закони Archives - Република https://republika.mk/tema/zakoni/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 07:54:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закони Archives - Република https://republika.mk/tema/zakoni/ 32 32 Дебата за пет закони од областа на образованието, МОН со повик до јавноста да учествува во изработка на најквалитетни решенија https://republika.mk/vesti/makedonija/debata-za-pet-zakoni-od-oblasta-na-obrazovanieto-mon-so-povik-do-javnosta-da-uchestvuva-vo-izrabotka-na-najkvalitetni-reshenija/ Fri, 13 Sep 2024 07:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=815881

Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем и на веб страната на МОН објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува во креирањето на најквалитетните решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно – образовниот процес.

Како што соопштија денеска од МОН, станува збор за целосно нови предлог закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации.

Предлог решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.

Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето на поквалитетен образовен систем, се наведува во соопштението од МОН.

Сугестии и предлози за надополнување/измена на законските решенија се доставуваат на електронската адреса [email protected], а можноста е отворена до крајот на септември.

The post Дебата за пет закони од областа на образованието, МОН со повик до јавноста да учествува во изработка на најквалитетни решенија appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем и на веб страната на МОН објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува во креирањето на најквалитетните решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно – образовниот процес. Како што соопштија денеска од МОН, станува збор за целосно нови предлог закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации. Предлог решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.
Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето на поквалитетен образовен систем, се наведува во соопштението од МОН.
Сугестии и предлози за надополнување/измена на законските решенија се доставуваат на електронската адреса [email protected], а можноста е отворена до крајот на септември.  

The post Дебата за пет закони од областа на образованието, МОН со повик до јавноста да учествува во изработка на најквалитетни решенија appeared first on Република.

]]>
Законот мора да важи секаде и за секого, ќе сториме се да ги заштитиме институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-mora-da-vazhi-sekade-i-za-sekogo-ke-storime-se-da-gi-zashtitime-institutsiite/ Sat, 24 Aug 2024 10:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=809668

Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме се да ги заштитиме институциите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се уште стои на ставот што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.

- За дестабилизацијата информациите се такви какви што се. Сите што од голтари станаа милионери и владееја со Македонија изминатите седум години, сите оние кои што дивееја по улиците и тука во главниот град град и ширум целата држава имаат интерес да ја дестабилизираат затоа што тие се највешти и најсилни кога има нестабилност. Но, ние како држава и како Влада ќе се бориме за стабилна држава и стабилни институции, затоа што демократијата подразбира стабилни институции и ние се ќе сториме да ги заштитиме институциите, рече Мицкоски по посетата на ЈП за државни патишта.

Премиерот дополни дека законот мора да важи секаде и за секого. Тука, потенцираше, работиме заедно со нашите партнери и јас сум благодарен за тоа.

-Секој  кој работи во насока на силни и стабилни институции  за мене е родољуб човек кој си ја сака државата за мене е човек кој го охрабрувам и секогаш ќе го поддржувам, рече Мицкоски.

Тој претходно изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава.

-Имаме индиции за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголем дел да манипулираат и она што мене особено ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам и до јавноста и до медиумите  и до граѓаните да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, изјави Мицкоски на 15. месецов.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, пак, по изјавата на Мицкоски, во одовор на новинарско прашање, рече дека не планира да го свика националниот Совет за безбедност во врска со наводите за постоење индиции за дестабилизација на државата.

- Индиции за дестабилизација се едно, закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква. Реков дека нема да го свикам Советот зашто мислам дека во ова време неверем кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со други закани под наводници. Не гледам дека тие закани се реалност во моментов, изјави Сиљановска Давкова, најавувајќи дека може да го свика Советот за  безбедност по неговото доекипирање

The post Законот мора да важи секаде и за секого, ќе сториме се да ги заштитиме институциите appeared first on Република.

]]>

Тие кои имаат интерес да ја дестабилизираат државата се највешти и најсилни кога има нестабилност. Демократијата подразбира стабилни институции и ќе сториме се да ги заштитиме институциите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се уште стои на ставот што го изнесе претходно дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата. - За дестабилизацијата информациите се такви какви што се. Сите што од голтари станаа милионери и владееја со Македонија изминатите седум години, сите оние кои што дивееја по улиците и тука во главниот град град и ширум целата држава имаат интерес да ја дестабилизираат затоа што тие се највешти и најсилни кога има нестабилност. Но, ние како држава и како Влада ќе се бориме за стабилна држава и стабилни институции, затоа што демократијата подразбира стабилни институции и ние се ќе сториме да ги заштитиме институциите, рече Мицкоски по посетата на ЈП за државни патишта. Премиерот дополни дека законот мора да важи секаде и за секого. Тука, потенцираше, работиме заедно со нашите партнери и јас сум благодарен за тоа. -Секој  кој работи во насока на силни и стабилни институции  за мене е родољуб човек кој си ја сака државата за мене е човек кој го охрабрувам и секогаш ќе го поддржувам, рече Мицкоски. Тој претходно изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава. -Имаме индиции за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголем дел да манипулираат и она што мене особено ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам и до јавноста и до медиумите  и до граѓаните да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, изјави Мицкоски на 15. месецов. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, пак, по изјавата на Мицкоски, во одовор на новинарско прашање, рече дека не планира да го свика националниот Совет за безбедност во врска со наводите за постоење индиции за дестабилизација на државата. - Индиции за дестабилизација се едно, закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква. Реков дека нема да го свикам Советот зашто мислам дека во ова време неверем кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со други закани под наводници. Не гледам дека тие закани се реалност во моментов, изјави Сиљановска Давкова, најавувајќи дека може да го свика Советот за  безбедност по неговото доекипирање

The post Законот мора да важи секаде и за секого, ќе сториме се да ги заштитиме институциите appeared first on Република.

]]>
Василевска: Ќе покажеме со дела дека тоа што се ветува се исполнува https://republika.mk/vesti/makedonija/vasilevska-ke-pokazheme-so-dela-deka-toa-shto-se-vetuva-se-ispolnuva/ Mon, 24 Jun 2024 18:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=790434

Клучно е дека повторно државата се враќа на шини и она што беше кажано, ќе се покаже дека ќе има дела, а не зборови. Делата остануваат. Премиерот Христијан Мицкоски, тој ќе се придржува до тоа и кога ветува исполнува и ќе биде поразличен од премиерите изминатиов период, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во Топ Тема на Телма.

Таа истакна дека со СДС и ДУИ народот беше поделен, а тие се опозиција заради криминал, корупција и безредие.

Најголемите пари ги изедоа, се отиде кај нив. Државата е на дното, со 3% доверба во судството, што треба повеќе. Повеќе од 500.000 граѓани живеат со 150 денари, истакна Василевска.

Василевска нагласи дека СДС и ДУИ на штетен начин направија работи кои не требаше да се направат, односно на штета на македонските граѓани, како и на државата.

На многу лош начин направија промени кои не требаше да се направат и затоа денеска државата е на дното. Сега треба да се избориме за правда и за шанса за граѓаните. Борбата со негативната селекција и борбата со позитивната дискриминација ќе бидат теми во 21 век за кое треба да дебатираме за побрзо да одиме кон евроинтеграцискиот пат, рече Василевска.

