Полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау, потпиша дипломатска нота до Германија во врска со репарациите од Втората светска војна.

Потегот следува откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија ѝ должи на земјата 1,26 милијарда долари. Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, рече дека сите побарувања за пари поврзани со војната се намирени.

„Во нотата се изразува ставот на полскиот министер за надворешни работи дека страните треба да преземат итни чекори за трајно и ефикасно решавање на прашањето за последиците од агресијата и германската окупација“, рече Збигњев Рау на прес-конференција.

Речиси шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на војната, а Варшава беше срамнета со земја по востанието во 1944 година, во кое загинаа околу 200.000 цивили, се анализира во написите.

Полските владејачки националисти од Право и правда (ПиС) велат дека договорот е неважечки бидејќи Полска не можела да преговара за правична компензација. Тие поднесоа барања за воени репарации по преземањето на власта во 2015 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.