загадено Archives - Република https://republika.mk/tema/zagadeno/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 08:28:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загадено Archives - Република https://republika.mk/tema/zagadeno/ 32 32 Скопје е втор град во Европа по најзагаден воздух: Пред него е само Сараево https://republika.mk/zivot/servisi/skopje-e-vtor-grad-vo-evropa-po-najzagaden-vozduh-pred-nego-e-samo-saraevo/ Mon, 11 Nov 2024 08:28:50 +0000 https://republika.mk/?p=836227

Скопје и денеска е меѓу најзагадените градови во светот, а според листата што ја прави специјализираната страница за следење на квалитетот на воздухот е втор град во Европа со најазгаден воздух по Саравево (БиХ).

Според страницата IQAir во моментов во светски рамки Скопје е на 13 место. Ноќеска беше и на четврто место.

Пред Скопје се: Лахор, Делхи, Ташкент, Каиро, Сараево, Киншаса, Мумбаи, Техеран, Пекинг, Ханој, Вухан и Доха.

The post Скопје е втор град во Европа по најзагаден воздух: Пред него е само Сараево appeared first on Република.

]]>

Скопје и денеска е меѓу најзагадените градови во светот, а според листата што ја прави специјализираната страница за следење на квалитетот на воздухот е втор град во Европа со најазгаден воздух по Саравево (БиХ). Според страницата IQAir во моментов во светски рамки Скопје е на 13 место. Ноќеска беше и на четврто место. Пред Скопје се: Лахор, Делхи, Ташкент, Каиро, Сараево, Киншаса, Мумбаи, Техеран, Пекинг, Ханој, Вухан и Доха.

The post Скопје е втор град во Европа по најзагаден воздух: Пред него е само Сараево appeared first on Република.

]]>
Скопје и ноќеска меѓу најзагадените градови во светот https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-i-nokeska-megu-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/ Sun, 10 Nov 2024 08:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=835997

Скопје ноќеска беше меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir.

Во текот на вчерашниот ден, главниот град постојано беше на врвот на листата според штетните честички во воздухот.

Со значително загаден воздух ноќеска беа и Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар.

Дури седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на СЗО. Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок. Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата.

The post Скопје и ноќеска меѓу најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>

Скопје ноќеска беше меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir. Во текот на вчерашниот ден, главниот град постојано беше на врвот на листата според штетните честички во воздухот. Со значително загаден воздух ноќеска беа и Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар. Дури седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на СЗО. Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок. Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата.

The post Скопје и ноќеска меѓу најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>
Скопје на седмо место по загаденост во светот https://republika.mk/zivot/servisi/skopje-na-sedmo-mesto-po-zagadenost-vo-svetot/ Sat, 09 Nov 2024 12:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=835864

Главниот град на Македонија утрово се најде на седмото место во светот по загаденост на воздухот, со индекс на загадување од 151, што го прави опасен за дишење.

Скопје во зимскиот период постојано руши рекорди во поглед на загадувањето, а ветувањата на градските власти за намалување на концентрацијата на честичките останува само на хартија.

The post Скопје на седмо место по загаденост во светот appeared first on Република.

]]>

Главниот град на Македонија утрово се најде на седмото место во светот по загаденост на воздухот, со индекс на загадување од 151, што го прави опасен за дишење. Скопје во зимскиот период постојано руши рекорди во поглед на загадувањето, а ветувањата на градските власти за намалување на концентрацијата на честичките останува само на хартија.

The post Скопје на седмо место по загаденост во светот appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Ако името Западен Балкан Ви звучи погрдно, ЗаГаден Балкан е 100% точно https://republika.mk/vesti/d-r-bekarovski-ako-imeto-zapaden-balkan-vi-zvuchi-pogrdno-zagaden-balkan-e-100-tochno/ Thu, 18 Apr 2024 07:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=767362

Ако името Западен Балкан Ви звучи погрдно, ЗаГаден Балкан е 100% точно, пишува д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, споделувајќи ја листата на 20 најзагадени држави во Европа, на која Македонија е на второ место по концентрација на ПМ 2,5 честички во воздухот.

А ние „пресреќни“ со сребрен медал на и отров во градите, коментира д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Ако името Западен Балкан Ви звучи погрдно, ЗаГаден Балкан е 100% точно appeared first on Република.

