shto-si-do-gusha-vmeshan-vo-pustoshenjeto-na-bankata/ Една од 149 фирми кои имаат нефункционални кредити во Еуростандард банка, односно кредити кои се ненаплатливи или тешко наплатливи, е и фирмата Прагматика ДООЕЛ од Гостивар. Таа фирма е во сопственост на член од најтесното семејство на аналитичарот Алберт Муслиу. Фирмата должи околу 380 илјади евра во Еуростандард банка. Нема платено ништо, ниту еден денар, веќе четири години. Додека Алберт Муслиу се јавува како заложен должник за долгот на оваа фирма во Еуростандард банка. Фирмата Прагматика имаше намера да гради објект на атрактивна локација во центарот на Гостивар, на имот којшто припаѓаше на Еуростандард банка. Но, во таа намера не успеа. Како сопственост на Еуростандард банка во стечај, имотот беше легално продаден на аукција на друго лице. Но сега, откако не успеа во таа намера да гради во центарот на Гостивар, истата фирма Прагматика ДООЕЛ почнала да гради голем станбен објект на улица „Владимир Назор“, во близина на Клинички центар во Скопје, а врз основа на добиено одобрение за градење за објект со намена А1 односно домување во станбени куќи. Меѓутоа, според информациите од општина Центар, која што го издала одобрението за градење, уште пред четири месеци констатирале дека објектот е неусогласен со параметрите на постоечкиот Детален урбанистички план и донеле решение за прекин на изградбата. Но, и покрај тоа, Прагматика продолжила да гради надвор од дозволените габарити додека жителите кои живеат во околината на градбата сега ангажирано потпишуваат петиција и се обидуваат да најдат институционален начин да ја запрат Прагматика во тоа што го прави. https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-musliu-generalen-konzul-vo-chikago-ispraten-vrz-baza-na-bliski-vrski-so-funkcioneri-na-dui/ Се прашуваме со чии пари гради должникот, фирмата Прагматика ДООЕЛ од Гостивар. Дали се тоа парите кои се земени од депозитите во Еуростандард банка и никогаш не се вратени? Прагматика гради голем станбен објект надвор од дозволените габарити, не почитувајќи решение за прекин на изградбата издадено од општината Центар која е надлежна за тоа. А од друга страна не сака да го плати долгот кон депонентите чии пари се покрадени во организираниот криминал на Еуростандард банка. Се прашуваме и зошто извршителот од Гостивар, на кого му е доделен предметот за извршување на долгот на оваа фирма во Еуростандард банка уште пред повеќе од три години, го чува предметот на Прагматика во фиока и не го извршува. И конечно, се прашуваме дали за фирмата Прагматика од Гостивар, со која е тесно поврзан и аналитичарот Алберт Муслиу, важат законите во оваа држава или таа може да прави што сака, кога сака и спрема кого сака. Дали важи мотото „законите важат подеднакво за сите“ коешто секој ден го слушаме од владините претставници или во овој случај законите важат за сите, но не важат за фирмата Прагматика од Гостивар и никој ништо не и може?

Здружение на оштетени штедачи на „Еуростандард банка“

The post Дали важат законите за семејната фирма на Алберт Муслиу? appeared first on Република.

]]>
Дали вонземјани ја ограбија Еуростандард банка? https://republika.mk/vesti/ekonomija/dali-vonzemjani-ja-ograbija-eurostandard-banka/ Fri, 02 Sep 2022 08:31:24 +0000 https://republika.mk/?p=546657

За пропаѓањето на Еуростандард банка, Трифун Костовски ги обвини Народна банка, менаџментот на Комерцијална банка, јавното обвинителство, Владата и останати државни институции задолжени за истрага и борба против организираниот криминал. Ги обвини дека сите тие се учесници во организираниот криминал којшто денес владее во банкарскиот сектор, а кој безмилосно ја вшмукал и Еуростандард банка која ја имала таа несреќа да отиде во стечај пред две години.

Не занемарувајќи ја улогата и вината на сите евентуални учесници во организираниот криминал во банкарскиот сектор којшто можеби владее и ден денес, останува клучно прашањето кој ја ограби Еуростандард банка. Дали учесниците наведени погоре се оние кои безмилосно потпишувале и со тоа доделувале и одобрувале ненаплатливи кредити во Еуростандард банка на фирми кои не биле кредитоспособни, дали фалсификувале документи или вршеле нереална класификација на ризикот на клиентите во банката? Или пак, тоа можеби го направиле некои вонземјани кои ја посетиле Еуростандард банка и тајно ги собрале парите од депозитите на правните и физички лица депоненти во банката?

