УМС на ВМРО-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/ums-na-vmro-dpmne/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 14:51:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png УМС на ВМРО-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/ums-na-vmro-dpmne/ 32 32 Мицкоски промовираше мега проекти за млади https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-promovirashe-mega-proekti-za-mladi/ Sun, 06 Oct 2024 14:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=823522

Надежта е верба во тоа дека, и покрај сите препреки и искушенија, доброто ќе победи, и дека секој кој ја носи во срцето одговорноста за другите, ќе најде сила да го изоди патот на чесноста до крај, рече во обраќањето пред УМС на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Моќта е во младите. Енергијата е во младите, иднината е во младите.

Ова се фрази кои секојдневно ги слушаме и кои политичарите најчесто ги употребуваат во своите говори.

Додека размислував за оваа годишна конференција и какви пораки да упатам ваквите фрази доминираа во моите мисли, но добро е да знаеме сите дека овие фрази иако се точни немаат никакво значење ако политичарите од власта се корумпирани, деструктивни и без визија за иднината на државата и не овозможуваат младите да го добијат заслуженото место во општеството преку поттик, мотивирање, законски можности, и преку нивно директно вклучување во носењето одлуки.

Јас сум машински инжинер, своите младински денови ги поминав учејќи, и честопати одев по студентските домови низ Скопје, каде имав свои колеги, другари, надвор од другарите од населба и други социјални кругови. Знам како е да чекаш први да ти испратат пари твоите и за да купиш нова тура храна и средства за хигиена, како е да се собираме по соби на забави затоа што не можеа многумина да си дозволат да излезат во дискотеките, но и тоа има своја убавина и е дел од нашето детство кое нема никогаш да се врати. Верувавме, сонувавме, мечтаевме, се дружевме, необременети од статус или материјални работи, полни со идеали и со наддеж.

И токму таа работа ја оддржуваше мојата генерација, а тоа е мотивот и вербата во идеалите, дека допрва доаѓа нашето време и дека со напорна работа може да промениме нешто.

Зарем не сонувале вака и генерациите од минатото, низ својата борба за подобро? Зарем не ја држеле тие низ своите предизвици идејата за Македонија жива?

Сега дојде нашето време, и сега е време да менуваме. Граѓаните тоа го очекуваат од нас. Дел од тие млади лица се денес со мене во партијата, дел се во други политички партии, дел се иселени од државата, дел работат и се разочарани од политиката и од се тоа што ни се случуваше сиот овој изминат период.

Нашата генерација помина низ бурен историски период. Бевме деца при осамостојувањето и неизвесноста која тоа ни ја донесе, бевме основци и средношколци во таа сурова транзиција кога многумина останаа без работа, родители на мои другари и другарки со кои делев секојдневие, семејства останаа да тонат во сиромаштија, удар кој до ден денес има печат врз судбините на многумина, на моменти имавме чувство некако како да земјава се бореше повеќе со своите внатрешни демони отколку со некои реални ненадминливи препреки, имавме чувство дека повеќе е до нас отколку до другите, но не ретко ќе кажевме судбината си поигрува со нас, државава нема да ја биде.

Дојдоа меѓуетничките предизвици и конфликтот 2001, некои од нас беа доброволци, некои поеднакво загрижени се прашуваа како од оваа земја ќе биде нешто, дали имаме иднина овде. Знам дека многумина од вас се прашуваат такво нешто и ден денес. И најчестиот одговор кај вас е не, многумина се уште мислат дека нема иднина во земјата. Кога ќе се погледнат бројките на над 500 илјади иселени во последниве 20 години, меѓунив огромен број и од другите етнички заедници, и намерно го кажувам ова, за да се свесни и Албанците и сите останати, знам дека ситуацијата е тешка, сложена, разочарувачка. Ние во овие 100 дена се соочивме најдиректно со севкупната реалност, соочување кое ги надмина нашите најголеми стравови и разочарувања, едно е кога гледате околу вас и гледате во реалниот живот што се случува во вашето разочарувачко секојдневие вам или на ваши блиски, но друго е кога ќе знаете дека е така насекаде, и дека така се чувствуваат сите.

Ја знам оваа генерација на млади луѓе која доаѓа, која расте во ерата на технологија и почетоци на вештачка интелигенција, која пркоси и не се задоволува со просечноста, кога го гледа светот, развиениот свет и сака да е дел од него.

Следеа промени во владите со подобри или полоши примери, со надежи, но и со разочарувања, времиња на злоупотреби на довербата, на една промена на личностите во нешто кое ни самите не биле, корумпирани од моќ и желба за пари, алчност, луѓе кои стануваа роботи изолирани од чувства за околината.

Во сето ова време остана да тлее чувството на апатија, потиштеност и разочараност. Имавме многу немили настани кои државава ја тестираа до последниот атом, настани на раб на големи конфликти, поделеност, меѓусебна омраза, надвор од ентичките пропорции, меѓупартиска омраза, гнев, освети, нов раст на криминалот, хаос и опасност од банкроти, насилна промена на име, катастрофални и срамни одлуки на штета на сопствената држава како договори со некои земји, поданички, срамен однос на непочитување на своето, на своите, на сметка на корупцијата и обидот да се допаднат на други. Тешки децении. Многу тешки.

Но внимавајте, таа, Македонија инстинктивно и со помош на народот успеа да продолжи да живее. Жива е Македонија! Таа успеа да ја надмине просечноста и плиткоста на луѓето кои ја водеа, нивните маани, предавства во секоја смисла, морална најмногу, не само во идентитетска, таа успеа да ги надмине и совлада препреките поставувани од секој оној кој свесно или несвесно од дома или од надвор се обидуваше да и наштети.

Таа успеа да живее во сите нас. И тоа е нашиот аманет кој мора да го носиме. Преку нас да живее Македонија. И ние, сите ние заедно, со ваша помош, како иднина на оваа земја, да направиме максимум да продолжат соништата и идеалите кои не водеа нас, и кои мора да ја водат секоја идна генерација.

Зошто го кажувам ова? За да знаат сите дека сите ние оваа генерација сме биле млади и сме се соочувале со проблеми и предизвици барајќи наддеж, и не сме заборавиле од каде сме дошле и за што сме мечтаеле. Ние секако сме се промениле, промените се составен де од растењето на една личност, од созревањето, но нашите идеали, мечти и соништа останале исти.

Да живееме во држава која заслужува да се нарече држава, а не во паланка која се храни од безредие, корупција, тоне во неморал и безизлез.

Ајде, ајде сите заедно да ги направиме заедничките идеали и соништа реалност.

Сега, а не понатаму. Ајде да се обидеме и дури и да не успееме целосно, да знаеме дека сме се обиделе, дека сме се бореле, со нашата борба да бидеме пример и светла точка на оваа генерација, но и светилник на надежта на идната.

Ајде заедно со вас, да се обидеме да ја промениме суровата реалност. Доста беа разочарувања. Доста беше омраза и поделби, доста беше живот неживот.

Ајде со вас, заедно со Македонија да живееме! Да создаваме, да работиме, да креираме иднина, работни места, да ја однесеме татковината во едно ново поглавје на развојот.

Еднаш во една дискусија со еден пријател со кого зборувавме за развојот на државава ми рече твоите размислувања се повеќе за 22 век, дај да го стигнеме 21-виот. Јас му реков, За Македонија да го живее 21 век, мора да е со идеите, темпото, работата во 22-риот век. Толку сме назад од развиениот свет што мора да се прават огромни чекори напред за да се надохнади пропуштеното, за да се стигне реалноста и да се биде во тек со новото време.

Каква е мојата визија за вас, за иднината и за Македонија за која мора да работиме. Дозволете да се обратам на неколку работи кои сакам денеска да се јасни и недвосмислени, а се однесуваат и на актуелната ситуација и на она што ќе следи.

Досега зборував за минатото, ајде сега заедно да ја креираме иднината. Сакам да ја видите истата иднина која ја гледам и јас, за која работам и за која планирам да се борам до крај.

Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови за да делуваат, за да учат, создаваат, да стекнуваат вештини и потоа тие да не водат напред, затоа што како што кажав оваа борба нема да е лесна, и овој пат нема да е без препреки и едноставен. Денеска пред вас, со верба во вас и во сите млади кои се дел од другите партии, но и не се дел од ниедна, со верба во сите вас обзнанувам дека владата ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, повторувам за сите студенти во Македонија, за сите до еден. Така поттикнуваме млади да имаат пристап до електронски уреди и да го имаат светот на дланка да гледаат, да учат и да се градат како личности, да имаат можности кои во мојата генерација ги немавме, барем не 90 осто од младите.

Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависносст од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект. Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата. Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа. Ние сме тука за вас и се што треба ќе направиме за да останете тука и да ја продолжите приказната за Македонија да и го продолжите животот на Македонија. Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеам Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон. За тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот.

Следно дозволете да се обратам за неколку теми актуелни од денешницата, политички, верувајте не го правам ова со драга воља, не сакам настан за иднината да го трујам со денешницата. Но, како што младите се нашата иднина, тие истовремено се и нашата сегашност и го доживуваат ова што се случува низ истата призма како што и ние низ неизвеност ја доживувавме нашата сегашност како помлади. Затоа сакам да се обратам до неколку лица, најмногу до оние скептиците кои секогаш имаат да кажат нешто.

Се обраќам до нашата Коалиција, со една реченица – ќе успееме, знам дека е тешко, знам со што се соочувате кога ги гледате институциите во каква ситуација се и државата до кое дереџе е дојдена, но заедно ќе истраеме и ќе успееме. Знам дека верувате во тоа го гледам тоа во вас, имаме важна цел и мора да успееме, заради овие млади луѓе, заради сите млади, заради младите на Македонија од сите етнички, партиски и верски групи, заради сите.

Ќе се обратам и на Али Ахмети, но не на начин на кој тој мене ми се обрати, не така одамна. Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Верувај ми дека ќе ти помогнеме. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зјаат празни. Наместо да се полни со луѓе, со твои соседи, роднини пријатели. За 20 години повеќе од 100 илјади Албанци се иселија од државава. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, и да си дофрламе преку јавноста и да подгреваме тензии. Имам попаметна работа од тоа. Знам дека на тебе ти одговара да влегуваш во конфликти сомене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна теснопартиска политика, дај надмини го тоа. Дајте придонесете со проекти, предлози и јас ви ветувам се што значи прогрес и развој на земјата ќе прифатиме. Не е добро секогаш кога ќе бидете опозиција да почнувате етнички теми, а кога ќе сте власт, тогаш да станувате зелена партија. Албанците во земјава живеат лошо, неспорно дел од Албанците го почитуваат Ахмети, зошто тој е таков како што е изминативе 20 години. Но зошто да не ја заслужи и почитта кај дел од Македонците? Покажи визионерство за некои работи, но треба да покаже и визионерство преку проекти, идеи, натпревар на визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа. А за тоа што го правеа има институт кој се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури.

До опозицијата, до кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите, и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за проекти и идеи. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминете го тоа, суетите и потребата се да се критикува по секоја цена колку и нешто да е добро и корисно. Еве за почеток поддржете ги меркиве за младите. Понатаму предложете и вие мерки, ако постои можност јас ви ветувам ќе ги прифатиме.

Конечно сакам да се осврнам на прашањето за членството во Европската Унија. Со издвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на пристапување направивте лоша услуга на сите скептици и сите сили кои не веруваат во ЕУ. Ние веруваме во ЕУ. И веруваме во тоа дека членството на Македонија во ЕУ е наш стратешки приоритет. Членството во ЕУ е кохезивен фактор вдолж сите линии на општеството, од етнички, до политички. И недвосмислено сме определени да продолжиме по тој пат. ЕУ во континуитет со вакви потези покажува неправедност кон нас. Иако движењето на Албанија и издвојувањето не значи и нејзино брзо членство во Унијата, нас тоа не ни е прв пат. Бевме во иста група со Бугарија и Романија, потоа со Хрватска, па со Србија и Црна Гора на крај и со Албанија. Јас сум убеден дека ќе се сретнеме пак на тој пак, и тоа им е јасно на сите кои го знаат процесот на проширување и состојбите во ЕУ, но сепак, ние не смееме да дозволиме скептиците да победат и земјата да остане заглавена во геополитичка бесперспективност. Мора членството во Унијата да е живо, процесот да е жив и ние ќе нудиме предлози и решенија за надминување на оваа статус кво ситуација. Истовремено ќе работиме посветено на реформите за членство во Унијата и ќе ја менуваме лошата реалност, тоа е за наше добро и ние сме свесни за тоа. Стравувања дека ова ќе стане заробена држава се беспредметни и дело на внатрешна дневно политичка динамика. На мене лично не ми треба власт по секоја цена, тоа сум го кажал од првиот момент кога станав претседател на на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ која помина исклучително тешки би рекол ненормални предизвици и борби за да дојде до оваа огромна поддршка која ја има денес. Власт не ми треба. Сакам да променам нешто, сакам да подобрам. Тоа е мојата надеж и мојот идеал за кој зборувам од почетокот на овој говор.

Сакам да потенцирам дека преку разни институционални канали ќе се обратам и ќе работам со Европската комисија и со нашите партнери за изнаоѓање на решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси, а диктати да биде јасно не прифаќам. За овој процес потребно е и разбирање од Унијата, која очекуваме да покаже еднаква верба во европската иднина на нашиот регион како што е и нашата верба. Македонија и нашите граѓани премногу дадоа и предолго се заожници на билатерални проблеми и барања. Не барам сочувства и изговори. Барам почит за мојот народ! Ние како што споменав планираме да ја вклучиме и опозицијата во процесите, кога ќе дојде време за тоа. Нема да ветуваме работи кои се неостварливи, но и нема да пропутиме да ја консултираме опозицијата и да побараме поддршка за нашите напори. Сепак целите ни се заеднички и немаме дилема околу тоа. Веќе следната недела ќе испратам писмо до сите инволвирани во кое и на таков начин ќе ја обзнанам и потврдам мојата недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање на решение. Јас сум на располагање за идеи и дијалог и тоа сите скептици треба да го знаат. Темите како изолација се повеќе стравови и психолошки товар за скептиците од најразлична провиниенција. Ќе продолжиме напред, се допаѓало тоа некому или не.

Драги пријатели, драга моја генерацијо која е иднина на оваа земја.

Денес сме тука заедно за да ја прославиме силата, енергијата и потенцијалот на нашата младост. Како претседател на Владата, и како сопруг и татко на двајца синови, ја чувствувам одговорноста да создадам подобра иднина за вас, нашата иднина. Во последните години, младите во светот се соочуваат со предизвици кои не можеме да ги игнорираме. Според податоците на Обединетите нации, глобално, 1 до 5 млади луѓе се без работа, кај нас е слично. Ова не е само статистика, ова се судбини, соништа и потенцијали кои чекаат да бидат остварени. Ние не сме тука да констатираме проблеми, туку и да нудиме решенија.

Нашата визија за младите е јасна. Младите се не смао иднина на Македонија туку како што кажав, и нејзина сегашност. Затоа се и програмите и проектите кои ги споменав, а кои ќе ги обезбедиме.

Сите ние знаеме дека иновациите не доаѓаат од изолацијата. Младите мора да бидат вклучени во процесите на одлучување, во борбата за подобра иднина и во создавањето на нови решенија. Американскиот претседател Барак Обама еднаш кажа, младите се моторот на промената. Токму за таа промена ние говориме и денес, и говоревме во кампањата.

Според истражувањата 90 проценти од младите во светот сметаат дека образованието е клучно за нивната иднина. Затоа се и проеектиет кои ги споменав така конципирани, пристап до технологија, едукација и можност за бизнис за младите. Ние ќе се стремиме секогаш да ги поддржиме амбициите на младите, создавајќи можности од секаков тип.

