украинско жито Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrainsko-zhito/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Sep 2023 09:23:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украинско жито Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrainsko-zhito/ 32 32 Вториот товарен брод со украинско жито пристигна во Истанбул https://republika.mk/vesti/svet/vtoriot-tovaren-brod-so-ukrainsko-zhito-pristigna-vo-istanbul/ Sun, 24 Sep 2023 09:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=684614

Вториот товарен брод со украинско жито пристигнал денеска во Истанбул преку Црното Море, се наведува на веб страниците кои го следат поморскиот сообраќај.

Бродот „Аројат“ кој плови под знамето на Палау тргна во петокот од Черноморска кај Одеса.

Тоа е вториот брод што помина низ поморски коридор. Од страна на Киев беше воспоставен коридор долж западниот брег на Црното Море.

Според веб-страниците кои го следат поморскиот сообраќај, бродот „Аројат“ со 17.600 тони украинско жито, наменет за Египет, бил на јужниот излез од Босфор во Мраморното Море во 3 часот утринава. Бродот треба да се упати кон Дарданелите и понатаму кон Медитеранот.

The post Вториот товарен брод со украинско жито пристигна во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Вториот товарен брод со украинско жито пристигнал денеска во Истанбул преку Црното Море, се наведува на веб страниците кои го следат поморскиот сообраќај. Бродот „Аројат“ кој плови под знамето на Палау тргна во петокот од Черноморска кај Одеса. Тоа е вториот брод што помина низ поморски коридор. Од страна на Киев беше воспоставен коридор долж западниот брег на Црното Море. Според веб-страниците кои го следат поморскиот сообраќај, бродот „Аројат“ со 17.600 тони украинско жито, наменет за Египет, бил на јужниот излез од Босфор во Мраморното Море во 3 часот утринава. Бродот треба да се упати кон Дарданелите и понатаму кон Медитеранот.

The post Вториот товарен брод со украинско жито пристигна во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Унгарија планира да забрани увоз на украинско жито https://republika.mk/vesti/svet/ungarija-planira-da-zabrani-uvoz-na-ukrainsko-zhito/ Sun, 27 Aug 2023 17:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=676428

Унгарија планира од 16 септември да го забрани увозот на украинско жито со цел да ги заштити своите земјоделци.

Доколку Европската Унија не ја продолжи забраната за увоз на украинско жито во Европа пред истекот на мерката на 15 септември, Унгарија ќе забрани 24 производи врз кои првично влијаеја мерката на ЕУ, место четирите што во моментов се забранети, изјави унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наѓ.

Пет членки на ЕУ од Централна Европа, побараа од Брисел да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито по 15 септември.

Полска, Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка бараат забраната за четири украински производи: брашно, пченка, семе од репка и семки од сончоглед, да остане и по истекот на рокот, а тие да можат транзитно да се извезуваат низ овие земји.

The post Унгарија планира да забрани увоз на украинско жито appeared first on Република.

]]>

Унгарија планира од 16 септември да го забрани увозот на украинско жито со цел да ги заштити своите земјоделци.
Доколку Европската Унија не ја продолжи забраната за увоз на украинско жито во Европа пред истекот на мерката на 15 септември, Унгарија ќе забрани 24 производи врз кои првично влијаеја мерката на ЕУ, место четирите што во моментов се забранети, изјави унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наѓ.
Пет членки на ЕУ од Централна Европа, побараа од Брисел да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито по 15 септември. Полска, Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка бараат забраната за четири украински производи: брашно, пченка, семе од репка и семки од сончоглед, да остане и по истекот на рокот, а тие да можат транзитно да се извезуваат низ овие земји.

The post Унгарија планира да забрани увоз на украинско жито appeared first on Република.

]]>
Романски активисти протестираа во Брисел поради дискриминација на Романците во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/romanski-aktivisti-protestiraa-vo-brisel-poradi-diskriminatsija-na-romantsite-vo-eu/ Fri, 05 May 2023 20:51:08 +0000 https://republika.mk/?p=637482

Пред седиштето на Европската комисија во Брисел, романски активисти одржаа протест, обвинувајќи го раководството на ЕУ за дискриминација на земјата. Организатор на протестот беше лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион.

