тужба Archives - Република https://republika.mk/tema/tuzba/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 10:24:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png тужба Archives - Република https://republika.mk/tema/tuzba/ 32 32 Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди https://republika.mk/vesti/makedonija/tuzhba-protiv-bivshiot-ekonomski-direktor-na-detska-klinika-alajdin-memedi/ Tue, 30 Jul 2024 10:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=801618

Универзитетската клиника за детски болести, му поднела тужба на поранешниот економски директор Аљајдин Мемеди со барање да врати 147,534 денари во касата на јавната здравствена установа затоа што овие пари му биле преплатени, потврдија од Клиниката за „Слободен печат“.

Болницата ги бара овие пари на суд, бидејќи Државниот завод за ревизија утврдил дека овие средства од 2.300 евра наводно му биле исплатени на поранешниот економски директор со погрешно пресметан коефициент, а бидејќи не ги вратил веднаш, му се таложеле и камати.

Постапката пред Основен граѓански суд Скопје е оформена и рочиштето по овој предмет е закажано за ноември 2024 година, велат од Клиниката.

Мемеди беше разрешен на 2 ноември 2022 година од страна на тогашниот министер за здравство Беким Сали.

The post Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди appeared first on Република.

]]>

Универзитетската клиника за детски болести, му поднела тужба на поранешниот економски директор Аљајдин Мемеди со барање да врати 147,534 денари во касата на јавната здравствена установа затоа што овие пари му биле преплатени, потврдија од Клиниката за „Слободен печат“. Болницата ги бара овие пари на суд, бидејќи Државниот завод за ревизија утврдил дека овие средства од 2.300 евра наводно му биле исплатени на поранешниот економски директор со погрешно пресметан коефициент, а бидејќи не ги вратил веднаш, му се таложеле и камати.
Постапката пред Основен граѓански суд Скопје е оформена и рочиштето по овој предмет е закажано за ноември 2024 година, велат од Клиниката.
Мемеди беше разрешен на 2 ноември 2022 година од страна на тогашниот министер за здравство Беким Сали.

The post Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди appeared first on Република.

]]>
Центар ќе мора да плати 1.1 милион евра за договорот кој го раскина Жерновски https://republika.mk/vesti/skopje/tsentar-ke-mora-da-plati-1-1-milion-evra-za-dogovorot-koj-go-raskina-zhernovski/ Wed, 10 Jul 2024 09:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=795244

Судскиот процес кој го покрена АД Пелагонија АД Гостивар против општина Центар поради раскинувањето на договорот за изградба на катна гаража на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб од 2014 година доби разрешница. Апелациониот суд одлучи општината да исплати обештетување од речиси 73 милиони денари.

Тогашното раководство одлучило дека не е потребна катна гаража и средствата ги пренамениле за изградба на училиштето Киро Глигоров. Имајќи во предвид дека постои можност за судска разрешница која ќе биде неповолна за општина Центар, Градоначалникот Горан Герасимовски ги превзема сите активности со цел Буџетот на општината да не биде блокиран, а од друга страна и покрај огромниот износ кој треба да се исплати да не бидат запрени проектите кои се однесуваат на подобрување на животот и секојдневното функционирање на граѓаните на Општина Центар.

Револтиран сум што после маратонските судски процеси, сето ова заврши на штета на центарци. Тековните проекти што ги спроведува општината не смеат да бидат запрени ниту смее да има застој во работата и услугите што ги даваме на граѓаните. Нема да дозволам сметката на општината да биде блокирана. Мораме до крај да ги спроведеме започнатите проекти како градинката во Пролет, модернизацијата на уличното осветлување, доградбата на Коле Неделковски, реконструкцијата на улиците, истакна Герасимовски.

Дополнително, покрај основниот долг, Општината треба да исплати и камати, со што севкупниот долг ќе се дуплира. Се работи за правосилна извршна пресуда што може да биде предмет на присилно извршување пред надлежен извршител.

Општината се соочи со блокирање на сметката за истиот предмет уште во 2018 година, овојпат вели градоначалникот Герасимовски нема да дозволам тоа да се случи.

The post Центар ќе мора да плати 1.1 милион евра за договорот кој го раскина Жерновски appeared first on Република.

]]>

Судскиот процес кој го покрена АД Пелагонија АД Гостивар против општина Центар поради раскинувањето на договорот за изградба на катна гаража на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб од 2014 година доби разрешница. Апелациониот суд одлучи општината да исплати обештетување од речиси 73 милиони денари. Тогашното раководство одлучило дека не е потребна катна гаража и средствата ги пренамениле за изградба на училиштето Киро Глигоров. Имајќи во предвид дека постои можност за судска разрешница која ќе биде неповолна за општина Центар, Градоначалникот Горан Герасимовски ги превзема сите активности со цел Буџетот на општината да не биде блокиран, а од друга страна и покрај огромниот износ кој треба да се исплати да не бидат запрени проектите кои се однесуваат на подобрување на животот и секојдневното функционирање на граѓаните на Општина Центар.
Револтиран сум што после маратонските судски процеси, сето ова заврши на штета на центарци. Тековните проекти што ги спроведува општината не смеат да бидат запрени ниту смее да има застој во работата и услугите што ги даваме на граѓаните. Нема да дозволам сметката на општината да биде блокирана. Мораме до крај да ги спроведеме започнатите проекти како градинката во Пролет, модернизацијата на уличното осветлување, доградбата на Коле Неделковски, реконструкцијата на улиците, истакна Герасимовски.
Дополнително, покрај основниот долг, Општината треба да исплати и камати, со што севкупниот долг ќе се дуплира. Се работи за правосилна извршна пресуда што може да биде предмет на присилно извршување пред надлежен извршител. Општината се соочи со блокирање на сметката за истиот предмет уште во 2018 година, овојпат вели градоначалникот Герасимовски нема да дозволам тоа да се случи.

The post Центар ќе мора да плати 1.1 милион евра за договорот кој го раскина Жерновски appeared first on Република.

]]>
Управниот суд ја одби првата жалба од Европскиот фронт https://republika.mk/vesti/makedonija/upravniot-sud-ja-odbi-prvata-zhalba-od-evropskiot-front/ Fri, 17 May 2024 20:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=779297

На избирачкото место 1194 ќе се прегласува откако Управниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт.

„Тужбата на тужителот Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ Предводена од Демократска унија за интеграција Движењето на народот ДН демократска партија на Албанците Европска Демократска Партија ЕДП Политичка Партија Бошњачки Демократски Сојуз БДС Изборна Кампања 2024 од Скопје изјавена против Решение УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година на тужениот орган  Државна Изборна Комисија на Република Македонија за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево , СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.Решението на Државна Изборна Комисија на Република Македонија број УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година, за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, СЕ ПОТВРДУВА“ се вели во пресудата.

Откако Државната изборна комисија усвои приговори од политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во Петтата и од Коалицијата ВРЕДИ во Шестата изборна единица, од ДУИ поднесоа тужби на одлуките на ДИК.

Пред Управниот суд се наоѓаат уште шест тужби поднесени од Европскиот фронт предводен од ДУИ и ако бидат одбиени тогаш на неколку избирачки места во општините Охрид, Крушево и Желино ќе се прегласува веќе в среда.