Програмата за млади Младите за Македонија, чиј дел се и споменатите проекти погоре, програма, која институционално и низ реалниот сектор планираме да ја имплементираме ќе отвори многу можности за младите преку разни активности и нивно вклучување во социјални иницијативи и проекти за одржлив развој. Светот е променет. Некои се подготвуваат за преселби на Марс, некои праќаат сонди на месечината, некои создаваат роботи и вештачка интелигенција, живеат во паралелен свет од нашиот полн со предизвици и најбанални егзистенцијални проблеми од типот да не можеш да си извадиш извод од матично и да треба да платиш поткуп од 500 денари за тоа. Светот се дигитализира. Светот оди напред. Ние немаме избор. Или ќе се приклучиме со големи чекори, или ќе не заборави времето.

Вие сте нашата иднина, но и нашата надеж. Вие сте силата на Македонија, а нашата задача како влада е да ве поддржиме и да ви обезбедиме алатки за успех. Заедно можеме да ја изградиме Македонија на нашите соништа. Македонија за која ние од нашата генерација како деца при муабети на клупи, по училници, при секој поголем предизвик, сонувавме дека ќе ја имаме и во која мечтаевме дека ќе живееме.

Време е за конкренти промени. Време е да застанеме заедно и да се бориме за подобра иднина и да создадеме општество во кое сите млади ќе може да напредуваат. Време е за нова ера.

The post Мицкоски промовираше мега проекти за млади appeared first on Република.

]]>

Надежта е верба во тоа дека, и покрај сите препреки и искушенија, доброто ќе победи, и дека секој кој ја носи во срцето одговорноста за другите, ќе најде сила да го изоди патот на чесноста до крај, рече во обраќањето пред УМС на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Во продолжение во целост ви го пренесуваме обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски: Моќта е во младите. Енергијата е во младите, иднината е во младите. Ова се фрази кои секојдневно ги слушаме и кои политичарите најчесто ги употребуваат во своите говори. Додека размислував за оваа годишна конференција и какви пораки да упатам ваквите фрази доминираа во моите мисли, но добро е да знаеме сите дека овие фрази иако се точни немаат никакво значење ако политичарите од власта се корумпирани, деструктивни и без визија за иднината на државата и не овозможуваат младите да го добијат заслуженото место во општеството преку поттик, мотивирање, законски можности, и преку нивно директно вклучување во носењето одлуки. Јас сум машински инжинер, своите младински денови ги поминав учејќи, и честопати одев по студентските домови низ Скопје, каде имав свои колеги, другари, надвор од другарите од населба и други социјални кругови. Знам како е да чекаш први да ти испратат пари твоите и за да купиш нова тура храна и средства за хигиена, како е да се собираме по соби на забави затоа што не можеа многумина да си дозволат да излезат во дискотеките, но и тоа има своја убавина и е дел од нашето детство кое нема никогаш да се врати. Верувавме, сонувавме, мечтаевме, се дружевме, необременети од статус или материјални работи, полни со идеали и со наддеж. И токму таа работа ја оддржуваше мојата генерација, а тоа е мотивот и вербата во идеалите, дека допрва доаѓа нашето време и дека со напорна работа може да промениме нешто. Зарем не сонувале вака и генерациите од минатото, низ својата борба за подобро? Зарем не ја држеле тие низ своите предизвици идејата за Македонија жива? Сега дојде нашето време, и сега е време да менуваме. Граѓаните тоа го очекуваат од нас. Дел од тие млади лица се денес со мене во партијата, дел се во други политички партии, дел се иселени од државата, дел работат и се разочарани од политиката и од се тоа што ни се случуваше сиот овој изминат период. Нашата генерација помина низ бурен историски период. Бевме деца при осамостојувањето и неизвесноста која тоа ни ја донесе, бевме основци и средношколци во таа сурова транзиција кога многумина останаа без работа, родители на мои другари и другарки со кои делев секојдневие, семејства останаа да тонат во сиромаштија, удар кој до ден денес има печат врз судбините на многумина, на моменти имавме чувство некако како да земјава се бореше повеќе со своите внатрешни демони отколку со некои реални ненадминливи препреки, имавме чувство дека повеќе е до нас отколку до другите, но не ретко ќе кажевме судбината си поигрува со нас, државава нема да ја биде. Дојдоа меѓуетничките предизвици и конфликтот 2001, некои од нас беа доброволци, некои поеднакво загрижени се прашуваа како од оваа земја ќе биде нешто, дали имаме иднина овде. Знам дека многумина од вас се прашуваат такво нешто и ден денес. И најчестиот одговор кај вас е не, многумина се уште мислат дека нема иднина во земјата. Кога ќе се погледнат бројките на над 500 илјади иселени во последниве 20 години, меѓунив огромен број и од другите етнички заедници, и намерно го кажувам ова, за да се свесни и Албанците и сите останати, знам дека ситуацијата е тешка, сложена, разочарувачка. Ние во овие 100 дена се соочивме најдиректно со севкупната реалност, соочување кое ги надмина нашите најголеми стравови и разочарувања, едно е кога гледате околу вас и гледате во реалниот живот што се случува во вашето разочарувачко секојдневие вам или на ваши блиски, но друго е кога ќе знаете дека е така насекаде, и дека така се чувствуваат сите. Ја знам оваа генерација на млади луѓе која доаѓа, која расте во ерата на технологија и почетоци на вештачка интелигенција, која пркоси и не се задоволува со просечноста, кога го гледа светот, развиениот свет и сака да е дел од него. Следеа промени во владите со подобри или полоши примери, со надежи, но и со разочарувања, времиња на злоупотреби на довербата, на една промена на личностите во нешто кое ни самите не биле, корумпирани од моќ и желба за пари, алчност, луѓе кои стануваа роботи изолирани од чувства за околината. Во сето ова време остана да тлее чувството на апатија, потиштеност и разочараност. Имавме многу немили настани кои државава ја тестираа до последниот атом, настани на раб на големи конфликти, поделеност, меѓусебна омраза, надвор од ентичките пропорции, меѓупартиска омраза, гнев, освети, нов раст на криминалот, хаос и опасност од банкроти, насилна промена на име, катастрофални и срамни одлуки на штета на сопствената држава како договори со некои земји, поданички, срамен однос на непочитување на своето, на своите, на сметка на корупцијата и обидот да се допаднат на други. Тешки децении. Многу тешки. Но внимавајте, таа, Македонија инстинктивно и со помош на народот успеа да продолжи да живее. Жива е Македонија! Таа успеа да ја надмине просечноста и плиткоста на луѓето кои ја водеа, нивните маани, предавства во секоја смисла, морална најмногу, не само во идентитетска, таа успеа да ги надмине и совлада препреките поставувани од секој оној кој свесно или несвесно од дома или од надвор се обидуваше да и наштети. Таа успеа да живее во сите нас. И тоа е нашиот аманет кој мора да го носиме. Преку нас да живее Македонија. И ние, сите ние заедно, со ваша помош, како иднина на оваа земја, да направиме максимум да продолжат соништата и идеалите кои не водеа нас, и кои мора да ја водат секоја идна генерација. Зошто го кажувам ова? За да знаат сите дека сите ние оваа генерација сме биле млади и сме се соочувале со проблеми и предизвици барајќи наддеж, и не сме заборавиле од каде сме дошле и за што сме мечтаеле. Ние секако сме се промениле, промените се составен де од растењето на една личност, од созревањето, но нашите идеали, мечти и соништа останале исти. Да живееме во држава која заслужува да се нарече држава, а не во паланка која се храни од безредие, корупција, тоне во неморал и безизлез. Ајде, ајде сите заедно да ги направиме заедничките идеали и соништа реалност. Сега, а не понатаму. Ајде да се обидеме и дури и да не успееме целосно, да знаеме дека сме се обиделе, дека сме се бореле, со нашата борба да бидеме пример и светла точка на оваа генерација, но и светилник на надежта на идната. Ајде заедно со вас, да се обидеме да ја промениме суровата реалност. Доста беа разочарувања. Доста беше омраза и поделби, доста беше живот неживот. Ајде со вас, заедно со Македонија да живееме! Да создаваме, да работиме, да креираме иднина, работни места, да ја однесеме татковината во едно ново поглавје на развојот. Еднаш во една дискусија со еден пријател со кого зборувавме за развојот на државава ми рече твоите размислувања се повеќе за 22 век, дај да го стигнеме 21-виот. Јас му реков, За Македонија да го живее 21 век, мора да е со идеите, темпото, работата во 22-риот век. Толку сме назад од развиениот свет што мора да се прават огромни чекори напред за да се надохнади пропуштеното, за да се стигне реалноста и да се биде во тек со новото време. Каква е мојата визија за вас, за иднината и за Македонија за која мора да работиме. Дозволете да се обратам на неколку работи кои сакам денеска да се јасни и недвосмислени, а се однесуваат и на актуелната ситуација и на она што ќе следи. Досега зборував за минатото, ајде сега заедно да ја креираме иднината. Сакам да ја видите истата иднина која ја гледам и јас, за која работам и за која планирам да се борам до крај. Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови за да делуваат, за да учат, создаваат, да стекнуваат вештини и потоа тие да не водат напред, затоа што како што кажав оваа борба нема да е лесна, и овој пат нема да е без препреки и едноставен. Денеска пред вас, со верба во вас и во сите млади кои се дел од другите партии, но и не се дел од ниедна, со верба во сите вас обзнанувам дека владата ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, повторувам за сите студенти во Македонија, за сите до еден. Така поттикнуваме млади да имаат пристап до електронски уреди и да го имаат светот на дланка да гледаат, да учат и да се градат како личности, да имаат можности кои во мојата генерација ги немавме, барем не 90 осто од младите. Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависносст од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект. Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата. Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа. Ние сме тука за вас и се што треба ќе направиме за да останете тука и да ја продолжите приказната за Македонија да и го продолжите животот на Македонија. Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеам Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон. За тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот. Следно дозволете да се обратам за неколку теми актуелни од денешницата, политички, верувајте не го правам ова со драга воља, не сакам настан за иднината да го трујам со денешницата. Но, како што младите се нашата иднина, тие истовремено се и нашата сегашност и го доживуваат ова што се случува низ истата призма како што и ние низ неизвеност ја доживувавме нашата сегашност како помлади. Затоа сакам да се обратам до неколку лица, најмногу до оние скептиците кои секогаш имаат да кажат нешто. Се обраќам до нашата Коалиција, со една реченица – ќе успееме, знам дека е тешко, знам со што се соочувате кога ги гледате институциите во каква ситуација се и државата до кое дереџе е дојдена, но заедно ќе истраеме и ќе успееме. Знам дека верувате во тоа го гледам тоа во вас, имаме важна цел и мора да успееме, заради овие млади луѓе, заради сите млади, заради младите на Македонија од сите етнички, партиски и верски групи, заради сите. Ќе се обратам и на Али Ахмети, но не на начин на кој тој мене ми се обрати, не така одамна. Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Верувај ми дека ќе ти помогнеме. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зјаат празни. Наместо да се полни со луѓе, со твои соседи, роднини пријатели. За 20 години повеќе од 100 илјади Албанци се иселија од државава. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, и да си дофрламе преку јавноста и да подгреваме тензии. Имам попаметна работа од тоа. Знам дека на тебе ти одговара да влегуваш во конфликти сомене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна теснопартиска политика, дај надмини го тоа. Дајте придонесете со проекти, предлози и јас ви ветувам се што значи прогрес и развој на земјата ќе прифатиме. Не е добро секогаш кога ќе бидете опозиција да почнувате етнички теми, а кога ќе сте власт, тогаш да станувате зелена партија. Албанците во земјава живеат лошо, неспорно дел од Албанците го почитуваат Ахмети, зошто тој е таков како што е изминативе 20 години. Но зошто да не ја заслужи и почитта кај дел од Македонците? Покажи визионерство за некои работи, но треба да покаже и визионерство преку проекти, идеи, натпревар на визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа. А за тоа што го правеа има институт кој се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури. До опозицијата, до кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите, и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за проекти и идеи. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминете го тоа, суетите и потребата се да се критикува по секоја цена колку и нешто да е добро и корисно. Еве за почеток поддржете ги меркиве за младите. Понатаму предложете и вие мерки, ако постои можност јас ви ветувам ќе ги прифатиме. Конечно сакам да се осврнам на прашањето за членството во Европската Унија. Со издвојувањето на Албанија од Македонија во процесот на пристапување направивте лоша услуга на сите скептици и сите сили кои не веруваат во ЕУ. Ние веруваме во ЕУ. И веруваме во тоа дека членството на Македонија во ЕУ е наш стратешки приоритет. Членството во ЕУ е кохезивен фактор вдолж сите линии на општеството, од етнички, до политички. И недвосмислено сме определени да продолжиме по тој пат. ЕУ во континуитет со вакви потези покажува неправедност кон нас. Иако движењето на Албанија и издвојувањето не значи и нејзино брзо членство во Унијата, нас тоа не ни е прв пат. Бевме во иста група со Бугарија и Романија, потоа со Хрватска, па со Србија и Црна Гора на крај и со Албанија. Јас сум убеден дека ќе се сретнеме пак на тој пак, и тоа им е јасно на сите кои го знаат процесот на проширување и состојбите во ЕУ, но сепак, ние не смееме да дозволиме скептиците да победат и земјата да остане заглавена во геополитичка бесперспективност. Мора членството во Унијата да е живо, процесот да е жив и ние ќе нудиме предлози и решенија за надминување на оваа статус кво ситуација. Истовремено ќе работиме посветено на реформите за членство во Унијата и ќе ја менуваме лошата реалност, тоа е за наше добро и ние сме свесни за тоа. Стравувања дека ова ќе стане заробена држава се беспредметни и дело на внатрешна дневно политичка динамика. На мене лично не ми треба власт по секоја цена, тоа сум го кажал од првиот момент кога станав претседател на на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ која помина исклучително тешки би рекол ненормални предизвици и борби за да дојде до оваа огромна поддршка која ја има денес. Власт не ми треба. Сакам да променам нешто, сакам да подобрам. Тоа е мојата надеж и мојот идеал за кој зборувам од почетокот на овој говор. Сакам да потенцирам дека преку разни институционални канали ќе се обратам и ќе работам со Европската комисија и со нашите партнери за изнаоѓање на решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси, а диктати да биде јасно не прифаќам. За овој процес потребно е и разбирање од Унијата, која очекуваме да покаже еднаква верба во европската иднина на нашиот регион како што е и нашата верба. Македонија и нашите граѓани премногу дадоа и предолго се заожници на билатерални проблеми и барања. Не барам сочувства и изговори. Барам почит за мојот народ! Ние како што споменав планираме да ја вклучиме и опозицијата во процесите, кога ќе дојде време за тоа. Нема да ветуваме работи кои се неостварливи, но и нема да пропутиме да ја консултираме опозицијата и да побараме поддршка за нашите напори. Сепак целите ни се заеднички и немаме дилема околу тоа. Веќе следната недела ќе испратам писмо до сите инволвирани во кое и на таков начин ќе ја обзнанам и потврдам мојата недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање на решение. Јас сум на располагање за идеи и дијалог и тоа сите скептици треба да го знаат. Темите како изолација се повеќе стравови и психолошки товар за скептиците од најразлична провиниенција. Ќе продолжиме напред, се допаѓало тоа некому или не. Драги пријатели, драга моја генерацијо која е иднина на оваа земја. Денес сме тука заедно за да ја прославиме силата, енергијата и потенцијалот на нашата младост. Како претседател на Владата, и како сопруг и татко на двајца синови, ја чувствувам одговорноста да создадам подобра иднина за вас, нашата иднина. Во последните години, младите во светот се соочуваат со предизвици кои не можеме да ги игнорираме. Според податоците на Обединетите нации, глобално, 1 до 5 млади луѓе се без работа, кај нас е слично. Ова не е само статистика, ова се судбини, соништа и потенцијали кои чекаат да бидат остварени. Ние не сме тука да констатираме проблеми, туку и да нудиме решенија. Нашата визија за младите е јасна. Младите се не смао иднина на Македонија туку како што кажав, и нејзина сегашност. Затоа се и програмите и проектите кои ги споменав, а кои ќе ги обезбедиме. Сите ние знаеме дека иновациите не доаѓаат од изолацијата. Младите мора да бидат вклучени во процесите на одлучување, во борбата за подобра иднина и во создавањето на нови решенија. Американскиот претседател Барак Обама еднаш кажа, младите се моторот на промената. Токму за таа промена ние говориме и денес, и говоревме во кампањата. Според истражувањата 90 проценти од младите во светот сметаат дека образованието е клучно за нивната иднина. Затоа се и проеектиет кои ги споменав така конципирани, пристап до технологија, едукација и можност за бизнис за младите. Ние ќе се стремиме секогаш да ги поддржиме амбициите на младите, создавајќи можности од секаков тип. Програмата за млади Младите за Македонија, чиј дел се и споменатите проекти погоре, програма, која институционално и низ реалниот сектор планираме да ја имплементираме ќе отвори многу можности за младите преку разни активности и нивно вклучување во социјални иницијативи и проекти за одржлив развој. Светот е променет. Некои се подготвуваат за преселби на Марс, некои праќаат сонди на месечината, некои создаваат роботи и вештачка интелигенција, живеат во паралелен свет од нашиот полн со предизвици и најбанални егзистенцијални проблеми од типот да не можеш да си извадиш извод од матично и да треба да платиш поткуп од 500 денари за тоа. Светот се дигитализира. Светот оди напред. Ние немаме избор. Или ќе се приклучиме со големи чекори, или ќе не заборави времето. Вие сте нашата иднина, но и нашата надеж. Вие сте силата на Македонија, а нашата задача како влада е да ве поддржиме и да ви обезбедиме алатки за успех. Заедно можеме да ја изградиме Македонија на нашите соништа. Македонија за која ние од нашата генерација како деца при муабети на клупи, по училници, при секој поголем предизвик, сонувавме дека ќе ја имаме и во која мечтаевме дека ќе живееме. Време е за конкренти промени. Време е да застанеме заедно и да се бориме за подобра иднина и да создадеме општество во кое сите млади ќе може да напредуваат. Време е за нова ера.  

