втора светска војна Archives - Република https://republika.mk/tema/vtora-svetska-vojna/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 15:07:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png втора светска војна Archives - Република https://republika.mk/tema/vtora-svetska-vojna/ 32 32 На денешен ден војниците на Црвената Армија го поставија знамето на победата на германскиот Рајхстаг во Берлин https://republika.mk/vesti/svet/na-deneshen-den-vojnitsite-na-tsrvenata-armija-go-postavija-znameto-na-pobedata-na-germanskiot-rajhstag-vo-berlin/ Tue, 30 Apr 2024 15:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=772703

На денешен ден, 30 април 1945 година, војниците на Црвената Армија го кренаа знамето на победата над зградата на германскиот Рајхстаг во Берлин.

Зградата на Рајхстагот, каде што заседаваше истоимениот германски законодавен дом, советската влада ја прогласи за симбол на нацизмот. И покрај фактот дека за време на Третиот рајх, командата на земјата се одвиваше во зградата спроти - Операта Крол, Германците сè уште го сметаа Рајхстагот за нивна главна тврдина и цитадела на нацизмот.

Заземањето на Рајхстагот се случи од 29 април до 2 мај 1945 година, за време на последната фаза од Берлинската офанзива - една од најжестоките битки во Втората светска војна. Војниците на Црвената армија жестоко се бореа за да се пробијат до зградата на Рајхстагот во услови кога градот Берлин беше поделен на сектори и внимателно подготвен за одбрана со помош на противтенковски бариери, барикади и ровови, како и милионска група на припадници на германската армија - Вермахтот, кои очајнички се бореа за секоја зграда и улица.

Нападот на Рајхстагот беше почнат утрото на 30 април од 79-тиот стрелачки корпус на 3-та ударна армија на 1-виот белоруски фронт. Првиот обид за заземање на зградата бил неуспешен, но до пладне војниците на Црвената армија упаднале во зградата. Се водеа жестоки битки за секој метар, но позицијата на непријателските трупи стана безнадежна: тие беа пресечени во изолирани групи, а контролата над сите единици беше нарушена. Вечерта беше поставено победничко знаме во дупката на круната на скулптурата „Божицата на победата“. Црвеното знаме го кренаа војниците на 756-от пешадиски полк, наредникот Михаил Јегоров и помладиот наредник Мелитон Кантарија, на чело со заменик-командантот на баталјонот за политички прашања, поручник Алексеј Берест, под заштита на војниците од четата на Илја Сајанов.

До 5 мај, одделни единици на трупите на Хитлер продолжија да пружаат отпор во градот, кој на крајот беше целосно ставен под контрола. Падна симболот на нацизмот, а скршен беше и крвавиот режим на нацистичка Германија.

The post На денешен ден војниците на Црвената Армија го поставија знамето на победата на германскиот Рајхстаг во Берлин appeared first on Република.

]]>

На денешен ден, 30 април 1945 година, војниците на Црвената Армија го кренаа знамето на победата над зградата на германскиот Рајхстаг во Берлин. Зградата на Рајхстагот, каде што заседаваше истоимениот германски законодавен дом, советската влада ја прогласи за симбол на нацизмот. И покрај фактот дека за време на Третиот рајх, командата на земјата се одвиваше во зградата спроти - Операта Крол, Германците сè уште го сметаа Рајхстагот за нивна главна тврдина и цитадела на нацизмот. Заземањето на Рајхстагот се случи од 29 април до 2 мај 1945 година, за време на последната фаза од Берлинската офанзива - една од најжестоките битки во Втората светска војна. Војниците на Црвената армија жестоко се бореа за да се пробијат до зградата на Рајхстагот во услови кога градот Берлин беше поделен на сектори и внимателно подготвен за одбрана со помош на противтенковски бариери, барикади и ровови, како и милионска група на припадници на германската армија - Вермахтот, кои очајнички се бореа за секоја зграда и улица. Нападот на Рајхстагот беше почнат утрото на 30 април од 79-тиот стрелачки корпус на 3-та ударна армија на 1-виот белоруски фронт. Првиот обид за заземање на зградата бил неуспешен, но до пладне војниците на Црвената армија упаднале во зградата. Се водеа жестоки битки за секој метар, но позицијата на непријателските трупи стана безнадежна: тие беа пресечени во изолирани групи, а контролата над сите единици беше нарушена. Вечерта беше поставено победничко знаме во дупката на круната на скулптурата „Божицата на победата“. Црвеното знаме го кренаа војниците на 756-от пешадиски полк, наредникот Михаил Јегоров и помладиот наредник Мелитон Кантарија, на чело со заменик-командантот на баталјонот за политички прашања, поручник Алексеј Берест, под заштита на војниците од четата на Илја Сајанов. До 5 мај, одделни единици на трупите на Хитлер продолжија да пружаат отпор во градот, кој на крајот беше целосно ставен под контрола. Падна симболот на нацизмот, а скршен беше и крвавиот режим на нацистичка Германија.