Демонстрантите бараа зголемување на обесштетувањето на романските земјоделци кои трпат загуби поради увозот на украинско жито, како и вклучување на земјата во Шенген зоната.

Демонстрантите маршираа низ улиците на белгискиот главен град со романски знамиња и транспаренти, кои содржеа натписи кои го критикуваат раководството на Европската Унија.

Обидите на властите да ги задоволат интересите на земјоделците досега не беа успешни. Поради тоа, романските земјоделци најавија дека ќе одржат нова протестна акција на 6 мај во близина на зградата на парламентот во Букурешт.

The post Романски активисти протестираа во Брисел поради дискриминација на Романците во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Пред седиштето на Европската комисија во Брисел, романски активисти одржаа протест, обвинувајќи го раководството на ЕУ за дискриминација на земјата. Организатор на протестот беше лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион. Демонстрантите бараа зголемување на обесштетувањето на романските земјоделци кои трпат загуби поради увозот на украинско жито, како и вклучување на земјата во Шенген зоната. Демонстрантите маршираа низ улиците на белгискиот главен град со романски знамиња и транспаренти, кои содржеа натписи кои го критикуваат раководството на Европската Унија. Обидите на властите да ги задоволат интересите на земјоделците досега не беа успешни. Поради тоа, романските земјоделци најавија дека ќе одржат нова протестна акција на 6 мај во близина на зградата на парламентот во Букурешт.

The post Романски активисти протестираа во Брисел поради дискриминација на Романците во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен ги критикува земјите што го ограничуваат украинското жито: Од едностраните мерки имаат корист противниците на Украина https://republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-gi-kritikuva-zemjite-shto-go-ogranichuvaat-ukrainskoto-zhito-od-ednostranite-merki-imaat-korist-protivnitsite-na-ukraina/ Wed, 19 Apr 2023 18:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=632224

Проблемите на земјоделците во земјите кои граничат со Украина поради увозот на евтини украински житарки можат да се решат само со заеднички, европски пристап, бидејќи од едностраните мерки имаат корист само украинските противници, се вели во писмото на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен до лидерите од петте земји-членки.

Со оглед на нашиот единствен пазар и нашата царинска унија, потребен е заеднички европски пристап за решавање на овие проблеми кои се резултат на различни фактори. Едностраните мерки можат само да имаат корист за противниците на Украина и не треба да ја поткопаат нашата непоколеблива поддршка за Украина“, стои во одговорот на претседателот на Комисијата на писмото што претходно и го испратија лидерите на Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија.

По рускиот воена операција во Украина, во мај минатата година Европската Унија ги суспендираше царинските давачки за сите стоки увезени од Украина на една година. Поради руската блокада на црноморските пристаништа, ЕУ на граничните премини со Украина организираше т.н „солидарни ленти“ за побрз премин на украинските житарки кон трети земји. Но, добар дел од тие житарки завршија во магацините на земјите-членки на ЕУ, кои се соседи на Украина, што доведе до пад на цените и незадоволство на нивните земјоделци.

Полска, која има парламентарни избори наесен и каде владејачката коалиција во голема мера зависи од поддршката на населението во руралните области, прва воведе забрана за увоз на украинско жито.

Од Европската комисија посочуваат дека голем проблем за транзитот на украинските земјоделски производи во трети земји се логистичките трошоци кои се искачуваат и до 40 отсто од вредноста на стоката.

Фон дер Лајен во средата најави дека подготвува дополнителен пакет од 100 милиони евра за помош на земјоделците во тие земји. Минатиот месец Комисијата додели 56,3 милиони евра на земјоделците во тие земји.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-privremeno-zabrani-uvoz-na-ukrainska-hrana/

The post Фон дер Лајен ги критикува земјите што го ограничуваат украинското жито: Од едностраните мерки имаат корист противниците на Украина appeared first on Република.

