туристичка сезона Archives - Република https://republika.mk/tema/turistichka-sezona/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 08:32:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туристичка сезона Archives - Република https://republika.mk/tema/turistichka-sezona/ 32 32 Температурите во Грција не паѓаат, идеално е за капење и во септември https://republika.mk/zivot/patuvanja/temperaturite-vo-grtsija-ne-pagaat-idealno-e-za-kapene-i-vo-septemvri/ Wed, 04 Sep 2024 20:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=813064

Главна карактеристика на летото беа големиот број последователни денови со многу високи дневни и ноќни температури, главно во урбаните центри, пишува порталот „Метео“ на Националната опсерваторија на Атина, анализирајќи ги податоците од мрежата на метеоролошки станици, според кои во текот на летото, просечната вредност на максималните дневни температури беше многу висока во цела Грција, споредбено со просекот од 2010-2019 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Од анализата на максималните температури произлегло дека 22 отсто од 500 метеоролошки станици, измериле максимална температура од над 37 степени најмалку 25 дена, додека пак во градот Гавалу, во западниот дел на континентална Грција и во Скала во југозападниот дел на Пелопонез, во 60 од 92 денови од летото, максималната температура надминала 37 степени.

Во центарот на Атина половина од летото, односно 45 дена температурата била над 37 степени, додека во текот на ноќта во 60 од 92 дена температурата не паднала под 26 степени.

Особено високи биле и минималните дневни температури во големите урбани центри, додека температурата била околу 26-28 степени во текот на ноќта.

The post Температурите во Грција не паѓаат, идеално е за капење и во септември appeared first on Република.

]]>

Главна карактеристика на летото беа големиот број последователни денови со многу високи дневни и ноќни температури, главно во урбаните центри, пишува порталот „Метео“ на Националната опсерваторија на Атина, анализирајќи ги податоците од мрежата на метеоролошки станици, според кои во текот на летото, просечната вредност на максималните дневни температури беше многу висока во цела Грција, споредбено со просекот од 2010-2019 година, јави дописничката на МИА од Атина. Од анализата на максималните температури произлегло дека 22 отсто од 500 метеоролошки станици, измериле максимална температура од над 37 степени најмалку 25 дена, додека пак во градот Гавалу, во западниот дел на континентална Грција и во Скала во југозападниот дел на Пелопонез, во 60 од 92 денови од летото, максималната температура надминала 37 степени. Во центарот на Атина половина од летото, односно 45 дена температурата била над 37 степени, додека во текот на ноќта во 60 од 92 дена температурата не паднала под 26 степени. Особено високи биле и минималните дневни температури во големите урбани центри, додека температурата била околу 26-28 степени во текот на ноќта.

The post Температурите во Грција не паѓаат, идеално е за капење и во септември appeared first on Република.

]]>
Изгор: Во Македонија и Србија најмногу поскапеле туристичките аранжмани https://republika.mk/zivot/patuvanja/izgor-vo-makedonija-i-srbija-najmnogu-poskapele-turistichkite-aranzhmani/ Tue, 03 Sep 2024 18:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=812568

Цените на туристичките аранжмани во Македонија во јули се зголемени повеќе отколку во речиси сите европски земји. Додека просечното зголемување на цената на пакет аранжманите во јули во Европската унија (ЕУ) изнесуваше 6,6 отсто, според Евростат, во Македонија цената на туристичките пакети се зголеми за дури 16,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

Во споредба со земјите од регионот, високо зголемување на пакет аранжманите имаше и Србија каде аранжманите за туристите во јули поскапеле за 15,2 отсто, покажуваат податоците на Евростат, соопшти Bloomberg Adria.

Аранжманите во Хрватска во јули се повисоки за девет отсто во однос на истиот период лани, во Словенија за 6,7 отсто, во Албанија за 1,4 отсто, додека туристичките аранжмани во Црна Гора се пониски за еден отсто.

Најголемо поскапување на туристичките аранжмани имало во Турција, каде што цените пораснале за дури 49,5 отсто. Следува Франција, каде услугите за туристите се повисоки за 22,2 отсто. Повисоките цени во Франција може да се препишат на одржувањето на Летните олимписки игри, со оглед на тоа што Париз заедно со уште неколку градови беше домаќин на оваа светска спортска манифестација од 26 јули до 11 август.

Потоа, повисоки цени на аранжманите за туристи се забележани во Италија (19,5 отсто), Кипар (16,7), а веднаш зад овие земји се Македонија и Србија.

Земјите каде што цените на аранжманите паднаа во јули се Данска (0,2 отсто), Црна Гора (1 отсто), Финска (2,7 отсто), Малта (2,9 отсто) и Норвешка (3,9 отсто).

Во ЕУ цената на пакет аранжманите во јули е повисока за 6,6 отсто. Цената на домашните аранжмани е зголемена за 11,1 отсто, а на меѓународните за 5,7 отсто

The post Изгор: Во Македонија и Србија најмногу поскапеле туристичките аранжмани appeared first on Република.