]]>

Ако името Западен Балкан Ви звучи погрдно, ЗаГаден Балкан е 100% точно, пишува д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, споделувајќи ја листата на 20 најзагадени држави во Европа, на која Македонија е на второ место по концентрација на ПМ 2,5 честички во воздухот.
А ние „пресреќни“ со сребрен медал на и отров во градите, коментира д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Ако името Западен Балкан Ви звучи погрдно, ЗаГаден Балкан е 100% точно appeared first on Република.

]]>
Повторно меѓу првите: Скопје десетти најзагаден град во светот https://republika.mk/vesti/skopje/povtorno-megu-prvite-skopje-desetti-najzagaden-grad-vo-svetot/ Sat, 06 Jan 2024 09:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=730304

Податоците на веб-страницата „Ај-Кју Ер“, покажуваат дека Скопје утрово се најде на десеттото место на најзагадени градови во свет, со индекс 165.

И додека со денови Скопје го држи високото место на листата најзагадени градови во светот, Министерството за животна средина вчера информираше дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.

Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, велат од МЖСПП.

The post Повторно меѓу првите: Скопје десетти најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>

Податоците на веб-страницата „Ај-Кју Ер“, покажуваат дека Скопје утрово се најде на десеттото место на најзагадени градови во свет, со индекс 165. И додека со денови Скопје го држи високото место на листата најзагадени градови во светот, Министерството за животна средина вчера информираше дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица. Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, велат од МЖСПП.

The post Повторно меѓу првите: Скопје десетти најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>
Дождот помогна во намалување на високото загадување, министерството ги прекинува мерките https://republika.mk/vesti/skopje/dozhdot-pomogna-vo-namaluvane-na-visokoto-zagaduvane-ministerstvoto-gi-prekinuva-merkite/ Fri, 05 Jan 2024 09:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=729868

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.

Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, се вели во соопштението на МЖСПП.

Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.

The post Дождот помогна во намалување на високото загадување, министерството ги прекинува мерките appeared first on Република.

]]>

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.
Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, се вели во соопштението на МЖСПП.
Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.

The post Дождот помогна во намалување на високото загадување, министерството ги прекинува мерките appeared first on Република.

]]>
Неславно на врвот: Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа https://republika.mk/vesti/skopje/neslavno-na-vrvot-skopjani-go-dishat-najzagadeniot-vozduh-vo-evropa/ Thu, 04 Jan 2024 08:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=729520

Утринските мерења покажуваат дека скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа а 18-ти во светот, покажува страницата Ајкјуер.

Скопје се наоѓа во друштво на Делхи, Пакистан и Бангладеш со смртоносно висока загаденост.

ПМ-честичките се неколку дена над дозволеното. Министерката Шукова истакна дека јавните институции треба да се префрлат на еколошки систем на затоплување.

Надлежните постојано објаснуваат дека нема инстант мерки што ќе го расчистат воздухот.

The post Неславно на врвот: Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа appeared first on Република.

]]>

Утринските мерења покажуваат дека скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа а 18-ти во светот, покажува страницата Ајкјуер. Скопје се наоѓа во друштво на Делхи, Пакистан и Бангладеш со смртоносно висока загаденост. ПМ-честичките се неколку дена над дозволеното. Министерката Шукова истакна дека јавните институции треба да се префрлат на еколошки систем на затоплување. Надлежните постојано објаснуваат дека нема инстант мерки што ќе го расчистат воздухот.

The post Неславно на врвот: Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа appeared first on Република.

]]>
Скопје е гасна комора, од МЖСПП ги активираа препораките и мерките https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-e-gasna-komora-od-mzhspp-gi-aktiviraa-preporakite-i-merkite/ Wed, 27 Dec 2023 09:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=727019

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информира дека во Скопје е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и оти стапуваат во сила препораките од Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање.

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, тој е надминат на мерните места во Скопје – Лисиче и Ректорат, се вели во денешното соопштение од МЖСПП.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерното место каде има појава на надминување на праг на алармирање.

*концентрациите се изразени во mg/m3

Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за градот Скопје стапуваат на сила следните препораки и мерки:

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:

- Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

-Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот.

- Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

- Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата на Република Македонија:

- Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.

- Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:

- Да обезбедат прифатилишта за  сместување на  бездомници.

- Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство:

- да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина:

- Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:

-Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

The post Скопје е гасна комора, од МЖСПП ги активираа препораките и мерките appeared first on Република.

]]>

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информира дека во Скопје е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и оти стапуваат во сила препораките од Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање.
Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, тој е надминат на мерните места во Скопје – Лисиче и Ректорат, се вели во денешното соопштение од МЖСПП.
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерното место каде има појава на надминување на праг на алармирање. *концентрациите се изразени во mg/m3 Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за градот Скопје стапуваат на сила следните препораки и мерки: Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да: - Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. -Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот. - Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. - Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба. Владата на Република Македонија: - Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила. - Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа: - Да обезбедат прифатилишта за  сместување на  бездомници. - Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети. Министерството за здравство: - да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето. Државниот инспекторат за животна средина: - Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух. Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави: -Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија. ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

The post Скопје е гасна комора, од МЖСПП ги активираа препораките и мерките appeared first on Република.

]]>
Скопје и утрово во топ 10 најзагадени градови во светот, дома му прави друштво Струмица https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-i-utrovo-vo-top-10-najzagadeni-gradovi-vo-svetot-doma-mu-pravi-drushtvo-strumitsa/ Sun, 24 Dec 2023 07:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=726080

Во есенско-зимските денови Скопје останува редовен учесник во „топ 10“ на лисатата најзагадени градови во светот. На листата на air visual, утрово Скопје се најде на деветтото место загаденоста со штетни честички на амбиенталниот воздух.

И според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина во земјава Скопје и Струмица се со високо загаден воздух, а средно загаден е воздухот е измерен во Велес и Кавадарци.

The post Скопје и утрово во топ 10 најзагадени градови во светот, дома му прави друштво Струмица appeared first on Република.

]]>

Во есенско-зимските денови Скопје останува редовен учесник во „топ 10“ на лисатата најзагадени градови во светот. На листата на air visual, утрово Скопје се најде на деветтото место загаденоста со штетни честички на амбиенталниот воздух. И според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина во земјава Скопје и Струмица се со високо загаден воздух, а средно загаден е воздухот е измерен во Велес и Кавадарци.

The post Скопје и утрово во топ 10 најзагадени градови во светот, дома му прави друштво Струмица appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад https://republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-otkri-shto-e-najdobrata-rabota-so-elkata-na-ploshtad/ Thu, 21 Dec 2023 08:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=725099

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.

Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“.

https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.
Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“. https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>
Ноќва нездраво и опасно е дишењето во Скопје, па дури и според мерките по кои се води Арсовска https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/ Wed, 20 Dec 2023 22:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=725053

Скопската градоначалничка Данела Арсовска утрово преку својата прес-служба негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден и дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“.

За да покаже дека Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, па и дека не е меѓу најзагадените во Македонија, Арсовска се повикува на интернет страницата WAQI.

Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21 век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого, може да се проверат. Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис WAQI кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото. Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово. Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/“, се вели во утринската реакција.

Но, вечерва, дури и според посочената страница од градоначалничката воздухот во Скопје е опасен и нездрав за дишење.

Според официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), пак, исто така се алармира за нездравиот воздух.

The post Ноќва нездраво и опасно е дишењето во Скопје, па дури и според мерките по кои се води Арсовска appeared first on Република.

]]>

Скопската градоначалничка Данела Арсовска утрово преку својата прес-служба негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден и дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“. За да покаже дека Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, па и дека не е меѓу најзагадените во Македонија, Арсовска се повикува на интернет страницата WAQI. Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21 век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого, може да се проверат. Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис WAQI кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото. Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово. Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/“, се вели во утринската реакција. Но, вечерва, дури и според посочената страница од градоначалничката воздухот во Скопје е опасен и нездрав за дишење. Според официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), пак, исто така се алармира за нездравиот воздух.

The post Ноќва нездраво и опасно е дишењето во Скопје, па дури и според мерките по кои се води Арсовска appeared first on Република.

]]>
Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот е на 9. место во светот https://republika.mk/vesti/skopje/skopjani-utrovo-dishat-zagaden-vozduh-gradot-e-na-9-mesto-vo-svetot/ Wed, 20 Dec 2023 08:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=724734

Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот се најде на 9 -то место во светот, а главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад Лахоре главниот град на Пакистан, покажува специјализираната интернет страница Ервижуал (AirVisual) која прибира податоци од целиот свет.

