вила Archives - Република https://republika.mk/tema/vila/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 09:22:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вила Archives - Република https://republika.mk/tema/vila/ 32 32 Резервираа вила со базен на Крф, а добија… https://republika.mk/zivot/patuvanja/rezerviraa-vila-so-bazen-na-krf-a-dobija/ Tue, 06 Aug 2024 18:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=803835

Одморот во Кавос на грчкиот остров Крг за група момци од Србија не започна како што се надеваа. Еден од нив на својот профил на „Тик ток“ откри какво изненадување го чекало него и неговите пријатели кога пристигнале во нивната вила.

Пази сега, стигнавме во Кавос. Резервиравме вила со базен. Погледнете каква вила добивме. Погледнете го ова!
Мислам, реално - е вила со базен, не нè измамија, објаснува тој, покажувајќи го дворот на апартманот во кој технички има базен, но - мал гумен базен за деца.

 

@urkeglavazurke VILA SA BAZENOM GG. . . . #kavos #more #zakintos #beograd #srbija #hrvatska #bosna #grcka ♬ original sound - urkeglavazurke

The post Резервираа вила со базен на Крф, а добија… appeared first on Република.

]]>

Одморот во Кавос на грчкиот остров Крг за група момци од Србија не започна како што се надеваа. Еден од нив на својот профил на „Тик ток“ откри какво изненадување го чекало него и неговите пријатели кога пристигнале во нивната вила.
Пази сега, стигнавме во Кавос. Резервиравме вила со базен. Погледнете каква вила добивме. Погледнете го ова! Мислам, реално - е вила со базен, не нè измамија, објаснува тој, покажувајќи го дворот на апартманот во кој технички има базен, но - мал гумен базен за деца.
 
@urkeglavazurke VILA SA BAZENOM GG. . . . #kavos #more #zakintos #beograd #srbija #hrvatska #bosna #grcka ♬ original sound - urkeglavazurke

The post Резервираа вила со базен на Крф, а добија… appeared first on Република.

]]>
Берлин ја нуди на подарок вилата на Гебелс, министерот за пропаганда на Хитлер https://republika.mk/vesti/svet/berlin-ja-nudi-na-podarok-vilata-na-gebels-ministerot-za-propaganda-na-hitler/ Sat, 18 May 2024 07:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=779390

Властите на Берлин понудија да ја подарат вилата која некогаш била во сопственост на министерот за пропаганда на Адолф Хитлер, Јозеф Гебелс, надевајќи се дека ќе стават крај на децениската дебата за тоа дали да се пренамени или да се уништи со булдожер неупотребуваното место во селата северно од германската престолнина.

На секој што би сакал да ја преземе локацијата, му нудам да ја преземе како подарок од Берлин“, изјави министерот за финансии на Берлин, Стефан Еверс, пред државниот парламент, објави ДПА.

Берлин постојано се обидуваше да им го предаде местото на федералните власти или на покраината Бранденбург, каде што се наоѓа вилата, наместо да продолжи да плаќа за одржување и безбедност на комплексот, кој стана обраснат и распаднат.

Еверс ја обнови таа понуда, повикувајќи на предлози што ја одразуваат историјата на местото. Тој не кажа дали ќе бидат разгледани и предлози од приватни лица.

Ако повторно не успееме, како во изминатите децении, тогаш Берлин нема друга опција освен да го изврши уривањето за кое веќе сме се подготвиле“, рече Еверс.

Гебелс, еден од најблиските сојузници на Хитлер, ја изградил луксузната вила во 1939 година на шумско место со поглед на езерото Богензе во близина на градот Вандлиц, околу 40 километри северно од Берлин.

Како место за одмор од Берлин, каде што живеел со сопругата и шесте деца, Гебелс ја користел вилата и претходната куќа на локацијата за да ги забавува нацистичките водачи, уметници и актери – и наводно како љубовно гнездо за тајни афери.

По војната, локацијата од 17 хектари беше користена накратко како болница, а потоа ја презеде младинското крило на источногерманската комунистичка партија, која изгради центар за обука, вклучувајќи неколку големи сместувачки блокови.

