треска Archives - Република https://republika.mk/tema/treska/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Aug 2024 07:50:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png треска Archives - Република https://republika.mk/tema/treska/ 32 32 Нови 24 случаи на вирусот Западен Нил во Грција, за една седмица починаа три лица https://republika.mk/zivot/zdravje/novi-24-sluchai-na-virusot-zapaden-nil-vo-grtsija-za-edna-sedmitsa-pochinaa-tri-litsa/ Thu, 29 Aug 2024 07:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=811054

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 24 нови случаи на вирусот Западен Нил, додека пак починале две лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 124, а регистрирани се вкупно 15 смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години.

Дополнително во изминатиот период постојат и три увезени случаи од Албанија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, кои не се опфатени во анализите на ЕОДИ.

Потврдени случаи на вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, има речиси во цела Грција, во северниот, североисточниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица.

Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

The post Нови 24 случаи на вирусот Западен Нил во Грција, за една седмица починаа три лица appeared first on Република.

]]>

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 24 нови случаи на вирусот Западен Нил, додека пак починале две лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 124, а регистрирани се вкупно 15 смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години. Дополнително во изминатиот период постојат и три увезени случаи од Албанија, односно инфекција кај пациенти изложени во друга земја, кои не се опфатени во анализите на ЕОДИ. Потврдени случаи на вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, има речиси во цела Грција, во северниот, североисточниот, западниот и централниот дел на земјата, во Епир и Јонските острови, на Пелопонез, како и во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Вирусот во земјата е присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес. Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 162 случаи, а од Западен Нил починале 23 лица. Првиот случај за годинава на заразен со вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран на почетокот на јули.

The post Нови 24 случаи на вирусот Западен Нил во Грција, за една седмица починаа три лица appeared first on Република.

]]>
Доцна во ноќта се спасуваа тројца 16-годишници заглавени на островче од надојдената Треска https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dotsna-vo-nokta-se-spasuvaa-trojtsa-16-godishnitsi-zaglaveni-na-ostrovche-od-nadojdenata-treska/ Wed, 10 Jul 2024 05:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=795114

Во 19.12 часот e добиена пријава за итен случај на 112 во ЦУК дека три момчиња останале заробени на своевидно островче на средина во реката, заради испуст на водата од хидроцентралата „Матка“, а и од хидроцентралата „Козјак“, што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што редовно навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката Треска, а секако има и покачување на нивото на реката, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи.

Заради наглото покачување на реката Треска трите момчиња останале заробени на специфичен повисок песочно-чакален дел на средина на реката, на своевидно островче и немале можност да преминат на безбеден брег, бидејќи биле опкружени од двете страни со силна и брза вода. Се работи за 16 годишни момчиња кои во тој момент биле под силен притисок на страв и паника, објаснуваат од ЦУК.

Оттаму веднаш ги известиле дежурните во Полициска станица Сарај, од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат трите момчиња и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат. Паралелно, бил воспоставен контакт и со Црвен Крст на Скопје кои информирале дека нивните тимови се волонтерски и не се во можност соодветно реагираат при овој случај.

ЦУК побара директно од диспечерите во хидроцентралите „Козјак“ и „Матка“ (браните) веднаш да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата. Во меѓувреме од страна на тимот на специјалните сили беше направен еден обид со чамец да се спасат децата, но заради големата вода тоа не можеше во тој обид безбедно да се реализира заради исклучително брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска. Беше потребно да се почека погоден момент, поточно требаше време да се намали силината и нивото на водата и откако беше сопрена водата да истекува од двете брани.
Околу 23.00 часот од страна на дежурните од Полициска станица Сарај е добиено известување дека, по намалување на водостојот на реката специјалните тимови на МВР и селаните од с.Грчец, момчињата успешно и безбедно ги префрлиле со чамец по течението на реката, но од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец, соопшти ЦУК.

По спасувањето на момчињата, ЦУК ги извести хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ за да можат непречено да произведуваат електрична енергија.

The post Доцна во ноќта се спасуваа тројца 16-годишници заглавени на островче од надојдената Треска appeared first on Република.

]]>

Во 19.12 часот e добиена пријава за итен случај на 112 во ЦУК дека три момчиња останале заробени на своевидно островче на средина во реката, заради испуст на водата од хидроцентралата „Матка“, а и од хидроцентралата „Козјак“, што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што редовно навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката Треска, а секако има и покачување на нивото на реката, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи. Заради наглото покачување на реката Треска трите момчиња останале заробени на специфичен повисок песочно-чакален дел на средина на реката, на своевидно островче и немале можност да преминат на безбеден брег, бидејќи биле опкружени од двете страни со силна и брза вода. Се работи за 16 годишни момчиња кои во тој момент биле под силен притисок на страв и паника, објаснуваат од ЦУК. Оттаму веднаш ги известиле дежурните во Полициска станица Сарај, од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат трите момчиња и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат. Паралелно, бил воспоставен контакт и со Црвен Крст на Скопје кои информирале дека нивните тимови се волонтерски и не се во можност соодветно реагираат при овој случај.
ЦУК побара директно од диспечерите во хидроцентралите „Козјак“ и „Матка“ (браните) веднаш да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата. Во меѓувреме од страна на тимот на специјалните сили беше направен еден обид со чамец да се спасат децата, но заради големата вода тоа не можеше во тој обид безбедно да се реализира заради исклучително брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска. Беше потребно да се почека погоден момент, поточно требаше време да се намали силината и нивото на водата и откако беше сопрена водата да истекува од двете брани. Околу 23.00 часот од страна на дежурните од Полициска станица Сарај е добиено известување дека, по намалување на водостојот на реката специјалните тимови на МВР и селаните од с.Грчец, момчињата успешно и безбедно ги префрлиле со чамец по течението на реката, но од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец, соопшти ЦУК.
По спасувањето на момчињата, ЦУК ги извести хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ за да можат непречено да произведуваат електрична енергија.

The post Доцна во ноќта се спасуваа тројца 16-годишници заглавени на островче од надојдената Треска appeared first on Република.

]]>
Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти додека подготвува за најлошата сезона на денга https://republika.mk/vesti/svet/argentina-se-soochuva-so-nedostig-od-lekovi-protiv-ubodi-od-insekti-dodeka-podgotvuva-za-najloshata-sezona-na-denga/ Fri, 05 Apr 2024 10:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=762609

Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти, додека земјата се подготвува за најлошата сезона на денга досега. Денгата е вирус што го пренесуваат комарците, а во некои случаи може да биде смртоносна или да предизвика сериозни болести.

Иако е развиена вакцина за денга, но нејзиното појавување е сè уште во рана фаза и повеќето луѓе сè уште се потпираат на превентивни мерки за да го избегнат вирусот. Жителите известуваат дека е речиси невозможно да се купи репелент, пренесува Би-Би-Си.

Многу супермаркети и аптеки имаат истакнато знаци „без репелент“, а на неколкуте места каде што сè уште е достапен, особено онлајн, цените за препродажба се астрономски.

Но, многу граѓани, особено во главниот град Буенос Аирес, се плашат во време кога стотици илјади Аргентинци веќе се заразени. Во март почна да се забележува недостиг на репеленти.

Извори од една од компаниите кои произведуваат репеленти во земјата изјавија за Би-Би-Си Мундо дека недостигот се должи на грешка во прогнозата и дека производството на производот траело со месеци. Министерот за здравство Марио Русо изјави за Радио Континентал дека тоа е „проблем помеѓу понудата и побарувачката“.

Денгата е најчеста во тропските и суптропските клими и нејзините симптоми вклучуваат висока температура, силни главоболки, отечени жлезди и осип.

Министерството за здравство на земјата во саботата соопшти дека Аргентина пријавила 163.419 случаи на денга треска досега во 2024 година и дека смртните случаи биле регистрирани во сите возрасни групи – со највисока стапка на смртност кај оние над 80 години.

The post Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти додека подготвува за најлошата сезона на денга appeared first on Република.

]]>

Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти, додека земјата се подготвува за најлошата сезона на денга досега. Денгата е вирус што го пренесуваат комарците, а во некои случаи може да биде смртоносна или да предизвика сериозни болести. Иако е развиена вакцина за денга, но нејзиното појавување е сè уште во рана фаза и повеќето луѓе сè уште се потпираат на превентивни мерки за да го избегнат вирусот. Жителите известуваат дека е речиси невозможно да се купи репелент, пренесува Би-Би-Си. Многу супермаркети и аптеки имаат истакнато знаци „без репелент“, а на неколкуте места каде што сè уште е достапен, особено онлајн, цените за препродажба се астрономски. Но, многу граѓани, особено во главниот град Буенос Аирес, се плашат во време кога стотици илјади Аргентинци веќе се заразени. Во март почна да се забележува недостиг на репеленти. Извори од една од компаниите кои произведуваат репеленти во земјата изјавија за Би-Би-Си Мундо дека недостигот се должи на грешка во прогнозата и дека производството на производот траело со месеци. Министерот за здравство Марио Русо изјави за Радио Континентал дека тоа е „проблем помеѓу понудата и побарувачката“. Денгата е најчеста во тропските и суптропските клими и нејзините симптоми вклучуваат висока температура, силни главоболки, отечени жлезди и осип. Министерството за здравство на земјата во саботата соопшти дека Аргентина пријавила 163.419 случаи на денга треска досега во 2024 година и дека смртните случаи биле регистрирани во сите возрасни групи – со највисока стапка на смртност кај оние над 80 години.

