Променливо облачно и ветровито време со повремени врнежи од дожд, со можно краткотрајно невреме со грмежи и силен ветер над 70 километри на час, нè очекува денеска, а слично време метеоролозите предвидуваат и за наредните денови од празничниот викенд.

Постарите веруваат дека ако на Велики петок врне дожд, сливите и други овошја нема да дадат богат род. Се верува дека дождот значи тешка и сушна година, полна со конфликти и со кавги.

Од друга страна, пак, се верува дека ако денот е топол и сончев за овој голем празник, родот на овошјето ќе биде голем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.