Министерството за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД, велат во писменото соопштение од МНР.

Наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање.

Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.