Ваташа Archives - Република https://republika.mk/tema/vatasha/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jun 2024 09:29:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ваташа Archives - Република https://republika.mk/tema/vatasha/ 32 32 Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци ја промовираа книгата „Ваташа” https://republika.mk/vesti/kultura/vinski-muzej-i-muzej-galerija-kavadartsi-ja-promoviraa-knigata-vatasha/ Sun, 16 Jun 2024 09:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=788056

Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци синоќа ја промовираа книгата „Ваташа”, по повод 81-годишнината од стрелањето на 12 ваташки младинци, од страна на тогашниот бугарски фашистички окупатор. Станува збор за драмски ораториум од драматургот Зоран Пејковски.

Работен е врз основа на минатогодишното дело „Мемоари – сеќавање” во издание на Вински музеј, што пак претставува еден вид реконструкција на настаните пред и после тој кобен ден 16 јуни 1943 година, врз основа на сведештва на блиски другари, роднини и сопартијци, рече Весела Честоева, директорка на Вински музеј, упатувајќи благодарност до кавадаречкиот градоначалник и Советот на Општината.

Четворица актери изведоа драматизација од овој ораториум.

Рецензенти на делото се Марјан Патлиџанковски и Александар Јордановски. Пред присутните се обратија и Јордановски и Пејковски, како и директорот на Музеј галеријата, Јаким Зимоски, и претседателот на општинскиот Совет, Стојанче Рамов.

Во текот на денешниот ден, ќе биде положено цвеќе пред споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, а ќе има и културно уметничка програма.

The post Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци ја промовираа книгата „Ваташа” appeared first on Република.

]]>

Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци синоќа ја промовираа книгата „Ваташа”, по повод 81-годишнината од стрелањето на 12 ваташки младинци, од страна на тогашниот бугарски фашистички окупатор. Станува збор за драмски ораториум од драматургот Зоран Пејковски.
Работен е врз основа на минатогодишното дело „Мемоари – сеќавање” во издание на Вински музеј, што пак претставува еден вид реконструкција на настаните пред и после тој кобен ден 16 јуни 1943 година, врз основа на сведештва на блиски другари, роднини и сопартијци, рече Весела Честоева, директорка на Вински музеј, упатувајќи благодарност до кавадаречкиот градоначалник и Советот на Општината.
Четворица актери изведоа драматизација од овој ораториум. Рецензенти на делото се Марјан Патлиџанковски и Александар Јордановски. Пред присутните се обратија и Јордановски и Пејковски, како и директорот на Музеј галеријата, Јаким Зимоски, и претседателот на општинскиот Совет, Стојанче Рамов. Во текот на денешниот ден, ќе биде положено цвеќе пред споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, а ќе има и културно уметничка програма.  

The post Вински музеј и Музеј галерија Кавадарци ја промовираа книгата „Ваташа” appeared first on Република.

]]>
Драмскиот ораториум „Ваташа“ од драматургот Зоран Пејковски вечерва во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци https://republika.mk/vesti/kultura/dramskiot-oratorium-vatasha-od-dramaturgot-zoran-pejkovski-vecherva-vo-dom-na-kultura-ivan-mazov-klime-kavadartsi/ Sat, 15 Jun 2024 12:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=787823

Во чест на одбележувањето на 81 година од стрелањето на 12 Ваташки младинци, Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци и Музеј Галерија Кавадарци под покровителство на градоначалникот Митко Јанчев и Совет на Општина, го најавија настанот, промоција на Драмски ораториум „Ваташа“ од драматургот Зоран Пејковски.

- Познати актери ќе изведат драматизација од драмскиот ораториум во сабота во 19 часот во Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, појаснија од овие две културни установи.

Во недела од 10.30 часот ќе има положување на цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште, како и културно- уметничка програма.

The post Драмскиот ораториум „Ваташа“ од драматургот Зоран Пејковски вечерва во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Во чест на одбележувањето на 81 година од стрелањето на 12 Ваташки младинци, Вински музеј за регион Тиквеш - Кавадарци и Музеј Галерија Кавадарци под покровителство на градоначалникот Митко Јанчев и Совет на Општина, го најавија настанот, промоција на Драмски ораториум „Ваташа“ од драматургот Зоран Пејковски. - Познати актери ќе изведат драматизација од драмскиот ораториум во сабота во 19 часот во Дом на култура „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, појаснија од овие две културни установи. Во недела од 10.30 часот ќе има положување на цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште, како и културно- уметничка програма.

