Вања Archives - Република https://republika.mk/tema/vanja/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 08:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вања Archives - Република https://republika.mk/tema/vanja/ 32 32 Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/imam-edno-interesno-vozilo-da-go-proverite-im-rekol-na-politsajtsite-tatkoto-na-vana-koj-go-predochil-voziloto-na-panche-svedocheshe-nachalnik-vo-svr-skopje/ Fri, 18 Oct 2024 09:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=828384

Двете истраги одеа паралелно. Цело време од Александар бевме брифирани, види ова, она. На 1 декември дури ми се јави, ми вика „имам едно возило интересно, да го проверите“. Тоа беа слики од камери кои ние веќе ги имавме, но го посочи како сомнително. Колегите го проверија, немаше ништо посебно, но се јавија во „Сејф сити“ и излезе дека е запалениот „цитроен“. И тогаш се јавив кај колегите што го водеа тој случај, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар.

Во однос на запаленото возило на 27 ноември во село Бразда, сведокот рече дека тогаш работеле други колеги, бидејќи немало никакви индиции за поврзаност.

Она што беше интересно, посочи сведокот, дека тоа што Александар во разговор посочил дека може девојчето е во странство, Охрид, Велес... што, како што рече, било нагласено, а тие веќе лоцирале дека запаленото возило е од Велес. Така било најдено и пик-ап возилото, кое било лоцирано паркирано пред Политичка партија „Десна“, на Љупчо Палевски.

- Баравме налог за претрес, но бидејќи се работи за политичка партија, доста доцна влеговме. Внатре беа тројца, меѓу кои Кешишов, кој кога прашавме каде е претседателот на партијата ни рече дека е во Турција поради проблеми со кичмата. Тука беше и адвокатот Васко, кој рече дека тој го возел до Белград, изјави сведокот. Во тој момент, нагласи сведокот уште немавме никаква поврзаност и мислеле дека се на трага за запаленото возило.

За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје appeared first on Република.

]]>

Двете истраги одеа паралелно. Цело време од Александар бевме брифирани, види ова, она. На 1 декември дури ми се јави, ми вика „имам едно возило интересно, да го проверите“. Тоа беа слики од камери кои ние веќе ги имавме, но го посочи како сомнително. Колегите го проверија, немаше ништо посебно, но се јавија во „Сејф сити“ и излезе дека е запалениот „цитроен“. И тогаш се јавив кај колегите што го водеа тој случај, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје. Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар. Во однос на запаленото возило на 27 ноември во село Бразда, сведокот рече дека тогаш работеле други колеги, бидејќи немало никакви индиции за поврзаност. Она што беше интересно, посочи сведокот, дека тоа што Александар во разговор посочил дека може девојчето е во странство, Охрид, Велес... што, како што рече, било нагласено, а тие веќе лоцирале дека запаленото возило е од Велес. Така било најдено и пик-ап возилото, кое било лоцирано паркирано пред Политичка партија „Десна“, на Љупчо Палевски.
- Баравме налог за претрес, но бидејќи се работи за политичка партија, доста доцна влеговме. Внатре беа тројца, меѓу кои Кешишов, кој кога прашавме каде е претседателот на партијата ни рече дека е во Турција поради проблеми со кичмата. Тука беше и адвокатот Васко, кој рече дека тој го возел до Белград, изјави сведокот. Во тој момент, нагласи сведокот уште немавме никаква поврзаност и мислеле дека се на трага за запаленото возило.
За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје appeared first on Република.

]]>
Јавноста требаше да биде исклучена од судењето за убиствата на Вања и Панче, смета министерот за внатрешни работи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/javnosta-trebashe-da-bide-iskluchena-od-sudeneto-za-ubistvata-na-vana-i-panche-smeta-ministerot-za-vnatreshni-raboti/ Fri, 18 Oct 2024 08:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=828346

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски смета дека требаше да биде исклучена јавноста и судење зад затворени врати на случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Замислете како е чувството на секој еден член од семејството на Вања кога ги гледа сите овие информации. Како се чувствува? Некогаш јавноста треба да биде заштитена во повисок интерес од одредени информации. Овој тип на предмет не требаше да има јавност заради грозните информации кои што ќе излегуваат. Заради тоа и постојат основи за исклучување на јавност во рамки на еден ваков тип на постапка. Прво нешто ме допира е колку страшно е чувството на блиските - рече синоќа Тошковски во емисија на ТВ Алфа.

На почетокот од судењето, обвинителката во овој предмет Жаклина Крстевска-Јосифовска посочи дека мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска побарала исклучување на јавноста и судење зад затворени врати. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа, и здравјето оти медиумските известувања за овој случај и влијаеле.

Сепак, Судот не го прифати ова барање и судењето продолжи.

