украинка Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrainka/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 09:38:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украинка Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrainka/ 32 32 Украинките масовно ја напуштаат земјата во потрага по европски сопруг https://republika.mk/vesti/svet/ukrainkite-masovno-ja-napushtaat-zemjata-vo-potraga-po-evropski-soprug/ Sat, 21 Sep 2024 10:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=816629

Украина бележи колосален одлив на население - за само 9 месеци од оваа година, 400.000 граѓани ја напуштиле земјата, иако првичните пресметки беа од земјата ќе излезат околу 300.000 до крајот на годината.

Ова го изјави професорот по новинарство Никита Василенко на видео блогот на Виталиј Дики.

Според Василенко, Украинките масовно заминуваат со своите деца со надеж дека ќе најдат нов „европски сопруг“.

Повикот за затворање на границите воопшто ќе биде популарен во блиска иднина, бидејќи според статистичките податоци, 400 илјади луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на годината. За оние кои не ја разбираат оваа бројка, сакам да кажам дека предвидуваа 300 илјади на крајот на годината, но за 9 месеци 400 илјади веќе ја напуштиле земјата. Уште колку ќе заминат не се знае. Не можеме да ги затвориме границите, колку и да сакаме, особено за децата и жените кои на секој начин се обидуваат да ја напуштат својата родна земја, обземени од жед да најдат нов европски сопруг и на тој начин да ги решат семејните проблеми и иднината на нивната деца“, вели Василенко.

 

The post Украинките масовно ја напуштаат земјата во потрага по европски сопруг appeared first on Република.

]]>

Украина бележи колосален одлив на население - за само 9 месеци од оваа година, 400.000 граѓани ја напуштиле земјата, иако првичните пресметки беа од земјата ќе излезат околу 300.000 до крајот на годината. Ова го изјави професорот по новинарство Никита Василенко на видео блогот на Виталиј Дики. Според Василенко, Украинките масовно заминуваат со своите деца со надеж дека ќе најдат нов „европски сопруг“.
Повикот за затворање на границите воопшто ќе биде популарен во блиска иднина, бидејќи според статистичките податоци, 400 илјади луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на годината. За оние кои не ја разбираат оваа бројка, сакам да кажам дека предвидуваа 300 илјади на крајот на годината, но за 9 месеци 400 илјади веќе ја напуштиле земјата. Уште колку ќе заминат не се знае. Не можеме да ги затвориме границите, колку и да сакаме, особено за децата и жените кои на секој начин се обидуваат да ја напуштат својата родна земја, обземени од жед да најдат нов европски сопруг и на тој начин да ги решат семејните проблеми и иднината на нивната деца“, вели Василенко.
 

The post Украинките масовно ја напуштаат земјата во потрага по европски сопруг appeared first on Република.

]]>
Млада Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/mlada-ukrainka-pronajdena-mrtva-na-avtopatot-arben-dhaferi-vo-kosovo/ Thu, 22 Feb 2024 08:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=746785

Косовската полиција соопшти дека синоќа на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува косовската престолница со границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ, е пронајдено безживотното тело на млада жена, странска државјанка, јави дописникот на МИА од Приштина.

Порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека станува збор за украинска државјанка на 23-годишна возраст, чие име ѝ е познато на редакцијата, но истото не го објави, согласно законските одредби кои ги регулираат таквите случаи.

Според синоќешното соопштение на косовското МВР, полициско патролно возило на автопатот, на 24-тиот километар од Приштина во правец на Урошевац, околу 20 часот го забележала безживотното тело на едно лице на лентата за принудно запирање на возилата.

Полицијата ја повикала итната медицинска служба, а дежурниот лекар констатирал дека женското лице, странска сржавјанка, е без знаци на живот.

На местото на настанот излегле и надлежни истражни единици, како и обвинител, по чиј налог безживотното тело е однесено за обдукција во приштинскиот Институт за судска медицина.

The post Млада Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција соопшти дека синоќа на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува косовската престолница со границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ, е пронајдено безживотното тело на млада жена, странска државјанка, јави дописникот на МИА од Приштина. Порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека станува збор за украинска државјанка на 23-годишна возраст, чие име ѝ е познато на редакцијата, но истото не го објави, согласно законските одредби кои ги регулираат таквите случаи. Според синоќешното соопштение на косовското МВР, полициско патролно возило на автопатот, на 24-тиот километар од Приштина во правец на Урошевац, околу 20 часот го забележала безживотното тело на едно лице на лентата за принудно запирање на возилата. Полицијата ја повикала итната медицинска служба, а дежурниот лекар констатирал дека женското лице, странска сржавјанка, е без знаци на живот. На местото на настанот излегле и надлежни истражни единици, како и обвинител, по чиј налог безживотното тело е однесено за обдукција во приштинскиот Институт за судска медицина.