]]>

Проблемите на земјоделците во земјите кои граничат со Украина поради увозот на евтини украински житарки можат да се решат само со заеднички, европски пристап, бидејќи од едностраните мерки имаат корист само украинските противници, се вели во писмото на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен до лидерите од петте земји-членки.
Со оглед на нашиот единствен пазар и нашата царинска унија, потребен е заеднички европски пристап за решавање на овие проблеми кои се резултат на различни фактори. Едностраните мерки можат само да имаат корист за противниците на Украина и не треба да ја поткопаат нашата непоколеблива поддршка за Украина“, стои во одговорот на претседателот на Комисијата на писмото што претходно и го испратија лидерите на Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија.
По рускиот воена операција во Украина, во мај минатата година Европската Унија ги суспендираше царинските давачки за сите стоки увезени од Украина на една година. Поради руската блокада на црноморските пристаништа, ЕУ на граничните премини со Украина организираше т.н „солидарни ленти“ за побрз премин на украинските житарки кон трети земји. Но, добар дел од тие житарки завршија во магацините на земјите-членки на ЕУ, кои се соседи на Украина, што доведе до пад на цените и незадоволство на нивните земјоделци. Полска, која има парламентарни избори наесен и каде владејачката коалиција во голема мера зависи од поддршката на населението во руралните области, прва воведе забрана за увоз на украинско жито. Од Европската комисија посочуваат дека голем проблем за транзитот на украинските земјоделски производи во трети земји се логистичките трошоци кои се искачуваат и до 40 отсто од вредноста на стоката. Фон дер Лајен во средата најави дека подготвува дополнителен пакет од 100 милиони евра за помош на земјоделците во тие земји. Минатиот месец Комисијата додели 56,3 милиони евра на земјоделците во тие земји. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-privremeno-zabrani-uvoz-na-ukrainska-hrana/

The post Фон дер Лајен ги критикува земјите што го ограничуваат украинското жито: Од едностраните мерки имаат корист противниците на Украина appeared first on Република.

]]>
Полска и Украина ги продолжуваат преговорите за продолжување на коридорот за жито https://republika.mk/vesti/svet/polska-i-ukraina-gi-prodolzhuvaat-pregovorite-za-prodolzhuvane-na-koridorot-za-zhito/ Tue, 18 Apr 2023 09:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=631679

Двете земји вчера разговараа за забраните од земјите од Централна Источна Европа кои сакаат да ги заштитат своите земјоделци од влијанието на приливот на поевтино украинско жито.

Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина, а големи количини украински житарици останаа задржани во Централна Европа поради логистичките тесни грла.

„Разговаравме вчера, тоа беа долги разговори. Денеска, исто така ќе разговараме.Тоа се типични технички разговори за да се најде решение и тој транзит да оди кон Европа“, рече полскиот министер./МИА

The post Полска и Украина ги продолжуваат преговорите за продолжување на коридорот за жито appeared first on Република.

]]>

Двете земји вчера разговараа за забраните од земјите од Централна Источна Европа кои сакаат да ги заштитат своите земјоделци од влијанието на приливот на поевтино украинско жито. Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина, а големи количини украински житарици останаа задржани во Централна Европа поради логистичките тесни грла. „Разговаравме вчера, тоа беа долги разговори. Денеска, исто така ќе разговараме.Тоа се типични технички разговори за да се најде решение и тој транзит да оди кон Европа“, рече полскиот министер./МИА

The post Полска и Украина ги продолжуваат преговорите за продолжување на коридорот за жито appeared first on Република.

]]>
Во Варшава преговори за транзит на украинска храна преку Полска https://republika.mk/vesti/svet/vo-varshava-pregovori-za-tranzit-na-ukrainska-hrana-preku-polska/ Mon, 17 Apr 2023 11:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=631436

Украинскиот министер за земјоделство Микола Солски денеска најави преговори во Варшава, за Полска да дозволи транзит на храна и жито преку нејзина територија.