За коалицијата Европски фронт, ова било изборен инжинеринг со цел да им се намали бројот на пратеници, а тој да порасне кај ВРЕДИ и кај коалицијата предводена од СДСМ.

„Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса. Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните“ се наведува во соопштението на Европски фронт.

The post Управниот суд ја одби првата жалба од Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>

На избирачкото место 1194 ќе се прегласува откако Управниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт. „Тужбата на тужителот Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ Предводена од Демократска унија за интеграција Движењето на народот ДН демократска партија на Албанците Европска Демократска Партија ЕДП Политичка Партија Бошњачки Демократски Сојуз БДС Изборна Кампања 2024 од Скопје изјавена против Решение УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година на тужениот орган  Државна Изборна Комисија на Република Македонија за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево , СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.Решението на Државна Изборна Комисија на Република Македонија број УП1 10-17/1 од 14.05.2024 година, за резултатите од гласањето по листите на кандидат за избор на пратеници на Собранието на Република Македонија за избирачко место 1194 Општина Крушево, СЕ ПОТВРДУВА“ се вели во пресудата. Откако Државната изборна комисија усвои приговори од политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во Петтата и од Коалицијата ВРЕДИ во Шестата изборна единица, од ДУИ поднесоа тужби на одлуките на ДИК. Пред Управниот суд се наоѓаат уште шест тужби поднесени од Европскиот фронт предводен од ДУИ и ако бидат одбиени тогаш на неколку избирачки места во општините Охрид, Крушево и Желино ќе се прегласува веќе в среда. За коалицијата Европски фронт, ова било изборен инжинеринг со цел да им се намали бројот на пратеници, а тој да порасне кај ВРЕДИ и кај коалицијата предводена од СДСМ. „Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса. Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните“ се наведува во соопштението на Европски фронт.

The post Управниот суд ја одби првата жалба од Европскиот фронт appeared first on Република.

]]>
Поради пудрата што предизвикува рак на јајници „Џонсон и Џонсон“ ќе плати оштета тешка 6.5 милијарди долари https://republika.mk/vesti/svet/poradi-pudrata-shto-predizvikuva-rak-na-jajnitsi-dhonson-i-dhonson-ke-plati-oshteta-teshka-6-5-milijardi-dolari/ Thu, 02 May 2024 09:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=773316

Американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ (J&J) се согласи да исплати 6,48 милијарди долари отштета на корисници кои водат судски процес во кој тврдат дека азбестот во нејзините производи во прав предизвикува рак на јајници.

Поради овој договор со тужителите, третата подружница на компанијата ќе оди во стечај.

Компанијата, според предложениот договор, е обврзана за 3 месеци да ги подмири сите побарувања на оштетените кои тврдат дека имаат рак на јајници. Компанијата треба да подмири до 100.000 барања за рак на јајници.

„J&J“, и покрај ова, тврди дека нејзините производи се безбедни, но се согласи на спогодба поддржана од многу од адвокатите на тужителите.

Предложената спогодба ги проширува претходните барања што ги опфаќаат случаите на мезотелиом и државните барања.

„J&J“ издвои 11 милијарди долари за решавање на случаите со „канцерогената детска пудра“.

Компанијата сега се соочува и со нова научна анализа на производите која е пред судот.

Иако компанијата добила 95% од случаите, на некои оштетени им биле доделени големи суми пари.

Компанијата престана да го продава талкот на основа на бебешката пудра поради тужбите и проблемите со јавното мислење.

The post Поради пудрата што предизвикува рак на јајници „Џонсон и Џонсон“ ќе плати оштета тешка 6.5 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ (J&J) се согласи да исплати 6,48 милијарди долари отштета на корисници кои водат судски процес во кој тврдат дека азбестот во нејзините производи во прав предизвикува рак на јајници. Поради овој договор со тужителите, третата подружница на компанијата ќе оди во стечај. Компанијата, според предложениот договор, е обврзана за 3 месеци да ги подмири сите побарувања на оштетените кои тврдат дека имаат рак на јајници. Компанијата треба да подмири до 100.000 барања за рак на јајници. „J&J“, и покрај ова, тврди дека нејзините производи се безбедни, но се согласи на спогодба поддржана од многу од адвокатите на тужителите. Предложената спогодба ги проширува претходните барања што ги опфаќаат случаите на мезотелиом и државните барања. „J&J“ издвои 11 милијарди долари за решавање на случаите со „канцерогената детска пудра“. Компанијата сега се соочува и со нова научна анализа на производите која е пред судот. Иако компанијата добила 95% од случаите, на некои оштетени им биле доделени големи суми пари. Компанијата престана да го продава талкот на основа на бебешката пудра поради тужбите и проблемите со јавното мислење.

The post Поради пудрата што предизвикува рак на јајници „Џонсон и Џонсон“ ќе плати оштета тешка 6.5 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Бараат да им се регистрира клубот: Македонци од Благоевград ја тужат Европската Комисија во Судот за Правда во Луксембург https://republika.mk/vesti/balkan/baraat-da-im-se-registrira-klubot-makedontsi-od-blagoevgrad-ja-tuzhat-evropskata-komisija-vo-sudot-za-pravda-vo-luksemburg/ Mon, 22 Apr 2024 07:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=769128

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за Правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување.

Тужбата е иницирана и организирана од НовАсном, а подршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светсткиот Македонски Конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други македонци од цел свет.

Во тужбата се  бара од Судот за Правда да и ги скрати на Бугарија сите финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 Милијарди Евра се додека не го регисгрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, чија регистрација беше одбиена само зошто е Македонска. 

Во 2022, горенаведените организации поднесоа претставка против Бугарија во Европската Комисија за  непочитувањето на Европското Право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките како Бугарија.  

Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција цени дека Европската Комисија го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската Комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаментлните права на ЕУ.  

Ова е прв правен процес внатре во Евроспката Унија кој се однесува на дискриминацијата врз Македонците во делови од ЕУ. Со оваа тужба, Европската Комисија е приморана да даде одговор до Судот За Правда за кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија. 

The post Бараат да им се регистрира клубот: Македонци од Благоевград ја тужат Европската Комисија во Судот за Правда во Луксембург appeared first on Република.

]]>

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за Правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување. Тужбата е иницирана и организирана од НовАсном, а подршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светсткиот Македонски Конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други македонци од цел свет. Во тужбата се  бара од Судот за Правда да и ги скрати на Бугарија сите финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 Милијарди Евра се додека не го регисгрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, чија регистрација беше одбиена само зошто е Македонска.  Во 2022, горенаведените организации поднесоа претставка против Бугарија во Европската Комисија за  непочитувањето на Европското Право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките како Бугарија.  
Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција цени дека Европската Комисија го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската Комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаментлните права на ЕУ.  
Ова е прв правен процес внатре во Евроспката Унија кој се однесува на дискриминацијата врз Македонците во делови од ЕУ. Со оваа тужба, Европската Комисија е приморана да даде одговор до Судот За Правда за кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија. 
 
The post Бараат да им се регистрира клубот: Македонци од Благоевград ја тужат Европската Комисија во Судот за Правда во Луксембург appeared first on Република.

