винарии Archives - Република https://republika.mk/tema/vinarii/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 14:40:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png винарии Archives - Република https://republika.mk/tema/vinarii/ 32 32 Николовски: Малите винарии се наша успешна приказна на која треба сите да бидеме горди, поддршката кон нив ја продолжуваме https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-malite-vinarii-se-nasha-uspeshna-prikazna-na-koja-treba-site-da-bideme-gordi-poddrshkata-kon-niv-ja-prodolzhuvame/ Tue, 05 Mar 2024 14:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=751572

Малите семејни винарии се наша успешна приказна на која сите треба да бидеме гордиистакна денеска при посетата на малата винарија Брзанов во скопско Трубарево министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Испишувањето на оваа успешна приказна за развојот на малите семејни винарии, започна во 2019 година, создавајќи законска можност за регистрација на физички лица како производители на вино.

„Нашите вредни лозари, кој со години за своја душа си произведуваат убаво домашно вино, на овој начин добија можност, да создадат мала семејна винарија со капацитет до 50.000 литри. Можност да своето вино, произведено од сопствено грозје, да го продаваат слободно и легално од куќен праг. Затоа креиравме посебна, нова, програма за поддршка на малите винарии. Програма со која преку грант поддршка до 10.000 евра ги поддржуваме малите винарии да набават опрема за производство“, истакна министерот Николовски.

Дека оваа програма е прифатена од земјоделците и дала резултати говорат и бројките. Денеска, благодарение на добрите политики креирани од министерството имаме рекордна бројка од 173 регистрирани мали семејни винарии, кои може да се сретнат насекаде низ државата.

„Преку транспарентна и законска постапка, од двата јавни повици, до сега со грант поддршка за набавка на опрема за производство се поддржани 145 мали винарии. Секоја една мала винарија, која аплицирала на некој од овие два повици и притоа во целост ги исполнувала условите, добила грант поддршка за набавка на опрема. Резултатите и бројките се јасни. Денес имаме вкупно 255 регистрирани винарски визби во државата. Само за споредба пред 2019 година да се овозможи регистрација на малите винарии, бројката на регистрирани винарски визби била 71 винарска визба“, истакна министерот Николовски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со лозарите, винариите, здруженијата на земјоделци и стручната јавност, подготви и донесовме 10 годишна стратегија за развој на лозарството и винарството, како и подготовока на целосно нов закон за вино, кој веќе е во собраниска процедура и се чека негово усвојување.

Два важни документи, кои јасно ја пишуваат нашата визија како македонското вино да го искачиме уште повисоко на винската мапа и уште повеќе да го развиваме винскиот туризам.

Од малата винарија Брзанов министерот Николовски упат порака до пратенциите во брз рок да го донесат новиот закон за вино. Станува збор за важно законско решение, со кое лозарите добиваат со закон гаранитрана откупна цена, но и нова посебна програма за финансиска поддршка на овие два важни сектори.

„Мерките креирани за поддршка на винскиот сектор изминативе години дале резултати. Позиционирајќи ја нашата држава на 13 место во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино. Од година во година бележејќи раст на извозот флаширано вино. Ние сме винска земја со многу успешни вински приказни. Нашите вредни лозари под македонското сонце го одгледуваат нашето грозје, од кое се прави убавото македонско вино, по кое сме препознаени во светот“, истакна министерот Николовски.

Нашата поддршка за малите винарии не застанува. Ја продолжуваме и оваа година, обезбедувајќи грант поддршка за набавка на опрема за производство.

The post Николовски: Малите винарии се наша успешна приказна на која треба сите да бидеме горди, поддршката кон нив ја продолжуваме appeared first on Република.

]]>

Се отвораат нови пазари како Кореја и Бразил: Николовски очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-otvoraat-novi-pazari-kako-koreja-i-brazil-nikolovski-ochekuva-godinava-da-bidat-srusheni-rekordite-za-izvezeno-vino/ Sat, 18 Nov 2023 08:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=702768

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино.

Во интервју за МИА, Николовски вели дека македонското вино е нашиот најголем амбасадор и дека се отвораат нови пазари како што се Кореја, Бразил и други држави во светот.

Сите политики што ги водиме се во правец да произведуваме финален производ и токму затоа оваа година за 12 милиони евра е зголемен извозот на флаширано вино, а паѓа извозот на наливно вино. Токму тоа што паѓа извозот на наливно вино и расте извозот на флаширано вино, говори дека навистина сите политики, мерки и активности водат во правец да го преработуваме нашето грозје и да работиме на брендирање и на имиџ на македонското вино, посочува Николовски во интервјуто за МИА што го даде на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ што од 16 до 20 ноември се одржува на Белградскиот саем.

