закон за плати Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-plati/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Oct 2023 10:28:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за плати Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-plati/ 32 32 Алиу: Законот за плати е кај Работната група, се уште нема верзија која треба да биде отворена за дебата https://republika.mk/vesti/makedonija/aliu-zakonot-za-plati-e-kaj-rabotnata-grupa-se-ushte-nema-verzija-koja-treba-da-bide-otvorena-za-debata/ Sat, 21 Oct 2023 11:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=693564

Законот за плати е обемен, драфт верзијата е веќе пратена до Работната група, но се уште не можам да кажам дека имаме варијанта која треба да биде отворена за дебата, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Според него, со овој закон ќе се креираат стандарди и точно ќе се знае колку бодови има секое работно место, за секој профил.

-Законот за плати го работиме одамна. Дава рамка за целиот платен систем и длабоко веруваме дека со него ќе се реши проболемот со кој во моментов се соочуваме. Сега, во различни институции колеги со ист профил имаат различни плати. Во Министерството за финансии, колегите земаат 30 отсто повеќе плата од колегите во други министерства. Дисторзијата е очигледна. Со законот ќе креираме стандарди и ќе се знае точно, преку каскаден систем, колку бодови има секое работно место, за секој профил. Се надевам дека ќе имаме платен систем кој ќе даде јасна слика за административците и за функионерите, истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата. мч/дма/

https://www.youtube.com/watch?v=7NOofiicHCE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt

The post Алиу: Законот за плати е кај Работната група, се уште нема верзија која треба да биде отворена за дебата appeared first on Република.

]]>

Законот за плати е обемен, драфт верзијата е веќе пратена до Работната група, но се уште не можам да кажам дека имаме варијанта која треба да биде отворена за дебата, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. Според него, со овој закон ќе се креираат стандарди и точно ќе се знае колку бодови има секое работно место, за секој профил. -Законот за плати го работиме одамна. Дава рамка за целиот платен систем и длабоко веруваме дека со него ќе се реши проболемот со кој во моментов се соочуваме. Сега, во различни институции колеги со ист профил имаат различни плати. Во Министерството за финансии, колегите земаат 30 отсто повеќе плата од колегите во други министерства. Дисторзијата е очигледна. Со законот ќе креираме стандарди и ќе се знае точно, преку каскаден систем, колку бодови има секое работно место, за секој профил. Се надевам дека ќе имаме платен систем кој ќе даде јасна слика за административците и за функионерите, истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата. мч/дма/ https://www.youtube.com/watch?v=7NOofiicHCE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt

The post Алиу: Законот за плати е кај Работната група, се уште нема верзија која треба да биде отворена за дебата appeared first on Република.

]]>
И КСС незадоволна од предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи, бара да бидат повлечени https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-kss-nezadovolna-od-predlog-zakonite-za-plati-vo-javniot-sektor-i-za-rabotni-odnosi-bara-da-bidat-povlecheni/ Mon, 30 Jan 2023 14:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=602687

Во низата незадоволни синдикати од предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи е и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која бара повлекување на овие предложени закони оти смета дека со нивното усвојување работниците ќе бидат деградирани.

„Овие предлог-закони не водат кон реформа на јавниот сектор, туку кон уште поголемо деградирање на вработените во јавниот сектор и кршење на Уставот. Ова води кон клиентелистички пристап на јавниот сектор во 21 век, каде што одредени категории вработени кои ќе бидат блиски до власта ќе земаат поголеми плати, а други не“, изјави претседателот на КСС, Благоја Ралповски, на денешната прес-конференција.

Според КСС, како што изјави нејзиниот претседател Благоја Ралповски, законот за плати во јавниот сектор е дискриминирачки, противуставен и спротивен на конвенциите на Меѓународната организација на трудот за слободно здружување и колективно преговарање во јавниот сектор, што, како што додаде, се ратификувани од нашето Собрание. Наместо усогласување на платите, нагласи Ралповски, работниците ќе добијат деградација по сите основи со предлог-законите.

„Се зборува дека законот ќе биде донесен до март, кога ќе треба да се усогласи со минималната плата, која според нашите пресметки треба да биде зголемена за над 2 700 – 2 800 денари, но сега наеднаш слушаме дека инфлацијата во Македонија е намалена и оти е намален процентот на зголемување на просечната плата. Очигледно е дека сакаат да го донесат до тогаш и да не се случи усогласувањето на платите согласно член 8, тие да останат на ова ниво и целиот труд на синдикатите во изминатите 10 – 20 години да падне во вода“, рече Ралповски во одговор на новинарско прашање на прес-конференција.