The post Драмскиот ораториум „Ваташа“ од драматургот Зоран Пејковски вечерва во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Ни премиерчето ни владата не собраа сили барем на социјалните мрежи да им оддадат почит на жртвите од Ваташа https://republika.mk/vesti/makedonija/ni-premiercheto-ni-vladata-ne-sobraa-sili-barem-na-sotsijalnite-mrezhi-da-im-oddadat-pochit-na-zhrtvite-od-vatasha/ Fri, 16 Jun 2023 21:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=652305

Божидар Божиновски на Фејсбук коментира дека Владата ипремиерот Димитар Ковачевски не собраа сили да покажат елементарна почит кон жртвите на бугарскиот фашистички окупатор на Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dajte-gi-vamu-nashite-detsa-ej-vie-kleti-krvnitsi-80-godini-od-masakrot-na-12-te-vatashki-momchina/

Дванаесетте ваташки момчиња се ѕверски убиени пред 80 години на денешен ден во селото Моклиште.

Ваташкиот масакр и Дабничкото клање се најголемите злосторства во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи големиот подем на НО движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста Моклиште стрелал 12 младинци од селото Ваташа од 15 до 27 годишна возраст.

Ни премиерчето ни владата не собраа сили барем со една објава на социјални мрежи да им оддадат почит на жртвите од Ваташа. За да се појават, и да не зборуваме, кај што нема кој да оди, ја пуштат министерката за култура по 15 минути, пишува Божиновски.

The post Ни премиерчето ни владата не собраа сили барем на социјалните мрежи да им оддадат почит на жртвите од Ваташа appeared first on Република.

]]>

Божидар Божиновски на Фејсбук коментира дека Владата ипремиерот Димитар Ковачевски не собраа сили да покажат елементарна почит кон жртвите на бугарскиот фашистички окупатор на Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/dajte-gi-vamu-nashite-detsa-ej-vie-kleti-krvnitsi-80-godini-od-masakrot-na-12-te-vatashki-momchina/ Дванаесетте ваташки момчиња се ѕверски убиени пред 80 години на денешен ден во селото Моклиште. Ваташкиот масакр и Дабничкото клање се најголемите злосторства во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи големиот подем на НО движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста Моклиште стрелал 12 младинци од селото Ваташа од 15 до 27 годишна возраст.
Ни премиерчето ни владата не собраа сили барем со една објава на социјални мрежи да им оддадат почит на жртвите од Ваташа. За да се појават, и да не зборуваме, кај што нема кој да оди, ја пуштат министерката за култура по 15 минути, пишува Божиновски.

The post Ни премиерчето ни владата не собраа сили барем на социјалните мрежи да им оддадат почит на жртвите од Ваташа appeared first on Република.

]]>
Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа https://republika.mk/vesti/makedonija/pretstavnitsi-na-klubot-za-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo-se-poklonija-pred-spomenikot-na-ubienite-mladintsi-vatasha/ Fri, 16 Jun 2023 20:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=652242

Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство положија се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа.

Гестот, вели Тони Поповски од Клубот, е позитивен сам по себе, но и поради тоа што е пример за признавање на вина за едно грозоморно злосторство кое го има направено бугарската армија во периодот на Втората светска војна, и смета дека станува збор за инспиративен чин за сите останати институционални и вонинституционални чинители во двете држави и општества.

„Тоа е логичен и неопходен чекор за помирување и зближување, согласно и други меѓународни практики. Од таа причина без резерва го поздравувам овој и слични гестови кои и двете страни треба да ги прават во иднина“, напиша Тони Поповски на социјалните мрежи.

Поповски дополнува дека денес „на овие настани треба да се гледа од перспектива на суверени и независни држава, какви што се Бугарија како и Македонија, кои после Втората Светска Војна транзитирале низ комунизам до современи демократии“.

„Имајќи го тоа предвид, денес треба да се воздржиме од меѓусебно етикетирање како народи. Треба да извлечеме поуки од минатото и да не дозволиме вакви или слични настани да се повторат“, истакнува во својот запис на социјалните мрежи Тони Поповски.

The post Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа appeared first on Република.