]]>
Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан https://republika.mk/vesti/svet/evropskiot-parlament-ke-ja-tuzhi-evropskata-komisija-poradi-orban/ Tue, 12 Mar 2024 11:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=754003

Европскиот Парламент се подготвува да ја тужи Европската комисија поради нејзината контроверзна одлука за одмрзнување на милијарди евра средства за Унгарија кон крајот на минатата година, изјавија за Политико лица вклучени во одлуката.

Собраниската комисија за правни прашања речиси едногласно изгласа – со 16 членови „за“, еден против и ниту еден воздржан – да ја тужи Комисијата за „прекршување на должноста за заштита на парите на даночните обврзници од злоупотреба“. Во декември минатата година, Комисијата деблокираше 10,2 милијарди евра замрзнати кохезиони фондови на ЕУ наменети за Будимпешта.

Одлуката беше донесена еден ден пред самитот на ЕУ на кој лидерите требаше да разговараат за новата помош за Украина и отворањето на пристапните преговори за Киев, потези кои унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ги блокира. Одлуката на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен да ги одмрзне средствата наиде на реакција кај пратениците во Европскиот парламент, кои ја обвинија дека попуштила пред уцените на Орбан.

The post Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан appeared first on Република.

]]>

Европскиот Парламент се подготвува да ја тужи Европската комисија поради нејзината контроверзна одлука за одмрзнување на милијарди евра средства за Унгарија кон крајот на минатата година, изјавија за Политико лица вклучени во одлуката.   Собраниската комисија за правни прашања речиси едногласно изгласа – со 16 членови „за“, еден против и ниту еден воздржан – да ја тужи Комисијата за „прекршување на должноста за заштита на парите на даночните обврзници од злоупотреба“. Во декември минатата година, Комисијата деблокираше 10,2 милијарди евра замрзнати кохезиони фондови на ЕУ наменети за Будимпешта. Одлуката беше донесена еден ден пред самитот на ЕУ на кој лидерите требаше да разговараат за новата помош за Украина и отворањето на пристапните преговори за Киев, потези кои унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ги блокира. Одлуката на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен да ги одмрзне средствата наиде на реакција кај пратениците во Европскиот парламент, кои ја обвинија дека попуштила пред уцените на Орбан.

The post Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради Орбан appeared first on Република.

]]>
Управниот суд ја отфрли тужбата на Оливер Андонов против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/upravniot-sud-ja-otfrli-tuzhbata-na-oliver-andonov-protiv-vmro-dpmne-i-mitskoski/ Fri, 01 Mar 2024 10:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=749917

Управниот суд донесе одлука дека се отфрла тужбата од Оливер Анднов против ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.Тој тужеше за наводно нарушување на партискиот статут.

Сметаше дека е нарушен статутот на партијата при објавата за избор на претседател на државата и објавувањето на јавниот повик за кандидирање.

Но, Управниот суд смета дека барањата на тужителите во тужбата се НЕДОЗВОЛЕНИ.

The post Управниот суд ја отфрли тужбата на Оливер Андонов против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Управниот суд донесе одлука дека се отфрла тужбата од Оливер Анднов против ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.Тој тужеше за наводно нарушување на партискиот статут. Сметаше дека е нарушен статутот на партијата при објавата за избор на претседател на државата и објавувањето на јавниот повик за кандидирање. Но, Управниот суд смета дека барањата на тужителите во тужбата се НЕДОЗВОЛЕНИ.  

The post Управниот суд ја отфрли тужбата на Оливер Андонов против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ со кривична за Спасовски: Издавал лични документи чиј рок знаел дека ќе заврши порано, нанел материјална штета на десетици илјади граѓани https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-krivichna-za-spasovski-izdaval-lichni-dokumenti-chij-rok-znael-deka-ke-zavrshi-porano-nanel-materijalna-shteta-na-desetitsi-iljadi-gragani/ Thu, 15 Feb 2024 11:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=744353

ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе кривична пријава против лицето Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи е лично и директно одговорен за хаосот со личните документи, истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ја покажа кривичната пријава, која што беше поднесена во Јавното обвинителство.

Оливер Спасовски кој што кажував во својство на министер за внатрешни работи во период од околу 2 ипол години издавал лични документи кои што знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рок отколку што е ставен во документите туку истите ќе престанат да важат на 12.02.2024 година. Имено, тој овој период од 12.02.2019 па се до средината на 2021 година тој свесно и директно раководејќи со Министерството за внатрешни работи кои што впрочем ги издаваат овие документи нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета. Две ипол години тој ја донесува македонската јавност, граѓаните на Република Македонија во заблуда со ова негово постапување. Впрочем тој врши злоупотреба на службената положба и овластувања, и несовесно работење во службата - рече тој.

Оваа кривична пријава се заснова на прекршување на членовите 353 став 1 и 353-в став 5 од Кривичниот закон.

Очекуваме од Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и да отвори истрага за Оливер Спасовски бидејќи одговорност во оваа држава мора да има. Апелираме и очекуваме дека новоизбраниот Јавен обвинител на Република Македонија ќе покаже дека е професионалец, а не дека е продолжена рака на власта во заминување на СДС и ДУИ– рече Јанушев.

The post ВМРО-ДПМНЕ со кривична за Спасовски: Издавал лични документи чиј рок знаел дека ќе заврши порано, нанел материјална штета на десетици илјади граѓани appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе кривична пријава против лицето Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи е лично и директно одговорен за хаосот со личните документи, истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја покажа кривичната пријава, која што беше поднесена во Јавното обвинителство.
Оливер Спасовски кој што кажував во својство на министер за внатрешни работи во период од околу 2 ипол години издавал лични документи кои што знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рок отколку што е ставен во документите туку истите ќе престанат да важат на 12.02.2024 година. Имено, тој овој период од 12.02.2019 па се до средината на 2021 година тој свесно и директно раководејќи со Министерството за внатрешни работи кои што впрочем ги издаваат овие документи нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета. Две ипол години тој ја донесува македонската јавност, граѓаните на Република Македонија во заблуда со ова негово постапување. Впрочем тој врши злоупотреба на службената положба и овластувања, и несовесно работење во службата - рече тој.
Оваа кривична пријава се заснова на прекршување на членовите 353 став 1 и 353-в став 5 од Кривичниот закон.
Очекуваме од Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и да отвори истрага за Оливер Спасовски бидејќи одговорност во оваа држава мора да има. Апелираме и очекуваме дека новоизбраниот Јавен обвинител на Република Македонија ќе покаже дека е професионалец, а не дека е продолжена рака на власта во заминување на СДС и ДУИ– рече Јанушев.

The post ВМРО-ДПМНЕ со кривична за Спасовски: Издавал лични документи чиј рок знаел дека ќе заврши порано, нанел материјална штета на десетици илјади граѓани appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 часот поднесува кривична пријава против Спасовски за оштетување на буџет https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-utre-vo-11-chasot-podnesuva-krivichna-prijava-protiv-spasovski-za-oshtetuvane-na-budhet/ Wed, 14 Feb 2024 19:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=744203

Се знае кое е името и презимето за ова што се случува со патните исправи, девет годишниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој што за одредени политички цели не ја кажал оваа обврска пред граѓаните, затоа што постоела оваа обврска 5 години како што можеме да видиме, вели пратеникот Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија и додаде:

Сега треба да бидеме многу внимателни кога ги зборуваме овие работи бидејќи има снимка каде што лично Коциќ има гласано за овој закон за овој рок да биде внесен во законски текст кој што во преодни и завршни одредби кажува дека ќе има казна доколку некој не ги почитува работите она како што се напишани во тој закон. Јас тој закон не го гласав, го гласаше Ненад Коциќ.

