Жаир Болсонаро Archives - Република https://republika.mk/tema/zair-bolsonaro/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 07:33:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жаир Болсонаро Archives - Република https://republika.mk/tema/zair-bolsonaro/ 32 32 Болсонаро пуштен од болница https://republika.mk/vesti/svet/bolsonaro-pushten-od-bolnitsa/ Sun, 05 May 2024 07:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=774382

Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, е пуштен од болница откако претходно бe[e примен на лекување поради бактериска инфекција на кожата во северниот град Манаус.

Неговиот портпарол, Фабио Вајнгартен, соопшти дека Болсонаро од ноември 2022 година има кожна болест - еризипел, еден месец откако ги загуби претседателските избори од левичарот Луис Игнасио Лула да Силва.

Болсонаро зачера присуствуваше на настан во Манаус заедно со неговите поддржувачи.

The post Болсонаро пуштен од болница appeared first on Република.

]]>

Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, е пуштен од болница откако претходно бe[e примен на лекување поради бактериска инфекција на кожата во северниот град Манаус. Неговиот портпарол, Фабио Вајнгартен, соопшти дека Болсонаро од ноември 2022 година има кожна болест - еризипел, еден месец откако ги загуби претседателските избори од левичарот Луис Игнасио Лула да Силва. Болсонаро зачера присуствуваше на настан во Манаус заедно со неговите поддржувачи.

The post Болсонаро пуштен од болница appeared first on Република.

]]>
Голема полициска акција против поранешниот претседател на Бразил и негови блиски соработници од безбедносниот сектор https://republika.mk/vesti/svet/golema-politsiska-aktsija-protiv-poraneshniot-pretsedatel-na-brazil-i-negovi-bliski-sorabotnitsi-od-bezbednosniot-sektor/ Sun, 11 Feb 2024 18:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=742882

Бразилската полиција почна голема операција против поранешниот претседател Жаир Болсонаро и неговите приврзаници. Овластувањето е дадено од судијата на Врховниот суд Александре ди Мораес, објави бразилскиот весник „Глобо“.

Согласно одлуката, полицијата добила 33 дозволи за претрес и приведување, како и четири налози за притвор.

Според налогот, Болсонаро мора да го предаде пасошот во следните 24 часа. Покрај него, операцијата ќе влијае и на голем број поранешни министри и негови соработници, главно поврзани со безбедносниот сектор:

- Брага Нето, поранешен министер за одбрана и потпретседателски кандидат на Болсонаро во 2022 година;

- Аугусто Хелено, поранешен министер на Кабинетот за институционална безбедност (ГСИ);

- Пауло Серхио Ногуеира, поранешен командант на копнените сили;

- Алмир Гарние Сантос, поранешен врховен командант на морнарицата;

- Стеван Теофило Гаспар де Оливеира, поранешен шеф на Командата за копнени операции на армијата;

The post Голема полициска акција против поранешниот претседател на Бразил и негови блиски соработници од безбедносниот сектор appeared first on Република.

]]>

Бразилската полиција почна голема операција против поранешниот претседател Жаир Болсонаро и неговите приврзаници. Овластувањето е дадено од судијата на Врховниот суд Александре ди Мораес, објави бразилскиот весник „Глобо“. Согласно одлуката, полицијата добила 33 дозволи за претрес и приведување, како и четири налози за притвор. Според налогот, Болсонаро мора да го предаде пасошот во следните 24 часа. Покрај него, операцијата ќе влијае и на голем број поранешни министри и негови соработници, главно поврзани со безбедносниот сектор: - Брага Нето, поранешен министер за одбрана и потпретседателски кандидат на Болсонаро во 2022 година; - Аугусто Хелено, поранешен министер на Кабинетот за институционална безбедност (ГСИ); - Пауло Серхио Ногуеира, поранешен командант на копнените сили; - Алмир Гарние Сантос, поранешен врховен командант на морнарицата; - Стеван Теофило Гаспар де Оливеира, поранешен шеф на Командата за копнени операции на армијата;

The post Голема полициска акција против поранешниот претседател на Бразил и негови блиски соработници од безбедносниот сектор appeared first on Република.