Воедно, тој нагласи дека со предлог-законите, на синдикатите ќе им се одземе досегашната можност да преговараат колективно, а со тоа, додаде, ќе се загрози опстанокот на синдикалното организирање во јавниот сектор. Во оваа насока, потенцира дека со новиот закон за работни односи е предвидено колективните договори да важат само две години, наместо како досега нивната важност да биде сè до потпишување нови.

Ралповски додаде дека со усвојување на законот за плати во јавниот сектор, на работодавачите им се дава можност со обичен акт да ги намали платите ако оцени оти нема пари за исплата на предвидената сума.

„Она што го имаме стекнато како право по коефициенти на сложеност на работно место по стручност и образование веќе нема да важи и се дава во рацете на неколку министри. Предвестие на ова беше Протоколот што го донесе Министерството за труд и социјална политика каде што бараше сите колективни договори да  бидат контролирани од Министерството за финансии. Очигледно со овој закон сака да се легализира оваа одредба“, рече Ралповски.

Првиот човек на КСС побара повлекување на двата предлог-закона, пред сè на оној за плати во јавниот сектор, и нагласи дека соодветното решение треба да се донесе со широк општествен консензус во кој ќе бидат вклучени сите чинители.

Предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи изминатиов период предизвикаа бура од реакции кај синдикатите, кои, овие закони ги сметаат за неадекватни и дискриминирачки.

Незадоволство од овие закони изразија и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Синдикатот за култура на Македонија.

The post И КСС незадоволна од предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи, бара да бидат повлечени appeared first on Република.

]]>

Во низата незадоволни синдикати од предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи е и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која бара повлекување на овие предложени закони оти смета дека со нивното усвојување работниците ќе бидат деградирани.
„Овие предлог-закони не водат кон реформа на јавниот сектор, туку кон уште поголемо деградирање на вработените во јавниот сектор и кршење на Уставот. Ова води кон клиентелистички пристап на јавниот сектор во 21 век, каде што одредени категории вработени кои ќе бидат блиски до власта ќе земаат поголеми плати, а други не“, изјави претседателот на КСС, Благоја Ралповски, на денешната прес-конференција.
Според КСС, како што изјави нејзиниот претседател Благоја Ралповски, законот за плати во јавниот сектор е дискриминирачки, противуставен и спротивен на конвенциите на Меѓународната организација на трудот за слободно здружување и колективно преговарање во јавниот сектор, што, како што додаде, се ратификувани од нашето Собрание. Наместо усогласување на платите, нагласи Ралповски, работниците ќе добијат деградација по сите основи со предлог-законите.
„Се зборува дека законот ќе биде донесен до март, кога ќе треба да се усогласи со минималната плата, која според нашите пресметки треба да биде зголемена за над 2 700 – 2 800 денари, но сега наеднаш слушаме дека инфлацијата во Македонија е намалена и оти е намален процентот на зголемување на просечната плата. Очигледно е дека сакаат да го донесат до тогаш и да не се случи усогласувањето на платите согласно член 8, тие да останат на ова ниво и целиот труд на синдикатите во изминатите 10 – 20 години да падне во вода“, рече Ралповски во одговор на новинарско прашање на прес-конференција.
Воедно, тој нагласи дека со предлог-законите, на синдикатите ќе им се одземе досегашната можност да преговараат колективно, а со тоа, додаде, ќе се загрози опстанокот на синдикалното организирање во јавниот сектор. Во оваа насока, потенцира дека со новиот закон за работни односи е предвидено колективните договори да важат само две години, наместо како досега нивната важност да биде сè до потпишување нови. Ралповски додаде дека со усвојување на законот за плати во јавниот сектор, на работодавачите им се дава можност со обичен акт да ги намали платите ако оцени оти нема пари за исплата на предвидената сума.
„Она што го имаме стекнато како право по коефициенти на сложеност на работно место по стручност и образование веќе нема да важи и се дава во рацете на неколку министри. Предвестие на ова беше Протоколот што го донесе Министерството за труд и социјална политика каде што бараше сите колективни договори да  бидат контролирани од Министерството за финансии. Очигледно со овој закон сака да се легализира оваа одредба“, рече Ралповски.
Првиот човек на КСС побара повлекување на двата предлог-закона, пред сè на оној за плати во јавниот сектор, и нагласи дека соодветното решение треба да се донесе со широк општествен консензус во кој ќе бидат вклучени сите чинители. Предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи изминатиов период предизвикаа бура од реакции кај синдикатите, кои, овие закони ги сметаат за неадекватни и дискриминирачки. Незадоволство од овие закони изразија и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Синдикатот за култура на Македонија.