The post Аргентина се соочува со недостиг од лекови против убоди од инсекти додека подготвува за најлошата сезона на денга appeared first on Република.

]]>
„Шанса за Центар“ до Левица: Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени https://republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-tsentar-do-levitsa-sega-vi-tekna-na-treska-koga-znaete-deka-site-pravni-mehanizmi-se-istsrpeni/ Mon, 30 Oct 2023 17:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=696417

Од иницијативата „Шанса за Центар“ се обраќаат со прашања до партијата Левица.

Прашуваат зошто дури сега им текнува за урбицидот кај Треска и зошто досега молчеле. Од Шанса за Центар прашуваат дали по битка глумат јунаци.

Каде бевте кога ни требаше поддршка во Совет на Општина Центар да му се спротивставиме на градоначалникот кога велеше дека тоа е приватен имот и секој може да прави што сака на приватен имот. Дека приватниот интерес е над јавниот! Тогаш него го поддржавте! Каде бевте кога Шанса за Центар поднесуваше иницијатива до Уставен суд за оценка на уставноста на ГУП за Буњаковец (во кој спаѓа и Треска)? Чекавте судот да застане зад градежниците, па потоа да реагирате! Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени и веќе нема ни теоретски шанси нешто да се смени? Продавате само гол ПР и популизам. Само глумите лудило, а секогаш сте таму да му го дадете гласот на СДСМ во Општина Центар кога треба да се помине одлука и да се „брцне во медот”!“, наведуваат од „Шанса за Центар“ во својата објава.

Од Иницијативата порачуваат дека оној кој има дилема, треба да ја изгледа видеоснимката од било која седница на Советоит или продолжението на 27-та седница каде што се аминува продажбата на земјиште во Буњаковец и Треска.

Инаку, од Левица велат дека документи до кои дошле преку средби со стечајците од поранешната фабрика „Треска“, покажуваат дека во 2018 и 2019 година е направен најголемиот криминал во Општина Центар со денационализацијата на земјиштето на „Треска“.

The post „Шанса за Центар“ до Левица: Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени appeared first on Република.

]]>

Од иницијативата „Шанса за Центар“ се обраќаат со прашања до партијата Левица. Прашуваат зошто дури сега им текнува за урбицидот кај Треска и зошто досега молчеле. Од Шанса за Центар прашуваат дали по битка глумат јунаци.
Каде бевте кога ни требаше поддршка во Совет на Општина Центар да му се спротивставиме на градоначалникот кога велеше дека тоа е приватен имот и секој може да прави што сака на приватен имот. Дека приватниот интерес е над јавниот! Тогаш него го поддржавте! Каде бевте кога Шанса за Центар поднесуваше иницијатива до Уставен суд за оценка на уставноста на ГУП за Буњаковец (во кој спаѓа и Треска)? Чекавте судот да застане зад градежниците, па потоа да реагирате! Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени и веќе нема ни теоретски шанси нешто да се смени? Продавате само гол ПР и популизам. Само глумите лудило, а секогаш сте таму да му го дадете гласот на СДСМ во Општина Центар кога треба да се помине одлука и да се „брцне во медот”!“, наведуваат од „Шанса за Центар“ во својата објава.
Од Иницијативата порачуваат дека оној кој има дилема, треба да ја изгледа видеоснимката од било која седница на Советоит или продолжението на 27-та седница каде што се аминува продажбата на земјиште во Буњаковец и Треска.
Инаку, од Левица велат дека документи до кои дошле преку средби со стечајците од поранешната фабрика „Треска“, покажуваат дека во 2018 и 2019 година е направен најголемиот криминал во Општина Центар со денационализацијата на земјиштето на „Треска“.

The post „Шанса за Центар“ до Левица: Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени appeared first on Република.

]]>
СЗО: Денга треската ќе стане голема закана за јужните делови на Европа и САД и делови од Африка https://republika.mk/vesti/svet/szo-denga-treskata-ke-stane-golema-zakana-za-juzhnite-delovi-na-evropa-i-sad-i-delovi-od-afrika/ Fri, 06 Oct 2023 11:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=688556

Денга треската оваа деценија ќе стане голема закана во јужниот дел на САД, јужна Европа и делови од Африка, со оглед на тоа дека повисоките температури создаваат поволни услови за комарците кои ја пренесуваат болеста, изјави Џереми Фарар, специјалист за заразни болести во Светската здравствена организација. СЗО).

Фарар рече дека треба многу поактивно да се разговара за денга треската.

Мораме навистина да ги подготвиме земјите за тоа како ќе се справат со дополнителниот притисок што ќе дојде во иднина во многу големи градови, додаде Фарар.

The post СЗО: Денга треската ќе стане голема закана за јужните делови на Европа и САД и делови од Африка appeared first on Република.

]]>

Денга треската оваа деценија ќе стане голема закана во јужниот дел на САД, јужна Европа и делови од Африка, со оглед на тоа дека повисоките температури создаваат поволни услови за комарците кои ја пренесуваат болеста, изјави Џереми Фарар, специјалист за заразни болести во Светската здравствена организација. СЗО). Фарар рече дека треба многу поактивно да се разговара за денга треската. Мораме навистина да ги подготвиме земјите за тоа како ќе се справат со дополнителниот притисок што ќе дојде во иднина во многу големи градови, додаде Фарар.

The post СЗО: Денга треската ќе стане голема закана за јужните делови на Европа и САД и делови од Африка appeared first on Република.

]]>
Нов тест на крвта може во рок од еден час да ја идентификува причината за треска кај децата https://republika.mk/zivot/zdravje/nov-test-na-krvta-mozhe-vo-rok-od-eden-chas-da-ja-identifikuva-prichinata-za-treska-kaj-detsata/ Sat, 19 Aug 2023 15:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=673732

Крвниот тест што може да помогне да се дијагностицира причината за високата температура кај децата за помалку од еден час, научниците го опишаа како големо откритие. Повеќето постоечки дијагностички тестови се фокусираат на откривање на патоген и може да потрае 72 или повеќе часа за да се добијат резултати.

Глобален тим предводен од истражувачи од Империал колеџ во Лондон истражуваше како гените во крвта реагираат на одредени инфекции и болести со цел побрзо да се дијагностицираат болестите и да се намали прекумерната употреба на антибиотици.

Истражувачите анализирале податоци од 1.212 пациенти со 18 болести, вклучувајќи респираторен синцицијален вирус (RSV) и туберкулоза. Од ова, тие беа во можност да откријат кои клучни гени се вклучени или исклучени како одговор на телото на болести и да го идентификуваат молекуларниот потпис на болеста.

Формулата е тестирана врз 411 деца кои биле примени во болница со сепса или тешки инфекции предизвикани  13 од 18 болести.

Истражувачите рекоа дека резултатите, објавени во медицинското списание Cell Press Medu, даваат „доказ дека иновативниот метод функционира“ и дека тестот заснован на генската експресија „може драстично да ја подобри дијагнозата на детските болести, да ги намали одложувањата и лажните дијагнози и значително да влијае здравствената заштита, особено во земјите во развој“.

Тие се надеваат дека новиот тест може да се справи со прекумерната употреба на антибиотици кај децата, кои обично се препишуваат додека не се исклучи бактериска инфекцијаНовиот тест на крвта може да ја идентификува причината за треската кај децата во рок од еден час

The post Нов тест на крвта може во рок од еден час да ја идентификува причината за треска кај децата appeared first on Република.

]]>

Крвниот тест што може да помогне да се дијагностицира причината за високата температура кај децата за помалку од еден час, научниците го опишаа како големо откритие. Повеќето постоечки дијагностички тестови се фокусираат на откривање на патоген и може да потрае 72 или повеќе часа за да се добијат резултати. Глобален тим предводен од истражувачи од Империал колеџ во Лондон истражуваше како гените во крвта реагираат на одредени инфекции и болести со цел побрзо да се дијагностицираат болестите и да се намали прекумерната употреба на антибиотици. Истражувачите анализирале податоци од 1.212 пациенти со 18 болести, вклучувајќи респираторен синцицијален вирус (RSV) и туберкулоза. Од ова, тие беа во можност да откријат кои клучни гени се вклучени или исклучени како одговор на телото на болести и да го идентификуваат молекуларниот потпис на болеста. Формулата е тестирана врз 411 деца кои биле примени во болница со сепса или тешки инфекции предизвикани  13 од 18 болести. Истражувачите рекоа дека резултатите, објавени во медицинското списание Cell Press Medu, даваат „доказ дека иновативниот метод функционира“ и дека тестот заснован на генската експресија „може драстично да ја подобри дијагнозата на детските болести, да ги намали одложувањата и лажните дијагнози и значително да влијае здравствената заштита, особено во земјите во развој“. Тие се надеваат дека новиот тест може да се справи со прекумерната употреба на антибиотици кај децата, кои обично се препишуваат додека не се исклучи бактериска инфекцијаНовиот тест на крвта може да ја идентификува причината за треската кај децата во рок од еден час

The post Нов тест на крвта може во рок од еден час да ја идентификува причината за треска кај децата appeared first on Република.

