верувања Archives - Република https://republika.mk/tema/veruvanja/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 14:22:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png верувања Archives - Република https://republika.mk/tema/veruvanja/ 32 32 Едно е сигурно – не ја тргајте пајажината деновите додека ни трае Бабиното лето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/edno-e-sigurno-ne-ja-trgajte-pajazhinata-denovite-dodeka-ni-trae-babinoto-leto/ Thu, 07 Nov 2024 19:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=834419

Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од Света Петка до Свети Димитрија) меѓу нашиот народ од дамнина се нарекува Бабино или Бабино лето. Станува збор за феноменот попознат и во метеоролошката наука дека убавото време може да се задржи дури и после „циганското лето“. Стручњаците велат дека овој период на сончеви денови пред зима е карактеристичен за северниот дел на земјината полутопка каде се менуваат четири годишни времиња.

Сепак, многу пред научниците, народот знае за Бабино лето. Нашите стари верувале дека ако, во тој период времето е убаво, не очекува јака и долга зима, па ова време им било добредојдено за завршување на работите и подготовките за ладните денови пред нив.

Зошто токму Бабино лето?

И во многу европски јазици овој период има ист назив – во скоро сите словенски, унгарски и балтички јазици. Во германскиот назив „der Altweibersommer” буквално значи „лето на стари жени“.

Симболиката е јасна – ако пролетта се врзува за младост – време на девојки, есента е симбол на старост, доба на стари жени – баби.

Имено, старите веруваат дека ако во овој период се вплеткате во мрежа од пајак тоа е знак на голема среќа и благосостојба.

Оваа пајажина се нарекува и кората на Марија или свилата на Марија, а нејзиното потекло во народните верувања е различно. Некои велат дека тоа е коса од вештица кои овие денови бајат и фрлаат магија.

Други веруваат дека станува збор за предиво на виленици или џуџиња. Има христијани кои веруваат дека тоа се нишките на Богородица.

Сепак, сите верувања се сложни во едно – ако овие денови во косата или облеката ви се вплетка пајажина, никако не ја симнувајте! Не ризикувајте да ги налутите овие битија.

The post Едно е сигурно – не ја тргајте пајажината деновите додека ни трае Бабиното лето appeared first on Република.

]]>

Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од Света Петка до Свети Димитрија) меѓу нашиот народ од дамнина се нарекува Бабино или Бабино лето. Станува збор за феноменот попознат и во метеоролошката наука дека убавото време може да се задржи дури и после „циганското лето“. Стручњаците велат дека овој период на сончеви денови пред зима е карактеристичен за северниот дел на земјината полутопка каде се менуваат четири годишни времиња. Сепак, многу пред научниците, народот знае за Бабино лето. Нашите стари верувале дека ако, во тој период времето е убаво, не очекува јака и долга зима, па ова време им било добредојдено за завршување на работите и подготовките за ладните денови пред нив.

Зошто токму Бабино лето?

И во многу европски јазици овој период има ист назив – во скоро сите словенски, унгарски и балтички јазици. Во германскиот назив „der Altweibersommer” буквално значи „лето на стари жени“. Симболиката е јасна – ако пролетта се врзува за младост – време на девојки, есента е симбол на старост, доба на стари жени – баби. Имено, старите веруваат дека ако во овој период се вплеткате во мрежа од пајак тоа е знак на голема среќа и благосостојба. Оваа пајажина се нарекува и кората на Марија или свилата на Марија, а нејзиното потекло во народните верувања е различно. Некои велат дека тоа е коса од вештица кои овие денови бајат и фрлаат магија. Други веруваат дека станува збор за предиво на виленици или џуџиња. Има христијани кои веруваат дека тоа се нишките на Богородица. Сепак, сите верувања се сложни во едно – ако овие денови во косата или облеката ви се вплетка пајажина, никако не ја симнувајте! Не ризикувајте да ги налутите овие битија.

The post Едно е сигурно – не ја тргајте пајажината деновите додека ни трае Бабиното лето appeared first on Република.

]]>
Го празнуваме Светиот апостол Лука, денес не чини да сте нервозни https://republika.mk/zivot/servisi/go-praznuvame-svetiot-apostol-luka-denes-ne-chini-da-ste-nervozni/ Thu, 31 Oct 2024 07:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=832592

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 октомври, ден на Св. апостол и евангелист Лука, празник посветен на Светиот апостол и евангелист Лука Лекар и зограф, автор на првите рачно изработени икони. Како добар живописец светиот апостол и евангелист Лука ја насликал Богородица со Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле, и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.

Денеска именден празнува Лука.

Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-ученици на Исус. Бил верен следбеник на Христовото учење и го проповедал во повеќе земји низ светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанското учење го проповедал во Галија (денешна Франција), Италија, Далмација, Македонија, Грција и др. места.

Околу 60-тата година го напишал евангелието но напишал и други дела како што се Дела апостолски.

Доживеал длабока старост но не се откажал од проповедите на Христовото учење. Според едни извори на 84 годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.

Меѓу народот се смета за лесен празник што го празнувале само жените. На овој празник селаните започнувале да ја садат раната сорта лук.

На овој ден не би требло да бидете нервозни, никако да не се впуштате во расправии, оти Лука бил благ и мирен и секогаш им помагал на луѓето.

The post Го празнуваме Светиот апостол Лука, денес не чини да сте нервозни appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 октомври, ден на Св. апостол и евангелист Лука, празник посветен на Светиот апостол и евангелист Лука Лекар и зограф, автор на првите рачно изработени икони. Како добар живописец светиот апостол и евангелист Лука ја насликал Богородица со Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле, и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони. Денеска именден празнува Лука. Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-ученици на Исус. Бил верен следбеник на Христовото учење и го проповедал во повеќе земји низ светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанското учење го проповедал во Галија (денешна Франција), Италија, Далмација, Македонија, Грција и др. места. Околу 60-тата година го напишал евангелието но напишал и други дела како што се Дела апостолски. Доживеал длабока старост но не се откажал од проповедите на Христовото учење. Според едни извори на 84 годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј. Меѓу народот се смета за лесен празник што го празнувале само жените. На овој празник селаните започнувале да ја садат раната сорта лук. На овој ден не би требло да бидете нервозни, никако да не се впуштате во расправии, оти Лука бил благ и мирен и секогаш им помагал на луѓето.