The post Мицкоски промовираше мега проекти за млади appeared first on Република.

]]>
Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си, ќе ви помогнеме да ја исчистите ДУИ од криминалните структури https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-ahmeti-pomiri-se-opozitsija-si-ke-vi-pomogneme-da-ja-ischistite-dui-od-kriminalnite-strukturi/ Sun, 06 Oct 2024 14:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=823515

Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови, му порача денеска од Охрид премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Како што истакна Мицкоски, Ахмети треба да покаже визионерство преку проекти и идеи, како и да покаже дека ја почитува Македонија.

Мицкоски во обраќањето на 33. годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ апелира и до останатите опозициски партии, да излезат од сегашната матрица, да ги надминатат суетите и потребата се да се критикува по секоја цена и наместо тоа, да излезат со нивни предлози за креирање уште подобри решенија.

Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зеат празни, за 20 години повеќе од 100 000 Албанци се иселија од државата. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, да си дофрлуваме и да подгреваме тензии. Знам дека ти одговара да влегуваш во конфликти со мене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна, теснопартиска политика. Надмини го тоа, придонесете со предлози и проекти. Јас ви ветувам, ќе прифатиме се што ќе значи прогрес и развој на земјата. Не е добро секогаш кога сте опозиција да почнувате етнички теми, а кога сте на власт да станувате зелена партија, истакна Мицкоски.

Додаде и дека Албанците во земјава живеат лошо.

Неспороно е дека дел од Албанците го почитуваат Ахмети, но зошто да не ја заслужи почитта и од Македонците? Покажа визионерство за некои работи, но треба да покаже визионерство и преку проекти, идеи и визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се, опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа, а за тоа што го правеа има институт што се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам, ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури, потенцира Мицкоски.

Тој упати порака и до останатата опозиција.

До кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за идеи и проекти. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминиете го тоа, суетата и потребата се да се критикува по секоја цена. Еве, за почеток, поддржете ги мерките за младите, понатаму предложете и вие ваши мерки. Ако постои можност, ви ветувам дека ќе ги прифатиме, истакна Мицкоски.

Конференцијата е насловена „Иднина за сите, сега!“, а се одржува во СЦ „Билјанини извори“.

The post Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си, ќе ви помогнеме да ја исчистите ДУИ од криминалните структури appeared first on Република.

]]>

Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови, му порача денеска од Охрид премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Како што истакна Мицкоски, Ахмети треба да покаже визионерство преку проекти и идеи, како и да покаже дека ја почитува Македонија. Мицкоски во обраќањето на 33. годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ апелира и до останатите опозициски партии, да излезат од сегашната матрица, да ги надминатат суетите и потребата се да се критикува по секоја цена и наместо тоа, да излезат со нивни предлози за креирање уште подобри решенија.
Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зеат празни, за 20 години повеќе од 100 000 Албанци се иселија од државата. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, да си дофрлуваме и да подгреваме тензии. Знам дека ти одговара да влегуваш во конфликти со мене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна, теснопартиска политика. Надмини го тоа, придонесете со предлози и проекти. Јас ви ветувам, ќе прифатиме се што ќе значи прогрес и развој на земјата. Не е добро секогаш кога сте опозиција да почнувате етнички теми, а кога сте на власт да станувате зелена партија, истакна Мицкоски.
Додаде и дека Албанците во земјава живеат лошо.
Неспороно е дека дел од Албанците го почитуваат Ахмети, но зошто да не ја заслужи почитта и од Македонците? Покажа визионерство за некои работи, но треба да покаже визионерство и преку проекти, идеи и визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се, опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа, а за тоа што го правеа има институт што се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам, ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури, потенцира Мицкоски.
Тој упати порака и до останатата опозиција.
До кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за идеи и проекти. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминиете го тоа, суетата и потребата се да се критикува по секоја цена. Еве, за почеток, поддржете ги мерките за младите, понатаму предложете и вие ваши мерки. Ако постои можност, ви ветувам дека ќе ги прифатиме, истакна Мицкоски.
Конференцијата е насловена „Иднина за сите, сега!“, а се одржува во СЦ „Билјанини извори“.

The post Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си, ќе ви помогнеме да ја исчистите ДУИ од криминалните структури appeared first on Република.

]]>
Попов: Имаме стратегија и проекти кои нудат перспективи, иднина, промени, реформи и услови за развој и просперитет на младите во државата https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-imame-strategija-i-proekti-koi-nudat-perspektivi-idnina-promeni-reformi-i-uslovi-za-razvoj-i-prosperitet-na-mladite-vo-drzhavata/ Sun, 06 Oct 2024 14:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=823509

Почитувани министри, пратеници, градоначалници, добредојдеовте на оваа 33-та годишна конференција на најмоќниот политички подмладок во Македонија, УМС на ВМРО-ДПМНЕ, рече во својот говор претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Во продолжение следува интегрален текст од говорот на Сергеј Попов:

Кој би рекол дека само 100 дена можат да значат повеќе од 7 години, дека апатијата може да се замени со проактивност и надеж, дека власта може првенствено да служи на општото добро, пред личните интереси на поединци. Кој би рекол дека е можна трансформација на општеството обземено не само од добро познатите поими криминал и корупција, туку и голема безнадежност. После 7 години понижувања, порази и бесперспективност, го направивме токму тоа. Македонија конечно доби влада која се грижи за секој еден млад, која нуди надеж и перспективи, влада која нуди можности, визија и светла иднина за секој еден од нас.

Ми претставува огромна чест, што оваа 33-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа токму во периодот кога одбележуваме 100 дена од новата влада. Момент, кој ни дава можност да се потсетиме на сите премрежја низ кои поминавме во последниве години, за руинираниот систем кој го наследивме, но и позитивните практики кои ја враќаат надежта кај младите луѓе во Македонија.

Свесни сме дека наследивме опустошена држава – држава чии лидери го продаваа сопствениот идентитет, држава без пари, буџет потрошен за личен бенефит, политики кои не понудија стратегија и решенија за најголемите проблеми со кои се соочуваа младите луѓе. Недостасуваа над 600 милиони денари за студентските оброци и стипендии, студентските домови беа во мизерни услови, а се повеќе и повеќе наши пријатели својата иднина ја гледаа надвор од Македонија. Но и покрај сите овие кочници, проблеми и предизвици, ние никогаш не се обесхрабривме и никогаш не дозволивме младите во Македонија да признаат пораз. Наместо очај и дефетизам, понудивме одлучност, визија, јасна цел и конкретни решенија и политики кои повторно ќе ги вреднуваат трудот и желбата на младиот човек за подобро утре.

Токму во таа насока е и слоганот на оваа 33-та годишна конференција – Иднина за сите, иднина СЕГА! Иднина за сите и сега бидејќи ни беше доста од демагогија и празни ветувања за иднината, од охрабрувачки пораки дека нашето време некогаш ќе дојде, скроени од оние кои се плашеа од нашата енергија, решителност и одлучност да создадеме подобро утре. Токму тоа е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ поинакво од сите политички гарнитури во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која ја препозна енергијата и потенцијалите на младите луѓе и од првиот ден кога влеговме во битката за враќање на државата во свои раце, најголемиот товар и клучната улога беше доверена на нас младите. Уште од првиот ден од освојувањето на власта, фокусот на новите политики беше ставен на младите – подобрување на условите во студентските домови и на факултетите, грижа за младите лекари и специјализанти, создавање услови за целосна реализација на потенцијалите на младите претприемачи, професионалци, научници, како и ред други мерки кои се креираат во насока на подобрување на нашето секојдневие.

Велат дека една ластовичка не ја носи пролетта, но ние сме посветени да докажеме дека навидум малите чекори во првите 100 дена, можат да ја донесат посакуваната и подобра иднина. Ако во 100 дена успеавме да покажеме решителност и да направиме многу повеќе од тие за 7 години, замислете што можеме да оствариме доколку останеме обединети, силни и доследни на нашите идеали. Иднина за младите, сега, преку создавање на систем и услови кои ќе го вреднуваат сечиј труд. Загарантирани работни места во државните институции за 500-те најдобри студенти во генерацијата, можности за работа со скратено време за студентите без притоа да го изгубат статусот на редовни студенти, отворање на десетици илјади нови работни места, можности за доквалификација и стекнување нови вештини за подобра позиција на пазарот на труд. Инвестиции во ИТ секторот, вештачката интелигенција и ред други програми за започнување сопствен бизнис. Поддршка за младите земјоделци, лекари, инженери, научници и работници. Поддршка за сите млади кои иднината ја гледаат во Македонија преку проекти за олеснување на процесот за почнување семејство и обезбедување сопствен дом. Работиме на враќање и подобрување на иницијативата „Купи куќа за млади“, со која настојуваме од младите луѓе да направиме силни и независни поединци кои самостојно ќе се борат за подобро утре. Работиме на многу други иницијативи и проекти кои ќе ја запишат оваа нова генерација на политичари во историјата како пример за тоа како се работи и како се сака својата татковина и својот народ.

Ќе продолжиме да докажуваме дека власта и младите не треба да бидат противници, како што се навикнавме до сега, туку дека преку дијалог, отворена дебата и транспарентен пристап, можеме да ја изнајдеме заедничката заемна корист. Ова се работите кои не прават различни од нив, бидејќи ние во политиката не влеговме за да критикуваме и да го повторуваме она што му е познато на секој еден граѓанин, туку за да си ја вратиме Македонија назад, во свои раце.

Дојде времето на нашата генерација на политичари која не прифаќа „не“ и „не може“ за одговор, бидејќи ние не знаеме за препреки, туку за системски решенија кои Македонија ќе ја направат подобро место за живеење за секој млад човек. Ние сме силата која ги испорача и донесе промените, и со целата одговорност тврдам дека ние ќе бидеме силата која ќе ја изгради државата која ја заслужуваме.

Претходните годишни конференции, речиси постојано зборував за апатијата, бесперспективноста и бездната во која беше втурната Македонија и македонскиот народ. Овие наши собири претставуваа само потсетник дека Македонија се уште има млади луѓе кои се грижат за својата иднина, но и дека истите тие луѓе беа изолирани од сите државнички процеси, оставени на маргините со цел некој да го распродаде и она малку што ни остана.

Долги години зборувавме дека треба да бидеме упорни и да останеме истрајни на идеалите за подобро утре, а верувајте дека нема поголемо задоволство кога гледаме дека целиот труд се исплатеше и Македонија повторно може да зачекори на вистинскиот пат. Пат кој нуди перспективи, иднина, промени, реформи и услови за развој и просперитет на секој млад човек во државата.

Поминавме низ многу тешки и мачни моменти и токму затоа дозволете ми да изразам искрена благодарност до секој еден од вас кој низ годините даде свој придонес во борбата да си ја вратиме Македонија во свои раце, иако борбата е далеку од завршена. Пред нас е предизвикот да продолжиме со креирање на успешните политики кои Македонија повторно ќе ја направат земја која ќе асоцира со успеси и национална гордост, земја со која секој граѓанин ќе може да се гордее и земја која на младите ќе им испорача иднина за сите и сега.

Веруваме во она што го правиме и ве повикувам да ни се придружите во овие моменти во кои испишуваме историја. Да се обединиме и да покажеме како решително дејствува ВМРО и како се сака Македонија.

The post Попов: Имаме стратегија и проекти кои нудат перспективи, иднина, промени, реформи и услови за развој и просперитет на младите во државата appeared first on Република.