The post И КСС незадоволна од предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи, бара да бидат повлечени appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Не може директор на ЈП да зема поголема плата од претседателот на државата или од министерот кој му е надлежен https://republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-ne-mozhe-direktor-na-jp-da-zema-pogolema-plata-od-pretsedatelot-na-drzhavata-ili-od-ministerot-koj-mu-e-nadlezhen/ Tue, 24 Jan 2023 11:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=600440

Законот за плати е во работна верзија и е ставен на ЕНЕР за да може да го коментираат сите. Министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска смета дека сидникатите и работодавачите и работниците во јавниот сектор треба да дадат свои коментари, за да може да се оди на јавни распправи и да се дадат предлози кои ќе дадат подобрување на постојниот текст.

Според Тренчевска, крајниот резултат треба да биде унапредување на правата на вработените во јавниот скетор.

Синдикатотот за образование, наука и култура (СОНК) смета дека со новиот предлог Закон за плати во јавниот сектор синдикатите нема да можат да учествуваат во носењето одлуки на Владата, а текстот е дискриминаторски и противуставен.

Од СОНК побараа измените да бидат повлечени. Претседателот на СОНК Јаким Неделков смета дека им се ускратува правото да имаат можност да преговараат за висината на платите, колективните договори нема да имаат важност а тоа значи дека со растот на минималната плата многу плати ќе бидат речиси идентични, и тоа ќе биде проблем.

Вредноста на бодот е уште една болна точка. Вредноста на бодот по предлог на Владата го утврдува Собранието, колкави ќе бидат платите во јавниот сектор повторно синдикатите немаат никакво влијание. Колективните договори нема да бидат во важност и се она што досега е договорено со методологиите за пресметки на плати станува ништовно, изјави Јаким Неделков претседател на СОНК.

Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ, реагираа од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) за предложениот нацрт-закон за културата.

https://republika.mk/vesti/kultura/predlozheniot-natsrt-zakon-za-kultura-e-svoeviden-presedan-svojstven-za-diktaturi-kvazidemokratii-i-hibridni-drzhavi-reagiraat-od-skrm/

Министерката Тренчевска смета дека новиот предлог закон за плати не е противуставен.

Всшушност, сакаме да воспставиме ред во платите во јавниот скетпр. Имаме различни плати за иста работа во различни инсититуции. Целта на овој закон е во секоја дејност, во секоја област да воспставиме граница на највисока плата и да не може да се оди погоре, а согласно највисоката плата, надолу останатите работни места, согласно сложеноста да им се пресмета платата. Да ставиме еднаш засекогаш ред во јавниот сектор. Не може директор на јавно претрпијатие да зема поголема плата од претседателот на државата или од министерот кој му е надлежен, изјави Тренчевска.

The post Тренчевска: Не може директор на ЈП да зема поголема плата од претседателот на државата или од министерот кој му е надлежен appeared first on Република.