]]>
Тајани: Болсонаро не поднел барање за италијанско државјанство https://republika.mk/vesti/svet/tajani-bolsonaro-ne-podnel-barane-za-italijansko-drzhavjanstvo/ Tue, 10 Jan 2023 10:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=595278

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро не поднел барање за италијанско државјанство и дека не би можел да го добие дури и да го направел тоа.

Тој не го побара тоа и не верувам дека може да го добие, што се однесува до мене, изјави Тајани во интервју за Италијанското радио.

Бразилските медиуми по немирите на приврзаниците на Болсонаро во Бразилија во неделата објавија дека поранешниот претседател бара италијанско државјанство.

Во неделата, илјадници демонстранти упаднаа во Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата, одбивајќи да го признаат изборниот пораз на Болсонаро од левичарот Луис Инасио Лула да Силва, кој пред една недела положи заклетва како претседател на Бразил.

Бразилската полиција вчера уапси околу 1.500 луѓе, еден ден откако радикалните приврзаници на Болсонаро ја ограбија зградата на Конгресот, ги пробија барикадите, се качија на покривот и ги искршија прозорците.

Болсонаро, кој моментално престојува во американската сојузна држава Флорида и е хоспитализиран поради болки во стомакот, никогаш јавно не се огласил и не го признал поразот на изборите.

The post Тајани: Болсонаро не поднел барање за италијанско државјанство appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро не поднел барање за италијанско државјанство и дека не би можел да го добие дури и да го направел тоа. Тој не го побара тоа и не верувам дека може да го добие, што се однесува до мене, изјави Тајани во интервју за Италијанското радио. Бразилските медиуми по немирите на приврзаниците на Болсонаро во Бразилија во неделата објавија дека поранешниот претседател бара италијанско државјанство. Во неделата, илјадници демонстранти упаднаа во Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата, одбивајќи да го признаат изборниот пораз на Болсонаро од левичарот Луис Инасио Лула да Силва, кој пред една недела положи заклетва како претседател на Бразил. Бразилската полиција вчера уапси околу 1.500 луѓе, еден ден откако радикалните приврзаници на Болсонаро ја ограбија зградата на Конгресот, ги пробија барикадите, се качија на покривот и ги искршија прозорците. Болсонаро, кој моментално престојува во американската сојузна држава Флорида и е хоспитализиран поради болки во стомакот, никогаш јавно не се огласил и не го признал поразот на изборите.

The post Тајани: Болсонаро не поднел барање за италијанско државјанство appeared first on Република.

]]>
Приврзаници на поранешниот бразилски претседател Болсоаро не даваат да си замине од функцијата https://republika.mk/vesti/privrzanitsi-na-poraneshniot-brazilski-pretsedatel-bolsoaro-ne-davaat-da-si-zamine-od-funktsijata/ Mon, 09 Jan 2023 07:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=594743

Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, се врати во Бразилија и ги посети претседателската палата и Врховниот суд, во кои претходно упаднаа приврзаници на поранешниот шеф на државата Жаир Болсонаро, објави утринава телевизијата „Глобо“.

Претседателот, кој е на функцијата само една недела, синоќа од Сао Паоло изјави дека неговиот претходник од екстремната десница „ги охрабрувал фашистичките вандали“ да ги нападнат властите во Бразилија.

Лула донесе одлука за „полициска интервенција“ со вклучување полициски сили од целата земја за враќање на контролата и безбедноста во главниот град.

Стотици приврзаници на Болсонаро синоќа упаднаа во зградите на главните институции на власта во Бразилија – Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата.

Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, чии приврзаници вчера упаднаа во Националниот конгрес, претседателската палата и Врховниот федерален суд, на Твитер напиша дека „нападите и уништувањето јавни објекти“ е во спротивно правото на мирен протест.

Во друг твит Болсонаро, кој се наоѓа во во САД, ги отфрли „недокажаните обвинувања“ на неговиот наследник Лула, дека за „фашистичкиот вандализам“ е виновна реториката на неговиот претходник.

И партијата на поранешниот претседател ги осуди постапките на неговите приврзаници, јави ДПА.

