трошоци Archives - Република https://republika.mk/tema/troshoci/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 10:18:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трошоци Archives - Република https://republika.mk/tema/troshoci/ 32 32 Трошоците за провизија за правни услуги за заемот од Унгарија се десет пати пониски од она што досега се плаќало, тврди Мицкоски https://republika.mk/vesti/ekonomija/troshotsite-za-provizija-za-pravni-uslugi-za-zaemot-od-ungarija-se-deset-pati-poniski-od-ona-shto-dosega-se-plakalo-tvrdi-mitskoski/ Wed, 11 Sep 2024 10:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=815296

Трошоците што земјава треба да ги плати за провизија за правни услуги за да го земе заемот од Унгарија од половина милијарда евра е нормална процедура и е 10 пати помалку од она што сме го плаќале досега за заеми, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по објавите дека треба да се плаќа провизија за правни услуги на независна фирма, избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.

Трошоците изнесуваат 70 илјади евра, тоа е нормална процедура и тоа е 10 пати помалку од тоа што сме го плаќале претходно за заеми. Од овие половина милијарда што ќе бидат земени како заем, овие 70 илјади евра се трошоците и тоа е нешто повеќе од 0,1 процент - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Во Предлог законот, кој е во собраниска процедура и се носи по скратена постапка, е наведено дека Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка и дека провизијата треба да се плати пред повлекување на траншата.

Според премиерот, сето она што е кажано за заемот и условите под кои ќе се земе, е содржано во законското решение.

Од законот можете да видите дека сето тоа што го кажавме е содржано во законот - 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, 12 години рок на отплата. Развоен закон - половина ќе оди кај бизнисот, половина за проекти за општините, така што тоа што го ветивме, тоа и го исполнуваме - рече Мицкоски.

Во однос на еврообврзницата земена во 2017 година која доспева за плаќање во јануари 2025 година, рече дека доколку каматните стапки во моментот се повисоки од 3,25 проценти, ќе мора да бидат повлечени половина милијарда за да се врати овој долг.

Нашите анализи се дека ако излеземе на меѓународниот пазар за да ја вратиме оваа еврообврзница од 500 милиони евра, каматната стапка што може да ја добиеме е меѓу 5,5 и 6,5 проценти. Најверојатно ако овој тренд продолжи и понатаму бидејќи гледам дека Европската централна банка планира за 0,25 проценти да ги намали каматните стапки и ако тоа влијае позитивно, ќе излеземе на меѓународниот пазар и ќе се обидеме да обезбедиме пониска каматна стапка, но доколку таа е повисока од 3,25 проценти, тогаш ќе ги повлечеме и другите половина милијарда за да го вратиме овој долг - посочи Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

The post Трошоците за провизија за правни услуги за заемот од Унгарија се десет пати пониски од она што досега се плаќало, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Трошоците што земјава треба да ги плати за провизија за правни услуги за да го земе заемот од Унгарија од половина милијарда евра е нормална процедура и е 10 пати помалку од она што сме го плаќале досега за заеми, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по објавите дека треба да се плаќа провизија за правни услуги на независна фирма, избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.
Трошоците изнесуваат 70 илјади евра, тоа е нормална процедура и тоа е 10 пати помалку од тоа што сме го плаќале претходно за заеми. Од овие половина милијарда што ќе бидат земени како заем, овие 70 илјади евра се трошоците и тоа е нешто повеќе од 0,1 процент - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.
Во Предлог законот, кој е во собраниска процедура и се носи по скратена постапка, е наведено дека Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка и дека провизијата треба да се плати пред повлекување на траншата. Според премиерот, сето она што е кажано за заемот и условите под кои ќе се земе, е содржано во законското решение.
Од законот можете да видите дека сето тоа што го кажавме е содржано во законот - 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, 12 години рок на отплата. Развоен закон - половина ќе оди кај бизнисот, половина за проекти за општините, така што тоа што го ветивме, тоа и го исполнуваме - рече Мицкоски.
Во однос на еврообврзницата земена во 2017 година која доспева за плаќање во јануари 2025 година, рече дека доколку каматните стапки во моментот се повисоки од 3,25 проценти, ќе мора да бидат повлечени половина милијарда за да се врати овој долг.
Нашите анализи се дека ако излеземе на меѓународниот пазар за да ја вратиме оваа еврообврзница од 500 милиони евра, каматната стапка што може да ја добиеме е меѓу 5,5 и 6,5 проценти. Најверојатно ако овој тренд продолжи и понатаму бидејќи гледам дека Европската централна банка планира за 0,25 проценти да ги намали каматните стапки и ако тоа влијае позитивно, ќе излеземе на меѓународниот пазар и ќе се обидеме да обезбедиме пониска каматна стапка, но доколку таа е повисока од 3,25 проценти, тогаш ќе ги повлечеме и другите половина милијарда за да го вратиме овој долг - посочи Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

The post Трошоците за провизија за правни услуги за заемот од Унгарија се десет пати пониски од она што досега се плаќало, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Владата ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ke-ja-promovira-merkata-pomalku-troshotsi-poveke-za-site/ Tue, 03 Sep 2024 10:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=812662

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе одржи прес-конференција на која ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“.

Како што соопшти владината прес-служба, станува збор за мерка со која ќе се замрзнат и намалат цените на производите потребни за децата за отпочнување на учебната година, со што, како што велат, директно ќе се помогне за заштита на стандардот на граѓаните.

 

The post Владата ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе одржи прес-конференција на која ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“. Како што соопшти владината прес-служба, станува збор за мерка со која ќе се замрзнат и намалат цените на производите потребни за децата за отпочнување на учебната година, со што, како што велат, директно ќе се помогне за заштита на стандардот на граѓаните.  

The post Владата ќе ја промовира мерката „Помалку трошоци-повеќе за сите“ appeared first on Република.

]]>
Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnite-troshotsi-za-osnovni-potrebi-na-edno-semejstvo-vo-juli-60-570-denari/ Mon, 22 Jul 2024 10:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=799148

Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари.

Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

The post Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари appeared first on Република.

]]>

Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија. Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари. Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

The post Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари appeared first on Република.

]]>
Родителите плаќаат за униформи, фотографирање, ужина, а никој не знае како навистина се трошат тие пари https://republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-plakaat-za-uniformi-fotografirane-uzhina-a-nikoj-ne-znae-kako-navistina-se-troshat-tie-pari/ Wed, 17 Apr 2024 09:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=767052

Без транспаретност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки во училиштата кои се финансираат со пари од родителите, покажува истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во осум општини во државата открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила коишто би овозможиле избор на најповолните понуди. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи Министерството за образование и наука (МОН)  за нив има донесено процедури во 2014 година.

Најголем дел од училиштата не можат да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите. Од Центарот за граѓански комуникации посочуваат дека дури и кај оние училишта што ги доставиле одлуките за избор од страна на советите на родителите не може да се утврди како се прибрани разгледуваните понуди, односно кој одлучил од кои фирми да се бараат понуди за набавките.