Индексот на загаденост моментално е 161, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.

Скопје и Сараево имаат слични климатски неповолности бидејќи се наоѓаат во котлини во кои, при определени временски услови, нема провертрување, има магливост, а загадувањето од индустријата, сообраќајот и загревањето на домовите останува во воздухот кој се дише.

The post Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот е на 9. место во светот appeared first on Република.

]]>

Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот се најде на 9 -то место во светот, а главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад Лахоре главниот град на Пакистан, покажува специјализираната интернет страница Ервижуал (AirVisual) која прибира податоци од целиот свет. Индексот на загаденост моментално е 161, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките. Скопје и Сараево имаат слични климатски неповолности бидејќи се наоѓаат во котлини во кои, при определени временски услови, нема провертрување, има магливост, а загадувањето од индустријата, сообраќајот и загревањето на домовите останува во воздухот кој се дише.

The post Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот е на 9. место во светот appeared first on Република.

]]>
Скопје и утринава меѓу најзагадените градови https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-i-utrinava-megu-najzagadenite-gradovi/ Fri, 01 Dec 2023 08:57:10 +0000 https://republika.mk/?p=718217

Загадениот воздух од синоќа ја зафати македонската метропола при што загаденоста продолжи и утринава.

Според податоците на интернет страницата IQAir од 6 часот утринава Скопје е на 9-то место во светот според загаденоста на воздухот. Измерениот индекс на загаденоста е 156, што повлекува предупредување дека воздухот е нездрав за дишење.

Препораката е да се носи заштитна маска, да не се спортува надвор, а во домовите да не се отвораат прозорците.

Најголемо е загадувањето со штетните ПМ2,5 честички, со концентрација од 65,6 микрограми на кубен метар воздух.

Скопје и синоќа беше мошне загаден. Околу 22 часот индексот на загадувањето беше 174, а воздухот е оценет како штетен.

Во главниот град беа измерени 100 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, што, според „Ај-кју-ер“ е 20 пати поголема концентрација на оваа честичка од годишната вредност на упатството за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).

 

The post Скопје и утринава меѓу најзагадените градови appeared first on Република.

]]>

Загадениот воздух од синоќа ја зафати македонската метропола при што загаденоста продолжи и утринава. Според податоците на интернет страницата IQAir од 6 часот утринава Скопје е на 9-то место во светот според загаденоста на воздухот. Измерениот индекс на загаденоста е 156, што повлекува предупредување дека воздухот е нездрав за дишење. Препораката е да се носи заштитна маска, да не се спортува надвор, а во домовите да не се отвораат прозорците. Најголемо е загадувањето со штетните ПМ2,5 честички, со концентрација од 65,6 микрограми на кубен метар воздух. Скопје и синоќа беше мошне загаден. Околу 22 часот индексот на загадувањето беше 174, а воздухот е оценет како штетен. Во главниот град беа измерени 100 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, што, според „Ај-кју-ер“ е 20 пати поголема концентрација на оваа честичка од годишната вредност на упатството за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).  

The post Скопје и утринава меѓу најзагадените градови appeared first on Република.

]]>
Вечерва Скопје е седми најзагаден град во светот https://republika.mk/vesti/skopje/vecherva-skopje-e-sedmi-najzagaden-grad-vo-svetot/ Thu, 30 Nov 2023 20:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=718150

Вечерва Скопје е седми најзагаден град во светот, според специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови Ајкјуер.

Скопје е седми на ранг-листата со индекс 164, а воздухот е нездрав. На прво место е Делхи, Индија, а потоа следата два града во Пакистан - Карачи и Лахоре.

Од вчера до утре, први декември, Скопје е домаќин на 30. Министерски самит на ОБСЕ.

 

 

The post Вечерва Скопје е седми најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>

Вечерва Скопје е седми најзагаден град во светот, според специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови Ајкјуер. Скопје е седми на ранг-листата со индекс 164, а воздухот е нездрав. На прво место е Делхи, Индија, а потоа следата два града во Пакистан - Карачи и Лахоре. Од вчера до утре, први декември, Скопје е домаќин на 30. Министерски самит на ОБСЕ.    