„Денес е тажен ден за бразилската нација. Денешните настани во Бразил се срам за сите нас, тие не ја претставуваат нашата партија, тие не го претставуваат Болсонаро“, изјави лидерот на Либералната партија, Валдемар Кошта Нето.

The post Приврзаници на поранешниот бразилски претседател Болсоаро не даваат да си замине од функцијата appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, се врати во Бразилија и ги посети претседателската палата и Врховниот суд, во кои претходно упаднаа приврзаници на поранешниот шеф на државата Жаир Болсонаро, објави утринава телевизијата „Глобо“. Претседателот, кој е на функцијата само една недела, синоќа од Сао Паоло изјави дека неговиот претходник од екстремната десница „ги охрабрувал фашистичките вандали“ да ги нападнат властите во Бразилија. Лула донесе одлука за „полициска интервенција“ со вклучување полициски сили од целата земја за враќање на контролата и безбедноста во главниот град. Стотици приврзаници на Болсонаро синоќа упаднаа во зградите на главните институции на власта во Бразилија – Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата. Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, чии приврзаници вчера упаднаа во Националниот конгрес, претседателската палата и Врховниот федерален суд, на Твитер напиша дека „нападите и уништувањето јавни објекти“ е во спротивно правото на мирен протест. Во друг твит Болсонаро, кој се наоѓа во во САД, ги отфрли „недокажаните обвинувања“ на неговиот наследник Лула, дека за „фашистичкиот вандализам“ е виновна реториката на неговиот претходник. И партијата на поранешниот претседател ги осуди постапките на неговите приврзаници, јави ДПА. „Денес е тажен ден за бразилската нација. Денешните настани во Бразил се срам за сите нас, тие не ја претставуваат нашата партија, тие не го претставуваат Болсонаро“, изјави лидерот на Либералната партија, Валдемар Кошта Нето.

The post Приврзаници на поранешниот бразилски претседател Болсоаро не даваат да си замине од функцијата appeared first on Република.

]]>
Болсонаро ги загуби изборите во Бразил https://republika.mk/vesti/svet/bolsonaro-gi-zagubi-izborite-vo-brazil/ Wed, 02 Nov 2022 19:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=568937

Три дена по вториот круг од претседателските избори во Бразил, потпретседателот Хамилтон Мурао призна дека актуелниот претседател Жаир Болсонаро загуби во трката за втор мандат од од Луис Инасио Лула да Силва, јави ДПА.

-Веќе нема смисла да кукаме – ја загубивме играта. Нема за што да се жалиме, ја цитираше весникот „О Глобо“ денешната изјава на поранешниот армиски генерал.

Мурао кажа дека верува оти немало изборна измама.

Болсонаро на изборите во неделата беше тесно поразен од неговиот левичарски  предизвикувач Лула да Силва, кој доби 50,9 отсто од гласовите на Бразилците додека тој освои 49,1 отсто.

Во својата прва јавна изјава по изборите, Болсонаро синоќа не го призна поразот и не му честиташе на Лула на победата. Наместо тоа, тој уште еднаш фрли сомнеж врз изборниот систем и изрази разбирање за неговите поддржувачи кои блокираа бројни автопатишта низ земјата, во знак на протест против победата на Лула, пренесе ДПА.

The post Болсонаро ги загуби изборите во Бразил appeared first on Република.

]]>

Три дена по вториот круг од претседателските избори во Бразил, потпретседателот Хамилтон Мурао призна дека актуелниот претседател Жаир Болсонаро загуби во трката за втор мандат од од Луис Инасио Лула да Силва, јави ДПА.
-Веќе нема смисла да кукаме – ја загубивме играта. Нема за што да се жалиме, ја цитираше весникот „О Глобо“ денешната изјава на поранешниот армиски генерал.
Мурао кажа дека верува оти немало изборна измама. Болсонаро на изборите во неделата беше тесно поразен од неговиот левичарски  предизвикувач Лула да Силва, кој доби 50,9 отсто од гласовите на Бразилците додека тој освои 49,1 отсто. Во својата прва јавна изјава по изборите, Болсонаро синоќа не го призна поразот и не му честиташе на Лула на победата. Наместо тоа, тој уште еднаш фрли сомнеж врз изборниот систем и изрази разбирање за неговите поддржувачи кои блокираа бројни автопатишта низ земјата, во знак на протест против победата на Лула, пренесе ДПА.

