велосипедисти Archives - Република https://republika.mk/tema/velosipedisti/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Apr 2024 08:23:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велосипедисти Archives - Република https://republika.mk/tema/velosipedisti/ 32 32 Пронајдени изгубените велосипедисти на Беласица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-izgubenite-velosipedisti-na-belasitsa/ Mon, 08 Apr 2024 08:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=763673

Пронајдени се двајцата велосипедисти кои се загубиле вчера на планината Беласица, некаде над село Банско, информира Центарот за упрување со кризи (ЦУК).

Вчера во 16.50 часот во Регионалниот ЦУК Струмица на Единствениот број за итни повици 112 било пријавено дека велосипедистите се изгубиле.

-Веднаш била пратена патрола од гранична полиција и стапиле во контакт со двајцата велосипедисти. Околу 19.30 часот биле спуштени велосипедистите со помош на гранична полиција на безбедно и пред да настапи ноќта, се вели во соопштението.

ЦУК информира дека поголем број неексплодирани убојни средства, конкретно 80 минофрлачки гранати од 60 милиметри од Првата светска војна биле пронајдени во село Рибарци, Општина Новаци.

Регионалниот ЦУК Битола информира дека тие безбедно биле подигнати и отстранети од страна на овластениот пиротехничар од ДЗС Битола.

Кога ќе се најдат, при прошетки на терен, неексплодирани средства од минатите војни, не треба да се фаќаат, да се поместуваат ваквите стари гранати, бомби и слични опасни неексплодирани средства, едноставно само треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за нивната локација, соопшти ЦУК.

The post Пронајдени изгубените велосипедисти на Беласица appeared first on Република.

]]>

Пронајдени се двајцата велосипедисти кои се загубиле вчера на планината Беласица, некаде над село Банско, информира Центарот за упрување со кризи (ЦУК). Вчера во 16.50 часот во Регионалниот ЦУК Струмица на Единствениот број за итни повици 112 било пријавено дека велосипедистите се изгубиле. -Веднаш била пратена патрола од гранична полиција и стапиле во контакт со двајцата велосипедисти. Околу 19.30 часот биле спуштени велосипедистите со помош на гранична полиција на безбедно и пред да настапи ноќта, се вели во соопштението. ЦУК информира дека поголем број неексплодирани убојни средства, конкретно 80 минофрлачки гранати од 60 милиметри од Првата светска војна биле пронајдени во село Рибарци, Општина Новаци. Регионалниот ЦУК Битола информира дека тие безбедно биле подигнати и отстранети од страна на овластениот пиротехничар од ДЗС Битола.
Кога ќе се најдат, при прошетки на терен, неексплодирани средства од минатите војни, не треба да се фаќаат, да се поместуваат ваквите стари гранати, бомби и слични опасни неексплодирани средства, едноставно само треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за нивната локација, соопшти ЦУК.
 
The post Пронајдени изгубените велосипедисти на Беласица appeared first on Република.

]]>
Возeњето велосипед може да биде опасно: Се судрија двајца велосипедисти на кејот на Вардар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozneto-velosiped-mozhe-da-bide-opasno-se-sudrija-dvajtsa-velosipedisti-na-kejot-na-vardar/ Sun, 11 Jun 2023 11:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=650116

На 10.06.2023 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на кејот на реката Вардар на подрачје на Центар се случила несреќа помеѓу велосипед управуван од К.Е.(38) од Скопје и друг велосипед кој го напуштил местото.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил К.Е. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Возeњето велосипед може да биде опасно: Се судрија двајца велосипедисти на кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>

На 10.06.2023 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на кејот на реката Вардар на подрачје на Центар се случила несреќа помеѓу велосипед управуван од К.Е.(38) од Скопје и друг велосипед кој го напуштил местото. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил К.Е. констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Возeњето велосипед може да биде опасно: Се судрија двајца велосипедисти на кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 250 велосипедисти, планинари и посетители учестуваа на „ АЗОТ 2023 мтб предизвик“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poveke-od-250-velosipedisti-planinari-i-posetiteli-uchestuvaa-na-azot-2023-mtb-predizvik/ Thu, 01 Jun 2023 14:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=646907

Outdoor Festival АЗОТ 2023 мтб предизвик

Изминатиот викенд во с.Богомила во регионот АЗОТ се одржа 9-от по ред outdoor festival „ АЗОТ 2023 мтб предизвик“ кој е во организација на велосипедско здружение Велес Бајкинг, а е поддржан од Општина Чашка.

И покрај неповолните временски услови кои беа најавени за овој викенд, преку 250 велосипедисти, планинари и посетители беа директни учесници за овој настан. Според нивната реакција оваа 9-ма година ги надмина сите очекувања во поглед на организацијата и приемот од страна на организаторите.

Целокупниот настан беше опфатен во два дена со голем број на настани за сите учесници.

Првиот ден беше предвиден за велосипедска рекреативна тура до манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во блиина на с.Согле каде учесниците се воодушевуваа од овој прекрасен црковно-духовен храм.