]]>

Почитувани министри, пратеници, градоначалници, добредојдеовте на оваа 33-та годишна конференција на најмоќниот политички подмладок во Македонија, УМС на ВМРО-ДПМНЕ, рече во својот говор претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. Во продолжение следува интегрален текст од говорот на Сергеј Попов: Кој би рекол дека само 100 дена можат да значат повеќе од 7 години, дека апатијата може да се замени со проактивност и надеж, дека власта може првенствено да служи на општото добро, пред личните интереси на поединци. Кој би рекол дека е можна трансформација на општеството обземено не само од добро познатите поими криминал и корупција, туку и голема безнадежност. После 7 години понижувања, порази и бесперспективност, го направивме токму тоа. Македонија конечно доби влада која се грижи за секој еден млад, која нуди надеж и перспективи, влада која нуди можности, визија и светла иднина за секој еден од нас. Ми претставува огромна чест, што оваа 33-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа токму во периодот кога одбележуваме 100 дена од новата влада. Момент, кој ни дава можност да се потсетиме на сите премрежја низ кои поминавме во последниве години, за руинираниот систем кој го наследивме, но и позитивните практики кои ја враќаат надежта кај младите луѓе во Македонија. Свесни сме дека наследивме опустошена држава – држава чии лидери го продаваа сопствениот идентитет, држава без пари, буџет потрошен за личен бенефит, политики кои не понудија стратегија и решенија за најголемите проблеми со кои се соочуваа младите луѓе. Недостасуваа над 600 милиони денари за студентските оброци и стипендии, студентските домови беа во мизерни услови, а се повеќе и повеќе наши пријатели својата иднина ја гледаа надвор од Македонија. Но и покрај сите овие кочници, проблеми и предизвици, ние никогаш не се обесхрабривме и никогаш не дозволивме младите во Македонија да признаат пораз. Наместо очај и дефетизам, понудивме одлучност, визија, јасна цел и конкретни решенија и политики кои повторно ќе ги вреднуваат трудот и желбата на младиот човек за подобро утре. Токму во таа насока е и слоганот на оваа 33-та годишна конференција – Иднина за сите, иднина СЕГА! Иднина за сите и сега бидејќи ни беше доста од демагогија и празни ветувања за иднината, од охрабрувачки пораки дека нашето време некогаш ќе дојде, скроени од оние кои се плашеа од нашата енергија, решителност и одлучност да создадеме подобро утре. Токму тоа е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ поинакво од сите политички гарнитури во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која ја препозна енергијата и потенцијалите на младите луѓе и од првиот ден кога влеговме во битката за враќање на државата во свои раце, најголемиот товар и клучната улога беше доверена на нас младите. Уште од првиот ден од освојувањето на власта, фокусот на новите политики беше ставен на младите – подобрување на условите во студентските домови и на факултетите, грижа за младите лекари и специјализанти, создавање услови за целосна реализација на потенцијалите на младите претприемачи, професионалци, научници, како и ред други мерки кои се креираат во насока на подобрување на нашето секојдневие. Велат дека една ластовичка не ја носи пролетта, но ние сме посветени да докажеме дека навидум малите чекори во првите 100 дена, можат да ја донесат посакуваната и подобра иднина. Ако во 100 дена успеавме да покажеме решителност и да направиме многу повеќе од тие за 7 години, замислете што можеме да оствариме доколку останеме обединети, силни и доследни на нашите идеали. Иднина за младите, сега, преку создавање на систем и услови кои ќе го вреднуваат сечиј труд. Загарантирани работни места во државните институции за 500-те најдобри студенти во генерацијата, можности за работа со скратено време за студентите без притоа да го изгубат статусот на редовни студенти, отворање на десетици илјади нови работни места, можности за доквалификација и стекнување нови вештини за подобра позиција на пазарот на труд. Инвестиции во ИТ секторот, вештачката интелигенција и ред други програми за започнување сопствен бизнис. Поддршка за младите земјоделци, лекари, инженери, научници и работници. Поддршка за сите млади кои иднината ја гледаат во Македонија преку проекти за олеснување на процесот за почнување семејство и обезбедување сопствен дом. Работиме на враќање и подобрување на иницијативата „Купи куќа за млади“, со која настојуваме од младите луѓе да направиме силни и независни поединци кои самостојно ќе се борат за подобро утре. Работиме на многу други иницијативи и проекти кои ќе ја запишат оваа нова генерација на политичари во историјата како пример за тоа како се работи и како се сака својата татковина и својот народ. Ќе продолжиме да докажуваме дека власта и младите не треба да бидат противници, како што се навикнавме до сега, туку дека преку дијалог, отворена дебата и транспарентен пристап, можеме да ја изнајдеме заедничката заемна корист. Ова се работите кои не прават различни од нив, бидејќи ние во политиката не влеговме за да критикуваме и да го повторуваме она што му е познато на секој еден граѓанин, туку за да си ја вратиме Македонија назад, во свои раце. Дојде времето на нашата генерација на политичари која не прифаќа „не“ и „не може“ за одговор, бидејќи ние не знаеме за препреки, туку за системски решенија кои Македонија ќе ја направат подобро место за живеење за секој млад човек. Ние сме силата која ги испорача и донесе промените, и со целата одговорност тврдам дека ние ќе бидеме силата која ќе ја изгради државата која ја заслужуваме. Претходните годишни конференции, речиси постојано зборував за апатијата, бесперспективноста и бездната во која беше втурната Македонија и македонскиот народ. Овие наши собири претставуваа само потсетник дека Македонија се уште има млади луѓе кои се грижат за својата иднина, но и дека истите тие луѓе беа изолирани од сите државнички процеси, оставени на маргините со цел некој да го распродаде и она малку што ни остана. Долги години зборувавме дека треба да бидеме упорни и да останеме истрајни на идеалите за подобро утре, а верувајте дека нема поголемо задоволство кога гледаме дека целиот труд се исплатеше и Македонија повторно може да зачекори на вистинскиот пат. Пат кој нуди перспективи, иднина, промени, реформи и услови за развој и просперитет на секој млад човек во државата. Поминавме низ многу тешки и мачни моменти и токму затоа дозволете ми да изразам искрена благодарност до секој еден од вас кој низ годините даде свој придонес во борбата да си ја вратиме Македонија во свои раце, иако борбата е далеку од завршена. Пред нас е предизвикот да продолжиме со креирање на успешните политики кои Македонија повторно ќе ја направат земја која ќе асоцира со успеси и национална гордост, земја со која секој граѓанин ќе може да се гордее и земја која на младите ќе им испорача иднина за сите и сега. Веруваме во она што го правиме и ве повикувам да ни се придружите во овие моменти во кои испишуваме историја. Да се обединиме и да покажеме како решително дејствува ВМРО и како се сака Македонија.  

The post Попов: Имаме стратегија и проекти кои нудат перспективи, иднина, промени, реформи и услови за развој и просперитет на младите во државата appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Заедно со младите ќе направиме промени и започнуваме со реализација на ветените проекти од програмата Платформа #1198! https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-zaedno-so-mladite-ke-napravime-promeni-i-zapochnuvame-so-realizatsija-na-vetenite-proekti-od-programata-platforma-1198/ Sat, 20 Apr 2024 18:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=768606

-Победничка енергија и преубаво дружење со младите од Изборна единица 2! Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е најсилната и наголемата младинска организација, секогаш била и ќе остане авангарда на младинскиот активизам!, -објави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2, на социјалните мрежи.

Тој потенцира, затоа приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите, со многу проекти кои ги предвидуваме во изборната програма!

„За младите се обврзуваме за:
-УЧЕБНИК ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК;
-50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ;
-СТИПЕНДИРАНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ;
-50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ!“ – нотираше во објавата Мисјловски.

„Заедно со младите ќе направиме промени и започнуваме со реализација на ветените проекти од програмата Платформа #1198! Македонија повторно твоја“!- потенцира Мисајловски.

The post Мисајловски: Заедно со младите ќе направиме промени и започнуваме со реализација на ветените проекти од програмата Платформа #1198! appeared first on Република.

]]>

-Победничка енергија и преубаво дружење со младите од Изборна единица 2! Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е најсилната и наголемата младинска организација, секогаш била и ќе остане авангарда на младинскиот активизам!, -објави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2, на социјалните мрежи. Тој потенцира, затоа приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите, со многу проекти кои ги предвидуваме во изборната програма! „За младите се обврзуваме за: -УЧЕБНИК ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК; -50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ; -СТИПЕНДИРАНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ; -50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ И СРЕДНОШКОЛЦИ!“ – нотираше во објавата Мисјловски. „Заедно со младите ќе направиме промени и започнуваме со реализација на ветените проекти од програмата Платформа #1198! Македонија повторно твоја“!- потенцира Мисајловски.

The post Мисајловски: Заедно со младите ќе направиме промени и започнуваме со реализација на ветените проекти од програмата Платформа #1198! appeared first on Република.

]]>
Попов: УМС како домаќин на Генералното собрание на младината на ЕНП ги направи Скопје и Македонија епицентар на главните младински политички збиднувања во Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-ums-kako-domakin-na-generalnoto-sobranie-na-mladinata-na-enp-gi-napravi-skopje-i-makedonija-epitsentar-na-glavnite-mladinski-politichki-zbidnuvana-vo-evropa/ Thu, 16 Nov 2023 21:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=702342

На мое големо задоволство овој викенд, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин и организатор на Генералното собрание на младината на Европската народна партија, ова вечерва преку изјава за медиумите го истакна Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Младината на Европската народна партија е најголема и најдобро организирана и највлијателна младинска организација во рами на ЕУ. Големо задоволство за мене како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е што успеавме овој викенд Скопје и Република Македонија да бидат епицентар на главните младински политички збиднувања во цела Европа, вели Попов.

Тој додава дека во наредниот период заедно со нашите колеги од сите сестрински партии од Европската народна партија, нивните младински организации ќе разговараме и ќе носиме ставови за многу младински прашања кои не интересираат нас младите луѓе.

Ќе разговараме и ќе разменуваме искуства како до повеќе работни места во Македонија, како младите да ги задржиме овде да не се иселуваат. Ве повикувам во наредните денови да ги следите настаните во рамки на оваа конференција и ви се заблагодарувам на вниманието, рече тој.

The post Попов: УМС како домаќин на Генералното собрание на младината на ЕНП ги направи Скопје и Македонија епицентар на главните младински политички збиднувања во Европа appeared first on Република.

Со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден во Македонија ќе биде ден на младиот човек, порачаа од УМС https://republika.mk/zivot/kariera/so-vladata-predvodena-od-vmro-dpmne-sekoj-den-vo-makedonija-ke-bide-den-na-mladiot-chovek-porachaa-od-ums/ Sat, 12 Aug 2023 11:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=671378

Македонија е државата чие младо население во најголем број овој ден го одбележува меѓународно, односно како работници на плажите во соседството и Европа, најмногу поради недостигот од перспективи, неповолната бизнис-клима и партизацијата на секоја пора од општеството наместо реализирање на ветувањата за подобар младински стандард, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ за Нова Македонија по повод Меѓународниот ден на младите.

– Денешниот ден би сакал да го посветам на надежта, на еден копнеж за подобро утре, иднина за младите луѓе во која сечиј глас ќе биде слушнат, иднина на идеи и иновации, во која конечно ќе се стави крај на масовното иселување. Во УМС се грижиме сите 365 дена во годината да бидат посветени на младите, а постојано преземаме чекори за враќање на довербата во политиката како начин за остварување на промените. Ниски даноци, повисоки плати, подобри услови за работа и вработување, простор за искажување на мислењето и борба против неправдите, кои ги изнагледавме изминатите години, беа само дел од работите што ги презентиравме на првиот политички карван и младински саем организиран од УМС под слоганот,,Иднина за сите во Македонија“. Заедно со младите, во непосредна комуникација и со посета на секое населено место, собираме идеи, дискутираме за предизвиците пред нас, ја пишуваме младинската програма, која ќе биде вметната во партиската програма за наредните парламентарни избори. Нашите противници овој Меѓународен ден ќе го искористат да продаваат бајки и ќе се фалат што направиле за младите, а, за жал, младите ќе го слушаат тоа од странство. Како младина, ние тоа ќе го промениме. Секој ден во Македонија ќе биде ден на младиот човек, бидејќи ќе создадеме средина во која секој ќе може да напредува и да просперира – вели Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден во Македонија ќе биде ден на младиот човек, порачаа од УМС appeared first on Република.

Попов ги повика младите Роми да се приклучат кон УМС на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/skopje/popov-gi-povika-mladite-romi-da-se-prikluchat-kon-ums-na-vmro-dpmne/ Sat, 08 Apr 2023 13:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=628727

На денешната трибина по повод меѓународниот ден на Ромите ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ во општинската зграда на Општина Бутел.

На денешната трибина по повод меѓународниот ден на Ромите ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ во општинската зграда на Општина Бутел, каде што свое обраќање имаше претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој што ги повика младите роми да се приклучат кон унијата на млади сили и да бидат активни, гласни и борбени за промени кон подобро во општеството.

Сакам да ви го честитам овој ден интернационалниот ден на ромите, јас велам дека кога еден млад човек сака да направи нешто добро за својата земја, за својата околина за своите пријатели, другари своите поколенија и сите останати Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е единствената организација на која што треба да и се приклучи. Затоа што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствената организација во државата која што има структура сила моќ, и волја да ги канализира сите идеи и потреби на младите и истите да ги преточи во реализација без разлика дали тоа се млади Роми, Срби и други сите ние имаме исти или слични проблеми и на вас и на вас ни недостасува посигурна иднина образование ни недостасуваат работни места, ни недостасува иднина овде во Македонија на сите млади луѓе, истакна Попов.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов упати порака до сите млади роми во државата дека вратите на унијата на млади сили се отворени за сите, да се приклучат и да бидат активни, гласни и борбени доколку сакаат да направат добри работи за општеството.

Затоа како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ упатувам порака до сите млади роми во државата дека вратите на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е отворена. УМС е унијата во која треба да се приклучите ако сакате да направете нешто подобро за сите вас, бидејќи УМС на ВМРО-ДПМНЕ е дел од партијата ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ докажала дека кога е на власт своите проекти ги реализира. Своите ветувања не ги заборава и на младите луѓе не заборава. Па така нема да заборави ниту на младите роми, ниту набило кои други млади во Македонија. Јас ве повикувам вас, младите роми да бидете активни гласни да бидете бурни, да бидете борбени, и сте работи ќе си дојдат на свое место, нагласи Попов, се наведува во партиското соопштение.

The post Попов ги повика младите Роми да се приклучат кон УМС на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

На денешната трибина по повод меѓународниот ден на Ромите ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ во општинската зграда на Општина Бутел. На денешната трибина по повод меѓународниот ден на Ромите ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена „Ромите во Македонија во минатото и сега“ во општинската зграда на Општина Бутел, каде што свое обраќање имаше претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој што ги повика младите роми да се приклучат кон унијата на млади сили и да бидат активни, гласни и борбени за промени кон подобро во општеството.
Сакам да ви го честитам овој ден интернационалниот ден на ромите, јас велам дека кога еден млад човек сака да направи нешто добро за својата земја, за својата околина за своите пријатели, другари своите поколенија и сите останати Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е единствената организација на која што треба да и се приклучи. Затоа што УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствената организација во државата која што има структура сила моќ, и волја да ги канализира сите идеи и потреби на младите и истите да ги преточи во реализација без разлика дали тоа се млади Роми, Срби и други сите ние имаме исти или слични проблеми и на вас и на вас ни недостасува посигурна иднина образование ни недостасуваат работни места, ни недостасува иднина овде во Македонија на сите млади луѓе, истакна Попов.
Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов упати порака до сите млади роми во државата дека вратите на унијата на млади сили се отворени за сите, да се приклучат и да бидат активни, гласни и борбени доколку сакаат да направат добри работи за општеството.
Затоа како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ упатувам порака до сите млади роми во државата дека вратите на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е отворена. УМС е унијата во која треба да се приклучите ако сакате да направете нешто подобро за сите вас, бидејќи УМС на ВМРО-ДПМНЕ е дел од партијата ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ докажала дека кога е на власт своите проекти ги реализира. Своите ветувања не ги заборава и на младите луѓе не заборава. Па така нема да заборави ниту на младите роми, ниту набило кои други млади во Македонија. Јас ве повикувам вас, младите роми да бидете активни гласни да бидете бурни, да бидете борбени, и сте работи ќе си дојдат на свое место, нагласи Попов, се наведува во партиското соопштение.

The post Попов ги повика младите Роми да се приклучат кон УМС на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
УМС на ВМРО-ДПМНЕ пошумуваше на локации низ цела Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ums-na-vmro-dpmne-poshumuvashe-na-lokatsii-niz-tsela-makedonija/ Sat, 11 Mar 2023 14:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=618512

Под мотото ,,Чиста околина – зелена иднина”, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа еколошка акција за пошумување на локации низ цела Македонија.

Целта на оваа акција е да се подигне свеста, но и директно да се придонесе кон зачувувањето на животната средина. Со садењето на илјадници садници низ државата, се докажува заложбата за носење одговорни одлуки, кои ќе придонесат кон креирање иднина што е чиста и зелена.

Во најавата за оваа акција, од УМС ја критикуваа пасивноста на властите и истакнаа дека тие ја преземаат одговорноста за подобрувањето на состојбите со екологијата.