Барањето уследи откако Полска и Унгарија забранија увоз на жито и други земјоделски производи, со цел да го заштитат националниот земјоделски сектор. Варшава забрани и транзит за украинското жито и други прехранбени производи.

Солски најави дека за украинското жито ќе се разговра со Романија на 19 април, а следниот ден со Словачка.

- Сметаме дека првиот чекор треба да биде отворањето на транзит, бидејќи тоа е многу важно и тоа треба да се направи безусловно, а потоа ќе разговараме за други работи, истакна Солски.

ЕК вчера ги оцени како неприфатливи едностраните акции Полска и Унгарија, за забрана за увоз на украинско жито, потенцирајќи дека трговската политика е исклучиво во надлежност на Европска Унија.

- Свесни сме за мерките што ги објавија Полска и Унгарија за забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина. Во овој контекст, важно е да се нагласи дека трговската политика е исклучива надлежност на ЕУ и затоа едностраните дејствија се неприфатливи, изјави портпаролот на ЕК.

Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина минатата година, а големи количини украинско жито, поевтино од она што се произведува во ЕУ, завршија во земјите од Централна Европа поради логистичките „тесни грла“. Ова се одрази на цените и продажбата на локалните земјоделци.

Украина најголем дел од своите земјоделски производи, особено жито, ги извезува преку нејзините пристаништа на Црното Море, кои беа деблокирани во јули минатата година со договор меѓу Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.

The post Во Варшава преговори за транзит на украинска храна преку Полска appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за земјоделство Микола Солски денеска најави преговори во Варшава, за Полска да дозволи транзит на храна и жито преку нејзина територија. Барањето уследи откако Полска и Унгарија забранија увоз на жито и други земјоделски производи, со цел да го заштитат националниот земјоделски сектор. Варшава забрани и транзит за украинското жито и други прехранбени производи. Солски најави дека за украинското жито ќе се разговра со Романија на 19 април, а следниот ден со Словачка.
- Сметаме дека првиот чекор треба да биде отворањето на транзит, бидејќи тоа е многу важно и тоа треба да се направи безусловно, а потоа ќе разговараме за други работи, истакна Солски.
ЕК вчера ги оцени како неприфатливи едностраните акции Полска и Унгарија, за забрана за увоз на украинско жито, потенцирајќи дека трговската политика е исклучиво во надлежност на Европска Унија.
- Свесни сме за мерките што ги објавија Полска и Унгарија за забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина. Во овој контекст, важно е да се нагласи дека трговската политика е исклучива надлежност на ЕУ и затоа едностраните дејствија се неприфатливи, изјави портпаролот на ЕК.
Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина минатата година, а големи количини украинско жито, поевтино од она што се произведува во ЕУ, завршија во земјите од Централна Европа поради логистичките „тесни грла“. Ова се одрази на цените и продажбата на локалните земјоделци. Украина најголем дел од своите земјоделски производи, особено жито, ги извезува преку нејзините пристаништа на Црното Море, кои беа деблокирани во јули минатата година со договор меѓу Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.

The post Во Варшава преговори за транзит на украинска храна преку Полска appeared first on Република.

]]>
И Словачка привремено го запира увозот на жито и прехранбени производи од Украина https://republika.mk/vesti/svet/i-slovachka-privremeno-go-zapira-uvozot-na-zhito-i-prehranbeni-proizvodi-od-ukraina/ Mon, 17 Apr 2023 11:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=631415

Словачка привремено го стопира увозот на жито и други прехранбени производи од Украина, соопшти денеска Владата во Братислава.

Одлуката уследи откако изминатите дена Полска и Унгарија забранија увоз на жито и други земјоделски производи, со цел да го заштитат националниот земјоделски сектор. Варшава забрани и транзит за украинското жито и други прехранбени производи.

Украинскиот министер за земјоделство Микола Солски денеска најави преговори во Варшава, за Полска да дозволи транзит на храна и жито преку нејзина територија. Тој, исто така, најави и разговор со Романија на 19 април, а следниот ден со Словачка.

