труење Archives - Република https://republika.mk/tema/truenje/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 14:56:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png труење Archives - Република https://republika.mk/tema/truenje/ 32 32 Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника https://republika.mk/zivot/zdravje/devetgodishno-dete-od-gorgija-pulevski-pobaralo-lekarska-pomosh-na-detskata-klinika/ Fri, 27 Sep 2024 14:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=820350

Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, со стомачни тегоби побарало помош на Детската клиника во Скопје.

Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека детето било лесно дехидрирано и дека ќе се третира амбулантски.

Претходно, директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за медиумите рече дека од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми.

- Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк. Од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти, слични симптоми, изјави Филипчев.

Случајот е пријавен до надлежните институции и според директорот на училиштето извршен е вонреден инспекциски надзор.

The post Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника appeared first on Република.

]]>

Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, со стомачни тегоби побарало помош на Детската клиника во Скопје. Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека детето било лесно дехидрирано и дека ќе се третира амбулантски. Претходно, директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за медиумите рече дека од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми. - Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк. Од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти, слични симптоми, изјави Филипчев. Случајот е пријавен до надлежните институции и според директорот на училиштето извршен е вонреден инспекциски надзор.

The post Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска помош на Детската клиника appeared first on Република.

]]>
Ќе се спроведе повторна дезинфекција во мензата во Воената академија каде имаше сомнеж за труење со храна https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-sprovede-povtorna-dezinfektsija-vo-menzata-vo-voenata-akademija-kade-imashe-somnezh-za-truene-so-hrana/ Tue, 17 Sep 2024 17:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=817193

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа мерка за спроведување на повторна дезинфекција, а ќе бидат земени и нови контролни брисеви од кујната каде се подготвувала храна која се послужувала во мензата на Воена академија касарна Гоце Делчев - Аеродром Скопје, од каде деновиве беше пријавен сомнеж за труење со храна.

Изречената мерка по спроведениот вонреден инспекциски надзор за времено затворање на кујната ќе остане на сила се додека со новите лабораториски тестирања не се потврди нејзината безбедност, соопштија од АХВ.

Од АХВ посочуваат дека од Центарот за јавно здравје ги добиле резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри храна и брисевите од кујната каде се подготвувала храна која се послужувала во мензата на Воената академија.

Кај испитаните мостри храна (филета ослиќ, тартар сос, компир, индијанка, домат, свинско печено месо, динстан ориз и динстана зелка), не се утврдени отстапувања во однос на безбедносните критериуми. Кај еден брис, од земени два од работна маса, по спроведената микробиолошка анализа, утврдено е дека брисот не ги задоволува хигиенските стандарди, односно, утврдено е присуство на аеробни мезофилни бактерии. Лабораториски тестирани се и земени два бриса од раце и по еден брис од машина за сечење зеленчук, пластична корпа за измиен зеленчук, прецизираат од АХВ

The post Ќе се спроведе повторна дезинфекција во мензата во Воената академија каде имаше сомнеж за труење со храна appeared first on Република.

]]>

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа мерка за спроведување на повторна дезинфекција, а ќе бидат земени и нови контролни брисеви од кујната каде се подготвувала храна која се послужувала во мензата на Воена академија касарна Гоце Делчев - Аеродром Скопје, од каде деновиве беше пријавен сомнеж за труење со храна.
Изречената мерка по спроведениот вонреден инспекциски надзор за времено затворање на кујната ќе остане на сила се додека со новите лабораториски тестирања не се потврди нејзината безбедност, соопштија од АХВ.
Од АХВ посочуваат дека од Центарот за јавно здравје ги добиле резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри храна и брисевите од кујната каде се подготвувала храна која се послужувала во мензата на Воената академија.
Кај испитаните мостри храна (филета ослиќ, тартар сос, компир, индијанка, домат, свинско печено месо, динстан ориз и динстана зелка), не се утврдени отстапувања во однос на безбедносните критериуми. Кај еден брис, од земени два од работна маса, по спроведената микробиолошка анализа, утврдено е дека брисот не ги задоволува хигиенските стандарди, односно, утврдено е присуство на аеробни мезофилни бактерии. Лабораториски тестирани се и земени два бриса од раце и по еден брис од машина за сечење зеленчук, пластична корпа за измиен зеленчук, прецизираат од АХВ

The post Ќе се спроведе повторна дезинфекција во мензата во Воената академија каде имаше сомнеж за труење со храна appeared first on Република.

]]>
Војници и цивили во касарна во Германија отруени со вода https://republika.mk/vesti/svet/vojnitsi-i-tsivili-vo-kasarna-vo-germanija-otrueni-so-voda/ Wed, 14 Aug 2024 10:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=806447

Касарната Келн-Ван во Германија е опколена откако се појавил сомнеж дека војниците биле отруени од вода, пренесе „Дер Шпигел“.

Околу касарната се полицијата, воената полиција и воената контраразузнавачка служба на Бундесверот кои истражуваат дали се работи за саботажа.

Се сомневаат дека водата од чешмата е загадена. Во внатрешните комуникации, војниците и цивилите кои се во касарната се предупредени да не пијат од водата под никакви околности. На сите други им е забрането да влезат внатре.

Според медиумите, во касарната во Келн-Ван има неколку команданти, како и претставници на воените и цивилните канцеларии на Бундесверот.

„Шпигел“ пишува дека тука се сместени и воздухопловните сили на Сојузното Министерство за одбрана, бидејќи касарната се наоѓа веднаш до аеродромот во Келн.

На локацијата се вработени вкупно 4.300 војници и 1.200 државни службеници.

„Шпигел“ пишува дека касарната има сопствен водовод.

The post Војници и цивили во касарна во Германија отруени со вода appeared first on Република.

