влезници Archives - Република https://republika.mk/tema/vleznici/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Oct 2023 15:19:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png влезници Archives - Република https://republika.mk/tema/vleznici/ 32 32 Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Украина – Македонија во Прага https://republika.mk/sport/fudbal/pushteni-vo-prodazhba-vleznitsite-za-natprevarot-ukraina-makedonija-vo-praga/ Tue, 03 Oct 2023 19:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=687526

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Украина - Македонија кој ќе се одигра на 14. октомври, 2023 г. на стадионот на Спарта во Прага се пуштени во продажба.

Како што информираат од ФФМ, билетите се по цена од 300 чешки Круни (приближно 755 денари), а може да се купуваат електронски на следниот линк:

https://uaf.enigoo.cz/app/guests/events

За македонските навивачи, во секторот од трибината на стадионот наменета за навивачи на македонската репрезентација (блоковите F1, F2, F20, F21 од мапата на стадионот) се предвидени 988 влезници.

Фановите кои ќе патуваат во Чешка, билетот за натпреварот Украина - Македонија може да го добијат во ПДФ форма откако ќе го завршат процесот на електронско купување на влезница. Едно лице со пополнети лични податоци може да купи најмногу четири билети.

The post Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Украина – Македонија во Прага appeared first on Република.

]]>

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Украина - Македонија кој ќе се одигра на 14. октомври, 2023 г. на стадионот на Спарта во Прага се пуштени во продажба. Како што информираат од ФФМ, билетите се по цена од 300 чешки Круни (приближно 755 денари), а може да се купуваат електронски на следниот линк: https://uaf.enigoo.cz/app/guests/events За македонските навивачи, во секторот од трибината на стадионот наменета за навивачи на македонската репрезентација (блоковите F1, F2, F20, F21 од мапата на стадионот) се предвидени 988 влезници. Фановите кои ќе патуваат во Чешка, билетот за натпреварот Украина - Македонија може да го добијат во ПДФ форма откако ќе го завршат процесот на електронско купување на влезница. Едно лице со пополнети лични податоци може да купи најмногу четири билети.

The post Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Украина – Македонија во Прага appeared first on Република.

]]>
Утре почнува продажбата на влезници за ЕУРО2024 https://republika.mk/sport/fudbal/utre-pochnuva-prodazhbata-na-vleznitsi-za-euro2024/ Mon, 02 Oct 2023 19:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=687249

Првата фаза од продажбата на влезници за Европското фудбалско првенство 2024 ќе почне утре, соопшти Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Заклучно со 26 октомври, до кога ќе трае првата фаза, достапни ќе бидат 1,2 милиони билети.

Евроквалификациите се во тек и сè уште ниту една репрезентација нема обезбедено место на завршниот турнир, чиј домаќин од 14 јуни до 14 јули идната година ќе биде Германија.

Цената на влезниците ќе се движи од 30 евра за натпревари во групната фаза, до 1.000 евра за најскапите билети за финалето во Берлин.

Точниот распоред на натпреварите на ЕУРО2024 ќе биде познат по жрепката која е закажана за 2 декември во Хамбург.

The post Утре почнува продажбата на влезници за ЕУРО2024 appeared first on Република.

]]>

Првата фаза од продажбата на влезници за Европското фудбалско првенство 2024 ќе почне утре, соопшти Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Заклучно со 26 октомври, до кога ќе трае првата фаза, достапни ќе бидат 1,2 милиони билети. Евроквалификациите се во тек и сè уште ниту една репрезентација нема обезбедено место на завршниот турнир, чиј домаќин од 14 јуни до 14 јули идната година ќе биде Германија. Цената на влезниците ќе се движи од 30 евра за натпревари во групната фаза, до 1.000 евра за најскапите билети за финалето во Берлин. Точниот распоред на натпреварите на ЕУРО2024 ќе биде познат по жрепката која е закажана за 2 декември во Хамбург.

The post Утре почнува продажбата на влезници за ЕУРО2024 appeared first on Република.

]]>
Веќе се продадени 3.25 милиони влезници за ОИ 2024 во Париз https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/veke-se-prodadeni-3-25-milioni-vleznitsi-za-oi-2024-vo-pariz/ Sat, 11 Mar 2023 07:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=618356

Речиси 3.25 милиони влезници се продадени за натпреварите на Олимписките игри во Париз по првата фаза од продажбата која почна пред повеќе од еден месец што Организацискиот одбор го оцени како голем успех и покрај критиките дека цените на билетите се превисоки.