,Во време кога програмите за збогатување на околината со нови садници се вистинска реткост, кога грижата за екологијата е само декларативна и Македонија се повеќе се гуши, ние младите ја преземаме одговорноста да бидеме носители на идејата за подобрување на состојбите со животната средина, наведоа од УМС во поканата.

The post УМС на ВМРО-ДПМНЕ пошумуваше на локации низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Под мотото ,,Чиста околина – зелена иднина”, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа еколошка акција за пошумување на локации низ цела Македонија. Целта на оваа акција е да се подигне свеста, но и директно да се придонесе кон зачувувањето на животната средина. Со садењето на илјадници садници низ државата, се докажува заложбата за носење одговорни одлуки, кои ќе придонесат кон креирање иднина што е чиста и зелена. Во најавата за оваа акција, од УМС ја критикуваа пасивноста на властите и истакнаа дека тие ја преземаат одговорноста за подобрувањето на состојбите со екологијата.
,Во време кога програмите за збогатување на околината со нови садници се вистинска реткост, кога грижата за екологијата е само декларативна и Македонија се повеќе се гуши, ние младите ја преземаме одговорноста да бидеме носители на идејата за подобрување на состојбите со животната средина, наведоа од УМС во поканата.

The post УМС на ВМРО-ДПМНЕ пошумуваше на локации низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>
Топка за на плажа, кофички и лопатки за директорот на ФЗОМ за да си игра на убавите песочни плажи на Атлантикот, додека тука системот крахира https://republika.mk/vesti/makedonija/topka-za-na-plazha-kofichki-i-lopatki-za-direktorot-na-fzom-za-da-si-igra-na-ubavite-pesochni-plazhi-na-atlantikot-dodeka-tuka-sistemot-krahira/ Sat, 25 Feb 2023 12:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=613078

Додека здравствените работници скоро 2 месеци не можеа да земат плата, додека системот на податоци беше хакиран, додека пациенти секојдневно умираат поради неспособноста на власта за купување на лекови, додека млади лекари си заминуваат на работа во странство, директорот на ФЗОМ во ова време невреме заминал на одмор во САД, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски 0д ВМРО-ДПМНЕ.

Не знаејќи како да се соочи со реалноста, на директорот Фатон Ахмети најлесно му било да оди во САД и сето ова време да седи на плажа, пиејќи коктели и да игра со песок. Затоа, ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска спремивме едно пакетче за директорот. Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и за крај чадор и крема за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од кожата на македонските граѓани, истакна Манасиевски.

Власта на СДС – ДУИ и нивниот кадар не ги интересира животот на граѓаните. Додека тонеме на секое поле од општеството, овие мислат само на луксуз и лични интереси, додаде тој.

https://youtu.be/GRmKUPdbxhA

The post Топка за на плажа, кофички и лопатки за директорот на ФЗОМ за да си игра на убавите песочни плажи на Атлантикот, додека тука системот крахира appeared first on Република.

]]>

Додека здравствените работници скоро 2 месеци не можеа да земат плата, додека системот на податоци беше хакиран, додека пациенти секојдневно умираат поради неспособноста на власта за купување на лекови, додека млади лекари си заминуваат на работа во странство, директорот на ФЗОМ во ова време невреме заминал на одмор во САД, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски 0д ВМРО-ДПМНЕ. Не знаејќи како да се соочи со реалноста, на директорот Фатон Ахмети најлесно му било да оди во САД и сето ова време да седи на плажа, пиејќи коктели и да игра со песок. Затоа, ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска спремивме едно пакетче за директорот. Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и за крај чадор и крема за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од кожата на македонските граѓани, истакна Манасиевски. Власта на СДС – ДУИ и нивниот кадар не ги интересира животот на граѓаните. Додека тонеме на секое поле од општеството, овие мислат само на луксуз и лични интереси, додаде тој. https://youtu.be/GRmKUPdbxhA

The post Топка за на плажа, кофички и лопатки за директорот на ФЗОМ за да си игра на убавите песочни плажи на Атлантикот, додека тука системот крахира appeared first on Република.

]]>
Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствен младински политички подмладок кој издава сопствен весник https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-ums-na-vmro-dpmne-e-edinstven-mladinski-politichki-podmladok-koj-izdava-sopstven-vesnik/ Sat, 11 Feb 2023 18:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=607848

Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го промовираме третиот број на нашиот весник Мегафон. Како Унија на млади сили секогаш се трудиме да бидеме авангарда во младинското политичко организирање и тоа секогаш го правиме, изјави претседателот на УМС, Сергеј Попов.

-Уште еднаш сакам да повторам и реафирмирам дека сме единствен политички подмладок во Република Македонија кој издава свој сопствен весник. Тоа е весниког Мегафон.

Во овој трет број на весникот Мегафон ние разработуваме теми од сите сфери на општественото живеење како што е правото и правната држава и зошто истата ја нема, каква е судбината и дали воопшто има судбина во Македонија, за македонскиот млад лекар. Како и некои успешни приказни како интервјуто со градоначалникот на Општина Кисела Вода кој има многу со што да се пофали пред младите луѓе. Како што е колумната на европската бронза во карате Петар Спасеновски, како и многу други текстови и колумни.

Јас ве повикувам и во иднина да ги следите активностите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а ние и во иднина ќе продолжиме да ги носиме новитетите и да бидеме авангарда на македонската младинска политичка сцена, истакна Попов.

https://youtu.be/S_oa4x5TzTs

The post Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствен младински политички подмладок кој издава сопствен весник appeared first on Република.

]]>

Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го промовираме третиот број на нашиот весник Мегафон. Како Унија на млади сили секогаш се трудиме да бидеме авангарда во младинското политичко организирање и тоа секогаш го правиме, изјави претседателот на УМС, Сергеј Попов. -Уште еднаш сакам да повторам и реафирмирам дека сме единствен политички подмладок во Република Македонија кој издава свој сопствен весник. Тоа е весниког Мегафон. Во овој трет број на весникот Мегафон ние разработуваме теми од сите сфери на општественото живеење како што е правото и правната држава и зошто истата ја нема, каква е судбината и дали воопшто има судбина во Македонија, за македонскиот млад лекар. Како и некои успешни приказни како интервјуто со градоначалникот на Општина Кисела Вода кој има многу со што да се пофали пред младите луѓе. Како што е колумната на европската бронза во карате Петар Спасеновски, како и многу други текстови и колумни. Јас ве повикувам и во иднина да ги следите активностите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а ние и во иднина ќе продолжиме да ги носиме новитетите и да бидеме авангарда на македонската младинска политичка сцена, истакна Попов. https://youtu.be/S_oa4x5TzTs

The post Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е единствен младински политички подмладок кој издава сопствен весник appeared first on Република.

]]>
Младинска политичка конференција во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/mladinska-politichka-konferencija-vo-organizacija-na-ums-na-vmro-dpmne/ Thu, 01 Dec 2022 13:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=580522

Денес (01.12.2022) во 18:00 часот, во Ragusa360 – Rooftop, ќе започне младинската политичка конференција на тема „Западниот Балкан во контекст на безбедносните и економски предизвици предизвикани од кризата во Украина”.

Настанот е во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ЕДС (Европски демократски студенти) и фондацијата Конрад Аденауер.

Пред започнување на политичката конференција ќе бидат дадени изјави за медиуми на кои ќе се обратат:

Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ;
Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Младинска политичка конференција во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Денес (01.12.2022) во 18:00 часот, во Ragusa360 – Rooftop, ќе започне младинската политичка конференција на тема „Западниот Балкан во контекст на безбедносните и економски предизвици предизвикани од кризата во Украина”. Настанот е во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ЕДС (Европски демократски студенти) и фондацијата Конрад Аденауер. Пред започнување на политичката конференција ќе бидат дадени изјави за медиуми на кои ќе се обратат: Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ; Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Младинска политичка конференција во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нема промена на Уставот, да се формира техничка влада и да се распишат предвремени избори https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nema-promena-na-ustavot-da-se-formira-tehnichka-vlada-i-da-se-raspishat-predvremeni-izbori/ Sun, 20 Nov 2022 16:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=576184

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот и бара час поскоро да се формира техничка Влада и да се одржат предвремени парламентрани избори, порача лидерот на партијата Христијан Мицкоски во обраќањето на 31. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Енергија, надеж, иднина“.

Мицкоски ги обвини партиите од власта СДСМ и ДУИ и нивните лидери Димитар Ковачевски и Али Ахмети дека ја злоупотребуваат европската иднина за да си „обезбедат дополнителни привилегии, да останат што е можно повеќе на функциите и да ја пљачкаат Македонија, сакаат да зборуваат за промените во Уставот и вклучување на мал минимален дел на наши сограѓани коишто за себе велат дека се дел од бугарскиот народ во Преамбулата“.

Јасно и гласно сме кажале, јасно и гласно сме повториле – нема хотел пратеници како што тоа го кажа пред некој ден Пендаровски, коишто биле убедувани во еден хотел недалеку од овде. Сега имаме пратеници коишто цврсто стојат на својот став, и тие нема да дозволат промена на Уставот. И да ја затвориме таа тема. И ајде од утре да зборуваме за темата за која јас сакам да зборувам, а тоа е час поскоро формирање техничка Влада и најдоцна до пролет да одиме на предвремени парламентарни избори. Не треба да се плашите, ако народот ви верува во ова што го работите, ако народот ви верува, тогаш нема зошто да се плашите. Охрабрете се, излезете на предвремени парламентарни избори, па народот нека каже кој треба да ја води Македонија и чија политика ќе ја победи другата политика, истакна Мицкоски.

Тој рече дека живееме во огромна криза, земјава е рекордер по инфлација и по индексот на мизерија, луѓето не можат да ги платат сметките, цените по продавниците растат, а големи проблеми имаат и бизнисмените.

Осврнувајќи се на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека следната година ќе биде подобра, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека таа реченица ја слуша веќе пет години, а секоја година е само полоша од претходната.

Македонија, наведе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е уморна од состаноци на политичари во вратоврски на коишто не се носат одлуки туку само се парадира, додека зад завесите се продолжува со истите погубни политики кои земјава ја тонат уште подлабоко и со уште поголема брзина.

Единствената лидерска средба на Македонија која ѝ е потребна и за која со задоволство ќе придонесам е лидерска средба на која би седнале сите општествени чинители и би разговарале за платформа за Македонија и нејзиното стратешко позиционирање во однос на отворени прашања. Ни треба средба на која ќе седнат сите општествени авторитети, академици, професори, претставници на универзитети, новинари, писатели, младински лидери, на која ќе се разговара за платформа, за позиции и прашања за стратешкото позиционирање на Македонија наспроти сите предизвици, во однос на европската иднина, во однос на бугарското прашање, во однос на националниот консензус за значајните прашања што го немаме, за економскиот стандард и живот. Една платформа што ќе ги обедини сите, а целта ќе биде една и заедничка Македонија, во која има промени, пристоен живот и иднина, рече Мицкоски.

Тој на годишната конференција на УМС упати и порака до младите да бидат храбри и да не се откажуваат.

Кога ќе сакаат да наведнете глава, вие кренете ја гордо високо. Кога ќе сакаат да молчите, вие зборувајте гласно, кога тие ќе притискаат – вие бидете храбри. Кога тие ќе сакаат да се откажете, вие бидете уште порешителни. Затоа што има борби во животот што вредат нешто, но има и борба што е повредна од сè друго. Се работи за Македонија, за нашата иднина, за заедничката надеж, рече Мицкоски во обраќањето на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Нема промена на Уставот, да се формира техничка влада и да се распишат предвремени избори appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот и бара час поскоро да се формира техничка Влада и да се одржат предвремени парламентрани избори, порача лидерот на партијата Христијан Мицкоски во обраќањето на 31. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Енергија, надеж, иднина“. Мицкоски ги обвини партиите од власта СДСМ и ДУИ и нивните лидери Димитар Ковачевски и Али Ахмети дека ја злоупотребуваат европската иднина за да си „обезбедат дополнителни привилегии, да останат што е можно повеќе на функциите и да ја пљачкаат Македонија, сакаат да зборуваат за промените во Уставот и вклучување на мал минимален дел на наши сограѓани коишто за себе велат дека се дел од бугарскиот народ во Преамбулата“.
Јасно и гласно сме кажале, јасно и гласно сме повториле – нема хотел пратеници како што тоа го кажа пред некој ден Пендаровски, коишто биле убедувани во еден хотел недалеку од овде. Сега имаме пратеници коишто цврсто стојат на својот став, и тие нема да дозволат промена на Уставот. И да ја затвориме таа тема. И ајде од утре да зборуваме за темата за која јас сакам да зборувам, а тоа е час поскоро формирање техничка Влада и најдоцна до пролет да одиме на предвремени парламентарни избори. Не треба да се плашите, ако народот ви верува во ова што го работите, ако народот ви верува, тогаш нема зошто да се плашите. Охрабрете се, излезете на предвремени парламентарни избори, па народот нека каже кој треба да ја води Македонија и чија политика ќе ја победи другата политика, истакна Мицкоски.
Тој рече дека живееме во огромна криза, земјава е рекордер по инфлација и по индексот на мизерија, луѓето не можат да ги платат сметките, цените по продавниците растат, а големи проблеми имаат и бизнисмените. Осврнувајќи се на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека следната година ќе биде подобра, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека таа реченица ја слуша веќе пет години, а секоја година е само полоша од претходната. Македонија, наведе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е уморна од состаноци на политичари во вратоврски на коишто не се носат одлуки туку само се парадира, додека зад завесите се продолжува со истите погубни политики кои земјава ја тонат уште подлабоко и со уште поголема брзина.
Единствената лидерска средба на Македонија која ѝ е потребна и за која со задоволство ќе придонесам е лидерска средба на која би седнале сите општествени чинители и би разговарале за платформа за Македонија и нејзиното стратешко позиционирање во однос на отворени прашања. Ни треба средба на која ќе седнат сите општествени авторитети, академици, професори, претставници на универзитети, новинари, писатели, младински лидери, на која ќе се разговара за платформа, за позиции и прашања за стратешкото позиционирање на Македонија наспроти сите предизвици, во однос на европската иднина, во однос на бугарското прашање, во однос на националниот консензус за значајните прашања што го немаме, за економскиот стандард и живот. Една платформа што ќе ги обедини сите, а целта ќе биде една и заедничка Македонија, во која има промени, пристоен живот и иднина, рече Мицкоски.
Тој на годишната конференција на УМС упати и порака до младите да бидат храбри и да не се откажуваат.
Кога ќе сакаат да наведнете глава, вие кренете ја гордо високо. Кога ќе сакаат да молчите, вие зборувајте гласно, кога тие ќе притискаат – вие бидете храбри. Кога тие ќе сакаат да се откажете, вие бидете уште порешителни. Затоа што има борби во животот што вредат нешто, но има и борба што е повредна од сè друго. Се работи за Македонија, за нашата иднина, за заедничката надеж, рече Мицкоски во обраќањето на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: Нема промена на Уставот, да се формира техничка влада и да се распишат предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Потребна е лидерска средба на која сите општествени авторитети ќе разговараат за стратешкото позиционирање на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/potrebna-e-liderska-sredba-na-koja-site-opshtestveni-avtoriteti-kje-razgovaraat-za-strateshkoto-pozicioniranje-na-makedonija/ Sun, 20 Nov 2022 14:30:44 +0000 https://republika.mk/?p=576118

На отворањето на 31 Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски,меѓу другото, зборуваше и за лидерската средба во Собранието. Тој порача дека Македонија е уморна од состаноци на политичари во вратоврски на коишто не се носат одлуки туку само се парадира, додека зад завесите се продолжува со истите погубни политики.