Василевска потенцираше дека законодавната власт мора да биде одвоена од извршната, што не беше случај досега.

Во Собрание имаме реформски закони особено во образование. Како пратеник и тоа што ја водам собраниската комисија за образование и спорт, ќе се залагам заеднички да се носат законите, како и да се слуша гласот на опозицијата, изјави Василевска.

The post Василевска: Ќе покажеме со дела дека тоа што се ветува се исполнува appeared first on Република.

]]>

Клучно е дека повторно државата се враќа на шини и она што беше кажано, ќе се покаже дека ќе има дела, а не зборови. Делата остануваат. Премиерот Христијан Мицкоски, тој ќе се придржува до тоа и кога ветува исполнува и ќе биде поразличен од премиерите изминатиов период, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во Топ Тема на Телма. Таа истакна дека со СДС и ДУИ народот беше поделен, а тие се опозиција заради криминал, корупција и безредие.
Најголемите пари ги изедоа, се отиде кај нив. Државата е на дното, со 3% доверба во судството, што треба повеќе. Повеќе од 500.000 граѓани живеат со 150 денари, истакна Василевска.
Василевска нагласи дека СДС и ДУИ на штетен начин направија работи кои не требаше да се направат, односно на штета на македонските граѓани, како и на државата.
На многу лош начин направија промени кои не требаше да се направат и затоа денеска државата е на дното. Сега треба да се избориме за правда и за шанса за граѓаните. Борбата со негативната селекција и борбата со позитивната дискриминација ќе бидат теми во 21 век за кое треба да дебатираме за побрзо да одиме кон евроинтеграцискиот пат, рече Василевска.
Василевска потенцираше дека законодавната власт мора да биде одвоена од извршната, што не беше случај досега.
Во Собрание имаме реформски закони особено во образование. Како пратеник и тоа што ја водам собраниската комисија за образование и спорт, ќе се залагам заеднички да се носат законите, како и да се слуша гласот на опозицијата, изјави Василевска.
 
The post Василевска: Ќе покажеме со дела дека тоа што се ветува се исполнува appeared first on Република.

]]>
Им останува покачувањето од 78 проценти: Пратениците ги изгласаа измените на законот за плати https://republika.mk/vesti/ekonomija/im-ostanuva-pokachuvaneto-od-78-protsenti-pratenitsite-gi-izglasaa-izmenite-na-zakonot-za-plati/ Thu, 29 Feb 2024 15:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=749735

Пратениците денеска во рамки на 145. пленарна седница ги донесоа измените на шесте закони со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица.

Со ова, ќе се стопира растот на платите на избраните и именуваните лица, но им останува минатогодишното зголемување од 78 проценти.

Со законските измени се опфатени околу 1 060 избрани и именувани лица како што се претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

Предлог-измените ги поднесе пратеничката група на СДСМ, а вчера на ваквите најави реагираа од Здружението на судии, Судскиот совет и Здружението на јавни обвинители.

За платите на функционерите кои се именувани директно од Владата и не се опфатени со законските промени, се разгледува законска можност за интервенција со владина одлука, а според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тоа може да се направи и од управните и надзорните одбори.

The post Им останува покачувањето од 78 проценти: Пратениците ги изгласаа измените на законот за плати appeared first on Република.

]]>

Пратениците денеска во рамки на 145. пленарна седница ги донесоа измените на шесте закони со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица. Со ова, ќе се стопира растот на платите на избраните и именуваните лица, но им останува минатогодишното зголемување од 78 проценти. Со законските измени се опфатени околу 1 060 избрани и именувани лица како што се претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Предлог-измените ги поднесе пратеничката група на СДСМ, а вчера на ваквите најави реагираа од Здружението на судии, Судскиот совет и Здружението на јавни обвинители. За платите на функционерите кои се именувани директно од Владата и не се опфатени со законските промени, се разгледува законска можност за интервенција со владина одлука, а според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тоа може да се направи и од управните и надзорните одбори.

The post Им останува покачувањето од 78 проценти: Пратениците ги изгласаа измените на законот за плати appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-zakonite-ne-smee-da-se-nosat-po-skratena-postapka-so-evropsko-znamentse-bez-debata-bez-vkluchenost-na-javnosta/ Wed, 31 Jan 2024 12:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=739021

Реформата на јавната администрација во Македонија е критериум за пристапување кон Европската Унија и не смее да биде личен хир на ниту една Влада и на ниту еден Министер, напиша Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација.

Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста.

Законот и според СИГМА извештаите има недостаток во клучни работи, како што е Системот за наградување на перформанси (Performance appraisal system), кој наместо да го развијат го симплифицираат и субјективизираат.
По изборите реформската Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор која ќе резултира со среќни и успешни вработени, ефикасна јавна администрација и квалитетни услуги за граѓаните.

The post Андоновски: Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста appeared first on Република.

Законите за вработени во јавниот сектор и за административни службеници во владина процедура, ќе се носат со европско знаменце https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonite-za-vraboteni-vo-javniot-sektor-i-za-administrativni-sluzhbenitsi-vo-vladina-protsedura-ke-se-nosat-so-evropsko-znamentse/ Wed, 04 Oct 2023 11:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=687814

Во владина постапка се законот за вработени во јавниот сектор и законот за административни службеници кои ќе се носат по скратена постапка и со европско знаменце, а треба да придонесат кон целиот екосистем во јавната администрација во државава, информираше денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Законите се очекува да бидат изгласани на седница на Владата наредниот вторник, по што на прес-конференција ќе бидат презентирани сите детали поврзани со новините во овие закони.

Кај Законот за вработени во јавниот сектор, Алиу нагласи дека има значителни промени и подобрувања во споредба со стариот закон за вработени во јавниот сектор. Меѓу нив позначајни се воведување стриктна процедура при вработувањата да биде избран најдобриот, односно првиот на листата на пријавени кандидати за вработување во јавниот сектор. Али потсетува дека тоа не беше случај со стариот закон каде што имаше можности и вториот, третиот од листа да биде вработен на таа работна позиција. Понатаму, се забранува можноста за вработување на определено време на раководни работни места во цел јавен сектор и се забранува вработување преку Агенција за привремени вработувања.

Исто така, се ограничува можноста за измена на акти за систематизација. Сега веќе со новиот закон актите за систематизација максимум може да се изменат двапати годишно. Со тоа исто така се избегнува злоупотреба на често менување на актите за систематизација. Цениме дека овој закон ќе придонесе кон вкупното подобрување кај вработените во јавниот сектор и е исто така во согласност со ЕУ-директивите и ЕУ-вредностите - подвлекува министерот Алиу.

Во однос на Законот за административни службеници, тој додаде дека исто така има значителни промени за негово подобрување. За балансерот и злоупотребите што се правеа досега, со измените, се забранува менување на профилот на лицата по линија на матичен број и националност во системот за администрација штом еднаш биле внесени. Со тоа, нагласува тој, ќе се избегне промена на националноста во системот за полагање на испити. Втората промена е одвојување на испитот со постапката за вработување. Досега испитот се поврзуваше со огласи и се полагаше тогаш кога има некој оглас. Сега, вели, веќе испитот може да се полага секоја недела во зависност од потребите на граѓанинот. Промена има и во бројот на членови за дисциплинска комисија. Со стариот закон тие беа седум, а сега ќе има само тројца што ќе придонесе кон побрзо решавање на евентуални проблеми во процесот на вработување на административни службеници.

