трудница Archives - Република https://republika.mk/tema/trudnica/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Dec 2023 09:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трудница Archives - Република https://republika.mk/tema/trudnica/ 32 32 Маж од Косово осомничен за убиство на трудница од Италија https://republika.mk/vesti/svet/mazh-od-kosovo-osomnichen-za-ubistvo-na-trudnitsa-od-italija/ Wed, 20 Dec 2023 09:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=724775

Пред влезната врата од својот дом брутално е убиена Ванеса Балан (27), трудница од Италија, а за делото е уапсен Б.Ф.(41), маж од Косово.

Ванеса била во третиот месец од бременоста кога осомничениот ја удрил неколку пати по лицето и ја избодел најмалку седум пати пред влезот на нејзината куќа во близина на Тревизо, пишува Телеграф.

Телото на трудницата го пронашол нејзиниот партнер кога се вратил од работа и веднаш ја алармирал полицијата. Тој бил во шок, но успеал да ѝ даде на полицијата корисни информации.

Веднаш била започната потрага по осомничениот, кој бил уапсен во вторникот вечерта.

Според партнерот на жртвата, осомничената била муштерија на супермаркетот „Еуроспин“, каде што до пред извесно време работела – пред да замине на породилно, бидејќи го чекала своето второ дете.

Како што пишуваат медиумите, тој често ја следел Ванеса, доаѓал на нејзиното работно место и ја малтретирал, а Ванеса во октомври го пријавила за демнење.

Осомничениот не сакал да одговори на прашањата на истражителите и бил однесен во затвор, додека полицијата се обидува да го открие мотивот за убиството.

 

The post Маж од Косово осомничен за убиство на трудница од Италија appeared first on Република.

]]>

Пред влезната врата од својот дом брутално е убиена Ванеса Балан (27), трудница од Италија, а за делото е уапсен Б.Ф.(41), маж од Косово. Ванеса била во третиот месец од бременоста кога осомничениот ја удрил неколку пати по лицето и ја избодел најмалку седум пати пред влезот на нејзината куќа во близина на Тревизо, пишува Телеграф. Телото на трудницата го пронашол нејзиниот партнер кога се вратил од работа и веднаш ја алармирал полицијата. Тој бил во шок, но успеал да ѝ даде на полицијата корисни информации. Веднаш била започната потрага по осомничениот, кој бил уапсен во вторникот вечерта. Според партнерот на жртвата, осомничената била муштерија на супермаркетот „Еуроспин“, каде што до пред извесно време работела – пред да замине на породилно, бидејќи го чекала своето второ дете. Како што пишуваат медиумите, тој често ја следел Ванеса, доаѓал на нејзиното работно место и ја малтретирал, а Ванеса во октомври го пријавила за демнење. Осомничениот не сакал да одговори на прашањата на истражителите и бил однесен во затвор, додека полицијата се обидува да го открие мотивот за убиството.  

The post Маж од Косово осомничен за убиство на трудница од Италија appeared first on Република.

]]>
Девојка го излажала монструмот од Младеновац дека е бремена за да не ја убие https://republika.mk/vesti/balkan/devojka-go-izlazhala-monstrumot-od-mladenovats-deka-e-bremena-za-da-ne-ja-ubie/ Tue, 30 May 2023 11:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=646109

Девојката Ј.А.(19) која го преживеја масакрот во Младеновац е сослушана во Вишото јавно обвинителство во Смедерево каде ги изнесе сите детали од кобната ноќ кога по масакрот во кој уби осум лица и рани 14 лица, У.Б. од Дубона влегол во такси во кое била и таа.

 

Она што ги шокираше сите е тоа што девојката воопшто не е бремена, но во моментот на киднапирањето брзо реагирала и го излажала налудничавиот убиец.

За да си го спаси животот во моментот кога во нивното такси влегла У.Б.,таа рекла дека е бремена и на тој начин успеала да се спаси од сигурна смрт.

 

The post Девојка го излажала монструмот од Младеновац дека е бремена за да не ја убие appeared first on Република.

]]>

Девојката Ј.А.(19) која го преживеја масакрот во Младеновац е сослушана во Вишото јавно обвинителство во Смедерево каде ги изнесе сите детали од кобната ноќ кога по масакрот во кој уби осум лица и рани 14 лица, У.Б. од Дубона влегол во такси во кое била и таа.   Она што ги шокираше сите е тоа што девојката воопшто не е бремена, но во моментот на киднапирањето брзо реагирала и го излажала налудничавиот убиец. За да си го спаси животот во моментот кога во нивното такси влегла У.Б.,таа рекла дека е бремена и на тој начин успеала да се спаси од сигурна смрт.  