Единствената лидерска средба на Македонија која ѝ е потребна и за која со задоволство ќе придонесам е лидерска средба на која би седнале сите општествени чинители и би разговарале за платформа за Македонија и нејзиното стратешко позиционирање во однос на отворените прашања. Во регионов и светот се случуваат сериозни преструктуирања, процеси и се искажуваат отворени аспирации за многу прашања кои не се затворени. Во тој микро поглед секогаш се знаат и позициите на нашите соседи, додека Македонија ја пропушта и оваа шанса да фати чекор со процесите, заглавена во секојдневието каде се дебатира за сервираните вештачки теми на власта, рече Мицкоски и порача дека на Македонија ѝ треба средба на која ќе седнат сите општествени авторитети, академици, професори, претставници на универзитети, новинари, писатели, младински лидери, на која ќе се разговара за платформа, за позиции и прашања за стратешкото позиционирање на Македонија наспроти сите предизвици, во однос на европската иднина, во однос на бугарското прашање, во однос на националниот консензус за значајните прашања што го немаме, за економскиот стандард и живот.

Една платформа што ќе ги обедини сите, и Македонци и Албанци, и Турци, и Роми, и Срби, и Власи и Бошњаци за една цел - МАКЕДОНИЈА. Македонија во која има промени, пристоен живот и иднина е концептот за нов општествен договор кој почива на принципите за заеднички патриотизам.

Таквиот заеднички патриотизам треба да даде одговор на сè она што како сидро нè влече надолу и да нè обедини околу желбата да се тргне напред. Да покаже дека има надеж и нашите луѓе да ги зачува во родната земја. И затоа власта не сака да говориме за ваквите теми. И затоа тие кога ќе сакаат јас да зборувам за Ванчо, ќе ги оставиме нив во историјата, а јас ќе зборувам за решенијата за сегашноста и иднината.
Затоа кога тие ќе сакаат јас да зборувам за тоа што мислам за 2008, 20012, за минати личности во политиката, јас ќе зборувам за генерацијата што треба да ја донесе иднината. Кога тие ќе зборуваат за проблеми, јас ќе зборувам за решенија. Кога ќе сакаат тие да донесат
апатија и страв, јас ќе донесам надеж и сигурност.
Македонија мора да ја менува грдата реалност. Македонија мора да донесе промени.
Заедничкиот патриотизам значи заедничка радост за сите наши успеси и значи гасење на секоја омраза и поделба.
Заедничкиот патриотизам значи на секој еден човек во секој град и село да му кажеме дека надежта е родена и дека има излез. Решението е во секој еден од нас и разликата ќе ја направиме доколку масовно се испорача гласот на народот.
Сакам да зборувам за заедничкиот патриотизам каде економијата и иновациите се главните двигатели. Отворањето на нови добро платени работни места кои ви ветувам дека ќе се случат. 
Заеднички патриотизам кој подразбира со младите да дебатираме за наука, за повеќе можности, прогрес, а не за висината на студентскиот оброк кој се подразбира дека веќе е стекнато право.
Заеднички патриотизам – за да ги вратиме и да ги задржиме младите луѓе. Да се распостелат со својот талент кој не смее да е залудно потрошен.
Македонија - земја на надеж и слобода, земја која мора да прави големи чекори напред.
Македонија - земја на Македонци кои имаат свој заштитен идентитет, свои победи кои не негираат други права, свои извојувани битки и живот во заедништво и за заеднички цели.
Заедничкиот патриотизам е новото преструктуирање кое Македонија треба да ја издвои од просечноста, да ја врати на патеките на надеж и ентузијазам ист таков каков во првите денови на самостојност.
Заеднички патриотизам со најмалку петоцифрен економски раст кој ќе се зголемува секоја година. Наместо да ги броиме затворените работни места да се радуваме на новите фабрики, домашни и странски инвестиции. Новите бизнис-инкубатори, претприемачки иновативни центри,
кои ќе го јакнат претприемачкиот дух.
Заедничкиот патриотизам треба да биде "conditio sine qua non" на Македонија, надежта и есенцијата без која не се може. Главниот мотор на промените, заврши Мицкоски.

The post Потребна е лидерска средба на која сите општествени авторитети ќе разговараат за стратешкото позиционирање на Македонија appeared first on Република.

]]>

На отворањето на 31 Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски,меѓу другото, зборуваше и за лидерската средба во Собранието. Тој порача дека Македонија е уморна од состаноци на политичари во вратоврски на коишто не се носат одлуки туку само се парадира, додека зад завесите се продолжува со истите погубни политики.
Единствената лидерска средба на Македонија која ѝ е потребна и за која со задоволство ќе придонесам е лидерска средба на која би седнале сите општествени чинители и би разговарале за платформа за Македонија и нејзиното стратешко позиционирање во однос на отворените прашања. Во регионов и светот се случуваат сериозни преструктуирања, процеси и се искажуваат отворени аспирации за многу прашања кои не се затворени. Во тој микро поглед секогаш се знаат и позициите на нашите соседи, додека Македонија ја пропушта и оваа шанса да фати чекор со процесите, заглавена во секојдневието каде се дебатира за сервираните вештачки теми на власта, рече Мицкоски и порача дека на Македонија ѝ треба средба на која ќе седнат сите општествени авторитети, академици, професори, претставници на универзитети, новинари, писатели, младински лидери, на која ќе се разговара за платформа, за позиции и прашања за стратешкото позиционирање на Македонија наспроти сите предизвици, во однос на европската иднина, во однос на бугарското прашање, во однос на националниот консензус за значајните прашања што го немаме, за економскиот стандард и живот.
Една платформа што ќе ги обедини сите, и Македонци и Албанци, и Турци, и Роми, и Срби, и Власи и Бошњаци за една цел - МАКЕДОНИЈА. Македонија во која има промени, пристоен живот и иднина е концептот за нов општествен договор кој почива на принципите за заеднички патриотизам.
Таквиот заеднички патриотизам треба да даде одговор на сè она што како сидро нè влече надолу и да нè обедини околу желбата да се тргне напред. Да покаже дека има надеж и нашите луѓе да ги зачува во родната земја. И затоа власта не сака да говориме за ваквите теми. И затоа тие кога ќе сакаат јас да зборувам за Ванчо, ќе ги оставиме нив во историјата, а јас ќе зборувам за решенијата за сегашноста и иднината. Затоа кога тие ќе сакаат јас да зборувам за тоа што мислам за 2008, 20012, за минати личности во политиката, јас ќе зборувам за генерацијата што треба да ја донесе иднината. Кога тие ќе зборуваат за проблеми, јас ќе зборувам за решенија. Кога ќе сакаат тие да донесат апатија и страв, јас ќе донесам надеж и сигурност. Македонија мора да ја менува грдата реалност. Македонија мора да донесе промени. Заедничкиот патриотизам значи заедничка радост за сите наши успеси и значи гасење на секоја омраза и поделба. Заедничкиот патриотизам значи на секој еден човек во секој град и село да му кажеме дека надежта е родена и дека има излез. Решението е во секој еден од нас и разликата ќе ја направиме доколку масовно се испорача гласот на народот. Сакам да зборувам за заедничкиот патриотизам каде економијата и иновациите се главните двигатели. Отворањето на нови добро платени работни места кои ви ветувам дека ќе се случат.  Заеднички патриотизам кој подразбира со младите да дебатираме за наука, за повеќе можности, прогрес, а не за висината на студентскиот оброк кој се подразбира дека веќе е стекнато право. Заеднички патриотизам – за да ги вратиме и да ги задржиме младите луѓе. Да се распостелат со својот талент кој не смее да е залудно потрошен. Македонија - земја на надеж и слобода, земја која мора да прави големи чекори напред. Македонија - земја на Македонци кои имаат свој заштитен идентитет, свои победи кои не негираат други права, свои извојувани битки и живот во заедништво и за заеднички цели. Заедничкиот патриотизам е новото преструктуирање кое Македонија треба да ја издвои од просечноста, да ја врати на патеките на надеж и ентузијазам ист таков каков во првите денови на самостојност. Заеднички патриотизам со најмалку петоцифрен економски раст кој ќе се зголемува секоја година. Наместо да ги броиме затворените работни места да се радуваме на новите фабрики, домашни и странски инвестиции. Новите бизнис-инкубатори, претприемачки иновативни центри, кои ќе го јакнат претприемачкиот дух. Заедничкиот патриотизам треба да биде "conditio sine qua non" на Македонија, надежта и есенцијата без која не се може. Главниот мотор на промените, заврши Мицкоски.

The post Потребна е лидерска средба на која сите општествени авторитети ќе разговараат за стратешкото позиционирање на Македонија appeared first on Република.

]]>
Попов: Имаме енергија да ја вратиме надежта кај секој еден млад човек дека во Македонија заедно ќе создадеме подобра иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/popov-imame-energija-da-ja-vratime-nadezta-kaj-sekoj-eden-mlad-chovek-deka-vo-makedonija-zaedno-kje-sozdademe-podobra-idnina/ Sun, 20 Nov 2022 14:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=576142

Оваа годишна конференција за мене има посебно значење. Посебноста на оваа годишна конференција е тоа што оваа конференција се случува во еден исклучително важен период во нашето општество, период на будење на младите луѓе, рече Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Лани на годишната конференција говорев за штетата која ја трпат младите, кои се заглавени во мочуриштето на власта, во бесперспективноста и апатијата, но и дека мораме како и нашите предци неуморно да се бориме за посветла иднина, повеќе можности и подобар живот. Дека мора да го следиме идеалот за Македонија. Зборував дека младиот човек е силно разочаран, и му недостига искра за борба,  дека таа искра сме ние,  искра која ќе им понуди на младите луѓе иднина каква што заслужуваат во Република МАКЕДОНИЈА.  Ова ветување го исполнивме, искрата која се обврзавме да бидеме, станавме пламенот на револт и  бунтовност што гори И ВЕРУВАЈТЕ МИ, ПЛАМЕНОТ ЌЕ ЗГАСНЕ КОГА ОВИЕ ТРГОВЦИ СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ ОД ИЛИНДЕНСКА БЕЗ БРОЈ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТРАНИ ИЗБОРИ ЌЕ ГИ ИСПРАТИМЕ ВО СРАМНОТ ДЕЛ НА ИСТОРИЈАТА КАДЕ ШТО ПРИПАЃААТ!

БОРБАТА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ЗАТОА ШТО УМС НЕМА ДА ОТСТАПИ И НЕМА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ!

Разликата помеѓу нас и останатите подмладоци во Македонија е тоа што во УМС сме собрани луѓе кои нè обединува една идеја, идеја за просперитетна Македонија, за Македонија во која ќе воспоставиме мерит-систем во кој ќе биде важна само посветеноста и личните компетенции, идеја за модернизација, модернизација која ќе го донесе нашето општество во чекор со општествата од кој сакаме да бидеме дел, модернизација која нема да остане само на хартија како проект во некое од министерствата и да се гледа како можност за криминал и корупција, модернизација која ќе значи брзи и сигурни услуги за граѓаните, идеја за европски систем на вредности, а не желба за фотељи, тендери, корупција и криминал.

Другата разлика е тоа што Унијата на млади сили не ја создава лидерот, туку Унијата на млади сили создава ЛИДЕРИ! Пред малку, зад мене на видеото ги видовте лидерите кои веќе ги создала Унијата на млади сили, а јас ОВДЕ ПРЕД МЕНЕ ГИ ГЛЕДАМ ЛИДЕРИТЕ ШТО ДОПРВА ЌЕ СЕ СОЗДАВААТ И ЌЕ СОЗДАВААТ НОВА ИДНИНА!

Драги млади, можеби не се согласуваме за сè, но сигурен сум дека се согласуваме во желбата и идејата да ја направиме Македонија подобро и поубаво место за живеење, Македонија во која нашето општество нема да биде поларизирано, Македонија во која системот ќе функционира за сите исто, Македонија во која студентите и политичарите ќе живеат подеднакво достоинствено, Македонија во која политиката нема да биде синоним за криминал, Македонија во која спортистите и уметниците ќе бидат поддржани од државата.

Нам ни се потребни промени, премногу време младиот човек и неговите барања и потреби се тема за пред избори на политичкиот естаблишмент, се сеќаваме сите на брдата и долините кои им беа ветени на младите, студентски градови, конкурентни универзитети, младинска гаранција и што уште не, а гледаме дека нашите студенти живеат во студентски домови кои личат на хорор филмови, образование, кое со нивните концепти и експерименти, на секое рангирање тоне сè повеќе.

Последната манипулација што сакаа да ја протнат во јавноста беше субвенционираниот студентски оброк. Пробаа да го скратат бројот на студенти кои можеа да го остварат ова право, па потоа со омилениот студент на Владата, навидум се договараа. Овие театри нема да ви поминат, затоа што се виде вашиот слух и вашата грижа за студентите. За вас поддршката и инвестирањето во студентите и младите се непродуктивни трошоци кои ги рационализирате! ОВА НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ! БОРБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ И МЛАДИНСКИ СТАНДАРД НЕМА ДА ЗГАСНЕ!

Унијата на млади сили и јас како нејзин претседател се обврзуваме дека од оваа борба нема да отстапиме, нема да отстапиме ниту милиметар од барањата за подобро утре. Првиот чекор во оваа борба е предизвикување на избори на кои ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА УБЕДЛИВО ЌЕ ПОБЕДАТ, А ТРГОВЦИТЕ ВО ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ИСПРАТИМЕ ВО ТЕШКА ОПОЗИЦИЈА. По победата на избори се обврзуваме дека ќе бидеме партнер на младите и мегафон на нивните барања, нема да дозволиме младите повторно да западнат во апатија, нема да дозволиме повторно враќање на статус кво, нема да дозволиме ниту еден млад човек да се почувствува дека е на маргините и дека неговиот глас не е слушнат!

Во следниот период ќе барам голема ангажираност од секој еден од вас, затоа што пред нас има многу активности кои ќе мора да ги завршиме пред предвремените парламентарни избори. Во следниот период ќе се реструктуираме, ќе ги збиеме редовите и ќе вметнеме нова енергија во нашата структура.

За само 10-тина дена од денес Европските демократски студенти, најголемата студентска организација во Европа, ќе одржи состанок на нејзиното Генерално Собрание во Македонија, ќе ги запознаеме со односот на властите кон македонскиот студент, со условите во кои нивните македонски колеги живеат и се образуваат. Исто така уште повеќе ќеја интензивираме соработката со нашите меѓународни партнери и ќе ја претставиме македонската вистина, особено во овој период на негирање од страна на нашиот источен сосед поради сервилноста на Владата.

Ќе ги идентификуваме и ќе ги дефинираме сите проблеми на младиот човек во Македонија. За таа цел ќе барам од сите вас да ги исконтактирате вашите роднини, пријатели, познаници, млади луѓе, да поразговарате за проблемите, да не претпоставувате дека ги знаете проблемите, затоа што ќе мора да допреме до секој еден млад човек во Македонија без разлика на неговата етничка, верска или каква било друга припадност. Разговарајте за проблемите, но разговарајте и за решенијата. По ова обемно и најсеопфатно мапирање на проблемите со кои се соочуваат младите луѓе ќе изготвиме младинска програма која ќе биде дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, со која ќе понудиме одржливи, брзи и соодветни решенија. Впрочем разликата меѓу нас и СДСМ може да ја видиме во оваа една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, година во која се реализираа проекти кои младите ги чекаа со години!