The post Болсонаро ги загуби изборите во Бразил appeared first on Република.

]]>
Болсонаро не го признава поразот на претседателските избори во Бразил, но го почна трансферот на власта https://republika.mk/vesti/svet/bolsonaro-ne-go-priznava-porazot-na-pretsedatelskite-izbori-vo-brazil-no-go-pochna-transferot-na-vlasta/ Tue, 01 Nov 2022 21:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=568478

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро не го призна поразот на изборите, но сепак го овластил началникот на Генералштабот на бразилската армија да го покрене процесот на трансфер на власта.

Во кусото обраќање, прво од поразот на изборите пред два дена, Болсонаро воопшто не ги спомна изборните резултати, но истакна дека ќе продолжи да ги почитува правилата на Уставот.

Болсонаро ја загуби неделната изборна трка со тесна разлика, освојувајќи 49,1 отсто од гласовите наспроти 50,9 отсто колку што освои противкандидатот на левицата, Лула да Силва.

Тоа беше најнеизвесната претседателска трка од враќањето на бразилската демократија во 1985 година, како и првпат Болсонаро да загуби избори во неговата 34-годишна политичка кариера, вклучувајќи ги тука и седумте трки за мандат во Долниот дом на бразилскиот Парламент.

Изминатите денови неговите поддржувачи блокираа стотици платишта низ Бразил, а Врховниот суд и нареди на полицијата веднаш да ги отстрани блокадите. Полицијата соопшти дека досега отстранила 306 блокади, но дека се уште има повеќе од 260 блокирани сообраќајници.

Стравувањата од ескалација на ситуацијата се зголемија, кога левичарското „Движење без земја“, инаку клучен сојузник на Да Силва, упати повик до своите активисти да организираат демонстрации и да ги блокираат патиштата.

Болсонаро ужива широка поддршка од полициските сили, а Работничката партија на Да Силва го обвини Болсонаро дека во кампањата ја ангажирал полицијата да создава сообраќаен метеж и да ги одвраќа луѓето да гласаат на денот на изборите. Видео-снимки објавени преку социјалните мрежи покажуваат дека имало случаи властите да запираат автобуси.

The post Болсонаро не го признава поразот на претседателските избори во Бразил, но го почна трансферот на власта appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро не го призна поразот на изборите, но сепак го овластил началникот на Генералштабот на бразилската армија да го покрене процесот на трансфер на власта. Во кусото обраќање, прво од поразот на изборите пред два дена, Болсонаро воопшто не ги спомна изборните резултати, но истакна дека ќе продолжи да ги почитува правилата на Уставот. Болсонаро ја загуби неделната изборна трка со тесна разлика, освојувајќи 49,1 отсто од гласовите наспроти 50,9 отсто колку што освои противкандидатот на левицата, Лула да Силва. Тоа беше најнеизвесната претседателска трка од враќањето на бразилската демократија во 1985 година, како и првпат Болсонаро да загуби избори во неговата 34-годишна политичка кариера, вклучувајќи ги тука и седумте трки за мандат во Долниот дом на бразилскиот Парламент. Изминатите денови неговите поддржувачи блокираа стотици платишта низ Бразил, а Врховниот суд и нареди на полицијата веднаш да ги отстрани блокадите. Полицијата соопшти дека досега отстранила 306 блокади, но дека се уште има повеќе од 260 блокирани сообраќајници. Стравувањата од ескалација на ситуацијата се зголемија, кога левичарското „Движење без земја“, инаку клучен сојузник на Да Силва, упати повик до своите активисти да организираат демонстрации и да ги блокираат патиштата. Болсонаро ужива широка поддршка од полициските сили, а Работничката партија на Да Силва го обвини Болсонаро дека во кампањата ја ангажирал полицијата да создава сообраќаен метеж и да ги одвраќа луѓето да гласаат на денот на изборите. Видео-снимки објавени преку социјалните мрежи покажуваат дека имало случаи властите да запираат автобуси.

The post Болсонаро не го признава поразот на претседателските избори во Бразил, но го почна трансферот на власта appeared first on Република.