Првпат исто така се утврдуваат политиките за задржување на кадарот на сите административни службеници со цел намалување на одливот којшто го имаме сега на кадар од јавен во приватен сектор. Сега веќе на функционерите им се дава можност тие вработени да можат до 30 проценти да имаат зголемување на плата. Исто така, знаете дека ИПА фондовите и структурите на ЕУ, ИПА-структурите се многу битни особено во овој период за државата. Сега веќе се воведува можноста за до 45 проценти зголемување на додатоци за вработените кои се активни во процесите и ги имплементираат ИПА-процесите. Овие се неколку промени, да кажеме најбитните, но исто така сите закони се усогласени со ЕУ-директивите и процесите коишто ги бара ЕУ од нас - потенцира министерот Алиу.

На прашањето дали очекува да се намали партиското влијание при вработување и да има поефикасна администрација, Алиу е уверен дека со измените на законите ќе се постигне оптимална јавна администрација во однос на бројот и услугите.

Целта на МИОА е да креира закони во коишто ќе ги дефинираме јасно процесите и процедурите. Ние веруваме длабоко дека со јасно дефинирани процеси и процедури ние ќе ги намалиме тие злоупотреби. Идејата е исто така јавната администрација да биде оптимална и од аспект на број, но и од аспект на сервиси коишто ги нуди за граѓаните. Затоа работиме паралелно и со овие законски решенија каде што јас длабоко уверувам дека ќе биде подобрен тој процес, но исто така и во дигитализација на процесите каде што цело време велиме дека ќе бидеме и потранспарентни и дека ќе се намали таа корупција во јавната администрација - оценува Алиу.

Во однос на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, тој нагласи дека се менува членот 101 во 101 а и 101 б, каде што во 101 а се дефинира дека со 0,1 процент од буџетот ќе може да се имплементираат кампањи кои се од интерес за граѓаните. Темите на кампањите не смеат да бидат ниту политички, ниту партиски, туку наменети за комуницирање известување на граѓаните за процесите. Во вториот став се регулира креирањето на Комисијата која ќе одлучува, а ќе биде составена од тројца членови/пратеници од парламентарното мнозинство и тројца членови/ пратеници од опозицијата.

Ние ќе продолжиме да работиме на овој закон бидејќи се уште немаме дефинирано ни портали, ниту печатени медиуми, ниту други процеси. Ние сме во тек и со локални и со надворешни експерти каде што ќе имаме и презентации и ќе имаме многу брзо измени во некои членови од истиот закон се со цел да биде целиот еко-систем во медиумите вклучен, значи да имаме законско решение за сите процеси. Знаете дека денеска имаме неколку начини како комуницираме со граѓаните и тие процеси, тие мултимедијални содржини и канали за комуникација не се воопшто или многу малку се дел од законите од овој закон во моментот.

Средствата предвидени за оваа намена, според законот, ќе бидат распределени 65 проценти на телевизии на национално ниво, 25 проценти на телевизии на регионално и 10 проценти на локално ниво.

The post Законите за вработени во јавниот сектор и за административни службеници во владина процедура, ќе се носат со европско знаменце appeared first on Република.

]]>

Во владина постапка се законот за вработени во јавниот сектор и законот за административни службеници кои ќе се носат по скратена постапка и со европско знаменце, а треба да придонесат кон целиот екосистем во јавната администрација во државава, информираше денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. Законите се очекува да бидат изгласани на седница на Владата наредниот вторник, по што на прес-конференција ќе бидат презентирани сите детали поврзани со новините во овие закони. Кај Законот за вработени во јавниот сектор, Алиу нагласи дека има значителни промени и подобрувања во споредба со стариот закон за вработени во јавниот сектор. Меѓу нив позначајни се воведување стриктна процедура при вработувањата да биде избран најдобриот, односно првиот на листата на пријавени кандидати за вработување во јавниот сектор. Али потсетува дека тоа не беше случај со стариот закон каде што имаше можности и вториот, третиот од листа да биде вработен на таа работна позиција. Понатаму, се забранува можноста за вработување на определено време на раководни работни места во цел јавен сектор и се забранува вработување преку Агенција за привремени вработувања.
Исто така, се ограничува можноста за измена на акти за систематизација. Сега веќе со новиот закон актите за систематизација максимум може да се изменат двапати годишно. Со тоа исто така се избегнува злоупотреба на често менување на актите за систематизација. Цениме дека овој закон ќе придонесе кон вкупното подобрување кај вработените во јавниот сектор и е исто така во согласност со ЕУ-директивите и ЕУ-вредностите - подвлекува министерот Алиу.
Во однос на Законот за административни службеници, тој додаде дека исто така има значителни промени за негово подобрување. За балансерот и злоупотребите што се правеа досега, со измените, се забранува менување на профилот на лицата по линија на матичен број и националност во системот за администрација штом еднаш биле внесени. Со тоа, нагласува тој, ќе се избегне промена на националноста во системот за полагање на испити. Втората промена е одвојување на испитот со постапката за вработување. Досега испитот се поврзуваше со огласи и се полагаше тогаш кога има некој оглас. Сега, вели, веќе испитот може да се полага секоја недела во зависност од потребите на граѓанинот. Промена има и во бројот на членови за дисциплинска комисија. Со стариот закон тие беа седум, а сега ќе има само тројца што ќе придонесе кон побрзо решавање на евентуални проблеми во процесот на вработување на административни службеници.
Првпат исто така се утврдуваат политиките за задржување на кадарот на сите административни службеници со цел намалување на одливот којшто го имаме сега на кадар од јавен во приватен сектор. Сега веќе на функционерите им се дава можност тие вработени да можат до 30 проценти да имаат зголемување на плата. Исто така, знаете дека ИПА фондовите и структурите на ЕУ, ИПА-структурите се многу битни особено во овој период за државата. Сега веќе се воведува можноста за до 45 проценти зголемување на додатоци за вработените кои се активни во процесите и ги имплементираат ИПА-процесите. Овие се неколку промени, да кажеме најбитните, но исто така сите закони се усогласени со ЕУ-директивите и процесите коишто ги бара ЕУ од нас - потенцира министерот Алиу.
На прашањето дали очекува да се намали партиското влијание при вработување и да има поефикасна администрација, Алиу е уверен дека со измените на законите ќе се постигне оптимална јавна администрација во однос на бројот и услугите.
Целта на МИОА е да креира закони во коишто ќе ги дефинираме јасно процесите и процедурите. Ние веруваме длабоко дека со јасно дефинирани процеси и процедури ние ќе ги намалиме тие злоупотреби. Идејата е исто така јавната администрација да биде оптимална и од аспект на број, но и од аспект на сервиси коишто ги нуди за граѓаните. Затоа работиме паралелно и со овие законски решенија каде што јас длабоко уверувам дека ќе биде подобрен тој процес, но исто така и во дигитализација на процесите каде што цело време велиме дека ќе бидеме и потранспарентни и дека ќе се намали таа корупција во јавната администрација - оценува Алиу.
Во однос на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, тој нагласи дека се менува членот 101 во 101 а и 101 б, каде што во 101 а се дефинира дека со 0,1 процент од буџетот ќе може да се имплементираат кампањи кои се од интерес за граѓаните. Темите на кампањите не смеат да бидат ниту политички, ниту партиски, туку наменети за комуницирање известување на граѓаните за процесите. Во вториот став се регулира креирањето на Комисијата која ќе одлучува, а ќе биде составена од тројца членови/пратеници од парламентарното мнозинство и тројца членови/ пратеници од опозицијата. Ние ќе продолжиме да работиме на овој закон бидејќи се уште немаме дефинирано ни портали, ниту печатени медиуми, ниту други процеси. Ние сме во тек и со локални и со надворешни експерти каде што ќе имаме и презентации и ќе имаме многу брзо измени во некои членови од истиот закон се со цел да биде целиот еко-систем во медиумите вклучен, значи да имаме законско решение за сите процеси. Знаете дека денеска имаме неколку начини како комуницираме со граѓаните и тие процеси, тие мултимедијални содржини и канали за комуникација не се воопшто или многу малку се дел од законите од овој закон во моментот. Средствата предвидени за оваа намена, според законот, ќе бидат распределени 65 проценти на телевизии на национално ниво, 25 проценти на телевизии на регионално и 10 проценти на локално ниво.

