Венчавка Archives - Република https://republika.mk/tema/venchavka/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jan 2024 07:46:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Венчавка Archives - Република https://republika.mk/tema/venchavka/ 32 32 Венчавка која се слави во злато дури 10 дена: Се жени најпосакуваниот принц со девојка од Балканот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/venchavka-koja-se-slavi-vo-zlato-duri-10-dena-se-zheni-najposakuvaniot-prints-so-devojka-od-balkanot/ Mon, 08 Jan 2024 12:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=730818

Убавицата со хрватски корени Аниша Иса Калебиќ се омажи за еден од најпосакуваните ергени, брунејскиот принц Абдула Матина.

Веридбата се одржала во ноември минатата година, а раскошната церемонија на венчавката почнала на 7 јануари и ќе трае девет дена.

Аниша се повлече од социјалните мрежи откако се вери со принцот, но сега на Инстаграм се појавија нејзините фотографии на кои позира во елегантно свадбено издание, кроено по нарачка, а користена е традиционална брунејска ткаенина.

Инаку неа и принцот наводно ги зближила љубовта кон спортот, а принцот е долгогодишен пријател на братот на Аниша, Даниел Дино Исо Калебиќ.

На венчавката се очекува да има околу 4.000 гости, меѓи кои и гости од Хрватска,а  се шушка дека на свадбата ќе дојдат и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

The post Венчавка која се слави во злато дури 10 дена: Се жени најпосакуваниот принц со девојка од Балканот appeared first on Република.

]]>

Убавицата со хрватски корени Аниша Иса Калебиќ се омажи за еден од најпосакуваните ергени, брунејскиот принц Абдула Матина. Веридбата се одржала во ноември минатата година, а раскошната церемонија на венчавката почнала на 7 јануари и ќе трае девет дена. Аниша се повлече од социјалните мрежи откако се вери со принцот, но сега на Инстаграм се појавија нејзините фотографии на кои позира во елегантно свадбено издание, кроено по нарачка, а користена е традиционална брунејска ткаенина. Инаку неа и принцот наводно ги зближила љубовта кон спортот, а принцот е долгогодишен пријател на братот на Аниша, Даниел Дино Исо Калебиќ. На венчавката се очекува да има околу 4.000 гости, меѓи кои и гости од Хрватска,а  се шушка дека на свадбата ќе дојдат и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

The post Венчавка која се слави во злато дури 10 дена: Се жени најпосакуваниот принц со девојка од Балканот appeared first on Република.

]]>
Лани помалку се венчававме ама и помалку разведувавме https://republika.mk/zivot/semejstvo/lani-pomalku-se-venchavavme-ama-i-pomalku-razveduvavme/ Mon, 05 Jun 2023 06:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=647815

Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12 882 склучени бракa, што е за 2.4 отсто помалку од претходната година. соопшти Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови, 1 851 или 14.4 %, се склучени во месец август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5.9 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.7 % за жените и 93.2 % за мажите.

Во втор брак со учество од 6.3% и трет брак со учество 0.5 %, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2022 година, најголем број бракови 4 263 или 33.1% кај жените и 4 721 брак или 36.6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучување на прв брак е 27.4 години за невестата и 29.9 години за младоженецот.

Бројот на разводи, пак, во 2022 година бележи намалување од 17.9 % во споредба со 2021 година и изнесува 1 613 разведени брака.

Најмалку бракови, 38 или 2.4 % во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12.1 % во месец март.

Според возраста, најголем број на разводи  298 или 18.5 % кај жените и 281 развод или 17.4% кај мажите се случиле во истата  старосната група  од 30-34 години.

Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

The post Лани помалку се венчававме ама и помалку разведувавме appeared first on Република.

