Васко Шутаров Archives - Република https://republika.mk/tema/vasko-shutarov/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:19:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васко Шутаров Archives - Република https://republika.mk/tema/vasko-shutarov/ 32 32 Објавена книгата „Паметење, заборавање и други важни нешта“ од Васко Шутаров во издание на „Макавеј“ https://republika.mk/vesti/kultura/objavena-knigata-pametene-zaboravane-i-drugi-vazhni-neshta-od-vasko-shutarov-vo-izdanie-na-makavej/ Wed, 25 Sep 2024 10:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=819513

Во издание на „Макавеј“, деновиве излезе од печат книгата „Паметење, заборавање и други важни нешта“ од современиот македонски политиколог, дипломат и професор д-р Васко Шутаров. Во изборот текстови од новото издание на Шутаров може да се најдат неговите колумни објавени во последните две години (во периодот од август 2022 до август 2024 година.

Препорачувајќи ги колумните на Шутаров, рецензентката на ова издание, новинарката Сребра Ѓорѓијевска, истакнува дека „Шутаров прави спој, амалгам на историските фак­ти, го бележи совремието, ги става работите во контекст, прави па­ра­лели, но отворено и искрено, вметнува и многу лични моменти кои на неговите колумни им даваат топла нишка што читателите се­ко­гаш ја препознаваат и ја поздравуваат.“

Таа се повикува и на она што писателот Бран­ко Цветкоски го рече за неговите први две книги ко­лум­ни на промоцијата во Гевгелија: „Како што од овие две книги на Шутаров зрачи вербата во моќта на човечкиот разбор и на слободниот човечки избор во животот, така зра­чи и вербата во моќта на културата и културната дипломатија со која тој е уверен дека можат да се објаснат и политичките појави и про­цеси што тешко се објаснуваат! А како доктор на политички на­у­ки и како човек што едно време се занимавал со жива политичка прак­тика, уште толку е убеден дека нема добри политички практики без добри културни политики и практики, како ни добри и успешни по­ли­тичари без политичка култура во меѓусебната комуникација, без ува­жување и поклон кон културата, воопшто“.

Васко Шутаров е роден на 9 јуни 1964 година во Кавадарци. Во 1989 година, дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Неговиот научен интерес ги опфаќа областите политички науки (со посебен интерес за меѓународните политички односи), меѓународни културни односи, јавна, културна и дигитална дипломатија.

Во својата професионална кариера, бил советник во Советот на Општина Гевгелија (2000-2006 година), пратеник во Собранието на Република Македонија (2006-2011 година) а бил и претседател на Комисијата за култура во Собранието на Република Македонија (2009-2011 година). Во периодот од 2009 до 2011 година претседавал со Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија. Од 2011 до 2017 година бил министер-советник во Македонската амбасада во Софија, Република Бугарија, и директор на Македонскиот културно-информативен Центар во Софија. Од 2020 година, на Универзитот МИТ предава предмети од областа на дипломатијата, меѓународните односи, меѓународните организации и ЕУ интеграциите. Од октомври 2024 година, стапува на должност директор на Македонскиот културно-информативен Центар во Белград, Р. Србија.

Автор е на бројни научни трудови и на книгите:
„Јавна и културна дипломатија“ (Панили, 2014);
„Публична и културна дипломатия “ (Изида, София, 2016);
„Културна дипломатија на СФРЈ и културните дипломатии на државите наследнички“ („Софија“, Богданци, 2019).
„Со зрно сол. И парче локум : карантински колумни и есеи“ (Макавеј, Скопје, 2021).
„Кога татковината станува чедо, а вистината - борба! (колумни и есеи)“ (Макавеј, 2022)
„Паметење, заборавање и други важни нешта: (колумни август 22’ – август 24’, Макавеј, 2024)

Во периодот од 2019 до денес, редовно објавува колумни за порталот „Република”.

The post Објавена книгата „Паметење, заборавање и други важни нешта“ од Васко Шутаров во издание на „Макавеј“ appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Макавеј“, деновиве излезе од печат книгата „Паметење, заборавање и други важни нешта“ од современиот македонски политиколог, дипломат и професор д-р Васко Шутаров. Во изборот текстови од новото издание на Шутаров може да се најдат неговите колумни објавени во последните две години (во периодот од август 2022 до август 2024 година. Препорачувајќи ги колумните на Шутаров, рецензентката на ова издание, новинарката Сребра Ѓорѓијевска, истакнува дека „Шутаров прави спој, амалгам на историските фак­ти, го бележи совремието, ги става работите во контекст, прави па­ра­лели, но отворено и искрено, вметнува и многу лични моменти кои на неговите колумни им даваат топла нишка што читателите се­ко­гаш ја препознаваат и ја поздравуваат.“ Таа се повикува и на она што писателот Бран­ко Цветкоски го рече за неговите први две книги ко­лум­ни на промоцијата во Гевгелија: „Како што од овие две книги на Шутаров зрачи вербата во моќта на човечкиот разбор и на слободниот човечки избор во животот, така зра­чи и вербата во моќта на културата и културната дипломатија со која тој е уверен дека можат да се објаснат и политичките појави и про­цеси што тешко се објаснуваат! А како доктор на политички на­у­ки и како човек што едно време се занимавал со жива политичка прак­тика, уште толку е убеден дека нема добри политички практики без добри културни политики и практики, како ни добри и успешни по­ли­тичари без политичка култура во меѓусебната комуникација, без ува­жување и поклон кон културата, воопшто“. Васко Шутаров е роден на 9 јуни 1964 година во Кавадарци. Во 1989 година, дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Неговиот научен интерес ги опфаќа областите политички науки (со посебен интерес за меѓународните политички односи), меѓународни културни односи, јавна, културна и дигитална дипломатија. Во својата професионална кариера, бил советник во Советот на Општина Гевгелија (2000-2006 година), пратеник во Собранието на Република Македонија (2006-2011 година) а бил и претседател на Комисијата за култура во Собранието на Република Македонија (2009-2011 година). Во периодот од 2009 до 2011 година претседавал со Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија. Од 2011 до 2017 година бил министер-советник во Македонската амбасада во Софија, Република Бугарија, и директор на Македонскиот културно-информативен Центар во Софија. Од 2020 година, на Универзитот МИТ предава предмети од областа на дипломатијата, меѓународните односи, меѓународните организации и ЕУ интеграциите. Од октомври 2024 година, стапува на должност директор на Македонскиот културно-информативен Центар во Белград, Р. Србија. Автор е на бројни научни трудови и на книгите: „Јавна и културна дипломатија“ (Панили, 2014); „Публична и културна дипломатия “ (Изида, София, 2016); „Културна дипломатија на СФРЈ и културните дипломатии на државите наследнички“ („Софија“, Богданци, 2019). „Со зрно сол. И парче локум : карантински колумни и есеи“ (Макавеј, Скопје, 2021). „Кога татковината станува чедо, а вистината - борба! (колумни и есеи)“ (Макавеј, 2022) „Паметење, заборавање и други важни нешта: (колумни август 22’ – август 24’, Макавеј, 2024) Во периодот од 2019 до денес, редовно објавува колумни за порталот „Република”.

The post Објавена книгата „Паметење, заборавање и други важни нешта“ од Васко Шутаров во издание на „Макавеј“ appeared first on Република.

]]>
Нова студена војна во културата https://republika.mk/kolumni/nova-studena-vojna-vo-kulturata/ Wed, 25 Sep 2024 08:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=819441

Васко Шутаров

„Историјата“, пишуваше Арчибалд Меклиш, „е како лошо изградена концертна сала, со мртви агли каде што музиката не се слуша! Таа концертна сала бара поинаква акустика, поинаква мелодија од онаа што ја изведуваат вистинските виртуози од времето во кое живееме. Тоа е таа тајна историја, која сака да верува во важноста на силата на личните односи, тајните договори и во важноста на салонската дипломатија и будоарското политиканство!“ Секоја историја што сака да ги испита овие „договорени факти“ од мртвите агли на концертната сала, мора да се помири со фактот дека заедно со неа станува дел од еден ист „чин на богохулење”, велеше книжевниот критичар и филозоф Цветан Тодоров!

Живееме и создаваме историја додека ги пополнуваме личните и колективните празнини од сознанијата за неа, обидувајќи се (најчесто од нужда!) да извлечеме брзи поуки колку да не ги повторуваме старите грешки! Живееме и создаваме историја, жива и непосредна, верувајќи најмногу во вредностите на човековиот слободен дух и слободен креативен чин, во развојот на светот преку културата, преку образованието и науката и верувајќи силно во идеалот за совршено конструирана концертна сала исполнета со акустиката која ги слави и воспева универзалните вредности за неприкосновеноста на слободите, еднаквоста и правата на секој човек подеднакво! Но живееме и потполно свесни за историјата од мртвите и мрачни агли од концертната сала, каде со леснотија и фриволност, се емитира една поинаква акустика исполнета со диктати, закани и уцени, со ѕвечкања од оружја, со војнички ритми и барабани, со топовски татнежи, крици и лелеци!

Сите сенки од мрачните агли, во кои тајно се договарале војни и примирја, во кои се кроеле и раскројувале карти за поделби на држави и народи и се вршеле прераспределби на светската моќ, се надвиснати и се оживеани во актуелниов миг кој го живееме - оживеана е Студената војна од минатиот век, се разгоруваат старите рани на недовршените војни од сите минати векови!

Актуелниов миг што го живееме толку јасно ни ја исцртува несовршената архитектура на концертнава сала од нашите животи и така гласно ни ја доловува акустиката во која гласовите на првенците од културата, од образованието и од науката се губат покрај какофонијата емитирана од мртвите агли во салата за креирање историја! Лесното и фриволното, за чудо, најдобро се разбира со акустиката што ја емитираат токму оние со тврдо уво за култура, наука и знаење и најлесно го следи диктатот на тврдата моќ во политиката и во дипломатијата - и тој тренд станува доминантен во креирањето на нашите животи и во времето во кое живееме!

Но, зошто тогаш, толку многу се вложува во развојот на меката моќ во дипломатијата, посебно во културната дипломатија - и тоа многукратно повеќе отколку во времето на нејзината најголема експанзија за време на Студената војна од втората половина на минатиот век?! Созреа ли свеста, дека темпото со кое тврдата моќ во меѓународните односи го диктира нивниот „развој“ може потполно да ја измести оската околу која балансира во моментов светот, а со балансот може лесно да се „изгуби и компасот“ со кој би се уништил и светот, и тоа многукратно! Созреа ли можеби свеста дека во срцевината на сите недоразбирања, констернации и конфликти, сепак се кријат културолошки проблеми и дека само културата и културната дипломатија можат најлесно и најбрзо да се справат со нив и благовремено да ги превенираат?! Но, да беше само до свеста и до нејзиното созревање, немаше да бидат војните сè уште постојани теми од дневниот ред на светската политика!

За чудо, денес полесно ќе дојдеме до податоци, колку секоја од државите издвојува за оружје, за развој на новите воени технологии и за развој на сопствената воена моќ, отколку до податоци колкави се издвојувањата за развој на нивната мека моќ и колкав е обемот на ресурсите за стекнување допадливост, веродостојност и убедливост во освојувањата на срцата и умовите на граѓаните и народите ширум светот! Од она малку што се знае, борбата за влијателност во дизајнирањето на архитектурата на актуелниов меѓународен поредок е исклучително скапа работа!

Она што денес и во разгорот на новата Студена војна во културата ја прави културната дипломатија незаменлива и исклучително потребна (освен потребата од тоа да отвора прозорци за соработка и кога сите други врати за дипломатска комуникација се затворени), е што непогрешливо точно токму преку нејзините алатки и инструменти, најлесно може да ги детектира и исцрта маркерите на конфронтирање и маркерите на кооперативност помеѓу културите, заедниците, народите и државите во светот!

Експертите и познавачите на културната дипломатија, многу добро ги распознаваат тие маркери на конфронтација или кооперативност и токму преку нив, таму каде културните дипломатии фронтално се соочуваат и не изнаоѓаат модуси за соработка и продлабочување на партнерствата, ги исцртуваат границите на новата Студена војна во културата!

Тие сигнали кои културната дипломатија прва ургентно ги испраќа, за жал денес се и предвесници на вистински брутални војни - војната на истокот на Европа и на Блискиот Исток се непогрешлив показател за тоа! Руската културна дипломатија долго пред започнувањето на војната имаше приоритетна задача да ја таргетира Белорусија и Украина, а во вторава посебно фокусирајќи се на Русите во Украина и Украинците кои негуваа сентименти кон некогашнот Советски Сојуз! Но, таа културно-дипломатска акција беше базирана врз груби и не докрај ажурирани согледувања за културолошкиот контекст каде требаше да деjствува -и не успеа во својата мисија!

Американците и покрај вложувањата на огромни ресурси за враќање на довербата и влијанието меѓу арапскиот свет (изгубени во акциите од т.н. Арапска пролет), се во слична позиција, да не ги согледуваат и прифаќаат како факт промените во новоструктурираните културолошки контексти, посебно оние кои не им конвенираат и затоа не успеваат да создадат наклонетост и стекнат поддршка за својата политика и политиката на нивниот најверен стратешки сојузник во тој регион, Израел! Барем не во рамките на нивните можности и стандардни очекувања!

Местата кои американската и руската културна дипломатија ги губат, веднаш ги пополнуваат останатите моќни културни дипломатии. Во најголем подем последниве деценија, несомнено се кинеската и индиската културна дипломатија, а нив во чекор ги следат јужнокорејската, јапонската, виетнамската, сингапурската, австралиската, канадската, британската, француската, германската, шпанската, италијанската, бразилската и турската културна дипломатија. Тоа се денес најмоќните и највлијателни 17 културни дипломатии во светот - главни актери во креирањето на амбиентот на Студена војна во културните односи на светската меѓународна сцена! Во актуелнава Студена војна, тоа не се два непомирливи политички, идеолошки, економски, воени и културолошки блока како во втората половина од минатиот век, туку се неколку динамични фронта околу кои се групираат, од една страна, поддржувачите на унилатералниот модел на уредување на меѓународните односи, креиран од САД и групацијата од држави БРИКС, кои претендираат за нов, и според нив и поправичен мултиполарен систем на меѓународни односи!

Како во архитектурата на концертнава сала денес да се позиционираат помалите држави кои по ниту еден релевантен параметар не се моќни за да можат да практикуваат тврда моќ (територија, население, економска, енергетска и воена моќ), а истовремено и да парираат во креирањето предности и поволности од кои ќе можат да го искористат најдоброто за себе, во актуелнава констелација на моќ во светски рамки?! Како поинаку, ако не преку сите можни, и стари и нови алатки и содржини на културната дипломатија, кои им стојат на располагање! Привлечната моќ на една Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Финска, случајно да не се должи на некакво практикување тврда моќ на нивните дипломатии?! Или привлечната моќ и популарноста на една Хрватска како првокласна и престижна туристичка дестинација или видливоста на Србија на спортските арени ширум светот или на картата на светски познатите музички фестивал, како „Егзит“ на пример, да не се добри практики на хрватската и српската тврда моќ во дипломатијата?!

Македонија нема друг избор, освен да се избори да се слушне и добро да се разбере нејзиниот глас во акустикава на новодизајнираната концертна сала што во моментов ја креира светската историја! Вложувањата во највредното што го поседуваме, во огромното и непроценливо културно наследство, во промоцијата на фоклорот и традицијата, во промоцијата на македонскиот јазик, во поддршката на сите гранки на културата и уметноста, во развојот на креативните и културните индустрии, во промоцијата на природните убавини, во понудата на нашата храна и вино, во вложувањата во спортот, во образованието и во науката и постојаната грижа и поддршка за младите во тие области - тоа се најисплатливи инвестиции во креирањето што поповолна и посакувана перцепција за државата на меѓународен план.

Македонија како држава, може и мора, што поскоро да излезе од замката да биде позната само како земја која е бескрајно долго врзана за двете спорни прашања со своите соседи! Најголем хендикеп за културната дипломатија на една држава е кога станува препознатлива само по некој проблем од меѓународни размери! А наследници сме на една моќна и низ вековите самоодржлива култура, која нè обврзува да ги надминеме и сите замки и сите препреки и заедно со она што современата македонска култура може да му го понуди на светот како вредност, да го испромовираме на најсоодветен начин!

Секој од нас може да биде дел од тој културно-дипломатски подвиг! Секој наш граѓанин што живее надвор од државата, може да биде дел од тој културно-дипломатски подвиг! Сите државни институции, мора да бидат дел од тој културно-дипломатски подвиг!

Не смееме да си дозволиме, ни за момент, да заборавиме каде припаѓаме и каде е нашето место во концертнава сала во која се креира современата историја и секогаш мораме да се позиционираме колку што можеме подобро и поумешно во новиве меѓународно-политички нонстелации на односи и контексти! Не смееме да заборавиме ни за момент кои сме и мораме секогаш да останеме видливи под светлата на рефлекторите и слушнати во акустиката која културата и културната дипоматија може најдобро да ја артикулираат! Во таа акустика, зарем не е доволно за почеток, само нашиот раритетен седум осмински такт да одекне, па да нè слушнат, да нè препознаат и да нè разберат сите! Дури и оние со тврди уши за убавото и возвишеното за културата, од мртвите агли на концертнава сала што креира историја, сегашност и иднина!

The post Нова студена војна во културата appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

„Историјата“, пишуваше Арчибалд Меклиш, „е како лошо изградена концертна сала, со мртви агли каде што музиката не се слуша! Таа концертна сала бара поинаква акустика, поинаква мелодија од онаа што ја изведуваат вистинските виртуози од времето во кое живееме. Тоа е таа тајна историја, која сака да верува во важноста на силата на личните односи, тајните договори и во важноста на салонската дипломатија и будоарското политиканство!“ Секоја историја што сака да ги испита овие „договорени факти“ од мртвите агли на концертната сала, мора да се помири со фактот дека заедно со неа станува дел од еден ист „чин на богохулење”, велеше книжевниот критичар и филозоф Цветан Тодоров! Живееме и создаваме историја додека ги пополнуваме личните и колективните празнини од сознанијата за неа, обидувајќи се (најчесто од нужда!) да извлечеме брзи поуки колку да не ги повторуваме старите грешки! Живееме и создаваме историја, жива и непосредна, верувајќи најмногу во вредностите на човековиот слободен дух и слободен креативен чин, во развојот на светот преку културата, преку образованието и науката и верувајќи силно во идеалот за совршено конструирана концертна сала исполнета со акустиката која ги слави и воспева универзалните вредности за неприкосновеноста на слободите, еднаквоста и правата на секој човек подеднакво! Но живееме и потполно свесни за историјата од мртвите и мрачни агли од концертната сала, каде со леснотија и фриволност, се емитира една поинаква акустика исполнета со диктати, закани и уцени, со ѕвечкања од оружја, со војнички ритми и барабани, со топовски татнежи, крици и лелеци! Сите сенки од мрачните агли, во кои тајно се договарале војни и примирја, во кои се кроеле и раскројувале карти за поделби на држави и народи и се вршеле прераспределби на светската моќ, се надвиснати и се оживеани во актуелниов миг кој го живееме - оживеана е Студената војна од минатиот век, се разгоруваат старите рани на недовршените војни од сите минати векови! Актуелниов миг што го живееме толку јасно ни ја исцртува несовршената архитектура на концертнава сала од нашите животи и така гласно ни ја доловува акустиката во која гласовите на првенците од културата, од образованието и од науката се губат покрај какофонијата емитирана од мртвите агли во салата за креирање историја! Лесното и фриволното, за чудо, најдобро се разбира со акустиката што ја емитираат токму оние со тврдо уво за култура, наука и знаење и најлесно го следи диктатот на тврдата моќ во политиката и во дипломатијата - и тој тренд станува доминантен во креирањето на нашите животи и во времето во кое живееме! Но, зошто тогаш, толку многу се вложува во развојот на меката моќ во дипломатијата, посебно во културната дипломатија - и тоа многукратно повеќе отколку во времето на нејзината најголема експанзија за време на Студената војна од втората половина на минатиот век?! Созреа ли свеста, дека темпото со кое тврдата моќ во меѓународните односи го диктира нивниот „развој“ може потполно да ја измести оската околу која балансира во моментов светот, а со балансот може лесно да се „изгуби и компасот“ со кој би се уништил и светот, и тоа многукратно! Созреа ли можеби свеста дека во срцевината на сите недоразбирања, констернации и конфликти, сепак се кријат културолошки проблеми и дека само културата и културната дипломатија можат најлесно и најбрзо да се справат со нив и благовремено да ги превенираат?! Но, да беше само до свеста и до нејзиното созревање, немаше да бидат војните сè уште постојани теми од дневниот ред на светската политика! За чудо, денес полесно ќе дојдеме до податоци, колку секоја од државите издвојува за оружје, за развој на новите воени технологии и за развој на сопствената воена моќ, отколку до податоци колкави се издвојувањата за развој на нивната мека моќ и колкав е обемот на ресурсите за стекнување допадливост, веродостојност и убедливост во освојувањата на срцата и умовите на граѓаните и народите ширум светот! Од она малку што се знае, борбата за влијателност во дизајнирањето на архитектурата на актуелниов меѓународен поредок е исклучително скапа работа! Она што денес и во разгорот на новата Студена војна во културата ја прави културната дипломатија незаменлива и исклучително потребна (освен потребата од тоа да отвора прозорци за соработка и кога сите други врати за дипломатска комуникација се затворени), е што непогрешливо точно токму преку нејзините алатки и инструменти, најлесно може да ги детектира и исцрта маркерите на конфронтирање и маркерите на кооперативност помеѓу културите, заедниците, народите и државите во светот! Експертите и познавачите на културната дипломатија, многу добро ги распознаваат тие маркери на конфронтација или кооперативност и токму преку нив, таму каде културните дипломатии фронтално се соочуваат и не изнаоѓаат модуси за соработка и продлабочување на партнерствата, ги исцртуваат границите на новата Студена војна во културата! Тие сигнали кои културната дипломатија прва ургентно ги испраќа, за жал денес се и предвесници на вистински брутални војни - војната на истокот на Европа и на Блискиот Исток се непогрешлив показател за тоа! Руската културна дипломатија долго пред започнувањето на војната имаше приоритетна задача да ја таргетира Белорусија и Украина, а во вторава посебно фокусирајќи се на Русите во Украина и Украинците кои негуваа сентименти кон некогашнот Советски Сојуз! Но, таа културно-дипломатска акција беше базирана врз груби и не докрај ажурирани согледувања за културолошкиот контекст каде требаше да деjствува -и не успеа во својата мисија! Американците и покрај вложувањата на огромни ресурси за враќање на довербата и влијанието меѓу арапскиот свет (изгубени во акциите од т.н. Арапска пролет), се во слична позиција, да не ги согледуваат и прифаќаат како факт промените во новоструктурираните културолошки контексти, посебно оние кои не им конвенираат и затоа не успеваат да создадат наклонетост и стекнат поддршка за својата политика и политиката на нивниот најверен стратешки сојузник во тој регион, Израел! Барем не во рамките на нивните можности и стандардни очекувања! Местата кои американската и руската културна дипломатија ги губат, веднаш ги пополнуваат останатите моќни културни дипломатии. Во најголем подем последниве деценија, несомнено се кинеската и индиската културна дипломатија, а нив во чекор ги следат јужнокорејската, јапонската, виетнамската, сингапурската, австралиската, канадската, британската, француската, германската, шпанската, италијанската, бразилската и турската културна дипломатија. Тоа се денес најмоќните и највлијателни 17 културни дипломатии во светот - главни актери во креирањето на амбиентот на Студена војна во културните односи на светската меѓународна сцена! Во актуелнава Студена војна, тоа не се два непомирливи политички, идеолошки, економски, воени и културолошки блока како во втората половина од минатиот век, туку се неколку динамични фронта околу кои се групираат, од една страна, поддржувачите на унилатералниот модел на уредување на меѓународните односи, креиран од САД и групацијата од држави БРИКС, кои претендираат за нов, и според нив и поправичен мултиполарен систем на меѓународни односи! Како во архитектурата на концертнава сала денес да се позиционираат помалите држави кои по ниту еден релевантен параметар не се моќни за да можат да практикуваат тврда моќ (територија, население, економска, енергетска и воена моќ), а истовремено и да парираат во креирањето предности и поволности од кои ќе можат да го искористат најдоброто за себе, во актуелнава констелација на моќ во светски рамки?! Како поинаку, ако не преку сите можни, и стари и нови алатки и содржини на културната дипломатија, кои им стојат на располагање! Привлечната моќ на една Швајцарија, Шведска, Данска, Норвешка, Финска, случајно да не се должи на некакво практикување тврда моќ на нивните дипломатии?! Или привлечната моќ и популарноста на една Хрватска како првокласна и престижна туристичка дестинација или видливоста на Србија на спортските арени ширум светот или на картата на светски познатите музички фестивал, како „Егзит“ на пример, да не се добри практики на хрватската и српската тврда моќ во дипломатијата?! Македонија нема друг избор, освен да се избори да се слушне и добро да се разбере нејзиниот глас во акустикава на новодизајнираната концертна сала што во моментов ја креира светската историја! Вложувањата во највредното што го поседуваме, во огромното и непроценливо културно наследство, во промоцијата на фоклорот и традицијата, во промоцијата на македонскиот јазик, во поддршката на сите гранки на културата и уметноста, во развојот на креативните и културните индустрии, во промоцијата на природните убавини, во понудата на нашата храна и вино, во вложувањата во спортот, во образованието и во науката и постојаната грижа и поддршка за младите во тие области - тоа се најисплатливи инвестиции во креирањето што поповолна и посакувана перцепција за државата на меѓународен план. Македонија како држава, може и мора, што поскоро да излезе од замката да биде позната само како земја која е бескрајно долго врзана за двете спорни прашања со своите соседи! Најголем хендикеп за културната дипломатија на една држава е кога станува препознатлива само по некој проблем од меѓународни размери! А наследници сме на една моќна и низ вековите самоодржлива култура, која нè обврзува да ги надминеме и сите замки и сите препреки и заедно со она што современата македонска култура може да му го понуди на светот како вредност, да го испромовираме на најсоодветен начин! Секој од нас може да биде дел од тој културно-дипломатски подвиг! Секој наш граѓанин што живее надвор од државата, може да биде дел од тој културно-дипломатски подвиг! Сите државни институции, мора да бидат дел од тој културно-дипломатски подвиг! Не смееме да си дозволиме, ни за момент, да заборавиме каде припаѓаме и каде е нашето место во концертнава сала во која се креира современата историја и секогаш мораме да се позиционираме колку што можеме подобро и поумешно во новиве меѓународно-политички нонстелации на односи и контексти! Не смееме да заборавиме ни за момент кои сме и мораме секогаш да останеме видливи под светлата на рефлекторите и слушнати во акустиката која културата и културната дипоматија може најдобро да ја артикулираат! Во таа акустика, зарем не е доволно за почеток, само нашиот раритетен седум осмински такт да одекне, па да нè слушнат, да нè препознаат и да нè разберат сите! Дури и оние со тврди уши за убавото и возвишеното за културата, од мртвите агли на концертнава сала што креира историја, сегашност и иднина!

The post Нова студена војна во културата appeared first on Република.

]]>
Воздигнување, не понижување! https://republika.mk/kolumni/vozdignuvane-ne-ponizhuvane/ Mon, 16 Sep 2024 07:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=816670

Васко Шутаров

Кога вистински сакаме да ги продлабочиме нашите лични односи, дали тоа биле пријателски, другарски, колегијални или комшиски односи, се договараме да излеземе некаде, да седнеме на иста маса, да се напиеме и да јадеме нешто - и патем да си кажеме нешто и за она, за кое во вообичаени прилики немаме или волја или време да си кажеме! „Храната и љубовта влегуваат низ уста“, па масата станува мегдан на кој се отвораат сите сетила, место каде се разменува добра енергија и полесно се препознава непосредна човечка димензија!

Кога во нашите лични односи, од љубовни, преку пријателски, до колегијални, споделуваме и слушаме слична или иста музика, нашиот однос не само што го продлабочуваме, туку и го облагородуваме! Во таквиот однос ние меѓусебно и се воздигнуваме, а на заеднички споделените моменти им додаваме димензија на вонвременост. Тогаш и најлесно разбираме, колку подобар и поубав би бил и животот, кога за да успееме на личен или професионален план, не мора никого да повредуваме или да понижуваме (или не дај Боже, газиме и уништуваме!), туку само треба да се воздигнеме до заедничкиот и успехот на секој од нас, поединечно! Звучи едноставно?! Звучи точно така, како што само музиката може, лесно и едноставно да понесе и пренесе во пределите на вонвременски вечното!

Како во личните, така и во деловните и политичките односи, седнувањето на иста маса, на ручек или на вечера, посебно по исцрпувачки и долги седења на преговарачка маса, може да биде исклучително корисно и плодотворно! Многу важни договори и зделки паѓале на асталска маса-во поопуштено расположение, кога полесно пукаат рабовите на стегнатите бизнисменски или политички костуми, кога покрај професионалната се подотвора и личната човечка димензија.

Во дипломатијата, од најстари времиња биле користени овие искуства од личните меѓучовечки односи. Седнувањето на иста маса, понудата на најдоброто и највкусното од домашната кујна и во амбиент исполнет со музика која треба да маѓепса и плени, чинат неодвоив дел и од модерните дипломатски практики, кои денес имаат и свое име, мека моќ во дипломатијата или поточно, гастродипломатија и културна дипломатија.

............................................................................................

Кога во 1977 година беа лансирани во вселената „Voyager 1“ и „Voyager 2“, тим раководен од Карл Сејган (кај нас попознат како Саган), внимателно селектирал звуци и музика, кои на најдобар начин би ја претставиле човековата цивилизација, во некаква замислена средба со цивилизации од други планети и галаксии. „Златната плоча“ која била испратена, се состоела од музика, звуци и слики: со „Brandenburg Concerto“ на Бах, со сенегалска и со маријачи музика, со Johnny B. Goode на Чак Бери и музика со Луис Армстронг, музички фрагменти од Игор Стравински, снимени звуци на детско плачење, снимено чекорење, лансирање ракета, смеа и „Здраво“ на 55 различни јазици! Еден од најголемите умови на минатиот век, астрофизичарот Карл Сејган бил убеден дека музиката содржи универзален код за препознавање и разбирање, дури и со непознати и само претпоставени цивилизации, светлосни години далеку од нашава планета.

Еден од најголемите и највлијателни мислители на 19 век, Фридрих Ниче, пишувал многу за моќта на музиката. „Без музика, животите би ни биле грешка! Бог ни дал музика, пред сè, за да нè подигне! Музиката ги обединува сите квалитети: може да нè воздигне, да нè пренасочи, да нè расположи или да ги скрши и најтврдите срца со своите најнежни меланхолични тонови. Но, нејзината главна задача е да ги води нашите мисли кон повисоки нешта, да ги воздигне, да нè растрепери... Музичката уметност често зборува со звуци попродорни од зборовите на поезијата и оди во скриените процепи на срцето… Песната го воздигнува нашето битие и нè води кон добрината и вистината“.

Кога во 21 век, во 2024 година, два блиски и соседски народи се обидуваат преку безвременската музика на Вагнер и Верди да создадат подобра клима на меѓусебно разбирање, доверба, наклонетост и пријателство, постојат сè уште такви, кои се прашуваат - што бара музиката во тоа?! Освен добрина и вистина?!

(Тврди уши за вонвременското во културата, уметноста и музиката, имало и ќе има?! Политичари воспитувани да практикуваат само тврда моќ во политиката и дипломатијата, исто така имало и ќе има! И тоа, колку ни душа сака!)

.................................................................................................................................

Кога во 19 век се создавани грандиозните опери од Верди и Вагнер, во Европа било исклучително тешко да се живее - беснееле болести и војни, а политичката клима била постојано наелектризирана, често до точка на вриење! Генијалниот музички дух со кој биле обдарени двајцата композитори, создавал музички дела за сите времиња, но таа музика била вткаена и во времето во кое била создавана! Токму музиката на Верди и Вагнер, кога во Европа било најтешко, имала химничка моќ да обединува и да воздигнува, со надеж за подобро!

Кога премиерно била изведена операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Миланската Скала, во 1842 година, Италија претставувала само замислен географски збир од мноштво распарчени и меѓусебни конфронтирани кралства и кнежевства, кои за волја на вистината зборувале ист јазик, но меѓусебно не се разбирале најдобро! Велат, дека токму Набуко, а посебно химничната „Va pensiero“ („Летај мисло…“) ја имале таа маѓична обединувачка моќ околу која се здушиле  Италијаните во процесот за создавање своја држава!

(Иако имав многу тешкотии против кои се борев, сигурен сум дека Набуко беше родена под среќна ѕвезда, запишал Џузепе Верди непосредно по премиерата во Миланската Скала, во 1842 година.)

Кога на почетокот на 20 век, во 1901 година умира Верди, Италија е веќе обединета, етаблирана и респектирана држава и здушена во заедничка тага за својот велик композитор! Повеќе од 250.000 луѓе ја следат поворката со посмртните останки, а со фрагменти од „Набуко“ во изведба на 800 хористи, диригира славниот маестро Артуро Тосканини. Заедно со хорот, целиот насобран народ ја пее Va Pensiero, легендарната тема од „Набуко“ и извикува „Вива Верди!“

Музиката на Верди, уште за време на неговиот живот му обезбедила бесмртност, не само поради певливоста и мелодичноста на неговите најпознатите арии, туку и затоа што неговите опери биле музичка подлога за сите политички бури и превирања кои се случувале тогаш во Италија. Верди, кој и самиот бил вклучен во тие големи политички процеси, бил и пратеник во италијанскиот парламент, бил републиканец по убедување, бил жесток критичар на црковниот клер, бил беспоговорен и посветен патриот и либерал, а со својата музика бил и поттикнувач на сите позначајни политички промени!

Неговите опери „Травијата“, „Риголето“, „Аида“, денес се меѓу најпопуларните за оперската публика ширум светот и не постои година во која не се изведувани барем 300-400 пати на најпознатите музички сцени, од „Бољшој театарот“ во Москва, до „Метрополитен операта“ во Њујорк. Операта „Аида“, компонирана по повод отворањето на Суецкиот канал во 1871 година, има слична химнична моќ и се смета, покрај  „Набуко“, за негово друго најголемо музичко достигнување!

А музиката, посебно антологиската, каква што е операта „Набуко“ си го живее својот живот и си раскажува своја посебна животна приказна, паралелно, но и долго по животниот век на Верди! Недолго по премиерите во Милано, Виена, Париз и Берлин, помеѓу 1842 и 1845 година, вонвременската музичка приказна базирана на митолошки и библиски мотиви, добива и своја реална историска поткрепа-тоа се години во кои археолошките истражувања во некогашните предели на Асирија и Месопотамија, го потврдуваат постоењето на моќниот Вавилон и славнот цар Набукодоносор.

Вердиевата оперска приказна „Набуко“ ја следи и одредена мистична нишка, која не секогаш била разбирана лесно и од прва рака! На првата премиера по Втората светска војна, кога Италија е поразена, во 1946 година во „Ла Скала“, цела публика се крева на нозе и ја пее Va pensiero, како своја химна!

Посветените музички теоретичари и љубители на музиката на Верди, внимателно забележале дека интересот за Верди и за „Набуко“ секогаш расте кога се случуваат драматични политички констернации кои навестуваат грандиозни политички промени и дека публиката ширум светот во Набуко препознава симбол за повторно раѓање, надеж и верба во промените за подобра иднина!

....................................................................................................................

Убаво беше деновиве, листајќи ги веб-најавите на Софиската опера и балет, да се види дека оперската сезона 2024/2025 ќе ја отвори македонската НОБ со операта „Набуко“ од Верди, покрај операта „Турандот“ (со кој се одбележува големиот јубилеј на Пучини), покрај спектаклот „Големиот Гетсби“, покрај мастеркласот на светски познатата бугарска оперска дива Рајна Кабајванска, покрај „Кармен“ од Бизе и „Леонгрин“ од Вагнер, покрај доделувањето на Меѓународната награда „Никола Ѓузелев“ на светски познатата бугарска оперска дива, Александрина Пендачанска.

Убаво беше што, годинава, љубителите на оперската уметност во Скопје и Софија, имаа можност да го уживаат Вагнер во изведба на бугарски музички уметници и на Верди во изведба на македонски уметници - подобра и поблагородна културно-дипломатска иницијативност од оваа, здравје!

Убаво беше што двете соседски држави стекнаа нова публика и создадоа нови пријателства, базирани на заемно почитување и заедничко воздигнување со безвременското што го носи музиката на Вагнер и Верди. Македонската музичка, но и културно-дипломатска акција предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министрите Муцунски и Љутков, со респект и со надеж за подадена рака, се упатија деновиве кон најврвната музичка сцена во Софија, од која се изнедрени големите оперски имиња, од редот на еден Борис Христов, Стојан Попов, една Гена Димитрова, Николај Ѓауров, Ана Томова-Синтова - редум, сите до еден, незаборавни интерпретатори и на „Набуко“ од Верди!

Убаво ќе беше ако и бугарскиот политички врв ја препознаеше оваа благородна културно-дипломатска мисија и се придружеше во заедничките моменти за воздигнување над актуелните меѓудржавни состојби! Барем на моменти, колку да се испочитува вонвременското во културата и уметноста! Но, како рековме?! Понекогаш е исклучително тешко во тврдо уво да влезе добра, вистинита и убава порака, исто колку што е тешко, од старите школи за воспитување практиканти само за тврда моќ во политиката, да се изродат модерни политичари кои ќе бараат начини за взаемно почитување и воздигнување, наместо тврдоглаво и надмено понижување!

Македонската културна дипломатија понуди почит и воздигнување - и кој не ја разбра пораката од овогодинешниве мајски и септемвриски македонско-бугарски оперски свечености, може да продолжи да си ја свирка, само неговата! (од едното до другото тврдо уво!)

За жал, далеку од поубавата и почовечка страна на светот!

 

The post Воздигнување, не понижување! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Кога вистински сакаме да ги продлабочиме нашите лични односи, дали тоа биле пријателски, другарски, колегијални или комшиски односи, се договараме да излеземе некаде, да седнеме на иста маса, да се напиеме и да јадеме нешто - и патем да си кажеме нешто и за она, за кое во вообичаени прилики немаме или волја или време да си кажеме! „Храната и љубовта влегуваат низ уста“, па масата станува мегдан на кој се отвораат сите сетила, место каде се разменува добра енергија и полесно се препознава непосредна човечка димензија! Кога во нашите лични односи, од љубовни, преку пријателски, до колегијални, споделуваме и слушаме слична или иста музика, нашиот однос не само што го продлабочуваме, туку и го облагородуваме! Во таквиот однос ние меѓусебно и се воздигнуваме, а на заеднички споделените моменти им додаваме димензија на вонвременост. Тогаш и најлесно разбираме, колку подобар и поубав би бил и животот, кога за да успееме на личен или професионален план, не мора никого да повредуваме или да понижуваме (или не дај Боже, газиме и уништуваме!), туку само треба да се воздигнеме до заедничкиот и успехот на секој од нас, поединечно! Звучи едноставно?! Звучи точно така, како што само музиката може, лесно и едноставно да понесе и пренесе во пределите на вонвременски вечното! Како во личните, така и во деловните и политичките односи, седнувањето на иста маса, на ручек или на вечера, посебно по исцрпувачки и долги седења на преговарачка маса, може да биде исклучително корисно и плодотворно! Многу важни договори и зделки паѓале на асталска маса-во поопуштено расположение, кога полесно пукаат рабовите на стегнатите бизнисменски или политички костуми, кога покрај професионалната се подотвора и личната човечка димензија. Во дипломатијата, од најстари времиња биле користени овие искуства од личните меѓучовечки односи. Седнувањето на иста маса, понудата на најдоброто и највкусното од домашната кујна и во амбиент исполнет со музика која треба да маѓепса и плени, чинат неодвоив дел и од модерните дипломатски практики, кои денес имаат и свое име, мека моќ во дипломатијата или поточно, гастродипломатија и културна дипломатија. ............................................................................................ Кога во 1977 година беа лансирани во вселената „Voyager 1“ и „Voyager 2“, тим раководен од Карл Сејган (кај нас попознат како Саган), внимателно селектирал звуци и музика, кои на најдобар начин би ја претставиле човековата цивилизација, во некаква замислена средба со цивилизации од други планети и галаксии. „Златната плоча“ која била испратена, се состоела од музика, звуци и слики: со „Brandenburg Concerto“ на Бах, со сенегалска и со маријачи музика, со Johnny B. Goode на Чак Бери и музика со Луис Армстронг, музички фрагменти од Игор Стравински, снимени звуци на детско плачење, снимено чекорење, лансирање ракета, смеа и „Здраво“ на 55 различни јазици! Еден од најголемите умови на минатиот век, астрофизичарот Карл Сејган бил убеден дека музиката содржи универзален код за препознавање и разбирање, дури и со непознати и само претпоставени цивилизации, светлосни години далеку од нашава планета. Еден од најголемите и највлијателни мислители на 19 век, Фридрих Ниче, пишувал многу за моќта на музиката. „Без музика, животите би ни биле грешка! Бог ни дал музика, пред сè, за да нè подигне! Музиката ги обединува сите квалитети: може да нè воздигне, да нè пренасочи, да нè расположи или да ги скрши и најтврдите срца со своите најнежни меланхолични тонови. Но, нејзината главна задача е да ги води нашите мисли кон повисоки нешта, да ги воздигне, да нè растрепери... Музичката уметност често зборува со звуци попродорни од зборовите на поезијата и оди во скриените процепи на срцето… Песната го воздигнува нашето битие и нè води кон добрината и вистината“. Кога во 21 век, во 2024 година, два блиски и соседски народи се обидуваат преку безвременската музика на Вагнер и Верди да создадат подобра клима на меѓусебно разбирање, доверба, наклонетост и пријателство, постојат сè уште такви, кои се прашуваат - што бара музиката во тоа?! Освен добрина и вистина?! (Тврди уши за вонвременското во културата, уметноста и музиката, имало и ќе има?! Политичари воспитувани да практикуваат само тврда моќ во политиката и дипломатијата, исто така имало и ќе има! И тоа, колку ни душа сака!) ................................................................................................................................. Кога во 19 век се создавани грандиозните опери од Верди и Вагнер, во Европа било исклучително тешко да се живее - беснееле болести и војни, а политичката клима била постојано наелектризирана, често до точка на вриење! Генијалниот музички дух со кој биле обдарени двајцата композитори, создавал музички дела за сите времиња, но таа музика била вткаена и во времето во кое била создавана! Токму музиката на Верди и Вагнер, кога во Европа било најтешко, имала химничка моќ да обединува и да воздигнува, со надеж за подобро! Кога премиерно била изведена операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Миланската Скала, во 1842 година, Италија претставувала само замислен географски збир од мноштво распарчени и меѓусебни конфронтирани кралства и кнежевства, кои за волја на вистината зборувале ист јазик, но меѓусебно не се разбирале најдобро! Велат, дека токму Набуко, а посебно химничната „Va pensiero“ („Летај мисло…“) ја имале таа маѓична обединувачка моќ околу која се здушиле  Италијаните во процесот за создавање своја држава! (Иако имав многу тешкотии против кои се борев, сигурен сум дека Набуко беше родена под среќна ѕвезда, запишал Џузепе Верди непосредно по премиерата во Миланската Скала, во 1842 година.) Кога на почетокот на 20 век, во 1901 година умира Верди, Италија е веќе обединета, етаблирана и респектирана држава и здушена во заедничка тага за својот велик композитор! Повеќе од 250.000 луѓе ја следат поворката со посмртните останки, а со фрагменти од „Набуко“ во изведба на 800 хористи, диригира славниот маестро Артуро Тосканини. Заедно со хорот, целиот насобран народ ја пее Va Pensiero, легендарната тема од „Набуко“ и извикува „Вива Верди!“ Музиката на Верди, уште за време на неговиот живот му обезбедила бесмртност, не само поради певливоста и мелодичноста на неговите најпознатите арии, туку и затоа што неговите опери биле музичка подлога за сите политички бури и превирања кои се случувале тогаш во Италија. Верди, кој и самиот бил вклучен во тие големи политички процеси, бил и пратеник во италијанскиот парламент, бил републиканец по убедување, бил жесток критичар на црковниот клер, бил беспоговорен и посветен патриот и либерал, а со својата музика бил и поттикнувач на сите позначајни политички промени! Неговите опери „Травијата“, „Риголето“, „Аида“, денес се меѓу најпопуларните за оперската публика ширум светот и не постои година во која не се изведувани барем 300-400 пати на најпознатите музички сцени, од „Бољшој театарот“ во Москва, до „Метрополитен операта“ во Њујорк. Операта „Аида“, компонирана по повод отворањето на Суецкиот канал во 1871 година, има слична химнична моќ и се смета, покрај  „Набуко“, за негово друго најголемо музичко достигнување! А музиката, посебно антологиската, каква што е операта „Набуко“ си го живее својот живот и си раскажува своја посебна животна приказна, паралелно, но и долго по животниот век на Верди! Недолго по премиерите во Милано, Виена, Париз и Берлин, помеѓу 1842 и 1845 година, вонвременската музичка приказна базирана на митолошки и библиски мотиви, добива и своја реална историска поткрепа-тоа се години во кои археолошките истражувања во некогашните предели на Асирија и Месопотамија, го потврдуваат постоењето на моќниот Вавилон и славнот цар Набукодоносор. Вердиевата оперска приказна „Набуко“ ја следи и одредена мистична нишка, која не секогаш била разбирана лесно и од прва рака! На првата премиера по Втората светска војна, кога Италија е поразена, во 1946 година во „Ла Скала“, цела публика се крева на нозе и ја пее Va pensiero, како своја химна! Посветените музички теоретичари и љубители на музиката на Верди, внимателно забележале дека интересот за Верди и за „Набуко“ секогаш расте кога се случуваат драматични политички констернации кои навестуваат грандиозни политички промени и дека публиката ширум светот во Набуко препознава симбол за повторно раѓање, надеж и верба во промените за подобра иднина! .................................................................................................................... Убаво беше деновиве, листајќи ги веб-најавите на Софиската опера и балет, да се види дека оперската сезона 2024/2025 ќе ја отвори македонската НОБ со операта „Набуко“ од Верди, покрај операта „Турандот“ (со кој се одбележува големиот јубилеј на Пучини), покрај спектаклот „Големиот Гетсби“, покрај мастеркласот на светски познатата бугарска оперска дива Рајна Кабајванска, покрај „Кармен“ од Бизе и „Леонгрин“ од Вагнер, покрај доделувањето на Меѓународната награда „Никола Ѓузелев“ на светски познатата бугарска оперска дива, Александрина Пендачанска. Убаво беше што, годинава, љубителите на оперската уметност во Скопје и Софија, имаа можност да го уживаат Вагнер во изведба на бугарски музички уметници и на Верди во изведба на македонски уметници - подобра и поблагородна културно-дипломатска иницијативност од оваа, здравје! Убаво беше што двете соседски држави стекнаа нова публика и создадоа нови пријателства, базирани на заемно почитување и заедничко воздигнување со безвременското што го носи музиката на Вагнер и Верди. Македонската музичка, но и културно-дипломатска акција предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министрите Муцунски и Љутков, со респект и со надеж за подадена рака, се упатија деновиве кон најврвната музичка сцена во Софија, од која се изнедрени големите оперски имиња, од редот на еден Борис Христов, Стојан Попов, една Гена Димитрова, Николај Ѓауров, Ана Томова-Синтова - редум, сите до еден, незаборавни интерпретатори и на „Набуко“ од Верди! Убаво ќе беше ако и бугарскиот политички врв ја препознаеше оваа благородна културно-дипломатска мисија и се придружеше во заедничките моменти за воздигнување над актуелните меѓудржавни состојби! Барем на моменти, колку да се испочитува вонвременското во културата и уметноста! Но, како рековме?! Понекогаш е исклучително тешко во тврдо уво да влезе добра, вистинита и убава порака, исто колку што е тешко, од старите школи за воспитување практиканти само за тврда моќ во политиката, да се изродат модерни политичари кои ќе бараат начини за взаемно почитување и воздигнување, наместо тврдоглаво и надмено понижување! Македонската културна дипломатија понуди почит и воздигнување - и кој не ја разбра пораката од овогодинешниве мајски и септемвриски македонско-бугарски оперски свечености, може да продолжи да си ја свирка, само неговата! (од едното до другото тврдо уво!) За жал, далеку од поубавата и почовечка страна на светот!  

The post Воздигнување, не понижување! appeared first on Република.

]]>
МЕКАТА МОЌ – ИНДИСКОТО НАЈМОЌНО „ОРУЖЈЕ” https://republika.mk/kolumni/mekata-mok-indiskoto-najmokno-oruzhje/ Mon, 26 Aug 2024 09:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=810200

Васко Шутаров

Кога растевме како деца, имавме само една телевизија и сите, од најмладо до најстаро, гледавме исти цртани филмови, исти реклами и исти вести! А на тие вести, секако главни и ударни беа државничките или партиски средби на Тито, па, така од најмали, го сакале тоа или не, знаевме за политичари од сите светски меридијани и за држави, за кои денес се бара напредно знаење од географија. Тито беше неформален лидер на Движењето на неврзаните, а Југославија заедно со Индија и Египет беше основач на тоа движење, па плејада африкански и азиски политичари, секоја вечер спомнувани на вести, уште како деца ги знаевме наизуст: Сиримаво Бандаранаике, Секу Туре, Хајле Селасие, Џавахарлал Нехру или Анвар ел-Садат, но знаевме и за Шри Ланка, Гвинеја, Етиопија, Индија и за Египет!

А, денес?! Повеќе од интригантно е, како денешниве деца и млади би реагирале кога би им се спомнало името на индискиот премиер Нарендра Моди, кој на годинашниве избори во Индија (на кои гласаа 970 милиони Индијци или 10 % од светското население), победи и освои трет мандат! Денес, кога Индија е веќе и синоним и лидер во светот на информатичките технологии, кога индиските инженери работат секаде во светот, имаат исклучителна репутација и важат за најдобри компјутерски програмери, не само интригантно, туку и крајно иронично би било, држејќи ги во раце паметните дигитални уреди (кои во голем дел се продукт на некој индиски ум) денешниве деца и млади, да не знаат ништо (или да знаат сосем малку!) за Нарендра Моди и за Индија, за разлика од децата од едно друго време, со еден единствен тв-канал како извор на информации!

Деновиве, секаде во светот, ударна вест беше посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на Полска и на Украина и посебно неговата изјава за „перспективите за мирно решавање на тековниот украински конфликт”! Втора најважна вест беше дека и полскиот политички врв верува во моќта на Индија и на индискиот премиер да бидат иницијатори за изнаоѓање мировна формула помеѓу Русија и Украина! И третата, последна, но не и најмалку важна, изјавата на секретарот во Министеството за надворешни работи на Индија, дека: „Ова е важна посета од која се очекува да биде катализатор на нашите врски во низа сектори“, наведувајќи ги економските и деловните врски, земјоделството, инфраструктурата, здравството и образованието, фармацевтските производи, одбраната и културата!