The post Вечерва Скопје е седми најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>
А дојде 10, смрдеата почнува: Тетовчани се гушат сред лето, Касами ќе испитува зошто https://republika.mk/vesti/makedonija/a-dojde-10-smrdeata-pochnuva-tetovchani-se-gushat-sred-leto-kasami-ke-ispituva-zoshto/ Wed, 12 Jul 2023 13:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=660470

И понатаму во делови од Тетово во вечерните часови се чувствува непријатна миризба на изгорен смет и запалена пластика. Граѓаните како и на крајот на јуни со дописи до редакцијата на МИА посочуваат дека тешко се дише навечер во градот и бараат од општината да се најде решение.

Тетовчани се жалат дека поради ѓубрето што го палат секоја вечер не се отвора прозорец. бараат некој да преземе одговорност. Посочуваат дека секоја ноќ во интервал 22:00 до 24:00 часот и во рани утрински часови околу 05:00 и 06:00 часот се чувствува страшно неподнослив мирис на изгорена пластика или отпад, поточно на мирисот ист кога имаше пожар во фабриката во западниот дел од градот кон Скопје.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами изјави дека ќе побара од службите дополнителни контроли за да се најде причината.

Според досегашните информации нема такво нешто во претоварната станица. Ако се работи за градот, за несовесни граѓани, ќе треба да проверам во инспекцијата дали има официјално барање за да се интервенира. Ако има такви ситуации ќе направиме дополнителни контроли за да видиме дали се работи за несовесност на граѓаните и да интервенираме, истакна Касами од Фалише каде имаше пуштање во употреба на нова пумпна станица.

МИА на 29 јуни објави информација за истата состојба. Тогаш од Територијалната противпожарна единица Тетово истакнаа дека неколку дена претходно имале една интервенција на пожар каде гореле пластични материјали на потегот од Тетово кон Требош на една локација.

The post А дојде 10, смрдеата почнува: Тетовчани се гушат сред лето, Касами ќе испитува зошто appeared first on Република.

]]>

И понатаму во делови од Тетово во вечерните часови се чувствува непријатна миризба на изгорен смет и запалена пластика. Граѓаните како и на крајот на јуни со дописи до редакцијата на МИА посочуваат дека тешко се дише навечер во градот и бараат од општината да се најде решение. Тетовчани се жалат дека поради ѓубрето што го палат секоја вечер не се отвора прозорец. бараат некој да преземе одговорност. Посочуваат дека секоја ноќ во интервал 22:00 до 24:00 часот и во рани утрински часови околу 05:00 и 06:00 часот се чувствува страшно неподнослив мирис на изгорена пластика или отпад, поточно на мирисот ист кога имаше пожар во фабриката во западниот дел од градот кон Скопје. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами изјави дека ќе побара од службите дополнителни контроли за да се најде причината.
Според досегашните информации нема такво нешто во претоварната станица. Ако се работи за градот, за несовесни граѓани, ќе треба да проверам во инспекцијата дали има официјално барање за да се интервенира. Ако има такви ситуации ќе направиме дополнителни контроли за да видиме дали се работи за несовесност на граѓаните и да интервенираме, истакна Касами од Фалише каде имаше пуштање во употреба на нова пумпна станица.
МИА на 29 јуни објави информација за истата состојба. Тогаш од Територијалната противпожарна единица Тетово истакнаа дека неколку дена претходно имале една интервенција на пожар каде гореле пластични материјали на потегот од Тетово кон Требош на една локација.

The post А дојде 10, смрдеата почнува: Тетовчани се гушат сред лето, Касами ќе испитува зошто appeared first on Република.

]]>
Сараево меѓу најзагадените градови во светот https://republika.mk/vesti/balkan/saraevo-megu-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/ Tue, 24 Jan 2023 09:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=600362

Сараево денеска е најзагаден град во Босна и Херцеговина и еден од најзагадените во светот со индекс на квалитет 266, кој спаѓа во категоријата многу нездраво за населението.

Позагадени градови од Сараево се Дака, Бангладеш, Лахоре, Пакистан и Багдад.

Во такви услови, лицата со респираторни заболувања, како што е астмата, може да доживеат значително зголемување на симптомите и интензитетот на болеста, а се зголемува и веројатноста за негативни последици по респираторните органи на целата популација.

Инаку, ако индексот за квалитет на воздухот е од 0-50 тогаш е здрав, од 51-100 е умерено загаден. Сè што е повеќе од 100 е нездраво, а повеќе од 300 е опасно по здравјето.