]]>

Касарната Келн-Ван во Германија е опколена откако се појавил сомнеж дека војниците биле отруени од вода, пренесе „Дер Шпигел“. Околу касарната се полицијата, воената полиција и воената контраразузнавачка служба на Бундесверот кои истражуваат дали се работи за саботажа. Се сомневаат дека водата од чешмата е загадена. Во внатрешните комуникации, војниците и цивилите кои се во касарната се предупредени да не пијат од водата под никакви околности. На сите други им е забрането да влезат внатре. Според медиумите, во касарната во Келн-Ван има неколку команданти, како и претставници на воените и цивилните канцеларии на Бундесверот. „Шпигел“ пишува дека тука се сместени и воздухопловните сили на Сојузното Министерство за одбрана, бидејќи касарната се наоѓа веднаш до аеродромот во Келн. На локацијата се вработени вкупно 4.300 војници и 1.200 државни службеници. „Шпигел“ пишува дека касарната има сопствен водовод.

The post Војници и цивили во касарна во Германија отруени со вода appeared first on Република.

]]>
Девет лица побарале медицинска помош по труење со храна во Гостивар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devet-litsa-pobarale-meditsinska-pomosh-po-truene-so-hrana-vo-gostivar/ Sun, 14 Jul 2024 08:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=796571

Вкупно девет лица биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи.

Дежурниот лекар во Одделението за МИА информираше дека синоќа во периодот од 22 часот до полноќ биле примени пациенти на помлада возраст кои претходно се јавиле во Брза помош.

– Сите се жалеа на повраќање, дијареја и изнемоштеност. По направените анализи на крвта и прегледите им беше дадена соодветна терапија и се пуштени на домашно лекување – изјави инфектологот Ратко Наумоски.

Според првичните информации, лицата се затруле од храна во еден угостителски објект. Епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје ги презела сите мерки. Земени се примероци за анализа, по што ќе се знаат причините кои довеле до влошување на здравствената состојба на пациентите и дали станува збор за бактериолошка инфекција.

МИА синоќа информираше дека најмалку шест лица со симптоми на труење побарале лекарска помош на Инфективното одделение во Гостивар.

The post Девет лица побарале медицинска помош по труење со храна во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Вкупно девет лица биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи. Дежурниот лекар во Одделението за МИА информираше дека синоќа во периодот од 22 часот до полноќ биле примени пациенти на помлада возраст кои претходно се јавиле во Брза помош.
– Сите се жалеа на повраќање, дијареја и изнемоштеност. По направените анализи на крвта и прегледите им беше дадена соодветна терапија и се пуштени на домашно лекување – изјави инфектологот Ратко Наумоски. Според првичните информации, лицата се затруле од храна во еден угостителски објект. Епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје ги презела сите мерки. Земени се примероци за анализа, по што ќе се знаат причините кои довеле до влошување на здравствената состојба на пациентите и дали станува збор за бактериолошка инфекција. МИА синоќа информираше дека најмалку шест лица со симптоми на труење побарале лекарска помош на Инфективното одделение во Гостивар.

The post Девет лица побарале медицинска помош по труење со храна во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Масовно труење со салмонела во Америка: Повеќе од 150 луѓе се разболеле од „заразени“ краставици https://republika.mk/vesti/svet/masovno-truene-so-salmonela-vo-amerika-poveke-od-150-luge-se-razbolele-od-zarazeni-krastavitsi/ Tue, 11 Jun 2024 18:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=786510

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) истражува дали консумирањето краставици доведе до пораст на случаите на салмонела низ целата земја, при што 54 лица се хоспитализирани. Агенцијата во средата објави дека податоците покажуваат дека „заразени“ краставици би можеле да бидат причина за 162 инфекции со салмонела. Засега нема пријавено смртни случаи.

Производителот на краставици под истрага вели дека ги повлекол производите од продавниците.

„Наш приоритет е безбедноста на клиентите. Додека ги чекаме резултатите од тестот за нашиот отповикан производ, ние сме во постојана комуникација со здравствените власти“, соопштија од Флорида Fresh Start Produce, како што објави NBC News.

Властите открија салмонела во некои од тестираните краставици на компанијата, поради што производите беа извлечени од полиците. Во тек се дополнителни испитувања за да се утврди дали се работи за истиот сој на салмонела што ги заболува граѓаните.

ФДА и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), исто така, го истражуваат избувнувањето на салмонелата Braenderup, со 158 случаи во 23 држави, за кои ФДА рече дека можеби се поврзани.

„Двете епидемии споделуваат неколку сличности, вклучително и каде и кога се појавиле болестите и демографијата на засегнатите“, соопшти ФДА.

The post Масовно труење со салмонела во Америка: Повеќе од 150 луѓе се разболеле од „заразени“ краставици appeared first on Република.

]]>

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) истражува дали консумирањето краставици доведе до пораст на случаите на салмонела низ целата земја, при што 54 лица се хоспитализирани. Агенцијата во средата објави дека податоците покажуваат дека „заразени“ краставици би можеле да бидат причина за 162 инфекции со салмонела. Засега нема пријавено смртни случаи. Производителот на краставици под истрага вели дека ги повлекол производите од продавниците. „Наш приоритет е безбедноста на клиентите. Додека ги чекаме резултатите од тестот за нашиот отповикан производ, ние сме во постојана комуникација со здравствените власти“, соопштија од Флорида Fresh Start Produce, како што објави NBC News. Властите открија салмонела во некои од тестираните краставици на компанијата, поради што производите беа извлечени од полиците. Во тек се дополнителни испитувања за да се утврди дали се работи за истиот сој на салмонела што ги заболува граѓаните. ФДА и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), исто така, го истражуваат избувнувањето на салмонелата Braenderup, со 158 случаи во 23 држави, за кои ФДА рече дека можеби се поврзани. „Двете епидемии споделуваат неколку сличности, вклучително и каде и кога се појавиле болестите и демографијата на засегнатите“, соопшти ФДА.