The post На денешен ден војниците на Црвената Армија го поставија знамето на победата на германскиот Рајхстаг во Берлин appeared first on Република.

]]>
Граната од Втората светска војна тешка 100 килограми најдена во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/granata-od-vtorata-svetska-vojna-teshka-100-kilogrami-najdena-vo-makedonija/ Thu, 03 Aug 2023 09:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=668197

Во текот на вчерашниот ден во 13:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека кај с.Псача, при изведување на градежни работи, била пронајдена авионска граната со тежина од 100 кг, која потекнува од Втората светска војна.

Извршен бил увид, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Не е првпат во државава да бидат пронајдени стари гранати кои датираат уште пред 70 години.

The post Граната од Втората светска војна тешка 100 килограми најдена во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден во 13:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека кај с.Псача, при изведување на градежни работи, била пронајдена авионска граната со тежина од 100 кг, која потекнува од Втората светска војна. Извршен бил увид, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка. Не е првпат во државава да бидат пронајдени стари гранати кои датираат уште пред 70 години.

The post Граната од Втората светска војна тешка 100 килограми најдена во Македонија appeared first on Република.

]]>
Полска бара од Германија отштета за Втората светска војна https://republika.mk/vesti/svet/polska-bara-od-germanija-otshteta-za-vtorata-svetska-vojna/ Mon, 03 Oct 2022 12:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=556859

Полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау, потпиша дипломатска нота до Германија во врска со репарациите од Втората светска војна.

Потегот следува откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија ѝ должи на земјата 1,26 милијарда долари. Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, рече дека сите побарувања за пари поврзани со војната се намирени.

„Во нотата се изразува ставот на полскиот министер за надворешни работи дека страните треба да преземат итни чекори за трајно и ефикасно решавање на прашањето за последиците од агресијата и германската окупација“, рече Збигњев Рау на прес-конференција.

Речиси шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на војната, а Варшава беше срамнета со земја по востанието во 1944 година, во кое загинаа околу 200.000 цивили, се анализира во написите.

Полските владејачки националисти од Право и правда (ПиС) велат дека договорот е неважечки бидејќи Полска не можела да преговара за правична компензација. Тие поднесоа барања за воени репарации по преземањето на власта во 2015 година.

The post Полска бара од Германија отштета за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау, потпиша дипломатска нота до Германија во врска со репарациите од Втората светска војна. Потегот следува откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија ѝ должи на земјата 1,26 милијарда долари. Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, рече дека сите побарувања за пари поврзани со војната се намирени. „Во нотата се изразува ставот на полскиот министер за надворешни работи дека страните треба да преземат итни чекори за трајно и ефикасно решавање на прашањето за последиците од агресијата и германската окупација“, рече Збигњев Рау на прес-конференција. Речиси шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на војната, а Варшава беше срамнета со земја по востанието во 1944 година, во кое загинаа околу 200.000 цивили, се анализира во написите. Полските владејачки националисти од Право и правда (ПиС) велат дека договорот е неважечки бидејќи Полска не можела да преговара за правична компензација. Тие поднесоа барања за воени репарации по преземањето на власта во 2015 година.

The post Полска бара од Германија отштета за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Шолц ги отфрли барањата на Полска за воени репарации https://republika.mk/vesti/svet/sholc-gi-otfrli-baranjata-na-polska-za-voeni-reparacii/ Wed, 07 Sep 2022 21:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=548479

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли полските барања за исплата на штета што Германија ѝ ја предизвикала на земјата за време на Втората светска војна.

– Како и сите влади пред мене можам да потсетам дека прашањето за воените репарации е дефинитивно решено според меѓународното право, изјави тој во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Лидерот на владејачките полски конзервативци, Јарослав Качински неодамна најави дека Полска официјално ќе поднесе барање Германија да ѝ плати отштета за жртви, материјална штета и злосторства на окупаторските власти за време на Втората светска војна во вредност од 1,32 милијарди долари.