Ова што ви го најавив знам дека е најава на еден интензивен и напорен период, но ве познавам доволно добро и знам дека вие ги сакате предизвиците, особено предизвиците за кои сигурно знаеме дека ќе ја донесат ВМРО-ДПМНЕ до победа, а самото тоа ќе резултира со нови проекти кои ќе донесат нова и подобра иднина.  Јас знам дека ќе имаме напорен период, но исто така знам од каков материјал е направена УМС, исто така знам чии наследници сте вие, знам дека вас ве водат и приказните за комитите, и приказните за партизаните и борбата против комунизмот и формирањето на сопствена, независна држава, но најголемиот мотив го наоѓате во визијата за подобра иднина на Македонија и затоа сум сигурен дека ниту еден час од вашето слободно време кој ќе го потрошите на градењето на оваа идеја нема да го сметате за залуден.

Од тука сакам и да се заблагодарам на претходните структури на Унијата на млади сили, кои своевремено беа искрата, пламенот и партнер во тогашните борби на младите. Тие ни оставија аманет да се бориме, да не се конформираме, да ја продолжиме борбата и стремежот за подобра Македонија. Имаме енергија да ја вратиме надежта кај секој еден млад човек дека во Македонија заедно ќе создадеме подобра иднина. Немаме ние од што да се срамиме, нема ние од што да се колебаме, вистината е на наша страна и затоа ќе успееме во оваа наша борба! НЕМА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕМЕ! НЕМА ДА ОТСТАПИМЕ! ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ!

Да живее УМС на ВМРО-ДПМНЕ!  Да живее Република Македонија!

https://www.youtube.com/watch?v=TRaxVl5HLz4

The post Попов: Имаме енергија да ја вратиме надежта кај секој еден млад човек дека во Македонија заедно ќе создадеме подобра иднина appeared first on Република.

Нема помирување додека Ковачевски не се извини за Ченто, Пирузе, Апостолски, Шамбевски, Шишков, жртви на бугарскиот окупатор и комунистичкиот режим https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-pomiruvanje-dodeka-kovachevski-ne-se-izvini-za-chento-piruze-apostolski-shambevski-shishkov-zrtvi-na-bugarskiot-okupator-i-komunistichkiot-rezim/ Sun, 20 Nov 2022 14:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=576110

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред младите сили на ВМРО-ДПМНЕ ја отвори темата за Ванчо Михајлов и Бугарија.

Ја имаат мувата на капата поради предавствата и понижувачките решенија кои ги донесоа, па мора да се служат со лаги, подметнувања, додавања на работи кои не сум ги рекол на оваа тема за лажно да прикажат дека ВМРО-ДПМНЕ негува некаква врска со ликот чие име го носи и здружението кои тие дозволија да се отвори во Битола. Неспорен историски факт е дека Ванчо Михајлов бил во одреден историски контекст прв човек на Организацијата, исто како што е вистина дека никогаш не сум се согласувал, ниту сум ги оправдувал неговите ставови, неговиот метод на работа и неговите позиции во однос на многу суштествени теми. А историјата не е послужавник со кој можете да се почестите со работите што ви се допаѓаат, а да ги негирате тие што не ви се допаѓаат. Впрочем истово ова, истиот таков фалсификат на селектирање го прави и актуелна Бугарија. Организацијата ВМРО е континуитет и на најсветлите историски синови и ќерки пред чии имиња се поклонуваме и чии дела ги славиме. ВМРО е континуитет и на Груев, на Делчев, Татарчев, Петар Поп Арсов, Сандански, Карев, Узунов, Патчев, Сугарев и плејада други херои. И јас за разлика од власта имам кристални ставови и во однос на историските прашања, и во однос на тоа кои сме и што сме. Ваквата лажна кампања против мене треба да го сокрие хаосот кој го направија во државата поради проблемот со Бугарија, рече Мицкоски.

Тој додаде дека изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека ВМРО било блиско до бугарската политика се неточни.

Да беше така, многу брзо и многу лесно ќе се договоревме со Бугарија, но наспроти тоа ВМРО и јас како нејзин водач сме најкритикуваните во Бугарија, а Владата на СДСМ, Заев и Ковачевски се првите кои се договорија прифаќајќи сè што побара Софија. Дури од таму извори велат дека Ковачевски е подобар Бугарин од Заев. Барем овој претходникот глумел непопустливост и купувал неколку недели пред да стави параф на бугарскиот договор, а Ковачевски експресно без забелешки потпишувал сè што Бугарија ќе му даде на маса, и тамошната Влада и претседател викале сега му е мајката да добиеме 100 - 0. Досегашниве години власт тоа и го потврдуваат. Бугарите си имаат ас во нашата политика, тоа е Ковачевски, кој лажно ме обвинува дека стојам зад клубовите кои се отворија и се дозволија под негова власт и во негово време, рече Мицкоски и потсети дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе и закон за организации и здруженија за да се забранат токму овие здруженија и пропагирањето фашизам, кој власта, откако го поддржа, бара начин да се откаже од него.

Овие здруженија треба да се затворат и поради прашањето за реципроцитет бидејќи Софија го затвори македонскиот културен клуб. А кога бугарскиов ас Ковачевски ќе говори за историски пршања, неправди и злосторства, сакам да го слушне внимателно овој повик до него. Историјата има подеми и падови, срамни и храбри страни. Такво срамно петно стои токму зад неговата партија која се прикажа за наследник на комунистичкиот режим. Истиот тој режим, и еден дел од тој политички естаблишмент направи невиден прогон врз една цела плејада луѓе кои ја сочинуваа македонската интелигенција која беше ликвидирана.  Да слушне лично за судбината на Костадин Динката од Струмичко и неговиот брат Мите, едниот прогонет и убиен од бугарските окупатори, другиот од комунистичкиот режим. За ликвидацијата и голготите на Ченто, Петре Пирузе, Панко Брашнаров, Михајло Апостолски, Методија Шаторов Шарло, Благој Шамбевски, Ристо Шишков, Драган Богдановски и редица други македонски синови. Сиве овие беа прогонети само затоа што го сакаа својот народ, и сакаа независна Македонија. Нема да има помирување додека нема исправување на неправдата и извинување и затоа ги повикувам Ковачевски и СДСМ како наследник на овој режим да го осуди таквиот прогон и да се извини за илјадниците прогонети од режимот кој го ситнеше и убиваше стремежот за слободна и независна Македонија. Ова за нас е идеолошко прашање. Не оставајте такво црно и тешко братоубиствено петно да седи над вашите глави, порача Мицкоски.

The post Нема помирување додека Ковачевски не се извини за Ченто, Пирузе, Апостолски, Шамбевски, Шишков, жртви на бугарскиот окупатор и комунистичкиот режим appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред младите сили на ВМРО-ДПМНЕ ја отвори темата за Ванчо Михајлов и Бугарија.
Ја имаат мувата на капата поради предавствата и понижувачките решенија кои ги донесоа, па мора да се служат со лаги, подметнувања, додавања на работи кои не сум ги рекол на оваа тема за лажно да прикажат дека ВМРО-ДПМНЕ негува некаква врска со ликот чие име го носи и здружението кои тие дозволија да се отвори во Битола. Неспорен историски факт е дека Ванчо Михајлов бил во одреден историски контекст прв човек на Организацијата, исто како што е вистина дека никогаш не сум се согласувал, ниту сум ги оправдувал неговите ставови, неговиот метод на работа и неговите позиции во однос на многу суштествени теми. А историјата не е послужавник со кој можете да се почестите со работите што ви се допаѓаат, а да ги негирате тие што не ви се допаѓаат. Впрочем истово ова, истиот таков фалсификат на селектирање го прави и актуелна Бугарија. Организацијата ВМРО е континуитет и на најсветлите историски синови и ќерки пред чии имиња се поклонуваме и чии дела ги славиме. ВМРО е континуитет и на Груев, на Делчев, Татарчев, Петар Поп Арсов, Сандански, Карев, Узунов, Патчев, Сугарев и плејада други херои. И јас за разлика од власта имам кристални ставови и во однос на историските прашања, и во однос на тоа кои сме и што сме. Ваквата лажна кампања против мене треба да го сокрие хаосот кој го направија во државата поради проблемот со Бугарија, рече Мицкоски.
Тој додаде дека изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека ВМРО било блиско до бугарската политика се неточни.
Да беше така, многу брзо и многу лесно ќе се договоревме со Бугарија, но наспроти тоа ВМРО и јас како нејзин водач сме најкритикуваните во Бугарија, а Владата на СДСМ, Заев и Ковачевски се првите кои се договорија прифаќајќи сè што побара Софија. Дури од таму извори велат дека Ковачевски е подобар Бугарин од Заев. Барем овој претходникот глумел непопустливост и купувал неколку недели пред да стави параф на бугарскиот договор, а Ковачевски експресно без забелешки потпишувал сè што Бугарија ќе му даде на маса, и тамошната Влада и претседател викале сега му е мајката да добиеме 100 - 0. Досегашниве години власт тоа и го потврдуваат. Бугарите си имаат ас во нашата политика, тоа е Ковачевски, кој лажно ме обвинува дека стојам зад клубовите кои се отворија и се дозволија под негова власт и во негово време, рече Мицкоски и потсети дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе и закон за организации и здруженија за да се забранат токму овие здруженија и пропагирањето фашизам, кој власта, откако го поддржа, бара начин да се откаже од него. Овие здруженија треба да се затворат и поради прашањето за реципроцитет бидејќи Софија го затвори македонскиот културен клуб. А кога бугарскиов ас Ковачевски ќе говори за историски пршања, неправди и злосторства, сакам да го слушне внимателно овој повик до него. Историјата има подеми и падови, срамни и храбри страни. Такво срамно петно стои токму зад неговата партија која се прикажа за наследник на комунистичкиот режим. Истиот тој режим, и еден дел од тој политички естаблишмент направи невиден прогон врз една цела плејада луѓе кои ја сочинуваа македонската интелигенција која беше ликвидирана.  Да слушне лично за судбината на Костадин Динката од Струмичко и неговиот брат Мите, едниот прогонет и убиен од бугарските окупатори, другиот од комунистичкиот режим. За ликвидацијата и голготите на Ченто, Петре Пирузе, Панко Брашнаров, Михајло Апостолски, Методија Шаторов Шарло, Благој Шамбевски, Ристо Шишков, Драган Богдановски и редица други македонски синови. Сиве овие беа прогонети само затоа што го сакаа својот народ, и сакаа независна Македонија. Нема да има помирување додека нема исправување на неправдата и извинување и затоа ги повикувам Ковачевски и СДСМ како наследник на овој режим да го осуди таквиот прогон и да се извини за илјадниците прогонети од режимот кој го ситнеше и убиваше стремежот за слободна и независна Македонија. Ова за нас е идеолошко прашање. Не оставајте такво црно и тешко братоубиствено петно да седи над вашите глави, порача Мицкоски.

The post Нема помирување додека Ковачевски не се извини за Ченто, Пирузе, Апостолски, Шамбевски, Шишков, жртви на бугарскиот окупатор и комунистичкиот режим appeared first on Република.

]]>
Ригорозен закон за потекло на имот, плата по учинок, одземање на тајните имоти, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/rigorozen-zakon-za-poteklo-na-imot-plata-po-uchinok-odzemanje-na-tajnite-imoti-najavi-pretsedatelot-na-vmro-dpmne/ Sun, 20 Nov 2022 14:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=576098

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ја отвори Годишната конференција на УМС, пред младите во Македонската филхармнонија не изостави да зборува економската криза. Мицкоски потсети дека земјава е рекордер по инфлација и рекордер по индексот на мизерија.

Како да се платат сметките, шоковите со цените по продавниците, маките со бизнисите, и тешките деловни односи се работите што го мачат општеството. На сметка на ова, Владата зборува за висока политика, симнува ѕвезди од небото, вергла како на расипана лента исти фрази, исти зборови за некаква иднина што не доаѓа. Најголемиот оцрнувач на евроинтегративните процеси е Владата и најголемиот непријател на имиџот на прозападните партнери е токму Владата која во состојба на отсуство на реформи за кои треба часови и часови работа, ги супституира со понизност и лесна рака за потпишување на сè и сешто што ќе побараат од неа, нема апетит на држава околу нас кој не го задоволија на штета на нашите интереси, додека потоа имаат полна уста за ЕУ правејќи криминал и криејќи белосветски пробисвети кои се на црните листи на западните земји, рече Мицкоски.

Тој зборуваше за, како што ги нарече димните бомби кон опозицијата, кои се пуштаат да се одвлече вниманието од вистинските теми важни за народот. Тој рече дека поразувачки е што главниот протест на младите во во Македонија е за оброк кој владата им го зема од уста, додека младите во Берлин, Лондон, Париз протестираат за широки општествени теми, за повеќе права, повеќе слобода за своите врсници од Блискиот Исток или за повеќе развој и технологија.

Нашата влада им го одзема и онака сиромашниот оброк од јајце и зденка, додека младите врсници од Берлин, Лондон, Париз се борат за технолошки развој и иновации.

Зборуваше и за функционерите паразити кои  земаат илјадници евра плата, не работат ништо, а ги уживаат сите придобивки од државата и вети дека на паразитите и на тајните имоти мора да им дојде крајот.

Во првите месеци по преземањето на власта ќе донесеме нов закон за испитување на потеклото на имотите многу поригорозен од постојните решенија, како и усогласување на платите во зависност на сложеноста на работата, а не во зависност на позицијата на која се наоѓаат при водењето на институцијата. Плата по учинок. Тие што работат треба да бидат платени, а тие другите треба да знаат дека нема заработка без пот и заслуга. А оние тајни имоти нечесно стекнати во годините на криминал, истите ќе бидат одземени и вратени во буџетот, на народот.

The post Ригорозен закон за потекло на имот, плата по учинок, одземање на тајните имоти, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Мицкоски: Не ни требаат млади луѓе кои ќе глумат возрасни, туку млади луѓе што ќе ги понесат промените https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ne-ni-trebaat-mladi-lugje-koi-kje-glumat-vozrasni-tuku-mladi-lugje-shto-kje-gi-ponesat-promenite/ Sun, 20 Nov 2022 14:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=576094

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја одржува 31 Годишна конференција, годинава под насловена „Енергија, надеж, иднина“.

Настанот во Македонската филхармонија го отвори претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Тој рече дека му е особено чест, бидејќи и своите први чекори ги направил токму во оваа унија.

Тоа се првите наши чекори, првите допири со политиката, првата шанса да се учествува во процесите за менување на реалноста, првите обиди да го дадете вашиот влог кон татковината, првото вистинско запознавање на организацијата во која постои духот на столетната борба за Македонија. Со задоволство се раскажуваат битките за идеите, големата пожртвуваност и преданост кон делото кое кратко се опишува со буквите кои се посебен код за Македонецот и ги изговараме со особена почит и емоција - ВМРО. И ВМРО тогаш и ВМРО-ДПМНЕ денес не би било толку силно, ако го нема потенцијалот, силата на прогресот, идеите срочени во младите. И кога зборувам за Унијата на млади сили не мислам само на младите луѓе како индивидуи подготвени да разменуваат идеи и да реализираат свои креации и замисли, туку и како луѓето кои се идниот столб на партијата во чија најдлабока суштина е развојот на Македонија, иднината на нашата татковина, нашите животи, нашите семејства, емотивно започна Мицкоски.

УМС е и енергија, УМС е и надеж, и УМС мора да биде сигурна иднина.

Иднина за која ќе се избориме и иднина што ќе ја заслужиме. И немојте да живеете со помислата дека постои нешто како незаслужена победа. Таа мора да дојде со многу труд, со многу посветеност и низ еден процес за постојани битки и докажувања, на константен натпревар и вложување. И ќе бидете успешни само доколку бидете свои, ќе бидете носители на развојот само доколку влезете со целото срце и енергија за да го постигнете успехот што го посакувате. Нам не ни требаат луѓе што ќе климаат со главите и ќе го потврдуваат мислењето на соговорникот, туку кои ќе покажат пркос и аргументи, не дебата на голи фрази, туку решителност поткрепена на знаење и идеи. Таквото УМС утре може да ја движи Македонија, потенцира Мицкоски.