The post Млада Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово appeared first on Република.

]]>
Украинка нападната во Тетово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ukrainka-napadnata-vo-tetovo/ Fri, 17 Mar 2023 11:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=620651

Дваесет и тригодишна државјанка на Украина со времен престој во Тетово вчеравечер (16 март) во 22 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека два часа пред тоа пред станбената зграда во која живеела на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово била физички нападната од Б.С.(41) од тетовско Селце.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Украинка нападната во Тетово appeared first on Република.

]]>

Дваесет и тригодишна државјанка на Украина со времен престој во Тетово вчеравечер (16 март) во 22 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека два часа пред тоа пред станбената зграда во која живеела на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово била физички нападната од Б.С.(41) од тетовско Селце. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

The post Украинка нападната во Тетово appeared first on Република.

]]>
Полицијата во Берлин застрелала Косовец кој брутално со секира убил девојка од Украина https://republika.mk/vesti/svet/policijata-vo-berlin-zastrelala-kosovec-koj-brutalno-so-sekira-ubil-devojka-od-ukraina/ Mon, 05 Sep 2022 08:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=547540

Полицијата во Берлин застрелала маж (23) од Косово, при обид да го приведе под сомнение дека со секира убил жена од Украина.

Злосторството се случило во неделата рано наутро на деветти кат од станбена зграда.

Во неделата околу 7:40 часот во берлинскиот кварт Лихтенберг се случи убиство – изјави портпаролот на полицијата Мартин Дамс.

Тој додава дека првите сомнежи дека дошло до сериозен инцидент биле по кавга на пар кој живеел на деветти кат.

Кога пристигнала итната помош, мажот ја удрил жената со секира, а потоа полицајците употребиле огнено оружје – се вели во соопштението на полицијата.

Дамс нагласува дека во моментот кога пристигнала полицијата, мажот до смрт ја претепал Украинката.

Според очевидци, мажот и жената се расправале пред инцидентот. Познато е дека жената од Украина имала 27 години.

The post Полицијата во Берлин застрелала Косовец кој брутално со секира убил девојка од Украина appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Берлин застрелала маж (23) од Косово, при обид да го приведе под сомнение дека со секира убил жена од Украина. Злосторството се случило во неделата рано наутро на деветти кат од станбена зграда.
Во неделата околу 7:40 часот во берлинскиот кварт Лихтенберг се случи убиство – изјави портпаролот на полицијата Мартин Дамс.
Тој додава дека првите сомнежи дека дошло до сериозен инцидент биле по кавга на пар кој живеел на деветти кат.
Кога пристигнала итната помош, мажот ја удрил жената со секира, а потоа полицајците употребиле огнено оружје – се вели во соопштението на полицијата.
Дамс нагласува дека во моментот кога пристигнала полицијата, мажот до смрт ја претепал Украинката. Според очевидци, мажот и жената се расправале пред инцидентот. Познато е дека жената од Украина имала 27 години.

The post Полицијата во Берлин застрелала Косовец кој брутално со секира убил девојка од Украина appeared first on Република.

]]>
22-годишна украинска бегалка го исполни она од што сите жени низ Европа се плашеа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/primile-22-godishna-begalka-od-ukraina-mazot-za-nea-si-gi-ostavil-soprugata-i-decata/ Tue, 24 May 2022 12:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=505435

Татко на две деца од Велика Британија ја напуштил својата партнерка откако се заљубил во 22-годишна украинска бегалка, на која ѝ понудиле привремено сместување. Тони Гарнет (29) и неговата партнерка Лорна (28) ја примија Софија Каркадим во нивниот дом на почетокот на мај, но само 10 дена подоцна, нивниот навидум среќен брак пропадна откако Тони побегна со бегалката.

Гарнет, кој рабти како обезбедување, признал дека се заљубил во 22-годишната девојка и дека сака да го помине остатокот од животот со неа. Софија, која побегна од Лавов, рекла дека ѝ се допаднал Тони на прв поглед и дека сега ја живеат својата љубовна приказна.

Тони вели дека е свесен дека со оваа постапка ѝ нанел голема болка на сопругата Лорна, но тврди дека со Софија „открил врска каква што никогаш досега немал“, додавајќи дека тие двајцата „чувствуваат дека ова е во ред“.