]]>

Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство положија се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа. Гестот, вели Тони Поповски од Клубот, е позитивен сам по себе, но и поради тоа што е пример за признавање на вина за едно грозоморно злосторство кое го има направено бугарската армија во периодот на Втората светска војна, и смета дека станува збор за инспиративен чин за сите останати институционални и вонинституционални чинители во двете држави и општества.
„Тоа е логичен и неопходен чекор за помирување и зближување, согласно и други меѓународни практики. Од таа причина без резерва го поздравувам овој и слични гестови кои и двете страни треба да ги прават во иднина“, напиша Тони Поповски на социјалните мрежи.
Поповски дополнува дека денес „на овие настани треба да се гледа од перспектива на суверени и независни држава, какви што се Бугарија како и Македонија, кои после Втората Светска Војна транзитирале низ комунизам до современи демократии“.
„Имајќи го тоа предвид, денес треба да се воздржиме од меѓусебно етикетирање како народи. Треба да извлечеме поуки од минатото и да не дозволиме вакви или слични настани да се повторат“, истакнува во својот запис на социјалните мрежи Тони Поповски.

The post Претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство се поклонија пред споменикот на убиените младинци Ваташа appeared first on Република.

]]>
Османи да побара од бугарскиот колега да клекне и да побара прошка за масакрот во Ваташа, бара Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-da-pobara-od-bugarskiot-kolega-da-klekne-i-da-pobara-prochka-za-masakrot-vo-vatasha-bara-mitskoski/ Fri, 16 Jun 2023 11:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=652145

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Ваташа по повод одбележувањето на 80 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци од страна на бугарскиот фашистички окупатор, на новинарско прашање за коментар на изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи дека Бугарија не можела да ни поставува нови услови на патот кон ЕУ, истакна дека Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за македонскиот идентитет и тоа го покажал многу пати во минатото преку неговите постапки.

За да го коментирам Бујар Османи треба да има кредибилитет. Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет и да ми кажува што мисли и како мисли Бугарија, бидејќи многу пати во минатото со своите постапки, наместо како министер за надворешни работи на Македонија каде мнозинска заедница е македонскиот народ, да покаже основно и елементарно почитување, тој тоа го пропуштил и не само што не покажал туку и го погазил, истакна Мицкоски.

Тој исто така му порача на Османи да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи по примерот на германскиот министер Вили Брант, кој клекнал и се извинил за тоа што го правеле германските фашисти во Полска, така и бугарскиот министер да дојде во Ваташа, да клекне и да се извини за злосторствата на бугарскиот фашистички окупатор.

Јас би му советувал на господинот Османи којшто веќе 6 години е дел од оваа влада, а за кратко нема да биде повеќе, да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи да земе еден пример од еден министр за надворешни на една европска земја и да дојде овдека на овој споменик во Ваташа, да клекне, да се извини и да побара прочка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна. Тогаш можеме да седнеме и да размислуваме за било какво простување, за било каква прошка. Еве тоа го има направено германски министер Вили Брант. Клекнал, се извинил за тоа што го правеле германските фашисти во Полска. Може и тој во името на бугарските фашисти да дојде овде во Ваташа, да клекне и да побара прошка за тоа што го правеле Бугарите во Втората светска војна овде во Македонија, потенцираше Мицкоски.

The post Османи да побара од бугарскиот колега да клекне и да побара прошка за масакрот во Ваташа, бара Мицкоски appeared first on Република.

Уште една изведба за ежење на „Ми заплакало селото Ваташа“ од Андријана, Џамбазов, Кате и „Мирче Ацев“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-edna-izvedba-za-ezhene-na-mi-zaplakalo-seloto-vatasha-od-andrijana-dhambazov-kate-i-mirche-atsev/ Fri, 16 Jun 2023 11:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=652132

Со овации и голем аплауз беа поздравени Катерина Танева (Кате и „Нели ти реков“), Андријана Јаневска, Игор Џамбазов и хорот „Мирче Ацев“ за емотивната изведба на песните „Ми заплакало селото Ваташа“ и „Цветови“ од Славко Јаневски со која започна одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа:

The post Уште една изведба за ежење на „Ми заплакало селото Ваташа“ од Андријана, Џамбазов, Кате и „Мирче Ацев“ appeared first on Република.

Бугарскиот фашистички окупатор овде стрелаше 12 младинци, слава им и никогаш да не ги заборавиме, порача Мицкоски од Ваташа https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-fashistichki-okupator-ovde-strelashe-12-mladintsi-slava-im-i-nikogash-da-ne-gi-zaboravime-poracha-mitskoski-od-vatasha/ Fri, 16 Jun 2023 09:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=652052

Денеска е посебен ден овде за Кавадарци и за Македонија и за жителите на Ваташа. На ѕверски начин овие 12 младинци се убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна и тоа е чин кој што треба сите да не обедини. Тоа е чин кој што не треба никогаш да го заборавиме, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Ваташа.