The post Јавноста требаше да биде исклучена од судењето за убиствата на Вања и Панче, смета министерот за внатрешни работи appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски смета дека требаше да биде исклучена јавноста и судење зад затворени врати на случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Замислете како е чувството на секој еден член од семејството на Вања кога ги гледа сите овие информации. Како се чувствува? Некогаш јавноста треба да биде заштитена во повисок интерес од одредени информации. Овој тип на предмет не требаше да има јавност заради грозните информации кои што ќе излегуваат. Заради тоа и постојат основи за исклучување на јавност во рамки на еден ваков тип на постапка. Прво нешто ме допира е колку страшно е чувството на блиските - рече синоќа Тошковски во емисија на ТВ Алфа.
На почетокот од судењето, обвинителката во овој предмет Жаклина Крстевска-Јосифовска посочи дека мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска побарала исклучување на јавноста и судење зад затворени врати. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа, и здравјето оти медиумските известувања за овој случај и влијаеле. Сепак, Судот не го прифати ова барање и судењето продолжи.

The post Јавноста требаше да биде исклучена од судењето за убиствата на Вања и Панче, смета министерот за внатрешни работи appeared first on Република.

]]>
Александар е жртва, вели адвокатот Туфегџиќ – ни Палчо ни останатите не чувствуваат вина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/aleksandar-e-zhrtva-veli-advokatot-tufegdhik-ni-palcho-ni-ostanatite-ne-chuvstvuvaat-vina/ Fri, 20 Sep 2024 09:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=818090

Се ставам на располагање, нема да молчам, но не се чуствувам за виновен, изјави пред судот таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Тој потиштен, и со едвај разбирлив глас изусти дека не се чуствува виновен за грабнувањето и смртта на неговата ќерка.

Неговиот адвокатот Владимир Туфегџиќ порача дека таткото на Вања нема никаква вина.

Александар е жртва и тоа ќе го докажеме. Имал целосна грижа за децата иако биле разведени со мајката на нивните деца. Ќе докажеме дека Александар не ги познавал, останатите обвинитети ниту пак имал умисла за актот што го сториле подоцна. Александар наместо да биде оштетен бил жртва на тортура со цел да, признае дека го сторил делото, рече адвокатот.

И првообвинетииот Љупчо Палевски изјави дека го разбира обинението, но оти не се чуствува за виновен.

И останатите обвинети се изјаснија дека не се виновни.

Претходно обвинителот прочита писмо од Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања која побара исклучување на медиумите од целиот процес, но судијата одби.

https://republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-vana-pobara-iskluchuvane-na-mediumite-od-sudeneto-na-nejzinata-kerka/

Обвинителката Крстевска, пак, детално објасни како била убиена Вања Ѓорчевска.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dupkata-bila-iskopana-palevski-pukal-dodeka-bila-vrzana-otkri-obvinitelkata-krstevska/

Ова е прво рочиште за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

На обвинителна клупа седнаа  првоосомничениот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

[caption id="attachment_818069" align="aligncenter" width="1600"] фото: Република[/caption]

Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

The post Александар е жртва, вели адвокатот Туфегџиќ – ни Палчо ни останатите не чувствуваат вина appeared first on Република.

]]>

Се ставам на располагање, нема да молчам, но не се чуствувам за виновен, изјави пред судот таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој потиштен, и со едвај разбирлив глас изусти дека не се чуствува виновен за грабнувањето и смртта на неговата ќерка. Неговиот адвокатот Владимир Туфегџиќ порача дека таткото на Вања нема никаква вина.
Александар е жртва и тоа ќе го докажеме. Имал целосна грижа за децата иако биле разведени со мајката на нивните деца. Ќе докажеме дека Александар не ги познавал, останатите обвинитети ниту пак имал умисла за актот што го сториле подоцна. Александар наместо да биде оштетен бил жртва на тортура со цел да, признае дека го сторил делото, рече адвокатот.
И првообвинетииот Љупчо Палевски изјави дека го разбира обинението, но оти не се чуствува за виновен. И останатите обвинети се изјаснија дека не се виновни. Претходно обвинителот прочита писмо од Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања која побара исклучување на медиумите од целиот процес, но судијата одби. https://republika.mk/vesti/makedonija/majkata-na-vana-pobara-iskluchuvane-na-mediumite-od-sudeneto-na-nejzinata-kerka/ Обвинителката Крстевска, пак, детално објасни како била убиена Вања Ѓорчевска. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dupkata-bila-iskopana-palevski-pukal-dodeka-bila-vrzana-otkri-obvinitelkata-krstevska/ Ова е прво рочиште за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. На обвинителна клупа седнаа  првоосомничениот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. [caption id="attachment_818069" align="aligncenter" width="1600"] фото: Република[/caption] Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

The post Александар е жртва, вели адвокатот Туфегџиќ – ни Палчо ни останатите не чувствуваат вина appeared first on Република.

]]>
Поднесено обвинение против Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/podneseno-obvinenie-protiv-palcho-za-grabnuvane-i-ubistvo-na-vana-i-panche/ Mon, 12 Aug 2024 10:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=805790

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против Љупчо Палевски Палчо.

Тој се товари за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, – едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.

Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази. Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри. На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, информираат од Обвинителството.

Обвинителниот акт содржи предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Поднесено обвинение против Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против Љупчо Палевски Палчо. Тој се товари за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, – едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик. Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази. Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри. На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, информираат од Обвинителството. Обвинителниот акт содржи предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Поднесено обвинение против Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Нема никакви пропусти во истрагата за двојното убиство https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-nema-nikakvi-propusti-vo-istragata-za-dvojnoto-ubistvo/ Mon, 08 Jul 2024 19:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=794737

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски, во емисијата „24 анализа“ во врска за случајот со грабнувањето и двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски рече дека сите процедури се проследени до внатрепшната контрола и нема никаков пропуст во истрагата и сите потврди на обвининенија се испочитувани.