По обединувањето на Германија во 1990 година, сопственоста на локацијата се врати на покраината Берлин. Сепак, градот не најде никаква корист ода тоа. Местото оттогаш стана атракција за дневни патници кои можат да го одберат својот пат низ обраснатиот терен и да ѕирнат низ прозорците на вилата од подот до таванот.

Гебелс се вратил во Берлин во последната фаза од Втората светска војна. Тој и неговата сопруга се убија себеси и нивните деца со капсули со цијанид во бункерот на Хитлер додека советските трупи влегуваа воп градот.

Раскошниот дом на семејството на остров во Берлин беше продаден на аукција во 2011 година.

The post Берлин ја нуди на подарок вилата на Гебелс, министерот за пропаганда на Хитлер appeared first on Република.

]]>

Властите на Берлин понудија да ја подарат вилата која некогаш била во сопственост на министерот за пропаганда на Адолф Хитлер, Јозеф Гебелс, надевајќи се дека ќе стават крај на децениската дебата за тоа дали да се пренамени или да се уништи со булдожер неупотребуваното место во селата северно од германската престолнина.
На секој што би сакал да ја преземе локацијата, му нудам да ја преземе како подарок од Берлин“, изјави министерот за финансии на Берлин, Стефан Еверс, пред државниот парламент, објави ДПА.
Берлин постојано се обидуваше да им го предаде местото на федералните власти или на покраината Бранденбург, каде што се наоѓа вилата, наместо да продолжи да плаќа за одржување и безбедност на комплексот, кој стана обраснат и распаднат. Еверс ја обнови таа понуда, повикувајќи на предлози што ја одразуваат историјата на местото. Тој не кажа дали ќе бидат разгледани и предлози од приватни лица.
Ако повторно не успееме, како во изминатите децении, тогаш Берлин нема друга опција освен да го изврши уривањето за кое веќе сме се подготвиле“, рече Еверс.
Гебелс, еден од најблиските сојузници на Хитлер, ја изградил луксузната вила во 1939 година на шумско место со поглед на езерото Богензе во близина на градот Вандлиц, околу 40 километри северно од Берлин. Како место за одмор од Берлин, каде што живеел со сопругата и шесте деца, Гебелс ја користел вилата и претходната куќа на локацијата за да ги забавува нацистичките водачи, уметници и актери – и наводно како љубовно гнездо за тајни афери. По војната, локацијата од 17 хектари беше користена накратко како болница, а потоа ја презеде младинското крило на источногерманската комунистичка партија, која изгради центар за обука, вклучувајќи неколку големи сместувачки блокови. По обединувањето на Германија во 1990 година, сопственоста на локацијата се врати на покраината Берлин. Сепак, градот не најде никаква корист ода тоа. Местото оттогаш стана атракција за дневни патници кои можат да го одберат својот пат низ обраснатиот терен и да ѕирнат низ прозорците на вилата од подот до таванот. Гебелс се вратил во Берлин во последната фаза од Втората светска војна. Тој и неговата сопруга се убија себеси и нивните деца со капсули со цијанид во бункерот на Хитлер додека советските трупи влегуваа воп градот. Раскошниот дом на семејството на остров во Берлин беше продаден на аукција во 2011 година.

The post Берлин ја нуди на подарок вилата на Гебелс, министерот за пропаганда на Хитлер appeared first on Република.

]]>
Се продава ексклузивната вила на Евгениј Пригожин на Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/se-prodava-ekskluzivnata-vila-na-evgenij-prigozhin-na-tsrnoto-more/ Thu, 05 Oct 2023 19:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=688257

За сума од милион и пол долари се продава вила на брегот на Црното Море, која наводно му припаѓала на починатиот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин.

На почетокот на октомври на веб-страница за недвижности е објавена продажбата на рекреативниот центар во Геленџик.

Во објавта се наведува дека објектот од 1.200 метри квадратни метри, заедно со парцелата на која се наоѓа ги продава правно лице кое е носител на договор за закуп од четири хектари за период од 49 години.

The post Се продава ексклузивната вила на Евгениј Пригожин на Црното Море appeared first on Република.

]]>

За сума од милион и пол долари се продава вила на брегот на Црното Море, која наводно му припаѓала на починатиот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин. На почетокот на октомври на веб-страница за недвижности е објавена продажбата на рекреативниот центар во Геленџик. Во објавта се наведува дека објектот од 1.200 метри квадратни метри, заедно со парцелата на која се наоѓа ги продава правно лице кое е носител на договор за закуп од четири хектари за период од 49 години.