]]>
И ДУП Буњаковец и подрачјето на „Треска“ пред Уставен суд https://republika.mk/vesti/skopje/i-dup-bunakovets-i-podrachjeto-na-treska-pred-ustaven-sud/ Thu, 03 Aug 2023 12:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=668298

Уставен суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива Шанса за Центар со која го оспоруваме ДУП за Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на „Треска“, соопштија од иницијативата.

Се надеваат на еднакво брзо и ефикасно постапување на судот имајќи предвид што и инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба.

Од „Шанса за Центар“ посочуваат дека градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски веќе потпишал една дозвола, а од медиумските објави се гледа дека и други инвеститори забрзано собираат милионски суми за да почнат со градба на „наполитанките“ кај „Треска“.

Во недостиг на политичка волја да се сопре со спроведувањето на незаконските ДУП-ови кои се косат со Генералниот урбанистички план на Скопје, само судот може да ја врати законитоста во планирањето во Центар. За ф-ка Треска се бореа граѓани, активисти, архитекти и урбанисти, па и политичка воља за промена имаше до 2020 кога се прифати напуштање на решението од ДУП-от и се направи конкурс. Општинската власт под раководство на Герасимовски, неколкумина моќници и спрегата со институциите кои го изгубија своето значење, интегритет и кредибилитет може да му пресудат на последниот поголем простор, и да си ја потврдат својата улога на непријател на граѓаните, стои во соопштението од Иницијативата.

The post И ДУП Буњаковец и подрачјето на „Треска“ пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Уставен суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива Шанса за Центар со која го оспоруваме ДУП за Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на „Треска“, соопштија од иницијативата. Се надеваат на еднакво брзо и ефикасно постапување на судот имајќи предвид што и инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба. Од „Шанса за Центар“ посочуваат дека градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски веќе потпишал една дозвола, а од медиумските објави се гледа дека и други инвеститори забрзано собираат милионски суми за да почнат со градба на „наполитанките“ кај „Треска“. Во недостиг на политичка волја да се сопре со спроведувањето на незаконските ДУП-ови кои се косат со Генералниот урбанистички план на Скопје, само судот може да ја врати законитоста во планирањето во Центар. За ф-ка Треска се бореа граѓани, активисти, архитекти и урбанисти, па и политичка воља за промена имаше до 2020 кога се прифати напуштање на решението од ДУП-от и се направи конкурс. Општинската власт под раководство на Герасимовски, неколкумина моќници и спрегата со институциите кои го изгубија своето значење, интегритет и кредибилитет може да му пресудат на последниот поголем простор, и да си ја потврдат својата улога на непријател на граѓаните, стои во соопштението од Иницијативата.

The post И ДУП Буњаковец и подрачјето на „Треска“ пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>
Охридската фирма „Ремис“ со влог од 14 милиони евра ќе гради згради кај „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/ohridskata-firma-remis-so-vlog-od-14-milioni-evra-ke-gradi-zgradi-kaj-treska/ Wed, 02 Aug 2023 13:57:47 +0000 https://republika.mk/?p=667948

Градежната компанија „Ремис“ од Охрид, која претендира да гради поголем број на станбени објекти во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, ја зголемила основната главнина со паричен влог од 14 милиони евра, објави Фактор.мк.

Промената во Централниот регистар покажува дека има 834.256.336 денари уплатен дел на сметката на „Ремис“. Останува да се види дали „Ремис“ планира да ги користи средствата за уплата на потребните комуналии или пак за инвестициски активности.

Еден од содружниците, Предраг Виксентијевиќ, кој наедно е и сопственик на поголемиот дел од земјиштето, иајзви дека се уште не е ништо испланирано докрај и дека, како што рече за Фактор.мк, тој е само еден од сопствениците на „Ремис“ со помал удел во компанијата.

Откако поголем дел од просторот на напуштениот индустриски капацитет беше вратен со денационализација на семејството Виксентијевиќ од Скопје, градежните фирми почнаа да фаќаат позиции на теренот, каде што според деталниот план имаше градежни маркички за 30 згради.

https://republika.mk/vesti/skopje/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/

Инаку, Општина Центар ја издаде првата градежна дозвола за кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, по што се очекува набрзо да започне и изградбата на првиот објект.

Издадено е едно правосилно Одобрение за градење за правните лица Голден Арт и Мега Акустик, информираат од општината.

Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ претходно ги уплатија комуналиите во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект.

Инаку станува збор за простор од повеќе од 60 илјади квадратни метри во рамки на ДУП „Буњаковец“.

The post Охридската фирма „Ремис“ со влог од 14 милиони евра ќе гради згради кај „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Градежната компанија „Ремис“ од Охрид, која претендира да гради поголем број на станбени објекти во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, ја зголемила основната главнина со паричен влог од 14 милиони евра, објави Фактор.мк. Промената во Централниот регистар покажува дека има 834.256.336 денари уплатен дел на сметката на „Ремис“. Останува да се види дали „Ремис“ планира да ги користи средствата за уплата на потребните комуналии или пак за инвестициски активности. Еден од содружниците, Предраг Виксентијевиќ, кој наедно е и сопственик на поголемиот дел од земјиштето, иајзви дека се уште не е ништо испланирано докрај и дека, како што рече за Фактор.мк, тој е само еден од сопствениците на „Ремис“ со помал удел во компанијата. Откако поголем дел од просторот на напуштениот индустриски капацитет беше вратен со денационализација на семејството Виксентијевиќ од Скопје, градежните фирми почнаа да фаќаат позиции на теренот, каде што според деталниот план имаше градежни маркички за 30 згради. https://republika.mk/vesti/skopje/letovo-ke-pochne-so-izgradba-prvata-zgrada-vo-krugot-na-fabrikata-treska/ Инаку, Општина Центар ја издаде првата градежна дозвола за кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, по што се очекува набрзо да започне и изградбата на првиот објект.
Издадено е едно правосилно Одобрение за градење за правните лица Голден Арт и Мега Акустик, информираат од општината.
Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ претходно ги уплатија комуналиите во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект. Инаку станува збор за простор од повеќе од 60 илјади квадратни метри во рамки на ДУП „Буњаковец“.

The post Охридската фирма „Ремис“ со влог од 14 милиони евра ќе гради згради кај „Треска“ appeared first on Република.

]]>
„Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника https://republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-tsentar-predupreduva-za-haosot-koj-ke-nastane-okolu-treska-od-opshtinata-velat-deka-samo-krevaat-panika/ Wed, 19 Apr 2023 13:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=632149

Со издавањето на првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради, ќе се создаде уште едно „тесно грло“ во Општина Центра и уште една локација која ќе произведува хаос наместо да биде локација која ќе го збогати целиот Буњаковец, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Јана Белчева-Андреевска од „Шанса за Центар“ денеска на прес-конференција рече дека се за урбанизација на овој простор, но не и за бетонизација, посочувајќи дека има целосно игнорирање на конкурсот и на идејните решенија.

Деновие се објави веста дека се почнува со продажба на државно земјиште на локалитетот на поранешната фабрика „Треска“. Таму каде што имаше 47 проценти државно земјиште, кое можеше да се искористи за сосема други намени. Ние за овој план од 2012 година слушавме многу политички ветувања уште во 2017 година - како плановите од 2012 се незаконски, како ќе бидат променети, како ќе се слуша гласот на граѓаните... Но, еве со овие последни чекори на распродажба се отвора можноста за издавање на дозволи за градба на локацијата на фабриката „Треска“ и се распрснува уште едно предизборно ветување на СДСМ, рече Белчева-Андреевска.

Таа потсети дека во 2020 година Советот на Општината донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со конкурс. Тој конкурс беше реализиран со пари на граѓаните, а одлука е донесена на Советот.

Во 2021 година, како што потсети, беше подготвен стручен елаборат за суспензија, во кој од стручни лица од Општината потпишани на елаборатот, стои кои се сите прекршувања на Деталниот урбанистички план, во однос на параметрите од Генералниот урбанистички план, на подзаконските акти, како и на други регулативи, особено на нарушување на јавниот интерес и искористување на државното земјиште и претворање во градежно.