]]>

Законот за плати е во работна верзија и е ставен на ЕНЕР за да може да го коментираат сите. Министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска смета дека сидникатите и работодавачите и работниците во јавниот сектор треба да дадат свои коментари, за да може да се оди на јавни распправи и да се дадат предлози кои ќе дадат подобрување на постојниот текст. Според Тренчевска, крајниот резултат треба да биде унапредување на правата на вработените во јавниот скетор. Синдикатотот за образование, наука и култура (СОНК) смета дека со новиот предлог Закон за плати во јавниот сектор синдикатите нема да можат да учествуваат во носењето одлуки на Владата, а текстот е дискриминаторски и противуставен. Од СОНК побараа измените да бидат повлечени. Претседателот на СОНК Јаким Неделков смета дека им се ускратува правото да имаат можност да преговараат за висината на платите, колективните договори нема да имаат важност а тоа значи дека со растот на минималната плата многу плати ќе бидат речиси идентични, и тоа ќе биде проблем.
Вредноста на бодот е уште една болна точка. Вредноста на бодот по предлог на Владата го утврдува Собранието, колкави ќе бидат платите во јавниот сектор повторно синдикатите немаат никакво влијание. Колективните договори нема да бидат во важност и се она што досега е договорено со методологиите за пресметки на плати станува ништовно, изјави Јаким Неделков претседател на СОНК.
Иако најавуван со голем пи-ар како ставање ред на платите во јавниот сектор, предложениот нацрт-закон е своевиден преседан својствен за диктатури, квазидемократии и хибридни држави, а не на држави од теркот на ЕУ, реагираа од Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) за предложениот нацрт-закон за културата. https://republika.mk/vesti/kultura/predlozheniot-natsrt-zakon-za-kultura-e-svoeviden-presedan-svojstven-za-diktaturi-kvazidemokratii-i-hibridni-drzhavi-reagiraat-od-skrm/ Министерката Тренчевска смета дека новиот предлог закон за плати не е противуставен.
Всшушност, сакаме да воспставиме ред во платите во јавниот скетпр. Имаме различни плати за иста работа во различни инсититуции. Целта на овој закон е во секоја дејност, во секоја област да воспставиме граница на највисока плата и да не може да се оди погоре, а согласно највисоката плата, надолу останатите работни места, согласно сложеноста да им се пресмета платата. Да ставиме еднаш засекогаш ред во јавниот сектор. Не може директор на јавно претрпијатие да зема поголема плата од претседателот на државата или од министерот кој му е надлежен, изјави Тренчевска.

The post Тренчевска: Не може директор на ЈП да зема поголема плата од претседателот на државата или од министерот кој му е надлежен appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ќе има јавна расправа за Законот за плати и потоа ќе се пристапи кон изработка на финално законско решение https://republika.mk/vesti/kovachevski-ke-ima-javna-rasprava-za-zakonot-za-plati-i-potoa-ke-se-pristapi-kon-izrabotka-na-finalno-zakonsko-reshenie/ Wed, 11 Jan 2023 16:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=595880

Законот за плати е нешто што го најавив уште изминатава година, а целта е воведување на конзистентност и хиерархиско усогласување на платите во различни сектори и помеѓу различни сектори. Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика имаа задача да изработат Закон за плати во кој ќе бидат адресирани овие прашања и истиот е поставен на ЕНЕР. По завршување на јавна расправа која ќе се одржи наредните недели, може да се пристапи кон изработка на финално закoнско решение, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој напомена оти смета дека новото законско решение ќе го поддржат сите претставници на политичките партии во Парламентот.

Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика добија задача да изработат Закон за плати во кој ќе бидат адресирани прашањата за воведување на конзистентност и одредено хиерархиско усогласување на платите, согласно областите во кои се регулира. Тие го исполнија првиот дел од својата задача, подготвија законско решение кое е поставено на ЕНЕР и кое сега сите ќе можат да го разгледаат, рече Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање по средбата со Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија.

Премиерот додаде дека во текот на наредните недели Министерството за информатичко општество, вклучително Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии ќе организираат јавни расправи со сите заинтересирани страни, вклучително и Економско социјален дијалог, каде ќе учествуваат и претставниците на Синдикатот, за да се дојде до финално решение кое ќе биде поздравено од сите засегнати страни, вклучително и на работодавецот, работниците и граѓаните кои плаќаат даноци.

Кога ќе ги имаме сите коментари, тогаш ќе може да се пристапи кон изработка на финално законско решение, кое сметам дека ќе го поддржат сите претставници на политичките партии во Парламентот, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Ќе има јавна расправа за Законот за плати и потоа ќе се пристапи кон изработка на финално законско решение appeared first on Република.

]]>

Законот за плати е нешто што го најавив уште изминатава година, а целта е воведување на конзистентност и хиерархиско усогласување на платите во различни сектори и помеѓу различни сектори. Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика имаа задача да изработат Закон за плати во кој ќе бидат адресирани овие прашања и истиот е поставен на ЕНЕР. По завршување на јавна расправа која ќе се одржи наредните недели, може да се пристапи кон изработка на финално закoнско решение, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој напомена оти смета дека новото законско решение ќе го поддржат сите претставници на политичките партии во Парламентот.