ЕК вчера ги оцени како неприфатливи едностраните акции Полска и Унгарија, за забрана за увоз на украинско жито, потенцирајќи дека трговската политика е исклучиво во надлежност на Европска Унија.

- Свесни сме за мерките што ги објавија Полска и Унгарија за забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина. Во овој контекст, важно е да се нагласи дека трговската политика е исклучива надлежност на ЕУ и затоа едностраните дејствија се неприфатливи, изјави портпаролот на ЕК.

Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина минатата година, а големи количини украинско жито, поевтино од она што се произведува во ЕУ, завршија во земјите од Централна Европа поради логистичките „тесни грла“. Ова се одрази на цените и продажбата на локалните земјоделци.

Украина најголем дел од своите земјоделски производи, особено жито, ги извезува преку нејзините пристаништа на Црното Море, кои беа деблокирани во јули минатата година со договор меѓу Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.

The post И Словачка привремено го запира увозот на жито и прехранбени производи од Украина appeared first on Република.

]]>

Словачка привремено го стопира увозот на жито и други прехранбени производи од Украина, соопшти денеска Владата во Братислава. Одлуката уследи откако изминатите дена Полска и Унгарија забранија увоз на жито и други земјоделски производи, со цел да го заштитат националниот земјоделски сектор. Варшава забрани и транзит за украинското жито и други прехранбени производи. Украинскиот министер за земјоделство Микола Солски денеска најави преговори во Варшава, за Полска да дозволи транзит на храна и жито преку нејзина територија. Тој, исто така, најави и разговор со Романија на 19 април, а следниот ден со Словачка. ЕК вчера ги оцени како неприфатливи едностраните акции Полска и Унгарија, за забрана за увоз на украинско жито, потенцирајќи дека трговската политика е исклучиво во надлежност на Европска Унија. - Свесни сме за мерките што ги објавија Полска и Унгарија за забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина. Во овој контекст, важно е да се нагласи дека трговската политика е исклучива надлежност на ЕУ и затоа едностраните дејствија се неприфатливи, изјави портпаролот на ЕК. Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина минатата година, а големи количини украинско жито, поевтино од она што се произведува во ЕУ, завршија во земјите од Централна Европа поради логистичките „тесни грла“. Ова се одрази на цените и продажбата на локалните земјоделци. Украина најголем дел од своите земјоделски производи, особено жито, ги извезува преку нејзините пристаништа на Црното Море, кои беа деблокирани во јули минатата година со договор меѓу Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.

The post И Словачка привремено го запира увозот на жито и прехранбени производи од Украина appeared first on Република.

]]>
Полска забрани увоз на украинско жито https://republika.mk/vesti/svet/polska-zabrani-uvoz-na-ukrainsko-zhito/ Sat, 15 Apr 2023 16:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=631079

Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор.

Големи количества украински жито, што е поевтино од тоа што е произведено во Европска Унија, заврши во Полска и други централноевропски земји, што доведе до намалување на цената и ја погоди продажбата на локалните земјоделци.

Тоа создаде политички проблем за владејачката партија Право и правда во изборната година.

- Ние сме и остануваме непроменети пријатели и сојузници на Украина. Ќе ја поддржиме и ја поддржуваме … Но, должност на секоја држава, на секоја власт, добра власт е во секој случај е да ги заштити интересите на своите граѓани, изјави лидерот на Право и правда, Јарослав Качински.

Тој додаде дека Киев е информиран за одлуката, како и оти Полска е подготвена да започне преговори со Украина за решавање на проблемот со житото.

The post Полска забрани увоз на украинско жито appeared first on Република.