Оваа состојба е последица на тоа што МОН доцни со изготвувањето на подзаконските акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки. На тој начин им се овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите. Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 - 2025 година предвидуваше Министерството за образование и наука да ги изготви овие подзаконски акти (правилници) уште во првата половина од 2022 година, со цел да се намалат широките можности за корупција и злоупотреба на службената позиција, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето е изготвено во рамки на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Истражувањето е спроведено во периодот од  1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.

The post Родителите плаќаат за униформи, фотографирање, ужина, а никој не знае како навистина се трошат тие пари appeared first on Република.

]]>

Без транспаретност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки во училиштата кои се финансираат со пари од родителите, покажува истражувањето спроведено од Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во осум општини во државата открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила коишто би овозможиле избор на најповолните понуди. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи Министерството за образование и наука (МОН)  за нив има донесено процедури во 2014 година. Најголем дел од училиштата не можат да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите. Од Центарот за граѓански комуникации посочуваат дека дури и кај оние училишта што ги доставиле одлуките за избор од страна на советите на родителите не може да се утврди како се прибрани разгледуваните понуди, односно кој одлучил од кои фирми да се бараат понуди за набавките.
Оваа состојба е последица на тоа што МОН доцни со изготвувањето на подзаконските акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки. На тој начин им се овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите. Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 - 2025 година предвидуваше Министерството за образование и наука да ги изготви овие подзаконски акти (правилници) уште во првата половина од 2022 година, со цел да се намалат широките можности за корупција и злоупотреба на службената позиција, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Истражувањето е изготвено во рамки на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Истражувањето е спроведено во периодот од  1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.

The post Родителите плаќаат за униформи, фотографирање, ужина, а никој не знае како навистина се трошат тие пари appeared first on Република.

]]>
Трошоците на живот во март повисоки за 4 проценти во однос на истиот месец лани https://republika.mk/vesti/ekonomija/troshotsite-na-zhivot-vo-mart-povisoki-za-4-protsenti-vo-odnos-na-istiot-mesets-lani/ Mon, 08 Apr 2024 13:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=763851

Трошоците на животот во март годинава, во однос на март лани, бележат раст од 4.0 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за стстистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на претходниот месец, изнесува 0.9 %.

Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 %, облека и обувки за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0.1 %.

Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во март во однос на февруари 2024 година се зголемиле за еден отсто.

 

The post Трошоците на живот во март повисоки за 4 проценти во однос на истиот месец лани appeared first on Република.

]]>

Трошоците на животот во март годинава, во однос на март лани, бележат раст од 4.0 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за стстистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на претходниот месец, изнесува 0.9 %. Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 %, облека и обувки за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0.1 %. Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 %. Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Цените на мало во март во однос на февруари 2024 година се зголемиле за еден отсто.  

The post Трошоците на живот во март повисоки за 4 проценти во однос на истиот месец лани appeared first on Република.

]]>
Кина ги зголемува трошоците за одбраната https://republika.mk/vesti/svet/kina-gi-zgolemuva-troshotsite-za-odbranata/ Mon, 11 Mar 2024 10:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=753552

Кинескиот Парламент, Народниот национален конгрес денеска одобри зголемување на трошоците за одбраната од 7,2 отсто.

Како што се приближуваше крајот на еднонеделната конференција на Народниот национален конгрес, околу 2.900 пратеници го одобрија годишниот буџет, кој оваа година исто така предвидува зголемување на трошоците за одбрана од 7,2 отсто до 1,67 милијарди јуани (232,4 милиони долари).

Обновеното засилување доаѓа откако комунистичкото раководство уште еднаш издаде строго предупредување за демократски Тајван, при што кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги предупреди другите земји минатата недела да не се мешаат во спорот на Пекинг со самоуправната островска држава.

 

The post Кина ги зголемува трошоците за одбраната appeared first on Република.

]]>

Кинескиот Парламент, Народниот национален конгрес денеска одобри зголемување на трошоците за одбраната од 7,2 отсто. Како што се приближуваше крајот на еднонеделната конференција на Народниот национален конгрес, околу 2.900 пратеници го одобрија годишниот буџет, кој оваа година исто така предвидува зголемување на трошоците за одбрана од 7,2 отсто до 1,67 милијарди јуани (232,4 милиони долари). Обновеното засилување доаѓа откако комунистичкото раководство уште еднаш издаде строго предупредување за демократски Тајван, при што кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги предупреди другите земји минатата недела да не се мешаат во спорот на Пекинг со самоуправната островска држава.  

The post Кина ги зголемува трошоците за одбраната appeared first on Република.

]]>
Набавката на налепниците со назнака „НМК“ создаде хаос на станиците за технички https://republika.mk/vesti/makedonija/nabavkata-na-nalepnitsite-so-naznaka-nmk-sozdade-haos-na-stanitsite-za-tehnichki/ Mon, 12 Feb 2024 14:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=743312

Не секаде можат да се најдат налепниците, некои од станците воопшто не добиле, други пак ги потрошиле. Дополнителен проблем имаат возачите чија сообраќјна дозвола го носи името Република Македонија, а нејзината промена исто така ги чини пари.

Лепенки секаде нема, а не можат ниту да се земат ако сообраќајната дозвола не е со новото уставно име, што на граѓаните им создава дополнителен трошок од 1000 денари.

Досега непознатниот трошок доведе до негодување кај возачите. Други пак, бидејќи треба а патуваат, поради недостаток на налепеници дури менуваат и регистарски таблички , што ги чини најмалку 2000 денари, а некаде пак воопшто нема ниту регистарски таблички..

Возачите кои ги добија налепниците се пожалија токму на начинот на кој што тие се поставени од страна на контролорите на станиците за технички преглед. Велат чекале од 8 часот наутро за некој да не си ја заврши работата, бидејќи, неправилното лепење може бргу да ја оштети налепницата

Засега не се предвидени казни за оние кои нема да ги променат налепниците, но веќе од утре, граѓаните кои нема да ја имаат назнаката „НМК“ нема да можат да патуваат со своите возила надвор од Македонија.

The post Набавката на налепниците со назнака „НМК“ создаде хаос на станиците за технички appeared first on Република.

]]>

Не секаде можат да се најдат налепниците, некои од станците воопшто не добиле, други пак ги потрошиле. Дополнителен проблем имаат возачите чија сообраќјна дозвола го носи името Република Македонија, а нејзината промена исто така ги чини пари. Лепенки секаде нема, а не можат ниту да се земат ако сообраќајната дозвола не е со новото уставно име, што на граѓаните им создава дополнителен трошок од 1000 денари. Досега непознатниот трошок доведе до негодување кај возачите. Други пак, бидејќи треба а патуваат, поради недостаток на налепеници дури менуваат и регистарски таблички , што ги чини најмалку 2000 денари, а некаде пак воопшто нема ниту регистарски таблички.. Возачите кои ги добија налепниците се пожалија токму на начинот на кој што тие се поставени од страна на контролорите на станиците за технички преглед. Велат чекале од 8 часот наутро за некој да не си ја заврши работата, бидејќи, неправилното лепење може бргу да ја оштети налепницата Засега не се предвидени казни за оние кои нема да ги променат налепниците, но веќе од утре, граѓаните кои нема да ја имаат назнаката „НМК“ нема да можат да патуваат со своите возила надвор од Македонија.