Јас сум свесен дека денеска голем дел од луѓето кои што се активни на политичката сцена во лов на сопствена политичка кариера и ден повеќе да бидат активни во политиката подготвени се дури и ваквите моменти да ги заборават, да ги избрусат, како што тоа го правеа многу пати во минатото со брусење на некои други хералдички знаци кои што се дел од македонското минато. Но меморијата на овие луѓе никој не може да ја избруси, таа е вечна и таа се пренесува од колено на колено, од баба на внук, од генерација на генерација. Фактот е еден, а тоа е дека бугарскиот фашистички окупатор стрелаше овде во Ваташа 12 младинци, рече тој.

Мицкоски порача: „Слава им и никогаш да не заборавиме“!

The post Бугарскиот фашистички окупатор овде стрелаше 12 младинци, слава им и никогаш да не ги заборавиме, порача Мицкоски од Ваташа appeared first on Република.

ВО ЖИВО: Чествување по повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-chestvuvane-po-povod-80-godini-od-strelaneto-na-12-te-vatashki-mladintsi/ Fri, 16 Jun 2023 09:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=652040

Следете ја во живо изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од одбележувањето на 80-годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци во Кавадарци.

The post ВО ЖИВО: Чествување по повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци appeared first on Република.

„Дајте ги ваму нашите деца, еј вие клети крвници“: 80 години од масакрот на 12-те ваташки момчиња https://republika.mk/vesti/makedonija/dajte-gi-vamu-nashite-detsa-ej-vie-kleti-krvnitsi-80-godini-od-masakrot-na-12-te-vatashki-momchina/ Fri, 16 Jun 2023 08:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=652008

Денеска се навршуваат 80 години од масакрот во Ваташа, кога биле стрелани 12 младинци од селото во близина на Моклиште од страна на бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-prisustvuva-na-chestvuvane-po-povod-80-godini-od-strelaneto-na-12-te-vatashki-mladintsi/

Историчарот Петре Камчевски потсетува на овој настан.

Во 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин (заедно со Дабничкото клање) во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи големиот подем на НО движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ стрелал 12 младинци од селото Ваташа од 15 до 27 годишна возраст, појаснува Камчевски, хроничар на Кавадарци и Тиквешијата.

Во раните утрински часови во Ваташа била извршена блокада на селотo, при што биле уапсени 16 младинци и младинки и сите биле спроведени во селската меана на Васил Хаџи Јорданов.

Таму сите биле безмилосно тепани од страна на заменик полицискиот началник Петко Опреко, поручникот Борис Костов и двајца бугарски  агенти, вели историчарот Камчевски.

Еден од младинците, Диме Чекоров со моторцикл бил однесен во полицискиот участак во Кавадарци. Потоа сите во колона по еден,  во придружба со силно воено обезбедување,  биле однесени во месноста „Моклиште“, каде девојчињата биле издвоени, а врз момчињата бил отворен оган од митролези и пушки.

Ми заплакало селото, селото Ваташа,
Тринајест роса младинци носат,
Моклишко горе в'долови.

Целото село станало, станало на нога,
Дајте ги ваму нашите деца,
Еј, вие клети крвници.

Џелати клети не слушат, не слушат народот,
Митролез оган фрлија поган,
В'градите машки младински.

Жален ми врисок пронесе в'селото,
По тија рамни полиња родни,
Ридишта голи тиквешки.

Тогај се народ подигна, подигна илјадно,
И тргна смело да затре семе,
Фашиско, клето, за навек.

За масакрот во Ваташа пишува во „Билтенот“ на ГШ на НОВ и ПОМ од септември 1943 година каде стои: „Младинците се изрешетани од куршуми од митролези, па се после избодени со бајонети, на некој им се исечени рацете и извадени очите, а притоа сите биле опљачкани“.

Поручникот Борис Костов кој раководел со овој злочин, со шмајзер во рацете од кој се уште се чадела цевката им се обратил на преплашените девојки со зборовите: „Гледајте, гледајте и вас ќе ве најде истото“. Откако му реферирале за извршениот масакр , за успешно извршената акција,  полковникот Љубен Апостолов восхитено рекол: „Тоа е тоа, страшни момчиња имам“.

Меѓутоа,  ниту еден поголем злочин во историјата не поминал неказнето. Стрелачкиот вод кој учествувал во злочинот, една година подоцна, на 13 јули 1944 година, бил целосно уништен од страна на два баталјона на Втората МУБ кај село Страмашево. Поручникот Костов и заменик  полицискиот началник Петко Опреков биле ликвидирани  по капитулацијата на фашистичка Бугарија. Нивниот наредбодавец,  полковникот Љубен Апостолов бил уапсен во Бугарија и спроведен во Кавадарци,  каде Народниот суд во Монополот го осудил на смрт, а казната ја извршиле жителите од Ваташа и Кавадарци. Обласниот полициски инспектор Димитар Раев и агентот Борис Жуглов биле уапсени, осудени на смрт и стрелани, нагласува Камчевски.