]]>

Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор. Големи количества украински жито, што е поевтино од тоа што е произведено во Европска Унија, заврши во Полска и други централноевропски земји, што доведе до намалување на цената и ја погоди продажбата на локалните земјоделци. Тоа создаде политички проблем за владејачката партија Право и правда во изборната година. - Ние сме и остануваме непроменети пријатели и сојузници на Украина. Ќе ја поддржиме и ја поддржуваме … Но, должност на секоја држава, на секоја власт, добра власт е во секој случај е да ги заштити интересите на своите граѓани, изјави лидерот на Право и правда, Јарослав Качински. Тој додаде дека Киев е информиран за одлуката, како и оти Полска е подготвена да започне преговори со Украина за решавање на проблемот со житото.

The post Полска забрани увоз на украинско жито appeared first on Република.

]]>
Полска го суспендира увозот на украинско жито најмалку до јули https://republika.mk/vesti/svet/polska-go-suspendira-uvozot-na-ukrainsko-zhito-najmalku-do-juli/ Sun, 09 Apr 2023 15:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=629083

Украинското жито ќе има дозвола само за транзит низ Полска „најмалку до јули“, изјави денеска полскиот заменик министер за земјоделство, Јануш Ковалски.

Украинско-полскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во Полска поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска, рече Ковалски.

Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна, рече тој.

Полските земјоделци протестираа против големиот прилив на украинско жито бидејќи го сметаат за закана за нивниот домашен пазар, објави „Киев Индипендент“.

Евтиното украинско жито го преплави пазарот на ЕУ од почетокот на рускиот напад, а со помош на ЕУ се избегнати царините и увозните квоти со цел украинскиот земјоделски сектор да се одржи функционален.

Ниските цени на житото беа примамливи за локалните купувачи и трговци, оставајќи ги настрана локалните производители. Несогласувањето меѓу двете земји беше решено за време на посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски на Полска на 5 април.

Разговаравме за прашања кои се однесуваат на полските и украинските фармери. Најдовме решение, рече тогаш Зеленски.

 

The post Полска го суспендира увозот на украинско жито најмалку до јули appeared first on Република.

]]>

Украинското жито ќе има дозвола само за транзит низ Полска „најмалку до јули“, изјави денеска полскиот заменик министер за земјоделство, Јануш Ковалски. Украинско-полскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во Полска поради големиот прилив на евтино украинско жито во Полска, рече Ковалски.
Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители и на тој начин да предизвикаат криза со храна, рече тој.
Полските земјоделци протестираа против големиот прилив на украинско жито бидејќи го сметаат за закана за нивниот домашен пазар, објави „Киев Индипендент“. Евтиното украинско жито го преплави пазарот на ЕУ од почетокот на рускиот напад, а со помош на ЕУ се избегнати царините и увозните квоти со цел украинскиот земјоделски сектор да се одржи функционален. Ниските цени на житото беа примамливи за локалните купувачи и трговци, оставајќи ги настрана локалните производители. Несогласувањето меѓу двете земји беше решено за време на посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски на Полска на 5 април.
Разговаравме за прашања кои се однесуваат на полските и украинските фармери. Најдовме решение, рече тогаш Зеленски.
 

The post Полска го суспендира увозот на украинско жито најмалку до јули appeared first on Република.

]]>
Полскиот министер за земјоделство поднесе оставка по скандалот со украинското жито https://republika.mk/vesti/svet/polskiot-minister-za-zemjodelstvo-podnese-ostavka-po-skandalot-so-ukrainskoto-zhito/ Thu, 06 Apr 2023 07:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=627759

Полскиот вицепремиер и министер за земјоделство Хенрик Ковалчик денеска поднесе оставка во екот на скандалот околу украинското жито, кое наместо во Африка главно заврши во Полска и на пазарите на Европската унија.

Јас поднесов оставка од функцијата министер за земјоделство и рурален развој кога видов дека Европската комисија (ЕК) нема да го исполни основното барање на полските земјоделци. Наместо тоа, ЕК објави предлог за продолжување на бесцаринскиот увоз на жито од Украина за следната година, а ќе стапи на сила во јуни годинава“, образложи Ковалчик на прес-конференција зошто поднесува оставка.