The post Набавката на налепниците со назнака „НМК“ создаде хаос на станиците за технички appeared first on Република.

]]>
Трошоците на живот во септември поголеми од лани за 6.6%, а цените на мало за 4.7% https://republika.mk/vesti/ekonomija/troshotsite-na-zhivot-vo-septemvri-pogolemi-od-lani-za-6-6-a-tsenite-na-malo-za-4-7/ Mon, 09 Oct 2023 10:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=689515

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.7 %, маслото и маснотиите за 1.7 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.3 % и млекото за 0.4 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.8 %, туристичките аранжмани за 7.1 %, производите за домаќинството - нетрајни за 0.8 %, другите печатени материјали за 0.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.3 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2.3 %, јајцата за 2.0 %, виното за 1.9 %, сирењето и урдата за 1.2 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.0 %, кафето, чајот, какаото за 0.9 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, лебот и житата за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10.6 %, мотоциклите за 8.6 %, течните горива за домаќинствата за 6.2 %, парамедицинските услуги за 5.4 %, гасот за домаќинствата за 4.6 %, горивата и мазивата за сопсветните превозни средства за 4.1 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3.9 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3.4 %, медиумите за снимање за 2.8 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.3 %, услугите за сместување за 2.0 %, медицинските услуги за 1.9 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 1.8 %, ткаенините за изработка на облека за 1.4 %, мебелот и покуќнината за 1.2 %, другите лични предмети за 1.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема. Пораст е забележан и кај рестораните, кафулињата и слично за 0.9 %, игрите, играчките и хобијата за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, другите услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 %, облеката, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, домашните услуги и услугите за домаќинствата, терапевтските помагала и опремата, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %, актуелните ренти исплатени од станарите, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, другото образование за 0.2 %.

 

The post Трошоците на живот во септември поголеми од лани за 6.6%, а цените на мало за 4.7% appeared first on Република.

]]>

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%. Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.7 %, маслото и маснотиите за 1.7 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.3 % и млекото за 0.4 %. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.8 %, туристичките аранжмани за 7.1 %, производите за домаќинството - нетрајни за 0.8 %, другите печатени материјали за 0.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.3 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.2 %. Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2.3 %, јајцата за 2.0 %, виното за 1.9 %, сирењето и урдата за 1.2 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.0 %, кафето, чајот, какаото за 0.9 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, лебот и житата за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %. Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10.6 %, мотоциклите за 8.6 %, течните горива за домаќинствата за 6.2 %, парамедицинските услуги за 5.4 %, гасот за домаќинствата за 4.6 %, горивата и мазивата за сопсветните превозни средства за 4.1 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3.9 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3.4 %, медиумите за снимање за 2.8 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.3 %, услугите за сместување за 2.0 %, медицинските услуги за 1.9 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 1.8 %, ткаенините за изработка на облека за 1.4 %, мебелот и покуќнината за 1.2 %, другите лични предмети за 1.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема. Пораст е забележан и кај рестораните, кафулињата и слично за 0.9 %, игрите, играчките и хобијата за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, другите услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 %, облеката, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, домашните услуги и услугите за домаќинствата, терапевтските помагала и опремата, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %, актуелните ренти исплатени од станарите, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, другото образование за 0.2 %.  

The post Трошоците на живот во септември поголеми од лани за 6.6%, а цените на мало за 4.7% appeared first on Република.

]]>
Раст на трошоците за работна сила и на платите во ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/rast-na-troshotsite-za-rabotna-sila-i-na-platite-vo-eu/ Tue, 19 Sep 2023 07:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=683029

Трошоците за работна сила по час во вториот квартал годинава во Еврозоната бележат раст од 4,5 отсто, а на ниво на цела ЕУ од пет проценти, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат. Во исто време, платите по работен час во Еврозоната се зголемиле за 4,6 проценти во споредба со вториот лански квартал, а во цела ЕУ за 5,1 отсто.

Растот на трошоците за работна сила по час во Еврозоната во секторот „услуги“ на годишно ниво изнесувал 4,8 проценти, во „јавниот сектор“ 4,4, во „градежништвото“ 4,2, а во секторот „индустрија“ од 3,9 отсто. На ниво на цела ЕУ, пак, годишниот раст на трошоците за работна сила по час во секторот „услуги“ бил 5,2 отсто, во „градежништвото“ 4,8, а во „јавниот сектор“ и во „индустријата“ од по 4,7 проценти.

Најголем годишен раст на платите по работен час во периодот април-јуни 2023 година имало во Унгарија од 17,3 отсто, пред Словенија и Хрватска со по 14,5, Романија 14,4 и Бугарија од 14,2 проценти. Раст од над 10 проценти е регистриран и во Полска од 13,3, во Естонија од 13,1, Литванија 12,4 и Летонија од 12,3 отсто.

Од друга страна, најмал раст на платите по работен час има на Малта од 2,1 отсто, пред Италија од 2,4, Данска од 2,7, Португалија од 3,3, Шведска од 3,5, Германија од 3,8 и Франција од 4,4 проценти.

The post Раст на трошоците за работна сила и на платите во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Трошоците за работна сила по час во вториот квартал годинава во Еврозоната бележат раст од 4,5 отсто, а на ниво на цела ЕУ од пет проценти, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат. Во исто време, платите по работен час во Еврозоната се зголемиле за 4,6 проценти во споредба со вториот лански квартал, а во цела ЕУ за 5,1 отсто. Растот на трошоците за работна сила по час во Еврозоната во секторот „услуги“ на годишно ниво изнесувал 4,8 проценти, во „јавниот сектор“ 4,4, во „градежништвото“ 4,2, а во секторот „индустрија“ од 3,9 отсто. На ниво на цела ЕУ, пак, годишниот раст на трошоците за работна сила по час во секторот „услуги“ бил 5,2 отсто, во „градежништвото“ 4,8, а во „јавниот сектор“ и во „индустријата“ од по 4,7 проценти. Најголем годишен раст на платите по работен час во периодот април-јуни 2023 година имало во Унгарија од 17,3 отсто, пред Словенија и Хрватска со по 14,5, Романија 14,4 и Бугарија од 14,2 проценти. Раст од над 10 проценти е регистриран и во Полска од 13,3, во Естонија од 13,1, Литванија 12,4 и Летонија од 12,3 отсто. Од друга страна, најмал раст на платите по работен час има на Малта од 2,1 отсто, пред Италија од 2,4, Данска од 2,7, Португалија од 3,3, Шведска од 3,5, Германија од 3,8 и Франција од 4,4 проценти.

The post Раст на трошоците за работна сила и на платите во ЕУ appeared first on Република.