]]>

Цените на туристичките аранжмани во Македонија во јули се зголемени повеќе отколку во речиси сите европски земји. Додека просечното зголемување на цената на пакет аранжманите во јули во Европската унија (ЕУ) изнесуваше 6,6 отсто, според Евростат, во Македонија цената на туристичките пакети се зголеми за дури 16,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. Во споредба со земјите од регионот, високо зголемување на пакет аранжманите имаше и Србија каде аранжманите за туристите во јули поскапеле за 15,2 отсто, покажуваат податоците на Евростат, соопшти Bloomberg Adria. Аранжманите во Хрватска во јули се повисоки за девет отсто во однос на истиот период лани, во Словенија за 6,7 отсто, во Албанија за 1,4 отсто, додека туристичките аранжмани во Црна Гора се пониски за еден отсто. Најголемо поскапување на туристичките аранжмани имало во Турција, каде што цените пораснале за дури 49,5 отсто. Следува Франција, каде услугите за туристите се повисоки за 22,2 отсто. Повисоките цени во Франција може да се препишат на одржувањето на Летните олимписки игри, со оглед на тоа што Париз заедно со уште неколку градови беше домаќин на оваа светска спортска манифестација од 26 јули до 11 август. Потоа, повисоки цени на аранжманите за туристи се забележани во Италија (19,5 отсто), Кипар (16,7), а веднаш зад овие земји се Македонија и Србија. Земјите каде што цените на аранжманите паднаа во јули се Данска (0,2 отсто), Црна Гора (1 отсто), Финска (2,7 отсто), Малта (2,9 отсто) и Норвешка (3,9 отсто). Во ЕУ цената на пакет аранжманите во јули е повисока за 6,6 отсто. Цената на домашните аранжмани е зголемена за 11,1 отсто, а на меѓународните за 5,7 отсто

The post Изгор: Во Македонија и Србија најмногу поскапеле туристичките аранжмани appeared first on Република.

]]>
Туристичката инспекција апелира да се користат лиценцирани туристички водичи https://republika.mk/zivot/patuvanja/turistichkata-inspektsija-apelira-da-se-koristat-litsentsirani-turistichki-vodichi/ Wed, 24 Jul 2024 15:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=799909

Во екот на главната туристичка сезона, Туристичката инспекција во рамки на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има зголемен обем на работа и покрај редовната контрола на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости.

Во последниот период, како дел од теренските активности, во повеќе наврати туристичките инспектори констатирале непочитување на Законот за туристичка дејност и нелиценцирани туристички водичи, кои водат групи на разглед во Охрид, информираат од Општина Охрид.

Со цел да се спречи ваквата појава и да се избегне изрекување на казни, се упатува апел до сите странски туроператори, домашни туристички агенции, сместувачки капацитети и други туристички чинители, кои носат туристички групи на разглед на археолошките локалитети и другите знаменитости во Охрид, задолжително да користат услуга од лиценциран туристички водич, потенцираат.

Посочуваат дека очекуваат од сите вклучени во туристичките дејности да работат согласно законските прописи со цел да се зачува имиџот на Охрид како атрактивна туристичка дестинација.

The post Туристичката инспекција апелира да се користат лиценцирани туристички водичи appeared first on Република.

]]>

Во екот на главната туристичка сезона, Туристичката инспекција во рамки на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има зголемен обем на работа и покрај редовната контрола на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости. Во последниот период, како дел од теренските активности, во повеќе наврати туристичките инспектори констатирале непочитување на Законот за туристичка дејност и нелиценцирани туристички водичи, кои водат групи на разглед во Охрид, информираат од Општина Охрид.
Со цел да се спречи ваквата појава и да се избегне изрекување на казни, се упатува апел до сите странски туроператори, домашни туристички агенции, сместувачки капацитети и други туристички чинители, кои носат туристички групи на разглед на археолошките локалитети и другите знаменитости во Охрид, задолжително да користат услуга од лиценциран туристички водич, потенцираат.
Посочуваат дека очекуваат од сите вклучени во туристичките дејности да работат согласно законските прописи со цел да се зачува имиџот на Охрид како атрактивна туристичка дестинација.

The post Туристичката инспекција апелира да се користат лиценцирани туристички водичи appeared first on Република.

]]>
Пред да тргнете: Oва се летувалиштата во Грција со најтопла вода https://republika.mk/zivot/patuvanja/pred-da-trnete-ova-se-letuvalishtata-vo-grtsija-so-najtopla-voda/ Tue, 16 Jul 2024 12:32:28 +0000 https://republika.mk/?p=797383

Сезоната е во пол е. Грција е најчестата дестинација па „Република“ ви ги носи плажите со највисоки температури на морето во Грција

Плажата Мандраки, Скијатос

Мандраки е всушност област составена од три плажи - пристаништето Ксеркс, кое плени со златниот песок и тиркизното море, и неорганизираните Елија и Агкистрос, а патот до нив води низ прекрасниот парк Мандраки.

Плажата Парадизо, Неос Мармарас

Оваа долга, тесна и камчеста плажа се наоѓа на влезот во Неос Мармарас, епицентарот на случувањата во Ситонија. Тивко е, добро организирано и нема гужва, а единствено е што влезот во водата е отежнат поради поголемите камења. Туристите велат дека овде може да се очекува морска температура од 30 степени.

Плажата Ливари, Вурвуру

Вурвуру е мало, специфично место на истокот на Ситонија. Главната плажа во градот е Кариди и се смета за една од најубавите на полуостровот, додека Ливари е прекрасна песочна лагуна која се наоѓа недалеку од неа.

Паралија

Туристите често се жалат на морето во едно од најпопуларните одморалишта меѓу Македонците - поради медузите, тревата што понекогаш ја креваат брановите, водата која е матна во плиткото поради песокот, но она што секако не може да се критикува е температурата на морето.

The post Пред да тргнете: Oва се летувалиштата во Грција со најтопла вода appeared first on Република.