В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
- убија дете.

Последна солза од око капна...
кога на ридот есента стапна,
в крви се изми утрото бело.

И кога в зраци челикот светна
последна мисла ко птица летна:
„Мајка ми сама остана в село“.

О, детски очи!
Криевте в себе небесно катче...

Румено крвје течеше в жили
в радост без почин...

Кај око детско натопи земја
гороцвет никна, разлиста пролет,
кај крвта врела растопи слана
црвена роза закити поле.

Мајската роза и цветот модер
в миризма молат:
„Закити, друже, огнена пушка
со цвеќа млади,
па напред појди и други деца
брани со гради“.

В Тиквешко негде, в некое село,
кај в слана тивко венеше цвете,
- убија дете.

The post „Дајте ги ваму нашите деца, еј вие клети крвници“: 80 години од масакрот на 12-те ваташки момчиња appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 80 години од масакрот во Ваташа, кога биле стрелани 12 младинци од селото во близина на Моклиште од страна на бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-prisustvuva-na-chestvuvane-po-povod-80-godini-od-strelaneto-na-12-te-vatashki-mladintsi/ Историчарот Петре Камчевски потсетува на овој настан.
Во 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин (заедно со Дабничкото клање) во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи големиот подем на НО движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ стрелал 12 младинци од селото Ваташа од 15 до 27 годишна возраст, појаснува Камчевски, хроничар на Кавадарци и Тиквешијата.
Во раните утрински часови во Ваташа била извршена блокада на селотo, при што биле уапсени 16 младинци и младинки и сите биле спроведени во селската меана на Васил Хаџи Јорданов.
Таму сите биле безмилосно тепани од страна на заменик полицискиот началник Петко Опреко, поручникот Борис Костов и двајца бугарски  агенти, вели историчарот Камчевски.
Еден од младинците, Диме Чекоров со моторцикл бил однесен во полицискиот участак во Кавадарци. Потоа сите во колона по еден,  во придружба со силно воено обезбедување,  биле однесени во месноста „Моклиште“, каде девојчињата биле издвоени, а врз момчињата бил отворен оган од митролези и пушки.
Ми заплакало селото, селото Ваташа, Тринајест роса младинци носат, Моклишко горе в'долови. Целото село станало, станало на нога, Дајте ги ваму нашите деца, Еј, вие клети крвници. Џелати клети не слушат, не слушат народот, Митролез оган фрлија поган, В'градите машки младински. Жален ми врисок пронесе в'селото, По тија рамни полиња родни, Ридишта голи тиквешки. Тогај се народ подигна, подигна илјадно, И тргна смело да затре семе, Фашиско, клето, за навек.
За масакрот во Ваташа пишува во „Билтенот“ на ГШ на НОВ и ПОМ од септември 1943 година каде стои: „Младинците се изрешетани од куршуми од митролези, па се после избодени со бајонети, на некој им се исечени рацете и извадени очите, а притоа сите биле опљачкани“. Поручникот Борис Костов кој раководел со овој злочин, со шмајзер во рацете од кој се уште се чадела цевката им се обратил на преплашените девојки со зборовите: „Гледајте, гледајте и вас ќе ве најде истото“. Откако му реферирале за извршениот масакр , за успешно извршената акција,  полковникот Љубен Апостолов восхитено рекол: „Тоа е тоа, страшни момчиња имам“.
Меѓутоа,  ниту еден поголем злочин во историјата не поминал неказнето. Стрелачкиот вод кој учествувал во злочинот, една година подоцна, на 13 јули 1944 година, бил целосно уништен од страна на два баталјона на Втората МУБ кај село Страмашево. Поручникот Костов и заменик  полицискиот началник Петко Опреков биле ликвидирани  по капитулацијата на фашистичка Бугарија. Нивниот наредбодавец,  полковникот Љубен Апостолов бил уапсен во Бугарија и спроведен во Кавадарци,  каде Народниот суд во Монополот го осудил на смрт, а казната ја извршиле жителите од Ваташа и Кавадарци. Обласниот полициски инспектор Димитар Раев и агентот Борис Жуглов биле уапсени, осудени на смрт и стрелани, нагласува Камчевски.
В Тиквешко негде, в некое село, кај в слана тивко венеше цвете, - убија дете. Последна солза од око капна... кога на ридот есента стапна, в крви се изми утрото бело. И кога в зраци челикот светна последна мисла ко птица летна: „Мајка ми сама остана в село“. О, детски очи! Криевте в себе небесно катче... Румено крвје течеше в жили в радост без почин... Кај око детско натопи земја гороцвет никна, разлиста пролет, кај крвта врела растопи слана црвена роза закити поле. Мајската роза и цветот модер в миризма молат: „Закити, друже, огнена пушка со цвеќа млади, па напред појди и други деца брани со гради“. В Тиквешко негде, в некое село, кај в слана тивко венеше цвете, - убија дете.