The post Го празнуваме Светиот апостол Лука, денес не чини да сте нервозни appeared first on Република.

]]>
Огнена Марија пали и казнува со оган: Што не треба да прават жените за да не направат грев https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ognena-marija-pali-i-kaznuva-so-ogan-shto-ne-treba-da-pravat-zhenite-za-da-ne-napravat-grev/ Tue, 30 Jul 2024 09:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=801566

Денот на Света Маченица Марина, кај народот позната како Огнена Марија се смета за многу почитуван празник посебно меѓу жените, па обичај е на тој ден да не се работат домашни работи ниту работи на поле.

Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од стравопочитување кон овој празник.

Според народните верувања, Света Марина пали и казнува со оган и како Свети Илија кој казнува со громови, таа спаѓа во „огнени“ светци.

The post Огнена Марија пали и казнува со оган: Што не треба да прават жените за да не направат грев appeared first on Република.

]]>

Денот на Света Маченица Марина, кај народот позната како Огнена Марија се смета за многу почитуван празник посебно меѓу жените, па обичај е на тој ден да не се работат домашни работи ниту работи на поле. Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од стравопочитување кон овој празник. Според народните верувања, Света Марина пали и казнува со оган и како Свети Илија кој казнува со громови, таа спаѓа во „огнени“ светци.

The post Огнена Марија пали и казнува со оган: Што не треба да прават жените за да не направат грев appeared first on Република.

]]>
Православните верници ги слават браќата Козма и Дамјан: Денеска никако не правете го ова https://republika.mk/zivot/pravoslavnite-vernitsi-gi-slavat-brakata-kozma-i-damjan-deneska-nikako-ne-pravete-go-ova/ Sun, 14 Jul 2024 11:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=796616

Денес, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари.

Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен.

Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“.

Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството.

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Обичаи

Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот.

По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

The post Православните верници ги слават браќата Козма и Дамјан: Денеска никако не правете го ова appeared first on Република.

]]>

Денес, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари. Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен. Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“. Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството. Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме… Обичаи Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот. По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

The post Православните верници ги слават браќата Козма и Дамјан: Денеска никако не правете го ова appeared first on Република.

]]>
Денеска е Павловден: Овие работи никако не се прават https://republika.mk/zivot/deneska-e-pavlovden-ovie-raboti-nikako-ne-se-pravat/ Sat, 13 Jul 2024 09:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=796320

По Петровден денеска е големиот православен празник Павловден кој се празнува на 13 јули.

На Павловден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден.

Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично.

Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

The post Денеска е Павловден: Овие работи никако не се прават appeared first on Република.

]]>

По Петровден денеска е големиот православен празник Павловден кој се празнува на 13 јули. На Павловден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли. На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

The post Денеска е Павловден: Овие работи никако не се прават appeared first on Република.

]]>
Три женски македонски имиња за кои се верува дека носат несреќа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tri-zhenski-makedonski-imina-za-koi-se-veruva-deka-nosat-nesreka/ Mon, 20 May 2024 16:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=777824

Според некои стари руски традиции, се верува дека имињата можат да влијаат на судбината на една личност. Според нив одредени имиња се сметаат за непожелни за девојките, бидејќи се верува дека носат предизвици и тешкотии во животот.

Три од тие имиња се доста чести во Македонија:

Вера

Името Вера симболизира внатрешна сила и голема способност да се надминат тешкотиите. Но токму поради тоа, се верува дека девојките со ова име може да доживеат значителни пречки и предизвици пред да постигнат просперитет или успех.

Александра

Се верува дека девојките со името Александра често ќе се најдат во ситуации кога треба да се грижат за семејството и секојдневно да да се соочуваат со проблеми, дури и ако повеќе би сакале да прават нешто што ги исполнува. Овој јаз помеѓу желбите и обврските може да доведе до чувство на незадоволство.

Тамара

На Тамарите им се припишуваат предизвици како соочување со предавство и здравствени проблеми. Исто така, се верува дека е можно девојките со име Тамара да доживеат неуспеси во бракот, можеби дури и да станат вдовица или да се разведат. Ако Тамара повторно се омажи, таа може премногу да се врзе за партнерот, што може да доведе до тензија во врската поради нејзините стравови и сомнежи.

The post Три женски македонски имиња за кои се верува дека носат несреќа appeared first on Република.

]]>

Според некои стари руски традиции, се верува дека имињата можат да влијаат на судбината на една личност. Според нив одредени имиња се сметаат за непожелни за девојките, бидејќи се верува дека носат предизвици и тешкотии во животот. Три од тие имиња се доста чести во Македонија:

Вера

Името Вера симболизира внатрешна сила и голема способност да се надминат тешкотиите. Но токму поради тоа, се верува дека девојките со ова име може да доживеат значителни пречки и предизвици пред да постигнат просперитет или успех.

Александра

Се верува дека девојките со името Александра често ќе се најдат во ситуации кога треба да се грижат за семејството и секојдневно да да се соочуваат со проблеми, дури и ако повеќе би сакале да прават нешто што ги исполнува. Овој јаз помеѓу желбите и обврските може да доведе до чувство на незадоволство.

Тамара

На Тамарите им се припишуваат предизвици како соочување со предавство и здравствени проблеми. Исто така, се верува дека е можно девојките со име Тамара да доживеат неуспеси во бракот, можеби дури и да станат вдовица или да се разведат. Ако Тамара повторно се омажи, таа може премногу да се врзе за партнерот, што може да доведе до тензија во врската поради нејзините стравови и сомнежи.  