Стојаноски потенцираше дека владејачката коалиција на СДС и ДУИ е најголемо дно кое поради неспособност.

Мислам дека ова е најголемо дно, најголемо промашување одвратна неспособност на владејачката коалиција бидејќи ги понижува граѓаните - изјави тој.

Стојаноски му порача на Коциќ дека устите им биле полни со европски фронт, а го заглавиле граѓаните во нивната Северна.

Го користите европскиот фронт, а направивте од оваа држава граѓаните да бидат заглавивте во Северната која што вие им ја вметнавте.

Стојаноски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 часот ќе поднесе кривична пријава за Оливер Спасовски бидејќи го оштетил и буџетот на Република Македонија и граѓаните со издавање и набавка на лични документи иако знаел дека истите нема да се користат до крајниот рок на издавање.

Утре ВМРО-ДПМНЕ во 11 часот ќе поднесе кривична пријава за лицето Оливер Спасовски бидејќи ги имам граѓаните и го има оштетено буџетот на Република Македонија, со тоа што знаејќи дека вакво обврска ќе стапи на сила набавувал обрасци за лични документи иако знаел дека граѓаните не можат да ги користат до крајот на рокот на нивното издавање - истакна Стојаноски.

The post ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 часот поднесува кривична пријава против Спасовски за оштетување на буџет appeared first on Република.

]]>

Се знае кое е името и презимето за ова што се случува со патните исправи, девет годишниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој што за одредени политички цели не ја кажал оваа обврска пред граѓаните, затоа што постоела оваа обврска 5 години како што можеме да видиме, вели пратеникот Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија и додаде: Сега треба да бидеме многу внимателни кога ги зборуваме овие работи бидејќи има снимка каде што лично Коциќ има гласано за овој закон за овој рок да биде внесен во законски текст кој што во преодни и завршни одредби кажува дека ќе има казна доколку некој не ги почитува работите она како што се напишани во тој закон. Јас тој закон не го гласав, го гласаше Ненад Коциќ. Стојаноски потенцираше дека владејачката коалиција на СДС и ДУИ е најголемо дно кое поради неспособност.
Мислам дека ова е најголемо дно, најголемо промашување одвратна неспособност на владејачката коалиција бидејќи ги понижува граѓаните - изјави тој.
Стојаноски му порача на Коциќ дека устите им биле полни со европски фронт, а го заглавиле граѓаните во нивната Северна. Го користите европскиот фронт, а направивте од оваа држава граѓаните да бидат заглавивте во Северната која што вие им ја вметнавте. Стојаноски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 часот ќе поднесе кривична пријава за Оливер Спасовски бидејќи го оштетил и буџетот на Република Македонија и граѓаните со издавање и набавка на лични документи иако знаел дека истите нема да се користат до крајниот рок на издавање.
Утре ВМРО-ДПМНЕ во 11 часот ќе поднесе кривична пријава за лицето Оливер Спасовски бидејќи ги имам граѓаните и го има оштетено буџетот на Република Македонија, со тоа што знаејќи дека вакво обврска ќе стапи на сила набавувал обрасци за лични документи иако знаел дека граѓаните не можат да ги користат до крајот на рокот на нивното издавање - истакна Стојаноски.

The post ВМРО-ДПМНЕ утре во 11 часот поднесува кривична пријава против Спасовски за оштетување на буџет appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за Спасовски за обештетување на граѓаните поради трошоците за вадење лични документи https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ke-podnese-tuzhba-za-spasovski-za-obeshtetuvane-na-graganite-poradi-troshotsite-za-vadene-lichni-dokumenti/ Tue, 13 Feb 2024 07:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=743436

Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи. Тие го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Поради несовесно работење во службата и злоупотреба на својата должност Оливер Спасовски дозволил да се издаваат патни исправи иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност. Ако на ова се додадат и официјалните изјави на владата на СДС дека патните и личните изјави на граѓаните ќе важат до истекот на нивната важност, тогаш доаѓаме до тоа дека СДС системски ги лажела и манипулирала граѓаните, за да ги доведе до оваа омаловажувачка позиција да бидат во „државен притвор“ заради нивната неспособност и неодговорност. Патем, Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле  народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета.

Згора на се, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС.

Оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија. Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kurtizani-sdsm-i-srpskata-opozitsija-imaat-ist-prijatel/

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за Спасовски за обештетување на граѓаните поради трошоците за вадење лични документи appeared first on Република.

]]>

Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи. Тие го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.
Поради несовесно работење во службата и злоупотреба на својата должност Оливер Спасовски дозволил да се издаваат патни исправи иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност. Ако на ова се додадат и официјалните изјави на владата на СДС дека патните и личните изјави на граѓаните ќе важат до истекот на нивната важност, тогаш доаѓаме до тоа дека СДС системски ги лажела и манипулирала граѓаните, за да ги доведе до оваа омаловажувачка позиција да бидат во „државен притвор“ заради нивната неспособност и неодговорност. Патем, Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле  народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета.
Згора на се, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС. Оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија. Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме. https://republika.mk/vesti/makedonija/kurtizani-sdsm-i-srpskata-opozitsija-imaat-ist-prijatel/

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за Спасовски за обештетување на граѓаните поради трошоците за вадење лични документи appeared first on Република.

]]>
Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за Спасовски https://republika.mk/vesti/makedonija/janushev-vmro-dpmne-ke-podnese-tuzhba-za-spasovski/ Mon, 12 Feb 2024 12:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=743201

Поради неодговорноста и измеќарскиот однос на СДС, граѓаните се доведени во ситуација да бидат во притвор во сопствената држава. Имено, изминатите години, надлежните институции, пред се МВР предводено од Спасовски, свесно работеле против интересите на државата и граѓаните, за сега да има целосен крах во издавањето на патни исправи поради што граѓаните не можат да ги остварат своите основни слободи и права, вели Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е директно нарушување на човековите и граѓанските права на секој поединец во Македонија, затоа што некој ја злоупотребил својата должност и несовесно работел во службата. Оливер Спасовски е директно одговорен за ова, бидејќи со години наназад набавувал обрасци за лични и патни исправи и истите ги издавал, иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност. Со тоа, Спасовски не само што го оштетил државниот буџет, туку ги оштетил и граѓаните кои денес се соочуваат со ограничување на движењето и материјална штета. За ова ВМРО-ДПМНЕ во име на сите граѓани ќе побара кривична одговорност од Оливер Спасовски, затоа што граѓаните кои извадиле пасош во период од 2018 година па до денес, а на кои државата не им издала соодветна патна исправа, се директно оштетени и доведени во омаловажувачка позиција да не можат да ги уживаат своите права, вели тој.

Воедно во име на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и тужба со цел обештетување на граѓаните кои свесно од страна на ова влада на ДУИ и СДСМ беа изложени на непотребни финансиски трошоци.