]]>

Сезоната е во пол е. Грција е најчестата дестинација па „Република“ ви ги носи плажите со највисоки температури на морето во Грција Плажата Мандраки, Скијатос Мандраки е всушност област составена од три плажи - пристаништето Ксеркс, кое плени со златниот песок и тиркизното море, и неорганизираните Елија и Агкистрос, а патот до нив води низ прекрасниот парк Мандраки.   Плажата Парадизо, Неос Мармарас Оваа долга, тесна и камчеста плажа се наоѓа на влезот во Неос Мармарас, епицентарот на случувањата во Ситонија. Тивко е, добро организирано и нема гужва, а единствено е што влезот во водата е отежнат поради поголемите камења. Туристите велат дека овде може да се очекува морска температура од 30 степени. Плажата Ливари, Вурвуру Вурвуру е мало, специфично место на истокот на Ситонија. Главната плажа во градот е Кариди и се смета за една од најубавите на полуостровот, додека Ливари е прекрасна песочна лагуна која се наоѓа недалеку од неа.   Паралија Туристите често се жалат на морето во едно од најпопуларните одморалишта меѓу Македонците - поради медузите, тревата што понекогаш ја креваат брановите, водата која е матна во плиткото поради песокот, но она што секако не може да се критикува е температурата на морето.

The post Пред да тргнете: Oва се летувалиштата во Грција со најтопла вода appeared first on Република.

]]>
Не ја носете оваа храна: Eве што може да ви одземат грчките цариници на граница https://republika.mk/zivot/patuvanja/ne-ja-nosete-ovaa-hrana-eve-shto-mozhe-da-vi-odzemat-grchkite-tsarinitsi-na-granitsa/ Mon, 10 Jun 2024 10:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=786153

Во Грција е забранет увозот на месо, млеко и млечни производи. Тоа значи дека во Грција не можете да однесете на море виршли, шницли, шунка, сирење, млеко, јогурт, павлака... Исто така, не е дозволено да се земаат варени и пржени јадења и расиплива храна.

Граничниот службеник има право да ви ја одземе оваа храна и да ја фрли, предупредува веб-страницата „Грчкаинфо“.

Може да земете до 5 килограми свежо овошје и зеленчук, освен компири, до 2 кг бебешко млеко во прав или храна за бебиња или храна за посебни потреби, како и до 2 кг храна за домашни миленици.

Moжете да понесете и  ориз, кечап, готови оброци, макарони, бисквити, чоколадо, вода, сокови, се додека вредноста на овие намирници не надминува 300 евра по патник.

The post Не ја носете оваа храна: Eве што може да ви одземат грчките цариници на граница appeared first on Република.

]]>

Во Грција е забранет увозот на месо, млеко и млечни производи. Тоа значи дека во Грција не можете да однесете на море виршли, шницли, шунка, сирење, млеко, јогурт, павлака... Исто така, не е дозволено да се земаат варени и пржени јадења и расиплива храна. Граничниот службеник има право да ви ја одземе оваа храна и да ја фрли, предупредува веб-страницата „Грчкаинфо“. Може да земете до 5 килограми свежо овошје и зеленчук, освен компири, до 2 кг бебешко млеко во прав или храна за бебиња или храна за посебни потреби, како и до 2 кг храна за домашни миленици. Moжете да понесете и  ориз, кечап, готови оброци, макарони, бисквити, чоколадо, вода, сокови, се додека вредноста на овие намирници не надминува 300 евра по патник.

The post Не ја носете оваа храна: Eве што може да ви одземат грчките цариници на граница appeared first on Република.

]]>
Што да очекувате од Грција во јуни: Температурата на морето 21 степен, купете си грчки број за интернет https://republika.mk/zivot/patuvanja/shto-da-ochekuvate-od-grtsija-vo-juni-temperaturata-na-moreto-21-stepen-kupete-si-grchki-broj-za-internet/ Mon, 03 Jun 2024 11:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=784378

Голем број македонски граѓани ги користат евтините аранжмани во јуни за да го посетат јужниот сосед.

Па еве што може да очекувате

Температурата на воздухот е пријатна а температурата на морето се движи помеѓу 20 и 21 степен со тенденција да расте како што се затоплува.

Цените на бензините во Грција постојано се менуваат и варираат од место до место. Најевтини се во Атина и Солун, додека најскапи се на автопатите и на островите.

Ако одите на островите со автомобил, најдобро е да резервирате билети преку Интернет поради капацитетот на гаражата на бродот.

Во Грција има три мобилни оператори - Cosmote, Vodafone и Nova и најброро е да купите нивен број за да го користите интернет.Но, за тоа ќе ви биде потребен пасош.

Ова лето новина е што се намалува бројот на чадори и лежалки на плажите и се зголемува просторот за оние кои сакаат да користат сопственa oпрема.

The post Што да очекувате од Грција во јуни: Температурата на морето 21 степен, купете си грчки број за интернет appeared first on Република.

]]>

Голем број македонски граѓани ги користат евтините аранжмани во јуни за да го посетат јужниот сосед. Па еве што може да очекувате Температурата на воздухот е пријатна а температурата на морето се движи помеѓу 20 и 21 степен со тенденција да расте како што се затоплува. Цените на бензините во Грција постојано се менуваат и варираат од место до место. Најевтини се во Атина и Солун, додека најскапи се на автопатите и на островите. Ако одите на островите со автомобил, најдобро е да резервирате билети преку Интернет поради капацитетот на гаражата на бродот. Во Грција има три мобилни оператори - Cosmote, Vodafone и Nova и најброро е да купите нивен број за да го користите интернет.Но, за тоа ќе ви биде потребен пасош. Ова лето новина е што се намалува бројот на чадори и лежалки на плажите и се зголемува просторот за оние кои сакаат да користат сопственa oпрема.