Оваа прва фаза беше пуштена во продажба во пакети од најмалку три, а најмногу 30 билети, што е речиси третина од вкупниот број од 10.5 милиони влезници за Олимписките игри во 2024 година.

Од оваа бројка од 3.25 милиони влезници, 13 отсто се продадени по цена од 24 евра, 70 отсто по цена пониска од 100 евра и 4.5 отсто по цена повисока од 200 евра, наведоа организаторите.

Две третини од купците се Французи, а меѓу купците се застапени луѓе од вкупно 158 држави.

Набрзо откако на 15 февруари почна првата фаза од продажбата на влезниците се појавија критики, особено на социјалните мрежи, дека дел од влезниците се прескапи, како на пример билетите од 690 евра за вечерната програма во атлетика.

The post Веќе се продадени 3.25 милиони влезници за ОИ 2024 во Париз appeared first on Република.

]]>

Речиси 3.25 милиони влезници се продадени за натпреварите на Олимписките игри во Париз по првата фаза од продажбата која почна пред повеќе од еден месец што Организацискиот одбор го оцени како голем успех и покрај критиките дека цените на билетите се превисоки. Оваа прва фаза беше пуштена во продажба во пакети од најмалку три, а најмногу 30 билети, што е речиси третина од вкупниот број од 10.5 милиони влезници за Олимписките игри во 2024 година. Од оваа бројка од 3.25 милиони влезници, 13 отсто се продадени по цена од 24 евра, 70 отсто по цена пониска од 100 евра и 4.5 отсто по цена повисока од 200 евра, наведоа организаторите. Две третини од купците се Французи, а меѓу купците се застапени луѓе од вкупно 158 држави. Набрзо откако на 15 февруари почна првата фаза од продажбата на влезниците се појавија критики, особено на социјалните мрежи, дека дел од влезниците се прескапи, како на пример билетите од 690 евра за вечерната програма во атлетика.

The post Веќе се продадени 3.25 милиони влезници за ОИ 2024 во Париз appeared first on Република.

]]>
РФМ ќе субвенционира 40 отсто од цената на билетите за ЕП https://republika.mk/sport/rakomet/rfm-kje-subvencionira-40-otsto-od-cenata-na-biletite-za-ep/ Wed, 02 Nov 2022 11:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=568745

Македoнската ракометна федерација (РФМ) ја информира јавноста дека ќе ги субвенционира 40 отсто од цената на билетите од категорија 2 и од категорија 3 кои ќе бидат купени во периодот од 2. до 9. ноември.

Во согласност со барањата на љубителите на ракометот за обезбедување дополнителна пониска ценовна категорија на билети, Ракометната федерација на Македонија, по добиеното одобрение од европската куќа на ракометот, ќе субвенционира 40 % од износот на билетите од категорија 2 и од категорија 3, купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 година преку овластените агенции „Евентим“ и „МК тикетс“.

Попустот на билетите за натпреварите на нашиот национален тим во групата Ц ќе се пресметува од денеска во 11 часот, а средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени од спонзорите на РФМ.

Натпреварите против селекциите на Франција, Холандија и на Романија нашите ракометни сениорки ќе ги одиграат во Арената „Борис Трајковски“ на 5, 7 и на 9 ноември со почеток во 18 часот.

Ракометарките се подготвени, а националната арена е целосно опремена според стандардите на ЕХФ за да ги прими љубителите на ракометот од целиот континент. Капацитетот на салата, во согласност со стандардите за ова првенство, е максимум 5000 седишта, а досега се продадени околу 2000 билети.

Им благодариме на сите љубители на ракометот и на целата македонска јавност за досегашната поддршка. Навиваме од срце! За кого? За Македонија!, стои во соопшението на Ракометната Федерација на Македонија.

 

The post РФМ ќе субвенционира 40 отсто од цената на билетите за ЕП appeared first on Република.