Ова покажува дека оваа власт на ДУИ и СДС е жив зијан за граѓаните. СДС и Ковачевски треба да се засрамат и да им се извинат на граѓаните за овој хаос. Најмалку што може да направат е да ги прифатат измените на законите за лични документи и за безбедност во сообраќајот во итна постапка во Собранието, како прв чекор, за да ја ублажат катастрофата кои ја предизвикаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://youtu.be/ZKA9XTTdZh0?si=Q7Vlmx5KnmYO9TBy

The post Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за Спасовски appeared first on Република.

И наставничката ранета во масакрот на Коста поднесе тужба против неговите родители https://republika.mk/vesti/balkan/i-nastavnichkata-raneta-vo-masakrot-na-kosta-podnese-tuzhba-protiv-negovite-roditeli/ Thu, 01 Feb 2024 08:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=739223

И наставничката по историја Татјана С., која беше тешко ранета во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, до Вишиот суд во Белград поднесе тужба против Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на 13-годишниот Коста кој го изврши злосторството.

Како што соопшти „Танјуг“, станува збор за тужба за надомест на нематеријална штета поради физичка болка, страв, намалување на животни активности и понижување.

Судот наведува дека тужбата против брачната двојка е поднесена затоа што тие не одговараат за делото што го сториле, туку одговараат за штетата што ја предизвикало нивното малолетно дете поради лошо воспитување, лош пример или семејни навики кои му ги дале неговите родители.

Ова е трета граѓанска тужба против родителите на малолетникот Коста Кецмановиќ.

Првата ја поднесоа членовите на семејството на едно од девојчињата кои загинаа тој ден, додека втората е групна тужба од 27 членови на семејствата на убиените.

Кривичната постапка против родителите, инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде малолетникот вежбал стрелање, започна во понеделникот, а потоа беше одлучено истото да биде затворено за јавноста.

The post И наставничката ранета во масакрот на Коста поднесе тужба против неговите родители appeared first on Република.

]]>

И наставничката по историја Татјана С., која беше тешко ранета во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, до Вишиот суд во Белград поднесе тужба против Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на 13-годишниот Коста кој го изврши злосторството. Како што соопшти „Танјуг“, станува збор за тужба за надомест на нематеријална штета поради физичка болка, страв, намалување на животни активности и понижување. Судот наведува дека тужбата против брачната двојка е поднесена затоа што тие не одговараат за делото што го сториле, туку одговараат за штетата што ја предизвикало нивното малолетно дете поради лошо воспитување, лош пример или семејни навики кои му ги дале неговите родители. Ова е трета граѓанска тужба против родителите на малолетникот Коста Кецмановиќ. Првата ја поднесоа членовите на семејството на едно од девојчињата кои загинаа тој ден, додека втората е групна тужба од 27 членови на семејствата на убиените. Кривичната постапка против родителите, инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде малолетникот вежбал стрелање, започна во понеделникот, а потоа беше одлучено истото да биде затворено за јавноста.

The post И наставничката ранета во масакрот на Коста поднесе тужба против неговите родители appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека „купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ja-dobi-tuzhbata-za-kleveta-za-lagata-deka-kupil-i-renoviral-kuka-vo-kozle-vredna-eden-milion-evra/ Mon, 29 Jan 2024 15:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=738260

Скопскиот суд утврди граѓанска одговорност за сторена клевета према претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од страна на Друштвото за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје, за објавување вест со наслов „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ на ден 26.02.2023 година во јавно објавена вест на официјалната веб страна „brif.mk“.

Според пресудата, порталот изнел невистинити факти за тужителот, со што ја повредиле честа и угледот со следново: „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“.

Целата пресуда е објавена на „Бриф“.

Мицкоски неодамна потенцираше дека  неколку пати добил пресуди за ширење на лажни вести, клеветење и невистини во, како што влеи, црната кампања која СДСМ ја води против него.

Докажано е дека brif.mk лажеа и апсолутно ширеа невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра. На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се по злобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, смениме и да ја изградиме Македонија. Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина, рече неодамна Мицкоски.

The post Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека „купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ appeared first on Република.

]]>

Скопскиот суд утврди граѓанска одговорност за сторена клевета према претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од страна на Друштвото за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје, за објавување вест со наслов „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ на ден 26.02.2023 година во јавно објавена вест на официјалната веб страна „brif.mk“. Според пресудата, порталот изнел невистинити факти за тужителот, со што ја повредиле честа и угледот со следново: „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“. Целата пресуда е објавена на „Бриф“. Мицкоски неодамна потенцираше дека  неколку пати добил пресуди за ширење на лажни вести, клеветење и невистини во, како што влеи, црната кампања која СДСМ ја води против него.
Докажано е дека brif.mk лажеа и апсолутно ширеа невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра. На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се по злобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, смениме и да ја изградиме Македонија. Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина, рече неодамна Мицкоски.

The post Мицкоски ја доби тужбата за клевета за лагата дека „купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ appeared first on Република.

]]>
АВМУ поднесе тужба против МИОА https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-podnese-tuzhba-protiv-mioa/ Mon, 15 Jan 2024 13:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=733293

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесе тужба против Министерството за администрација и информатичко општество затоа што подолг временски период го прекршува Законот за ААВМУ така што на агенцијата и на другите корисници им префрла помалку средства од законски предвидените, сооппшти директорот на агенцијата, Зоран Трајчевски.

– Со измените на законот кои стапија во јули 2023 година точно се знаат средствата за АВМУ, МРТВ и Национална радиодифузија. Спротивно на заонската обврска, МИОА префрлува помалку средства од законски пропишаните. За последните шест месеци има добиено 80.000 евра помалку, за јануари имаме добиено речиси 20.000 евра помалку. Оваа состојба трае со години затоа што МИОА го користеше дискреционото право и префрлуваше помалку средства. Со измените на Законот за ААВМУ од 2018 година се пропиша дека за МРТВ, Македонска радиофизуција и за АВМУ ќе се обезбедуваат од Буџетот средства во висина од 0,8 до 1% од реализираните приходи од годината која претходни на фискалната година. Средствата беа преполовени поради дискреционото право на 0,5%.

Со измените од јули 2023 година беше укинато дискреционото право и АВМУ треба да добие 5 отсто. Предлагач на овој закон е МИОА против кого сега поднесуваме тужба.

Усогласувањето на македонската легислатива беше услов за овозможување пристап до програмата Креативна Европа 2021-2027 чиј буџет изнесува 2,5 милијарди евра. Од нив 1,58 милијарди евра се наменети за медиумите. Со непочитувањето на законот ќе им се скрати на македонските медиуми пристап до овие пари – рече Трајчевски.

Тој додаде дека Јавниот сервис, МРТВ исто така ќе поднесе тужба против МИОА затоа што средствата кои му се кратат се далеку поголеми од средствата за АВМУ.

The post АВМУ поднесе тужба против МИОА appeared first on Република.

„Кампусот стана бастион на нескротливиот антисемитизам“: Еврејските студенти го тужат Харвард https://republika.mk/vesti/svet/kampusot-stana-bastion-na-neskrotliviot-antisemitizam-evrejskite-studenti-go-tuzhat-harvard/ Sun, 14 Jan 2024 11:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=732848

Еврејски студенти го тужат Универзитетот Харвард затоа што, според нив, дозволил нивниот кампус да стане „бастион на неконтролираниот антисемитизам“.

Харвард е обвинет дека селективно спроведува антидискриминаторска политика за да избегне заштита на еврејските студенти од вознемирување, со игнорирање на нивните молби за заштита и ангажирање професори кои поддржуваат насилство врз Евреите и шират антисемитска пропаганда.