]]>
НАТО очекува зголемување на трошоците за одбрана за околу осум отсто https://republika.mk/vesti/svet/nato-ochekuva-zgolemuvane-na-troshotsite-za-odbrana-za-okolu-osum-otsto/ Thu, 07 Sep 2023 08:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=679585

Оваа година очекуваме НАТО сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана во просек за осум отсто: ова е најголем пораст на трошоците во последните децении, но тоа е неопходно, бидејќи кога ќе се зголемат тензиите, треба да се инвестира во безбедноста, изјави генералниот секретарот на Алијансата Јенс Столтенберг на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин направил најмалку две грешки со инвазијата на Украина - ги потценил Украинците и одговорот на Aлијансата.

Земјите од НАТО и ЕУ му даваат невидена помош на Киев со артилерија, ракети со долг дострел, противвоздушна одбрана, муниција и обука, истакна тој. Исто така, Столтенберг изрази благодарност до Данска, Холандија и Норвешка за нивната подготвеност да и обезбедат на Украина ловци Ф-16, како и за земјите каде што ќе се обучуваат украинските пилоти.

Украинците постепено ги враќаат заробените земји, тоа е тешка битка, тие ги пробија руските одбранбени линии и напредуваат, резимира Столтенберг.

Со војната во Украина, Путин очекуваше да го ограничи НАТО, но го постигна спротивното - пактот го прошири своето присуство на источното крило, ја прифати Финска и наскоро очекува да го поздрави приемот на Шведска. Очекувам турскиот парламент да го ратификува членството на Шведска подоцна оваа есен, што е можно поскоро, додаде генералниот секретар.

The post НАТО очекува зголемување на трошоците за одбрана за околу осум отсто appeared first on Република.

]]>

Оваа година очекуваме НАТО сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана во просек за осум отсто: ова е најголем пораст на трошоците во последните децении, но тоа е неопходно, бидејќи кога ќе се зголемат тензиите, треба да се инвестира во безбедноста, изјави генералниот секретарот на Алијансата Јенс Столтенберг на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Според него, рускиот претседател Владимир Путин направил најмалку две грешки со инвазијата на Украина - ги потценил Украинците и одговорот на Aлијансата. Земјите од НАТО и ЕУ му даваат невидена помош на Киев со артилерија, ракети со долг дострел, противвоздушна одбрана, муниција и обука, истакна тој. Исто така, Столтенберг изрази благодарност до Данска, Холандија и Норвешка за нивната подготвеност да и обезбедат на Украина ловци Ф-16, како и за земјите каде што ќе се обучуваат украинските пилоти.
Украинците постепено ги враќаат заробените земји, тоа е тешка битка, тие ги пробија руските одбранбени линии и напредуваат, резимира Столтенберг.
Со војната во Украина, Путин очекуваше да го ограничи НАТО, но го постигна спротивното - пактот го прошири своето присуство на источното крило, ја прифати Финска и наскоро очекува да го поздрави приемот на Шведска. Очекувам турскиот парламент да го ратификува членството на Шведска подоцна оваа есен, што е можно поскоро, додаде генералниот секретар.

The post НАТО очекува зголемување на трошоците за одбрана за околу осум отсто appeared first on Република.

]]>
Околу 40% од буџетот на едно македонско семејство оди за храна, Грците плаќаат двојно помалку https://republika.mk/vesti/ekonomija/okolu-40-od-budhetot-na-edno-makedonsko-semejstvo-odi-za-hrana-grtsite-plakaat-dvojno-pomalku/ Wed, 30 Aug 2023 09:29:40 +0000 https://republika.mk/?p=677009

Македонските граѓани трошат околу 40 отсто од своите месечни приходи за храна, а за друго, како што се режиските трошоци, образованието, културата, туризмот, им остануваат 60 отсто, анализира Агенција „РИА рејтинг“. Таа опфатила 40 европски држави, искористувајќи ги ланските податоци од националните статистички служби.

Истражувањето покажало дека жителите на земјава не се откажуваат од цигарите и од алкохолот и во услови на криза. Па така, во Македонија просечно се трошат четири отсто од приходите за цигари и за алкохол. Има пари и за ресторани, околу 3,6 проценти за трошоци во ресторани, кафулиња и хотели, додека за култура и рекреација има помалку, околу 1,8 отсто.

Македонија се наоѓа на 37. место на листата, пред Молдавија, каде што повеќе се троши за храна, околу 43,8 проценти. Тука некаде е и Казахстан, каде што 47,6 отсто од приходите одат за храна. На врвот од листата со најмал процент трошоци за храна е Луксембург, со околу 8 отсто, а потоа следуваат Холандија и Велика Британија со по 10,6 проценти, Ирска со 11,5 отсто и Финска со 11,7 проценти.

Во категоријата на трошоци за цигари и за алкохол, со четири отсто, Македонија е на делба на 34. место заедно со Литванија и со Турција, а по земјава следуваат Србија со 4,9 проценти и Бугарија со пет отсто. Во Романија, овој трошок е поголем и достигнал 8,2 проценти. На самиот врв е Луксембург со 1,3 отсто трошоци за цигари и за алкохол од вкупните приходи, пред Португалија, Кипар и Молдавија по 1,6 проценти и Шпанија и Германија со по 1,7 отсто. Словенија е 12. со 2,1 процент, Хрватска е 24. со 2,9 отсто, а Грција и Црна Гора се на делба на 29. место со по 3,7 отсто.

The post Околу 40% од буџетот на едно македонско семејство оди за храна, Грците плаќаат двојно помалку appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани трошат околу 40 отсто од своите месечни приходи за храна, а за друго, како што се режиските трошоци, образованието, културата, туризмот, им остануваат 60 отсто, анализира Агенција „РИА рејтинг“. Таа опфатила 40 европски држави, искористувајќи ги ланските податоци од националните статистички служби. Истражувањето покажало дека жителите на земјава не се откажуваат од цигарите и од алкохолот и во услови на криза. Па така, во Македонија просечно се трошат четири отсто од приходите за цигари и за алкохол. Има пари и за ресторани, околу 3,6 проценти за трошоци во ресторани, кафулиња и хотели, додека за култура и рекреација има помалку, околу 1,8 отсто. Македонија се наоѓа на 37. место на листата, пред Молдавија, каде што повеќе се троши за храна, околу 43,8 проценти. Тука некаде е и Казахстан, каде што 47,6 отсто од приходите одат за храна. На врвот од листата со најмал процент трошоци за храна е Луксембург, со околу 8 отсто, а потоа следуваат Холандија и Велика Британија со по 10,6 проценти, Ирска со 11,5 отсто и Финска со 11,7 проценти. Во категоријата на трошоци за цигари и за алкохол, со четири отсто, Македонија е на делба на 34. место заедно со Литванија и со Турција, а по земјава следуваат Србија со 4,9 проценти и Бугарија со пет отсто. Во Романија, овој трошок е поголем и достигнал 8,2 проценти. На самиот врв е Луксембург со 1,3 отсто трошоци за цигари и за алкохол од вкупните приходи, пред Португалија, Кипар и Молдавија по 1,6 проценти и Шпанија и Германија со по 1,7 отсто. Словенија е 12. со 2,1 процент, Хрватска е 24. со 2,9 отсто, а Грција и Црна Гора се на делба на 29. место со по 3,7 отсто.