Во меѓувреме во кампот се одржуваа обуки за повреди на отворено кои беа рпрезентирани од мобилна екипа на Црвениот Крст на Македонија ОО Велес. Во вечерните часеви се одржа голема рок забава на која имаше гости и од Велес.

Вториот ден, се возеа две велосипедски патеки и тоа:

голема патека: 44.1 km +1780

средна патека: 34.1 km +1011 m

Патеките поминуваат низ неколку села од областа Азот и тоа село Богомила, село Црешнево, село Капиново, село Нежилово, село Папрадиште Планинарски дом Чеплес како и низ многу прекрасни природни пејсажи низ течението на река Бабуна како шлто се погледот кон врвот Солунска глава ( 2451 мнв).

Освен велосипедската, се одржа и планинарска тура во должина од 16,2км со посета на изворите на Бабуна.

Настанот е еден од најпосетените во  Македонија и истовремено е најголемиот туристички промотор на целиот регион.

По завршувањето на сите активности, се организираше и заеднички ручек и богата лотарија со награди за сите учесници.

The post Повеќе од 250 велосипедисти, планинари и посетители учестуваа на „ АЗОТ 2023 мтб предизвик“ appeared first on Република.

]]>

Outdoor Festival АЗОТ 2023 мтб предизвик Изминатиот викенд во с.Богомила во регионот АЗОТ се одржа 9-от по ред outdoor festival „ АЗОТ 2023 мтб предизвик“ кој е во организација на велосипедско здружение Велес Бајкинг, а е поддржан од Општина Чашка. И покрај неповолните временски услови кои беа најавени за овој викенд, преку 250 велосипедисти, планинари и посетители беа директни учесници за овој настан. Според нивната реакција оваа 9-ма година ги надмина сите очекувања во поглед на организацијата и приемот од страна на организаторите. Целокупниот настан беше опфатен во два дена со голем број на настани за сите учесници. Првиот ден беше предвиден за велосипедска рекреативна тура до манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ во блиина на с.Согле каде учесниците се воодушевуваа од овој прекрасен црковно-духовен храм. Во меѓувреме во кампот се одржуваа обуки за повреди на отворено кои беа рпрезентирани од мобилна екипа на Црвениот Крст на Македонија ОО Велес. Во вечерните часеви се одржа голема рок забава на која имаше гости и од Велес. Вториот ден, се возеа две велосипедски патеки и тоа: голема патека: 44.1 km +1780 средна патека: 34.1 km +1011 m Патеките поминуваат низ неколку села од областа Азот и тоа село Богомила, село Црешнево, село Капиново, село Нежилово, село Папрадиште Планинарски дом Чеплес како и низ многу прекрасни природни пејсажи низ течението на река Бабуна како шлто се погледот кон врвот Солунска глава ( 2451 мнв). Освен велосипедската, се одржа и планинарска тура во должина од 16,2км со посета на изворите на Бабуна. Настанот е еден од најпосетените во  Македонија и истовремено е најголемиот туристички промотор на целиот регион. По завршувањето на сите активности, се организираше и заеднички ручек и богата лотарија со награди за сите учесници.

The post Повеќе од 250 велосипедисти, планинари и посетители учестуваа на „ АЗОТ 2023 мтб предизвик“ appeared first on Република.

]]>
Предвидени се казни од 20 до 50 евра: СВР Тетово ги предупредува велосипедистите да возат по прописи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/predvideni-se-kazni-od-20-do-50-evra-svr-tetovo-gi-predupreduva-velosipedistite-da-vozat-po-propisi/ Wed, 19 Apr 2023 15:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=632169

СВР Тетово апелира до велосипедистите и мотоциклистите за доследно почитување на сообраќајните правила, со оглед на зголемување на нивниот број по патиштата со затоплување на времето. Воедно потсетуваат дека минатата година на тетовското подрачје биле регистрирани вкупно 22 сообраќајни несреќи во кои непосредни учесници биле велосипедисти и 74 со учесници мотоциклисти.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до велосипедистите да се движат прописно, односно крајно десно по коловозот, еден зад друг, а не еден до друг. Им се советува, исто така, во вечерните часови да бидат прописно осветлени и да ги избегнуваат темните улици, да внимаваат на знаците и постапките кога свртуваат лево или десно, задолжително да слезат од велосипед, да ги преминуваат улиците на обележани премини и друго. Максимална внимателност им се советува и на мотоциклистите, но и навреме да ги регистрираат мотоциклите, задолжително да користат заштитна опрема и да поседуваат возачки дозволи, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во спротивно, велосипедистите ќе се соочат со законски предвидените санкции, односно ќе им се изготвуваат соодветни поднесоци, а зависно од видот на сторениот прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, предвидени се и парични глоби од 20 до 50 евра во денарска противвредност според член 96 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

The post Предвидени се казни од 20 до 50 евра: СВР Тетово ги предупредува велосипедистите да возат по прописи appeared first on Република.