„Таа истрага и сомневања беше отворена преку внатрешна контрола и нема никакви пропусти во однос на постапките и дека треба да дојде до промена на одредени правилници. било кој случај на криминал на територијата е ва важно да го видиме во судница со извршување на санкција“, рече Спасовски.

The post Спасовски: Нема никакви пропусти во истрагата за двојното убиство appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски, во емисијата „24 анализа“ во врска за случајот со грабнувањето и двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски рече дека сите процедури се проследени до внатрепшната контрола и нема никаков пропуст во истрагата и сите потврди на обвининенија се испочитувани. „Таа истрага и сомневања беше отворена преку внатрешна контрола и нема никакви пропусти во однос на постапките и дека треба да дојде до промена на одредени правилници. било кој случај на криминал на територијата е ва важно да го видиме во судница со извршување на санкција“, рече Спасовски.

The post Спасовски: Нема никакви пропусти во истрагата за двојното убиство appeared first on Република.

]]>
Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prigovorite-na-obvinetite-za-ubistvoto-na-vana-i-panche-se-odbieni-na-tatkoto-na-devojcheto-ke-mu-se-sudi-za-grabnuvane/ Mon, 08 Jul 2024 12:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=794606

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за по две кривични дела убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ, како и две кривични дела грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А. Ѓ., обвинет за едно кривично дело грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. во ноември минатата година.

По разгледување и ценење на актот, како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Врз основа на одобрениот обвинителен акт се формира кривично-правен предмет, кој во согласност со АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, соопшти Кривичниот суд.

Постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љ. П., е сè уште во фаза на обвинителска истрага, додаваат од Кривичниот суд.

The post Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување appeared first on Република.

]]>

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за по две кривични дела убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ, како и две кривични дела грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А. Ѓ., обвинет за едно кривично дело грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. во ноември минатата година. По разгледување и ценење на актот, како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Врз основа на одобрениот обвинителен акт се формира кривично-правен предмет, кој во согласност со АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, соопшти Кривичниот суд. Постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љ. П., е сè уште во фаза на обвинителска истрага, додаваат од Кривичниот суд.

The post Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување appeared first on Република.

]]>
Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор, одлучи Врховниот суд https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-ubienata-vana-odi-vo-domashen-pritvor-odluchi-vrhovniot-sud/ Thu, 25 Apr 2024 17:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=770932

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, ќе излезе од Истражниот затвор Скопје во Шутка и мерката притвор наместо во затвор ќе ја издржува во домашни услови. Вака одлучи Врховниот суд откако Ѓорчевски утрово на јавна седница повторно побара притоврот да му биде укинат. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд за мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје.

Врховниот суд по денеска одржаната јавна седница одлучи да ја прифати жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за издржување на мерката притвор.

Ова значи дека Ѓорчевски ќе излезе од Истражниот затвор Скопје во Шутка и мерката притвор наместо во затвор ќе ја издржува во домашни услови.

„Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје од 2 април 2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“, информираа од Врховниот суд.

Бранителот на осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека од последната одржана јавна седница до денеска, околностите воопшто не се променети.

„Затоа останувам при жалбените наводи дека решението со кое е продолжена мерката притвор е донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор“, рече тој.

Туфегџиќ во март месец годинава уште кажа дека Александар Ѓорчевски не само што е невин, туку тој е оној што до пред објавувањето на трагедијата 24 часа собирал докази за да може да дознае што се случило со неговата ќерка Вања.

Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд за мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје.

The post Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор, одлучи Врховниот суд appeared first on Република.

]]>

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, ќе излезе од Истражниот затвор Скопје во Шутка и мерката притвор наместо во затвор ќе ја издржува во домашни услови. Вака одлучи Врховниот суд откако Ѓорчевски утрово на јавна седница повторно побара притоврот да му биде укинат. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд за мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје. Врховниот суд по денеска одржаната јавна седница одлучи да ја прифати жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за издржување на мерката притвор. Ова значи дека Ѓорчевски ќе излезе од Истражниот затвор Скопје во Шутка и мерката притвор наместо во затвор ќе ја издржува во домашни услови. „Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје од 2 април 2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“, информираа од Врховниот суд. Бранителот на осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека од последната одржана јавна седница до денеска, околностите воопшто не се променети. „Затоа останувам при жалбените наводи дека решението со кое е продолжена мерката притвор е донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор“, рече тој. Туфегџиќ во март месец годинава уште кажа дека Александар Ѓорчевски не само што е невин, туку тој е оној што до пред објавувањето на трагедијата 24 часа собирал докази за да може да дознае што се случило со неговата ќерка Вања. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд за мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје.

The post Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор, одлучи Врховниот суд appeared first on Република.

]]>
Таткото на Вања оди во домашен притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-vana-odi-vo-domashen-pritvor/ Thu, 25 Apr 2024 11:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=770926

Врховниот суд ја уважи жалбата за притворот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој од Шутка оди во домашен притвор. На одлуката претходеше јавната седница во Врховниот суд. Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка и од декември е во притвор во Шутка.