Во Сараево од почетокот на годинава квалитетот на воздухот неколку пати е лош, а во некои денови и опасен по здравјето.

На почетокот на годината, поради значителното зголемување на концентрацијата на загадувачките честички, како и прогнозираните временски услови, Министерството за комунална економија, инфраструктура, просторно планирање, градежништво и заштита на животната средина на кантонот Сараево, на предлог на Стручното тело, прогласи состојба на „Предупредување“.

Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зоните со загаден воздух, особено во утринските и вечерните часови кога концентрацијата на загадувачки материи во воздухот е најголема.

The post Сараево меѓу најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>

Сараево денеска е најзагаден град во Босна и Херцеговина и еден од најзагадените во светот со индекс на квалитет 266, кој спаѓа во категоријата многу нездраво за населението. Позагадени градови од Сараево се Дака, Бангладеш, Лахоре, Пакистан и Багдад. Во такви услови, лицата со респираторни заболувања, како што е астмата, може да доживеат значително зголемување на симптомите и интензитетот на болеста, а се зголемува и веројатноста за негативни последици по респираторните органи на целата популација. Инаку, ако индексот за квалитет на воздухот е од 0-50 тогаш е здрав, од 51-100 е умерено загаден. Сè што е повеќе од 100 е нездраво, а повеќе од 300 е опасно по здравјето. Во Сараево од почетокот на годинава квалитетот на воздухот неколку пати е лош, а во некои денови и опасен по здравјето. На почетокот на годината, поради значителното зголемување на концентрацијата на загадувачките честички, како и прогнозираните временски услови, Министерството за комунална економија, инфраструктура, просторно планирање, градежништво и заштита на животната средина на кантонот Сараево, на предлог на Стручното тело, прогласи состојба на „Предупредување“. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зоните со загаден воздух, особено во утринските и вечерните часови кога концентрацијата на загадувачки материи во воздухот е најголема.

The post Сараево меѓу најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-i-deneska-megu-najzagadenite-gradovi-vo-svetot/ Sat, 14 Jan 2023 14:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=596830

Скопје и денеска во топ десет градовите на светско ниво по степенот на аерозагадување.

Скопје повторно е во топ 10 најзагедни градови на Планетата. Според платформата IQ air индексот на загаденост во метрополата денеска е обележан со црвено и постојано варира околу 165. Според листата, во Скопје се дише загаден воздух како во градови од Индија, Виетнам , Гана, Ирак.

Според резултатите од мерењата за квалитет на амбиентален воздух на Министерството за животна средина воздухот во Скопје во текот на минатиот месец се дишеше позагаден воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем бој на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот.

 

 

The post Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>

Скопје и денеска во топ десет градовите на светско ниво по степенот на аерозагадување. Скопје повторно е во топ 10 најзагедни градови на Планетата. Според платформата IQ air индексот на загаденост во метрополата денеска е обележан со црвено и постојано варира околу 165. Според листата, во Скопје се дише загаден воздух како во градови од Индија, Виетнам , Гана, Ирак. Според резултатите од мерењата за квалитет на амбиентален воздух на Министерството за животна средина воздухот во Скопје во текот на минатиот месец се дишеше позагаден воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем бој на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот.    

The post Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот appeared first on Република.

]]>
Скопје шести најзагаден град во светот https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-shesti-najzagaden-grad-vo-svetot/ Mon, 09 Jan 2023 11:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=594893

Скопје и ова претпладне е град со многу загаден воздух. На листата главни и поголеми градови во светот, Скопје нешто пред 11 часот денеска се најде на шестото место во светот според индексот на квалитетот на воздухот, (од 175) односно според загаденоста.

На прво место е повеќемилинскиот град Делхи, во Индија, а по него седат Лахоре во Пакистан и Багдад во Ирак.

The post Скопје шести најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>

Скопје и ова претпладне е град со многу загаден воздух. На листата главни и поголеми градови во светот, Скопје нешто пред 11 часот денеска се најде на шестото место во светот според индексот на квалитетот на воздухот, (од 175) односно според загаденоста. На прво место е повеќемилинскиот град Делхи, во Индија, а по него седат Лахоре во Пакистан и Багдад во Ирак.