The post Законите за вработени во јавниот сектор и за административни службеници во владина процедура, ќе се носат со европско знаменце appeared first on Република.

]]>
ЛДП: Да се прекине со остварување на огромни профити на грбот на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-da-se-prekine-so-ostvaruvane-na-ogromni-profiti-na-grbot-na-graganite/ Fri, 21 Jul 2023 11:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=663901

Предлог-закон за платни системи кој го поднесоа пратениците  на Либерално демократксата партија, Левица и ДОМ се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието.

Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните, посочуваат од ЛДП.

Од партијата посочуваат дека овој предлог закон предвидува значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии. На тој начин се намалуваат и месечните издатоци на граѓаните со што се чекори поблиску кон поправедна финансиска иднина за сите.

Секој од нас како пратеник е свесен дека иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит. Кога ќе ги погледнеме неверојатните профитни маржи во банкарскиот сектор, што беше особено очигледно  за време на ковид пандемијата, јасно е дека овие институции тоа го прават и на товар на граѓаните.

Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост. Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон, порачуваат од ЛДП.

The post ЛДП: Да се прекине со остварување на огромни профити на грбот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Предлог-закон за платни системи кој го поднесоа пратениците  на Либерално демократксата партија, Левица и ДОМ се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието.
Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните, посочуваат од ЛДП.
Од партијата посочуваат дека овој предлог закон предвидува значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии. На тој начин се намалуваат и месечните издатоци на граѓаните со што се чекори поблиску кон поправедна финансиска иднина за сите.
Секој од нас како пратеник е свесен дека иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит. Кога ќе ги погледнеме неверојатните профитни маржи во банкарскиот сектор, што беше особено очигледно  за време на ковид пандемијата, јасно е дека овие институции тоа го прават и на товар на граѓаните. Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост. Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон, порачуваат од ЛДП.

The post ЛДП: Да се прекине со остварување на огромни профити на грбот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Бакраческа: Договорите треба да се во согласност со законот а не обратно, власта поднесува измени под превез на европското знаменце со кои го загрозува евроинтегративниот процес на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/bakracheska-dogovorite-treba-da-se-vo-soglasnost-so-zakonot-a-ne-obratno-vlasta-podnesuva-izmeni-pod-prevez-na-evropskoto-znamentse-so-koi-go-zagrozuva-evrointegrativniot-protses-na-makedonija/ Fri, 19 May 2023 14:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=642730

Повторна злоупотреба на европското знаменце и ова стана секојдневна пракса. Оваа власт покажа кршење на законите, непочитување на правото и склучува договори спротивни на законската регулатива.  Така да и овој договор со Бехтел и Енка е склучен врз основа на непостоечки законски одредби, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.

Таа појасни дека договорите треба да се во согласност со законот а не обратно.

- Со предвидените измени во законот, се предвидува да се започне со урбанистички проект, наместо планска документација и ова е недозволиво. Ваквото законско решение за урбанистичко планирање е спротивно на законските и уставните норми. Законите  не смее да се менуваат заради одреден проект, рече Бакраческа.

Додаде и дека комората на овластени архитекти и инженери искажаа став дека процесите за урбанистичко планирање, проектирање, возобновување и изградба не смее да отстапуваат од пропишаните прописи и не смеат да бидат тие заобиколени

- Тие ја искажа загриженоста дека власта носи закони под превезот на европското знаменце, спротивни на европските вредности. Правниците исто така изразија загриженост за степенот на усогласеност на македонското и европското законодавство. Се нанесува штета на евроинтеграцискиот процес на Македонија, изјави Бакраческа.

Потенцираше дека негативностите ќе бидат нотирани во следниот извештај на ЕК бидејќи вакви закони се носат по скратена постапка.

- Со законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ се овозможува при изградба на коридорите да бидат легализирани и обесштетени дивоградби кои сега ќе бидат изградени. Нелегалните објекти ќе вредат исто колку и законски изградени објекти. Тоа значи дека во наредниот период може да никнат многу дивоградби, рече Бакраческа.

The post Бакраческа: Договорите треба да се во согласност со законот а не обратно, власта поднесува измени под превез на европското знаменце со кои го загрозува евроинтегративниот процес на Македонија appeared first on Република.

Здравковски: Во законот за урбанистичко планирање се прикриени оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство https://republika.mk/vesti/ekonomija/zdravkovski-vo-zakonot-za-urbanistichko-planirane-se-prikrieni-onie-zakoni-koi-bea-povlecheni-za-shumite-zemjodelskoto-zemjishte-i-kulturnoto-nasledstvo/ Fri, 19 May 2023 14:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=642727

Прв пат се фати за некаква работа Благој Бочварски и одма и утна. Она што се случува и што ќе се случува наредно е дека Бочварски ни на Артан Груби нема да му треба бидејќи Груби си ја зацрта својата работа и си ја реализираше преку неговиот потпис, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека во овој закон за урбанистичко планирање се прикриени и оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство.

„Начинот на кој Благој Бочварски и Артан Груби сакаат да го протуркаат овој закон беше со наоѓањето на врвни експерти од делот на урбанизмот кој се нафатија да се потпишат на некој закон со кој се суспендира целата постапка за изградба или се суспендира она што важи законска регулатива за сите останати субјекти во Република Македонија“, рече Здравковски.

Здравковски е дециден дека злоупотребата на европското знаменце е нотирано многу пати од страна на европската комисија и власта не смееше ни да помисли да го направи тоа со европското знаменце.