]]>

Македoнската ракометна федерација (РФМ) ја информира јавноста дека ќе ги субвенционира 40 отсто од цената на билетите од категорија 2 и од категорија 3 кои ќе бидат купени во периодот од 2. до 9. ноември.
Во согласност со барањата на љубителите на ракометот за обезбедување дополнителна пониска ценовна категорија на билети, Ракометната федерација на Македонија, по добиеното одобрение од европската куќа на ракометот, ќе субвенционира 40 % од износот на билетите од категорија 2 и од категорија 3, купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 година преку овластените агенции „Евентим“ и „МК тикетс“.
Попустот на билетите за натпреварите на нашиот национален тим во групата Ц ќе се пресметува од денеска во 11 часот, а средствата за оваа намена ќе бидат обезбедени од спонзорите на РФМ. Натпреварите против селекциите на Франција, Холандија и на Романија нашите ракометни сениорки ќе ги одиграат во Арената „Борис Трајковски“ на 5, 7 и на 9 ноември со почеток во 18 часот. Ракометарките се подготвени, а националната арена е целосно опремена според стандардите на ЕХФ за да ги прими љубителите на ракометот од целиот континент. Капацитетот на салата, во согласност со стандардите за ова првенство, е максимум 5000 седишта, а досега се продадени околу 2000 билети.
Им благодариме на сите љубители на ракометот и на целата македонска јавност за досегашната поддршка. Навиваме од срце! За кого? За Македонија!, стои во соопшението на Ракометната Федерација на Македонија.
 

The post РФМ ќе субвенционира 40 отсто од цената на билетите за ЕП appeared first on Република.

]]>
Во продажба влезниците за концертот на Наум Петрески во Хераклеа – Битола https://republika.mk/scena/muzika/vo-prodazba-vleznicite-za-koncertot-na-naum-petreski-vo-heraklea-bitola/ Thu, 14 Jul 2022 14:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=528850

Од денес пуштени се во продажба влезниците за јубилејниот концерт на Наум Петрески во Битола, „35 години Наум”, кој воедно претставува и концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум”, информираат организаторите.

Концертот ќе се одржи на 04.08 во Хераклеа Битола со почеток од 21:00ч., а влезниците по цена од 350,оо денари можат да се набават преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк- https://www.kupikartizase.com/Events/naum_heraklea

Во текот на идната недела ќе Ве информираме за продажбата на влезници за концертот во Долни Сарај Охрид, кој ќе се одржи на 11 август, соопштија оттаму.

The post Во продажба влезниците за концертот на Наум Петрески во Хераклеа – Битола appeared first on Република.

]]>

Од денес пуштени се во продажба влезниците за јубилејниот концерт на Наум Петрески во Битола, „35 години Наум”, кој воедно претставува и концертна промоција на албумот “Најдоброто од Наум”, информираат организаторите.

Концертот ќе се одржи на 04.08 во Хераклеа Битола со почеток од 21:00ч., а влезниците по цена од 350,оо денари можат да се набават преку продажната мрежа на Купикартизасе како и онлајн на следниот линк- https://www.kupikartizase.com/Events/naum_heraklea

Во текот на идната недела ќе Ве информираме за продажбата на влезници за концертот во Долни Сарај Охрид, кој ќе се одржи на 11 август, соопштија оттаму.

The post Во продажба влезниците за концертот на Наум Петрески во Хераклеа – Битола appeared first on Република.

]]>
Португалците плаќаат и 200 евра за дуелот со Македонија https://republika.mk/sport/fudbal/portugalcite-plakjaat-i-200-evra-za-duelot-so-makedonija/ Mon, 28 Mar 2022 08:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=479661

Португалската фудбалска репрезентација ќе се обиде да извади мундијалска виза во дуелот со Македонија, а на утрешната средба во Порто ќе очекува и голема поддршка од домашните фанови.

Стадионот „Драгао“ беше распродаден за само неколку часа по пуштањето на билетите во продажба, а тоа им оди во прилог на актерите на црниот пазар.

Како што пренесува „Ројтерс“, цената на билет за дуелот Португалија-Македонија достигнал 200 евра, сума која одреден број португалски фанови веројатно и ќе ја платат за да го следат во живот мечот кој може да донесе големо славје, но и уште поголемо разочарување.

Португалската федерација истовремено ги известила надлежните органи дека во продажба се појавиле и билети со места за седење кои не постојат на стадионот, па побара брза истрага и апелираше до навивачите да не наседнуваат на ваквите „одлични“ понуди.

Билетите чинеа од 10 до 15 евра, а 2.500 од нив се ставени на располагање на македонските навивачи.

извор: Дерби

The post Португалците плаќаат и 200 евра за дуелот со Македонија appeared first on Република.