The post Околу 40% од буџетот на едно македонско семејство оди за храна, Грците плаќаат двојно помалку appeared first on Република.

]]>
Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10,1 отсто во споредба со април лани https://republika.mk/vesti/ekonomija/troshotsite-na-zhivot-povisoki-za-13-a-tsenite-na-malo-za-10-1-otsto-vo-sporedba-so-april-lani-2/ Mon, 08 May 2023 10:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=638301

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8.1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.0 %, месото за 1.4 %, виното за 1.2 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0.4 %, рибата и морските плодови за 0.2 %.

Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 42.4 %, туристичките аранжмани за 8.4 %, парамедицинските услуги за 6.7 %, домашните миленици и сродните производи за 5.4 %, услугите за рекреација и спорт за 3.3 %, обувките за 2.7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.4 %, игрите, играчките и хобијата за 2.2 %, облеката, поправките и изнајмувањето обувки за 2.1 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 2.0 %, другите лични предмети за 1.7 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, велосипедите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 %, патниот патнички транспорт за 1.1 %. Кај информатичката опрема за обработка на податоците, услугите за сместување за има раст од 1.0 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.9 %, ткаенините за изработка на облека, големите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, рестораните, кафулињата и слично за 0.8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината за 0.7 %, актуелните ренти исплатени од станари, стоматолошките услуги за 0.6 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0.4 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 3.2 %, млекото за 3.4 %, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.5 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.4 % и пивото за 0.3 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4.9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 3.0 %, гасот за домаќинствата за 2.9 %, малите алатки и останатите додатоци за 1.3 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.2 %, текстилот за домаќинствата за 0.8 %, книгите за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.4 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.са/

 

The post Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10,1 отсто во споредба со април лани appeared first on Република.

]]>

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0.7, а цените на мало за 1.4 отсто. Во однос на април лани, пак, трошоците на животот бележат раст од 13.0, а цените на мало од 10.1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8.1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.0 %, месото за 1.4 %, виното за 1.2 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0.4 %, рибата и морските плодови за 0.2 %. Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 42.4 %, туристичките аранжмани за 8.4 %, парамедицинските услуги за 6.7 %, домашните миленици и сродните производи за 5.4 %, услугите за рекреација и спорт за 3.3 %, обувките за 2.7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.4 %, игрите, играчките и хобијата за 2.2 %, облеката, поправките и изнајмувањето обувки за 2.1 %, поправката на апаратите за домаќинствата за 2.0 %, другите лични предмети за 1.7 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека, велосипедите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 %, патниот патнички транспорт за 1.1 %. Кај информатичката опрема за обработка на податоците, услугите за сместување за има раст од 1.0 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.9 %, ткаенините за изработка на облека, големите електрични апарати за домаќинствата, големите алатки и опремата, рестораните, кафулињата и слично за 0.8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, мебелот и покуќнината за 0.7 %, актуелните ренти исплатени од станари, стоматолошките услуги за 0.6 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот за 0.4 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, другите услуги, неспоменати на друго место за 0.2 %. Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 3.2 %, млекото за 3.4 %, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.5 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.4 % и пивото за 0.3 %. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4.9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 3.0 %, гасот за домаќинствата за 2.9 %, малите алатки и останатите додатоци за 1.3 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.2 %, текстилот за домаќинствата за 0.8 %, книгите за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.4 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.са/  

The post Трошоците на живот повисоки за 13, а цените на мало за 10,1 отсто во споредба со април лани appeared first on Република.

]]>
Скап живот: Домаќинствата во Европа мака мачат да ги платат сметките https://republika.mk/vesti/svet/skap-zhivot-domakinstvata-vo-evropa-maka-machat-da-gi-platat-smetkite/ Tue, 28 Feb 2023 08:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=613998

Во јануари цените на храната во Европската унија пораснаа во просек за 18,4 отсто во споредба со претходната година.

Унгарија е „шампион“ во поскапувањата на храната (48,2%), следена од Литванија (32%) и Словачка (28,6%).

Најмали поскапувања се забележани во Швајцарија (5,8%) и Кипар (10,3%).

„Сметаме дека довербата на потрошувачите дефинитивно ќе се подобри кон крајот на 2023 година, но ќе биде потребно многу подолго за да се реши кризата за трошоците на животот“, предвидува Де Оливеира.

Влијанието на кризата со трошоците на животот е најсериозната закана за глобалната заедница според Извештајот за ризик од 2023 година на Светскиот економски форум.

Цените на храната растат, ја зголемуваат несигурноста и ги зголемуваат социјалните тензии. Тие, исто така, ги оптоваруваат буџетите на владите кои се борат со зголемените сметки за увоз на храна и намалениот капацитет за финансирање дополнителна социјална заштита за најранливите.

Се разбира, војната во Украина исто така придонесе за ескалирање на проблемот. Руската инвазија ја зголеми цената на житото и другите основни производи на рекордно ниво.

The post Скап живот: Домаќинствата во Европа мака мачат да ги платат сметките appeared first on Република.

]]>

Во јануари цените на храната во Европската унија пораснаа во просек за 18,4 отсто во споредба со претходната година. Унгарија е „шампион“ во поскапувањата на храната (48,2%), следена од Литванија (32%) и Словачка (28,6%). Најмали поскапувања се забележани во Швајцарија (5,8%) и Кипар (10,3%). „Сметаме дека довербата на потрошувачите дефинитивно ќе се подобри кон крајот на 2023 година, но ќе биде потребно многу подолго за да се реши кризата за трошоците на животот“, предвидува Де Оливеира. Влијанието на кризата со трошоците на животот е најсериозната закана за глобалната заедница според Извештајот за ризик од 2023 година на Светскиот економски форум. Цените на храната растат, ја зголемуваат несигурноста и ги зголемуваат социјалните тензии. Тие, исто така, ги оптоваруваат буџетите на владите кои се борат со зголемените сметки за увоз на храна и намалениот капацитет за финансирање дополнителна социјална заштита за најранливите. Се разбира, војната во Украина исто така придонесе за ескалирање на проблемот. Руската инвазија ја зголеми цената на житото и другите основни производи на рекордно ниво.

The post Скап живот: Домаќинствата во Европа мака мачат да ги платат сметките appeared first on Република.

]]>
МНР ги демантира податоците за трошоците на амбасадата во САД https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-gi-demantira-podatotsite-za-troshotsite-na-ambasadata-vo-sad/ Mon, 27 Feb 2023 13:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=613744

Министерството за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД, велат во писменото соопштение од МНР.

Наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање.

Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал.

The post МНР ги демантира податоците за трошоците на амбасадата во САД appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД, велат во писменото соопштение од МНР.

Наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање.

Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал.

The post МНР ги демантира податоците за трошоците на амбасадата во САД appeared first on Република.