Тој е еден од обвинетите за киднапирањето и убиството на неговата 14-годишна ќерка во ноември минатата година и од декември е во притвор, заедно со уште тројца други обвинети. Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо е сè уште во екстрадициски притвор во Турција.

Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“, соопштија од Врховниот суд.

The post Таткото на Вања оди во домашен притвор appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд ја уважи жалбата за притворот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој од Шутка оди во домашен притвор. На одлуката претходеше јавната седница во Врховниот суд. Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка и од декември е во притвор во Шутка. Тој е еден од обвинетите за киднапирањето и убиството на неговата 14-годишна ќерка во ноември минатата година и од декември е во притвор, заедно со уште тројца други обвинети. Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо е сè уште во екстрадициски притвор во Турција.
Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“, соопштија од Врховниот суд.
   
The post Таткото на Вања оди во домашен притвор appeared first on Република.

]]>
Седница во Апелација, таткото на Вања Ѓорчевска бара укинување на мерката притвор https://republika.mk/vesti/sednitsa-vo-apelatsija-tatkoto-na-vana-gorchevska-bara-ukinuvane-na-merkata-pritvor/ Thu, 22 Feb 2024 13:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=747016

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор.

Како што информираат за МИА од Апелација, Кривичниот совет сѐ уште нема донесено одлука, а кога ќе има, судот ќе соопшти преку својата веб-страницата.

Одбраната на Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ, бара укинување на притворот.

Туфегџиќ во изјава за МИА вели дека бара укинување на притворот поради фактот што до денес не ни е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело, ниту ни е овозможен увид во предметот.

Осомничениот не може да повтори дело кое не го сторил. На судечкиот совет му е укажано дека сето ова што му се случува на таткото е голема грешка и уште една голема трагедија кон него и неговото семејство. На Советот му е укажано дека кон осомничениот се врши тортура во притворската единица на КПУ Затвор Скопје, со тоа што е испитуван во притворската ќелија на начин под секое достоинство, во стоечка положба, свртен со лицето кон sидот за да му се изнуди признание и дека за ова на 18.01.2024 година писмено е известен Јавен обвинител. Осомничениот се приклучи кон жалбата и изјави дека не му е јасно зошто е сето ова бидејќи никого од осомничените не познава - изјави Туфегчиќ.

Бранителот на Ѓорчевски, исто така, посочува дека за денешната јавна седница немал покана и бил известен утрово во 09:20 часот телефонски.

Обвинителството во оваа фаза го застапува вишата обвинителка Фатиме Фетаи. Обвинителството бара Ѓорчевски да остане во притвор, поради опасност од бегство, по сторување на кривичното дело помагање во киднапирање и поради влијание врз сведоците.

За киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во притвор се уште четворица осомничени, а првоосомничениот Љупчо Палевски се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција, откако беше уапсен по потерница во Беликесир на 5 декември.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември минатата година.

The post Седница во Апелација, таткото на Вања Ѓорчевска бара укинување на мерката притвор appeared first on Република.

]]>

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Како што информираат за МИА од Апелација, Кривичниот совет сѐ уште нема донесено одлука, а кога ќе има, судот ќе соопшти преку својата веб-страницата. Одбраната на Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ, бара укинување на притворот. Туфегџиќ во изјава за МИА вели дека бара укинување на притворот поради фактот што до денес не ни е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело, ниту ни е овозможен увид во предметот.
Осомничениот не може да повтори дело кое не го сторил. На судечкиот совет му е укажано дека сето ова што му се случува на таткото е голема грешка и уште една голема трагедија кон него и неговото семејство. На Советот му е укажано дека кон осомничениот се врши тортура во притворската единица на КПУ Затвор Скопје, со тоа што е испитуван во притворската ќелија на начин под секое достоинство, во стоечка положба, свртен со лицето кон sидот за да му се изнуди признание и дека за ова на 18.01.2024 година писмено е известен Јавен обвинител. Осомничениот се приклучи кон жалбата и изјави дека не му е јасно зошто е сето ова бидејќи никого од осомничените не познава - изјави Туфегчиќ.
Бранителот на Ѓорчевски, исто така, посочува дека за денешната јавна седница немал покана и бил известен утрово во 09:20 часот телефонски. Обвинителството во оваа фаза го застапува вишата обвинителка Фатиме Фетаи. Обвинителството бара Ѓорчевски да остане во притвор, поради опасност од бегство, по сторување на кривичното дело помагање во киднапирање и поради влијание врз сведоците. За киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во притвор се уште четворица осомничени, а првоосомничениот Љупчо Палевски се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција, откако беше уапсен по потерница во Беликесир на 5 декември. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември минатата година.

The post Седница во Апелација, таткото на Вања Ѓорчевска бара укинување на мерката притвор appeared first on Република.

]]>
Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица, вели Бубевски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-sluchajot-so-ubistvoto-na-vana-i-panche-nema-novi-osomnicheni-litsa-veli-bubevski/ Wed, 31 Jan 2024 14:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=739093

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо.

На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.

Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо.

Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

The post Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица, вели Бубевски appeared first on Република.

]]>

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо. На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.
Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо.
Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

The post Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица, вели Бубевски appeared first on Република.

]]>
За 30 дена им се продолжува притворот на лицата поврзани со убиствата на Вања и Панче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-30-dena-im-se-prodolzhuva-pritvorot-na-litsata-povrzani-so-ubistvata-na-vana-i-panche/ Thu, 04 Jan 2024 12:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=729594

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување мерка притвор против 5 лица, донесе решенија со кои:Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како и А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје – В.Ѓ и велешанецот П.Ж., им се продолжува притворот за 30 дена.

Воедно прифатен е предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С.Д. осомничен за Помагање на сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст.5 вв со ст.1 од КЗ, а поврзан со бегството на прво осомничениот кој се наоѓа во екстрадиционен, краткотраен затвор во Р.Турција.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, се наведува во соопштението.

The post За 30 дена им се продолжува притворот на лицата поврзани со убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување мерка притвор против 5 лица, донесе решенија со кои:Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како и А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје – В.Ѓ и велешанецот П.Ж., им се продолжува притворот за 30 дена. Воедно прифатен е предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С.Д. осомничен за Помагање на сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст.5 вв со ст.1 од КЗ, а поврзан со бегството на прво осомничениот кој се наоѓа во екстрадиционен, краткотраен затвор во Р.Турција. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, се наведува во соопштението.  

The post За 30 дена им се продолжува притворот на лицата поврзани со убиствата на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Институтoт за судска медицина се оградува од сите неофицијални информации за обдукцијата на 14-годишната Вања https://republika.mk/vesti/crna-hronika/institutot-za-sudska-meditsina-se-ograduva-od-site-neofitsijalni-informatsii-za-obduktsijata-na-14-godishnata-vana/ Mon, 25 Dec 2023 10:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=726439

Институтот за судска медицина се оградува од сите написи во кои ќе бидат објавени неофицијални информации, а каде како извор ќе биде наведен Институтот, посочуваат од оваа институција по објавата на електронскиот медиумот „Скопје1. мк“, кој вчера објави информација за начинот на кој била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Категорично тврдиме дека овој медиум не добил никаква изјава, ниту информација во усна или писмена форма од Институтот. Само изјава дадена од одговорното лице на Институтот, која е во вид на аудио или видеоснимка или во писмена форма, може да се смета за релевантна и точна и тогаш медиумите може да цитираат дека изворот на информацијата е од Институтот. Додека трае истрагата Институтот за судска медицина се оградува од сите написи во кои ќе бидат објавени неофицијални информации, а каде како извор на информацијата стои Институтот за судска медицина, истакнуваат од Институтот.

Оттаму, известуваат дека по пронаоѓање на телата од покојните Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Институтот бил активно вклучен во истрагата, како при увидот на местото на пронаоѓање на телата така и во вршење на обдукциите.

- По завршување на обдукциите телата на починатите беа предадени на семејствата, а Институтот продолжи со понатамошните анализи кои се спроведуваат после секоја обдукција. Извештаите од обдукциите за починатите беа доставени во Основното јавно обвинителство Скопје на ден 22 декември 2023 година. Од доставување на обдукциските наоди, веќе во наредните денови почнаа да се појавуваат информации кои се дел од истрагата и кои треба да бидат тајни додека трае истата, велат од Институтот за судска медицина.

Од Институтот напомнуваат дека како судски медицинари, кои се активно вклучени во истрагата за овој сензитивен предмет, се обврзани да го почитуваат Законот за кривична постапка, односно член 289 кој се однесува на тајност на предистражната постапка и кој вели дека „сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна“, како и член 299 од истиот Закон, кој се однесува на тајност на истражната постапка и каде ставот 1 вели дека „доколку тоа го бараат интересите на кривичната постапка, потребата да се зачува тајна или да се заштити личниот и семејниот живот на оштетениот или осомничениот, јавниот обвинител ќе му нареди на лицето кое го сослушува, кое присуствува на истражното дејствие или кое ги разгледува списите, да ги чува како тајна определени податоци и ќе го предупреди за последиците од оддавањето на тајната“ и ставот 2 кој вели дека „наредбата од ставот (1) на овој член посебно се внесува во записникот, односно се забележува во списите што се разгледуваат, со своерачен потпис на лицето кое е предупредено за должноста на чување тајна“.

Ги потсетуваме новинарите дека според Кодексот на новинари тие се должни и мора да ја почитуваат личната болка на семејството, а сите извештаи за судски постапки мора да им бидат ослободени од сензационализам. Воедно новинарите имаат одговорност да известуваат урамнотежено, со сигурни докази потврдени од релевантни извори и секогаш почитувајќи ги личната болка и жалост на најблиските, потенцираат од Институтот.

Оттаму, напомнуваат дека Институтот за судска медицина продолжува со сите законски предвидени дејствија за овој предмет кој се и ќе бидат дел од доказниот материјал, а кој со јавноста ќе бидат споделени во оној дел во кој тоа го дозволува Законот за кривична постапка.

The post Институтoт за судска медицина се оградува од сите неофицијални информации за обдукцијата на 14-годишната Вања appeared first on Република.