Велосипедист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајка на обиколницата во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/velosipedist-zagina-a-drug-e-teshko-povreden-vo-soobrakjajka-na-obikolnicata-vo-skopje/ Thu, 17 Nov 2022 17:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=575056

Едно лице загина, а има и повреден во тешка сообраќајка на обиколницата во Скопје кај клучката во Радишани, каде што попалднево автомобил удрил велосипедисти.

Од МВР за МИА информираат дека во 15:48 часот е пријавено дека на обиколница, по клучката Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти – А.Ш., кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“.

Полициски екипи во моментов вршат увид на место на настанот.

The post Велосипедист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајка на обиколницата во Скопје appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а има и повреден во тешка сообраќајка на обиколницата во Скопје кај клучката во Радишани, каде што попалднево автомобил удрил велосипедисти. Од МВР за МИА информираат дека во 15:48 часот е пријавено дека на обиколница, по клучката Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти – А.Ш., кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“. Полициски екипи во моментов вршат увид на место на настанот.

The post Велосипедист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајка на обиколницата во Скопје appeared first on Република.

]]>
Неверојатно патување: Навивачи од Аргентина на точак стигнаа во Катар https://republika.mk/zivot/patuvanja/neverojatno-patuvanje-navivachi-od-argentina-na-tochak-stignaa-vo-katar/ Tue, 08 Nov 2022 09:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=571278

Неколку десетина навивачи на фудбалската репрезентација на Аргентина се собраа во Доха пред часовникот, кој денеска означи 11 денови до почетокот на Мундијалот во Катар.

Облечени во дресови на репрезентацијата, навивачите пееја и се фотографираа со големо аргентинско знаме, по што им посакаа добредојде на четворица свои сонародници, кои пристигнаа во Катар од Јужна Африка со велосипеди.

Четворицата аргентински навивачи – Леонардо Бланко, Матијас Виљароел, Силвио Гати и Лукас Ледезма, на патот до Катар долг 10.500 километри тргнаа со велосипеди на 15 мај.

Нè мотивираше нашиот сон… на 18 декември да ја видиме Аргентина и Лео Меси како го подигнуваат трофејот, порача Бланко.

Меси, кому ова ќе му биде последен Мундијал во кариерата, ќе ја предводи Аргентина на Светското првенство во Катар кое стартува на 20 ноември, а Гаучосите се во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

The post Неверојатно патување: Навивачи од Аргентина на точак стигнаа во Катар appeared first on Република.

]]>

Неколку десетина навивачи на фудбалската репрезентација на Аргентина се собраа во Доха пред часовникот, кој денеска означи 11 денови до почетокот на Мундијалот во Катар. Облечени во дресови на репрезентацијата, навивачите пееја и се фотографираа со големо аргентинско знаме, по што им посакаа добредојде на четворица свои сонародници, кои пристигнаа во Катар од Јужна Африка со велосипеди. Четворицата аргентински навивачи – Леонардо Бланко, Матијас Виљароел, Силвио Гати и Лукас Ледезма, на патот до Катар долг 10.500 километри тргнаа со велосипеди на 15 мај.
Нè мотивираше нашиот сон… на 18 декември да ја видиме Аргентина и Лео Меси како го подигнуваат трофејот, порача Бланко.
Меси, кому ова ќе му биде последен Мундијал во кариерата, ќе ја предводи Аргентина на Светското првенство во Катар кое стартува на 20 ноември, а Гаучосите се во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

The post Неверојатно патување: Навивачи од Аргентина на точак стигнаа во Катар appeared first on Република.

]]>
Добра вест: Спасени велосипедистите кои се изгубија кај Кожле https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dobra-vest-spaseni-velosipedistite-koi-se-izgubija-kaj-kozle/ Tue, 21 Jun 2022 19:13:44 +0000 https://republika.mk/?p=518211

Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле. 

Како што информираат од ЦУК, велосипедистите залутале барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, а кога биле пронајдени во суровиот предел без вода биле многу дехидрирани и снеможени. Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед.

По добивањето на информацијата околу 15:00 часот, преку телефонскиот број 112 од Секторот за операции и координациј во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни рботници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје.

Изгубените велосипедисти живи и здрави, се пронајдени околу 16:00 часот.

Акцијата за спасување е координирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – Полицијата и со Брзата помош.

The post Добра вест: Спасени велосипедистите кои се изгубија кај Кожле appeared first on Република.

]]>

Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле.  Како што информираат од ЦУК, велосипедистите залутале барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, а кога биле пронајдени во суровиот предел без вода биле многу дехидрирани и снеможени. Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед. По добивањето на информацијата околу 15:00 часот, преку телефонскиот број 112 од Секторот за операции и координациј во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни рботници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје. Изгубените велосипедисти живи и здрави, се пронајдени околу 16:00 часот. Акцијата за спасување е координирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – Полицијата и со Брзата помош.

The post Добра вест: Спасени велосипедистите кои се изгубија кај Кожле appeared first on Република.

]]>