The post Масовно труење со салмонела во Америка: Повеќе од 150 луѓе се разболеле од „заразени“ краставици appeared first on Република.

]]>
Си го отрул партнерот и други колеги: Осуден на смрт директор на компанија за видео игри https://republika.mk/vesti/svet/si-go-otrul-partnerot-i-drugi-kolegi-osuden-na-smrt-direktor-na-kompanija-za-video-igri/ Fri, 22 Mar 2024 13:52:34 +0000 https://republika.mk/?p=757468

Поранешниот директор на компанијата за видео игри „Yoozoo Games“, Су Јао, денеска беше осуден на смрт поради труењето на основачот на компанијата Лин Ки во 2020 година.

Су ставил отров во храната на Лин поради спор околу раководењето со компанијата, се наведува во пресудата на Првиот централен народен суд во Шангај, пишуваат американските медиуми.

Лин почина 10 дена по труењето, а Су подоцна од слични причини отру уште четворица колеги, кои преживеаја.

Компанијата „Yoozoo Games“ е креатор на видео играта „Game of Thrones: Winter is Coming“ базирана на истоимената серија и сопственик на филмските права на познатата кинеска романска трилогија „Проблемот на три тела“ .

The post Си го отрул партнерот и други колеги: Осуден на смрт директор на компанија за видео игри appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на компанијата за видео игри „Yoozoo Games“, Су Јао, денеска беше осуден на смрт поради труењето на основачот на компанијата Лин Ки во 2020 година. Су ставил отров во храната на Лин поради спор околу раководењето со компанијата, се наведува во пресудата на Првиот централен народен суд во Шангај, пишуваат американските медиуми. Лин почина 10 дена по труењето, а Су подоцна од слични причини отру уште четворица колеги, кои преживеаја. Компанијата „Yoozoo Games“ е креатор на видео играта „Game of Thrones: Winter is Coming“ базирана на истоимената серија и сопственик на филмските права на познатата кинеска романска трилогија „Проблемот на три тела“ .

The post Си го отрул партнерот и други колеги: Осуден на смрт директор на компанија за видео игри appeared first on Република.

]]>
Ново труење на работници во фабриката „Магна“ во Алексинац, 52 побарале помош https://republika.mk/vesti/balkan/novo-truene-na-rabotnitsi-vo-fabrikata-magna-vo-aleksinats-52-pobarale-pomosh/ Fri, 19 Jan 2024 07:47:26 +0000 https://republika.mk/?p=734564

Нова група од 52 работници на фабриката „Магна“ во Алексинац синоќа побарала помош од лекар од итна помош поради труење, потврдил за агенцијата Бета началникот на итната помош во Алексинац, Ненад Марковиќ.

„Од вкупниот број работници кои не контактираа, петмина испративме во интерното одделение на болницата во Алексинац, а еден од нив е пренесен на токсиколошкиот оддел во Клиничкиот центар во Ниш“, изјави Марковиќ.

Според Марковиќ, тие се работници од трета смена во фабриката Алексинац.

„Работниците почнаа да доаѓаат во Итната помош нешто пред полноќ...Од утрово немаме нови приеми“, изјави Марковиќ.

Поради труење на 104 работници во втора смена во средата попладне, „Магна“ до синоќа беше затворена.

Производството почна во третата смена, откако полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство Алексинац ја заврши истрагата.

The post Ново труење на работници во фабриката „Магна“ во Алексинац, 52 побарале помош appeared first on Република.

]]>

Нова група од 52 работници на фабриката „Магна“ во Алексинац синоќа побарала помош од лекар од итна помош поради труење, потврдил за агенцијата Бета началникот на итната помош во Алексинац, Ненад Марковиќ. „Од вкупниот број работници кои не контактираа, петмина испративме во интерното одделение на болницата во Алексинац, а еден од нив е пренесен на токсиколошкиот оддел во Клиничкиот центар во Ниш“, изјави Марковиќ. Според Марковиќ, тие се работници од трета смена во фабриката Алексинац. „Работниците почнаа да доаѓаат во Итната помош нешто пред полноќ...Од утрово немаме нови приеми“, изјави Марковиќ. Поради труење на 104 работници во втора смена во средата попладне, „Магна“ до синоќа беше затворена. Производството почна во третата смена, откако полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство Алексинац ја заврши истрагата.

The post Ново труење на работници во фабриката „Магна“ во Алексинац, 52 побарале помош appeared first on Република.

]]>
Две штипјанки се затруле од плин, итно се пренесени на скопските клиники https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-shtipjanki-se-zatrule-od-plin-itno-se-preneseni-na-skopskite-kliniki/ Wed, 17 Jan 2024 15:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=734082

Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна. Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза" во Скопје. Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри.

Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница Штип, со претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интезивна нега. Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од штипската болница.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова го потврди случајот и рече кај нив пријавата пристигнала од страна на Брзата помош. Увидот е се уште во тек и подетални информации ќе има во текот на денот.

The post Две штипјанки се затруле од плин, итно се пренесени на скопските клиники appeared first on Република.

]]>

Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна. Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза" во Скопје. Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри.
Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница Штип, со претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интезивна нега. Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од штипската болница.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова го потврди случајот и рече кај нив пријавата пристигнала од страна на Брзата помош. Увидот е се уште во тек и подетални информации ќе има во текот на денот.

The post Две штипјанки се затруле од плин, итно се пренесени на скопските клиники appeared first on Република.