Врз основа на искуството од минатото, незамисливо е Харвард да дозволи која било друга група освен Евреите да биде цел на слична злоупотреба или дека ќе дозволи, без одговор, студентите и професорите да повикуваат на уништување на која било друга земја освен Израел, се наведува во тужбата, пренесува „Хина“.

Универзитетот е обвинет за кршење на федералниот Закон за граѓански права, кој забранува дискриминација.

Тужбата е поднесена осум дена откако претседателката на Харвард, Клодин Геј поднесе оставка. Таа беше цел на критики за нејзиниот одговор на антисемитизмот по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и се соочи со обвинувања.

Од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, академските институции ширум светот се соочуваат со спорови околу слободата на говорот и правото на протест. Други колеџи, вклучувајќи го и Беркли, се соочуваат со слични тужби.

Студентите велат дека Харвард не може да дозволи „еврејските напади“ да ескалираат поради наводната потреба да им се дозволи на луѓето слобода на изразување.

Тие изјавија дека пристрасноста на Харвард се протега и на приемните испити, поради што бројот на еврејски студенти наводно е намален за 60 проценти. Повеќе од 30 студентски групи на Харвард потпишаа петиција ден по нападот на 7 октомври, обвинувајќи го Израел.

The post „Кампусот стана бастион на нескротливиот антисемитизам“: Еврејските студенти го тужат Харвард appeared first on Република.

]]>

Еврејски студенти го тужат Универзитетот Харвард затоа што, според нив, дозволил нивниот кампус да стане „бастион на неконтролираниот антисемитизам“. Харвард е обвинет дека селективно спроведува антидискриминаторска политика за да избегне заштита на еврејските студенти од вознемирување, со игнорирање на нивните молби за заштита и ангажирање професори кои поддржуваат насилство врз Евреите и шират антисемитска пропаганда.
Врз основа на искуството од минатото, незамисливо е Харвард да дозволи која било друга група освен Евреите да биде цел на слична злоупотреба или дека ќе дозволи, без одговор, студентите и професорите да повикуваат на уништување на која било друга земја освен Израел, се наведува во тужбата, пренесува „Хина“.
Универзитетот е обвинет за кршење на федералниот Закон за граѓански права, кој забранува дискриминација. Тужбата е поднесена осум дена откако претседателката на Харвард, Клодин Геј поднесе оставка. Таа беше цел на критики за нејзиниот одговор на антисемитизмот по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и се соочи со обвинувања. Од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, академските институции ширум светот се соочуваат со спорови околу слободата на говорот и правото на протест. Други колеџи, вклучувајќи го и Беркли, се соочуваат со слични тужби. Студентите велат дека Харвард не може да дозволи „еврејските напади“ да ескалираат поради наводната потреба да им се дозволи на луѓето слобода на изразување. Тие изјавија дека пристрасноста на Харвард се протега и на приемните испити, поради што бројот на еврејски студенти наводно е намален за 60 проценти. Повеќе од 30 студентски групи на Харвард потпишаа петиција ден по нападот на 7 октомври, обвинувајќи го Израел.

The post „Кампусот стана бастион на нескротливиот антисемитизам“: Еврејските студенти го тужат Харвард appeared first on Република.

]]>
И таму не се задоволни: Вработени од ЕЦБ ја тужат Банката поради недоволно зголемување на платите https://republika.mk/vesti/svet/i-tamu-ne-se-zadovolni-vraboteni-od-etsb-ja-tuzhat-bankata-poradi-nedovolno-zgolemuvane-na-platite/ Tue, 21 Nov 2023 16:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=714877

Вработените во Европската централна банка поднесоа жалба до судот на ЕУ бидејќи платите им биле зголемени помалку од растот инфлација, иако институцијата предупредува дека зголемувањето на платите во еврозоната би можело да поттикне раст на цените.

Жалбата поднесена до Генералниот суд на ЕУ од околу 40 вработени во ЕЦБ, поддржани од нивниот синдикат ИПСО, се обидува да ја поништи одлуката на централната банка да одобри пораст на платите од 4,07 отсто во јануари, јавија германски медиуми.

Во тоа време, инфлацијата во еврозоната беше речиси двојно поголема од таа бројка.

Спорот за платите меѓу ЕЦБ и нејзините неколку илјади вработени тлее повеќе од една година, а нивниот синдикат дури се закани и со штрајк.

Апелот на персоналот се однесува на формулата што ЕЦБ со седиште во Франкфурт ја користи за пресметување на зголемувањата на платите. Во своите пресметки, ЕЦБ ги разгледува зголемувањата на платите во повеќе од 20 централни банки и институции во Европа.

Списокот ја вклучува Банката за меѓународни порамнувања во Базел, која плаќа персонал во швајцарски франци, валута што значително зајакна во однос на еврото.

The post И таму не се задоволни: Вработени од ЕЦБ ја тужат Банката поради недоволно зголемување на платите appeared first on Република.

]]>

Вработените во Европската централна банка поднесоа жалба до судот на ЕУ бидејќи платите им биле зголемени помалку од растот инфлација, иако институцијата предупредува дека зголемувањето на платите во еврозоната би можело да поттикне раст на цените. Жалбата поднесена до Генералниот суд на ЕУ од околу 40 вработени во ЕЦБ, поддржани од нивниот синдикат ИПСО, се обидува да ја поништи одлуката на централната банка да одобри пораст на платите од 4,07 отсто во јануари, јавија германски медиуми. Во тоа време, инфлацијата во еврозоната беше речиси двојно поголема од таа бројка. Спорот за платите меѓу ЕЦБ и нејзините неколку илјади вработени тлее повеќе од една година, а нивниот синдикат дури се закани и со штрајк. Апелот на персоналот се однесува на формулата што ЕЦБ со седиште во Франкфурт ја користи за пресметување на зголемувањата на платите. Во своите пресметки, ЕЦБ ги разгледува зголемувањата на платите во повеќе од 20 централни банки и институции во Европа. Списокот ја вклучува Банката за меѓународни порамнувања во Базел, која плаќа персонал во швајцарски франци, валута што значително зајакна во однос на еврото.

The post И таму не се задоволни: Вработени од ЕЦБ ја тужат Банката поради недоволно зголемување на платите appeared first on Република.

]]>
Почнува ново рочиште против семејството Кецмановиќ и училиштето, по тужбата на едно од семејствата-жртви https://republika.mk/vesti/balkan/pochnuva-novo-rochishte-protiv-semejstvoto-ketsmanovik-i-uchilishteto-po-tuzhbata-na-edno-od-semejstvata-zhrtvi/ Thu, 02 Nov 2023 13:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=697465

Во Вишиот суд во Белград денеска треба да почне граѓанската постапка по втората тужба против семејството Кецмановиќ, чиј син на 3 мај уби девет врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“. Оваа тужба е поднесена од членовите на семејството на едно од убиените девојчиња, во која покрај семејството Кечмановиќ се тужи и училиштето во кое е извршен масакрот.

Неодамна почна граѓанската постапка за тужбата во која учествуваат 27 семејства. Во таа парница прелиминарното рочиште е завршено и главната расправа е закажана за крајот на декември.