(Културата,... со земја која е во војна? Но, кога се Индија и Нарендра Моди во прашање, не треба никого да зачудува што културата и меката моќ се така високо позиционирани! Впрочем, како ви се звучи фактот, што после неколкудецениски конфликти и војни помеѓу Индија и Пакистан, денес, индиско-пакистанската филмска продукција работи под полна пареа, снимајќи филмови од сите жанрови и за публика секаде низ светот!)

Мекото е моќ!
Мека моќ е кога правите нешто и кога мислите дека го правите најдоброто и вистинското нешто за себе, без да бидете свесни, дека токму тоа нешто, некој друг веќе го осмислил и го очекувал од вас како однесување! И тој некој друг, исто така без да бидете потполно свесни, веќе ги освоил и вашето срце и вашиот ум, ненаметливо и трајно и ве натерал да постапувате така како што тој посакува и очекува!

Меката моќ, ако парафразираме еден знаен кинески филозоф, е кога без борба ќе победите и ќе постигнете одредена цел. Меката моќ, ако парафразираме еден познат американски политичар, е кога не станува важно колку непријателски војници сте убиле, туку колку пријатели сте успеале да стекнете! Меката моќ е, кога еден комунистички диктатор, како Сталин, (Генералисмус на тогашната најбројна армија во светот), преговарајќи со Рузвелт и Черчил за повоената геополитичка архитектура и местото на Ватикан во неа, прашал: „А, колку војници има Ватикан? ” Меката моќ е, кога токму еден ватикански папа, Папата Јован Павле Втори, без војска и без армија зад себе, ќе има стожерна улога во рушењето на Берлинскиот ѕид и падот на комунизмот во светот!

Мека моќ е кога милиони деца од сите светски меридијани си играат Каубојци и Индијанци, сакаат да носат шерифски значки, кога милиони девојчиња сакаат да си играат со Барби, кога милиони тинејџери сакаат да носат џинс, сакаат НБА и холивудски филмови, ги сакаат Тина, Мајкл Џексон и Мадона, (денес, Тејлор Свифт), сакаат да летуваат на Флорида и да живеат во Калифорнија, сакаат постојано да го чувствуваат „она вистинското со ‘кока- кола’” во едната рака, а со другата- да лајкнуваат!

Мека моќ е кога 100.000 Британци (и уште толку индиски кафеави сахиби!), владеат скоро повеќе од два века со стотици милиони Индијци, благодарејќи на влијанието на културата, на англискиот јазик, на престижните универзитети, на модата, на музиката и спортот! Мека моќ е кога еден човек ќе успее, без оружје и без борба, таа моќна империја да ја победи и да ја избрка од Индија и кога, она што тогаш служело за потсмев (неговиот начин на исхрана и неговата животна филозофија), еден ден ќе стане инспирација за милиони Британци и милиони луѓе, ширум светот!

(Махатма Ганди, Таткото на модерна Индија и денес претставува симбол за ненасилен отпор секаде во светот и амблем на индиската мека моќ и во 21 век!)

Длабочината на индиските корени на мека моќ
Денес, никаде на друго место, меката моќ во меѓународната политика не се применува толку умешно како во Индија: индискиот интеркултурен дијалог, меѓуверскиот соживот, јогата и ајурведата, Шива, Аладин, Боливуд, Гоа, Рави Шанкар, Зубин Мехта, индиската демократија, 32-милионската индиска дијаспора, будизмот, бенгалските тигри, индиската кујна и крикетот - сето тоа е ставено во функција на актуелната индиска дипломатија.

Пред само десет години, токму сегашниов индиски премиер Нарендра Моди стратешки мудро ја пласира идејата за „цивилизациската држава Индија“ на светската сцена и се обиде да ја устоличи меката моќ на Индија! И успеа во намерата, бидејќи: „Индија не е само нација, туку и идеја и култура!“ А вистината е таа, дека и преку хималајските бариери, токму Индија му ги подари на Западот граматиката и логиката, филозофијата и басните, хипнозата и шахот, броевите, нулата и децималите!

„Доволно ќе беше само броевите да им ги подареше на светот, за да ја сметаме денес за лулка на сите подоцнежни цивилизации“, ќе речеше во една прилика, Алберт Ајнштајн!

И токму овој неисцрпен индиски трезор за меко и ненаметливо влијание низ цел свет, Нарендра Моди сака да биде најглавното „оружје“ во позиционирањето на Индија како светска (и миротворна) сила на меѓународната политичка сцена!

Исклучителна придобивка за индиската мека моќ во 21 век е што исклучително познати и влијателни имиња од културата, уметноста и од политиката, биле фасцинирани од Индија и тоа го манифестирале и преку своите дела и во своите јавни настапи. Дали е доволно во овој контекст да се потсетиме што пишувал за Индија, легендардниот американски писател Марк Твен, дека: „Индија е земја на илјада народи и сто јазици, илјада религии и два милиона богови! Индија е колевка на човечкиот род, родно место на човековиот говор, мајка на историјата, баба на легендите и прабаба на традицијата!“

Или што пишувал за Индија, еден од најголемите умови во француската книжевност и култура, Ромен Ролан: „Ако постои едно место на лицето на земјата каде што сите соништа на живите луѓе нашле дом уште од најраните денови кога човекот го започнал сонот за постоење, тоа е Индија.“'

Или што кажал во една прилика Ху Ших, поранешен кинески амбасадор во САД: „Индија ја освојуваше и културно доминираше со Кина 20 века, a да нe мораше да испрати ниту еден војник преку нејзината граница“.

Или што напишал познатиот британски историчар д-р Арнолд Тојнби: „Веќе станува јасно дека историското поглавје кое започна на Западот, ќе мора да има индиски крај, ако не сака да заврши со самоуништување на човечкиот род. Во овој крајно опасен момент во историјата, единствениот начин за спас за човештвото е индискиот начин!“

Или луцидната мисла на германскиот физичар Вернер Хајзенберг, дека: „Откако зборувавме за индиската филозофија, некои од идеите за квантната физика кои изгледаа толку луди одеднаш добија многу повеќе смисла.“

(Намерно цитирав петмина видни претставници на пет актуелно најмоќни дипломатии кои ја разбираат и ја протежираат меката моќ во модерниве меѓународни односи, за барем малку појасно да се исцрта непресушниот потенцијал од мека моќ кој се наоѓа во индиски посед.)

Индија, во меѓувреме, за време на претходните два мандати на Нарендра Моди, институционално го зајакна својот пристап кон меката моќ, формирајќи Оддел за јавна дипломатија во 2006 година во рамките на Министерството за надворешни работи, Министерството за туризам ја иницираше кампањата „Неверојатна Индија“, а во ноември 2014 година, беше формирано и Министерството за Ајуш, или со други зборови Министерство за ајурведа, јога и хомеопатија!

(Треба ли уште нешто да се каже за нештата да станат појасни дека Индија се враќа на голема врата, со еманација на мека моќ, на која малку кој ќе може да ѝ се спротивстави и да ѝ одолее!)

А дека Индија и Нарендра Моди се позиционираат како идни лидери на новиот свет, беше повеќе од очигледно на минатогодишниот Г-20 самит, со мотото „Една земја, едно семејство, една иднина“ и со паролата „Индија-Мајка на демократијата!“

Владата предводена од Моди се обидува да ја зајакне меката моќ на Индија на глобалната сцена преку промовирање на позитивни хуманистички вредности прифатливи за сите, во време кога светот е длабоко поделен со новата американско-кинеска студена војна и вистински бруталната војна меѓу Русија и Украина! Моди, благодарение на декларацијата дека „ова не е време за војна“ и мировната филозофија дека „целиот свет е едно семејство“, секојдневно стекнува бројни приврзаници ширум светот!

Меката моќ на Индија е многу жива и сеприсутна, а пристапот на Индија кон меката моќ, можеби е најдобро сублимиран од угледниот писател и дипломат, автор на бројни есеи за индискиот идентитет, Паван Варма: „Ние, Индијците, полека се појавуваме како важни фактори на полињата на политиката, економијата и воената моќ. На полето на културата, отсекогаш сме биле велесила, заради нашата цивилизациска длабочина!“.

Индија и Нарендра Моди, денес играат голема светска геополитичка игра! Започнувањето на неговиот трет мандат со посета на Москва на 8 јули и посетава на Украина деновиве, само ја потврдуваат специфичната индиска политика „врзана со сите светски клучни играчи”, но така умешно избалансирана помеѓу геополитичкиот Запад и Исток и присутна на сите важни геостратешки платформи, вклучувајќи го проамериканскиот QUAD, руско-кинескиот BRICS, а кога треба да се унапредат сопствените национални интереси, и со Иран!

Индија денес, најбројната нација во светот, светската воена и нуклеарна сила, петтата светска сила по БДП, својата вистинска моќ допрва ќе му ја претставува на светот, најмногу преку нејзиното неисцрпното богатство од мека моќ! Навистина ќе биде и грев и срам, денешниве деца и млади, а и генерациите кои некогаш знаеја за Нехру, Махатма Ганди, Индира Ганди и Тагоре, да не знаат ништо денес за Нарендра Моди и за она што денес, а утре уште повеќе, ќе значи Индија во светот!

The post МЕКАТА МОЌ – ИНДИСКОТО НАЈМОЌНО „ОРУЖЈЕ” appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Кога растевме како деца, имавме само една телевизија и сите, од најмладо до најстаро, гледавме исти цртани филмови, исти реклами и исти вести! А на тие вести, секако главни и ударни беа државничките или партиски средби на Тито, па, така од најмали, го сакале тоа или не, знаевме за политичари од сите светски меридијани и за држави, за кои денес се бара напредно знаење од географија. Тито беше неформален лидер на Движењето на неврзаните, а Југославија заедно со Индија и Египет беше основач на тоа движење, па плејада африкански и азиски политичари, секоја вечер спомнувани на вести, уште како деца ги знаевме наизуст: Сиримаво Бандаранаике, Секу Туре, Хајле Селасие, Џавахарлал Нехру или Анвар ел-Садат, но знаевме и за Шри Ланка, Гвинеја, Етиопија, Индија и за Египет! А, денес?! Повеќе од интригантно е, како денешниве деца и млади би реагирале кога би им се спомнало името на индискиот премиер Нарендра Моди, кој на годинашниве избори во Индија (на кои гласаа 970 милиони Индијци или 10 % од светското население), победи и освои трет мандат! Денес, кога Индија е веќе и синоним и лидер во светот на информатичките технологии, кога индиските инженери работат секаде во светот, имаат исклучителна репутација и важат за најдобри компјутерски програмери, не само интригантно, туку и крајно иронично би било, држејќи ги во раце паметните дигитални уреди (кои во голем дел се продукт на некој индиски ум) денешниве деца и млади, да не знаат ништо (или да знаат сосем малку!) за Нарендра Моди и за Индија, за разлика од децата од едно друго време, со еден единствен тв-канал како извор на информации! Деновиве, секаде во светот, ударна вест беше посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на Полска и на Украина и посебно неговата изјава за „перспективите за мирно решавање на тековниот украински конфликт”! Втора најважна вест беше дека и полскиот политички врв верува во моќта на Индија и на индискиот премиер да бидат иницијатори за изнаоѓање мировна формула помеѓу Русија и Украина! И третата, последна, но не и најмалку важна, изјавата на секретарот во Министеството за надворешни работи на Индија, дека: „Ова е важна посета од која се очекува да биде катализатор на нашите врски во низа сектори“, наведувајќи ги економските и деловните врски, земјоделството, инфраструктурата, здравството и образованието, фармацевтските производи, одбраната и културата! (Културата,... со земја која е во војна? Но, кога се Индија и Нарендра Моди во прашање, не треба никого да зачудува што културата и меката моќ се така високо позиционирани! Впрочем, како ви се звучи фактот, што после неколкудецениски конфликти и војни помеѓу Индија и Пакистан, денес, индиско-пакистанската филмска продукција работи под полна пареа, снимајќи филмови од сите жанрови и за публика секаде низ светот!) Мекото е моќ! Мека моќ е кога правите нешто и кога мислите дека го правите најдоброто и вистинското нешто за себе, без да бидете свесни, дека токму тоа нешто, некој друг веќе го осмислил и го очекувал од вас како однесување! И тој некој друг, исто така без да бидете потполно свесни, веќе ги освоил и вашето срце и вашиот ум, ненаметливо и трајно и ве натерал да постапувате така како што тој посакува и очекува! Меката моќ, ако парафразираме еден знаен кинески филозоф, е кога без борба ќе победите и ќе постигнете одредена цел. Меката моќ, ако парафразираме еден познат американски политичар, е кога не станува важно колку непријателски војници сте убиле, туку колку пријатели сте успеале да стекнете! Меката моќ е, кога еден комунистички диктатор, како Сталин, (Генералисмус на тогашната најбројна армија во светот), преговарајќи со Рузвелт и Черчил за повоената геополитичка архитектура и местото на Ватикан во неа, прашал: „А, колку војници има Ватикан? ” Меката моќ е, кога токму еден ватикански папа, Папата Јован Павле Втори, без војска и без армија зад себе, ќе има стожерна улога во рушењето на Берлинскиот ѕид и падот на комунизмот во светот! Мека моќ е кога милиони деца од сите светски меридијани си играат Каубојци и Индијанци, сакаат да носат шерифски значки, кога милиони девојчиња сакаат да си играат со Барби, кога милиони тинејџери сакаат да носат џинс, сакаат НБА и холивудски филмови, ги сакаат Тина, Мајкл Џексон и Мадона, (денес, Тејлор Свифт), сакаат да летуваат на Флорида и да живеат во Калифорнија, сакаат постојано да го чувствуваат „она вистинското со ‘кока- кола’” во едната рака, а со другата- да лајкнуваат! Мека моќ е кога 100.000 Британци (и уште толку индиски кафеави сахиби!), владеат скоро повеќе од два века со стотици милиони Индијци, благодарејќи на влијанието на културата, на англискиот јазик, на престижните универзитети, на модата, на музиката и спортот! Мека моќ е кога еден човек ќе успее, без оружје и без борба, таа моќна империја да ја победи и да ја избрка од Индија и кога, она што тогаш служело за потсмев (неговиот начин на исхрана и неговата животна филозофија), еден ден ќе стане инспирација за милиони Британци и милиони луѓе, ширум светот! (Махатма Ганди, Таткото на модерна Индија и денес претставува симбол за ненасилен отпор секаде во светот и амблем на индиската мека моќ и во 21 век!) Длабочината на индиските корени на мека моќ Денес, никаде на друго место, меката моќ во меѓународната политика не се применува толку умешно како во Индија: индискиот интеркултурен дијалог, меѓуверскиот соживот, јогата и ајурведата, Шива, Аладин, Боливуд, Гоа, Рави Шанкар, Зубин Мехта, индиската демократија, 32-милионската индиска дијаспора, будизмот, бенгалските тигри, индиската кујна и крикетот - сето тоа е ставено во функција на актуелната индиска дипломатија. Пред само десет години, токму сегашниов индиски премиер Нарендра Моди стратешки мудро ја пласира идејата за „цивилизациската држава Индија“ на светската сцена и се обиде да ја устоличи меката моќ на Индија! И успеа во намерата, бидејќи: „Индија не е само нација, туку и идеја и култура!“ А вистината е таа, дека и преку хималајските бариери, токму Индија му ги подари на Западот граматиката и логиката, филозофијата и басните, хипнозата и шахот, броевите, нулата и децималите! „Доволно ќе беше само броевите да им ги подареше на светот, за да ја сметаме денес за лулка на сите подоцнежни цивилизации“, ќе речеше во една прилика, Алберт Ајнштајн! И токму овој неисцрпен индиски трезор за меко и ненаметливо влијание низ цел свет, Нарендра Моди сака да биде најглавното „оружје“ во позиционирањето на Индија како светска (и миротворна) сила на меѓународната политичка сцена! Исклучителна придобивка за индиската мека моќ во 21 век е што исклучително познати и влијателни имиња од културата, уметноста и од политиката, биле фасцинирани од Индија и тоа го манифестирале и преку своите дела и во своите јавни настапи. Дали е доволно во овој контекст да се потсетиме што пишувал за Индија, легендардниот американски писател Марк Твен, дека: „Индија е земја на илјада народи и сто јазици, илјада религии и два милиона богови! Индија е колевка на човечкиот род, родно место на човековиот говор, мајка на историјата, баба на легендите и прабаба на традицијата!“ Или што пишувал за Индија, еден од најголемите умови во француската книжевност и култура, Ромен Ролан: „Ако постои едно место на лицето на земјата каде што сите соништа на живите луѓе нашле дом уште од најраните денови кога човекот го започнал сонот за постоење, тоа е Индија.“' Или што кажал во една прилика Ху Ших, поранешен кинески амбасадор во САД: „Индија ја освојуваше и културно доминираше со Кина 20 века, a да нe мораше да испрати ниту еден војник преку нејзината граница“. Или што напишал познатиот британски историчар д-р Арнолд Тојнби: „Веќе станува јасно дека историското поглавје кое започна на Западот, ќе мора да има индиски крај, ако не сака да заврши со самоуништување на човечкиот род. Во овој крајно опасен момент во историјата, единствениот начин за спас за човештвото е индискиот начин!“ Или луцидната мисла на германскиот физичар Вернер Хајзенберг, дека: „Откако зборувавме за индиската филозофија, некои од идеите за квантната физика кои изгледаа толку луди одеднаш добија многу повеќе смисла.“ (Намерно цитирав петмина видни претставници на пет актуелно најмоќни дипломатии кои ја разбираат и ја протежираат меката моќ во модерниве меѓународни односи, за барем малку појасно да се исцрта непресушниот потенцијал од мека моќ кој се наоѓа во индиски посед.) Индија, во меѓувреме, за време на претходните два мандати на Нарендра Моди, институционално го зајакна својот пристап кон меката моќ, формирајќи Оддел за јавна дипломатија во 2006 година во рамките на Министерството за надворешни работи, Министерството за туризам ја иницираше кампањата „Неверојатна Индија“, а во ноември 2014 година, беше формирано и Министерството за Ајуш, или со други зборови Министерство за ајурведа, јога и хомеопатија! (Треба ли уште нешто да се каже за нештата да станат појасни дека Индија се враќа на голема врата, со еманација на мека моќ, на која малку кој ќе може да ѝ се спротивстави и да ѝ одолее!) А дека Индија и Нарендра Моди се позиционираат како идни лидери на новиот свет, беше повеќе од очигледно на минатогодишниот Г-20 самит, со мотото „Една земја, едно семејство, една иднина“ и со паролата „Индија-Мајка на демократијата!“ Владата предводена од Моди се обидува да ја зајакне меката моќ на Индија на глобалната сцена преку промовирање на позитивни хуманистички вредности прифатливи за сите, во време кога светот е длабоко поделен со новата американско-кинеска студена војна и вистински бруталната војна меѓу Русија и Украина! Моди, благодарение на декларацијата дека „ова не е време за војна“ и мировната филозофија дека „целиот свет е едно семејство“, секојдневно стекнува бројни приврзаници ширум светот! Меката моќ на Индија е многу жива и сеприсутна, а пристапот на Индија кон меката моќ, можеби е најдобро сублимиран од угледниот писател и дипломат, автор на бројни есеи за индискиот идентитет, Паван Варма: „Ние, Индијците, полека се појавуваме како важни фактори на полињата на политиката, економијата и воената моќ. На полето на културата, отсекогаш сме биле велесила, заради нашата цивилизациска длабочина!“. Индија и Нарендра Моди, денес играат голема светска геополитичка игра! Започнувањето на неговиот трет мандат со посета на Москва на 8 јули и посетава на Украина деновиве, само ја потврдуваат специфичната индиска политика „врзана со сите светски клучни играчи”, но така умешно избалансирана помеѓу геополитичкиот Запад и Исток и присутна на сите важни геостратешки платформи, вклучувајќи го проамериканскиот QUAD, руско-кинескиот BRICS, а кога треба да се унапредат сопствените национални интереси, и со Иран! Индија денес, најбројната нација во светот, светската воена и нуклеарна сила, петтата светска сила по БДП, својата вистинска моќ допрва ќе му ја претставува на светот, најмногу преку нејзиното неисцрпното богатство од мека моќ! Навистина ќе биде и грев и срам, денешниве деца и млади, а и генерациите кои некогаш знаеја за Нехру, Махатма Ганди, Индира Ганди и Тагоре, да не знаат ништо денес за Нарендра Моди и за она што денес, а утре уште повеќе, ќе значи Индија во светот!

The post МЕКАТА МОЌ – ИНДИСКОТО НАЈМОЌНО „ОРУЖЈЕ” appeared first on Република.

]]>
Кинеската панда-дипломатија https://republika.mk/kolumni/kineskata-panda-diplomatija/ Mon, 19 Aug 2024 08:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=807863

Васко Шутаров

Уште од древниот Египет, земјите ги користеле животните како подароци со кои сакале да покажат почит, наклонетост, лојалност и престиж! Две, сè уште живи легендарни приказни, нè потсетуваат дека прочуената египетска владетелка Клеопатра му подарила жирафа на Гај Јулије Цезар, додека пак, багдадскиот калиф Харун ал Рашид му испратил азиски слон на големиот франкиски крал Карло Велики.

Средновековната дипломатија вклучувала редовна размена на подароци помеѓу владетелите или нивните официјални делегации. Вообичаено било да се подаруваат скапи рачно изработени ткаенини, накит, оружје, предмети за секојдневна употреба од благородни метали, богато украсени ракописни книги, мошти.Посебен знак на внимание и на пријателска наклонетост, било подарувањето на добро одгледувани и дресирани животни за лов или за војна: коњи, кучиња и соколи, но често се подарувале и ретки и егзотични животни: слонови, жирафи и тигри.

Дипломатската традиција на подарување животни во 20 век и во 21 век, сè уште е не само жива, туку важи и за една од најдобрите и најуспешни дипломатски практики! „Дипломатијата во крзно”, умее и железни порти да отвори, па денес се смета за една од најсуптилните и една од најсилните алатки на меката моќ во дипломатијата.

Во овој контекст, можеме со леснотија да се сетиме на некогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, кој важеше за еден од најголемите колекционери на егзотични животни меѓу државниците од 20 век. Цела една зоолошка градина беше изградена во 1978 година, специјално за него и за неговите гости, во неговата летна резиденција на Бриони, полна со зебри, лами, антилопи, подарени од државници од Африка и Азија, но и со пар индиски слонови, добиени како подарок од Индира Ганди.

Од нашето непосредно соседство и од поновата дипломатска пракса, можеме да се сетиме на исклучителното медиумско внимание што го привлекоа кученцата наменети за Владимир Путин, а подарени од бугарскиот премиер Борис Борисов и од српскиот претседател Александар Вучиќ! Неодамна, по потпишувањето на стратешкиот договор за меѓусебна помош и соработка меѓу Русија и Северна Кореја и Ким Џонг Ун му подари на Путин пар кученца од расата пунгсан, а на тој чин му претходеше еден специјален руски подарок од 30 расни сиви коњи, наменети лично за севернокорејскиот лидер. И Путин би можел да отвори, кога ќе посака, раскошна фарма од подарени расни кучиња!

Од актуелната „крзнена дипломатија” вреди да се издвои австралиската дипломатска пракса кога добрите меѓународни, а посебно трговските договори кои Австралија ги склучува со други земји, се проследени со подарување коали, додека индонезиската дипломатија тоа го прави со подарување комодо-змејови, тајландската со подарување слонови, а малезиската со подарување орангутани. Но, ниту една друга држава, барем од втората половина на минатиот век до денес, не го прави тоа така умешно и толку успешно, како кинеската дипломатија со подарувањето панди!

Иако во долгата кинеска историја постојат докази за подарување панди и во времињата на поранешните кинески династии, поимот панда-дипломатија е од понов датум и се поврзува со признавањето на Н.Р. Кина од страна на САД во 1979 година, во време на администрацијата на претседателот Ричард Никсон, со што завршува едно долго поглавје на студена војна меѓу двете држави. Имено, тогашниот генерален секретар на Кинеската комунистичка партија Денг Сијаопинг, го забележал воодушевувањето на сопругата на американскиот претседател при посетата на зоолошка градина во Пекинг и нејзината прва средба со големите кинески панди, при што одлучува, во нејзина чест, да испрати еден пар панди во САД.

И пандите вистински почнуваат да ги одмрзнуваат, дотогаш замрзнатите американско-кинески односи, најпрво со менувањето на традиционалната перцепција на Американците за Кина, но и воопшто, перцепцијата на американското општество за комунистичките држави од истокот! Само првата година по доаѓањето на американската почва, преку милион посетители дошле да ги видат необично кротките и мили кинески панди, додека безгрижно се занимаваат со купишта бамбус околу нив!

Тоа е време на пикот на Студената војна помеѓу Западот и Истокот, кога перцепцијата за големите комунистички држави, но пред сè, за Русија во западните општества, е сведена на страшна голема мечка, која ги пушта своите канџи кон помалите земји и претставува најголема опасност за западните интереси. Стравот од руската мечка е стар британски дипломатски трик од 19 век, во кој апетитите на империјална Русија за проширување, преку ослободување или освојување други земји, биле претставени како голема и страшна мечка која напаѓа незаштитени луѓе и запоседнува туѓи територии!

За време на Студената војна, на Москва како да ѝ одговара западната перцепција за опасна и агресивна голема мечка, па не возвраќа со соодветен одговор на тоа, сè додека раководството во Кремљ не заклучува дека тој евтин трик, не им носи никаква полза и дека мораат да поработат на стекнување симпатии и наклонетост меѓу западната јавност. Страшната руска мечка од претставата за Русите помеѓу милиони Американци, Британци, Французи и Германци, почнува преку фини културно-дипломатски акции да се трансформира и да се облагородува и веќе во 70-тите години се популаризира „Мечето Ушко“ (од една и кај нас многу популарна полска цртана серија за деца), па слаткото мече Миша (или Мишко), претставено како маскота на Летните Олимписки игри одржани во Москва во 1980 година, но најмногу последниве години, преку убедливо најуспешната културно-дипломатска акција на руската дипломатија, планетарно популарната анимирана серија „Маша и Медо“, која има милијарди прегледи на интернет и е прикажувана на телевизиите на скоро сите светски меридијани.

Кинезите, со нивната позната темелност и трпеливост во дипломатијата, токму во годините на големото кинеско трговско и економско отворање кон светот и токму преку своите најпознати мечки, се обидуваат да стекнат наклонетост и симпатии на општествата ширум светот, но најмногу во државите од нивен најголем економски и политички интерес! Кина многу добро знае дека на растот на нивната економска и воена моќ ќе се гледа како на голема закана, особено од американските власти, кои и таква слика за Кина ќе проектираат во американското општество - како заканувачка опасност што доаѓа од азискиот исток! Кинезите, исто така добро знаат дека голем дел од влијанието на Америка во светот доаѓа од маркетингот на културните производи, без разлика дали се работи за Холивуд, НБА или „Мекдоналдс“. Кинеската дипломатска игра со прекрасните панди, како и промоцијата на кинескиот олимпизам во спортот (подеднаков број освоени златни медали имаат и САД и Кина на последните ЛОИ во Париз!), се дел од нивната борба да развијат такво влијание во светот и засега тоа го прават совршено добро, по најдобрата американска формула за успех на тој план.

Наместо приказната за застрашувачкиот хегемон кој ги загрозува западните вредности и продукти од азискиот исток, Кинезите на Американците и на светот, им ја продаваат својата приказна за пандите, како добродушни, мили, само за гушкање и за сакање создадени животни, преку кои Кина се обидува да му се претстави на светот како едно големо мирно семејство полно со солидарност, дисциплина и сигурност! Затоа се вели дека пандата е „сребрениот куршум“ на кинеската мека моќ, со кој успешно го совладува отпорот на западните општества кон сето она што како продукт доаѓа од Кина!

Од своето основање во 1949 година, Народна Република Кина ја користи дипломатијата на пандите за да го подобри својот меѓународен имиџ, со подарување или позајмување панди на странски зоолошки градини - со пандите како своевидни амбасадори на добра волја. Поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг во 1957 година ја подарува пандата Пинг Пинг на тогашниот Советски Сојуз, во рамките на одбележувањето на 40-годишнината од Октомвриската револуција, апотребата од дополнително зајакнување на врските со тогашните социјалистички сојузниција тера Кина да испрати уште една панда во Советскиот Сојуз во 1959 година и уште пет во Северна Кореја, меѓу 1965 и 1980 година.

Во 1972 година, Пекинг им ги подари пандите Линг Линг и Хсинг Хсинг на САД, по историската посета на претседателот Ричард Никсон, како знак за нормализирање на односите меѓу САД и Кина и означувањето на пресвртница во кинеската надворешна политика. Оттогаш и други земји, вклучувајќи ги Јапонија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Малезија, Финска, Русија, Австралија и Катар, исто така добиваа панди, во зависност од поволностите што кинеската економија ги добива од овие држави.

Кинезите преку „панда диломатијата“ се обидуваат секогаш „да испратат многу јасни сигнали“! Ако одлучат да ги вратат пандите назад од одредена држава, тоа е сигурен знак дека постојат преголем број „жешки точки“ во нивните меѓусебни односи! Таков е случајот со САД последниве години, каде во моментов има само неколку панди во Атланта, кои до крајот на годината треба да и бидат вратени на Кина, а тоа најмногу заради затегнатите кинеско-американски дипломатски односи: санкциите наметнати од американската влада врз истакнати кинески граѓани и функционери; ограничувањата за увоз на кинески полупроводници; обвинувањата дека кинеското производство на „фентанил“ (опиоиден аналгетик) ги преплавува американските градови; сомнежите за кинеската сопственост на платформата TikTok и „метежот“ кој беше настанал на почетокот на минатата година, поради кинескиот балон што лебдеше над Америка.

Но, во ноември минатата година, на маргините на Самитот за азиско-пацифичка економска соработка во Сан Франциско, кинескиот претседател Си Џинпинг изрази надеж дека неговата земја повторно ќе почне да испраќа панди во САД, откако тој и американскиот претседател Џозеф Бајден се сретнаа во Калифорнија, за прв пат по една годинаи ветија дека ќе се обидат да ги намалат тензиите. На свечената вечера со американските бизнис лидери, Си ги нарече овие прекрасни животни од семејството на мечки (со впечатливи црни кругови околу очите и обожувани ширум светот), „амбасадори на пријателството меѓу кинескиот и американскиот народ!“. Подарувањето и позајмувањето на пандитеникогаш не било случајно и по правило секогаш било придружено со склучување економски договори, меѓународни договори и поволни дипломатски ноти за Кина, посебно во однос на Тајван и Тибет.

Во науката што се занимава со поимот панда-дипломатија се наведува дека пандата е национален симбол чиј карактер се рефлектира во „мирната“ надворешна политика на Кина, па така благодарејќи на пандите, Кина ќе може, истовремено, мирно да дефилира со својата моќна воена флота (веќе подеднакво моќна како американската!) покрај Алеутските острови, најблиску можно до блиските води на САД, но и да испраќа две џиновски панди кон Калифорнија, кон домот на Силиконската долина и Сан Франциско, моментално светски центри за развој на вештачката интелигенција.

(Знае Кина точно каде треба, со помош на пандите, да се освојуваат срцата и умовите, и патем, да се отвораат железни порти за кинеската економија!)

За да стане светски лидер во вештачката интелигенција до 2030 година, како што планира, на Кина ѝ требаат и таленти, но најмногу технолошко знаење, а зацртаните проекции на темелната и трпелива кинеска надворешна политика во блиска иднина, содржат и амбиции, Кина до 2035 година да стане најголем извозник на култура и да стане најголема спортска нација во светот.

А до тогаш, уште многу панди ќе го обиколуваат светот, освојувајќи ги едноставно и лесно срцата и умовите на милиони луѓе, ширум светот! А најмногу, онаму, каде што Кина го посакува тоа!

 

 

The post Кинеската панда-дипломатија appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Уште од древниот Египет, земјите ги користеле животните како подароци со кои сакале да покажат почит, наклонетост, лојалност и престиж! Две, сè уште живи легендарни приказни, нè потсетуваат дека прочуената египетска владетелка Клеопатра му подарила жирафа на Гај Јулије Цезар, додека пак, багдадскиот калиф Харун ал Рашид му испратил азиски слон на големиот франкиски крал Карло Велики. Средновековната дипломатија вклучувала редовна размена на подароци помеѓу владетелите или нивните официјални делегации. Вообичаено било да се подаруваат скапи рачно изработени ткаенини, накит, оружје, предмети за секојдневна употреба од благородни метали, богато украсени ракописни книги, мошти.Посебен знак на внимание и на пријателска наклонетост, било подарувањето на добро одгледувани и дресирани животни за лов или за војна: коњи, кучиња и соколи, но често се подарувале и ретки и егзотични животни: слонови, жирафи и тигри. Дипломатската традиција на подарување животни во 20 век и во 21 век, сè уште е не само жива, туку важи и за една од најдобрите и најуспешни дипломатски практики! „Дипломатијата во крзно”, умее и железни порти да отвори, па денес се смета за една од најсуптилните и една од најсилните алатки на меката моќ во дипломатијата. Во овој контекст, можеме со леснотија да се сетиме на некогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, кој важеше за еден од најголемите колекционери на егзотични животни меѓу државниците од 20 век. Цела една зоолошка градина беше изградена во 1978 година, специјално за него и за неговите гости, во неговата летна резиденција на Бриони, полна со зебри, лами, антилопи, подарени од државници од Африка и Азија, но и со пар индиски слонови, добиени како подарок од Индира Ганди. Од нашето непосредно соседство и од поновата дипломатска пракса, можеме да се сетиме на исклучителното медиумско внимание што го привлекоа кученцата наменети за Владимир Путин, а подарени од бугарскиот премиер Борис Борисов и од српскиот претседател Александар Вучиќ! Неодамна, по потпишувањето на стратешкиот договор за меѓусебна помош и соработка меѓу Русија и Северна Кореја и Ким Џонг Ун му подари на Путин пар кученца од расата пунгсан, а на тој чин му претходеше еден специјален руски подарок од 30 расни сиви коњи, наменети лично за севернокорејскиот лидер. И Путин би можел да отвори, кога ќе посака, раскошна фарма од подарени расни кучиња! Од актуелната „крзнена дипломатија” вреди да се издвои австралиската дипломатска пракса кога добрите меѓународни, а посебно трговските договори кои Австралија ги склучува со други земји, се проследени со подарување коали, додека индонезиската дипломатија тоа го прави со подарување комодо-змејови, тајландската со подарување слонови, а малезиската со подарување орангутани. Но, ниту една друга држава, барем од втората половина на минатиот век до денес, не го прави тоа така умешно и толку успешно, како кинеската дипломатија со подарувањето панди! Иако во долгата кинеска историја постојат докази за подарување панди и во времињата на поранешните кинески династии, поимот панда-дипломатија е од понов датум и се поврзува со признавањето на Н.Р. Кина од страна на САД во 1979 година, во време на администрацијата на претседателот Ричард Никсон, со што завршува едно долго поглавје на студена војна меѓу двете држави. Имено, тогашниот генерален секретар на Кинеската комунистичка партија Денг Сијаопинг, го забележал воодушевувањето на сопругата на американскиот претседател при посетата на зоолошка градина во Пекинг и нејзината прва средба со големите кинески панди, при што одлучува, во нејзина чест, да испрати еден пар панди во САД. И пандите вистински почнуваат да ги одмрзнуваат, дотогаш замрзнатите американско-кинески односи, најпрво со менувањето на традиционалната перцепција на Американците за Кина, но и воопшто, перцепцијата на американското општество за комунистичките држави од истокот! Само првата година по доаѓањето на американската почва, преку милион посетители дошле да ги видат необично кротките и мили кинески панди, додека безгрижно се занимаваат со купишта бамбус околу нив! Тоа е време на пикот на Студената војна помеѓу Западот и Истокот, кога перцепцијата за големите комунистички држави, но пред сè, за Русија во западните општества, е сведена на страшна голема мечка, која ги пушта своите канџи кон помалите земји и претставува најголема опасност за западните интереси. Стравот од руската мечка е стар британски дипломатски трик од 19 век, во кој апетитите на империјална Русија за проширување, преку ослободување или освојување други земји, биле претставени како голема и страшна мечка која напаѓа незаштитени луѓе и запоседнува туѓи територии! За време на Студената војна, на Москва како да ѝ одговара западната перцепција за опасна и агресивна голема мечка, па не возвраќа со соодветен одговор на тоа, сè додека раководството во Кремљ не заклучува дека тој евтин трик, не им носи никаква полза и дека мораат да поработат на стекнување симпатии и наклонетост меѓу западната јавност. Страшната руска мечка од претставата за Русите помеѓу милиони Американци, Британци, Французи и Германци, почнува преку фини културно-дипломатски акции да се трансформира и да се облагородува и веќе во 70-тите години се популаризира „Мечето Ушко“ (од една и кај нас многу популарна полска цртана серија за деца), па слаткото мече Миша (или Мишко), претставено како маскота на Летните Олимписки игри одржани во Москва во 1980 година, но најмногу последниве години, преку убедливо најуспешната културно-дипломатска акција на руската дипломатија, планетарно популарната анимирана серија „Маша и Медо“, која има милијарди прегледи на интернет и е прикажувана на телевизиите на скоро сите светски меридијани. Кинезите, со нивната позната темелност и трпеливост во дипломатијата, токму во годините на големото кинеско трговско и економско отворање кон светот и токму преку своите најпознати мечки, се обидуваат да стекнат наклонетост и симпатии на општествата ширум светот, но најмногу во државите од нивен најголем економски и политички интерес! Кина многу добро знае дека на растот на нивната економска и воена моќ ќе се гледа како на голема закана, особено од американските власти, кои и таква слика за Кина ќе проектираат во американското општество - како заканувачка опасност што доаѓа од азискиот исток! Кинезите, исто така добро знаат дека голем дел од влијанието на Америка во светот доаѓа од маркетингот на културните производи, без разлика дали се работи за Холивуд, НБА или „Мекдоналдс“. Кинеската дипломатска игра со прекрасните панди, како и промоцијата на кинескиот олимпизам во спортот (подеднаков број освоени златни медали имаат и САД и Кина на последните ЛОИ во Париз!), се дел од нивната борба да развијат такво влијание во светот и засега тоа го прават совршено добро, по најдобрата американска формула за успех на тој план. Наместо приказната за застрашувачкиот хегемон кој ги загрозува западните вредности и продукти од азискиот исток, Кинезите на Американците и на светот, им ја продаваат својата приказна за пандите, како добродушни, мили, само за гушкање и за сакање создадени животни, преку кои Кина се обидува да му се претстави на светот како едно големо мирно семејство полно со солидарност, дисциплина и сигурност! Затоа се вели дека пандата е „сребрениот куршум“ на кинеската мека моќ, со кој успешно го совладува отпорот на западните општества кон сето она што како продукт доаѓа од Кина! Од своето основање во 1949 година, Народна Република Кина ја користи дипломатијата на пандите за да го подобри својот меѓународен имиџ, со подарување или позајмување панди на странски зоолошки градини - со пандите како своевидни амбасадори на добра волја. Поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг во 1957 година ја подарува пандата Пинг Пинг на тогашниот Советски Сојуз, во рамките на одбележувањето на 40-годишнината од Октомвриската револуција, апотребата од дополнително зајакнување на врските со тогашните социјалистички сојузниција тера Кина да испрати уште една панда во Советскиот Сојуз во 1959 година и уште пет во Северна Кореја, меѓу 1965 и 1980 година. Во 1972 година, Пекинг им ги подари пандите Линг Линг и Хсинг Хсинг на САД, по историската посета на претседателот Ричард Никсон, како знак за нормализирање на односите меѓу САД и Кина и означувањето на пресвртница во кинеската надворешна политика. Оттогаш и други земји, вклучувајќи ги Јапонија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Малезија, Финска, Русија, Австралија и Катар, исто така добиваа панди, во зависност од поволностите што кинеската економија ги добива од овие држави. Кинезите преку „панда диломатијата“ се обидуваат секогаш „да испратат многу јасни сигнали“! Ако одлучат да ги вратат пандите назад од одредена држава, тоа е сигурен знак дека постојат преголем број „жешки точки“ во нивните меѓусебни односи! Таков е случајот со САД последниве години, каде во моментов има само неколку панди во Атланта, кои до крајот на годината треба да и бидат вратени на Кина, а тоа најмногу заради затегнатите кинеско-американски дипломатски односи: санкциите наметнати од американската влада врз истакнати кинески граѓани и функционери; ограничувањата за увоз на кинески полупроводници; обвинувањата дека кинеското производство на „фентанил“ (опиоиден аналгетик) ги преплавува американските градови; сомнежите за кинеската сопственост на платформата TikTok и „метежот“ кој беше настанал на почетокот на минатата година, поради кинескиот балон што лебдеше над Америка. Но, во ноември минатата година, на маргините на Самитот за азиско-пацифичка економска соработка во Сан Франциско, кинескиот претседател Си Џинпинг изрази надеж дека неговата земја повторно ќе почне да испраќа панди во САД, откако тој и американскиот претседател Џозеф Бајден се сретнаа во Калифорнија, за прв пат по една годинаи ветија дека ќе се обидат да ги намалат тензиите. На свечената вечера со американските бизнис лидери, Си ги нарече овие прекрасни животни од семејството на мечки (со впечатливи црни кругови околу очите и обожувани ширум светот), „амбасадори на пријателството меѓу кинескиот и американскиот народ!“. Подарувањето и позајмувањето на пандитеникогаш не било случајно и по правило секогаш било придружено со склучување економски договори, меѓународни договори и поволни дипломатски ноти за Кина, посебно во однос на Тајван и Тибет. Во науката што се занимава со поимот панда-дипломатија се наведува дека пандата е национален симбол чиј карактер се рефлектира во „мирната“ надворешна политика на Кина, па така благодарејќи на пандите, Кина ќе може, истовремено, мирно да дефилира со својата моќна воена флота (веќе подеднакво моќна како американската!) покрај Алеутските острови, најблиску можно до блиските води на САД, но и да испраќа две џиновски панди кон Калифорнија, кон домот на Силиконската долина и Сан Франциско, моментално светски центри за развој на вештачката интелигенција. (Знае Кина точно каде треба, со помош на пандите, да се освојуваат срцата и умовите, и патем, да се отвораат железни порти за кинеската економија!) За да стане светски лидер во вештачката интелигенција до 2030 година, како што планира, на Кина ѝ требаат и таленти, но најмногу технолошко знаење, а зацртаните проекции на темелната и трпелива кинеска надворешна политика во блиска иднина, содржат и амбиции, Кина до 2035 година да стане најголем извозник на култура и да стане најголема спортска нација во светот. А до тогаш, уште многу панди ќе го обиколуваат светот, освојувајќи ги едноставно и лесно срцата и умовите на милиони луѓе, ширум светот! А најмногу, онаму, каде што Кина го посакува тоа!    

The post Кинеската панда-дипломатија appeared first on Република.

]]>
Спортска дипломатија како од насловна страница https://republika.mk/kolumni/sportska-diplomatija-kako-od-naslovna-stranitsa/ Mon, 12 Aug 2024 08:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=805692

Васко Шутаров

Оние на кои животното вјерују им е содржано во културата, знаат често да кажат дека токму културата би била идеална рамка и совршена илустрација за насловната страница на еден народ и на една држава. И така е добро да биде! Каков идеален би бил животот, ако на насловните страници би имало место само за културата и за културното?

Или колку идеално би било, ако културата го споделува тој скапоцен простор од насловните страници со спортот, на пример?! Таквите идеални денови во нашите животи, за жал, се ретки!

А маргинализирањата на културата и на спортот, ниту се од денес, ниту се од вчера - ниту ќе завршат утре! Ние што растевме со весници и со илустрирани списанија, патем и преку нив стекнувајќи го животното вјерују ( како величенствената моќ на играта во културата и во спортот знае да здушува и да воздигнува) и најдобро знаеме за стекнатата навика да ги листаме весниците од крајот, обично таму каде отсекогаш биле сместувани прилозите од спортот и од културата!

Денес, благодарејќи на модерната наука, подобро знаеме колкава е привлечната моќ што ја генерираат и спортот и културата и колку големо внимание и во меѓународната политика се посветува на она, што последниве три децении се нарекува мека моќ во меѓународните односи. Неброени трудови се напишани за тивката и ненаметлива моќ на културната дипломатија (која може да поместува планини и да руши граници!), но за жал, скоро сите се согласни дека таа најчесто е третирана како Пепелашка на која ù се оставаат сите важни домашни задачи, но, кога задачите носат успеси и на меѓународен план и треба да се прослават, неа најпрво ја забораваат! Потполно иста е ситуацијата со спортската дипломатија, која најчесто е третирана како храбро, убаво и успешно момче кое бескрајно многу ни треба, кога ги поместува границите на својата физичка издржливост и патем создава симпатии и обожување надвор од границите на државата, но после резултатите и успесите, политиката со него се однесува како со случајно најдено дете од улица, со кое не знае што точно треба да прави!

Културата и спортот во меѓународните односи создаваат посакувана перцепција за сопствената држава и народ, на наједноставен и најлесно разбирлив јазик на комуникација - тоа е перцепција околу која се врзуваат и симпатии и наклонетост, чувство на блискост и пријателство, на емоција, љубов и страст! Со други зборови, ни сто остварени победи во сто битки не значат толку, колку што значи една остварена победа без битка! Токму во тоа се состои предноста што ја има меката моќ пред тврдата моќ во меѓународните односи, или, предноста која културата и спортот може да ја имаат пред моќта на војската или пред булдожер-дипломатијата, на пример!
Еве неколку прашања кои сами од себе се наметнуваат, а секој од нас може легитимно да си ги постави. Можеме ли, на пример, да се сетиме на имињата на политичарите кои владееле со Бразил и со Аргентина, кога во зенитот на спортската слава биле кралевите во фудбалот, Пеле и Марадона?! Можеме ли да се сетиме кој беше на власт во Шведска, додека АББА беа најголема светска поп-атракција или кога во спортот доминираа Бјорн Борг, Матс Виландер, Стефан Едберг или Ингемар Стенмарк. Или кои беа гувернери на државите во САД, од каде потекнуваа, дури стекнуваа светска слава американските спортисти Карл Луис, Мајкл Џордан, Мохамед Али, Крис Еверт или Џон Мекинро?!

Дали денес некој би можел да се сети на поранешната ГДР (Германска Демократска Република), а првата асоцијација да не биде источно-германската доминација во речиси сите спортски дисциплини, од уметничкото лизгање и славната Катарина Вит, до светските рекордерки во пливање или атлетика, Корнелија Ендер или Марита Кох. Ние, кои живо се сеќаваме на времињата на комунистичките диктатури, нормално е дека лесно ќе се сетиме на владеењето на Николае Чаушеску во Романија, но денес, неколку децении потоа, кога не го спомнува веќе никој, насловни страници сè уште полни славната романска гимнастичарка од тоа време, Надја Команечи. Или да се прашаме, кој поранешен југословенски политичар ги отвори Зимските Олимписки игри, оние славните со „Вучко“ како маскота, од Сараево во 1984 година?!

Меката моќ во меѓународните односи, како нова модерна наука, сè уште нема развиено методологија преку која лесно би ја квантифицирала енергијата која е содржана во емоциите и во страстите кои ги продуцираат културата и спортот. Меката моќ и како редовна пракса на модерните држави, не може да се пофали дека има сигурни инструменти кои би ја евалуирале популарноста на спортските ѕвезди или ѕвездите од културата, во креирањето подобра перцепција или подобар имиџ за државите и за нивните влади.
И навистина, како да се измери привлечната моќ на една незаборавна музичка интерпретација, на некоја сцена од некој култен филм, на некоја позната реплика од популарна театарска претстава, на некој анимиран филм од нашето детство или на познато уметничко дело?! Или, како да се измери спортското воодушевувањето од некој дриблинг или од добар гол во фудбалот, од некоја тројка или од атрактивно забивање во кошарката или од некој волеј или од беспрекорен винер во тенисот?!

И како може, покрај таа огромна емпатија која се врзува со спортот и со културата, на некој моќник од високата политика или од големиот бизнис, да му биде толку многу мила, кога сето внимание и сета публика се свртени кон нешто што постојано бара од него, или пари или услуги?!
.................................................................................................
Периодично, спортот и спортската дипломатија успеваат потполно да ги исполнат насловните страници и тоа се обично долго очекувани временски циклуси во кои се случуваат Олимписки игри, светски и европски првенства, грен-слемови или американски Супер боул. Тогаш, обично целото вниманието на светската (и не само спортска јавност!) е окупирано од таквите врвни настани, кои се секогаш резултат на долготрајна, стратешки добро осмислена и до совршенство реализирана спортска и културно-дипломатска акција. Доволно би било, во овој контекст, само да се сетиме на спектаклите од отворањата и од затворањата на Олимписките игри, вистински ремек-дела осмислени од земјите-домаќини и нивните културни и спортски дипломатии. Процесот на добивање и организирање големи спортски настани, кои имаат голема спортска, но несомнена и културолошка димензија, може да вроди со плод, кога се вклучени сите структури на надворешната политика на една држава, но најмногу на спортската и на културната дипломатија.

Привлечната моќ на спортот и на големите спортски настани, популарноста на спортистите и на одредени спортови во одредени средини, но и исклучителната можност преку спортот да се промовира мирот и обединувањето на луѓето, без оглед на нивните етнички, верски или социјални разлики, покрај несомнените комерцијални ефекти, создава поволна политичка клима, спортската дипломатија да добива и самостојна исклучително важна функција во дипломатиите на многу земји. Франција и на овој план предничи пред другите држави, вклучувајќи го спортот како стратешки важна алатка во стратегијата за својата јавна и културна дипломатија а има и високо позиционирано службено лице, кое во синхронизација со сите останати служби на француската дипломатија, лобира Франција да биде домаќин на значајни спортски меганастани, француските претставници во меѓународните спортски организации, посебно во извршните органи да бидат секогаш влијателни и слушнати, покрај постојаната грижа францускиот јазик да биде рамноправно присутен на сите важни спортски настани, посебно на Олимписките игри.

САД и Австралија исто така имаат исклучително интересни спортски дипломатии, кои се остваруваат преку редовни програми на Стејт Департментот за размена и гостување на американски спортисти во бројни земји во светот или преку австралиското спортско влијание на островите во Пацификот. Зарем гостувањето на славниот американски кошаркар Денис Родман во приватни посети кај севернокорејскиот диктатор Ким Јон Ун, некој уште го смета, само како приватна работа на Денис и Ким?!