„Од комората на овластени инженери и архитекти даваат препорака дека со кратењето на постапки истите стануваат нетранспарентни, а со преиначувањето на постапките се нарушува професионалниот пристап во планерскиот и инженерскиот дел“, кажа Здравковски.

The post Здравковски: Во законот за урбанистичко планирање се прикриени оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство appeared first on Република.

]]>

Прв пат се фати за некаква работа Благој Бочварски и одма и утна. Она што се случува и што ќе се случува наредно е дека Бочварски ни на Артан Груби нема да му треба бидејќи Груби си ја зацрта својата работа и си ја реализираше преку неговиот потпис, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски на денешната собраниска седница.
Тој посочи дека во овој закон за урбанистичко планирање се прикриени и оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство. „Начинот на кој Благој Бочварски и Артан Груби сакаат да го протуркаат овој закон беше со наоѓањето на врвни експерти од делот на урбанизмот кој се нафатија да се потпишат на некој закон со кој се суспендира целата постапка за изградба или се суспендира она што важи законска регулатива за сите останати субјекти во Република Македонија“, рече Здравковски. Здравковски е дециден дека злоупотребата на европското знаменце е нотирано многу пати од страна на европската комисија и власта не смееше ни да помисли да го направи тоа со европското знаменце. „Од комората на овластени инженери и архитекти даваат препорака дека со кратењето на постапки истите стануваат нетранспарентни, а со преиначувањето на постапките се нарушува професионалниот пристап во планерскиот и инженерскиот дел“, кажа Здравковски.

The post Здравковски: Во законот за урбанистичко планирање се прикриени оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство appeared first on Република.

]]>
Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето https://republika.mk/vesti/gir-mnogu-chesto-se-upotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-za-koi-ne-e-nameneto/ Thu, 11 May 2023 11:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=639705

Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир.

Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива.

-Се разбира ние имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и се разбира дека секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова прашање и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат, изјави Гир.

The post Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето appeared first on Република.

]]>

Причината поради која го покренав прашањето за употребата на европското знаменце, е токму поради тоа што тоа многу често се употребува за усвојување на некои закони, додека се знае дека употребата на европското знаменце секогаш се употребува преку усвојување на закон којшто е значи директно поврзан со европските практики и европското законодавство, порача амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир. Тој на денешната промоција на проектите на 45 граѓански организации, имплементирани во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2, посочи дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива. -Се разбира ние имаме редовни контакти со Владата во врска со ова прашање, меѓутоа и со ред други прашања и се разбира дека секогаш сме подготвени да ја сослушаме Владата што има да каже во врска со ова прашање и со други прашања што не засегаат сите нас. И што се однесува до самата опозиција ние сме во редовен дијалог и со неа за прашањата што тие ги покренуваат, изјави Гир.

The post Гир: Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето appeared first on Република.

]]>
ССМ до Гир: Да не се злоупотребува европското знаменце за закони со кои се силуваат работничките права! https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-do-gir-da-ne-se-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-za-zakoni-so-koi-se-siluvaat-rabotnichkite-prava/ Tue, 09 May 2023 14:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=638896

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и гранскиот Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање во писмо упатено до евроамбасадорот Дејвид Гир бараат да биде упатена јасна порака до Владата и пратениците да не се злоупотребува европското знаменце за закони со кои, како што велат, се силуваат работничките права.

Поединци во Владата и неколку пратеници прават обид со злоупотреба на европското знаменце при носењето на законите, со европско знаменце да ја силуваат демократијата и да ги силуваат работничките и човековите права, а потоа изговор да им биде дека Европската унија тоа го барала од Владата која со ваквиот потег воведува работно време како пред 137 години со кое овозможува работниците нечовечки да бидат експлоатирани во траење од 72 часа во текот на една недела што е преседан и во светски размери и директен атак врз здравјето и безбедноста на работниците, се вели во писмото.

Со оваа одлука, оценува ССМ, Владата се однесува како неевропска и не води грижа за животот и здравјето на работниците туку ги гледа своите интереси и интересите на нејзините стратешки партнери, жртвувајќи ги работниците и нивните семејства.

Оттаму упатуваат јасна порака до Владата и пратениците дека не смее да се злоупотребува европското знаме и европските принципи и стандарди, за воведување на неевропски вредности, неевропски принципи и неевропски стандарди во европска Држава како што е Македонија која во наредниот период сака да стане членка во Европската унија.

Од ССМ укажуваат дека не биле консултирани ниту при носењето на основниот Закон за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите.

Пакетот закони што се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10д со европско знаменце се ставени на дневен ред на утрешната собраниска седница.

The post ССМ до Гир: Да не се злоупотребува европското знаменце за закони со кои се силуваат работничките права! appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и гранскиот Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање во писмо упатено до евроамбасадорот Дејвид Гир бараат да биде упатена јасна порака до Владата и пратениците да не се злоупотребува европското знаменце за закони со кои, како што велат, се силуваат работничките права. Поединци во Владата и неколку пратеници прават обид со злоупотреба на европското знаменце при носењето на законите, со европско знаменце да ја силуваат демократијата и да ги силуваат работничките и човековите права, а потоа изговор да им биде дека Европската унија тоа го барала од Владата која со ваквиот потег воведува работно време како пред 137 години со кое овозможува работниците нечовечки да бидат експлоатирани во траење од 72 часа во текот на една недела што е преседан и во светски размери и директен атак врз здравјето и безбедноста на работниците, се вели во писмото. Со оваа одлука, оценува ССМ, Владата се однесува како неевропска и не води грижа за животот и здравјето на работниците туку ги гледа своите интереси и интересите на нејзините стратешки партнери, жртвувајќи ги работниците и нивните семејства. Оттаму упатуваат јасна порака до Владата и пратениците дека не смее да се злоупотребува европското знаме и европските принципи и стандарди, за воведување на неевропски вредности, неевропски принципи и неевропски стандарди во европска Држава како што е Македонија која во наредниот период сака да стане членка во Европската унија. Од ССМ укажуваат дека не биле консултирани ниту при носењето на основниот Закон за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите. Пакетот закони што се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10д со европско знаменце се ставени на дневен ред на утрешната собраниска седница.

The post ССМ до Гир: Да не се злоупотребува европското знаменце за закони со кои се силуваат работничките права! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Владините закони стигнаа во Собранието со европско знаменце https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladinite-zakoni-stignaa-vo-sobranieto-so-evropsko-znamentse/ Mon, 08 May 2023 12:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=638385

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во изјава информира дека предлог-законите за изградба на делови од Коридорите 8 и 10Д веќе пристигнале во Собранието со европско знаменце.

Јавноста будно да следи во периодот што следи бидејќи имаме отсуство на јавна дебата поврзана со овие големи инфраструктурни и капитални проекти. Ќе мораме на ваков начин јавно да дебатираме. Добивме информација дека веќе законите се во Парламент и јас денеска нема да го коментирам туку ќе оставам од Канцеларијата на Европската комисија тоа во текот на денот да биде искоментирано. Ако не се случи, од утре ќе отвориме јавна дебата по тоа прашање, затоа што верзиите кои што ги видовме во делот 5, во овие предлози е празен. Ги повикувам амбасадите на земјите од ЕУ да се произнесат за ова што денеска го направи Владата, кажа Мицкоски како одговор на новинарско прашање.