И она што е најважно е дека во предизборната кампања во 2021 година, градоначалникот Горан Герасимовски изјави „балансот во Деталниот урбанистички планови е целосно нарушен, а јавниот интерес, целосно се игнорира за сметка на приватни интереси на градежни фирми и поединци со влијание. Граѓаните немаат доверба во процедурите и општината која во континуитет не ги заштитува нивниот интерес, а граѓаните не можат да променат ништо. Ние целосно ќе ја смениме концепцијата на урбанистичко планирање“. По само една година од владеењето во Општината, резултатите се дека градоначалникот Герасимовски се става над прописите и одлуките и со тоа го делигитимира Советот на Општината и одлуките кои го донел Советот, тврди Белчева-Андреевска.

Според неа, Герасимовски го игнорира конкурсот и вклопување на конкурсот на надграденото решение во новото урбанистичко решение за делот на локалитетот на фабриката „Треска“.

Градоначалникот треба да е свесен дека ќе остане запаметен како човек кој го продава државното земјиште во „Треска“ и како човек што си ги поништи и своите зборови, но уште повеќе, го згази јавниот интерес и сите заложби на луѓето кои се потпишуваат на петиции за креирање на конкурс за „Треска“ и кои се заложија ова да биде поинаку решено, вели Белчева-Андреевска.

Јане Димески од „Шанса за Центар“ на прес-конференцијата потсети на изјавата на градоначалникот Герасимовски, во која тој за конкурсот за „Треска“, најавувал дека Општината целосно ќе го почитува овој процес и отворено ќе комуницира со јавноста за секој чекор.

Но, ова што се случува една година подоцна, како што вели, е целосно спротивно од ветувањето на градоначалникот.

Имаме целосно игнорирање на конкурсот, на идејните решенија и на занемарување на целиот процес, иако за него има одлука донесена од самиот Совет, а новиот Совет нема донесено спротивна одлука со која што ја поништува таа одлука. Од тука, заложбите на градоначалникот дека ќе се заложува за хуманизација на просторот, паѓа во вода, затоа што „Треска“ е локација која совршено ги нудеше условите да се докаже токму тоа, посочи Димески.

Како што додаде тој, со тоа што градоначалникот го отфрла целиот конкурс, идејните решенија и целиот процес што се одвивал во Општината се до неговото доаѓање на чело на Центар, овозможува спроведување на планови кои што од самата Општина се утврдени како лоши и го пробиваат Генералниот план.

На пример, во некои параметри, според она што би се спроведувало сега - плановите покажуваат дека ако во Генералниот урбанистички план процентот на изграденост во Буњаковец се предвидува да биде 22 проценти, со овие планови тој ќе биде 61 процент. Ако ГУП-от предвидува на целото подрачје на Буњаковец да живеат 12.500 жители, со спроведувањето на овие планови, би живееле над 33 илјади жители. Ако просечниот број на семејството се планирал да биде максимум 3.400, сега се овозможува над 9.300, според плановите кои тој тврди дека се важечки. Со ова ќе ни се создаде уште едно тесно грло во Општината, уште една локација која ќе произведува хаос, додаде Димески.

По денешната прес-конференција од Општина Центар реагираа велејчи дека советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнеле низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрлаат:

Прво, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу 10% е предмет на дооформување и таа постапка за дооформување на градежни парцели е законска обврска на општината. Останатите 37% се наоѓаат под површини планирани за јавна намена, како улици, тротоари, пешачки патеки, блоковско зеленило и не се предмет на отуѓување по ниеден основ. Општината ниту распродава, ниту отуѓува. Напротив, градоначалникот Герасимовски се заложи да на просторот биде донирана и изградена градинка и парк, а блоковското зеленило да биде над задолжителните 20% на парцелите. Не само што нема бетонизација, туку се обезбедува парк и повеќе зеленило како и јавни површини.

Понатаму, новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје поведе постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување.

Сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците. За тоа кривично се одговара! Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен?

Второ, „Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од власта во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните.

За крај, симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации. Немаат понудено ниедно конкретно решение досега на тема урбанизам и повеќе од јасно е дека нивното политичко делување е само од политички побуди и празна дискредитација.

Граѓаните на Центар да бидат спокојни, градоначалникот Герасимовски до крај ќе го почитува законот за градење и секоја педа државно земјиште ќе биде заштитено и наменето за граѓаните законите за градба целосно ќе се почитуваат.

The post „Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника appeared first on Република.

]]>

Со издавањето на првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради, ќе се создаде уште едно „тесно грло“ во Општина Центра и уште една локација која ќе произведува хаос наместо да биде локација која ќе го збогати целиот Буњаковец, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Јана Белчева-Андреевска од „Шанса за Центар“ денеска на прес-конференција рече дека се за урбанизација на овој простор, но не и за бетонизација, посочувајќи дека има целосно игнорирање на конкурсот и на идејните решенија.
Деновие се објави веста дека се почнува со продажба на државно земјиште на локалитетот на поранешната фабрика „Треска“. Таму каде што имаше 47 проценти државно земјиште, кое можеше да се искористи за сосема други намени. Ние за овој план од 2012 година слушавме многу политички ветувања уште во 2017 година - како плановите од 2012 се незаконски, како ќе бидат променети, како ќе се слуша гласот на граѓаните... Но, еве со овие последни чекори на распродажба се отвора можноста за издавање на дозволи за градба на локацијата на фабриката „Треска“ и се распрснува уште едно предизборно ветување на СДСМ, рече Белчева-Андреевска.
Таа потсети дека во 2020 година Советот на Општината донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со конкурс. Тој конкурс беше реализиран со пари на граѓаните, а одлука е донесена на Советот. Во 2021 година, како што потсети, беше подготвен стручен елаборат за суспензија, во кој од стручни лица од Општината потпишани на елаборатот, стои кои се сите прекршувања на Деталниот урбанистички план, во однос на параметрите од Генералниот урбанистички план, на подзаконските акти, како и на други регулативи, особено на нарушување на јавниот интерес и искористување на државното земјиште и претворање во градежно.
И она што е најважно е дека во предизборната кампања во 2021 година, градоначалникот Горан Герасимовски изјави „балансот во Деталниот урбанистички планови е целосно нарушен, а јавниот интерес, целосно се игнорира за сметка на приватни интереси на градежни фирми и поединци со влијание. Граѓаните немаат доверба во процедурите и општината која во континуитет не ги заштитува нивниот интерес, а граѓаните не можат да променат ништо. Ние целосно ќе ја смениме концепцијата на урбанистичко планирање“. По само една година од владеењето во Општината, резултатите се дека градоначалникот Герасимовски се става над прописите и одлуките и со тоа го делигитимира Советот на Општината и одлуките кои го донел Советот, тврди Белчева-Андреевска.
Според неа, Герасимовски го игнорира конкурсот и вклопување на конкурсот на надграденото решение во новото урбанистичко решение за делот на локалитетот на фабриката „Треска“.
Градоначалникот треба да е свесен дека ќе остане запаметен како човек кој го продава државното земјиште во „Треска“ и како човек што си ги поништи и своите зборови, но уште повеќе, го згази јавниот интерес и сите заложби на луѓето кои се потпишуваат на петиции за креирање на конкурс за „Треска“ и кои се заложија ова да биде поинаку решено, вели Белчева-Андреевска.
Јане Димески од „Шанса за Центар“ на прес-конференцијата потсети на изјавата на градоначалникот Герасимовски, во која тој за конкурсот за „Треска“, најавувал дека Општината целосно ќе го почитува овој процес и отворено ќе комуницира со јавноста за секој чекор. Но, ова што се случува една година подоцна, како што вели, е целосно спротивно од ветувањето на градоначалникот.
Имаме целосно игнорирање на конкурсот, на идејните решенија и на занемарување на целиот процес, иако за него има одлука донесена од самиот Совет, а новиот Совет нема донесено спротивна одлука со која што ја поништува таа одлука. Од тука, заложбите на градоначалникот дека ќе се заложува за хуманизација на просторот, паѓа во вода, затоа што „Треска“ е локација која совршено ги нудеше условите да се докаже токму тоа, посочи Димески.
Како што додаде тој, со тоа што градоначалникот го отфрла целиот конкурс, идејните решенија и целиот процес што се одвивал во Општината се до неговото доаѓање на чело на Центар, овозможува спроведување на планови кои што од самата Општина се утврдени како лоши и го пробиваат Генералниот план.
На пример, во некои параметри, според она што би се спроведувало сега - плановите покажуваат дека ако во Генералниот урбанистички план процентот на изграденост во Буњаковец се предвидува да биде 22 проценти, со овие планови тој ќе биде 61 процент. Ако ГУП-от предвидува на целото подрачје на Буњаковец да живеат 12.500 жители, со спроведувањето на овие планови, би живееле над 33 илјади жители. Ако просечниот број на семејството се планирал да биде максимум 3.400, сега се овозможува над 9.300, според плановите кои тој тврди дека се важечки. Со ова ќе ни се создаде уште едно тесно грло во Општината, уште една локација која ќе произведува хаос, додаде Димески.
По денешната прес-конференција од Општина Центар реагираа велејчи дека советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнеле низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрлаат: Прво, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу 10% е предмет на дооформување и таа постапка за дооформување на градежни парцели е законска обврска на општината. Останатите 37% се наоѓаат под површини планирани за јавна намена, како улици, тротоари, пешачки патеки, блоковско зеленило и не се предмет на отуѓување по ниеден основ. Општината ниту распродава, ниту отуѓува. Напротив, градоначалникот Герасимовски се заложи да на просторот биде донирана и изградена градинка и парк, а блоковското зеленило да биде над задолжителните 20% на парцелите. Не само што нема бетонизација, туку се обезбедува парк и повеќе зеленило како и јавни површини. Понатаму, новото раководство на Општина Центар преку Град Скопје поведе постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З11, локалитети Буњаковец 1 и 2. Носењето на овој план значително би ја олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Градоначалникот Герасимовски ги повика и сите останати надлежни институции, активно да се вклучат за негово поскоро донесување. Сѐ до носењето на ваквиот регулациски план, општината ниту може законски, ниту пак има надлежност да стопира правни постапки на сопствениците. За тоа кривично се одговара! Ја прашуваме Белчева дали општината треба да го прекрши законот или некој кривично да одговара за институционално блокирање на граѓаните во реализација на нивните права? Дали таа и „Шанса за Центар“ ќе ги плаќаат пеналите за евентуалното непостапување? Дали предлага да се повтори нова бесправна постапка како со мораториумот кој го иницираше токму Белчева, свесна дека е незаконски и невозможен? Второ, „Шанса за Центар“ повторно се зафатија со бранење на конкурсот кој го распиша Јана Белчева, која претседаваше со Советот на општината и која сама знае дека во реалноста не може да се реализира. Нема ниедна законска можност, ниту пак тој конкурс е спроведен согласно закон, за истиот на било кој начин да се користи. На истиот начин, спротивно на законот, беше спроведен мораториумот кој подоцна беше поништен а од кој штета трпеа само граѓаните. „Шанса за Центар“, чии членови во континуитет изминатите 5 и пол години се дел од власта во општината, не направи ништо за урбанизмот, не донесе ниту еден значаен ДУП, ниту пак на било кој начин ја подобри состојбата на граѓаните. За крај, симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации. Немаат понудено ниедно конкретно решение досега на тема урбанизам и повеќе од јасно е дека нивното политичко делување е само од политички побуди и празна дискредитација. Граѓаните на Центар да бидат спокојни, градоначалникот Герасимовски до крај ќе го почитува законот за градење и секоја педа државно земјиште ќе биде заштитено и наменето за граѓаните законите за градба целосно ќе се почитуваат.