]]>
Труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро, седум лица завршија во болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/truene-so-hlor-vo-hotel-na-bregot-na-ohridskoto-ezero-sedum-litsa-zavrshija-vo-bolnitsa/ Sat, 09 Dec 2023 11:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=721245

Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница поради знаци на труење со хлор.

Од СВР Охрид информираат дека вчера во 19:55 часот е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.

-Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, информираат од полицијата.

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.

Се работи на расчистување на случајот.

The post Труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро, седум лица завршија во болница appeared first on Република.

]]>

Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница поради знаци на труење со хлор. Од СВР Охрид информираат дека вчера во 19:55 часот е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор. -Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, информираат од полицијата. За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот.

The post Труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро, седум лица завршија во болница appeared first on Република.

]]>
Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна https://republika.mk/vesti/crna-hronika/rasfrlal-salama-so-otrov-pred-tuga-kuka-dobi-samo-uslovna-i-3-000-evra-kazna/ Thu, 30 Nov 2023 12:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=717962

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информикра државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.

Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало, соопшти ЈОРМ.

Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело.

Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

The post Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Како што информикра државното Јавно обвинителство, обвинетиот на 9 ноември исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамка и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа.
Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамките со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало, соопшти ЈОРМ.
Наведува дека поради сите околности, вклучително и тоа што обвинетиот претходно не е осудуван и фактот дека го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело. Исто така, до судот е предложено тој и парично да се казни со 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.

The post Расфрлал салама со отров пред туѓа куќа, доби само условна и 3.000 евра казна appeared first on Република.

]]>
Кока-Кола Австрија: Анализата на полнењето минерална вода во погоните не покажа проблеми https://republika.mk/vesti/svet/koka-kola-avstrija-analizata-na-polneneto-mineralna-voda-vo-pogonite-ne-pokazha-problemi/ Thu, 09 Nov 2023 20:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=699999

Кока-Кола Австрија ги информирала австриските власти дека нејзината анализа на полнењето минерална вода во погоните во Ромеркеле по случаите со ерозивни повреди во Хрватска не покажала никакви проблеми, а австриските власти спроведуваат независно испитување, јавија хрватските медиуми.

Ароматизираната минералната вода од Ромеркеле „Emotion Blueberry Pomegranate“ во шише од 330 милилитри е произведена за хрватскиот пазар и не е достапна во Австрија, нагласуваат од компанијата во вчерашното соопштение за јавноста.

Кока-Кола Австрија детално ги информирала австриските власти за внатрешната истрага во погонот која не открила никакви проблеми во полнењето и испратила примероци во независна, акредитирана лабораторија за дополнителна проверка. Австриските власти вчера одделно извршија испитувања во производствен погон во сојузната држава Бургенланд (Градишче) за да ги потврдат резултатите.

Хрватските власти синоќа испратиле информација до Европскиот систем за безбедност на храната (РАСФФ), која не содржи нови информации за изворот на повредите.

Според податоците што денеска ги објави хрватското Министерство за здравство, хрватските болници лекувале вкупно 34 лица поради сомнителни труења од газирани пијалаци. Кај четири лица се констатирани ерозивни повреди, две се хоспитализирани, а останатите се пуштени дома.

The post Кока-Кола Австрија: Анализата на полнењето минерална вода во погоните не покажа проблеми appeared first on Република.

]]>

Кока-Кола Австрија ги информирала австриските власти дека нејзината анализа на полнењето минерална вода во погоните во Ромеркеле по случаите со ерозивни повреди во Хрватска не покажала никакви проблеми, а австриските власти спроведуваат независно испитување, јавија хрватските медиуми. Ароматизираната минералната вода од Ромеркеле „Emotion Blueberry Pomegranate“ во шише од 330 милилитри е произведена за хрватскиот пазар и не е достапна во Австрија, нагласуваат од компанијата во вчерашното соопштение за јавноста. Кока-Кола Австрија детално ги информирала австриските власти за внатрешната истрага во погонот која не открила никакви проблеми во полнењето и испратила примероци во независна, акредитирана лабораторија за дополнителна проверка. Австриските власти вчера одделно извршија испитувања во производствен погон во сојузната држава Бургенланд (Градишче) за да ги потврдат резултатите. Хрватските власти синоќа испратиле информација до Европскиот систем за безбедност на храната (РАСФФ), која не содржи нови информации за изворот на повредите. Според податоците што денеска ги објави хрватското Министерство за здравство, хрватските болници лекувале вкупно 34 лица поради сомнителни труења од газирани пијалаци. Кај четири лица се констатирани ерозивни повреди, две се хоспитализирани, а останатите се пуштени дома.

The post Кока-Кола Австрија: Анализата на полнењето минерална вода во погоните не покажа проблеми appeared first on Република.

]]>
Детергент или одмастувач во пијалокот е причина за труењето во Хрватска, соопшти полицијата https://republika.mk/vesti/detergent-ili-odmastuvach-vo-pijalokot-e-prichina-za-trueneto-vo-hrvatska-soopshti-politsijata/ Thu, 09 Nov 2023 14:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=699964

Полицијата во Хрватска соопшти за труењето во Риека, а како што рекоа најверојатно се работи за детергент или одмастувач.

Во 20 стаклени шишиња од истиот пијалок добиени во оригинално пакување, утврдено е дека има проѕирна течност со pH 3,5, што одговара на pH вредностите на таквите пијалоци.

Полицијата испрати соопштение за резултатите од Центарот за форензички истраги и вештачења „Иван Вучетиќ“, кој извршил вештачење по спорни и неспорни примероци кои и биле доставени по налог на Општинското државно обвинителство во Риека.

Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужено, додека со анализата е утврдено дека се работи за високо алкална воден раствор (pH=13,6), соопшти полицијата.

Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за детергент и/или одмастувач, велат од полицијата.

The post Детергент или одмастувач во пијалокот е причина за труењето во Хрватска, соопшти полицијата appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Хрватска соопшти за труењето во Риека, а како што рекоа најверојатно се работи за детергент или одмастувач. Во 20 стаклени шишиња од истиот пијалок добиени во оригинално пакување, утврдено е дека има проѕирна течност со pH 3,5, што одговара на pH вредностите на таквите пијалоци. Полицијата испрати соопштение за резултатите од Центарот за форензички истраги и вештачења „Иван Вучетиќ“, кој извршил вештачење по спорни и неспорни примероци кои и биле доставени по налог на Општинското државно обвинителство во Риека. Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужено, додека со анализата е утврдено дека се работи за високо алкална воден раствор (pH=13,6), соопшти полицијата. Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за детергент и/или одмастувач, велат од полицијата.

The post Детергент или одмастувач во пијалокот е причина за труењето во Хрватска, соопшти полицијата appeared first on Република.

]]>
Хрватската полиција ја соопшти причината за труењето со пијалоци https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatskata-politsija-ja-soopshti-prichinata-za-trueneto-so-pijalotsi/ Thu, 09 Nov 2023 14:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=699965

Објавени се главните резултати од шишето од кое се напил младиот човек кој се отру во Риека, Хрватска.

Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужено, додека со анализата е утврдено дека се работи за високоалкални водени раствори (pH=13,6).“, соопшти полицијата.

„Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за детергент и/или одмастувач. Понатаму, во 20 неспорни стаклени шишиња од истиот пијалок, добиени во оригиналното пакување, се пронајдени проѕирни течности со pH вредност од 3,5 , што одговара на pH вредностите на овие видови пијалоци.

Во врска со првиот пријавен настан на подрачјето на ПУ Загреб од 7 ноември, завршено е и вештачењето на течноста од пластичното шише безалкохолен пијалок при што е утврдено дека течноста од шишето има pH вредност од 2,59, што е исто така вообичаено за овој вид пијалок, а во течноста не се откриени соединенија што би било невообичаено за овој вид на пијалок“, соопшти полицијата.

 

The post Хрватската полиција ја соопшти причината за труењето со пијалоци appeared first on Република.

]]>

Објавени се главните резултати од шишето од кое се напил младиот човек кој се отру во Риека, Хрватска. Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужено, додека со анализата е утврдено дека се работи за високоалкални водени раствори (pH=13,6).“, соопшти полицијата. „Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за детергент и/или одмастувач. Понатаму, во 20 неспорни стаклени шишиња од истиот пијалок, добиени во оригиналното пакување, се пронајдени проѕирни течности со pH вредност од 3,5 , што одговара на pH вредностите на овие видови пијалоци. Во врска со првиот пријавен настан на подрачјето на ПУ Загреб од 7 ноември, завршено е и вештачењето на течноста од пластичното шише безалкохолен пијалок при што е утврдено дека течноста од шишето има pH вредност од 2,59, што е исто така вообичаено за овој вид пијалок, а во течноста не се откриени соединенија што би било невообичаено за овој вид на пијалок“, соопшти полицијата.  

The post Хрватската полиција ја соопшти причината за труењето со пијалоци appeared first on Република.

]]>
Хрватска под итно ги повлече сомнителните пијалоци од пазарот https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-pod-itno-gi-povleche-somnitelnite-pijalotsi-od-pazarot/ Wed, 08 Nov 2023 11:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=699486

Санитарната инспекција на Хрватска соопшти дека од пазарот се повлечени сите сомнителни пијалоци, откако неколку лица се затруле од минерална вода.

Заради заштита на здравјето на луѓето, односно постоењето сомнеж дека храната не е безбедна, а согласно Законот за храна, санитарната инспекција привремено и забрани на трговската компанија да ги става во промет и да фи повлече сомнителни производи.

Во тек е инспекциско испитување, а веднаш по добивањето на резултатите од санитарната инспекциска анализа ќе бидат преземени мерки пропишани со закон.

Седум лица во Хрватска досега побарале медицинска помош со симптоми на хемиски повреди на устата, непцето, хранопроводникот и желудникот, по консумирање безалкохолни пијалоци.

Труењата се случиле на подрачјето на Риека, Загреб и Вараждин.

The post Хрватска под итно ги повлече сомнителните пијалоци од пазарот appeared first on Република.

]]>

Санитарната инспекција на Хрватска соопшти дека од пазарот се повлечени сите сомнителни пијалоци, откако неколку лица се затруле од минерална вода. Заради заштита на здравјето на луѓето, односно постоењето сомнеж дека храната не е безбедна, а согласно Законот за храна, санитарната инспекција привремено и забрани на трговската компанија да ги става во промет и да фи повлече сомнителни производи. Во тек е инспекциско испитување, а веднаш по добивањето на резултатите од санитарната инспекциска анализа ќе бидат преземени мерки пропишани со закон. Седум лица во Хрватска досега побарале медицинска помош со симптоми на хемиски повреди на устата, непцето, хранопроводникот и желудникот, по консумирање безалкохолни пијалоци. Труењата се случиле на подрачјето на Риека, Загреб и Вараждин.

The post Хрватска под итно ги повлече сомнителните пијалоци од пазарот appeared first on Република.

]]>
Хрватскиот министер за здравство: И денеска има неколку случаи на труење со газирани пијалаци https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatskiot-minister-za-zdravstvo-i-deneska-ima-nekolku-sluchai-na-truene-so-gazirani-pijalatsi/ Wed, 08 Nov 2023 08:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=699412

Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газирани пијалаци.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош утринава за телевизијата „N1“ изјави дека денеска има „малку повеќе пациенти“ од труење со газирани пијалаци, пренесуваат хрватските медиуми.