The post Се продава ексклузивната вила на Евгениј Пригожин на Црното Море appeared first on Република.

]]>
Ким Кардашијан купи вила вредна 70 милиони долари, претходно и припаѓала на позната манекенка https://republika.mk/scena/estrada/kim-kardashijan-kupi-vila-vredna-70-milioni-dolari-prethodno-i-pripagala-na-poznata-manekenka/ Fri, 04 Aug 2023 21:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=668781

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (42) ја купи најскапата двокатна вила во елитен кварт и четврта најскапа во Калифорнија. Ким го купи својот нов дом во Малибу, кој некогаш и припаѓаше на манекенката Синди Крафорд (57), за 70,4 милиони долари.

Реновирањето на новиот дом траеше една година и сега пред вилата има камиони и работници од компанија специјализирана за преместување, истовар на големи кутии и нивно внесување во вилата.

EXCLUSIVE: Malibu Dream Home! Kim Kardashian Prepares To Move Into Her Newly Renovated $70 Million Dollar Malibu Mega Mansion

За мене оваа куќа е резултат на напорна работа која ја вложив многу време и сега уживам во плодовите - изјави Ким за странските медиуми.

Нејзиниот нов дом се простира на 7.450 квадратни метри, се наоѓа на карпа со поглед на океанот. Покрај пристапот до приватна плажа, тој вклучува и погодности како што се базен со простор за одмор со камин на отворено, тениско игралиште, луксузен спа центар и градина што повеќе личи на тревник со ретки растенија отколку на градина.

Чувствувам нова енергија. Со нетрпение очекувам да направам спомени оттука - изјави ријалити ѕвездата.

The post Ким Кардашијан купи вила вредна 70 милиони долари, претходно и припаѓала на позната манекенка appeared first on Република.

]]>

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (42) ја купи најскапата двокатна вила во елитен кварт и четврта најскапа во Калифорнија. Ким го купи својот нов дом во Малибу, кој некогаш и припаѓаше на манекенката Синди Крафорд (57), за 70,4 милиони долари. Реновирањето на новиот дом траеше една година и сега пред вилата има камиони и работници од компанија специјализирана за преместување, истовар на големи кутии и нивно внесување во вилата. EXCLUSIVE: Malibu Dream Home! Kim Kardashian Prepares To Move Into Her Newly Renovated $70 Million Dollar Malibu Mega Mansion
За мене оваа куќа е резултат на напорна работа која ја вложив многу време и сега уживам во плодовите - изјави Ким за странските медиуми.
Нејзиниот нов дом се простира на 7.450 квадратни метри, се наоѓа на карпа со поглед на океанот. Покрај пристапот до приватна плажа, тој вклучува и погодности како што се базен со простор за одмор со камин на отворено, тениско игралиште, луксузен спа центар и градина што повеќе личи на тревник со ретки растенија отколку на градина.
Чувствувам нова енергија. Со нетрпение очекувам да направам спомени оттука - изјави ријалити ѕвездата.

The post Ким Кардашијан купи вила вредна 70 милиони долари, претходно и припаѓала на позната манекенка appeared first on Република.

]]>
Ова е вилата на Пригожин: Пронајден цел арсенал оружје, чаши со пари, соба за молитва, колекција на перики https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-vilata-na-prigozhin-pronajden-tsel-arsenal-oruzhje-chashi-so-pari-soba-za-molitva-kolektsija-na-periki/ Thu, 06 Jul 2023 08:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=658554

Медиумите објавуваат снимки од претресот на вилата и канцеларијата на Евгениј Пригожин, што го извршиле безбедносните сили.

На сликите и видеата е прикажан цел арсенал оружје, перики, чаши со пари, соба за молитва и лекарска ординација.

Фотографиите покажуваат кутии полни со готовина во неговата канцеларија и купишта долари во неговата луксузна резиденција,неговиот личен хеликоптер, складиште за оружје, колекција на перики, комплетно опремена просторија за лекување.

The post Ова е вилата на Пригожин: Пронајден цел арсенал оружје, чаши со пари, соба за молитва, колекција на перики appeared first on Република.