Тој ќе остане на функцијата вицепремиер, а нов министер за земјоделство треба да стане шефот на Комитетот за земјоделство и рурален развој во Сејмот на полскиот Парламент, Роберт Телус.

На крајот на март, Ковалчик потпиша договор од 11 точки со претставници на земјоделците, кои организираа протести низ цела Полска поради украинските житарки и се заканија дека ќе ја окупираат зградата на министерството, од кои првата точка беше враќање на царинските давачки кои беа укинати од хуманитарни причини.

Пред да поднесе оставка, Ковалчик вети дека полската влада ќе одвои нешто повеќе од две милијарди евра за покривање на загубите на полските земјоделци поради дестабилизацијата на пазарот предизвикана од украинските житарки.

The post Полскиот министер за земјоделство поднесе оставка по скандалот со украинското жито appeared first on Република.

]]>

Полскиот вицепремиер и министер за земјоделство Хенрик Ковалчик денеска поднесе оставка во екот на скандалот околу украинското жито, кое наместо во Африка главно заврши во Полска и на пазарите на Европската унија.
Јас поднесов оставка од функцијата министер за земјоделство и рурален развој кога видов дека Европската комисија (ЕК) нема да го исполни основното барање на полските земјоделци. Наместо тоа, ЕК објави предлог за продолжување на бесцаринскиот увоз на жито од Украина за следната година, а ќе стапи на сила во јуни годинава“, образложи Ковалчик на прес-конференција зошто поднесува оставка.
Тој ќе остане на функцијата вицепремиер, а нов министер за земјоделство треба да стане шефот на Комитетот за земјоделство и рурален развој во Сејмот на полскиот Парламент, Роберт Телус. На крајот на март, Ковалчик потпиша договор од 11 точки со претставници на земјоделците, кои организираа протести низ цела Полска поради украинските житарки и се заканија дека ќе ја окупираат зградата на министерството, од кои првата точка беше враќање на царинските давачки кои беа укинати од хуманитарни причини. Пред да поднесе оставка, Ковалчик вети дека полската влада ќе одвои нешто повеќе од две милијарди евра за покривање на загубите на полските земјоделци поради дестабилизацијата на пазарот предизвикана од украинските житарки.

The post Полскиот министер за земјоделство поднесе оставка по скандалот со украинското жито appeared first on Република.

]]>
Полска бара враќање на царината за украинското жито https://republika.mk/vesti/svet/polska-bara-vrakane-na-tsarinata-za-ukrainskoto-zhito/ Thu, 30 Mar 2023 09:14:44 +0000 https://republika.mk/?p=625378

Полскиот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик најави дека Варшава ќе побара од Европска комисија да ја врати царината за житото од Украина, кое наместо само да транзитира низ Полска и да биде извезено во земјите од Африка и Азија, во голема мера пристигнува на пазарот на земјите-членки на ЕУ.

Ќе се обидеме што побрзо да извеземе од Полска најголема количина жито од Украина. Владата ќе побара од ЕК посебни мерки за заштита на полско-украинската граница. Ќе има и строги фитосанитарни контроли. Стоката од Украина ќе биде пуштена само кога ќе се потврди дека нема опасност, изјави синоќа Ковалчик по завршувањето на преговорите со земјоделците, односно вториот круг од тркалезната маса за нивните проблеми поради украинското жито.

Полската Влада, со барање да ги врати царините и да плати депозит еднаков на разликата меѓу украинските и полските цени при увоз додека стоката не се извезе, ќе создаде и можност за извоз на украинското жито, што е складирано во силосите во Полска, како хуманитарна помош, а исто така ќе се бараат нови пазари.

Превозот на жито ќе има приоритет во транспортот и логистиката, исто како што имаше јагленот во текот на зимата, посочи Ковалчик.

Благодарение на тие ветувања полските земјоделци на чело со синдикатот Агроунија се откажаа од најавените протести и блокади.