Има уште неколку, сите се полесно повредени, кај многумина прашање е дали се работи за хемиска повреда или психогена реакција или некоја друга патолошка состојба. Во моментов ситуацијата е под контрола, рече тој.

Берош рече дека мора да се биде внимателен, но дека нема потреба од паника.

Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газирана пијачка.

Како што дознава „Јутарњи“ од КБЦ Загреб, синоќа во установата дошло уште едно машко лице.

Сомненијата се дека дошло до труење. Според сознанијата од болницата, мажот пиел „Ромеркел“ во кафулето.

Случајот со четвртото хоспитализирано лице во Хрватска синоќа за ТВ Дневник Нова го потврди Рајко Остојиќ, специјалист по гастроентерологија и хепатологија и претставник на Одделот за гастроентерологија при КБЦ Загреб.

„Околу 20:00 часот примивме пациент. Се работи за млад човек кој е во клинички добра состојба, лекувањето е во тек и засега изгледа клинички добро“, рече Остојиќ, додавајќи дека постои сомнеж дека тоа е труење со пијалок, но нагласено е да се чека детална обработка.

The post Хрватскиот министер за здравство: И денеска има неколку случаи на труење со газирани пијалаци appeared first on Република.

]]>

Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газирани пијалаци. Хрватскиот министер за здравство Вили Берош утринава за телевизијата „N1“ изјави дека денеска има „малку повеќе пациенти“ од труење со газирани пијалаци, пренесуваат хрватските медиуми. Има уште неколку, сите се полесно повредени, кај многумина прашање е дали се работи за хемиска повреда или психогена реакција или некоја друга патолошка состојба. Во моментов ситуацијата е под контрола, рече тој. Берош рече дека мора да се биде внимателен, но дека нема потреба од паника. Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газирана пијачка. Како што дознава „Јутарњи“ од КБЦ Загреб, синоќа во установата дошло уште едно машко лице. Сомненијата се дека дошло до труење. Според сознанијата од болницата, мажот пиел „Ромеркел“ во кафулето. Случајот со четвртото хоспитализирано лице во Хрватска синоќа за ТВ Дневник Нова го потврди Рајко Остојиќ, специјалист по гастроентерологија и хепатологија и претставник на Одделот за гастроентерологија при КБЦ Загреб. „Околу 20:00 часот примивме пациент. Се работи за млад човек кој е во клинички добра состојба, лекувањето е во тек и засега изгледа клинички добро“, рече Остојиќ, додавајќи дека постои сомнеж дека тоа е труење со пијалок, но нагласено е да се чека детална обработка.

The post Хрватскиот министер за здравство: И денеска има неколку случаи на труење со газирани пијалаци appeared first on Република.

]]>
Потврдено: Еден затруен од минерална вода произведена во Хрватска https://republika.mk/vesti/balkan/potvrdeno-eden-zatruen-od-mineralna-voda-proizvedena-vo-hrvatska/ Tue, 07 Nov 2023 15:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=699249

Кока-Кола Хрватска денеска потврди дека еден случај со труење во Риека е поврзан со нивен пијалак. Објавата следела откако од вчера на социјалните мрежи се ширела порака со предупредување до граѓаните да не пијат сокови и вода од познатиот производител бидејќи предизвикуваат хемиски повреди на хранопроводникот и желудникот. Во пораката, меѓу другото, се наведува дека наводно неколку лица биле затруени од минерална вода во угостителски објекти во Риека.

Свесни сме за изолиран случај поврзан со едно стаклено шише „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate“ 330 мл. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и се надеваме за брзо и целосно закрепнување на лицето вклучено во овој случај, соопштија од компанијата.

Дополнително, се додава дека се „целосно отворени за соработка со сите надлежни органи“.

Случајот на труење изутрината го потврди и Клиничкиот болнички центар во Риека, имајќи предвид дека таму е хоспитализирано едно лице поради сомневање за хемиска повреда на хранопроводникот. Од болницата соопштија дека лицето во моментов е стабилно и дека дијагностичките и терапевтските процедури продолжуваат.

Случајот е пријавен во полиција, која соопшти дека на 4 ноември добила пријава дека на едно лице му се слошило додека консумирало безалкохолен пијалок во угостителски објект во Риека.

The post Потврдено: Еден затруен од минерална вода произведена во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Кока-Кола Хрватска денеска потврди дека еден случај со труење во Риека е поврзан со нивен пијалак. Објавата следела откако од вчера на социјалните мрежи се ширела порака со предупредување до граѓаните да не пијат сокови и вода од познатиот производител бидејќи предизвикуваат хемиски повреди на хранопроводникот и желудникот. Во пораката, меѓу другото, се наведува дека наводно неколку лица биле затруени од минерална вода во угостителски објекти во Риека.
Свесни сме за изолиран случај поврзан со едно стаклено шише „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate“ 330 мл. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и се надеваме за брзо и целосно закрепнување на лицето вклучено во овој случај, соопштија од компанијата.
Дополнително, се додава дека се „целосно отворени за соработка со сите надлежни органи“. Случајот на труење изутрината го потврди и Клиничкиот болнички центар во Риека, имајќи предвид дека таму е хоспитализирано едно лице поради сомневање за хемиска повреда на хранопроводникот. Од болницата соопштија дека лицето во моментов е стабилно и дека дијагностичките и терапевтските процедури продолжуваат. Случајот е пријавен во полиција, која соопшти дека на 4 ноември добила пријава дека на едно лице му се слошило додека консумирало безалкохолен пијалок во угостителски објект во Риека.