Стигнале обдукциските наоди за Вања и Панче https://republika.mk/vesti/makedonija/stignale-obduktsiskite-naodi-za-vana-i-panche/ Fri, 22 Dec 2023 13:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=725691

По 17 дена, стигнаа обдукциските наоди од обдукциите на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дознава „Скопје1“.

Тие ќе треба да бидат проучени, а да ги дадат одговорите, како биле убиени двете жртви, кои претходно беа киднапирани. Веќе беше обзнането дека не станува збор за обична обдукција. Обдукциите беа работени од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Истовремено, се прават низа вештачења, проверки, во рамки на истрагата.

The post Стигнале обдукциските наоди за Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

По 17 дена, стигнаа обдукциските наоди од обдукциите на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дознава „Скопје1“. Тие ќе треба да бидат проучени, а да ги дадат одговорите, како биле убиени двете жртви, кои претходно беа киднапирани. Веќе беше обзнането дека не станува збор за обична обдукција. Обдукциите беа работени од Институтот за судска медицина и криминалистика. Истовремено, се прават низа вештачења, проверки, во рамки на истрагата.

The post Стигнале обдукциските наоди за Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството https://republika.mk/vesti/makedonija/jo-izveshtajot-od-sudska-meditsina-za-vana-gorchevska-ne-e-ofitsijalno-dostaven-do-obvinitelstvoto/ Mon, 18 Dec 2023 12:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=724285

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.

Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо е во екстрадиционен затвор во Турција.

Обдукцијата на телата на убиените Вања и Панче заврши на 5 декември, но се чека Институтот за судска медицина и криминалистика да ги изготви и официјално да ги достави наодите до Обвинителството.

Телата на Вања и Панче беа пронајдени во околината на Скопје и Велес на 3 декември.

Според МВР и Обвинителството, тие двајца не биле поврзани, но за нивното грабнување и убиство се осомничени истите лица.

The post ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството. Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо е во екстрадиционен затвор во Турција. Обдукцијата на телата на убиените Вања и Панче заврши на 5 декември, но се чека Институтот за судска медицина и криминалистика да ги изготви и официјално да ги достави наодите до Обвинителството. Телата на Вања и Панче беа пронајдени во околината на Скопје и Велес на 3 декември. Според МВР и Обвинителството, тие двајца не биле поврзани, но за нивното грабнување и убиство се осомничени истите лица.

The post ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството appeared first on Република.

]]>
Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски https://republika.mk/vesti/makedonija/avramovska-madik-moshne-skoro-ochekuvame-odgovor-koga-najbrzo-bi-bil-ekstradiran-palevski/ Wed, 13 Dec 2023 13:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=722583

Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски првоосмничениот за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Министерот го потпиша барањето и документите се доставени до Интерпол и надлежните органи во Турција, информираше денеска заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која присуствуваше на пленарната конференција на тема „Национална конвенција на Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“. Посочи дека соработката со министерството за правда на Република Турција е одлична.

-Во релативно насјкоро време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би било во најбзро време екстрадицијата. Затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори, тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскоро време, рече Аврамовска Мадиќ.

Прашана дали до нив има пристигнато информации за користење на жалби од страна на Палевски, со што би се пролонгирала екстрадицијата Аврамовска Мадиќ со одговор дека правото на одбрана на жалба го има секој осомничен и обвинет, но од страна на министерството за правда и македонските органи на прогон ќе се направи се, за, како што вели, Палевски да биде донесен во Република Македонија.

-Екстрадициониот притвор кој му е утврден и определен од страна на државата во којашто се наоѓа да биде донесен кај нас, а нашите органи, институции, обвинителството и судството во најбрз можен рок да постапат по предметите, бидејќи веќе видовме и од страна на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека постојат доволен број на докази, да може овој предмет да биде завршен во најбрз можен рок, вели Аврамовска Мадиќ.

Што се однесува за тоа дали од страна на турските власти е побарана и дополнителна документација од македонското Министерството за правда, Аврамовска Мадиќ истакна дека двете министерства комуницираат постојано, секојдневно.

- Се она што се бара од Министерството за правда во најбрз можен рок се обезбедува од обвинителството, се преведува и се доставува преку системот со којшто се работи, вели Аврамовска Мадиќ.

Посочи дека има барања за документи, а како што вели можеби ќе има или нема да има. Но, забележа дека таа постапка е малку подолга.

-И не може да знаеме дали ќе биде доволна или ќе има потреба од уште. Меѓутоа нашето постапување од страна на Министерството за правда е во најбрз можен рок. Значи не чекаме постојано, службениците во Министерството за правда кои го работат тоа, постојано се во комуникација со Министерството за правда во Република Турција, рече Аврамовска Мадиќ.

The post Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски appeared first on Република.

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче https://republika.mk/vesti/makedonija/bubevski-materijalnite-dokazi-soodvetstvuvaat-so-iskazite-na-osomnichenite-za-ubistvoto-na-vana-i-panche/ Tue, 12 Dec 2023 13:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=722227

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

- Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.

Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.

- Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.

Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Бубевски рече дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата.

По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

The post Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>

Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.
- Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот.
Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.
- Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.
Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Бубевски рече дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата. По една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени. Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски - Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција. За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

The post Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче appeared first on Република.