Семејството ја прифатило Софија која побегна од руската инвазија. Таа била првата личност што ги контактирала преку Фејсбук страница на која понудиле сместување за украинските бегалци.

Софија, која по професија е менаџер во ИТ фирма,слетала во Манчестер на 4 мај, откако неколку недели во Берлин чекала виза за Англија. Тони за тамошните медиуми откри дека веднаш кликнале, а Софија им се допаднала и на неговите ќерки, кои имаат три и шест години. Но, на неговата партнерка, со која Тони беше заедно 10 години, Софија не ѝ се допаднала. Сега е јасно зошто...

image

Тони и Софија комуницирале на украински и на словачки, кои се доста слични, па лесно можеле да се разберат. Меѓутоа, Лорна не разбрирала што зборуваат.

Одлично се согласувавме, но во тоа време немаше ништо повеќе меѓу нас - иако сега гледам зошто Лорна почна да биде љубоморна и лута на неа, рече Тони.

Како што минувале деновите, Софија му се придружила на Тони во неговата теретана, па често долго разговарале во неговиот автомобил на враќање. Тогаш почнале и повеќе да се зближуваат.

Дома сфатив дека наоѓаме изговори да се допираме или гибаме, имаше многу флерт, но ништо повеќе од тоа не се случи во таа фаза. Иако се беше прилично невино, тоа предизвика кавги. Можам да го разберам тоа. Кога се враќав дома навечер, Софија беше таа што ми го подготвуваше вечера, вели Тони.

Како што двајцата се зближувале, неговата партнерка станувала сè пољубоморна и почнала да прашува зошто Софија цело време го следи.

Атмосферата стана навистина лоша и Софија ми рече дека не знае дали би можела да продолжи да живее со нас под тие околности. Лорна никогаш не била претерано ентузијастичка да примиме бегалци во нашиот дом, бидејќи тоа значеше дека нашите ќерки мора да спијат во една соба, вели Тони.

Работите се вжештиле по жестоката кавга меѓу Лорна и Софија, кога Украинката му рекла повеќе не може да живее во иста куќа со Лорна.

Тони вели дека тогаш „нешто му кликнало во главата“ и ѝ рекол на Лорна - „ако таа оди, одам и јас“.

Двајцата ги спакувале куферите и се преселиле кај родителите на Тони, а моментално бараат место за да се вселат.

Откако нивната 10-годишна врска заврши за само 10 дена, Тони вели дека се чувствува лошо поради тоа и дека Лорна не е виновна за ништо.

Многу ми е жал за она низ што минува Лорна сега, не беше таа виновна и не е дека згрешила нешто. Но никогаш немавме намера да го направиме тоа, не беше планирано и не сакавме никого да повредиме, заклучува заљубениот Тони.

 

The post 22-годишна украинска бегалка го исполни она од што сите жени низ Европа се плашеа appeared first on Република.