Во нам блиските држави од регионот, спортската дипломатија можеме да ја препознаеме како значајна алатка на официјалните дипломатии на Словенија, на Хрватска и посебно на соседна Србија. Словенците се активно вклучени во лобирање за организирање на важни зимски спортски настани, а преку организирање на светски првенства и купови во алпско скијање, само го потврдуваат брендот на европска сила во зимските спортови, ги промовираат своите туристички потенцијали и се позиционираат како забележителен промотор на европските вредности во регионот. Хрватска веднаш ја искористи популарноста стекната во историското финале на светското фудбалско првенство во 2018 година и успеа да ја вгради во промоцијата на сопствената туристичка понуда, како што тоа сигурно ќе го направи и со успехот на хрватските ватерполисти на последниве Олимписки игри!

Кога говориме за спортот како рамка и илустрација од насловната страница на една држава, најтипичен е српскиот пример! Новак Ѓоковиќ, несомнено најдобриот спортист на епохата во која живееме, успеа со својот вонсериски талент, неверојатната волја за победа и цврстиот ментален склоп да го оствари тоа, сам да ги украде насловните страници, пркосејќи им на немилосрдните правила на игра диктирани од центрите на финансиска и политичка моќ во спортот! Србија ги има и своите шампиони од екипните спортови, ватерполото и кошарката, чии успеси исто така ја имаат таа моќна енергија да ја хомогенизираат нацијата, мотивирајќи го она силно чувство на гордост и на припадност со секој нов спортски успех! А сето тоа заедно, на меѓународен план, високо ја позиционира Србија на спортската мапа на светот, како моќна спортска сила која заслужува респект од поголемите држави.

На Македонија исклучително многу ù треба токму тоа чувство на гордост, на здушеност и на возвишеност кои се врзуваат само со спортот и со успесите на своите спортисти! Ништо толку многу не успева како успехот - и ништо толку не нè обединува како спортскиот успех! На Македонија очајно многу ù недостигаат моментите на успеси во спортот, какви што ги имавме во кошарката во 2011 година, со машкиот ракомет во 2012 година или во женскиот ракомет во 2002 година, со европскиот трофеј на „Кометал Ѓорче Петров“!

Добрите примери на помали земји кои постојано се во врвот на одредени спортски дисциплини, само укажуваат на тоа, дека, не постојат невозможни мисии, туку дека добрата организација, постојаната волја за креирање добри можности и поткрепата на своите спортски таленти, мора да донесат успеси!

И секако, ургентно потребна е продорна спортска дипломатија која ќе умее да го расчистува патот до таквите спортски успеси, како и интегрирана дипломатска акција која и преку спортот ќе цели кон освојување на насловните страници на медиумските гласила во светот! Бидејќи, друга таква моќна инвестиција и друго такво моќно чувство на заедништво и на припадност, како со успехот во спортот - нема!

Се разбира, освен во културата!

The post Спортска дипломатија како од насловна страница appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Оние на кои животното вјерују им е содржано во културата, знаат често да кажат дека токму културата би била идеална рамка и совршена илустрација за насловната страница на еден народ и на една држава. И така е добро да биде! Каков идеален би бил животот, ако на насловните страници би имало место само за културата и за културното? Или колку идеално би било, ако културата го споделува тој скапоцен простор од насловните страници со спортот, на пример?! Таквите идеални денови во нашите животи, за жал, се ретки! А маргинализирањата на културата и на спортот, ниту се од денес, ниту се од вчера - ниту ќе завршат утре! Ние што растевме со весници и со илустрирани списанија, патем и преку нив стекнувајќи го животното вјерују ( како величенствената моќ на играта во културата и во спортот знае да здушува и да воздигнува) и најдобро знаеме за стекнатата навика да ги листаме весниците од крајот, обично таму каде отсекогаш биле сместувани прилозите од спортот и од културата! Денес, благодарејќи на модерната наука, подобро знаеме колкава е привлечната моќ што ја генерираат и спортот и културата и колку големо внимание и во меѓународната политика се посветува на она, што последниве три децении се нарекува мека моќ во меѓународните односи. Неброени трудови се напишани за тивката и ненаметлива моќ на културната дипломатија (која може да поместува планини и да руши граници!), но за жал, скоро сите се согласни дека таа најчесто е третирана како Пепелашка на која ù се оставаат сите важни домашни задачи, но, кога задачите носат успеси и на меѓународен план и треба да се прослават, неа најпрво ја забораваат! Потполно иста е ситуацијата со спортската дипломатија, која најчесто е третирана како храбро, убаво и успешно момче кое бескрајно многу ни треба, кога ги поместува границите на својата физичка издржливост и патем создава симпатии и обожување надвор од границите на државата, но после резултатите и успесите, политиката со него се однесува како со случајно најдено дете од улица, со кое не знае што точно треба да прави! Културата и спортот во меѓународните односи создаваат посакувана перцепција за сопствената држава и народ, на наједноставен и најлесно разбирлив јазик на комуникација - тоа е перцепција околу која се врзуваат и симпатии и наклонетост, чувство на блискост и пријателство, на емоција, љубов и страст! Со други зборови, ни сто остварени победи во сто битки не значат толку, колку што значи една остварена победа без битка! Токму во тоа се состои предноста што ја има меката моќ пред тврдата моќ во меѓународните односи, или, предноста која културата и спортот може да ја имаат пред моќта на војската или пред булдожер-дипломатијата, на пример! Еве неколку прашања кои сами од себе се наметнуваат, а секој од нас може легитимно да си ги постави. Можеме ли, на пример, да се сетиме на имињата на политичарите кои владееле со Бразил и со Аргентина, кога во зенитот на спортската слава биле кралевите во фудбалот, Пеле и Марадона?! Можеме ли да се сетиме кој беше на власт во Шведска, додека АББА беа најголема светска поп-атракција или кога во спортот доминираа Бјорн Борг, Матс Виландер, Стефан Едберг или Ингемар Стенмарк. Или кои беа гувернери на државите во САД, од каде потекнуваа, дури стекнуваа светска слава американските спортисти Карл Луис, Мајкл Џордан, Мохамед Али, Крис Еверт или Џон Мекинро?! Дали денес некој би можел да се сети на поранешната ГДР (Германска Демократска Република), а првата асоцијација да не биде источно-германската доминација во речиси сите спортски дисциплини, од уметничкото лизгање и славната Катарина Вит, до светските рекордерки во пливање или атлетика, Корнелија Ендер или Марита Кох. Ние, кои живо се сеќаваме на времињата на комунистичките диктатури, нормално е дека лесно ќе се сетиме на владеењето на Николае Чаушеску во Романија, но денес, неколку децении потоа, кога не го спомнува веќе никој, насловни страници сè уште полни славната романска гимнастичарка од тоа време, Надја Команечи. Или да се прашаме, кој поранешен југословенски политичар ги отвори Зимските Олимписки игри, оние славните со „Вучко“ како маскота, од Сараево во 1984 година?! Меката моќ во меѓународните односи, како нова модерна наука, сè уште нема развиено методологија преку која лесно би ја квантифицирала енергијата која е содржана во емоциите и во страстите кои ги продуцираат културата и спортот. Меката моќ и како редовна пракса на модерните држави, не може да се пофали дека има сигурни инструменти кои би ја евалуирале популарноста на спортските ѕвезди или ѕвездите од културата, во креирањето подобра перцепција или подобар имиџ за државите и за нивните влади. И навистина, како да се измери привлечната моќ на една незаборавна музичка интерпретација, на некоја сцена од некој култен филм, на некоја позната реплика од популарна театарска претстава, на некој анимиран филм од нашето детство или на познато уметничко дело?! Или, како да се измери спортското воодушевувањето од некој дриблинг или од добар гол во фудбалот, од некоја тројка или од атрактивно забивање во кошарката или од некој волеј или од беспрекорен винер во тенисот?! И како може, покрај таа огромна емпатија која се врзува со спортот и со културата, на некој моќник од високата политика или од големиот бизнис, да му биде толку многу мила, кога сето внимание и сета публика се свртени кон нешто што постојано бара од него, или пари или услуги?! ................................................................................................. Периодично, спортот и спортската дипломатија успеваат потполно да ги исполнат насловните страници и тоа се обично долго очекувани временски циклуси во кои се случуваат Олимписки игри, светски и европски првенства, грен-слемови или американски Супер боул. Тогаш, обично целото вниманието на светската (и не само спортска јавност!) е окупирано од таквите врвни настани, кои се секогаш резултат на долготрајна, стратешки добро осмислена и до совршенство реализирана спортска и културно-дипломатска акција. Доволно би било, во овој контекст, само да се сетиме на спектаклите од отворањата и од затворањата на Олимписките игри, вистински ремек-дела осмислени од земјите-домаќини и нивните културни и спортски дипломатии. Процесот на добивање и организирање големи спортски настани, кои имаат голема спортска, но несомнена и културолошка димензија, може да вроди со плод, кога се вклучени сите структури на надворешната политика на една држава, но најмногу на спортската и на културната дипломатија. Привлечната моќ на спортот и на големите спортски настани, популарноста на спортистите и на одредени спортови во одредени средини, но и исклучителната можност преку спортот да се промовира мирот и обединувањето на луѓето, без оглед на нивните етнички, верски или социјални разлики, покрај несомнените комерцијални ефекти, создава поволна политичка клима, спортската дипломатија да добива и самостојна исклучително важна функција во дипломатиите на многу земји. Франција и на овој план предничи пред другите држави, вклучувајќи го спортот како стратешки важна алатка во стратегијата за својата јавна и културна дипломатија а има и високо позиционирано службено лице, кое во синхронизација со сите останати служби на француската дипломатија, лобира Франција да биде домаќин на значајни спортски меганастани, француските претставници во меѓународните спортски организации, посебно во извршните органи да бидат секогаш влијателни и слушнати, покрај постојаната грижа францускиот јазик да биде рамноправно присутен на сите важни спортски настани, посебно на Олимписките игри. САД и Австралија исто така имаат исклучително интересни спортски дипломатии, кои се остваруваат преку редовни програми на Стејт Департментот за размена и гостување на американски спортисти во бројни земји во светот или преку австралиското спортско влијание на островите во Пацификот. Зарем гостувањето на славниот американски кошаркар Денис Родман во приватни посети кај севернокорејскиот диктатор Ким Јон Ун, некој уште го смета, само како приватна работа на Денис и Ким?! Во нам блиските држави од регионот, спортската дипломатија можеме да ја препознаеме како значајна алатка на официјалните дипломатии на Словенија, на Хрватска и посебно на соседна Србија. Словенците се активно вклучени во лобирање за организирање на важни зимски спортски настани, а преку организирање на светски првенства и купови во алпско скијање, само го потврдуваат брендот на европска сила во зимските спортови, ги промовираат своите туристички потенцијали и се позиционираат како забележителен промотор на европските вредности во регионот. Хрватска веднаш ја искористи популарноста стекната во историското финале на светското фудбалско првенство во 2018 година и успеа да ја вгради во промоцијата на сопствената туристичка понуда, како што тоа сигурно ќе го направи и со успехот на хрватските ватерполисти на последниве Олимписки игри! Кога говориме за спортот како рамка и илустрација од насловната страница на една држава, најтипичен е српскиот пример! Новак Ѓоковиќ, несомнено најдобриот спортист на епохата во која живееме, успеа со својот вонсериски талент, неверојатната волја за победа и цврстиот ментален склоп да го оствари тоа, сам да ги украде насловните страници, пркосејќи им на немилосрдните правила на игра диктирани од центрите на финансиска и политичка моќ во спортот! Србија ги има и своите шампиони од екипните спортови, ватерполото и кошарката, чии успеси исто така ја имаат таа моќна енергија да ја хомогенизираат нацијата, мотивирајќи го она силно чувство на гордост и на припадност со секој нов спортски успех! А сето тоа заедно, на меѓународен план, високо ја позиционира Србија на спортската мапа на светот, како моќна спортска сила која заслужува респект од поголемите држави. На Македонија исклучително многу ù треба токму тоа чувство на гордост, на здушеност и на возвишеност кои се врзуваат само со спортот и со успесите на своите спортисти! Ништо толку многу не успева како успехот - и ништо толку не нè обединува како спортскиот успех! На Македонија очајно многу ù недостигаат моментите на успеси во спортот, какви што ги имавме во кошарката во 2011 година, со машкиот ракомет во 2012 година или во женскиот ракомет во 2002 година, со европскиот трофеј на „Кометал Ѓорче Петров“! Добрите примери на помали земји кои постојано се во врвот на одредени спортски дисциплини, само укажуваат на тоа, дека, не постојат невозможни мисии, туку дека добрата организација, постојаната волја за креирање добри можности и поткрепата на своите спортски таленти, мора да донесат успеси! И секако, ургентно потребна е продорна спортска дипломатија која ќе умее да го расчистува патот до таквите спортски успеси, како и интегрирана дипломатска акција која и преку спортот ќе цели кон освојување на насловните страници на медиумските гласила во светот! Бидејќи, друга таква моќна инвестиција и друго такво моќно чувство на заедништво и на припадност, како со успехот во спортот - нема! Се разбира, освен во културата!

The post Спортска дипломатија како од насловна страница appeared first on Република.

]]>
Уште една француска лекција од културната дипломатија https://republika.mk/kolumni/ushte-edna-frantsuska-lektsija-od-kulturnata-diplomatija/ Mon, 29 Jul 2024 07:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=801196

Васко Шутаров

Во 1783 година едно научно откритие на двајца француски производители на хартија, балонот на браќата Монголфие, се извишува над дворецот Версај во Париз! Чудото кое може да лета, летечкиот балон кој полни осум минути поминува на висина од 450 метри, од дворецот го следат францускиот крал Луј XVI и кралицата Марија Антоанета, со целата кралска свита, но, за првпат и огромна маса од преку 300.000 луѓе, кои никогаш порано не можеле да ѕирнат зад ѕидините на кралскиот двор и да бидат дел од кралските спектакли и забави.

Настанот го препородува „природниот и свет тек“ на јавните спектакли во Франција, затоа што надвор од рамките на старите декори на кралскиот режим, не било ни замисливо дека можат да бидат прикажувани спектакли и забави. Издигнувањето на балонот над Версај, било категорично нарушување на затворениот и контролиран дворски протокол. Сo тоa „летечко шоу“, официјалната кралска академија на науките го отвора патот кон јавниот спектакл, достапен за широката публика. Небесно синиот балон облепен со златни цветови бил визуелна сопственост на секој еден од насобраната маса народ! Затворениот протокол и кодекс на однесување на дворот на Луј XVI е поразен од ослободениот вид на општествениот јавен ритуал, во кој повеќе не било можно да се зачува хиерархијата на кралскиот протокол!

Точно 241 години потоа, цел Париз станува отворена сцена, а како финале на едно спектакуларно отворање на 33. Летни олимписки игри во 2024 година, од паркот „Тилјери“ полетува еден сосем поинаков, летечки огнен балон, дело на францускиот дизајнер Матје Леанер. Преку 300.000 луѓе, насобрани на двата брега на реката Сена, но и преку 3 милијарди гледачи пред малите екрани, стануваат учесници и сведоци на уште еден исклучителен спектакл, во кој огнениот летечки балон станува визуелна сопственост на секого! А, нели нема ништо случајно ни во летечките балони, ни во огновите, ни во освојувањата на срцата, посебно кога се во француска режија.

Од историски аспект, со балонот на браќата Монголфие се сруши стариот, езотеричен круг на политички предодредени персони, кои во современиов свет на 21 век мора да мислат за тоа, како да управуваат со процесите на сознајно култивирање на перцепциите, со цел стекнување на определени позиции и заштита на сопствените интереси. Тој начин на управување со перцепциите, денес се нарекува јавна и културна дипломатија, позната во политичкиот речник и како мека моќ во меѓународните односи, како борба за стекнување на јавното мислење, не само во домашната јавност, туку најмногу, и пред сè, меѓу странската публика. Тој начин на управување со перцепциите (и со емоциите!), сè повеќе претпоставува вклучување на секого и на сите во тие процеси, а Французите го демонстрираа вистинскиот начин како ќе се прави тоа во иднина! И токму со отворањето на Игрите, го покажаа начинот како надвор од трибините на стадионите (вообичаено со ограничен број привилегирани гледачи кои можат да си дозволат влезници!), може да се случи тотално податлив спектакл за секого, достапен и опиплив за сите подеднакво, покрај бреговите на Сена или покрај париските знаменитости кои до една, беа ставени во функција на спектаклот.

Цел свет денес им го признава на Французите пионерството во практикувањето на јавната и културната дипломатија! Чинот на пуштањето на балонот на браќата Монголфие во воздух, денес многумина го сметаат за прва културно-дипломатска акција во светот, а симболичното пуштање на огнениот (електронски!) олимписки балон на отворањето на Олимписките игри, само го потврдува француското пледирање да останат на нивото на најдобри и неприкосновени, кога се во прашање јавната и културната дипломатија!

И првото организирано практикување на културната дипломатија е изум на Французите, и тоа уште при крајот на 19 век, како идеја која набргу станува стварност и преку која, само со француската уметност, култура, јазик, мода, храна и вино продолжија да бидат доминантно влијателни во своите поранешни колонии - и без дополнителни трошоци за администрација, полиција и војска! Првиот Француски културен центар е отворен уште во 1907 година во Фиренца, а еден век подоцна, во 2007 година, Франција има убедливо најсилно разгранета мрежа од културни институти и центри низ светот. Франција е и светска водечка сила со вложувањата во својата културна дипломатија, според финансиските одвојувања по глава на жител.

...................................................................................
Франција е пионер и единствен пример за брендирање во светската историја. Начинот за национално брендирање што го познаваме денес, всушност, започнува со Француската револуција од 1789 година. Французите, први во светот започнуваат со стратешки осмислено национално и државно брендирање и така брендирани се пет француски републики, две француски империи и четири француски кралства! Тоа и денес претставува фасцинантен пример за проучување, како создавањето и зацврстувањето на идентитетите преку ребрендирање, може да има исклучително големо влијание во утврдувањето на внатрешниот легитимитет на државата, одржувањето на власта и влијанието врз нивните соседи.

Во кралството на Бурбоните никој не бил пославен и поголем автократ од Кралот на Сонцето, Луј 14, а дворецот Версај бил подигнат како физичко отелотворување на таквата апсолутна власт. Потоа, во 1789 г. доаѓа и првата и најзначајна револуција - Буржоаската револуција! Не само што било прогонето и раселено традиционалното благородништво, погубено кралското семејство, прогласена Републиката, осудена религијата и свртен на глава целиот општествен и културен систем, туку бил сменет секој, и најмал детаљ, од дотогашниот француски бренд! Тробојката, која и денес останува симбол на Франција, го заменила дотогашниот симбол - традиционалниот ирисов цвет. Марсељезата, која ја слушавме и во перформансот на отворањето на Олимписките игри, станува државна химна, традиционалните мерки биле заменети со метричкиот систем и бил воведен нов календар - и сето тоа било извезувано, преку воени триумфи, низ цела Европа! Франција потполно свесно и со сите расположиви ресурси јавно се ребрендирала и била првата нација што тргнала по курсот на државничка и национална самосвесност! Ова имало силно влијание во цела Европа!

Само неколку години подоцна, се случува уште едно ребрендирање. Генералот Наполеон Бонапарта се прогласува за прв конзул, а потоа за император! Империјата била сосема нов, а со тоа и туѓ концепт за Франција. Наполеон се крунисува за цар и воведува нови титули, ритуали, униформи, почести и одликувања, како и нов правен и образовен систем што бил извезуван во сите новоосвоени земји. Правниот код на Наполеон се задржал и денес во правната структура на голем дел од европските земји. За време на Наполеон цела Европа била ребрендирана, а за таа цел му служеле скоро сите тогаш познати француски уметници. Оттогаш, ребрендирањето на Франција се случува и често, а понекогаш кога баш морало - и насилно!

До појавувањето на Третата Република, по поразот на Наполеон Трети во Прусија, француските политичари стануваат светски специјалисти за брендирање и ребрендирање на својата нација и држава. Третата Република се распаѓа со поразот во 1940 година и е заменета со Вишиевата Франција на маршалот Филип Петен. За време на овој неславен режим, кој потесно соработувал со Хитлеровиот во Германија, Франција повторно е ребрендирана, а старата добро позната републиканска парола liberte-egalite-raternite (слобода-еднаквост-братство) е заменета со travail-famille-patrie (работа-семејство-татковина). Иако на тој режим денес се гледа како на понижувачки и срамен период во француската историја, несомнено тој бил уште еден национален бренд, кој за кратко време имал своја популарна, политичка, културна и општествена идеологија.

Потоа доаѓа Четвртата република (1946-1958 година), а набргу и Петтата (Де Голова), која како претседателски режим уште трае - и ако го издржи налетот на новите политички преструктурирања и прегрупирања во актуелниот политички пејзаж на Франција, по четири години ќе стане најдолголетна политичка и културна реинкарнација во француската историја. Го наведувам примерот на Франција затоа што, веројатно, таа од сите земји на светот, имала најголемо влијание во ребрендирањето на другите нации, па дури и денес, со сите можни политички непознаници околу формирањето на идната влада, Франција се обединува за да му ги покаже на светот вредностите околу кои ќе биде Европа обединета во иднина - им се допаѓало тоа на другите, или не?!

Денес, националното брендирање е на агендата на сите држави во светот, а националните приказни се како своевидна бесценета национална валута! Во светот на традиционалната политичка моќ, многу типична и нормална беше приказната за тоа чија војска или чија економија ќе победат! Во денешнов комуникациски поврзан свет, главното прашање се сведува на тоа: „Чија приказна ќе победи“? Владите се натпреваруваат меѓусебно за убедлива веродостојност на својата приказна и за ослабнување на веродостојноста на приказните на своите конкуренти!

Угледот отсекогаш бил важен чинител во политиката, но во денешниов миг, веродостојноста станува клучна категорија и заради феноменот на модерново време, наречено „парадокс на мноштвото“. Кога имате толку бројни информации, вниманието станува денес, толку редок, вреден и значаен ресурс! Колку е вреден тој ресурс денес, можеме да заклучиме според тоа, колку контроверзи и силно спротивставени коментари испровоцираа Французите како домаќини на последниве Олимписки игри! И со тоа, повторно ја постигнаа целта-комплетно го окупираа севкупното светско внимание, со една типична за нив, сосем веродостојна француска приказна!

Сето она што ја чини комплексната и мултидимензионална перцепција за Франција во светот, сите нејзини политички системи и режими (како и ребрендирањата што ги следеа), преку неповторливиот архитектонски пејзаж на Париз - Градот на светлината (и на мракот, ако некој така милува да го доживува!), преку најпрепознатливото во музиката, посебно во операта и шансоната („Химната на љубовта“ од висините на Ајфеловата кула, донесена од Селин Дион) преку танцот и славните кабареа (со Лејди Гага како главна ведета), па преку светските врвови на книжевноста, дизајнот и високата мода, преку шикот и шокот измислени исто така во Франција, па преку новото, футуристичко што го носи времето, (холограмите и вештачката интелигенција) - сето тоа заедно, беше ставено во функција на спектаклот по повод отворањето на Летните олимписки игри! Патем, Французите не ја пропуштија шансата повторно да се наметнат како бренд, во кој покрај паролите за слободата, еднаквоста и братството, подеднакво ќе бидат почитувани правата на различностите, еднаквоста на различностите и солидарноста! И Французите го направија тоа, на само ним својствен начин, потполно свесни дека нема да им се допаднат на сите, но само големите можат да си дозволат и одобрување и воодушеувување, но подеднакво и негодување и многу плукање!

А чија приказна ќе победи, на најголемата спортска манифестација годинава, на која уште би требало да важи славната мисла на таткото на модерните Олимписки игри, Французинот, Пјер де Кубертен, дека најважно е да се учествува! Иако реално, на спортските терени, секоја нација, секоја држава и секој учесник отсекогаш согорувале до последен атом сила, за да победат и да ги осетат сласта и престижот на олимписките победи! Како што за тој престиж во блоковски поделениот свет, едно време гладијаторски се бореа спортистите од Западот и од комунистичкиот Исток, исто како што денес, за истиот престиж не помалку гладијаторски ќе се борат спортистите од САД и од Н.Р. Кина.

А во меѓувреме, Франција и преку спортскиот спектакл на годината, со својата новораскажана, веродостојна и креативна приказна за себе, победи! Најстарата културна дипломатија во светот, знае најдобро како се прави тоа!

The post Уште една француска лекција од културната дипломатија appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Во 1783 година едно научно откритие на двајца француски производители на хартија, балонот на браќата Монголфие, се извишува над дворецот Версај во Париз! Чудото кое може да лета, летечкиот балон кој полни осум минути поминува на висина од 450 метри, од дворецот го следат францускиот крал Луј XVI и кралицата Марија Антоанета, со целата кралска свита, но, за првпат и огромна маса од преку 300.000 луѓе, кои никогаш порано не можеле да ѕирнат зад ѕидините на кралскиот двор и да бидат дел од кралските спектакли и забави. Настанот го препородува „природниот и свет тек“ на јавните спектакли во Франција, затоа што надвор од рамките на старите декори на кралскиот режим, не било ни замисливо дека можат да бидат прикажувани спектакли и забави. Издигнувањето на балонот над Версај, било категорично нарушување на затворениот и контролиран дворски протокол. Сo тоa „летечко шоу“, официјалната кралска академија на науките го отвора патот кон јавниот спектакл, достапен за широката публика. Небесно синиот балон облепен со златни цветови бил визуелна сопственост на секој еден од насобраната маса народ! Затворениот протокол и кодекс на однесување на дворот на Луј XVI е поразен од ослободениот вид на општествениот јавен ритуал, во кој повеќе не било можно да се зачува хиерархијата на кралскиот протокол! Точно 241 години потоа, цел Париз станува отворена сцена, а како финале на едно спектакуларно отворање на 33. Летни олимписки игри во 2024 година, од паркот „Тилјери“ полетува еден сосем поинаков, летечки огнен балон, дело на францускиот дизајнер Матје Леанер. Преку 300.000 луѓе, насобрани на двата брега на реката Сена, но и преку 3 милијарди гледачи пред малите екрани, стануваат учесници и сведоци на уште еден исклучителен спектакл, во кој огнениот летечки балон станува визуелна сопственост на секого! А, нели нема ништо случајно ни во летечките балони, ни во огновите, ни во освојувањата на срцата, посебно кога се во француска режија. Од историски аспект, со балонот на браќата Монголфие се сруши стариот, езотеричен круг на политички предодредени персони, кои во современиов свет на 21 век мора да мислат за тоа, како да управуваат со процесите на сознајно култивирање на перцепциите, со цел стекнување на определени позиции и заштита на сопствените интереси. Тој начин на управување со перцепциите, денес се нарекува јавна и културна дипломатија, позната во политичкиот речник и како мека моќ во меѓународните односи, како борба за стекнување на јавното мислење, не само во домашната јавност, туку најмногу, и пред сè, меѓу странската публика. Тој начин на управување со перцепциите (и со емоциите!), сè повеќе претпоставува вклучување на секого и на сите во тие процеси, а Французите го демонстрираа вистинскиот начин како ќе се прави тоа во иднина! И токму со отворањето на Игрите, го покажаа начинот како надвор од трибините на стадионите (вообичаено со ограничен број привилегирани гледачи кои можат да си дозволат влезници!), може да се случи тотално податлив спектакл за секого, достапен и опиплив за сите подеднакво, покрај бреговите на Сена или покрај париските знаменитости кои до една, беа ставени во функција на спектаклот. Цел свет денес им го признава на Французите пионерството во практикувањето на јавната и културната дипломатија! Чинот на пуштањето на балонот на браќата Монголфие во воздух, денес многумина го сметаат за прва културно-дипломатска акција во светот, а симболичното пуштање на огнениот (електронски!) олимписки балон на отворањето на Олимписките игри, само го потврдува француското пледирање да останат на нивото на најдобри и неприкосновени, кога се во прашање јавната и културната дипломатија! И првото организирано практикување на културната дипломатија е изум на Французите, и тоа уште при крајот на 19 век, како идеја која набргу станува стварност и преку која, само со француската уметност, култура, јазик, мода, храна и вино продолжија да бидат доминантно влијателни во своите поранешни колонии - и без дополнителни трошоци за администрација, полиција и војска! Првиот Француски културен центар е отворен уште во 1907 година во Фиренца, а еден век подоцна, во 2007 година, Франција има убедливо најсилно разгранета мрежа од културни институти и центри низ светот. Франција е и светска водечка сила со вложувањата во својата културна дипломатија, според финансиските одвојувања по глава на жител. ................................................................................... Франција е пионер и единствен пример за брендирање во светската историја. Начинот за национално брендирање што го познаваме денес, всушност, започнува со Француската револуција од 1789 година. Французите, први во светот започнуваат со стратешки осмислено национално и државно брендирање и така брендирани се пет француски републики, две француски империи и четири француски кралства! Тоа и денес претставува фасцинантен пример за проучување, како создавањето и зацврстувањето на идентитетите преку ребрендирање, може да има исклучително големо влијание во утврдувањето на внатрешниот легитимитет на државата, одржувањето на власта и влијанието врз нивните соседи. Во кралството на Бурбоните никој не бил пославен и поголем автократ од Кралот на Сонцето, Луј 14, а дворецот Версај бил подигнат како физичко отелотворување на таквата апсолутна власт. Потоа, во 1789 г. доаѓа и првата и најзначајна револуција - Буржоаската револуција! Не само што било прогонето и раселено традиционалното благородништво, погубено кралското семејство, прогласена Републиката, осудена религијата и свртен на глава целиот општествен и културен систем, туку бил сменет секој, и најмал детаљ, од дотогашниот француски бренд! Тробојката, која и денес останува симбол на Франција, го заменила дотогашниот симбол - традиционалниот ирисов цвет. Марсељезата, која ја слушавме и во перформансот на отворањето на Олимписките игри, станува државна химна, традиционалните мерки биле заменети со метричкиот систем и бил воведен нов календар - и сето тоа било извезувано, преку воени триумфи, низ цела Европа! Франција потполно свесно и со сите расположиви ресурси јавно се ребрендирала и била првата нација што тргнала по курсот на државничка и национална самосвесност! Ова имало силно влијание во цела Европа! Само неколку години подоцна, се случува уште едно ребрендирање. Генералот Наполеон Бонапарта се прогласува за прв конзул, а потоа за император! Империјата била сосема нов, а со тоа и туѓ концепт за Франција. Наполеон се крунисува за цар и воведува нови титули, ритуали, униформи, почести и одликувања, како и нов правен и образовен систем што бил извезуван во сите новоосвоени земји. Правниот код на Наполеон се задржал и денес во правната структура на голем дел од европските земји. За време на Наполеон цела Европа била ребрендирана, а за таа цел му служеле скоро сите тогаш познати француски уметници. Оттогаш, ребрендирањето на Франција се случува и често, а понекогаш кога баш морало - и насилно! До појавувањето на Третата Република, по поразот на Наполеон Трети во Прусија, француските политичари стануваат светски специјалисти за брендирање и ребрендирање на својата нација и држава. Третата Република се распаѓа со поразот во 1940 година и е заменета со Вишиевата Франција на маршалот Филип Петен. За време на овој неславен режим, кој потесно соработувал со Хитлеровиот во Германија, Франција повторно е ребрендирана, а старата добро позната републиканска парола liberte-egalite-raternite (слобода-еднаквост-братство) е заменета со travail-famille-patrie (работа-семејство-татковина). Иако на тој режим денес се гледа како на понижувачки и срамен период во француската историја, несомнено тој бил уште еден национален бренд, кој за кратко време имал своја популарна, политичка, културна и општествена идеологија. Потоа доаѓа Четвртата република (1946-1958 година), а набргу и Петтата (Де Голова), која како претседателски режим уште трае - и ако го издржи налетот на новите политички преструктурирања и прегрупирања во актуелниот политички пејзаж на Франција, по четири години ќе стане најдолголетна политичка и културна реинкарнација во француската историја. Го наведувам примерот на Франција затоа што, веројатно, таа од сите земји на светот, имала најголемо влијание во ребрендирањето на другите нации, па дури и денес, со сите можни политички непознаници околу формирањето на идната влада, Франција се обединува за да му ги покаже на светот вредностите околу кои ќе биде Европа обединета во иднина - им се допаѓало тоа на другите, или не?! Денес, националното брендирање е на агендата на сите држави во светот, а националните приказни се како своевидна бесценета национална валута! Во светот на традиционалната политичка моќ, многу типична и нормална беше приказната за тоа чија војска или чија економија ќе победат! Во денешнов комуникациски поврзан свет, главното прашање се сведува на тоа: „Чија приказна ќе победи“? Владите се натпреваруваат меѓусебно за убедлива веродостојност на својата приказна и за ослабнување на веродостојноста на приказните на своите конкуренти! Угледот отсекогаш бил важен чинител во политиката, но во денешниов миг, веродостојноста станува клучна категорија и заради феноменот на модерново време, наречено „парадокс на мноштвото“. Кога имате толку бројни информации, вниманието станува денес, толку редок, вреден и значаен ресурс! Колку е вреден тој ресурс денес, можеме да заклучиме според тоа, колку контроверзи и силно спротивставени коментари испровоцираа Французите како домаќини на последниве Олимписки игри! И со тоа, повторно ја постигнаа целта-комплетно го окупираа севкупното светско внимание, со една типична за нив, сосем веродостојна француска приказна! Сето она што ја чини комплексната и мултидимензионална перцепција за Франција во светот, сите нејзини политички системи и режими (како и ребрендирањата што ги следеа), преку неповторливиот архитектонски пејзаж на Париз - Градот на светлината (и на мракот, ако некој така милува да го доживува!), преку најпрепознатливото во музиката, посебно во операта и шансоната („Химната на љубовта“ од висините на Ајфеловата кула, донесена од Селин Дион) преку танцот и славните кабареа (со Лејди Гага како главна ведета), па преку светските врвови на книжевноста, дизајнот и високата мода, преку шикот и шокот измислени исто така во Франција, па преку новото, футуристичко што го носи времето, (холограмите и вештачката интелигенција) - сето тоа заедно, беше ставено во функција на спектаклот по повод отворањето на Летните олимписки игри! Патем, Французите не ја пропуштија шансата повторно да се наметнат како бренд, во кој покрај паролите за слободата, еднаквоста и братството, подеднакво ќе бидат почитувани правата на различностите, еднаквоста на различностите и солидарноста! И Французите го направија тоа, на само ним својствен начин, потполно свесни дека нема да им се допаднат на сите, но само големите можат да си дозволат и одобрување и воодушеувување, но подеднакво и негодување и многу плукање! А чија приказна ќе победи, на најголемата спортска манифестација годинава, на која уште би требало да важи славната мисла на таткото на модерните Олимписки игри, Французинот, Пјер де Кубертен, дека најважно е да се учествува! Иако реално, на спортските терени, секоја нација, секоја држава и секој учесник отсекогаш согорувале до последен атом сила, за да победат и да ги осетат сласта и престижот на олимписките победи! Како што за тој престиж во блоковски поделениот свет, едно време гладијаторски се бореа спортистите од Западот и од комунистичкиот Исток, исто како што денес, за истиот престиж не помалку гладијаторски ќе се борат спортистите од САД и од Н.Р. Кина. А во меѓувреме, Франција и преку спортскиот спектакл на годината, со својата новораскажана, веродостојна и креативна приказна за себе, победи! Најстарата културна дипломатија во светот, знае најдобро како се прави тоа!

The post Уште една француска лекција од културната дипломатија appeared first on Република.

]]>
Васко Шутаров директор на КИЦ на Македонија во Белрад, Ратајкоски од МТВ во Истанбул https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-shutarov-direktot-na-kits-na-makedonija-vo-belrad-ratajkoski-od-mtv-vo-istanbul/ Fri, 05 Jul 2024 14:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=793856

Владата на Република Македонија на денешната трета седница донела одлука за именување нови кадри и разрешување од должност на национални координатори.

Во однос на нови именувања во државните институции, соопшти владината прес-служба, на седницата е донесена одлука за назначување на Васе Анакиев ва вршител на должноста директор на Државниот инспекторатот за земјоделство.

Весела Честоева, се именува за вршител на должноста директор на Управата за заштита на културното наследство.

Иван Живковски се именува за в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Данијел Апостолоски се избира за управител на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска Сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје.

Владата го именува Амет Зибери за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, а Даут Мемеши за в.д. директор на Бирото за регионален развој.

Рефик Џемаили се именува за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, додека Александар Донев се именува за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем.

Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Македонија во Истанбул, Република Турција.

Мими Ѓоргоска Илиевска, пак на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Македонија во Загреб, Република Хрватска.

На предлог на министерот за култура, како што се наведува во соопштението, Васко Шутаров,  се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Македонија во Белград, Република Србија.

Владата ги разреши националните координатори Владимир Пивоваров од должноста в.д. координатор на Националниот координативен центар за гранично управување, Неби Бејадин се разрешува од должноста в.д. заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување, а Борче Мирчески се разрешува од должноста в.д. Национален координатор за медијација.

На владината седница Фатмир Ејупи е разрешен од должноста Национален координатор за социјална заштита и процес на деинституционализација, Бедри Бехадини се разрешува од должноста Национален координатор за информатика и енергетика, Фатон Асани се разрешува од должноста Национален координатор за соработка со дијаспора, додека Рамадан Рамадани се разрешува од должноста Национален координатор за кохезија.

Во соопштението се додава дека Владимир Симоновски се разрешува од должноста Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија, Златко Апостолоски се разрешува од должноста Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Џеладин Тефик Ајвази се разрешува од должноста заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам, а Златко Арсов се разрешува од должноста заменик национален координатор за борба против тероризам.

Роберт Алаѓозовски денеска е разрешен од должноста Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Магбуле Амети се разрешува од должноста Национален координатор за здравство, Маја Мосјова Мијовска, на предлог на министерот за здравство се разрешува од должноста Национален координатор за трансплантација, а Билјана Андоновска се разрешува од должноста заменик на националниот координатор за трансплантација.

На седницата на Влада била донесена одлука со која се направила пренамена во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година со која се обезбедуваат преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 600 милиони денари за дополнителни директни плаќања за земјоделците за растително и сточарско производство кои до сега биле неисплатени.

Донесена е и одлука со која Министерството за транспорт и врски согласно програмата за капитални инвестиции става на располагање 6 милиони денари на општината Ѓорче Петров за изградба и реконструкција на патна инфраструктура.

The post Васко Шутаров директор на КИЦ на Македонија во Белрад, Ратајкоски од МТВ во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната трета седница донела одлука за именување нови кадри и разрешување од должност на национални координатори. Во однос на нови именувања во државните институции, соопшти владината прес-служба, на седницата е донесена одлука за назначување на Васе Анакиев ва вршител на должноста директор на Државниот инспекторатот за земјоделство. Весела Честоева, се именува за вршител на должноста директор на Управата за заштита на културното наследство. Иван Живковски се именува за в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Данијел Апостолоски се избира за управител на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска Сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје. Владата го именува Амет Зибери за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, а Даут Мемеши за в.д. директор на Бирото за регионален развој. Рефик Џемаили се именува за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, додека Александар Донев се именува за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем. Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Македонија во Истанбул, Република Турција. Мими Ѓоргоска Илиевска, пак на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Македонија во Загреб, Република Хрватска. На предлог на министерот за култура, како што се наведува во соопштението, Васко Шутаров,  се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Македонија во Белград, Република Србија. Владата ги разреши националните координатори Владимир Пивоваров од должноста в.д. координатор на Националниот координативен центар за гранично управување, Неби Бејадин се разрешува од должноста в.д. заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување, а Борче Мирчески се разрешува од должноста в.д. Национален координатор за медијација. На владината седница Фатмир Ејупи е разрешен од должноста Национален координатор за социјална заштита и процес на деинституционализација, Бедри Бехадини се разрешува од должноста Национален координатор за информатика и енергетика, Фатон Асани се разрешува од должноста Национален координатор за соработка со дијаспора, додека Рамадан Рамадани се разрешува од должноста Национален координатор за кохезија. Во соопштението се додава дека Владимир Симоновски се разрешува од должноста Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија, Златко Апостолоски се разрешува од должноста Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Џеладин Тефик Ајвази се разрешува од должноста заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам, а Златко Арсов се разрешува од должноста заменик национален координатор за борба против тероризам. Роберт Алаѓозовски денеска е разрешен од должноста Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Магбуле Амети се разрешува од должноста Национален координатор за здравство, Маја Мосјова Мијовска, на предлог на министерот за здравство се разрешува од должноста Национален координатор за трансплантација, а Билјана Андоновска се разрешува од должноста заменик на националниот координатор за трансплантација. На седницата на Влада била донесена одлука со која се направила пренамена во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година со која се обезбедуваат преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 600 милиони денари за дополнителни директни плаќања за земјоделците за растително и сточарско производство кои до сега биле неисплатени. Донесена е и одлука со која Министерството за транспорт и врски согласно програмата за капитални инвестиции става на располагање 6 милиони денари на општината Ѓорче Петров за изградба и реконструкција на патна инфраструктура.

The post Васко Шутаров директор на КИЦ на Македонија во Белрад, Ратајкоски од МТВ во Истанбул appeared first on Република.

]]>
СВЕТО ТРОЈСТВО НА ПОЛИТИЧКАТА ИГРА – ПРАВИЛО, ПРОЦЕДУРА И ПРОТОКОЛ https://republika.mk/kolumni/sveto-trojstvo-na-politichkata-igra-pravilo-protsedura-i-protokol/ Sat, 29 Jun 2024 12:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=791823

Васко Шутаров

Неверојатно тешко е во моментов да се најде некој што не се разбира од фудбал и од политика! Најважната споредна работа на светот, за време на Европското првенство во фудбал, уште еднаш на површина го исфрли фактот дека кај нас секој се разбира од фудбал и дека секој е во право кога ќе се разгори дискусија за фудбал! Впрочем, исто како и со политиката! Просто невозможна мисија е да се седне со некого на маса и да не се разгори муабет за политика - небаре малку ни беше скоро двомесечната политичка кампања и небаре нашите животи без политика губат секаква смисла! Факт е дека овде, секој се разбира од политика и од фудбал и дека секој има право на апсолутна вистина кога се во прашање овие две најважни (и ни случајно споредни!) работи во светот!
И навистина, има ли поголема емоционална инвестиција од онаа која се вложува во политиката и во фудбалот?! Постои ли друго подрачје од животот во кое се разгорува толку многу страст, како во политиката и во фудбалот и има ли помоќна енергија од онаа која кружи помеѓу актерите во фудбалската и во политичката игра од една страна и фудбалските навивачи и политичките поддржувачи од друга страна?!

Несомнено, борбата и играта кои и ден денешен од модерниве фудбалски терени и актуелниве политички арени провоцираат толку моќни емоции и страст, заедно со манифестациите „за леб и игри“, се стари колку што е стар човековиот род и отсекогаш го раздвижувале и го завладувале светот! Римјаните во екот на својата најголема империјална моќ, откако преку борба и игри го покориле најголемиот дел од тогашниот познат свет, ги понудиле и манифестациите за леб, вино и игри, не заради најубавото, бесценетото и бесплатното што играта го буди и провоцира како енергија во човекот, туку заради заштитата на моќта, славата и богатството кои отсекогаш биле посилното тројство во вечните борби и игри помеѓу емоцијата и разумот, како на лично и на индивидуално ниво, така и на ниво на заедници и на колективитети!

Кој владее со играта, тој владее и со светот - тоа е сентенца што не изгубила ништо од важноста и денес, кога никој во живо не комуницира со латинскиот јазик! А, да се владее со играта и преку играта со светот, неопходно потребни се правила на игра, принципи, процедури и протоколи, кои се исто така дел од играта - тоа дело е создадено во подемот на некогашната најголема светска империја. Римската империја владеела со светот и преку принципи и правила, процедури и протоколи кои како победник ги наметнувала секаде каде се простирала нејзината власт, од Рим до најдалечените провинции!

На најголемите умови од најславните денови на Римската империја им било сосема јасно дека играта и борбата, без правна, процедурална или протоколарна регулација, можат да разгорат гола борба на живот и на смрт, во која разбудената страст, може со леснотија да уништи и збрише сè пред себе! Најдобрите години на политичка стабилност и економски, трговски и културен просперитет се токму и годините во кои во империјата царуваат и јасно воспоставените правила на игра, принципи и процедури кои и денес ги именуваме како време на „римски мир“, популарно наречено, Pax Romana!

„Принципите и правилата се измислени и постојат за да се рушат“, е исто така римска сентенца од времето кога империјата почнала да пропаѓа и да ги крши токму принципите и правилата на политичката и сите останати општествено дозволени игри, кои сама ги креирала и наметнала - тоа и ден денешен, треба секогаш да биде поука кога разбудените емоции и страст во борбата и игрите за моќ, слава и пари, лесно ги заслепуваат и умот и разумот!

Така било за времето на Pax Romana, така е веќе цел еден век во времево наречено Pax Americana. Борбите и игрите за време на „американскиот век на мирот“, уште во средината на минатиот век добија и своја „Теорија на игрите“ (како математички модел што најнапред ги објаснува сите можности и потенцијали на играта, најнапред во економските науки), во која и политиката го препозна своето место и сите свои можности во играта, строго дефинирана во рамките на демократските правила и принципи! Тој западен модел на практикување игри во политиката и демократијата, во веков наречен Pax Americana, најчесто се врзува за сè уште актуелното свето тројство - правило, процедура и протокол, но асоцијативно се врзува и за стапот и за морковот, како метод кој често е применуван, кога отпорот кон демократските игри во политичките битки е константен и непопустлив!

„Во демократските држави во ерата на Pax Americana, секој учесник во политичката игра - поединци или групи - може да учествува и да ги застапува своите интереси и мислења. Конечната одлука не мора целосно да ги исполнува моите/нашите цели, но ако не учествувам/е, никој нема посебно да се ангажира околу нив. Во демократските држави до одлуки и решенија се доаѓа преку борба на мислења и натпревар на интереси и мислења. Согласноста се постигнува преку компромис што сите партии или мнозинството можат да го прифатат. Таквата одлука, во тоа време, може да се смета за дефиниција за општото добро! Борбата на мислењата и политичкиот натпревар создаваат елементи на борба! Затоа, многу е важно сите играчи на политичката сцена да се договорат за систем на правила, процедури или протоколи, со почитување на принципот на меѓусебно почитување.... “

... вака школски тече непрекинатата лекција, извезувана што со стап, што со морков, во земјиве како нашата, за да се учи и да се преповторува од мали нозе до зрела возраст, бидејќи овде, од фудбал и од политика се разбираат сите и сечија вистина мора да биде неприкосновена и последна...
.....................................................................................................
Во земјите како нашата, каде сè уште со сласт се раскажуваат урбаните легенди за славниот Џаро и неговите култни фудбалски местенки (од кои некои и со резултат од 134:0), новиве позаострени правила воведени за време на германското домаќинство на Европското првенство во фудбал, попрво се доживуваат само како невешт обид да се прикрие вмешаноста на семоќната политичка игра во фудбалската (што често и не е така далеку од вистината, посебно на нашиве регионални простори!) Но, мора ли баш заради постојаниот сомнеж (дека таму некаде во Европа и во светот, некој постојано ги крши правилата и принципите и тоа секогаш врз наш и врз грбовите на нашите блиски соседи!), мораме толку лесно да паѓаме на солзите на Пикси и на Џајиќ од селекторската клупа или на тажните лица на Новак или на Цеца од фудбалските ложи или да се јадосуваме поради гневот на Вучиќ и Брнабиќ од удобните политички фотељи, покрај така евидентно лошо организираната игра на српската фудбалска репрезентација?! Или заради примениот гол во 98. минута, со кој Хрватска беше елиминирана од понатамошното натпреварување на ЕП во Германија, сами да си ставаме уште еден прстофат сол врз отворените рани, дека ние помалите во Европа, а посебно од Балканот, сме секогаш жртви на прекршените правила и принципи од страна на оние, кои нам постојано ни ги наметнуваат!

(...и дали во таков случај, подобро е самите да ги кршиме правилата и процедурите, за потоа полесно да ги поднесуваме како сопствени испровоцирани порази?!)

Зарем не беше однапред вкалкулиран пораз начинот на кој, во најважната политичка игра, онаа за освојување на законодавната власт, на пример, во април 2017 година се избра собраниски претседател, со никогаш точно утврден број на гласови и со траен сомнеж дека тој број на гласови беше недоволен, за да биде легитимно изгласан и избран?! Зарем не е евидентен пораз, од тоа прво големо газење по деловничките правила и процедури, до последните пред распуштањето на тој собраниски состав, во април годинава, тоа очигледно функционирање, повеќе налик на башибозук-демократија отколку на вистински европска демократска игра во која правилата, принципите, процедурата и протоколот имаат неприкосновена вредност!

Зарем непрестаното кабадахиско дриблање околу кревките меѓници од деловнички правила и процедури, само по себе не стана еден голем пораз, изграден врз непрегледна низа од прекршени правила и процедури за изигрување на редовната законодавна практика (под превезот на ургентност со закачено европско знаменце!). Зарем апсолутистичкото арбитрирање и толкување на инаку редовните и нормални практики, не стана своевидно парламентарно фијаско, имајќи ја в предвид приоритетна важност на информациите од јавен интерес или интерпелациите за министри или стотиците закони и законски измени кои никогаш не стасаа на собраниски дневен ред! Ако во највисокиот законодавен дом, кој ги носи највисоките законски акти, не се почитуваат елементарните правила, процедури, принципи или протоколи ,какви можат да бидат очекувањата од месните заедници или куќните совети кои треба да се грижат за редот и поредокот во нашето секојдневно живеење?!

Зарем малку порази сами си нанесовме со неспретниот државен и дипломатски протокол, преку кој како од шега мешавме химни и мешавме знамиња? Или кога премиерот ни се кикотеше пред камери, додека во шега го нарекуваа, час како „премиер на Монтенегро“, час како „иден премиер на Западна Бугарија“?! Или, кога во случајот наречен „француски предлог“ се баталија и правила и процедури и протокол, па првично, првите луѓе на државата невешто мораа да одглумат „увредени невести“, па потоа одбиениот предлог сесрдно да го прифатат како свој, па да го кријат од сопствената јавност и од опозицијата, па на крај, со вперен прст токму кон опозицијата да бараат причини за фијаското по една изгубена политичка битка со редум нарушени демократски правила, принципи и протоколи?!
Или кога ќе се сетиме на едно од поголемите зеленила во поновата дипломатска практика, онаа кога претседател на држава му се обраќа на премиер на соседна држава со „љубави!“ (по што токму нашата држава доби брутална „заушка“ од соседската!) или онаа, каде на дебата во еден друг град во соседството, истиот тој претседател изјавува дека, кога и тој би бил млад, секако би посакал да ја напушти оваа држава!

А токму непочитувањето на правилата, принципите, процедурите и протоколите, пренебрегнувањето на добрите политички и дипломатски практики, направија да живееме во држава без ред и поредок - и токму тоа е првата и најголема причина, зошто државата ја напуштија стотици илјади граѓани, претежно млади, во полна физичка, (ре) продуктивна и интелектуална сила и моќ! И тоа не случајно заминувајќи токму во држави, во кои владеат цврсто дефинирани правила на игра во сите животни области, држави во кои процедурите, протоколите и правилата чинат едно неприкосновено свето тројство!