The post Три женски македонски имиња за кои се верува дека носат несреќа appeared first on Република.

]]>
Од Велигден до Спасовден дојди на Црн Камен – под водопадот со чиста мисла помоли се за здравје и пород https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/od-veligden-do-spasovden-dojdi-na-tsrn-kamen-pod-vodopadot-so-chista-misla-pomoli-se-za-zdravje-i-porod/ Mon, 06 May 2024 14:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=773752

Првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена сè до Спасовден е време кога треба да се посети месноста Црн Камен. Се наоѓа во близина на Велес, на дваесетина метри од манастирот „Св. Димитрија“ над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа. Се влегува дупка, премин, со чиста мисла и желба.

Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ. Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и касмет. Кога се оде првпат, треба да се помине трипати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно ќе поминете трипати под водопадот.

Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред Бога, а ако те заобиколи и ниту една капка не капне врз тебе, носиш некој грев на душата,  ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото.

Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати.

Инаку, некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.

The post Од Велигден до Спасовден дојди на Црн Камен – под водопадот со чиста мисла помоли се за здравје и пород appeared first on Република.

]]>

Првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена сè до Спасовден е време кога треба да се посети месноста Црн Камен. Се наоѓа во близина на Велес, на дваесетина метри од манастирот „Св. Димитрија“ над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа. Се влегува дупка, премин, со чиста мисла и желба. Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ. Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и касмет. Кога се оде првпат, треба да се помине трипати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно ќе поминете трипати под водопадот.
Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред Бога, а ако те заобиколи и ниту една капка не капне врз тебе, носиш некој грев на душата,  ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото.
Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати. Инаку, некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.  

The post Од Велигден до Спасовден дојди на Црн Камен – под водопадот со чиста мисла помоли се за здравје и пород appeared first on Република.

]]>
Јајцето што ќе го изберете на гости може да ви донесе среќа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/jajtseto-shto-ke-go-izberete-na-gosti-mozhe-da-vi-donese-sreka/ Sun, 05 May 2024 13:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=772229

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување.

Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа.

Жолта боја – светлина, радост

Портокалова – трпение, моќ

Зелена – храброст, големина

Виолетова – надеж, спокојство

Сина – здравје, ведрина

Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

The post Јајцето што ќе го изберете на гости може да ви донесе среќа appeared first on Република.

]]>

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување. Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа.
Жолта боја – светлина, радост Портокалова – трпение, моќ Зелена – храброст, големина Виолетова – надеж, спокојство Сина – здравје, ведрина
Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

The post Јајцето што ќе го изберете на гости може да ви донесе среќа appeared first on Република.

]]>
Внимавајте што правите утре, на Бадник некои работи одлучуваат за вашата судбина https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vnimavajte-shto-pravite-utre-na-badnik-nekoi-raboti-odluchuvaat-za-vashata-sudbina/ Fri, 05 Jan 2024 17:31:12 +0000 https://republika.mk/?p=729925

Бадник го најавува најголемиот христијански празник Божик. На овој ден семејството се собира на посна трпеза. Оние кои во текот на годината биле скарани, на Бадник си простуваат и се смируваат.

Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.

Многу обичаи кои се врзани за Бадник се пагански, но црквата подоцна им дала христијанско значење. На овој ден не се оди на гости, и не се позајмуваат пари.

Еве неколку стари народни верувања поврзани со овој голем христијански празник:

  • На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено
  • Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе
  • Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година
  • Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.

The post Внимавајте што правите утре, на Бадник некои работи одлучуваат за вашата судбина appeared first on Република.

]]>

Бадник го најавува најголемиот христијански празник Божик. На овој ден семејството се собира на посна трпеза. Оние кои во текот на годината биле скарани, на Бадник си простуваат и се смируваат. Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период. Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината. Многу обичаи кои се врзани за Бадник се пагански, но црквата подоцна им дала христијанско значење. На овој ден не се оди на гости, и не се позајмуваат пари. Еве неколку стари народни верувања поврзани со овој голем христијански празник:
  • На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено
  • Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе
  • Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година
  • Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.

The post Внимавајте што правите утре, на Бадник некои работи одлучуваат за вашата судбина appeared first on Република.

]]>
Што значи тоа што врне истура на Митровден? https://republika.mk/zivot/servisi/shto-znachi-toa-shto-vrne-istura-na-mitrovden/ Wed, 08 Nov 2023 08:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=699420

Православната црква денеска го слави светиот великомаченик Димитрија, празник кај народот познат како Митровден. Ова празник кој има фиксен датум, секогаш паѓа на 8 ноември.

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат голем број народни обичаи. Еден од нив е претскажувањето според времето – ако тој ден има дожд и мраз, нè очекува долга и студена зима со многу снег!

The post Што значи тоа што врне истура на Митровден? appeared first on Република.

]]>

Православната црква денеска го слави светиот великомаченик Димитрија, празник кај народот познат како Митровден. Ова празник кој има фиксен датум, секогаш паѓа на 8 ноември. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра… Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат голем број народни обичаи. Еден од нив е претскажувањето според времето – ако тој ден има дожд и мраз, нè очекува долга и студена зима со многу снег!

The post Што значи тоа што врне истура на Митровден? appeared first on Република.

]]>
Ноќва спроти Митровден се седи дома, а утре денот ќе покаже каква зима нè чека https://republika.mk/zivot/servisi/nokva-sproti-mitrovden-se-sedi-doma-a-utre-denot-ke-pokazhe-kakva-zima-ne-cheka/ Tue, 07 Nov 2023 18:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=698832

Митровден е празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој секоја година се празнува на 8-ми ноември.

Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден.

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата.

Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат голем број народни обичаи. Еден од нив е претскажувањето според времето – ако тој ден има дожд и мраз, нè очекува долга и студена зима со многу снег!

Исто така, постои и верување дека на овој празник, исто како и на Божиќ, би требало да бидете дома, освен ако не сте поканети на слава.

Оттука старото верување дека ако ноќта на Митровден ја поминете надвор од дома, цела година ќе спиете надвор од домот и ќе се „влечете“ по туѓи куќи.

The post Ноќва спроти Митровден се седи дома, а утре денот ќе покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>

Митровден е празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој секоја година се празнува на 8-ми ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра… Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти. Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат голем број народни обичаи. Еден од нив е претскажувањето според времето – ако тој ден има дожд и мраз, нè очекува долга и студена зима со многу снег! Исто така, постои и верување дека на овој празник, исто како и на Божиќ, би требало да бидете дома, освен ако не сте поканети на слава. Оттука старото верување дека ако ноќта на Митровден ја поминете надвор од дома, цела година ќе спиете надвор од домот и ќе се „влечете“ по туѓи куќи.  

The post Ноќва спроти Митровден се седи дома, а утре денот ќе покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>
Во тек е Бабиното лето, еве што значи ако се заплеткате во пајажина https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-tek-e-babinoto-leto-eve-shto-znachi-ako-se-zapletkate-vo-pajazhina/ Tue, 07 Nov 2023 16:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=698840

Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од Света Петка до Свети Димитрија) меѓу нашиот народ од дамнина се нарекува Бабино или Бабино лето. Станува збор за феноменот попознат и во метеоролошката наука дека убавото време може да се задржи дури и после „циганското лето“. Стручњаците велат дека овој период на сончеви денови пред зима е карактеристичен за северниот дел на земјината полутопка каде се менуваат четири годишни времиња.

Сепак, многу пред научниците, народот знае за Бабино лето. Нашите стари верувале дека ако, во тој период времето е убаво, не очекува јака и долга зима, па ова време им било добредојдено за завршување на работите и подготовките за ладните денови пред нив.

Зошто токму Бабино лето?

И во многу европски јазици овој период има ист назив – во скоро сите словенски, унгарски и балтички јазици. Во германскиот назив „der Altweibersommer” буквално значи „лето на стари жени“.

Симболиката е јасна – ако пролетта се врзува за младост – време на девојки, есента е симбол на старост, доба на стари жени – баби.
Имено, старите веруваат дека ако во овој период се вплеткате во мрежа од пајак тоа е знак на голема среќа и благосостојба.

Оваа пајажина се нарекува и кората на Марија или свилата на Марија, а нејзиното потекло во народните верувања е различно. Некои велат дека тоа е коса од вештица кои овие денови бајат и фрлаат магија.

Други веруваат дека станува збор за предиво на виленици или џуџиња. Има христијани кои веруваат дека тоа се нишките на Богородица.
Сепак, сите верувања се сложни во едно – ако овие денови во косата или облеката ви се вплетка пајажина, никако не ја симнувајте! Не ризикувајте да ги налутите овие битија.

The post Во тек е Бабиното лето, еве што значи ако се заплеткате во пајажина appeared first on Република.

]]>

Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од Света Петка до Свети Димитрија) меѓу нашиот народ од дамнина се нарекува Бабино или Бабино лето. Станува збор за феноменот попознат и во метеоролошката наука дека убавото време може да се задржи дури и после „циганското лето“. Стручњаците велат дека овој период на сончеви денови пред зима е карактеристичен за северниот дел на земјината полутопка каде се менуваат четири годишни времиња. Сепак, многу пред научниците, народот знае за Бабино лето. Нашите стари верувале дека ако, во тој период времето е убаво, не очекува јака и долга зима, па ова време им било добредојдено за завршување на работите и подготовките за ладните денови пред нив.

Зошто токму Бабино лето?

И во многу европски јазици овој период има ист назив – во скоро сите словенски, унгарски и балтички јазици. Во германскиот назив „der Altweibersommer” буквално значи „лето на стари жени“. Симболиката е јасна – ако пролетта се врзува за младост – време на девојки, есента е симбол на старост, доба на стари жени – баби. Имено, старите веруваат дека ако во овој период се вплеткате во мрежа од пајак тоа е знак на голема среќа и благосостојба. Оваа пајажина се нарекува и кората на Марија или свилата на Марија, а нејзиното потекло во народните верувања е различно. Некои велат дека тоа е коса од вештица кои овие денови бајат и фрлаат магија. Други веруваат дека станува збор за предиво на виленици или џуџиња. Има христијани кои веруваат дека тоа се нишките на Богородица. Сепак, сите верувања се сложни во едно – ако овие денови во косата или облеката ви се вплетка пајажина, никако не ја симнувајте! Не ризикувајте да ги налутите овие битија.

The post Во тек е Бабиното лето, еве што значи ако се заплеткате во пајажина appeared first on Република.

]]>
В очи на Света Петка вечерва внимавајте на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/v-ochi-na-sveta-petka-vecherva-vnimavajte-na-koja-strana-ke-ja-svrtite-glavata-vo-tekot-na-spieneto/ Thu, 26 Oct 2023 11:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=695227

Македонската православна црква и нејзините верници утре го слават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева – во народот позната како Света Петка.

Во пресрет на овој голем празник, многу е важно да се запазат посебните обичаи, за среќата да ве следи цела година, а Света Петка да биде секогаш со вас.

По вечерата, обично се легнува, се прекрстува три пати и се кажува молитвата:

„Помогај Боже, Света Петко и Света Недела, прости ни ако нешто згрешивме; помогни ми и заштити ме, Боже, од туѓата невидена беда; спаси ме од лоши мисли; Боже дај здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бршлен и босилек; Господе благослови ме со здравје, среќа и напредок за да се сретнеме утре здрави и живи!“

Главата за време на спиењето секогаш се врти кон исток, бидејќи така се тркала. Едната рака се става под главата, а другата е испружена. Секогаш легнете на десната страна, бидејќи така се тркалате. Каде што има деца, собата се разгорува со темјан, да не се плашат децата во сон.