]]>
Дамир од Балканот објаснува како е да се живее во Германија: Месечните трошоци се 2000 евра, ако заработуваш помалку од тоа не можеш да преживееш https://republika.mk/vesti/svet/damir-od-balkanot-objasnuva-kako-e-da-se-zivee-vo-germanija-mesechnite-troshoci-se-2000-evra-ako-zarabotuvash-pomalku-od-toa-ne-mozesh-da-preziveesh/ Sat, 12 Nov 2022 21:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=573165

Секој што ќе реши да замине во странство е првото нешто што го загрижува се трошоците. Стан, храна, сметки, автомобил и сите други животни потреби се ставени на хартија.

Неколку десетици или илјадници евра, колку пари навистина се потребни? Дамир Ленарт веќе 5 години живее во Германија, лоциран во Баден-Баден во близина на француската граница.

Тој често на интернет објавува видеа од животот и работата во Германија за тоа колку пари во просек се заработуваат и трошат во Германија.

Важно е во кој град живееш

Најпрвин на почетокот наведува дека е важно во кој град живееш, ако го земеш Минхен или некој поголем град, тогаш таму трошоците се поголеми, но и платите се поголеми. И обратно, во средина каде што трошоците се помали, платите се исто така помали.

 

„Прва ставка е станот, кога ќе дојдеш во Германија, киријата на трособен стан за едно семејство, без парно е околу 700 евра. Згора на оваа цена доаѓаат уште 200 комуналии. Треба да платиш 3 кирии однапред вкупно 2.100 евра за да влезеш во станот.Севкупно доаѓаш до 3.000 евра, тие пари треба да ги имаш во џеб кога ќе влезеш во станот.Потоа треба да го внесеш мебелот, тоа е друг трошок “, почнува Дамир и додава дека станот го наоѓа преку познаници и групи на социјалните мрежи, бидејќи му е многу тешко да се најде, поради големата побарувачка.

Тој објасни и дека на почетокот на месецот се плаќа кирија и комуналии. Струјата се наплаќа посебно, за четиричлено семејство струјата чини 50 евра месечно.

„Важно е да знаете дека не треба да купувате стан кој нема котлара. Тогаш имате огромни сметки за струја, котелот е електричен, собите имаат електрични шпорети, кои трошат многу. Навистина не вреди .Добро е да имаш бојлер со кој се грее и вода и радијатор,ако нема котлара во зградата.Ако нема парно воопшто не земај“, рече Дамир.

Осигурување - важна ставка

Дамир посочува дека следна важна ставка е осигурувањето - основното осигурување чини 10 евра, тоа значи многу и треба да го имате. Следниот вид осигурување што мора да го имате доколку живеете во Германија е правна заштита која чини 35 евра, ве штити од тужби, судски постапки, договори што ги потпишувате.Третата ставка што мора да ја имате во станот е интернетот кој е 40 евра, а трошокот за користење на мобилни телефони е околу 80 евра. Купувањето автомобил во Германија е многу профитабилно, така што повеќето луѓе, по пристигнувањето на работа во Германија, прво обезбедуваат автомобил:

Најлесно е да се купи автомобил во Германија

„Најлесно е да купиш автомобил во Германија, мора да го имаш кога ќе се вратиш дома. Штом помине половина година, ако не си на пробно возење, го добиваш автомобилот што го сакаш. Месечниот заем за автомобил е 200 евра може околу 500-600 евра.
Трошоците за храна може да варираат: Основните намирници можете да ги купите за 400 евра месечно, ако не сакате да заштедите и „имате сè дома“, ќе ви требаат околу 800-900 евра. Таа цена навистина може да варира, зависи од тоа колку троши некој.

„Кога ќе ги соберете сите месечни трошоци, ќе дојдете до бројка од 2.100 евра, ќе додадете уште 100 евра за гориво и 100 евра за непланирани разновидни трошоци, месечниот трошок е околу 2.300 евра. Кога имате домашен буџет од 3.000 евра. , може да се живее удобно“, заклучува Дамир, кој вели дека возачите убедливо најлесно доаѓаат на работа и се добро платени.

The post Дамир од Балканот објаснува како е да се живее во Германија: Месечните трошоци се 2000 евра, ако заработуваш помалку од тоа не можеш да преживееш appeared first on Република.

]]>

Секој што ќе реши да замине во странство е првото нешто што го загрижува се трошоците. Стан, храна, сметки, автомобил и сите други животни потреби се ставени на хартија. Неколку десетици или илјадници евра, колку пари навистина се потребни? Дамир Ленарт веќе 5 години живее во Германија, лоциран во Баден-Баден во близина на француската граница. Тој често на интернет објавува видеа од животот и работата во Германија за тоа колку пари во просек се заработуваат и трошат во Германија. Важно е во кој град живееш Најпрвин на почетокот наведува дека е важно во кој град живееш, ако го земеш Минхен или некој поголем град, тогаш таму трошоците се поголеми, но и платите се поголеми. И обратно, во средина каде што трошоците се помали, платите се исто така помали.  
„Прва ставка е станот, кога ќе дојдеш во Германија, киријата на трособен стан за едно семејство, без парно е околу 700 евра. Згора на оваа цена доаѓаат уште 200 комуналии. Треба да платиш 3 кирии однапред вкупно 2.100 евра за да влезеш во станот.Севкупно доаѓаш до 3.000 евра, тие пари треба да ги имаш во џеб кога ќе влезеш во станот.Потоа треба да го внесеш мебелот, тоа е друг трошок “, почнува Дамир и додава дека станот го наоѓа преку познаници и групи на социјалните мрежи, бидејќи му е многу тешко да се најде, поради големата побарувачка.
Тој објасни и дека на почетокот на месецот се плаќа кирија и комуналии. Струјата се наплаќа посебно, за четиричлено семејство струјата чини 50 евра месечно.
„Важно е да знаете дека не треба да купувате стан кој нема котлара. Тогаш имате огромни сметки за струја, котелот е електричен, собите имаат електрични шпорети, кои трошат многу. Навистина не вреди .Добро е да имаш бојлер со кој се грее и вода и радијатор,ако нема котлара во зградата.Ако нема парно воопшто не земај“, рече Дамир.
Осигурување - важна ставка Дамир посочува дека следна важна ставка е осигурувањето - основното осигурување чини 10 евра, тоа значи многу и треба да го имате. Следниот вид осигурување што мора да го имате доколку живеете во Германија е правна заштита која чини 35 евра, ве штити од тужби, судски постапки, договори што ги потпишувате.Третата ставка што мора да ја имате во станот е интернетот кој е 40 евра, а трошокот за користење на мобилни телефони е околу 80 евра. Купувањето автомобил во Германија е многу профитабилно, така што повеќето луѓе, по пристигнувањето на работа во Германија, прво обезбедуваат автомобил:

Најлесно е да се купи автомобил во Германија

„Најлесно е да купиш автомобил во Германија, мора да го имаш кога ќе се вратиш дома. Штом помине половина година, ако не си на пробно возење, го добиваш автомобилот што го сакаш. Месечниот заем за автомобил е 200 евра може околу 500-600 евра. Трошоците за храна може да варираат: Основните намирници можете да ги купите за 400 евра месечно, ако не сакате да заштедите и „имате сè дома“, ќе ви требаат околу 800-900 евра. Таа цена навистина може да варира, зависи од тоа колку троши некој.
„Кога ќе ги соберете сите месечни трошоци, ќе дојдете до бројка од 2.100 евра, ќе додадете уште 100 евра за гориво и 100 евра за непланирани разновидни трошоци, месечниот трошок е околу 2.300 евра. Кога имате домашен буџет од 3.000 евра. , може да се живее удобно“, заклучува Дамир, кој вели дека возачите убедливо најлесно доаѓаат на работа и се добро платени.