]]>

Медиумите објавуваат снимки од претресот на вилата и канцеларијата на Евгениј Пригожин, што го извршиле безбедносните сили. На сликите и видеата е прикажан цел арсенал оружје, перики, чаши со пари, соба за молитва и лекарска ординација. Фотографиите покажуваат кутии полни со готовина во неговата канцеларија и купишта долари во неговата луксузна резиденција,неговиот личен хеликоптер, складиште за оружје, колекција на перики, комплетно опремена просторија за лекување.

The post Ова е вилата на Пригожин: Пронајден цел арсенал оружје, чаши со пари, соба за молитва, колекција на перики appeared first on Република.

]]>
Зеленски бара ЕУ да ги стопре визите за руските туристи, а својата вила во Тоскана ја издал на Руси за 50.000 евра месечно https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-bara-eu-da-gi-stopre-vizite-za-ruskite-turisti-a-svojata-vila-vo-toskana-ja-izdal-na-rusi-za-50-000-evra-mesechno/ Thu, 01 Sep 2022 12:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=546431

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, наводно, ја изнајмил својата луксузна вила во Тоскана на Руси на еден месец, пишува италијанскиот весник „Ил Тирено“. Од друга страна, Зеленски во повеќе наврати јавно и остро ги повикуваше лидерите на ЕУ да престанат да им даваат визи на руските туристи.

Руски брачен пар со адреса во Лондон изнајмил вила за август, плаќајќи ја кралската сума од 50.000 евра. Вилата, лоцирана во крајбрежниот град Форте деи Марми, ја купил Зеленски за четири милиони евра додека тој сè уште бил актер. Фотографиите објавени од парот на социјалните мрежи потврдија дека тие престојувале на имотот на Зеленски - пишува „Ил Тирено“.

https://twitter.com/colonelhomsi/status/1565221203031252992?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565221203031252992%7Ctwgr%5E28ea38e538b5aea8e5d9f4b07b54b277d3043c4b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001655%2Fda-li-je-zelenski-izdao-italijansku-vilu-rusima

„Кориере дела сера“, друг италијански весник, контактирал со агентот за недвижности кој управувал со имотот, при што тој изјавил дека „станарите не биле Руси, но не може да каже повеќе бидејќи приватноста го спречувала.“ Сепак, весникот вели дека станарите најверојатно биле со руско потекло, „но дека имаат долгогодишен престој, а можеби и англиско државјанство“.

Од почетокот на војната во Украина, Зеленски ја повикува ЕУ да одбие да дава визи за руските посетители.

Рускиот народ треба да живее во свој свет додека не ја сменат својата филозофија - изјави Зеленски за „Вашингтон пост“ претходно овој месец.

https://twitter.com/iltirreno/status/1565221676551671808?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565221676551671808%7Ctwgr%5E28ea38e538b5aea8e5d9f4b07b54b277d3043c4b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001655%2Fda-li-je-zelenski-izdao-italijansku-vilu-rusima

Уште во март, Зеленски конкретно ја повика италијанската влада да го „блокира целиот [руски] недвижен имот, сметки и јахти, од Шехерезада до најмалите“, мислејќи на суперјахта долга 140 метри, која наводно му припаѓа на руски тајкун.

Сите летови меѓу ЕУ и Русија се суспендирани, а Унијата, во средата го суспендираше билатералниот договор за визно олеснување со Русија. Суспензијата го намалува бројот на нови визи за ЕУ ​​достапни за Русите без целосно да се елиминира патувањето.

Покрај тосканската вила на Зеленски, украинскиот претседател и неговиот потесен круг наводно поседуваат големо портфолио на офшор недвижен имот и средства, вклучително и неколку скапи резиденции во Лондон.

The post Зеленски бара ЕУ да ги стопре визите за руските туристи, а својата вила во Тоскана ја издал на Руси за 50.000 евра месечно appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, наводно, ја изнајмил својата луксузна вила во Тоскана на Руси на еден месец, пишува италијанскиот весник „Ил Тирено“. Од друга страна, Зеленски во повеќе наврати јавно и остро ги повикуваше лидерите на ЕУ да престанат да им даваат визи на руските туристи.
Руски брачен пар со адреса во Лондон изнајмил вила за август, плаќајќи ја кралската сума од 50.000 евра. Вилата, лоцирана во крајбрежниот град Форте деи Марми, ја купил Зеленски за четири милиони евра додека тој сè уште бил актер. Фотографиите објавени од парот на социјалните мрежи потврдија дека тие престојувале на имотот на Зеленски - пишува „Ил Тирено“.
https://twitter.com/colonelhomsi/status/1565221203031252992?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565221203031252992%7Ctwgr%5E28ea38e538b5aea8e5d9f4b07b54b277d3043c4b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001655%2Fda-li-je-zelenski-izdao-italijansku-vilu-rusima „Кориере дела сера“, друг италијански весник, контактирал со агентот за недвижности кој управувал со имотот, при што тој изјавил дека „станарите не биле Руси, но не може да каже повеќе бидејќи приватноста го спречувала.“ Сепак, весникот вели дека станарите најверојатно биле со руско потекло, „но дека имаат долгогодишен престој, а можеби и англиско државјанство“. Од почетокот на војната во Украина, Зеленски ја повикува ЕУ да одбие да дава визи за руските посетители.
Рускиот народ треба да живее во свој свет додека не ја сменат својата филозофија - изјави Зеленски за „Вашингтон пост“ претходно овој месец.
https://twitter.com/iltirreno/status/1565221676551671808?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565221676551671808%7Ctwgr%5E28ea38e538b5aea8e5d9f4b07b54b277d3043c4b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001655%2Fda-li-je-zelenski-izdao-italijansku-vilu-rusima Уште во март, Зеленски конкретно ја повика италијанската влада да го „блокира целиот [руски] недвижен имот, сметки и јахти, од Шехерезада до најмалите“, мислејќи на суперјахта долга 140 метри, која наводно му припаѓа на руски тајкун. Сите летови меѓу ЕУ и Русија се суспендирани, а Унијата, во средата го суспендираше билатералниот договор за визно олеснување со Русија. Суспензијата го намалува бројот на нови визи за ЕУ ​​достапни за Русите без целосно да се елиминира патувањето. Покрај тосканската вила на Зеленски, украинскиот претседател и неговиот потесен круг наводно поседуваат големо портфолио на офшор недвижен имот и средства, вклучително и неколку скапи резиденции во Лондон.

The post Зеленски бара ЕУ да ги стопре визите за руските туристи, а својата вила во Тоскана ја издал на Руси за 50.000 евра месечно appeared first on Република.

]]>
Позлатени вц-шолји, врати од либански кедар, гаража за 70 автомобили: Oвде живееше човекот кој Путин сака да го врати на чело на Украина https://republika.mk/vesti/svet/pozlateni-vc-sholji-vrati-od-libanski-kedar-garaza-za-70-avtomobili-ovde-ziveeshe-chovekot-koj-putin-saka-da-go-vrati-na-chelo-na-ukraina/ Thu, 03 Mar 2022 21:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=467137

Луксузната вила на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович денес е еден вид музеј на корупцијата, пишува „Јутарњи лист“, додавајќи дека вилата Межихирја на огромниот имот Нови Петривци во близина на главниот град Киев во последните неколку години е отворена и за посетители.

Кога Јанукович избега од земјата за време на украинската револуција во 2014 година, екстравагантното здание беше национализирано и отворено за јавноста, пренесува весникот.

Кога Јанукович дојде на власт, првата улица што ја изгради беше мини-автопатот на периферијата на Киев. Официјалното објаснување беше дека е изграден во подготовка за Евро 2012. Но, се покажа дека парите за Евро 2012 биле искористени за изградба на пат што го поврзува главниот град со Межихирија, приватната резиденција на претседателот Јанукович, изградена на имот од 140 хектари долж рекара Днепар. Се проценува дека вилата со увезен мермер и италијански кристал, на која работеле занаетчии од Германија, чинела од 75 до 100 милиони долари. Поголемиот дел од кариерата Јанукович го поминал како пратеник или државен службеник, со максимална плата од 2.000 долари месечно, а сопругата во пензија не можела значително да му помогне.

Межихирија е изградена во советско време, како дача за украинските функционери, изградена на местото на манастирот што стои таму од 14 век. Дачата на Межихири му била на располагање на лидерот на Украинската Советска Социјалистичка Република.

image

image

По распадот на СССР, зградата била користена за сместување на странски делегации, но кога Виктор Јанукович бил назначен за премиер во 2002 година и се преселил во Киев, тој одлучил да живее во Межихирија. Со портокаловата револуција остана без неа. Но, по една година Јушченко и премиерката Јулија Тимошенко паѓаат, а Јанукович се враќа на премиерската функција и си го обезбедува правото да се врати на хациендата која сè уште е во државна сопственост. Кога ја напушта власта во 2007, имотот беше приватизиран и регистриран како сопственост на неколку европски компании. Независните медиуми откриваат дека Межихирија била незаконски приватизирана, односно дека не била платена. Наместо неа, неколку дотраени згради во главниот град се предадени во државна сопственост.

image

image

Базата на податоци на Украинската Царинска управа открива до кои размери се трошело на луксуз. Секоја врата во вилата е направена од либански кедар, по цена од 64.000 долари. Три комплети дрвени облоги за скалите чинат 200.000 долари, облогите за ѕидовите во зимската градина 328.000 долари, а облогите за неокласичниот столб и парапет за скалите - 430.000 долари. Во земја каде што 35 отсто од населението живее под прагот на сиромаштија, тогашниот претседател потрошил 100.000 долари само за позлатен кристален лустер во павилјонот во градината. Имотот вклучува терен за голф по цена од речиси 3 милиони долари.

Межихирија има и своја приватна зоолошка градина, која може да се пофали со ноеви и кенгури. Има посебни штали со коњи за јавање, кои Јанукович ги обожавал, па шефовите на државите често му подаруваа коњи. Има и гаражи за тогашната колекција на Јанукович од 70 автомобили и хелиопад. Во близина на резиденцијата се наоѓаат ловишта со диви свињи и лос, па Јанукович изградил и луксузен ловечки дом.

image

image

Поранешниот украински претседател во последните денови се споменува како прв избор на руската страна, човек кого Путин би сакал да го види на чело на Украина, а со тоа и да го врати своето влијание врз земјата, зошто тие инсистираат дека „актуелната влада во Киев дошла на власт со државен удар“ и со враќање на Јанукович „работите ќе се вратат на место“.

The post Позлатени вц-шолји, врати од либански кедар, гаража за 70 автомобили: Oвде живееше човекот кој Путин сака да го врати на чело на Украина appeared first on Република.

]]>

Луксузната вила на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович денес е еден вид музеј на корупцијата, пишува „Јутарњи лист“, додавајќи дека вилата Межихирја на огромниот имот Нови Петривци во близина на главниот град Киев во последните неколку години е отворена и за посетители. Кога Јанукович избега од земјата за време на украинската револуција во 2014 година, екстравагантното здание беше национализирано и отворено за јавноста, пренесува весникот. Кога Јанукович дојде на власт, првата улица што ја изгради беше мини-автопатот на периферијата на Киев. Официјалното објаснување беше дека е изграден во подготовка за Евро 2012. Но, се покажа дека парите за Евро 2012 биле искористени за изградба на пат што го поврзува главниот град со Межихирија, приватната резиденција на претседателот Јанукович, изградена на имот од 140 хектари долж рекара Днепар. Се проценува дека вилата со увезен мермер и италијански кристал, на која работеле занаетчии од Германија, чинела од 75 до 100 милиони долари. Поголемиот дел од кариерата Јанукович го поминал како пратеник или државен службеник, со максимална плата од 2.000 долари месечно, а сопругата во пензија не можела значително да му помогне. Межихирија е изградена во советско време, како дача за украинските функционери, изградена на местото на манастирот што стои таму од 14 век. Дачата на Межихири му била на располагање на лидерот на Украинската Советска Социјалистичка Република. image image По распадот на СССР, зградата била користена за сместување на странски делегации, но кога Виктор Јанукович бил назначен за премиер во 2002 година и се преселил во Киев, тој одлучил да живее во Межихирија. Со портокаловата револуција остана без неа. Но, по една година Јушченко и премиерката Јулија Тимошенко паѓаат, а Јанукович се враќа на премиерската функција и си го обезбедува правото да се врати на хациендата која сè уште е во државна сопственост. Кога ја напушта власта во 2007, имотот беше приватизиран и регистриран како сопственост на неколку европски компании. Независните медиуми откриваат дека Межихирија била незаконски приватизирана, односно дека не била платена. Наместо неа, неколку дотраени згради во главниот град се предадени во државна сопственост. image image Базата на податоци на Украинската Царинска управа открива до кои размери се трошело на луксуз. Секоја врата во вилата е направена од либански кедар, по цена од 64.000 долари. Три комплети дрвени облоги за скалите чинат 200.000 долари, облогите за ѕидовите во зимската градина 328.000 долари, а облогите за неокласичниот столб и парапет за скалите - 430.000 долари. Во земја каде што 35 отсто од населението живее под прагот на сиромаштија, тогашниот претседател потрошил 100.000 долари само за позлатен кристален лустер во павилјонот во градината. Имотот вклучува терен за голф по цена од речиси 3 милиони долари. Межихирија има и своја приватна зоолошка градина, која може да се пофали со ноеви и кенгури. Има посебни штали со коњи за јавање, кои Јанукович ги обожавал, па шефовите на државите често му подаруваа коњи. Има и гаражи за тогашната колекција на Јанукович од 70 автомобили и хелиопад. Во близина на резиденцијата се наоѓаат ловишта со диви свињи и лос, па Јанукович изградил и луксузен ловечки дом. image image Поранешниот украински претседател во последните денови се споменува како прв избор на руската страна, човек кого Путин би сакал да го види на чело на Украина, а со тоа и да го врати своето влијание врз земјата, зошто тие инсистираат дека „актуелната влада во Киев дошла на власт со државен удар“ и со враќање на Јанукович „работите ќе се вратат на место“.

The post Позлатени вц-шолји, врати од либански кедар, гаража за 70 автомобили: Oвде живееше човекот кој Путин сака да го врати на чело на Украина appeared first on Република.

]]>
Кино сала, базен, поглед на море: Семејството Ѓоковиќ живее во вила вредна 10 милиони евра во Марбеља, Шпанија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kino-sala-bazen-pogled-na-more-semejstvoto-gjokovikj-zivee-vo-vila-vredna-10-milioni-evra-vo-marbelja-shpanija/ Sat, 22 Jan 2022 08:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=448020

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со семејството во декември 2020 година се пресели во вила во Марбеља, Шпанија. Ѓоковиќ прво ја изнајмувал вилата во која ги поминал првите денови од пандемијата на коронавирус за околу 10.000 евра месечно, а потоа решил да ја купи. Платил околу 10 милиони евра, а на имотот од 3.500 метри квадратни има тениско игралиште, градина, базен, теретана и мала кино сала. Луксузната куќа има и девет спални соби, осум бањи и тераса со прекрасен поглед на море.

https://youtu.be/aCaQyG254e0

Тенисерот се преселил во Марбеља по 10 години живот во Монте Карло, а како што пишуваат српските медиуми, тоа го направил затоа што Марбеља има многу поголем избор на образовни институции за неговите деца и затоа што во близина живеат многу негови и роднини на неговата сопруга.

https://youtu.be/8fOKkI9RlKI

Тенисерот поседува и неколку други имоти на некои од најлуксузните локации во светот - стан во Монте Карло, два стана на Менхетен во Њујорк и стан во Мајами. Во Белград има пентхаус од 250 метри квадратни во елитната населба Вест 65, а во Срем, кај Павловачкото езеро, поседува вила од 1.200 метри квадратни. Покрај тоа, Ѓоковиќ поседува стан во елитната населба Порто Монтенегро во Тиват.

The post Кино сала, базен, поглед на море: Семејството Ѓоковиќ живее во вила вредна 10 милиони евра во Марбеља, Шпанија appeared first on Република.