The post „Шанса за Центар“ предупредува за хаосот кој ќе настане околу „Треска“, од Општината велат дека само креваат паника appeared first on Република.

]]>
Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка https://republika.mk/vesti/skopje/naskoro-zapochnuvaat-gradezhni-aktivnosti-na-prostorot-na-poraneshnata-fabrika-treska-investitorite-treba-da-izgradat-gradinka/ Sun, 09 Apr 2023 09:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=628915

Општина Центар преговара со инвеститорите кои ќе подигнат згради на просторот на поранешната фабрика „Треска“, да изградат градинка и да ја донираат на Општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

„Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите што во иднина би граделе во тој дел да направат градинка што би ја донирале на општината“, вели Герасимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Десетици инвеститори поднесоа барање до Општина Центар за окрупнување парцели преку откуп на државно земјиште на оваа локација. Сопствениците на приватното земјиште сакаат да градат според детален урбанистички план кој беше оспорен, а според постоечката регулатива можат да бараат окрупнување на парцели доколку поседуваат над 30 отсто од земјиштето.

Државата на оваа локација поседува околу 40 отсто од државното земјиште. Градоначалникот вели дека поднесените барања се за 10.до 15 отсто од она што државата го поседува.

„До општината уште пред неколку години се пристигнати многу барања, но во моментов е процедура за расчистување на земјиштето, односно отстранување на објектите. Од тие парцели што имаат поднесено барања мислам дека е тоа мал процент на парцела, околу 10 до 15 отсто, што не се големи бројки. Останатиот дел што е државно ќе потпадне на урбанизација, решавање на сообраќајот, во делот на паркирањето и зеленилото“, вели Герасимовски.

Во април минатата година на оваа локација изби пожар, при што изгореа напуштени објекти. Локацијата е подолго време спорна поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.

The post Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка appeared first on Република.

]]>

Општина Центар преговара со инвеститорите кои ќе подигнат згради на просторот на поранешната фабрика „Треска“, да изградат градинка и да ја донираат на Општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
„Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите што во иднина би граделе во тој дел да направат градинка што би ја донирале на општината“, вели Герасимовски во интервју за Радио Слободна Европа.
Десетици инвеститори поднесоа барање до Општина Центар за окрупнување парцели преку откуп на државно земјиште на оваа локација. Сопствениците на приватното земјиште сакаат да градат според детален урбанистички план кој беше оспорен, а според постоечката регулатива можат да бараат окрупнување на парцели доколку поседуваат над 30 отсто од земјиштето. Државата на оваа локација поседува околу 40 отсто од државното земјиште. Градоначалникот вели дека поднесените барања се за 10.до 15 отсто од она што државата го поседува.
„До општината уште пред неколку години се пристигнати многу барања, но во моментов е процедура за расчистување на земјиштето, односно отстранување на објектите. Од тие парцели што имаат поднесено барања мислам дека е тоа мал процент на парцела, околу 10 до 15 отсто, што не се големи бројки. Останатиот дел што е државно ќе потпадне на урбанизација, решавање на сообраќајот, во делот на паркирањето и зеленилото“, вели Герасимовски.
Во април минатата година на оваа локација изби пожар, при што изгореа напуштени објекти. Локацијата е подолго време спорна поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.

The post Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка appeared first on Република.

]]>
Мојата борба е што подобро да го урбанизирам просторот во Треска, вели Герасимовски https://republika.mk/vesti/skopje/mojata-borba-e-shto-podobro-da-go-urbaniziram-prostorot-vo-treska-veli-gerasimovski/ Tue, 30 Aug 2022 10:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=545567

Моето залагање е за што подобро урбанизирање на самиот простор. Но, не треба да занемариме треба да имаме во предвид дека таму имаме важечки ДУП, значи тоа е прекршување на закон доколку некој не постапува. Мојата борба е, како што напоменав и на почетокот и овие десет месеци да што подобро го урбанизираме просторот, рече градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во гостување во летното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 зборувајќи за просторот околу поранешната фабрика „Треска“, кој неодмна почна да се расчистува.

Јас сум сигурен дека од страна на градоначалничката, но и од страна на другите институции кои што зависиме од носење на ДУП-от за тоа, од Министерството за транспорт и врски дека ќе ни излезат во пресрет и ги повикувам што подобро да донесеме подобар ДУП, вели Герасимовски.

The post Мојата борба е што подобро да го урбанизирам просторот во Треска, вели Герасимовски appeared first on Република.

Шанса за Центар: Сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори и да ги скрие од јавноста наградените конкурсни решенија за „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-centar-segashnata-opshtinska-vlast-so-site-sili-saka-da-gi-ospori-i-da-gi-skrie-od-javnosta-nagradenite-konkursni-reshenija-za-treska/ Thu, 25 Aug 2022 14:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=544066

-Да имавме вчера прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар на која ќе објавеше започнување на реализација на квалитетно решение за „Треска“, добиено со Урбанистичко-архитектонскиот конкурс ќе бевме задоволни како напредуваат работите. Иако овој локалитет нуди извонредни услови за нови содржините кои ќе му донесат специфичен квалитет на неговите идни корисници, но и на општината Центар, денеска шансите потенцијалот да биде искористен се сѐ помали сметаат од Шанса за Центар и додаваат дека впечатокот од вчерашната прес-конференција е дека наместо квалитетно планирање на просторот се добива помирување и нормализирање на урбицидот.

Помирување со планирањето на градот од страна на инвеститорите, а не на урбанистичките стручњаци. Помирување со спроведување на урбанистички планови кои се незаконски. Помирување со наследството од „лошите планови на ВМРО-ДПМНЕ“ против кои се протестираше. Нормализација на принципот дека јавниот интерес во планирањето на градот е работа на некој друг, а не на институциите. Нормализација на ставот дека местото на зеленилото е на планините, но не и во градовите. Помирување дека треба да живееме во натрупан град без доволно простор за движење и минимум квалитет на живот. Нормализација и предавство на правната држава, со принципот „важно се гради“ – потенцираат од Шанса за Центар.

Тие додаваат дека идејата за изработка на Урбанистичко-архитектонски конкурс беше да се врати вистинското значење и вредноста на струката планирање и проектирање, онака како што е секаде во светот, а било пракса и кај нас.