Зарем ова не е доволно добра и силна причина, (се разбира, покрај мноштвото други), новиот собраниски и владин состав, секогаш и во секоја прилика да го има постојано на ум светото тројство на добрата политичка и демократска практика - и кога страста знае да понесе, и кога емоцијата знае да заслепи!

The post СВЕТО ТРОЈСТВО НА ПОЛИТИЧКАТА ИГРА – ПРАВИЛО, ПРОЦЕДУРА И ПРОТОКОЛ appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Неверојатно тешко е во моментов да се најде некој што не се разбира од фудбал и од политика! Најважната споредна работа на светот, за време на Европското првенство во фудбал, уште еднаш на површина го исфрли фактот дека кај нас секој се разбира од фудбал и дека секој е во право кога ќе се разгори дискусија за фудбал! Впрочем, исто како и со политиката! Просто невозможна мисија е да се седне со некого на маса и да не се разгори муабет за политика - небаре малку ни беше скоро двомесечната политичка кампања и небаре нашите животи без политика губат секаква смисла! Факт е дека овде, секој се разбира од политика и од фудбал и дека секој има право на апсолутна вистина кога се во прашање овие две најважни (и ни случајно споредни!) работи во светот! И навистина, има ли поголема емоционална инвестиција од онаа која се вложува во политиката и во фудбалот?! Постои ли друго подрачје од животот во кое се разгорува толку многу страст, како во политиката и во фудбалот и има ли помоќна енергија од онаа која кружи помеѓу актерите во фудбалската и во политичката игра од една страна и фудбалските навивачи и политичките поддржувачи од друга страна?! Несомнено, борбата и играта кои и ден денешен од модерниве фудбалски терени и актуелниве политички арени провоцираат толку моќни емоции и страст, заедно со манифестациите „за леб и игри“, се стари колку што е стар човековиот род и отсекогаш го раздвижувале и го завладувале светот! Римјаните во екот на својата најголема империјална моќ, откако преку борба и игри го покориле најголемиот дел од тогашниот познат свет, ги понудиле и манифестациите за леб, вино и игри, не заради најубавото, бесценетото и бесплатното што играта го буди и провоцира како енергија во човекот, туку заради заштитата на моќта, славата и богатството кои отсекогаш биле посилното тројство во вечните борби и игри помеѓу емоцијата и разумот, како на лично и на индивидуално ниво, така и на ниво на заедници и на колективитети! Кој владее со играта, тој владее и со светот - тоа е сентенца што не изгубила ништо од важноста и денес, кога никој во живо не комуницира со латинскиот јазик! А, да се владее со играта и преку играта со светот, неопходно потребни се правила на игра, принципи, процедури и протоколи, кои се исто така дел од играта - тоа дело е создадено во подемот на некогашната најголема светска империја. Римската империја владеела со светот и преку принципи и правила, процедури и протоколи кои како победник ги наметнувала секаде каде се простирала нејзината власт, од Рим до најдалечените провинции! На најголемите умови од најславните денови на Римската империја им било сосема јасно дека играта и борбата, без правна, процедурална или протоколарна регулација, можат да разгорат гола борба на живот и на смрт, во која разбудената страст, може со леснотија да уништи и збрише сè пред себе! Најдобрите години на политичка стабилност и економски, трговски и културен просперитет се токму и годините во кои во империјата царуваат и јасно воспоставените правила на игра, принципи и процедури кои и денес ги именуваме како време на „римски мир“, популарно наречено, Pax Romana! „Принципите и правилата се измислени и постојат за да се рушат“, е исто така римска сентенца од времето кога империјата почнала да пропаѓа и да ги крши токму принципите и правилата на политичката и сите останати општествено дозволени игри, кои сама ги креирала и наметнала - тоа и ден денешен, треба секогаш да биде поука кога разбудените емоции и страст во борбата и игрите за моќ, слава и пари, лесно ги заслепуваат и умот и разумот! Така било за времето на Pax Romana, така е веќе цел еден век во времево наречено Pax Americana. Борбите и игрите за време на „американскиот век на мирот“, уште во средината на минатиот век добија и своја „Теорија на игрите“ (како математички модел што најнапред ги објаснува сите можности и потенцијали на играта, најнапред во економските науки), во која и политиката го препозна своето место и сите свои можности во играта, строго дефинирана во рамките на демократските правила и принципи! Тој западен модел на практикување игри во политиката и демократијата, во веков наречен Pax Americana, најчесто се врзува за сè уште актуелното свето тројство - правило, процедура и протокол, но асоцијативно се врзува и за стапот и за морковот, како метод кој често е применуван, кога отпорот кон демократските игри во политичките битки е константен и непопустлив! „Во демократските држави во ерата на Pax Americana, секој учесник во политичката игра - поединци или групи - може да учествува и да ги застапува своите интереси и мислења. Конечната одлука не мора целосно да ги исполнува моите/нашите цели, но ако не учествувам/е, никој нема посебно да се ангажира околу нив. Во демократските држави до одлуки и решенија се доаѓа преку борба на мислења и натпревар на интереси и мислења. Согласноста се постигнува преку компромис што сите партии или мнозинството можат да го прифатат. Таквата одлука, во тоа време, може да се смета за дефиниција за општото добро! Борбата на мислењата и политичкиот натпревар создаваат елементи на борба! Затоа, многу е важно сите играчи на политичката сцена да се договорат за систем на правила, процедури или протоколи, со почитување на принципот на меѓусебно почитување.... “ ... вака школски тече непрекинатата лекција, извезувана што со стап, што со морков, во земјиве како нашата, за да се учи и да се преповторува од мали нозе до зрела возраст, бидејќи овде, од фудбал и од политика се разбираат сите и сечија вистина мора да биде неприкосновена и последна... ..................................................................................................... Во земјите како нашата, каде сè уште со сласт се раскажуваат урбаните легенди за славниот Џаро и неговите култни фудбалски местенки (од кои некои и со резултат од 134:0), новиве позаострени правила воведени за време на германското домаќинство на Европското првенство во фудбал, попрво се доживуваат само како невешт обид да се прикрие вмешаноста на семоќната политичка игра во фудбалската (што често и не е така далеку од вистината, посебно на нашиве регионални простори!) Но, мора ли баш заради постојаниот сомнеж (дека таму некаде во Европа и во светот, некој постојано ги крши правилата и принципите и тоа секогаш врз наш и врз грбовите на нашите блиски соседи!), мораме толку лесно да паѓаме на солзите на Пикси и на Џајиќ од селекторската клупа или на тажните лица на Новак или на Цеца од фудбалските ложи или да се јадосуваме поради гневот на Вучиќ и Брнабиќ од удобните политички фотељи, покрај така евидентно лошо организираната игра на српската фудбалска репрезентација?! Или заради примениот гол во 98. минута, со кој Хрватска беше елиминирана од понатамошното натпреварување на ЕП во Германија, сами да си ставаме уште еден прстофат сол врз отворените рани, дека ние помалите во Европа, а посебно од Балканот, сме секогаш жртви на прекршените правила и принципи од страна на оние, кои нам постојано ни ги наметнуваат! (...и дали во таков случај, подобро е самите да ги кршиме правилата и процедурите, за потоа полесно да ги поднесуваме како сопствени испровоцирани порази?!) Зарем не беше однапред вкалкулиран пораз начинот на кој, во најважната политичка игра, онаа за освојување на законодавната власт, на пример, во април 2017 година се избра собраниски претседател, со никогаш точно утврден број на гласови и со траен сомнеж дека тој број на гласови беше недоволен, за да биде легитимно изгласан и избран?! Зарем не е евидентен пораз, од тоа прво големо газење по деловничките правила и процедури, до последните пред распуштањето на тој собраниски состав, во април годинава, тоа очигледно функционирање, повеќе налик на башибозук-демократија отколку на вистински европска демократска игра во која правилата, принципите, процедурата и протоколот имаат неприкосновена вредност! Зарем непрестаното кабадахиско дриблање околу кревките меѓници од деловнички правила и процедури, само по себе не стана еден голем пораз, изграден врз непрегледна низа од прекршени правила и процедури за изигрување на редовната законодавна практика (под превезот на ургентност со закачено европско знаменце!). Зарем апсолутистичкото арбитрирање и толкување на инаку редовните и нормални практики, не стана своевидно парламентарно фијаско, имајќи ја в предвид приоритетна важност на информациите од јавен интерес или интерпелациите за министри или стотиците закони и законски измени кои никогаш не стасаа на собраниски дневен ред! Ако во највисокиот законодавен дом, кој ги носи највисоките законски акти, не се почитуваат елементарните правила, процедури, принципи или протоколи ,какви можат да бидат очекувањата од месните заедници или куќните совети кои треба да се грижат за редот и поредокот во нашето секојдневно живеење?! Зарем малку порази сами си нанесовме со неспретниот државен и дипломатски протокол, преку кој како од шега мешавме химни и мешавме знамиња? Или кога премиерот ни се кикотеше пред камери, додека во шега го нарекуваа, час како „премиер на Монтенегро“, час како „иден премиер на Западна Бугарија“?! Или, кога во случајот наречен „француски предлог“ се баталија и правила и процедури и протокол, па првично, првите луѓе на државата невешто мораа да одглумат „увредени невести“, па потоа одбиениот предлог сесрдно да го прифатат како свој, па да го кријат од сопствената јавност и од опозицијата, па на крај, со вперен прст токму кон опозицијата да бараат причини за фијаското по една изгубена политичка битка со редум нарушени демократски правила, принципи и протоколи?! Или кога ќе се сетиме на едно од поголемите зеленила во поновата дипломатска практика, онаа кога претседател на држава му се обраќа на премиер на соседна држава со „љубави!“ (по што токму нашата држава доби брутална „заушка“ од соседската!) или онаа, каде на дебата во еден друг град во соседството, истиот тој претседател изјавува дека, кога и тој би бил млад, секако би посакал да ја напушти оваа држава! А токму непочитувањето на правилата, принципите, процедурите и протоколите, пренебрегнувањето на добрите политички и дипломатски практики, направија да живееме во држава без ред и поредок - и токму тоа е првата и најголема причина, зошто државата ја напуштија стотици илјади граѓани, претежно млади, во полна физичка, (ре) продуктивна и интелектуална сила и моќ! И тоа не случајно заминувајќи токму во држави, во кои владеат цврсто дефинирани правила на игра во сите животни области, држави во кои процедурите, протоколите и правилата чинат едно неприкосновено свето тројство! Зарем ова не е доволно добра и силна причина, (се разбира, покрај мноштвото други), новиот собраниски и владин состав, секогаш и во секоја прилика да го има постојано на ум светото тројство на добрата политичка и демократска практика - и кога страста знае да понесе, и кога емоцијата знае да заслепи!

The post СВЕТО ТРОЈСТВО НА ПОЛИТИЧКАТА ИГРА – ПРАВИЛО, ПРОЦЕДУРА И ПРОТОКОЛ appeared first on Република.

]]>
Сите наши продавници за брза ментална храна https://republika.mk/kolumni/site-nashi-prodavnitsi-za-brza-mentalna-hrana/ Wed, 19 Jun 2024 07:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=788934

Васко Шутаров

Зошто тривијалното од нашите продавници за брза ментална храна со толкава страст го окупира нашето (и не само) слободно време?!

Што е тоа толку примамливо, што од утринското прво отворање, па до полноќното затворање очи, просто нè мами и нè влече кон жолтила, црнила или весели шаренила од малите екрани на нашите паметни дигитални уреди? Исто како што примамливо нè влечат мирисите и вкусовите од вештачките жолти, розови и со бои на карамела обоени засладувачи и разноразни мирисни заведувачи од нашите мали продавници за брза храна?! Навистина, зошто е толку моќна зависноста од тие секојдневни црни, жолти или розово-прошарени вести, по кои не ни е добро, но како да мораме да го живееме тој секојдневен ритуал, дозиран со редовни порции дневни ментални отрови?! Исто како со брзата храна од нога, од која знаеме дека подоцна нема да ни биде добро, но не ја испуштаме од рака, додека со другата пребаруваме по екранот од нашите мали уреди за брза ментална храна.

Следејќи го словото на еден од најголемите умови на денешнината, филозофот и лингвист Ноам Чомски, можеме да откриеме дел од одговорите, каде се кријат корените и причините за таа наша зависност од „фаст фуд информациите“?! Препрочитувајќи ги неговите луцидни 10 стратегии за манипулација врз луѓето, подоткриваме една силна и цврста вмреженост меѓу високата политика, големиот бизнис и малите и големи креатори на информации и вести, ─ и разбираме дека зад она што нам ни се нуди како мала продавница за брза ментална храна, всушност, стоjат големи и исклучително добро организирани кујни, во кои многу внимателно се крчкани сите можни манипулации што модерново време ги овозможува, а на кои ние секојдневно доброволно им се подаваме.
Рецептурата на Чомски за манипулациите со информациите, изгледа вака...

Најпрво во функција се става пренасочување на вниманието на јавноста, од важните и суштински проблеми, кон помалку важните и несуштинските! Да се ​​преоптоварува јавноста со наплив на небитни информации, за луѓето да не размислуваат и да не можат да стекнат основни знаења за разбирањето на светот!

Потоа, во функција се става создавањето проблем! Овој метод се нарекува и „проблем-реакција-решение“. Потребно е да се создаде проблем, за да реагира дел од јавноста на тоа! На пример: да се провоцира и пренесе насилство, со намера јавноста полесно да ги прифати ограничувањата на слободите, да заборави на економската криза или да најде оправдување за колапсот на социјалната држава.

Постапноста на промените е следниот чекор, со кој, за да може јавноста да се согласи на некоја неприфатлива мерка, таа мора постепено да се воведува „на лажичка“, со месеци и години. Промените, кои би можеле да предизвикаат отпор, се спроведуваат со политика на мали чекори. Така, светот се менува со текот на времето, а луѓето одвај се свесни за настанатите промени.

Одложувањето е само уште еден начин да се подготви јавноста за непопуларни промени, со тоа што тие се најавуваат многу порано и секогаш однапред. Луѓето не ја чувствуваат наеднаш тежината на промените, бидејќи претходно се навикнуваат на самата идеја за промена. Дополнително негуваното чувство за „заедничката надеж во подобра иднина“ го олеснува нивното прифаќање.

Многу интересна состојка во репецептурата за манипулација е обраќањето кон возрасните со употреба на детскиот јазик, со кој се постигнуваат, барем, две цели: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката има понепосреден и посилен ефект врз луѓето.

Будењето на емоциите, т.е. нивната злоупотреба е класична техника што се користи како „краток спој“ во рационалното расудување. Критичката свест се заменува со емоционални импулси (лутина, страв, гнев итн.). Користењето на таквиот емоционален регистар овозможува пристап до несвесното (ирационалното е царство каде што владее стравот!), па подоцна е можно да се имплементираат идеи, желби, грижи, стравови или принуда на тоа ниво.

Незнаењето е една од најважните состојки во рецептурата за манипулација, посебно на посиромашните слоеви, на кои треба по секоја цена да им се оневозможи пристап до механизмите за разбирање на манипулацијата со нивната согласност. Квалитетот на образованието на пониските општествени слоеви треба да биде што послаб или потпросечен, за да остане непремостлив јазот помеѓу образованието на повисоките и пониските општествени слоеви.

Глорифицирањето на глупоста, колку и да изгледа несмасно и депласирано, има важна улога во поттикнувањето и убедувањето на луѓето дека е во мода, т.е. пожелно е ‒ да се биде глупав, вулгарен и неук! Истовремено, таа „модерност“ предизвика отпор кон културата и науката, што е исклучително пожелно во манипулативните стратегии и техники.

Создавањето чувство на вина е неизбежен дел од арсеналот манипулативни техники со кои е неопходно да се убеди секој поединец, дека само тој лично е одговорен за сопствените проблеми и несреќи, поради слабото знаење, ограничените способности или недоволниот напор! Таков несигурен и потценет поединец, оптоварен со чувство на вина, ќе се откаже од потрагата по вистинските причини за својата позиција и бунт против актуелниот економски систем.

И иако последно, но не и најмалку важно, злоупотребата на науката и знаењето! Брзиот развој на науката во последните 50 години создава сè поголем јаз меѓу знаењето на јавноста и оние што го поседуваат и го користат тоа знаење. Благодарение на биологијата, на невробиологијата и на практичната психологија, „системот за манипулација“ има пристап до напредни знаења за човекот и на физичко и на психолошко ниво, како и голем број начини тие знаења да ги инструментализира.



Таблоидиотизација

Крајниот продукт на континуираната и тотална манипулација со реалната стварност и вистинскиот живот, перманентното таблоидизирање на информатичкиот простор и севкупниот јавен простор, современите културолози го нарекуваат (колку и да звучи тоа грубо!) ‒ таблоидиотизација! Тоа е процес, во кој, од човекот како битие обдарено со разум и ум се создава човек-зомби, а од кичот, шундот и трачот се создаваат мали богови! Се разбира, овие процеси се одвиваат од другата страна на каква било етика и култура, токму на онаа широка општествена чистина од која отсуствуваат културата, забавата, информирањето, науката, образованието, спортот и поддршката за стекнување здрави и добри животни навики и вештини! Тој испразнет социјален и културен простор, како кај младите, така и кај повозрасните, во целост е окупиран од приземна, вулгарна и таблоидизирана култура која преку електронските медиуми и интернетот, а посебно преку социјалните мрежи, комплетно ги исполнува животите на луѓето!

Таквите алармантни социокултуролошки состојби што ги носи таблоидната култура, до посебен израз доаѓаат во државите од регионов! Академските заедници во Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина веќе десетина години алармираат за нездравото милје окупирано од таблоидната култура, преку која доминантно се промовираат како „насушна и длабока емоционална потреба на публиката“ само трачеви, гласини, афери, скандали и еден толку жилав и самоодржлив кич, како сушта спротивност од секоја зрела и одговорна критичка свест и култура!

Овде станува збор за воспоставување таков систем од вредности, кој е до таа мера искривен, што веќе не се знае кој е морална и човечка нула, а кој е човечки и морален габарит; кој е џелат, а кој е жртва; кој е криминалец, а кој херој; кој е порочен, а кој доблестен ‒ и што е лага, а што неприкосновена вистина! Во такви времиња и со такви културолошки милјеа, вие имате апсолутно право и да не знаете ништо, а богами и да не работите ништо ‒ а да имате сè!

Таблоидната култура умешно го користи секој социјален вакуум испразнет од култура и образование, од наука и развој на знаења и вештини, од спортска култура, но подеднакво успешно ги поткопува и кревките темели врз кои почиваат демократските институции и, воопшто, кревката демократијата во постојан зародок! Улогата на таблоидната култура не е одредена од вистинските и од автентичните интереси и потреби на граѓаните, туку е одредена од интересите на оние што владеат со граѓаните и управуваат со таквата култура! Тоа се цврсто вмрежените интереси на политичките, финансиските и криминалните моќници, кои токму преку таблоидиотизацијата држат под контрола армија од луѓе претворени во зомбија и креираат нова стварност со перманента вонредна состојба, во која под превезот на борба против криминалот и корупцијата, толку безочно се краде и се уништува сè што е државно и јавно добро!

И затоа, таблоидиотизацијата од малите луѓе ќе создаде големи формати за ‒ билборди и плакати; од ситните души ќе направи филантропи, а од сиромашните и гладните ќе создаде лесно обработлива маса, секогаш повеќе гладна за сочен трач, отколку за парченце вистина! А достојните, непоткупливите и вистински богатите со знаења и вештини (ако веќе не ги избркала државата) ќе ги дроби, ќе ги ситни и ќе ги рециклира на мали парченца од кои никој повеќе нема да може да ја види големата слика за нив и за нивните вистинската вредности! Во таква однегувана таблоидна погубна површност, слоевито и длабоко е само подземјето а високо ценето само тоа што го промовираат како вредност и стил, ‒ политичките и финансиските елити. Тоа е Балканот денес, податлив за сите можни модерни манипулации, приспособени кон овдешните балкански околности!

Во македонската академска средина, „ни зуц ни муц“ за таблоидиотизацијата! Како таа да се случува некаде зад седум мориња и седум гори, ‒ а никако овде! Тоа што вчера една омилена тв-најавувачка на министерот за надворешни работи експресно беше испратена во дипломатска мисија во странство ‒ и тоа стана вест, тоа што завчера техничкиот премиер (а истовремено и пратеник?!) се сликаше и ликуваше покрај својот портрет во масло на платно, па и тоа стана топ вест, тоа што пред некој ден струшки приватен универзитет доби (па за два дена изгуби!) акредитација за Факултет за здравствени науки ‒ и тоа стана вест и тоа во ист ред вести со најновите кавги меѓу Цеца и Карлеуша, оперираното колено на Новак Ѓоковиќ и здравствената состојба на Кејт Мидлтон! Што е тоа, ако не типична таблоидиотизација на наш, македонски начин?!

Да не се лажеме дека сме помалку контаминирани со таблоидна култура од која било од соседните држави, во години во кои сите мајстории на белосветската, регионалната и домашната кујна за манипулации со вистината беа применети и врз нас, само дозачинета уште и со домашни пикантни трачеви и со други наши, типично, македонски приказни.
.................................................................................

Последните парламентарни и претседателски избори ја разбудија надежта, дека во Македонија може да се разгори една поинаква креативна и критичка свест кон наопаку поставениов систем од вредности, во кој негативната селекција, кичот, шундот и трачот, помогнати од таблоидното негување јавна и индивидуална свест, го доведоа до крах функционирањето на државата и општеството во целина. За многумина ова е една од последните шанси, за што повеќе просветителство и што помалку манипулативност со вистината, со стварноста и со реалноста, за што повеќе отвореност кон вистината во јавниот простор, кон јавниот наратив и посебно во управувањето со јавното добро, за што поисполнет социјален простор со вистински добри и корисни (и секако, хармонизирани со новото време) културни, образовни, информативни, едукациски и спортски програми и содржини, за што повеќе меритократија и што помалку негативна селекција и партократија, за што повеќе демократија и што помалку клептократија, на коишто што бевме подложени толку долго време сите заедно!

The post Сите наши продавници за брза ментална храна appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Зошто тривијалното од нашите продавници за брза ментална храна со толкава страст го окупира нашето (и не само) слободно време?! Што е тоа толку примамливо, што од утринското прво отворање, па до полноќното затворање очи, просто нè мами и нè влече кон жолтила, црнила или весели шаренила од малите екрани на нашите паметни дигитални уреди? Исто како што примамливо нè влечат мирисите и вкусовите од вештачките жолти, розови и со бои на карамела обоени засладувачи и разноразни мирисни заведувачи од нашите мали продавници за брза храна?! Навистина, зошто е толку моќна зависноста од тие секојдневни црни, жолти или розово-прошарени вести, по кои не ни е добро, но како да мораме да го живееме тој секојдневен ритуал, дозиран со редовни порции дневни ментални отрови?! Исто како со брзата храна од нога, од која знаеме дека подоцна нема да ни биде добро, но не ја испуштаме од рака, додека со другата пребаруваме по екранот од нашите мали уреди за брза ментална храна. Следејќи го словото на еден од најголемите умови на денешнината, филозофот и лингвист Ноам Чомски, можеме да откриеме дел од одговорите, каде се кријат корените и причините за таа наша зависност од „фаст фуд информациите“?! Препрочитувајќи ги неговите луцидни 10 стратегии за манипулација врз луѓето, подоткриваме една силна и цврста вмреженост меѓу високата политика, големиот бизнис и малите и големи креатори на информации и вести, ─ и разбираме дека зад она што нам ни се нуди како мала продавница за брза ментална храна, всушност, стоjат големи и исклучително добро организирани кујни, во кои многу внимателно се крчкани сите можни манипулации што модерново време ги овозможува, а на кои ние секојдневно доброволно им се подаваме. Рецептурата на Чомски за манипулациите со информациите, изгледа вака... Најпрво во функција се става пренасочување на вниманието на јавноста, од важните и суштински проблеми, кон помалку важните и несуштинските! Да се ​​преоптоварува јавноста со наплив на небитни информации, за луѓето да не размислуваат и да не можат да стекнат основни знаења за разбирањето на светот! Потоа, во функција се става создавањето проблем! Овој метод се нарекува и „проблем-реакција-решение“. Потребно е да се создаде проблем, за да реагира дел од јавноста на тоа! На пример: да се провоцира и пренесе насилство, со намера јавноста полесно да ги прифати ограничувањата на слободите, да заборави на економската криза или да најде оправдување за колапсот на социјалната држава. Постапноста на промените е следниот чекор, со кој, за да може јавноста да се согласи на некоја неприфатлива мерка, таа мора постепено да се воведува „на лажичка“, со месеци и години. Промените, кои би можеле да предизвикаат отпор, се спроведуваат со политика на мали чекори. Така, светот се менува со текот на времето, а луѓето одвај се свесни за настанатите промени. Одложувањето е само уште еден начин да се подготви јавноста за непопуларни промени, со тоа што тие се најавуваат многу порано и секогаш однапред. Луѓето не ја чувствуваат наеднаш тежината на промените, бидејќи претходно се навикнуваат на самата идеја за промена. Дополнително негуваното чувство за „заедничката надеж во подобра иднина“ го олеснува нивното прифаќање. Многу интересна состојка во репецептурата за манипулација е обраќањето кон возрасните со употреба на детскиот јазик, со кој се постигнуваат, барем, две цели: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката има понепосреден и посилен ефект врз луѓето. Будењето на емоциите, т.е. нивната злоупотреба е класична техника што се користи како „краток спој“ во рационалното расудување. Критичката свест се заменува со емоционални импулси (лутина, страв, гнев итн.). Користењето на таквиот емоционален регистар овозможува пристап до несвесното (ирационалното е царство каде што владее стравот!), па подоцна е можно да се имплементираат идеи, желби, грижи, стравови или принуда на тоа ниво. Незнаењето е една од најважните состојки во рецептурата за манипулација, посебно на посиромашните слоеви, на кои треба по секоја цена да им се оневозможи пристап до механизмите за разбирање на манипулацијата со нивната согласност. Квалитетот на образованието на пониските општествени слоеви треба да биде што послаб или потпросечен, за да остане непремостлив јазот помеѓу образованието на повисоките и пониските општествени слоеви. Глорифицирањето на глупоста, колку и да изгледа несмасно и депласирано, има важна улога во поттикнувањето и убедувањето на луѓето дека е во мода, т.е. пожелно е ‒ да се биде глупав, вулгарен и неук! Истовремено, таа „модерност“ предизвика отпор кон културата и науката, што е исклучително пожелно во манипулативните стратегии и техники. Создавањето чувство на вина е неизбежен дел од арсеналот манипулативни техники со кои е неопходно да се убеди секој поединец, дека само тој лично е одговорен за сопствените проблеми и несреќи, поради слабото знаење, ограничените способности или недоволниот напор! Таков несигурен и потценет поединец, оптоварен со чувство на вина, ќе се откаже од потрагата по вистинските причини за својата позиција и бунт против актуелниот економски систем. И иако последно, но не и најмалку важно, злоупотребата на науката и знаењето! Брзиот развој на науката во последните 50 години создава сè поголем јаз меѓу знаењето на јавноста и оние што го поседуваат и го користат тоа знаење. Благодарение на биологијата, на невробиологијата и на практичната психологија, „системот за манипулација“ има пристап до напредни знаења за човекот и на физичко и на психолошко ниво, како и голем број начини тие знаења да ги инструментализира. Таблоидиотизација Крајниот продукт на континуираната и тотална манипулација со реалната стварност и вистинскиот живот, перманентното таблоидизирање на информатичкиот простор и севкупниот јавен простор, современите културолози го нарекуваат (колку и да звучи тоа грубо!) ‒ таблоидиотизација! Тоа е процес, во кој, од човекот како битие обдарено со разум и ум се создава човек-зомби, а од кичот, шундот и трачот се создаваат мали богови! Се разбира, овие процеси се одвиваат од другата страна на каква било етика и култура, токму на онаа широка општествена чистина од која отсуствуваат културата, забавата, информирањето, науката, образованието, спортот и поддршката за стекнување здрави и добри животни навики и вештини! Тој испразнет социјален и културен простор, како кај младите, така и кај повозрасните, во целост е окупиран од приземна, вулгарна и таблоидизирана култура која преку електронските медиуми и интернетот, а посебно преку социјалните мрежи, комплетно ги исполнува животите на луѓето! Таквите алармантни социокултуролошки состојби што ги носи таблоидната култура, до посебен израз доаѓаат во државите од регионов! Академските заедници во Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина веќе десетина години алармираат за нездравото милје окупирано од таблоидната култура, преку која доминантно се промовираат како „насушна и длабока емоционална потреба на публиката“ само трачеви, гласини, афери, скандали и еден толку жилав и самоодржлив кич, како сушта спротивност од секоја зрела и одговорна критичка свест и култура! Овде станува збор за воспоставување таков систем од вредности, кој е до таа мера искривен, што веќе не се знае кој е морална и човечка нула, а кој е човечки и морален габарит; кој е џелат, а кој е жртва; кој е криминалец, а кој херој; кој е порочен, а кој доблестен ‒ и што е лага, а што неприкосновена вистина! Во такви времиња и со такви културолошки милјеа, вие имате апсолутно право и да не знаете ништо, а богами и да не работите ништо ‒ а да имате сè! Таблоидната култура умешно го користи секој социјален вакуум испразнет од култура и образование, од наука и развој на знаења и вештини, од спортска култура, но подеднакво успешно ги поткопува и кревките темели врз кои почиваат демократските институции и, воопшто, кревката демократијата во постојан зародок! Улогата на таблоидната култура не е одредена од вистинските и од автентичните интереси и потреби на граѓаните, туку е одредена од интересите на оние што владеат со граѓаните и управуваат со таквата култура! Тоа се цврсто вмрежените интереси на политичките, финансиските и криминалните моќници, кои токму преку таблоидиотизацијата држат под контрола армија од луѓе претворени во зомбија и креираат нова стварност со перманента вонредна состојба, во која под превезот на борба против криминалот и корупцијата, толку безочно се краде и се уништува сè што е државно и јавно добро! И затоа, таблоидиотизацијата од малите луѓе ќе создаде големи формати за ‒ билборди и плакати; од ситните души ќе направи филантропи, а од сиромашните и гладните ќе создаде лесно обработлива маса, секогаш повеќе гладна за сочен трач, отколку за парченце вистина! А достојните, непоткупливите и вистински богатите со знаења и вештини (ако веќе не ги избркала државата) ќе ги дроби, ќе ги ситни и ќе ги рециклира на мали парченца од кои никој повеќе нема да може да ја види големата слика за нив и за нивните вистинската вредности! Во таква однегувана таблоидна погубна површност, слоевито и длабоко е само подземјето а високо ценето само тоа што го промовираат како вредност и стил, ‒ политичките и финансиските елити. Тоа е Балканот денес, податлив за сите можни модерни манипулации, приспособени кон овдешните балкански околности! Во македонската академска средина, „ни зуц ни муц“ за таблоидиотизацијата! Како таа да се случува некаде зад седум мориња и седум гори, ‒ а никако овде! Тоа што вчера една омилена тв-најавувачка на министерот за надворешни работи експресно беше испратена во дипломатска мисија во странство ‒ и тоа стана вест, тоа што завчера техничкиот премиер (а истовремено и пратеник?!) се сликаше и ликуваше покрај својот портрет во масло на платно, па и тоа стана топ вест, тоа што пред некој ден струшки приватен универзитет доби (па за два дена изгуби!) акредитација за Факултет за здравствени науки ‒ и тоа стана вест и тоа во ист ред вести со најновите кавги меѓу Цеца и Карлеуша, оперираното колено на Новак Ѓоковиќ и здравствената состојба на Кејт Мидлтон! Што е тоа, ако не типична таблоидиотизација на наш, македонски начин?! Да не се лажеме дека сме помалку контаминирани со таблоидна култура од која било од соседните држави, во години во кои сите мајстории на белосветската, регионалната и домашната кујна за манипулации со вистината беа применети и врз нас, само дозачинета уште и со домашни пикантни трачеви и со други наши, типично, македонски приказни. ................................................................................. Последните парламентарни и претседателски избори ја разбудија надежта, дека во Македонија може да се разгори една поинаква креативна и критичка свест кон наопаку поставениов систем од вредности, во кој негативната селекција, кичот, шундот и трачот, помогнати од таблоидното негување јавна и индивидуална свест, го доведоа до крах функционирањето на државата и општеството во целина. За многумина ова е една од последните шанси, за што повеќе просветителство и што помалку манипулативност со вистината, со стварноста и со реалноста, за што повеќе отвореност кон вистината во јавниот простор, кон јавниот наратив и посебно во управувањето со јавното добро, за што поисполнет социјален простор со вистински добри и корисни (и секако, хармонизирани со новото време) културни, образовни, информативни, едукациски и спортски програми и содржини, за што повеќе меритократија и што помалку негативна селекција и партократија, за што повеќе демократија и што помалку клептократија, на коишто што бевме подложени толку долго време сите заедно!

The post Сите наши продавници за брза ментална храна appeared first on Република.

]]>
И ние шустикли за трка имаме https://republika.mk/kolumni/i-nie-shustikli-za-trka-imame/ Mon, 10 Jun 2024 12:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=786225

Васко Шутаров

Пораките што ги емитираме преку нашиот говор или со нашиот молк, преку физиономијата на лицето, со положбата на рацете и на телото, со фризурата или облеката што ја носиме, зборуваат за нас, за нашата ментална, физичка и емоционална состојба, за акумулацијата на радости и болки, подеми и падови, за акумулираното знаење и незнаење, за нашите наивности и животни мудрости, за вредностите што ги поседуваме и кон кои стремиме, за нашите животни достигнувања и способности, но, пред сè, за нашата природа и за нашиот идентитет. Сето тоа заедно создава претстава за нас, која ја проектираме пред другите, создавајќи сопствен имиџ во светот со кој сме опкружени.

Како на личен, така и на ниво на колективен, национален или државен план, пораките што ги емитираме зборуваат за нашиот идентитет, за нашите вредности, за стремежите, достигнувањата, нашите посебности и природни специфики! И така, колку свесно, толку и несвесно, се создава имиџот за државата и за нејзините граѓани во меѓународната јавност, кој се рефлектира во одредено ниво на видливост, препознатливост и уважување, што заедно создава одреден потенцијал кој може да носи и политички и економски користи и успеси.

Државите со подобар имиџ, то ест подобрите и поумешните комуникатори во меѓународите односи, полесно доаѓаат до инвестиции, до туристи, до образована и трудољубива работна сила од странство, до поголема почит на меѓународната политичка сцена. Ако не сме субјект и ако не ја раскажуваме и емитираме сопствената приказна, стануваме објект со кого се занимаваат другите ─ и тогаш, токму другите ја раскажуваат нашата приказна, од која попрво би се срамеле, отколку гордееле!  Односот кон приказните за државите и народите, подеднакво важи и за поединците, индивидуалците ─ и личностите!

Најлесно е, без никаков труд и интерес, да се остане на ниво на објект на кој други му го креираат имиџот и статусот: во држави како нашава, типично балканска, каде што најважната споредна работа е негативната селекција, зачинета со пикантерии од вообичаенит каталог со измислени таблиодни приказни ─ тоа станува и стандардна животна приказна, па оттука секогаш е потежок патот кон посакуваното позиционирање, како во личното непосредно опкружување на поединците, така и во глобален или регионален контекст на државите што ги создаваме и ги претставуваме!

Добриот издржан имиџ, најпрво значи солидно разбирање на општествениот и културолошкиот контекст во кој актуелно живееме, значи: наше пронаоѓање и позиционирање во точно одреден контекст (во кој можеме да го изразиме и да го дадеме најдоброто од себе!); многу работа на себе;  многу умеење во комуникациите; постојано емитирање шарм и харизма (дури и кога не ни е дојдено до никакво емитирање!); достоинствено одење низ личните и професионални животни падови и подеми,  промени и предизвици; стил на живеење кој ни прилега и од кој во ниту еден момент не би се посрамотиле пред другите! И кој, во секој момент би можеле да го оправдаме пред самите себеси! И секако, сакале да си признаеме или не (иако нели „костумот не го прави човекот!“), добриот и складен избор на соодветна гардероба во сите тие животни прилики, неприлики и предизвици е исто така исклучително важен во креирањето на добриот и издржан имиџ!

И добрите стари и моќни модерни држави, почесто се преоблекувале во ново руво и се преобликувале менувајќи го својот имиџ, и тоа многукратно, некогаш за да ја надминат старата и веќе не толку посакувана перцепција за себе, a некогаш да ја поправат лошата репутација за себе (Франција е извонреден пример за тоа, со перфектно креирано ребрендирање по секоја поголема општествена или политичка промена, a Шпанија,  исто така, e успешна ребрендирана приказна, кога по режимот на Франко, го одбра „Сонцето“ на Хуан Миро како симбол за слободна земја, сончева туристичка оаза, отворена за цел свет).

Денес имиџот и идентитетот, во корелација со интегритетот, стануваат своевидни економски категории. Познатиот американски научник и дипломат Џозеф Неј, уште на крајот од минатиот век, луцидно предвиде дека во 21 век веќе нема да доминираат држави со големи територии и со најбројно население, ниту држави со економска или воената моќ, туку првенствено држави (дури и оние најмалите) кои ќе умеат да емитираат шарм и харизма! За државата која во извесна мера има способност да го шармира светот и која во одредени области и подрачја може да стане посакуван пример што другите сакаат да го следат, ─ велиме дека успеала да раскаже успешна национална приказна, која, пак, од своја страна станува и еден вид нејзина највредна валута!

Меѓу нашиот личен имиџ и имиџот на државата, поврзаноста ниту е праволиниска, ниту е директна и непосредна, па ставањето во ист контекст може да изгледа несоодветно, па дури и несмасно! Но, дали е баш така?!

Имиџот на државата го создаваат нејзините граѓани, нејзината природа и нејзиното културно наследство, меѓутоа, првенствено знаењето, креативноста и инвентивноста на граѓаните најдобро го одразуваат духот на таа држава. Природата сме ја затекнале со нашето доселување на одреден географски простор, културното наследство сме го наследиле од нашето предци, но само знаењето за нашата припадност кон наследеното богатство и само сегашната креативност и иновативност ја поттикнуваат нашата конкурентска моќ, меѓу мноштвото држави и народи, ние да бидеме препознаени, прифатени и допадливи со она што го создавме како бренд од себе и од сопствената држава! И сето тоа заедно ─ нашиот животен стил и животни навики, природните убавини и природната разноликост, грижата за природното и културното наследство, општествената одговорност,  креативноста и иновативноста, го чинат корпусот на мека моќ на една држава, според која се одредува и нејзиното регионално и глобално рангирање и влијание.

И кога зборуваме за глобалното влијание на една Македонија, на Хрватска, на Црна Гора, на Шведска или на Франција и нивната мека моќ, тогаш слободно можеме да исчитаме дека таа моќ ја создаваат токму Македонците, Хрватите, Црногорците, Швеѓаните и Французите, т.е. граѓаните на тие држави!

Еве еден пример! Според истражувањата на „Форбс“ последниве 5 години, Шведска е најугледна земја во светот! Зошто баш Шведска? Затоа што најголем број луѓе од сите делови на светот, изразиле  подготвеност  да живеат и да работат во Шведска, почитувајќи ја како земја со висок животен стандард, со одлично образование и со солиден здравствен систем, со високи социјални и работнички права. Најголем број луѓе сметале дека Шведска им создава можности на креативните и инвентивните луѓе да дојдат до израз. Се разбира, ништо од тоа не е случајно! Шведска од 2007 година само за истражување и развој издвојува 3,8 % од својот БДП и за само неколку години се вброи меѓу петте најиновативни држави во светот.

Истото важи и за Данска, која на оваа листа, исто така, со години високо котира и успешно се брендира; или за Јужна Кореја која својот бренд го гради преку поп-културата, посебно преку К-попoт и К-филмот; или за Словенија која исклучително поволно е перципирана токму поради односот на нејзините граѓани кон животната средина, но и поради односот на државата кон безбедноста на граѓаните; или за исклучително добро позиционираната Хрватска поради уникатната туристичка понуда, а велат ─ и поради своите претседатели! (Доволно да се потсетиме на еуфоричната радост на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на СП во фудбал во Русија, 2018 година, кога Хрватска играше финале со Франција.)

Хрватска, на пример, исклучително внимание му придава на секое и најмало поместување на скалата за глобална мека моќ, според респектабилниот индекс на моќ, наречен Бренд фајнанс (Brand Finance). Хрватска е регионална и европска туристичка сила, па падот на перцепциите во светот за нејзината гостољубивост, отвореност, инвентивност и креативност, толерантност, срдечност или подготвеност на нејзините граѓани да помогнат во незгоди, сериозно може да ја загрижат целокупната хрватска јавност.

Хрватска имаше десетина ребрендирања од осамостојувањето на државата, од 1991 година  до денес,  од кои неколку беа стратешки добро осмислени потфати, кои се случија токму за време на претседателскиот мандат на Колинда Грабар-Китаровиќ. „Земја по мера на секој човек“ беше бренд-мотото од стратешкиот документ кој тогаш беше донесен, а на кој работеа 44 најголеми хрватски експерти за брендирање на државата и на нацијата. „Многу важно е како ве доживуваат другите, но уште толку важно е како ние се доживуваме себеси“ ─ ќе произлезе како заклучок од ова стратешко ребрендирање на Хрватска во 2018 година.

Но, нели на Балканот, сите работи започнуваат од почеток со смената на политичките гарнитури, па и во Хрватска, веќе следните години се носени нови стратешки документи за ребрендирање на државата, првиот пат за време на претседателството со Советот на ЕУ, а вториот за време на корона-кризата. Голем број глобални и локални неповолни околности и природни непогоди, ја оддалечија Хрватска од посакуваната перцепција и бренд што сакаше да го креира за себе, па нејзината слава во меѓувреме ја спасуваа туристичките работници и електричните автомобили „римац невера“, кои станаа најбаран хрватски извозен продукт. И така, сè до неодамна... кога едно младо, скромно, трудољубиво и бескрајно креативно момче од Умаг во Истра, заедно со својата свршеница, братот и најблискиот круг пријатели, создаде таква еуфорија, најнапред на хрватскиот избор за евровизиски претставник „Дора“, а потоа и на „Евросонг“ каде што го освои второто место и стана морален победник и миленик на публиката низ цела Европа и светот! Бејби Лазања е уметничкото име на 28-годишниот Марко Пуришиќ, типично момче од соседството, кое верува во Бога и е „до зла Бога“ нормален, искрен и скромен и со него може да се поистоветат голем број млади луѓе зад кои не стои никој, никаков политички или бизнис-моќник, никаква медиумска или шоу-бизнис машинерија! Но, Бејби Лазања кој со својот мал креативен тим и со „Рим Тим Таги Дим“-ритамот, ги покори и цела Европа и целиот свет и влезе меѓу петте највирални песни на Спотифај (Spotify), успеа да ја обедини во радост и гордост цела Хрватска, на ист начин како што го правеа тоа порано  хрватските фудбалери.

Бејби Лазања успеа преку својата уметност да направи таков хармоничен спој меѓу хрватската традиција, напуштените истарски села, плетените шустикли и везовите на истарските жени со моќната комбинација од рап, метал и дигиталното во музиката која сам ја создава, и патем, толку моќно да ја ребрендира и да ја направи својата земја толку видлива и толку допадлива, како никој друг пред него (вклучително и најдобрите ПР-агенции и сите хрватски експерти за брендирање, заедно!). И уште успеа да направи првокласен моден хит, а имено ─ плетените шустикли, наследени од бабите и прабабите, кои некогаш беа главен украс во домовите, повторно да бидат извадени од старите креденци и да бидат аплицирани како неизбежен моден детал за ова лето.

.................................................................................................................

А ние? Со полните креденци со исти такви шустикли и уште поубави везови, со заборавените села и со заборавените млади и креативни луѓе оставени сами на себе?! Ние, кои седум полни години ниту еден ден не станавме субјект кој сам си ја раскажува сопствената национална приказна?!

Ќе се кренеме ли, ќе ја ослободиме ли конечно инвентивноста и креативноста, ќе го поттикнеме ли знаењето и вештините кои денес најмногу ги вреднува светот ─ и ќе се обединиме ли околу, барем, еден единствен сопствен бренд, кој ќе нѐ направи ─ и горди и среќни!

(Барем три од новоформираните министерства имаат извонредна можност, конечно да го направат тоа! Да им дадеме шанса!)

The post И ние шустикли за трка имаме appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Пораките што ги емитираме преку нашиот говор или со нашиот молк, преку физиономијата на лицето, со положбата на рацете и на телото, со фризурата или облеката што ја носиме, зборуваат за нас, за нашата ментална, физичка и емоционална состојба, за акумулацијата на радости и болки, подеми и падови, за акумулираното знаење и незнаење, за нашите наивности и животни мудрости, за вредностите што ги поседуваме и кон кои стремиме, за нашите животни достигнувања и способности, но, пред сè, за нашата природа и за нашиот идентитет. Сето тоа заедно создава претстава за нас, која ја проектираме пред другите, создавајќи сопствен имиџ во светот со кој сме опкружени. Како на личен, така и на ниво на колективен, национален или државен план, пораките што ги емитираме зборуваат за нашиот идентитет, за нашите вредности, за стремежите, достигнувањата, нашите посебности и природни специфики! И така, колку свесно, толку и несвесно, се создава имиџот за државата и за нејзините граѓани во меѓународната јавност, кој се рефлектира во одредено ниво на видливост, препознатливост и уважување, што заедно создава одреден потенцијал кој може да носи и политички и економски користи и успеси. Државите со подобар имиџ, то ест подобрите и поумешните комуникатори во меѓународите односи, полесно доаѓаат до инвестиции, до туристи, до образована и трудољубива работна сила од странство, до поголема почит на меѓународната политичка сцена. Ако не сме субјект и ако не ја раскажуваме и емитираме сопствената приказна, стануваме објект со кого се занимаваат другите ─ и тогаш, токму другите ја раскажуваат нашата приказна, од која попрво би се срамеле, отколку гордееле!  Односот кон приказните за државите и народите, подеднакво важи и за поединците, индивидуалците ─ и личностите! Најлесно е, без никаков труд и интерес, да се остане на ниво на објект на кој други му го креираат имиџот и статусот: во држави како нашава, типично балканска, каде што најважната споредна работа е негативната селекција, зачинета со пикантерии од вообичаенит каталог со измислени таблиодни приказни ─ тоа станува и стандардна животна приказна, па оттука секогаш е потежок патот кон посакуваното позиционирање, како во личното непосредно опкружување на поединците, така и во глобален или регионален контекст на државите што ги создаваме и ги претставуваме! Добриот издржан имиџ, најпрво значи солидно разбирање на општествениот и културолошкиот контекст во кој актуелно живееме, значи: наше пронаоѓање и позиционирање во точно одреден контекст (во кој можеме да го изразиме и да го дадеме најдоброто од себе!); многу работа на себе;  многу умеење во комуникациите; постојано емитирање шарм и харизма (дури и кога не ни е дојдено до никакво емитирање!); достоинствено одење низ личните и професионални животни падови и подеми,  промени и предизвици; стил на живеење кој ни прилега и од кој во ниту еден момент не би се посрамотиле пред другите! И кој, во секој момент би можеле да го оправдаме пред самите себеси! И секако, сакале да си признаеме или не (иако нели „костумот не го прави човекот!“), добриот и складен избор на соодветна гардероба во сите тие животни прилики, неприлики и предизвици е исто така исклучително важен во креирањето на добриот и издржан имиџ! И добрите стари и моќни модерни држави, почесто се преоблекувале во ново руво и се преобликувале менувајќи го својот имиџ, и тоа многукратно, некогаш за да ја надминат старата и веќе не толку посакувана перцепција за себе, a некогаш да ја поправат лошата репутација за себе (Франција е извонреден пример за тоа, со перфектно креирано ребрендирање по секоја поголема општествена или политичка промена, a Шпанија,  исто така, e успешна ребрендирана приказна, кога по режимот на Франко, го одбра „Сонцето“ на Хуан Миро како симбол за слободна земја, сончева туристичка оаза, отворена за цел свет). Денес имиџот и идентитетот, во корелација со интегритетот, стануваат своевидни економски категории. Познатиот американски научник и дипломат Џозеф Неј, уште на крајот од минатиот век, луцидно предвиде дека во 21 век веќе нема да доминираат држави со големи територии и со најбројно население, ниту држави со економска или воената моќ, туку првенствено држави (дури и оние најмалите) кои ќе умеат да емитираат шарм и харизма! За државата која во извесна мера има способност да го шармира светот и која во одредени области и подрачја може да стане посакуван пример што другите сакаат да го следат, ─ велиме дека успеала да раскаже успешна национална приказна, која, пак, од своја страна станува и еден вид нејзина највредна валута! Меѓу нашиот личен имиџ и имиџот на државата, поврзаноста ниту е праволиниска, ниту е директна и непосредна, па ставањето во ист контекст може да изгледа несоодветно, па дури и несмасно! Но, дали е баш така?! Имиџот на државата го создаваат нејзините граѓани, нејзината природа и нејзиното културно наследство, меѓутоа, првенствено знаењето, креативноста и инвентивноста на граѓаните најдобро го одразуваат духот на таа држава. Природата сме ја затекнале со нашето доселување на одреден географски простор, културното наследство сме го наследиле од нашето предци, но само знаењето за нашата припадност кон наследеното богатство и само сегашната креативност и иновативност ја поттикнуваат нашата конкурентска моќ, меѓу мноштвото држави и народи, ние да бидеме препознаени, прифатени и допадливи со она што го создавме како бренд од себе и од сопствената држава! И сето тоа заедно ─ нашиот животен стил и животни навики, природните убавини и природната разноликост, грижата за природното и културното наследство, општествената одговорност,  креативноста и иновативноста, го чинат корпусот на мека моќ на една држава, според која се одредува и нејзиното регионално и глобално рангирање и влијание. И кога зборуваме за глобалното влијание на една Македонија, на Хрватска, на Црна Гора, на Шведска или на Франција и нивната мека моќ, тогаш слободно можеме да исчитаме дека таа моќ ја создаваат токму Македонците, Хрватите, Црногорците, Швеѓаните и Французите, т.е. граѓаните на тие држави! Еве еден пример! Според истражувањата на „Форбс“ последниве 5 години, Шведска е најугледна земја во светот! Зошто баш Шведска? Затоа што најголем број луѓе од сите делови на светот, изразиле  подготвеност  да живеат и да работат во Шведска, почитувајќи ја како земја со висок животен стандард, со одлично образование и со солиден здравствен систем, со високи социјални и работнички права. Најголем број луѓе сметале дека Шведска им создава можности на креативните и инвентивните луѓе да дојдат до израз. Се разбира, ништо од тоа не е случајно! Шведска од 2007 година само за истражување и развој издвојува 3,8 % од својот БДП и за само неколку години се вброи меѓу петте најиновативни држави во светот. Истото важи и за Данска, која на оваа листа, исто така, со години високо котира и успешно се брендира; или за Јужна Кореја која својот бренд го гради преку поп-културата, посебно преку К-попoт и К-филмот; или за Словенија која исклучително поволно е перципирана токму поради односот на нејзините граѓани кон животната средина, но и поради односот на државата кон безбедноста на граѓаните; или за исклучително добро позиционираната Хрватска поради уникатната туристичка понуда, а велат ─ и поради своите претседатели! (Доволно да се потсетиме на еуфоричната радост на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на СП во фудбал во Русија, 2018 година, кога Хрватска играше финале со Франција.) Хрватска, на пример, исклучително внимание му придава на секое и најмало поместување на скалата за глобална мека моќ, според респектабилниот индекс на моќ, наречен Бренд фајнанс (Brand Finance). Хрватска е регионална и европска туристичка сила, па падот на перцепциите во светот за нејзината гостољубивост, отвореност, инвентивност и креативност, толерантност, срдечност или подготвеност на нејзините граѓани да помогнат во незгоди, сериозно може да ја загрижат целокупната хрватска јавност. Хрватска имаше десетина ребрендирања од осамостојувањето на државата, од 1991 година  до денес,  од кои неколку беа стратешки добро осмислени потфати, кои се случија токму за време на претседателскиот мандат на Колинда Грабар-Китаровиќ. „Земја по мера на секој човек“ беше бренд-мотото од стратешкиот документ кој тогаш беше донесен, а на кој работеа 44 најголеми хрватски експерти за брендирање на државата и на нацијата. „Многу важно е како ве доживуваат другите, но уште толку важно е како ние се доживуваме себеси“ ─ ќе произлезе како заклучок од ова стратешко ребрендирање на Хрватска во 2018 година. Но, нели на Балканот, сите работи започнуваат од почеток со смената на политичките гарнитури, па и во Хрватска, веќе следните години се носени нови стратешки документи за ребрендирање на државата, првиот пат за време на претседателството со Советот на ЕУ, а вториот за време на корона-кризата. Голем број глобални и локални неповолни околности и природни непогоди, ја оддалечија Хрватска од посакуваната перцепција и бренд што сакаше да го креира за себе, па нејзината слава во меѓувреме ја спасуваа туристичките работници и електричните автомобили „римац невера“, кои станаа најбаран хрватски извозен продукт. И така, сè до неодамна... кога едно младо, скромно, трудољубиво и бескрајно креативно момче од Умаг во Истра, заедно со својата свршеница, братот и најблискиот круг пријатели, создаде таква еуфорија, најнапред на хрватскиот избор за евровизиски претставник „Дора“, а потоа и на „Евросонг“ каде што го освои второто место и стана морален победник и миленик на публиката низ цела Европа и светот! Бејби Лазања е уметничкото име на 28-годишниот Марко Пуришиќ, типично момче од соседството, кое верува во Бога и е „до зла Бога“ нормален, искрен и скромен и со него може да се поистоветат голем број млади луѓе зад кои не стои никој, никаков политички или бизнис-моќник, никаква медиумска или шоу-бизнис машинерија! Но, Бејби Лазања кој со својот мал креативен тим и со „Рим Тим Таги Дим“-ритамот, ги покори и цела Европа и целиот свет и влезе меѓу петте највирални песни на Спотифај (Spotify), успеа да ја обедини во радост и гордост цела Хрватска, на ист начин како што го правеа тоа порано  хрватските фудбалери. Бејби Лазања успеа преку својата уметност да направи таков хармоничен спој меѓу хрватската традиција, напуштените истарски села, плетените шустикли и везовите на истарските жени со моќната комбинација од рап, метал и дигиталното во музиката која сам ја создава, и патем, толку моќно да ја ребрендира и да ја направи својата земја толку видлива и толку допадлива, како никој друг пред него (вклучително и најдобрите ПР-агенции и сите хрватски експерти за брендирање, заедно!). И уште успеа да направи првокласен моден хит, а имено ─ плетените шустикли, наследени од бабите и прабабите, кои некогаш беа главен украс во домовите, повторно да бидат извадени од старите креденци и да бидат аплицирани како неизбежен моден детал за ова лето. ................................................................................................................. А ние? Со полните креденци со исти такви шустикли и уште поубави везови, со заборавените села и со заборавените млади и креативни луѓе оставени сами на себе?! Ние, кои седум полни години ниту еден ден не станавме субјект кој сам си ја раскажува сопствената национална приказна?! Ќе се кренеме ли, ќе ја ослободиме ли конечно инвентивноста и креативноста, ќе го поттикнеме ли знаењето и вештините кои денес најмногу ги вреднува светот ─ и ќе се обединиме ли околу, барем, еден единствен сопствен бренд, кој ќе нѐ направи ─ и горди и среќни! (Барем три од новоформираните министерства имаат извонредна можност, конечно да го направат тоа! Да им дадеме шанса!)