– Се донесе одлука официјално да се бара репарација од Германија, да добиеме отштета за сè што Германија или германскиот народ ѝ го направи на Полска од 1939 до 1945 година. Во меѓународните односи работите се такви што, доколку една држава ѝ нанесе голема штета на друга, по воениот пораз мора да се пресмета. Нема никаква причина Полска да биде исклучена од овој принцип, нагласи Качински.

Тој предупреди нема нема да биде ниту малку лесно да се дојде до репарација од Германија и оти тоа може да трае долго. Но, Качински изрази надеж дека ќе се заинтересираат и други држави. Израел конкретно, затоа што Полска бара отштета и за смртта на 5,2 милиони свои државјани, меѓу кои мнозинството Евреи.

Германија наведува дека прашањето за воена отштета за Полска е правно затворено, затоа што самата земја го затворила двапати. Со билатералниот договор за признавање на воените граници на Одра и Ниса од 1970 година и за време на преговорите за обединување на двете Германии, 1990 година, кога Варшава не го постави прашањето за отштета, иако веќе беше независна од Москва.

The post Шолц ги отфрли барањата на Полска за воени репарации appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли полските барања за исплата на штета што Германија ѝ ја предизвикала на земјата за време на Втората светска војна.
– Како и сите влади пред мене можам да потсетам дека прашањето за воените репарации е дефинитивно решено според меѓународното право, изјави тој во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Лидерот на владејачките полски конзервативци, Јарослав Качински неодамна најави дека Полска официјално ќе поднесе барање Германија да ѝ плати отштета за жртви, материјална штета и злосторства на окупаторските власти за време на Втората светска војна во вредност од 1,32 милијарди долари.
– Се донесе одлука официјално да се бара репарација од Германија, да добиеме отштета за сè што Германија или германскиот народ ѝ го направи на Полска од 1939 до 1945 година. Во меѓународните односи работите се такви што, доколку една држава ѝ нанесе голема штета на друга, по воениот пораз мора да се пресмета. Нема никаква причина Полска да биде исклучена од овој принцип, нагласи Качински.
Тој предупреди нема нема да биде ниту малку лесно да се дојде до репарација од Германија и оти тоа може да трае долго. Но, Качински изрази надеж дека ќе се заинтересираат и други држави. Израел конкретно, затоа што Полска бара отштета и за смртта на 5,2 милиони свои државјани, меѓу кои мнозинството Евреи. Германија наведува дека прашањето за воена отштета за Полска е правно затворено, затоа што самата земја го затворила двапати. Со билатералниот договор за признавање на воените граници на Одра и Ниса од 1970 година и за време на преговорите за обединување на двете Германии, 1990 година, кога Варшава не го постави прашањето за отштета, иако веќе беше независна од Москва.

The post Шолц ги отфрли барањата на Полска за воени репарации appeared first on Република.

]]>
Полска утврди дека Германија ѝ должи 1.3 трилиони евра отштета за Втората светска војна https://republika.mk/vesti/svet/polska-utvrdi-deka-germanija-dolzi-1-3-trilioni-evra-otshteta-za-vtorata-svetska-vojna/ Thu, 01 Sep 2022 15:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=546513

Полска претрпела штети во износ од над 1,3 трилиони евра за време на Втората светска војна, се посочува во извештајот на полската парламентарна комисија, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија.

Заклучоците од извештајот ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда“ Јарослав Качински, кој уште претходно најави дека Полска ќе бара „репарации за сè што направиле Германците во земјата помеѓу 1939 и 1945 година“.

Германија, која е најголемиот трговски партнер на Полска, постојано тврди дека прашањето за воените репарации е решено, додека „Право и правда“ бара воени репарации уште откако ја презеде власта во Полска во 2015 година, независно што Варшава досега формално не објавила такви барања за Германија.

Подготвени сме не само со извештајот, туку и со одлуката за нашите следни чекори“, рече Качински при презентацијата на документот. „Ќе пристапиме кон Германија за отпочнување преговори за репарации. Знаеме дека ќе биде долг и тежок пат, но еден ден ќе постигнеме успех, додаде тој.

Извештајот беше претставен од Качински и премиерот на земјата Матеуш Моравјецки за време на церемонијата во Кралската палата во Варшава, обновена по завршувањето на војната. На денешен ден Полска ја одбележува годишнината од инвазијата на нацистичка Германија во 1939 година, проследена со петгодишна брутална окупација.