Покрај полските и во соседна Чешка земјоделците протестираа поради пониските откупни цени на житото и поради „тесното грло“ во полските пристаништа на Балтикот, каде има нема доволно капацитет за брз претовар на толкави количини жито во бродови, а за домашните производи нема место.

Лидертот на Агроунија, Михал Колоѓејчак изјави дека ако не се изнајде решение ќе уследат протести во април.

Ковалчик вети дека Владата ќе издвои две милијарди евра за да ги надомести загубите на полските земјоделци на пазарот за жито и канола.

Чешка ја поддржа полската иницијатива украинското жито да се извезува преку така наречените солидарни коридори, но да има посилни контроли.

Чешката аграрна комора предупреди на дополнителен проблем што во Украина се користат пестициди кои се забранети во ЕУ.

Украинската пченица не заврши во земји кои зависат од увозот на храна, туку на европскиот пазар без да ги исполнуваат стандардите за квалитет за европскиот пазар, а од украинските земјоделци не се бараше да бидат толку внимателни кон животната средина како што се бара од европските земјоделци. Бидејќи во ЕУ земјоделските производи не ги увезуваат земјоделците туку трговците, украинските земјоделци кои добија само мал дел од цената, изјави претседателот на Аграрната комора на Чешка, Јан Долежал.

The post Полска бара враќање на царината за украинското жито appeared first on Република.

]]>

Полскиот министер за земјоделство Хенрик Ковалчик најави дека Варшава ќе побара од Европска комисија да ја врати царината за житото од Украина, кое наместо само да транзитира низ Полска и да биде извезено во земјите од Африка и Азија, во голема мера пристигнува на пазарот на земјите-членки на ЕУ. Ќе се обидеме што побрзо да извеземе од Полска најголема количина жито од Украина. Владата ќе побара од ЕК посебни мерки за заштита на полско-украинската граница. Ќе има и строги фитосанитарни контроли. Стоката од Украина ќе биде пуштена само кога ќе се потврди дека нема опасност, изјави синоќа Ковалчик по завршувањето на преговорите со земјоделците, односно вториот круг од тркалезната маса за нивните проблеми поради украинското жито. Полската Влада, со барање да ги врати царините и да плати депозит еднаков на разликата меѓу украинските и полските цени при увоз додека стоката не се извезе, ќе создаде и можност за извоз на украинското жито, што е складирано во силосите во Полска, како хуманитарна помош, а исто така ќе се бараат нови пазари. Превозот на жито ќе има приоритет во транспортот и логистиката, исто како што имаше јагленот во текот на зимата, посочи Ковалчик. Благодарение на тие ветувања полските земјоделци на чело со синдикатот Агроунија се откажаа од најавените протести и блокади. Покрај полските и во соседна Чешка земјоделците протестираа поради пониските откупни цени на житото и поради „тесното грло“ во полските пристаништа на Балтикот, каде има нема доволно капацитет за брз претовар на толкави количини жито во бродови, а за домашните производи нема место. Лидертот на Агроунија, Михал Колоѓејчак изјави дека ако не се изнајде решение ќе уследат протести во април. Ковалчик вети дека Владата ќе издвои две милијарди евра за да ги надомести загубите на полските земјоделци на пазарот за жито и канола. Чешка ја поддржа полската иницијатива украинското жито да се извезува преку така наречените солидарни коридори, но да има посилни контроли. Чешката аграрна комора предупреди на дополнителен проблем што во Украина се користат пестициди кои се забранети во ЕУ. Украинската пченица не заврши во земји кои зависат од увозот на храна, туку на европскиот пазар без да ги исполнуваат стандардите за квалитет за европскиот пазар, а од украинските земјоделци не се бараше да бидат толку внимателни кон животната средина како што се бара од европските земјоделци. Бидејќи во ЕУ земјоделските производи не ги увезуваат земјоделците туку трговците, украинските земјоделци кои добија само мал дел од цената, изјави претседателот на Аграрната комора на Чешка, Јан Долежал.

The post Полска бара враќање на царината за украинското жито appeared first on Република.

]]>