The post „Дајте ги ваму нашите деца, еј вие клети крвници“: 80 години од масакрот на 12-те ваташки момчиња appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ќе присуствува на чествување по повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-prisustvuva-na-chestvuvane-po-povod-80-godini-od-strelaneto-na-12-te-vatashki-mladintsi/ Fri, 16 Jun 2023 07:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=651963

Денес во 10 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на одбележување на 80 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци во Кавадарци.

По завршување на одбележувањето, во 10:45 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе даде изјава за медиуми (кај споменикот на 12-те ваташки младинци, Ваташа, месност Моклиште).

https://www.youtube.com/watch?v=3-huGcWcji8

The post Мицкоски ќе присуствува на чествување по повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци appeared first on Република.

]]>

Денес во 10 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на одбележување на 80 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци во Кавадарци. По завршување на одбележувањето, во 10:45 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе даде изјава за медиуми (кај споменикот на 12-те ваташки младинци, Ваташа, месност Моклиште). https://www.youtube.com/watch?v=3-huGcWcji8

The post Мицкоски ќе присуствува на чествување по повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци appeared first on Република.

]]>
Пренесувал дрва без документација, остана и без дрвата и без возилото https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prenesuval-drva-bez-dokumentatsija-ostana-i-bez-drvata-i-bez-voziloto/ Thu, 15 Jun 2023 15:00:37 +0000 https://republika.mk/?p=651788

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ денеска (на влезот на с.Ваташа, Кавадаречко, го лишиле од слобода А.П.(67) од с.Возарци, Кавадаречко.

При преглед во неговото возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва брз документација.

Возилото и дрвата ќе бидат предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Пренесувал дрва без документација, остана и без дрвата и без возилото appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ денеска (на влезот на с.Ваташа, Кавадаречко, го лишиле од слобода А.П.(67) од с.Возарци, Кавадаречко. При преглед во неговото возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва брз документација. Возилото и дрвата ќе бидат предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Пренесувал дрва без документација, остана и без дрвата и без возилото appeared first on Република.

]]>
Седумте минути од „Златна бубамара“ за кои зборува цела Македонија https://republika.mk/scena/muzika/sedumte-minuti-od-zlatna-bubamara-za-koi-zboruva-tsela-makedonija/ Mon, 27 Mar 2023 15:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=624324

Не престануваат реакциите на јавноста за емотивната изведба на „Ми заплакало селото Ваташа” испреплетена со „Цветови“ на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста”, која беше премиерно прикажана на „Канал 5“.

Во црвен фустан Андријана Јаневска придружувана од хорот „Мирче Ацев“ разбуди бура од емоции кај јавноста со песната од поетот Лазар Манчевски – Пинџур, а моќната изведба ја заокружи Игор Џамбазов со рецитирањето на антологиската поема на Славко Јаневски, и двете песни посветени на 12-те ваташки младинци, убиени од бугарскиот фашистички окупатор во 1943 година.

Во вистинско време, со вистинска емоција, коментираат корисниците на социјалните мрежи за овие 7 легендарни минути:

https://www.youtube.com/watch?v=rtyCGznm2Wg

The post Седумте минути од „Златна бубамара“ за кои зборува цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Не престануваат реакциите на јавноста за емотивната изведба на „Ми заплакало селото Ваташа” испреплетена со „Цветови“ на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста”, која беше премиерно прикажана на „Канал 5“. Во црвен фустан Андријана Јаневска придружувана од хорот „Мирче Ацев“ разбуди бура од емоции кај јавноста со песната од поетот Лазар Манчевски – Пинџур, а моќната изведба ја заокружи Игор Џамбазов со рецитирањето на антологиската поема на Славко Јаневски, и двете песни посветени на 12-те ваташки младинци, убиени од бугарскиот фашистички окупатор во 1943 година. Во вистинско време, со вистинска емоција, коментираат корисниците на социјалните мрежи за овие 7 легендарни минути: https://www.youtube.com/watch?v=rtyCGznm2Wg