The post Дамир од Балканот објаснува како е да се живее во Германија: Месечните трошоци се 2000 евра, ако заработуваш помалку од тоа не можеш да преживееш appeared first on Република.

]]>
ДЗС: Трошоците на живот во октомври поголеми за 19.8 проценти, а цените на мало за 15.4 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/dzs-troshocite-na-zivot-vo-oktomvri-pogolemi-za-19-8-procenti-a-cenite-na-malo-za-15-4-otsto/ Mon, 07 Nov 2022 11:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=570916

Трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври лани, бележат зголемување од 19.8 %, а цените на мало од 15.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на септември годинава, пак, трошоците на животот се поголеми за 1.4, а цените на мало за 0.6 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 %, млекото за 5.9 %, сирењето и урдата за 5.7 %, месото за 3.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 %, рибата и морските плодови за 2.8 %, лебот и житата за 1.8 %, кафето, чајот, какаото за 1.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 %, виното за 0.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 %, пивото за 0.4 % и жестоките пијалаци за 0.3 %.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 %, парамедицинските услуги за 1.8 %, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 %, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 %, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %. Малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни поскапеле за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 %, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7 %, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6 %, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3.6 % и маслото и маснотиите за 0.8 %.

Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12.4 %, туристичките аранжмани за 10.4 %, теписите и другите подни покривки за 4.5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 1.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 %, моторните возила за 0.7 %.

The post ДЗС: Трошоците на живот во октомври поголеми за 19.8 проценти, а цените на мало за 15.4 отсто appeared first on Република.

]]>

Трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври лани, бележат зголемување од 19.8 %, а цените на мало од 15.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во однос на септември годинава, пак, трошоците на животот се поголеми за 1.4, а цените на мало за 0.6 проценти. Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 %, млекото за 5.9 %, сирењето и урдата за 5.7 %, месото за 3.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 %, рибата и морските плодови за 2.8 %, лебот и житата за 1.8 %, кафето, чајот, какаото за 1.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 %, виното за 0.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 %, пивото за 0.4 % и жестоките пијалаци за 0.3 %. Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 %, парамедицинските услуги за 1.8 %, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 %, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 %, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %. Малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни поскапеле за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 %, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7 %, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6 %, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2 %. Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3.6 % и маслото и маснотиите за 0.8 %. Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12.4 %, туристичките аранжмани за 10.4 %, теписите и другите подни покривки за 4.5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 1.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 %, моторните возила за 0.7 %.

The post ДЗС: Трошоците на живот во октомври поголеми за 19.8 проценти, а цените на мало за 15.4 отсто appeared first on Република.

]]>
Герасимовски се пофали: Една година Центар не даде ни денар за угостителски услуги и патувања во странство https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-se-pofali-edna-godina-centar-ne-dade-ni-denar-za-ugostitelski-uslugi-i-patuvanja-vo-stranstvo/ Thu, 03 Nov 2022 11:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=569169

Во интерес на отчетноста и транспарентноста Општина Центар во изминатата година потроши НУЛА денари за угостителски услуги и НУЛА денари за трошоци и патувања во странство, велат оттаму објаснувајќи дека направиле заштеда поголема од 700.000 денари колку што се предвидените буџети за патувања и угостителски трошоци.

Градоначалникот на Горан Герасимовски вети одговорно и домаќинско работење и со општинската администрација тоа го исполнува, велат од Центар.

Додаваат дека Општина Центар во првата година од мандатот на градоначалникот Герасимовски реализираше бројни настани и проекти, започна капитални инвестиции со кои ќе ги подобрува условите за живот на граѓаните и ги зголемува можностите за социјален и економски развој.

Сите овие проекти кои во изминатата година се започнаа и голем дел од нив веќе реализираа се доказ дека единствен мој фокус и на општинската администрација се граѓаните и нивните интереси и потреби. Сите непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии не се одлика на оваа локална самоуправа. Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на општината и затоа единствениот начин да заштедиме и инвестираме е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии, вели Герасимовски.

Од Општина Центар велат дека ќе продолжат да работи и да ги застапуваат единствено интересите на граѓаните.

Најавуваат и дека во следниот период градоначалникот Герасимовски и општинската администрација ќе одржат серија трибини на кои ќе ги слушнат барањата на граѓаните во рамки на буџетскиот форум. Дел од овие барања ќе бидат вградени во креирање на буџетот за 2023 година.

Општина Центар останува отворена општина за граѓаните и со нив ќе изгради Нова приказна на среќни и задоволни граѓани, велат оттаму.

The post Герасимовски се пофали: Една година Центар не даде ни денар за угостителски услуги и патувања во странство appeared first on Република.

]]>

Во интерес на отчетноста и транспарентноста Општина Центар во изминатата година потроши НУЛА денари за угостителски услуги и НУЛА денари за трошоци и патувања во странство, велат оттаму објаснувајќи дека направиле заштеда поголема од 700.000 денари колку што се предвидените буџети за патувања и угостителски трошоци.
Градоначалникот на Горан Герасимовски вети одговорно и домаќинско работење и со општинската администрација тоа го исполнува, велат од Центар.
Додаваат дека Општина Центар во првата година од мандатот на градоначалникот Герасимовски реализираше бројни настани и проекти, започна капитални инвестиции со кои ќе ги подобрува условите за живот на граѓаните и ги зголемува можностите за социјален и економски развој.
Сите овие проекти кои во изминатата година се започнаа и голем дел од нив веќе реализираа се доказ дека единствен мој фокус и на општинската администрација се граѓаните и нивните интереси и потреби. Сите непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии не се одлика на оваа локална самоуправа. Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на општината и затоа единствениот начин да заштедиме и инвестираме е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии, вели Герасимовски.
Од Општина Центар велат дека ќе продолжат да работи и да ги застапуваат единствено интересите на граѓаните. Најавуваат и дека во следниот период градоначалникот Герасимовски и општинската администрација ќе одржат серија трибини на кои ќе ги слушнат барањата на граѓаните во рамки на буџетскиот форум. Дел од овие барања ќе бидат вградени во креирање на буџетот за 2023 година.
Општина Центар останува отворена општина за граѓаните и со нив ќе изгради Нова приказна на среќни и задоволни граѓани, велат оттаму.