The post В очи на Света Петка вечерва внимавајте на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква и нејзините верници утре го слават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева – во народот позната како Света Петка. Во пресрет на овој голем празник, многу е важно да се запазат посебните обичаи, за среќата да ве следи цела година, а Света Петка да биде секогаш со вас. По вечерата, обично се легнува, се прекрстува три пати и се кажува молитвата: „Помогај Боже, Света Петко и Света Недела, прости ни ако нешто згрешивме; помогни ми и заштити ме, Боже, од туѓата невидена беда; спаси ме од лоши мисли; Боже дај здравје, добро да спијам, да не сонувам лошо, туку бршлен и босилек; Господе благослови ме со здравје, среќа и напредок за да се сретнеме утре здрави и живи!“ Главата за време на спиењето секогаш се врти кон исток, бидејќи така се тркала. Едната рака се става под главата, а другата е испружена. Секогаш легнете на десната страна, бидејќи така се тркалате. Каде што има деца, собата се разгорува со темјан, да не се плашат децата во сон.  

The post В очи на Света Петка вечерва внимавајте на која страна ќе ја свртите главата во текот на спиењето appeared first on Република.

]]>
Старо верување: Каква зима е пред нас ако денес на Мала Богородица е ведро и сончево https://republika.mk/zivot/servisi/staro-veruvane-kakva-zima-e-pred-nas-ako-denes-na-mala-bogoroditsa-e-vedro-i-sonchevo/ Thu, 21 Sep 2023 13:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=683773

Македонската православна црква и нејзините верници, денес на 21. септември го слават раѓањето на пресвета Богородица или Мала Богородица.

Јоаким и Ана долго време не можеле да имаат деца. Кога остареле, го молеле Бог да им подари дете, да ги израдува како што некогаш ги израдувал Аврам и Сара, дарувајќи им го синот Исак. Еден ден, молејќи му се на Бог во овоштарникот под дрвото лавор, на Ана ѝ се појавил ангел и ѝ кажал дека нејзиниот глас стигнал до Небесата и дека набрзо ќе биде мајка.

Ана тогаш се заколнала дека детето ќе му го подари на Бог, да му служи цел век. Бог им подарил ќерка, но и Богомајка. Старицата Ана родила ќерка, на која ѝ го дала името Марија, што значи висока или господарка.

Во народот овој празник се слави со живописни обичаи, најчесто посветени на раѓањето. На Мала Богородица многумина планираат и договараат венчавки, бидејќи според преданието, овој ден им дарува посебен благослов на младенците, свршените и венчаните.

Есенските свадби порано почнувале од Мала Богородица. Во земјоделството, Мала Богородица го означувала времето кога се почнувало со орање и сеидба на зимските посеви. Тогаш се приредувале и разни сточарски свечености.

Се верува дека билјето набрано меѓу Голема и Мала Богородица има посебни лековити својства и дека јајцата од тој период можат да останат свежи цела година, па затоа биле чувани за квачење, бидејќи пилињата испилени во текот на овие денови ќе бидат добри носилки. Многу семејства ја слават Мала Богородица како своја крсна слава.

Се верува дека ако на овој празник времето е ведро, без облаци и ако се гледа сонце во поголемиот дел од денот, есента и зимата ќе бидат благи.

The post Старо верување: Каква зима е пред нас ако денес на Мала Богородица е ведро и сончево appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква и нејзините верници, денес на 21. септември го слават раѓањето на пресвета Богородица или Мала Богородица. Јоаким и Ана долго време не можеле да имаат деца. Кога остареле, го молеле Бог да им подари дете, да ги израдува како што некогаш ги израдувал Аврам и Сара, дарувајќи им го синот Исак. Еден ден, молејќи му се на Бог во овоштарникот под дрвото лавор, на Ана ѝ се појавил ангел и ѝ кажал дека нејзиниот глас стигнал до Небесата и дека набрзо ќе биде мајка. Ана тогаш се заколнала дека детето ќе му го подари на Бог, да му служи цел век. Бог им подарил ќерка, но и Богомајка. Старицата Ана родила ќерка, на која ѝ го дала името Марија, што значи висока или господарка. Во народот овој празник се слави со живописни обичаи, најчесто посветени на раѓањето. На Мала Богородица многумина планираат и договараат венчавки, бидејќи според преданието, овој ден им дарува посебен благослов на младенците, свршените и венчаните. Есенските свадби порано почнувале од Мала Богородица. Во земјоделството, Мала Богородица го означувала времето кога се почнувало со орање и сеидба на зимските посеви. Тогаш се приредувале и разни сточарски свечености. Се верува дека билјето набрано меѓу Голема и Мала Богородица има посебни лековити својства и дека јајцата од тој период можат да останат свежи цела година, па затоа биле чувани за квачење, бидејќи пилињата испилени во текот на овие денови ќе бидат добри носилки. Многу семејства ја слават Мала Богородица како своја крсна слава. Се верува дека ако на овој празник времето е ведро, без облаци и ако се гледа сонце во поголемиот дел од денот, есента и зимата ќе бидат благи.

The post Старо верување: Каква зима е пред нас ако денес на Мала Богородица е ведро и сончево appeared first on Република.

]]>
Се верува дека на денешениот празник Преображение првпат во годината треба да се набере грозје https://republika.mk/zivot/servisi/se-veruva-deka-na-denesheniot-praznik-preobrazhenie-prvpat-vo-godinata-treba-da-se-nabere-grozje/ Sat, 19 Aug 2023 08:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=673626

Во Тиквешко се верува дека на денешниот верски празник Преображение на Господ Исус Христос, за прв пат во годината треба да се набере грозје, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци, во врска со дел од обичаите во етничкиот предел Тиквеш, како традиција и култура на населението, кои се вкоренети и опстојуваат на овие простори.

Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква. Според народното верување, на 19 август првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Ова е чин на благодарност кон Господа за сите дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите, пренесуваат од Музеј галеријата.

Оттаму нагласуваат дека во народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник.

Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена, поради што, на Прображение луѓето за последен пат се бањаат во реките.

Очигледно, празникот Преображение на Господ Исус Христос има длабока смисла во животот на нашиот народ. Еден важен период од годината кога и времето се преобразува, заладува и тргнува кон есента, тоа оставало впечаток и во свеста на нашиот народ, па така нашло место и во неговите верувања и во народните умотворби, додаваат од Музеј галеријата.

The post Се верува дека на денешениот празник Преображение првпат во годината треба да се набере грозје appeared first on Република.

]]>

Во Тиквешко се верува дека на денешниот верски празник Преображение на Господ Исус Христос, за прв пат во годината треба да се набере грозје, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци, во врска со дел од обичаите во етничкиот предел Тиквеш, како традиција и култура на населението, кои се вкоренети и опстојуваат на овие простори.
Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква. Според народното верување, на 19 август првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Ова е чин на благодарност кон Господа за сите дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите, пренесуваат од Музеј галеријата.
Оттаму нагласуваат дека во народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена, поради што, на Прображение луѓето за последен пат се бањаат во реките. Очигледно, празникот Преображение на Господ Исус Христос има длабока смисла во животот на нашиот народ. Еден важен период од годината кога и времето се преобразува, заладува и тргнува кон есента, тоа оставало впечаток и во свеста на нашиот народ, па така нашло место и во неговите верувања и во народните умотворби, додаваат од Музеј галеријата.

The post Се верува дека на денешениот празник Преображение првпат во годината треба да се набере грозје appeared first on Република.

]]>
На полноќ небото се отвора, замислените три желби се остваруваат https://republika.mk/zivot/servisi/na-polnok-neboto-se-otvora-zamislenite-tri-zhelbi-se-ostvaruvaat/ Tue, 06 Jun 2023 10:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=648333

Православната црква и нејзините верници утре го одбележуваат денот кога главата на Свети Јован Крстител беше пронајдена, а потоа повторно погребана во земја.

Овој празник се нарекува Трето наоѓање на чесната глава на Свети Јован Крстител и не е единствениот посветен на еден од најпочитуваните светци, чиј дело и лик се слави неколку пати годишно. Свети Јован Крстител е познат како голем проповедник кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој умрел со маченичка смрт за својата вера.

Со овој празник се поврзани и многу верувања. Се верува дека на тој ден небото се отвора и дека душите на мртвите лесно одат во рајот. Исто така, постои верување слично на она на Богојавление, дека небото се отвора на полноќ и дека треба да се замислат три желби и тие сигурно ќе се остварат.

Се верува дека не треба да се работи тешка работа, особено ништо што бара работа со остри предмети како ножеви. Народот смета дека е погоден ден за берење лековити растенија, особено кантарион, нане, линкура и слично. Исто така, се верува дека Сонцето се враќа од север кон југ, застанува три пати и заигрува.

The post На полноќ небото се отвора, замислените три желби се остваруваат appeared first on Република.

]]>

Православната црква и нејзините верници утре го одбележуваат денот кога главата на Свети Јован Крстител беше пронајдена, а потоа повторно погребана во земја. Овој празник се нарекува Трето наоѓање на чесната глава на Свети Јован Крстител и не е единствениот посветен на еден од најпочитуваните светци, чиј дело и лик се слави неколку пати годишно. Свети Јован Крстител е познат како голем проповедник кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој умрел со маченичка смрт за својата вера. Со овој празник се поврзани и многу верувања. Се верува дека на тој ден небото се отвора и дека душите на мртвите лесно одат во рајот. Исто така, постои верување слично на она на Богојавление, дека небото се отвора на полноќ и дека треба да се замислат три желби и тие сигурно ќе се остварат. Се верува дека не треба да се работи тешка работа, особено ништо што бара работа со остри предмети како ножеви. Народот смета дека е погоден ден за берење лековити растенија, особено кантарион, нане, линкура и слично. Исто така, се верува дека Сонцето се враќа од север кон југ, застанува три пати и заигрува.  

The post На полноќ небото се отвора, замислените три желби се остваруваат appeared first on Република.

]]>
На Велигден се исполнуваат сите љубовни верувања, затоа вечерва направете го ова https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-veligden-se-ispolnuvaat-site-lubovni-veruvana-zatoa-vecherva-napravete-go-ova/ Sat, 15 Apr 2023 16:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=631083

Православните верници утре го празнуваат најголемиот празник Велигден. Со овој ден се поврзани многу обичаи и адети на македонската традиција.

Старите Македонци верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно – градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот.

Дете кое се родило во Страсната седмица и особено ако е родено на Велигден, ќе има среќа во секој потфат и нема да се жали на недостаток на добро здравје.

Младите жени кои сеуште не добиле понуда за брак, треба да ги кажат неколку минути пред доаѓањето на Велигден следниве зборови: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна!

Се смета дека на Велигден се остваруваат сите љубовни верувања. Ако си го ударите лактот некаде, бившиот сеуште Ви е омилен и не може да го заборавите и тој ќе направи сè за да ве врати.

Ако во чинијата со храна Ви падне инсект, ќе ви се јави стар пријател за средба, која ќе промени многу работи во вашиот живот. Ако ви чеша долната усна, очекувајте нова љубов.

Се смета дека во ноќта спроти Велигден не треба да се крева бучава во домот. Во спротивно тоа ќе ги привлече сите зли и негативни енергии кон вашиот дом.