The post Што да очекувате од Грција во јуни: Температурата на морето 21 степен, купете си грчки број за интернет appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на летната туристичка сезона средба со туристички агенции во РЦГ Југ https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-presret-na-letnata-turistichka-sezona-sredba-so-turistichki-agentsii-vo-rtsg-jug/ Tue, 21 May 2024 16:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=780592

Во пресрет на летната туристичка сезона денеска во Регионалниот центар за гранични работи Југ се одржа средба со претставници на туристички агенции што најчесто организираат превоз на патници на јужната граница.

Началникот Славчо Богев рече дека современиот пристап во менаџирањето со границите бара нови начини на справување со предизвиците, кои од година во година се сè понеизвесни.

-Во пресрет на престојната летна туристичка сезона која се очекува да биде рекордна по однос на бројот на патници, одржавме работен состанок. Беа потенцирани мерките и активностите што ги презема граничната полиција со цел да се обезбеди побрз и поефикасен проток на патници и возила. На состанокот беше истакна важноста на соработката меѓу полицијата и туристичките агенции. Од моја страна присутните претставници беа запознати со активностите кои ги презема граничната полиција, за обезбедување на безбедно и ефикасно преминување на границата, особено за време на зголемениот проток на патувања во летниот период. МВР, односно РЦ за ГР ЈУГ за време на летната туристичка сезона ќе преземе соодветни мерки за побрз проток патници и возила, појасни тој.

Дел од нив се однесуваат на зголемување на бројот на персонал, за време на летната сезона, ќе се ангажираат дополнителен број на полициски службеници на граничните премини за да се намали времето на чекање.

-Засилена е соработката со останатите РЦ за ГР, а особено со РЦ за ГР Север за координирано управување со протокот на патници и возила кои патуваат на релација север-југ и обратно. Беа истакнати и специфични мерки насочени кон туристичките агенции за да се овозможи побрз проток на организирани групи, како посебни ленти за  туристички  автобуси и воспоставени посебни процедури за  патници, кои патуваат организирано со туристички автобуси, со цел намалување на времето на чекање и побрз премин на организираните групи. Во текот на летната туристичка   сезона РЦ за ГР ЈУГ ќе организира низа на превентивни активности на граничните  премини, преку кои патниците ќе бидат запознаени и ќе добијат информативни материјали со насоки и упатства за процедурите на граничната контрола, додаде Богев.

По презентирањето на мерките следеше дискусија, во која претставниците на   туристичките агенции, имаа можност да поставуваат прашања и да дадат предлози за понатамошно подобрување на соработката. Беше истакната потребата од постојана  комуникација и брза размена на информации меѓу граничната полиција и туристичките агенции. Состанокот заврши со заклучок дека е неопходна континуирана соработка и заеднички напори за да се обезбеди ефикасен и брз проток на патници и возила на јужната граница.

-Претставниците на туристичките агенции ја изразија својата благодарност до раководството на РЦ за ГР ЈУГ за организираниот состанок и за преземените мерки и истакнаа дека ќе ги информираат своите патници за сите важни аспекти на граничната контрола. Исто така, туристичките агенции ја пофалија работата на граничната полиција на јужната граница во борбата со нелојалната конкуренција, во делот на меѓународниот превоз на патници и стока, каде се санкционираат сите превозници кои не поседуваат соодветни лиценции и друга потребна документација. Состанокот резултираше со зацврстување на соработката и заедничка определба   за подобрување на условите за патување за време на летната туристичка сезона. Јас како началник на РЦ за ГР ЈУГ и понатаму ќе го застапувам и промовирам проактивниот пристап во справувањето со предизвиците, а истовремено ќе ја јакниме и довербата кај граѓаните, рече Богев.

The post Во пресрет на летната туристичка сезона средба со туристички агенции во РЦГ Југ appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на летната туристичка сезона денеска во Регионалниот центар за гранични работи Југ се одржа средба со претставници на туристички агенции што најчесто организираат превоз на патници на јужната граница. Началникот Славчо Богев рече дека современиот пристап во менаџирањето со границите бара нови начини на справување со предизвиците, кои од година во година се сè понеизвесни.
-Во пресрет на престојната летна туристичка сезона која се очекува да биде рекордна по однос на бројот на патници, одржавме работен состанок. Беа потенцирани мерките и активностите што ги презема граничната полиција со цел да се обезбеди побрз и поефикасен проток на патници и возила. На состанокот беше истакна важноста на соработката меѓу полицијата и туристичките агенции. Од моја страна присутните претставници беа запознати со активностите кои ги презема граничната полиција, за обезбедување на безбедно и ефикасно преминување на границата, особено за време на зголемениот проток на патувања во летниот период. МВР, односно РЦ за ГР ЈУГ за време на летната туристичка сезона ќе преземе соодветни мерки за побрз проток патници и возила, појасни тој.
Дел од нив се однесуваат на зголемување на бројот на персонал, за време на летната сезона, ќе се ангажираат дополнителен број на полициски службеници на граничните премини за да се намали времето на чекање.
-Засилена е соработката со останатите РЦ за ГР, а особено со РЦ за ГР Север за координирано управување со протокот на патници и возила кои патуваат на релација север-југ и обратно. Беа истакнати и специфични мерки насочени кон туристичките агенции за да се овозможи побрз проток на организирани групи, како посебни ленти за  туристички  автобуси и воспоставени посебни процедури за  патници, кои патуваат организирано со туристички автобуси, со цел намалување на времето на чекање и побрз премин на организираните групи. Во текот на летната туристичка   сезона РЦ за ГР ЈУГ ќе организира низа на превентивни активности на граничните  премини, преку кои патниците ќе бидат запознаени и ќе добијат информативни материјали со насоки и упатства за процедурите на граничната контрола, додаде Богев.
По презентирањето на мерките следеше дискусија, во која претставниците на   туристичките агенции, имаа можност да поставуваат прашања и да дадат предлози за понатамошно подобрување на соработката. Беше истакната потребата од постојана  комуникација и брза размена на информации меѓу граничната полиција и туристичките агенции. Состанокот заврши со заклучок дека е неопходна континуирана соработка и заеднички напори за да се обезбеди ефикасен и брз проток на патници и возила на јужната граница.
-Претставниците на туристичките агенции ја изразија својата благодарност до раководството на РЦ за ГР ЈУГ за организираниот состанок и за преземените мерки и истакнаа дека ќе ги информираат своите патници за сите важни аспекти на граничната контрола. Исто така, туристичките агенции ја пофалија работата на граничната полиција на јужната граница во борбата со нелојалната конкуренција, во делот на меѓународниот превоз на патници и стока, каде се санкционираат сите превозници кои не поседуваат соодветни лиценции и друга потребна документација. Состанокот резултираше со зацврстување на соработката и заедничка определба   за подобрување на условите за патување за време на летната туристичка сезона. Јас како началник на РЦ за ГР ЈУГ и понатаму ќе го застапувам и промовирам проактивниот пристап во справувањето со предизвиците, а истовремено ќе ја јакниме и довербата кај граѓаните, рече Богев.