]]>

Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12 882 склучени бракa, што е за 2.4 отсто помалку од претходната година. соопшти Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1 851 или 14.4 %, се склучени во месец август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5.9 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.7 % за жените и 93.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 6.3% и трет брак со учество 0.5 %, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Во 2022 година, најголем број бракови 4 263 или 33.1% кај жените и 4 721 брак или 36.6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години. Просечната возраст при склучување на прв брак е 27.4 години за невестата и 29.9 години за младоженецот. Бројот на разводи, пак, во 2022 година бележи намалување од 17.9 % во споредба со 2021 година и изнесува 1 613 разведени брака. Најмалку бракови, 38 или 2.4 % во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12.1 % во месец март. Според возраста, најголем број на разводи  298 или 18.5 % кај жените и 281 развод или 17.4% кај мажите се случиле во истата  старосната група  од 30-34 години. Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

The post Лани помалку се венчававме ама и помалку разведувавме appeared first on Република.

]]>
Сила од Турција и Миколај од Полска се вљубиле на Летната школа за македонски јазик во Охрид, по пет месеци се венчале https://republika.mk/vesti/kultura/sila-od-turtsija-i-mikolaj-od-polska-se-vlubile-na-letnata-shkola-za-makedonski-jazik-vo-ohrid-po-pet-mesetsi-se-venchale/ Fri, 03 Feb 2023 08:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=604084

Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска летово се запознале на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзиетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, се вљубиле и по пет месеци се венчале.

Оваа приказна ја споделуваат од МСМЈЛК, кои им посакуваат на Сила и Милокај љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да им се распламтува, а заедно со нив и нивната заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура.

Вљубеноста во македонскиот јазик и македонската култура, Сила Турција и Миколај од Полска, од две различни страни на Европа ги доведе крај брегот на Охридското Езеро, на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Исто како и уште шеесетина други семинаристи од различни страни на светот.

Но, тие двајца почувствуваа и сфатија дека за нив, македонскиот јазик е јазикот на љубовта. И тука, крај Охридското Езеро, на македонски јазик, еден на друг си рекоа: Те сакам! Пет месеци потоа, дури траеше Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, еден на друг си ветија вечност на нивната љубов.

Драги Сила и Миколај, ви посакуваме љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да ви се распламтуваат. А заедно со нив и вашата заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура заради која тука, во срцето на Балканот ви се вкрстија патиштата и вашите срца започнаа забрзано да чукаат - срцето на Сила за Миколај, а  срцето на Миколај за Сила, во ритамот на македонскиот 7/8 такт, велат од МСМЈЛК.

Од семинарот ги очекуваат повторно, но овојпат заедно да дојдат во Охрид.

Вашата приказна е (и) убава македонска приказна. Раскажувајте ја (и) на македонски јазик, велат од МСМЈКЛ.

The post Сила од Турција и Миколај од Полска се вљубиле на Летната школа за македонски јазик во Охрид, по пет месеци се венчале appeared first on Република.

]]>

Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска летово се запознале на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзиетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, се вљубиле и по пет месеци се венчале. Оваа приказна ја споделуваат од МСМЈЛК, кои им посакуваат на Сила и Милокај љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да им се распламтува, а заедно со нив и нивната заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура. Вљубеноста во македонскиот јазик и македонската култура, Сила Турција и Миколај од Полска, од две различни страни на Европа ги доведе крај брегот на Охридското Езеро, на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Исто како и уште шеесетина други семинаристи од различни страни на светот.
Но, тие двајца почувствуваа и сфатија дека за нив, македонскиот јазик е јазикот на љубовта. И тука, крај Охридското Езеро, на македонски јазик, еден на друг си рекоа: Те сакам! Пет месеци потоа, дури траеше Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, еден на друг си ветија вечност на нивната љубов. Драги Сила и Миколај, ви посакуваме љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да ви се распламтуваат. А заедно со нив и вашата заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура заради која тука, во срцето на Балканот ви се вкрстија патиштата и вашите срца започнаа забрзано да чукаат - срцето на Сила за Миколај, а  срцето на Миколај за Сила, во ритамот на македонскиот 7/8 такт, велат од МСМЈЛК.
Од семинарот ги очекуваат повторно, но овојпат заедно да дојдат во Охрид.
Вашата приказна е (и) убава македонска приказна. Раскажувајте ја (и) на македонски јазик, велат од МСМЈКЛ.