]]>

Татко на две деца од Велика Британија ја напуштил својата партнерка откако се заљубил во 22-годишна украинска бегалка, на која ѝ понудиле привремено сместување. Тони Гарнет (29) и неговата партнерка Лорна (28) ја примија Софија Каркадим во нивниот дом на почетокот на мај, но само 10 дена подоцна, нивниот навидум среќен брак пропадна откако Тони побегна со бегалката. Гарнет, кој рабти како обезбедување, признал дека се заљубил во 22-годишната девојка и дека сака да го помине остатокот од животот со неа. Софија, која побегна од Лавов, рекла дека ѝ се допаднал Тони на прв поглед и дека сега ја живеат својата љубовна приказна. Тони вели дека е свесен дека со оваа постапка ѝ нанел голема болка на сопругата Лорна, но тврди дека со Софија „открил врска каква што никогаш досега немал“, додавајќи дека тие двајцата „чувствуваат дека ова е во ред“. Семејството ја прифатило Софија која побегна од руската инвазија. Таа била првата личност што ги контактирала преку Фејсбук страница на која понудиле сместување за украинските бегалци. Софија, која по професија е менаџер во ИТ фирма,слетала во Манчестер на 4 мај, откако неколку недели во Берлин чекала виза за Англија. Тони за тамошните медиуми откри дека веднаш кликнале, а Софија им се допаднала и на неговите ќерки, кои имаат три и шест години. Но, на неговата партнерка, со која Тони беше заедно 10 години, Софија не ѝ се допаднала. Сега е јасно зошто... image Тони и Софија комуницирале на украински и на словачки, кои се доста слични, па лесно можеле да се разберат. Меѓутоа, Лорна не разбрирала што зборуваат.
Одлично се согласувавме, но во тоа време немаше ништо повеќе меѓу нас - иако сега гледам зошто Лорна почна да биде љубоморна и лута на неа, рече Тони.
Како што минувале деновите, Софија му се придружила на Тони во неговата теретана, па често долго разговарале во неговиот автомобил на враќање. Тогаш почнале и повеќе да се зближуваат.
Дома сфатив дека наоѓаме изговори да се допираме или гибаме, имаше многу флерт, но ништо повеќе од тоа не се случи во таа фаза. Иако се беше прилично невино, тоа предизвика кавги. Можам да го разберам тоа. Кога се враќав дома навечер, Софија беше таа што ми го подготвуваше вечера, вели Тони.
Како што двајцата се зближувале, неговата партнерка станувала сè пољубоморна и почнала да прашува зошто Софија цело време го следи.
Атмосферата стана навистина лоша и Софија ми рече дека не знае дали би можела да продолжи да живее со нас под тие околности. Лорна никогаш не била претерано ентузијастичка да примиме бегалци во нашиот дом, бидејќи тоа значеше дека нашите ќерки мора да спијат во една соба, вели Тони.
Работите се вжештиле по жестоката кавга меѓу Лорна и Софија, кога Украинката му рекла повеќе не може да живее во иста куќа со Лорна. Тони вели дека тогаш „нешто му кликнало во главата“ и ѝ рекол на Лорна - „ако таа оди, одам и јас“. Двајцата ги спакувале куферите и се преселиле кај родителите на Тони, а моментално бараат место за да се вселат. Откако нивната 10-годишна врска заврши за само 10 дена, Тони вели дека се чувствува лошо поради тоа и дека Лорна не е виновна за ништо.
Многу ми е жал за она низ што минува Лорна сега, не беше таа виновна и не е дека згрешила нешто. Но никогаш немавме намера да го направиме тоа, не беше планирано и не сакавме никого да повредиме, заклучува заљубениот Тони.
 

The post 22-годишна украинска бегалка го исполни она од што сите жени низ Европа се плашеа appeared first on Република.

]]>
Примил Украинка како бегалец, па за десет дена ги оставил сопругата и децата https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/primil-ukrainka-kako-begalec-pa-za-deset-dena-gi-ostavil-soprugata-i-decata/ Tue, 24 May 2022 09:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=505850

Тони Ганет (29) од Бредфорд, ја остави својата сопруга Лорона (28), откако се заљубил во Софија Каркадијм, украинска бегалка која го напуштила родниот Лавов на почетокот на инвазијата.
Чуварот сакајќи да помогне се пријавил во владината програма за помош на украинските бегалци, но кога не добил одговор од нив, станал нетрпелив и побарал помош на социјалните мрежи.

Таа ја нападнала Софија
Тие ја примија Софија во нивниот дом, а нешто повеќе од седум дена откако таа пристигнала, Тони ставил точка на бракот и решил да започне нов живот.
– Се започна со едноставна желба да се направи вистинската работа и да се даде покрив над главата на некого во неволја, маж или жена.
– Ситуацијата кулминираше минатата сабота кога Лорона ја нападна Софија, викајќи по неа, употребувајќи некој груб јазик што ја расплака. Таа рече дека не може повеќе да остане под нашиот покрив и нешто „пукна“ во мене. Жал ни е за болката што ја предизвикавме, но со Софија имам врска каква што немав – изјавил тој.

 

Кај неговите родители
Неговата нова партнерка Софија (22) рекла дека „такви работи се случуваат“. На поранешната партнерка на Тони, Лорона, и здодеал блискиот однос со Софија бидејќи тие двајца заедно оделе во теретана и со часови разговарале на паркинг. Таа на крајот му наредила на нивниот гостин да замине, но била запрепастена кога Тони објавил дека и тој заминува, а парот се сместил во куќата на неговите родители.
Тие сега се заедно во процес на пронаоѓање нов дом.

Најновите податоци покажуваат дека повеќе од 33.000 бегалци од Украина сега се во Велика Британија под заштита на различни семејства. Украинската пратеничка Лесија Василенко синоќа изјави дека е загрижена за бегалците доколку домаќините ги избркаат.

The post Примил Украинка како бегалец, па за десет дена ги оставил сопругата и децата appeared first on Република.