Трифун Костовски како да заборава дека, меѓу другото, ѝ јавно призна свесно сторено кривично дело во 2019 година со незаконското префрлање на 3 милиони евра од депозитите на правните и физички лица од Еуростандард банка на сметка во Комерцијална банка, за да служат како обезбедување за кредити доделени на трети лица. Дали Трифун Костовски заборави ѝ дека во изминатиот период јавно сподели повеќе примери на нелегални дејствија кои се случувале внатре во банката, од доделување на неповратни кредити без соодветни гаранции, лажни процени на имоти за да формално служат како гаранции за кредити, раздадени кредити на несолветни фирми со меници како единствено обезбедување и низа други сведоштва за незаконски активности? Сигурно се сеќава дека таков е примерот и со фирмата на вујкото на директорот на банката Николче Петкоски, преку која фирма од Еуростандард банка биле пласирани повеќе од еден милион евра на позадински фирми како краткорочни позајмици во повеќе наврати, за да никогаш не се вратат назад во банката.

Трифун Костовски веројатно заборава и дека кредитите се одобрувале од кредитниот одбор, а одредени кредити, над одреден процент од капиталот на банката, биле предмет на одобрување на надзорниот одбор. Претседател на кредитниот одбор на Еуростандард банка бил неговиот син Коста Костовски, додека претседател на надзорниот одбор бил лично тој, Трифун Костовски.

И сега само мало потсетување за фактичката состојба на Еуростандард банка на денот на нејзиното затворање пред две години. Фактите од официјалниот извештајот за стечајот на пропаднатата банка говорат дека во неа имало нефункционални кредити од 149 фирми чиишто вкупен износ е околу 55 милиони евра или 73 отсто од кредитното портфолио за фирми во банката. Според извештајот, сите овие фирми не платиле ниту една рата од земените кредити, а повеќето од нив должат со години додека обезбедувањето на кредитите односно хипотеките кај најголем број од нив се далеку помали од износите на дадените кредити. Од нив пак, 58 фирми имаат добиено кредити во вкупен износ од 16,8 милиони евра покриени единствено со обични меници, кредити кои денес не можат да се наплатат.

Зошто е ова важно? Бидејќи повеќе од 100 физички лица и околу 2.000 правни лица, заедно со Фондот за осигурување на депозити како најголем доверител, останаа да ги побаруваат своите лични парични средства во стечајната постапка на Еуростандард банка. Тие го прашуваат Трифун Костовски и неговата дружина од Еуростандард банка дали ги препознаваат учесниците во организираниот криминал внатре во банката или тоа се сепак некои вонземјани. На повикот на Трифун Костовски да Здружението престане да функционира бидејќи членовите се обештетени, сакаме да му порачаме дека во целиот внимателно испланиран КРИМИНАЛ, единствен чин кој не бил планиран е дека оштетените ќе се обединат и заедно ќе се борат против криминалците, така да се додека има оштетени кои не се исплатени Здружението ќе постои и секакви повици да истото се расформира се залудни!

Одговорност и враќање на парите мора да има. Одговорот треба да го даде Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, коешто час поскоро се очекува да ја заврши истрагата која ја води повеќе од една и пол година и да ја објави одлуката.

Здружение на оштетени штедачи на „Еуростандард банка“

The post Дали вонземјани ја ограбија Еуростандард банка? appeared first on Република.

Што избегнува да признае Трифун Костовски? https://republika.mk/vesti/ekonomija/shto-izbegnuva-da-priznae-trifun-kostovski/ Sat, 20 Aug 2022 07:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=542224

Реакција на Здружението на оштетени штедачи од „Еуростандард банка“ по најавата на поранешниот сопственик Трифун Костовски дека во понеделник ќе објави извештај од стручни лица за истрагата поврзана со стечајот на банката, во кој, како што кажа со кристално јасни податоци ќе биде евидентиран и обзнаен криминалот кој скоро две децении се практикува во банкарскиот систем на Република Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-najavuva-v-ponedelnik-kje-objavam-frapantni-podatoci-za-golemite-igrachi-vo-bankarskiot-crn-biznis/

Реакцијата на штедачите ви ја пренесуваме во целост:

Во очи на 22 август, „судбоносниот ден” којшто го најавува Трифун Костовски, а гледаме дека и го промовира со платени реклами, би сакале да го поддржиме и охрабриме воедно да конечно излезе со вистината за тоа што е сторено и како е сторено. Редно е сите инволвирани во овој организиран криминал, на еден или на друг начин, да ја дознаат вистината и да се соочат со последиците.

Според неговите најави дека јавноста ќе биде фрапирана од податоците што тој ќе ги објави, би сакале да му порачаме дека нас повеќе ништо не може да не фрапира поврзано со овој случај бидејќи за нас фактите се јасни од поодамна. Нашиот став во врска со овој организиран криминал е јасен, но еве, повторно ќе го споделиме со јавноста.