The post И ние шустикли за трка имаме appeared first on Република.

]]>
Yaa-seen-it-all генерации и хербариум институции https://republika.mk/kolumni/yaa-seen-it-all-generatsii-i-herbarium-institutsii/ Thu, 30 May 2024 13:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=783240

Васко Шутаров

Хербариумите од нашето детство

Чичко ми беше наставник по биологија во едно мало гратче на југот на Македонија и при крајот на школската година, кога е сè раззеленето и процветано, ги водеше учениците на настава во природа. Јас уште премал за на школо, а пресреќен дека ќе се дружам со поголеми ученици, се радував баш како што мало дете се радува на откривањето на природата. Многу години подоцна, разбравме дека сме биле вистински благословени деца, затоа што најубавите детски години сме ги поминале во игра и во освојување на природата! Ништо толку моќно не обединува и спојува, колку заедничкото откривање на природата!

Учениците на тие часови во природа собираа цвеќиња и билки и имаа задача од нив, до крајот на школската година да направат хербариуми, а чичко ми натоварен со еден куп папки, сите педантно врзани со врвки, ќе ги донесеше дома за да ги прегледа и оцени! Хербариумот, тој пресуван спој од бои, мириси и сончевина (нели секој цвет во својот корен чува светлина!), просто маѓепсуваше! Секој лист хартија, сам за себе беше и приказна и уметност и маѓија! А уште и наука- бидејќи сите тие собрани билки, внимателно пресувани, сушени и залепени на бел лист хартија, се класифицираа според видови, семејства и родови, со латинското име на билката, местото на собирање и името на ученикот-колекцонер.

Во сè што е природно (и кога е така откраднато од неа, исушено и изложено!) има нешто волшебно, вистинито и поучно, а цело наше детство беше токму такво!

Фрагментите од природата заробени во школските хербариуми се само делче од сеќавањата за природата и зеленилото од нашето детство! На прсти се броеја часовите одвоени за детска програма на единствениот телевизиски канал или програмите за деца на радиото, возрасните во семејствата беа постојано зафатени со работа, па не бевме прекорувани ако исчезневме и цело претпладне во природа, на некое од блиските ритчиња.

Оставени сами на себе со природата, учевме, според звуците и крајоликот низ кој движиме, во кое зеленило може да налетаме на гуштер или каде може да налетаме на некоја змија изложена на припек, распознававме спокоен пој, но и преплашен крик на птица, впивавме опој од расцветано полско цвеќе и ловевме „царски пеперутки“ со големи шарени крилја, за да ги донесеме дома и пуштиме повторно на слобода во нашите дворови. Слободата и безбедноста, тоа се првите денешни сеќавања за едно детство, поминато во склад со природата (или на денешниов модерен јазик кажано, аналогно со природата!)

Сите цветови и зеленила на една младост

Во социјализмот „со човечки лик“ ни помина и најголем дел од нашата младост, а природата никогаш не престана да биде наше прибежиште, кога требаше да се освојуваат, веќе други слободи од животот. И немаше потреба никој да нè подучува за разноразни „зелени агенди“, па секогаш сами си ги собиравме остатоците од нашиот, најчесто таен и ноќен престој меѓу борчињата на Вардарски Рид или меѓу врбите по крајбрежјето на Вардар!

Во младоста, за првпат се соочивме и со институциите и со бирократијата која одлучуваше за нашите слободи и за нашите животни судбини. Учевме трпеливо да чекаме, пред сите наши тогашни и подоцнежни, важни шалтери во животот.

И наместо природата, социјалистичката (и брутална!) архитектура од тогашните институции, стануваше наш втор дом! Имавме право и да критикуваме кога системот беше нефункционален и неправичен, но и тогаш, како и денес, ќе се изначекавме пред шалтери дури завршиме некоја работа! И денови, недели и месеци од нашите животи, поминаа чекајќи пред некакви неизбежни шалтери, за важни работи од нашите животи...

И тогаш, како и денес, така чекајќи, ќе се изнагледа(в)ме на саксиско цвеќе кое беше задолжителен декор во сите поважни институции од нашата младост - дали во пошта, на факултет, во библиотека или во читалница, во болница или во банка, на автобуска или во железничка станица, каде фокусна точка бил некој фикус во аголот. Социјализмот со човечки лик од нашата младост, така умешно знаеше да балансира помеѓу суровоста и стерилноста на бирократските амбиенти, облагородувајќи ги со зеленило, со нешто што навестува или потсетува на топлина и сплотеност со природата - и со нормалноста!

Се чини дека постоеше и сè уште постои тој премолчен договор според кој во болниците, училиштата, поштите, банките, комуналните претпријатија, всушност во сите шалтер-сали и јавни простори – саксиските зеленила, исто така јавни, да заземаат така важни места! Не е можно да се навлезе во историјата на овој феномен, бидејќи не е лесно да се најде конкретната врска со општествениот или културниот простор во кој се појавуваат толку силно овие социјалистички пејзажи, овие простори преполни со луѓе во работно време, да се претворат во топли ентериери - со цел да се прикрие нивната стерилна функционалност! Тој ненаметлив зелен дефокус, балансер помеѓу функционалното природно и помалку функционално општествено го преживеа и социјализмот и долгиот постсоцијалистички транзициски период и денес тврдокорно и жилаво вирее и кога институциите и установите тивко пропаѓаат - и однатре и однадвор!

И ден денешен, во многу установи и институции, кои никако не стасаа на ред да бидат модернизирани, како за инает на сите, сè уште опстојуваат социјалистичките саксии со украсни растенија и билки.

Фикуси, филадендрони, дифенбахии, бршлени, дрва на животот, шефлери, сансеверии (свекрвини јазици) или кактуси (карактеристични за транзицискиот период) пркосат на времето и жилаво опстојуваат и во услови на хибернација. Впрочем, како и мноштво установи и институции, и од државната управа и локалните самоуправи, кои вегетираат во вистинска хибернација, налик на зеленилото наследено од социјализмот! Таквите установи и институции некој од милост и со полно право ги нарекол, хербариум - институции!

.......................................................................................

Мала дигресија од зеленилата од нашата младост

Деновиве на социјалните мрежи се споделува еден текст, кој прилагоден на нашиве прилики би бил соодветен и за нашите хербариум-генерации: „родени сме во 40-50-60-тите години...и пораснавме во 50-60-70-тите години...студиравме во 60-70-80-тите години...се забавувавме во 70-80-90-тите години...се заветувавме на вечност, па го преоткривавме светот во 70-80-90-тите години...се стабилизиравме во 2000-тите...во 2010-тите станавме помудри...и еве веќе одлучно се движиме кон 2030 година... излегува дека сме живееле во осум различни децении.. во ДВЕ држави, во ДВА различни века и во ДВА различни милениуми...и поминавме од статични телефони-двојници, до видеоповици насекаде во светот....од кина и видеокасети преминавме на YouTube и Netflix, ..од винилни плочи до онлајн музика,.. од рачно напишани писма и машини за пишуваење, до е-пошта и WhatsApp. ...од фудбалски радиопреноси во живо, до црно-бела телевизија, па до HD TV…ги разработивме  првите компјутери, графички картички, флопи и дискови и сега имаме гигабајти и мегабајти во рака на нашите мобилни телефони и iPads...се вакциниравме редовно, често и во ист ден....и избегнавме полио, менингитис, грип H1N1 и  последно, ковид-19..... возевме ролшуи, трицикли, велосипеди, мопеди, бензински или дизел автомобили, а сега возиме хибридни или 100% електрични!“.

„Помладиве би можеле да нè класифицираат како „суштински“луѓе родени во тој свет во 1950-60-70-80-тите, кои имале аналогно детство и дигитална зрелост,  своевидна „Yaa-seen-all-in“-генерација која буквално живееше и виде сè, постојано прилагодувајќи се на сите можни „ПРОМЕНИ“!

Освен едни значајни промени кои никогаш не ги доживеавме, а кои требаше суштински да го променат на подобро квалитетот на нашите животи на -промените во хербариум-институциите со хибернирано социјалистичко зеленило, по аглите и скалите!

И еве нè повторно пред предизвикот наречен промени!

Ќе доживеат ли конечно и мојата и нашите „Yaa-seen-it-all“ генерации, (денес веќе сениори и во дигиталнава ера), а посебно денешниве млади родени со дигиталните уреди во раце (кои за хербариуми само од нас можат да чујат!), вистински квалитетни промени во животот, поврзани со системска и суштинска реформа, како и трансформација на институциите во модерни, дигитализирани и потполно функционални сервиси за граѓаните, кои ќе одговараат на предизвиците на времето во кое живееме?!

Оние кои подобро ги познаваат актуелните состојби во институциите, велат, дека новата власт која најави суштински реформи и јавна и транспарентна отчетност на јавната и државната администрација, ќе наиде на руини и дека ќе мора планини да поместува, за да се пресоздаде еден  институционален амбиент со здрави, нормални и модерни правила на игра, функционален и обединувачки систем од институции кој ќе ги почитува и практикува компетитивноста, меритократијата, нултата толеранција за корупција и постојаното унапредување на заштитата на интересите и достоинството на граѓаните и државата!

(Дали ќе се создаде потребното двотретинско парламентарно мнозинство кое би ја одразило и мнозинската волја на граѓаните за системски промени во органите на државната управа, ќе знаеме набргу, веќе за некој ден! И тоа ќе биде првиот, но не и еднократен реформски чин!)

Добро е да се редефинираат, рекомпонираат и да се создадат нови ресори, да се укинат позициите заменици-директори, со што во најмала рака ќе се намалат непродуктивните трошоци во работењето, добро е да се применат најдобрите европски практики и да се скратат најмалку 10 % од вкупниот број органи на државната управа, институции и јавни претпријатија (верувале или не, ги има 1.371 на број!) да се редуцираат на минимум гломазните управни и надзорни одбори и на установи и институции, со два-тројца вработени, да се воведе централизиран систем за заеднички административни, сметководствени и логистички работи, за институциите со слични или сродни надлежности-и да почне да се намалува армијата од директори и функционери кои со години непотребно (а веројатно и немилосрдно!), го оптоваруваа буџетот на држaвата.

Колку потполно атрофирани установи и институции (како хибернираното социјалистичко цвеќе во саксии!) ќе излезат на виделина, колку атрофирани „клати врата-земај плата“ вработени ќе бидат евидентирани, или колкав ќе биде бројот на регистрирани вработени кои само фигурираат, а воопшто не се појавуваат на работа (од балансерски или други „зелени причини“, на една партија која еднаш и еднократно се самопрогласи за „зелена“).

Ќе доживееме ли конечно и ние, кои ги поминавме и преживеавме сите промени, од аналогното детство и младост, до дигиталново зрело дома, а посебно младите генерации родени во дигиталново доба, со само неколку клика да си ги завршуваме обврските или со исто толку клика, да си ги завршуваме работите кои лесно, без дополнителни бирократски процедури и без долго фокусирање по фикусите во институциите се завршуваат-како во цел нормален и модерен свет?!

The post Yaa-seen-it-all генерации и хербариум институции appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Хербариумите од нашето детство Чичко ми беше наставник по биологија во едно мало гратче на југот на Македонија и при крајот на школската година, кога е сè раззеленето и процветано, ги водеше учениците на настава во природа. Јас уште премал за на школо, а пресреќен дека ќе се дружам со поголеми ученици, се радував баш како што мало дете се радува на откривањето на природата. Многу години подоцна, разбравме дека сме биле вистински благословени деца, затоа што најубавите детски години сме ги поминале во игра и во освојување на природата! Ништо толку моќно не обединува и спојува, колку заедничкото откривање на природата! Учениците на тие часови во природа собираа цвеќиња и билки и имаа задача од нив, до крајот на школската година да направат хербариуми, а чичко ми натоварен со еден куп папки, сите педантно врзани со врвки, ќе ги донесеше дома за да ги прегледа и оцени! Хербариумот, тој пресуван спој од бои, мириси и сончевина (нели секој цвет во својот корен чува светлина!), просто маѓепсуваше! Секој лист хартија, сам за себе беше и приказна и уметност и маѓија! А уште и наука- бидејќи сите тие собрани билки, внимателно пресувани, сушени и залепени на бел лист хартија, се класифицираа според видови, семејства и родови, со латинското име на билката, местото на собирање и името на ученикот-колекцонер. Во сè што е природно (и кога е така откраднато од неа, исушено и изложено!) има нешто волшебно, вистинито и поучно, а цело наше детство беше токму такво! Фрагментите од природата заробени во школските хербариуми се само делче од сеќавањата за природата и зеленилото од нашето детство! На прсти се броеја часовите одвоени за детска програма на единствениот телевизиски канал или програмите за деца на радиото, возрасните во семејствата беа постојано зафатени со работа, па не бевме прекорувани ако исчезневме и цело претпладне во природа, на некое од блиските ритчиња. Оставени сами на себе со природата, учевме, според звуците и крајоликот низ кој движиме, во кое зеленило може да налетаме на гуштер или каде може да налетаме на некоја змија изложена на припек, распознававме спокоен пој, но и преплашен крик на птица, впивавме опој од расцветано полско цвеќе и ловевме „царски пеперутки“ со големи шарени крилја, за да ги донесеме дома и пуштиме повторно на слобода во нашите дворови. Слободата и безбедноста, тоа се првите денешни сеќавања за едно детство, поминато во склад со природата (или на денешниов модерен јазик кажано, аналогно со природата!) Сите цветови и зеленила на една младост Во социјализмот „со човечки лик“ ни помина и најголем дел од нашата младост, а природата никогаш не престана да биде наше прибежиште, кога требаше да се освојуваат, веќе други слободи од животот. И немаше потреба никој да нè подучува за разноразни „зелени агенди“, па секогаш сами си ги собиравме остатоците од нашиот, најчесто таен и ноќен престој меѓу борчињата на Вардарски Рид или меѓу врбите по крајбрежјето на Вардар! Во младоста, за првпат се соочивме и со институциите и со бирократијата која одлучуваше за нашите слободи и за нашите животни судбини. Учевме трпеливо да чекаме, пред сите наши тогашни и подоцнежни, важни шалтери во животот. И наместо природата, социјалистичката (и брутална!) архитектура од тогашните институции, стануваше наш втор дом! Имавме право и да критикуваме кога системот беше нефункционален и неправичен, но и тогаш, како и денес, ќе се изначекавме пред шалтери дури завршиме некоја работа! И денови, недели и месеци од нашите животи, поминаа чекајќи пред некакви неизбежни шалтери, за важни работи од нашите животи... И тогаш, како и денес, така чекајќи, ќе се изнагледа(в)ме на саксиско цвеќе кое беше задолжителен декор во сите поважни институции од нашата младост - дали во пошта, на факултет, во библиотека или во читалница, во болница или во банка, на автобуска или во железничка станица, каде фокусна точка бил некој фикус во аголот. Социјализмот со човечки лик од нашата младост, така умешно знаеше да балансира помеѓу суровоста и стерилноста на бирократските амбиенти, облагородувајќи ги со зеленило, со нешто што навестува или потсетува на топлина и сплотеност со природата - и со нормалноста! Се чини дека постоеше и сè уште постои тој премолчен договор според кој во болниците, училиштата, поштите, банките, комуналните претпријатија, всушност во сите шалтер-сали и јавни простори – саксиските зеленила, исто така јавни, да заземаат така важни места! Не е можно да се навлезе во историјата на овој феномен, бидејќи не е лесно да се најде конкретната врска со општествениот или културниот простор во кој се појавуваат толку силно овие социјалистички пејзажи, овие простори преполни со луѓе во работно време, да се претворат во топли ентериери - со цел да се прикрие нивната стерилна функционалност! Тој ненаметлив зелен дефокус, балансер помеѓу функционалното природно и помалку функционално општествено го преживеа и социјализмот и долгиот постсоцијалистички транзициски период и денес тврдокорно и жилаво вирее и кога институциите и установите тивко пропаѓаат - и однатре и однадвор! И ден денешен, во многу установи и институции, кои никако не стасаа на ред да бидат модернизирани, како за инает на сите, сè уште опстојуваат социјалистичките саксии со украсни растенија и билки. Фикуси, филадендрони, дифенбахии, бршлени, дрва на животот, шефлери, сансеверии (свекрвини јазици) или кактуси (карактеристични за транзицискиот период) пркосат на времето и жилаво опстојуваат и во услови на хибернација. Впрочем, како и мноштво установи и институции, и од државната управа и локалните самоуправи, кои вегетираат во вистинска хибернација, налик на зеленилото наследено од социјализмот! Таквите установи и институции некој од милост и со полно право ги нарекол, хербариум - институции! ....................................................................................... Мала дигресија од зеленилата од нашата младост Деновиве на социјалните мрежи се споделува еден текст, кој прилагоден на нашиве прилики би бил соодветен и за нашите хербариум-генерации: „родени сме во 40-50-60-тите години...и пораснавме во 50-60-70-тите години...студиравме во 60-70-80-тите години...се забавувавме во 70-80-90-тите години...се заветувавме на вечност, па го преоткривавме светот во 70-80-90-тите години...се стабилизиравме во 2000-тите...во 2010-тите станавме помудри...и еве веќе одлучно се движиме кон 2030 година... излегува дека сме живееле во осум различни децении.. во ДВЕ држави, во ДВА различни века и во ДВА различни милениуми...и поминавме од статични телефони-двојници, до видеоповици насекаде во светот....од кина и видеокасети преминавме на YouTube и Netflix, ..од винилни плочи до онлајн музика,.. од рачно напишани писма и машини за пишуваење, до е-пошта и WhatsApp. ...од фудбалски радиопреноси во живо, до црно-бела телевизија, па до HD TV…ги разработивме  првите компјутери, графички картички, флопи и дискови и сега имаме гигабајти и мегабајти во рака на нашите мобилни телефони и iPads...се вакциниравме редовно, често и во ист ден....и избегнавме полио, менингитис, грип H1N1 и  последно, ковид-19..... возевме ролшуи, трицикли, велосипеди, мопеди, бензински или дизел автомобили, а сега возиме хибридни или 100% електрични!“. „Помладиве би можеле да нè класифицираат како „суштински“луѓе родени во тој свет во 1950-60-70-80-тите, кои имале аналогно детство и дигитална зрелост,  своевидна „Yaa-seen-all-in“-генерација која буквално живееше и виде сè, постојано прилагодувајќи се на сите можни „ПРОМЕНИ“! Освен едни значајни промени кои никогаш не ги доживеавме, а кои требаше суштински да го променат на подобро квалитетот на нашите животи на -промените во хербариум-институциите со хибернирано социјалистичко зеленило, по аглите и скалите! И еве нè повторно пред предизвикот наречен промени! Ќе доживеат ли конечно и мојата и нашите „Yaa-seen-it-all“ генерации, (денес веќе сениори и во дигиталнава ера), а посебно денешниве млади родени со дигиталните уреди во раце (кои за хербариуми само од нас можат да чујат!), вистински квалитетни промени во животот, поврзани со системска и суштинска реформа, како и трансформација на институциите во модерни, дигитализирани и потполно функционални сервиси за граѓаните, кои ќе одговараат на предизвиците на времето во кое живееме?! Оние кои подобро ги познаваат актуелните состојби во институциите, велат, дека новата власт која најави суштински реформи и јавна и транспарентна отчетност на јавната и државната администрација, ќе наиде на руини и дека ќе мора планини да поместува, за да се пресоздаде еден  институционален амбиент со здрави, нормални и модерни правила на игра, функционален и обединувачки систем од институции кој ќе ги почитува и практикува компетитивноста, меритократијата, нултата толеранција за корупција и постојаното унапредување на заштитата на интересите и достоинството на граѓаните и државата! (Дали ќе се создаде потребното двотретинско парламентарно мнозинство кое би ја одразило и мнозинската волја на граѓаните за системски промени во органите на државната управа, ќе знаеме набргу, веќе за некој ден! И тоа ќе биде првиот, но не и еднократен реформски чин!) Добро е да се редефинираат, рекомпонираат и да се создадат нови ресори, да се укинат позициите заменици-директори, со што во најмала рака ќе се намалат непродуктивните трошоци во работењето, добро е да се применат најдобрите европски практики и да се скратат најмалку 10 % од вкупниот број органи на државната управа, институции и јавни претпријатија (верувале или не, ги има 1.371 на број!) да се редуцираат на минимум гломазните управни и надзорни одбори и на установи и институции, со два-тројца вработени, да се воведе централизиран систем за заеднички административни, сметководствени и логистички работи, за институциите со слични или сродни надлежности-и да почне да се намалува армијата од директори и функционери кои со години непотребно (а веројатно и немилосрдно!), го оптоваруваа буџетот на држaвата. Колку потполно атрофирани установи и институции (како хибернираното социјалистичко цвеќе во саксии!) ќе излезат на виделина, колку атрофирани „клати врата-земај плата“ вработени ќе бидат евидентирани, или колкав ќе биде бројот на регистрирани вработени кои само фигурираат, а воопшто не се појавуваат на работа (од балансерски или други „зелени причини“, на една партија која еднаш и еднократно се самопрогласи за „зелена“). Ќе доживееме ли конечно и ние, кои ги поминавме и преживеавме сите промени, од аналогното детство и младост, до дигиталново зрело дома, а посебно младите генерации родени во дигиталново доба, со само неколку клика да си ги завршуваме обврските или со исто толку клика, да си ги завршуваме работите кои лесно, без дополнителни бирократски процедури и без долго фокусирање по фикусите во институциите се завршуваат-како во цел нормален и модерен свет?!

The post Yaa-seen-it-all генерации и хербариум институции appeared first on Република.

]]>
Неодоливиот шарм на културната дипломатија https://republika.mk/kolumni/neodoliviot-sharm-na-kulturnata-diplomatija/ Thu, 23 May 2024 11:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=781156

Васко Шутаров

Во втората половина од 19 век, Франција сè потешко се носи со стекнатиот имиџ на најголема светска империјална сила и во неколкувековната конкурентска борба со Британската империја почнува да потклекнува и да ја губи доминацијата. Француското колонијално царство било огромно и француските власти барале начин како да ги скратат огромните финансиски издатоци за управување на огромниот број колонизирани држави, распослани по сите светски меридијани. Тогашната француска одлука била и оригинална и визионерска  ̶  наместо да се трошат милијарди франци за испраќање војска, жандармерија и администрација во колонизираните земји, Франција преку вложувања и промоција во француската музика, јазик и литература, мода и кујна, ќе се обиде да ги освои срцата и умовите на народите кои се под нејзина колонијална управа!

Околу оваа генијална идеја се обединуваат тогашните најголеми француски умови: научникот Луј Пастер, писателите Жил Верн и Ернест Ренан, дипломатот и градител на Суецкиот канал, Фердинанд де Лесепс и сопственикот на најголемото француско книгоиздателство, Арман Колен. Во јули 1883 година се раѓа идејата, со која преку француската култура се креира најповолна и најпривлечна можна перцепција за Франција меѓу народите во светот и така се создава Алијанс Франсез! Денес, тоа е, сè уште, најраширената мрежа за културна дипломатија во светот!

(Франција, два века пред оваа важна културно-дипломатска одлука, била исклучително моќна дипломатска сила, а францускиот јазик бил дипломатски јазик, кој задолжително морале да го познаваат сите дипломати на тогашните светски сили. Но, кога од втората половина на 19 век, Франција веќе чувствува дека нејзината дипломатија не може да парира на тврдата моќ на веќе помоќните држави, ја измислува и станува родно место на културната дипломатија!)

Истата таа 1883 година, во Германија умира најголемиот композитор на тогашното време, Рихард Вагнер. Неговиот оригинален, интригантен и моќен музички опус е силно вграден во обединувањето и издигнувањето на германските држави во една нова и моќна држава, од непосредното соседство на Франција! По меѓусебната војна во 1870/71 година, во која Германија победува, на Французите им станува јасно, дека покрај Британија, ќе мора да се соочуваат и со тврдата моќ на железниот германски канцелар фон Бизмарк и освојувачкиот порив и моќта на новата голема европска и светска сила.

Франција, која низ годините што следеа потоа, никогаш не се откажа од употребата на тврда моќ во меѓународните односи, посебно во двете брутални светски војни токму против Германија, за свој постојан сојузник постојано ја имаше заводливата и функционална мека моќ на културната дипломатија.

(Британската дипломатија дури во 1934 година, следејќи го примерот на сеприсутната француска, но соочена најмногу со германската нацистичка и советската комунистичка пропаганда, го основа Британскиот совет како носител на британските културно-дипломатски акции во светот.)

По Втората светска војна, со разгорувањето на т.н. Студена војна меѓу двата политичко-идеолошки и културолошки модели на владеење и живеење, американската културна дипломатија станува водечка во процесите „на освојувања на срцата и умовите на народите“, посебно меѓу комунистичките држави, каде што доминира советската културна дипломатија. Француската културна дипломатија, покрај британската и германската (која во 50-тите години ги основа Гете-институтите), во чекор ја следат американската и успеваат само со привлечната и ненаметлива моќ на културата, да ги растопат решетките на „Железната завеса“. Културната дипломатија или меката моќ во меѓународните односи, беше пресудна за рушењето на Берлинскиот ѕид и за падот на комунизмот.

И веднаш потоа, токму културната дипломатија прва почнува да ги помирува различностите, да ги приближува и да ги препознава како единство во кое мора меѓусебно да се соработува и да се создаваат цврсти партнерски односи во промовирањето на заедничките вредности, идеи и концепти. Во еден таков геополитички контекст, беше сосем нормално и Ангела Меркел својот годишен одмор да го одредува според програмата на славниот Бајројт фестивал (посветен исклучиво на музиката на Вагнер), а нејзини специјални гости да бидат првите луѓе на француската, британската, американската и руската политика.

Вагнер и неговата моќна музика, кои некогаш беа музичка претходница на германската експанзионистичка политика, токму во Бајројт станаа средиште каде што културата, а посебно музиката, почна да се ослободува од секакво идеолошко или политичко партипри (фр. parti pris, однапред утврдено мислење)  и да обединуваат, како Бетовеновата „Ода на Радоста“!

................................................................................

Ние, Македонците, и нашата македонска култура никогаш не сме биле оставени надвор од доминантните европски и светски културно-дипломатски контексти и процеси, иако најдолго сме биле подложни на тврдата турска политичка моќ и голата верска и образовно-културна пропаганда од страна на веќе формираните соседски држави. Посуптилното културно-дипломатско влијание, може да се почувствува веќе кон крајот на 19 век, во судирот меѓу „а ла франга“ и „а ла турка“ во начинот на живеење меѓу помладите во градските средини, како судир помеѓу западниот стил (од модата, до архитектурата), наспроти ориенталниот, како резултат од долгото турско влијание.

Меѓу двете светски војни, тогашното Кралство Југославија се отвора кон Западот и преку Белград, во Македонија се чувствуваат влијанијата на француската, британската, американската и германската културна дипломатија.

Во Титова Југославија, пак, по раскинувањето на потесните врски со Сталин и блокот од комунистички држави, првото посериозно отворање кон Западот се случува преку културната дипломатија и преку генијалниот проект замислен  од писателот Мирослав Крлежа. Во 1953 година, во Гранд Пале во Париз е  отворена грандиозна изложба со икони и фрески од манастири во Србија, романтичарска скулптура од Далмација и познатите босански стеќци. Цел Париз (Tout-Paris!), со денови зборува за културното преоткривање на една балканска држава од мракот на комунистичкиот блок, која на западот му претставува непроценливо културно наследство, не помалку вредно од ренесансното!

(Македонија, која во првичната замисла за изложбата во Париз, требало да биде застапена токму со својата уникатна колекција од икони и фрески постари од делата на италијанската Ренесанса, сепак своето прво големо претставување во светот го има преку својот фолклор и фантастичниот прием на концертите на „Танец“, најпрво во Велика Британија, па подоцна низ подиумите на сите поголеми западни центри.)

Во 1974 година, во Скопје е отворен првиот странски културен центар во Македонија,  ̶   чиј друг, ако не францускиот! Тоа се години во кои се случува, можеби, и најинтензивната македонско-француска културна размена, благодарение и на профетскиот дух и на дипломатските вештини на нашиот голем поет Ацо Шопов, кој, како прв човек на тогашната Републичка комисија за културни врски со странство (своевиден пандан на денешниве институти за културна дипломатија), ја претставува македонската култура во Париз, на најрепрезентативен можен начин.

...............................................................

Годинава Франција ќе биде домаќин на Летните олимписки игри, па како што Британија во 2012 година направи културно-дипломатски спектакл при нивното затворање, се очекува годинава и на уште повпечатлив начин да го направи тоа и француската културна дипломатија. Тоа се држави со долга институционална меморија и средишта каде што се испреплетуваат мрежи од најдобрите и најмоќните светски културно-дипломатски акции. Веќе се знае дека кореограф на овој долгоочекуван настан ќе биде исклучителниот Мурад Мерзуки, познат по тоа што хип-хопот го внесе во светот на современата кореографија и од тоа направи врвна уметност.

Благодарение на Францускиот институт во Скопје и Танц-фестот на Рисима Рисимкин, неодамна и македонската публика, во рамките на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од основањето на институтот, беше дел од најдоброто во модерниот светски танц. Во еден неверојатен и просто совршен танцов, музички и визуелен амалгам, Французите ни одржаа лекција, како во само еден еден час, може да се обединат и да се спојат најдобрите музички традиции од сите меридијани и да бидат вградени во ритамот на модерниот уличен хип-хоп. Беше вистинска привилегија да се биде дел од премиерното прикажување на еден „Мозаик“ низ кој прозвучија и андалузиска гитара и келтска музика и црковна духовна музика и италијански канцони и перуански и африкански мотиви, амбиентални музички теми од музичкиот опус на Лори Андерсон и Брајан Ино и сето тоа заедно, вклопено во една фантастична естетска целина низ сите перспективи на модерниот хип-хоп.

Францускиот институт во Скопје, преку најдоброто од репертоарот на „кореографот-алхемичар“ Мерзуки, преку сцената на Македонскиот народен театар, за само еден час, успеа да ја пренесе македонската публика меѓу амбиентите на најмодерното и најмоќното во современиот танц. И можеше ли некој, во еден толку добро осмислен концепт, да ги сведе асоцијативно Французите само на актуелната политичка синтагма „француски предлог“ или да ѝ забележи на најстарата културна дипломатија во светот за претенциозност, додека со таква леснотија и елеганција, по којзнае кој пат нè убедуваше дека: „она што политиката го демонизира, културата може да го хуманизира и да го хармонизира!“

Само една вечер подоцна (случајно или не?!), бугарската културна дипломатија ја плени македонска оперска публика со „Валкира“ од Вагнер, во рамките на 52. мајски оперски вечери. Епската музичка драма од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“ во изведба на Софиската опера и балет,  ̶  и публиката и музичката критика ги доживеаја како своевиден уметнички спектакл. Постановката на „Валкира“ ја режираше бугарскиот академик Пламен Карталов, кој е организатор и на познатиот фестивал посветен на Вагнер, на кој секое лето во Софија се собираат музички сладокусци и познати музички критичари од целиот свет. Сред вагнеровските височини на реткиот музички спектакл што ни го приредија бугарските уметници, вредеше ли некој да се занимава со примитивната демонстрација на дипломатија на мускули, на каква што сме изложени кога културата е стивната,  ̶  а политичарите кои сакаат и чувствуваат култура, се замолчани?!

............................................................................

Новоизбраната македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, тивко, без попма и фанфари, точно како што налага и како што дејствува културната дипломатија, беше дел од овој настан, како што, впрочем,  безброј пати била неизоставен посетител на секој значаен културен настан во македонската метропола. Македонија избра претседателка која сака и која препознава култура, а како научник го познава и значењето на меката моќ во меѓународните односи! Чуму чудење тогаш?!

Но, каква македонска културна дипломатија наследува Претседателката со преземањето на функцијата, ќе дознаеме деновиве со првиот важен меѓународен настан (културно-дипломатски во својата суштина!)  ̶ чествувањето на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј во Рим!

Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести. Низ изминативе 54 години, со поддршка од Министерството за култура, како држава сме организирале и фантастични изложби, како што беа „Македонските бронзи“, или „Словенските ракописи од Македонија од 13 до 19 век“ кои беа презентирани во Ватиканските музеи или изложбата „Македонска резба“ поставена во монументалниот простор на комплексот Виторијано во Рим! Што планирале и подготвиле за овој настан министрите за култура и за надворешни работи, во заминување, ќе видиме веќе утре, на 24 мај во Рим!

Она што со сигурност го знаеме е дека македонската културна дипломатија во 2024 година ќе ја нема ни пред, ни по одржувањето на Олимпијадата во Париз, ќе ја нема ни во Лондон, Берлин, Рим, Мадрид, Атина или Будимпешта, ќе ја нема ни во останатите важни европски метрополи и градови  ̶  седишта на важни меѓународни организации, ниту ќе ја има во трите европски метрополи на културата за 2024 година! Затоа што Бисера и Бујар, ниту знаеја како, ниту сакаа значајно некаде да нè има?! А, само во два дена, и Французите и Бугарите ни покажаа како и каде мора да нè има!

The post Неодоливиот шарм на културната дипломатија appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Во втората половина од 19 век, Франција сè потешко се носи со стекнатиот имиџ на најголема светска империјална сила и во неколкувековната конкурентска борба со Британската империја почнува да потклекнува и да ја губи доминацијата. Француското колонијално царство било огромно и француските власти барале начин како да ги скратат огромните финансиски издатоци за управување на огромниот број колонизирани држави, распослани по сите светски меридијани. Тогашната француска одлука била и оригинална и визионерска  ̶  наместо да се трошат милијарди франци за испраќање војска, жандармерија и администрација во колонизираните земји, Франција преку вложувања и промоција во француската музика, јазик и литература, мода и кујна, ќе се обиде да ги освои срцата и умовите на народите кои се под нејзина колонијална управа! Околу оваа генијална идеја се обединуваат тогашните најголеми француски умови: научникот Луј Пастер, писателите Жил Верн и Ернест Ренан, дипломатот и градител на Суецкиот канал, Фердинанд де Лесепс и сопственикот на најголемото француско книгоиздателство, Арман Колен. Во јули 1883 година се раѓа идејата, со која преку француската култура се креира најповолна и најпривлечна можна перцепција за Франција меѓу народите во светот и така се создава Алијанс Франсез! Денес, тоа е, сè уште, најраширената мрежа за културна дипломатија во светот! (Франција, два века пред оваа важна културно-дипломатска одлука, била исклучително моќна дипломатска сила, а францускиот јазик бил дипломатски јазик, кој задолжително морале да го познаваат сите дипломати на тогашните светски сили. Но, кога од втората половина на 19 век, Франција веќе чувствува дека нејзината дипломатија не може да парира на тврдата моќ на веќе помоќните држави, ја измислува и станува родно место на културната дипломатија!) Истата таа 1883 година, во Германија умира најголемиот композитор на тогашното време, Рихард Вагнер. Неговиот оригинален, интригантен и моќен музички опус е силно вграден во обединувањето и издигнувањето на германските држави во една нова и моќна држава, од непосредното соседство на Франција! По меѓусебната војна во 1870/71 година, во која Германија победува, на Французите им станува јасно, дека покрај Британија, ќе мора да се соочуваат и со тврдата моќ на железниот германски канцелар фон Бизмарк и освојувачкиот порив и моќта на новата голема европска и светска сила. Франција, која низ годините што следеа потоа, никогаш не се откажа од употребата на тврда моќ во меѓународните односи, посебно во двете брутални светски војни токму против Германија, за свој постојан сојузник постојано ја имаше заводливата и функционална мека моќ на културната дипломатија. (Британската дипломатија дури во 1934 година, следејќи го примерот на сеприсутната француска, но соочена најмногу со германската нацистичка и советската комунистичка пропаганда, го основа Британскиот совет како носител на британските културно-дипломатски акции во светот.) По Втората светска војна, со разгорувањето на т.н. Студена војна меѓу двата политичко-идеолошки и културолошки модели на владеење и живеење, американската културна дипломатија станува водечка во процесите „на освојувања на срцата и умовите на народите“, посебно меѓу комунистичките држави, каде што доминира советската културна дипломатија. Француската културна дипломатија, покрај британската и германската (која во 50-тите години ги основа Гете-институтите), во чекор ја следат американската и успеваат само со привлечната и ненаметлива моќ на културата, да ги растопат решетките на „Железната завеса“. Културната дипломатија или меката моќ во меѓународните односи, беше пресудна за рушењето на Берлинскиот ѕид и за падот на комунизмот. И веднаш потоа, токму културната дипломатија прва почнува да ги помирува различностите, да ги приближува и да ги препознава како единство во кое мора меѓусебно да се соработува и да се создаваат цврсти партнерски односи во промовирањето на заедничките вредности, идеи и концепти. Во еден таков геополитички контекст, беше сосем нормално и Ангела Меркел својот годишен одмор да го одредува според програмата на славниот Бајројт фестивал (посветен исклучиво на музиката на Вагнер), а нејзини специјални гости да бидат првите луѓе на француската, британската, американската и руската политика. Вагнер и неговата моќна музика, кои некогаш беа музичка претходница на германската експанзионистичка политика, токму во Бајројт станаа средиште каде што културата, а посебно музиката, почна да се ослободува од секакво идеолошко или политичко партипри (фр. parti pris, однапред утврдено мислење)  и да обединуваат, како Бетовеновата „Ода на Радоста“! ................................................................................ Ние, Македонците, и нашата македонска култура никогаш не сме биле оставени надвор од доминантните европски и светски културно-дипломатски контексти и процеси, иако најдолго сме биле подложни на тврдата турска политичка моќ и голата верска и образовно-културна пропаганда од страна на веќе формираните соседски држави. Посуптилното културно-дипломатско влијание, може да се почувствува веќе кон крајот на 19 век, во судирот меѓу „а ла франга“ и „а ла турка“ во начинот на живеење меѓу помладите во градските средини, како судир помеѓу западниот стил (од модата, до архитектурата), наспроти ориенталниот, како резултат од долгото турско влијание. Меѓу двете светски војни, тогашното Кралство Југославија се отвора кон Западот и преку Белград, во Македонија се чувствуваат влијанијата на француската, британската, американската и германската културна дипломатија. Во Титова Југославија, пак, по раскинувањето на потесните врски со Сталин и блокот од комунистички држави, првото посериозно отворање кон Западот се случува преку културната дипломатија и преку генијалниот проект замислен  од писателот Мирослав Крлежа. Во 1953 година, во Гранд Пале во Париз е  отворена грандиозна изложба со икони и фрески од манастири во Србија, романтичарска скулптура од Далмација и познатите босански стеќци. Цел Париз (Tout-Paris!), со денови зборува за културното преоткривање на една балканска држава од мракот на комунистичкиот блок, која на западот му претставува непроценливо културно наследство, не помалку вредно од ренесансното! (Македонија, која во првичната замисла за изложбата во Париз, требало да биде застапена токму со својата уникатна колекција од икони и фрески постари од делата на италијанската Ренесанса, сепак своето прво големо претставување во светот го има преку својот фолклор и фантастичниот прием на концертите на „Танец“, најпрво во Велика Британија, па подоцна низ подиумите на сите поголеми западни центри.) Во 1974 година, во Скопје е отворен првиот странски културен центар во Македонија,  ̶   чиј друг, ако не францускиот! Тоа се години во кои се случува, можеби, и најинтензивната македонско-француска културна размена, благодарение и на профетскиот дух и на дипломатските вештини на нашиот голем поет Ацо Шопов, кој, како прв човек на тогашната Републичка комисија за културни врски со странство (своевиден пандан на денешниве институти за културна дипломатија), ја претставува македонската култура во Париз, на најрепрезентативен можен начин. ............................................................... Годинава Франција ќе биде домаќин на Летните олимписки игри, па како што Британија во 2012 година направи културно-дипломатски спектакл при нивното затворање, се очекува годинава и на уште повпечатлив начин да го направи тоа и француската културна дипломатија. Тоа се држави со долга институционална меморија и средишта каде што се испреплетуваат мрежи од најдобрите и најмоќните светски културно-дипломатски акции. Веќе се знае дека кореограф на овој долгоочекуван настан ќе биде исклучителниот Мурад Мерзуки, познат по тоа што хип-хопот го внесе во светот на современата кореографија и од тоа направи врвна уметност. Благодарение на Францускиот институт во Скопје и Танц-фестот на Рисима Рисимкин, неодамна и македонската публика, во рамките на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од основањето на институтот, беше дел од најдоброто во модерниот светски танц. Во еден неверојатен и просто совршен танцов, музички и визуелен амалгам, Французите ни одржаа лекција, како во само еден еден час, може да се обединат и да се спојат најдобрите музички традиции од сите меридијани и да бидат вградени во ритамот на модерниот уличен хип-хоп. Беше вистинска привилегија да се биде дел од премиерното прикажување на еден „Мозаик“ низ кој прозвучија и андалузиска гитара и келтска музика и црковна духовна музика и италијански канцони и перуански и африкански мотиви, амбиентални музички теми од музичкиот опус на Лори Андерсон и Брајан Ино и сето тоа заедно, вклопено во една фантастична естетска целина низ сите перспективи на модерниот хип-хоп. Францускиот институт во Скопје, преку најдоброто од репертоарот на „кореографот-алхемичар“ Мерзуки, преку сцената на Македонскиот народен театар, за само еден час, успеа да ја пренесе македонската публика меѓу амбиентите на најмодерното и најмоќното во современиот танц. И можеше ли некој, во еден толку добро осмислен концепт, да ги сведе асоцијативно Французите само на актуелната политичка синтагма „француски предлог“ или да ѝ забележи на најстарата културна дипломатија во светот за претенциозност, додека со таква леснотија и елеганција, по којзнае кој пат нè убедуваше дека: „она што политиката го демонизира, културата може да го хуманизира и да го хармонизира!“ Само една вечер подоцна (случајно или не?!), бугарската културна дипломатија ја плени македонска оперска публика со „Валкира“ од Вагнер, во рамките на 52. мајски оперски вечери. Епската музичка драма од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“ во изведба на Софиската опера и балет,  ̶  и публиката и музичката критика ги доживеаја како своевиден уметнички спектакл. Постановката на „Валкира“ ја режираше бугарскиот академик Пламен Карталов, кој е организатор и на познатиот фестивал посветен на Вагнер, на кој секое лето во Софија се собираат музички сладокусци и познати музички критичари од целиот свет. Сред вагнеровските височини на реткиот музички спектакл што ни го приредија бугарските уметници, вредеше ли некој да се занимава со примитивната демонстрација на дипломатија на мускули, на каква што сме изложени кога културата е стивната,  ̶  а политичарите кои сакаат и чувствуваат култура, се замолчани?! ............................................................................ Новоизбраната македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, тивко, без попма и фанфари, точно како што налага и како што дејствува културната дипломатија, беше дел од овој настан, како што, впрочем,  безброј пати била неизоставен посетител на секој значаен културен настан во македонската метропола. Македонија избра претседателка која сака и која препознава култура, а како научник го познава и значењето на меката моќ во меѓународните односи! Чуму чудење тогаш?! Но, каква македонска културна дипломатија наследува Претседателката со преземањето на функцијата, ќе дознаеме деновиве со првиот важен меѓународен настан (културно-дипломатски во својата суштина!)  ̶ чествувањето на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј во Рим! Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести. Низ изминативе 54 години, со поддршка од Министерството за култура, како држава сме организирале и фантастични изложби, како што беа „Македонските бронзи“, или „Словенските ракописи од Македонија од 13 до 19 век“ кои беа презентирани во Ватиканските музеи или изложбата „Македонска резба“ поставена во монументалниот простор на комплексот Виторијано во Рим! Што планирале и подготвиле за овој настан министрите за култура и за надворешни работи, во заминување, ќе видиме веќе утре, на 24 мај во Рим! Она што со сигурност го знаеме е дека македонската културна дипломатија во 2024 година ќе ја нема ни пред, ни по одржувањето на Олимпијадата во Париз, ќе ја нема ни во Лондон, Берлин, Рим, Мадрид, Атина или Будимпешта, ќе ја нема ни во останатите важни европски метрополи и градови  ̶  седишта на важни меѓународни организации, ниту ќе ја има во трите европски метрополи на културата за 2024 година! Затоа што Бисера и Бујар, ниту знаеја како, ниту сакаа значајно некаде да нè има?! А, само во два дена, и Французите и Бугарите ни покажаа како и каде мора да нè има!

The post Неодоливиот шарм на културната дипломатија appeared first on Република.

]]>
Знаеш ли кој сум јас?! https://republika.mk/kolumni/znaesh-li-koj-sum-jas/ Mon, 06 May 2024 09:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=774669

Васко Шутаров

Ѓурѓовден е! Надвор е пролет - живи сме!
Живо и долго топло лето имаме во најава, а со летото и горештините од истата најава, сигурно ќе следат редовни кампањи и совети како да го зачуваме сопственото здравје, какви заштитни фактори да користиме за заштита од сонцето, каков тип гардероба да носиме и каква храна и колку течности да консумираме (со редовните совети, за што помалку консумирање алкохол и што помалку килограми на себе, нели?).

Корисни се кампањите за добро здравје и благосостојба на телото, духот и душата, но многу ретко во таквите кампањи ќе прочитаме и совети како со заштитата од директното изложување на сонце, да се заштитиме и од директното и штетно влијание од арогантни и токсични луѓе, бидејќи времињава што ги живееме, не се одликуваат само со климатски промени, туку првенствено со промени во човековите особини во кои нарцисоидноста, егоизмот и ароганцијата стануваат доминантен модел на однесување!

Ароганцијата, која филозофите и учените низ вековите ја препознавале како одлика присутна најчесто во високите владејачки сталежи, високите војнички кругови или меѓу црковните великодостојници, денес и обичните лаици ќе ја препознаат како вообичаено однесување присутно меѓу сите општествени слоеви - од оние без знаење и образование до оние со академски звања, од најсиромашните до најбогатите, од оние со висок општествен статус до оние кои се во потрага по некаков статус.