The post Мицкоски: Владините закони стигнаа во Собранието со европско знаменце appeared first on Република.

Законите за „Бехтел и Енка“ одат со европско знаменце https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonite-za-behtel-i-enka-odat-so-evropsko-znamentse/ Fri, 05 May 2023 10:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=637249

Владата на денешната седница донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме. Како што соопшти првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите.

Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде побрза и поевтина или побавна и поскапа.

Тој воедно ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија зашто со тоа, рече, се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда.

Наместо проектот да чини скоро 1,5 милијарди евра со сегашното домашно законодавство, актуелно, има можност да чини 1,3 милијарди евра со поефикасен систем не само за овој проект на изградба на коридорите 8 и 10 д, туку за сите идни национални стратешки проекти. За да се реализира тоа беа поднесени осум предлог-закони кои опозицијата ги блокира со што стави во заложништво и две години од животот на граѓаните. Замоливме да се доуредат овие закони, а нив не ги бараат ниту „Бехтел“, ниту Енка, ниту двете заедно, туку ги бараме ние како институции, Владата, пратениците, јавните претпријатија и индустријата, за поефикасен систем на градење. Увидувајќи ја очигледната бпокада и заложништвото на законите од опозицијата и имајќи ги предвид интересите на граѓаните, Владата денеска усвои пет предог-закони кои ќе ги достави до пратениците. Со оглед дека ЕУ го додаде на мапата коридори и Коридорот 8 и со оглед на неговото геостратешко значење, заедно со коридорот 10д, како и поради тоа што долго во јавноста се води дебата, одлучивме законите да се предложат со европско знаме. Пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата за над 150 милиони евра и да не ги загрозуваат националните стратегиски проекти поради политичка агенда - истакна Груби.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека веќе нема време за калкулации кои патишта ни се повеќе потреби, но едно е јасно: или ќе бидеме крстосница и главна европска рута на Балканот или ќе останеме обиколница.

На прес-конференцијата во Владата се и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министрите за финансии, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благој Бочварски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, како и заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин. Присутна е и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска.

Груби информира дека владината седница почнала со изразување едноминутно молчење за загинатите во двата немили настана во Србија, како и дека сите домашни ресорни министерства известиле за нивните тековни напори да не се случи такво нешто во земјава.

The post Законите за „Бехтел и Енка“ одат со европско знаменце appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме. Како што соопшти првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите. Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде побрза и поевтина или побавна и поскапа. Тој воедно ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија зашто со тоа, рече, се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда.
Наместо проектот да чини скоро 1,5 милијарди евра со сегашното домашно законодавство, актуелно, има можност да чини 1,3 милијарди евра со поефикасен систем не само за овој проект на изградба на коридорите 8 и 10 д, туку за сите идни национални стратешки проекти. За да се реализира тоа беа поднесени осум предлог-закони кои опозицијата ги блокира со што стави во заложништво и две години од животот на граѓаните. Замоливме да се доуредат овие закони, а нив не ги бараат ниту „Бехтел“, ниту Енка, ниту двете заедно, туку ги бараме ние како институции, Владата, пратениците, јавните претпријатија и индустријата, за поефикасен систем на градење. Увидувајќи ја очигледната бпокада и заложништвото на законите од опозицијата и имајќи ги предвид интересите на граѓаните, Владата денеска усвои пет предог-закони кои ќе ги достави до пратениците. Со оглед дека ЕУ го додаде на мапата коридори и Коридорот 8 и со оглед на неговото геостратешко значење, заедно со коридорот 10д, како и поради тоа што долго во јавноста се води дебата, одлучивме законите да се предложат со европско знаме. Пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата за над 150 милиони евра и да не ги загрозуваат националните стратегиски проекти поради политичка агенда - истакна Груби.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека веќе нема време за калкулации кои патишта ни се повеќе потреби, но едно е јасно: или ќе бидеме крстосница и главна европска рута на Балканот или ќе останеме обиколница. На прес-конференцијата во Владата се и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министрите за финансии, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благој Бочварски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, како и заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин. Присутна е и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска. Груби информира дека владината седница почнала со изразување едноминутно молчење за загинатите во двата немили настана во Србија, како и дека сите домашни ресорни министерства известиле за нивните тековни напори да не се случи такво нешто во земјава.

The post Законите за „Бехтел и Енка“ одат со европско знаменце appeared first on Република.

]]>
ДКСК: Широка јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д и да не се носат по скратена постапка https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-shiroka-javna-rasprava-za-devette-predlog-izmeni-na-zakoni-povrzani-so-koridorite-8-i-10d-i-da-ne-se-nosat-po-skratena-postapka/ Mon, 10 Apr 2023 13:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=629498

Неопходна е поширока јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д, со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, од корупцијата, како и од законски решенија, чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми и затоа тие не треба да се носат по скратена постапка, смета Државната комисија за спречување на корупцијата.

ДКСК смета за потребно да укаже дека во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, во секторот Политички систем, како еден од приоритетните проблеми кои треба да се адресираат е утврдено носењето на голем број на закони во скратена постапка без соодветно образложение за оправданост за овој вид постапка. Од тие причини, во Националната стратегија нагласено е дека е од суштинска важност да се обезбеди рационално користење на инструментот за носење на закони по скратена постапка во Собранието и подигнување на квалитетот на процесот на носење на законите преку подетално уредување на процената на влијанието на регулативата, велат од ДКСК.

Оттаму укажуваат дека треба да се преиспита најавеното донесување на законите во скратена постапка од причина што, како што велат, со тоа се рушат основните постулати на правната држава, се зголемуваат ризиците од корупција и не се остава простор за јавна расправа, а пред сè не се остава простор за произнесување на стручната јавност за содржината на законските одредби.

Со предложените измени на законите кои треба да се донесат во скратена постапка се задира во повеќе области меѓу кои и работничките права, правото на сопственост, заштитата на животната средина и други. Оттаму, неопходна е поширока јавна расправа со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, ризиците од корупцијата, како и ризиците од законски решенија чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми, велат од ДКСК.

The post ДКСК: Широка јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д и да не се носат по скратена постапка appeared first on Република.

]]>

Неопходна е поширока јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д, со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, од корупцијата, како и од законски решенија, чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми и затоа тие не треба да се носат по скратена постапка, смета Државната комисија за спречување на корупцијата. ДКСК смета за потребно да укаже дека во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, во секторот Политички систем, како еден од приоритетните проблеми кои треба да се адресираат е утврдено носењето на голем број на закони во скратена постапка без соодветно образложение за оправданост за овој вид постапка. Од тие причини, во Националната стратегија нагласено е дека е од суштинска важност да се обезбеди рационално користење на инструментот за носење на закони по скратена постапка во Собранието и подигнување на квалитетот на процесот на носење на законите преку подетално уредување на процената на влијанието на регулативата, велат од ДКСК. Оттаму укажуваат дека треба да се преиспита најавеното донесување на законите во скратена постапка од причина што, како што велат, со тоа се рушат основните постулати на правната држава, се зголемуваат ризиците од корупција и не се остава простор за јавна расправа, а пред сè не се остава простор за произнесување на стручната јавност за содржината на законските одредби. Со предложените измени на законите кои треба да се донесат во скратена постапка се задира во повеќе области меѓу кои и работничките права, правото на сопственост, заштитата на животната средина и други. Оттаму, неопходна е поширока јавна расправа со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, ризиците од корупцијата, како и ризиците од законски решенија чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми, велат од ДКСК.