Цели четириесет дена по Велигден православните христијани се поздравуваат меѓусебно со поздравот Христос воскресна! А, одговорот е Навистина воскресна!

Самиот Велигден се слави цели седум дена, односно на целата недела и затоа таа се нарекува Светла Велигденска Недела.

Дури и да не го сакате некој човек, ако точно на Велигден ви побара услуга или ваш стар пријател со кого сте скарани, Ви побара да му простите, тогаш мора да се ослободите од предрасудите и бидете добри христијани.

The post На Велигден се исполнуваат сите љубовни верувања, затоа вечерва направете го ова appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре го празнуваат најголемиот празник Велигден. Со овој ден се поврзани многу обичаи и адети на македонската традиција. Старите Македонци верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно – градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот. Дете кое се родило во Страсната седмица и особено ако е родено на Велигден, ќе има среќа во секој потфат и нема да се жали на недостаток на добро здравје. Младите жени кои сеуште не добиле понуда за брак, треба да ги кажат неколку минути пред доаѓањето на Велигден следниве зборови: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна! Се смета дека на Велигден се остваруваат сите љубовни верувања. Ако си го ударите лактот некаде, бившиот сеуште Ви е омилен и не може да го заборавите и тој ќе направи сè за да ве врати. Ако во чинијата со храна Ви падне инсект, ќе ви се јави стар пријател за средба, која ќе промени многу работи во вашиот живот. Ако ви чеша долната усна, очекувајте нова љубов. Се смета дека во ноќта спроти Велигден не треба да се крева бучава во домот. Во спротивно тоа ќе ги привлече сите зли и негативни енергии кон вашиот дом. Цели четириесет дена по Велигден православните христијани се поздравуваат меѓусебно со поздравот Христос воскресна! А, одговорот е Навистина воскресна! Самиот Велигден се слави цели седум дена, односно на целата недела и затоа таа се нарекува Светла Велигденска Недела. Дури и да не го сакате некој човек, ако точно на Велигден ви побара услуга или ваш стар пријател со кого сте скарани, Ви побара да му простите, тогаш мора да се ослободите од предрасудите и бидете добри христијани.

The post На Велигден се исполнуваат сите љубовни верувања, затоа вечерва направете го ова appeared first on Република.

]]>
Што значи дождот на Велики петок? https://republika.mk/zivot/servisi/shto-znachi-dozhdot-na-veliki-petok/ Fri, 14 Apr 2023 09:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=630732

Променливо облачно и ветровито време со повремени врнежи од дожд, со можно краткотрајно невреме со грмежи и силен ветер над 70 километри на час, нè очекува денеска, а слично време метеоролозите предвидуваат и за наредните денови од празничниот викенд.

Постарите веруваат дека ако на Велики петок врне дожд, сливите и други овошја нема да дадат богат род. Се верува дека дождот значи тешка и сушна година, полна со конфликти и со кавги.

Од друга страна, пак, се верува дека ако денот е топол и сончев за овој голем празник, родот на овошјето ќе биде голем.

The post Што значи дождот на Велики петок? appeared first on Република.

]]>

Променливо облачно и ветровито време со повремени врнежи од дожд, со можно краткотрајно невреме со грмежи и силен ветер над 70 километри на час, нè очекува денеска, а слично време метеоролозите предвидуваат и за наредните денови од празничниот викенд. Постарите веруваат дека ако на Велики петок врне дожд, сливите и други овошја нема да дадат богат род. Се верува дека дождот значи тешка и сушна година, полна со конфликти и со кавги. Од друга страна, пак, се верува дека ако денот е топол и сончев за овој голем празник, родот на овошјето ќе биде голем.

The post Што значи дождот на Велики петок? appeared first on Република.

]]>
Oстанете будни до полноќ, небото се отвора а желбите се исполнуваат https://republika.mk/zivot/servisi/ostanete-budni-do-polnok-neboto-se-otvora-a-zhelbite-se-ispolnuvaat/ Wed, 18 Jan 2023 17:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=598473

Денеска, 18 јануари, ден пред големиот христијански празник Богојавление, се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Водокрст секогаш е посен ден, и без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа е строг пост. Во некои краеви постои обичај да се стави крст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести.

На Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Според верувањата, точно на полноќ, ноќта, се отварало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе им ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Ода таа вода да се на леело, можело да се лекуваат многу болести. Ако пак, не се налеела во тој миг, водата можела да се „направи“ откако ќе се покрстела-осветела од свештено лице.

The post Oстанете будни до полноќ, небото се отвора а желбите се исполнуваат appeared first on Република.

]]>

Денеска, 18 јануари, ден пред големиот христијански празник Богојавление, се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството. Водокрст секогаш е посен ден, и без оглед на тоа во кој ден од неделата се паѓа е строг пост. Во некои краеви постои обичај да се стави крст во вода и да се однесе во црква. Ако крстот замрзне се верува дека годината ќе бие родна и здрава, а во спротивно ќе донесе многу болести. На Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Според верувањата, точно на полноќ, ноќта, се отварало небото и на сите што будни ќе го дочекаат празникот, Бог ќе им ги исполни желбите. Тој час и водите за миг престанувале да течат и биле лековити. Ода таа вода да се на леело, можело да се лекуваат многу болести. Ако пак, не се налеела во тој миг, водата можела да се „направи“ откако ќе се покрстела-осветела од свештено лице.

The post Oстанете будни до полноќ, небото се отвора а желбите се исполнуваат appeared first on Република.