The post Во пресрет на летната туристичка сезона средба со туристички агенции во РЦГ Југ appeared first on Република.

]]>
Македонската амбасада во Тирана за нашите државјани кои ќе летуваат во Албанија објави телефонски броеви за итни случаи https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-ambasada-vo-tirana-za-nashite-drzhavjani-koi-ke-letuvaat-vo-albanija-objavi-telefonski-broevi-za-itni-sluchai/ Wed, 01 May 2024 11:36:17 +0000 https://republika.mk/?p=772989

Пред почетокот на главната туристичка сезона во Албанија, а имајќи го предвид фактот дека голем број македонски граѓани летуваат на тамошното крајбрежје, Македонската амбасада во Тирана  информира за телефонските броеви, на кои може да се јават во случај на потреба.

-И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат во земјата ќе може да се јават доколку имаат потреба. Дежурен телефон за итни случаи на македонската амбасада во Тирана: (Global Sos): +355 6890 19198 (+Viber+Whatsapp) амбуланта 127, полиција 129, итна служба 112, стои во соопштението на македонската амбасада во Тирана, објавено на Фејсбук страната на амбасадата.

Македонските туристи се меѓу најбројните, по косовските, кои летните одмори ги минуваат на албанското крајбрежје, пред сè во Валона, Драч и Шенѓин. Во просек годишно, главно во летната сезона одмараат над 300 илјади македонски граѓани.

The post Македонската амбасада во Тирана за нашите државјани кои ќе летуваат во Албанија објави телефонски броеви за итни случаи appeared first on Република.

Лошо лето за патлиџан туристите: Еве која храна Грците ќе ја одземаат уште на граница https://republika.mk/zivot/patuvanja/losho-leto-za-patlidhan-turistite-eve-koja-hrana-grtsite-ke-ja-odzemaat-ushte-na-granitsa/ Wed, 17 Apr 2024 08:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=766952

Според грчките царински прописи, забранет е увоз на месо и млечни производи, лесно расиплива храна (непакувана) како и увоз на растенија. Ограничувања има и за други прехранбени производи и некои повредни предмети.

Грците генерално го толерираат воведувањето на забранета храна.

Но, врз основа на претходното искуство, грчките цариници на почетокот на секоја сезона го прегледуваат багажот на неколку патници во автобусите на туристичките агенции и им ја одземаат забранетата храна.

Досега не се случило да застанат автомобили или да продолжат со оваа практика како што одминува летото, туку само на самиот почеток на сезоната, односно на крајот на мај и почетокот на јуни.

Тоа што грчките цариници толерираат увоз на нелегална храна не значи дека треба премногу да се опуштите и да носите и неопходни и непотребни предмети со себе.

Пред да заминете на одмор, најдобро е да прашате за цените на храната што планирате да ја донесете, бидејќи разликата во цената на српскиот и грчкиот пазар не е толку голема како што изгледа на прв поглед.

Разбираме дека летувањето тешко се исплатува и дека носењето храна од Србија е форма на штедење, но размислете за штедењето на поинаков начин.

Не носете свежо месо и варени јадења, бидејќи месото во Грција е малку поскапо, а наместо готвени, подобро е да носите готови јадења кои не се скапи.

Овошјето и зеленчукот во Грција чинат исто како кај нас, а многу намирници се поевтини во супермаркетите од синџирот Лидл отколку во Србија.

На маркетите, кои ги има речиси во сите одморалишта, по многу пониска цена може да се купи месо, млеко и млечни производи, како и овошје и зеленчук.

Водата е поевтина и во Грција, а може да се најдат и евтини увозни пива и сокови.

Граница

Регистрација на камери, камери, лаптопи – По правило, ако со себе носите скапи уреди (камери, лаптопи и сл.) преку граница, потребно е да ги регистрирате на граница. Се толерира и непријавување на овие артикли, но може да се случи царински службеник да ви направи проблем на излез.

Не застанувајте на фри шоп пред да влезете во Грција и да купувате големи количини цигари. Дозволени се само две кутии цигари по лице.

Увозот на алкохолни пијалоци исто така е ограничен на два литри по лице, а доколку имате повеќе од 10.000 евра во готовина со себе, задолжително треба да ги пријавите.

Според нашето искуство, ако сте умерени во носењето храна и пијалоци, нема да имате проблеми дури и ако прекршите некои од прописите, но треба да бидете внимателни и да не ризикувате без итна потреба.