-Конкурсот отвори можност за урбанистичкото планирање со покреативни, компетитивни решенија и размислување преку проекти, а не сурово шпекулантско – инвеститорско планирање и градење. За конкурсот се издвоија средства од општинскиот буџет, се направија стручни комисии за избор и се наградија трудови. Но, сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори, па дури и да ги скрие од јавноста овие наградени конкурсни решенија кои требаше да бидат основа за нов ДУП за Треска – реагираат од Шанса за Центар, потенцирајќи дека измина речиси една година како актуелниот градоначалник одбива да организира јавна презентација на проектите добиени од конкурсот кои тој ги оквалификува како „неспроведливи“, иако зад нив стои стручна комисија.

-За жал, повторно шпекулантско – инвесторскиот урбанизам победува, а Скопје ја губи можноста за нови и современи решенија во просторот, за зачувување на зеленилото кое веќе постои и простор наменет за граѓаните, а не само профит за инвесторите. Додека се развлекуваат постапките за изработка на нов план, наместо да се разработи најдоброто оценето решение од конкурсот, инвеститорите испраќаат барања за откуп на делови од државното земјиште во „Треска“ за дооформување на парцелите според урбанистички план кој е нелегален. Потоа врз основа на сопственоста врз земјиштето тие ќе бараат да им се овозможи градење во обем кој ќе биде најмалку еднаков како оној од урбанистичкиот план со предвидените згради „наполитанки“. Тоа впрочем им го овозможува и последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање која нетранспарентно во мај годинава ја донесе министерот за транспорт и врски. Правилник кој им донесе мирен сон на инвеститорите – велат од Шанса за Центар наведувајќи дека системското уништување само продолжува со ваквите одлуки и изјави на сегашниот градоначалник кој вели дека моменталниот план е важечки, занемарувајќи ги сите претодни активности и конкурсот за ново планирање на фабриката „Треска“.

Од Шанса за Центар напоменуваат дека јавноста, пак, сѐ уште не доби информации за причините за пожарот, а Обвинителството и системот затаија.

Европските вредности за владеење на правото се сѐ подалеку во локалните случувања. Демократските принципи за вклученост на граѓаните во креирање на решенија за квалитетна градска средина речиси не постојат, а со тоа и довербата во системот – заклучуваат од Шанса за Центар.

The post Шанса за Центар: Сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори и да ги скрие од јавноста наградените конкурсни решенија за „Треска“ appeared first on Република.

]]>

-Да имавме вчера прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар на која ќе објавеше започнување на реализација на квалитетно решение за „Треска“, добиено со Урбанистичко-архитектонскиот конкурс ќе бевме задоволни како напредуваат работите. Иако овој локалитет нуди извонредни услови за нови содржините кои ќе му донесат специфичен квалитет на неговите идни корисници, но и на општината Центар, денеска шансите потенцијалот да биде искористен се сѐ помали сметаат од Шанса за Центар и додаваат дека впечатокот од вчерашната прес-конференција е дека наместо квалитетно планирање на просторот се добива помирување и нормализирање на урбицидот.
Помирување со планирањето на градот од страна на инвеститорите, а не на урбанистичките стручњаци. Помирување со спроведување на урбанистички планови кои се незаконски. Помирување со наследството од „лошите планови на ВМРО-ДПМНЕ“ против кои се протестираше. Нормализација на принципот дека јавниот интерес во планирањето на градот е работа на некој друг, а не на институциите. Нормализација на ставот дека местото на зеленилото е на планините, но не и во градовите. Помирување дека треба да живееме во натрупан град без доволно простор за движење и минимум квалитет на живот. Нормализација и предавство на правната држава, со принципот „важно се гради“ – потенцираат од Шанса за Центар.
Тие додаваат дека идејата за изработка на Урбанистичко-архитектонски конкурс беше да се врати вистинското значење и вредноста на струката планирање и проектирање, онака како што е секаде во светот, а било пракса и кај нас.
-Конкурсот отвори можност за урбанистичкото планирање со покреативни, компетитивни решенија и размислување преку проекти, а не сурово шпекулантско – инвеститорско планирање и градење. За конкурсот се издвоија средства од општинскиот буџет, се направија стручни комисии за избор и се наградија трудови. Но, сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори, па дури и да ги скрие од јавноста овие наградени конкурсни решенија кои требаше да бидат основа за нов ДУП за Треска – реагираат од Шанса за Центар, потенцирајќи дека измина речиси една година како актуелниот градоначалник одбива да организира јавна презентација на проектите добиени од конкурсот кои тој ги оквалификува како „неспроведливи“, иако зад нив стои стручна комисија.
-За жал, повторно шпекулантско – инвесторскиот урбанизам победува, а Скопје ја губи можноста за нови и современи решенија во просторот, за зачувување на зеленилото кое веќе постои и простор наменет за граѓаните, а не само профит за инвесторите. Додека се развлекуваат постапките за изработка на нов план, наместо да се разработи најдоброто оценето решение од конкурсот, инвеститорите испраќаат барања за откуп на делови од државното земјиште во „Треска“ за дооформување на парцелите според урбанистички план кој е нелегален. Потоа врз основа на сопственоста врз земјиштето тие ќе бараат да им се овозможи градење во обем кој ќе биде најмалку еднаков како оној од урбанистичкиот план со предвидените згради „наполитанки“. Тоа впрочем им го овозможува и последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање која нетранспарентно во мај годинава ја донесе министерот за транспорт и врски. Правилник кој им донесе мирен сон на инвеститорите – велат од Шанса за Центар наведувајќи дека системското уништување само продолжува со ваквите одлуки и изјави на сегашниот градоначалник кој вели дека моменталниот план е важечки, занемарувајќи ги сите претодни активности и конкурсот за ново планирање на фабриката „Треска“. Од Шанса за Центар напоменуваат дека јавноста, пак, сѐ уште не доби информации за причините за пожарот, а Обвинителството и системот затаија.
Европските вредности за владеење на правото се сѐ подалеку во локалните случувања. Демократските принципи за вклученост на граѓаните во креирање на решенија за квалитетна градска средина речиси не постојат, а со тоа и довербата во системот – заклучуваат од Шанса за Центар.
 
The post Шанса за Центар: Сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори и да ги скрие од јавноста наградените конкурсни решенија за „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Човечки труп пронајден кај „Капалиште” https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chovechki-trup-pronajden-kaj-kapalishte/ Wed, 10 Aug 2022 13:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=538772

Во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, вчера околу 14 часот пронајден е човечки труп, информира СВР Охрид.

Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

The post Човечки труп пронајден кај „Капалиште” appeared first on Република.

]]>

Во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, вчера околу 14 часот пронајден е човечки труп, информира СВР Охрид. Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

The post Човечки труп пронајден кај „Капалиште” appeared first on Република.

]]>
Празен бил резервоарот за нафта во „Треска“ каде неодамна изби пожар, констатира ДИЖС https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prazen-bil-rezervoarot-za-nafta-vo-treska-kade-neodamna-izbi-pozar-konstatira-dizs/ Sat, 30 Apr 2022 11:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=495669

Резервоарот за нафта во поранешната фабрика за мебел „Треска“, во која неодамна се случија два пожари едноподруго, е празен, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во третиот инспекциски увид во последните денови, инспектори на ДИЖС и на Општината Центар го посетиле местото каде се наоѓа резервоарот за нафтени деривати и утврдиле дека е изграден согласно тогашните постоечки стандарди и прописи со бетонска танквана за зафаќање на течност во случај на неконтролирано истекување на деривати, пренесува Мета.мк.

„При визуелниот увид присуствуваше и стечајниот управник на „Треска мебел“, Радослав Кипровски кој информираше дека резервоарот е празен уште од времето кога е почната стечајна постапка во 2005 година односно кога немало веќе финансиски средства за набавка на деривати и практично не се користел“, информираат од ДИЖС.

На барање од Општината Центар, идната недела Државниот инспекторат за техничка инспекција ќе направи и вонреден инспекциски надзор за да се утврди точната состојба со резервоарот за нафтени деривати. За надзорот се направени консултации со инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување, а ќе биде известено и МВР. Сопственикот на објектите добил и насоки да изготви писмо за намера за отстранување на постоечки објекти во поранешна фабрика Треска и да го достави на мислење до МЖСПП.

„ДИЖС и Општина Центар ќе ја следат континуирано и координирано целата постапка на расчистување на опасен и неопасен отпад, во комуникација со Основното јавно обвинителство и МВР, а во делот на демонтажа на покривните табли кои содржат азбест и чистењето на локацијата ќе биде информиран и Државниот инспекторат за труд заради безбедноста на вработените од кои ќе ги изведуваат активностите“, информираат од ДИЖС.

The post Празен бил резервоарот за нафта во „Треска“ каде неодамна изби пожар, констатира ДИЖС appeared first on Република.