The post Потврдено: Еден затруен од минерална вода произведена во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Отруени над 20 деца во училиште во Мосва https://republika.mk/vesti/svet/otrueni-nad-20-detsa-vo-uchilishte-vo-mosva/ Thu, 02 Nov 2023 12:38:05 +0000 https://republika.mk/?p=697440

Повеќе од 20 руски деца биле отруени во кадетско училиште во Московската област, по што била покрената кривична истрага.

Дваесет и две деца во училиштето за кадети во Луховице, Москва, побарале медицинска помош, а 19 од нив се хоспитализирани, јави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на регионалното министерство за здравство.

Рускиот истражен комитет објави дека отворил кривична истрага за масовно труење деца. Комисијата додаде дека прелиминарната причина бил ротавирусот, гастроинтестинална инфекција која најмногу ги погодува децата, објави локалната онлајн публикација „Луховице Вести“.

Истрагата е покрената „во врска со давање услуги кои не ги исполнуваат безбедносните и здравствените барања, што резултирало со масовно труење на деца во едно од училиштата во Луховице“, соопшти истражниот комитет.

„Луховице Вести“ објавија дека четири деца се во тешка состојба и се префрлени во болница за инфективни болести. Истрагата на комисијата ќе опфати сослушување на децата и управата на училиштето што ги обучува идните морнари, пишува весникот.

Ротавирусот обично предизвикува тешка дијареа и повраќање кај доенчиња и мали деца. Може да предизвика дехидрација и да бара хоспитализација, па дури и да доведе до смрт. Симптомите обично започнуваат два дена откако лицето е изложено на ротавирусот, а повраќањето и дијареата може да траат три до осум дена. Инфекцијата се јавува кога честичките на ротавирусот влегуваат во устата, откако претходно допирале контаминирани предмети или храна.

Не постои специфичен лек за лекување на ротавирусна инфекција, но симптомите може да се третираат.

Прес-службата на регионалното министерство за здравство соопшти дека на сите деца им била укажана потребната медицинска нега.

The post Отруени над 20 деца во училиште во Мосва appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 20 руски деца биле отруени во кадетско училиште во Московската област, по што била покрената кривична истрага. Дваесет и две деца во училиштето за кадети во Луховице, Москва, побарале медицинска помош, а 19 од нив се хоспитализирани, јави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на регионалното министерство за здравство. Рускиот истражен комитет објави дека отворил кривична истрага за масовно труење деца. Комисијата додаде дека прелиминарната причина бил ротавирусот, гастроинтестинална инфекција која најмногу ги погодува децата, објави локалната онлајн публикација „Луховице Вести“. Истрагата е покрената „во врска со давање услуги кои не ги исполнуваат безбедносните и здравствените барања, што резултирало со масовно труење на деца во едно од училиштата во Луховице“, соопшти истражниот комитет. „Луховице Вести“ објавија дека четири деца се во тешка состојба и се префрлени во болница за инфективни болести. Истрагата на комисијата ќе опфати сослушување на децата и управата на училиштето што ги обучува идните морнари, пишува весникот. Ротавирусот обично предизвикува тешка дијареа и повраќање кај доенчиња и мали деца. Може да предизвика дехидрација и да бара хоспитализација, па дури и да доведе до смрт. Симптомите обично започнуваат два дена откако лицето е изложено на ротавирусот, а повраќањето и дијареата може да траат три до осум дена. Инфекцијата се јавува кога честичките на ротавирусот влегуваат во устата, откако претходно допирале контаминирани предмети или храна. Не постои специфичен лек за лекување на ротавирусна инфекција, но симптомите може да се третираат. Прес-службата на регионалното министерство за здравство соопшти дека на сите деца им била укажана потребната медицинска нега.

The post Отруени над 20 деца во училиште во Мосва appeared first on Република.

]]>
Д-р Чибишев за труењето со „Ланате“: Ова што се случи за жал, со еден изгубен живот е врв на ледениот брег од она што се случуваше во минатото https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-chibishev-za-trueneto-so-lanate-ova-shto-se-sluchi-za-zhal-so-eden-izguben-zhivot-e-vrv-na-ledeniot-breg-od-ona-shto-se-sluchuvashe-vo-minatoto/ Sun, 22 Oct 2023 16:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=693949

Ова што сега сеслучи за жал, со еден изгубен живот е врв на ледениот брег од она што се случуваше во минатото. Јас неколку пати имам давано изјави во врска со тоа бесчовечно и безмилосно труење на кучињата скитници кои како што опишуваа граѓаните умираа во една страшна агонија и околу нив се собираат љубопитни деца тоа го гледаат, практички невозможно е во таков случај да се случи труење, но теоретски е можно, некои од децата да го допира и да дојде во контакт, изјави во вчерашното гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија Д-р. Андон Чибишев.

Метомилот е генеричко име на еден пестицид, кој што припаѓа на големата група пестициди кои што наоѓаат голема примена во земјоделието и секојдневниот живот. Заштитното име е Ланате. Инаку пестицидите според намената можат да бидат инстикциди за уништување инсекти, фунгициди за уништување на габи, хербициди за уништување на штетна плева и тн. Според хемискиот состав можат да бидат органофосфорни пестициди, карбамати и други. Метомилот припаѓа во групата карбаматни пестициди, објасни Чибишев.

-Морам да нагласам дека едно современо земјоделие не може да се замисли без употреба на пестициди, меѓутоа во позитивните законски прописи кои што се донесени во Република Македонија многу строго се дефинирани, како се произведува, како се дистребуира и како се употребуваат одредени хемикалии кои што се користат во земјоделието. Истото е регулирано во законот за пробет на отрови, истакна доктор Чибишев.

 

The post Д-р Чибишев за труењето со „Ланате“: Ова што се случи за жал, со еден изгубен живот е врв на ледениот брег од она што се случуваше во минатото appeared first on Република.