The post Сила од Турција и Миколај од Полска се вљубиле на Летната школа за македонски јазик во Охрид, по пет месеци се венчале appeared first on Република.

]]>
Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек https://republika.mk/zivot/semejstvo/se-venchaa-dzenifer-lopez-i-ben-aflek/ Sun, 17 Jul 2022 20:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=530474

Американската поп-пејачка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчале во Лас Вегас, откако славната двојка ја обнови својата романса по речиси 20 години, објавија во неделата медиумите.

Весникот The New York Post објави дека на увид ја има дозволата за венчавка во округот Кларк во американската сојузна држава Невада, поднесена во саботата а којашто покажува дека Лопез и Афлек се венчале.

Интернет таблоидот TMZ, кој е вообичаено најдобро информиран за настаните во светот на познатите личности, исто така, ја објави веста за венчавката на славната естрадна двојка.

Афлек и Лопез, гламурозната двојка којашто медиумите ја нарекоа „Бенифер“, повторно се спои минатата година по речиси 20 години откако се раздели. Веридбата ја објавија во април годинава.

На почетокот од 2000-те години двојката беше во центарот на вниманието на весниците, со луксузните автомобили и нејзиниот голем 6,1-каратен розев дијамант на вереничкиот прстен. Но венчавката ненадејно во 2003 година беше прекината и двојката се раздели неколку месеци подоцна.

 

The post Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек appeared first on Република.

]]>

Американската поп-пејачка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчале во Лас Вегас, откако славната двојка ја обнови својата романса по речиси 20 години, објавија во неделата медиумите. Весникот The New York Post објави дека на увид ја има дозволата за венчавка во округот Кларк во американската сојузна држава Невада, поднесена во саботата а којашто покажува дека Лопез и Афлек се венчале. Интернет таблоидот TMZ, кој е вообичаено најдобро информиран за настаните во светот на познатите личности, исто така, ја објави веста за венчавката на славната естрадна двојка. Афлек и Лопез, гламурозната двојка којашто медиумите ја нарекоа „Бенифер“, повторно се спои минатата година по речиси 20 години откако се раздели. Веридбата ја објавија во април годинава. На почетокот од 2000-те години двојката беше во центарот на вниманието на весниците, со луксузните автомобили и нејзиниот голем 6,1-каратен розев дијамант на вереничкиот прстен. Но венчавката ненадејно во 2003 година беше прекината и двојката се раздели неколку месеци подоцна.  

The post Се венчаа Џенифер Лопез и Бен Афлек appeared first on Република.

]]>
Секоја епархија има свој тарифник, не е исто да се жениш во Скопје или во Битола https://republika.mk/vesti/makedonija/sekoja-eparhija-ima-svoj-tarifnik-ne-e-isto-da-se-zenish-vo-skopje-ili-vo-bitola/ Thu, 24 Mar 2022 09:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=477561

Засега на ниво на црквата не сме разговарале за генерално покачување на цените на црковните услуги, вели во изјава за „Нова Македонија“, митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, откако минатата недела се појави информацијата дека преспанско-пелагониската епархија има нов ценовник.

Црквата ги следи тековите на општествениот живот во земјата. Ако економијата оди во одредена насока, не е исклучено и да се покачат цените на услугите што ги дава и црквата. Сепак, секоја епархија има надлежност да прави промени во финансиското работење и да има свој тарифник – објаснува тој.

Според ценовникот на скопската епархија, на пример, крштевката чини 4.000 денари, од кои половина ги плаќа кумот, а половина родителите на детето што се крштева.

За венчавка со еден свештеник се наплаќа 6.000 денари, а доколку свечениот чин го извршуваат тројца свештеници, се плаќа 7.000 денари. Наплатата се дели на четири дела, односно на кумот, на старосватот и на родителите на невестата и младоженецот.

Опелото за погреб чини 3.000 денари.

Свештениците не им наплаќаат услуги на граѓаните од социјално загрозените категории, како и на оние семејства што имаат повеќе деца.