]]>
Бразилски политичар фрлил бомба врз полицајците кои дошле да го уапсат https://republika.mk/vesti/svet/brazilski-politichar-frlil-bomba-vrz-policajcite-koi-doshle-da-go-uapsat/ Mon, 24 Oct 2022 09:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=564867

Поранешен бразилски пратеник, политички сојузник на екстремно десничарскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро, фрлил рачна граната врз полицајците кои дошле да го уапсат откако повредил најмалку двајца од нив, соопштија властите во неделата.

Поранешниот претставник Роберт Џеферсон доби затворска казна од Врховниот суд поради кршење на условите за куќен притвор што му беа изречени поради навреда на претседателот на највисокиот суд на социјалните мрежи.

Во моментот на апсењето во градот Леви Гаспаријан, Џеферсон реагирал, фрлајќи рачна граната врз двајца полицајци, соопшти федералната полиција.

На двајцата полицајци им била укажана лекарска помош и се добро, додаваат од полицијата која испратила поголем број лица на местото на настанот.

Жаир Болсонаро се огради од поранешниот парламентарец на Твитер, каде го критикуваше нападот врз полицијата и изрази солидарност со ранетите полицајци.

Бразилскиот претседател претходно ја осуди „воената акција“ на Роберт Џеферсон, кој со часови одбиваше да ја напушти својата куќа и на видео потврди дека употребил оружје, но очигледно без намера да ја повреди полицијата.

Болсонаро сепак ги критикуваше судските истраги против поранешниот претставник, кои, според него, се водат „без каква било уставна основа и без судски постапки“. На местото на настанот го испрати и министерот за правда.

Судијката на Врховниот суд Александра де Мораес нареди враќање на Џеферсон во затвор поради прекршување на условите на неговиот домашен притвор.

Роберт Џеферсон неодамна ја нарече судијката на Врховниот суд Кармен Лусија „вештерка“ и „кучка“.

Инцидентот се случува една недела пред вториот круг од претседателските избори во кои Жаир Болсонаро ќе се соочи со поранешниот претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва (2003-2010), кому анкетите му даваат предност.

„Никој што ја почитува демократијата не може да ги прифати оние што ја навредуваа Кармен Луција. Во општеството се создаде форма на насилство. Машина која ги уништува демократските вредности. Тоа го раѓа однесувањето што го видовме денес“, напиша Лула на Твитер, изразувајќи солидарност со ранетите полицајци.

The post Бразилски политичар фрлил бомба врз полицајците кои дошле да го уапсат appeared first on Република.

]]>

Поранешен бразилски пратеник, политички сојузник на екстремно десничарскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро, фрлил рачна граната врз полицајците кои дошле да го уапсат откако повредил најмалку двајца од нив, соопштија властите во неделата. Поранешниот претставник Роберт Џеферсон доби затворска казна од Врховниот суд поради кршење на условите за куќен притвор што му беа изречени поради навреда на претседателот на највисокиот суд на социјалните мрежи. Во моментот на апсењето во градот Леви Гаспаријан, Џеферсон реагирал, фрлајќи рачна граната врз двајца полицајци, соопшти федералната полиција. На двајцата полицајци им била укажана лекарска помош и се добро, додаваат од полицијата која испратила поголем број лица на местото на настанот. Жаир Болсонаро се огради од поранешниот парламентарец на Твитер, каде го критикуваше нападот врз полицијата и изрази солидарност со ранетите полицајци. Бразилскиот претседател претходно ја осуди „воената акција“ на Роберт Џеферсон, кој со часови одбиваше да ја напушти својата куќа и на видео потврди дека употребил оружје, но очигледно без намера да ја повреди полицијата. Болсонаро сепак ги критикуваше судските истраги против поранешниот претставник, кои, според него, се водат „без каква било уставна основа и без судски постапки“. На местото на настанот го испрати и министерот за правда. Судијката на Врховниот суд Александра де Мораес нареди враќање на Џеферсон во затвор поради прекршување на условите на неговиот домашен притвор. Роберт Џеферсон неодамна ја нарече судијката на Врховниот суд Кармен Лусија „вештерка“ и „кучка“. Инцидентот се случува една недела пред вториот круг од претседателските избори во кои Жаир Болсонаро ќе се соочи со поранешниот претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва (2003-2010), кому анкетите му даваат предност.
„Никој што ја почитува демократијата не може да ги прифати оние што ја навредуваа Кармен Луција. Во општеството се создаде форма на насилство. Машина која ги уништува демократските вредности. Тоа го раѓа однесувањето што го видовме денес“, напиша Лула на Твитер, изразувајќи солидарност со ранетите полицајци.