The post Девојка го излажала монструмот од Младеновац дека е бремена за да не ја убие appeared first on Република.

]]>
Трудница тврди дека е девица и дека останала бремена поради уроци https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/trudnitsa-tvrdi-deka-e-devitsa-i-deka-ostanala-bremena-poradi-urotsi/ Mon, 08 May 2023 17:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=629617

Бизарна приказна за 19-годишна трудница доаѓа од Маламба, Колумбија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, девојката тврди дека останала бремена поради уроци. Таа вели дека никогаш немала сексуални односи, а на лекарски преглед дознала дека е бремена.

Иако не спиев со ниеден маж, наеднаш престанав да имам менструација. Кога мајка ми ме однесе на преглед, лекарите утврдија дека сум бремена, изјавила неименуваната девојка.

Нејзиниот случај доаѓа во време кога властите се загрижени за зголемувањето на бројот на тинејџерските бремености.

Додека многумина на социјалните мрежи се потсмеваат на оваа вест, ситуацијата за колумбиските власти не е воопшто смешна. Податоците покажуваат дека во земјата зачестуваат случаите со малолетни трудници, што е сериозен проблем.

Дополнително, Маламба е мало гратче кое веќе го има привлечено медиумското внимание од чудни причини. Во 2009 година, едно семејство тврдело дека го видело Мајкл Џексон како поминува низ нивната куќа.

Извор: 24седум

The post Трудница тврди дека е девица и дека останала бремена поради уроци appeared first on Република.

]]>

Бизарна приказна за 19-годишна трудница доаѓа од Маламба, Колумбија. Како што пренесуваат тамошните медиуми, девојката тврди дека останала бремена поради уроци. Таа вели дека никогаш немала сексуални односи, а на лекарски преглед дознала дека е бремена.
Иако не спиев со ниеден маж, наеднаш престанав да имам менструација. Кога мајка ми ме однесе на преглед, лекарите утврдија дека сум бремена, изјавила неименуваната девојка.
Нејзиниот случај доаѓа во време кога властите се загрижени за зголемувањето на бројот на тинејџерските бремености. Додека многумина на социјалните мрежи се потсмеваат на оваа вест, ситуацијата за колумбиските власти не е воопшто смешна. Податоците покажуваат дека во земјата зачестуваат случаите со малолетни трудници, што е сериозен проблем. Дополнително, Маламба е мало гратче кое веќе го има привлечено медиумското внимание од чудни причини. Во 2009 година, едно семејство тврдело дека го видело Мајкл Џексон како поминува низ нивната куќа. Извор: 24седум

The post Трудница тврди дека е девица и дека останала бремена поради уроци appeared first on Република.

]]>
Убиената трудница на Косово е закопана со бебето во стомакот https://republika.mk/vesti/balkan/ubienata-trudnica-na-kosovo-e-zakopana-so-bebeto-vo-stomakot/ Sun, 04 Dec 2022 13:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=581654

Имамот на  џамијата во Липјај Вехби Гаитани по погребот на убиената Хамида Магаши, која ја застрела нејзиниот сопруг рече дека била погребана со бебето во стомакот.

Бебето не е извадено од утробата. Дозволено е да биде погребана, иако не е родено, бидејќи умрело со смртта на нејзината мајка - изјави Гаитани.

Хамиде Магаши (35) беше убиена во средата в во дворот на клиниката за гинекологија во Приштина. Нејзиниот сопруг Сокол Халили (31), кој испукал три куршуми кон неа кога ја напуштила гинеколошката клиника.

https://republika.mk/vesti/balkan/ni-mrtva-ne-ja-ostava-namira-kosovecot-koj-ja-ubi-bremenata-sopruga-ostavil-proshtalno-pismo/

The post Убиената трудница на Косово е закопана со бебето во стомакот appeared first on Република.

]]>

Имамот на  џамијата во Липјај Вехби Гаитани по погребот на убиената Хамида Магаши, која ја застрела нејзиниот сопруг рече дека била погребана со бебето во стомакот.
Бебето не е извадено од утробата. Дозволено е да биде погребана, иако не е родено, бидејќи умрело со смртта на нејзината мајка - изјави Гаитани.
Хамиде Магаши (35) беше убиена во средата в во дворот на клиниката за гинекологија во Приштина. Нејзиниот сопруг Сокол Халили (31), кој испукал три куршуми кон неа кога ја напуштила гинеколошката клиника. https://republika.mk/vesti/balkan/ni-mrtva-ne-ja-ostava-namira-kosovecot-koj-ja-ubi-bremenata-sopruga-ostavil-proshtalno-pismo/

The post Убиената трудница на Косово е закопана со бебето во стомакот appeared first on Република.