Ароганцијата, тој така видливо наметлив социјален став кој во суштина подразбира надменост, дрскост и презирно однесување кон другите, во суштина значи преценување на сопствената вредност и сопствените вештини, како и егзибиционистичко расфрлање со сопствениот стил и начин на живеење.

Во времињава на наопаку извртени вредности, аргументите со кои се служат арогантните луѓе не мора воопшто да бидат вистинити или издржани, дури не мора ни суштински да ја допираат темата или дебатата за разговор, важно е само, по секоја цена, да се пресоздава постојано таа лажна слика за себе, дека се поголеми и поважни од другите! А во своето битие, арогантните луѓе се вистински мали луѓе со високо мислење за себе и ситни души со низок праг на самопочит кон себе!

Арогантните луѓе се во суштина, не само мали, туку и многу несигурни луѓе! Однадвор изгледаат стамено и сигурно, но на секој попаметен соговорник веднаш би му станало јасно дека тие со сопствената ароганција постојано нешто сокриваат, нешто од кое се плашат дека може да биде (раз)откриено! Ароганцијата е само заштитен штит или маскирна униформа, зад кои, за жал, не се кријат вистински големи вредности или совршени вештини, кои како такви несовршени и проблематични, треба да бидат пласирани на модерниот пазар на суети, нарцисоизам и надменост!

Нарцисоидноста е вистинско погонско гориво кое постојано го потхранува огнот на ароганцијата и за разлика од горделивоста, на арогантните луѓе им побудува потреба постојано да приграбуваат повеќе отколку што на еден нормален човек му треба и следува. Според модерната еволуциска психологија, (според проф. Џонсон и соработниците) ароганцијата е сместена меѓу човековите карактерни особини што ја создаваат класата на т.н. „темни стратегии“ за остварување на успех во животот и се наведуваат пет главни причини преку кои арогантните луѓе ги остваруваат своите зацртани цели. Една од нив е вистински сериозна причина да се држиме колку што можеме подалеку од нив, бидејќи е водена и од научното сознание, дека арогантните луѓе повеќе се занимаваат со самите луѓе (и ги напаѓаат ад хоминем!), а не со проблемите кои треба да ги решаваат! А во тие напади, навистина умеат да бидат без скрупули и без чувство дали некого би можеле и длабоко да повредат!

Бројни се животните ситуации во кои арогантните луѓе ја покажуваат својата ароганција на дело и за сметка на другите луѓе. Тоа е најмногу изразено во сферата на јавниот, а посебно во политичкиот живот, каде тие, во суштина мали луѓе, сонуваат да бидат големи и каде пронаоѓаат простор за остварување на своите големи сонови! А кога во политиката ќе се спојат ароганцијата и незнаењето со случајни ликови со големи сонови, тогаш сме нападнати од очајна музика, покрај која се губи секаква надеж!

Во модерниве општества и сиромашниве земји што претендираат еден ден да станат модерни, неретко ароганцијата изгледа како делотворен стил на живеење, работење и комуницирање кој носи успеси и кој е пожелно да се следи! Ароганцијата, посебно во политиката, личи на оние кожни наочници кои им се прицвстуваат на уздата на коњите за стеснување на нивното видно поле -да не можат да гледаат ниту назад, ниту одоколу, туку со сигурен кас или во галоп да го совладуваат патот кон постигнување на целта. Тие опасни луѓе, обдарени само со ароганција, кога ќе дојдат до позиции кои значат остварување на нивните големи сонови, прават сè за да ги задржат. Дури и она што на нормален човек ни на сон не би му паднало да го прави!

Политиката е атрактивна професија, посебно во сиромашните земји, како што луцидно забележува проф. Владимир Гоати. Политичарите во таквите земји, имаат огромна политичка, економска моќ и секаква друга моќ, (скоро па митолошка!), бидејќи тие одлучуваат и доминираат во кариерите, развојот или пропаста на животите на другите. Ароганцијата во политиката, посебно во сиромашните балкански земји, отсекогаш била исклучително исплатлива карактерна црта и одлика на личноста! Затоа, и не чуди што најуспешно во политиката се сокриваат мноштво неуспешни и за ништо друго способни луѓе, но со ароганцијата на чело, стигнуваат далеку и „нижат успеси“!

Од историјата наоѓаме доволно аргументи за да заклучиме дека ароганцијата никогаш не произвела ништо добро и ништо друго освен војни, катастрофи, омраза и огромно количества натрупани неуспеси и проблеми, на секаков можен план!

Од книгата на Ари Турунен (фински новинар и комуниколог) „Дали знаеш кој сум јас?“, разбираме во која мера неконтролираното големо его, суетата и ароганцијата влијаеле на многу важни одлуки на владетели, политичари, генерали и револуционери, од Луј 16, Наполеон, преку Лав Троцки, Чанг Кај Шек, до Тони Блер и Џорџ Буш-помладиот, но најмногу влијаеле на судбините на милиони луѓе кои страдале како последици на нивната незауздана ароганција.

Посебно интересна сторија за ароганцијата во таа книга е поврзана со ликови и настани кои и нам ни се блиски уште од времето нашето детство, преку стриповите „Приказни од Дивиот запад“ и вестерн филмовите за борбите меѓу Индијанците и каубоите во САД, во втората половина од 19 век. Станува збор за еден од најпознатите генерали во американската граѓанска војна Џорџ Армстронг Кастер, кој заради нескриената луда храброст добива генералски чин, па пред војската постојано дефилирал со својата златна кадифена униформа и бил во постојана потрага по публицитет и слава! Со оглед на тоа дека себеси се сметал за голем и непогрешлив војник кој не слуша наредби од надредените, а не слушал ни совети на добронамерни познавачи на приликите, во 1868 година, Кастер тргнува во напад на домородното индијанско племе Чеени, каде убива и жени и деца и по тој невиден масакр, одлучува да се пресмета и со највоинственото индијанско племе Сијукси и легендарните поглавици Лудиот коњ и Бикот кој седи! Кастер арогантно ги игнорирал сите укажувања дека треба да почека засилување и да не се впушта во таква непромислена авантура и тргнал во напад, бидејќи бил убеден во победа, но бил поразен и загинал заедно со сите свои војници.

Оваа кратка илустративна сторија од книгата „Дали знаеш кој сум јас“, треба да нè потсети, дека како деца, толку природно сме ја одбирале страната на праведните, вистински смелите и вештите во заштитата на своите права и слободи, наспроти арогантните и привидно надмоќните, кои во стриповите и филмовите уште требаше да ги прифатиме и како „добри момци“!

„Дали знаеш кој сум јас?“ - тоа е таа поза или таа етикета со која секој од нас, барем еднаш во животот се соочил и на своја кожа го осетил тој надмен презир, кој природно раѓа само презир! Не постои ни вредност, ни вештина ни квалитет кои можат да ја оправдаат ароганцијата како лична карактерна особина, уште помалку да ја оправдаат кога служи како прикритие за незнаење, невештост и неквалификуваност во пределите на општествениот и пред сè во политичкиот живот!

Ароганцијата го замаглува здраворазумскиот поглед на свет, создава лажен преглед и пресек на случувањата околу себе и емитира постојана токсичност во сите општествени односи, во секоја комуникација и во носењето на секоја релевантна политичка одлука. Кога ароганцијата станува пречка и главен блокатор на сите позитивни и посакувани импулси и промени на подобро, тогаш цели политички гарнитури ја напуштаат политичката сцена, бидејќи ароганцијата им станала единствена и доминантна одлика!

Покрај сите останати мани и слабости, најголемата цена која ќе ја плати последнава македонска власт пред нејзиното конечно заминување од политичката сцена, дефинитивно ќе биде заради нејзината непоправлива и епска ароганција! Отсуството на чувство за одговорност, отсуството на сенс за вистинските потреби на граѓаните, отсуството на слух за вистинските проблеми на граѓаните и воопшто отсуството на елементарна емпатија, не се компензираат со вообразбите за незаменливост, визионерство и мисионерство кои власта до последен здив се обидува да ги продаде, како своја најголема и единствена вистина!

............................................................................................
...затоа што „кабелот беше крив“,... затоа што неуспешниот референдум за промена на името стана преку ноќ „успешен“, ...затоа што ние самите бевме виновни за најкатастрофалното справување со короната во регионот и Европа, ,...затоа што не беше точно дека придавката „северна“ ќе нè преименува и ќе нè престори во коси цртички... затоа што македонскиот идентитет и македонскиот јазик беа бетон, а станаа жива кал, во која до гуша се гушиме во докажувања, кои сме и што сме... затоа што тие даваа помош и субвенции „капом и шаком“, а најмалку половина од населението (за инает на нив!), потона во сиромаштија и беда, ... затоа што блескајќи, така силно, стотици илјади мажи, жени и деца заминаа во странство, ,... затоа што половина од населението намерно сакаше да не може ни по лек да отиде во странство, во голготата наречена промена на личните документи,... затоа што не е точно дека стотици белосветски криминалци со невидена леснотија се стекнаа со македонски патни исправи,... затоа што не е точно дека Универзална сала беше пеплосана, дури гореше дење, пред очи на сите..., затоа што амнестијата на секој сегашен и иден криминал и системското негување корупција и криминал насекаде и на секое ниво, беа само плод на фантазијата на сите чесни и трудољубиви граѓани, кои немаа попаметна работа и ѕиркаа во несредениот двор на власта... која патем, забрзано се пакува со месеци, за да се смести меѓу страниците на најнеславниот дел од поновата македонска историја,... историја за која така убедливо и арогантно бевме убедувани дека нема да ни треба ни како учебник, по патот на светлата иднина што само тие можеа да ни ја донесат....

Ѓурѓовден е! А надвор е пролет и живи сме - за да ја испратиме неподносливата ароганција на една немоќна политика - во историјата!

The post Знаеш ли кој сум јас?! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Ѓурѓовден е! Надвор е пролет - живи сме! Живо и долго топло лето имаме во најава, а со летото и горештините од истата најава, сигурно ќе следат редовни кампањи и совети како да го зачуваме сопственото здравје, какви заштитни фактори да користиме за заштита од сонцето, каков тип гардероба да носиме и каква храна и колку течности да консумираме (со редовните совети, за што помалку консумирање алкохол и што помалку килограми на себе, нели?). Корисни се кампањите за добро здравје и благосостојба на телото, духот и душата, но многу ретко во таквите кампањи ќе прочитаме и совети како со заштитата од директното изложување на сонце, да се заштитиме и од директното и штетно влијание од арогантни и токсични луѓе, бидејќи времињава што ги живееме, не се одликуваат само со климатски промени, туку првенствено со промени во човековите особини во кои нарцисоидноста, егоизмот и ароганцијата стануваат доминантен модел на однесување! Ароганцијата, која филозофите и учените низ вековите ја препознавале како одлика присутна најчесто во високите владејачки сталежи, високите војнички кругови или меѓу црковните великодостојници, денес и обичните лаици ќе ја препознаат како вообичаено однесување присутно меѓу сите општествени слоеви - од оние без знаење и образование до оние со академски звања, од најсиромашните до најбогатите, од оние со висок општествен статус до оние кои се во потрага по некаков статус. Ароганцијата, тој така видливо наметлив социјален став кој во суштина подразбира надменост, дрскост и презирно однесување кон другите, во суштина значи преценување на сопствената вредност и сопствените вештини, како и егзибиционистичко расфрлање со сопствениот стил и начин на живеење. Во времињава на наопаку извртени вредности, аргументите со кои се служат арогантните луѓе не мора воопшто да бидат вистинити или издржани, дури не мора ни суштински да ја допираат темата или дебатата за разговор, важно е само, по секоја цена, да се пресоздава постојано таа лажна слика за себе, дека се поголеми и поважни од другите! А во своето битие, арогантните луѓе се вистински мали луѓе со високо мислење за себе и ситни души со низок праг на самопочит кон себе! Арогантните луѓе се во суштина, не само мали, туку и многу несигурни луѓе! Однадвор изгледаат стамено и сигурно, но на секој попаметен соговорник веднаш би му станало јасно дека тие со сопствената ароганција постојано нешто сокриваат, нешто од кое се плашат дека може да биде (раз)откриено! Ароганцијата е само заштитен штит или маскирна униформа, зад кои, за жал, не се кријат вистински големи вредности или совршени вештини, кои како такви несовршени и проблематични, треба да бидат пласирани на модерниот пазар на суети, нарцисоизам и надменост! Нарцисоидноста е вистинско погонско гориво кое постојано го потхранува огнот на ароганцијата и за разлика од горделивоста, на арогантните луѓе им побудува потреба постојано да приграбуваат повеќе отколку што на еден нормален човек му треба и следува. Според модерната еволуциска психологија, (според проф. Џонсон и соработниците) ароганцијата е сместена меѓу човековите карактерни особини што ја создаваат класата на т.н. „темни стратегии“ за остварување на успех во животот и се наведуваат пет главни причини преку кои арогантните луѓе ги остваруваат своите зацртани цели. Една од нив е вистински сериозна причина да се држиме колку што можеме подалеку од нив, бидејќи е водена и од научното сознание, дека арогантните луѓе повеќе се занимаваат со самите луѓе (и ги напаѓаат ад хоминем!), а не со проблемите кои треба да ги решаваат! А во тие напади, навистина умеат да бидат без скрупули и без чувство дали некого би можеле и длабоко да повредат! Бројни се животните ситуации во кои арогантните луѓе ја покажуваат својата ароганција на дело и за сметка на другите луѓе. Тоа е најмногу изразено во сферата на јавниот, а посебно во политичкиот живот, каде тие, во суштина мали луѓе, сонуваат да бидат големи и каде пронаоѓаат простор за остварување на своите големи сонови! А кога во политиката ќе се спојат ароганцијата и незнаењето со случајни ликови со големи сонови, тогаш сме нападнати од очајна музика, покрај која се губи секаква надеж! Во модерниве општества и сиромашниве земји што претендираат еден ден да станат модерни, неретко ароганцијата изгледа како делотворен стил на живеење, работење и комуницирање кој носи успеси и кој е пожелно да се следи! Ароганцијата, посебно во политиката, личи на оние кожни наочници кои им се прицвстуваат на уздата на коњите за стеснување на нивното видно поле -да не можат да гледаат ниту назад, ниту одоколу, туку со сигурен кас или во галоп да го совладуваат патот кон постигнување на целта. Тие опасни луѓе, обдарени само со ароганција, кога ќе дојдат до позиции кои значат остварување на нивните големи сонови, прават сè за да ги задржат. Дури и она што на нормален човек ни на сон не би му паднало да го прави! Политиката е атрактивна професија, посебно во сиромашните земји, како што луцидно забележува проф. Владимир Гоати. Политичарите во таквите земји, имаат огромна политичка, економска моќ и секаква друга моќ, (скоро па митолошка!), бидејќи тие одлучуваат и доминираат во кариерите, развојот или пропаста на животите на другите. Ароганцијата во политиката, посебно во сиромашните балкански земји, отсекогаш била исклучително исплатлива карактерна црта и одлика на личноста! Затоа, и не чуди што најуспешно во политиката се сокриваат мноштво неуспешни и за ништо друго способни луѓе, но со ароганцијата на чело, стигнуваат далеку и „нижат успеси“! Од историјата наоѓаме доволно аргументи за да заклучиме дека ароганцијата никогаш не произвела ништо добро и ништо друго освен војни, катастрофи, омраза и огромно количества натрупани неуспеси и проблеми, на секаков можен план! Од книгата на Ари Турунен (фински новинар и комуниколог) „Дали знаеш кој сум јас?“, разбираме во која мера неконтролираното големо его, суетата и ароганцијата влијаеле на многу важни одлуки на владетели, политичари, генерали и револуционери, од Луј 16, Наполеон, преку Лав Троцки, Чанг Кај Шек, до Тони Блер и Џорџ Буш-помладиот, но најмногу влијаеле на судбините на милиони луѓе кои страдале како последици на нивната незауздана ароганција. Посебно интересна сторија за ароганцијата во таа книга е поврзана со ликови и настани кои и нам ни се блиски уште од времето нашето детство, преку стриповите „Приказни од Дивиот запад“ и вестерн филмовите за борбите меѓу Индијанците и каубоите во САД, во втората половина од 19 век. Станува збор за еден од најпознатите генерали во американската граѓанска војна Џорџ Армстронг Кастер, кој заради нескриената луда храброст добива генералски чин, па пред војската постојано дефилирал со својата златна кадифена униформа и бил во постојана потрага по публицитет и слава! Со оглед на тоа дека себеси се сметал за голем и непогрешлив војник кој не слуша наредби од надредените, а не слушал ни совети на добронамерни познавачи на приликите, во 1868 година, Кастер тргнува во напад на домородното индијанско племе Чеени, каде убива и жени и деца и по тој невиден масакр, одлучува да се пресмета и со највоинственото индијанско племе Сијукси и легендарните поглавици Лудиот коњ и Бикот кој седи! Кастер арогантно ги игнорирал сите укажувања дека треба да почека засилување и да не се впушта во таква непромислена авантура и тргнал во напад, бидејќи бил убеден во победа, но бил поразен и загинал заедно со сите свои војници. Оваа кратка илустративна сторија од книгата „Дали знаеш кој сум јас“, треба да нè потсети, дека како деца, толку природно сме ја одбирале страната на праведните, вистински смелите и вештите во заштитата на своите права и слободи, наспроти арогантните и привидно надмоќните, кои во стриповите и филмовите уште требаше да ги прифатиме и како „добри момци“! „Дали знаеш кој сум јас?“ - тоа е таа поза или таа етикета со која секој од нас, барем еднаш во животот се соочил и на своја кожа го осетил тој надмен презир, кој природно раѓа само презир! Не постои ни вредност, ни вештина ни квалитет кои можат да ја оправдаат ароганцијата како лична карактерна особина, уште помалку да ја оправдаат кога служи како прикритие за незнаење, невештост и неквалификуваност во пределите на општествениот и пред сè во политичкиот живот! Ароганцијата го замаглува здраворазумскиот поглед на свет, создава лажен преглед и пресек на случувањата околу себе и емитира постојана токсичност во сите општествени односи, во секоја комуникација и во носењето на секоја релевантна политичка одлука. Кога ароганцијата станува пречка и главен блокатор на сите позитивни и посакувани импулси и промени на подобро, тогаш цели политички гарнитури ја напуштаат политичката сцена, бидејќи ароганцијата им станала единствена и доминантна одлика! Покрај сите останати мани и слабости, најголемата цена која ќе ја плати последнава македонска власт пред нејзиното конечно заминување од политичката сцена, дефинитивно ќе биде заради нејзината непоправлива и епска ароганција! Отсуството на чувство за одговорност, отсуството на сенс за вистинските потреби на граѓаните, отсуството на слух за вистинските проблеми на граѓаните и воопшто отсуството на елементарна емпатија, не се компензираат со вообразбите за незаменливост, визионерство и мисионерство кои власта до последен здив се обидува да ги продаде, како своја најголема и единствена вистина! ............................................................................................ ...затоа што „кабелот беше крив“,... затоа што неуспешниот референдум за промена на името стана преку ноќ „успешен“, ...затоа што ние самите бевме виновни за најкатастрофалното справување со короната во регионот и Европа, ,...затоа што не беше точно дека придавката „северна“ ќе нè преименува и ќе нè престори во коси цртички... затоа што македонскиот идентитет и македонскиот јазик беа бетон, а станаа жива кал, во која до гуша се гушиме во докажувања, кои сме и што сме... затоа што тие даваа помош и субвенции „капом и шаком“, а најмалку половина од населението (за инает на нив!), потона во сиромаштија и беда, ... затоа што блескајќи, така силно, стотици илјади мажи, жени и деца заминаа во странство, ,... затоа што половина од населението намерно сакаше да не може ни по лек да отиде во странство, во голготата наречена промена на личните документи,... затоа што не е точно дека стотици белосветски криминалци со невидена леснотија се стекнаа со македонски патни исправи,... затоа што не е точно дека Универзална сала беше пеплосана, дури гореше дење, пред очи на сите..., затоа што амнестијата на секој сегашен и иден криминал и системското негување корупција и криминал насекаде и на секое ниво, беа само плод на фантазијата на сите чесни и трудољубиви граѓани, кои немаа попаметна работа и ѕиркаа во несредениот двор на власта... која патем, забрзано се пакува со месеци, за да се смести меѓу страниците на најнеславниот дел од поновата македонска историја,... историја за која така убедливо и арогантно бевме убедувани дека нема да ни треба ни како учебник, по патот на светлата иднина што само тие можеа да ни ја донесат.... Ѓурѓовден е! А надвор е пролет и живи сме - за да ја испратиме неподносливата ароганција на една немоќна политика - во историјата!

The post Знаеш ли кој сум јас?! appeared first on Република.

]]>
Натуршчици https://republika.mk/kolumni/naturshchitsi/ Tue, 30 Apr 2024 08:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=772484

Васко Шутаров

Во филмската уметност Американците се неспорни кралеви, па освен филмските актерски ѕвезди кои во најголем дел се од англиското говорно подрачје, и во филмскиот жаргон, што станува дел и од нашиот секојдневен јавен говор, доминира терминологијата од англо-саксонското говорно подрачје. Освен еден, единствен збор, со широка употреба во уметничкиот, а посебно во филмскиот јазик, кој има потекло од рускиот јазик и за кој останатите јазици не се ни обиделе да му најдат соодветна замена. Тоа е зборот натуршчик, што нема пандан во останатите јазици, па ни во англискиот - и во времињава на строго контролирани руски културни и јазични влијанија, само со него се објаснува повеќе отколку со цела дузина други зборови и термини, од другите светски јазици.

Во македонскиот јавен говорен простор, олеснителна околност за актуелните дежурни цензори кои внимаваат на секое, макар и најмало руско присуство и влијание, е што во исклучително ретки случаи може да се сретне зборот натуршчик и на прсти може да се изброи неговото спомнување! (барем според пребарувањата во интернет-пространството).

Најмногу наслови за зборот натуршчик се поврзани со нашиот Северџан Бајрам, филмски актер-натуршчик, познат од филмовите на Столе Попов „Џипси меџик“ и „До балчак“, па од филовите на Емир Кустурица „Црна мачка, бел мачор“ и „На Млечниот пат“, филмот „Како убив светец“ на Теона Стругар Митевска, па „Трето полувреме“ од 2012 година на Дарко Митревски, документарниот филм „Книга на рекорди на Шутка“ на Александар Маниќ, ТВ-серијата „Преспав“ и актуелниот српски филмски хит „Недела“ каде имаше своја улога во филмот посветен на Џеј Рамадановски.

Северџан Бајрам, македонски актер-натуршчик со ромско потекло (за публиката попознат како Др Кољо, како Перхан, Мазлам, Барам-Коџак или Лоренцо), во 2021 година стана добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија, бидејќи Северџан стана исклучително познат и препознатлив лик од филмското платно секаде на Балканот, но и во Франција, Италија, Шпанија, Јужна Америка.

Името пак на Љубица Аџовиќ, освен за пасионираните филмски сладокусци, не верувам дека на некој друг нешто посебно му значи?! Но, за сите оние кои ги паметат филмовите на Кустурица и посебно ликот на Баба Кадија (кој стана своевиден филмски амблем на една цела ера во филмската уметност), ќе се сетат која беше Љубица, инаку Ромка родена во Скопје, која познатиот режисер ја запознал во една ромска населба во близина на Сутоморе, каде била позната гатачка на карти.

Многумина и не знаат дека Љубица, иако не била професионална актерка, добила награда на Канскиот фестивал, а со само две филмски улоги се стекнала со голема слава и понуди за снимање за многу познати европски кинематографии. Љубица Аџовиќ која го фасцинирала Кустурица и неговата бројна филмска публика ширум светот со нејзиниот природен талент и харизма, беше филмски натуршчик и по успесите на светските филмски подиуми, се врати повторно на својата работа по која беше и најпозната, гатачка на човечките судбини со карти.

Филмските стории од животите на Северџан и Љубица се точно она што го означува зборот натуршчик - тоа се актери кои немаат формално актерско образование и кои најчесто толкуваат ликови од социјалното и класно милје на кое и самите припаѓаат - тоа се ликови на кои тие најмногу приличат и без да вложуваат посебни актерски вештини во нивното создавање!

Првобитно, поимот натуршчик кај Русите бил употребуван за модели кои им служеле на ликовните уметници за позирање, а подоцна поимот се проширил во филмската уметност како назив за сите актери, природни модели, кои режисерите или продуцентите ги пронаоѓале некаде од реалниот живот, за да ù додадат на филмската магија една поинаква, пред сè, оригинална и поубедлива реална димензија.
Кои се тие причини и зошто се случува некој, просто, да биде откорнат од својот дотогашен живот (или „црпнат“, од поновиот македонски јавен наратив) за да биде ставен во центарот на вниманието, преку чудата и магијата на филмската и другите визуелни уметности?! На големите магови на филмот, понекогаш им затребува токму таква боја и нијанса и таков тоналитет, различен од стандардните појави и начини на однесување, мислење и зборување, кои публиката би ги доживеала понепосредно, поблиско и како неодвоив дел од нив самите, нешто што не би претставувало само филмска или визуелна фикција, туку просто како магија од реалниот живот!

Натуршчиците се способни да се внесуваат или да имитираат ликови кои личат на нив самите (но за разлика од актерите кои можат да глумат ликови многу поразлични од нив и нивните карактери), тие најчесто не можат да бидат обучувани за нешто повеќе од тоа - нивната игра не може да се подобрува, ако играат ликови кои не личат на нив самите!

Она што е најчудно, но и најболно во приказната за натуршчиците, кога веќе се оттргнати или црпнати од нивната природна и реална средина и кога им се одредува одреден лик што треба да го играат, е што може да се случи уништување на еден, дотогаш нормален човечки живот, кој (повторно според најновиот македонски јавен наратив!) доживеал повеќекратни квантни скокови и почнал да не личи веќе на себе - и се изгубил потполно!

Такви трагични животни стории, посебно во филмската уметност има многу. Таткото и синот, натуршчици во антологискиот филм на Виторио де Сика „Крадци на велосипеди“, по светската слава постигната со овој филм, воопшто не можеле да се пронајдат во остатокот од своите животи, па скроз пропаднале, а момчето по име Џеки Куган, кој одиграл фантастична улога улога во филмот на Чарли Чаплин „Детето“, завршил трагично како комплетно изгубен и несреќен човек!

Има и исклучоци од ова правило, како што е големиот и славен Вуди Ален, кој не само што е единствен филмски натуршчик, најпопуларен на сите времиња, туку е и фантастичен режисер и писател кој, секогаш, самиот себеси се игра како главен јунак. Но, Вуди Ален е посебна приказна, исклучителен уметник од светски ранг, неверојатно луциден ум, уметник со раскошен талент, успешен и реализиран човек!

А за сите останати, случајно најдени и оттргнати (црпнати!) ликови од нивните животи, од нивните секојдневија и дотогашни занимања, за да бидат проектирани како ликови кои пред камерите треба да доловат некаква магија, да емитираат одредена порака или да донесат одредена промена, може да се случи да доживеат и сериозна морална повреда, бидејќи враќањето повторно во животот без рефлектори, без затемнети стакла на автомобили, без црвени теписи и без гала-коктели, за нив може да биде големо разочарување, кое може да донесе болка и чувство на лично изневерување!
.............................................................................

Натуршчици во политиката
Не знам точно кои филмски сценаристи и режисери ги измислија, одбраа и црпнаа, па им доделија толку важни политички улоги во политичкиот живот на Македонија, двата лика, натуршчици за политика, „Зоќе и Таче“, но дојде време во кое им е јасно ставено до знаење и на двајцата, дека рефлекторите над нивните глави ќе бидат згаснати, дека сцената ќе им биде одземена и дека полека ќе исчезнуваат од малите екрани, од социјалните мрежи, од билбордите и плакатите и дека ќе мора да се вратат дома, оттаму од каде што дошле! Нив публиката повеќе ниту им верува, ниту ги сака, ниту воопшто ги може!

А не е првпат македонската политичка сцена да ја окупираат апсолутни натуршчици за политика, т.е. ликови на кои им е доделена улога да одглумат одредена политичка улога, без елементарно познавање на политичките науки, без осет за општествените текови и пулсирања, без трошка административен сенс и без доволно совладани вештини за креирање и практикување политика. Таквите политички натуршчици функционираат само додека се добро и внимателно водени од некоја сигурна и вешта режисерска палка! И толку!

Во турболентните години по Втората светска војна во 1945 година, па во првите години од осамостојувањето од југословенската федерација во 1991 година, во годините на брутална политичка, економска и социјална транзиција и во годините по конфликтот во 2001 година, цела армија политички аналфабети-натуршчици, масовно го пополнуваа македонскиот политички простор, уништувајќи ја или потполно замолчувајќи ја македонската (и политичка и воопшто академска) интелигенција, што со гол терор (преку судови, изолација или ликвидација), што со системски „кадифен терор“ наречен негативна селекција на кадри, што со „олеснувања“ за нивно заминување во белиот свет!

„Зоќе и Таче“ се последен изблик на тој повеќедецениски катастрофален избор на политичари-натуршчици, кои можеа да се одглумат само самите себе - и тоа еднократно! Тие ја разбираат политиката крајно вулгарно и поедноставено, демек: „Ако го облечеш правиот костим, улогата сама од себе ќе се игра“, покрај најголемата примитивна глупост дека политиката е мегдан во кој треба само совршено да се лаже и да се краде, колку што се може!

Такви политички натуршчици, како „Зоќе и Таче“, секој модерен европски политички систем би ги исфрлил веднаш, или за неколку месеци по нивното оттргнување или црпнување по филмски одиграната поличка улога, затоа што е неприродно, а уште помалку општествено и политички одговорно, такви личности без политички поткованост и сенс да владеат со европска држава, па уште и цели седум години!

И што оставија зад себе, натуршчиците „Зоќе и Таче“?! Не оставија ниту километар нов модерен автопат, ниту метар модерна железничка пруга, но, оставија пропаднати „Македонски железници“ и „Македонска пошта“ уништено здравство, образовен систем без учебници, половина од севкупното население сиромашно и бедно, стотици илјади граѓани отселени во странство, преименувана држава, армија од тажни луѓе со проблематизиран идентитет, армија од неспособни директори и државни службеници, од кои некои не знаат да изустат ни збор македонски јазик - и конечно, оставија одлично организиран криминален систем кој совршено меѓусебно се разбира, на сите јазици, а најмногу на јазикот на насилството и парите!

„Зоќе и Таче“, политички натуршчици пар екселанс, ја уништија и државата и сопствената партија - партија која некогаш милуваше да се нарекува државотворна и од која произлегоа и вистински големи политички формати, способни, едуцирани и моќни политичари кои разбираа што е тоа политички систем и што е тоа меѓународен политички контекст, за што последниве двајца, црпнати ликови во политиката, останаа до крај политички аналфабети! Само тешки политички натуршчици, личности формирани во проблематичниот вредносен систем на македонската транзиција, можеа сопствената партија да си ја остават комплетно без идеологија, а државата и својата нација без идеја и претстава како да се развива и како вредносно и принципиелно да се обединува!

Затоа деновиве, насекаде Македонците велат: Збогум, Зоќе и Таче!

(За жал, ни ликот што требаше Вуди Ален да го одглуми, ептен не ни се погоди, па топтан сите ќе си одат!)

The post Натуршчици appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Во филмската уметност Американците се неспорни кралеви, па освен филмските актерски ѕвезди кои во најголем дел се од англиското говорно подрачје, и во филмскиот жаргон, што станува дел и од нашиот секојдневен јавен говор, доминира терминологијата од англо-саксонското говорно подрачје. Освен еден, единствен збор, со широка употреба во уметничкиот, а посебно во филмскиот јазик, кој има потекло од рускиот јазик и за кој останатите јазици не се ни обиделе да му најдат соодветна замена. Тоа е зборот натуршчик, што нема пандан во останатите јазици, па ни во англискиот - и во времињава на строго контролирани руски културни и јазични влијанија, само со него се објаснува повеќе отколку со цела дузина други зборови и термини, од другите светски јазици. Во македонскиот јавен говорен простор, олеснителна околност за актуелните дежурни цензори кои внимаваат на секое, макар и најмало руско присуство и влијание, е што во исклучително ретки случаи може да се сретне зборот натуршчик и на прсти може да се изброи неговото спомнување! (барем според пребарувањата во интернет-пространството). Најмногу наслови за зборот натуршчик се поврзани со нашиот Северџан Бајрам, филмски актер-натуршчик, познат од филмовите на Столе Попов „Џипси меџик“ и „До балчак“, па од филовите на Емир Кустурица „Црна мачка, бел мачор“ и „На Млечниот пат“, филмот „Како убив светец“ на Теона Стругар Митевска, па „Трето полувреме“ од 2012 година на Дарко Митревски, документарниот филм „Книга на рекорди на Шутка“ на Александар Маниќ, ТВ-серијата „Преспав“ и актуелниот српски филмски хит „Недела“ каде имаше своја улога во филмот посветен на Џеј Рамадановски. Северџан Бајрам, македонски актер-натуршчик со ромско потекло (за публиката попознат како Др Кољо, како Перхан, Мазлам, Барам-Коџак или Лоренцо), во 2021 година стана добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија, бидејќи Северџан стана исклучително познат и препознатлив лик од филмското платно секаде на Балканот, но и во Франција, Италија, Шпанија, Јужна Америка. Името пак на Љубица Аџовиќ, освен за пасионираните филмски сладокусци, не верувам дека на некој друг нешто посебно му значи?! Но, за сите оние кои ги паметат филмовите на Кустурица и посебно ликот на Баба Кадија (кој стана своевиден филмски амблем на една цела ера во филмската уметност), ќе се сетат која беше Љубица, инаку Ромка родена во Скопје, која познатиот режисер ја запознал во една ромска населба во близина на Сутоморе, каде била позната гатачка на карти. Многумина и не знаат дека Љубица, иако не била професионална актерка, добила награда на Канскиот фестивал, а со само две филмски улоги се стекнала со голема слава и понуди за снимање за многу познати европски кинематографии. Љубица Аџовиќ која го фасцинирала Кустурица и неговата бројна филмска публика ширум светот со нејзиниот природен талент и харизма, беше филмски натуршчик и по успесите на светските филмски подиуми, се врати повторно на својата работа по која беше и најпозната, гатачка на човечките судбини со карти. Филмските стории од животите на Северџан и Љубица се точно она што го означува зборот натуршчик - тоа се актери кои немаат формално актерско образование и кои најчесто толкуваат ликови од социјалното и класно милје на кое и самите припаѓаат - тоа се ликови на кои тие најмногу приличат и без да вложуваат посебни актерски вештини во нивното создавање! Првобитно, поимот натуршчик кај Русите бил употребуван за модели кои им служеле на ликовните уметници за позирање, а подоцна поимот се проширил во филмската уметност како назив за сите актери, природни модели, кои режисерите или продуцентите ги пронаоѓале некаде од реалниот живот, за да ù додадат на филмската магија една поинаква, пред сè, оригинална и поубедлива реална димензија. Кои се тие причини и зошто се случува некој, просто, да биде откорнат од својот дотогашен живот (или „црпнат“, од поновиот македонски јавен наратив) за да биде ставен во центарот на вниманието, преку чудата и магијата на филмската и другите визуелни уметности?! На големите магови на филмот, понекогаш им затребува токму таква боја и нијанса и таков тоналитет, различен од стандардните појави и начини на однесување, мислење и зборување, кои публиката би ги доживеала понепосредно, поблиско и како неодвоив дел од нив самите, нешто што не би претставувало само филмска или визуелна фикција, туку просто како магија од реалниот живот! Натуршчиците се способни да се внесуваат или да имитираат ликови кои личат на нив самите (но за разлика од актерите кои можат да глумат ликови многу поразлични од нив и нивните карактери), тие најчесто не можат да бидат обучувани за нешто повеќе од тоа - нивната игра не може да се подобрува, ако играат ликови кои не личат на нив самите! Она што е најчудно, но и најболно во приказната за натуршчиците, кога веќе се оттргнати или црпнати од нивната природна и реална средина и кога им се одредува одреден лик што треба да го играат, е што може да се случи уништување на еден, дотогаш нормален човечки живот, кој (повторно според најновиот македонски јавен наратив!) доживеал повеќекратни квантни скокови и почнал да не личи веќе на себе - и се изгубил потполно! Такви трагични животни стории, посебно во филмската уметност има многу. Таткото и синот, натуршчици во антологискиот филм на Виторио де Сика „Крадци на велосипеди“, по светската слава постигната со овој филм, воопшто не можеле да се пронајдат во остатокот од своите животи, па скроз пропаднале, а момчето по име Џеки Куган, кој одиграл фантастична улога улога во филмот на Чарли Чаплин „Детето“, завршил трагично како комплетно изгубен и несреќен човек! Има и исклучоци од ова правило, како што е големиот и славен Вуди Ален, кој не само што е единствен филмски натуршчик, најпопуларен на сите времиња, туку е и фантастичен режисер и писател кој, секогаш, самиот себеси се игра како главен јунак. Но, Вуди Ален е посебна приказна, исклучителен уметник од светски ранг, неверојатно луциден ум, уметник со раскошен талент, успешен и реализиран човек! А за сите останати, случајно најдени и оттргнати (црпнати!) ликови од нивните животи, од нивните секојдневија и дотогашни занимања, за да бидат проектирани како ликови кои пред камерите треба да доловат некаква магија, да емитираат одредена порака или да донесат одредена промена, може да се случи да доживеат и сериозна морална повреда, бидејќи враќањето повторно во животот без рефлектори, без затемнети стакла на автомобили, без црвени теписи и без гала-коктели, за нив може да биде големо разочарување, кое може да донесе болка и чувство на лично изневерување! ............................................................................. Натуршчици во политиката Не знам точно кои филмски сценаристи и режисери ги измислија, одбраа и црпнаа, па им доделија толку важни политички улоги во политичкиот живот на Македонија, двата лика, натуршчици за политика, „Зоќе и Таче“, но дојде време во кое им е јасно ставено до знаење и на двајцата, дека рефлекторите над нивните глави ќе бидат згаснати, дека сцената ќе им биде одземена и дека полека ќе исчезнуваат од малите екрани, од социјалните мрежи, од билбордите и плакатите и дека ќе мора да се вратат дома, оттаму од каде што дошле! Нив публиката повеќе ниту им верува, ниту ги сака, ниту воопшто ги може! А не е првпат македонската политичка сцена да ја окупираат апсолутни натуршчици за политика, т.е. ликови на кои им е доделена улога да одглумат одредена политичка улога, без елементарно познавање на политичките науки, без осет за општествените текови и пулсирања, без трошка административен сенс и без доволно совладани вештини за креирање и практикување политика. Таквите политички натуршчици функционираат само додека се добро и внимателно водени од некоја сигурна и вешта режисерска палка! И толку! Во турболентните години по Втората светска војна во 1945 година, па во првите години од осамостојувањето од југословенската федерација во 1991 година, во годините на брутална политичка, економска и социјална транзиција и во годините по конфликтот во 2001 година, цела армија политички аналфабети-натуршчици, масовно го пополнуваа македонскиот политички простор, уништувајќи ја или потполно замолчувајќи ја македонската (и политичка и воопшто академска) интелигенција, што со гол терор (преку судови, изолација или ликвидација), што со системски „кадифен терор“ наречен негативна селекција на кадри, што со „олеснувања“ за нивно заминување во белиот свет! „Зоќе и Таче“ се последен изблик на тој повеќедецениски катастрофален избор на политичари-натуршчици, кои можеа да се одглумат само самите себе - и тоа еднократно! Тие ја разбираат политиката крајно вулгарно и поедноставено, демек: „Ако го облечеш правиот костим, улогата сама од себе ќе се игра“, покрај најголемата примитивна глупост дека политиката е мегдан во кој треба само совршено да се лаже и да се краде, колку што се може! Такви политички натуршчици, како „Зоќе и Таче“, секој модерен европски политички систем би ги исфрлил веднаш, или за неколку месеци по нивното оттргнување или црпнување по филмски одиграната поличка улога, затоа што е неприродно, а уште помалку општествено и политички одговорно, такви личности без политички поткованост и сенс да владеат со европска држава, па уште и цели седум години! И што оставија зад себе, натуршчиците „Зоќе и Таче“?! Не оставија ниту километар нов модерен автопат, ниту метар модерна железничка пруга, но, оставија пропаднати „Македонски железници“ и „Македонска пошта“ уништено здравство, образовен систем без учебници, половина од севкупното население сиромашно и бедно, стотици илјади граѓани отселени во странство, преименувана држава, армија од тажни луѓе со проблематизиран идентитет, армија од неспособни директори и државни службеници, од кои некои не знаат да изустат ни збор македонски јазик - и конечно, оставија одлично организиран криминален систем кој совршено меѓусебно се разбира, на сите јазици, а најмногу на јазикот на насилството и парите! „Зоќе и Таче“, политички натуршчици пар екселанс, ја уништија и државата и сопствената партија - партија која некогаш милуваше да се нарекува државотворна и од која произлегоа и вистински големи политички формати, способни, едуцирани и моќни политичари кои разбираа што е тоа политички систем и што е тоа меѓународен политички контекст, за што последниве двајца, црпнати ликови во политиката, останаа до крај политички аналфабети! Само тешки политички натуршчици, личности формирани во проблематичниот вредносен систем на македонската транзиција, можеа сопствената партија да си ја остават комплетно без идеологија, а државата и својата нација без идеја и претстава како да се развива и како вредносно и принципиелно да се обединува! Затоа деновиве, насекаде Македонците велат: Збогум, Зоќе и Таче! (За жал, ни ликот што требаше Вуди Ален да го одглуми, ептен не ни се погоди, па топтан сите ќе си одат!)

The post Натуршчици appeared first on Република.

]]>
ЖЕНА ЌЕ БИДЕ! https://republika.mk/kolumni/zhena-ke-bide/ Fri, 19 Apr 2024 07:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=767853

Васко Шутаров

Политиката е именка од женски род и на неа, најчесто (и тоа на сите светски јазици!) ù се додава уште една именка од женски род - онаа најнеблагодарната што може да ù се накалеми на некоја жена! Тој преврат во политиката, од пределите на благородното кон најмалку благодарното, сосемa сигурно не е резултат на учеството на жените во политиката! Напротив!

Скоро подеднакво злопотребуван и извалкан термин во политиката, исто така, е именката од женски род - демократија! Кога во некое општество и одредено политичко владеење сите зборуваат и сите постојано повикуваат на демократија, тоа само значи дека демократијата како преплашена срна избегала пред татнежот на некоја цврста чизма или тешка рака во политиката! Се разбира, тие се најмалку женски!

Политиката и демократијата се дефинираат со стотици, што сериозни, што мудри, што луцидни дефиниции, а се одредуваат според десетина многу јасни и мерливи параметри. Еден од најегзактните и најсигурни показатели каква е демократската кондиција на едно општество и какви се демократските капацитети на една политика е и степенот на учество на жените во креирањето и носењето на важни општествени и политички одлуки!

Иако за политика и демократија се зборува и мудрува неколку века пред Христа и полни дваесет векa по Христа, учеството на жената во политиката останува и понатаму повеќе исклучок, отколку правило - и повеќе мит отколку реалност! Јавниот простор наречен политика, останува и до денешни дни репрезентативен и привилегиран простор резервиран за мажите! (како во шахот за кралот, без оглед на тоа што кралицата е најмоќна фигура на шаховската табла!)

..........................................................................................................................
Денес, нема да сретнеме мотивирачки говор за поттикнување на учеството на жената во политиката, во кој нема да бидат спомнати жени што креирале историја, како Клеопатра, Јованка Орлеанка, Изабела од Кастиља, Катерина Медичи, Марија Антоанета, Екатарина Велика, Марија Терезија, кралицата Викторија или како моќните жени од модерниве времиња, како Елеонор Рузвелт, Сиримаво Бандаранаике (првата жена избрана за премиер во светот, во 1960 година), Симон Вејл, Индира Ганди, Голда Меир, Маргарет Тачер, Ангела Меркел, или од нашето непосредно соседство, Мелина Меркури, на пример. Денес, кога се зборува за овие моќни жени во политиката, бидејќи се реткост, често јазикот на реализмот попушта пред јазикот на сензационализмот! Јазикот е именка од машки род, но сензацијата е именка од женски род, нели?!

Но, она што е поважно од сензацијата е статистиката - исто така именка од женски род! Според обемните анализи на Светскиот економски форум за глобалниот родов јаз во 2023 година, сè уште ниту една држава во светот не постигнала целосен паритет помеѓу жените и мажите, иако првите девет рангирани (Исланд, Норвешка, Финска, Нов Зеланд, Шведска, Германија, Никарагва, Намибија и Литванија) имаат затворено најмалку 80% од нивниот јаз помеѓу застапеноста на мажите и жените во јавните сфери од животот. Но, прогнозите и за Европа, најдобро рангираниот континент во ова истражување, велат, дека ако се оди со ова бавно и несигурно темпо, ќе бидат потребни уште 67 години постојано родово сензибилизирање, посебно во политиката, за да се постигне премостување на тие длабоки јазови помеѓу мажите и жените!

Статистиката и анализата на Светскиот економски форум за 146 држави од сите континенти, детектира различни нивоа на длабочини на јазовите кои жените ги држат сè уште далеку од носењето важни одлуки и тоа во четири области: здравство, образование, економија и политика! Задоволувачки и оптимистички се индексите за затворање на јазовите во образованието и здравството каде тие изнесуваат 96% и 95%, но, загрижувачки се податоците за 60% покривање на родовиот јаз во економското учество на жените и крајно загрижувачките 20,1 % покриеност на јазот помеѓу мажите и жените во политичкото одлучување!

Во сите четири анализирани подрачја, Европа има најдобро премостување на родовиот јаз од сите останати континенти, со просек од 76,3%, а Исланд, Норвешка и Финска се трите најдобро рангирани држави во светот.

Македонија според последниот извештај на Светскиот економски форум за 2023 година, назадува за 4 места на листата и во моментов е рангирана како 73-та од 146 анализирани држави во светот. По области тоа би изгледало вака: 48-мо рангирани сме во делот на премостување на родовиот јаз во образованието, 51. место во областа на застапеноста на жените во политиката, дури 108. место во економското учество на жените и убедливо најслаби во регионот, на 134. место во областа на здравството.

Заклучно со 31 декември 2022 година, приближно 27,9% од светската популација, што е еквивалентно на 2,12 милијарди луѓе, живееле во земји чиј шеф на држава била жена. Но и оваа прилично висока бројка може да залаже, бидејќи тоа најмногу се должи на Индија, најнаселената земја во светот, каде Друпади Мурму стана претседателка на Индија по изборите во 2022 година.

Во моментов, во Европа, држави кои имаат претседателки се бројат на прсти: Грузија-Саломе Зурабишвили; Грција-Катерина Сакеларопулу; Унгарија-Каталин Новак; Маја Санду во Молдавија (која претходно беше и премиер), Словачка-Зузана Чапутова; во Словенија, Наташа Пирц-Мусар, Жељка Цвијановиќ, како дел од тричленото Претседателство на БиХ и Вјора Османи од Косово. Само пет претседателки во последните три децении избрале граѓаните на Балканот, а Македонија, Србија и Црна Гора, ниту еднаш немале жена за шеф на државата!

Интересно е во овој контекст да се спомене дека САД, најголемиот „извозник на демократија“ во светот во 20 век, во својата 248-годишна историја никогаш немале жена за претседател на државата, а не треба да се занемари и фактот дека во „Клубот 73“ (држави кои имале жена за премиер или претседател), жените всушност биле на овие позиции само неколку дена или месеци. Од 1966 година само 33 жени државни лидери ја извршувале таа позиција подолго од еден мандат (најчесто 4 години). Меѓу овие земји, лидери се Бангладеш (во последните 50 години, вкупно 23 години лидерски позиции имала жена), Индија (вкупно 21 година), Ирска (вкупно 21 година), Исланд (вкупно 20 години) и Филипини (вкупно 16 години). Женското лидерство е повеќе застапено во нордиските земји, земјите од Јужна и Југоисточна Азија, но и во земјите од Јужна Америка. Сепак, оваа глобална родова нерамнотежа сè уште е поголема во политиката отколку во здравството, образованието или економијата.

Од сите жени кои станале премиерки или претседателки од 1960 година наваму, повеќе од три четвртини дојдоа на оваа позиција по 1990-тите, односно по реформите и воведувањето на родовите квоти кои придонесоа за зголемување на уделот на жените во политиката, иако овие трендови не се рамномерно распоредени низ светот, ниту денес. Во парламентарните системи, жената полесно може да биде избрана на премиерска функција, но не и на претседателската, бидејќи така полесно може „да се заобиколи потенцијално обременетото со предрасуди, стереотипи и сексизам јавно мислење и да биде избрана само од партијата“ на нејзиниот пат кон државната политичка хиерархија, како Јадранка Косор во Хрватска, во периодот од 2009 до 2011 година.

За жал, сè уште многу мал број жени се избираат на изборите за шеф на држава, особено во претседателските системи, каде што претседателот претставува моќна и независна гранка на власта од која се очекува да донесува брзи и решителни одлуки (карактеристики, кои благодарејќи на стереотипите се поврзуваат со машкоста!). За да победи жената во трката за претседател на државата, таа е принудена да се бори многу подиректно и да се соочи со сите грубости на сексизмот, стереотипите и предрасудите. Само 4% од анкетираните граѓани во Европа во 2016 години, сметаа дека изборот на жените во политиката не подлежи на предрасуди и стереотипи, и високи, преку 90% биле убедени дека при изборот на жените во политиката, гласачите се водени од предрасуди, стереотипи и, најчесто, сексизам.

„Што и да прават жените, треба да направат двојно подобро од мажите за да се сметаат за половина подобри од мажите. За среќа, тоа не е тешко”, ќе рече една влијателна модна креаторка, но за жал, не секогаш и тоа е доволно, барем кога станува збор за жените креатори во политиката!

Не мало проклетство е содржано во правилото кое ги следи моќните жени кои чувствуваат дека имаат доволно мудрост и храброст за да влезат во борба со мажите за помоќни позиции во државата, а тоа правило е следното - колку е помоќна позицијата за која се натпреварува жена, толку потешко се стасува до таа висока позиција! Некои општествени теоретичари ја поставуваат тезата дека жените стануваат претседатели на држави или заземаат премиерски позиции кога политичката ситуација во државата е крајно нестабилна или кога државните институции се изразито слаби (според т.н. „теорија на стаклена карпа” - glass cliff). Ова е едно од објаснувањата, зошто токму жена стана премиерка на Велика Британија, за време на крајно неизвесните години по Брегзит-от, или ако се вратиме малку подлабоко во нашето сеќавање, зошто во првите кризни години по смртта на Тито во поранешна Југославија, токму Милка Планинц стана претседател на тогашната сојузна влада која мораше да се справува со сериозна економска и политичка криза.