The post Седумте минути од „Златна бубамара“ за кои зборува цела Македонија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски до Милков: Грозна е изјавата за традицијата на колежи, кога ќе има време, нека прошета до Ваташа https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-do-milkov-grozna-e-izjavata-za-traditsijata-na-kolezhi-koga-ke-ima-vreme-neka-prosheta-do-vatasha/ Mon, 23 Jan 2023 18:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=600118

Грозна е изјавата на шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, смета претседателот Стево Пендаровски и му препорачува да прошета до Ваташа, каде што бугарскиот фашистички окупатор во 1943 година изврши масакрот на 12 младинци.

Реакцијата на Пендаровски е одговор на изјавата на Милков, кој кажа дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе.

https://republika.mk/vesti/balkan/vo-makedonija-se-vrakaat-tsrnite-traditsii-na-palene-strelane-i-nasilstvo-reche-bugarskiot-miniter-dodeka-osmani-stoeshe-mirno/

Во однос на изјавата на господинот технички министер за надворешни работи… Тоа е прилично грозна изјава.. Вели: ‘Во Македонија се враќа традицијата на колежи, стрелање и насилство’. Единствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот ‘41-’44 (бугарската окупацијата на Македонија). Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време, може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција“, кажа Пендаровски.

Прашан дали Бугарија може да го врати ветото, Пендаровски посочи дека не знае, но смета дека нема причина за тоа.

Не можам да знам што ќе направи Бугарија. Секоја држава автономно ги носи своите одлуки. Не гледам ниту една основа за ново вето. Се надевам дека нема да одат во таа насока. Ова што го зборувам, знаете дека станува збор за инструирани провокатори кои тоа го прават“, кажа Пендаровски.

The post Пендаровски до Милков: Грозна е изјавата за традицијата на колежи, кога ќе има време, нека прошета до Ваташа appeared first on Република.

]]>

Грозна е изјавата на шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, смета претседателот Стево Пендаровски и му препорачува да прошета до Ваташа, каде што бугарскиот фашистички окупатор во 1943 година изврши масакрот на 12 младинци. Реакцијата на Пендаровски е одговор на изјавата на Милков, кој кажа дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе. https://republika.mk/vesti/balkan/vo-makedonija-se-vrakaat-tsrnite-traditsii-na-palene-strelane-i-nasilstvo-reche-bugarskiot-miniter-dodeka-osmani-stoeshe-mirno/
Во однос на изјавата на господинот технички министер за надворешни работи… Тоа е прилично грозна изјава.. Вели: ‘Во Македонија се враќа традицијата на колежи, стрелање и насилство’. Единствено таа изјава може да биде точна ако мисли на периодот ‘41-’44 (бугарската окупацијата на Македонија). Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време, може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција“, кажа Пендаровски.
Прашан дали Бугарија може да го врати ветото, Пендаровски посочи дека не знае, но смета дека нема причина за тоа.
Не можам да знам што ќе направи Бугарија. Секоја држава автономно ги носи своите одлуки. Не гледам ниту една основа за ново вето. Се надевам дека нема да одат во таа насока. Ова што го зборувам, знаете дека станува збор за инструирани провокатори кои тоа го прават“, кажа Пендаровски.

The post Пендаровски до Милков: Грозна е изјавата за традицијата на колежи, кога ќе има време, нека прошета до Ваташа appeared first on Република.

]]>
Нацоски: Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи во Ваташа https://republika.mk/vesti/makedonija/nacoski-se-nadevam-deka-prvata-megjuvladina-konferencija-kje-se-odrzi-vo-vatasha/ Sun, 17 Jul 2022 13:38:49 +0000 https://republika.mk/?p=530322

Оперскиот пејач Благој Нацоски го коментира прифаќањето на францускиот предлог.

Искрено се надевам дека првата меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Македонија ќе се одржи во селото Ваташа, а од мене имаат гратис целовечерен концерт за уважените гости од Брисел и тоа пред споменикот таму, напиша Нацоски на својот профил на Фејсбук.

The post Нацоски: Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи во Ваташа appeared first on Република.

Стрелани, па бодени, на крај обезочени и распарчени – 79 години од бугарскиот масакр на 12 ваташки младинци https://republika.mk/vesti/makedonija/strelani-pa-bodeni-na-kraj-obezocheni-i-rasparcheni-79-godini-od-bugarskiot-masakr-na-12-vatashki-mladinci/ Thu, 16 Jun 2022 09:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=515864

Денеска се навршуваат 79 години од стрелањето на 12 ваташки младинци.