The post ДКСК: Широка јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д и да не се носат по скратена постапка appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе види, па ќе каже дали ќе го потпише указот за законите за автопатските делници https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ke-vidi-pa-ke-kazhe-dali-ke-go-potpishe-ukazot-za-zakonite-za-avtopatskite-delnitsi/ Mon, 10 Apr 2023 11:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=629433

Кога ќе ја видиме конечната верзија на сетот закони за автопатските делници ќе можеме да знаеме за секој од нив каков ќе биде ставот во однос на потпишување на указот, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на прашање дали ќе го потпише указот доколку помине законот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 Д.

Пендаровски истакна дека не може од сега да се знае во каква конечна верзија ќе бидат тие законски решенија, затоа што, како што посочи, можат да бидат изменети со амандмани.

Да ја почекаме дебатата, да ја видиме конечната содржина на тие закони, мојот тим на правници и во Кабинетот и надвор од него се веќе ангажирани во следење на дебатата и на тоа што ќе излезе како конечен продукт. Во однос на процедурата мислам дека иако одат по скратена постапка, не се со европско знаменце и ќе има доволно време и за опозицијата да поднесе амандмани, да се вклучи во дебатата и да имаме аргументирана расправа како што доликува за овој важен сет закони - рече Пендаровски.

Во однос на реакциите на експерти и граѓански организации, Пендаровски посочи дека тие реагираат во оваа фаза, а станува збор за предлози на закони.

Реагираат во оваа фаза, но станува збор за предлози на закони, влегуваат во Собранието и опозицијата и власта може да предложат амандмани. Важно е претседателот ја гледа конечната верзија на законот и само од тоа зависи. Ако ги повредуваат правата на граѓаните ако завлегуваат во правата на трети лица итн. се разбира дека дел, или барем дел од тие закони нема да поминат, но да ги видиме во конечна верзија - нагласи Пендаровски.

Измените и дополнувањата на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство.

The post Пендаровски ќе види, па ќе каже дали ќе го потпише указот за законите за автопатските делници appeared first on Република.

]]>

Кога ќе ја видиме конечната верзија на сетот закони за автопатските делници ќе можеме да знаеме за секој од нив каков ќе биде ставот во однос на потпишување на указот, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на прашање дали ќе го потпише указот доколку помине законот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 Д. Пендаровски истакна дека не може од сега да се знае во каква конечна верзија ќе бидат тие законски решенија, затоа што, како што посочи, можат да бидат изменети со амандмани.
Да ја почекаме дебатата, да ја видиме конечната содржина на тие закони, мојот тим на правници и во Кабинетот и надвор од него се веќе ангажирани во следење на дебатата и на тоа што ќе излезе како конечен продукт. Во однос на процедурата мислам дека иако одат по скратена постапка, не се со европско знаменце и ќе има доволно време и за опозицијата да поднесе амандмани, да се вклучи во дебатата и да имаме аргументирана расправа како што доликува за овој важен сет закони - рече Пендаровски.
Во однос на реакциите на експерти и граѓански организации, Пендаровски посочи дека тие реагираат во оваа фаза, а станува збор за предлози на закони.
Реагираат во оваа фаза, но станува збор за предлози на закони, влегуваат во Собранието и опозицијата и власта може да предложат амандмани. Важно е претседателот ја гледа конечната верзија на законот и само од тоа зависи. Ако ги повредуваат правата на граѓаните ако завлегуваат во правата на трети лица итн. се разбира дека дел, или барем дел од тие закони нема да поминат, но да ги видиме во конечна верзија - нагласи Пендаровски.
Измените и дополнувањата на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство.

The post Пендаровски ќе види, па ќе каже дали ќе го потпише указот за законите за автопатските делници appeared first on Република.

]]>
Гир: Европското знаменце не треба да се злоупотребува https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-evropskoto-znamentse-ne-treba-da-se-zloupotrebuva/ Fri, 10 Feb 2023 13:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=607426

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир смета дека европското знаменце треба да се употребува само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се користи за да се избегне јавната дебата при носењето на важни закони.

Нема да коментирам поединечен закон, но сакам да го потенцирам генералниот принцип, што е од особена важност, дека скратената процедура во Собранието треба да се користи само кога се работи за специфични закони коишто се поврзани со европското законодавство. Европското знаменце треба да се употреби само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди. Причината поради која е дозволена употребата на европското знаменце при носењето на законите е за забрзување на реформите што се потребни за приближување кон европското законодавство. Во никој случај тоа не треба да се користи за да се намали дискусијата за важни закони што се во прашање - истакна амбасадорот Гир во одговор на барањето упатено до него од Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) за коментар во врска со носењето на Законот за игри на среќа.

Од АСОМ, вчера, упатија повик до евроамбасадорот Гир за соодветна реакција, оценувајќи дека Владата прави злоупотреба на европското знаменце и без јавна дебата сака да го донесе новиот Закон за игри на среќа, со кој голем број вработени во оваа дејност ќе останат без работа.

The post Гир: Европското знаменце не треба да се злоупотребува appeared first on Република.

Струјата да не поскапи, целосен поврат на ДДВ за викенд и студентски оброк од 160 денари, предлага ВМРО ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/strujata-da-ne-poskapi-celosen-povrat-na-ddv-za-vikend-i-studentski-obrok-od-160-denari-predlaga-vmro-dpmne/ Fri, 09 Dec 2022 12:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=583688

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија” поднесе повеќе закони во текот на оваа недела кои се во интерес на граѓаните.

Со првиот закон бараме Владата да се откаже од идејата сметките за струја да се покачат за 5% од Нова година, односно за речиси 13% од 1 јули 2023та година. ДДВ за електричната енергија за домаќинства да продолжи да биде 5% во текот на целата идна година, а власта нека намали со купувањето струја од сомнителни фирми, нека се справи со криминалот и корупцијата која извира од АД ЕСМ и ќе може граѓаните и во иднина да плаќаат иста цена на струја која и онака е висока. Домаќинствата секој месец преку сметките за струја го плаќаат криминалот, корупцијата и неспособноста на Димитар Ковачевски, Крешник Бектеши и Васко Ковачевски, велат од партијата.

„Вториот закон се однесува на мерката Викенд без ДДВ. Предвидуваме секој викенд додека трае кризната состојба, а тоа е 30-ти април 2023та година, за купените прехранбени производи граѓаните да добијат целосен поврат на платениот ДДВ. Државата прибира огромни средства по основ на зголемени цени, ред е да им помогне на граѓаните. Не бараме премногу, само данокот за храната да го вратат кај граѓаните. Само шака луѓе од Влада ќе купуваат ајкули, делфини и китови, сите останати ќе купуваме леб, зејтин, млечни и сувомеснати производи итн.“, се додава.