Судот ќе одлучи по тужбеното барање и дури по завршувањето на граѓанската постапка ќе донесе одлука дали целосно или делумно ќе го прифати барањето на семејствата, или евентуално ќе го одбие.

Тужбата е поднесена во граѓанска постапка за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпен страв. Со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата до издржување на условите за истата - на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице.

Судот претходно во однос на таткото на момчето определи привремени мерки за забрана на располагање и отуѓување имот во кривичната постапка против него, а против мајката во граѓанската постапка.

Во граѓанската постапка против мајката на момчето, Вишиот суд во Белград донесе решение за привремена мерка во однос на имотот што е во нејзина сопственост, односно е блокиран за продажба и издавање.

На 10 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против таткото и мајката на момчето, како и против сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде, како што се сомнева, момчето убиец научило да пука, додека малолетникот не е кривично одговорен бидејќи во времето на масакрот не наполнил 14 години.

По поднесувањето на обвинението, Вишиот суд и одреди забрана на мајката да се приближува и да комуницира со момчето убиец.

The post Почнува ново рочиште против семејството Кецмановиќ и училиштето, по тужбата на едно од семејствата-жртви appeared first on Република.

]]>

Во Вишиот суд во Белград денеска треба да почне граѓанската постапка по втората тужба против семејството Кецмановиќ, чиј син на 3 мај уби девет врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“. Оваа тужба е поднесена од членовите на семејството на едно од убиените девојчиња, во која покрај семејството Кечмановиќ се тужи и училиштето во кое е извршен масакрот. Неодамна почна граѓанската постапка за тужбата во која учествуваат 27 семејства. Во таа парница прелиминарното рочиште е завршено и главната расправа е закажана за крајот на декември. Судот ќе одлучи по тужбеното барање и дури по завршувањето на граѓанската постапка ќе донесе одлука дали целосно или делумно ќе го прифати барањето на семејствата, или евентуално ќе го одбие. Тужбата е поднесена во граѓанска постапка за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпен страв. Со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата до издржување на условите за истата - на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице. Судот претходно во однос на таткото на момчето определи привремени мерки за забрана на располагање и отуѓување имот во кривичната постапка против него, а против мајката во граѓанската постапка. Во граѓанската постапка против мајката на момчето, Вишиот суд во Белград донесе решение за привремена мерка во однос на имотот што е во нејзина сопственост, односно е блокиран за продажба и издавање. На 10 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против таткото и мајката на момчето, како и против сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб каде, како што се сомнева, момчето убиец научило да пука, додека малолетникот не е кривично одговорен бидејќи во времето на масакрот не наполнил 14 години. По поднесувањето на обвинението, Вишиот суд и одреди забрана на мајката да се приближува и да комуницира со момчето убиец.

The post Почнува ново рочиште против семејството Кецмановиќ и училиштето, по тужбата на едно од семејствата-жртви appeared first on Република.

]]>
Горан Иванишевиќ ги тужи поранешната сопруга и ќерка https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/goran-ivanishevik-gi-tuzhi-poraneshnata-sopruga-i-kerka/ Tue, 17 Oct 2023 08:06:52 +0000 https://republika.mk/?p=691944

Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ на Инстаграм се огласи за односите со претходната сопруга Татјана Драговиќ.

„Така, во мигот кога се осмелив да си ги побарам заработените пари пред и за време на бракот, коишто Т.Д. ги присвои и покрај сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите. Сега само ја чекам тужбата што треба да утврди дека предметната Т.Д. го освоила Вимблдон и 2 олимписки медали, а можеби и некој друг „грен слем“, но тоа допрва треба да го утврди судот“, напиша Иванишевиќ. Тој натаму ги наведе своите адвокати кои, како што вели, „долго време“ се занимавале со ова.

Претходно хрватските медиуми објавија дека Иванишевиќ ја тужел и својата ќерка Амбер и барал половина од стан што ѝ го дала мајка ѝ, тврдејќи дека тоа подарување на станот е „против моралот на хрватското општество“. Поранешниот спортист бара и веќе да не плаќа алиментација за ќерка сѝ.

Според судските документи, тенисерот бара на Драговиќ да ѝ се одземе дел од имотот што правно ѝ припаѓа врз основа на нивните претходни договори, а исто така, и таа да врати фиктивен заем од 2,5 милиони евра.

Иако, наводно, тој не доставил никаков договор за заем до Судот, ниту некој убедлив документ што би го потврдил ова тврдење, судските власти, како што се тврди, ги блокирале сите сметки на Драговиќ и ѝ забраниле располагање со имотот, пишува хрватски „Национал“.

Полицијата и Судот, според Драговиќ, ги игнорираат сведочењата за семејно насилство, па таа се сомнева во нивната пристрасност, пишува хрватскиот весник.

Горан ја запознал својата поранешна сопруга во 1998 година. Татјана, тогаш супермоделка, имала 18, а тој - 25 години. Во 2004 година ја добија ќерката Амбер Марија, а по три години и синот Емануел. По бројни семејни перипетии, Горан и Татјана се разведоа во 2013 година.

Тој денес е оженет со радиоводителката Нивес Иванишевиќ (порано Чановиќ). Таа го поддржува и смета оти „правдата е бавна, но достижна“, како што напиша во една прилика.

The post Горан Иванишевиќ ги тужи поранешната сопруга и ќерка appeared first on Република.

]]>

Поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ на Инстаграм се огласи за односите со претходната сопруга Татјана Драговиќ.
„Така, во мигот кога се осмелив да си ги побарам заработените пари пред и за време на бракот, коишто Т.Д. ги присвои и покрај сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите. Сега само ја чекам тужбата што треба да утврди дека предметната Т.Д. го освоила Вимблдон и 2 олимписки медали, а можеби и некој друг „грен слем“, но тоа допрва треба да го утврди судот“, напиша Иванишевиќ. Тој натаму ги наведе своите адвокати кои, како што вели, „долго време“ се занимавале со ова.
Претходно хрватските медиуми објавија дека Иванишевиќ ја тужел и својата ќерка Амбер и барал половина од стан што ѝ го дала мајка ѝ, тврдејќи дека тоа подарување на станот е „против моралот на хрватското општество“. Поранешниот спортист бара и веќе да не плаќа алиментација за ќерка сѝ. Според судските документи, тенисерот бара на Драговиќ да ѝ се одземе дел од имотот што правно ѝ припаѓа врз основа на нивните претходни договори, а исто така, и таа да врати фиктивен заем од 2,5 милиони евра. Иако, наводно, тој не доставил никаков договор за заем до Судот, ниту некој убедлив документ што би го потврдил ова тврдење, судските власти, како што се тврди, ги блокирале сите сметки на Драговиќ и ѝ забраниле располагање со имотот, пишува хрватски „Национал“. Полицијата и Судот, според Драговиќ, ги игнорираат сведочењата за семејно насилство, па таа се сомнева во нивната пристрасност, пишува хрватскиот весник. Горан ја запознал својата поранешна сопруга во 1998 година. Татјана, тогаш супермоделка, имала 18, а тој - 25 години. Во 2004 година ја добија ќерката Амбер Марија, а по три години и синот Емануел. По бројни семејни перипетии, Горан и Татјана се разведоа во 2013 година. Тој денес е оженет со радиоводителката Нивес Иванишевиќ (порано Чановиќ). Таа го поддржува и смета оти „правдата е бавна, но достижна“, како што напиша во една прилика.  