Историчарот Петре Камчевски потсетува на овој настан.

Во 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин (заедно со Дабничкото клање) во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи големиот подем на НО движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ стрелал 12 младинци од селото Ваташа од 15 до 27 годишна возраст, појаснува Камчевски, хроничар на Кавадарци и Тиквешијата.

Во раните утрински часови во Ваташа била извршена блокада на селотo, при што биле уапсени 16 младинци и младинки и сите биле спроведени во селската меана на Васил Хаџи Јорданов.

Таму сите биле безмилосно тепани од страна на заменик полицискиот началник Петко Опреко, поручникот Борис Костов и двајца бугарски  агенти, вели историчарот Камчевски.

Еден од младинците, Диме Чекоров со моторцикл бил однесен во полицискиот участак во Кавадарци. Потоа сите во колона по еден,  во придружба со силно воено обезбедување,  биле однесени во месноста „Моклиште“, каде девојчињата биле издвоени, а врз момчињата бил отворен оган од митролези и пушки.

За масакрот во Ваташа пишува во „Билтенот“ на ГШ на НОВ и ПОМ од септември 1943 година каде стои: „Младинците се изрешетани од куршуми од митролези, па се после избодени со бајонети, на некој им се исечени рацете и извадени очите, а притоа сите биле опљачкани“.

Поручникот Борис Костов кој раководел со овој злочин, со шмајзер во рацете од кој се уште се чадела цевката им се обратил на преплашените девојки со зборовите: „Гледајте, гледајте и вас ќе ве најде истото“. Откако му реферирале за извршениот масакр , за успешно извршената акција,  полковникот Љубен Апостолов восхитено рекол: „Тоа е тоа, страшни момчиња имам“.

Меѓутоа,  ниту еден поголем злочин во историјата не поминал неказнето. Стрелачкиот вод кој учествувал во злочинот, една година подоцна, на 13 јули 1944 година, бил целосно уништен од страна на два баталјона на Втората МУБ кај село Страмашево. Поручникот Костов и заменик  полицискиот началник Петко Опреков биле ликвидирани  по капитулацијата на фашистичка Бугарија. Нивниот наредбодавец,  полковникот Љубен Апостолов бил уапсен во Бугарија и спроведен во Кавадарци,  каде Народниот суд во Монополот го осудил на смрт, а казната ја извршиле жителите од Ваташа и Кавадарци. Обласниот полициски инспектор Димитар Раев и агентот Борис Жуглов биле уапсени, осудени на смрт и стрелани, нагласува Камчевски.

The post Стрелани, па бодени, на крај обезочени и распарчени – 79 години од бугарскиот масакр на 12 ваташки младинци appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 79 години од стрелањето на 12 ваташки младинци. Историчарот Петре Камчевски потсетува на овој настан.
Во 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемиот злочин (заедно со Дабничкото клање) во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи големиот подем на НО движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ стрелал 12 младинци од селото Ваташа од 15 до 27 годишна возраст, појаснува Камчевски, хроничар на Кавадарци и Тиквешијата.
Во раните утрински часови во Ваташа била извршена блокада на селотo, при што биле уапсени 16 младинци и младинки и сите биле спроведени во селската меана на Васил Хаџи Јорданов.
Таму сите биле безмилосно тепани од страна на заменик полицискиот началник Петко Опреко, поручникот Борис Костов и двајца бугарски  агенти, вели историчарот Камчевски.
Еден од младинците, Диме Чекоров со моторцикл бил однесен во полицискиот участак во Кавадарци. Потоа сите во колона по еден,  во придружба со силно воено обезбедување,  биле однесени во месноста „Моклиште“, каде девојчињата биле издвоени, а врз момчињата бил отворен оган од митролези и пушки. За масакрот во Ваташа пишува во „Билтенот“ на ГШ на НОВ и ПОМ од септември 1943 година каде стои: „Младинците се изрешетани од куршуми од митролези, па се после избодени со бајонети, на некој им се исечени рацете и извадени очите, а притоа сите биле опљачкани“. Поручникот Борис Костов кој раководел со овој злочин, со шмајзер во рацете од кој се уште се чадела цевката им се обратил на преплашените девојки со зборовите: „Гледајте, гледајте и вас ќе ве најде истото“. Откако му реферирале за извршениот масакр , за успешно извршената акција,  полковникот Љубен Апостолов восхитено рекол: „Тоа е тоа, страшни момчиња имам“.