The post Лошо лето за патлиџан туристите: Еве која храна Грците ќе ја одземаат уште на граница appeared first on Република.

]]>

Според грчките царински прописи, забранет е увоз на месо и млечни производи, лесно расиплива храна (непакувана) како и увоз на растенија. Ограничувања има и за други прехранбени производи и некои повредни предмети.

Грците генерално го толерираат воведувањето на забранета храна. Но, врз основа на претходното искуство, грчките цариници на почетокот на секоја сезона го прегледуваат багажот на неколку патници во автобусите на туристичките агенции и им ја одземаат забранетата храна. Досега не се случило да застанат автомобили или да продолжат со оваа практика како што одминува летото, туку само на самиот почеток на сезоната, односно на крајот на мај и почетокот на јуни. Тоа што грчките цариници толерираат увоз на нелегална храна не значи дека треба премногу да се опуштите и да носите и неопходни и непотребни предмети со себе. Пред да заминете на одмор, најдобро е да прашате за цените на храната што планирате да ја донесете, бидејќи разликата во цената на српскиот и грчкиот пазар не е толку голема како што изгледа на прв поглед. Разбираме дека летувањето тешко се исплатува и дека носењето храна од Србија е форма на штедење, но размислете за штедењето на поинаков начин. Не носете свежо месо и варени јадења, бидејќи месото во Грција е малку поскапо, а наместо готвени, подобро е да носите готови јадења кои не се скапи. Овошјето и зеленчукот во Грција чинат исто како кај нас, а многу намирници се поевтини во супермаркетите од синџирот Лидл отколку во Србија. На маркетите, кои ги има речиси во сите одморалишта, по многу пониска цена може да се купи месо, млеко и млечни производи, како и овошје и зеленчук. Водата е поевтина и во Грција, а може да се најдат и евтини увозни пива и сокови. Граница Регистрација на камери, камери, лаптопи – По правило, ако со себе носите скапи уреди (камери, лаптопи и сл.) преку граница, потребно е да ги регистрирате на граница. Се толерира и непријавување на овие артикли, но може да се случи царински службеник да ви направи проблем на излез. Не застанувајте на фри шоп пред да влезете во Грција и да купувате големи количини цигари. Дозволени се само две кутии цигари по лице. Увозот на алкохолни пијалоци исто така е ограничен на два литри по лице, а доколку имате повеќе од 10.000 евра во готовина со себе, задолжително треба да ги пријавите. Според нашето искуство, ако сте умерени во носењето храна и пијалоци, нема да имате проблеми дури и ако прекршите некои од прописите, но треба да бидете внимателни и да не ризикувате без итна потреба.

The post Лошо лето за патлиџан туристите: Еве која храна Грците ќе ја одземаат уште на граница appeared first on Република.

]]>
Филипинки ќе ја спасуваат сезоната во Охрид https://republika.mk/vesti/ekonomija/filipinki-ke-ja-spasuvaat-sezonata-vo-ohrid/ Sun, 18 Feb 2024 19:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=745436

Атрактивни Филипинки и езотични девојки од Јужна и Југоисточна Азија ќе го пополнуваат персоналот во хотелско-угостителските објекти на охридската ривиера, пренесува „Алфа“, откривајќи дека поради недостаток на кадар, тоне туристичкиот сектор, па така во безизлез туристичките работници кои останаа без жив човек, улогата на келнери и кувари им ја доверуваат на странци претежно од азиските земји, кои не знаат нити што работат, ниту пак можат да се разберат оти не знаат ни англиски, а камоли македонски јазик.

Па ако продолжи трендов кој што е моментално со одлив на работниот персонал од државата, ќе мора да се бара некој начин. Иако јас лично сметам дека доколку оние плати кои што се даваат на странците на локалниот персонал, нашиот персонал нема ни да има потреба да оди надвор. Како што стојат работите најверојатно ќе треба да се зголеми квотата за работни дозволи овде во Македонија затоа што за жал најавите не се баш многу позитивни, вели Ана Јанчева, хотелиер.

Во хотелско-угостителските капацитети има над 200 слободни работни места. Хотелиерите сега бараат Македонија да го промени законот за вработување и работа на странци и по примерот на Хрватска да ја укине квотата за работни дозволи за странци.

За да ги задржиме нашите кадри тука треба да ги платиме, па не мора да имаме многу профит, смали си од профитот, дај им на вработените нека континуирано работат сите објекти, истакнува туристичкиот водич Љупчо Јузмески.

The post Филипинки ќе ја спасуваат сезоната во Охрид appeared first on Република.

Сакате да работите во Грција, еве колкави се платите: Keлнер 1.000 евра, чистачка 1200 https://republika.mk/zivot/patuvanja/sakate-da-rabotite-vo-grtsija-eve-kolkavi-se-platite-kelner-1-000-evra-chistachka-1200/ Fri, 28 Apr 2023 09:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=634921

Грција се подготвува за одлична туристичка сезона, која во најавата би можела и да ја надмине минатогодишната, сепак - има проблем. Во туристичкиот сектор нема доволно работна сила да го покрие.

Колкави се платите на сезонските работници

Келнери добиваат 900-1.000 евра, за 14 часа работа дневно плус бакшиш. Чистачка во хотели ќе заработува фиксно 1200.

Минатата година имаа недостиг од чистачи (7.360), келнери (5.164), помошници (3.883) и рецепционери (3.460). Потоа следат шанкерите (2.729), машините за миење садови (2.866) и техничката поддршка (2.054).

The post Сакате да работите во Грција, еве колкави се платите: Keлнер 1.000 евра, чистачка 1200 appeared first on Република.