The post Горан Иванишевиќ ги тужи поранешната сопруга и ќерка appeared first on Република.

]]>
Шестмина Португалци тужат 33 земји за непреземање мерки против климатската криза https://republika.mk/vesti/svet/shestmina-portugaltsi-tuzhat-33-zemji-za-neprezemane-merki-protiv-klimatskata-kriza/ Wed, 27 Sep 2023 11:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=685633

Во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска треба да се одржи сослушување по тужбата покрената од шестмина млади Португалци против Португалија и уште 32 држави од Европа, со која бараат на владите на овие земји да им се изрече пресуда со која ќе бидат приморани да ја засилат борбата против климатската криза.

Според португалското здружение за заштита на животната средина „Зеро“, ваквата иницијатива е покрената затоа што земјите „не сториле доволно“ со своите активности за заштита на климата.

Во соопштението на „Зеро“ се посочува дека шесте млади луѓе ја покренале тужбата во септември 2020 година, откако „биле сведоци на разорните шумски пожари и се поинтензивни бранови на жешко време“.

Подносителите на тужбата наведуваат дека климатските активности на „обвинетите“ земји не се доволни за заштита на нивните основни права, вклучително и нивното право на живот и на физичка и ментална благосостојба.

Според „Зеро“, кое наведува дека станува збор за „најголема климатска тужба покрената досега“, европските влади имаат законска обврска да дејствуваат итно за да спречат климатска катастрофа и да преземат многу порадикални и итни мерки за намалување на емисиите на штетните гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

На младите им истекува времето за заштита на својата иднина. ЕУ мора итно да ги намали бруто емисиите (на штетни гасови) за најмалку 65 отсто до 2030 година и да постигне нула нето емисии најдоцна до 2040 година, посочува „Зеро“ во соопштението.

По случајот која официјално се води како „Дуарте Агостињо и другите против 33 држави“, ќе решава Големиот совет на Судот составен од 22 члена под претседателство на Шиофра О’Лири, а во чиј состав е и македонскиот судија Јован Илиевски.

На листата на тужени држави се 27-те членки на ЕУ, како и Велика Британија, Норвешка, Русија, Турција, Украина и Швајцарија.

Судот треба да се произнесе по тужбата во следните 18 и доколку изрече пресуда, според очекувањата на „Зеро“, таа ќе претставува еден вид „нов законски задолжителен договор“, што директно ќе ги обврзува владите на тужените земји итно да дејствуваат против климатската криза.

Европската унија мора да ја забрза својата климатска акција и да ја зголеми својата амбиција да ги заштити граѓаните од опасните климатски промени, додава „Зеро“ во соопштението.

The post Шестмина Португалци тужат 33 земји за непреземање мерки против климатската криза appeared first on Република.

]]>

Во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска треба да се одржи сослушување по тужбата покрената од шестмина млади Португалци против Португалија и уште 32 држави од Европа, со која бараат на владите на овие земји да им се изрече пресуда со која ќе бидат приморани да ја засилат борбата против климатската криза. Според португалското здружение за заштита на животната средина „Зеро“, ваквата иницијатива е покрената затоа што земјите „не сториле доволно“ со своите активности за заштита на климата. Во соопштението на „Зеро“ се посочува дека шесте млади луѓе ја покренале тужбата во септември 2020 година, откако „биле сведоци на разорните шумски пожари и се поинтензивни бранови на жешко време“. Подносителите на тужбата наведуваат дека климатските активности на „обвинетите“ земји не се доволни за заштита на нивните основни права, вклучително и нивното право на живот и на физичка и ментална благосостојба. Според „Зеро“, кое наведува дека станува збор за „најголема климатска тужба покрената досега“, европските влади имаат законска обврска да дејствуваат итно за да спречат климатска катастрофа и да преземат многу порадикални и итни мерки за намалување на емисиите на штетните гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. На младите им истекува времето за заштита на својата иднина. ЕУ мора итно да ги намали бруто емисиите (на штетни гасови) за најмалку 65 отсто до 2030 година и да постигне нула нето емисии најдоцна до 2040 година, посочува „Зеро“ во соопштението. По случајот која официјално се води како „Дуарте Агостињо и другите против 33 држави“, ќе решава Големиот совет на Судот составен од 22 члена под претседателство на Шиофра О’Лири, а во чиј состав е и македонскиот судија Јован Илиевски. На листата на тужени држави се 27-те членки на ЕУ, како и Велика Британија, Норвешка, Русија, Турција, Украина и Швајцарија. Судот треба да се произнесе по тужбата во следните 18 и доколку изрече пресуда, според очекувањата на „Зеро“, таа ќе претставува еден вид „нов законски задолжителен договор“, што директно ќе ги обврзува владите на тужените земји итно да дејствуваат против климатската криза. Европската унија мора да ја забрза својата климатска акција и да ја зголеми својата амбиција да ги заштити граѓаните од опасните климатски промени, додава „Зеро“ во соопштението.

The post Шестмина Португалци тужат 33 земји за непреземање мерки против климатската криза appeared first on Република.

]]>
Перински: СДСМ и Арсовска плукаа силно, сега паѓа на нивното лице https://republika.mk/vesti/skopje/perinski-sdsm-i-arsovska-plukaa-silno-sega-paga-na-nivnoto-litse/ Thu, 21 Sep 2023 11:39:03 +0000 https://republika.mk/?p=683766

Добиена тужбата за клевета против лагите дека се „профитирало“ од темата Прочистителната станица град Скопје. И сега квалифилациите „медари“, „криминалци“ и „профитери“ се пехарот на срамот кој останува за Арсовска, СДСМ и тие кои направија тема и ширеа лаги. Плукаа силно, сега паѓа на нивното лице, изјави Златко Перински, поранешен директор на ЈП Водовод и канализација, кој беше разрешен откако ѝ се спротистави на градоначалничката Арсовска во нејзиниот обид во влијание на постапката за избор на изведувач на Прочистителната станица, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес објави за добиена тужба против СДСМ дека тој, а не Арсовска влијаеле врз постапката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobi-na-sud-sdsm-povtorno-osudena-za-kleveti-i-shirene-lazhni-vesti/

Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене, напиша Христијан Мицкоски.

Овој пат, додава, за тендерската постапка за Пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.

Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата, посочи Мицкоски.

The post Перински: СДСМ и Арсовска плукаа силно, сега паѓа на нивното лице appeared first on Република.

]]>

Добиена тужбата за клевета против лагите дека се „профитирало“ од темата Прочистителната станица град Скопје. И сега квалифилациите „медари“, „криминалци“ и „профитери“ се пехарот на срамот кој останува за Арсовска, СДСМ и тие кои направија тема и ширеа лаги. Плукаа силно, сега паѓа на нивното лице, изјави Златко Перински, поранешен директор на ЈП Водовод и канализација, кој беше разрешен откако ѝ се спротистави на градоначалничката Арсовска во нејзиниот обид во влијание на постапката за избор на изведувач на Прочистителната станица, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес објави за добиена тужба против СДСМ дека тој, а не Арсовска влијаеле врз постапката. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dobi-na-sud-sdsm-povtorno-osudena-za-kleveti-i-shirene-lazhni-vesti/