Во подолготрајна нестабилна политичка ситуација или во подлабока кризна ситуација во најава (од политички, економски или безбедносен аспект) моќните мажи во политиката умеат лесно да се договорат меѓусебе, дека „најбезбедно и најбезболно” е да се назначи жена да ја „реши ситуацијата“ - и во мноштво такви случаи жените успевале во тоа, докажувајќи ги во пракса тврдењата на две моќни британски жени во политиката, Кристабел Панкхерст, дека „вештината не познава пол“ и тврдењето на челичната британска премиерка Маргарет Тачер, дека: „во политиката, ако сакате нешто да кажете, побарајте мислење од мажите, а ако сакате нешто да се направи, побарајте од жените да го направат тоа“! Бидејќи во науката сè уште не се темелно и систематски анализирани ваквите тврдења, за почеток доволно е да останеме на претпоставката (а зошто не и на предрасудата, кога веќе им конвенира на жените), дека кога владее општ хаос, жените попрво од мажите се склони да направат ред и поредок, да воспостават нови правила на игра и да почитуваат правила и процедури! Зарем малку животни искуства ни го покажуваат токму тоа?!
…………………………………………………………………………………………………
Во четвртата деценија од стекнувањето самостојно македонско политичко искуство, од првиот парламентарен состав и првата влада - до последните, на македонската политичка сцена имаше добри примери за бележити и силни жени во политиката, најмногу во 10-те досегашни парламентарни состави, но и редица добри министерки кои одлично управуваа со своите ресори. Македонија имаше и неколку потпретседателки на Собранието и неколку вицепремиерки, но во 34 години македонска политичка пракса, ниту една жена не стана премиер или претседател на држава!

Крајно време е, додека течат 7-те Претседателски и 11-те Парламентарни избори, а во услови на крајно загрозена од корупција и криминал демократија, крајно атрофирани хербариум-институции и крајно опасно демографско празнење на државата, да поддржиме, политиката во претседателската вила на Водно, да ја поведе жена, а во Собранието, што повеќе жени!

Овојпат, жена мора да биде!

The post ЖЕНА ЌЕ БИДЕ! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Политиката е именка од женски род и на неа, најчесто (и тоа на сите светски јазици!) ù се додава уште една именка од женски род - онаа најнеблагодарната што може да ù се накалеми на некоја жена! Тој преврат во политиката, од пределите на благородното кон најмалку благодарното, сосемa сигурно не е резултат на учеството на жените во политиката! Напротив! Скоро подеднакво злопотребуван и извалкан термин во политиката, исто така, е именката од женски род - демократија! Кога во некое општество и одредено политичко владеење сите зборуваат и сите постојано повикуваат на демократија, тоа само значи дека демократијата како преплашена срна избегала пред татнежот на некоја цврста чизма или тешка рака во политиката! Се разбира, тие се најмалку женски! Политиката и демократијата се дефинираат со стотици, што сериозни, што мудри, што луцидни дефиниции, а се одредуваат според десетина многу јасни и мерливи параметри. Еден од најегзактните и најсигурни показатели каква е демократската кондиција на едно општество и какви се демократските капацитети на една политика е и степенот на учество на жените во креирањето и носењето на важни општествени и политички одлуки! Иако за политика и демократија се зборува и мудрува неколку века пред Христа и полни дваесет векa по Христа, учеството на жената во политиката останува и понатаму повеќе исклучок, отколку правило - и повеќе мит отколку реалност! Јавниот простор наречен политика, останува и до денешни дни репрезентативен и привилегиран простор резервиран за мажите! (како во шахот за кралот, без оглед на тоа што кралицата е најмоќна фигура на шаховската табла!) .......................................................................................................................... Денес, нема да сретнеме мотивирачки говор за поттикнување на учеството на жената во политиката, во кој нема да бидат спомнати жени што креирале историја, како Клеопатра, Јованка Орлеанка, Изабела од Кастиља, Катерина Медичи, Марија Антоанета, Екатарина Велика, Марија Терезија, кралицата Викторија или како моќните жени од модерниве времиња, како Елеонор Рузвелт, Сиримаво Бандаранаике (првата жена избрана за премиер во светот, во 1960 година), Симон Вејл, Индира Ганди, Голда Меир, Маргарет Тачер, Ангела Меркел, или од нашето непосредно соседство, Мелина Меркури, на пример. Денес, кога се зборува за овие моќни жени во политиката, бидејќи се реткост, често јазикот на реализмот попушта пред јазикот на сензационализмот! Јазикот е именка од машки род, но сензацијата е именка од женски род, нели?! Но, она што е поважно од сензацијата е статистиката - исто така именка од женски род! Според обемните анализи на Светскиот економски форум за глобалниот родов јаз во 2023 година, сè уште ниту една држава во светот не постигнала целосен паритет помеѓу жените и мажите, иако првите девет рангирани (Исланд, Норвешка, Финска, Нов Зеланд, Шведска, Германија, Никарагва, Намибија и Литванија) имаат затворено најмалку 80% од нивниот јаз помеѓу застапеноста на мажите и жените во јавните сфери од животот. Но, прогнозите и за Европа, најдобро рангираниот континент во ова истражување, велат, дека ако се оди со ова бавно и несигурно темпо, ќе бидат потребни уште 67 години постојано родово сензибилизирање, посебно во политиката, за да се постигне премостување на тие длабоки јазови помеѓу мажите и жените! Статистиката и анализата на Светскиот економски форум за 146 држави од сите континенти, детектира различни нивоа на длабочини на јазовите кои жените ги држат сè уште далеку од носењето важни одлуки и тоа во четири области: здравство, образование, економија и политика! Задоволувачки и оптимистички се индексите за затворање на јазовите во образованието и здравството каде тие изнесуваат 96% и 95%, но, загрижувачки се податоците за 60% покривање на родовиот јаз во економското учество на жените и крајно загрижувачките 20,1 % покриеност на јазот помеѓу мажите и жените во политичкото одлучување! Во сите четири анализирани подрачја, Европа има најдобро премостување на родовиот јаз од сите останати континенти, со просек од 76,3%, а Исланд, Норвешка и Финска се трите најдобро рангирани држави во светот. Македонија според последниот извештај на Светскиот економски форум за 2023 година, назадува за 4 места на листата и во моментов е рангирана како 73-та од 146 анализирани држави во светот. По области тоа би изгледало вака: 48-мо рангирани сме во делот на премостување на родовиот јаз во образованието, 51. место во областа на застапеноста на жените во политиката, дури 108. место во економското учество на жените и убедливо најслаби во регионот, на 134. место во областа на здравството. Заклучно со 31 декември 2022 година, приближно 27,9% од светската популација, што е еквивалентно на 2,12 милијарди луѓе, живееле во земји чиј шеф на држава била жена. Но и оваа прилично висока бројка може да залаже, бидејќи тоа најмногу се должи на Индија, најнаселената земја во светот, каде Друпади Мурму стана претседателка на Индија по изборите во 2022 година. Во моментов, во Европа, држави кои имаат претседателки се бројат на прсти: Грузија-Саломе Зурабишвили; Грција-Катерина Сакеларопулу; Унгарија-Каталин Новак; Маја Санду во Молдавија (која претходно беше и премиер), Словачка-Зузана Чапутова; во Словенија, Наташа Пирц-Мусар, Жељка Цвијановиќ, како дел од тричленото Претседателство на БиХ и Вјора Османи од Косово. Само пет претседателки во последните три децении избрале граѓаните на Балканот, а Македонија, Србија и Црна Гора, ниту еднаш немале жена за шеф на државата! Интересно е во овој контекст да се спомене дека САД, најголемиот „извозник на демократија“ во светот во 20 век, во својата 248-годишна историја никогаш немале жена за претседател на државата, а не треба да се занемари и фактот дека во „Клубот 73“ (држави кои имале жена за премиер или претседател), жените всушност биле на овие позиции само неколку дена или месеци. Од 1966 година само 33 жени државни лидери ја извршувале таа позиција подолго од еден мандат (најчесто 4 години). Меѓу овие земји, лидери се Бангладеш (во последните 50 години, вкупно 23 години лидерски позиции имала жена), Индија (вкупно 21 година), Ирска (вкупно 21 година), Исланд (вкупно 20 години) и Филипини (вкупно 16 години). Женското лидерство е повеќе застапено во нордиските земји, земјите од Јужна и Југоисточна Азија, но и во земјите од Јужна Америка. Сепак, оваа глобална родова нерамнотежа сè уште е поголема во политиката отколку во здравството, образованието или економијата. Од сите жени кои станале премиерки или претседателки од 1960 година наваму, повеќе од три четвртини дојдоа на оваа позиција по 1990-тите, односно по реформите и воведувањето на родовите квоти кои придонесоа за зголемување на уделот на жените во политиката, иако овие трендови не се рамномерно распоредени низ светот, ниту денес. Во парламентарните системи, жената полесно може да биде избрана на премиерска функција, но не и на претседателската, бидејќи така полесно може „да се заобиколи потенцијално обременетото со предрасуди, стереотипи и сексизам јавно мислење и да биде избрана само од партијата“ на нејзиниот пат кон државната политичка хиерархија, како Јадранка Косор во Хрватска, во периодот од 2009 до 2011 година. За жал, сè уште многу мал број жени се избираат на изборите за шеф на држава, особено во претседателските системи, каде што претседателот претставува моќна и независна гранка на власта од која се очекува да донесува брзи и решителни одлуки (карактеристики, кои благодарејќи на стереотипите се поврзуваат со машкоста!). За да победи жената во трката за претседател на државата, таа е принудена да се бори многу подиректно и да се соочи со сите грубости на сексизмот, стереотипите и предрасудите. Само 4% од анкетираните граѓани во Европа во 2016 години, сметаа дека изборот на жените во политиката не подлежи на предрасуди и стереотипи, и високи, преку 90% биле убедени дека при изборот на жените во политиката, гласачите се водени од предрасуди, стереотипи и, најчесто, сексизам. „Што и да прават жените, треба да направат двојно подобро од мажите за да се сметаат за половина подобри од мажите. За среќа, тоа не е тешко”, ќе рече една влијателна модна креаторка, но за жал, не секогаш и тоа е доволно, барем кога станува збор за жените креатори во политиката! Не мало проклетство е содржано во правилото кое ги следи моќните жени кои чувствуваат дека имаат доволно мудрост и храброст за да влезат во борба со мажите за помоќни позиции во државата, а тоа правило е следното - колку е помоќна позицијата за која се натпреварува жена, толку потешко се стасува до таа висока позиција! Некои општествени теоретичари ја поставуваат тезата дека жените стануваат претседатели на држави или заземаат премиерски позиции кога политичката ситуација во државата е крајно нестабилна или кога државните институции се изразито слаби (според т.н. „теорија на стаклена карпа” - glass cliff). Ова е едно од објаснувањата, зошто токму жена стана премиерка на Велика Британија, за време на крајно неизвесните години по Брегзит-от, или ако се вратиме малку подлабоко во нашето сеќавање, зошто во првите кризни години по смртта на Тито во поранешна Југославија, токму Милка Планинц стана претседател на тогашната сојузна влада која мораше да се справува со сериозна економска и политичка криза. Во подолготрајна нестабилна политичка ситуација или во подлабока кризна ситуација во најава (од политички, економски или безбедносен аспект) моќните мажи во политиката умеат лесно да се договорат меѓусебе, дека „најбезбедно и најбезболно” е да се назначи жена да ја „реши ситуацијата“ - и во мноштво такви случаи жените успевале во тоа, докажувајќи ги во пракса тврдењата на две моќни британски жени во политиката, Кристабел Панкхерст, дека „вештината не познава пол“ и тврдењето на челичната британска премиерка Маргарет Тачер, дека: „во политиката, ако сакате нешто да кажете, побарајте мислење од мажите, а ако сакате нешто да се направи, побарајте од жените да го направат тоа“! Бидејќи во науката сè уште не се темелно и систематски анализирани ваквите тврдења, за почеток доволно е да останеме на претпоставката (а зошто не и на предрасудата, кога веќе им конвенира на жените), дека кога владее општ хаос, жените попрво од мажите се склони да направат ред и поредок, да воспостават нови правила на игра и да почитуваат правила и процедури! Зарем малку животни искуства ни го покажуваат токму тоа?! ………………………………………………………………………………………………… Во четвртата деценија од стекнувањето самостојно македонско политичко искуство, од првиот парламентарен состав и првата влада - до последните, на македонската политичка сцена имаше добри примери за бележити и силни жени во политиката, најмногу во 10-те досегашни парламентарни состави, но и редица добри министерки кои одлично управуваа со своите ресори. Македонија имаше и неколку потпретседателки на Собранието и неколку вицепремиерки, но во 34 години македонска политичка пракса, ниту една жена не стана премиер или претседател на држава! Крајно време е, додека течат 7-те Претседателски и 11-те Парламентарни избори, а во услови на крајно загрозена од корупција и криминал демократија, крајно атрофирани хербариум-институции и крајно опасно демографско празнење на државата, да поддржиме, политиката во претседателската вила на Водно, да ја поведе жена, а во Собранието, што повеќе жени! Овојпат, жена мора да биде!

The post ЖЕНА ЌЕ БИДЕ! appeared first on Република.

]]>
Одбрана и последни денови на актуелната македонска лагократија https://republika.mk/kolumni/odbrana-i-posledni-denovi-na-aktuelnata-makedonska-lagokratija/ Fri, 12 Apr 2024 08:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=765277

Васко Шутаров

Велат дека Ото фон Бизмарк прв ја употребил онаа легендарна мисла: „Најмногу се лаже пред избори, за време на војна и после лов“! Велат и дека, според Божјата промисла, било замислено политиката да биде најблагородната работа на светот, но дека лагата била побрза од промислата и дека токму во политиката си пронашла привилегирано поле за свое непречено дејствување. Велат и дека вистинољубството никогаш не спаѓало во редот на најпосакуваните политички доблести, а дека вистинокажувачите се ретка (исклучителна ретка појава!), против која политичките лажговци од сите политички бои и блокови, најпрво и најлесно се усогласуваат и здружуваат!

Прашањата за интригантната поврзаност на лагата и политиката се стари колку што се стари политиката, политичката филозофија и политичката наука, но одговорите зошто е тоа така, никогаш не биле поконтроверзни, како што се денес? А, нели токму денес, живееме во свет на лесна и брза достапност до секоја информација и ќе беше сосем природно и нормално, вистината да биде подостапна и полесно проверлива за секого?! И нели живееме во време во кое, покрај информацијата и знаењето станува најважен ресурс, па уште и покрај толкавата експанзија од високообразовани луѓе, уште да живееме со фактот дека сè уште лагата останува суверена и на толкаво високо ниво, сеприсутна?!

Прв Платон се обидел да го дефинира знаењето како „оправдано, вистинито верување“. Лагата, според него е спротивна на вистината и таа постои со намера другиот да биде доведен во заблуда! Платон, наследникот на вистинољубивиот Сократ, во своето дело „Држава“ запишал и дека за развојот и опстанокот на човековите заедници, неопходно потребна е одредена доза на лаги, т.н. благородни лаги, кои во одредено време и одредени прилики, привилегирано ќе ги дошепнуваат најмудрите, а во тогашното време тоа биле филозофите! Само оние кои ќе се стекнат со вистинско знаење, може да спознаат што е добро и за другите, а бидејќи тие (другите), сами не можат да ги досегнат вистинските знаења за доброто, на нив им се нуди вистина, „облагородена“ со митови и лаги!

Лагата, прв се обидува да ја дефинира Св. Августин и според него „лажливец е оној што има двојно срце и двојна мисла-лажливецот мисли едно, а зборува друго, знаејќи дека она што го зборува е лага! И оној кој лаже од незнаење и оној кој свесно лаже, според Августин се „подеднаква опасност за општеството, подеднакво опасни како некој кој прави зло, намерно или од незнаење!

Меѓутоа, идеалите за добрина, убавина и вистина никогаш потполно не ги напуштиле ниту општествата ниту политиката и никогаш конечно не ù го препуштале местото исклучиво на лагата-тој неверојатно податлив и леплив материјал од кој се градат бедемите и кулите на интересите и моќта, во сите времиња и во сите власти! Вистиноборците, од антиката, ренесансата и просветителството, преку ерата на научните откритија и големите ослободувања на народите од лагите на големите и моќните, до технолошката и дигиталната ера, го менувале и го придвижувале светот во склад со трите исконски идеали на човештвото! Но, дури и кога барем малку светот се придвижувал кон идеалите за подобро, за поубаво и повистинито, секогаш лагата била побрза и успевала неколкукратно да го обиколи и повторно да го раздвижи светот, според сопствените потреби и интереси! Така било отсекогаш, така е и денес!

Вистинољубецот Исус Христос, вљубениците во вистината како Сократ, Марко Аврелиј, Свети Августин, Галилео Галилеј, Имануел Кант, до витезите на вистината на 20 век, Никола Тесла, Махатма Ганди, Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мандела, Ајнштајн или Хана Арент, успевале да му ги пренесат на човештвото моќта и убавината на вистината, но лагата скоро секогаш успевала посилно и поубедливо да заведе и да ги испише страниците од човековата историја, станувајќи многу често неодвоив украс од секоја важна човекова лична или колективна вистина и промена кон подобро!

Историјата и политичката филозофија сметаат дека немало поголем вистинољубец меѓу владетелите, од римскиот цар Марко Аврелиј, кого и во негово време заради чесноста, скромноста и доминантниот принцип на владеење: Ако не знаеш како, подобро не чини ништо и ако не зборуваш вистина, подобро ништо не зборувај!“, го нарекувале Verissimus (Вистинољубец!). Но, дури и тој, во клучни моменти на крајот од својот живот кога морал да избере свој наследник, се самозалажал и ù потклекнал на лагата - и така ја направил најголемата и кобна грешка, како за себе, така и за Римската империја!


Еден од столбовите на модерната политичка наука, големиот ренесансен мислител Николо Макијавели, чие дело „Владетелот“ и денес претставува задолжително градиво за секој што има намера да се занимава со политика и во кое тој успеал да ù направи целосна вивисекција на анатомијата на политиката како вештина и како наука, на крајот од својот живот успеал да се самозалаже и да излезе наивен пред лукавствата и непредвидливиот сплет од лаги на тогашните власти. Макијавели силно се надевал и се убедил дека со развластувањето на семејството Медичи и со враќањето на власт на републиканците во Фиренца, ќе му бидат вратени одземените политички функции што порано ги имал, но се излажал-токму републиканците биле сомничави кон неговите ретки и конфликтни контакти со семејството Медичи! Сурова може да биде лагата во политичката пракса, посурова и од најсуровата теорија испишана за неа!

Имануел Кант низ целиот свој филозофски опус го осудувал лажењето и тврдел дека човек кој лаже, не само што се одрекува од својата особеност, туку дека со лагата станува само лажлива појава на она што вистински треба да биде! Себелажењето и самозалажувањето за него претставуваат најсериозен прекор кој заслужува постојана осуда, бидејќи ако еднаш врвното начело на вистинитоста биде нарушено и повредено, злото на невистинитоста се шири како реа од постојан гниеж“.

Хана Арент, која со посебно внимание ги истражува лагите и вистината, посебно во тоталитарните општества во 20 век, доаѓа до истиот заклучок, дека „појдовна точка на сеопштото лажење започнува со првата самоизмама, првото себелажење, кое не е директна последица на некаква континуира измама на другите кон нас, туку измамата на другите секогаш започнува со нашата прва самоизмама“. Од првото, често наивно и доброволно самозалажување, до потполното предавање на заводливоста на лагата, најчесто се случуваат и драматични лични и колективни промени, кои покрај континуирано дозираните лаги имаме чувство дека нас воопшто и не нè засегаат! Под покритието на лагата, секогаш полесно и поподносливо се живеело, нели?!

Тоа постојано лажење нема за цел народот да им поверува на лагите, туку целта е во ништо повеќе да не се верува! Бидејќи на таквиот народ, не му е одземена моќта за акција, туку моќта да мисли и да расудува. Со таков народ можете да правите што сакате!

Оваа позната мисла на Хана Арент до срж ја погодува вистината за тоталната лага со која се обземени модерните општества, преку која се менуваат и (пре)обликуваат и личните и колективните вредности во животот на модерниот човек-барем сè додека во тој маѓепсан круг од лаги се наоѓа некаква егзистенцијална или животна смисла! Се изгуби ли и конечната, последна смисла, лагата и лагократијата мора да абдицираат и да дозволат општествените промени да бидат водени од личности кои ја љубат, ја зборуваат и ја практикуваат само вистината!

Кога од лагата и лажењето во политиката не останува веќе ништо благородно, кога малите и некогаш неопходни „мали бели лаги“ се потиснати од крајно социопатолошки, компулсивни и најприземни простачки лаги (да се владее, да се лаже и да се краде по секоја цена!), кога ни во траги не се случуваат суштински промени на подобро, кога лагата потполно го дехуманизира секој поединечно и го разјадува здраворазумското во секого - и уште ја разорува комплетната мисла на идните генерации, која станува посиромашна за мислата на своите предци, промените стануваат неминовност, а вистинољубието врвен приоритет!

....................................................................................
Македонија денес е дојдена до таа своја пресвртна точка, од која понатаму ништо не смее да биде, „како досега!“ Македонија е крајно контаминирана до највисоко ниво на токсичност од прекумерна употреба на лаги! А, Македонците не џабе велат, кој краде и лаже, а кој најмногу лаже и најмногу краде! И од првата голема лага, од онаа со несреќното „извлекување на зајачето од шеширот“ (кое волшебно требаше да ни ги реши сите проблеми!), пред седум години, до недоветните шарени лаги кои требаше да ги покријат сите наши понижувања и поништувања како народ и држава, преку масовниот македонски егзодус во странство и тоталниов грабеж на сè што е државно и народно, до последново безочно лажење деновиве, кога кампањски се лиферуваат лажни бројки за раст и развој, (небаре, за Лихтенштајн станува збор!) - родениве лажливци потполно ја опустошија и ограбија Македонија!

Професорката Гордана Силјановска Давкова, токму во овие седум изминати години на тотална македонска лагократија, беше еден исклучителен и репрезентативен вистинољубец, во годиниве на безумие - постојан глас на разумот, потсетник на сè она вредно што го имаме и не смееме да го изгубиме, патоказ кон интелигентното, умното, културното, господското и витешкото соочување со сопствените можности и потенцијали во меѓународниов контекст на модерни европски и светски држави!

Како и сите вистинољубци во времиња на суверено и сурово владеење на лагите и лажното, беше за очекување дека Силјановска Давкова ќе биде предмет на црна кампања и дека во шарените лаги против неа ќе се обединат сите кои заеднички се лепат кон владејачките центри на моќ и интерес!

Немајќи за што, најпрво удрија по тоа дека е жена, а потоа дека е жена во зрели години! И почнаа со една толку изветвена и некреативна црна кампања, да ù лепат фотошопови на нејзините фотографии од билбордите, да ја извлекуваат од контекст дека има нешто против старите лица (спомнувајќи во еден поткаст, дека ќе биде активна и дека нема намера да биде како двајцата старци од балконот што само седат и се мајтапат со сè - од некогаш популарните „Мапети“), дека ќе биде нејзин хендикеп како претседателка, тоа што сака да заталка и да се стопи со својата околина, со своите соседи и со своите сограѓани, патем, плаќајќи ги сама сопствените режиски трошоци (неброени пати сум ја среќавал како го прави тоа!) или сама избирајќи зеленчук и овошје од градските зелени пазари, за своето семејство!

Оттуѓените и одметнати лагократи удрија по нејзината нормалност и непосредност, по нејзината интелектуална принципиелност и високопрофилиран научнички интегритет, нејзиниот домашен и меѓународен углед, но, пред сè, кон човекољубивоста и вистинољубивоста кои несоомнено ја красат како политичарка и кои се широко препознаени од македонските граѓани! Сето тоа од неа прави, апсолутен фаворит на претстојните претседателски избори!

Македонија е презрела за вистинољубие и човечност и презрела за промени кон подобро! Македонија истовремено е прегладнета за нормалност, за достоинственост, за просперитетност - и за малку повеќе национална и државна гордост! Време е за конечно збогум со неподносливата леснотија на лагократско манипулирање со нашите животи, со нашите животни потреби и со нашите гласови!
И крајно време е за вистински промени кои ќе ги направиме сами и кои ќе започнат наскоро, со Гордана Силјановска Давкова - како прва македонска претседателка!

The post Одбрана и последни денови на актуелната македонска лагократија appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Велат дека Ото фон Бизмарк прв ја употребил онаа легендарна мисла: „Најмногу се лаже пред избори, за време на војна и после лов“! Велат и дека, според Божјата промисла, било замислено политиката да биде најблагородната работа на светот, но дека лагата била побрза од промислата и дека токму во политиката си пронашла привилегирано поле за свое непречено дејствување. Велат и дека вистинољубството никогаш не спаѓало во редот на најпосакуваните политички доблести, а дека вистинокажувачите се ретка (исклучителна ретка појава!), против која политичките лажговци од сите политички бои и блокови, најпрво и најлесно се усогласуваат и здружуваат! Прашањата за интригантната поврзаност на лагата и политиката се стари колку што се стари политиката, политичката филозофија и политичката наука, но одговорите зошто е тоа така, никогаш не биле поконтроверзни, како што се денес? А, нели токму денес, живееме во свет на лесна и брза достапност до секоја информација и ќе беше сосем природно и нормално, вистината да биде подостапна и полесно проверлива за секого?! И нели живееме во време во кое, покрај информацијата и знаењето станува најважен ресурс, па уште и покрај толкавата експанзија од високообразовани луѓе, уште да живееме со фактот дека сè уште лагата останува суверена и на толкаво високо ниво, сеприсутна?! Прв Платон се обидел да го дефинира знаењето како „оправдано, вистинито верување“. Лагата, според него е спротивна на вистината и таа постои со намера другиот да биде доведен во заблуда! Платон, наследникот на вистинољубивиот Сократ, во своето дело „Држава“ запишал и дека за развојот и опстанокот на човековите заедници, неопходно потребна е одредена доза на лаги, т.н. благородни лаги, кои во одредено време и одредени прилики, привилегирано ќе ги дошепнуваат најмудрите, а во тогашното време тоа биле филозофите! Само оние кои ќе се стекнат со вистинско знаење, може да спознаат што е добро и за другите, а бидејќи тие (другите), сами не можат да ги досегнат вистинските знаења за доброто, на нив им се нуди вистина, „облагородена“ со митови и лаги! Лагата, прв се обидува да ја дефинира Св. Августин и според него „лажливец е оној што има двојно срце и двојна мисла-лажливецот мисли едно, а зборува друго, знаејќи дека она што го зборува е лага! И оној кој лаже од незнаење и оној кој свесно лаже, според Августин се „подеднаква опасност за општеството, подеднакво опасни како некој кој прави зло, намерно или од незнаење! Меѓутоа, идеалите за добрина, убавина и вистина никогаш потполно не ги напуштиле ниту општествата ниту политиката и никогаш конечно не ù го препуштале местото исклучиво на лагата-тој неверојатно податлив и леплив материјал од кој се градат бедемите и кулите на интересите и моќта, во сите времиња и во сите власти! Вистиноборците, од антиката, ренесансата и просветителството, преку ерата на научните откритија и големите ослободувања на народите од лагите на големите и моќните, до технолошката и дигиталната ера, го менувале и го придвижувале светот во склад со трите исконски идеали на човештвото! Но, дури и кога барем малку светот се придвижувал кон идеалите за подобро, за поубаво и повистинито, секогаш лагата била побрза и успевала неколкукратно да го обиколи и повторно да го раздвижи светот, според сопствените потреби и интереси! Така било отсекогаш, така е и денес! Вистинољубецот Исус Христос, вљубениците во вистината како Сократ, Марко Аврелиј, Свети Августин, Галилео Галилеј, Имануел Кант, до витезите на вистината на 20 век, Никола Тесла, Махатма Ганди, Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мандела, Ајнштајн или Хана Арент, успевале да му ги пренесат на човештвото моќта и убавината на вистината, но лагата скоро секогаш успевала посилно и поубедливо да заведе и да ги испише страниците од човековата историја, станувајќи многу често неодвоив украс од секоја важна човекова лична или колективна вистина и промена кон подобро! Историјата и политичката филозофија сметаат дека немало поголем вистинољубец меѓу владетелите, од римскиот цар Марко Аврелиј, кого и во негово време заради чесноста, скромноста и доминантниот принцип на владеење: Ако не знаеш како, подобро не чини ништо и ако не зборуваш вистина, подобро ништо не зборувај!“, го нарекувале Verissimus (Вистинољубец!). Но, дури и тој, во клучни моменти на крајот од својот живот кога морал да избере свој наследник, се самозалажал и ù потклекнал на лагата - и така ја направил најголемата и кобна грешка, како за себе, така и за Римската империја! Еден од столбовите на модерната политичка наука, големиот ренесансен мислител Николо Макијавели, чие дело „Владетелот“ и денес претставува задолжително градиво за секој што има намера да се занимава со политика и во кое тој успеал да ù направи целосна вивисекција на анатомијата на политиката како вештина и како наука, на крајот од својот живот успеал да се самозалаже и да излезе наивен пред лукавствата и непредвидливиот сплет од лаги на тогашните власти. Макијавели силно се надевал и се убедил дека со развластувањето на семејството Медичи и со враќањето на власт на републиканците во Фиренца, ќе му бидат вратени одземените политички функции што порано ги имал, но се излажал-токму републиканците биле сомничави кон неговите ретки и конфликтни контакти со семејството Медичи! Сурова може да биде лагата во политичката пракса, посурова и од најсуровата теорија испишана за неа! Имануел Кант низ целиот свој филозофски опус го осудувал лажењето и тврдел дека човек кој лаже, не само што се одрекува од својата особеност, туку дека со лагата станува само лажлива појава на она што вистински треба да биде! Себелажењето и самозалажувањето за него претставуваат најсериозен прекор кој заслужува постојана осуда, бидејќи ако еднаш врвното начело на вистинитоста биде нарушено и повредено, злото на невистинитоста се шири како реа од постојан гниеж“. Хана Арент, која со посебно внимание ги истражува лагите и вистината, посебно во тоталитарните општества во 20 век, доаѓа до истиот заклучок, дека „појдовна точка на сеопштото лажење започнува со првата самоизмама, првото себелажење, кое не е директна последица на некаква континуира измама на другите кон нас, туку измамата на другите секогаш започнува со нашата прва самоизмама“. Од првото, често наивно и доброволно самозалажување, до потполното предавање на заводливоста на лагата, најчесто се случуваат и драматични лични и колективни промени, кои покрај континуирано дозираните лаги имаме чувство дека нас воопшто и не нè засегаат! Под покритието на лагата, секогаш полесно и поподносливо се живеело, нели?!
Тоа постојано лажење нема за цел народот да им поверува на лагите, туку целта е во ништо повеќе да не се верува! Бидејќи на таквиот народ, не му е одземена моќта за акција, туку моќта да мисли и да расудува. Со таков народ можете да правите што сакате!
Оваа позната мисла на Хана Арент до срж ја погодува вистината за тоталната лага со која се обземени модерните општества, преку која се менуваат и (пре)обликуваат и личните и колективните вредности во животот на модерниот човек-барем сè додека во тој маѓепсан круг од лаги се наоѓа некаква егзистенцијална или животна смисла! Се изгуби ли и конечната, последна смисла, лагата и лагократијата мора да абдицираат и да дозволат општествените промени да бидат водени од личности кои ја љубат, ја зборуваат и ја практикуваат само вистината! Кога од лагата и лажењето во политиката не останува веќе ништо благородно, кога малите и некогаш неопходни „мали бели лаги“ се потиснати од крајно социопатолошки, компулсивни и најприземни простачки лаги (да се владее, да се лаже и да се краде по секоја цена!), кога ни во траги не се случуваат суштински промени на подобро, кога лагата потполно го дехуманизира секој поединечно и го разјадува здраворазумското во секого - и уште ја разорува комплетната мисла на идните генерации, која станува посиромашна за мислата на своите предци, промените стануваат неминовност, а вистинољубието врвен приоритет! .................................................................................... Македонија денес е дојдена до таа своја пресвртна точка, од која понатаму ништо не смее да биде, „како досега!“ Македонија е крајно контаминирана до највисоко ниво на токсичност од прекумерна употреба на лаги! А, Македонците не џабе велат, кој краде и лаже, а кој најмногу лаже и најмногу краде! И од првата голема лага, од онаа со несреќното „извлекување на зајачето од шеширот“ (кое волшебно требаше да ни ги реши сите проблеми!), пред седум години, до недоветните шарени лаги кои требаше да ги покријат сите наши понижувања и поништувања како народ и држава, преку масовниот македонски егзодус во странство и тоталниов грабеж на сè што е државно и народно, до последново безочно лажење деновиве, кога кампањски се лиферуваат лажни бројки за раст и развој, (небаре, за Лихтенштајн станува збор!) - родениве лажливци потполно ја опустошија и ограбија Македонија! Професорката Гордана Силјановска Давкова, токму во овие седум изминати години на тотална македонска лагократија, беше еден исклучителен и репрезентативен вистинољубец, во годиниве на безумие - постојан глас на разумот, потсетник на сè она вредно што го имаме и не смееме да го изгубиме, патоказ кон интелигентното, умното, културното, господското и витешкото соочување со сопствените можности и потенцијали во меѓународниов контекст на модерни европски и светски држави! Како и сите вистинољубци во времиња на суверено и сурово владеење на лагите и лажното, беше за очекување дека Силјановска Давкова ќе биде предмет на црна кампања и дека во шарените лаги против неа ќе се обединат сите кои заеднички се лепат кон владејачките центри на моќ и интерес! Немајќи за што, најпрво удрија по тоа дека е жена, а потоа дека е жена во зрели години! И почнаа со една толку изветвена и некреативна црна кампања, да ù лепат фотошопови на нејзините фотографии од билбордите, да ја извлекуваат од контекст дека има нешто против старите лица (спомнувајќи во еден поткаст, дека ќе биде активна и дека нема намера да биде како двајцата старци од балконот што само седат и се мајтапат со сè - од некогаш популарните „Мапети“), дека ќе биде нејзин хендикеп како претседателка, тоа што сака да заталка и да се стопи со својата околина, со своите соседи и со своите сограѓани, патем, плаќајќи ги сама сопствените режиски трошоци (неброени пати сум ја среќавал како го прави тоа!) или сама избирајќи зеленчук и овошје од градските зелени пазари, за своето семејство! Оттуѓените и одметнати лагократи удрија по нејзината нормалност и непосредност, по нејзината интелектуална принципиелност и високопрофилиран научнички интегритет, нејзиниот домашен и меѓународен углед, но, пред сè, кон човекољубивоста и вистинољубивоста кои несоомнено ја красат како политичарка и кои се широко препознаени од македонските граѓани! Сето тоа од неа прави, апсолутен фаворит на претстојните претседателски избори! Македонија е презрела за вистинољубие и човечност и презрела за промени кон подобро! Македонија истовремено е прегладнета за нормалност, за достоинственост, за просперитетност - и за малку повеќе национална и државна гордост! Време е за конечно збогум со неподносливата леснотија на лагократско манипулирање со нашите животи, со нашите животни потреби и со нашите гласови! И крајно време е за вистински промени кои ќе ги направиме сами и кои ќе започнат наскоро, со Гордана Силјановска Давкова - како прва македонска претседателка!

The post Одбрана и последни денови на актуелната македонска лагократија appeared first on Република.

]]>
За промените, бунтовниците со причина и гордоста https://republika.mk/kolumni/za-promenite-buntovnitsite-so-prichina-i-gordosta/ Sun, 31 Mar 2024 14:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=760660

Васко Шутаров

Се канев да пишувам нешто за животните промени кои се неминовност во нашите животи. Никој не успеал да го замрзне летото трајно и да ѝ забрани на зимата да дојде, никој не успеал да ја направи младоста вечна и да не ѝ дозволи на староста да затропа на врата, никој не успеал да изѕида доволно високи и цврсти бедеми кои би биле брана за брановите од културни, општествени или политички промени, кои исто така неминовно се случуваат, како и сè друго во животот!

Размислувајќи за темата, потсетувајќи се што тоа науката, а посебно филозофијата и уметноста велат за неминовноста од промени, онемев од веста дека од овој свет си заминала една несекојдневна и во сè посебна уметница, жена-симбол за промени и освојувања на слободи во животите на неколку генерации млади! Веста за смртта на Слаѓана Милошевиќ како метеор удри во најдобро чуваното и однегувано парче градина, во која се случуваат најубавите и најинтимните освојувања на слободи и среќа - таа мала интимна градина во која Слаѓана беше мерна единица за храброст, убавина и вистина. И жена која менуваше све(с)т!

Прегледувајќи деновиве десетици интервјуа што ги имала последниве години, ми се потврдува претставата за Слаѓана дека беше обдарена со харизма и мноштво таленти и дека беше темелна и вредна во пристапот кон секоја работа (па и во љубовта, за која понекогаш скромно зборуваше)! Беше икона на цел еден бран на промени во 80-тите години во некогашна Југославија во скоро сите сфери од творештвото, најмногу во музиката, но и во модата, во книжевноста, во авангардниот театар, на алтернативната сцена, во документариот филм и активизмот. Беше и „Секси Дама“ и „Принцеза од некоја друга планета“, авангарден предвесник и на промените и на новото во времето кое го живеевме! Беше бескомпромисен бунтовник, со причина!

Како пасиониран собирач на секакви можни знаења, од научни до религиски и како сопственик на мноштво таленти, знаеше во интервјуата да каже: „Задача на секој од нас е секојдневно да се менуваме и поправаме! Јас сум една од оние кои веруваат дека мора да се учи до последниот ден од животот. Секој нов ден имаме шанса да научиме нешто ново  и да постоиме во сегашниов миг, бидејќи времето минува и носи нови барања и нови законии ако не се менуваме и не го следиме, едноставно излегуваме од игра! Така се претвораме во исушени черупки кои го чекаат само својот последен суд!“

Слаѓана беше прва жена на просторите на поранешна Југославија која така здраво згазна врз тогашниот подзаспан медиумски простор, рушејќи многу табуа, неформални и формални забрани (забранувана за емитување и на радио и на телевизија, во еден период!), често цензурирана и јавно шиканирана, но бескомпромисна - нејзиниот глас и авангардна појава, сепак допираа секаде и до секого! „Преку уметноста на модата ја одразував мојата животна филозофија, својот бунт и неприфаќањето на лошите правила! Ја употребував модата како оружје против сè она што нè уназадува, против ретроградната култура што нè разјадува”, зборуваше во една прилика.

Како врвен интелектуалец, многу критички ја оценуваше својата улога како јавна личност, сепак „дозволена” во тогашниот „социјализам со човечки лик”, како нов и необичен лик, преку кој илјадници млади ги проектираа своите неостварени сонови, желби и слободи! Таа беше начисто дека е осудена да ја игра улогата на своевиден издувен вентил по кој тогашниот режим секогаш можеше здраво да удри, а неа да ја крши! Но, Слаѓана успеа да создаде армија од обожаватели на кои им го расчистуваше патот кон нов систем од вредности, нови правила на игра, нови начини на живеење и култура на однесување.

Во што и да сте први и да предничите пред другите, вие ќе ги сносите последиците од тоа! И кога ги рушите постоечките концепти и принципи во која било област, морате да ја издржите стоички сета критика од мноштвото кое го поддржува и брани сопствениот комфор и општествениот отпор кон какви било промени!”

Зад себе не остави потомство, но остави антологиска музика и неколку капитални книжевни дела. Во едно од нив „Цивилизацијата и жената – Машка жена” на 1.726 страници ја опишува жената на еден толку оригинален и луциден начин: „...И велам дека не постои машки и женски свет, како што не постои машка и женска наука, историја, уметност, вера! Светот во кој живееме е заеднички! Не постои машка и женска вистина! Вистината е само една, иста за обата пола. И затоа единственото исходиште кое мене ме занимаше, беше вистината! Вистината стана моја обврска, бидејќи само од вистината може да произлезе ред, а од редот мир! Сè што е засновано на невистина и лаги, кога тогаш ќе потоне, ќе се раствори и ќе исчезне!”

Да живееше во еден малку поцивилизиран свет, за каков што цел живот се бореше, Слаѓана Милошевиќ ќе беше заштитена со закон, како непроценливо (интер) национално богатство! Ќе беше ѕвезда или херој или штогоде друго важно, бидејќи цел свој живот, темелно и безрезервно го посвети на промените на старото и на времето кое допрва доаѓаше, бидејќи таа секогаш и беше чекор пред времето! Предвреме и замина од овој свет, мизерно третирана и крајно разочарана од здравствените власти на својата држава, кон која, патем, негуваше најдлабоки патриотски чувства.

Таму каде Слаѓана сигурно уште долго ќе живее се пејзажите од интимни градини на оние кои ја сакаа и ја почитуваа и од каде уште долго ќе одѕвонува нејзиниот глас, стиснат меѓу заби, но моќен да стаса и некаде надвор од планетите: „Менувајте се луѓе на подобро, секој ден менувајте се и себеси и светот околу себе-и не дозволувајте заради вашето мало парче животен комфор, сите заедно да живееме во таква сеопшта мизерија од невистини и лаги! Борете се за промени, затоа што самиот живот е постојана промена!”

.............................................................................................................

Неспорно е дека луѓето во најголем дел се обидуваат да ги избегнат или да им се спротивставуваат на промените и кога се свесни дека нема да им успее тоа! Промените се закон на природата, промените се и главна општествена и политичка законитост! Во природата нема недостатоци или дупки низ кои можеме да се провлечеме и да ја замрзнеме засекогаш нашата најдобра возраст или омиленото годишно доба! Мудрите го разбираат тоа, храбрите го доживуваат како предизвик за промени, мноштвото луѓе како причина да стравуваат и на сите можни начини да ги спречуваат промените!

Откога е светот и векот било така! Од античките мислители Хераклит, Сократ и филозофите-стоици кои учеле дека не постои ништо трајно освен промените, до модерната наука, како онаа на австрискиот филозоф Рудолф Штајнер, во која се развива и докажува теоријата за личниот развој, заснован на седумгодишни човекови циклуси на промени.

Можеби наједноставен одговор за промените се крие во приказната за еден средновековен пророк кој побарал совет од најмудриот човек во тоа време, да му ја каже животната порака која би била клучна за секој човек? „И ова ќе помине!” - му одговорил мудрецот!

Но, мудроста на модерниот човек се состои не само во очекување промената сама по себе да се случи и во трпењето таа да си замине, туку во постојаното преоткривање на промените во себе и во креирањето промени во сопствената непосредна и подалечна  средина, во еден склад во кој промените би пулсирале во ист ритам-и би емитирале вистина, убавина, добрина и сила!

20 век ни ја откри Вирџинија Вулф, која беше книжевен велемајстор да ги долови сите нијанси на промените во нашите животи. Во нејзиното ремек-дело „Бранови” (1931), Вулф ги следи тековите на свеста на шест пријатели, почнувајќи од нивното детство до нивните зрели години. Ликовите влегуваат во нови етапи од животот кои се исполнети со многу промени и нови нешта, но и постојан недостаток на сигурност. Вулф ги прикажува сите шест лика во постојан процес на промени и метаморфози, како што тоа го правиме сите во нашите животи!

И други големи умови на 20. век, векот на најголеми движења, преврати, револуции и војни, но и век на неприкосновен потрошувачки конформизам, испраќаа моќни пораки, дека, ако не се менуваме, нема да растеме, а ако не растеме, исто како да не живееме! Моќна е пораката на Махатма Ганди дека „ние самите треба да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!”

21 век, по искуствата и со коронавирусот, ни го врати на менито на јавниот наратив изразот „и ова ќе помине”, преку бестселерот на американската психотерапевтка Џулија Семјуел! Во делото „Ова ќе помине: Приказни за промените, кризите и новите почетоци” Семјуел, споделувајќи ги своите искуства со пациентите за време на пандемијата, ќе го запише и ова: „Прифаќањето на промените, исто така, ве прави подобри, бидејќи промената е единствената сигурност во животот, а болката двигател на промените - преку болката учиме и за личното и за универзалното“!

(Зарем овие лекции од животот во нашата интимна градина на растење, не ни беа всадени и од Слаѓана Милошевиќ од нашата младост, пред многу години?!)

.............................................................................................................

Векот што го живееме, бара од нас постојано нови промени, дури и оние најчудните! Чуден е векот во кој промените ја однесоа и климата и половите и интимата до своите крајности и спротивности, а уште почудни се правилата на игра, кога преку превезот на промените се навлегува и во оној најинтимниот предел, таа интимна градина, од почетокот на текстов.

Нашата интимна градина не е напросто наша скриена комфор-зона во која се повлекуваме и се напојуваме со сопствената исконска енергија! Тоа е и нашиот микрокосмос во кој е вткаена нашата автентичност и посебност, но и нашата нишка преку која се поврзуваме со светот и со Универзумот и така заеднички пулсираме во сеопштиот ритам од промени.  Во таа наша интимна градина-зона на растење и живеење, има билки и стебла по кои не се посегнува - нив ги именуваме како себство од сопствен идентитет, свое име, своја совест и свест, своја гордост и своја скромност! Ако не сме свои, што ќе менуваме и какви промени ќе практикуваме?!

Дали е крајно време за вистински промени?! Промени преку кои ќе се вратиме во редот на нормални општества, народи и држави! Промени кон нормални вредности и стандарди, за нормални луѓе, со нормални животи и во нормални времиња! Промени преку кои ќе и се вратиме најнапред на својата интимна градина и промени за кои само преку неа ќеучиме и ќе ги практикуваме- како да го фатиме ритамот на промените во времето, кое секогаш имаме право да го именуваме, како свое!

The post За промените, бунтовниците со причина и гордоста appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Се канев да пишувам нешто за животните промени кои се неминовност во нашите животи. Никој не успеал да го замрзне летото трајно и да ѝ забрани на зимата да дојде, никој не успеал да ја направи младоста вечна и да не ѝ дозволи на староста да затропа на врата, никој не успеал да изѕида доволно високи и цврсти бедеми кои би биле брана за брановите од културни, општествени или политички промени, кои исто така неминовно се случуваат, како и сè друго во животот! Размислувајќи за темата, потсетувајќи се што тоа науката, а посебно филозофијата и уметноста велат за неминовноста од промени, онемев од веста дека од овој свет си заминала една несекојдневна и во сè посебна уметница, жена-симбол за промени и освојувања на слободи во животите на неколку генерации млади! Веста за смртта на Слаѓана Милошевиќ како метеор удри во најдобро чуваното и однегувано парче градина, во која се случуваат најубавите и најинтимните освојувања на слободи и среќа - таа мала интимна градина во која Слаѓана беше мерна единица за храброст, убавина и вистина. И жена која менуваше све(с)т! Прегледувајќи деновиве десетици интервјуа што ги имала последниве години, ми се потврдува претставата за Слаѓана дека беше обдарена со харизма и мноштво таленти и дека беше темелна и вредна во пристапот кон секоја работа (па и во љубовта, за која понекогаш скромно зборуваше)! Беше икона на цел еден бран на промени во 80-тите години во некогашна Југославија во скоро сите сфери од творештвото, најмногу во музиката, но и во модата, во книжевноста, во авангардниот театар, на алтернативната сцена, во документариот филм и активизмот. Беше и „Секси Дама“ и „Принцеза од некоја друга планета“, авангарден предвесник и на промените и на новото во времето кое го живеевме! Беше бескомпромисен бунтовник, со причина! Како пасиониран собирач на секакви можни знаења, од научни до религиски и како сопственик на мноштво таленти, знаеше во интервјуата да каже: „Задача на секој од нас е секојдневно да се менуваме и поправаме! Јас сум една од оние кои веруваат дека мора да се учи до последниот ден од животот. Секој нов ден имаме шанса да научиме нешто ново  и да постоиме во сегашниов миг, бидејќи времето минува и носи нови барања и нови законии ако не се менуваме и не го следиме, едноставно излегуваме од игра! Така се претвораме во исушени черупки кои го чекаат само својот последен суд!“ Слаѓана беше прва жена на просторите на поранешна Југославија која така здраво згазна врз тогашниот подзаспан медиумски простор, рушејќи многу табуа, неформални и формални забрани (забранувана за емитување и на радио и на телевизија, во еден период!), често цензурирана и јавно шиканирана, но бескомпромисна - нејзиниот глас и авангардна појава, сепак допираа секаде и до секого! „Преку уметноста на модата ја одразував мојата животна филозофија, својот бунт и неприфаќањето на лошите правила! Ја употребував модата како оружје против сè она што нè уназадува, против ретроградната култура што нè разјадува”, зборуваше во една прилика. Како врвен интелектуалец, многу критички ја оценуваше својата улога како јавна личност, сепак „дозволена” во тогашниот „социјализам со човечки лик”, како нов и необичен лик, преку кој илјадници млади ги проектираа своите неостварени сонови, желби и слободи! Таа беше начисто дека е осудена да ја игра улогата на своевиден издувен вентил по кој тогашниот режим секогаш можеше здраво да удри, а неа да ја крши! Но, Слаѓана успеа да создаде армија од обожаватели на кои им го расчистуваше патот кон нов систем од вредности, нови правила на игра, нови начини на живеење и култура на однесување.
Во што и да сте први и да предничите пред другите, вие ќе ги сносите последиците од тоа! И кога ги рушите постоечките концепти и принципи во која било област, морате да ја издржите стоички сета критика од мноштвото кое го поддржува и брани сопствениот комфор и општествениот отпор кон какви било промени!”
Зад себе не остави потомство, но остави антологиска музика и неколку капитални книжевни дела. Во едно од нив „Цивилизацијата и жената – Машка жена” на 1.726 страници ја опишува жената на еден толку оригинален и луциден начин: „...И велам дека не постои машки и женски свет, како што не постои машка и женска наука, историја, уметност, вера! Светот во кој живееме е заеднички! Не постои машка и женска вистина! Вистината е само една, иста за обата пола. И затоа единственото исходиште кое мене ме занимаше, беше вистината! Вистината стана моја обврска, бидејќи само од вистината може да произлезе ред, а од редот мир! Сè што е засновано на невистина и лаги, кога тогаш ќе потоне, ќе се раствори и ќе исчезне!” Да живееше во еден малку поцивилизиран свет, за каков што цел живот се бореше, Слаѓана Милошевиќ ќе беше заштитена со закон, како непроценливо (интер) национално богатство! Ќе беше ѕвезда или херој или штогоде друго важно, бидејќи цел свој живот, темелно и безрезервно го посвети на промените на старото и на времето кое допрва доаѓаше, бидејќи таа секогаш и беше чекор пред времето! Предвреме и замина од овој свет, мизерно третирана и крајно разочарана од здравствените власти на својата држава, кон која, патем, негуваше најдлабоки патриотски чувства. Таму каде Слаѓана сигурно уште долго ќе живее се пејзажите од интимни градини на оние кои ја сакаа и ја почитуваа и од каде уште долго ќе одѕвонува нејзиниот глас, стиснат меѓу заби, но моќен да стаса и некаде надвор од планетите: „Менувајте се луѓе на подобро, секој ден менувајте се и себеси и светот околу себе-и не дозволувајте заради вашето мало парче животен комфор, сите заедно да живееме во таква сеопшта мизерија од невистини и лаги! Борете се за промени, затоа што самиот живот е постојана промена!” ............................................................................................................. Неспорно е дека луѓето во најголем дел се обидуваат да ги избегнат или да им се спротивставуваат на промените и кога се свесни дека нема да им успее тоа! Промените се закон на природата, промените се и главна општествена и политичка законитост! Во природата нема недостатоци или дупки низ кои можеме да се провлечеме и да ја замрзнеме засекогаш нашата најдобра возраст или омиленото годишно доба! Мудрите го разбираат тоа, храбрите го доживуваат како предизвик за промени, мноштвото луѓе како причина да стравуваат и на сите можни начини да ги спречуваат промените! Откога е светот и векот било така! Од античките мислители Хераклит, Сократ и филозофите-стоици кои учеле дека не постои ништо трајно освен промените, до модерната наука, како онаа на австрискиот филозоф Рудолф Штајнер, во која се развива и докажува теоријата за личниот развој, заснован на седумгодишни човекови циклуси на промени. Можеби наједноставен одговор за промените се крие во приказната за еден средновековен пророк кој побарал совет од најмудриот човек во тоа време, да му ја каже животната порака која би била клучна за секој човек? „И ова ќе помине!” - му одговорил мудрецот! Но, мудроста на модерниот човек се состои не само во очекување промената сама по себе да се случи и во трпењето таа да си замине, туку во постојаното преоткривање на промените во себе и во креирањето промени во сопствената непосредна и подалечна  средина, во еден склад во кој промените би пулсирале во ист ритам-и би емитирале вистина, убавина, добрина и сила! 20 век ни ја откри Вирџинија Вулф, која беше книжевен велемајстор да ги долови сите нијанси на промените во нашите животи. Во нејзиното ремек-дело „Бранови” (1931), Вулф ги следи тековите на свеста на шест пријатели, почнувајќи од нивното детство до нивните зрели години. Ликовите влегуваат во нови етапи од животот кои се исполнети со многу промени и нови нешта, но и постојан недостаток на сигурност. Вулф ги прикажува сите шест лика во постојан процес на промени и метаморфози, како што тоа го правиме сите во нашите животи! И други големи умови на 20. век, векот на најголеми движења, преврати, револуции и војни, но и век на неприкосновен потрошувачки конформизам, испраќаа моќни пораки, дека, ако не се менуваме, нема да растеме, а ако не растеме, исто како да не живееме! Моќна е пораката на Махатма Ганди дека „ние самите треба да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!” 21 век, по искуствата и со коронавирусот, ни го врати на менито на јавниот наратив изразот „и ова ќе помине”, преку бестселерот на американската психотерапевтка Џулија Семјуел! Во делото „Ова ќе помине: Приказни за промените, кризите и новите почетоци” Семјуел, споделувајќи ги своите искуства со пациентите за време на пандемијата, ќе го запише и ова: „Прифаќањето на промените, исто така, ве прави подобри, бидејќи промената е единствената сигурност во животот, а болката двигател на промените - преку болката учиме и за личното и за универзалното“! (Зарем овие лекции од животот во нашата интимна градина на растење, не ни беа всадени и од Слаѓана Милошевиќ од нашата младост, пред многу години?!) ............................................................................................................. Векот што го живееме, бара од нас постојано нови промени, дури и оние најчудните! Чуден е векот во кој промените ја однесоа и климата и половите и интимата до своите крајности и спротивности, а уште почудни се правилата на игра, кога преку превезот на промените се навлегува и во оној најинтимниот предел, таа интимна градина, од почетокот на текстов. Нашата интимна градина не е напросто наша скриена комфор-зона во која се повлекуваме и се напојуваме со сопствената исконска енергија! Тоа е и нашиот микрокосмос во кој е вткаена нашата автентичност и посебност, но и нашата нишка преку која се поврзуваме со светот и со Универзумот и така заеднички пулсираме во сеопштиот ритам од промени.  Во таа наша интимна градина-зона на растење и живеење, има билки и стебла по кои не се посегнува - нив ги именуваме како себство од сопствен идентитет, свое име, своја совест и свест, своја гордост и своја скромност! Ако не сме свои, што ќе менуваме и какви промени ќе практикуваме?! Дали е крајно време за вистински промени?! Промени преку кои ќе се вратиме во редот на нормални општества, народи и држави! Промени кон нормални вредности и стандарди, за нормални луѓе, со нормални животи и во нормални времиња! Промени преку кои ќе и се вратиме најнапред на својата интимна градина и промени за кои само преку неа ќеучиме и ќе ги практикуваме- како да го фатиме ритамот на промените во времето, кое секогаш имаме право да го именуваме, како свое!