The post Бразилски политичар фрлил бомба врз полицајците кои дошле да го уапсат appeared first on Република.

]]>
Бразилскиот претседател Болсонаро: Ако не победам на изборите ќе ја напуштам политиката https://republika.mk/vesti/svet/brazilskiot-pretsedatel-bolsonaro-ako-ne-pobedam-na-izborite-kje-ja-napushtam-politikata/ Wed, 14 Sep 2022 08:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=550596

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека ќе се повлече од политичкиот живот, доколку изгуби на изборите во октомври.

Според анкетите, Болсонаро не е фаворит на изборите.

– Доколку Божјата волја е таква, ќе продолжам. Доколку не е, ќе ја симнам (претседателската) лента и ќе се повлечам, бидејќи на моја возраст веќе нема што да правам во овој свет, ако на 31 декември мојот престој (на претседателската функција) заврши, изјави тој во разговор со водители на поткастови, наменети за младите евангелисти.

Медиуми објавија оти станува збор за изненадувачка изјава од страна на еден екстремно десничарски претседател, кој пред една година гласно изјави дека „само Бог“ може да му ја одземе моќта.

Според последното истражување на Институтот Датафолија, објавено во петокот, Болсонаро заостанува 11 поени зад поранешниот претседател Лула да Силва.

– Јас не сум спасителот на татковината, јас не сум тој кој ќе го спаси Бразил, додаде тој во над четиричасовниот разговор.

Болсонаро директно им се обрати на младите и посочи дека нивниот избор на гласачките места може да ја „означи нивната иднина“’. Потоа тој ги критикуваше левичарските влади во повеќето други јужноамерикански земји

The post Бразилскиот претседател Болсонаро: Ако не победам на изборите ќе ја напуштам политиката appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека ќе се повлече од политичкиот живот, доколку изгуби на изборите во октомври. Според анкетите, Болсонаро не е фаворит на изборите.
– Доколку Божјата волја е таква, ќе продолжам. Доколку не е, ќе ја симнам (претседателската) лента и ќе се повлечам, бидејќи на моја возраст веќе нема што да правам во овој свет, ако на 31 декември мојот престој (на претседателската функција) заврши, изјави тој во разговор со водители на поткастови, наменети за младите евангелисти.
Медиуми објавија оти станува збор за изненадувачка изјава од страна на еден екстремно десничарски претседател, кој пред една година гласно изјави дека „само Бог“ може да му ја одземе моќта. Според последното истражување на Институтот Датафолија, објавено во петокот, Болсонаро заостанува 11 поени зад поранешниот претседател Лула да Силва. – Јас не сум спасителот на татковината, јас не сум тој кој ќе го спаси Бразил, додаде тој во над четиричасовниот разговор. Болсонаро директно им се обрати на младите и посочи дека нивниот избор на гласачките места може да ја „означи нивната иднина“’. Потоа тој ги критикуваше левичарските влади во повеќето други јужноамерикански земји

The post Бразилскиот претседател Болсонаро: Ако не победам на изборите ќе ја напуштам политиката appeared first on Република.

]]>
Бразил ќе добива дизел од Русија по поевтина цена https://republika.mk/vesti/svet/brazil-kje-dobiva-dizel-od-rusija-po-poevtina-cena/ Mon, 11 Jul 2022 19:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=527189

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, соопшти дека неговата земја е блиску до договор со Русија за купување многу поевтин дизел од Москва, пренесува „Ројтерс“.

Болсонаро, поранешен армиски капетан, често е обвинуван од страна на Западот поради неговиот близок однос со рускиот претседател Владимир Путин. Ниту канцеларијата на Болсонаро, ниту бразилското Министерство за рударство и енергија засега не ја коментираат изјавата на претседателот.