]]>

Португалската фудбалска репрезентација ќе се обиде да извади мундијалска виза во дуелот со Македонија, а на утрешната средба во Порто ќе очекува и голема поддршка од домашните фанови. Стадионот „Драгао“ беше распродаден за само неколку часа по пуштањето на билетите во продажба, а тоа им оди во прилог на актерите на црниот пазар. Како што пренесува „Ројтерс“, цената на билет за дуелот Португалија-Македонија достигнал 200 евра, сума која одреден број португалски фанови веројатно и ќе ја платат за да го следат во живот мечот кој може да донесе големо славје, но и уште поголемо разочарување. Португалската федерација истовремено ги известила надлежните органи дека во продажба се појавиле и билети со места за седење кои не постојат на стадионот, па побара брза истрага и апелираше до навивачите да не наседнуваат на ваквите „одлични“ понуди. Билетите чинеа од 10 до 15 евра, а 2.500 од нив се ставени на располагање на македонските навивачи. извор: Дерби

The post Португалците плаќаат и 200 евра за дуелот со Македонија appeared first on Република.

]]>
Организаторите на ОИ во Париз објавија популарни цени за влезниците https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/organizatorite-na-oi-vo-pariz-objavija-popularni-ceni-za-vleznicite/ Mon, 21 Mar 2022 22:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=476382

Организаторите на Олимписките игри во Париз 2024 ја презентираа денеска својата стратегија за продажба на влезниците, објавувајќи оти половина од вкупниот број билети ќе се продаваат во текот на идната година по популарни цени, кои нема да надминат повеќе од 50 евра.

Во продажба ќе се најдат 13.4 милиони влезници, од кои десет милиони за Олимписките игри и 3.4 милиони за Параолимписките игри.

Сите влезници ќе се продаваат во текот на 2023 година по пат на лотарија со задолжителна регистрација, која ќе почне во декември оваа година.

Организаторите објавија дека повеќе од еден милиони билети ќе се продаваат по цена од 24 евра за сите спортови, додека 50 отсто од вкупниот број олимписки влезници ќе чинат 50 евра или помалку од тоа.

Идејата на организаторите е „Игрите во Париз да бидат масовно посетени“, нудејќи „голем број влезници за сите спортови по популарни цени“.

Приходот од влезниците се смета за клучен фактор за вкупниот буџет од четири милијарди евра, а француските организатори се надеваат дека ќе ја избегнат судбината на Игрите во Токио, на кои поради пандемијата на коронавирус немаше гледачи, како и на Зимските олимписки игри, каде на трибините имаше ограничен број посетители.

Организацискиот комитет на Летната олимпијада 2024 во Париз, во декември лани го усвои проектот за церемонијата на свеченото отворање, која првпат во историјата на олимпизмот нема да се одржи на стадион, туку на реката Сена во самиот центар на француската престолнина.

The post Организаторите на ОИ во Париз објавија популарни цени за влезниците appeared first on Република.

]]>

Организаторите на Олимписките игри во Париз 2024 ја презентираа денеска својата стратегија за продажба на влезниците, објавувајќи оти половина од вкупниот број билети ќе се продаваат во текот на идната година по популарни цени, кои нема да надминат повеќе од 50 евра. Во продажба ќе се најдат 13.4 милиони влезници, од кои десет милиони за Олимписките игри и 3.4 милиони за Параолимписките игри. Сите влезници ќе се продаваат во текот на 2023 година по пат на лотарија со задолжителна регистрација, која ќе почне во декември оваа година. Организаторите објавија дека повеќе од еден милиони билети ќе се продаваат по цена од 24 евра за сите спортови, додека 50 отсто од вкупниот број олимписки влезници ќе чинат 50 евра или помалку од тоа. Идејата на организаторите е „Игрите во Париз да бидат масовно посетени“, нудејќи „голем број влезници за сите спортови по популарни цени“. Приходот од влезниците се смета за клучен фактор за вкупниот буџет од четири милијарди евра, а француските организатори се надеваат дека ќе ја избегнат судбината на Игрите во Токио, на кои поради пандемијата на коронавирус немаше гледачи, како и на Зимските олимписки игри, каде на трибините имаше ограничен број посетители. Организацискиот комитет на Летната олимпијада 2024 во Париз, во декември лани го усвои проектот за церемонијата на свеченото отворање, која првпат во историјата на олимпизмот нема да се одржи на стадион, туку на реката Сена во самиот центар на француската престолнина.

The post Организаторите на ОИ во Париз објавија популарни цени за влезниците appeared first on Република.

]]>