]]>
Спасовски почна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-pochna-da-ja-vodi-istagata-za-ubistvoto-na-vana-i-panche-vo-mediumite-koga-kazha-deka-voziloto-tsitroen-ne-e-prijaveno-za-ischeznato/ Mon, 11 Dec 2023 15:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=721851

Оливер Спасовски почна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато и кога пропушти да каже дека возилото со кое беше киднапирана Вања слободно со денови се движело низ скопските улици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски е тотално одлепен од реалноста.

Изјавата дека за 40 проценти е поголема реализација на расчистени дела од организиран криминал, не соодејствува со реалноста.

Пет криминални пресметки на нарко босови низ скопските улици не се расчистени. Криминалци бегаат од затвори и слободно се шетат. Мафијаши се пукаат во трговски центи и нема никаква разрешница.

Цела година има дојави за бомби во училиштата, а Спасовски само што не ги фатил лицата кои ширеа паника и вознемиреност кај граѓаните.

Командири на полициски станици пукаат на домашни прослави со калашников и се фалат на социјални мрежи.

Криминалци во полициска станица во Арачиново бркаа полициски службеници и до ден денешен нема никаква разрешница.

За какви проценти зборува Спасовски кога во Македонија царува криминалот и криминалците?

Спасовски е скоро 8 години министер, а во Македонија владеат мафијашите.

Со СДС и Спасовски, граѓаните не се чувствуваат безбедни.

Затоа колку побрзо заминат, толку подобро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Спасовски почна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски почна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато и кога пропушти да каже дека возилото со кое беше киднапирана Вања слободно со денови се движело низ скопските улици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оливер Спасовски е тотално одлепен од реалноста.   Изјавата дека за 40 проценти е поголема реализација на расчистени дела од организиран криминал, не соодејствува со реалноста.   Пет криминални пресметки на нарко босови низ скопските улици не се расчистени. Криминалци бегаат од затвори и слободно се шетат. Мафијаши се пукаат во трговски центи и нема никаква разрешница.   Цела година има дојави за бомби во училиштата, а Спасовски само што не ги фатил лицата кои ширеа паника и вознемиреност кај граѓаните.   Командири на полициски станици пукаат на домашни прослави со калашников и се фалат на социјални мрежи.   Криминалци во полициска станица во Арачиново бркаа полициски службеници и до ден денешен нема никаква разрешница.   За какви проценти зборува Спасовски кога во Македонија царува криминалот и криминалците?   Спасовски е скоро 8 години министер, а во Македонија владеат мафијашите.   Со СДС и Спасовски, граѓаните не се чувствуваат безбедни.   Затоа колку побрзо заминат, толку подобро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Спасовски почна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато appeared first on Република.

]]>
Вања била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на зградата каде што живеела https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vana-bila-vrzana-i-stavena-vo-vreka-za-spiene-vo-podrumot-na-zgradata-kade-shto-zhiveela/ Fri, 08 Dec 2023 17:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=721078

Вања Ѓорчевска била врзана и потоа ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа така изнесена од зградата, објави ТВ 24 од извори на истрагата.

Со тоа се објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти. Токму овој факт предизвикуваше дилема во јавноста бидејќи не беше сватливо како може никој да не забележи и да реагира на грабнувањето.

Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда. Како што е веќе познато, зградата е изградена од компанијата Упа Ентерпрајз, чиј сопственик бил Палевски, во која во минатото биле и канцелариите на компанијата.

The post Вања била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на зградата каде што живеела appeared first on Република.

]]>

Вања Ѓорчевска била врзана и потоа ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа така изнесена од зградата, објави ТВ 24 од извори на истрагата. Со тоа се објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти. Токму овој факт предизвикуваше дилема во јавноста бидејќи не беше сватливо како може никој да не забележи и да реагира на грабнувањето. Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда. Како што е веќе познато, зградата е изградена од компанијата Упа Ентерпрајз, чиј сопственик бил Палевски, во која во минатото биле и канцелариите на компанијата.  

The post Вања била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на зградата каде што живеела appeared first on Република.

]]>
Екс началникот на српската полиција за случајот Вања: Јас да сум премиер веднаш би го разрешил Спасовски https://republika.mk/vesti/makedonija/eks-nachalnikot-na-srpskata-politsija-za-sluchajot-vana-jas-da-sum-premier-vednash-bi-go-razreshil-spasovski/ Fri, 08 Dec 2023 11:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=720984

Поранешниот началник на српската полиција, Жарко Поповиќ, зборувајќи за случајот со убиството на Вања, истакна дека се направени огромен број пропусти во истрагата.

Поповиќ порача дека целиот случај се води на крајно непрофесионален начин и за тоа треба да се бара одговорност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Поповиќ изјави дека, гледано како професионалец, имало многу нелогичности и објавување избрзани заклучоци, коишто потоа се покажале непроверени, па дури и неточни.

Како пример, Поповоќ наведува дека Спасовски веднаш изјави дека станува збор за киднапирање со цел барање за пари, но всушност немало никакво барање откуп, туку девојчето било киднапирано, однесено во шума и веднаш убиено.