 

The post Секоја епархија има свој тарифник, не е исто да се жениш во Скопје или во Битола appeared first on Република.

]]>

Засега на ниво на црквата не сме разговарале за генерално покачување на цените на црковните услуги, вели во изјава за „Нова Македонија“, митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, откако минатата недела се појави информацијата дека преспанско-пелагониската епархија има нов ценовник.
Црквата ги следи тековите на општествениот живот во земјата. Ако економијата оди во одредена насока, не е исклучено и да се покачат цените на услугите што ги дава и црквата. Сепак, секоја епархија има надлежност да прави промени во финансиското работење и да има свој тарифник – објаснува тој.
Според ценовникот на скопската епархија, на пример, крштевката чини 4.000 денари, од кои половина ги плаќа кумот, а половина родителите на детето што се крштева. За венчавка со еден свештеник се наплаќа 6.000 денари, а доколку свечениот чин го извршуваат тројца свештеници, се плаќа 7.000 денари. Наплатата се дели на четири дела, односно на кумот, на старосватот и на родителите на невестата и младоженецот. Опелото за погреб чини 3.000 денари. Свештениците не им наплаќаат услуги на граѓаните од социјално загрозените категории, како и на оние семејства што имаат повеќе деца.  

The post Секоја епархија има свој тарифник, не е исто да се жениш во Скопје или во Битола appeared first on Република.

]]>
Асанж се ожени во затворот „Белмарш“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/asanz-se-ozeni-vo-zatvorot-belmarsh/ Wed, 23 Mar 2022 17:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=477291

Стела Морис, вереницата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пристигнала во затворот „Белмарш“ во кој денеска ќе се одржи нивната венчавка.

Стела на венчавката пристигнала во придружба на нивните две деца – синовите Габриел и Макс.

Вереницата на Асанж позирала пред фотографите во венчаница која ја потпишува креаторката Вивиен Вествуд, а церемонијата ќе се одржи во кругот на членовите на семејствата и пријатели на парот – само 4 гости и 2 сведоци, како и 2 работници во обезбедувањето.

 

The post Асанж се ожени во затворот „Белмарш“ appeared first on Република.

]]>

Стела Морис, вереницата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пристигнала во затворот „Белмарш“ во кој денеска ќе се одржи нивната венчавка. Стела на венчавката пристигнала во придружба на нивните две деца – синовите Габриел и Макс. Вереницата на Асанж позирала пред фотографите во венчаница која ја потпишува креаторката Вивиен Вествуд, а церемонијата ќе се одржи во кругот на членовите на семејствата и пријатели на парот – само 4 гости и 2 сведоци, како и 2 работници во обезбедувањето.  

The post Асанж се ожени во затворот „Белмарш“ appeared first on Република.

]]>
Љубов во време на војна: Украински војници се венчаа на фронтот https://republika.mk/vesti/svet/ljubov-vo-vreme-na-vojna-ukrainski-vojnici-se-venchaa-na-frontot/ Mon, 07 Mar 2022 12:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=468969

Фотографиите и снимките од хаосот кои секојдневно ни доаѓаат од Украина, понекогаш ги заменуваат оние во кои животот и љубовта ја победуваат смртта.

Лесија и Валериј, украински војници, под целосна воена опрема, си ветија вечна љубов.
На свадбата присуствувал и свештеник кој го легализирал бракот. Станува збор за Лесија Ивашченко и Валери Филимонов. Нека е вечна љубовта.

The post Љубов во време на војна: Украински војници се венчаа на фронтот appeared first on Република.

]]>

Фотографиите и снимките од хаосот кои секојдневно ни доаѓаат од Украина, понекогаш ги заменуваат оние во кои животот и љубовта ја победуваат смртта. Лесија и Валериј, украински војници, под целосна воена опрема, си ветија вечна љубов. На свадбата присуствувал и свештеник кој го легализирал бракот. Станува збор за Лесија Ивашченко и Валери Филимонов. Нека е вечна љубовта.

The post Љубов во време на војна: Украински војници се венчаа на фронтот appeared first on Република.

]]>