Тоа има смисла и на крајот може да се случи - вели за „Ројтерс“ висок функционер на Министерството за економија, одбивајќи да даде дополнителни детали.

Високите цени на горивото претставуваат сериозна пречка за Болсонаро пред изборите во октомври, оставајќи го зад поранешниот претседател Луис Игнасио Лула да Силва во трката за реизбор.

Болсонаро ги игнорираше молбите на САД и се сретна со Путин само неколку дена пред избувнувањето на војната во Украина и тогаш порече дека неговиот однос со рускиот лидер му овозможил на Бразил да одржи пристап до ѓубрива кои се клучни за огромниот агробизнис сектор во земјата.

The post Бразил ќе добива дизел од Русија по поевтина цена appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, соопшти дека неговата земја е блиску до договор со Русија за купување многу поевтин дизел од Москва, пренесува „Ројтерс“. Болсонаро, поранешен армиски капетан, често е обвинуван од страна на Западот поради неговиот близок однос со рускиот претседател Владимир Путин. Ниту канцеларијата на Болсонаро, ниту бразилското Министерство за рударство и енергија засега не ја коментираат изјавата на претседателот.
Тоа има смисла и на крајот може да се случи - вели за „Ројтерс“ висок функционер на Министерството за економија, одбивајќи да даде дополнителни детали.
Високите цени на горивото претставуваат сериозна пречка за Болсонаро пред изборите во октомври, оставајќи го зад поранешниот претседател Луис Игнасио Лула да Силва во трката за реизбор. Болсонаро ги игнорираше молбите на САД и се сретна со Путин само неколку дена пред избувнувањето на војната во Украина и тогаш порече дека неговиот однос со рускиот лидер му овозможил на Бразил да одржи пристап до ѓубрива кои се клучни за огромниот агробизнис сектор во земјата.

The post Бразил ќе добива дизел од Русија по поевтина цена appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Бразил повторно хоспитализиран откако му се слошило https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-brazil-povtorno-hospitaliziran-otkako-mu-se-sloshilo/ Tue, 29 Mar 2022 07:26:16 +0000 https://republika.mk/?p=480122

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во понеделникот бил примен во воена болница во Бразил на тестирање откако се чувствувал лошо, објавија локалните медиуми.

Болсонаро (67), кој беше прободен со нож во стомакот за време на претседателската кампања во 2018 година, поради што има постојани здравствени проблеми, отсуствуваше на вечерниот настан организиран од Републиканската партија на кој требаше да присуствува.

Сигурен сум дека претседателот е добро, прави само дополнителни испити, па затоа не е тука - изјави претседателот на партијата Маркос Переира.

Веб-страницата Г1 објави дека првата дама, Мишел Болсонаро, која присуствуваше на настанот, кажала дека нејзиниот сопруг е „добро“, а министерот за комуникации, Фабио Фарија, извести дека претседателот едноставно се чувствувал „непријатно“.

Болсонаро два дена во јануари беше хоспитализиран во Сао Паоло со делумно блокирано црево.

Претседателот, кој е на власт од 2019 година, во средината на јули исто така беше примен во болница со истиот проблем, при што остана четири дена иако не беше опериран.

Поради убодната рана, на Болсонаро му се извршени најмалку четири операции, меѓу кои и ставање и последователно отстранување на кеса за колостомија, што го прави повеќе склон кон цревни нарушувања.

The post Претседателот на Бразил повторно хоспитализиран откако му се слошило appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во понеделникот бил примен во воена болница во Бразил на тестирање откако се чувствувал лошо, објавија локалните медиуми. Болсонаро (67), кој беше прободен со нож во стомакот за време на претседателската кампања во 2018 година, поради што има постојани здравствени проблеми, отсуствуваше на вечерниот настан организиран од Републиканската партија на кој требаше да присуствува.
Сигурен сум дека претседателот е добро, прави само дополнителни испити, па затоа не е тука - изјави претседателот на партијата Маркос Переира.
Веб-страницата Г1 објави дека првата дама, Мишел Болсонаро, која присуствуваше на настанот, кажала дека нејзиниот сопруг е „добро“, а министерот за комуникации, Фабио Фарија, извести дека претседателот едноставно се чувствувал „непријатно“. Болсонаро два дена во јануари беше хоспитализиран во Сао Паоло со делумно блокирано црево. Претседателот, кој е на власт од 2019 година, во средината на јули исто така беше примен во болница со истиот проблем, при што остана четири дена иако не беше опериран. Поради убодната рана, на Болсонаро му се извршени најмалку четири операции, меѓу кои и ставање и последователно отстранување на кеса за колостомија, што го прави повеќе склон кон цревни нарушувања.