Тој рече дека младите ја имаат неговата поддршка во остварувањето на сонот кој треба да прерасне во реалност.

Сосема е извесно дека работите се прекршени и дека одговорноста за државата ќе ѝ припадне на ВМРО-ДПМНЕ и оваа нова генерација која мора да биде подобра од сите претходни во Македонија за да биде успешна.

Не е прашањето дали ќе падне оваа власт, туку кога ќе бидат изборите да се смени. И затоа тоа преземање на одговорност мора да биде одлучно и веднаш да се покажат резултати. Во средиштето на тие промени за подобра иднина се младите и вашата шанса доаѓа. Затоа што доста во оваа држава се зборува за младите, без да им се даде шанса, доста се прават планови за вас - без вас. И затоа е важно младите што помасовно да се вклучат во оваа политичка битка и лично да ги менуваат работите. Не преку други, не да се чека други да се изборат, туку вие со име и со чест да влезете и да се борите за работите што сакате да ги смените. Само така вашиот глас ќе биде погласен, само така промените ќе бидат посилни и само така ќе се избориме за иднината на Македонија. Да се биде млад не е само привилегија, туку и одговорност, неповторлива шанса која мора да ја зграпчите и да ја искористите. Дваесетина години од сега да им кажете на вашите поколенија – да, јас бев дел од генерацијата што ги донесе промените и ја заслужи победата. Само така ќе бидете сопственици на своите победи, заедничкиот успех и носители на времето за кое се борите. Нема поголема загуба од залудно потрошен талент, им порача Мицкоски на младите.

Тој се задржа и на развојот на Македонија од осамостојувањето до денес. Ја нарече апатичен и несигурен човек, пред кого биле големи планови, но го пресретнале големи земјотреси.

Ако независна Македонија овие 32 години беше човек, тој сигурно е човек обземен од апатија и несигурност. Деведесеттите години кога тој човек проодуваше, кога трагаше и мечтаеше за светот покрај него, кога очекуваше големи работи, се случуваа и големите земјотреси, транзицијата и приватизацијата, раскрчмувањето на капиталот, пропаѓањето на компаниите, зародишот на она што денес се вика олигархија, големите и црни денови за нашиот народ. Првата декада од независноста го разора сонот со кој се роди тој човек. Во втората декада дојде воениот конфликт, внесената несигурност и одземената доверба едни меѓу други. Следната декада помина во внесување на омраза, силна фрагментираност и поделеност на тоа општество. Процес на обезличување, деградирање на моралните вредности и една општа апатија како убиец и на најситниот атом кој сака да пружи отпор. Младиот човек кој на почетокот во деведесеттите години сонуваше, денес е изморен од чекање и се чувствува поразен. И не така млад, затоа што 32 години ги помина во живеење на некакви туѓи битки, исполнување на поинакви желби од колективните, исполнувајќи ја туѓата лична среќа, за сметка на заедничката. И затоа велам нема поголема загуба од залудно потрошениот талент. И затоа овие неколку години многу грчевито, многу бавно, но и многу сигурно ја создаваме искрата надеж, која почнува да се распламтува и да гори. Македонија е жива и ќе биде на нозе и да ја вратиме на патот по кој се остварува сонот. И тој пламен треба да биде силен оган на енергијата што ќе ги донесе промените кои ќе ја создадат новата иднина во која веруваме. Да нема повеќе луѓе со залудно истрошен талент, да нема нови млади луѓе што ќе ги разочараме, туку токму младите да се борат заедно со нас, рамо до рамо и заедно да го извојуваме вашиот сон. Кога веќе сите ние ја пропуштивме шансата да се изгради држава за која метчаевме, мојот сон е вашата иднина, вашите верувања и остварување на вашиот сон. Е за ова денес вреди нашата борба. За младите луѓе, заедничката среќа и вредностите во кои веруваме.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на претседателот на Унијата, Сегеј Попов, дека со неговата целосна поддршка, доверба и благодарност има аманет да ги предводи младите во менувањето на процесите за создавање иднина.

Бидете авангардата, промената што сакате да ја видете. Бидете бестрашни борци за идеалите за кои вреди да се борите. Нам не ни требаат млади луѓе што ќе глумат возрасни, туку млади луѓе што ќе ги носат процесите, баш онакви какви ги замислуваат. Ни треба движење кое ќе ги вклучи обесправените, вредните, понижените од оваа грда реалност, паметните млади умови, на едно место да се истури целиот креативен потенцијал кој ќе биде вложен за казуата за која се бориме. Македонија која нема да биде со забревтан здив, уморна од чекање, фрлена на колена и на маргините како денес, туку Македонија на нозе, со силни чекори напред, која подава рака на оние што вредат, која ќе е колевка на развојот, земја која ќе обезбедува иднина и ќе носи прогрес. Тоа време доаѓа. Тоа време еве го пред нас и за таа цел оваа влада мора да падне. И ќе падне, за да се исправи Македонија. Ќе падне за да оди Македонија напред. Ќе падне за да остане Македонија сочувана и нашиот сон и нашата иднина во неа.

The post Мицкоски: Не ни требаат млади луѓе кои ќе глумат возрасни, туку млади луѓе што ќе ги понесат промените appeared first on Република.

]]>

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја одржува 31 Годишна конференција, годинава под насловена „Енергија, надеж, иднина“. Настанот во Македонската филхармонија го отвори претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Тој рече дека му е особено чест, бидејќи и своите први чекори ги направил токму во оваа унија.
Тоа се првите наши чекори, првите допири со политиката, првата шанса да се учествува во процесите за менување на реалноста, првите обиди да го дадете вашиот влог кон татковината, првото вистинско запознавање на организацијата во која постои духот на столетната борба за Македонија. Со задоволство се раскажуваат битките за идеите, големата пожртвуваност и преданост кон делото кое кратко се опишува со буквите кои се посебен код за Македонецот и ги изговараме со особена почит и емоција - ВМРО. И ВМРО тогаш и ВМРО-ДПМНЕ денес не би било толку силно, ако го нема потенцијалот, силата на прогресот, идеите срочени во младите. И кога зборувам за Унијата на млади сили не мислам само на младите луѓе како индивидуи подготвени да разменуваат идеи и да реализираат свои креации и замисли, туку и како луѓето кои се идниот столб на партијата во чија најдлабока суштина е развојот на Македонија, иднината на нашата татковина, нашите животи, нашите семејства, емотивно започна Мицкоски.
УМС е и енергија, УМС е и надеж, и УМС мора да биде сигурна иднина.
Иднина за која ќе се избориме и иднина што ќе ја заслужиме. И немојте да живеете со помислата дека постои нешто како незаслужена победа. Таа мора да дојде со многу труд, со многу посветеност и низ еден процес за постојани битки и докажувања, на константен натпревар и вложување. И ќе бидете успешни само доколку бидете свои, ќе бидете носители на развојот само доколку влезете со целото срце и енергија за да го постигнете успехот што го посакувате. Нам не ни требаат луѓе што ќе климаат со главите и ќе го потврдуваат мислењето на соговорникот, туку кои ќе покажат пркос и аргументи, не дебата на голи фрази, туку решителност поткрепена на знаење и идеи. Таквото УМС утре може да ја движи Македонија, потенцира Мицкоски.
Тој рече дека младите ја имаат неговата поддршка во остварувањето на сонот кој треба да прерасне во реалност.
Сосема е извесно дека работите се прекршени и дека одговорноста за државата ќе ѝ припадне на ВМРО-ДПМНЕ и оваа нова генерација која мора да биде подобра од сите претходни во Македонија за да биде успешна. Не е прашањето дали ќе падне оваа власт, туку кога ќе бидат изборите да се смени. И затоа тоа преземање на одговорност мора да биде одлучно и веднаш да се покажат резултати. Во средиштето на тие промени за подобра иднина се младите и вашата шанса доаѓа. Затоа што доста во оваа држава се зборува за младите, без да им се даде шанса, доста се прават планови за вас - без вас. И затоа е важно младите што помасовно да се вклучат во оваа политичка битка и лично да ги менуваат работите. Не преку други, не да се чека други да се изборат, туку вие со име и со чест да влезете и да се борите за работите што сакате да ги смените. Само така вашиот глас ќе биде погласен, само така промените ќе бидат посилни и само така ќе се избориме за иднината на Македонија. Да се биде млад не е само привилегија, туку и одговорност, неповторлива шанса која мора да ја зграпчите и да ја искористите. Дваесетина години од сега да им кажете на вашите поколенија – да, јас бев дел од генерацијата што ги донесе промените и ја заслужи победата. Само така ќе бидете сопственици на своите победи, заедничкиот успех и носители на времето за кое се борите. Нема поголема загуба од залудно потрошен талент, им порача Мицкоски на младите.
Тој се задржа и на развојот на Македонија од осамостојувањето до денес. Ја нарече апатичен и несигурен човек, пред кого биле големи планови, но го пресретнале големи земјотреси.
Ако независна Македонија овие 32 години беше човек, тој сигурно е човек обземен од апатија и несигурност. Деведесеттите години кога тој човек проодуваше, кога трагаше и мечтаеше за светот покрај него, кога очекуваше големи работи, се случуваа и големите земјотреси, транзицијата и приватизацијата, раскрчмувањето на капиталот, пропаѓањето на компаниите, зародишот на она што денес се вика олигархија, големите и црни денови за нашиот народ. Првата декада од независноста го разора сонот со кој се роди тој човек. Во втората декада дојде воениот конфликт, внесената несигурност и одземената доверба едни меѓу други. Следната декада помина во внесување на омраза, силна фрагментираност и поделеност на тоа општество. Процес на обезличување, деградирање на моралните вредности и една општа апатија како убиец и на најситниот атом кој сака да пружи отпор. Младиот човек кој на почетокот во деведесеттите години сонуваше, денес е изморен од чекање и се чувствува поразен. И не така млад, затоа што 32 години ги помина во живеење на некакви туѓи битки, исполнување на поинакви желби од колективните, исполнувајќи ја туѓата лична среќа, за сметка на заедничката. И затоа велам нема поголема загуба од залудно потрошениот талент. И затоа овие неколку години многу грчевито, многу бавно, но и многу сигурно ја создаваме искрата надеж, која почнува да се распламтува и да гори. Македонија е жива и ќе биде на нозе и да ја вратиме на патот по кој се остварува сонот. И тој пламен треба да биде силен оган на енергијата што ќе ги донесе промените кои ќе ја создадат новата иднина во која веруваме. Да нема повеќе луѓе со залудно истрошен талент, да нема нови млади луѓе што ќе ги разочараме, туку токму младите да се борат заедно со нас, рамо до рамо и заедно да го извојуваме вашиот сон. Кога веќе сите ние ја пропуштивме шансата да се изгради држава за која метчаевме, мојот сон е вашата иднина, вашите верувања и остварување на вашиот сон. Е за ова денес вреди нашата борба. За младите луѓе, заедничката среќа и вредностите во кои веруваме.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на претседателот на Унијата, Сегеј Попов, дека со неговата целосна поддршка, доверба и благодарност има аманет да ги предводи младите во менувањето на процесите за создавање иднина.
Бидете авангардата, промената што сакате да ја видете. Бидете бестрашни борци за идеалите за кои вреди да се борите. Нам не ни требаат млади луѓе што ќе глумат возрасни, туку млади луѓе што ќе ги носат процесите, баш онакви какви ги замислуваат. Ни треба движење кое ќе ги вклучи обесправените, вредните, понижените од оваа грда реалност, паметните млади умови, на едно место да се истури целиот креативен потенцијал кој ќе биде вложен за казуата за која се бориме. Македонија која нема да биде со забревтан здив, уморна од чекање, фрлена на колена и на маргините како денес, туку Македонија на нозе, со силни чекори напред, која подава рака на оние што вредат, која ќе е колевка на развојот, земја која ќе обезбедува иднина и ќе носи прогрес. Тоа време доаѓа. Тоа време еве го пред нас и за таа цел оваа влада мора да падне. И ќе падне, за да се исправи Македонија. Ќе падне за да оди Македонија напред. Ќе падне за да остане Македонија сочувана и нашиот сон и нашата иднина во неа.

The post Мицкоски: Не ни требаат млади луѓе кои ќе глумат возрасни, туку млади луѓе што ќе ги понесат промените appeared first on Република.

]]>
„Енергија, надеж, иднина“: Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/energija-nadez-idnina-godishna-konferencija-na-ums-na-vmro-dpmne/ Sun, 20 Nov 2022 12:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=576086

Денес со почеток од 14:00 часот во Македонска филхармонија, ќе се одржи 31-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Енергија, надеж, иднина“.

Свое обраќање на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Сергеј Попов, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот ќе биде пренесуван во живо, а линкот дополнително ќе го објавиме.

The post „Енергија, надеж, иднина“: Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Денес со почеток од 14:00 часот во Македонска филхармонија, ќе се одржи 31-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Енергија, надеж, иднина“. Свое обраќање на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Сергеј Попов, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Настанот ќе биде пренесуван во живо, а линкот дополнително ќе го објавиме.

The post „Енергија, надеж, иднина“: Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
УМС „свечено“ го пречека Ковачевски во Прилеп: Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? НЕ! https://republika.mk/vesti/makedonija/ums-svecheno-go-precheka-kovachevski-vo-prilep-dali-tache-ova-kje-go-prenese-na-vecherashnata-partiska-tribina-ne/ Fri, 28 Oct 2022 20:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=567003

Го повикуваме Димитар Ковачевски да излезе настрана од партиските собири и да се соочи со македонскиот народ!, повикаа од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, каде на партиска трибина вечерва е лидерот на СДСМ и премиер.

Поскапена струја ✅

Поскапена нафта ✅
Бугаризација ✅
Учебници ❌
Патишта ❌
Идентитет ❌
Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? Не, затоа ние се погриживме тоа да им го пренесеме на нашите граѓани!

The post УМС „свечено“ го пречека Ковачевски во Прилеп: Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? НЕ! appeared first on Република.

]]>

Го повикуваме Димитар Ковачевски да излезе настрана од партиските собири и да се соочи со македонскиот народ!, повикаа од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, каде на партиска трибина вечерва е лидерот на СДСМ и премиер.
Поскапена струја ✅ Поскапена нафта ✅ Бугаризација ✅ Учебници ❌ Патишта ❌ Идентитет ❌ Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? Не, затоа ние се погриживме тоа да им го пренесеме на нашите граѓани!

The post УМС „свечено“ го пречека Ковачевски во Прилеп: Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? НЕ! appeared first on Република.

]]>
Двајца членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ добија високи функции во најголемата студентска организација во Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/dvajca-chlenovi-na-ums-na-vmro-dpmne-dobija-visoki-funkcii-vo-najgolemata-studentska-organizacija-vo-evropa/ Thu, 04 Aug 2022 09:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=536651

Двајца членови на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ се назначени на високи функции во најголемата студентска организација во Европа, European Democrat Students.

Се работи за Тодор Конески кој е назначен за Копретседател на работната група за Економија и Трговија и Дамјан Коњановски кој ќе биде главен и одговорен урдник на BullsEYE, официјалното списание на ЕДС.

The post Двајца членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ добија високи функции во најголемата студентска организација во Европа appeared first on Република.

]]>

Двајца членови на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ се назначени на високи функции во најголемата студентска организација во Европа, European Democrat Students. Се работи за Тодор Конески кој е назначен за Копретседател на работната група за Економија и Трговија и Дамјан Коњановски кој ќе биде главен и одговорен урдник на BullsEYE, официјалното списание на ЕДС.  

The post Двајца членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ добија високи функции во најголемата студентска организација во Европа appeared first on Република.

]]>