]]>

Грција се подготвува за одлична туристичка сезона, која во најавата би можела и да ја надмине минатогодишната, сепак - има проблем. Во туристичкиот сектор нема доволно работна сила да го покрие.

Колкави се платите на сезонските работници

Келнери добиваат 900-1.000 евра, за 14 часа работа дневно плус бакшиш. Чистачка во хотели ќе заработува фиксно 1200. Минатата година имаа недостиг од чистачи (7.360), келнери (5.164), помошници (3.883) и рецепционери (3.460). Потоа следат шанкерите (2.729), машините за миење садови (2.866) и техничката поддршка (2.054).

The post Сакате да работите во Грција, еве колкави се платите: Keлнер 1.000 евра, чистачка 1200 appeared first on Република.

]]>
Се асфалтираат улици: Охрид полека се подготвува за летната сезона https://republika.mk/vesti/makedonija/se-asfaltiraat-ulitsi-ohrid-poleka-se-podgotvuva-za-letnata-sezona/ Mon, 06 Mar 2023 10:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=616368

Во рамки на уредувањето на централното градско подрачје, денеска се асфалтира реконструираниот дел на улицата „Партизанска“ во Охрид.

Изминатите денови беше обновен и дел од коловозот на улицата „Димитар Влахов“, како реконструкција на двете пристапни улици на новоизградениот булевар „Македонски просветители“ во центарот на градот.

Од Општина Охрид истакнуват дека со овие активности централното градско подрачје го добива заслужениот изглед

The post Се асфалтираат улици: Охрид полека се подготвува за летната сезона appeared first on Република.

Грција бележи блескава туристичка сезона https://republika.mk/zivot/patuvanja/grcija-belezi-bleskava-turistichka-sezona/ Mon, 08 Aug 2022 13:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=537962

Во јули, неделните пристигнувања надминаа 900.000, додека оваа седмица се очекува да достигнат еден милион, рече министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА и истакна дека „бројките се навистина импресивни“, но избегнува да даде предвидувања за текот на сезоната, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас потенцираше дека „туризмот годинава покажа дека навистина е „тешката индустрија“ на Грција и не само што може да ја зајакне националната економија, туку и да и понуди значителна поддршка“.

Во однос на тоа кои туристи се најбројни, објасни дека „динамично се вратија“ туристите од Велика Британија, Германија и Скандинавија, за Американците рече дека се „high spenders“ туристи, односно „престојуваат многу денови во Атина и на многу дестинации, не само на островите, туку и во континенталниот дел, трошејќи многу пари со што значително ги зајакнуваат локалните економии“, а Грција е високо на листата и за балканските земји.

-Во јуни пристигнувањата од САД беа зголемени за 50 отсто во однос на 2019 година, беше регистриран пораст од 32 проценти од Австрија, 24 отсто од Израел. Грција оваа година е дестинација број еден за патниците од Франција, Израел, многу високо во преференциите на туристите од Балканот и на првите три места во Германија и Скандинавија, истакна Кикиљас.

Потенцираше дека постојат не само знаци, туку и докази дека туристичката сезона оваа година ќе биде продолжена, а надлежното Министерство веќе започнало да го спроведува планот за сезоната да биде продолжена до крајот на годината, додавајќи дека нивната намера е во текот на есента и зимата да има што е можно повеќе патници од северна и централна Европа.

-Веќе започнав контакти со туроператори, се сретнав со германскиот амбасадор, а минатата недела се видов и со амбасадорите на Австрија, Шведска и Норвешка. Во септември ќе ги посетам овие земји за да можеме внимателно и методично да го „изградиме“ овој проект. Германските пензионери, со оглед на тоа што немаат професионални и семејни обврски, можат да дојдат во Грција и да уживаат во блага зима во прекрасните области како што Крит, Родос, Кос, при што сместувањето ќе ги чини помалку, отколку да останат во своите домови каде што уште рано на есен, би биле принудени да трошат огромни износи пари за греење поради енергетската криза, истакна министерот за туризам на Грција.

The post Грција бележи блескава туристичка сезона appeared first on Република.

]]>

Во јули, неделните пристигнувања надминаа 900.000, додека оваа седмица се очекува да достигнат еден милион, рече министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА и истакна дека „бројките се навистина импресивни“, но избегнува да даде предвидувања за текот на сезоната, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас потенцираше дека „туризмот годинава покажа дека навистина е „тешката индустрија“ на Грција и не само што може да ја зајакне националната економија, туку и да и понуди значителна поддршка“. Во однос на тоа кои туристи се најбројни, објасни дека „динамично се вратија“ туристите од Велика Британија, Германија и Скандинавија, за Американците рече дека се „high spenders“ туристи, односно „престојуваат многу денови во Атина и на многу дестинации, не само на островите, туку и во континенталниот дел, трошејќи многу пари со што значително ги зајакнуваат локалните економии“, а Грција е високо на листата и за балканските земји.
-Во јуни пристигнувањата од САД беа зголемени за 50 отсто во однос на 2019 година, беше регистриран пораст од 32 проценти од Австрија, 24 отсто од Израел. Грција оваа година е дестинација број еден за патниците од Франција, Израел, многу високо во преференциите на туристите од Балканот и на првите три места во Германија и Скандинавија, истакна Кикиљас.
Потенцираше дека постојат не само знаци, туку и докази дека туристичката сезона оваа година ќе биде продолжена, а надлежното Министерство веќе започнало да го спроведува планот за сезоната да биде продолжена до крајот на годината, додавајќи дека нивната намера е во текот на есента и зимата да има што е можно повеќе патници од северна и централна Европа. -Веќе започнав контакти со туроператори, се сретнав со германскиот амбасадор, а минатата недела се видов и со амбасадорите на Австрија, Шведска и Норвешка. Во септември ќе ги посетам овие земји за да можеме внимателно и методично да го „изградиме“ овој проект. Германските пензионери, со оглед на тоа што немаат професионални и семејни обврски, можат да дојдат во Грција и да уживаат во блага зима во прекрасните области како што Крит, Родос, Кос, при што сместувањето ќе ги чини помалку, отколку да останат во своите домови каде што уште рано на есен, би биле принудени да трошат огромни износи пари за греење поради енергетската криза, истакна министерот за туризам на Грција.