Повеќе од шест милиони Пољаци, вклучително и три милиони полски Евреи, ги загубија животите во Втората светска војна, а главниот град Варшава беше срамнет со земја по бунтот во 1944 година во кој загинаа 200 илјади цивили. Во 1953 година, полските комунистички лидери се откажаа од финансиските побарувања од Германија под притисок на СССР, кој сакаше да ја ослободи Источна Германија од репарации.

Германската Влада и Министерството за надворешни работи допрва треба да се произнесат по полскиот извештај. Според главната опозициска партија во Полска „Граѓанската платформа” и неговиот лидер Доналд Туск, постапките на власта во Варшав се „внатрешна политичка кампања за враќање на довербата, која нема никаква врска со прашањето за репарации“.

The post Полска утврди дека Германија ѝ должи 1.3 трилиони евра отштета за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Полска претрпела штети во износ од над 1,3 трилиони евра за време на Втората светска војна, се посочува во извештајот на полската парламентарна комисија, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија. Заклучоците од извештајот ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда“ Јарослав Качински, кој уште претходно најави дека Полска ќе бара „репарации за сè што направиле Германците во земјата помеѓу 1939 и 1945 година“. Германија, која е најголемиот трговски партнер на Полска, постојано тврди дека прашањето за воените репарации е решено, додека „Право и правда“ бара воени репарации уште откако ја презеде власта во Полска во 2015 година, независно што Варшава досега формално не објавила такви барања за Германија.
Подготвени сме не само со извештајот, туку и со одлуката за нашите следни чекори“, рече Качински при презентацијата на документот. „Ќе пристапиме кон Германија за отпочнување преговори за репарации. Знаеме дека ќе биде долг и тежок пат, но еден ден ќе постигнеме успех, додаде тој.
Извештајот беше претставен од Качински и премиерот на земјата Матеуш Моравјецки за време на церемонијата во Кралската палата во Варшава, обновена по завршувањето на војната. На денешен ден Полска ја одбележува годишнината од инвазијата на нацистичка Германија во 1939 година, проследена со петгодишна брутална окупација. Повеќе од шест милиони Пољаци, вклучително и три милиони полски Евреи, ги загубија животите во Втората светска војна, а главниот град Варшава беше срамнет со земја по бунтот во 1944 година во кој загинаа 200 илјади цивили. Во 1953 година, полските комунистички лидери се откажаа од финансиските побарувања од Германија под притисок на СССР, кој сакаше да ја ослободи Источна Германија од репарации. Германската Влада и Министерството за надворешни работи допрва треба да се произнесат по полскиот извештај. Според главната опозициска партија во Полска „Граѓанската платформа” и неговиот лидер Доналд Туск, постапките на власта во Варшав се „внатрешна политичка кампања за враќање на довербата, која нема никаква врска со прашањето за репарации“.

The post Полска утврди дека Германија ѝ должи 1.3 трилиони евра отштета за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Полска бара нови репарации од Германија за Втората светска војна, надвор од досега договорените https://republika.mk/vesti/svet/polska-bara-novi-reparacii-od-germanija-za-vtorata-svetska-vojna-nadvor-od-dosega-dogovorenite/ Fri, 26 Aug 2022 06:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=544219

Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за штетите што и ги нанела на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава.

Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, се смета за почеток на војната, која ги однесе животите на најмалку 55 милиони луѓе, а според некои проценки таа бројка се движи до 80 милиони. Се проценува дека до 6 милиони луѓе во Полска загинале како резултат на војната.

Полската владејачка конзервативна партија Право и правда во неколку наврати посочи дека извештајот е во процес на изработка. Документот има за цел да ги поддржи барањата до Германија за репарации. Истражувањето спроведено минатата година покажа дека 64 отсто од анкетираните го поддржале барањето репарации од Германија за штетата направена на Полска.

Германската влада се спротивстави на сите барања за дополнителни репарации, инсистирајќи на тоа дека Договорот „Два плус четири“ од 1990 година, познат и како Договор за конечно порамнување со Германија, го завршиле тоа прашање.

The post Полска бара нови репарации од Германија за Втората светска војна, надвор од досега договорените appeared first on Република.