Имено, мноштво индикатори, изјави, списи, извештаи и материјали упатуваат на едно заедничко за пропаѓањето на Еуростандард банка: масовен организиран криминал. Тоа е симболот за тоа што се случувало во Еуростандард банка со години. Институциите знаеле, знаела и Народна банка. Знаел и раководниот тим на банката, бидејќи од таму бил осмислен, инициран, почнат и се спроведувал организираниот криминал.

Во изминатите две години, Трифун Костовски, преку неговите колумни, не запозна со начините на кои се краделе парите од депозитите во банката со споделување на повеќе примери. Во пресрет на најавуваната објава на извештајот од неговата приватна истрага за пропаѓањето на Еуростандард банка, тој јавно сподели и дека во повеќе банки во земјата се користиле и сеуште се користат приватни трансакциски сметки на правни и физички лица за трансфери на финансиски средства без знаење на сопствениците на истите како и дека се кредитирале и сеуште се кредитираат фирми кои не биле ниту се кредитоспособни преку доделување на позајмици. Токму ваквите девијантни и криминогени појави се практикувале во Еуростандард банка, како што неодамна беше објавено од Трифун Костовски. Таа пракса на масовно одобрување на кредити за измирување на достасани обврски на клиенти, која се случувала преку трансфери на позајмици од еден на друг клиент во банката и потоа парите исчезнувале, е констатирана и како една од главните причини за пропаѓањето на банката.

Едно е заедничко за сите вакви нелегални, криминогени трансакции кои масовно се спроведувале во банката, особено во последните неколку години пред нејзиното затворање. Сите тие трансакции биле одобрени од раководниот тим на банката. Во своите објави и изјави, Трифун Костовски избегнува да признае дека тој и неговиот раководен тим се единствените потписници на одлуките и налозите со кои се одобрувани кредити, трансфери или позајмици кои не можат да се наплатат и поради тоа тие се главните виновници за пропаѓањето на банката.

Во Еуростандард банка не се почитувале интерните политики и процедури за кредитен ризик ниту одлуката за управување со кредитниот ризик и тоа кај масовен дел од кредитното портфолио кај правни лица клиенти во банката. Фактичката состојба на денот на затворање на банката говори дека 73 отсто од кредитното портфолио кај правните лица биле нефункционални кредити. Тоа ниво ни од далеку не може да се спореди со нивото на нефункционални кредити на правни лица во сите банки во земјата коешто изнесува околу 5 отсто. Сам по себе, овој индикатор покажува дека во Еуростандард банка масовно се краделе парите од депозитите преку разни форми на делување, потпишани и одобрени од главните носители на раководниот тим на банката. Трифун Костовски, како долгогодишен претседател на надзорниот одбор на банката, е несомнено еден од нив.

Ваквите криминогени практики доведоа да Еуростандард банка стане несолвентна и се затвори. Одговорност сеуште нема ниту официјално се знае каде завршиле парите од депозитите на правните и физички лица во банката.

Трифун Костовски најави дека во неговата приватна истрага се опфатени и други банки каде ваквите нелегални практики се практикувале и сеуште се практикуваат. Дали е тоа навистина така или не, би требало да утврдат надлежните истражни органи, а со цел и да спречат идни случаи на пропаѓање на банки како што тоа се случи со Еуростандард банка пред две години. Но, тоа не ја намалува ниту отстранува одговорноста на оние кои тоа го правеле во Еуростандард банка, а за кои мора да има одговорност. За тоа постои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, коешто иако има започнато истрага уште во февруари минатата година, сеуште молчи. До кога?

Трифуне, на тебе е редот да конечно излезеш со вистината пред твоите довчерашни депоненти кои токму на твојата банка ги доверија своите лични парични средства, барем толку заслужуваат, нели?! Ако институциите молчат, биди Ти тој што нема да молчи и испочитувај ја твојата парола „човекот пред се”. Биди човек и излези со вистината без оглед колку и да е таа тешка!

The post Што избегнува да признае Трифун Костовски? appeared first on Република.

]]>

Реакција на Здружението на оштетени штедачи од „Еуростандард банка“ по најавата на поранешниот сопственик Трифун Костовски дека во понеделник ќе објави извештај од стручни лица за истрагата поврзана со стечајот на банката, во кој, како што кажа со кристално јасни податоци ќе биде евидентиран и обзнаен криминалот кој скоро две децении се практикува во банкарскиот систем на Република Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-najavuva-v-ponedelnik-kje-objavam-frapantni-podatoci-za-golemite-igrachi-vo-bankarskiot-crn-biznis/ Реакцијата на штедачите ви ја пренесуваме во целост: