Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со семејството во декември 2020 година се пресели во вила во Марбеља, Шпанија. Ѓоковиќ прво ја изнајмувал вилата во која ги поминал првите денови од пандемијата на коронавирус за околу 10.000 евра месечно, а потоа решил да ја купи. Платил околу 10 милиони евра, а на имотот од 3.500 метри квадратни има тениско игралиште, градина, базен, теретана и мала кино сала. Луксузната куќа има и девет спални соби, осум бањи и тераса со прекрасен поглед на море.

Тенисерот се преселил во Марбеља по 10 години живот во Монте Карло, а како што пишуваат српските медиуми, тоа го направил затоа што Марбеља има многу поголем избор на образовни институции за неговите деца и затоа што во близина живеат многу негови и роднини на неговата сопруга.

Тенисерот поседува и неколку други имоти на некои од најлуксузните локации во светот – стан во Монте Карло, два стана на Менхетен во Њујорк и стан во Мајами. Во Белград има пентхаус од 250 метри квадратни во елитната населба Вест 65, а во Срем, кај Павловачкото езеро, поседува вила од 1.200 метри квадратни. Покрај тоа, Ѓоковиќ поседува стан во елитната населба Порто Монтенегро во Тиват.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.