Тој истакнува дека во случајот и кривичното дело недостасуваат главни елементи.

Немаме мотив, немаме средство на извршување на делото, нема извештај од судска медицина, дали имало сексуални активности, дали девојката била мачена пред да биде убиена. Тоа се може да се провери. Ништо од тоа го немаме, само дека е убиена со огнено оружје. Извештаите се прилично штури и тогаш тоа создава дополнителен сомнеж во јавноста.

Јас да сум претседател на владата на Македонија, овој министер за внатрешни работи би го сменил за две минути, тој не смее така да се однесува. Тој не смее да дава никакви изјави, тоа не е негова работа. Тука е надлежен државниот обвинител, затоа што тој е надлежен. Тој го држи предметот и тој треба да дава објаснувања, затоа што тој морал, заедно со полицијата да ги сослуѓа осомничените, тој ги сослушува во службени простории, тој присуствува на разговорите заедно со полицајците и со бранителите на тие што се уапсени. Веќе тука има доста процедурални грешки и нелогичности, анализира Поповиќ.

https://youtu.be/8uMNcGmIY6A?t=8

The post Екс началникот на српската полиција за случајот Вања: Јас да сум премиер веднаш би го разрешил Спасовски appeared first on Република.

]]>

Поранешниот началник на српската полиција, Жарко Поповиќ, зборувајќи за случајот со убиството на Вања, истакна дека се направени огромен број пропусти во истрагата. Поповиќ порача дека целиот случај се води на крајно непрофесионален начин и за тоа треба да се бара одговорност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Поповиќ изјави дека, гледано како професионалец, имало многу нелогичности и објавување избрзани заклучоци, коишто потоа се покажале непроверени, па дури и неточни. Како пример, Поповоќ наведува дека Спасовски веднаш изјави дека станува збор за киднапирање со цел барање за пари, но всушност немало никакво барање откуп, туку девојчето било киднапирано, однесено во шума и веднаш убиено. Тој истакнува дека во случајот и кривичното дело недостасуваат главни елементи.
Немаме мотив, немаме средство на извршување на делото, нема извештај од судска медицина, дали имало сексуални активности, дали девојката била мачена пред да биде убиена. Тоа се може да се провери. Ништо од тоа го немаме, само дека е убиена со огнено оружје. Извештаите се прилично штури и тогаш тоа создава дополнителен сомнеж во јавноста.   Јас да сум претседател на владата на Македонија, овој министер за внатрешни работи би го сменил за две минути, тој не смее така да се однесува. Тој не смее да дава никакви изјави, тоа не е негова работа. Тука е надлежен државниот обвинител, затоа што тој е надлежен. Тој го држи предметот и тој треба да дава објаснувања, затоа што тој морал, заедно со полицијата да ги сослуѓа осомничените, тој ги сослушува во службени простории, тој присуствува на разговорите заедно со полицајците и со бранителите на тие што се уапсени. Веќе тука има доста процедурални грешки и нелогичности, анализира Поповиќ.
https://youtu.be/8uMNcGmIY6A?t=8

The post Екс началникот на српската полиција за случајот Вања: Јас да сум премиер веднаш би го разрешил Спасовски appeared first on Република.

]]>
Лога: Денеска ќе биде пуштено барањето за екстрадација на Љупчо Палевски https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-deneska-ke-bide-pushteno-baraneto-za-ekstradatsija-na-lupcho-palevski/ Thu, 07 Dec 2023 12:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=720734

Барањето за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо ќе биде пуштено денеска и преку електронска пошта и преку нашата Амбасада и верувам дека после добивање на нашето барање, ќе контактираме директно и со министерот за правда на Турција, изјави министерот за правда, Кренар Лога.

Во изјава за медиумите пред панел-дискусијата за корупција во високото образование, Лога истакна дека верува дека ќе добиеме позитивен одговор за кратко време.

- Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова. Јас верувам дека за релативно кратко време ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас, рече министерот.

Во однос на временската рамка, тој посочи дека е неизвесно, бидејќи, како што рече, не знае колку осомничениот ќе ги искористи правните механизми да се жали.

Барањето за екстрадација што министерот за правда го потпиша вчера доаѓа по апсењето во Турција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента.

Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината.

Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.

The post Лога: Денеска ќе биде пуштено барањето за екстрадација на Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>

Барањето за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо ќе биде пуштено денеска и преку електронска пошта и преку нашата Амбасада и верувам дека после добивање на нашето барање, ќе контактираме директно и со министерот за правда на Турција, изјави министерот за правда, Кренар Лога. Во изјава за медиумите пред панел-дискусијата за корупција во високото образование, Лога истакна дека верува дека ќе добиеме позитивен одговор за кратко време.
- Турција е стратешки партнер на Македонија за многу други побитни прашања од ова. Јас верувам дека за релативно кратко време ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас, рече министерот.
Во однос на временската рамка, тој посочи дека е неизвесно, бидејќи, како што рече, не знае колку осомничениот ќе ги искористи правните механизми да се жали. Барањето за екстрадација што министерот за правда го потпиша вчера доаѓа по апсењето во Турција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента. Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината. Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата.

The post Лога: Денеска ќе биде пуштено барањето за екстрадација на Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>