„Со третиот закон бараме износот на субвенција за студентскиот оброк да се зголеми од 120 на 160 денари. Инфлацијата кај храната е 30% и повеќе од неопходно е да се зголеми овој износ. Загрижувачка е веста дека само оваа академска година 800 студенти од Македонија се запишале на Универзитетот во Љубљана. Неквалитетното високо образование и катастрофалниот студентски стандард се причините за ваквите одлуки на студентите. Човек да помисли дека власта намерно го уништува високото образование за младите да се мотивирани да се иселуваат“.

Ја повикуваме власта и мнозинството да ги прифатат овие предлог закони без дополнителни игри и одлагања. Крајно време е граѓаните да бидат приоритет на власта, наместо криминалот, корупцијата и расипништвото, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Струјата да не поскапи, целосен поврат на ДДВ за викенд и студентски оброк од 160 денари, предлага ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија” поднесе повеќе закони во текот на оваа недела кои се во интерес на граѓаните.
Со првиот закон бараме Владата да се откаже од идејата сметките за струја да се покачат за 5% од Нова година, односно за речиси 13% од 1 јули 2023та година. ДДВ за електричната енергија за домаќинства да продолжи да биде 5% во текот на целата идна година, а власта нека намали со купувањето струја од сомнителни фирми, нека се справи со криминалот и корупцијата која извира од АД ЕСМ и ќе може граѓаните и во иднина да плаќаат иста цена на струја која и онака е висока. Домаќинствата секој месец преку сметките за струја го плаќаат криминалот, корупцијата и неспособноста на Димитар Ковачевски, Крешник Бектеши и Васко Ковачевски, велат од партијата.
„Вториот закон се однесува на мерката Викенд без ДДВ. Предвидуваме секој викенд додека трае кризната состојба, а тоа е 30-ти април 2023та година, за купените прехранбени производи граѓаните да добијат целосен поврат на платениот ДДВ. Државата прибира огромни средства по основ на зголемени цени, ред е да им помогне на граѓаните. Не бараме премногу, само данокот за храната да го вратат кај граѓаните. Само шака луѓе од Влада ќе купуваат ајкули, делфини и китови, сите останати ќе купуваме леб, зејтин, млечни и сувомеснати производи итн.“, се додава. „Со третиот закон бараме износот на субвенција за студентскиот оброк да се зголеми од 120 на 160 денари. Инфлацијата кај храната е 30% и повеќе од неопходно е да се зголеми овој износ. Загрижувачка е веста дека само оваа академска година 800 студенти од Македонија се запишале на Универзитетот во Љубљана. Неквалитетното високо образование и катастрофалниот студентски стандард се причините за ваквите одлуки на студентите. Човек да помисли дека власта намерно го уништува високото образование за младите да се мотивирани да се иселуваат“.
Ја повикуваме власта и мнозинството да ги прифатат овие предлог закони без дополнителни игри и одлагања. Крајно време е граѓаните да бидат приоритет на власта, наместо криминалот, корупцијата и расипништвото, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post Струјата да не поскапи, целосен поврат на ДДВ за викенд и студентски оброк од 160 денари, предлага ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Путин ги потпиша законите за анексија на терториите од Украина https://republika.mk/vesti/svet/putin-gi-potpisha-zakonite-za-aneksija-na-tertoriite-od-ukraina/ Wed, 05 Oct 2022 09:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=557525

Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша федералните закони за ратификување на „договорите за прием во Руската Федерација“ на самопрогласените ДПР и ЛПР, како и на окупираните региони Херсон и Запорожје во Украина.

Путин, исто така, потпиша федерални уставни закони за „прием во Руската Федерација“ на четири нови субјекти.

Претседателот, исто така, потпиша декрети за назначување на нови руски региони како привремени. Денис Пушилин беше назначен на оваа позиција во ДПР, Леонид Пасечник во ЛПР, Владимир Салдо во регионот Керсон и Евгениј Балицки во регионот Запорожје.

Државната дума ги усвои законите за анексија на 3 октомври, Советот на Федерацијата ги одобри следниот ден. Сето ова беше направено едногласно.

The post Путин ги потпиша законите за анексија на терториите од Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша федералните закони за ратификување на „договорите за прием во Руската Федерација“ на самопрогласените ДПР и ЛПР, како и на окупираните региони Херсон и Запорожје во Украина. Путин, исто така, потпиша федерални уставни закони за „прием во Руската Федерација“ на четири нови субјекти. Претседателот, исто така, потпиша декрети за назначување на нови руски региони како привремени. Денис Пушилин беше назначен на оваа позиција во ДПР, Леонид Пасечник во ЛПР, Владимир Салдо во регионот Керсон и Евгениј Балицки во регионот Запорожје. Државната дума ги усвои законите за анексија на 3 октомври, Советот на Федерацијата ги одобри следниот ден. Сето ова беше направено едногласно.  

The post Путин ги потпиша законите за анексија на терториите од Украина appeared first on Република.

]]>
Утврдени предлог законите за гаранција за финансиска поддршка за автопатот Блаце-Скопје и за регионалните депонии за отпад https://republika.mk/vesti/ekonomija/utvrdeni-predlog-zakonite-za-garancija-za-finansiska-poddrshka-za-avtopatot-blace-skopje-i-za-regionalnite-deponii-za-otpad/ Tue, 17 May 2022 16:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=503503

На оваа своја седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на ТЕН-Т проектот за автопат од Скопје до границата со Косово, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.

Целта на овој Предлог-закон за гаранција е да се обезбеди финансиската поддршка за проектот, односно изградба на втората подделница која се однесува на останатиот дел од автопатот Блаце – Скопје, во должина од околу 10.5км со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.

На предлог на Министерството за финансии Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад.

Основната цел на гаранцијата за заем за финансирање на проектот е да го помогне развојот на регионални системи за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион.

На денешната седница Владата донесе заклучок со кој ги определи заменик-претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и Секретаријатот за европски прашања да обезбедат институционална поддршка на имплементацијата на иницијативите и договорите.

The post Утврдени предлог законите за гаранција за финансиска поддршка за автопатот Блаце-Скопје и за регионалните депонии за отпад appeared first on Република.

]]>

На оваа своја седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на ТЕН-Т проектот за автопат од Скопје до границата со Косово, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта. Целта на овој Предлог-закон за гаранција е да се обезбеди финансиската поддршка за проектот, односно изградба на втората подделница која се однесува на останатиот дел од автопатот Блаце – Скопје, во должина од околу 10.5км со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво. На предлог на Министерството за финансии Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад. Основната цел на гаранцијата за заем за финансирање на проектот е да го помогне развојот на регионални системи за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион. На денешната седница Владата донесе заклучок со кој ги определи заменик-претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и Секретаријатот за европски прашања да обезбедат институционална поддршка на имплементацијата на иницијативите и договорите.

The post Утврдени предлог законите за гаранција за финансиска поддршка за автопатот Блаце-Скопје и за регионалните депонии за отпад appeared first on Република.

]]>