]]>

Резервоарот за нафта во поранешната фабрика за мебел „Треска“, во која неодамна се случија два пожари едноподруго, е празен, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во третиот инспекциски увид во последните денови, инспектори на ДИЖС и на Општината Центар го посетиле местото каде се наоѓа резервоарот за нафтени деривати и утврдиле дека е изграден согласно тогашните постоечки стандарди и прописи со бетонска танквана за зафаќање на течност во случај на неконтролирано истекување на деривати, пренесува Мета.мк. „При визуелниот увид присуствуваше и стечајниот управник на „Треска мебел“, Радослав Кипровски кој информираше дека резервоарот е празен уште од времето кога е почната стечајна постапка во 2005 година односно кога немало веќе финансиски средства за набавка на деривати и практично не се користел“, информираат од ДИЖС. На барање од Општината Центар, идната недела Државниот инспекторат за техничка инспекција ќе направи и вонреден инспекциски надзор за да се утврди точната состојба со резервоарот за нафтени деривати. За надзорот се направени консултации со инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување, а ќе биде известено и МВР. Сопственикот на објектите добил и насоки да изготви писмо за намера за отстранување на постоечки објекти во поранешна фабрика Треска и да го достави на мислење до МЖСПП. „ДИЖС и Општина Центар ќе ја следат континуирано и координирано целата постапка на расчистување на опасен и неопасен отпад, во комуникација со Основното јавно обвинителство и МВР, а во делот на демонтажа на покривните табли кои содржат азбест и чистењето на локацијата ќе биде информиран и Државниот инспекторат за труд заради безбедноста на вработените од кои ќе ги изведуваат активностите“, информираат од ДИЖС.

The post Празен бил резервоарот за нафта во „Треска“ каде неодамна изби пожар, констатира ДИЖС appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: ОЈО ќе каже дали пожарот во „Треска“ бил подметнат https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-ojo-kje-kaze-dali-pozarot-vo-treska-bil-podmetnat/ Tue, 19 Apr 2022 07:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=490328

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, вчера имаше средба со Кризниот штаб во врска со пожарот на фабриката Треска, на чијашто парцела се планира градење. Штабот за кризи и спасување доби информација дека МВР го завршиле увидот и е записникот е доставен до Основното обвинителство.

Засега не знаеме дали пожарот е подметнат, тоа ќе се знае откако Обвинителството ќе го разгледа извештајот од МВР. Општината прима барања за расчистување на теренот, но чекаме прво да се произнесе ОЈО. Расчистувањето ќе се врши согласно тоа каков материјал е изгорен, а прво ќе се отстрани ако го има штетниот материјал, вели Герасимоски за „Утрински брифинг“.

Што таму горело и колку е штетно по здравјето беше првото нешто што нѐ интересираше, вели Герасимовски. Тој додава дека азбестот не гори, но имало лакови и бои.

Мерењата на чистотата на воздухот покажуваат дека нема енормно загадување поголемо од дозволеното. Денес ќе излеземе повторно на увид. Прво треба да го исчистиме целиот простор да не се случи повторно некое дејствие, распиавме набавка за нова планерска куќа оти со претходната е раскинат договорот, вели градоначалникот на Центар и додава дека пред десетина дена имало средба со сопствениците на парцелата, но дел од сопствениците го напуштиле состанокот незадоволни од укажувањата.

The post Герасимовски: ОЈО ќе каже дали пожарот во „Треска“ бил подметнат appeared first on Република.

Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје: Во „Треска“ има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати, надлежните да преземат итни мерки за расчистување https://republika.mk/vesti/skopje/sostanok-na-krizniot-shtab-na-grad-skopje-vo-treska-ima-i-cisterna-so-obem-od-20-iljadi-litri-na-nafteni-derivati-nadleznite-da-prezemat-itni-merki-za-raschistuvanje/ Mon, 18 Apr 2022 19:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=490245

Денеска се одржа состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со учество на командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, директори на јавните претпријатија и членови на кризниот штаб.

На состанокот се разговараше за преземање на мерки за превенција од пожари, по случајот со пожарот во поранешната фабрика Треска, во скопската општина Центар.

Се донесоа заклучоци, меѓу кои и потребата ресорно надлежните институции да преземат итни мерки за расчистување и отстранување на запаливите материјали како и штетниот отпад од поранешната фабрика Треска кој може да го загади воздухот и почвата и воопшто животната средина на жителите кој живеат на тој потег, со што надлежните би можеле да ја отстранат опасноста од загадување и од повторување на пожари. На терен при гасењето на пожарот, пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, како и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност која ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните.

Градот Скопје ги става на располагање своите капацитети за помош во расчистувањето на штетните материјали, доколку надлежните институции утврдат потреба од истото, а воедно за подобра и навремена подготвеност на службите за интервенција, беше донесен заклучок да се побара информација за база на податоци од Дирекција за заштита и спасување, за мапирање потенцијални ризични места во градот каде постојат цистерни или магацини со запаливи или ризични материјали, со цел брза и навремена интервенција за заштита од можни хаварии и инциденти предизвикани од пожар.

The post Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје: Во „Треска“ има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати, надлежните да преземат итни мерки за расчистување appeared first on Република.

]]>

Денеска се одржа состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со учество на командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, директори на јавните претпријатија и членови на кризниот штаб. На состанокот се разговараше за преземање на мерки за превенција од пожари, по случајот со пожарот во поранешната фабрика Треска, во скопската општина Центар. Се донесоа заклучоци, меѓу кои и потребата ресорно надлежните институции да преземат итни мерки за расчистување и отстранување на запаливите материјали како и штетниот отпад од поранешната фабрика Треска кој може да го загади воздухот и почвата и воопшто животната средина на жителите кој живеат на тој потег, со што надлежните би можеле да ја отстранат опасноста од загадување и од повторување на пожари. На терен при гасењето на пожарот, пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, како и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност која ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните. Градот Скопје ги става на располагање своите капацитети за помош во расчистувањето на штетните материјали, доколку надлежните институции утврдат потреба од истото, а воедно за подобра и навремена подготвеност на службите за интервенција, беше донесен заклучок да се побара информација за база на податоци од Дирекција за заштита и спасување, за мапирање потенцијални ризични места во градот каде постојат цистерни или магацини со запаливи или ризични материјали, со цел брза и навремена интервенција за заштита од можни хаварии и инциденти предизвикани од пожар.  

The post Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје: Во „Треска“ има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати, надлежните да преземат итни мерки за расчистување appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Потребно е итно отстранување на штетните материјали кај „Треска“, за да се спречи потенцијална катастрофа https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-potrebno-e-itno-otstranuvanje-na-shtetnite-materijali-kaj-treska-za-da-se-sprechi-potencijalna-katastrofa/ Mon, 18 Apr 2022 18:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=490213

Доколку има евентуални сторители, истите треба да бидат казнети. Доколку се докаже дека е со намера отпочнат овој пожар, треба да се преземат најстроги санкции за да се превенира ваква појава. Не само пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, тука се и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност и ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните. Дури и да е само една личност чијшто живот е загрозен, треба да се превенира, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Арсовска истакна дека денеска во градот се одржал и состанок на кризниот штаб на Скопје на која се разговарало за креирање стратегија која ќе превенира идни катастрофи. Таа ги повика и надлежните институции да преземат се што е во нивна надлежност, но и централните власти во заедничко делување заедно со градот.

Треба да се отпочне со контроли за да се знае точно каде има вакви складишта и цистерни и што е она што може потенцијално да го загрози животот на скопјани. Верувам дека треба да се постапи што е можно побрзо со цел превенирање на идни вакви катастрофи. Нашите пожарникари успеаја за брзо време да го локализираат пожарот, дознаа дека има цистерна со нафтени деривати кога интервенираа, затоа прво делуваа да го прекинат пожарот токму од таа страна каде се наоѓа цистерната, додаде Арсовска.

The post Арсовска: Потребно е итно отстранување на штетните материјали кај „Треска“, за да се спречи потенцијална катастрофа appeared first on Република.

]]>

Доколку има евентуални сторители, истите треба да бидат казнети. Доколку се докаже дека е со намера отпочнат овој пожар, треба да се преземат најстроги санкции за да се превенира ваква појава. Не само пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, тука се и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност и ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните. Дури и да е само една личност чијшто живот е загрозен, треба да се превенира, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија. Арсовска истакна дека денеска во градот се одржал и состанок на кризниот штаб на Скопје на која се разговарало за креирање стратегија која ќе превенира идни катастрофи. Таа ги повика и надлежните институции да преземат се што е во нивна надлежност, но и централните власти во заедничко делување заедно со градот.
Треба да се отпочне со контроли за да се знае точно каде има вакви складишта и цистерни и што е она што може потенцијално да го загрози животот на скопјани. Верувам дека треба да се постапи што е можно побрзо со цел превенирање на идни вакви катастрофи. Нашите пожарникари успеаја за брзо време да го локализираат пожарот, дознаа дека има цистерна со нафтени деривати кога интервенираа, затоа прво делуваа да го прекинат пожарот токму од таа страна каде се наоѓа цистерната, додаде Арсовска.
 
The post Арсовска: Потребно е итно отстранување на штетните материјали кај „Треска“, за да се спречи потенцијална катастрофа appeared first on Република.