]]>

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со семејството во декември 2020 година се пресели во вила во Марбеља, Шпанија. Ѓоковиќ прво ја изнајмувал вилата во која ги поминал првите денови од пандемијата на коронавирус за околу 10.000 евра месечно, а потоа решил да ја купи. Платил околу 10 милиони евра, а на имотот од 3.500 метри квадратни има тениско игралиште, градина, базен, теретана и мала кино сала. Луксузната куќа има и девет спални соби, осум бањи и тераса со прекрасен поглед на море. https://youtu.be/aCaQyG254e0 Тенисерот се преселил во Марбеља по 10 години живот во Монте Карло, а како што пишуваат српските медиуми, тоа го направил затоа што Марбеља има многу поголем избор на образовни институции за неговите деца и затоа што во близина живеат многу негови и роднини на неговата сопруга. https://youtu.be/8fOKkI9RlKI Тенисерот поседува и неколку други имоти на некои од најлуксузните локации во светот - стан во Монте Карло, два стана на Менхетен во Њујорк и стан во Мајами. Во Белград има пентхаус од 250 метри квадратни во елитната населба Вест 65, а во Срем, кај Павловачкото езеро, поседува вила од 1.200 метри квадратни. Покрај тоа, Ѓоковиќ поседува стан во елитната населба Порто Монтенегро во Тиват.

The post Кино сала, базен, поглед на море: Семејството Ѓоковиќ живее во вила вредна 10 милиони евра во Марбеља, Шпанија appeared first on Република.

]]>
Ова е вилата во подножјето на Фрушка Гора во која Ѓоковиќ најде мир по траумите од Австралија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ova-e-vilata-vo-podnozjeto-na-frushka-gora-vo-koja-gjokovikj-najde-mir-po-traumite-od-avstralija/ Thu, 20 Jan 2022 14:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=447165

По враќањето од Австралија, Новак Ѓоковиќ, мног ретко се појавува во јавноста, а како што пишиваат српските медиуми, тоа е така затоа што најдобриот тенисер во светот се повлекол во семејната викендичка што се наоѓа крај Павловачкото езеро, во подножјето на Фрушка Гора во Војводина. Таму Новак го има потребниот мир за да си дојде на себе по трауматичните десетина денови минати во Мелбурн.

Како што пишува „Објектив.рс“, по пристигнувањето на бекградскиот аеродорм, Ѓоковиќ заминал во својот луксуен стан од 250 квадрати во Нов Белград, каде што ја поминал ноќта, по што заминал кон своето катче за одмор.

Дојде право овде, но од влезот во гаражата до утрото не се појави надвор. Утрината со семејството тргна кон Павловци, најверојатно за да побегне од градот, јавноста, новинарите. Целиот беше тажен и видливо скршен - вели извор на весникот.

Според него, во вилата во близина на Рума, Ѓоковиќ има се што му е потребно, но првенствено таму има природа и мир.

Тој минатото лето покрај кучата постави и балон во кој има тениски терен, така што може и да се одмора и да се рекреира, но ако сака и да тренира. Сите приоди кон куќата се обезбедени, така што Новак таму има загарнтиран мир. Тоа е се што му е потребно во моментов - наведува соговорникот.

 

The post Ова е вилата во подножјето на Фрушка Гора во која Ѓоковиќ најде мир по траумите од Австралија appeared first on Република.

]]>

По враќањето од Австралија, Новак Ѓоковиќ, мног ретко се појавува во јавноста, а како што пишиваат српските медиуми, тоа е така затоа што најдобриот тенисер во светот се повлекол во семејната викендичка што се наоѓа крај Павловачкото езеро, во подножјето на Фрушка Гора во Војводина. Таму Новак го има потребниот мир за да си дојде на себе по трауматичните десетина денови минати во Мелбурн. Како што пишува „Објектив.рс“, по пристигнувањето на бекградскиот аеродорм, Ѓоковиќ заминал во својот луксуен стан од 250 квадрати во Нов Белград, каде што ја поминал ноќта, по што заминал кон своето катче за одмор.
Дојде право овде, но од влезот во гаражата до утрото не се појави надвор. Утрината со семејството тргна кон Павловци, најверојатно за да побегне од градот, јавноста, новинарите. Целиот беше тажен и видливо скршен - вели извор на весникот.
Според него, во вилата во близина на Рума, Ѓоковиќ има се што му е потребно, но првенствено таму има природа и мир.
Тој минатото лето покрај кучата постави и балон во кој има тениски терен, така што може и да се одмора и да се рекреира, но ако сака и да тренира. Сите приоди кон куќата се обезбедени, така што Новак таму има загарнтиран мир. Тоа е се што му е потребно во моментов - наведува соговорникот.
 

The post Ова е вилата во подножјето на Фрушка Гора во која Ѓоковиќ најде мир по траумите од Австралија appeared first on Република.

]]>