]]>
Го викаат најсекси гроб на светот, а секоја година илјадници жени го тријат и го бакнуваат за да им донесе добар секс, љубов и бебиња https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/go-vikaat-najseksi-grob-na-svetot-a-sekoja-godina-iljadnitsi-zheni-go-trijat-i-go-baknuvaat-za-da-im-donese-dobar-seks-lubov-i-bebina/ Sun, 08 Jan 2023 15:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=587770

Иако Лувр и Ајфеловата кула се на врвот на листата на секој турист кој патува за Париз, една од изненадувачките атракции на градот се париските гробишта, особено Пер-Лашез. Последното почивалиште на значајни личности, како што се Оскар Вајлд, Џим Морисон и Шопен, е место кое го посетуваат околу три милиони луѓе секоја година. Меѓутоа, меѓу познатите споменици, се издвојува гроб кој постигнал култен статус и покрај тоа што неговиот сопственик живеел прилично обичен живот. Станува збор за Виктор Ноар, новинар кој до својата смрт во 1870 година работел за францускиот весник „Ла Марсеј“, а кога починал имал само 22 години.

И покрај прилично обичната кариера, Ноар на крајот бил убиен од принцот Пјер Бонапарта, братучед на Наполеон III, кој владеел во тоа време. Имено, принцот бил навреден од ставовите искажани во „Ла Марсеј“ за неговото семејство и го предизвикал уредникот на весникот на дуел.

Ноар бил испратен да го договори времето и местото на пресметката, но наеднаш избила тепачка и Бонапарта го застрелал Ноар. Неговата смрт предизвикла бес во јавноста, особено затоа што на крајот принцот бил ослободен од обвинението за убиство. Ова довело до серија насилни демонстрации, Виктор Ноар стана револуционерен симбол, а на неговиот погреб присуствуваа повеќе од 100 илјади луѓе.

Но, тоа не е главната причина зошто овој обичен човек и денес добива бројни букети и венци од цвеќе на својот гроб.

Честопати нарекуван и „најсекси гробница на гробиштата“, гробницата на Виктор Ноар се состои од скулптура на маж во природна големина од Жил Далу.

Фигурата лежи рамно на грб, со отворено палто и капа легната на страна, до ногата. Од непознати причини, Далу направи многу забележлива испакнатост под појасот на скулптурата, а со тоа започна создавањето на бизарен мит кој на крајот го направи гробот на Виктор Ноар симбол на плодноста и сексуалната среќа.

Имено, се верува дека ако жената ги бакне усните на статуата на Виктор Ноар, ја трие испакнатоста на неговите панталони и му фрли цвет во капата, тоа ќе ѝ донесе зголемена плодност и блажен сексуален живот.

Но, некои жени, додуша, одат подалеку од само бакнување и триење, пренесува британски Мирор.

Според урбаните легенди, ако сакате да најдете љубовник треба да го бакнете Ноар во уста. Ако сакате да забремените, треба да му го истриете десниот чевел, а ако сакате да имате близнаци, левата нога. Наводно, после овој ритуал, бебињата пристигнуваат многу брзо, а невенчаните девојки успеваат да најдат сопрузи во рок од една година!

View this post on Instagram

A post shared by SKEMER (@skemer_official)

Со оглед на тоа колку се излитени лицето и испакнатоста на панталоните, скулптурата изгледа е жив доказ дека некои луѓе многу сериозно го сфатиле овој мит.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica (@jessicamacchiavelli)

И покрај тоа што во 2004 година околу скулптурата беше поставена ограда и предупредувачки знак, на кој пишуваше: „Секоја штета предизвикана од графити или непристојно триење ќе се гони кривично“, жените брзо ја симнаа.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica (@jessicamacchiavelli)

The post Го викаат најсекси гроб на светот, а секоја година илјадници жени го тријат и го бакнуваат за да им донесе добар секс, љубов и бебиња appeared first on Република.

]]>

Иако Лувр и Ајфеловата кула се на врвот на листата на секој турист кој патува за Париз, една од изненадувачките атракции на градот се париските гробишта, особено Пер-Лашез. Последното почивалиште на значајни личности, како што се Оскар Вајлд, Џим Морисон и Шопен, е место кое го посетуваат околу три милиони луѓе секоја година. Меѓутоа, меѓу познатите споменици, се издвојува гроб кој постигнал култен статус и покрај тоа што неговиот сопственик живеел прилично обичен живот. Станува збор за Виктор Ноар, новинар кој до својата смрт во 1870 година работел за францускиот весник „Ла Марсеј“, а кога починал имал само 22 години. И покрај прилично обичната кариера, Ноар на крајот бил убиен од принцот Пјер Бонапарта, братучед на Наполеон III, кој владеел во тоа време. Имено, принцот бил навреден од ставовите искажани во „Ла Марсеј“ за неговото семејство и го предизвикал уредникот на весникот на дуел. Ноар бил испратен да го договори времето и местото на пресметката, но наеднаш избила тепачка и Бонапарта го застрелал Ноар. Неговата смрт предизвикла бес во јавноста, особено затоа што на крајот принцот бил ослободен од обвинението за убиство. Ова довело до серија насилни демонстрации, Виктор Ноар стана револуционерен симбол, а на неговиот погреб присуствуваа повеќе од 100 илјади луѓе. Но, тоа не е главната причина зошто овој обичен човек и денес добива бројни букети и венци од цвеќе на својот гроб. Честопати нарекуван и „најсекси гробница на гробиштата“, гробницата на Виктор Ноар се состои од скулптура на маж во природна големина од Жил Далу. Фигурата лежи рамно на грб, со отворено палто и капа легната на страна, до ногата. Од непознати причини, Далу направи многу забележлива испакнатост под појасот на скулптурата, а со тоа започна создавањето на бизарен мит кој на крајот го направи гробот на Виктор Ноар симбол на плодноста и сексуалната среќа. Имено, се верува дека ако жената ги бакне усните на статуата на Виктор Ноар, ја трие испакнатоста на неговите панталони и му фрли цвет во капата, тоа ќе ѝ донесе зголемена плодност и блажен сексуален живот.