The post Скопје шести најзагаден град во светот appeared first on Република.

]]>
Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух https://republika.mk/vesti/makedonija/skopje-i-makedonija-tonat-vo-zagaden-vozduh-za-7-godini-vladata-potroshi-20-milijardi-evra-a-ni-evro-za-pochist-vozduh/ Fri, 06 Jan 2023 08:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=594077

Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.

7 години СДС е централна власт. 7 години откако станаа власт со ветувањето за почист воздух. 7 години како и Скопје и цела Македонија се гушат во загадениот воздух.

20 милијарди евра се потрошени преку буџетите секоја година изминативе 7 години, а ниту едно евро не е суштински инвестирано за почиста животна средина или намалување на загадувањето на воздухот.

Ниту на локално ниво каде СДС ја имаше власта до пред една година не беше преземено ништо посуштински, не ги имплементираа ниту Заклучоците кои сами ги донесоа во Собранието.

Заедно со Арсовска и Левица во коалиција го гушат и Скопје. Нивниот партиски кадар, директор на ЈСП потпиша договор по тендер за набавка на гориво без вообичаениот рабат и со тоа го оштети претпријатието за 1.5 милиони евра, колку што истото им должи на приватните превозници и го остави Скопје со помал број на превозници во сред грејна сезона и голема загаденост.

Се што прави СДС е само за профит на поединци, а на штета на народот и на идните генерации, затоа потребни се избори и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина, велат од партијата.

The post Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух appeared first on Република.

]]>

Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух, тврдат од ВМРО ДПМНЕ. 7 години СДС е централна власт. 7 години откако станаа власт со ветувањето за почист воздух. 7 години како и Скопје и цела Македонија се гушат во загадениот воздух. 20 милијарди евра се потрошени преку буџетите секоја година изминативе 7 години, а ниту едно евро не е суштински инвестирано за почиста животна средина или намалување на загадувањето на воздухот. Ниту на локално ниво каде СДС ја имаше власта до пред една година не беше преземено ништо посуштински, не ги имплементираа ниту Заклучоците кои сами ги донесоа во Собранието. Заедно со Арсовска и Левица во коалиција го гушат и Скопје. Нивниот партиски кадар, директор на ЈСП потпиша договор по тендер за набавка на гориво без вообичаениот рабат и со тоа го оштети претпријатието за 1.5 милиони евра, колку што истото им должи на приватните превозници и го остави Скопје со помал број на превозници во сред грејна сезона и голема загаденост. Се што прави СДС е само за профит на поединци, а на штета на народот и на идните генерации, затоа потребни се избори и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за подобра иднина, велат од партијата.

The post Скопје и Македонија тонат во загаден воздух, за 7 години Владата потроши 20 милијарди евра, а ни евро за почист воздух appeared first on Република.

]]>
МЖСПП: Воздухот во Кичево загаден, надминат прагот на алармирање на ПМ10 честичките https://republika.mk/vesti/makedonija/mzhspp-vozduhot-vo-kichevo-zagaden-nadminat-pragot-na-alarmirane-na-pm10-chestichkite/ Wed, 04 Jan 2023 18:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=593698

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека воздухот во Кичево е загаден и дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички до 10 микрометри во текот на претходните два дена.

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мернoто место во Кичево, се вели во соопштението на МЖСПП.

Во табелата, прикажани се среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Кичево
02/01/2023 162.07
03/01/2023 160.04

*концентрациите се изразени во mg/m3

Од МЖСПП посочуваат дека испратена е информација до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за животна средина, Секторот за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институтот за јавно здравје и до Општина Кичево.

The post МЖСПП: Воздухот во Кичево загаден, надминат прагот на алармирање на ПМ10 честичките appeared first on Република.

]]>

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека воздухот во Кичево е загаден и дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички до 10 микрометри во текот на претходните два дена.
Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мернoто место во Кичево, се вели во соопштението на МЖСПП.
Во табелата, прикажани се среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Кичево
02/01/2023 162.07
03/01/2023 160.04
*концентрациите се изразени во mg/m3 Од МЖСПП посочуваат дека испратена е информација до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за животна средина, Секторот за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институтот за јавно здравје и до Општина Кичево.

The post МЖСПП: Воздухот во Кичево загаден, надминат прагот на алармирање на ПМ10 честичките appeared first on Република.

]]>