The post За промените, бунтовниците со причина и гордоста appeared first on Република.

]]>
Фаталната привлечност на културната дипломатија https://republika.mk/kolumni/fatalnata-privlechnost-na-kulturnata-diplomatija/ Fri, 15 Mar 2024 09:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=755055

Васко Шутаров

Во почетокот на октомври 1989 година, британскиот амбасадор во тогашна Западна Германија, пишува депеша до Форин Офисот во Лондон, дека според негови проценки, Берлинскиот ѕид нема сигурно да падне барем уште цела деценија, а можеби и деценија и пол!

Веќе на 9 ноември 1989,  ѕидот кој физички го раздвојуваше источниот од западниот Берлин полни дваесет и осум години и еден ден, сепак, падна! Ѕидот и комунистичкиот Исток не паднаа пред моќта на западното модерно вооружување, туку под налетот на незадржливата, ненаметлива, а толку привлечна моќ на западните слободи и права, економската благосостојба, културата на живеење, како и пред уметноста, филмот и забавата преку кои тие идеи и вредности беа промовирани.

Холивуд и Харвард, Кока Кола и Мекдоналдс, Мајкрософт и Ем-Ти-Ви, џезот, рок и поп-културата, Битлси, Стоунси, Дорси, хипи-движењето, џинсот и слободите во модното изразување, раскошната понуда на автомобилската индустрија, блескавата привлечност на индустријата за забава, а сето тоа заедно спакувано како единствен продукт,  наречен културна дипломатија, ги собра ловориките на победата на капиталистичкиот Запад, наспроти комунистичкиот Исток!

Денес, триесетина години потоа, најдобрите поуки и лекции од културно-дипломатската победа во Студената војна, најлесно ги заборавија  победниците, а посебно САД, каде веднаш по паѓањето на комунистичката завеса, беше распуштена федералната агенција за промоција на културните вредности на американското општество! Големата победа над комунизмот, САД ги натера да поверуваат дека еднаш освоените срца и умови на народите и државите, вечно ќе бидат освоени и вечно ќе им бидат наклонети!

Денес, брзорастечките економии од Далечниот Исток одлично ги владеат најдобрите културно-дипломатски лекции и во склад со своите традиции ги модернизираат и ги интензивираат освојувањата на светот, најнапред преку културата. Јужна Кореја, Јапонија, Виетнам, Индија, Сингапур, но посебно Кина, денес ги раскажуваат своите најдобри приказни за себе, преку инструментите и алатките на културната дипломатија. „Мекото е сила“,   мисла од древниот кинески филозоф Лао Це, денес претставува девиза, преку која културната дипломатија станува претходница на секоја нова кинеска економска офанзива во светот.

Денес, веќе читаме дека Кинезите мудро инвестираат во купување холивудски студија и ненаметливо, но стратешки добро осмислено, ја освојуваат американската филмска индустрија, која низ целиот 20 век беше најмоќното оружје на американската културна дипломатија за стекнување симпатии и наклонетост ширум светот. Па некаде ќе прочитаме, дека ни филмските „Оскари“ веќе не се тоа што беа, дека планетарната милионска гледаност на церемонијата на доделување „Оскари“ од година во година паѓа или дека Америка не е повеќе моќна да произведува ѕвезди, како некогаш!

За волја на вистината, за време на короната (што е своевиден парадокс!),  гледаноста на „Оскарите“ падна и под психолошката бариера од 10 милиони гледачи, па следната година требаше да се случи шамарот на Вил Смит за повторно да порасне интересот, но и да се пробудат подзаспаните американските режисери, за да го вратат некогашниот сјај на американскиот филм и најсјajната церемонија за доделување филмски награди! Впрочем, „Оскарите“, покрај Супер Боулот, се најмоќното и најгледаното американско шоу - и нели така треба да остане, засекогаш?!

И повторно, за волја на вистината, Американците минатата и оваа година, создадоа исклучително моќна филмска продукција, која од милост некој веќе ја нарече, „Проект Барбенхајмер“!  „Барби“ и „Опенхајмер“ се филмски хитови на годината и филмска посвета кон планетарно најпопуларната американска кукла и кон таткото на американската атомска бомба, „американскиот Прометеј“, како што го нарекувааа американскиот физичар Роберт Опенхајмер.

Големото филмско враќање на Американците како лидери во културната дипломатија, симболички го означи и филмското екранизирање на животот на еден од најголемите американски композитори, диригенти и пијанисти на минатиот век, Леонард Бернштајн, со филмот „Маестро“, но и симболичното враќање на црвениот филмски тепих на еден вистински потомок на Индијанците, преку актерката од филмот „Убијците на цветната месечина“, Лили Гледстоун.

Американската мека моќ, најмоќно емитирана преку филмската уметност, се врати кон своите корени и големи брендови, но на крај (потполно фројдовски!), го овенча со најголема оскаровска слава филмот „Опенхајмер“, како своевиден романтичарски ламент кон времињата на неприкосновената американска тврда моќ, изразена преку политичката, економската и воено-атомската сила која ја имаа САД

(Зад заслепувачката филмска магија и блескавите спектакли посветени на филмот, Американците отсекогаш емитирале многу јасни и разбирливи пораки за цел свет, а нели моќта на културната дипломатија се состои токму во тоа, да допре и да освои што поширок круг срца и умови ширум светот, на наједноставен и најразбирлив јазик за сите!)

За оние филмски сладокусци кои очекуваат правда и правичност, доделувањето на „Оскарите“ не се вистинското место за тоа! Нели е доволно да се потсетиме, дека најголемите и најобожувани филмски актери меѓу двете светски војни Чарли Чаплин и Грета Гарбо никогаш не беа наградени со „Оскар“, дека убедливо најдобриот филм на сите времиња „Граѓанинот Кејн“ не доби ниту една статуетка, дека истиот касмет ги следеше филмските великани Алфред Хичкок, Стенли Кјубрик, Ричард Бартон, Кери Грант, Питер О Тул, Миа Фароу, Роберт Мичам, Бредли Купер што го глумеше Леонард Бернштајн, но најмногу големата Глен Клоуз, која и покрај 8-те номинации, никогаш нема добиено златна статуетка!

......................................................................................................

Глен Клоуз, несомнено, е исклучителен феномен на американската филмска индустрија и препознатлив амблем на нејзината културна дипломатија. „Ме споредуваат со Мерил Стрип, ќе каже во една прилика, но никогаш тоа не се случи и во ноќта кога се доделуваа Оскарите.“

Глен Клоуз беше на врвот на својата слава, со брилијантните улоги во „Фаталната привлечност“ и „Опасните врски“, филмови кои и фатално и опасно ја заведуваа и освојуваа публиката и зад комунистичката железна завеса, во втората половина од 80-тите години од минатиот век! Денес, филмските сладокусци низ цел свет, со леснотија ќе се сетат и на нејзините неповторливо одиграни улоги како Круела Де Вил  во „101 Далматинец“ или феноменалната трансформација во машки лик, во филмот „Алберт Нобс“, а театарските сладокусци ќе се сетат барем на дузина неповторливи ликови кои Клоуз успеа да ги донесе на штиците кои живот значат!

„Што уште треба да направи Глен Клоуз за да добие Оскар“, се прашуваа милиони љубители на филмот во 2019 година, кога беше повторно апсолутен фаворит за улогата во филмот „Дружина“, но наградата повторно ù беше одземена, овојпат од Оливија Колман за улогата во филмот „Миленичката“. „Твитер“ таа ноќ просто гореше од коментари: „Глен Клоуз повторно изгуби, можно ли е ова?“ Оливија Колман, својот поздравен оскаровски говор ù го посвети на Глен Клоуз: „Ти отсекогаш беше мој идол и не сакав вечерва ова да се случи! Мислам дека си неверојатна и знам дека многу те сакам!“

Глен Клоуз веќе неколку години по ред не игра големи филмски улоги, но затоа апсолутно добро ги разбира правилата на шоу-бизнисот и успева непогрешливо да го украде големото американско шоу, и кога губи! Разбирајќи ја моќта на гледаноста на најинтересните кратки фрагменти од минута и половина, наспроти повеќечасовното досадно филмско бдеење додека се чекаат главните филмски награди, Глен Клоуз во 2019 година со заводлив „тверк“ (и покрај позните години!), успеа да го украде шоуто- оскаровското „губитништво“ не ја спречи ни за момент, да остане голема и да продолжи да мами аплаузи од милионска публика ширум светот.

Да се остане велик и да се продолжи да се раскажува сопствената приказна и кога си постојан губитник, можат само најголемите уметници! Tоа е Глен Клоуз, која во својата долга филмска кариера виртузозно играше улоги и на крајно окрутни и исклучително лукави жени, па често знаеше да каже: „Мора да им верувате и мора да ги сакате своите улоги и кога никој друг не ги сака!“

И на последново оскаровско издание оваа 2024 година, Глен Клоуз блесна силно, покажувајќи му на светот дека и во пресрет на својот 77 роденден, кој ќе го слави за некој ден, на 19 март, е во полна животна и актерска форма и дека светот може допрва од неа да очекува брилијантни филмски улоги, кои еден ден сигурно ќе станат неизоставен дел од секоја филмска енциклопедија.

Годинава Клоуз се претстави со сосем мала улога во кратко промотивно видео, пред оскаровската церемонија, во кое на познати филмски уметници им беше поставувано прашањето „кој филм посебно ги инспирира да посакаат да патуваат во некоја земја“?

„Има филм, се вика ‘Пред дождот’. Снимен е во Македонија! Очигледно е многу стара и многу нешта се имаат случено во таа земја. Никогаш потоа, не излезе од моите мисли“.

Големата Глен Клоуз, како на дланка на светот му ја понуди Македонија, за која, благодарејќи на филмската приказна и магичните пејзажи од Мариово и Охрид, стекнала неизбришлива претстава како за стара земја, во која се случувале толку многу работи!  И уште, стекнувајќи претстава за земја со модерна филмска уметност, која умешно раскажува свои приказни, како со филмот „Пред дождот“.

Каков моќен маркетиншки подарок за една држава и за земја која во годините  по „Дождот“, а посебно последниве години, доживеа толку многу губитништва и разочарувања на меѓународната политичка и културна сцена! И истовремено, каква добра културно-дипломатска поука, од најупатената жива актерка за тоа, дека треба да се биде и да се остане голем и кога ништо во светот не ти е наклонето и не ти оди во прилог! Но, „мора да им верувате и мора да ги сакате своите улоги и кога никој друг не ги сака!“

Македонија не е држава со голема политичка, економска, воена, демографска или туристичка моќ, преку која би се позиционирала подобро на меѓународната политичка мапа, но со добро осмислена, постојана и продорна културна дипломатија може да биде и повеќе видлива и повеќе допадлива и повеќе препознатлива, секаде во светот!

Последниве седум изгубени години, македонската приказна во светот ја раскажуваа само нашите соседи, еднаш јужниот, а во продолжение на истата приказна и источниот! Нема понепријатна позиција во меѓународни рамки, од аспект на културната дипломатија, кога светот ве препознава само по една работа, која истовремено претставува и тешко решлив меѓународен проблем!

Да имавме власт, каква што веќе полни седум години немаме, најмалку што требаше веднаш да се направи, ќе беше изразувањето гест на благодарност кон големата американска актерка за овој голем културно-дипломатски дар што пред милионски светски аудиториум ù го посвети на Македонија! И заедно со честитката за нејзиниот скорешен роденден, да беше и официјално поканета да ја посети Македонија, да ги види одблизу пејзажите кои трајно ù се врежале во мислите, да ги запознае одблизу и Мариово и Охрид, (но и пејзажите од „Медената земја“ за кои исто така сигурно знае!), да ги запознае луѓето, но и природните и културните убавини со кои е дарувана оваа навистина стара земја, во која многу работи сè уште живо се случуваат. Многу малку треба, ако вистински се сака, да се постигне нешто вредно!

Тоа би бил првокласен културно-дипломатски настан, за кој ќе разбере целата светска јавност! Бидејќи, културната дипломатија го може тоа, на најдобар и наједноставен начин -и да руши ѕидови и бариери, кога мора, но и да гради трајни мостови на пријателство и наклонетост, кога сака! Глен Клоуз, сакаше и подаде рака! Македонијо, на потег си ти!

Среќен роденден и добре дојде дома, госпоѓо Клоуз!

The post Фаталната привлечност на културната дипломатија appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Во почетокот на октомври 1989 година, британскиот амбасадор во тогашна Западна Германија, пишува депеша до Форин Офисот во Лондон, дека според негови проценки, Берлинскиот ѕид нема сигурно да падне барем уште цела деценија, а можеби и деценија и пол! Веќе на 9 ноември 1989,  ѕидот кој физички го раздвојуваше источниот од западниот Берлин полни дваесет и осум години и еден ден, сепак, падна! Ѕидот и комунистичкиот Исток не паднаа пред моќта на западното модерно вооружување, туку под налетот на незадржливата, ненаметлива, а толку привлечна моќ на западните слободи и права, економската благосостојба, културата на живеење, како и пред уметноста, филмот и забавата преку кои тие идеи и вредности беа промовирани. Холивуд и Харвард, Кока Кола и Мекдоналдс, Мајкрософт и Ем-Ти-Ви, џезот, рок и поп-културата, Битлси, Стоунси, Дорси, хипи-движењето, џинсот и слободите во модното изразување, раскошната понуда на автомобилската индустрија, блескавата привлечност на индустријата за забава, а сето тоа заедно спакувано како единствен продукт,  наречен културна дипломатија, ги собра ловориките на победата на капиталистичкиот Запад, наспроти комунистичкиот Исток! Денес, триесетина години потоа, најдобрите поуки и лекции од културно-дипломатската победа во Студената војна, најлесно ги заборавија  победниците, а посебно САД, каде веднаш по паѓањето на комунистичката завеса, беше распуштена федералната агенција за промоција на културните вредности на американското општество! Големата победа над комунизмот, САД ги натера да поверуваат дека еднаш освоените срца и умови на народите и државите, вечно ќе бидат освоени и вечно ќе им бидат наклонети! Денес, брзорастечките економии од Далечниот Исток одлично ги владеат најдобрите културно-дипломатски лекции и во склад со своите традиции ги модернизираат и ги интензивираат освојувањата на светот, најнапред преку културата. Јужна Кореја, Јапонија, Виетнам, Индија, Сингапур, но посебно Кина, денес ги раскажуваат своите најдобри приказни за себе, преку инструментите и алатките на културната дипломатија. „Мекото е сила“,   мисла од древниот кинески филозоф Лао Це, денес претставува девиза, преку која културната дипломатија станува претходница на секоја нова кинеска економска офанзива во светот. Денес, веќе читаме дека Кинезите мудро инвестираат во купување холивудски студија и ненаметливо, но стратешки добро осмислено, ја освојуваат американската филмска индустрија, која низ целиот 20 век беше најмоќното оружје на американската културна дипломатија за стекнување симпатии и наклонетост ширум светот. Па некаде ќе прочитаме, дека ни филмските „Оскари“ веќе не се тоа што беа, дека планетарната милионска гледаност на церемонијата на доделување „Оскари“ од година во година паѓа или дека Америка не е повеќе моќна да произведува ѕвезди, како некогаш! За волја на вистината, за време на короната (што е своевиден парадокс!),  гледаноста на „Оскарите“ падна и под психолошката бариера од 10 милиони гледачи, па следната година требаше да се случи шамарот на Вил Смит за повторно да порасне интересот, но и да се пробудат подзаспаните американските режисери, за да го вратат некогашниот сјај на американскиот филм и најсјajната церемонија за доделување филмски награди! Впрочем, „Оскарите“, покрај Супер Боулот, се најмоќното и најгледаното американско шоу - и нели така треба да остане, засекогаш?! И повторно, за волја на вистината, Американците минатата и оваа година, создадоа исклучително моќна филмска продукција, која од милост некој веќе ја нарече, „Проект Барбенхајмер“!  „Барби“ и „Опенхајмер“ се филмски хитови на годината и филмска посвета кон планетарно најпопуларната американска кукла и кон таткото на американската атомска бомба, „американскиот Прометеј“, како што го нарекувааа американскиот физичар Роберт Опенхајмер. Големото филмско враќање на Американците како лидери во културната дипломатија, симболички го означи и филмското екранизирање на животот на еден од најголемите американски композитори, диригенти и пијанисти на минатиот век, Леонард Бернштајн, со филмот „Маестро“, но и симболичното враќање на црвениот филмски тепих на еден вистински потомок на Индијанците, преку актерката од филмот „Убијците на цветната месечина“, Лили Гледстоун. Американската мека моќ, најмоќно емитирана преку филмската уметност, се врати кон своите корени и големи брендови, но на крај (потполно фројдовски!), го овенча со најголема оскаровска слава филмот „Опенхајмер“, како своевиден романтичарски ламент кон времињата на неприкосновената американска тврда моќ, изразена преку политичката, економската и воено-атомската сила која ја имаа САД (Зад заслепувачката филмска магија и блескавите спектакли посветени на филмот, Американците отсекогаш емитирале многу јасни и разбирливи пораки за цел свет, а нели моќта на културната дипломатија се состои токму во тоа, да допре и да освои што поширок круг срца и умови ширум светот, на наједноставен и најразбирлив јазик за сите!) За оние филмски сладокусци кои очекуваат правда и правичност, доделувањето на „Оскарите“ не се вистинското место за тоа! Нели е доволно да се потсетиме, дека најголемите и најобожувани филмски актери меѓу двете светски војни Чарли Чаплин и Грета Гарбо никогаш не беа наградени со „Оскар“, дека убедливо најдобриот филм на сите времиња „Граѓанинот Кејн“ не доби ниту една статуетка, дека истиот касмет ги следеше филмските великани Алфред Хичкок, Стенли Кјубрик, Ричард Бартон, Кери Грант, Питер О Тул, Миа Фароу, Роберт Мичам, Бредли Купер што го глумеше Леонард Бернштајн, но најмногу големата Глен Клоуз, која и покрај 8-те номинации, никогаш нема добиено златна статуетка! ...................................................................................................... Глен Клоуз, несомнено, е исклучителен феномен на американската филмска индустрија и препознатлив амблем на нејзината културна дипломатија. „Ме споредуваат со Мерил Стрип, ќе каже во една прилика, но никогаш тоа не се случи и во ноќта кога се доделуваа Оскарите.“ Глен Клоуз беше на врвот на својата слава, со брилијантните улоги во „Фаталната привлечност“ и „Опасните врски“, филмови кои и фатално и опасно ја заведуваа и освојуваа публиката и зад комунистичката железна завеса, во втората половина од 80-тите години од минатиот век! Денес, филмските сладокусци низ цел свет, со леснотија ќе се сетат и на нејзините неповторливо одиграни улоги како Круела Де Вил  во „101 Далматинец“ или феноменалната трансформација во машки лик, во филмот „Алберт Нобс“, а театарските сладокусци ќе се сетат барем на дузина неповторливи ликови кои Клоуз успеа да ги донесе на штиците кои живот значат! „Што уште треба да направи Глен Клоуз за да добие Оскар“, се прашуваа милиони љубители на филмот во 2019 година, кога беше повторно апсолутен фаворит за улогата во филмот „Дружина“, но наградата повторно ù беше одземена, овојпат од Оливија Колман за улогата во филмот „Миленичката“. „Твитер“ таа ноќ просто гореше од коментари: „Глен Клоуз повторно изгуби, можно ли е ова?“ Оливија Колман, својот поздравен оскаровски говор ù го посвети на Глен Клоуз: „Ти отсекогаш беше мој идол и не сакав вечерва ова да се случи! Мислам дека си неверојатна и знам дека многу те сакам!“ Глен Клоуз веќе неколку години по ред не игра големи филмски улоги, но затоа апсолутно добро ги разбира правилата на шоу-бизнисот и успева непогрешливо да го украде големото американско шоу, и кога губи! Разбирајќи ја моќта на гледаноста на најинтересните кратки фрагменти од минута и половина, наспроти повеќечасовното досадно филмско бдеење додека се чекаат главните филмски награди, Глен Клоуз во 2019 година со заводлив „тверк“ (и покрај позните години!), успеа да го украде шоуто- оскаровското „губитништво“ не ја спречи ни за момент, да остане голема и да продолжи да мами аплаузи од милионска публика ширум светот. Да се остане велик и да се продолжи да се раскажува сопствената приказна и кога си постојан губитник, можат само најголемите уметници! Tоа е Глен Клоуз, која во својата долга филмска кариера виртузозно играше улоги и на крајно окрутни и исклучително лукави жени, па често знаеше да каже: „Мора да им верувате и мора да ги сакате своите улоги и кога никој друг не ги сака!“ И на последново оскаровско издание оваа 2024 година, Глен Клоуз блесна силно, покажувајќи му на светот дека и во пресрет на својот 77 роденден, кој ќе го слави за некој ден, на 19 март, е во полна животна и актерска форма и дека светот може допрва од неа да очекува брилијантни филмски улоги, кои еден ден сигурно ќе станат неизоставен дел од секоја филмска енциклопедија. Годинава Клоуз се претстави со сосем мала улога во кратко промотивно видео, пред оскаровската церемонија, во кое на познати филмски уметници им беше поставувано прашањето „кој филм посебно ги инспирира да посакаат да патуваат во некоја земја“? „Има филм, се вика ‘Пред дождот’. Снимен е во Македонија! Очигледно е многу стара и многу нешта се имаат случено во таа земја. Никогаш потоа, не излезе од моите мисли“. Големата Глен Клоуз, како на дланка на светот му ја понуди Македонија, за која, благодарејќи на филмската приказна и магичните пејзажи од Мариово и Охрид, стекнала неизбришлива претстава како за стара земја, во која се случувале толку многу работи!  И уште, стекнувајќи претстава за земја со модерна филмска уметност, која умешно раскажува свои приказни, како со филмот „Пред дождот“. Каков моќен маркетиншки подарок за една држава и за земја која во годините  по „Дождот“, а посебно последниве години, доживеа толку многу губитништва и разочарувања на меѓународната политичка и културна сцена! И истовремено, каква добра културно-дипломатска поука, од најупатената жива актерка за тоа, дека треба да се биде и да се остане голем и кога ништо во светот не ти е наклонето и не ти оди во прилог! Но, „мора да им верувате и мора да ги сакате своите улоги и кога никој друг не ги сака!“ Македонија не е држава со голема политичка, економска, воена, демографска или туристичка моќ, преку која би се позиционирала подобро на меѓународната политичка мапа, но со добро осмислена, постојана и продорна културна дипломатија може да биде и повеќе видлива и повеќе допадлива и повеќе препознатлива, секаде во светот! Последниве седум изгубени години, македонската приказна во светот ја раскажуваа само нашите соседи, еднаш јужниот, а во продолжение на истата приказна и источниот! Нема понепријатна позиција во меѓународни рамки, од аспект на културната дипломатија, кога светот ве препознава само по една работа, која истовремено претставува и тешко решлив меѓународен проблем! Да имавме власт, каква што веќе полни седум години немаме, најмалку што требаше веднаш да се направи, ќе беше изразувањето гест на благодарност кон големата американска актерка за овој голем културно-дипломатски дар што пред милионски светски аудиториум ù го посвети на Македонија! И заедно со честитката за нејзиниот скорешен роденден, да беше и официјално поканета да ја посети Македонија, да ги види одблизу пејзажите кои трајно ù се врежале во мислите, да ги запознае одблизу и Мариово и Охрид, (но и пејзажите од „Медената земја“ за кои исто така сигурно знае!), да ги запознае луѓето, но и природните и културните убавини со кои е дарувана оваа навистина стара земја, во која многу работи сè уште живо се случуваат. Многу малку треба, ако вистински се сака, да се постигне нешто вредно! Тоа би бил првокласен културно-дипломатски настан, за кој ќе разбере целата светска јавност! Бидејќи, културната дипломатија го може тоа, на најдобар и наједноставен начин -и да руши ѕидови и бариери, кога мора, но и да гради трајни мостови на пријателство и наклонетост, кога сака! Глен Клоуз, сакаше и подаде рака! Македонијо, на потег си ти! Среќен роденден и добре дојде дома, госпоѓо Клоуз!

The post Фаталната привлечност на културната дипломатија appeared first on Република.

]]>
Од безгласна кукла до жена на милениумот https://republika.mk/kolumni/od-bezglasna-kukla-do-zhena-na-mileniumot/ Fri, 08 Mar 2024 09:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=752545

Васко Шутаров

Во едни далеку поскромни детства од денешниве, светот не ни се нудеше на дланка и до него не секогаш стигнувавме лесно! Но, тој свет ни се отвораше непогрешливо точно, кога доаѓаше вистинско време за тоа!

И во тие, далеку поскромни времиња од денешниве, ниту дома, ниту на училиште, не слушнавме дека во стекнувањата животни знаења и определби, треба да се одредуваме „за запад или за исток, за север или за југ!“! Нас подеднакво и дома и на училиште, нè учеа само на емпатија и солидарност со цел свет, што тогаш го мечтаевме со ширум отворени очи!

И со отворени очи сонувавме за освојувања и на Истокот и на Западот, патувајќи со Марко Поло, со Колумбо и со Магелан, со чиста и со ништо неоптоварена детска мечта!

И денес со отворени очи можам да го доловам ликот и гласот на мојата стамена и лична учителка, секогаш облечена во добро скроен дводелен костум, како нè поттикнува да знаеме повеќе од она што го бараше задолжителното градиво: „Читајте весници, гледајте вести, никогаш не заспивајте без новопрочитана страница од книга!“

Ништо позначајно и ништо поубаво, кога на деца од најрана возраст им се всадува љубов и за дополнителни знаења за мајчиниот јазик и за историјата и за културата на својот народ, но и за здравата храна и здравиот начин на живот, а патем и широко им се отвораат хоризонти, од далечниот Исток, до далечниот Запад, фино скокоткајќи ја дечјата фантазија и за јапонското обожување на расцветано црешово гранче, за уништувањето на славните цивилизации на Маите и Инките или за моќните жени во политиката, како на пример за Индира Ганди, на која мојата учителка, вистински ù се воодушевуваше!

И така осознаваме од многу мали, за бесценети животни поуки! Најпрво, колку важна може да биде животната лекција, кога жена со воодушевување говори за друга жена! И денес пред очи ја гледам, со каков вознес ни ја опишува убавината на индиската жена олицетворена во Индира Ганди, жената со препознатливиот седефен прамен во косата и длабоко замислените топли очи, како се внесува во опишувањето на традиционалното индиско сари, како говори за храброста на една жена да им се спротивстави на моќните мажи кои сакаат поделби во државата, но најмногу за мудроста на жената политичар, цврсто решена да стави крај на постојаните години на глад и сиромаштија, во втората по бројност нација во светот!

Денес Индија е уште помоќна држава од времето на Индира Ганди и претставува исклучително важен глобален фактор на меѓународната политичка сцена, но се прашувам на колкумина третоодделенци нешто ќе им значи името на актуелниот индиски премиер Нарендра Моди?! Или, да бидеме пореални - на колкумина студенти од третите години на студиите од политички науки во државата, јасна им е улогата, која благодарејќи посебно на Индира Ганди, Индија ја има во светов, денес?!

(Не беше така неодамна, кога слушнав, дека ќе се реконструира дел од улицата „Инди Раганди“ во Шуто Оризари, во Скопје!)

Она што посебно заслужува благодарност кон оние далечни и поскромни времиња од денешниве, тоа е длабоко стекнатата потреба од нови знаења, потреба не само од постојани нови откривања, туку и критички преоткривања на веќе стекнатите знаења! Денес, стануваме и повеќе свесни за тоа, со каков благодат сме биле дарувани,  кога сме биле воспитувани и образовани не само да бидеме „навртки и завртки“ за потребите на еден глобален пазарен механизам и за привилегијата толку години потоа, да се негува критички ум кон сè она што е препорачливо секојдневно да се голта како неприкосновена вистина, од која било страна на светот и да доаѓала!

Така и вистината за обожуваната жена политичар од моето детство, за која уште во трето одделение пишувавме осмомартовски домашни задачи, низ годиниве станува сè повеќе критичка, повеќеслојна и никогаш до крај исцрпена вистина! Денес, после толку многу сознанија за Индира Ганди, можеби најдолго одѕвонува вистината за неа, напишана од славната италијанска новинарка Оријана Фалачи: „ Ѝ се восхитувам, но не ù завидувам и не би сакала да бидам во нејзината кожа!“

Да бидеш полни 15 години премиер и да владееш со земја со толку длабока историја и традиција, земја со огромно мноштво од различни култури, религии, етнички групи, јазици и идеологии, често и длабоко поделени меѓу себе, уште и да успееш сето тоа непомирливо мноштво да го обединиш и да го модернизираш, тоа е епско дело, за повеќе од еден обичен човечки живот!

„Би била подготвена и да умрам служејќи ѝ на својата земја. Ако умрев во служба на нацијата, ќе се гордеев со тоа! И секоја капка од мојата крв, сигурна сум во тоа, ќе придонесеше за растот на оваа земја!“ - така зборуваше на едно од своите последни патувања низ Индија, Индира Ганди!

Жените понекогаш одат многу далеку! Но, другите слушаат само кога одите предалеку!

Списанието „Тајм“ ја вклучи Индира Ганди во 100-те најмоќни жени што го одбележаа 20 век, а во онлајн-анкета организирана од Би-Би-Си во 1999 година, беше прогласена за „жена на милениумот“. Колку далеку отиде од сите, па успеа во својата татковина да биде глас што се слуша и што обединува, а секаде во светот, глас што се слуша и почитува, во епохата што денес историјата ја именува со нејзиното име!

Како ќерка на Џавахарлал Нехру, првиот премиер на независна Индија, уште како девојче се вклучила во борбата за индиска независност од британската колонијална власт, создавајќи моќна и бројна организација од 60.000  девојчиња и момчиња, наречена „Бригада на Мајмуните“! Организацијата била најсигурна мрежа за пренесување пораки помеѓу борците за независност-децата во нивните школски чанти ги пренесувале скиците за сите големи мирни протестни акции, водени од Махатма Ганди и Џавахарлал Нехру.

Грижејќи се од мала и за својата болна мајка, во потрага по лек за неа патувала низ Европа, најнапред во Швајцарија, а потоа и во Англија, каде запишува студии во Оксфорд. Во Лондон и се вљубува во младиот новинар Фероз Ганди, со кого ја врзува и страстната борба за независност на Индија. За време на Втората светска војна поради британските обвинувања за антидржавна активност и двајцата поминуваат 13 месеци во затвор!

Со сопругот поминуваат и бурни 18 години во брак, во кој ги добиваат синовите Раџив и Санџај. Храброто влетување во брак, против кого биле сите (бидејќи тој бил припадник на заратустризмот, а таа, во духот на хинду-традицијата не била ветена за него), завршил многу порано пред формалниот развод, поради постојаните неверства од сопругот. Тогаш Индира, во една прилика, ќе се довери: „Сега можам да продолжам да бидам верна сопруга, но само на Индија!

Осум години стекнувала политичко искуство во кабинетот на татка си, а кога тој се наоѓал пред тешки политички одлуки, барал совети само од неа. Тоа била сосем доволна причина доминантните мажи од Конгресната партија, на која ù таа припаѓала, малициозно да почнат да ја нарекуваат „немата кукла од кабинетот на премиерот!“.

Во 1960 година умира нејзиниот поранешен сопруг, а четири години подоцна го губи и татка си! („Татко ми беше државник, јас сум жена-политичар! Татко ми беше светец. Јас не сум!“) Во истата таа 1964 година, Индира Ганди станала министерка за информации и владин портпарол. Во јануари 1966 година станува премиер на Индија и со мал прекин, од 1977 до 1980, останува на таа функција до атентатот, во 1984 година!

Зошто Индира беше светилник и икона, за гладните и обесправените ширум светот, во втората половина од минатиот век?

Најнапред, заради непоколебливата решеност да ја започне и спроведе до крај т.н. „зелена револуција“ (1967-1978), преку која успева да ја трансформира сиромашната Индија, од земја на постојана глад, во земја која може да ги покрие сопствените потреби за храна и уште, да извезува храна! „Светот бара резултати! Не кажувајте им на другите за вашите породилни болки. Покажете му го на светот вашето дете!“ - ќе каже Индира, по спроведувањето на оваа комплексна, но комплетно успешна политичка и социјална акција.

Индира Ганди ја нарекуваа и „Железната лејди“, затоа што беше бескомпромисен борец за укинување на традиционалните кастински привилегии на махараџите, борец против секој обид за поделби и отцепувања на делови од Индија, борец за национализација на сите големи банки, но и големите нафтени компании со странски капитал! Индира имаше и свои „железни мани“, па и денес се спомнува авторитарното гушење на протестите на опозицијата и воведувањето вонредна состојба (токму во време на извојуваната воена победа против Пакистан!), а посебно се спомнува контроверзната кампања за стерилизирање на преку 7 милиони мажи, во години на борба против демографската експлозија и неконтролираното зголемување на бројноста на индиското население!

На меѓународен план, Индира Ганди беше синоним за бескомпромисен борец за заштита на индискиот интегритет и суверенитет. „Не постои сила која може да ми влијае или да ме скрши, кога треба да го бранам националниот интерес на Индија. Тоа кај мене не поминува!“, ќе изјави по посетата на САД во 1971 година,. Од таа историска средба во Вашингтон, набргу ќе протече  во јавноста разговор што го водат американскиот претседател Никсон и Хенри Кисинџер: „Оваа мала лисица нè излажа, каква лукава вештица од жена!“

Кога во 1980 година повторно триумфално се враќа на власт, доживува уште една огромна лична загуба! Во необјаснета до крај авионска несреќа, го губи постариот син, кого долги години го подготвува за свој наследник во политиката. „И кога хоризонтот е најцрн, божествена инспирација ќе ти го покаже патот, каде и како да се оди понатаму“, ќе изјави непосредно по загубата на синот!

Последната животна битка за зачувување на интегритетот на Индија, Индира Ганди ја плаќа со сопствениот живот! Милитантно крило на Сиките кои бараат отцепување од Индија, се крие во „Златниот храм“ во Пенџаб, а Индира Ганди праќа војска да го задуши бунтот! Во храмот е пронајден цел арсенал од оружје, како од американско, така и од кинеско производство! Индира Ганди станува потполно свесна дека совладувајќи ги Сиките, посредно војува и со двете моќни светски сили!

Само неколку месеци подоцна, подготвувајќи се за интервју со славниот Питер Јустинов, одлучува во последен момент да го соблече заштитниот панцир што го носела (женското око во огледалото забележало, дека со панцирот телото изгледа премногу заоблено!) Двајца Сики, кои и покрај предупредувањата ги оставила во својата лична гарда, од градината на резиденцијата, испукале во неа 40 куршуми, од кои 23 завршиле во нејзиното тело!

Силно претчувствувала дека може да се случи тоа: „Ако умрам со насилна смрт, како што некои стравуваат, а неколкумина заговараат, знам дека насилството ќе биде во мислите и постапките на убијците, а не во моето умирање“.

.......................................................................................

По трагите на сеќавањата од едни дамнешни времиња, кога далеку поскромно, но многу почовечно и поискрено го славевме 8 Март, не можев а да не се сетам на славната политичарка Индира Ганди, која велеше: „Сите мои игри беа политички, а јас, како и Јованка Орлеанка, постојано бев запалена на клада!“

The post Од безгласна кукла до жена на милениумот appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Во едни далеку поскромни детства од денешниве, светот не ни се нудеше на дланка и до него не секогаш стигнувавме лесно! Но, тој свет ни се отвораше непогрешливо точно, кога доаѓаше вистинско време за тоа! И во тие, далеку поскромни времиња од денешниве, ниту дома, ниту на училиште, не слушнавме дека во стекнувањата животни знаења и определби, треба да се одредуваме „за запад или за исток, за север или за југ!“! Нас подеднакво и дома и на училиште, нè учеа само на емпатија и солидарност со цел свет, што тогаш го мечтаевме со ширум отворени очи! И со отворени очи сонувавме за освојувања и на Истокот и на Западот, патувајќи со Марко Поло, со Колумбо и со Магелан, со чиста и со ништо неоптоварена детска мечта! И денес со отворени очи можам да го доловам ликот и гласот на мојата стамена и лична учителка, секогаш облечена во добро скроен дводелен костум, како нè поттикнува да знаеме повеќе од она што го бараше задолжителното градиво: „Читајте весници, гледајте вести, никогаш не заспивајте без новопрочитана страница од книга!“ Ништо позначајно и ништо поубаво, кога на деца од најрана возраст им се всадува љубов и за дополнителни знаења за мајчиниот јазик и за историјата и за културата на својот народ, но и за здравата храна и здравиот начин на живот, а патем и широко им се отвораат хоризонти, од далечниот Исток, до далечниот Запад, фино скокоткајќи ја дечјата фантазија и за јапонското обожување на расцветано црешово гранче, за уништувањето на славните цивилизации на Маите и Инките или за моќните жени во политиката, како на пример за Индира Ганди, на која мојата учителка, вистински ù се воодушевуваше! И така осознаваме од многу мали, за бесценети животни поуки! Најпрво, колку важна може да биде животната лекција, кога жена со воодушевување говори за друга жена! И денес пред очи ја гледам, со каков вознес ни ја опишува убавината на индиската жена олицетворена во Индира Ганди, жената со препознатливиот седефен прамен во косата и длабоко замислените топли очи, како се внесува во опишувањето на традиционалното индиско сари, како говори за храброста на една жена да им се спротивстави на моќните мажи кои сакаат поделби во државата, но најмногу за мудроста на жената политичар, цврсто решена да стави крај на постојаните години на глад и сиромаштија, во втората по бројност нација во светот! Денес Индија е уште помоќна држава од времето на Индира Ганди и претставува исклучително важен глобален фактор на меѓународната политичка сцена, но се прашувам на колкумина третоодделенци нешто ќе им значи името на актуелниот индиски премиер Нарендра Моди?! Или, да бидеме пореални - на колкумина студенти од третите години на студиите од политички науки во државата, јасна им е улогата, која благодарејќи посебно на Индира Ганди, Индија ја има во светов, денес?! (Не беше така неодамна, кога слушнав, дека ќе се реконструира дел од улицата „Инди Раганди“ во Шуто Оризари, во Скопје!) Она што посебно заслужува благодарност кон оние далечни и поскромни времиња од денешниве, тоа е длабоко стекнатата потреба од нови знаења, потреба не само од постојани нови откривања, туку и критички преоткривања на веќе стекнатите знаења! Денес, стануваме и повеќе свесни за тоа, со каков благодат сме биле дарувани,  кога сме биле воспитувани и образовани не само да бидеме „навртки и завртки“ за потребите на еден глобален пазарен механизам и за привилегијата толку години потоа, да се негува критички ум кон сè она што е препорачливо секојдневно да се голта како неприкосновена вистина, од која било страна на светот и да доаѓала! Така и вистината за обожуваната жена политичар од моето детство, за која уште во трето одделение пишувавме осмомартовски домашни задачи, низ годиниве станува сè повеќе критичка, повеќеслојна и никогаш до крај исцрпена вистина! Денес, после толку многу сознанија за Индира Ганди, можеби најдолго одѕвонува вистината за неа, напишана од славната италијанска новинарка Оријана Фалачи: „ Ѝ се восхитувам, но не ù завидувам и не би сакала да бидам во нејзината кожа!“ Да бидеш полни 15 години премиер и да владееш со земја со толку длабока историја и традиција, земја со огромно мноштво од различни култури, религии, етнички групи, јазици и идеологии, често и длабоко поделени меѓу себе, уште и да успееш сето тоа непомирливо мноштво да го обединиш и да го модернизираш, тоа е епско дело, за повеќе од еден обичен човечки живот! „Би била подготвена и да умрам служејќи ѝ на својата земја. Ако умрев во служба на нацијата, ќе се гордеев со тоа! И секоја капка од мојата крв, сигурна сум во тоа, ќе придонесеше за растот на оваа земја!“ - така зборуваше на едно од своите последни патувања низ Индија, Индира Ганди! Жените понекогаш одат многу далеку! Но, другите слушаат само кога одите предалеку! Списанието „Тајм“ ја вклучи Индира Ганди во 100-те најмоќни жени што го одбележаа 20 век, а во онлајн-анкета организирана од Би-Би-Си во 1999 година, беше прогласена за „жена на милениумот“. Колку далеку отиде од сите, па успеа во својата татковина да биде глас што се слуша и што обединува, а секаде во светот, глас што се слуша и почитува, во епохата што денес историјата ја именува со нејзиното име! Како ќерка на Џавахарлал Нехру, првиот премиер на независна Индија, уште како девојче се вклучила во борбата за индиска независност од британската колонијална власт, создавајќи моќна и бројна организација од 60.000  девојчиња и момчиња, наречена „Бригада на Мајмуните“! Организацијата била најсигурна мрежа за пренесување пораки помеѓу борците за независност-децата во нивните школски чанти ги пренесувале скиците за сите големи мирни протестни акции, водени од Махатма Ганди и Џавахарлал Нехру. Грижејќи се од мала и за својата болна мајка, во потрага по лек за неа патувала низ Европа, најнапред во Швајцарија, а потоа и во Англија, каде запишува студии во Оксфорд. Во Лондон и се вљубува во младиот новинар Фероз Ганди, со кого ја врзува и страстната борба за независност на Индија. За време на Втората светска војна поради британските обвинувања за антидржавна активност и двајцата поминуваат 13 месеци во затвор! Со сопругот поминуваат и бурни 18 години во брак, во кој ги добиваат синовите Раџив и Санџај. Храброто влетување во брак, против кого биле сите (бидејќи тој бил припадник на заратустризмот, а таа, во духот на хинду-традицијата не била ветена за него), завршил многу порано пред формалниот развод, поради постојаните неверства од сопругот. Тогаш Индира, во една прилика, ќе се довери: „Сега можам да продолжам да бидам верна сопруга, но само на Индија!“ Осум години стекнувала политичко искуство во кабинетот на татка си, а кога тој се наоѓал пред тешки политички одлуки, барал совети само од неа. Тоа била сосем доволна причина доминантните мажи од Конгресната партија, на која ù таа припаѓала, малициозно да почнат да ја нарекуваат „немата кукла од кабинетот на премиерот!“. Во 1960 година умира нејзиниот поранешен сопруг, а четири години подоцна го губи и татка си! („Татко ми беше државник, јас сум жена-политичар! Татко ми беше светец. Јас не сум!“) Во истата таа 1964 година, Индира Ганди станала министерка за информации и владин портпарол. Во јануари 1966 година станува премиер на Индија и со мал прекин, од 1977 до 1980, останува на таа функција до атентатот, во 1984 година! Зошто Индира беше светилник и икона, за гладните и обесправените ширум светот, во втората половина од минатиот век? Најнапред, заради непоколебливата решеност да ја започне и спроведе до крај т.н. „зелена револуција“ (1967-1978), преку која успева да ја трансформира сиромашната Индија, од земја на постојана глад, во земја која може да ги покрие сопствените потреби за храна и уште, да извезува храна! „Светот бара резултати! Не кажувајте им на другите за вашите породилни болки. Покажете му го на светот вашето дете!“ - ќе каже Индира, по спроведувањето на оваа комплексна, но комплетно успешна политичка и социјална акција. Индира Ганди ја нарекуваа и „Железната лејди“, затоа што беше бескомпромисен борец за укинување на традиционалните кастински привилегии на махараџите, борец против секој обид за поделби и отцепувања на делови од Индија, борец за национализација на сите големи банки, но и големите нафтени компании со странски капитал! Индира имаше и свои „железни мани“, па и денес се спомнува авторитарното гушење на протестите на опозицијата и воведувањето вонредна состојба (токму во време на извојуваната воена победа против Пакистан!), а посебно се спомнува контроверзната кампања за стерилизирање на преку 7 милиони мажи, во години на борба против демографската експлозија и неконтролираното зголемување на бројноста на индиското население! На меѓународен план, Индира Ганди беше синоним за бескомпромисен борец за заштита на индискиот интегритет и суверенитет. „Не постои сила која може да ми влијае или да ме скрши, кога треба да го бранам националниот интерес на Индија. Тоа кај мене не поминува!“, ќе изјави по посетата на САД во 1971 година,. Од таа историска средба во Вашингтон, набргу ќе протече  во јавноста разговор што го водат американскиот претседател Никсон и Хенри Кисинџер: „Оваа мала лисица нè излажа, каква лукава вештица од жена!“ Кога во 1980 година повторно триумфално се враќа на власт, доживува уште една огромна лична загуба! Во необјаснета до крај авионска несреќа, го губи постариот син, кого долги години го подготвува за свој наследник во политиката. „И кога хоризонтот е најцрн, божествена инспирација ќе ти го покаже патот, каде и како да се оди понатаму“, ќе изјави непосредно по загубата на синот! Последната животна битка за зачувување на интегритетот на Индија, Индира Ганди ја плаќа со сопствениот живот! Милитантно крило на Сиките кои бараат отцепување од Индија, се крие во „Златниот храм“ во Пенџаб, а Индира Ганди праќа војска да го задуши бунтот! Во храмот е пронајден цел арсенал од оружје, како од американско, така и од кинеско производство! Индира Ганди станува потполно свесна дека совладувајќи ги Сиките, посредно војува и со двете моќни светски сили! Само неколку месеци подоцна, подготвувајќи се за интервју со славниот Питер Јустинов, одлучува во последен момент да го соблече заштитниот панцир што го носела (женското око во огледалото забележало, дека со панцирот телото изгледа премногу заоблено!) Двајца Сики, кои и покрај предупредувањата ги оставила во својата лична гарда, од градината на резиденцијата, испукале во неа 40 куршуми, од кои 23 завршиле во нејзиното тело! Силно претчувствувала дека може да се случи тоа: „Ако умрам со насилна смрт, како што некои стравуваат, а неколкумина заговараат, знам дека насилството ќе биде во мислите и постапките на убијците, а не во моето умирање“. ....................................................................................... По трагите на сеќавањата од едни дамнешни времиња, кога далеку поскромно, но многу почовечно и поискрено го славевме 8 Март, не можев а да не се сетам на славната политичарка Индира Ганди, која велеше: „Сите мои игри беа политички, а јас, како и Јованка Орлеанка, постојано бев запалена на клада!“

The post Од безгласна кукла до жена на милениумот appeared first on Република.

]]>