]]>
Воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост, по пожарот во „Треска“, рече градоначалникот Герасимовски https://republika.mk/vesti/skopje/vozdudhot-ne-gi-nadminuva-propishanite-nivoa-na-zagadenost-po-pozarot-vo-treska-reche-gradonachalnikot-gerasimovski/ Mon, 18 Apr 2022 15:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=490164

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска на прес-конференција изјави дека ќе ги почекаат записниците од увидот на МВР за причините за пожарот во „Треска“, како и записниците од Противпожарната служба, по што ќе одлучат како ќе постапат понатаму.

Со задоволство можам да кажам дека воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост. Во врска со самот простор, важечки е урбанистичкиот план од 2013 година и отворено е планерска куќа, која што ќе прави нов ДУП на таа површина. Најважно ни е расчистување на просторот од штетни материјали, но и отстранување на самите објекти. Во комуникација сме со ОЈО за дополнителни насоки. Сакаме повеќе јавно добро, повеќе зеленило на тој простор. Мое е да се борам за што подобро да биде уреден јавниот простор, но во моментов имаме важечки ДУП и одреден број парцели на таа површина, рече Герасимовски пред новинарите, после состанокот за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.

The post Воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост, по пожарот во „Треска“, рече градоначалникот Герасимовски appeared first on Република.

Герасимовски: Кризниот штаб утре ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“ https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-krizniot-shtab-utre-kje-nosi-odluki-za-chistenje-na-otpadot-vo-treska/ Sun, 17 Apr 2022 09:09:21 +0000 https://republika.mk/?p=489500

Кризниот штаб на Општина Центар, заедно со другите надлежни институции во понеделник ќе одржи состанок за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.

Какви материјали гореле и дали истите биле закана по здравјето засега можеме само да претпоставуваме. Откако ќе се изврши анализа од стручните институции ќе имаме прецизен увид, но и ќе донесеме одлука за следните чекори како најбрзо и најбезбедно да го отстраниме целиот отпад и расчистиме просторот. Општината ќе се координира со останатите надлежни институции и ќе преземеме соодветни мерки - вели градоначалникот Герасимовски.

Општина Центар ќе побара од овластени лаборатории за животна средина да извршат мерења и достават извештаи од мерењата, како би се одредиле следните чекори.

По овој состанок и насоките од институциите надлежни за овој проблем, Општина Центар ќе ги знае следните чекори и за истите ќе ги извести сопствениците.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, практично по стапувањето на функција, неколкупати досега во своите јавни настапи предупредуваше од можноста за еколошка катастрофа на местото на поранешната фабрика „Треска“, споредувајќи ја сега состојбата таму дури и со Чернобил.

Повеќе пати сме апелирале за изнаоѓање издржано решение за отпадот кој се наоѓа таму, но поради објективни причини, локацијата сè уште не е исчистена. Чистењето на локацијата е и обврска на сопствениците на објектите. Досега до општината се пристигнати 28 барања за отстранувања на објекти од страна на сопствениците и истите се уште се во постапка - рече Герасимовски.

Тој потенцира дека приоритет на општината е што поскоро безбедено да се расчисти целиот простор кај „Треска“ и да се стави крај на ваквите немили настани, бидејќи поголеми и помали пожари се случувале во изминатиот период повеќе пати. Покрај ова, старите хали се предмет на грабежи, а локалните жители се чуствуваат небезбедно.

Зависно од исходот и заклучоците на Кризниот штаб, потенцираше Герасимовски, можно е да се спроведе и забрзана постапка за издавање дозвола за рушење на објектите, со цел побрзо отстранување на опасниот азбестен отпад и како примарно, поголема безбедност на граѓаните.

The post Герасимовски: Кризниот штаб утре ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Кризниот штаб на Општина Центар, заедно со другите надлежни институции во понеделник ќе одржи состанок за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.
Какви материјали гореле и дали истите биле закана по здравјето засега можеме само да претпоставуваме. Откако ќе се изврши анализа од стручните институции ќе имаме прецизен увид, но и ќе донесеме одлука за следните чекори како најбрзо и најбезбедно да го отстраниме целиот отпад и расчистиме просторот. Општината ќе се координира со останатите надлежни институции и ќе преземеме соодветни мерки - вели градоначалникот Герасимовски.
Општина Центар ќе побара од овластени лаборатории за животна средина да извршат мерења и достават извештаи од мерењата, како би се одредиле следните чекори. По овој состанок и насоките од институциите надлежни за овој проблем, Општина Центар ќе ги знае следните чекори и за истите ќе ги извести сопствениците. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, практично по стапувањето на функција, неколкупати досега во своите јавни настапи предупредуваше од можноста за еколошка катастрофа на местото на поранешната фабрика „Треска“, споредувајќи ја сега состојбата таму дури и со Чернобил.
Повеќе пати сме апелирале за изнаоѓање издржано решение за отпадот кој се наоѓа таму, но поради објективни причини, локацијата сè уште не е исчистена. Чистењето на локацијата е и обврска на сопствениците на објектите. Досега до општината се пристигнати 28 барања за отстранувања на објекти од страна на сопствениците и истите се уште се во постапка - рече Герасимовски.
Тој потенцира дека приоритет на општината е што поскоро безбедено да се расчисти целиот простор кај „Треска“ и да се стави крај на ваквите немили настани, бидејќи поголеми и помали пожари се случувале во изминатиот период повеќе пати. Покрај ова, старите хали се предмет на грабежи, а локалните жители се чуствуваат небезбедно. Зависно од исходот и заклучоците на Кризниот штаб, потенцираше Герасимовски, можно е да се спроведе и забрзана постапка за издавање дозвола за рушење на објектите, со цел побрзо отстранување на опасниот азбестен отпад и како примарно, поголема безбедност на граѓаните.

The post Герасимовски: Кризниот штаб утре ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Имотот на „Треска“ нема никаква врска со стечајните работници https://republika.mk/vesti/skopje/imotot-na-treska-nema-nikakva-vrska-so-stechajnite-rabotnici/ Sat, 16 Apr 2022 20:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=489428

Стечајните работници од поранешната фабрика за производство на мебел „Треска“ кои бараат исплата на придонесите во период од 18 месеци и исплата на заостанати плати за период од две години, немаат никаква врска со имотот на фабриката.

Ние сопствениците на приватни парцели на имотот кај поранешната фабрика „Треска“ сакаме да ја потсетиме јавноста дека нема никаков имот во стечајната маса на „Треска“, ниту ние сме купиле имот од оваа стечајна маса. Оттука, категорично ги отфрламе тезите дека стечајните работници имаат било каква поврзаност со имотот на фабриката и дека ние како нејзини сопственици имаме обврска да ги исплатиме нивните долгови.

За потсетување, за локацијата се водеше 20 годишен судски спор по кој најголемиот дел од имотот, 92% му припадна на едно лице по пат на денационализација, додека само 8% влегоа во стечајната маса, од која беа обесштетени дел од вработените. Исплата на средства и стаж добија само вработени во „Треска мебел“, додека оние кои работеле во останатите седум друштва на фирмата „Треска“ не добиле никакви средства. Причината за ова лежи во тоа што друштвата биле формирани од „Треска мебел“, но без никаков имот.

Затоа, за сите одговори, нејасностии и исполнување на работничките права ги упатуваме стечајните работници да ги побараат од институциите и стечајниот управник кој ја извршил продажбата на оваа некогашна индустриска сила.

Група сопственици на градежни парцели - Треска+

The post Имотот на „Треска“ нема никаква врска со стечајните работници appeared first on Република.

]]>

Стечајните работници од поранешната фабрика за производство на мебел „Треска“ кои бараат исплата на придонесите во период од 18 месеци и исплата на заостанати плати за период од две години, немаат никаква врска со имотот на фабриката. Ние сопствениците на приватни парцели на имотот кај поранешната фабрика „Треска“ сакаме да ја потсетиме јавноста дека нема никаков имот во стечајната маса на „Треска“, ниту ние сме купиле имот од оваа стечајна маса. Оттука, категорично ги отфрламе тезите дека стечајните работници имаат било каква поврзаност со имотот на фабриката и дека ние како нејзини сопственици имаме обврска да ги исплатиме нивните долгови. За потсетување, за локацијата се водеше 20 годишен судски спор по кој најголемиот дел од имотот, 92% му припадна на едно лице по пат на денационализација, додека само 8% влегоа во стечајната маса, од која беа обесштетени дел од вработените. Исплата на средства и стаж добија само вработени во „Треска мебел“, додека оние кои работеле во останатите седум друштва на фирмата „Треска“ не добиле никакви средства. Причината за ова лежи во тоа што друштвата биле формирани од „Треска мебел“, но без никаков имот. Затоа, за сите одговори, нејасностии и исполнување на работничките права ги упатуваме стечајните работници да ги побараат од институциите и стечајниот управник кој ја извршил продажбата на оваа некогашна индустриска сила. Група сопственици на градежни парцели - Треска+

The post Имотот на „Треска“ нема никаква врска со стечајните работници appeared first on Република.

]]>