]]>

Ова што сега сеслучи за жал, со еден изгубен живот е врв на ледениот брег од она што се случуваше во минатото. Јас неколку пати имам давано изјави во врска со тоа бесчовечно и безмилосно труење на кучињата скитници кои како што опишуваа граѓаните умираа во една страшна агонија и околу нив се собираат љубопитни деца тоа го гледаат, практички невозможно е во таков случај да се случи труење, но теоретски е можно, некои од децата да го допира и да дојде во контакт, изјави во вчерашното гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија Д-р. Андон Чибишев.
Метомилот е генеричко име на еден пестицид, кој што припаѓа на големата група пестициди кои што наоѓаат голема примена во земјоделието и секојдневниот живот. Заштитното име е Ланате. Инаку пестицидите според намената можат да бидат инстикциди за уништување инсекти, фунгициди за уништување на габи, хербициди за уништување на штетна плева и тн. Според хемискиот состав можат да бидат органофосфорни пестициди, карбамати и други. Метомилот припаѓа во групата карбаматни пестициди, објасни Чибишев.
-Морам да нагласам дека едно современо земјоделие не може да се замисли без употреба на пестициди, меѓутоа во позитивните законски прописи кои што се донесени во Република Македонија многу строго се дефинирани, како се произведува, како се дистребуира и како се употребуваат одредени хемикалии кои што се користат во земјоделието. Истото е регулирано во законот за пробет на отрови, истакна доктор Чибишев.  

The post Д-р Чибишев за труењето со „Ланате“: Ова што се случи за жал, со еден изгубен живот е врв на ледениот брег од она што се случуваше во минатото appeared first on Република.

]]>
Лице блиско до семејството отруено со ланате открива детали за кобниот настан https://republika.mk/vesti/crna-hronika/litse-blisko-do-semejstvoto-otrueno-so-lanate-otkriva-detali-za-kobniot-nastan/ Fri, 20 Oct 2023 16:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=693404

Откако фамилијарно труење во Скопје заврши фатално за 47-годишна жена, во јавноста се појавија голем број на шпекулации.

Дали се работи за високо количество на инсектицид во празот, дали отровот бил случајно ставен во брашното или пак бил намерно подметнат, се актуелни прашања на социјалните мрежи.

Со цел да се запрат шпекулациите, блиско лице на фамилијата се обратило до „Фокус“ (идентитетот е познат на редакцијата). Како што тврди извор, станува збор за ненамерна грешка која имала кобен епилог.

Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна. Тоа е жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла. Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар. За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат“, вели нашиот извор.

На прашањето зошто семејството чувало таков силен и забранет отров, вели дека го чувале против глувци.

Настанот беше објавен и во дневниот билтен на МВР пред неколку дена, и во него беше наведено дека од Клиниката за токсикологија во полициска станица во Кисела Вода било пријавено дека кај нив биле донесени три лица од Скопје, затруени со домашна храна, која била направена во нивниот дом.

Повеќе на „Фокус“.

The post Лице блиско до семејството отруено со ланате открива детали за кобниот настан appeared first on Република.

]]>

Откако фамилијарно труење во Скопје заврши фатално за 47-годишна жена, во јавноста се појавија голем број на шпекулации. Дали се работи за високо количество на инсектицид во празот, дали отровот бил случајно ставен во брашното или пак бил намерно подметнат, се актуелни прашања на социјалните мрежи. Со цел да се запрат шпекулациите, блиско лице на фамилијата се обратило до „Фокус“ (идентитетот е познат на редакцијата). Како што тврди извор, станува збор за ненамерна грешка која имала кобен епилог.
Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна. Тоа е жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла. Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар. За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат“, вели нашиот извор.
На прашањето зошто семејството чувало таков силен и забранет отров, вели дека го чувале против глувци. Настанот беше објавен и во дневниот билтен на МВР пред неколку дена, и во него беше наведено дека од Клиниката за токсикологија во полициска станица во Кисела Вода било пријавено дека кај нив биле донесени три лица од Скопје, затруени со домашна храна, која била направена во нивниот дом. Повеќе на „Фокус“.

The post Лице блиско до семејството отруено со ланате открива детали за кобниот настан appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Причината за фамилијарното труење и еден изгубен живот не е ниту „прсканиот праз“ ниту брашното во питата https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-prichinata-za-familijarnoto-truene-i-eden-izguben-zhivot-ne-e-nitu-prskaniot-praz-nitu-brashnoto-vo-pitata/ Thu, 19 Oct 2023 19:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=693008

По трагичниот настан, во кој од домашна пита со праз се затру цело семејство при што почина една жена, а нејзиниот сопруг и неговата мајка се во кома, се огласи докторот Нико Беќаровски. Тој вели дека причината за труењето не е ниту празот ниту брашното.

„За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труење и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), не е ниту “прсканиот праз” ниту брашното во питата.

Инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек. Повеќе информации барајте од МВР. Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата“ напиша Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Причината за фамилијарното труење и еден изгубен живот не е ниту „прсканиот праз“ ниту брашното во питата appeared first on Република.

]]>

По трагичниот настан, во кој од домашна пита со праз се затру цело семејство при што почина една жена, а нејзиниот сопруг и неговата мајка се во кома, се огласи докторот Нико Беќаровски. Тој вели дека причината за труењето не е ниту празот ниту брашното. „За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труење и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), не е ниту “прсканиот праз” ниту брашното во питата. Инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек. Повеќе информации барајте од МВР. Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата“ напиша Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Причината за фамилијарното труење и еден изгубен живот не е ниту „прсканиот праз“ ниту брашното во питата appeared first on Република.

]]>