]]>
Претепана бремена жена во Слатино https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pretepana-bremena-zena-vo-slatino/ Wed, 03 Aug 2022 11:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=536420

Ноќва во 00.20 часот во тетовско Слатино, полициски службеници од Полициското одделение Теарце ги лишиле од слобода Н.Ф.(59), К.Ф.(32), Г.Ќ.(37), А.Ф.(55) сите од тетовско Нераште и А.С.(47) од Германија, со живеалиште во с.Зајас, кичевско, затоа што во 00.10 часот во с.Слатино пред нивниот двор физички ги нападнале Н.Л. и С.Л. и нивната снаа Х.Л.(35), која според пријавеното била бремена, по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажуавње лекарска помош.

Како што соопштува СВР Тетово, тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен
поднесок.

The post Претепана бремена жена во Слатино appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 00.20 часот во тетовско Слатино, полициски службеници од Полициското одделение Теарце ги лишиле од слобода Н.Ф.(59), К.Ф.(32), Г.Ќ.(37), А.Ф.(55) сите од тетовско Нераште и А.С.(47) од Германија, со живеалиште во с.Зајас, кичевско, затоа што во 00.10 часот во с.Слатино пред нивниот двор физички ги нападнале Н.Л. и С.Л. и нивната снаа Х.Л.(35), која според пријавеното била бремена, по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажуавње лекарска помош. Како што соопштува СВР Тетово, тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Претепана бремена жена во Слатино appeared first on Република.

]]>
Кога сфатила дека го губи, барала да ја убијат: Починаа трудницата и новороденчето од фотографијата од Мариупол која го обиколи светот https://republika.mk/vesti/svet/koga-sfatila-deka-go-gubi-barala-da-ja-ubijat-pochinaa-trudnicata-i-novorodencheto-od-fotografijata-od-mariupol-koja-go-obikoli-svetot/ Mon, 14 Mar 2022 07:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=472330

Трудница и нејзиното новороденче им подлегнаа на повредите здобиени откако Русија го бомбардираше породилното одделение каде таа требаше да се породи, јавува Асошиејтед прес. Фотографиите од Украинката која на носилка ја носат кон Брза помош го обиколија светот, а новинарите на АП ја снимија како го гали нејзиниот крвав труднички стомак додека спасувачите ја носат низ урнатините на опколениот град Мариупол.

Бремената Украинка била пренесена во друга болница, уште поблиску до бојното поле, каде лекарите се обиделе да направат сè за да ја одржат во живот. Кога сфатила дека го губи бебето, им викала на лекарите: „Убијте ме сега!“.

Хирургот Тимур Марин открил дека ѝ нејзината карлица била смачкана карлица, а колкот дислоциран. Лекарите успеале да го извадат бебето со царски рез, но за жал тоа не давало знаци на живот, изјавил хирургот за АП. Потоа се фокусирале на несреќната мајка.

Повеќе од 30 минути реанимација на мајката не даде резултат. Двете починаа, рече Марин.

Во хаосот по рускиот воздушен напад, лекарите не можеле да го дознаат името на жената пред нејзиниот сопруг и татко да дојдат да го земат телото од болница. Барем некој дошол по неа, рекле од болницата - за да не заврши во масовните гробници кои се копаат за сè поголемиот број мртви во Мариупол, пренесува АП.

 

 

The post Кога сфатила дека го губи, барала да ја убијат: Починаа трудницата и новороденчето од фотографијата од Мариупол која го обиколи светот appeared first on Република.

]]>

Трудница и нејзиното новороденче им подлегнаа на повредите здобиени откако Русија го бомбардираше породилното одделение каде таа требаше да се породи, јавува Асошиејтед прес. Фотографиите од Украинката која на носилка ја носат кон Брза помош го обиколија светот, а новинарите на АП ја снимија како го гали нејзиниот крвав труднички стомак додека спасувачите ја носат низ урнатините на опколениот град Мариупол. Бремената Украинка била пренесена во друга болница, уште поблиску до бојното поле, каде лекарите се обиделе да направат сè за да ја одржат во живот. Кога сфатила дека го губи бебето, им викала на лекарите: „Убијте ме сега!“. Хирургот Тимур Марин открил дека ѝ нејзината карлица била смачкана карлица, а колкот дислоциран. Лекарите успеале да го извадат бебето со царски рез, но за жал тоа не давало знаци на живот, изјавил хирургот за АП. Потоа се фокусирале на несреќната мајка.
Повеќе од 30 минути реанимација на мајката не даде резултат. Двете починаа, рече Марин.
Во хаосот по рускиот воздушен напад, лекарите не можеле да го дознаат името на жената пред нејзиниот сопруг и татко да дојдат да го земат телото од болница. Барем некој дошол по неа, рекле од болницата - за да не заврши во масовните гробници кои се копаат за сè поголемиот број мртви во Мариупол, пренесува АП.    