The post Герасимовски се пофали: Една година Центар не даде ни денар за угостителски услуги и патувања во странство appeared first on Република.

]]>
За првпат од своето постоење: Општина Аеродром не потрошила ниту денар за патни трошоци и угостителски услуги https://republika.mk/vesti/skopje/za-prvpat-od-svoeto-postoenje-opshtina-aerodrom-ne-potroshila-nitu-denar-za-patni-troshoci-i-ugostitelski-uslugi/ Mon, 15 Aug 2022 10:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=540485

За првпат од своето постоење, општина Аеродром во една буџетска година ќе потроши 0 денари за репрезентација и патни трошоци.

За споредба, во 2021 година, до почетокот на мандатот на градоначалникот Тимчо Муцунски за угостителски услуги биле потрошени 167.279,00 денари, а за патни трошоци 155.941,00 денари.

Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на Општината. Единствениот начин да инвестираме и да чекориме напред, е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии и немаат никаков директен бенефит за аеродромци, посочуваат од општината.

The post За првпат од своето постоење: Општина Аеродром не потрошила ниту денар за патни трошоци и угостителски услуги appeared first on Република.

]]>

За првпат од своето постоење, општина Аеродром во една буџетска година ќе потроши 0 денари за репрезентација и патни трошоци. За споредба, во 2021 година, до почетокот на мандатот на градоначалникот Тимчо Муцунски за угостителски услуги биле потрошени 167.279,00 денари, а за патни трошоци 155.941,00 денари. Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на Општината. Единствениот начин да инвестираме и да чекориме напред, е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии и немаат никаков директен бенефит за аеродромци, посочуваат од општината.

The post За првпат од своето постоење: Општина Аеродром не потрошила ниту денар за патни трошоци и угостителски услуги appeared first on Република.

]]>
Сите видови трошоци за здравството бележат пораст во 2020 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/site-vidovi-troshoci-za-zdravstvoto-belezat-porast-vo-2020-godina/ Mon, 25 Jul 2022 12:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=532966

Вкупните тековни трошоци за здравството во 2020 година изнесувале 51 750 милиони денари и бележат пораст од 5,7 проценти во однос на 2019 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Сите видови трошоци за здравството, по здравствени функции и здравствени шеми, бележат пораст во 2020 година во однос на 2019 година. Вкупните трошоци за лекување во здравствените шеми во 2020 година изнесувале 28 445 милиони денари, додека во 2019 година изнесувале 27 657 милиони денари, што претставува пораст од 2,8 проценти, информираат од Заводот за статистика.

Трошоците на болниците за лекување изнесувале 17 110 милиони денари, што е 84 проценти од вкупните трошоци на болниците по здравствени функции.

По даватели на здравствена заштита, најголемо е учеството на болниците и тоа изнесува 20 361 милион денари во 2020 година, а 18 818 милиони денари во 2019 година.

Делот на владините (буџетски) механизми и задолжителното здравствено осигурување во тековните трошоци за здравството e најголем и во 2020 година тие изнесуваат 31 337 милиони денари, а во 2019 година 29 556 милиони денари, велат од Државниот завод за статистика.

The post Сите видови трошоци за здравството бележат пораст во 2020 година appeared first on Република.

]]>

Вкупните тековни трошоци за здравството во 2020 година изнесувале 51 750 милиони денари и бележат пораст од 5,7 проценти во однос на 2019 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Сите видови трошоци за здравството, по здравствени функции и здравствени шеми, бележат пораст во 2020 година во однос на 2019 година. Вкупните трошоци за лекување во здравствените шеми во 2020 година изнесувале 28 445 милиони денари, додека во 2019 година изнесувале 27 657 милиони денари, што претставува пораст од 2,8 проценти, информираат од Заводот за статистика. Трошоците на болниците за лекување изнесувале 17 110 милиони денари, што е 84 проценти од вкупните трошоци на болниците по здравствени функции. По даватели на здравствена заштита, најголемо е учеството на болниците и тоа изнесува 20 361 милион денари во 2020 година, а 18 818 милиони денари во 2019 година. Делот на владините (буџетски) механизми и задолжителното здравствено осигурување во тековните трошоци за здравството e најголем и во 2020 година тие изнесуваат 31 337 милиони денари, а во 2019 година 29 556 милиони денари, велат од Државниот завод за статистика.

The post Сите видови трошоци за здравството бележат пораст во 2020 година appeared first on Република.

]]>
Белград и Тирана најскапи во регионот, Приштина најевтина https://republika.mk/zivot/patuvanja/belgrad-i-tirana-najskapi-vo-regionot-prishtina-najevtina/ Wed, 13 Jul 2022 11:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=528051

Врз основа на средногодишниот индекс на „Numbeo“, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во регионот.

Белград има индекс од 38,8 проценти, а Тирана 38,37. Најевтина во регионот е Приштина, со индекс од 26,3 отсто од трошоците за живот во Њујорк, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево.

Индексот на трошоците на животот е релативен показател за цените на стоките за широка потрошувачка, вклучувајќи намирници, ресторани, превоз и комунални услуги. Индексот на трошоците на животот не ги вклучува трошоците за сместување како кирија или хипотека.

„Numbeo“ го измерил и индексот на кирии, што е процена на цените на становите за изнајмување во градот во споредба со Њујорк, при што повторно Белград и Тирана имаат највисок индекс.

Во индексот на ресторани, кој повторно е споредба на цените на оброците и пијалаците во рестораните и баровите, најевтина е Приштина, додека најскап е Белград, а по него следува Тирана.

Купувањето во супермаркетите е поскапо во Тирана и Подгорица, а потоа во Сараево. Поевтино е во Приштина и Подгорица.

Најскапите градови во светот се наоѓаат во Швајцарија, како што е Базел. Најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија.

The post Белград и Тирана најскапи во регионот, Приштина најевтина appeared first on Република.

]]>

Врз основа на средногодишниот индекс на „Numbeo“, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во регионот. Белград има индекс од 38,8 проценти, а Тирана 38,37. Најевтина во регионот е Приштина, со индекс од 26,3 отсто од трошоците за живот во Њујорк, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево. Индексот на трошоците на животот е релативен показател за цените на стоките за широка потрошувачка, вклучувајќи намирници, ресторани, превоз и комунални услуги. Индексот на трошоците на животот не ги вклучува трошоците за сместување како кирија или хипотека. „Numbeo“ го измерил и индексот на кирии, што е процена на цените на становите за изнајмување во градот во споредба со Њујорк, при што повторно Белград и Тирана имаат највисок индекс. Во индексот на ресторани, кој повторно е споредба на цените на оброците и пијалаците во рестораните и баровите, најевтина е Приштина, додека најскап е Белград, а по него следува Тирана. Купувањето во супермаркетите е поскапо во Тирана и Подгорица, а потоа во Сараево. Поевтино е во Приштина и Подгорица. Најскапите градови во светот се наоѓаат во Швајцарија, како што е Базел. Најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија.

The post Белград и Тирана најскапи во регионот, Приштина најевтина appeared first on Република.

]]>