The post Претседателот на Бразил повторно хоспитализиран откако му се слошило appeared first on Република.

]]>
„Си ги ставија надежите во рацете на комичар“, вели Болсонаро кој одби да ја осуди руската инвазија на Украина https://republika.mk/vesti/svet/si-gi-stavija-nadezite-vo-racete-na-komichar-veli-bolsonaro-koj-odbi-da-ja-osudi-ruskata-invazija-na-ukraina/ Mon, 28 Feb 2022 07:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=464996

Десничарскиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, на синоќешната прес-конференција го исмеа украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека „украинскиот народ ги ставил своите надежи во рацете на комичар“.

Болсонаро одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Тој рече дека Бразил ќе остане неутрален во конфликтот, додавајќи дека „Бразил и Русија се практично братски нации“.

Нема да заземаме страна, ќе продолжиме да бидеме неутрални и да помагаме со се што е потребно. Голем дел од украинското население зборува руски, рече Болсонаро.

Бразилскиот претседател додаде дека разговарал со Путин два часа, но бразилскиот министер за надворешни работи подоцна рече дека Болсонаро всушност зборувал за посетата на Москва претходно овој месец.

The post „Си ги ставија надежите во рацете на комичар“, вели Болсонаро кој одби да ја осуди руската инвазија на Украина appeared first on Република.

]]>

Десничарскиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, на синоќешната прес-конференција го исмеа украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека „украинскиот народ ги ставил своите надежи во рацете на комичар“. Болсонаро одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Тој рече дека Бразил ќе остане неутрален во конфликтот, додавајќи дека „Бразил и Русија се практично братски нации“.
Нема да заземаме страна, ќе продолжиме да бидеме неутрални и да помагаме со се што е потребно. Голем дел од украинското население зборува руски, рече Болсонаро.
Бразилскиот претседател додаде дека разговарал со Путин два часа, но бразилскиот министер за надворешни работи подоцна рече дека Болсонаро всушност зборувал за посетата на Москва претходно овој месец.

The post „Си ги ставија надежите во рацете на комичар“, вели Болсонаро кој одби да ја осуди руската инвазија на Украина appeared first on Република.

]]>
Бразилскиот претседател итно примен во болница https://republika.mk/vesti/svet/brazilskiot-pretsedatel-itno-primen-vo-bolnica/ Mon, 03 Jan 2022 14:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=440068

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро бил примен в болница поради болки во стомакот и веднаш се почнати испитувања за да се утврди дали е неопходна операција, соопшти докторот на шефот на државата, Антонио Луис Маседо.

Бразилската ТВ мрежа „Глобо“ прикажа фотографии од Болсонаро како се спушта по скалите на претседателскиот авион по слетувањето во Сао Паоло, час и половина по полноќ, по што е префрлен во болницата „Вила Нова Стар“.

Болсонаро е хоспитализиран неколку пати откако беше избоден со нож за време на претседателската кампања во 2018 година.

The post Бразилскиот претседател итно примен во болница appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро бил примен в болница поради болки во стомакот и веднаш се почнати испитувања за да се утврди дали е неопходна операција, соопшти докторот на шефот на државата, Антонио Луис Маседо. Бразилската ТВ мрежа „Глобо“ прикажа фотографии од Болсонаро како се спушта по скалите на претседателскиот авион по слетувањето во Сао Паоло, час и половина по полноќ, по што е префрлен во болницата „Вила Нова Стар“. Болсонаро е хоспитализиран неколку пати откако беше избоден со нож за време на претседателската кампања во 2018 година.

The post Бразилскиот претседател итно примен во болница appeared first on Република.

]]>