The post Грција бележи блескава туристичка сезона appeared first on Република.

]]>
Бугарските плажи зјаат празни, на соседите им пропадна туристичката сезона https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskite-plazi-zjaat-prazni-na-sosedite-im-propadna-turistichkata-sezona/ Fri, 29 Jul 2022 08:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=534557

„Картата за пијалоци, ве молам! - „Извинете, но сѐ уште е на печатење...“

Сѐ уште? На 15 јули? Овој дијалог во еден бугарски бар на плажа ја раскажува компримирано целата приказна. Приказната за лошата услуга, уништените очекувања и падот на бројот на посетители на бугарското крајбрежје на Црното Море. Онаму каде што пред само една година имаше гужва на долгите песочни плажи, каде што беа наредени лежалка до лежалка, еден до друг чадори за сонце, оваа година е невообичаено тивко.

Во јуни, велат хотелиерите и туроператорите за бугарските медиуми, речиси ништо не се случувало во, инаку добро пополнетите, поморски одморалишта. И во јули има значително помалку странски туристи од вообичаено.

Тоа не е без причина: во близина беснее војна - познатиот украински Змиски остров е на само 300 километри од бугарската плажа, Ковид-бројките се зголемуваат насекаде во Европа, а на аеродормите владее чист хаос. Покрај тоа, инфлацијата делумно ги изеде парите за годишен одмор.

[caption id="" align="alignnone" width="700"]Bulgarien Die Schwarzmeerküste ist wegen der Pandemie immer noch leer Празните ресторани на бугарското црноморско крајбрежје чекаат гости[/caption]

Веќе не е толку евтино

Во секој случај, одморот во Бугарија веќе не е толку евтин како што се очекуваше. Понудите „all inclusive“ во Турција и Шпанија често се поевтини отколку во Бугарија. Побарувачката во случајно избран хотел со три ѕвезди на плажата во Бургас покажува: една недела all inclusive овде чини околу 1000 евра по лице.

Овошен коктел на плажа чини 20 отсто повеќе од лани. За лесен оброк со салата и шише вино, може лесно да отидат 60 евра за двајца. Едно кафе чини 2,50 евра. „Поскапеа намирниците, мора некако да надоместиме“, објаснува еден келнер со загрижен израз. Истото важи и за изнајмувачите на плажите, кои загубите ги „компензираат“ со повисоки цени за чадори и лежалки: на некои места комплет чини и по 20 евра дневно. Дури и домашните туристи од Софија претпочитаат да одат во Грција, каде што цените се споредливи, но услугата е подобра.

Целата репортажа на „Дојче веле

The post Бугарските плажи зјаат празни, на соседите им пропадна туристичката сезона appeared first on Република.

]]>

„Картата за пијалоци, ве молам! - „Извинете, но сѐ уште е на печатење...“ Сѐ уште? На 15 јули? Овој дијалог во еден бугарски бар на плажа ја раскажува компримирано целата приказна. Приказната за лошата услуга, уништените очекувања и падот на бројот на посетители на бугарското крајбрежје на Црното Море. Онаму каде што пред само една година имаше гужва на долгите песочни плажи, каде што беа наредени лежалка до лежалка, еден до друг чадори за сонце, оваа година е невообичаено тивко. Во јуни, велат хотелиерите и туроператорите за бугарските медиуми, речиси ништо не се случувало во, инаку добро пополнетите, поморски одморалишта. И во јули има значително помалку странски туристи од вообичаено. Тоа не е без причина: во близина беснее војна - познатиот украински Змиски остров е на само 300 километри од бугарската плажа, Ковид-бројките се зголемуваат насекаде во Европа, а на аеродормите владее чист хаос. Покрај тоа, инфлацијата делумно ги изеде парите за годишен одмор.
[caption id="" align="alignnone" width="700"]Bulgarien Die Schwarzmeerküste ist wegen der Pandemie immer noch leer Празните ресторани на бугарското црноморско крајбрежје чекаат гости[/caption] Веќе не е толку евтино
Во секој случај, одморот во Бугарија веќе не е толку евтин како што се очекуваше. Понудите „all inclusive“ во Турција и Шпанија често се поевтини отколку во Бугарија. Побарувачката во случајно избран хотел со три ѕвезди на плажата во Бургас покажува: една недела all inclusive овде чини околу 1000 евра по лице. Овошен коктел на плажа чини 20 отсто повеќе од лани. За лесен оброк со салата и шише вино, може лесно да отидат 60 евра за двајца. Едно кафе чини 2,50 евра. „Поскапеа намирниците, мора некако да надоместиме“, објаснува еден келнер со загрижен израз. Истото важи и за изнајмувачите на плажите, кои загубите ги „компензираат“ со повисоки цени за чадори и лежалки: на некои места комплет чини и по 20 евра дневно. Дури и домашните туристи од Софија претпочитаат да одат во Грција, каде што цените се споредливи, но услугата е подобра. Целата репортажа на „Дојче веле

The post Бугарските плажи зјаат празни, на соседите им пропадна туристичката сезона appeared first on Република.

]]>