Николовски нагласува дека сме препознатливи како винска земја и дека виното е најизвезуван земјоделски производ после тутунот. Од 28 држави и над 600 винарии на саемот, од земјава присутни се 74 винарии.

Македонија е винска земја, виното е наш најголем амбасадор. Моментално, според последните бројки, сме прва земја во регионот, дури пред Грција и пред останатите земји, во извоз на виното. Очекувам 2023 година да ги срушиме рекордите по вредноста на извезено вино. Особено е значајно што расте извозот на флаширано вино, и само во последната година имаме за 30 проценти поголем извоз на флаширано вино. Едни од најпосетуваните се и македонските семејни винарии, македонските мали старт ап винарии. Пред само неколку години имавме 30, а денес сме до добра бројка од близу 300 регистрирани винарии, вели Николовски.

The post Се отвораат нови пазари како Кореја и Бразил: Николовски очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино. Во интервју за МИА, Николовски вели дека македонското вино е нашиот најголем амбасадор и дека се отвораат нови пазари како што се Кореја, Бразил и други држави во светот.
Сите политики што ги водиме се во правец да произведуваме финален производ и токму затоа оваа година за 12 милиони евра е зголемен извозот на флаширано вино, а паѓа извозот на наливно вино. Токму тоа што паѓа извозот на наливно вино и расте извозот на флаширано вино, говори дека навистина сите политики, мерки и активности водат во правец да го преработуваме нашето грозје и да работиме на брендирање и на имиџ на македонското вино, посочува Николовски во интервјуто за МИА што го даде на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ што од 16 до 20 ноември се одржува на Белградскиот саем.
Николовски нагласува дека сме препознатливи како винска земја и дека виното е најизвезуван земјоделски производ после тутунот. Од 28 држави и над 600 винарии на саемот, од земјава присутни се 74 винарии.
Македонија е винска земја, виното е наш најголем амбасадор. Моментално, според последните бројки, сме прва земја во регионот, дури пред Грција и пред останатите земји, во извоз на виното. Очекувам 2023 година да ги срушиме рекордите по вредноста на извезено вино. Особено е значајно што расте извозот на флаширано вино, и само во последната година имаме за 30 проценти поголем извоз на флаширано вино. Едни од најпосетуваните се и македонските семејни винарии, македонските мали старт ап винарии. Пред само неколку години имавме 30, а денес сме до добра бројка од близу 300 регистрирани винарии, вели Николовски.

The post Се отвораат нови пазари како Кореја и Бразил: Николовски очекува годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино appeared first on Република.

]]>
Македонија е 13 земја во светот по девизен прилив од извоз на вино https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-e-13-zemja-vo-svetot-po-devizen-priliv-od-izvoz-na-vino/ Fri, 25 Aug 2023 19:50:56 +0000 https://republika.mk/?p=675865

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ја посети винаријата Камник, од каде извести за рангирањето на Македонија како 13 држава во светот на скалата по девизен прилив остварен од извоз на вино, според податоците на „World Top Export“.

Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави. Ние во 2022 година сме оствариле девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони евра. Нашата анализа покажа дека низ годините наназад ние сме успеале да го одржиме производството и површините со лозови насади, а при тоа да ја зголемиме вредноста на извезеното вино. За пример, во 2021 и 2022 сме извезле отприлика иста количина вино но, во 2021 имаме околу 50 милиони евра а во 2022 околу 60 милиони девизен прилив, значи 10 милиони евра повеќе за една година. Ова се должи на зголемениот квалитет на виното и зголемениот извоз на вино во шишиња, како и на многуте нови брендови кои ги освојуваат странските пазари. И во тој правец треба да продолжиме, да го зголемуваме квалиетот на произведено винско грозје за да имаме уште поквалитетни вина“, изјави министерот Николовски.

Според анализите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за изминатите седум години од 2016 до 2022, за лозарите и винариите се исплатиле околу 90 милиони евра, по разни основи, а само во една година се вратиле назад во буџетската каса две третини од овој износ, односно 60 милиони евра.

Според Николовски, тоа доволно зборува зошто се посветува посебно внимание токму на овој сектор и ги опрадува сите пари кои се исплатени кон лозарите и винариите низ годиниве наназад.

Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегијата, со што винскиот сектор доживеа револуционерен развој. Ние денеска зборуваме за над 200 винарии, а само пред неколку години беа триесетина. Ние денеска не сме невидливи во тој глобален вински свет, напротив, силно зрачиме и секој кој следи вински параметри, се почесто ќе го чита името на Македонија“, потенцира Николовски.

Тој додаде дека оваа година ќе биде донесена нова десетгодишна стратегија за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал.

Очекуваме да се изгласа и новиот Закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ, што ќе биде уште еден наш успех и надградување на политиките, изјави Николовски.

Николовски го најави Првиот јавен повик од ИПАРД 3 кој е со најголем буџет до сега од над 30 милиони евра и ги повика сите винарии да аплицираат за нови средства со кои ќе го зголемат производството, ќе го модернизираат и ќе продолжат да придонесуваат за уште поголем развојот на винскиот сектор и нови заеднички успеси.

The post Македонија е 13 земја во светот по девизен прилив од извоз на вино appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ја посети винаријата Камник, од каде извести за рангирањето на Македонија како 13 држава во светот на скалата по девизен прилив остварен од извоз на вино, според податоците на „World Top Export“.
Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави. Ние во 2022 година сме оствариле девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони евра. Нашата анализа покажа дека низ годините наназад ние сме успеале да го одржиме производството и површините со лозови насади, а при тоа да ја зголемиме вредноста на извезеното вино. За пример, во 2021 и 2022 сме извезле отприлика иста количина вино но, во 2021 имаме околу 50 милиони евра а во 2022 околу 60 милиони девизен прилив, значи 10 милиони евра повеќе за една година. Ова се должи на зголемениот квалитет на виното и зголемениот извоз на вино во шишиња, како и на многуте нови брендови кои ги освојуваат странските пазари. И во тој правец треба да продолжиме, да го зголемуваме квалиетот на произведено винско грозје за да имаме уште поквалитетни вина“, изјави министерот Николовски.
Според анализите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за изминатите седум години од 2016 до 2022, за лозарите и винариите се исплатиле околу 90 милиони евра, по разни основи, а само во една година се вратиле назад во буџетската каса две третини од овој износ, односно 60 милиони евра. Според Николовски, тоа доволно зборува зошто се посветува посебно внимание токму на овој сектор и ги опрадува сите пари кои се исплатени кон лозарите и винариите низ годиниве наназад.
Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобар промотер на нашата земја, најгласниот и најдиректниот маркетинг за нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегијата, со што винскиот сектор доживеа револуционерен развој. Ние денеска зборуваме за над 200 винарии, а само пред неколку години беа триесетина. Ние денеска не сме невидливи во тој глобален вински свет, напротив, силно зрачиме и секој кој следи вински параметри, се почесто ќе го чита името на Македонија“, потенцира Николовски.
Тој додаде дека оваа година ќе биде донесена нова десетгодишна стратегија за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал.
Очекуваме да се изгласа и новиот Закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ, што ќе биде уште еден наш успех и надградување на политиките, изјави Николовски.
Николовски го најави Првиот јавен повик од ИПАРД 3 кој е со најголем буџет до сега од над 30 милиони евра и ги повика сите винарии да аплицираат за нови средства со кои ќе го зголемат производството, ќе го модернизираат и ќе продолжат да придонесуваат за уште поголем развојот на винскиот сектор и нови заеднички успеси.

The post Македонија е 13 земја во светот по девизен прилив од извоз на вино appeared first on Република.

]]>
Објавена онлајн винска карта со винарии низ Македонија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/objavena-onlajn-vinska-karta-so-vinarii-niz-makedonija/ Tue, 04 Jul 2023 11:29:30 +0000 https://republika.mk/?p=658001

Објавена е винопедиа, онлајн винска карта со винарии низ Македонија која овозможува посебно да се прикажат малите семејни винарии од останатите комерцијални винарии.

Винопедиа е првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта. Квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со УКИМ Факултетот за земјоделски науки и храна - 75 Години ФЗНХ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите д-р проф. Михаил Петков и доц. Златко Прцуловски.

На винската карта покрај винариите во соработка со НУК - Независната угостителска комора мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и вински музеи, како и угостителски објекти - хотели и вински ресторани кои нудат специјализирани вински дегустации во комбинација со македонски врвни гастрономски специјалитети за љубителите и истражувачите на винските дестинации, велат тие.

Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти која ќе бидат издадени наредниот период. Винските карти ќе послужат на транзитните патници и останати туристи што ќе престојуваат во Македонија да се информираат повеќе за винариите, винските рути и винската понуда од македонските семејни и останати винарии.

The post Објавена онлајн винска карта со винарии низ Македонија appeared first on Република.

]]>

Објавена е винопедиа, онлајн винска карта со винарии низ Македонија која овозможува посебно да се прикажат малите семејни винарии од останатите комерцијални винарии. Винопедиа е првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта. Квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со УКИМ Факултетот за земјоделски науки и храна - 75 Години ФЗНХ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите д-р проф. Михаил Петков и доц. Златко Прцуловски.
На винската карта покрај винариите во соработка со НУК - Независната угостителска комора мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и вински музеи, како и угостителски објекти - хотели и вински ресторани кои нудат специјализирани вински дегустации во комбинација со македонски врвни гастрономски специјалитети за љубителите и истражувачите на винските дестинации, велат тие.
Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти која ќе бидат издадени наредниот период. Винските карти ќе послужат на транзитните патници и останати туристи што ќе престојуваат во Македонија да се информираат повеќе за винариите, винските рути и винската понуда од македонските семејни и останати винарии.  

The post Објавена онлајн винска карта со винарии низ Македонија appeared first on Република.

]]>
Македонија доби седум вински промотори: Ќе презентираат над 120 македонски винарии https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-dobi-sedum-vinski-promotori-ke-prezentiraat-nad-120-makedonski-vinarii/ Tue, 27 Jun 2023 18:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=655830

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги додели седумте договори за ангажирање вински промотори. Задача на винските промотори ќе биде домашна и меѓународна промоција на над 120 македонски винарии, преку социјалните мрежи.

Како што соопшти МЗШВ, критериумите по кои учествуваа аплилантите беа: да се познавачи на виното и винската култура, да имаат најмалку 10.000 следбеници на личните профили на социјалните мрежи и најмалку две години искуство во промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи, како и да имаат предлог-план на активностите со временска рамка и методологија за реализација за најмалку шест месеци.

Од апликантите се бара и да имаат согласност за промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи од најмалку десет корисници, со склучен договор за дело направен со правен субјект регистриран за услуги од областа на авторското право и индустриската сопственост како доказ.

Секторот лозарство и винарство е значаен и високо во приоритетите на министерството. Втора држава сме во регионот и меѓу дваесете во светот по извоз на вино, овој факт не обврзува да вложуваме уште повеќе во промоција на нашето убаво вино. Вложуваме многу во промоција на македонското вино, преку поддршка за учество на реномирани меѓународни саеми, а сега со оваа нова поддршка за вински промотери дополнително даваме придонес во промоцијата на нашите винарии и нашето македонско вино. Континуирната поддршка за овој сектор придонесе да имаме стабилно производство на грозје, пораст во производството на вино, но и пораст на извозот на флаширано вино. Нашата искрена намера е да го развиеме винскиот сектор ја потврдуваме и со новиот закон за вино, но и со подготовката, за прв пат, на десет годишна стратегија за развој на секторот вино и на лозарството во нашата држава, порача Николовски.

Тој напомена дека главната стратешка цел на оваа десетгодишна стартегија е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на нејзиниот потенцијал.

Визијата за развој на секторот е јасно отсликана со подготовката на новиот Закон за вино чие донесување ќе следи во 2023 година, а каде најголемите измени се однесуваат во делот на Географските ознаки и нивна заштита кои целосно се усогласени со Регулативата од Европска Унија, потенцира Николовски.

The post Македонија доби седум вински промотори: Ќе презентираат над 120 македонски винарии appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги додели седумте договори за ангажирање вински промотори. Задача на винските промотори ќе биде домашна и меѓународна промоција на над 120 македонски винарии, преку социјалните мрежи. Како што соопшти МЗШВ, критериумите по кои учествуваа аплилантите беа: да се познавачи на виното и винската култура, да имаат најмалку 10.000 следбеници на личните профили на социјалните мрежи и најмалку две години искуство во промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи, како и да имаат предлог-план на активностите со временска рамка и методологија за реализација за најмалку шест месеци. Од апликантите се бара и да имаат согласност за промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи од најмалку десет корисници, со склучен договор за дело направен со правен субјект регистриран за услуги од областа на авторското право и индустриската сопственост како доказ.