]]>

Тони Ганет (29) од Бредфорд, ја остави својата сопруга Лорона (28), откако се заљубил во Софија Каркадијм, украинска бегалка која го напуштила родниот Лавов на почетокот на инвазијата. Чуварот сакајќи да помогне се пријавил во владината програма за помош на украинските бегалци, но кога не добил одговор од нив, станал нетрпелив и побарал помош на социјалните мрежи. Таа ја нападнала Софија Тие ја примија Софија во нивниот дом, а нешто повеќе од седум дена откако таа пристигнала, Тони ставил точка на бракот и решил да започне нов живот. – Се започна со едноставна желба да се направи вистинската работа и да се даде покрив над главата на некого во неволја, маж или жена. – Ситуацијата кулминираше минатата сабота кога Лорона ја нападна Софија, викајќи по неа, употребувајќи некој груб јазик што ја расплака. Таа рече дека не може повеќе да остане под нашиот покрив и нешто „пукна“ во мене. Жал ни е за болката што ја предизвикавме, но со Софија имам врска каква што немав – изјавил тој.   Кај неговите родители Неговата нова партнерка Софија (22) рекла дека „такви работи се случуваат“. На поранешната партнерка на Тони, Лорона, и здодеал блискиот однос со Софија бидејќи тие двајца заедно оделе во теретана и со часови разговарале на паркинг. Таа на крајот му наредила на нивниот гостин да замине, но била запрепастена кога Тони објавил дека и тој заминува, а парот се сместил во куќата на неговите родители. Тие сега се заедно во процес на пронаоѓање нов дом. Најновите податоци покажуваат дека повеќе од 33.000 бегалци од Украина сега се во Велика Британија под заштита на различни семејства. Украинската пратеничка Лесија Василенко синоќа изјави дека е загрижена за бегалците доколку домаќините ги избркаат.

The post Примил Украинка како бегалец, па за десет дена ги оставил сопругата и децата appeared first on Република.

]]>
Украинка се обиде да го протне сопругот преку граница во кутија за детски играчки https://republika.mk/vesti/svet/ukrainka-se-obide-da-go-protne-soprugot-preku-granica-vo-kutija-za-detski-igrachki/ Fri, 18 Mar 2022 16:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=475092

Украинка се обиде да си го прошвервцува сопругот преку граница во кутија за бебешки играчки. Граничната полиција го фатила 37-годишниот маж на преминот Рососани со Молдавија. Автомобилот полн со играчки им изгледал сомнително, а откако ги провериле документите за жената и двете деца, го прегледале багажникот.

Како што се испостави, сопругата се обидела да го прошверцува таткото на нејзините деца преку граница. Граничарите не го пропуштиле патникот затоа што на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја преминуваат границата, соопшти Украинската гранична служба.

Против 37-годишникот е поднесена тужба за обид за неовластено преминување на државната граница, а тужба ќе биде поднесена и против неговата сопруга која по член 332 од Кривичниот законик се обидела да незаконски да пренесе човек преку државната граница.

Што се однесува до забраната за напуштање на државата, има и отстапувања како медицински причини, ако таткото се грижи за три или повеќе деца, дали сам одгледува дете, дали има дете со попреченост или ако посвоил дете. Две деца не се вклучени во овие исклучоци.

The post Украинка се обиде да го протне сопругот преку граница во кутија за детски играчки appeared first on Република.

]]>

Украинка се обиде да си го прошвервцува сопругот преку граница во кутија за бебешки играчки. Граничната полиција го фатила 37-годишниот маж на преминот Рососани со Молдавија. Автомобилот полн со играчки им изгледал сомнително, а откако ги провериле документите за жената и двете деца, го прегледале багажникот.
Како што се испостави, сопругата се обидела да го прошверцува таткото на нејзините деца преку граница. Граничарите не го пропуштиле патникот затоа што на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја преминуваат границата, соопшти Украинската гранична служба.
Против 37-годишникот е поднесена тужба за обид за неовластено преминување на државната граница, а тужба ќе биде поднесена и против неговата сопруга која по член 332 од Кривичниот законик се обидела да незаконски да пренесе човек преку државната граница. Што се однесува до забраната за напуштање на државата, има и отстапувања како медицински причини, ако таткото се грижи за три или повеќе деца, дали сам одгледува дете, дали има дете со попреченост или ако посвоил дете. Две деца не се вклучени во овие исклучоци.

The post Украинка се обиде да го протне сопругот преку граница во кутија за детски играчки appeared first on Република.

]]>