The post Кога сфатила дека го губи, барала да ја убијат: Починаа трудницата и новороденчето од фотографијата од Мариупол која го обиколи светот appeared first on Република.

]]>
Се породи трудницата која беше фотографирана како бега од урнатините од болницата во Мариупол https://republika.mk/vesti/svet/se-porodi-trudnicata-koja-beshe-fotografirana-kako-bega-od-urnatinite-od-bolnicata-vo-mariupol/ Fri, 11 Mar 2022 22:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=471570

Маријана Вишегирскаја, облечена во исти пижами со точки, е фотографирана како ја држи новородената ќерка, објави Гардијан.

Една од трудниците сликана како бега од урнатините на породилното одделение од болницата во Мариупол, бомбардирана од руските сили, роди ќерка.

Маријана Вишегирскаја, облечена во истите пижами со точки во кои беше сликана додека се мачи по скалите на опустошената болница, во петокот беше фотографирана од Асошиетед прес како лежи во болнички кревет држејќи ја својата новородена ќерка Вероника.

The post Се породи трудницата која беше фотографирана како бега од урнатините од болницата во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Маријана Вишегирскаја, облечена во исти пижами со точки, е фотографирана како ја држи новородената ќерка, објави Гардијан. Една од трудниците сликана како бега од урнатините на породилното одделение од болницата во Мариупол, бомбардирана од руските сили, роди ќерка. Маријана Вишегирскаја, облечена во истите пижами со точки во кои беше сликана додека се мачи по скалите на опустошената болница, во петокот беше фотографирана од Асошиетед прес како лежи во болнички кревет држејќи ја својата новородена ќерка Вероника.

The post Се породи трудницата која беше фотографирана како бега од урнатините од болницата во Мариупол appeared first on Република.

]]>
Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете https://republika.mk/vesti/svet/trudnica-si-zakova-shajka-vo-glava-bajach-ja-ubedil-deka-taka-kje-rodi-mashko-dete/ Sat, 19 Feb 2022 08:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=459905

Трудница си закова клинец во главата откако исцелител ја убедил дека така со гаранција ќе роди машко дете. Инцидентот се случил пред неколку дена во градот Пешавар во Пакистан.

Неврологот Хајдер Сулеман, кој ја лекувал жртвата во болницата „Лејди Ридинг“, за паскистанскиот весник „Зора“ открил дека иако шајката долга 5 сантиметри продрела во черепот на жената, за среќа, не стигнала до нејзиниот мозок.

Таа рече дека една жена од нејзиното маало го направила истото, си заковала шајка во главата, и родила момче иако ултразвукот покажал дека нејзиното неродено дете е девојче, раскажува докторот.

Трудницата во болница прво тврдела дека сама си ја ставила шајката, според советите на исцелителот, за подоцна да признае дека самиот тој ја „заковал“. Според пакистанските медиуми, тој вчера бил повикан на разговор.

Дополнително вознемирувачка е и веста дека роднините на трудницата, пред да побараат лекарска помош, сами се обиделе да ја извлечат шајката од нејзиниот череп.

The post Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете appeared first on Република.

]]>

Трудница си закова клинец во главата откако исцелител ја убедил дека така со гаранција ќе роди машко дете. Инцидентот се случил пред неколку дена во градот Пешавар во Пакистан. Неврологот Хајдер Сулеман, кој ја лекувал жртвата во болницата „Лејди Ридинг“, за паскистанскиот весник „Зора“ открил дека иако шајката долга 5 сантиметри продрела во черепот на жената, за среќа, не стигнала до нејзиниот мозок.
Таа рече дека една жена од нејзиното маало го направила истото, си заковала шајка во главата, и родила момче иако ултразвукот покажал дека нејзиното неродено дете е девојче, раскажува докторот.
Трудницата во болница прво тврдела дека сама си ја ставила шајката, според советите на исцелителот, за подоцна да признае дека самиот тој ја „заковал“. Според пакистанските медиуми, тој вчера бил повикан на разговор. Дополнително вознемирувачка е и веста дека роднините на трудницата, пред да побараат лекарска помош, сами се обиделе да ја извлечат шајката од нејзиниот череп.

The post Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете appeared first on Република.

]]>