]]>

Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за штетите што и ги нанела на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава. Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, се смета за почеток на војната, која ги однесе животите на најмалку 55 милиони луѓе, а според некои проценки таа бројка се движи до 80 милиони. Се проценува дека до 6 милиони луѓе во Полска загинале како резултат на војната. Полската владејачка конзервативна партија Право и правда во неколку наврати посочи дека извештајот е во процес на изработка. Документот има за цел да ги поддржи барањата до Германија за репарации. Истражувањето спроведено минатата година покажа дека 64 отсто од анкетираните го поддржале барањето репарации од Германија за штетата направена на Полска. Германската влада се спротивстави на сите барања за дополнителни репарации, инсистирајќи на тоа дека Договорот „Два плус четири“ од 1990 година, познат и како Договор за конечно порамнување со Германија, го завршиле тоа прашање.

The post Полска бара нови репарации од Германија за Втората светска војна, надвор од досега договорените appeared first on Република.

]]>
Пресуши Дунав во Србија, исплива нацистичката историја https://republika.mk/vesti/balkan/presushi-dunav-vo-srbija-ispliva-nacistichkata-istorija/ Mon, 22 Aug 2022 19:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=542981

Црноморската флота на нацистичка Германија потопила долж Дунав стотици бродови во 1944 година кога се повлекувала пред Црвената армија, а тие бродови и ден денес го попречуваат речниот сообраќај при низок водостој.

Меѓутоа, годинешната суша, за која научниците тврдат дека е последица на глобалното загревање, разоткри повеќе од дваесет брода на еден потег на Дунав во близина на Прахово во источна Србија, од кои многу содржат тони муниција и експлозив и претставуваат опасност во пловењето.

„Германската флота зад себе оставила голема еколошка катастрофа која ни се заканува нам, на жителите на Прахово“, вели Велимир Трајиловиќ, пензионер од Прахово кој напишал книга за германските бродови. Работниците во локалната рибарска индустрија се исто така во опасност, вклучувајќи ги и оние во Романија, од другата страна на реката.

 

 

Месеците суша и рекордно високи температури се покажаа како пречка за речниот сообраќај на виталните артерии и во други делови на Европа, вклучувајќи ги Германија, Италија и Франција. Во Србија власти го копаат дното на реките за пловните патишта на Дунав да останат отворени.

Кај Прахово поради остатоците на некои бродови пловниот пат на Дунав е стеснет од 180 на само 100 метри. Расфрлени по речното корито, некои бродови сè уште имаат оклопни куполи, командни мостови, скршени јарболи и искривени трупови, додека други лежат закопани во песокот.

Во март српската влада распиша тендер за спас на бродовите и отстранување на муницијата и експлозивите. Трошокот на операцијата е проценет на 29 милиони евра.

https://youtu.be/RO5cB_lwYAo

 

The post Пресуши Дунав во Србија, исплива нацистичката историја appeared first on Република.

]]>

Црноморската флота на нацистичка Германија потопила долж Дунав стотици бродови во 1944 година кога се повлекувала пред Црвената армија, а тие бродови и ден денес го попречуваат речниот сообраќај при низок водостој. Меѓутоа, годинешната суша, за која научниците тврдат дека е последица на глобалното загревање, разоткри повеќе од дваесет брода на еден потег на Дунав во близина на Прахово во источна Србија, од кои многу содржат тони муниција и експлозив и претставуваат опасност во пловењето.
„Германската флота зад себе оставила голема еколошка катастрофа која ни се заканува нам, на жителите на Прахово“, вели Велимир Трајиловиќ, пензионер од Прахово кој напишал книга за германските бродови. Работниците во локалната рибарска индустрија се исто така во опасност, вклучувајќи ги и оние во Романија, од другата страна на реката.
 
  Месеците суша и рекордно високи температури се покажаа како пречка за речниот сообраќај на виталните артерии и во други делови на Европа, вклучувајќи ги Германија, Италија и Франција. Во Србија власти го копаат дното на реките за пловните патишта на Дунав да останат отворени. Кај Прахово поради остатоците на некои бродови пловниот пат на Дунав е стеснет од 180 на само 100 метри. Расфрлени по речното корито, некои бродови сè уште имаат оклопни куполи, командни мостови, скршени јарболи и искривени трупови, додека други лежат закопани во песокот. Во март српската влада распиша тендер за спас на бродовите и отстранување на муницијата и експлозивите. Трошокот на операцијата е проценет на 29 милиони евра. https://youtu.be/RO5cB_lwYAo  

The post Пресуши Дунав во Србија, исплива нацистичката историја appeared first on Република.

]]>